Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, врз основа на член 22, точка 4 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр.16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16 , 53/16 и 189/16) и член 26 од Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги („Службен весник на РМ“ бр.28/13, 32/15, 126/15 и 112/16), постапувајќи по Барањето за одобрување на регулиран максимален приход и цена за 2017 година бр. УП1 Бр.08- 74/17 од 30.05.2017 година, на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, на седницата одржана на 31 јули 2017 година, донесе О Д Л У К А за утврдување на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија за 2017 година на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје 1. Регулираниот максимален приход за вршење на регулираната дејност производство на топлинска енергија за 2017 година за Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје се утврдува да изнесува 818.013.281 денари за произведена количина на топлинска енергија од 413.014.613 kWh. 2. Врз основа на одобрениот регулиран максимален приход од точка 1 на оваа Одлука, и согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија („Сл.весник на РМ“ бр.99/13, 113/14,127/15 и 139/16), се утврдуваат месечниот надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифниот став за производство на топлинска енергија на ниво на регулиран производител за 2017 година: РЕГУЛИРАН ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА единица мерка од 01.08.2017 година Месечен надоместок за системски услуги и системска резерва ден/месец 8.091.318 Тарифен став за произведена топлинска енергија на регулиран производител ден/kWh 1,7455 3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување. 4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 август 2017 година.
11
Embed
2017erc.org.mk/odluki/Odluka za ceni BEG Proizvodstvo - so obrazlozenie-so tabeli.pdf · Прилог 6а - Список на вработени лица во претпријатието
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, врз основа на член 22,
точка 4 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр.16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16 , 53/16 и 189/16) и член 26 од Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги („Службен весник на РМ“ бр.28/13, 32/15, 126/15 и 112/16), постапувајќи по Барањето за одобрување на регулиран максимален приход и цена за 2017 година бр. УП1 Бр.08-74/17 од 30.05.2017 година, на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, на седницата одржана на 31 јули 2017 година, донесе
О Д Л У К А за утврдување на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија
за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија за 2017 година на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН
ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје
1. Регулираниот максимален приход за вршење на регулираната дејност производство на топлинска енергија за 2017 година за Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје се утврдува да изнесува 818.013.281 денари за произведена количина на топлинска енергија од 413.014.613 kWh.
2. Врз основа на одобрениот регулиран максимален приход од точка 1 на оваа Одлука, и согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија („Сл.весник на РМ“ бр.99/13, 113/14,127/15 и 139/16), се утврдуваат месечниот надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифниот став за производство на топлинска енергија на ниво на регулиран производител за 2017 година:
РЕГУЛИРАН ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА
единица мерка
од 01.08.2017 година
Месечен надоместок за системски услуги и системска резерва
ден/месец
8.091.318
Тарифен став за произведена топлинска енергија на регулиран производител
ден/kWh
1,7455
3. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување. 4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република
Македонија“, а ќе се применува од 1 август 2017 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, согласно член 21 од Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги („Службен весник на РМ“ бр.28/13, 32/15, 126/15 и 112/16), (во понатамошниот текст: Правилник), до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (во понатамошниот текст: Регулаторна комисија за енергетика) достави Барање за определување на максимален приход и цена за регулиран период бр.0302-701 од 30.05.2017 година, заверено во архивата на Регулаторна комисија за енергетика со УП1 бр. 08-74/17 од 31.05.2017 година.
ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје ја достави следната
документација: 1. Прилог 1 – Преглед на основни средства за остварување на регулирана дејност
производство на топлинска енергија; 2. Прилог 2а – Пондерирана просечна цена на капитал WACC за ПРОИЗВОДСТВО НА
ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје; 3. Прилог 2б – Просечни каматни стапки на долгорочни кредити одобрени на
претпријатијата во Р. Македонија; 4. Прилог 3 - Пресметка на трошокот за оперативни резерви; 5. Прилог 3а – Пресметка на трошок за оперативни резерви (ТО ИСТОК); 6. Прилог 3б – Пресметка на трошок за оперативни резерви (ТО ЗАПАД) и Пресметка на
просечна цена на мазут во 2016 година; 7. Прилог 4 - Табеларни прегледи на податоци потребни за регулирање на цена и
максимален приход; 8. Прилог 5 - Изјава за веродостојност на поднесените податоци од страна на
претпријатието; 9. Прилог 6 - Пресметка на категорија Бруто плати; 10. Прилог 6а - Список на вработени лица во претпријатието според платен список од
април 2017 година; 11. Прилог 6б – Список на менаџери во ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ
ДООЕЛ Скопје, според платен список од април 2017 година; 12. Прилог 7 - Пресметка на тарифни ставови за 2017 година; 13. Прилог 8 - Објаснување на доставените податоци; 14. Бруто биланс за периодот јануари - декември 2016 година; 15. Бруто биланс за периодот јануари - април 2017 година; 16. Годишна сметка за 2016 година; 17. Извештај од ревизијата на финансиските извештаи за 2016 година; 18. Одлука за поднесување барање до Регулаторната комисија за енергетика на
Република Македонија; 19. Тековна состојба на правното лице од единствен трговски регистар и регистар на други
правни лица ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје издадена од Централен Регистар на Република Македонија бр.0805-50/150120170031475 од 22.05.2017 година;
20. Изјава за основање на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје и
21. ЦД со податоци во електронска форма. Регулаторната комисија за енергетика, согласно член 23 од Правилникот на 17.06.2017
година го објави известувањето во врска со Барањето за определување на максимален приход и
цена за регулиран период на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика, како и во дневните весници „Вечер“ и „Коха“.
По објавеното известување, во рокот утврден во Известувањето, до Регулаторната комисија за енергетика не беа доставени мислења и предлози од страна на заинтересирани правни и физички лица. Врз основа на претходно наведеното, а во согласност со Правилникот, Регулаторната комисија за енергетика со Решение број 02-1315/1 од 26.07.2017 година свика подготвителна седница на 28.07.2017 година на која предмет на разгледување беше „Предлог-Одлука за утврдување на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија за 2017 година на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје. На 28.07.2017 година се одржа подготвителна седница. На подготвителната седница беа поканети: членовите на Регулаторната комисија за енергетика, претставници од ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, ТЕ-ТО АД Скопје, претставник од Кабинетот на Заменик Претседателот на Влада на РМ задолжен за економски прашања, претставник од АД ЕЛЕМ Скопје, претставник од АД ЕЛЕМ - Подружница Енергетика Скопје, претставник од Скопје Север АД Скопје, претставник од КОГЕЛ Стил ДОО Скопје, Градоначалник на Град Скопје, Градоначалник на Општина Гази Баба, Градоначалник на Општина Чаир, Градоначалник на Општина Бутел, претставник од Министерство за економија, претставник од Комисијата за заштита на конкуренција, претставник од Стопанска комора на Македонија, претставник од Сојуз на стопански комори на Македонија, претставник од Организција на потрошувачи на Македонија како и претставник од Советот за заштита на потрошувачите на РМ. На подготвителната седница покрај членовите на Регулаторната комисија за енергетика, присуствуваа претставници на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, ТЕ-ТО АД Скопје, претставник од Кабинетот на Заменик Претседателот на Влада на РМ задолжен за економски прашања, претставник од АД ЕЛЕМ - Подружница Енергетика Скопје, претставник од Скопје Север АД Скопје, претставник од Министерство за економија и претставник од Стопанската комора на Македонија.
Доставени податоци
ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје во барањето ги има
презентирано следните податоци:
единица мерка производство 2017
Регулиран максимален приход за 2017 година денари 941.385.552
Нормализирани трошоци денари 832.689.402
- Трошоци за материјали, енергија, резервни делови
денари 50.990.527
- Трошоци за тековно одржување денари 13.696.666
- Трошоци за осигурување денари 2.820.871
- Бруто плати денари 48.460.810
- Менаџерски плати и награди денари 16.870.236
- Други услуги денари 27.400.000
- Останати и вонредни трошоци денари 14.336.887
- Пренесени трошоци денари 1.174.903
Амортизација на ОС под закуп денари 53.486.826
Амортизација на сопствени ОС под закуп денари 1.299.839
Трошоци за гориво и набавка на топлинска енергија од нерегулиран производител
денари 656.938.502
Принос на сопствени средства денари 1.719.967
Принос на средства под закуп денари 28.264.655
Принос на капитал за оперативни резерви денари 10.150.557
Преостаната вредност на откажани основни средства под закуп
денари 635.537
Просечен RAB на основни средства под закуп денари 517.386.903
Просечен RAB на сопствени средства денари 31.484.138
Трошок за оперативни резерви денари 185.806.801
WACC % 5,46
Количина на топлинска енергија
kWh 413.015.000
Анализа на Регулаторна комисија за енергетика
Регулаторната комисија за енергетика во согласност со член 23, став 3 од Правилникот
отпочна постапка и изврши анализа на доставените податоци и информации за контрола на одобрениот приход и тарифа за 2016 година за ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје за вршење на регулираната дејност производство со топлинска енергија, како и одобрената тарифа со која се остварува регулираниот максимален приход за дејноста производство на топлинска енергија за 2017 година, врз основа на што ја изготви оваа Одлука.
При контрола на доставените податоци за 2016 година, Регулаторната комисија за
енергетика го утврди следното:
- Трошоците за материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар изнесуваат 50.336.157 денари;
- Трошоците за тековно одржување се пресметани на ниво на оствареното согласно бруто билансот за 2016 година и изнесуваат 6.359.491 денари;
- Трошоците за осигурување согласно бруто билансот изнесуваат 2.784.670 денари; - Трошоците за бруто плати за 2016 изнесуваат 45.680.267 денари; - Менаџерските плати и менаџерските награди за 15 менаџери изнесуваат 16.512.908 денари; - Другите услуги се пресметани според просечното учество во трошоците за материјали,
енергија, резервни делови и ситен инвентар и изнесуваат 9.530.683 денари; - Трошоците од категоријата останати и вонредни трошоци се пресметани во висина од 10%
од позициите 1, 2, 3, 4 и 6 и изнесуваат 11.469.127 денари; - Трошокот за амортизација за 2016 година изнесува 51.742.796 денари и - Пренесените трошоци се пресметани согласно остварените од бруто билансот и изнесуваат
2.933.960 денари. Трошокот за набавка на гориво за производство на топлинска енергија - природен гас за
2016 година изнесува 489.307.331 денари за произведена 318.946.600 kWh топлинска енергија. Прилог - Табела 4.
Позитивните курсни разлики за набавка на природен гас во 2016 година изнесуваат 3.877.396 денари и негативните курсни разлики за набавка на природен гас во 2016 изнесуваат 4.242.097 денари. Разликата од 364.701 денари помеѓу позитивните и негативните курсни разлики за
набавка на природен гас е земена во предвид при пресметката на факторот на корекција за 2016 година.
Приносот на средствата во 2016 година изнесува 2.222.813 денари за сопствените средства, и 34.918.594 денари за средствата под закуп.
Остварениот приход во 2016 година изнесува 875.394.737 денари, додека регулираниот максимален приход во 2016 година, повторно пресметан со признаени вредности наместо прогнозирани изнесува 730.400.864 денари.
Факторот на корекција (К) за ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ
Скопје во 2016 година изнесува 147.473.268 денари од кои 117.978.614 денари се вклучени во пресметката на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија за 2017 година, а остатокот од 29.494.654 денари ќе се земе во предвид при пресметката на факторот за корекција за 2017 година.
При анализа на доставените податоци во Барањето за определување на максимален приход
и цена за 2017 година, Регулаторната комисија за енергетика го утврди следното: Трошоците за материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар изнесуваат
50.990.527 денари и се пресметани во ист износ како во Барањето; Трошоците за тековно одржување се пресметани на ниво од 25% од амортизацијата и се во
ист износ како и во Барањето и изнесуваат 13.696.666 денари; Трошоците за осигурување изнесуваат 2.820.871 денари и се во ист износ како и во
Барањето; Трошоците за бруто плати се пресметани согласно методологијата, за 87 вработени, со
просечна бруто плата во РМ во првите три месеци од тековната година во износ од 33.103 денари, зголемена за 40% и изнесуваат 48.383.345 денари;
Вредноста на менаџерските плати и награди се прифатени согласно податоците од Барањето и истите изнесуваат 16.870.236 денари за 15 менаџери;
Другите услуги се пресметани според просечното учество во трошоците за материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар во периодот 2014-2016 година од 31,93% и изнесуваат 16.280.249 денари;
Трошоците од категоријата останати и вонредни трошоци се пресметани во висина од 10% од позициите 1, 2, 3, 4 и 6 и изнесуваат 13.217.166 денари;
Трошокот за амортизација за 2017 година изнесува 1.299.839 денари за средствата во сопственост на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје и 53.486.826 денари за средствата под закуп.
Пренесените трошоци во 2017 година се пресметани да изнесуваат 1.174.903 денари. Приносот на средства за 2017 година за средствата под закуп изнесува 32.325.857 денари и
приносот на сопствените средства изнесува 2.119.932 денари. Обртниот капитал за 2017 година е пресметан да изнесува 13.398.539 денари, односно 2%
од трошокот за гориво за 2017 година. При анализата на трошоците за гориво во период јануари – април 2017 година,
Регулаторната комисија за енергетика констатира дека ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје користеше само природен гас. Потрошената количина на природен гас за производство на топлинска енергија за греење во периодот јануари - април 2017 година, изнесува 20.380.005 nm³, со вкупна набавна вредност од 309.692.022 денари за произведени 194.729.600 kWh топлинска енергија.
При прогнозата на трошоците за гориво за период октомври – декември 2017 година,
Регулаторната комисија за енергетика предвиде дека ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје во грејниот период октомври – декември 2017 година ќе користи како погонско гориво само природен гас за производство на топлинска енергија за греење. Прогнозираната количина на природен гас која ќе се потроши во истиот период е пресметана да изнесува 24.627.406 nm³, при што прогнозираната цена за набавка на природниот гас е 14,6274 ден/nm³, односно прогнозираниот трошок за набавка на природниот гас изнесува 360.234.918 денари. Во грејниот период октомври – декември 2017 година се прогнозира да се произведе количина на топлинска енергија за греење во износ од 218.285.013 kWh.
Во 2017 година се предвидува да се произведе 413.014.613 kWh топлинска енергија, со 45.007.411 nm³ со вкупен трошок во износ од 669.926.940 денари.
Регулираниот максимален приход за 2017 година изнесува 935.991.895 денари за планирана
вкупна произведена количина на топлинска енергија во 2017 година од 413.014.613 kWh и истиот е намален за 117.978.614 денари, врз основа на К факторот за 2016 година и изнесува 818.013.281 денари.
Имајќи го во предвид напред наведеното, Регулаторната комисија за енергетика одлучи
како во диспозитивот на оваа Одлука. ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука, незадоволната страна, согласно член 31 од Законот за енергетика, може да изјави жалба до Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, преку Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на нејзиното објавување во Службен весник на Република Македонија. УП1 Бр.08-74/17 31.07.2017 година Скопје ПРЕТСЕДАТЕЛ Димитар Петров Прилози: - Табела 1 - Планирани трошоци и приход за 2017 година; - Табела 2 - Преглед на основни средства за вршење на регулирана дејност производство на топлинска енергија за 2017 година - сопствени средства; - Табела 3 - Преглед на основни средства за вршење на регулирана дејност производство на топлинска енергија за 2017 година - средства под закуп; - Табела 4 - Остварени количини на топлинска енергија и трошок за набавка на гориво во 2016
година и - Табела 5 - Остварени/планирани количини на топлинска енергија и трошок за набавка на гориво
4 Пресметана Т.Е. на праг на корисник kWh 181.881.633 82.882.071 34.321.024 18.307.567 317.392.295 24.729.521 71.082.681 96.278.609 192.090.811 509.483.107
5 Пресметана Т.Е. на влез во дистрибутивна мрежа kWh 206.683.674 94.184.171 39.001.164 20.804.054 360.673.063 28.101.729 80.775.774 109.407.510 218.285.013 578.958.076