исак њутн презентација

Post on 11-May-2015

935 Views

Category:

Documents

4 Downloads

Preview:

Click to see full reader

Transcript

ИСАК ЊУТНИСАК ЊУТН

Изработка:

Фросина Апостоловска

“НЕКА СЕ РАДУВААТ СМРТНИЦИТЕШТО ПОСТОЕШЕТАКОВ И ТОЛКАВ

УКРАС НА ЧОВЕЧКИОТ РОД.”

Биографија Генијален математичар, физичар и астроном. Се родил на Божиќ 1642 година во местото

Вулстроп, Англија. Потекнува од сиромашно селско семејство. Тој е еден од најголемите умови на сите

времиња. Бил професор на Универзитетот Кембриџ,

управител на ковачницата за пари и член на Парламентот.

Бесмртен е по тоа што:

Jа напишал Општата аритметика Го открил законот за гравитација Ги извел Кеплеровите закони; Ги пронашол и објаснил трите основни закони

на движење во класичната механика (Њутнова механика);

Ги дал основите на диференцијалниот калкулатор-независно од Лајбниц;

Објаснил многу светлосни појави и ги открил нивните закони;

Го објаснил спектарот на бои на сончевата светлина итн.

Деновите во КембриџДеновите во Кембриџ Учел кај Исак Бароу, теолог и математичар, кој

1669 година, кој поднесол оставка и ја предал својата професорска катедра на Њутн.

Првите две години од студиите ги поминал во совладување на основите на математиката.

Три години ги поставувал темелите на целата своја подоцнежна работа во науката и математиката.

Њутн останал во Кембриџ се додека станал инспектор, а потоа и раководител на ковачницата за пари.

Математички Принципи на природната филозофија

(PHILOSOPHIAE NATURALIS PRINCIPIA MATHEMATICA) Eдно од најзначајните дела на Њутн. Тој пет години интензивно работел на ова

дело. Обемна книга која ја содржи аксиоматската

изградба на механиката и законот за гравитација.

Њутн чисто математички ги објаснува сите основни закони и појави на механичкото движење на Небесните тела и Земјата, кои дотогаш биле познати.

Универзален закон за гравитација Едно јаболко кое паднало од дрво, го инспирирало Њутн да ја

формулира неговата теорија за гравитација. Исак Њутн прв го вовел поимот сила и заклучил дека за да се

промени брзината на телото на било кој начин, потребна е сила. Њутновата идеја била дека гравитацијата која ја држи

Месечината во патеката околу Земјата е истата таа гравитација со која Земјата ги привлекува предметите на нејзината површина.

Универзалниот закон за гравитација даден од Исак Њутн гласи:

Силата со која се привлекуваат било кои две тела во Универзумот е обратнопропорционална со квадратот на растојанието и пропорционална со масата, како на првото, така и на второто тело.

Њутнови закони

Њутновите закони на движењето (или Њутнови закони на динамиката) се три физички закони кои укажуваат на односот меѓу силите кои дејствуваат

на дадено физичко тело и движењето на телото. Њутн ги формулирал во неговото дело Philosophiae

Naturalis Principia Mathematica од 1687 година. Овие закони ја чинат основата на класичната

механика.

Прв Њутнов закон Првиот Њутнов закон

гласи:Постојат такви референтни системи во однос на кои материјалната точка, во отсуство на надворешни влијанија, ја запазува состојбата на мирување или рамномерно праволиниско движење.

Втор Њутнов закон Вториот Њутнов закон

гласи:Во даден инерцијален референтен систем, забрзувањето што го добива материјалната точка, е правопропорционално на резултатот од дејствувањето на сите приложени на неа сили и обратнопропорционално на нејзината маса.

F=ma

Трет Њутнов закон

Третиот Њутнов закон гласи:

Кога се во пар, материјалните точки дејствуваат една на друга со сили кои имаат иста природа, насочени долж линијата што ги поврзува тие точки, и кои се еднакви по модул и спротивни по насока.

Њутн и оптиката Њутн ја истражил рефракцијата на светлината,

покажувајќи дека призма може да ја растури белата светлина во спектар од бои и дека леќа и друга призма можат да го претворат повеќебојниот спектар во бела боја.

Од ова тој заклучил дека леќите на било кој рефлектирачки телескоп ќе страдаат од дисперзија на светлината во бои (хроматска аберација).

Како доказ на концептот тој конструирал (рефлектирачки) телескоп користејќи огледало со цел да се заобиколи тој проблем.

Теорија на боја

Според Њутновата теорија, бојата е карактеристика на самата светлина а не произлегува од материјалот од кој светлината се одбива или прекршува.

Тој вели дека прекршувањето на светлината зависи од бојата: најповеќе се прекршуваат виолетовите зраци, а најмалку црвените зраци.

Ги изложува и другите заклучоци до кои дошол преку низа на експерименти: постоење на прости и сложени бои, мешање на боите, сознанието дека белата е сложена боја итн.

Во склоп на ова соопштение по оптика е и хипотезата за природата на светлината.

Според неа, светлината ја претставуваат светлински дела-корпускули (лат. Corpuskulum-мали тела, телца) кои при движењето предизвикуваат осцилации во етерот што ги исполнува телата и просторот меѓу нив.

Њутнови прстени

Њутновите прстени се серија од алтернативни светли и темни концентрични кругови произведени од интерференцијата на светлината.

Тие се појавуваат кога два микроскопски слајда се притискаат цврсто и заедно во една точка. Или кога мало конвексно парче од стакло е ставено на рамно парче стакло.

Светлината добиена од рамната површина лесно патува подалеку и интерферира со добиената светлина од конвексната површина.

Њутн и математиката

Њутновата работа обично се однесувала на флуксот или на пресметувањето.

Њутн подоцна бил вмешан во расправија со Лајбниц за предноста во врска со развивањето на калкулусот.

Денешните историчари веруваат дека Њутн и Лајбниц го развиле калкулусот независно, иако со многу различни белешки.

Њутнова (БИНОМНА) формула

Во неговиот обемен придонес спаѓа и оваа формула, која е меѓу најпознатите формули што тој ги создал.

Атрибути Њутн бил човек со среден раст, главно со добро

здравје, со густа коса која во староста многу му побелела.

Бил опфатен со својата научна работа, па така бил често замислен и отсутен, затворен во себе, со многу малку пријатели, ретко се смеел.

При крајот на животот станал многу чувствителен на критика и не ја поднесувал.

Не го интересирала музиката, уметноста, убавата литература, не обрнувал внимание на животот околу себе, не водел сметка за своето облекување и исхрана.

Тој никогаш не создава семејство. Позната е само неговата романтична врска со Ана Стори.

Станува чувар а потоа и претседател на Државната ковачница за пари.

Избран за еден од осумте членови на Француската академија на науки.

Избран за претседател на Кралското друштво и ја врши таа функција до крајот на животот.

Добива благородничка титула, како прв научник кому кралското семејство му ја укажало таквата чест, и станува Сер Исак Њутн.

Смртта на Њутн Исак Њутн преостанатиот дел од својот живот го

минува во слава и богатство. Имал тешко нервно растројство од кое долго се

лечел. На 85-годишна возраст умира и тоа на 20 март

1727 година во Кенсингтон. Погребан е во Лондон во Вестминетерската опатија,

со сите големи почести кои им следувале на најзаслужните благородници во Англија.

top related