Top Banner
Ѓорѓија Пулевски – Скопје ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ VII (9) одделение Наставник: Драгана Јаковлевска 2013/2014 година
17

163939028 Животни Вештини 7мо

Dec 28, 2015

Download

Documents

животни вештини седмо одд
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: 163939028 Животни Вештини 7мо

Ѓорѓија Пулевски – Скопје

ГОДИШНА ПРОГРАМА

ЗА

ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

VII (9) одделение

Наставник: Драгана Јаковлевска

2013/2014 година

Page 2: 163939028 Животни Вештини 7мо

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН

ТЕМА Број на часови

1.ЈАС-ЛИЧЕН РАЗВОЈ 6

2.ЈАС И ТИ-ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ

3.ЈАС И ДРУГИТЕ-ОПШЕСТВЕНИ ОДНОСИ

4.ЈАС И ЗДРАВЈЕТО-ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ

5.ЈАС И ОКОЛИНАТА-ОДНОС СО НАДВОРЕШНАТА СРЕДИНА

ОПШТИ ЦЕЛИ

Образованието за животни вештини е насочено кон внесување промени во однесувањето преку

стекнување определени знаења, ставови и вештини, кои ќе им помогнат на учениците да изберат и

практикуваат здраво однесување, а не само да учат што значи тоа;

Основна задача на образованието за животни вештини е да го претвори знаењето во однесување и

програмата нуди балансиран однос меѓу знаењата и информациите, ставовите и вредностите и

вештините;

Образованието за животни вештини се базира на партиципативни методи на учење и поучување,

што ги прави учениците активни учесници во процесот на учење, наместо да ги третира како

пасивни примачи на информации;

Учењето најчесто е преку игра и опуштена и релаксирачка атмосфера на учениците, а пред се е

насочено кон јакнење на воспитната и практичната компонента на наставата

МЕТОДИ НА УЧЕЊЕ И ПОУЧУВАЊЕ

Дискусија со цела група

Дискусија во мали групи

Анализа на приказни

Цртање, моделирање и др. Видови на ликовни техники

Анализа на ситуации/ случаи

Демонстрации и симулации

Глумење и играње улоги

Игровни активности

Page 3: 163939028 Животни Вештини 7мо

СТРУКТУРА НА РАБОТИЛНИЦАТА

Воведни активности

Главни активности

Дискусија

Заклучок

Завршни активности

Рефлексија

КОРИСТЕНИ ИЗВОРИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СОДРЖИНИТЕ

Прирачник за образование за животни вештини (од 4-6 дделение, основно училиште)

Работни листови за образование за животни вештини (од 4-6 дделение, основно училиште)

Дополнителни соодветни материјали за работилниците

I ТЕМА

ЈАС - ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Час Содржина Работилница Реализација

1

Организирање на работата во

паралелката и избор на одделенско

раководство

/

02.09.2013

2 Градење самодоверба Здравица 16.09.2013

3

Градење слика за себе како член на

семејството и како ученик

Секој прави по нешто 23.09.2013

4 Справување со загуба и жалење Препознавање на чувствата 30.09.2013

5 Справување со успех/неуспех Поговорки за успех и неуспех 07.10.2013

6 Искажување на мислење Дебата 14.10.2013

7 Менаџирање на слободното време Слободно време 21.10.2013

ЦЕЛИ

Ученикот/ученичката треба да:

- да се оспособува да ги развива своите потенцијали, знаења и интереси во различни области;

- да се запознава со различни начини со кои може да присонесе во групната работа;

- да се оспособува да остварува позитивни релации со своите наставници и соученици;

- да ги осознава промените во односите со родителите кои настануваат во периодот на адолесценција;

- да се оспособи да го подобрува своето училишно постигање и да придонесе во подобрувањето на

училишниот живот;

- да знае како пубертетот доведува до промени во емоциите;

- да се осознае дека е важно да се зборува за она што се чувствува во даден момент;

- да ги запознава концептите за надминување на неуспехот во учењето/работата;

- да се оспособува да избере соодветен начин за искажување на сопственото мислење;

- да осознава кои начини на користење на слободното време се продуктивни, а кои непродуктивни.

Page 4: 163939028 Животни Вештини 7мо

2 час

Наставна содржина:

Градење самодоверба

Цели:

да знае дека секој човек има свои јаки и слаби старни

да знае различни техники за себеизразување со цел пренесување на своите ставови

да умее со сигурност да ги претстави/изрази своите знаења, можности и потреби.

Материјали: листови хартија (пожелно е во различни бои), прибор за боење

Активност: Работилница – ЗДРАВИЦА (стр.18)

Очекувани исходи:

оспособени се да ги развива своите позитивни – јаки страни, знаења и да биде свесен

за истите.

прифака сличности и разлики со другите врсници

гради самодоверба

3 час

Наставна содржина:

Градење слика за себе како член на семејството и како ученик

Цели:

да знае кои се обврските и правата на членовите во семејството

да умее да ги разликува половите и возрасните карактеристики на членовите во

семејството

да умее да ги планира и навремено да ги извршува своите семејни обврски.

Материјали: голема хартија за цртање, табла и креда.

Активност: Работилница – СЕКОЈ ПРАВИ ПО НЕШТО (стр.30)

Очекувани исходи:

да умее да ги почитува задолженијата и активно да учествува во семејниот живот.

да знае дека во семејството постојат одредени правила кои треба сите да ги

почитуваат, како и да учествува во процесот на смислување на тие правила.

4 час

Наставна содржина:

Препознавање и изразување на сопствените емоции

Цели:

да знае што го/ја прави вознемирен/а или среќен/а

да знае да ги препознава сопствените чувства и да умее да ги изрази соодветно на

различни начини.

Материјали: работен лист - Чувства за изразување

Активност: Работилница – ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЧУВСТВАТА (стр. 37)

Очекувани исходи:

да знае како некој се чувствува според изразот на лицето, положбата на телото, по

интонацијата на гласот и јачината на гласот додека зборува.

5 час

Page 5: 163939028 Животни Вештини 7мо

Наставна содржина:

Справување со успех/неуспех

Цели:

да ги знае критериумите за успешност и неуспешност во учењето и работата

да умее да го сподели својот успех/ неуспех со другите

Материјали: работен лист – Поговорки за успехот и неуспехот, работен лист – Картички со

прашања, топчиња од стуткана хартија, креда.

Активност: Работилница – ПОГОВОРКИ ЗА УСПЕХ И НЕУСПЕХ (стр.48)

Очекувани исходи:

да прифати дека успехот и неуспехот треба да се споделат

го прифаќа неуспехот како дел/фаза од секојдневната работа и живот

6 час

Наставна содржина:

Искажување на мислење

Цели:

да ја сфати одговорноста за искажување на сопственото мислење

да умее јасно и аргументирано да го искаже сопственото мислење

Материјали: работен лист – Дебата 1, Дебата 2.

Активност: Работилница – ДЕБАТА (стр. 53)

Очекувани исходи:

да прифати дека е важно да го искаже своето мислење

да сфати дека користењето аргументи може да се научи со размислување и барање

дополнителни информации

7 час

Наставна содржина:

Менаџирање на слободното време

Цели:

да знае за правото на слободното време во текот на денот, седмицата и годината

да знае за важноста на слободното време

да умее да идентификува различни начини на организирање на слободното време

Материјали: работен лист – Картички за слободно време, работен лист – Карта: скали и

змии, фигури (гуми, острилки, метални пари и сл), коцка, ножички.

Активност: Работилница – СЛОБОДНО ВРЕМЕ (стр. 58)

Очекувани исходи:

да сфати дека користењето на слободното време е можност за културно издигање и

изградување

умее да направи баланс меѓу слободното и работното време

Page 6: 163939028 Животни Вештини 7мо

II ТЕМА

ЈАС И ТИ - ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ

Час

Содржина

Работилница

Реализација

1. Прифаќање сличности и разлики Од важно, поважно 28.10.2013

2. Анализа на успехот во првото

тромесечие

/ 04.11.2013

3. Давање и примање помош Деца со посебни потреби 11.11.2013

4. Справување со емоции Однесување во лутина 18.11.2013

5. Комуницирање Говорот на моето лице 25.11.2013

6. Справување со насилничко

однесување

Исмеаната Леа 02.12.2013

7. Разрешување конфликти Избегнување,

спротиставување или ...

16.12.2013

ЦЕЛИ

Ученикот/ученичката треба да:

- да се поттикнува да согледа дека придобивките од другарството и пријателството се обострани;

- да се оспособува да се справи со непријатните чувства до кои моѓе да дојде при прекин на

пријателство;

- да се оспособи со кого и како се споделува тајна;

- да се оспособува да процени која тајна може да биде штетна;

- да се оспособува да понуди помош кога некому е потребна;

- да се запознава со начините на кои може да им се помогне на старите луѓе во нивните секојдневни

ситуации;

- да се оспособи да извлече поука од направената грешка;

- да ја преземе одговорноста за соспствените грешки наместо да ја префрла на другите;

- да се запознава со начини на кои може да се манифестира љубов кон врсниците;

- да се оспособи да се справи со различни животни ситуации кои предизвикуваат силни емоции (тага,

љубов, љубомора);

- да научи како треба да реагира за да се спречи насилничкото однесување;

- да се оспособува да прави разлика меѓу позиции и потреби во конфликтот;

- да се поттикнува да согледа дека конфликтот е проблем кој треба заеднички да се реши.

8 час

Наставна содржина:

Прифаќање сличности и разлики

Цели:

да знае дека луѓето се разликуваат според своето мислење и уверување

да знае дека луѓето имаат различни потреби и интереси

да може да го почитува мислењето и уверувањето на другиот и тогаш кога не се

согласува.

Page 7: 163939028 Животни Вештини 7мо

Материјали: прибор за пишување, работен лист – Важно на сликата

Активност: Работилница – ОД ВАЖНО, ПОВАЖНО (стр. 69)

Очекувани исходи:

да прифати дека различни луѓе гледаат различни работи и различни работи ги сметаат

за битни

да прифати дека потребите и интересите на другите се еднакво важни како и

неговите/нејзините

10 час

Наставна содржина:

Давање и примање помош

Цели:

да знае со кои потешкотии се соочуваат луѓето со посебни потреби (потешкотии кои

произлегуваат од хендикепираноста)

да може да идентификува каква помош им е потребна на луѓето со посебни потреби

Материјали: работен лист – Игра со посебни потреби

Активност: Работилница – ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ (стр. 83)

Очекувани исходи:

да прифати дека хендикепираноста не е пречка за воспоставување и негување

меѓусебни односи

11 час

Наставна содржина:

Справување со емоции

Цели:

да знае кога лутината предизвикува агресивно однесување

да може да ја/го контролира сопствената/сопствениот лутина/бес насочена/насочен

кон другите

да може да се воздржува од несоодветни реакции на лутината/бесот изразена/ изразен

од другите

Материјали: работен лист – Однесување во конфликтни ситуации, работен лист –

Деструктивно однесување, прибор за пишување, стара хартија, весници, табла и креди.

Активност: Работилница – ОДНЕСУВАЊЕ ВО ЛУТИНА (стр. 89)

Очекувани исходи:

да прифати дека луѓето може, сосема неоправдано, да бидат жртви на туѓа лутина/бес

(агресивното однесување незаслужено се поместува од изворот на некој друг или

нешто друго).

12 час

Наставна содржина:

Комуницирање

Цели:

Page 8: 163939028 Животни Вештини 7мо

да знае кои се ефектите од користењето на различни несоодветни невербални знаци

да умее да ги користи невербалните знаци и вербалните изрази што имаат позитивно

влијание врз односите со другите

да умее да се воздржува од користење на невербалните знаци и вербалните изрази кои

имаат негативно влијание врз односите со другите

Материјали: работен лист – Фацијални експресии, фломастери, боички

Активност: Работилница – ГОВОРОТ НА МОЕТО ЛИЦЕ (стр. 98)

Очекувани исходи:

да согледа дека невербалната комуникација може да биде составен дел на вербалната,

но и да се одвива независно

да согледа дека и вербалната и невербалната комуникација може да имаат позитивни и

негативни последици во односите со другите.

13 час

Наставна содржина:

Справување со насилничко однесување

Цели:

да знае кои видови насилничко однесување постојат (рекетирање, изолирање,

малтретирање, тепачки, носење и употреба на ладно и огнено оружје)

да знае кои емоции се јавуваат кај жртвата на насилничко однесување

да умее да реагира на исмејувањето и навредувањето упатено кон него/неа

да умее да реагира на исмејувањето и навредувањето упатено кон другите

да може да се стави во кожата на жртвата, сочуствувајќи со неа.

Материјали: работен лист за наставникот/наставничката: Исмеаната Леа, табла, креда

Активност: Работилница – ИСМЕАНАТА ЛЕА (стр. 108)

Очекувани исходи:

да ги согледа негативните последици од насилничкото однесување по жртвата

да ја согледа потребата од сочувствување со другите.

14 час

Наставна содржина:

Разрешување конфликти

Цели:

да ги знае различните видови реакции во конфликтна ситуација и последиците од

таквите реакции

да може да се воздржи од спротивставување и умее да процени кога треба да

"избегнува" за да обезбеди услови за ефикасна комуникација

Материјали: табла и креда (или соодветен прибор за пишување), пенкала (или моливи),

работен лист – Избегнување, Спротивставување, Разговарање

Активност: Работилница – ИЗБЕГНУВАЊЕ, СПРОТИВСТАВУВАЊЕ ИЛИ ... (стр. 132)

Очекувани исходи:

да согледа дека од начинот на реагирање зависи дали конфликтот ќе се реши или ќе

ескалира.

Page 9: 163939028 Животни Вештини 7мо

III ТЕМА

ЈАС И ДРУГИТЕ - ОПШЕСТВЕНИ ОДНОСИ

Час

Содржина

Работилница

Реализација

1. Анализа на успехот на учениците во

првото полугодие

/ 23.12.2013

2. Новогодишна забава / 30.12.2013

3. Познавање на базичните човекови

права

Права и одговорности 20.01.2014

4. Меѓусебно поддржување и соработка Тројца на еден 27.01.2014

5. Донесување на одлуки во група и

разбирање на демократијата

Моја одлука, твоја одлука 03.02.2014

6. Одолевање на социјални притисоци Момчињата не плачат 10.02.2014

7. Преземање одговорност за

постапките

Правила, правила, правила 17.02.2014

8. Градење позитивен однос кон својата

земја

Во согласност со уставот или

не

24.02.2014

9. Перципирање позитивни модели на

идентификација

Интервју 03.03.2014

10. Перципирање позитивни модели на

идентификација

Херои 10.03.2014

11. Развивање критички однос кон

медиумите

Програма за деца 17.03.2014

12. Користење на институциите за

заштита и безбедност

Кога си во невоља, јави се на

...

24.03.2014

ЦЕЛИ

Ученикот/ученичката треба да:

- се запознае со Европската конвенција за човекови права и да се оспособи активно да реагира кога

има закана по правата;

- да се поттикнува соработката и поддршката и да ги прифаќа како дел од односите меѓу луѓето;

- да се оспособува да креира групи, да го знае своето место во групата, да ја прифаќа вредноста на

групата и постоењето на различни групи и структури;

- да ги осознава демократските процедури;

- да се оспособува самостојно да дојде до информации кои се корисни при донесувањето одлука;

- да се оспособува критички да го прифаќа мислењето на другите без разлика на нивниот статус и да

развива самодоверба за отфрлање на социјалниот притисок;

- да ги согледа своите должности и одговорности и да преземе одговорност за сопствените постапки;

- да го познава културниот, етничкиот и религискиот состав на својата земја и да се прифаќа себеси

како дел од таа земја;

- да се оспособува да ги проверува информациите што ги добива преку медиумите, да наоѓа грешки

кај истите и да формира свое мислење врз основа на повеќе медиуми;

- да се поттикнува да ги препознава и цени луѓето кои придонеле за развој на човештвото и да

запознае неколку добитници на Нобелова награда од различни области;

- да ги познава институциите за заштита и безбедност.

Page 10: 163939028 Животни Вештини 7мо

17 час

Наставна содржина:

Познавање на базичните човекови права

Цели:

да знае за односот право/одговорност

да може да ги препознае своите права и правата на другите деца

да може да го препознае прекршувањето на своите права и на правата на другите деца.

Материјали: прибор за пишување, работен лист – Комплет од шест парови слики на права и

одговорности, хартија.

Активност: Работилница – ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ (стр. 140)

Очекувани исходи:

да прифати дека сите деца имаат еднакви права

да посакува правата на децата да се практикуваат и да се почитуваат

да не го прифаќа прекршувањето на правата на децата.

18 час

Наставна содржина:

Меѓусебно поддржување и соработка

Цели:

да знае за работите што не може да ги направи некој сам

да знае за постоењето на различни релации што се воспоставувват меѓу луѓето

да може да препознае кога на другите им е потребна поддршка и помош

Материјали: Две исти хартиени или пластични чаши за вода (мора да бидат лесни),

штоперица или часовник/ мобилен телефон со секундарник, клупа и корпа за отпадоци, ќебе.

Активност: Работилница – ТРОЈЦА НА ЕДЕН (стр. 152)

Очекувани исходи:

да согледа корист од соработката и поддршката

е убеден/убедена дека заедно може да се постигне повеќе

19 час

Наставна содржина:

Донесување на одлуки во група и разбирање на демократијата

Цели:

да ги знае целите на групата

да ги знае активностите на групата

да умее да го искаже своето мислење и да аргументира

Материјали: Табла, креда, работен лист за учениците – Закон за права..

Активност: Работилница – МОЈА ОДЛУКА, ТВОЈА ОДЛУКА (стр. 169)

Очекувани исходи:

да го сфати значењето на донесување одлуки во група

ја цени својата и можноста на другите во групата да учествуваат во донесување

одлуки

Page 11: 163939028 Животни Вештини 7мо

да прифати дека другите може да имаат поинакви мислења

20 час

Наставна содржина:

Одолевање на социјални притисоци

Цели:

да знае дека постојат различни видувања/постапки за исти нешта

може да формулира сопствен став/мислење и да го аргументира

Материјали: Креда, работен лист за учениците – Очекувано однесување и улоги, листови

хартија, прибор за пишување.

Активност: Работилница – МОМЧИЊАТА НЕ ПЛАЧАТ (стр. 177)

Очекувани исходи:

да согледа дека може да се биде поинаков/поинаква од групата

одобрува и да прифаќа различности

21 час

Наставна содржина:

Преземање одговорност за постапките

Цели:

да ги знае правилата и процедурите што важат за односите меѓу луѓето (во

пошироката заедница)

да знае за последиците од непочитување/прекршување на правилата

да може да ги предвиди последиците од сопственото непочитување на правилата

Материјали: Работен лист за учениците – Правила за ..., листови хартија, прибор за

пишување.

Активност: Работилница – ПРАВИЛА, ПРАВИЛА, ПРАВИЛА! (стр. 186)

Очекувани исходи:

да одобрува постоење правила и санкции за нивно прекршување

22 час

Наставна содржина:

Градење позитивен однос кон својата земја

Цели:

да ги знае симболите на сопствената земја (устав)

умее позитивно да ја опише и да ја претстави својата земја во рамките на своите

знаења

Материјали: Работен лист за учениците – Во согласност со уставот или не,

Работен лист за учениците – Членови од уставот на Р. Македонија.

Активност: Работилница – ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ ИЛИ НЕ? (стр. 189)

Очекувани исходи:

да ги почитува симболите на идентитетот на сопствената земја

се гордее што е државјанин на таа земја

Page 12: 163939028 Животни Вештини 7мо

23 час

Наставна содржина:

Перципирање позитивни модели на идентификација

Цели:

да знае за постигнувања на луѓето во различни професии

да може да дискутира за различни начини на кои луѓето придонесуваат за развојот на

локален и поширок план

Материјали: листови за цртање, прибор за пишување, табла и креда

Активност: Работилница – ИНТЕРВЈУ (стр. 199)

Очекувани исходи:

да ја сфати важноста на дејствувањето на луѓето од различни професии и занимања

24 час

Наставна содржина:

Перципирање позитивни модели на идентификација

Цели:

да познава луѓе од сопствената околина кои дале помош и поддршка на индивидуи и

заедници

да знае за "херои" од поблиската и подалечната историја на сопствената држава

да може да препознае кога некој е човек кој придонесува за заедницата (им прави

добро на другите)

Материјали: Прибор за пишување, табла и креда, тенок картон, хартија, ножички, подебел

конец, перфоратор, работен лист за учениците – Мојот херој/херојка.

Активност: Работилница – ХЕРОИ (стр. 200)

Очекувани исходи:

посакува да биде како луѓето кои дале голем придонес во развојот на човештвото

25 час

Наставна содржина:

Развивање критички однос кон медиумите

Цели:

да знае медиуми и емисии кои се соодветни на неговата/нејзината возраст

Материјали: Прибор за пишување, хартија за пишување, работен лист за учениците –

Знаците за категоризација, работен лист за учениците – Објаснувањата на категориите.

Активност: Работилница – ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА?! (стр. 206)

Очекувани исходи:

да може да процени дали одредени информации се разбирливи за него/неа или не.

да го прифаќа значењето на информирањето.

Page 13: 163939028 Животни Вештини 7мо

26 час

Наставна содржина:

Користење на институции за заштита и безбедност

Цели:

да знае кои институции во државата овозможуваат заштита и безбедност

да знае што прават тие и со што се занимаваат

да умее да се обрати до конкретна институција

Материјали: Прибор за пишување, прибор за цртање, големи листови хартија, селотејп.

Активност: Работилница – КОГА СИ ВО НЕВОЛЈА, ЈАВИ СЕ НА... (стр. 212)

Очекувани исходи:

да го сфати значењето на овие институции

да верува дека може да добие заштита и помош во институциите.

IV ТЕМА

ЈАС И ЗДРАВЈЕТО – ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ

Час

Содржина

Работилница

Реализација

1. Стекнување навики за здрава

исхрана

Пирамида на исхрана 31.03.2014

2. Стекнување навики за здрава

исхрана

Едноставни јадења 07.04.2014

3. Водење грижа за личната хигиена Моја облека – моја

грижа

14.04.2014

4. Превенција од болести и

заболувања

Повреди 28.04.2014

5. Развивање свест за сексуално

здравје

Сексуално

вознемирување

05.05.2014

ЦЕЛИ

Ученикот/ученичката треба да:

- да се оспособува да умее да направи избор меѓу здрава и нездрава храна;

- да се запознае како правилно се конзумира храната (распоред на оброците, редослед на храната);

- да се запознае со опасноста од несоодветната употреба на средствата за одржување на личната

хигиена;

- да научи дека размената на облека е нехигиенска;

- да ги запознае штетните последици по здравјето и развојот од несоосветна гардероба;

- да научи како се шири хив и како се разболува од сида и да се оспособи како да се заштити од

полово преносливите болести;

- да ги знае последиците од сексуално општење (несакана бременост);

- да осознае што е сексуална злоупотреба (силување, подведување на проституција, трговија со луѓе);

- да се запознае со тоа кои супстанци се психотропни и кои се последиците од нивното консумирање;

- да се запознае со законските норми кои ги регулираат пушењето, употреба на дрога и алкохол во

земјава и светот.

Page 14: 163939028 Животни Вештини 7мо

27 час

Наставна содржина:

Стекнување навики за здрава исхрана

Цели:

да ги знае различните видови здрава храна

да умее да направи избор на разнообразна храна

да умее правилно да ја консумира храната

Материјали: Работен лист за наставникот/наставничката: Пирамида на исхрана, Работен

лист за наставникот/наставничката: Животот и делото на една пуканка.

Активност: Работилница – ПИРАМИДА НА ИСХРАНА. (стр. 218)

Очекувани исходи:

да ја сфаќа важноста на здравата исхрана за здравјето и правилниот развој на

телото

28 час

Наставна содржина:

Стекнување навики за здрава исхрана

Цели:

да умее да подготвува едноставен балансиран оброк (сендвичи, салата) за себе.

Материјали: Прибор за пишување/цртање, листови хартија, ножици

Активност: Работилница – ЕДНОСТАВНИ ЈАДЕЊА (стр. 225)

Очекувани исходи:

да ја сфаќа важноста на здравата исхрана за здравјето и правилниот развој на

телото

29 час

Наставна содржина:

Водење грижа за личната хигиена

Цели:

да ги знае последиците од носење валкана облека и обувки по здравјето и социјалната

прифатеност

да умее да ги одржува облеката и обувките чисти.

Материјали: Работен лист за учениците – Облека 1, Облека 2, Облека 3, прибор за

пишување/цртање.

Активност: Работилница – МОЈА ОБЛЕКА – МОЈА ГРИЖА (стр. 241)

Очекувани исходи:

да прифаќа дека одржувањето на личната хигиена е важно за здравјето и за

социјалната прифатеност

ја сфаќа важноста на чистата облека како дел од личната хигиена.

Page 15: 163939028 Животни Вештини 7мо

30 час

Наставна содржина:

Превенција од болести и заболувања

Цели:

да ги знае најчестите и актуелните видови заразни болести и начинот на кој се

пренесуваат

да знае со кои средства и постапки може да се превенира ширењето на заразните

болести (лична хигиена и хигиена на просторот, изолација, заштитни средства...)

Материјали: Работен лист за учениците – Болести/Незгоди 1,2 и 3, прибор за

пишување/цртање.

Активност: Работилница – ПОВРЕДИ (стр. 251)

Очекувани исходи:

да прифаќа дека е неопходно да се следат насоките за превенирање болести и

незгоди (совети при епидемија, засилена хигиена).

31 час

Наставна содржина:

Развивање свест за сексуално здравје

Цели:

да знае што е сексуално вознемирување (несакани допири, зборови со сексуална

конотација...)

да знае кои постапки може да се преземат за да се спротивстави на сексуално

вознемирување

може да препознава/реагира/да се спротивстави на сексуално вознемирување во

секојдневните ситуации.

Материјали: Работен лист за учениците: Точно-неточно 1 и 2, Работен лист за

наставникот/наставничката: Точно-неточно 1 и 2.

Активност: Работилница – СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ (стр. 263)

Очекувани исходи:

да сфаќа дека никој нема право сексуално да ги вознемирува и да ги злоупотребува

другите.

Page 16: 163939028 Животни Вештини 7мо

V ТЕМА

ЈАС И ОКОЛИНАТА-ОДНОС СО НАДВОРЕШНАТА СРЕДИНА

Час

Содржина

Работилница

Реализација

1. Безбедно однесување во

средината

Безбедност во

сообраќајот – 2

12.05.2014

2. Градење позитивен однос кон

околината

Ден на планетата Земја 19.05.2014

3. Градење позитивен однос кон

растенијата и животните

Крстозбор 26.05.2014

4. Анализа на успехот на крајот од

учебната година

02.06.2014

5. Заштита на планетата Земја Вода 09.06.2014

ЦЕЛИ

Ученикот/ученичката треба да:

- да се оспособи да го прилагоди своето однесување на конкретно место/ситуација;

- да ги осознава последиците од сопственото однесување врз безбедноста на другите;

- да се запознава со целите и активностите на еколошките здруженија и организации;

- да се оспособува да влијае на другите да не ја оштетуваат околината;

- да се оспоспби да се спротистави на несоодветното однесување кон растенијата и животните од

страна на другите;

- да се запознае со загрозените видиви на растенија и животни;

- да се поттикнува да ја сфака личната одговорност за заштита на животната средина;

- да ја сфаќа потребата од активно вклучување во еколошката заштита.

32 час

Наставна содржина:

Безбедно однесување во средината

Цели:

да знае за опасни постапки (сам дома) и ситуации (толпи, сообраќај) со кои може да се

соочи на одделни места и во одредено време

да знае правила на однесување во конкретни ситуации и на конкретни места( на

роденден, на улица, во училиште, во двор, на игралиште, на екскурзии)

да ги знае знаците за опасност и предупредување

Активност: Работилница – БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ 2 (стр. 283)

Очекувани исходи:

да прифаќа дека одредени однесувања на конкретни места и во конкретни ситуаци

можат да бидат опасни

ја сфаќа потребата од постоење безбедносни правила и забрани

Page 17: 163939028 Животни Вештини 7мо

33 час

Наставна содржина:

Градење позитивен однос кон околината

(Грижа за хигиената во околината)

Цели:

да ги знае последиците од оштетување на околината

да знае што треба да се прави за да се одржува (не се оштетува) околината

да умее да се спротивстави на оштетување на околината

Активност: Работилница – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА (стр. 293)

Очекувани исходи:

ги сфаќа последиците од оштетување на околината

прифаќа лична одговорност во одржување на хигиената во околината

34 час

Наставна содржина:

Градење позитивен однос кон растенијата и животните

Цели:

да знае како може да им се помогне на животните на кои им треба храна

да умее да им помага на животните кога нема доволно храна

Материјали: Работен лист за учениците: Крстозбор, Работен лист за

наставникот/наставничката: Крстозбор

Активност: Работилница – КРСТОЗБОР (стр. 300)

Очекувани исходи:

да прифаќа дека кон животните треба хумано да се однесува, како и кон сите живи

суштества

да покажува интерес за добросостојбата на животните

35 час

Наставна содржина:

Заштита на планетата Земја

Цели:

да ги знае најчестите загадувачи на воздухот, водата и почвата

да ги знае најчестите последици од загаденост на воздухот, водата и почвата врз

луѓето и другите живи суштества

знае различни начини за рационално користење на водата и на електричната енергија

да умее да укажува на нерационалното користење на водата и електричната енергија

Материјали: Работен лист за учениците: Совети за порационално користење на водата,

Работен лист за наставникот/наставничката: Едно непријатно утро, хартија, пенкала, моливи.

Активност: Работилница – ВОДА (стр. 321)

Очекувани исходи:

да сфаќа дека водата за пиење и другите природни ресурси не се непресушен извор