Top Banner
Стручен труд по предметот Деловно планирање Тема: Бизнис план на претпријатието Оскар ДООЕЛ од Скопје за нова инвестиција 0661/08 1
30

Biznis Plan

Aug 24, 2014

Download

Documents

Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Biznis Plan

Стручен труд по предметотДеловно планирање

Тема: Бизнис план на претпријатието Оскар ДООЕЛ од Скопје за нова инвестиција

0661/08

Скопје,2011

1

Page 2: Biznis Plan

Содржина:

1. Резиме- Предлог-проект

2. Структура

3. Анализа на тековна ситуација

- Краток опис на претпријатието- Опис на услугата- Анализа на пазарот- Анализа на индустријата

4. Swot анализа

5. Производство

6. Маркетинг

- Позиционирање- Промоција- Цени и трошоци

7. Менаџмент

8. Економско-финансиска анализа

9. Оценка на исплатливоста на проектот

10. Анализа на ризикот

11. Заклучок

2

Page 3: Biznis Plan

1. РЕЗИМЕ

Предлог - проект

Туристичката агенција ОСКАР ќе ја надополни својата понуда на услуги преку

оргазинизирање на нови краткотрајни тури (1-2 часа) во Скопје со претходно

утврдена релација и без користење на превозни средства (еветнуално, користење на

велосипеди по желба на странските и домашните туристи).

Како основна цел на новата инвестиција е задоволување на потребите на

странските и домашните туристи кои го посетуваат Скопје, меѓутоа немале

можност да го запознаат вистински. Ваквата инвестиција ќе резултира во зголемена

профитабилност и продуктивност на компанијата, со пропратно вработување на

дополнителни шест млади невработени лица и промовирање на македонската

култура.

Како краткорочна цел во периодот од една година планираме да ја провериме на

дело адекватноста на избраниот асортиман на услуги, но и да се најдат соодветни

начини на промоција и реклама пред избраните целни групи на потрошувачи,а со

тоа да обезбедиме подобра понуда и услуга од конкуренцијата.

Како среднорочна цел во период од три години планираме да се започне со поврат

на инвестицијата, но средтсвата од доходот ќе бидат вложени во широка промоција

и рекламирање на нашата тура како и на развивање на нови, како и вработување и

обука на нови вработени. Ќе се најдат и ќе се организираат индиректни начини на

продажба како дополнение на директната продажба.До крајот на третата година на

работењето ќе се вработат три нови лица.Како долгорочна цел во период од пет години планираме да се прошири бизнисот

во мрежа на поврзани туристички водич за алтернативен туризам низ цела

Македонија и со отварање на уште една дополнителна локација во Охрид

соодветно опремен и бредниран и со вработување на уште три млади лица. Да се

воведе концепт-тура прилагодена на вашите можности и желби-каде корисниците

на услугите сами одбираат начин на презентација, начин на транспорт, пропратни

3

Page 4: Biznis Plan

активности и видови комуникација со локалното население. Да се прошири

мрежата на индиретна продажба (закажување тури) по интернет. Агенцијата Оскар

со својот бред Изгубени во Скопје да постанат дел од задолжителните туристички

активности во Македонија.

Методи на работа и извори на податоци

Бизнис планот ќе гоизработиме брз основа на анализа на финансиски извештаи,

директна консултација со вработените во туристичката агенција Оскар и со

потекцијалните корисници на услугите, обработка на податоци од

анкети,статистички и демографкски податоци.

2.СТРУКТУРА

1. Резиме ( краток опис на бизнисот)

2. Содржина

3. Анализа на тековната ситуација

- генерално за претпријатието ( краток опис на претпријатието)

- услуги ( опис на потребата на услугата што се нуди, опис на самата услуга,

карактеристиките кои ја одвојуваат од тоашто веќе постои на пазарот)

- анализа на пазарот ( определува на целниотпазар, нивните желби и потреби)

- анализа на индустријата ( анализа на компаниите кои работат во иста гранка)

4. SWOT анализа ( утврдување на можностите и јаките страни и начинот на

нивно искористување; справување со слабите страни и опасностите од новата

инвестиција)

5. Маркетинг

- позиционирање

- утврдување на цени

- промоција

4

Page 5: Biznis Plan

6. Производство ( во смисла на начинот на нудење на услугата од страна на

тимот)

7. Менаџмент

8. Економско – финансиска анализа

9. Оценка на исплатливоста на проектот

10. Анализа на ризикот

11. Заклучок

3. Анализа на тековната ситуација

-Краток опис на претпријатието

Туристичката агенција “Оскар“ постои од 1995 година и е организирана како

друштво со ограничена одговорност во сопственост на едно лице. Во своето

работење го опфаќа комплетниот туристички сервис како што:

летување

зимување

авионски билети

rent-a-car

конгреси

5

Page 6: Biznis Plan

семинари

екскурзии

саеми

посредување при вадење визи

Туристичката агенција “Оскар“ исто така нуди и трансвер услуги, а на раполагање

има 5 мини буса и 2 вана. Ваквата широка лепеза на трансвер услуги овозможува

на нивните клиенти да стигнат до посакуваните дестинации во Република

Македонија и пошироко. Агенцијата исто така има и долгогодишно искуство во

туристичкото роботење и ентузијастицки персонал што допринесува за

доплнителна успешност во соработката на агенцијата со нејзините клиенти. За сите

аспекти на работењето на оваа агенција се грижат:

Елена Маленкова

Христо Бошковски

Татјана Ацевска

Сања Стаменковиќ

Кирил Цветковски

Мате Бошкоски

Деловниот простор на агенцијата има приклучоци до сите инфраструктури: струја,

вода, комунални услуги, телефон, интернет, и е комплетно опремен со потребниот

канцелариски мебел и останатите основни уреди потребни за работа. Работното

време на агецијата е од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот, а во сабота од

09:00 до 14:00 часот. Контакт со агенцијата може да се освари преку телефон, e-

mail или преку лична посета во една од нивните простории. Телефонскиот број на

агецијата Оскар е: 02/ 3134-090 или 02/3122-082. Адресата е: Бул. Гоце Делчев 6,

1000 Скопје и e-mail адресата е: www.oskartravel.com.mk

Опис на услугата

6

Page 7: Biznis Plan

Туристичката агенција Оскар ќе ја надополни својата понуда на услуги преку

организирање на нови краткотрајни тури (1-2 часа) во Скопје по следнава маршута:

стартно место-Музеј на град Скопје- Ристичева палата- Камени Мост- Кале- Свети

Спас. Турата е предвидена да се остварува без користење на превозни средства

(еветнуално, користење на велосипеди по желба на странските и домашните

туристи). Кадарот одговорен за организирање и водење на турите, ќе биде

селектиран врз основа на нивното искуство како туристички водич и познавање на

најмалку два странски јазици.

Анализа на пазарот

“Оскар“ ќе делува на пазарот за организирани туристички тури, каде што

конкуренцијата е голема, но исто така голема е и побарувачката за алтернативни,

интересни и автентични понуди. Целна група на агенцијата “Оскар“ се

индивидуални лица кои сакаат да го запознаат Скопје и да се интегрираат побрзо

поради отпочнување на бизнис, академско истражување или планираат да живеат

тука подолг период, фамилии со деца, постари луѓе кои е можат да се вклупат во

стандардните тури и им треба поголема флексибилност. Сите заедно отприлика

составуваат група од 56.000 потенцијални потрошувачи. Со предвидената

продажба од 130 тури годишно за групи од по 5 членови што даваат вкупно 430

корисници на услуги, Оскар ќе опфати речиси 1,2% од пазарот, со можност да

опфати и усте поголем дел доколку продажбата расте во понатамошните години од

функционирање на проектот.

Целни групи за продажба на услугите на“Оскар“ се:

1. Првата целна група се индивидуални туристи (домашни и странски) кои

сакаат да се запознаат со Скопје. Нивниот број се проценува околу 40 000

годишно.

7

Page 8: Biznis Plan

2. Вторта целна група се странци кои планираат да живеат во Скопје подолг

период и сакаат побрзо да се интегрираат во Скопје. Тие се дел од првата

група и се најмала целна група. Нивниот претпоставен број е само 500.

3. Третата целна група се странци кои работат во Македонија, Албанија и

Косово и периодично го посетуваат Скопје и околните места во текот на

викендите. Нивниот број се проценува на 700.

4. Четвртата целна група се фамилии со деца или постари луѓе. И двете

групи имаат заедничка особина – тие не можат да се вклопат во

стандардните тури и им треба поголема флексибилност. Тие се дел од

претходните три целни групи и нивниот број е околу 10% од сите нив или

550.

Анализа на индустријата

Проектот “Изгубени во Скопје“ е новина на пазарот на туристички услуги, со кој

туристичката агенција “Оскар“ ќе се издвои пред останатите 167 агенции што

активно работат на територијата на Скопје. На тој начин ќе се пристапи кон

задоволување на желбите и потребите на таргетираните целни групи кои ќе имаат

можност да се запознаат со културните аспекти на средината во која живеат и

работат.

8

Page 9: Biznis Plan

4. SWOT - анализа

Можности:

- Можност за зголемување на добивката на агенцијата во подоцнежните години на функционирање на проектот;

- Можност за вработување на нов и перспективен кадар;

Опасности:

- Иреверезибилност на фиксните средства;

- Врзување на големи парични средства

- Опасност од неостварување на планираните ефекти во иднина;

- Опасност од превземање на идеата од страна на поголема компанија во дејноста;

Јаки страни:

- Проектот “Изгубени во Скопје“ е иновација на македонскиот пазар;

- Агенцијата е лоцирана во центарот на главниот град, каде се наоѓа најголем процент од целните групи;

Слаби страни:

- Агенцијата “Оскар“ може да се соочи со потешкотии во обезбедување на дополнителни средства за финансирање на проектот, поради конкуренцијата на пазарот;

5. Производство

Процесот на давање на услугата од страна на туристучката агенција “Оскар“ се

состои од следниве фази:

Креирање распоред за секоја тура;

9

Page 10: Biznis Plan

Воспоставување на потребните контакти;

Договор со клиентот – презентирање на содржината на турата,

времетрењето, датум и време на спроведување, одредување на

местото на почетокот, дефинирање на посебните барања на клиентот,

начинот на плаќање;

Составување група – 5 члена најмногу, потпишување Договор за

купување тура;

Спроведување на договорената тура;

Спроведување мала анкета за содржината, начинот на презентација,

забелешки и сл.

Наплата на спроведената тура – подобрување на услугата,

имплементација на забелешките, корекции.

Како што опишавме погоре, процесот на давање услуги се состои од 3 фази или 8

чекори, вклучувајќи ги и припремните активности, активности за давање услуги и

активности после давање на услугата. Припремните активности се делат на

подготвување на самата услуга, на подготвување на теренските услови и на

подготвување на самиот клиент. Услугата (турата) се состои од следниве делови:

маршутата, местото и знаменитостите кои ќе се разгледуваат во текот на турата,

содржината на активностите во текот на турата, материјалот и информациите кои

ќе бидат презентирани за време на турата и начинот на презентирање. Другиот дел,

се однесува на припрема на теренскит услови – обезбедување на велосипедите,

одредување на степенот на учеството на клиентот во текот на турата – самото

разгледување и слушање или контактите со локалното население. Подотвувањето

на самиот клиент има две фази: фаза на привлекување и промоција и реклама и

фаза на конкретно договарање ако клиентот веќе се одлучил да купи некоја тура.

Оваа фаза може да се одвива преку интернет, по телефон или преку лични средби.

Следи составување на групата – најмалку 5 членови (или клиентите

одлучуваат дали ке ја платат полната цена, доколку се помалку заинтересирани).

Потоа во договореното место и време се спроведува турата и на крај водачот ги

замолува клиентите да ја поплнат анкетата за задоволство од слугата. Следува

10

Page 11: Biznis Plan

наплатата на спрведената тура и врачување на мали сувенири и брошури од страна

на водичот за други тури што ги нуди агенцијата. После испраќање на клиентите,

водичот ги анализира податоците од спроведените анкети и донеува заклучок за

успешноста на турата и можностите за одредени корекции. Овие резулати се

публикуват на веб-страницата на туристицката агенција “Оскар“ или поточно во

делот посветен на проектот “Изгубени во Скопје“.

Месечно спред планот на продажбата Ќе се продаваат просечно по 11

различни тури, но со креирање нови и созадвање мрежа на алтернативни тури ќе се

продаваат и поголеми количини на услугите.

6. Маркетинг

- Позиционирање

При пазарното позиционирање односно селекцијата на погоре споменатите целни

групи ќе се користи стратегија на диференциран маркетинг,односно ќе таргетира

неколку пазарни сегменти и за секој од нив ќе дизајнира посебни понуди. Со тоа не

само што ќе оствари повисока продажба, туку како резултат на зајакнување на

идентификацијата на компанијата кај потрошувачите ваквата стратегија нуди

поголеми повторни купувачи.

Креирајќи ја маркетинг стратегијата беаземени во предвид следниве фактори:

1. Стратегија на услугите- уникатност и автентичност со можност секоја тура да

биде индивидуално прилагодена на барањата на корисниците. Со самото тоа што

турите не се поголемиод 5 члена, што на секоја тура и дава персонален карактер.

2. Стратегија на цена- продажната цена е конкурентна со други, ноконцептот и

квалитетот на организацијата и самата содржина на турите се далеку попривлечни.

3. Промотивна стратегија- после секоја тура ќе се спроведува мала анкета за

задоволството од турата и резултатите ќе се имплементираат на веб-страната на

агенцијата.

11

Page 12: Biznis Plan

4. Стратегија на продажба- покрај директна продажба, ќесе остварува и продажба

со посредство на хотели, туристички агенции ( домашни и странски), интернет и

сл.

- Промоција

Рекламирањето на алтернативната тура “Изгубени во Скопје“ ќе се врши на

неколку начини:

Преку дизајнирање и печатење на рекламни брошури со слики и описи

на сите тури од понудата;

Преку дизајнирање и изработка на мал преносен билборд кој ќе се

поставува на различни места во Скопје;

Преку рекламирање со големи билборди на Акцент-медија со локација

цо центарот на Скопје;

Преку дополнување на веб-страницата на компланијата со информации

за турата;

Преку поставување банери на најпосетените македоснки веб-страници;

Преку дистрибуирање на промотивен материјал до домашните и

странските туристички агенции;

Преку учество во контакт емисии на телевизија;

Преку давање интервју на најтиражните домашни весници.

Самата компанија “Оскар“ ќе настојува да ги брендира своите алтернативни тури

Изгубени во Скопје, преку учествување на саеми за туризам, преку учество на

семинари и бизнис-форуми, преку организирање на промотивни тури за

туристички новинари и слично. Секако, промоцијата на компанијата и нејзиниот

бренд ќе се врши и преку бизнис карти, сувенири за корисниците на услугите,

преку давање гратис услуги на спонзорите на проектите и преку учество во

најразлични невладини организации.

12

Page 13: Biznis Plan

-Цени и трошоци

Основната структура на трошоците ги опфаќа оние за нова опрема, рекламен и

промотивен материјал. Претставена е во следнава табела.

Опрема Компанија за набавка

Цена Животен век на траење

1.Велосипеди 3*15000

Бајк Стоп- Скопје 45000 20 години

2. Преносен билборд

Акцент медија-Скопје

9000 20 години

3. Печатење брошури и проспекти*

Про Графика- Скопје

5000

5. Изработка на голем билборд**

Акцент медија-Скопје

18000 ( за 4 недели)

Вкупно: 77000,00 денари* на секои четири месеци почнувајќи од имплементацијата на проектот** само во првиот месец од имплементацијата на проектот

Освен спецификацијата на опремата потребна за проектот, во трошоците ќе влезат

уште и оние за повишување на плати во износ од 1000 денари, на оние вработени

(избрани од редовите на постојните вработени) кои ќе бидат вклучени како водичи

на проектот,со надеж за вработување на нови лица со текот на времето.

Концептот на туристичката агенција “Оскар“ е тура прилагодена на вашите

можности и вашите желби – каде корисниците на услугите сами ја одбираат

должината, начинот на презентација, начинот на траспортирање (со велосипед или

пеш), пропратни активности и видови на комуникација со локалното население.

Планирание цени на асортиманите се представени со следната табела:

13

Page 14: Biznis Plan

Вид на услугата Цена (ден/бр.)Кратка 1-часовна тура за група од 5

члена1500

Кратка 2-часовна тура за група од 5 члена

2000

7. Менаџмент За целокупните аспекти на функционирање и координирање на проектот “Изгубени

во Скопје” планирано е да биде одговорно едно лице. Додека трае пробниот

периодот на проектот планирано е да се ангажираат двајца туристички водичи кои

ќе ги задоволат потребните квалификации, со можност нивниот број да расте со

пораст на заинтересираноста за турата. Со тоа што во почетниот период водичи на

проектот ќе бидат ангажирани од постојните вработени , со покачување на нивната

плата за 1000 денари. Во наредните години ќе се овозможи вработување на три

лица.

14

Page 15: Biznis Plan

8. Економско – финансиска анализа

Проекција на приходи од продажба за првата година

Како што покажува овој бизнис план, долгорочниот успех на бизнисот се

базира на краткорочна инвестиција со цел да се постигне успешна продажба на

планираните услуги за организирање тури во Скопје.

Овој проект целосно ќе се финансира од сопствени извори, т.с. со

реинвестирање на дел од нето- добивката на агенцијата ОСКАР која во 2007

изнесува _____.

Предвидената продажба на новата услуга за првата година е проектирана во

табелата што следи, и претставува единствен вид на приход од новата инвестиција:

ПРОЦЕНКА НА МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА ЗА ПРВАТА ГОДИНАМесец 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 ВкупноКратка тура од еден час за група од 5 членаКоличина 5 5 5 5 5 5 2 2 2 2 4 4 46Цена 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500  Промет 7500 7500 7500 7500 7500 7500 3000 3000 3000 3000 6000 6000 69000Кратка тура од два час за група од 5 членаКоличина 5 5 5 5 5 5 2 2 2 2 4 4 46Цена 2000 2000 2000 2000 2000 2000 2000 2000 2000 2000 2000 2000  Промет 10000 10000 10000 10000 10000 10000 4000 4000 4000 4000 8000 8000 92000Вк.промет 17500 17500 17500 17500 17500 17500 7000 7000 7000 7000 14000 14000 161000

Според податоците за предвидената продажба во првата година ОСКАР ДООЕЛ ќе

оствари промет од 161 000 денари, т.с. просечно по 13417 денари месечно.

Количината на продадените тури се предвидува да биде најмала во летниот период,

заради летните одмори, како и пред Нова Година заради новогодишните празници.

Се предвидува дека разликата во видот на турите, од аспект на времетраењето и

цената, нема да предизвика големи разлики во побарувачката и продажбата

односно тие ќе се одвиваат многу слично, речиси исто за двата вида на тури.

15

Page 16: Biznis Plan

Проекција на трошоците

ПРОЦЕНКА НА МЕСЕЧНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ПРВАТА ГОДИНАМесец 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 ВкупноЗголемување на плати 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 12000Промоција и реклама 32000       5000       5000       42000Велосипеди 45000                       45000Други трошоци 500 500 500 500 500 500 500 500 500 500 500 500 6000Вк.трошоци 78500 1500 1500 1500 6500 1500 1500 1500 6500 1500 1500 1500 105000

Како што може да се види од табелата на проектирани трошоци за првата

година тие се најголеми во месец јануари,што е многу логично поради фактот

што во овој период ќе водиме агресивна реклама, а плус во овој месец ќе бидат

набавени и велосипедите. Во останатите месеци во однос на рекламата ќе се

прават само проспекти и брошури и тоа секој четврти месец, кои ќе служат на

некој начин како потсетување за можностите кои агенцијата ОСКАР ги нуди со

турата. Во следните години предвидено е и поставување на банери на

најпосетуваните веб- страници. Во групата на други трошоци се вметнати оние

ситни трошоци и тоа за мобилен телефон или евентуално за ситни поправкаи на

велосипедите.

Проекција на Билансот на Успех

Врз основа на овој бизнис план се покажува дека краткорочната инвестиција во

доопремување, како и добра промотивна и рекламна кампања неминовно ќе

доведат до одржливо работење, а во следните две до три години и до успешно

вработување на 3 невработени млади лица. Ако претпоставиме дека продажбата

ќе расте во текот на наредните години со предвиденото темпо од 10% за втората

16

Page 17: Biznis Plan

година, 15% во третата, 20% во четвртата и 50% во петтата година,тогаш

билансот на успех за 5 години ќе изгледа како во следнава табела:

Година 1 2 3 4 5ПРИХОДИ           Приходи од продажба 161000 177100 203665 244398 366597 Трошоци на продажба           Оперативна добивка 161100 177100 203665 244398 366597РАСХОДИ 105000 144000 144000 240000 336000 Амортизација 2700 2700 2700 2700 2700Вкупни трошоци 107700 146700 146700 242700 338700Добивка пред оданочување 53400 30400 56965 1698 27897Данок 5340 3040 5696,5 0 2790Нето- добивка 48060 27360 51268,5 1698 25107

Зголемувањето на продажбата во втората година за 10 % се должи на фактот

дека ОСКАР ДООЕЛ после оценката на резултатите од првата година на работење

ќе спроведе поширока промоција и рекламирање на своите тури како и развивање

на нови.

Во третата година ќе се најдат и ќе се организираат индиректни начини на

продажба како дополнение на директната продажба. Кон крајот на третата година

ќе се вработат дополнително две млади лица.Со тоа продажбата ќе се зголеми за

15%. Промоцијата ќе биде основен правец на инвестирање и тоа по интернет во

сите достапни портали.

Во четвртата година ќе се прошири мрежа на индиректна продажба и

продажба (закажување тури) на интернет. ОСКАР ДООЕЛ со својот бренд

Изгубени во Скопје да постанат дел од задолжителни туристички активности во

Скопје. Продажбата во оваа година ќе се зголеми за 20% во споредба со

претходната година .

Во петтата година ќе дојде до зголемување на 50% и тоа ќе се должи на

зголемениот обем на работа, но и пакет на разни алтернативни тури во понудата .

Проекција на готовинските текови тек

ГОТОВИНСКИ ТЕК ЗА ОЦЕНКА НА ЛИКВИДНОСТАГодина 1 2 3 4 5

17

Page 18: Biznis Plan

ПРИЛИВИ 266000 177100 203665 244398 366597Сопствен капитал 105000        Приходи од продажба 161000 177100 203665 244398 366597ОДЛИВИ 110340 147040 147040 240000 338790Инвестиции 54000        Оперативни трошоци 51000 144000 144000 240000 336000Даноци 5340 3040 5696,5 0 2790НЕТО-ПРИЛИВ 155660 30060 56625 4398 27807КУМУЛАТИВ 155660 185720 242345 246743 274550

Кумулативот на нето – приливи е позитивен во сите години, што значи

дека проектот ќе може да ги сервисира сите достасани обврски во

оперативниот период.

ГОТОВИНСКИ ТЕК ЗА ОЦЕНКА НА РЕНТАБИЛНОСТАГодина 1 2 3 4 5ПРИЛИВИ 161000 177100 203665 244398 407097Приходи од продажба 161000 177100 203665 244398 366597Остаток на вредност         40500ОДЛИВИ 110340 147040 147040 240000 338790Инвестиции 54000        Оперативни трошоци 51000 144000 144000 240000 336000Даноци 5340 3040 5696,5 0 2790НЕТО-ПРИЛИВ 50660 30060 56625 4398 68307КУМУЛАТИВ 50660 80720 137345 141743 210050

Кај оценката на рентабилноста кумулативот на нето- приноси не ни

кажува многу. Затоа треба да ги пресметаме инвестиционите критериуми

со цел да извршиме анализа на исплатливоста на проектот.

9. Оценка на исплатливоста на проектот

Просечна стапка на принос = Просечна нето-добивна / Инвестиции

За утвдување на овој недисконтен показател, најпрво ја пресметавме просечната

нето-добивка. За таа цел ги искористивме податоците од проектираниот биланс на

успех. Од тука добивме дека просечната нето-добивка изнесува 30698,7 денари

18

Page 19: Biznis Plan

( 48060+27360+51268,5+1698+25107 / 5 ). Кога овој износ го ставивме во однос со

иницијалните инвестиции, кои изнесуваат 105.000 денари, добивме дека

просечната стапка на принос за оваа инвестиција изнесува 29,3%.

Како заклучок од оваа пресметка изведовме дека просечната стапка на принос што

би ја остарил инвеститорот (агенцијата Оскар), не земајќи ја в предвид временската

преференција, е 29,3%. Бидејќи вака добиената стапка на принос е поголема од

просецната цена на капитал (17,5%-добиена според методот на надградба),

заклучуваме дека проектот е прифатлив за реализација.

За утврдување на дисконтната стапка се послуживме со методот на надградба,

односно на каматната стапка што ја нудат државните записи на Република

Македонија (7,5%), додадовме уште 10 процентни поени на име премија за

ризик.10 процентни поени потекнуваат од утврдениот опсег од 5,5 до 8 процентни

поени во зависност од ризикот, при што ние ја земавме најголемата премија за

ризик од 8 процентни поени плус дополнителна премија за ризик од 2 процентни

поени. Ги земаме државните записи како основа на надградбата,а не државните

обврзници, поради фактот што се работи за краткорочна инвестиција, меѓутоа со

долгорочни ефекти.

Нето сегашната вредност е диконтен показател кој се добива како збир на

проектираните нето-приноси на проектот, диконтирани по стапка добиена според

методот на надградба (7,5% + 10% = 17,5 %)

Година Нето-приноси Дисконтен фактор

Дисконтирани нето-приноси

0 -105.000 1 -105.0001 161.000 0,8510638 137021,272 177.100 0,7243096 128275,233 203665 0,6164337 125545,974 244398 0,5246244 128217,155 407097 0,4464889 181764,29 НСВ= 595823,92

19

Page 20: Biznis Plan

Со добивање на позитивна нето-сегашна вредноста можеме да заклучиме дека

проектот е оправдан за реализација. Прифаќањето на проектот ќе придонесе за

подобрување на состобата на сопственикот на агенцијата “Оскар“.

10. Анализа на ризикот

Претходните проекции на билансот на успех и планот на готовински текови во себе

содржат ризик кој е неизбежен. Конкуренцијата која сите нови идеи на пазарот ги

превзема многу брзо и лошите економски најави за стопанството во Македонија во

следните неколку години,како резултат на финансиската криза мора да се земат

предвид како отежнувачки фактори. Од тука особено битна за инвеститорот е

сензитивната анализа која покажува на каков ризик е изложен тој при промена на

некоја од клучните варијабли во проектот. Промената која ние ја интегрираме е

намалување на приходите од продажба за 20 %.

Година 1 2 3 4 5ПРИЛИВИ 128800 141680 162932 195518 333778Приходи од продажба 128800 141680 162932 195518 293278Остаток на вредност         40500

ОДЛИВИ 107110 144000 145623 240000 336000Инвестиции 54000        Оперативни трошоци 51000 144000 144000 240000 336000Даноци 2110 0 1623 0 0НЕТО-ПРИЛИВ 21690 -2320 17309 -44482 -2222

Дисконтиран нето прилив 21690 -1974 12532 -27401 1167

Со пресметка на инвестициониот критериум нето сегашна вредност во новата

ситуација, повторно добивме позитивна вредност на критериумот , но сега со

многу помала вредност од 6014. Доаѓаме до заклучок дека и покрај пад на

приходите од продажба од 20% проектот повторно би бил рентабилен,односно

исплатлив за реализација.

20

Page 21: Biznis Plan

11.

Заклучок

Проектот “Изгубени во Скопје“ е инвестиција со која туристичката агенција

“Оскар“ ќе ја надополни својата понуда на услуги преку оргазинизирање на нови

краткотрајни тури (1-2 часа) во Скопје со претходно утврдена релација и без

користење на превозни средства. Овој проект претставува новина на пазарот на

туристички услуги, што дава можност туристичката агенција “Оскар“ да се доведе

во позиција на предност пред останатите 167 агенции што активно работат на

територијата на Скопје. Реализацијата на овој преокт ќе значи задоволување на

потребите и желбите на таргетираните целни групи чии желби се занемарени од

страна на пазарот на туристички услуги. Во склоп на изготвување на овој бизнис

план беа утвдрени краткорочната, среднорочната и долгорочната цел што треба да

се постигнат со изведувањето на овој проект. Како таргетирана група на

потршувачи беа земени индивидуални лица кои сакаат да го запознаат Скопје и

што е можно побрзо да се интегрираат во него.

Од спреведената финансиска анализа, како последен чекор од изготвениот бизнис,

план, се донесе заклучок дека реализирањето на овој проект е економски оправдана

и ќе доведе до унапредување на состојбата на инвеститорот, во случајов,

сопственикот на агенцијата “Оскар“. Проекцијата на готовинскиот тек на

ликвидност ни покажа дека со реализирањето на оваа инвестиција туристичката

агенција “Оскар“ ќе биде способна да ги сервисира сите достасани обврски во

Година 1 2 3 4 5ПРИХОДИ               Приходи од продажба 128800 141680 162932 195518 333778     Трошоци на продажба               Оперативна добивка 128800 141680 162932 195518 333778РАСХОДИ 105000 144000 144000 240000 336000     Амортизација 2700 2700 2700 2700 2700Вкупни трошоци 107700 146700 146700 242700 338700Добивка пред оданочување 21100 -5020 16232 -47182 -4922Данок 2110 0 1623 0 0Нето- добивка 18990 -5020 14609 -47182 -4922

21

Page 22: Biznis Plan

оперативниот период. Пресметката на инвестиционите критериуми (просечна

стапка на принос и нето-сегашна вредност), исто така укажа на економската

оправданост за реалацијата на овој проект.

22