Top Banner
Комуникација со лица со попреченост Центар за семејна медицина
33

Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Apr 27, 2022

Download

Documents

dariahiddleston
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Комуникација со лица со

попреченост

Центар за семејна медицина

Page 2: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Во зависност од усвоените дефиниции за попреченост таквите

лица изнесуваат помеѓу 10% и 20%

• Тие лица се “непропорционално“ сиромашни

• Искусуваат различни форми на социјална исклученост

Подигнувањето на движењето за права на лицата со попреченост,

воспоставувањето на законодавството за дискриминација во многу

земји и донесувањето на Конвенцијата на ОН за правата на лицата

со попреченост, придонесоа за менување на перцепцијата за тие

лица и сè поголемо отстранување на бариерите за учество на

лицата со попреченост во секојдневниот живот

ВОВЕД

Page 3: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Т.Н. "медицински модел", кој ја намалува силината на

индивидуалниот дефицит и може да го легитимира “медицинскиот

патернализам“, се повеќе се заменува со "социјалниот модел“

• Со право, бидејки ги нагласува бариерите и предрасудите кои ги

исклучуваат лицата со попреченост

• Оваа дуалистичко сваќање може да биде преценето: јасно, лицата

со попреченост имаат здравствени проблеми и може да имаат

корист од медицинска нега, рехабилитација и др.

•Лицата со посебни потреби имаат право на избор и права,

вклучувајќи го и правото да одлучуваат за својата ЗЗ

ВОВЕД

Page 4: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Здравствени работници кои во својата професионална пракса се

соочуваат со лица со попреченост треба да бидат свесни не само за

нивниот третман туку и за неточните претпоставки за

попреченост кои произлегуваат од стигматизирани ставови

• Пример, зд. раб. во рехабилитационата медицина - обично

имаат попрогресивни ставови отколку другите специјалности

• Но, помлад доктор може да наиде на помалку прогресивни

ставови од колегите; ова може да има негативно влијание преку она

што се нарекува "скриена агенда“

• Ваквите искуства може да бидат поубедливи од она што се учи

низ медицинските студии

Здравствени работници и лица со

попреченост

Page 5: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Студирањето медицина најчесто не дава

адекватни и избалансирани информации за

попреченоста и како да се однесуваат со лицата

кои имаат посебни потреби. Водењето на

здравствени состојби кои не можат да бидат

излекувани или "нормализирани", според

стандардните општествени норми, може да

бидат силен предизвик за здравствените

работници посебно за помладите доктори

Здравствени работници и лица со

попреченост

Page 6: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Едукацијата може да доведе до ерозија на

емпатијатата и пораст на цинизмот

• Некои студии покажаа дека некои студенти на

медицина имаат повеќе негативни ставови за

попреченоста отколку општо прифатената

норма

• Други студии говорат дека некои студенти

бараат посеопфатна медицинската едукација за

лицата со попреченост

Здравствени работници и лица со

попреченост

Page 7: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Многу едукации, не успеваат да допрат до

посеопфатен став за здравјето на тие лица и ги

игнорираат нивните човекови права

• Како резултат на тоа, некои здр. раб. иако

покажуваат симпатии и загриженост, сепак

покажуваат негативни ставови во однос на

искуствота на лицата кои живеат со попреченост

• Новини во однос на попреченоста во некои

медицински училишта, на пример, вклучување и

инволвирање во наставата на лицата кои имаат

некако вид на попреченост

Здравствени работници и лица со

попреченост

Page 8: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Brainstorming

Какви се вашите ставови кон

лицата со попреченост?

Page 9: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Сумарно-се работи за човековите права

• Конвенцијата на ОН - тие се граѓани со ИСТИ

човекови права,

•правото на здравствена заштита

•правото на рехабилитација

•правото да живее во заедницата

•Правото самостојно одлучува за својот

третман

•самостојно да одлучува дали ќе формира

заедница, ќе има потомство итн.

Права на лицата со

попреченост

Page 10: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Правни инструменти за заштита на

правата на лицата со попреченост

Конвенција на ОН за правата на лицата со попреченост

UNCRPD донесе одредби за заштита на СР права за лицата со попреченост, и

тоа прво во однос на пристапноста:

• Членот 9 се однесува на достапност до информациите и медицинските установи

• Членот 16 ги повикува државните институции да воспостават мерки за

заштита на лицата со попреченост од сите форми на насилство и злоупотреба,

вклучувајки го и родовото насилство

• Членот 22 ги наведува еднаквите права на лицата со попреченост во однос на

приватноста, вклучувајќи ги и приватноста за личните здравствени податоци

• Членот 23 повикува на отстранување на дискриминацијата на лицата со

попреченост по сите прашања во однос на бракот, семејството, родителството,

вклучувајќи го семејното планирање, фертилноста и семејниот живот

• Членот 25 бара од државите да се обезбеди еднаква достапност до

здравствените услуги за лицата со посебни потреби, вклучително и СРЗ и

програмите за јавно здравје

UN Convention on the Rights of Persons with Disabilities

Page 11: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Меѓународната конференција за

популациона и развојна програма за

населението (ICPD PoA)

ВЕЛИ:

Основно право на сите е слободно да одлучуваат за нивните

семејства, да имаат релевантни информации за тоа и го

имаат правото да го достигнат највисокиот стандард на ЗЗ

Исто така, ги нагласува правата на одлуките за своето

здравје без дискриминација, принуда и насилство

ICPD PoA - International Conference on Population and Development –

Programme of Action

Page 12: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Меѓународната конференција за популациона и

развојна програма за населението (ICPD PoA)

ICPD посебно повикува на отстранување на било каква дискриминација на

лицата со попреченост:

Државите на сите нивоа да ги разгледаат потребите на лицата со попреченост во

однос на етичките и човековите права. Владите треба да ги препознаваат

потребите кои се однесуваат, на ЗЗ, вклучувајќи планирање на семејството и СЗ,

ХИВ, едукација, информации и комуникации (Параграф 6.3)

Владите треба да обезбедат учество на заедницата во планирањето на

здравствената политика, особено во однос на долгорочната нега на старите

лица, лицата со посебни потреби и оние заразени со ХИВ и други ендемични

болести

Таков став треба да се промовира во програмите за З.О. на мајките и децата,

поддршка на доењето, програмите за рано откривање на малигни болести на

репродуктивните органи и програми за превенција од ХИВ инфекција и други

СПИ. (Параграф 8.7)

Page 13: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

•Лицата со попреченост најчесто сопствениот квалитет

на живот го оценуваат многу повисоко од тоа како го

оценуваат другите

•Здравствените работници треба да прифатат дека кај

лица со попреченост не треба да гледаат на попреченоста

како проблем

•Здр. раб. треба да прифатат дека лицата со попреченост

имаат исти здравствени потреби како и сите други:

скрининг тестови, превентивни потреби и добро

ориентирана грижа како и другите луѓе

КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ

Page 14: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Бариери кои произлегуваат од

ставови или навики

Бариерите за еднаква ЗЗ кај лицата со попреченост, особено кај жените не се

должат на оштетување, туку најчесто се претставуваат како заблуди, односно

погрешни заклучоци дека:

• Лицата со попреченост се асексуални, не се сексуално привлечни, се

хиперсексуални, промискуитетни итн...........

• Жените - лица со попреченост се неспособни да ги исполнуваат улогите на

сопруги и мајки

• Жените со попреченост ќе раѓаат деца со попреченост

• Тешко достапни, или недостапни здравствени установи

• Недостапни информации, образование и комуникација

• Негативен став за од страна на некои здравствени работници

• Недостаток на експертиза за здр. раб. од областа на телесна попреченост

• Недостаток на свесноста за попреченоста кај лицата со посебни потреби

• Исклученост на лицата со попреченост во процесот на донесување на

одлуки за своето здравје

Page 15: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Последици

• Отфрлање на информациите и едукацијата за своето здравје, како и други

услуги

• Негирање на можностите и правата на лицата со попреченост да имаат

одредени релации и бракови, да одлучуваат со кого сакаат да бидат во врска,

да одлучуваат дали, кога и со кого ќе имаат деца и старателството на тие деца

• Подложност на присилна стерилизација, принуден абортус и принудени

сексуални партнери или бракови*

• Исто така лицата со попреченост имаат поголема веројатност да бидат

експонирани на родово насилство, како и на СПИ**

• Други заболувања кои се резултат на запоставеност поради попреченоста

*UNFPA (2007). Emerging issues: sexual and reproductive health of persons with disabilities. New York: UNFPA**Groce N. (2003). HIV/AIDS and people with disability. Lancet, 361, 1401–1402

причина

последици

Page 16: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Зголемена потреба• Подобрените стапки на преживување

• Преминот од акутна во хронична болест

• Стареењето на населението

• Бројот на лица со посебни потреби во популацијата веројатно ќе

расте

• Со тоа и потребата за ефективна едукација за здравствени

потреби на овие лица

• Лицата со попреченост имаат најдобра претстава за сопствената

состојба со што нивните односи со здравствените работници

станува партнерство, каде што секој може да учи од другиот

Комуникација

Page 17: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Комуникација

• Здравствените работници треба повеќе да комуницираат директно со

лицата со попреченост, не преку посредници

• Секоја комуникација треба да биде осмислена, адекватна за пациенти кои

имаат интелектуално оштетување, сензорна оштетување, или потешкотии

во комуникацијата

• Истражувања - здружението за водење за слепите со кучиња во U.K.

открило дека 95% од испитаниците со оштетен вид никогаш не добиле

здравствени совети, писма или рецепти во достапен формат. Или кај

глувите лица 25% од нив го пропуштиле закажаниот термин, бидејќи

информациите не биле кажани на разбирлив начин за нив. 1/3 од

корисниците на знаковниот јазик не знаеле како да земаат одредени лекови

• Неуспехот ефикасно да се комуницира троши време, човечки ресурси, и

има последици по јавното здравје

Page 18: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Основни принципи на комуникација

со лицата со попреченост • Почитување на достоинството

• Почитување на автономијата

• Еднаквост и активно учество

• Квалитет на животот

• Грижа и одговорност

• Соодветен третман и нега

• Континуирана лична нега и интердисциплинарна

соработка

• Соработка со социјалната средина и опкружувањето

Page 19: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Општи препораки за комуникација

со сите лица со попреченост

• Разговарајте со лицата со посебни потреби на ист начин

и со нормален тон како и со сите други, не го повишувајте

гласот како што би разговарале понекогаш со некој друг

• Не употребувајте за нив повредливи зборови. "Дали

гледате што мислам", кон некој со оштетен вид

• Разговарајте со лицата со попреченост како возрасни и

попожелно е да се разговара со нив директно, не со

придружната личност

• Прашајте го лицето со попреченост ако е потребна

помош; не претпоставувајте дека е потребна додека не

прашате

Page 20: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Користете “т.н. прв јазик“, односно прифатена

терминологија: се однесува на “лице со попреченост“,

наместо "инвалидно лице“ или “лица со посебни потреби“

• Користете ефективни комуникациски стратегии. Пример

да се седне, или да се стои на ниво на окото на пациентот,

со што се обезбедува соодветен контакт со очите

Општи препораки за комуникација

со сите лица со попреченост

Page 21: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Препораки за комуникација со пациенти

со ограничувања на подвижноста• Имајте на ум дека личниот простор на лице со

попреченост вклучува инвалидска количка, патерици, или

друга помош за подвижноста

• Не ја придвижувајте, или не ја преместувајте инвалидска

количка, или не го фаќајте за рака за да обезбедите помош,

без претходно да прашате дали е потребна помош

• Кога разговарате со личност во инвалидска количка,

седнете така што вие и личноста се на исто ниво

Page 22: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Препораки за комуникација со пациенти

со ограничувања на подвижноста

• Кога им давате упатства размислете за оддалеченоста,

временските услови и физичките пречки како што се

скали, ивици, немање на лифтови, или стрмнини при

пристапноста

• Протресете ги рацете кога ќе ги запознаете, кога се

поздравувате со лицата со попреченост. Луѓето кои имаат

ограничена употреба во рацете или кои носат вештачки

екстремитет го сакаат тоа

Page 23: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Препораки за комуникација со

пациенти со пречки во говорот

• Разговарајте со луѓе со говорна попреченост како со

секој друг; користете нормален тон - без викање

• Бидете трпеливи - му треба повеќе време да говори. Не

ги довршувајте речениците на него

• Посветете му внимание и покажете го тоа. Елиминирате

ја бучавата во позадина - го одвлекува вниманието

• Ако лицето користи некој комуникациски уред, пример.

комуникациска табла, прашајте дали користењето на тој

уред е најдобар начин да комуницирате со него.

• Не се преправате дека сте разбрале, воколку не сте.

Кажете му да повтори, или да напише. Користете гестови,

или белешки

Page 24: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Препораки за комуникација

со пациенти со пречки во говорот

• Повторете го она што го разбирате и забележете ги реакциите на

лицето, тоа може да Ви покаже дали сте правилно разбрани

• Развијте ја специфичната комуникациска стратегија што е во

согласност со можностите на лицето: движење на глава или

трепкање за да укажете на договор или не

• Поставувајте кратки прашања за кои се потребни кратки одговори

или потврда пример со знак со главата

• Избегнувајте да ја навредувате интелигенцијата на личноста со

прекумерно упростување на терминологијата

Page 25: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Препораки за комуникација со пациенти со

интелектуална, когнитивна или развојна

попреченост

• Третираје ги возрасните лица со интелектуални, когнитивни или

пречки во развојот како возрасни

• Прилагодете го вашиот начин на комуникација во зависност од

одговорите. Користете едноставни, директни реченици или

дополнителни визуелни форми, како што се гестови, дијаграми или

сл.

• Користете конкретен јазик. Избегнувајте апстрактни термини,

стручни зборови, или силно поедноставени зборови. Кога е можно,

користете термини кои се однесуваат на нештата што можете да ги

видите двајцата

• Бидете подготвени да повторите некои информации

Page 26: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Поставувајте прашања без сугестии за одговор; може да ви

одговорат тоа што мислат дека Вие сакате да го чуете

• Дадете точни инструкции. На пример, "Ќе ја видите

медицинската сестра во 10:30", наместо "Вратете се да ја видите

медицинската сестра за 15-тина минути"

• Избегнувајте да давате премногу насоки одеднаш, што може да

биде збунувачко. Отстранете се што може да одвлече внимание

• Обезбедете информации во писмена или вербална форма, ако

тоа е предност на лицето

Препораки за комуникација со пациенти со

интелектуална, когнитивна или развојна

попреченост

Page 27: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

• Препознајте дали на лицето му се потребни

повторувања на информациите кои ги давате, или дека е

подобро ако прави забелешки

• Не се преправајте дека сте разбрале во колку не сте

• Побарајте од лицето да го повтори она што било кажано

• Бидете трпеливи, флексибилни и поддржувајте го

лицето

• Не претпоставувајте дека лицето ќе може да чита нешто

што препорачувате; некои воопшто не можат да читаат

Препораки за комуникација со пациенти со

интелектуална, когнитивна или развојна

попреченост

Page 28: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Препораки за комуникација со пациенти

со психијатриски/ментални здравствени

проблеми

• Пристапот како со било кој друг; зборувајте директно

со личноста, користејќи јасна, едноставна комуникација

• Однесувајте се кон лицата кои се возрасни како со

возрасни. Не се однесувајте како покровител

• Не донесувајте одлуки за лицето, не претпоставувајте

дека ги знаете преференците на лицето

• Понудете да се ракувате кога се претставувате.

Користете ги истите добри манири во интеракција со

лице кое има психијатриско/ментално нарушено здравје

Page 29: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Препораки за комуникација со пациенти

со психијатриски/ментални здравствени

проблеми

• Направете контакт со очите и бидете свесни за вашиот

сопствен јазик на телото, за да нема бариера

• Слушајте внимателно и почекајте лицето да заврши со

зборување. Доколку е потребно да се разјасни

• Не се преправајте дека сте разбрале, во колку не е така.

Побарајте од лицето да го повтори она што кажал. Бидете

трпеливи, флексибилни и поддржувајте го

• Да се препознае дека лицето со психијатриски/ментални

проблеми ги има истите потреби, соништа и желби како и

секој друг

Page 30: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Клучни точки

• Сиромашни, искусуваат социјална исклученост

• Конвенцијата на ОН, за еднакви права

• Лицата со попреченост имаат право на љубов, интимни врски,

сакаат да бидат сакани и прифатени, имаат желба и потреби како

сите други

• Лицата со попреченост ги имаат истите емоционални физички

потреби и желби како и лицата кои немаат таква попреченост

• Не патернализам, туку социјален модел

• Стигматизирани со различни митови

• Во тек на студии не се добиваат информации за комуникациите

• Многу бариери и последици од нив

• Секој вид на попреченост- различна, адаптирана комуникација

Page 31: Комуникација со лица со ... - mednet.mk
Page 32: Комуникација со лица со ... - mednet.mk
Page 33: Комуникација со лица со ... - mednet.mk

Референци

Sharts-Hopko, N. C., Smeltzer, S., Ott, B. B., Zimmerman, B., & Dufin, J. (2010). Healthcare experiences of women with visual impairment. Clinical Nurse Specialist, 24(3), 149-153. doi:10.1097/NUR.0b013e3181d82b89

http://www.thearc.org/who-we-are/media-center/people-first-language

http://www.inclusionproject.org/nip_userfiles/file/People%20First%20Chart.pdf

https://www.cdc.gov/ncbddd/disabilityandhealth/pdf/disabilityposter_photos.pdf

http://www.ouhsc.edu/Portals/1154/EasyDNNnews/Uploads/4232/11_PeopleFirstLanguageSheet.pdf

https://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736(09)62050-X/fulltext

http://www.nln.org/professional-development-programs/teaching-resources/ace-d/additional-resources/communicating-

with-people-with-disabilities