YOU ARE DOWNLOADING DOCUMENT

Please tick the box to continue:

Transcript
Page 1: Get Online Week

Презентер,Живка Стоилковска

Page 2: Get Online Week

Get On-line Week• Од 18 до 24 март околу десет илјади

организации, членки на Telecentre-Europe ќе организираат различни активности кои ќе промовираат дигитална инклузија во цела Европа.

• Во одбележувањето на Get Online Week во Македонија е вклучено здружението „Отворете ги прозорците“ кое ќе вклучи повеќе училишта, јавни институции, граѓански организации и медиуми. Секој граѓанин ќе може да ја даде својата поддршка преку пополнување на дигиталниот бројач кој ќе биде поставен на веб-страницата на „Отворете ги прозорците“ www.openthewindows.org.

Page 3: Get Online Week

• Get Online Week е кампања која се случува еднаш годишно и ги зајакнува луѓето да ја користат технологијата и интернетот за да ги искористат придобивките од денешниот дигитален свет на можности.

• Кампањата преку онлајн анкета ја покажува поддршката на лица од европските земји вклучувајќи ја и Македонија.

Page 4: Get Online Week

• Оваа година, кампањата има посебен фокус на младите лица, кои секојдневно користат интернет, но им недостасува знаење за негово соодветно користење.

• Европските центри ќе ги поттикнат младите за да ги развијат нивните способности за „онлајн“ работа, учење, забава и комуникација, како и да изградат силен дигитален идентитет и да ја зајакнат свеста за важноста на безбедноста на интернет.

Page 5: Get Online Week

• Оваа година Општинското Основно училиште „Илинден“ ја подржа кампањата преку организирање на предавања во сите воспитно образовни институции во градот, со што Општината Крива Паланка се вклучи во кампањата Get Online Week.

• Нашата поддршка на кампањата е во насока на корисно и безбедно користење на интернетот и онлајн информациите.

Page 6: Get Online Week

• Кампањата е фокусирана на разбирање на ризиците и опасностите кои ги демнат децата и младите на интернет, како и на посочување препораки, совети и насоки до родителите и наставниците за нивно навремено препознавање.

Page 7: Get Online Week

• „Сурфај безбедно“-Кампања за безбедност на децата и младите на интернет со чија содржина може да се запознаете на следниов линк

• www.surfajbezbedno.mk

Page 8: Get Online Week

• Telecentre-Europe AISBL, организаторот на Get Online Week кампањата, е меѓународна непрофитна асоцијација која важи за водечка европска сила за подобрување на е-вештините на граѓаните како и за препознатлива надлежна организација која ги советува носителите на политиките во нивните е-стратегии вклучувајќи е-инклузија, е-вештини и социјални бизниси во областа на ИТ.

Page 9: Get Online Week

• Здружението „Отворете ги прозорците“, единствена граѓанска организација во Македонија фокусирана на промоција на асистивната технологија, е формален член на Telecentre-Europe од 2012 година и досега два пати има организирано активности во рамки на кампањата во 2011 и 2012 година.


Related Documents