Top Banner
1. ПРЕОДОТ ОД 19 ВО 20 ВЕК ВО МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ – КОНТИНУИТЕТ Континуитетот во развојот на македонската книжевна и културна мисла во периодот на преминот од 19 во 20 век се остварува со книжевната и воопшто со културната и политичката активност на голем број македонски дејци како што се Ѓорѓија Пулевски, Васил Главинов, Петар Поп-Арсов, Георги Балашчев, Христо Матов, Коста Шахов, Емил Спространов, Темко Попов и многу други. Меѓу нив, секако, предничат Крсте Петков Мисирков, Марко Цепенков, Војдан Чернодрински и Никола Киров Мајски. Со нивната културна дејност, впрочем, и натаму се одржува и се збогатува духот на долговековната борба на македонскиот народ за политичка и културна самостојност. Во сиот 19 век продолжува развојот на една автохтона македонска уметничка литература втемелена врз средновековната македонска книжевност која, како што е општопознато, е со доминантно религиозен, црковен карактер. Во таа смисла, воопшто не е случајна појавата на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ на почетокот од 19 век чии книжевни дела претставуваат симбиоза на црковното и народното, на духовното и световното, на религиозната и уметничката литература. Нивните дела, всушност, се линк меѓу средновековната литература и уметничката литература која се создаваше во Македонија во текот на 19 век и тие се показатели на континуитетот во историскиот развој на македонската книжевност. Ваквиот континуиран, систематичен и, на крајот на краиштата, сосема логичен развој продолжува и на преминот од 19 во 20 век со културните активности на Крсте Петков Мисирков кој зборува за македонизмот и за создавање на македонски литературен јазик што, секако, гравитира и кон македонската книжевност, со уметничката литература на Марко Цепенков кој, покрај собирачката дејност на македонските народни умотворби, е автор и на неколку песни и на една драма, со Војдан Чернодрински кој ги продолжува драмските активности на Јордан Хаџи Константинов Џинот, со Никола Киров Мајски кој е автор на драмата „Илинден“ што претставува еден вид пресек на борбата на македонскиот народ 1
43

New Microsoft Word Document

Dec 02, 2014

Download

Documents

Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: New Microsoft Word Document

1. ПРЕОДОТ ОД 19 ВО 20 ВЕК ВО МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ – КОНТИНУИТЕТ

Континуитетот во развојот на македонската книжевна и културна мисла во периодот на преминот од 19 во 20 век се остварува со книжевната и воопшто со културната и политичката активност на голем број македонски дејци како што се Ѓорѓија Пулевски, Васил Главинов, Петар Поп-Арсов, Георги Балашчев, Христо Матов, Коста Шахов, Емил Спространов, Темко Попов и многу други. Меѓу нив, секако, предничат Крсте Петков Мисирков, Марко Цепенков, Војдан Чернодрински и Никола Киров Мајски. Со нивната културна дејност, впрочем, и натаму се одржува и се збогатува духот на долговековната борба на македонскиот народ за политичка и културна самостојност. Во сиот 19 век продолжува развојот на една автохтона македонска уметничка литература втемелена врз средновековната македонска книжевност која, како што е општопознато, е со доминантно религиозен, црковен карактер. Во таа смисла, воопшто не е случајна појавата на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ на почетокот од 19 век чии книжевни дела претставуваат симбиоза на црковното и народното, на духовното и световното, на религиозната и уметничката литература. Нивните дела, всушност, се линк меѓу средновековната литература и уметничката литература која се создаваше во Македонија во текот на 19 век и тие се показатели на континуитетот во историскиот развој на македонската книжевност.

Ваквиот континуиран, систематичен и, на крајот на краиштата, сосема логичен развој продолжува и на преминот од 19 во 20 век со културните активности на Крсте Петков Мисирков кој зборува за македонизмот и за создавање на македонски литературен јазик што, секако, гравитира и кон македонската книжевност, со уметничката литература на Марко Цепенков кој, покрај собирачката дејност на македонските народни умотворби, е автор и на неколку песни и на една драма, со Војдан Чернодрински кој ги продолжува драмските активности на Јордан Хаџи Константинов Џинот, со Никола Киров Мајски кој е автор на драмата „Илинден“ што претставува еден вид пресек на борбата на македонскиот народ за политичка и културна автономија, како и со многу други културни дејци чијашто дејност претставува мост што ги поврзува овие две епохи (19 и 20 век) од општиот развој на македонската култура воопшто. Тоа бездруго значи дека се неаргументирани тезите дека македонската книжевност се развивала во некаков дисконтинуитет, со несистематичност, со колебања итн. Напротив, фактите зборуваат дека во својот дијахрониски аспект македонската книжевност има и континуитет, и систематичност, и автохтоност, и една сосема логична последователност.

Македонската литература во 20 век започнува со драмата, а токму драмата ќе биде и еден од нејзините доминантни белези и во периодот меѓу двете светски војни. И тоа е, се разбира, еден од показателите за континуитетот, но и за зрелоста на македонската литература затоа што таа во новата доба влегува со најсложениот книжевен род каков што е драмата. И натамошниот развој на македонската литература не само во првата половина од 20 век туку и низ сиот тој век го покажува континуираниот и логичниот редослед на појавувањето на разните дела од македонската книжевна уметност. Кодификацијата на македонскиот

1

Page 2: New Microsoft Word Document

литературен јазик кон средината на векот само го поттикна засилениот подем на македонската литература која за сосема кратко време си го зазеде заслуженото место во европски, но и пошироко во светски рамки. Таа позиција македонската литература ја има и денес со автори од светски ранг како што се, на пример, Венко Андоновски, Горан Стефановски, Драги Михајловски и многу други.

Сосема друго е прашањето за тешкотиите со кои се соочувале македонските книжевни автори и во 19 и во првата половина од 20 век. До крајот од првата деценија на 20 век тие твореле во земја која била под турско ропство, а сè до крајот на Втората светска војна македонските книжевни дејци работеле во услови кога во Македонија немало ниту македонски политички ниту македонски образовни ниту македонски културни институции како и без оформен, кодифициран македонски стандарден јазик. И покрај тоа, и во такви услови, во Македонија се создавала и се развивала литература која носи со себе и високи уметнички вредности. Се разбира, таква литература во Македонија се создавала и во првата половина на 20 век.

1.1. ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРИЛИКИ ВО МАКЕДОНИЈА НА ПРЕМИНОТОД 19 ВО 20 ВЕК – ОПШТ ПРЕГЛЕД

На крајот од 19 и почетокот од 20 век Македонија сè уште се наоѓа под турско ропство, односно таа е административна единица во рамките на големата Османлиска Империја. Тоа значи дека Македонија нема свои политички, образовни и културни институции. И во овој период асимилаторските пропаганди на соседните држави (Бугарија, Србија, Грција) се мошне активни на македонското тло, а нивната цел е да заграбат што повеќе од политичкиот, етничкиот и културниот простор на Македонија. Нивното влијание е најзабележливо во образованието и религијата, односно во црквата. Во Македонија се отвораат бројни пропагандистички училишта во кои македонските деца учат или на бугарски или на српски или на грчки јазик, а за таа цел во Македонија се увезуваат и голем број учебници од Бугарија, Србија и Грција на бугарски, српски и грчки јазик. Црквата во Македонија е постојано на удар на бугарската Егзархија, како и на српската и на грчката Патријаршија. Ниту една од овие држави не ја признава националната, религиозната и културната посебност на македонскиот народ ниту, пак, го признаваат македонскиот јазик како посебен туку го третираат или како дијалект на српскиот или дијалект на бугарскиот јазик.

Во такви услови продолжува организираната револуционерна, политичка и културна борба на македонскиот народ за своја самостојна, автономна држава. Во 1891 година во Софија е формирана Младата македонска книжовна дружина во која членуваат Коста Шахов, Гоце Делчев, Даме Груев, Петар Поп-Арсов, Георги Балашчев, Христо Матов, Емил Спространов и други. Членовите на оваа Млада

2

Page 3: New Microsoft Word Document

македонска книжовна дружина го издаваат списанието „Лоза“ поради што се наречени „лозари“. Во ова списание биле објавувани прилози на разни македонски дијалекти, а „лозарите“ преку ова списание се залагале и за „неопходната потреба од македонски литературен јазик“.1 Во 1893 година во Белград Крсте Петков Мисирков ја формира ученичката дружина „Вардар“ чија основна цел ќе биде да се подготви една национална македонска програма која тајно ќе се реализира во Македонија.2

Сепак, најзначајниот настан од овој период е формирањето на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО) во есента 1893 година во македонскиот град Солун. На основачкиот состанот на ТМОРО, што се одржал во домот на солунскиот книжар Иван Хаџи-Николов, биле присутни Даме Груев, Христо Татарчев, Петар Поп-Арсов, Антон Димитров, Христо Батанџиев и домаќинот од Солун Иван Хаџи-Николов. Една година подоцна кон ТМОРО ќе се приклучи и Гоце Делчев кој ќе стане една од највидните и најавторитетните личности на оваа македонска Организација која подоцна ќе го промени името во Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) – име кое во наредните децении ќе стане симбол на македонската борба за слобода и за самостојна држава. Зајакнувањето и сè поголемата масовност на ВМРО ќе ги поттикне бугарските асимилаторски власти да се вмешаат во работата на оваа македонска Организација и во нејзините редови да инволвираат свои луѓе со лажните ветувања дека Бугарија ќе помогне дури и со свои вооружени сили во ослободувањето на Македонија од турското ропство. На тој начин со инволвирањето на бугарскиот елемент во ВМРО наскоро се појавиле две струи: една врховистичка која ги спроведувала идеите на официјалната бугарска политика насочена против македонските интереси, и другата централистичка чии членови биле против вмешувањето на Бугарија во ослободителната борба на македонскиот народ сметајќи дека тоа е работа на самите Македонци, а и сфаќајќи ги прикриените намери на бугарската власт за асимилирање на македонскиот народ и за заграбување на македонската територија. Дејствувањето на врховистичката група во ВМРО ќе се покаже како кобна со предвременото дигање на општонародното востание во Македонија во 1903 година, против што енергично се залагал и Гоце Делчев кој ќе биде убиен во заседа неколку месеци пред почетокот на востанието.

Паралелно со активностите на ВМРО, во Македонија дејствува и социјалистичката група на Васил Главинов која покрај идеите за класната борба ќе ги пропагира и активностите поврзани со националните интереси на македонскиот народ преку списанието „Револуција“, а тие идеи се идентични со оние на Гоце Делчев. Подоцна, односно во 1900 година, оваа социјалистичка група на Главинов ќе се вклучи во редовите на ВМРО.

Во борбата за национална слобода македонската интелигенција во овој период основала и голем број списанија и весници и тоа во Македонија, во соседните држави, но и во некои европски земји, низ чии страници ја актуелизирала и ја пропагирала борбата на македонскиот народ за сопствена

1 Георги Сталев, Историја на македонската книжевност, II дел, Првата половина на 20 век, Институт за македонска литература, Скопје, 2003, стр. 15.2 Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност XX век, Мисла, Скопје, 1990, стр. 11.

3

Page 4: New Microsoft Word Document

самостојна држава, за свои македонски институции и за свој македонски јазик. Тука е во прв ред весникот „Револуција“ на социјалистичката група од Васил Главинов, потоа весникот „Македонија“ на Коста Шахов кој од 1893 година ќе го добие името „Глас македонски“, па и весникот „Малешевски гласник“ во кој е објавен и еден текст во кој, меѓу другото, се вели: „...пред сè, меѓу нас нема ни Бугари, ни Грци, ни Срби, а само Македонци...“.3 ВМРО ќе издава два весника, „Бунтовник“ и „Дело“, а треба да се спомнат тука и весникот „Автономна Македонија“ како и списанието „Вардар“ на Крсте Петков Мисирков. Покрај овие, на територијата на Македонија се појавиле неколку регионални илегални весници како што се на пример „На оружје“, „Востаник“, „Ослобождение“, „Свобода или смрт“. Во Женева излегуваат три весника и тоа „Балкански ек“, „Борба“ и „L’Effort“, а во Париз се објавува весникот со наслов „Le Mouvement“. Низ страниците од сите овие весници и списанија и познати и непознати македонски интелектуалци пишуваат за вековната борба на македонскиот народ за слобода, за правото на Македонците да имаат своја држава, своја политичка и културна самостојност. Се разбира, огромен е придонесот на овие печатени медиуми во афирмацијата на македонското прашање не само на Балканскиот Полуостров туку и пошироко во Европа.

Меѓутоа, меѓу македонската интелигенција имало и такви коишто сметале дека вниманието на Европа кон македонското прашање може да се сврти со атентати врз клучни објекти во Османлиската Империја. Таква е, имено, групата од македонски интелектуалци познати како „гемиџии“ кои пролетта 1903 година извршиле атентати врз неколку значајни објекти во Солун. Тие ги минирале и ги дигнале во воздух францускиот брод „Гвадалкивир“, градската плинара, поштата во Солун, Отоманската банка со цел да го свртат вниманието на европската јавност врз страдањата на народот во Македонија под турското ропство и од пропагандите на соседните држави. Шестемина солунски атентатори се Павел Шатев, Ордан Орданов, Константин Кирков, Милан Бошнаков, Димитар Мечев и Владимир Пингов.

Најзначајниот настан од револуционерната борба на македонскиот народ во периодот на преминот од 19 во 20 век, секако, е Илинденското востание. Во мај 1903 година се одржал Смилевскиот конгрес на кој била донесена одлука за дигање општонародно востание во Македонија против турскиот јарем. Бил донесен и Проглас за дигање на востанието на 2 август 1903 година, а за членови на Главниот востанички штаб биле назначени Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов. Подготовките за вакво општонародно востание траеле подолго време, но некои видни членови од ВМРО сметале дека не треба да се брза со носење одлука за дигање востание затоа што условите сè уште не биле созреани за тоа, а народот не бил подготвен и од организациски и од вооружен аспект. Меѓу нив бил и Гоце Делчев кој бил свесен дека брзањето со одлуката за дигање востание го поттикнуваат врховистичките елементи чија цел била да ја спроведуваат бугарската асимилаторска политика во Македонија. Делчев дури и се обидел да го спречи донесувањето на одлуката за дигање на востание, но безуспешно. Додека сè уште траел Смилевскиот конгрес, на 4 мај 1903 година, четата на Гоце Делчев

3 Георги Сталев, Историја на македонската книжевност, II дел, Првата половина на 20 век, цит. дело, стр. 18.

4

Page 5: New Microsoft Word Document

западнала во заседа подготвена од турскиот аскер кај серското село Баница, во Егејска Македонија. Во борбата Делчев бил убиен, а бил погребан во Баница. Со тоа и пропаднале сите обиди да се спречи започнувањето на предвременото неподготвено општонародно востание. Така, на 2 август 1903 година започнало општонародното востание во неколку реони низ Македонија. Најголем успех востаниците постигнале со ослободувањето на Крушево на 3 август 1903 година и со прогласувањето на Крушевската република како прва република на Балканскиот Полуостров. За претседател на Крушевската република бил назначен Никола Карев. Но, радоста на востаниците и на народот во Крушево траела кратко. По десетте дена слободна Крушевска република турскаат десетилјадна војска на чело со Бахтијар-паша, по жестоките борби со востаниците, влегува во Крушево и врши терор врз населението. Никола Карев и членовите на востаничкиот штаб го напуштиле Крушево, а Питу Гули останал со својата чета да се бори и до крај да го брани Крушево. Во легендарната борба со турската војска на Мечкин Камен загинале сите востаници од оваа чета, а меѓу нив и војводата Питу Гули. Иако за време на Илинденското востание привремено биле забележани и други успеси со ослободување на некои планински територии, сепак ова востание доживеало неуспех, односно не ја постигнало својата цел – ослободување на Македонија од турското ропство. Се разбира, и по Илинденското востание македонскиот народ ја продолжува борбата за слободна и самостојна држава.

По Илинденското востание, во првата половина на 20 век, ќе се случат бројни настани коишто на директен или на индиректен начин се поврзани со Македонија. Во 1908 година во Османлиската Империја ќе започне Младотурската револуција која го означува почетокот на распаѓањето на Империјата. Неколку години подоцна ќе се случау двете балкански војни чиј крај ќе го означи Букурешкиот мировен договор од август 1913 година на кој Македонија е поделена на три дела – Егејска Македонија ќе и припадне на Грција, Пиринска Македонија на Бугарија, а Вардарска Македонија на Србија. И Првата светска војна ќе донесе само страдања за Македонците затоа што голем дел од борбите ќе се водат на македонско тло, а сè до Втората светска војна Вардарска Македонија останува во рамките на Кралството СХС, односно подоцна Кралство Југославија. За време на Втората светска војна македонскиот народ ќе земе активно учество во антифашистичката борба, а по завршувањето на војната конечно вардарскиот дел на Македонија ќе биде ослободен и ќе се формира македонската држава како федеративна единица во рамките на Федеративна Народна Република Југославија. Другите делови на Македонија – Егејска и Пиринска Македонија – и натаму остануваат како делови на соседните држави Грција и Бугарија, а таквата состојба трае до денес.

5

Page 6: New Microsoft Word Document

1.2. РЕАЛИЗМОТ КАКО ДОМИНАНТНА СТИЛСКА ФОРМАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ ОД ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 20 ВЕК

Во првата половина на 20 век македонската литература се развива во духот на реализмот како книжевна стилска формација, а исклучоците од тоа се навистина реткост, како на пример експресионистичките елементи во поезијата од Рацин на српскохрватски јазик. Георги Сталев ја застапува тезата дека станува збор за ангажиран реализам во првата половина од 20 век во македонската литература, а оваа синтагма тој ја појаснува и ја поткрепува проширувајќи ја на сета книжевност како ангажирана книжевност:

„Секој може да го постави прашањето – дали постои неангажиран реализам?... Тоа се однесува за секој правец, школа, метод, струење, стилска формација (дури и за оние, чии носители тврдат дека не ги интересира никаква порака, никаква идеја освен, да речеме, самата уметност или ни тоа!). Во литературни рамки поимот ангажиран(а) – сметаме – е мошне флексибилен и покрај тоа што некои автори под него подразбираат исклучиво преокупираност со строго револуционерно-борбени идеи, стремежи, повици. Ангажирана книжевност, меѓутоа, е и таа што се залага за вистината воопшто, за справедливоста, етичноста и во која, исто така, се содржат недвосмислени белези за ваква или онаква промена. Македонската литература во текот на целата прва половина од XX век го одразува, имено, во секој поглед, револуционерното расположение не само кај авторите туку и кај поголемиот дел од народот: драмските дела на Војдан Чернодрински, особено ’Македонска крвава свадба‘, дури и мобилизираа во илинденските борби; поемата ’Локвата и Вињари‘ од Лазар Поп Трајков сведочи за борбениот морал на борците и покрај поразот на востанието, а литературните творби на Марко Цепенков укажуваат како треба да се дејствува против неправдата со воспевање на херојскиот чин; драмата ’Илинден‘ и некои други драмски текстови на Никола Киров – Мајски се јавуваат, навистина, подоцна од епопејскиот настан, но тие – со оглед на новата ситуација меѓу двете светски војни – имаат тенденција не само да не се заборави минатото туку и да иницираат протест против новите угнетувања; драмските дела на Васил Иљоски, Ристо Крле и Антон Панов возбудуваа со нивниот македонски јазик, како изразит стремеж за негова еманципација... Експресионистичката поезија на Кочо Рацин, посебно збирката ’Бели мугри‘, ’Моторните песни‘ на Никола Ј. Вапцаров, а особено неговиот циклус за Македонија (заедно со стремежите на сите членови на Македонскиот литературен кружок во Софија) беа директен влог во борбата против диктатурата на буржоазијата и во борбата за национално ослободување на Македонците, на цела Македонија. Коле Неделковски, Никола Вапцаров, Мите Богоевски, Кочо Рацин, Ацо Караманов беа инспирирани од борбата да пишуваат за неа и со тоа да инспирираат други за борба! Така и го положија својот живот за она во што веруваа“.4

4 Георги Сталев, Историја на македонската книжевност, I дел, Македонската литература во 19 век, Институт за македонска литература, Скопје, 2001, стр. 14 - 15.

6

Page 7: New Microsoft Word Document

Самото искажување на Сталев укажува на фактот дека во книжевно-теориските кругови постојат несогласувања во однос на тоа дали литературата е и дали треба да биде „ангажирана“ или, пак, постои и треба да постои само она што се нарекува „уметност заради уметност“, односно литература само како естетска вредност и ништо повеќе. Аргументи постојат и на едната и на другата страна, но за нас е важно дека постои општа согласност за тоа дека реализмот е доминантната стилска формација (книжевен правец) во македонската книжевност од првата половина на 20 век и тоа во сета разноликост од книжевните видови во кои се појавувала таа – и во драмата, и во поезијата, и во романот.

Што се подразбира под поимот реализам? Постојат бројни дефиниции за поимот реализам во досегашната традиција на проучување на книжевноста. Овде ќе наведеме неколку од нив кои најчесто се среќаваат во речниците, енцилопедиите и прирачните книги од областа на теоријата на книжевноста.

Поимот реализам потекнува од латинскиот збор realis што значи стварен, предметен. Под поимот реализам се подразбира прикажување на стварноста таква каква што е.

Реализмот претставува стилска формација, односно книжевен правец кој настојува стварноста да ја прикаже автентично, онаква каква што е, објективно и без страсти.

Реализмот е книжевен метод кој се јавува во сите книжевности од антиката до денес. Реалистичкиот метод, односно методот на реализмот, се однесува на книжевноста која ја прикажува стварноста каква што е, но и каква што е можна според законот на веројатноста и нужноста, т.е. тоа е метод кој се однесува на книжевноста која е уверлива во однос на објективната стварност.

Роман Јакобсон вака го дефинира реализмот: „Реализмот е уметнички правец кој си поставил за цел колку што е можно поверно да ја репродуцира реалноста и кој тежнее кон максимум веродостојност. Ги прогласуваме за реалистични делата кои ни се чинат веродостојни, кои најверно ја одразуваат стварноста“.

Терминот реализмот потекнува од филозофијата во 18 век, а во однос на книжевноста се применува дури на почетокот од 19 век. Како стилска формација реализмот преовладува во книжевноста во втората третина од 19 век и се распаѓа помеѓу 70-тите и 90-тите години на истиот век со тоа што реалистичките традиции и натаму остануваат сè уште живи. Реализмот се обновува во 30-тите години на 20 век.

Меѓутоа, за односот помеѓу книжевноста и стварноста се расправало уште од антиката (на пример, мимезисот кај Аристотел), а интересот за таа релација книжевност – стварност трае до денес. Токму затоа постојат многубројни сфаќања и детерминации на поимот реализам кои многу често меѓу себе се и контрадикторни и кои не може да се сведат под една општа, заедничка дефиниција за поимот реализам. Сепак, сметаме дека веќе наведената дефиниција на Роман Јакобсон ги нуди барем основните контури на реализмот како стилска формација.

7

Page 8: New Microsoft Word Document

1.3. ИДЕИТЕ НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ ЗА МАКЕДОНИЗМОТ

Крсте Петков Мисирков (1874–1926) е клучна личност во македонската културна историја на преминот од 19 во 20 век. Тој е македонски културен деец кој во последната деценија од 19 век и во првите децении на 20 век јасно, гласно и концизно ги истакна становиштата за посебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската култура меѓу словенскиот, балканскиот и сиот европски свет – становишта што пред него со векови и со милениуми постоеја кај македонската интелигенција и кај обичниот македонски човек. На Мисирков му е сосема јасно дека македонската национална свест кај Македонците постои од дамнина и дека во 19 век не се случува „национално осознавање кај Македонците“ туку станува збор за стремеж на Македонците да создадат своја посебна, самостојна национална македонска држава. Тоа е стремеж што во 19 век постои не само кај балканските народи туку и кај многу европски народи. Дека на Мисирков тоа му е сосема јасно потврдува неговиот став во статијата со наслов „Патот на помирувањето“ објавена во софискиот весник „Илинден“ во 1925 година во која Мисирков е дециден:

„Србите и Бугарите треба добро да помнат дека тоа национално чувство и свест кај Македонците постои не од вчера, како што си мислат Србите, од времето на основањето на Егзархијата, туку од пред основањето на Охридската архиепископија,5 во целото време на постоењето на последнава и по нејзиното уништување и до денешен ден“.6

Со делото на Мисирков, всушност, и со делата на неговите претходници и на неговите следбеници ќе се заокружи подготвувањето на теренот за подоцнежното создавање на македонската држава со свој посебен македонски литературен јазик, со свои македонски институции и со своја посебна македонска култура по Втората светска војна.

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол во Егејска Македонија. Селото Постол, имено, е некогашниот античко-македонски град Пела кој бил престолнина на македонските кралеви, а меѓу нив и на Филип II Македонски и на Александар III Македонски. Основното училиште Мисирков го завршува во родното село, но на грчки јазик. Во 1889 година со поголема група ученици од Македонија Мисирков заминува на школување во Белград. Поради притисокот од српската асимилаторска политика да се изјаснат како Срби и поради тоа што нивниот јазик бил нарекуван „чисто српски“, оваа група од македонски ученици го напушта Белград и заминува во Софија. Меѓу нив е и Крсте Петков Мисирков кој во Софија ќе заврши II клас гимназија. Меѓутоа, и бугарските власти сакаат да ги искористат овие ученици за своите големобугарски аспирации кон Македонија, па поголем број од учениците, меѓу кои и Мисирков, се враќаат во

5 Охридската архиепископија како автокефална македонска православна црква е основано во времето на Самуиловото царство (крајот на 10 и почеток на 11 век) со седиште во Охрид и таа постоела сè до 1767 година кога била укината од страна на Цариградската патријаршија. Охридската архиепископија е возобновена во 1967 година како автокефална Македонска православна црква, а нејзин прв поглавар е Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Доситеј.6 Крсте Петков Мисирков, Патот на помирувањето, во: Крсте П. Мисирков, За македонските работи (Избор), Избор, редакција, предговор, забелешки и превод д-р Блаже Ристовски, Мисла, Македонска книга, Скопје, 1985, стр. 218.

8

Page 9: New Microsoft Word Document

Србија. Таму Мисирков го продолжува своето образование во III клас гимназија. Во 1891 година Министерството за надворешни работи на Србија ја основа Богословската учителска школа во Белград во која ќе ги собере сите ученици Македонци кои во тоа време се наоѓаат на школување во Србија. Иако Мисирков веќе бил во III клас гимназија, сепак тој бил префрлен во I клас во новата учителска школа. Пред да се запишат во II клас, македонските ученици од Богословско-учителската школа во Белград, меѓу кои е и Мисирков, ќе организираат бунт, а тој скандал ќе допре и до пошироката јавност во Србија, па Министерството за надворешни работи ќе ја затвори оваа школа. Учениците ќе бидат разместени во разни градови низ Србија, а Мисирков ќе се најде во Шабац каде што во 1892 година завршува IV клас гимназија по што повторно ќе биде префрлен во Белград во I клас на Учителската школа.

Во 1893 година Мисирков е иницијатор и основач на Ученичката дружина „Вардар“ во Белград чија официјална цел е „да работи врз испитувањето и запознавањето на својата татковина во географски, етнографски и историски поглед“, но вистинските цели биле „негојите членоји да се запознајат и да си изработат једна програма, која ќе ја осашчествуваат во Македонија тајно от србцката пропаганда“.7 Оваа Учителска дружина дејствува околу две години, а во 1895 година веќе е растурена. Во истата година (1895) Мисирков ја завршува тригодишната Учителска школа во Белград и е определен за учител во Приштина. Но, Мисирков нема желба да им служи на великосрпските интереси кон Македонија па, наместо да оди во Приштина, заминува од Србија и тајно се префрла во Одеса, во Русија, како што вели Ристовски „жеден за наука и за служба на својата татковина“.8

Во 1896 година Мисирков се запишува во V клас на Духовната семинарија во украинскиот град Полтава, и покрај административните пречки што ги имал за време на напорите да се запише во оваа семинарија. Но, тој истовремено прави обиди да се запише на Историско-филолошкиот факултет на Московскиот универзитет. Испраќа неколку молби за стипендирање на неговото образование до надлежните институции и во Русија и во Бугарија, но одговорите се негативни. Како проблем се јавуваат и законските пречки да се запише на саканиот факултет. Сепак, во 1897 година успева да се запише на Воено-медицинската академија каде што му биле нострифицирани потребните документи и веднаш по тоа се префрла на Историско-филолошкиот факултет во Москва. И покрај неподносливата и незавидна економска состојба во која западнал, Мисирков редовно ги посетува предавањата на Факултетот и се здобива со симпатии кај професорот В. И. Ламански кој ќе му го препорача Мисирков на професорот И. С. Паљмов за да му се обезбеди стипендија или помош од Советот на Словенското благотворно друштво. Ваквите контакти на Мисирков ќе му ги отворат вратите во научните кругови во Москва па во декември 1897 година Мисирков, како студент, ќе го прочита својот реферат со наслов „За значењето на моравското (ресавското) наречје на српскиот јазик за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров“ во Етнографското одделение на Императорското руско

7 Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874–1926), предговор во: Крсте П. Мисирков, За македонските работи (Избор), цит. дело, стр. 8–9.8 Исто, стр. 9.

9

Page 10: New Microsoft Word Document

географско друштво. Таа студија на Мисирков ќе биде објавена во „Живая старина“, орган на споменатото Друштво. По бројните упатени молби до разни институции, пролетта 1898 година Мисирков успева да добие стипендија, но во истото време се појавуваат проблемите со неговото здравје. Откако ќе замине во Прага за да се запознае „со јазикот и литературата на Чесите“,9 Мисирков ќе се разболи од тифус и еден месец ќе лежи во една болница во Прага. Откако ќе се врати во Санкт-Петербург повторно ќе се влоши неговата здравствена состојба и во текот на октомври лежи во Клиничката воена болница. По сугестија на своите лекари, Мисирков заминува за Македонија и во 1899 и 1900 година во неколку наврати ќе се враќа во Русија и повторно во Македонија, во родниот крај, за да закрепне од болеста. И покрај сите премрежија, пролетта 1902 година во Санкт-Петербург Мисирков ќе ја одбрани со одличен успех својата дипломска работа со наслов „Кон прашањето за народноста и причините за популарноста на македонскиот крал Марко“.

Во меѓувреме, додека траат неговите студии, Мисирков и покрај нарушеното здравје е активен и на други полиња. Во 1900 година во Санкт-Петербург по негова иницијатива е формиран Тајниот македонско-одрински кружок (ТМОК). Во 1902 година Мисирков се преселува во Санкт-Петербург каде што се подготвува за постдипломски студии кај професорот П. Лавров, а тогаш станува и претседател и најактивен член на ТМОК. Есента истата година во Москва заедно со неколку Македонци студенти и емигранти Мисирков ќе го основа Македонското студентско друштво кое во текот на идната 1903 година ќе се преименува во Македонско научно-литературно другарство „Свети Климент“. Во ноември 1902 година Македонското студентско друштво испраќа еден меморандум до руската Влада и до Словенското благотворно друштво во Санкт-Петербург во кој мошне темелно се елаборираат прашањата за создавањето на македонски литературен јазик, за возобновувањето на Охридската архиепископија, за признавањето на Македонците како посебен словенски народ, како и за добивање целосна автономија во рамките на Османлиската Империја како привремено решение.

Во септември 1902 година Мисирков успева да се запише како постдипломец на Универзитетот во Санкт-Петербург на Катедрата за словенска филологија и повторно ја започнува потрагата по стипендија за своите натамошни студии. Поради незавидната финансиска состојба во која се наоѓа Мисирков, сепак, ќе ја прифати понудата на Егзархијата за местото гимназиски професор во Битола и заминува за Македонија. Во Битола Мисирков повторно ќе се сретне со тамошниот руски конзул А. А. Ростковски со кого ќе станат блиски пријатели, а Мисирков ќе биде и домашен учител на неговите деца. Во август 1903 година во Битола е убиен рускиот конзул Ростковски, а Мисирков е единствениот сведок на неговото убиство. Заедно со придружбата на телото на убиениот конзул Мисирков се враќа во Русија каде што ќе објави повеќе статии за Илинденското востание и за убиството на рускиот конзул во Битола. Мисирков, исто така, е мошне активен и во Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) „Свети Климент“, па на првите три заседанија во септември и октомври 1903 година тој ќе изложи три свои реферати коишто се мошне значајни за македонската културна историја:

9 Исто, стр. 12.

10

Page 11: New Microsoft Word Document

а) Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?;б) Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни

другарства?;в) Националнијот сепаратизм: земјишчето на које се имат развијено и

ќе се развијат за однапред.Кон овие три реферати, по сугестија на членовите на МНЛД „Свети

Климент“, Мисирков ќе напише уште два реферати:г) Состауала, состауат и можит ли Македонија да состауат от себе

оддељна етнографцка и политичка јединица?;д) Неколку зборои за македонцкијот литературен јазик.Откако ќе го подготви и предговорот, Мисирков од овие пет реферати ја

оформува книгата „За македонцките работи“ и заминува во Софија за да ја печати книгата. Покрај печатењето на оваа култна книга во македонската културна историја, Мисирков и во Софија основа ново Македонско научно-литературно другарство што е составено од македонски студенти и револуционери. По отпечатувањето на книгата „За македонцките работи“ Мисирков заминува во Србија заедно со Македонската театарска група на Војдан Чернодрински и во Белград одржува предавање за македонското прашање. Но, по жестоките напади од печатот Мисирков се враќа во Софија каде што наидува на нови напади и непријатности поради објавената книга. Неговата книга „За македонцките работи“ ќе биде откупувана и палена од бугарските официјални власти, а откако ќе се случи и еден физички напад врз него, Мисирков ја напушта Бугарија и повторно заминува за Русија.

Откако не успева да најде друга служба во Русија или во некоја од балканските држави, Мисирков ја прифаќа професорската служба во гимназијата во градот Бердјанск на југот од Русија. Веднаш по пристигнувањето во Бердјанск Мисирков почнува да работи врз подготовката на списанието „Вардар“ кое треба да се печати на македонски јазик и во кое ќе бидат обработувани теми поврзани со македонското национално прашање. Во писмото до Министерството за надворешни работи на Русија Мисирков прецизно ги наведува целите и задачите на списанието „Вардар“:

„1, ’Вардар‘ мора да излегува две или три години на ред; 2, издавањето на ’Вардар‘ мора да биде однапред обезбедено за тој рок; 3, ’Вардар‘ мора да има научно значење и да ги измени или да ги расколеба постојните мислења за народноста на Македонците, како сред научните работници, така и сред самите Македонци, исто така и сред широките кругови на руското и западноевропското општество; 4, редакторот на ’Вардар‘ мора да ужива солидна репутација сред славистите, сред месното општество и во очите на балканските Словени...“.10

Мисирков заминува во Одеса и таму во септември 1905 година успева да испечати само еден број од списанието „Вардар“, но поради финансиските тешкотии не може да ги подигне примероците од печатницата.

Во наредните неколку години Мисирков активно ќе учествува во работата на Историско-филолошкото друштво при Универзитетот во Одеса каде што од 1906 до 1908 година ќе изложи неколку свои реферати, а во март 1908 година е

10 Исто, стр. 20.

11

Page 12: New Microsoft Word Document

избран за редовен член на ова Друштво. Во овој период Мисирков работи во Одеса во две приватни гимназии и материјално е обезбеден, но неговиот немирен дух и натаму го поттикнува да се врати во татковината. Се обидува да добие професорско место во Солунската гимназија, а се вклучува и во активностите за отворање на Висока педагошка школа во Скопје, како и во напорите за враќање на митрополитот Теодосија Гологанов во Скопје, но сето тоа останува без практични резултати. Во 1911 година се обидува да добие одобрение да издава весник на руски јазик, но и таа негова идеја останува нереализирана.

Во 1912 година по започнувањето на Првата балканска војна Мисирков ќе допатува во јужна Македонија како „руски воен дописник“ за да се запознае со воените акции како и со вистинските намери на „ослободителите“, но и со расположението и состојбата на народот. По извесно време тој, сепак, се враќа назад во Одеса и објавува текстови во разни весници. Заради неговото учество на балканскиот фронт и заради неговите пишувања во печатот Мисирков ќе биде отпуштен од професорската служба во Одеса и преместен во една гимназија во градот Кишинев. Продолжува да објавува свои статии и во текот на 1914 година и наредните години, а во 1918 година, откако по Октомвриската револуција Бесарабија ќе се оддели како автономна република, Мисирков станува пратеник во првиот парламент и секретар и раководител на Бугарско-гагауско-германската училишно просветна комисија при Бесарапскиот директоријат за народно образование. По политичките превирања и по припојувањето на Бесарабија кон Романија, Мисирков повторно доаѓа во Одеса каде што „го прифаќа пасошот на бугарскиот конзул... и доаѓа во Софија каде што по извесно време му се прибира и семејството“.11

Една година Мисирков работи во Етнографскиот музеј во Софија по што добива служба во гимназијата во Карлово како в.д. директор. Меѓутоа, повторно се соочува со непријатности поради своите ставови за македонизмот и ќе биде сменет од директорската функција. Во 1921 година се обидува да издејствува професорска служба надвор од Бугарија, односно во Скопје, Белград или Загреб, но безуспешно. Останува и натаму во Карлово, но Мисирков не мирува. Објавува бројни статии во македонските и во бугарските весници во кои продолжува да ги нагласува своите ставови за признавањето на посебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската култура, како и неговите идеи за самостојна македонска држава со свои институции. И повторно како казна за тие негови ставови бугарските власти ќе го преместат да работи во Копривштица, еден зафрлен планински град во Бугарија. Наскоро Мисирков се разболува и е пренесен во Александровата болница во Софија каде што и умира во 1926 година во крајна сиромаштија. Историчарите ќе нагласат дека неговата сопруга немала финансиски средства дури ни за неговиот погреб.12

11 Исто, стр. 28.12 Исто, стр. 34.

12

Page 13: New Microsoft Word Document

1.3.1. „ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ“

Книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков е објавена во 1903 година во Софија. Поради промакедонската содржина на нејзините страници, веднаш по излегувањето од печат оваа книга била забранувана па дури и уништувана, односно спалувана од страна на бугарските власти. Сепак, книгата на Мисирков успеала да ги надживее сите премрежија и да стигне до новите поколенија како култна книга на македонската културна историја.

„За македонцките работи“ се состои од предговор на авторот и пет статии:а) Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред? (Што

направивме и што треба да правиме во однина?);б) Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни

другарства?(Има ли потреба од македонски национални научно-литературни друштва?);

в) Националнијот сепаратизм: земјишчето на које се имат развијено и ќе се развијат за однапред (Националниот сепаратизам: земјиштето на кое се има развиено и ќе се развива во иднина);

г) Состауала, состауат и можит ли Македонија да состауат от себе оддељна етнографцка и политичка јединица? (Составувала ли, составува ли и може ли Македонија да составува од себе одделна етнографска и политичка единица?);

д) Неколку зборои за македонцкијот литературен јазик (Неколку зборови за македонскиот литературен јазик).

Уште во предговорот во својата книга Мисирков ги најавува основните тези што ќе бидат елаборирани на страниците од „За македонцките работи“, а тоа се: долгот на секоја индивидуа кон својата татковина и кон својот народ да работи на народниот идеал; отцепувањето на Македонија и на Македонците од Бугарија, Србија и Грција (односно од балканските народи) и создавање на своја автономна држава; борба за македонската самостојност преку поттикнување на големите сили да се заложат за воведување на реформи во Османлиската Империја, а со тоа и во Македонија, што значи дека Мисирков се залага за борба што подразбира еволуција, а не револуција; создавање на македонски литературен јазик чија основа ќе биде централното македонско наречје. Оваа книга на Мисирков се појавува непосредно по Илинденското востание и тоа е време кога во Македонија доминира идејата за ослободување преку револуционерна борба, а Мисирков е свесен дека неговите идеи за реформи и за стекнување на слободата по мирен пат ќе наидат на отпор кај многумина во татковината и тој тоа го нагласува во предговорот кон оваа книга. Ќе го потенцира тоа Мисирков и во другите негови статии коишто се составен дел на книгата „За македонцките работи“.

Првата статија, како што рековме, носи наслов Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред? Во неа, меѓу другото, Мисирков зборува за Илинденското востание, за неговиот неуспех и за големата грешка што тоа востание е предвреме дигнато. Во таа смисла Мисирков е дециден:

„По резултатите што ќе се добијат од сегашното востание, последново ќе може да се нарече една од најголемите, ако не и најголема несреќа за нашиот народ.

13

Page 14: New Microsoft Word Document

Не е рано да се предвидат резултатите и крајот на нашето востание. Тие можеа да се предвидат уште пред неговиот зафаток“.13

Овој мал фрагмент од книгата на Мисирков ќе го приложиме и во неговата оригинална форма за да се видат стилските особености на јазикот на Мисирков како и неговите практични решенија што тој ги предлага за основа на македонскиот литературен јазик:

„По резултатите, коiи шчо ке се добиiат от сегашното востааiн’е. последното ке можит да се наречит iедно од наiголемите. ако не и наiголема нестрекiа за нашиiо народ.

Не iет рано да се предвидат резултатите и краiо на нашето востааiн’е. Тиiа можеа да се предвидат ушче пред зафатоко негов“.14

Мисирков е свесен дека во тогашните услови е невозможно да се победи во воените акции против Империјата без воена поддршка од големите сили, а таа поддршка Македонија ја нема. Токму затоа неговата одновна идеја е борбата за ослободувањето на Македонија да се насочи кон спроведувањето на реформите преку дипломатска, научна и културна дејност на македонската интелигенција и на сиот македонски народ. Мисирков смета дека револуционерните активности на Македонците само овозможуваат Отоманската Империја да ги одлага реформите во Македонија со изговорот дека не може да се спроведуваат реформи онаму каде што сè уште има комитски чети и воени дејства против турската војска.

Во првата статија Мисирков ги разгледува и влијанијата на пропагандите во Македонија од трите соседни земји – Бугарија, Србија и Грција кои во голема мера ги попречуваат напорите на Македонците за слобода и за самостојна држава . Трите држави на преминот од 19 во 20 век имаат силни политички, економски и културни влијанија врз македонскиот народ, а тоа се спроведува најчесто преку црквата и преку образованието.

Затоа, Мисирков се залага за реформи и за, како што вели тој, научно и културно работење:

„Ползата за народот од научното работење на нашата интелигенција ќе се види од тоа што нашиот народ сам со свои очи ќе може да погледне на себе и на другите народи, ќе ги изучи своите и туѓите достоинства и недостатоци. Еден просветен народ може да се срамни со еден умен човек; затоа наш долг е да ги вложиме сите свои сили со своето работење да го просветиме нашиот народ.

Културното работење е помачно од револуционерното, зашто првото е умствено, а второто повеќе физичко...

Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.“.15

Втората статија во оваа книга на Мисирков со наслов Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства? е поттикната од основањето на веќе споменатото Македонско научно-литературно другарство „Свети Климент“ и таа статија е прочитана на втората седница на ова Друштво во

13 Крсте П. Мисирков, За македонските работи (Избор), Избор, редакција, предговор, забелешки и превод д-р Блаже Ристовски, Мисла, Македонска книга, Скопје, 1985, стр. 49.14 Крсте Петков Мисирков, За македонцките работи, Агенција за иселеништво на Република Македонија, Скопје, 2006, стр. 10.15 Крсте П. Мисирков, За македонските работи (Избор), цит. дело, стр. 83 - 84.

14

Page 15: New Microsoft Word Document

септември 1903 година. Во неа Мисирков ги дава основните аргументи за потребата од формирањето на посебно македонско друштво, а неговиот главен аргумент е фактот дека Македонците се посебен народ во семејството на словенските народи и тие, како народ, си имаат свои посебни интереси што ќе бидат застапувани токму од новоформираното Друштво „Свети Климент“. Оваа статија на Мисирков, всушност, претставува полемика со оние што тогаш тврделе дека немало никаква потреба да се формира такво друштво затоа што, според нив, не постоел посебен македонски народ, како и тоа дека тогаш и не било вистинско време да се зборува за некаква посебна македонска нација на Балканскиот Полуостров. Мисирков и овде ги нуди аргументите за посебноста на македонскиот народ, а тоа се сопствената историја и сопствените традиции и обичаи, специфичниот културен развој на Македонците како и македонскиот јазик кој се разликува и од бугарскиот и од српскиот јазик. И во оваа статија, всушност, Мисирков полемизира со креаторите на пропагандите во и против Македонија и македонските национални интереси.

Третата статија од книгата „За македонцките работи“ од Мисирков е со наслов Националнијот сепаратизм: земјишчето на које се имат развијено и ќе се развијат за однапред.16 Тоа е, впрочем, и основната идеја или идејата-водилка на Мисирков, идејата за „националниот сепаратизам“, односно за одделување на Македонците како посебен народ и од Бугарите и од Србите, односно идејата за одделување на македонските интереси од интересите на другите словенски народи, но и од сите балкански народи и држави. И овде Мисирков се осврнува на македонската револуционерна борба во минатото, односно на крајот од 19 век, на Илинденското востание, како и на културните активности на македонската интелигенција и нивните напори за афирмирање на Македонците како посебен народ со своја историја, со своја култура и со свој јазик. Пропагандите на соседните народи се, исто така, тема и во оваа статија на Мисирков, но тој овде ја потенцира идејата дека тие пропаганди на Бугарија, Србија и Грција ќе останат без некој сериозен резултат во однос на националното обезличување на Македонците. Мисирков вели:

„И така, имињата: Србин, Бугарин и Грк си ја ислужија својата служба во Македонија и за нив таму нема веќе место. Време е да ги замени едно општо за сите Македонски Словени име – ’Македонец‘. Таа смена е само логична последица и се бара од околностите. Таа смена делумно веќе е настапена и не е далеку тоа време кога таа ќе триумфира“.17

Во четвртата статија со наслов Состауала, состауат и можит ли Македонија да состауат от себе оддељна етнографцка и политичка јединица? Мисирков нуди научни (пред сè историски и лингвистички) аргументи за посебноста на македонскиот народ. И тука Мисирков полемизира со неистомислениците и нуди солидни аргументи против нивните паушални тврдења дека не постои посебен македонски народ туку дека Македонците се или Бугари, или Срби или Грци. Овде Мисирков ја покажува сета своја ерудиција за историските и јазичните прашања па низ една компаративна анализа за 16 Како што веќе кажавме, првите три статии од книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков се прочитани на првите три седници на Македонското научно-литературно другарство „Свети Климент“ во Санкт-Петербург во септември и октомври 1903 година.17 Исто, стр. 118.

15

Page 16: New Microsoft Word Document

создавањето на јазичните стандарди во Србија и во Бугарија доаѓа до заклучокот дека македонскиот јазик е посебен словенски јазик и дека тој треба да се издигне на ниво на стандарден јазик кој како основа ќе го има централното македонско наречје. Но, не само од културен туку и од политички аспект Македонците се посебен народ. Затоа Мисирков заклучува:

„А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сè самобитно, сè чисто македонско во нашиот народен живот. Самостојниот политички развиток на Македонија е неопходност, како нешто без кое ние не ќе располагаме со доста средства да се бориме со пропагандите за да ја зачуваме од нив нашата национална самобитност“.18

Последната, односно петтата статија со наслов Неколку зборои за македонцкијот литературен јазик е од посебно значење за македонската културна историја затоа што таму Мисирков ги поставува теориските, но и практичните основи за кодификацијата на македонски литературен јазик, односно за стандардизацијата на македонскиот јазик. Воопшто не е случајно што Мисирков му посветува толку големо внимание на прашањето за јазикот затоа што тој е свесен за огромното значење што го има јазикот за секој народ. Мисирков пишува:

„Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго. Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите прадедовци и да почитува сè што имаат тие направено за своето потомство. Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух. Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот“.19

Мисирков зборува за долгот на секој Македонец да го чува и да го негува својот македонски мајчин јазик, како и за потребата од создавање на еден македонски литературен јазик кој ќе биде заеднички административен (службен) јазик за сите Македонци и кој ќе се користи во науката, во образованието, во печатот и во институциите на идната самостојна македонска држава. Според Мисирков, основата на македонскиот литературен јазик треба да биде централното македонско наречје, односно велешко-прилепско-битолско-охридското наречје. Мисирков многу добро знае дека Охрид, од географска гледна точка, не спаѓа во централната област на Македонија, па многупати зборува за велешко-прилепско-битолско наречје, меѓутоа тој е свесен за историската важност на Охрид во

18 Исто, стр. 166.19 Исто, стр. 169.

16

Page 17: New Microsoft Word Document

македонското минато, па овде го споменува и овој град, а подоцна (во списанието „Вардар“, на пример) Мисирков во својот писмен јазик ќе внесе елементи и од охридскиот говор. Сепак, на крајот од оваа статија Мисирков застанува на позициите дека прилепско-битолското наречје треба да биде основата за македонскиот литературен јазик, а тој таму зборува и за карактерот на македонскиот правопис како и за лексичкиот фонд на македонскиот литературен јазик:

„1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја“.20

Најопшто кажано, книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков ги синтетизираше сите дотогашни напори на Македонците за своја самостојна македонска држава. Таа книга аргументирано ја докажа посебноста на македонскиот народ меѓу словенските народи, но и меѓу балканските народи и ги зацрта основите за натамошните чекори до конечното постигнување на целта на македонскиот народ – своја самостојна држава која ќе ги негува и ќе ги развива македонските национални вредности.

1.3.2. ДРУГИ СТАТИИ И ТРУДОВИ НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

Иако книгата „За македонцките работи“ е најзначајното, а истовремено и најпознатото дело на Крсте Петков Мисирков, сепак треба да се нагласи дека Мисирков во текот на својата културна дејност во својот живот има објавено седумдесетина статии во разни весници и списанија во разни периоди и во разни земји. Да ги споменеме овде, на пример, статиите „Македонија и словенството. Писмо до читателите на ’Славянскiя Известiя‘“, „Македонскиот и бугарскиот национален идеал“, „Борбата за автономија“, „Патот на помирувањето“, „Македонскиот национализам“, „Самоопределувањето на Македонците“ итн. Во сите тие статии се согледува доследноста на Мисирков до својот веќе изграден став за македонското национално прашање, а во тој став и натаму е доминантен националниот сепаратизам, односно одделувањето на македонскиот народ како посебен народ кој има свои интереси што се различни од интересите и на Бугарите и на Србите и на Грците.

Мошне значајна е и улогата на Мисирков во журналистиката и во публицистиката. Тој е и идејниот и практичниот творец на списанието „Вардар“ од 1905 година чиј прв зачуван број говори за сериозниот зафат на Мисирков кој, за жал, заради финансиските потешкотии не беше докрај реализиран. Во првиот број од списанието „Вардар“, на пример, е објавена песната „Патник“ од Петар Прерадовиќ, преведена на македонски јазик од самиот Мисирков.

Може да се заклучи дека Крсте Петков Мисирков е клучната фигура од крајот на 19 и почетокот на 20 век во македонската култура и дека неговото дело одигра огромна улога во развојот на македонската културна, но и научна мисла.

20 Исто, стр. 178.

17

Page 18: New Microsoft Word Document

1.4. ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ

Меѓу основоположниците на македонската драмска литература е Војдан Поп Георгиев (1875–1951), попознат како Војдан Чернодрински, авторот на „Македонска крвава свадба“, една од најпопуларните македонски драми.21

Чернодрински, всушност, е псевдонимот што самиот Војдан Поп Георгиев ќе го користи подоцна (од 1894 година) како свое презиме во чест на родното место Селци, односно реката Црн Дрим, и така ќе остане запомнет во пошироката јавност. На самиот почеток од 20 век неговите драми и нивните изведби во театрите низ Македонија, Бугарија и Србија извршија голем пресврт во развојот на македонското драмско творештво што секако придонесе за подоцнежниот подем на македонската драма.

Војдан Поп Георгиев (Војдан Чернодрински) е роден во јануари 1875 година во селото Селци во близина на Дебар. Детството го поминува во родното Селци, а во 1886 година семејството се преселува во Охрид поради сè почестите опустошувања од страна на албанските разбојнички банди. Основното училиште Војдан го започнува во Селци, а го продолжува во Охрид. Во 1889 година го завршува I клас на четиригодишното егзархиско училиште во Охрид на 14-годишна возраст, а тоа е „речовит доказ за неговото нередовно школување и во Селци и во Охрид“.22 Веднаш по завршувањето на егзархиското училиште, односно во текот на истата 1889 година, Чернодрински се запишува во гимназијата во Солун. „Причините да го прекине школувањето во Охрид се сè почестите закани дека тој или некој од неговите браќа ќе биде грабнат или убиен поради нерасчистените сметки меѓу татко му и водачите на разбојничките банди кои сакаат да го присвојат нивниот имот во Селци“.23 Во 1890 година семејството повторно се сели од Охрид во Софија, а Војдан го прекинува школувањето во Солун и се запишува во Првата софиска машка гимназија. Меѓутоа, и во Софија неговото школување е нередовно затоа што уште на 15-годишна возраст тој ќе изрази интерес кон театарот, а се вклучува и во активностите на македонската емиграција. Во 1892 година Чернодрински веќе почнува да го учи драмскиот, односно театарскиот занает во театарската група „Солза и смеа“, а станува член и на новоформираната Млада македонска книжовна дружина која, како што веќе рековме, го издава списанието „Лоза“. По излегувањето на првиот број од ова списание „лозарите“ ќе бидат обвинети за национален сепаратизам и предавство, а тоа ќе биде и причината поголемиот број од „лозарите“, меѓу кои е и Чернодрински, да ја напуштат Бугарија. Чернодрински заминува во Белград каде што се запознава со Крсте Петков Мисирков со кого подоцна и ќе соработува. Во 1894 година во Бугарија се

21 Александар Алексиев тврди дека Војдан Чернодрински е основоположник на македонската драма и на македонскиот театар. Меѓутоа, не треба да се заборава драмската и театарската дејност на Јордан Хаџи Константинов – Џинот некаде кон средината на 19 век. Да се види за ова во: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност XX век, Мисла, Скопје, 1990, стр. 48.22 Војдан Чернодрински, Одбрани дела, приредил Александар Алексиев, Мисла, Скопје, 1992, стр. 525.23 Исто.

18

Page 19: New Microsoft Word Document

случуваат политички промени во највисоката власт. Бугарскиот диктатор Стефан Стамболов поднесува оставка, а на негово место доаѓа Константин Стоилов кој ќе ја укине диктатурата на Стамболов. На тој начин се создаваат услови Младата македонска книжевна дружина да ги обнови своите активности, но сега под името Млада македонска дружина. Сето тоа овозможува Чернодрински да се врати од Белград во Софија и да ја продолжи својата политичка и културна активност со формирањето на кружокот Македонски зговор. Таа година Чернодрински ќе ја напише драмата „Македонска емиграција“ во која ќе го обработи расцепот во редовите на македонската емиграција во Софија. Во 1895 и 1896 година тој ги продолжува активностите со Македонски зговор, а интензивно работи и на полето на литературната дејност па во 1895 година во Софија ќе бидат изведени неговите едночинки „Дрвари“ и „Во меаната“.

Во 1897 година Чернодрински е назначен за учител во битолското село Могила каде што покрај во просветната ќе биде активен и во револуционерната дејност. Но, разнишаното здравје ќе го принуди во 1898 година да се врати во Софија. Откако здравствено ќе закрепне истата година, по наговор на своите родители, Чернодрински се запишува на правни студии во Грац каде што, исто така, ќе биде активен во организирањето на македонските студенти, а во 1899 година ќе се префрли на студии на Правниот факултет во швајцарскиот град Берн. И таму Чернодрински развива широка активност за организирање на македонската студентска младина во студентски друштва. Во 1900 година во текот на летниот распуст Чернодрински се враќа во Софија и тогаш, по наговор од своите пријатели од кружокот Македонски зговор, ја пишува и ја подготвува за изведба драмата „Македонска крвава свадба“. За создавањето на оваа драма и за околностите под кои поминала првата нејзина изведба, Александар Алексиев дава еден мошне детален опис:

„Како основа за нејзината фабула му послужува една дописка објавена во весникот ’Реформи‘ (год. II, бр. 26 од 10 август 1900) во која се опишува грабнувањето на Божија М. Мандаџева од кукушкото село Варландово. Тоа, како и запознавањето со неговата идна сопруга Марија Стоичкова–Чернодринска, која со своите родители живее под наем во куќата на свештеникот Ѓурчин (таткото на В. Чернодрински – н.з.), нешто пред тоа за да го скрие својот идентитет преименуван во Георги, го принудува да се откаже од студиите во Швајцарија. Неговата најзначајна драмска творба, трагедијата ’Македонска крвава свадба‘ со огромен успех ќе биде изведена на 7/20 ноември 1900 година во салонот на Славјанска беседа, тогаш најголема и најрепрезентативна сала во Софија. Условите под кои е одржана нејзината премиера се повеќе од драматични, бидејќи по барање на турското дипломатско претставништво во Софија, нејзината изведба е забранета. Сите соседни улици, па и самата сала е опкружена со коњичка полиција. Меѓутоа публиката, решена по секоја цена да ја види оваа трагедија од македонскиот живот, го пробива коњичкиот кордон. Се случуваат и други инциденти кои се закануваат ’Македонска крвава свадба‘ навистина да биде окрвавена. По барање на гледачите, нејзината реприза е изведена на 21 ноември по стар стил, а наскоро таа и по трет пат ќе биде прикажана во Софија. При крајот на годината истата трупа ќе гостува и

19

Page 20: New Microsoft Word Document

во Пловдив. Во декември 1900 година ќе биде отпечатено и првото издание на ’Македонска крвава свадба‘, како приватно издание на авторот“.24

Поттикнат од огромниот успех на драмата „Македонска крвава свадба“ во 1901 година во Софија Чернодрински оформува своја театарска група која го носи насловот Македонска драмска трупа „Скрб и утеха“. Првата драма што ќе ја изведе оваа театарска трупа е „Македонска крвава свадба“ во мај 1901 година во Софија. Во текот на 1901 година трупата „Скрб и утеха“ ќе реализира две турнеи низ Бугарија, а истата година Чернодрински ја пишува својата нова пиеса со наслов „Од глаата си патиме“. Во 1902 година театарот „Скрб и утеха“ повторно е на турнеја низ Бугарија, а истата година во Пловдив Чернодрински влегува во брак со Марија Стоичкова која е дел од театарската трупа. Некаде кон средината на 1902 година Чернодрински ќе го промени името на трупата од „Скрб и утеха“ во „Столичен македонски театар“. Истата година Чернодрински ја пишува драмата „Робот и агата“ (трагедија во пет дејствија од македонскиот живот на македонски говор). Во август 1902 година театарската група на Чернодрински повторно тргнува на турнеја низ Бугарија, а таа турнеја ќе трае до мај 1903 година. И во 1903 година Чернодрински продолжува со активното пишување на драмски текстови. Тогаш е напишана драмата „Зло за зло“ како и сценката „Срешта“ која е напишана во стихови и посветена на Гоце Делчев. Интересен е податокот дека премиерата на „Срешта“ е изведена на 5 август 1903 година, односно во екот на Илинденското востание во Македонија. Во јули истата година Чернодрински ја објавува (во весникот „Автономна Македонија“) новата верзија на едночинката „Мајстори“ со што „прв ќе ја инаугурира темата на печалбарството во нашата драмска литература кон која ќе се навраќаат многумина наши драмски автори“.25

Во декември 1903 година театарската група на Чернодрински тргнува на турнеја низ Србија, а нивната намера е да ги обиколат сите словенски земји, Швајцарија и Италија, а потоа да се префрлат и на американскиот континент. Оваа турнеја има цел да се соберат средства за настраданите во Илинденското востание, но и да се афирмира македонската национална самобитност како и македонскиот јазик и македонската култура. На турнејата низ Србија кон трупата се придружува и Крсте Петков Мисирков кој се обидува пред српската јавност да ги образложи интересите на македонскиот народ како посебен словенски народ на Балканот и во Европа. Театарот на Чернодрински ќе настапи во повеќе српски градови како што се Белград, Крагуевац, Пожаревац, Врање, Ниш и други, а кога групата излегла надвор од границите на Србија и стигнала во хрватскиот град Риека, театарот бил наклеветен од страна на бугарските власти дека е политички и пропаганден театар, па неговите членови биле насила вратени во Бугарија.

Во 1904 година е поведена кампањата против Крсте Петков Мисирков поради објавувањето на книгата „За македонцките работи“, а обвинуван е и Чернодрински заради блиските врски со Мисирков и неговото учество во турнејата низ Србија заедно со театарската трупа. Но, и покрај таквите притисоци, Чернодрински се обидува да го консолидира својот театар за што изготвува и Статут на театарот. Но, општествените услови во Бугарија, како и поделеноста меѓу македонската емиграција ќе го попречат во таа намера и Чернодрински е

24 Исто, стр. 529.25 Исто, стр. 531.

20

Page 21: New Microsoft Word Document

принуден да ја распушти својата театарска група. Сепак, во 1906 година Чернодрински оформува нова тетарска група под името „Македоно-одрински театар“, но оваа група поради финансиските потешкотии за кратко време ќе престане со работа, а финансискиот банкрот ќе го принуди Чернодрински направените долгови да ги враќа во наредните неколку години. Токму заради тоа, во 1907 година Чернодрински ќе се вработи во софискиот театар заедно со својата сопруга Марија. Но, поради недоразбирања со управата и со вработените во театарот Чернодрински и неговата сопруга го напуштаат театарот. Во 1909 година Черднодрински веќе е во Македонија, односно во Солун каде што се зафаќа со оформување на Македонска театарска група која во август истата година во Солун ќе го изведе првиот чин од „Македонска крвава свадба“. Истовремено, Чернодрински успева да организира театарски групи и во Скопје, Битола и Кукуш кои ги изведуваат неговите драмски текстови, но и драми од странски автори. Истовремено Чернодрински е активен и во формирањето на Дебарската просветна дружина „Св. Јован Бигорски“ во Солун, а станува и член на редакцијата на весникот „Дебарски глас“. Но, во 1910 година Чернодрински и неговата сопруга се протерани од Македонија како непожелни и се враќаат во Софија каде што Чернодрински се вработува во Земјоделската банка. За време на балканските војни и Првата светска војна Чернодрински ќе биде двапати мобилизиран, а по завршувањето на војната заради солидаризирање со започнатиот штрајк на транспортните работници ќе биде исфрлен од работа во Земјоделската банка. Во 1920 година по негова иницијатива е формирана организацијата Македонски младешки зговор со повеќе секции во неколку градови во Бугарија. Чернодрински ја раководи групата во Софија која тогаш има вкупно 32 члена. Истата година Чернодрински се вработува во Министерството за трговија. Истовремено работи на либретото26 за „Македонска крвава свадба“ по барање на композиторот Георги Атанасов. Ова либрето Чернодрински го посветува на неговата сопруга за нејзиниот дваесетгодишен придонес во развојот на македонскиот театар.

Во 1922 година Чернодрински го напушта Македонскиот младешки зговор и неговиот театар Устрем поради несогласувања со некои од неговите членови, а истата година создава нова театарска група Илинден со која ќе организира турнеја. Во 1924 година во Воениот клуб во Софија е реализирана пробната изведба на операта „Македонска крвава свадба“. Автор на либретото е Чернодрински, а музиката ја напишал Георги Атанасов. Во 1928 година Черднодрински го објавува третото издание на драмата „Македонска крвава свадба“, а во 1929 година е изведена премиерата на операта „Македонска крвава свадба“, но со насловот „Цвета“. Во 1931 година Чернодрински конечно добива пензија.

Иако во пензија, Војдан Чернодрински и натаму е активен на културен план. Во 1936 година во весникот „Македонски вести“ ги објавува своите „Спомени“, а истата година формира нова театарска група под името „Македонски народен театар“ во која како актер ќе настапува и писателот Ѓорѓи Абаџиев, а оваа театарска група на Чернодрински е активна и во 1937 година. Чернодрински дури имал и идеја во Софија да изгради Македонски народен театар со 1.500 седишта каде што би биле вработени 30 актери, 10 музичари и уште десетина други луѓе

26 Либрето (итал. libretto) е мала книшка со текст за опера или за оперета; текст, односно зборови за опера.

21

Page 22: New Microsoft Word Document

како управен и технички персонал, но поради административни пречки не успева да го реализира овој проект. Во периодот од 1941 до 1943 година Чернодрински во неколку наврати ќе доаѓа во Македонија при што во неколку градови (Битола, Охрид, Прилеп и други) се изведува неговата „Македонска крвава свадба“. Во 1946 година во Софија гостува новоформираниот Македонски народен театар (МНТ) од Македонија со неколку театарски претстави и Чернодрински ги следи сите настапи на овој македонски театар, а на неговите членови им подарува по еден примерок со посвета од неговата „Македонска крвава свадба“. Во 1950 година во Софија е одбележана 50-годишнината од првата театарска изведба на драмата „Македонска крвава свадба“, но тогаш Чернодрински веќе е со разнишано здравје.

Војдан Чернодрински (Војдан Поп Георгиев) умира во јануари 1951 година во Софија. Погребан е во семејната гробница на софиските гробишта, а Дебарското братство му подигнува споменик од финансиските средства собрани при театарската изведба на најпознатата драма на Чернодрински – „Македонска крвава свадба“.

1.4.1. ТВОРЕШТВОТО НА ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ

Војдан Чернодрински е драматург, поет и публицист. Неговата основна творечка литературна дејност трае од 1895 до 1936 година. Автор е на бројни драмски текстови, на две поетски збирки во ракопис (две тетратки), на мемоарски записи со наслов „Спомени“, како и на неколку статии објавени во софискиот весник „Дневник“ поврзани со театарската дејност.

Чернодрински е автор на следните драмски текстови: „Дрвари“ (1895 година, едночинка), „Во меаната“ (1895 година, едночинка), „Крвава свадба“ (1897 година, пиеса којашто не е поврзана со „Македонска крвава свадба“, туку е преработка од расказот „Азбии“), „Мајстори“ (1897 година, едночинка), „На Нова година“ (1898 година, едночинка), „Македонска емиграција“ (1898 година, драма во четири чина), „Македонска крвава свадба“ (1900 година, трагедија), „Од глаата си патиме“ (1901 година, пиеса), „Робот и агата“ (1902 година, пиеса), „Зло за зло“ (1903 година, пиеса), „Срешта“ (1903 година, пиеса, стихувана мелодрама, оперета со музика од нашиот богат народен мелос), „Мајстори“ (1903 година, едночинка, нова, втора верзија), „Севда“ (1909 година, пиеса), „Духот на слободата“ (1909 година, драма), „Цар Пир“ (1921 година, драма), „Слав Драгота“ (1925 година, драма), „Бурите крај Вардар“ (1925 година, драма). Покрај ова, Чернодрински е автор и на либретото за операта „Цвета“ (1920 година), а музиката е на композиторот Георги Атанасов.

Војдан Чернодрински е автор и на еден расказ. Тоа е расказот со наслов „Азбии“ од 1897 година што подоцна ќе го преработи како драмски текст со наслов „Крвава свадба“ чиешто сиже, како што нагласивме, нема потесни врски со трагедијата „Македонска крвава свадба“.

Во 1909 година Чернодрински објавува неколку статии во весникот „Дневник“. Тоа се следните статии: „Мисли за театарското дело кај нас“, „Недостатоците на Народниот театар“, „Актерите во Народниот театар како луѓе и уметници“.

Чернодрински е автор и на две поетски збирки останати во ракопис, односно две тетратки со песни. Првата тетратка носи наслов „Стремежи, теглила и

22

Page 23: New Microsoft Word Document

конпежи“, а втората тетратка е со едноставен наслов „Песни“. Своите песни Чернодрински ги пишува одвреме навреме во еден долг период од 1895 па сè до 1950 година, една година пред неговата смрт. Поголем број од песните се пишувани на бугарски јазик, но има и неколку песни на македонски јазик.27

Чернодрински е автор и на мемоарските записи со наслов „Спомени“ објавени во 1936 година во неколку продолженија во софискиот весник „Македонски вести“.

Во книжевното дело на Чернодрински ги среќаваме темите за Македонија под турското ропство како и за револуционерната борба на македонскиот народ за своја слобода, а во одредени драми тој се навраќа и во подалечното минато (за Самоиловото царство), но обработува и теми од печалбарскиот живот на Македонците. Сепак, може да се рече дека се доминантни темите од макотрпниот живот на македонскиот народ под јаремот на османлиите како и неговата борба за слобода.

1.4.2. „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“

Една од најпопуларните драми во македонската литература воопшто е трагедијата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински. Драмата е напишана во 1900 година, а истата година ќе се случи и нејзината премиерна изведба во Софија реализирана од театарската група „Скрб и утеха“ на Чернодрински и тоа со огромен успех и со воодушевеност кај публиката. Самиот Черднодрински објавува три изданија на оваа своја драма: првото во 1900, второто во 1907 и третото издание во 1928 година. За оваа драма Чернодрински напишал и либрето за опера со наслов „Цвета“ која се изведувала во Софија од 1929 година. Од нејзиното појавување во 1900 година па до денес оваа драма („Македонска крвава свадба“) доживеала бројни изданија, а би можело да се рече и безброј театарски изведби низ балканските земји.

Во предговорот кон првото издание на „Македонска крвава свадба“ од декември 1900 година Чернодрински за оваа драма ќе напише:

„Што напишав јас? – Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на Македонија она, кое читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на Македонките да умрат, но верата да не си ја менуваат, и машкоста на Македонецот јуначки да им се одмаздува на оние крвници кои ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат семејната му чест, ете, во тоа главно се состои содржината на пиесата“.28

Овде, имено, Чернодрински потенцира која била неговата намера (порака) со пишувањето и со театарската изведба на оваа драма, но и ни го дава во сосема кратки црти глобалното сиже на „Македонска крвава свадба“ за која тој вели дека е „трагедија во 5 дејствија од македонскиот живот“.29

27 Да се види: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност XX век, цит. дело, стр. 52.28 Војдан Чернодрински, Македонска крвава свадба, во: Војдан Чернодрински, Одбрани дела, цит. дело, стр. 95 - 96.29 Исто, стр. 93.

23

Page 24: New Microsoft Word Document

Да ги погледнеме основните структурни сегменти на оваа најпозната драма на Чернодрински.

Основната тема во „Македонска крвава свадба“ е мошне тешката и неподнослива положба на Македонците под турско ропство.

Таа тема е обработена (претставена, пренесена) преку основниот мотив којшто се состои во грабнувањето на македонска девојка, православна христијанка, од страна на турски великодостојник, обидот за нејзино потурчување, односно исламизирање, како и фанатичната одлучност на таа Македонка да не ја менува присилно својата национална и верска припадност и по цена на смрт. Се разбира, Цвета овде има функција на лик-тип (типизиран лик), лик кој има функција на симбол, лик што е олицетворение на чесноста, решителноста, упорноста и етичноста на сите Македонки.

Драмата „Македонска крвава свадба“ го има следното сиже:Турскиот великодостојник Осман-бег ја граба младата девојка Цвета од

македонското село Страдалово додека таа, заедно со бројните членови од своето семејство, работи на полето, за време на жетвата, и ја води во својот дом, односно во својот харем со намера да ја потурчи. На присилното одведување на девојката најмногу се противставуваат Дуко, нејзиниот брат, и Спасе, млад овчар кој е вљубен во Цвета и кого таа го сака. Македонката Цвета не сака да се потурчи и покрај убедувањата од Осман-бег, Селим-оџа и двете веќе потурчени Македонки Крста и Петкана од харемот на Осман-бег. Случајот со грабнувањето и обидот за насилно потурчување на младата девојка Цвета ќе биде пријавен од страна на роднините и кај валијата и кај конзулите (претставниците од големите сили во Отоманската империја), но и до Цариград (Стамбол) каде што е престолнината на султанот. Валијата ќе биде принуден да ја изведе Цвета пред османлискиот суд и таа јавно пред него, пред странските конзули и пред нејзините роднини и пријатели од селото да каже дали сака или не сака да се потурчи. По дваесетдневното држење во заложништво во сарајот (во харемот) на Осман-бег, Цвета излегува пред судот и јавно изјавува дека не сака да се потурчи, и покрај обидите на Селим-оџа да го замати нејзиниот ум со опиумски средства за да каже дека доброволно ќе се потурчи. Цвета ќе биде ослободена, а по извесно време почнува свадбата на Спасе и Цвета во домот на родителите на Цвета во селото Страдалово. Гневен поради загубата на грабнатата девојка, Осман-бег со својата придружба доаѓа на свадбата со цел повторно да ја грабне Цвета и да ја носи во својот харем. Присутните му се противставуваат при што ќе биде убиен Дуко, братот на Цвета, а Цвета ќе го прободе Осман-бег со неговата сабја. Еден од придружниците на Осман-бег ја убива Цвета која пред смртта повторува дека умира, ама Турчинка не станува.

Во современата книжевна теорија општоприфатен е ставот дека композицијата на секое драмско дело се состои од пет основни делови:

а) експозиција;б) заплет;в) кулминација;г) перипетија;д) расплет.Експозиција е запознавањето на читателот (или на гледачот) со ликовите и

воведот во дејството. Овде експозицијата трае до доаѓањето на Осман-бег во

24

Page 25: New Microsoft Word Document

нивата каде што жнеат членовите на семејството од дедо Кузман. Заплетот започнува со грабнувањето на Цвета, но во заплетот влегуваат и убедувањата на Цвета да се потурчи, потрагата по Цвета од страна на Дуко и Спасе, пријавувањето на случајот со грабнувањето на Цвета кај валијата и кај странските конзули, доаѓањето на роднините на Цвета, селаните, Осман-бег, Селим-оџа, Цвета, конзулите и други кај валијата сè до почетокот на сослушувањето на Цвета. Дејството тука ја достигнува кулминацијата, зашто најдраматичен (најнапнат, најтензичен, највозбудлив, најтежок) е моментот кога се очекува Цвета да се изјасни дали таа сака или не сака да се потурчи. Тука веќе започнува перипетијата (пресвртот), односно поточно е да се рече дека оттука започнуваат перипетиите (пресвртите) затоа што навистина станува збор за неколку пресврти. Првата перипетија се случува со сведочењето на Цвета. Роднините и селаните очекуваат таа јасно да каже дека е присилно донесена кај Осман-бег и дека не сака да се потурчи, но наспроти тоа таа вели дека сака да се потурчи (дејството се одвива во спротивен правец). Но, од друга страна, наспроти очекувањата на Осман-бег, Селим-оџа и валијата, а и на роднините и на селаните, Цвета се освестува од опиумот на Селим-оџа и кажува дека не сака да се потурчи (повторно пресврт од претходната драмска ситуација). Цвета е ослободена и заедно со своите роднини и соселани заминува дома. Се чини дека овде се случува расплетот на драмското дејство. Но, тоа не е така. На свадбата од Цвета и Спасе, доаѓа Осман-бег и повторно се обидува да ја грабне Цвета (уште еден пресврт за време на свадбата). Расплетот се состои во убиството на Осман-бег, на Дуко, но и на Цвета која сосема доследно повторува дека умира, ама Турчинка не станува.

Чернодрински ја дефинира својата драма „Македонска крвава свадба“ како трагедија. Кои се, всушност, структурните елементи на оваа драма коишто ни даваат право да тврдиме дека станува збор за трагедија?

„Секоја трагедија мора да има шест делови – вели Аристотел – според коишто е таа и определена како ваква, или онаква. Тие делови се: фабула, характери, израз (т.е. говор – н.з.), расудување (т.е. мисли), гледање (= претстава) и музичка композиција“.30

Фабулата како дел од трагедијата е состав од собитија, односно збир од настани, т.е. збир од дејства. Тој состав на собитија во „Македонска крвава свадба“ е подреден на следниот начин: Осман-бег ја граба Македонката Цвета од полето; Дуко и Крсте се противставуваат, но неуспешно; Сите од семејството на дедо Кузман го бркаат Турчинот (на конак кај нив) од нивниот дом и го тепаат поради револтот од постапката на Осман-бег; Осман-бег се обидува на разни начини да ја убеди Цвета да се потурчи; Дуко и Спасе, придружени од заптиите на валијата, доаѓаат во сарајот на Осман-бег за да ја најдат Цвета и да ја вратат назад во селото, но повторно не успеваат затоа што Осман-бег успева да ја сокрие; Спасе ги притиска турските властодршци да ја изведат Цвета на сослушување и да ја прашаат дали доброволно сака да се потурчи; Во просториите кај валијата се спроведува сослушувањето на Цвета која, откако ќе се освести од опиумот, изјавува дека не сака да се потурчи; Цвета заминува дома во Страдалово; На свадбата од Спасе и Цвета доаѓа Осман-бег; Спасе, Дуко и другите селани му се

30 Аристотел, За поетиката, превод Михаил Д. Петрушевски, Култура, Скопје, 1990, стр. 44.

25

Page 26: New Microsoft Word Document

противставуваат; Дуко е убиен; Осман-бег се обидува да ја грабне Цвета повторно; Цвета го убива Осман-бег; Еден од придружбата на Осман-бег ја убива Цвета.

Ако се земе предвид Аристотеловата поделба на прости и сложени фабули, за „Македонска крвава свадба“ може да се рече дека таа има сложена (заплетена) фабула затоа што во неа има бројни перипетии (дел од фабулата), но има и страдања (дел од фабулата) со грабнувањето на Цвета, како и со убиството на Цвета и на Дуко на денот на свадбата. Класичното препознавање, како дел на фабулата, во оваа драма отсуствува.

Характерите (карактерите, особеностите на ликовите, односно на лицата што дејствуваат) во оваа драма на Чернодрински се и примерни, и прилични, и соодветни, и доследни. Нивното интегрирање се одвива преку нивните предикати, односно функции (дејства).

Изразот (говорот на лицата) е на дијалектот на Чернодрински (доминантно западно-македонски говор) и го одразува народниот дух на Македонецот, а расудувањето (т.е. мислите) се однесуваат на тешкиот живот под турско ропство и начинот како да се реализира ослободувањето на грабнатата Цвета. Во однос на гледањето, „Македонска крвава свадба“ прво е изведена како театарска претстава, а дури потоа објавена како драма, а до денес, како што веќе рековме, доживеала безбројни изведби.

Во однос на музичката композиција, во оваа драма не се појавува класичниот антички хор. Меѓутоа, народните песни што се појавуваат во драмата можеме да ги детерминираме како музичка композиција, односно како супститути на античкиот хор. Како пример можеме да ја наведеме песната „Дафино вино црвено“ што ја пеат младите на свадбата од Цвета и Спасе чија содржина би можеле да ја сметаме како најава за несреќата што ќе го снајде семејството на дедо Кузман на денот на самата свадба.

Трагичниот ефект (предизвикување жал и страв кај реципиентите) во „Македонска крвава свадба“ се постигнува преку дејство коешто се врши со полна свест и знаење.31 Со дејствата на грабнувањето на Цвета и убиството нејзино и на Дуко на денот на свадбата се постигнува трагичниот ефект, „бидејќи жалта се јавува за оној човек што е незаслужено несреќен, а стравот за човек сличен и близок“.32 Цвета, Спасе, Дуко и сето семејство на дедо Кузман се незаслужено несреќни, а Цвета како лик-тип (непокорна Македонка) бездруго е „слична“ со реципиентите и, секако, во времето на појавувањето на драмата таа имала силен ефект врз публиката и врз читателите.

Една од причините за тој „силен ефект“ што оваа драма го имала и сè уште го има врз публиката (и гледачи и читатели) е мошне цврстата композициска уреденост на драмскиот текст. Таквата уреденост ја согледуваме, меѓу другото, и во умешноста на авторот да ги најави трагичните настани што следуваат во драмското дејство. На пример, онаа сцена со змијата во првата појава, всушност, е текст во текст, дискурс во дискурс, драма во драма, зашто таа сцена функционира како макета на главните (глобални) трагични дејства што следуваат во драмата. Ваквата теза можеме да ја покажеме и да ја докажеме и со помош на актанцијалниот модел на Грејмас (Графикон 1 и Графикон 2).

31 Исто, стр. 55.32 Исто, стр. 53.

26

Page 27: New Microsoft Word Document

Дејство во „Појава прва“ (змијата = субјект)

(инстинктот,нагонот назмијата) (змијата) (змијата)Ис. (А1) → С → Пр. (А2)

↓Пом. → О ← Прот.(нивата, (Цвета) (Дуко)полето)

Графикон 1

Актанцијален модел на „Појава прва“ од „Македонска крвва свадба“ како макета на глобалниот актанцијален модел I на дејството во драмската целина

Во оваа сцена која се наоѓа на самиот почеток од драмата е пресликано (најавено), всушност, подоцнежното дејство на ликот Осман-бег кој има за цел присилно да ја потурчи Цвета. Змијата станува симбол на Осман-бег (злото) кој ќе посегне по чесноста на Цвета (доброто) како што змијата посегнува по младата девојка во нивата. Во актанцијалниот модел змијата е субјект чие дејство е насочено кон Цвета како објект. Испраќач (А1) е инстинктот (нагонот) на змијата, а примач (А2) е самата змија. Помошник на змијата е нивата (полето) каде што таа се крие, а противник е Дуко кој, всушност, ќе ја убие змијата. Сосема е идентичен актанцијалниот модел на глобалното дејство во кое Осман-бег е субјект кој се стреми кон објектот Цвета. Змијата (субјект) од првата сцена е симбол за Осман-бег. Овие актанцијални функции можеме да ги претставиме со следниот модел:

Глобално дејство I во драмската целина (Осман-бег = субјект)

(инстинктот,нагонот наОсман-бег) (Осман-бег) (Осман-бег)Ис. (А1) → С → Пр. (А2)

↓Пом. → О ← Прот.(жетвата, (Цвета) (Дуко + Спасе + конзулите)полето + др.османлии)

Графикон 2

Актанцијален модел на глобално дејство I во „Македонска крвава свадба“ во кое ликот Осман-бег е субјект

27

Page 28: New Microsoft Word Document

Очигледно е дека змијата и Осман-бег како актанти имаат сосема идентични позиции во моделот, но и сосема идентични релации со другите актанцијални функции (ист објект, ист испраќач, ист помошник и ист противник). Токму затоа велиме дека сцената со змијата е макета за глобалното драмско дејство на грабнувањето и обидите за насилно потурчување на Цвета.33

Паралелно со тоа „глобално дејство I“ се одвива уште едно глобално дејство подеднакво значајно како и првото. Тоа е поврзано со трагичниот лик Спасе. Тој е протагонистот што на свој грб ќе ја понесе потрагата по Цвета, па само него и го ледаме како се обидува да го убеди валијата дека Цвета е присилно земена и однесена во сарајот на Осман-бег и дека Осман-бег сака насила да ја потурчи. Кај ликот (субјектот) Спасе функционираат четирите основни модалитети (сака, знае, може, прави) и неговата потрага успешно завршува, а тој не знае (и не може да знае) дека токму на денот на неговата среќа (свадбата) ќе му се случи најголемата несреќа, односно дека токму на тој ден ќе биде убиена Цвета. Токму затоа велиме дека тој е трагичен лик.34 Ова дејство (го нарекуваме „Глобално дејство II“, иако тоа е, всушност, примарното дејство, зашто тука ја имаме потрагата на јунакот по девојката) можеме да го претставиме со следниот актанцијален модел:

Глобално дејство II во драмската целина (Спасе = субјект)

(љубовтана Спасе) (Спасе) (Спасе + Цвета)Ис. (А1) → С → Пр. (А2)

↓Пом. → О ← Прот.(Дуко + др. (Цвета) (Осман-бег + др.селани) османлии)

Графикон 3

Актанцијален модел на глобално дејство II во „Македонска крвава свадба“ во кое ликот Спасе (јунакот) е субјект

Крајот на таа потрага на ликот Спасе по Цвета, сепак, е трагичен. Неговите противници ја убиваат Цвета и така завршува оваа драма на Чернодрински.

Би истакнале овде уште една значајна особеност на драмата „Македонска крвава свадба“. Воопшто не е случајно што овде, во драмата, среќаваме мотивирани имиња (и топоними и антропоними) кои ја дополнуваат семантиката на основната порака на текстот – страдањето на македонскиот народ под турското ропство и неопходноста од борба за слобода. Самото име на селото е Страдалово

33 Онаа сцена на грабнувањето на Цвета од полето и нејзиното носење во сарајот на Осман-бег, во голема мера наликува на сказните во кои змејот ќе грабне некоја девојка од селото и ја носи во своето засолниште во планината, а потоа братот на девојката тргнува во потрага по својата сестра. Дотолку повеќе што и во „Македонска крвава свадба“ братот Дуко веднаш тргнува во „потрага“ по својата сестра Цвета, односно прави обиди да ја извлече од рацете на Осман-бег.34 Ова „преминување од незнаење кон знаење“ кај Спасе не би можело да се детерминира како препознавање во онаа класична смисла на зборот, односно како што го дефинира тоа Аристотел во неговата книга „За поетиката“.

28

Page 29: New Microsoft Word Document

што е импликација за страдањата на селаните што живеат таму. Името на Цвета е, исто така, мотивирано и ја симболизира чистотата, чесноста на македонската девојка која и дури кога е „откината“ од својата природна средина, таа и натаму останува таква. И името на Спасе е мотивирано име – тоа е ликот што ќе ја „спаси“ девојката од канџите на Осман-бег. Сите овие мотивирани имиња многу добро се вклопуваат во уредениот систем од бројни драмски елементи што ја составуваат сета композиција на драмското дејство кое беспрекорно функционира во оваа најпопуларна драма на Чернодрински.

Од изнесеното јасно е дека „Македонска крвава свадба“ има една сложена структура со бројни семантички сегменти што, секако, е и причината за нејзината популарност до денес.

29