Top Banner
« П1.6/17» 1 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСНОВНИОТ СУД ВЕЛЕС, како првостепен суд составен од судијата Лорета Тодорова како Претседател на советот и судиите поротници Маргарета Роман Тодорова и Татјана Најдовска, како членови на советот, во правната работа по тужба на тужителката Силвана Коцева од В. против тужената Сања Подлешка од В., за вознемирување на право на сопственост и надомест на материјална штета, вредност на спорот 46.220,00 денари, по одржаната усна, јавна и главна расправа на ден 06.09.2017 година, во присуство на тужителката лично со полномошник адвокат Милена Таневски од С. и тужената лично со полномошник адвокат Акија Мандак, на ден 14.09.2017 година ја донесе и јавно ја објави следната П Р Е С У Д А I Тужбеното барање на тужителката Силвана Коцева од В., СЕ УСВОЈУВА. СЕ УТВРДУВА дека тужената Сања Подлешка од В. извршила вознемирување на сопственоста на тужителката односно и го оневозможила правото на слободен пристап и користење на дворната површина, на начин што со безправно изградениот објект- кровната конструкција која тужената ја изградила непрописно и несоодветно, ја прилепила до куќата на тужителката, а градејќи го поранешниот стар чардак од куќата воздушно навлегла, односно стреата ја надвиснала над пролазот, површина дел од КП. бр .... сопственост на тужителката со следните мери и граници на надвиснувањето: -од исток до КП.бр .... во должина од 0.04м. (кровната конструкција зафатила дел од терасата на тужителката со ширина од 0,40м.) -од запад до КП.бр .... ул. во должина од 0,55 м. ( мерено од исток према запад, на растојание од 6.00м, кровната конструкција зафатила, односно надвиснала над дел од површината на КП бр .... во ширина од 0.30 м. мерено од исток према запад, на растојание од 2.88м., кровната конструкција зафатила односно надвиснала над дел од површината на КП.бр .... во ширина од 0.55м.) -од север до КП.бр .... , должината над надвиснатата површина на КП.бр .... е 2.88 м. во правец кон запад, 6.00м. во правец кон запад до КП..., 0.40м. -од југ до КП.бр .... должината на надвиснатата површина над КП ... е 2.88м. во правец кон запад, 6.00м., во правец кон запад до КП ..., 0.40м. Вкупна П= 4м.кв.(3.8 м.кв) со што извршила вознемирување на сопственоста на тужителката, ПА СЕ ЗАДОЛЖУВА тужената да престане со
26

во името на граѓаните на република македонија

Mar 18, 2023

Download

Documents

Khang Minh
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

1

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНИОТ СУД ВЕЛЕС, како првостепен суд составен од судијата Лорета Тодорова како Претседател на советот и судиите поротници Маргарета Роман Тодорова и Татјана Најдовска, како членови на советот, во правната работа по тужба на тужителката Силвана Коцева од В. против тужената Сања Подлешка од В., за вознемирување на право на сопственост и надомест на материјална штета, вредност на спорот 46.220,00 денари, по одржаната усна, јавна и главна расправа на ден 06.09.2017 година, во присуство на тужителката лично со полномошник адвокат Милена Таневски од С. и тужената лично со полномошник адвокат Акија Мандак, на ден 14.09.2017 година ја донесе и јавно ја објави следната

П Р Е С У Д А

I

Тужбеното барање на тужителката Силвана Коцева од В., СЕ УСВОЈУВА.

СЕ УТВРДУВА дека тужената Сања Подлешка од В. извршила вознемирување на сопственоста на тужителката односно и го оневозможила правото на слободен пристап и користење на дворната површина, на начин што со безправно изградениот објект- кровната конструкција која тужената ја изградила непрописно и несоодветно, ја прилепила до куќата на тужителката, а градејќи го поранешниот стар чардак од куќата воздушно навлегла, односно стреата ја надвиснала над пролазот, површина дел од КП. бр.... сопственост на тужителката со следните мери и граници на надвиснувањето:

-од исток до КП.бр.... во должина од 0.04м. (кровната конструкција зафатила дел од терасата на тужителката со ширина од 0,40м.)

-од запад до КП.бр.... ул. во должина од 0,55 м. ( мерено од исток према запад, на растојание од 6.00м, кровната конструкција зафатила, односно надвиснала над дел од површината на КП бр.... во ширина од 0.30 м. мерено од исток према запад, на растојание од 2.88м., кровната конструкција зафатила односно надвиснала над дел од површината на КП.бр.... во ширина од 0.55м.)

-од север до КП.бр...., должината над надвиснатата површина на КП.бр.... е 2.88 м. во правец кон запад, 6.00м. во правец кон запад до КП..., 0.40м.

-од југ до КП.бр.... должината на надвиснатата површина над КП ... е 2.88м. во правец кон запад, 6.00м., во правец кон запад до КП ..., 0.40м. Вкупна П= 4м.кв.(3.8 м.кв) со што извршила вознемирување на сопственоста на тужителката, ПА СЕ ЗАДОЛЖУВА тужената да престане со

Page 2: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

2

таквото вознемирување на сопственоста на тужителката и да се воздржи од понатамошно превземање на дејствија насочени кон попречување и вознемирување на правото на сопственост на недвижниот имот на тужителката, како и да ги отстрани причините за вознемирување на сопственоста- да го сруши безправно изградениот објект, односно да ја сруши и повлече кровната конструкција која е надвисната над недвижноста на тужителката и да стави соодветни олуци за прибирање на атмосферската вода, да направи соодветна хидроизолација со која ќе се заштитат дел од ѕидовите и темелите на куќата на тужителката односно да воспостави - создаде состојба пред вознемирувањето во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршнување.

II

СЕ УТВРДУВА дека тужената Сања Подлешка од В. со вознемирувањето на сопственоста на тужителката и причинила материјална штета во износ од 12.720,00 денари.

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужената Сања Подлешка од В. да и исплати на тужителката на име надомест на материјална штета сума во износ од 12.720,00 денари во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување.

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужената Сања Подлешка од В. да и ги надомести на тужителката трошоците по постапката во износ од 39.967,00 денари во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, а под страв на прислно извршување.

Барањето на тужителката да се задолжи тужената со трошоците по постапката во износ од 29.200,00 денари во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, СЕ ОДБИВА.

О б р а з л о ж е н и е

Тужителката Силвана Коцева од В. до овој суд поднесе тужба против тужената Сања Подлешка од В.,за вознемирување на право на сопственост и надомест на материјална штета, вредност на спорот 46.220,00 денари.

Во тужбата и на расправата пол. на тужителката наведе дека тужителката е сопственик на недвижен имот и тоа: КП.бр.... дел ... м.в. Ул. , култура дм, површина во м.кв. 79 , сопственост, КП.... дел ... м.в. Ул. , култура гз, зпз1, површина во м.кв. 14, сопственост, КП ... м.в. ул. , култура зпз1 површина во м.в. 58, сопственост, КП бр...., дел ...адреса ( ул. и куќен број на зграда) , бр. на зграда/ друг објект ..., нам. на зграда и други објекти ..., влез 1 , кат ПР, намена на посебен/ заеднички дел од зграда П, внатрешна површина во м.кв. 12, сопственост, КП.бр...., дел ... адреса ( улица и куќен број на зграда) број на зграда/ друг објект ..., нам . на згр. превземена при конверзија на податоците од стариот електронски систем ..., влез 1, кат пр. бр.1, намена на посебен/ заеднички дел од зграда СТ, внатрешна површина во м.кв. 16, сопственост, КП ..., дел ...,

Page 3: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

3

адреса ( улица и куќен број на зграда) , број на зграда/ друг објект ..., нам. на згр превземена при конверзија на податоците од стариот ел. систем..., влез 1, кат ПР, намена на посебен/ заеднички дел од зграда П, внатрешна површина во м.кв 25 , сопственост, КП ..., дел ..., адреса ( улица и куќен број на зграда) , број на зграда/ друг објект ..., нам. на згр превземена при конверзија на податоците од стариот ел. систем.., влез 2, кат 1 бр...., намена на посебен/ заеднички дел од зграда СТ, внатрешна површина во м.кв 56 , сопственост, сето заведено во ИЛ.бр....за КО В.. Во почетокот на месец Ноември 2016 год. тужената започнала со градежни активности на нејзината недвижност во која живее со семејството, а која е сосетка и се граничи со недвижноста на тужителката со кои градежни активности и градеж навлегла воздушно во дворот на тужителката, па од страна на тужителката веднаш било интервенирано со пријава до г. и. с. во О. В. од каде излегле на увид на лице место на ден 11.11.2016 год., составиле записник и донеле решение ИП....бр.... од 17.11.2016 год. со кое е утврдено дека станува збор за дивоградба и на тужената и било наложено да го врати реконструираниот кров во првобитна состојба, а за ова тужителката била известена од страна на О. В. со допис- известување од 18.11.2016 год., меѓутоа и покрај така донесеното решение тужената продолжила со градежните активности на безправниот изграден објект и со таквите дејствија тужената ја вознемирувала сопственоста на тужителката на начин што со кровната конструкција која тужената ја изградила непрописно и несоодветно ја прилепила до куќата на тужителката. Тужената со изградената стреа имала навлезено во парцелата на тужителката односно дворното место приближно 40 см. Стреите кои тужената ги поставила немале поставени соодветни олуци со кои ќе ја прибира атмосферската вода од дождовите, па целата вода се слевала во дворот на тужителката. Со реконструкцијата и прилепувањето на надградбата на куќата тужителката трпела штета и и била појавена влага во приземјето, а со градежните активности тужената го имала поткопано и надворешниот ѕид од што се имало појавено влага во просториите, па со вадењето на камењата на цоклето на куќата на тужителката имало настанато и штета проценета во износ од 6.220,00 денари која што не била целосно утврдена од причина што пристапот до надворешниот ѕид на недвижноста на тужителката кој бил поткопан и од кој била појавена штета во просториите бил недостапен за проценка. Сето ова било поткрепено со вешт наод и мислење како и со проценка од страна на вешто лице дипл. градежен инжињер. Дека тужената со бесправно изградената градба ја вознемирила сопственоста на тужителката се потврдило и од вештиот наод и мислење од вештото лице геодет кој утврдил дека освен тоа што била вознемирена сопственоста на тужителката, тужителката била доведена до опасност и од идна штета со изградбата на кровните конструкции затоа што атмосферската вода ќе ги навлажнува и ѕидовите на куќата на тужителката и истиот констатирал дека и во моментот на вршењето на вештачењето во просториите на приземјето се чувствувала влага, а опасност од идна штета постоело и со вадењето на камењата од цоклето на куќата на тужителката од страна на тужената, па како тужената со превземените градежни активности и со безправно изградениот објект ја вознемирила сопственоста на тужителката и и причинила штета, а постоело и опасност од идна штета, тужителката била принудена да ја поднесе предметната тужба. Предложи тужбеното барање прецизирано

Page 4: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

4

со писмен поднесок од 03.03.2017 год. да биде усвоено во целост од причина што од изведените докази во текот на постапката се докажала основаноста на тужбеното барање и предложи судот при одлучувањето да не ги земе во предвид исказите на сведоците предложени од тужената и тоа Р. И. чиј што исказ бил неконструктивен, не соодветен, нејасен и пред се и над се некултурен и некоректен за пред суд, а исто така и сведокот на тужената Т.Н. кој бил м. ѕ. по предочените фотографии од страна на пол. на тужителката потврдил дека постоел плех кој претставувал олук и истиот кажал дека не постоело куќа без олук и предложи судот овој исказ да го земе во предвид. Исто така од сослушувањето на вештите лица на рочиштето за главна расправа одржано од 10.07.2017 год. вештото лице В.С. останал во целост кон дадениот наод и мислење со дополување дека покривот на тужената надвиснува над дворот на тужителката околу 40 см. и дека немало поставено олуци така што целата атмосферска вода се слевала во дворот на тужителката, а била направена несоодветна хидроизолација и заштита на делот од ѕидовите и темелите на куќата на тужителката и била утврдена дупка односно недостаток на камен кој се наоѓал во делот на приземната плоча, каменот не бил на лице место, а доколку дупката не се санирала соодветно се доведувала во прашање и стабилноста на самата куќа на тужителката, вештакот истакнал и факт кој не можел да се занемари, а тоа било доколку се превземале ваков тип на градежни активности во случајов било градба од втора категорија тоа значело дека се менува дозволата за градба од соодветен орган бидејќи се менувала фасадата на градбата и функционалната целина на самата градба, а вештото лице Т. Л.нагласил дека кровот кој го изградила тужената или кој по нејзин налог бил изграден бил надвиснат над влезот односно дворната површина на тужителката и од распитот на тужителката како странка било појаснето дека е извршено вознемирување на правото на сопственост на начин опишан во самата тужба и и бил оневозможен пристап и минење низ дворното место додека по налог на тужената се градело и градежните материјали биле оставени во нејзиното дворно место без согласност. Предложи судот при одлучувањето да не го зеде во предвид исказот на тужената од причини што истиот бил даден неконструктивно и невистинито што се потврдувало со фактот дека најпрвин тужената истакнала дека се консултирале со лица градежници од С. околу изградбата на кровот, а се демантирала самата со фактот дека овие лица градежници не им дале никаква скица по која би се раководеле при изградбата на кровот, а уште повеќе што во исказот на нејзиниот сопруг Р.П. на истото прашање поставено од страна на пол. на тужителката одговорил дека не се консултирале со лица градежници околу изградбата на кровот, а вториот факт поради кој предлага овој исказ на тужителката да не се земе во предвид се однесувал во делот на исказот каде што тужената тврдела дека постоеле 2 или 3 реда нови керамиди кои надвиснувале над дворното место на тужителката, а сведокот Р. П. сопругот на тужителката со други мајстори наводно ги извадиле, а од приложените фотографии јасно се гледало дека кровот на старата куќа бил толку стар и искршен што било невозможно било кој човек да се качи освен ако не лебди без да пропадне кровот и така прецизно да ги извади трите реда нови керамиди, па предложи тужбеното барање да биде усвоено во целост. Предложи да се читаат исказите на сослушаните сведоци и вештите лица. Побара трошоци.

Page 5: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

5

Во писмениот одговор на тужба од 01.03.2017 година и на расправата пол. на тужената наведе дека тужбеното барање било неосновано и неосновани биле наводите во тужбата дека тужената без соодветна градежна дозвола превземала градежни дејствија реконстукција на кров со која навлегла во дворното место на тужителката од причина што тужената воопшто не преввземала градежни активности реконструкција на кровот на куќата ,туку санација на кров т.е. замена на кровна покривка за кое и не била потребна посебна дозвола, а замената на кровната покривка била направена од причина што постоечката била изградена од стара и дотраена турска керамида, а сега била заменета со шиндра како современ материјал и од приложените фотографии доставени со одговорот на тужба по извршената санација јасно се гледало дека габаритно ништо се немало променето и дека состојбата била иста во поглед на габаритноста пред санацијата со состојбата по извршената санација и се работело за стара дотраена куќа изградена од субстандардни материјали, неподобна за живеење и опасност за околината која била поделена помеѓу тужителката и тужената, без поставени олуци и во делот кој го имала во сопственост тужителката и во делот на тужената никогаш немал. Во врска со делот на барањето за надоместок на материјална штета и тоа тужбено барање било неосновано од причина што тужителката немала доставено никакви докази дека поради тужената превземала некакви градежни дејствија и била изложена на трошоци кои како штета ги побарувала со тужбата, па предложи судот да го одбие тужбеното барање на тужителката од причина што во тужбата воопшто не било наведено, ниту биле предложени докази со кои ќе се утврди дека тужената на тужителката и го оневозможила правото на слободен пристап и користење на дворното место, а судот на лице место можел да се увери дека пристапот бил слободен и тужителката слободно си поминувала и никогаш, никаде и од никого не побарала да и биде ослободен слободен премин низ нејзиното дворно место бидејќи и не и бил затворен и немало барање кои дејствија треба да ги превземе тужената и што треба да одстрани за да се ослободи преминот на дворното место на тужителката кој не бил загрозен. Кога тужената ја купила куќата кровот бил пропаднат тоа било руина и нормално дека тужената морала да го санира бидејќи дозвола за реконструкција на објекти од таков карактер не можело да се бара, ниту пак да се добие, тој објект бил во распаѓање и можело само да се изврши санација и привремено да се оспособи и да се доведе објектот некако да се живее, па затоа тужената пристапила кон санација на кровот, ги отстранила искршените греди и турските керамиди, поставила кров од шиндра, меѓутоа без да се промени габаритот на кровот од таков како што го затекнала, а сите објекти со турски керамиди немале олуци и таков бил и овој објект, меѓутоа не значело дека и не треба да ги има, па за таа цел пред поднесување на тужбата тужената набавила олуци со цел да ги постави околу објектот и да го обезбеди објектот пред се за себе и за соседите, меѓутоа била спречена токму од тужителката која и сега не давала согласност. Потоа во тужбата се барало да се постават овие олуци, па како судот ќе ја задолжел тужената да ги постави олуците кога тужителката не дозволувала и единствено што можело да се направи било тужената со посебна тужба да бара судот да и дозволи влегување во дворното место на тужителката бидејќи само оттаму можеле да се постават олуците. Од приложените фотографии од тужената се гледало дека покрај стари турски

Page 6: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

6

керамиди поставени биле и на завршетокот обични керамиди и на фотографијата се гледала мала количина на лим кој што служел само како потпора, односно поддршка на керамидите и на фотографијата многу јасно се гледало дека биле изретчени керамидите односно дека имало една керамида, па 3-4 ги немало и претставувало опасност и затоа морале да бидат извадени на начин што го опишал сведокот Р. П. кога бил судот на лице место. По однос на појавената влага во една од собите на тужителката, тужителката кажала дека во 2016 година се појавила влага во месец Мај , а тужената куќата ја купила во Јуни 2016 година што значи дека не можело за толку кратко време да се појави влага ако претходно не постоела затоа што за појавување на таква влага бил потребен долг период, а вештото лице во наодот не бил дециден и не тврдел дека влагата како причина произлегувала од објектот на тужената. Таа соба каде се појавувала влагата била на повисоко ниво од објектот на тужената и не можело да биде причина од објектот на тужената, а одронот кој што се појавувал во објектот на тужителката се работело за руиниран објект во кој можело да се појават такви работи, а тужената за да се заштити себе си го заштитила и објектот на тужителката.Во врска со тужбеното барање за надомест на материјална штета предложи исто така да биде одбиено од причина што тужителката пред да поднесе тужба се немала обратено најпрво до тужената, да побара да изврши санација доколку е можно, па потоа ако тужителката одбие да ја изврши таа санација од тужителката да побара да и ги надомести трошоците, меѓутоа тужителката ништо од тоа немала направено, ниту поднела било какви докази за извршената санација за плаќање мајстори , за извршени набавки и материјали, ниту со тужбата се барало тужената да ја изврши санацијата туку директно со паушални наводи се барал некаков паричен надомест. Во врска со наодот од вештото лице градежен инжињер приговори на неговиот наод затоа што вршел споредба на состојбата на објектот пред да се изврши санација и по извршената санација, а тој бил присутен по извршената санација и не можел да знае каква била последната состојба за да врши споредби што било крајно нестручно и непрофесионално од вештото лице. Предложи да се читаат искзите на сослушаните сведоци и вешти лица. Побара троишоци.

Имајќи ги во предвид наводите во тужбата и одговор на тужба, како и од изведените докази и тоа: ИЛ.бр.... за КО В. препис од А. н. РМ б.р... од 31.01.2017 год., ИЛ.бр.... за КО В. препис бр. ... од 30.01.2017 год. од А. н. РМ, геодетски елаборат од извршено вештачење од вешто лице доцент др. Т. Л., известување од О. В. ИП....бр.... од 18.11.2016 год. упатено до тужителката, вешт наод од вешто лице В.С. дипл. градежн инж. , 14 фотографии, дополнителен вешт наод од вешто лице В. С. дипл. градежен инж. со 4 фотографии, решение ИП...бр....од Д. К. з. о. в. в. с. в. о. н. и. н. и п. п. од 23.02.2017 год., запсик за увид на лице место од 27.04.2017 год. , исказите на сведоците Р. П., К. Г. , Р. И.и Н. Т. сите на записник од 22.05.2017 год., 14 фотографии, исказот на вештото лице В. С. на записник од 10.07.2017 год. и вештакот Т. Л. на истиот записник како и од распитот на тужителката и тужената како странки, судот по свое убедување врз основа на совесна и грижлива оцена на секој доказ посебно и на сите докази заедно, како и врз основа на резултатите на целокупната постапка во смисла на чл.7 и 8 од ЗПП ја утврди следната фактичка состојба:

Тужителката е сопственик на недвижниот имот што се води на ИЛ

Page 7: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

7

бр.... за КО В. на ул. и тоа КП.бр.... дел .. м.в. Ул. , култура дм, површина во м.кв. 79 , сопственост, КП.... дел ... м.в. Ул. , култура гз, зпз1, површина во м.кв. 14, сопственост, КП .. м.в. ул. , култура зпз1 површина во м.в. 58, сопственост, КП бр...., дел... адреса ( ул. и куќен број на зграда) , бр. на зграда/ друг објект 1, нам. на зграда и други објекти ..., влез 1 , кат ПР, намена на посебен/ заеднички дел од зграда П, внатрешна површина во м.кв. 12, сопственост, КП.бр...., дел ... адреса ( улица и куќен број на зграда) број на зграда/ друг објект 1, нам. на згр. превземена при конверзија на податоците од стариот електронски систем ..., влез 1, кат пр. бр...., намена на посебен/ заеднички дел од зграда СТ, внатрешна површина во м.кв. 16, сопственост, КП ..., дел ..., адреса ( улица и куќен број на зграда) , број на зграда/ друг објект .., нам. на згр превземена при конверзија на податоците од стариот ел. систем .., влез 1, кат ПР, намена на посебен/ заеднички дел од зграда П, внатрешна површина во м.кв 25 , сопственост, КП ..., дел .., адреса ( улица и куќен број на зграда) , број на зграда/ друг објект 1, нам. на згр превземена при конверзија на податоците од стариот ел. систем .., влез 2, кат 1 бр..., намена на посебен/ заеднички дел од зграда СТ, внатрешна површина во м.кв 56 , сопственост, а тужената е сопственик на недвижноста што се води на ИЛ.бр.... за КО В. на ул. во В..

Според наод и мислење од вешто лице Доц. Др. Т. Л. дипломиран геодетски инжињер од Д.Г. Г. ДООЕЛ К. од извршената иднетификација увид и премерување на лице место дошол до заклучок дека влезот од улицата кон куќата и дворот на тужителката е преку површината дел од КП.бр.... кој е во нејзина сопственост и во предметниот влез се влегува во семејната куќа која се наоѓа на КП .... Тужената вршејќи градежни работи без одобрение за градба, кое што се потврдувало од известување ИП... бр. ... од 18.11.2016 год. издадени од О. В. во периодот откако започнала со градба до денес ја вознемирувала сопственоста на тужителката врз нејзините недвижности КП.бр. ... и КП.бр..... Тужената градејќи го поранешниот стар чардак од куќата како и реконструирајќи го кровот на куќата со кровната конструкција воздушно навлегла односно стреата ја надвиснала над пролазот во површина дел од КП ... сопственост на тужителката со следните мери и граници на надвиснатата површина дел од ... и тоа: од исток до КП.бр.... во должина од 0.04м. (кровната конструкција зафатила дел од терасата на тужителката со ширина од 0,40м.), од запад до КП.бр....ул. во должина од 0,55 м. ( мерено од исток према запад, на растојание од 6.00м, кровната конструкција зафатила, односно надвиснала над дел од површината на КП бр.... во ширина од 0.30 м. мерено од исток према запад, на растојание од 2.88м., кровната конструкција зафатила односно надвиснала над дел од површината на КП.бр.... во ширина од 0.55м.), од север до КП.бр...., должината над надвиснатата површина на КП.бр.... е 2.88 м. во правец кон запад, 6.00м. во правец кон запад до КП ..., 0.40м. , од југ до КП.бр.... должината на надвиснатата површина над КП ... е 2.88м. во правец кон запад, 6.00м., во правец кон запад до КП ..., 0.40м. Вкупна П= 4м.кв.(3.8 м.кв). На површината од околу 4 м.кв. била вознемирена сопственоста на тужителката. Носителот на правото на сопственост на КП ... како и КП ... на тужителката покрај тоа што и било оневозможено правото на слободен пристап и користење на дворната површина била доведена во опасност од идна штета со изградбата на кровните конструкции на зградата на тужената затоа што водата од кровната конструкција ќе ги овлажнува

Page 8: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

8

ѕидовите од куќата на тужителката и во просториите на приземјето и сега била видлива влага. Исто така опасност од идна штета постоела и со вадењето на камењата од цоклето на куќата на тужителката од страна на тужената или по налог од нејзина страна.

Во прилог на тужбата беше доставено и вештачење од вешто лице В. С. дипломиран градежен инжињер според кое тужената имала извршено градежни дејствија на реконструкција и надградба на куќата без соодветна документација и согласност од страна на тужителката. Кровната конструкција која тужената ја изградила непрописно и не соодветно ја прилепила до куќата на тужителката. Исто така на стреите немала изведено олуци со кои ќе се прибирала и одведувала атмосферската вода од дождовите и целата вода ќе се слевала во дворот на тужителката. Тужената ја изградила стреата така што имала навлезено во парцелата на тужителката односно довнрното место приближно 40 см. Со реконструкцијата и прилепувањето на надградбата на куќата тужителката трпела штета со што и се јавувала влага во приземјето и потребно било на тој дел од куќата да се направи соодветна хидроизолација со која ќе се заштитат дел од ѕидовите и темелите на куќата на тужителката. Доколку не се изведеле соодветни одлуци кои ќе ја зафаќаат атмосферската вода и не се направела соодоветна хидроизолација можно било тужителката да трпи и идна штета, а за да се санира штетата потребно било да се отстранат оштетените делови, шутот да се исфрли на депонија и да се обноват деловите на оштетените простории. Според ова вешто лице за да се отстранат последиците настанати од влагата во оштетените простории било потребно отстранување на малтерот од ѕидовите на кујната кои биле оштетени, утовар, транспорт и исфрлање на градежен шут, малтерисување на ѕидовите каде што бил одстранет малтерот, молерисување со поликолор во кујната и вредноста на целокупната причинета штета од навлегувањето на влага во приземјето на тужителката изнесувало 6.220,00 денари, а според дополнителниот наод и мислење од вештото лице В.С. приложено со писмениот поднесок со прецизирање на тужбено барање од 03.03.2017 год. од извршениот увид на лице место на недвижниот имот на ден 20.02.2017 год. и 25.02.2017 год. во присуство на тужената и нејзиниот сопруг му бил дозволен пристап од нејзиниот имот и извршил увид на лице место при што констатирал дека со реконструкцијата и прилепувањето на надградбата на куќата тужителката трпела штета со што и се јавувала влага во призмјето, па потребно било на тој дел од куќата да се направи соодветна хидроизолација со која ќе се заштителе дел од ѕидовите и куќата на тужителката и доколку не се изведеле соодветни олуци кои ќе ја зафаќале атмосферската вода и не се направело соодветна хироизолација можно било тужителката да трпи идна штета, исто така доколку не била санирана дупката под плочата од приземјето и доколку се оставела да стои во сегашната состојба постоела опасност да се прошири и во зависност од големината на дупката да се доведе во прашање и нејзината стабилност, а за да се отстранат последиците настанати во висечките и помошните елементи од кујната изработени од иверицата потребно било да се изврши демонтажа, замена на оштетените делови и монтажа која чинела 3.500,00 денари, потребно било да се исполни и заѕида дупката за да не дојде до дополнително обрушување на камењата од исполната под приземната плоча на куќата на тужителката и транспорт на камен материјал, отстранување на нестабилните камења од

Page 9: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

9

исполната, затворање на дупката со камена ѕидарија во цементен малтер чинело 3.000,00 денари, па вредноста на целокупните трошоци изнесувала 6.500,00 денари и тие цени на чинење кои биле земени во пресметките како работна рака и материјал биле со нивната моментална пазарна вредност без ДДВ.

Според појаснувањето на вештачењето од вешто лице В. С. дипл. градежен инжињер наведе дека при изготвувањето на вештачењето била констатирана состојба и тоа: покривот на тужената бил направен од дрвена кровна конструкција и кровен покривач од шиндра и на јужната страна покровот надвиснувал над дворот на тужителката околу 40 см. и на покривот на двете страни немало изведени олуци така што водата од покривот на тужената при врнежи целата се слевала во дворот на тужителката. Кровната конструкција која тужената ја изградила била прилепена до куќата на тужителката и на стреите немала изведено олуци со кои ќе ја прибира и одведува атмосферската вода од дождовите, па целата вода се сливала во дворот на тужителката. Ова вешто лице појасни дека со прилепување на надградбата на куќата на тужената и со реконструкција на кровот била направена несоодветна хидроизолација и заштита на делот од ѕидовите и темелите на куќата на тужителката, а по однос на исполната од камен односно на влагата што се јавувала кај тужителката, во исполната од камен која се наоѓала под приземната плоча на тужителката на дополнителниот увид што го направил на 25.02.2017 год. во присуство на тужената и нејзиниот сопруг била утврдена дупка односно недостаток од каменот што се наоѓал под приземната плоча и кој камен не бил на лице место, а доколку таа дупка не се санирала бидејќи се гледало дека насипот односно исполната била растресита и веќе почнувала да се одронува и била доведена во прашање стабилноста на самата куќа, па за да се санира таа дупка било потребно да се извадат и да се отстранат камењата односно материјалот кој веќе со претходното одстранување бил лабав односно растресит, затворање на дупката со камена ѕидарија со соодветен цементен малтер и бетон со соодветна носивост така што не било доволно само да се замалтари, па поради ново настанатата ситуација со кровната конструкција и со дотокот на атмосфески води помеѓу куќите дупката била подложна на атмосферски води така што можно било да се јави и дополнителна влага во куќата на тужителката и ова вешто лице појасни дека постоела причинско последична врска помеѓу влагата во просторијата од приземјето од куќата на тужителката со дупката која се наоѓала под куќата на тужителката и истиот по предочувањето на фотографијата доставена со вештачењето и на рочиштето за главна расправа од 22.05.2017 год. од страна на пол. на тужителот ова вешто лице наведе дека тој лично не ја затекнал таквата состојба при вештачењето затоа што таа била стара фотографија, но на фотографијата се гледало како да е изведен олук, но не бил сигурен. Според појаснувањето на ова вешто лице доколку се превземал таков тип на градежни дејствија во случајов градба од втора категорија требало да има дозвола за градба од соодветен орган бидејќи се менувала фасадата на градбата и функционалната целина на самата градба, а тој лично пред санацијата го немал видено објектот на тужителката како изгледал и вештачењето му било изготвено на 23.12.2016 год. кога му бил направен и увидот. Според појаснувањето на вештото лице објектот на тужителката бил објект изграден од стандардни градежни материјали,додека

Page 10: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

10

објекот на тужената во фаза на реконструкцијата за време на увидот констатирал дека дел од позициите биле изработени од стандарден градежен материјал, а останатиот дел бил останат од претходната куќа и бил субстандарден материјал- плитар. Поради конфигурацијата на теренот и распоредот на куќите и дворовите куќата на тужената била на пониска кота од куќата на тужителката и при вештачењето констатирал дека тужената со санацијата на кровот навлегла 40 см. во дворното место на тужителката, а тоа го констатирал од вештачењето на вештото лице Т. Л. и според појаснувањето на вештото лице во моментот на увидот немало превземено дејствија од страна на тужителката за санирање на влагата и отстранување на штетата. Вештото лице во појаснувањето по однос на прашањето на пол. на тужителката околу дупката која што била појавена дали таквите камења и таквата конструкција и градба можеле да се одронат сами или било потребно човечка рака да ги извади, вештакот појасни дека состојбата со дупката или како што ја нарекува исполната во моментот на увидот биле отстранети сите камења и влагата допринела за обрушување на камењата од исполната, а дел од нив биле отстранети и според вештото лице камењата од исполната дел биле обрушени, а дел извадени од човечка рака, кој тоа го сторил не му било познато.

Според појаснувањето на вештачењето од страна на вештото лице Доц. Др.дипломиран геодетски инжинер Т. Л.појасни дека за време на увидот и премерувањето на лице место во куќата на тужителката и во дворното место на тужителката кој што ги идентификувал како КП ... и КП ... на ул. во В. приоѓајќи од улицата кон влезот на семејната зграда веднаш било уочливо дека кровот кој што го изградила тужената или кој по нејзин налог се градел без градежно техничка документација бил надвиснат над влезот односно дворната површина на тужителката и од направениот увид на околните парцели како и на парцелата на тужената биле воочливи фактите кој што ги опишал во вештиот наод како и елементите за вознемирување на сопственоста, за кои се произнело вештото лице од областа на урбанизмот и градежништвото и вештото лице појасни дека пред да пристапи кон изготвување на вештиот наод, тужената не била известена од негова страна затоа што немало потреба да се влегува во нејзината дворна површина и не влегувал кај тужената, а визуелната претстава била створена од јавната површина од улицата како и од семејната куќа и дворот на тужителката и вештото лице појасни дека тој како вешто лице мерењата за надвиснатоста на кровот од куќата на тужената над влезот и дворната површина од куќата на тужителката ги извршил фронтално, а за надвиснатоста на кровот користел вертикали или како што е познато “под висок“ со тоа што високот не бил поставен на кровот туку била определена вертикала односно на постојните ѕидови, а за источниот дел од кровот на куќата на тужената или како што бил викан чардакот мерењето било извршено од куќата на тужената и во моментот кога го вршел мерењето била поставена шиндра на кровот на куќата на тужената што било констатирано и на фотографиите и појасни дека мерењето го вршел со ласерски инструмент производ на познатата фирма В. од Ш..

Во текот на постапката на предог на тужената беа повикани и сослушани сведоците Р. П., Р. И., К. Г. и Н. Т..

Сведокот К. Г. во својот исказ наведе дека дека тој бил израснат во куќата на тужителката затоа што неговите родители ја продале куќата на

Page 11: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

11

тужителката пред околу 5 години и со претходниот сопственик на куќата на сега тужената кој сега бил починат, а се викал К.биле цело време во кавга затоа што неговата стреа била испуштена трисетина сантиметри и не можеле да поминуваат во нивниот довр кога врнело дожд, а тој не сакал да стави олук за одведување на атмосферската вода, и нив им течела атмосферска вода во дворот и не можеле да поминат низ дворот. Во Јуни-Јули 2016 год. овој сведок бил повикан од сопругот на тужената затоа што овој сведок кој бил дипломиран економист 9 години работел во Г. Б. на работно место г. бидејќи имал завршено средо училиште Г. и оттаму имал познавање, па од тие причини бил повикан од сопругот на тужената кој што сакал да стави шиндра на кровот од куќата што ја купил од К. и го прашал овој сведок за висината на кровот до каде да била, па утврдиле дека може да оди пониско односно да се симне кровот пониско поради полнетиците на старите турски керамиди и затоа сега имало поставено шиндра и според исказот на овој сведок со санација на кровот и чардакот не била променета габаритноста на куќата на тужената, а тоа му било познато затоа што пред два месеци отишол во куќата на тужената и утврдил дека немало ништо ставано надворешно на ѕидот и сите дејствија биле превземени на постоечкиот ѕид и појасни дека немало олук на куќата на тужената туку имало поставени турски керамиди и според овој сведок тоа претставувало држач на керамидите. Според исказот на овој сведок во собите од приземјето во куќата што и ја продале на тужителката претходно имало влага бидејќи имало земја и ѕидовите од куќата биле дебели 70-80 см. и од самата почва влечела нагоре влагата, но по реконструкцијата која што ја направил неговиот татко пред околу 16 години во нивната куќа неможел да каже дали имало влага затоа што тој потоа се исселил од куќата на татко му, а неговите родители изнеле околу 20 трактори земја и имало мувла и многу мирисало на влага. По предочувањето на фотографија на сведокот со дупката под куќата на тужителката, сведокот наведе дека тоа бил тој сокак за кој што цело време се расправале со стариот сосед К. за да го расчисти тој сокак, а дали во тој сокак имало темели од нивната куќа сега куќа на тужителката или темели од куќата на К., а сега на тужената не можел да каже затоа што тоа биле стари куќи копи биле градени во 1800 и некоја година.

Сведокот Р. П. сопруг на тужената во својот исказ наведе дека во летото 2016 год. тој и тужената ја купиле куќата во која што живеле и ден денес и која била во фаза на реновирање и биле непосредни соседи со куќата на тужителката, а во еден дел нивната куќа и куќата на тужителката биле залепени и според исказот на овој сведок уште пред да го прави покривот кој бил скршен и течела вода односно гредите на покривот биле скршени и тој морал да ги смени гредите и керамидите, па наместо керамиди на покровот ставил шиндра и кога бил стариот покрив се качил на стариот покрив од куќата и се мислел која соба прво да ја заштити затоа што собата горе била на комшијата од кого што ја купиле куќата, а собата доле била нивна и во неа живееле со тужената и тие 7 години оделе во О. и се жалеле затоа што покривот од комшијата од кого што ја купиле куќата течел, но не наишле на разбирање од комшијата, па затоа ја купиле таа соба од комшијата за да може да се заштитат од влага. Покривот бил залепен отсекогаш до куќата на тужителката и уште пред да ја купат куќата тој ставал плехови за да се заштити од атмосферската вода и тие плехови ги ставал помеѓу неговата куќа и куќата на тужителката кои што биле мали

Page 12: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

12

свиткани плехови за да не можела да оди водата, ни накај нивната куќа, ни накај куќата на тужителката, туку да се слива како олук. Чардакот што претходно постоел сега била тераса во нивната куќа и водата од чардакот никогаш не течела во дворот на тужителката, туку секогаш на улица и пак течела на улица и сега пак си течел на улица. По однос на ѕидот зошто бил ѕидан оддоздола, тоа било затоа што тоа бил негов ѕид кој бил од плитар, цигли и греди и уште стоеле греди и цигли на ѕидот и ги оставил затоа што не дошло ред да ги ѕида и од причини што по скалите десно во нивната куќа уште пред да ја купат кога врнело дожд под терасата идела водата и влегувала доле под собата кај нив, па тој земал и го искршил циментото за да тече атмосферската вода во каналот во браздата кај него и тој за да ја спречи таа вода да не му тече земја и кал и да не му иде во соба го изѕидал ѕитчето и терасата ја кренал повисоко и сега водата си течела во браздата, а влагата во кујната на тужителката не била од нивната куќа затоа што од неговата куќа не одела ниедна вода во куќата на тужителката. Според овој сведок старите ѕидови од куќата што ја купил си стоеле од десната страна од влезот на куќата на тужителката кој што ѕидови биле стари, а внатрешно во неговата куќа и соба горе на спратот ставил уште еден ред цигли за да ги исправи ѕидовите кои биле криви. Темелите на неговата куќа не биле срушени и тие си стоеле и тој не фаќал ништо во темелите од куќата освен на чардакот и кога го бутнал чардакот тужителката се жалела дека паѓаат керамиди, но тогаш куќата не била негова туку била на претходните газди. Според овој сведок висината на кровот била смалена за 30-40 см. ,а чардакот бил ист и немал никаква промена, а за превземените градежни дејствија немал градежна дозвола затоа што тој вршел санација, а за тоа не се издавало дозвола и немал проект затоа што според него немало потреба да прави проект бидејќи не рушел ништо и сметал дека се сработил квалитетно без да настане штета на околните куќи. Според исказот на овој сведок кога тој ги вадел турските керамиди тие паѓале во дворот на тужителката и со градењето на кровот- поправката на кровот не ја сменил кровната конструкција. Според овој сведок ѕидот бил на тужителката кој што продолжувал по неговите скали и таму не постоела дупка и тужителката требало да си го заштити тој ѕид, па сведокот потоа да си стави негово ѕитче, но од причина што тужителката тоа не го сторила морал да го стори тоа лично тој и да си стави негово ѕитче и тоа го направил за да не му иде вода и земја, а потоа во својот исказ наведе дека на тоа место немало дупка, туку тоа место било за шут и земја и камењата биле ставени под куќата и таму немало ништо да се санира и немало темели, а дупка имало, а сега повеќе немало затоа што лично тој изѕидал ѕид и ја скрил дупката. Според овој сведок лично тој ја известил тужителката и и кажал дека таму немало темел на куќата, туку имало носач и и кажал дека тоа него му правело штета и камењата што паѓале биле таму и ако требало ќе и ги дал камењата за да потоа наведе дека таму повеќе не паѓале камења и дека тој тоа го направил сам. Овој сведок во својот исказ наведе дека покривот од куќата на тужената бил направен во Ноември - Декември 2016 год, а ѕидовите биле изѕидани во текот на месец Мај 2017 година и според овој сведок кровот на тужената бил на три води и појасни дека во последните денови пред давањето на исказот во текот на овој спор истиот вршел градежни активности на кровот односно ги исекол штиците што му штрчеле од покривот и од првобитната стреа и ги исекол во првобитна состојба.

Page 13: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

13

Според исказот на сведокот Р.И. тој бил непосреден сосед со тужителката и тужената и познато му било дека сопругот на тужената превземал градежни дејствија за санација на куќата со тоа што претходно имало на кровот поставено турски керамиди, а сопругот на тужената ставил шиндра, чардакот си постоел, но сопругот на тужената ги вадел скапаните греди и ставал нови и според овој сведок габаритноста на кровот била во висина намалена затоа што керамидата била со дебелеина од 12 см., а шиндрата била пластика и била танка и според овој сведок санацијата на кровот сметал дека е работа внатре во куќата, а не надворешна работа и спорниот кров според него бил на три води и во ниедна стара куќа немало олук, па немала олук ни куќата на тужената, а сега според законот требало да имаат олуци.

Сведокот Н. Т. во својот исказ наведе дека неговиот чичко О. живеел спротив куќите на тужителката и тужената и тој често доаѓал кај неговиот чичко О., а и сега доаѓал кај неговите внуци К., С. и А. кои биле браќа и имале продавница, па сопругот на тужената го викнал овој сведок пред некој месец пред давањето на исказот кога го откривал кровот од куќата и сведокот заедно со сопругот на тужената заедно ги откриле керамидите од кровот на куќата со тоа што напред имало олук, а врз олукот имало поставено европска керамида, а врз европската во продоложение на европската имало поставено турска керамида. И сведокот и сорпугот на тужената ги извадиле керамидите и ставиле даски и шиндра и сега кровот од куќата на тужената бил покриен со шиндра, па со тоа не била зголемена габаритноста на покривот туку била намалена и снижена затоа што керамидата била дебела, а шиндрата танка и од тие причини била на пониско ниво. Според овој сведок и претходно и сега кровот од куќата на тужената бил на три води.

Од увидот на судот на лице место од 27.04.2017 год. се утврди дека куќата на тужителката се наоѓа на ул. , а веднаш до куќата на тужителката се наоѓа куќата на тужената на ул.во В.. На лице место судот констатира дека во куќата на тужителката се влегува низ метална порта која се наоѓа од западната страна од куќата на тужената преку бетонски двор и по скали се доаѓа до катот од куќата на тужителката. Во приземјето од куќата на тужителката судот на лице место констатира дека во кујната на тужителката на ѕидот кој е слепен со ѕидот на тужената имаше влага во висина од околу околу еден метар која влага по кажување на тужителката постојано се проширувала и по кажување на тужителката тој ѕид не бил слепен до куќата на тужената туку измеѓу нив постоел стар ѕид од куќата на тужителката изработен од камен кој по кажување на тужителката го рушел сопругот на тужената што било видно од приложените фотографии во вештачењето. На катот од куќата на тужителката судот на лице место констатира дека во една од собите од катот на куќата на тужителката каде што е слепен кровот со ѕидот на тужената со новата состојба според фотографиите беше видно дека има сменет кров од страна на тужената на кој по кажување на тужителката му било сменето билото и на лице место судот констатира дека беше покриен со шиндра и слепен до ѕидот со лим ребрест кој е слепен до ѕидот од куќата на тужителката и на лице место тужителката кажа дека тој ребрест лим бил обратно поставен со тоа што доколку имало врнежи од дожд и снег наместо ребрастиот лим да ја одведува атмосферската вода истата ќе се влевала во ѕидот од куќата на тужителката и ќе се правела штета во собите од катот на тужителката. Судот на лице место

Page 14: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

14

во куќата на тужителката од југ спрема север констатира дека од страна на тужената имаше поставено нов кров од шиндра кој што на лице место беше надвиснат над дворното место и горниот балкон од куќата на тужителката. Ѕидот на кој лежи кровното место е со неправилна форма односно истиот во подножјето е прав, а нагоре е кос и навлегува во просторот кој и припаѓа на тужената. На лице место во приземјето од куќата на тужителката од северната страна судот констатира дека според фотографиите приложени во вештачењето постои дупка под куќата на тужителката која што согласно фотографијата бр.3 од вештото лице В. С. била констатирана во дополнителниот наод и мислење и по кажување на сопругот на тужената лично тој ја заѕидал таа дупка со цигли и цименто и тоа го сторил во деновите пред Велигден односно пред 16.04.2017 год. и тоа го сторил со образложение за да се заштити неговиот објект од протекување на атмосферски води. На лице место судот во куќата на тужената констатира дека во покриениот чардак на лице место беше видно дека има поставено стар таван со материјал карактеристичен за градба на турски куќи и на лице место судот констатира дека има изместување на постојаното било со тоа што беа поставени нови греди во продолжение на целиот чардак кои што беа значително повисоко поставени од претходното било. По кажување на тужената чардакот од куќата на тужената бил со покрив од стари турски керамиди, а од северната страна од куќата на тужителката односно од јужната страна од куќата на тужената била поставена една редица од стандардни керамиди од понов датум и по кажување на тужената имало една редица од нови керамиди и на чардакот во делот од западната страна имало понови стандардни керамиди, а при увидот на лице место судот констатира дека целиот чардак беше покриен со шиндра и во дворното место од куќата на тужената имаше оставено олуци кои не се поставени на кровот од чардакот заради противење на тужителката поради не давање согласност да се постават над нејзиното дворно место, а со користење на нејзиното дворно место.

Според распитот на тужителката како странка во Јули месец 2012 година ја купила куќата во која што живееле до ден денес со нејзиното семејство, а се состоела од приземје и спрат и кога ја купила куќата на приземјето од куќата немало никаква влага се до пролетта 2016 год. кога се покажала влага на призмејето од куќата во кујната и дневната соба и таа влага доаѓала од куќата на тужената која што куќа тужената ја купила од К. кој што бил слеп и живеел во неа. Кога се покажала влагата во куќата на тужителката, сопругот на тужена и кажал на тужителката и на нејзините деца дека самите темели од нивната куќа паднале и тоа половина ѕид кој бил ѕидан со камења и кога тужителката заедно со нејзиниот сопруг и со децата отишле да го видат ѕидот за кој што сопругот на тужената тврдел дека самиот бил паднат виделе дека била отворена дупка во ѕидот, а немало никакви камења и се било исчистено и веројатно тоа го исчистиле тужената со нејзиниот сопруг затоа што тужителката таму немала пристап. До Мај месец 2016 год. тужителката не знаела дека тужената ја имала купено куќата од К., па тужената го прашала постариот син на тужителката дали таа ќе и дозволи да дојде и да разговара со неа и дали ќе им дозволи да работеле околу куќата што ја купиле од К., но тужената воопшто не дошла заедно со сопругот за да разговараат иако тужителката преку нејзиниот син и дозволила и им кажала на тужената и нејзиниот сопруг дека може да дојдат и

Page 15: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

15

да разговараат со неа, па тие наместо да дојдат и да разговараат почнале ненадејно да рушат и тоа прво чардакот од старата куќа која што ја купиле од К. и тоа се рушело до половина ѕид, а отпадот и камењата паѓале во дворот на тужителката, а таа во тој период одела со штаки затоа што и бил опериран колкот кој и бил скршен и била два пати на операција. Ѓубрето го собирале, а камењата не ги собирале и минеле денови, па тужителката отишла кај тужената да разговара со нив и да и кажат кога тие ќе рушат затоа што сепак тоа бил нејзин двор и целата прашина и тој градежен отпад нејзе и сметале и таа не можела да минува низ нејзиното дворно место, а сето тоа се случувало во месец Јуни 2016 год. и воопшто во летниот период и според распитот на тужителката како странка таа им го дала и телефонскиот број на тужената и нејзиниот сопруг за да и се јавуваат телефонски и да ја известуваат кога ќе работат, но тие тоа не го правеле. Потоа тужителката им дозволувала на тужената да работат така што тие пола ѕид го срушиле, ставиле плоча на терасата каде што бил стариот чардак што го рушеле и ставиле столб до портата на тужителката, а таа сето тоа го дозволила за да не се расправа со нив како комшии. Потоа кога почнале да работат на кровот од нивната куќа на кој имало стари турски керамиди ги извадиле сите греди и наново ставиле нова конструкција од нови греди и тогаш почнале кавгите бидејќи тужената со нејзиниот сопруг го поместиле билото и висински од таа страна тужителката имала прозор од едната соба каде што тие висински го кренале билото, па кога тужителката им кажала на тужената и на нејзиниот сопруг кој што работел дека му е поместено билото и дека не била оставена истата состојба на стариот кров како што кажувале дека ќе го остават, тужената со нејзиниот сопруг и се развикале на тужителката и тогаш таа им кажала дека ќе ги пријави во О. од причина што работеле без никакво одобрение и дека нејзе и прават штета. За цело време тужената и нејзиниот сопруг работеле и тоа и за време на викенди и за време на празници за да се заврши таа страна на куќата, а потоа се префрлиле од кај страната од кај тужителката од нејзиното дворно место за да повторно го рушат кровот и повторно да се направи нова конструкција на кровот. Според старата конструкција, конструкцијата од покривот не била навлезена во дворното место на тужителката, а според новата конструкција се влегувало воздушно во нејзиниот двор и балкон каде што имала и соба, а старата куќа што ја купила тужената чардакот бил многу повлечен навнатре во нејзината куќа заедно со кровот што се гледало од сликите, а според новата конструкција се гледало дека тужената навлегувала со новата градба во дворот на тужителката воздушно и во балконот на тужителката и по неколоку дена од рочиштето на кое што сведочеле сведоците на тужената кои тврделе пред судот дека не биле навлезени воздушно, сопругот на тужената го скратил кровот од нивната тераса кој што бил пуштен подолго од нивната нова конструкција што била навлезена 40 см. во дворното место на тужителката и во балконот и од фотографиите многу убаво се гледало тоа што го тврдела тужената, а исто така убаво се гледало и од приложените фотографии од вештачењата од вештите лица и убаво се гледало на сликите на оџакот од куќата на тужената со старата конструкција и со новата конструкција на новиот кров имало разлика и колку бил влезен во нејзиниот двор. Според распитот на тужителката како странка на старата куќа од тужената постоел отворен олук што било видно од фотографиите и според распитот на тужителката кога тужената ја повикала тужителката да и каже

Page 16: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

16

дека дел од ѕидот од куќата на тужителката поточно камењата биле одронати и се појавила дупка на ѕидот на тужителката, тужената во тој период вршела градежна активност односно ставала некаква изолација на ѕидовите од надворешната страна на нивната куќа од нивното дворно место каде што постоела дупката од ѕидот од дневната соба и кујната на тужителката каде што тужителката немала никаков пристап.

Според распитот на тужената како странка куќата предмет на тужбеното барање ја купила кон крајот на Јуни 2016 год. од лицето К. кое што таа го знаела како дедо К., а причина поради која ја купиле куќата било тоа што таа со нејзиниот сопруг и семејството неколку години живееле во приземјето од куќата односно во една соба на приземјето која што била на нејзина свекрва, а врз таа соба бил делот од куќата на дедо К., односно собата која што ја купиле од дедо К. затоа што постојано имале влага во нивната соба, а дедо К. бил стар и слеп и немал волја да изврши санација и да се заштити куќата од атмосферски води, па од тие причини тужителката го купила тој дел од куќата на дедо К.и точно било дека таа го сретнала синот на тужителката и му кажала дека ја купиле куќата и дека ќе почнат со работа, а тужителката во тој период не можела да ја види бидејќи не била добра и тужителката дошла кај тужената кога веќе почнале да го рушат чардакот бидејќи бил опасен за околината и имала решение издадено од О.на име на претходните газди кој што и го дале тоа решение за да го руши чардакот, а за дупката што била позади куќата на тужителката кога тие ја купиле куќата таа дупка била како одрон и паѓале камења од сите страни и доаѓале кај нив во сокачето, па тие ја информирале тужителката за дупката и не била сигурна, но смета дека дошол едниот од синовитте на тужителката кој што со нејзиниот сопруг се договориле да ја санираат таа дупка и тужената според нејзиниот распит не и забранувала на тужителката да ја санира дупката, а дупката била заѕидана и потполнета од тужената и тоа не само заради тужителката туку и заради тужената бидејќи и правела штета таа дупка и на тужената, а одронот од камењата доаѓал кај нив и тужената морала да ги тргне тие камења. Според распитот на тужената постоела влага во куќата на тужителката уште пред да дојде да живее тужителката во таа куќа, а тоа и било познато на тужената затоа што тужената редовно одела и комуницирале со претходните газди кои што исто така имале влага во тој дел од приземјето од куќата. Куќата на тужената била на пониско ниво од куќата на тужителката и според неа тужителката не можела да има влага од куќата на тужената, туку тужената можела да има влага од куќата на тужителката. По однос на покировот на куќата што ја купила била од стари греди и турски керамиди и во дел од таа куќа кој што бил на нејзината свекрва живееле таа заедно со сопругот и со нејзината свекрва и таа соба во кој што живееле течело вода од покривот на куќата на претходните газди, а тие претходни газди ништо не превзимале, па тужената морала да ја купи куќата од дедо К.кој што бил слеп и не можел да ја санира и затоа тужената откако ја купила морала итно да ја санира за да не и тече вода од покривот затоа што гредите биле искршени, покривот бил попуштен и потоа тие почнале да го поправаат покривот од целата куќа и тоа дел по дел со тоа што почнале од нивниот двор и новиот покрив на куќата на тужената бил направен од шиндра, а билото било на исто ниво и покривот изгледал дека е повисок бидејќи шиндрата била тенка,а турските керамиди биле подебели и биле редени една врз друга. Според распитот на

Page 17: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

17

тужената другиот дел од покривот на куќата што го работеле од кај дворното место на тужителката го правеле исто на истото ниво како и претходниот покрив на истото било и истата стреа и тоа што тужителката кажувала дека е олук тоа било плех како што биле турските керамиди, потоа имало нови три реда нови керамиди кои се држеле на тој плех и тоа не можело да биде олук бидејќи функцијата на водата била да ја исфрли атмосферската вода, а надолу немало олук што ќе ја исфрлело атмосферската вода и тужената сакала да стави нови олуци на покривот од нејзината куќа ако и дозволела тужителката да ја измалтари куќата, но тоа не и го дозволила тужителката. Според тужената чардакот бил со истата конструкција како што бил и претходно и кога работеле на чардакот и кога паѓал градежен отпад во дворното место на тужителката таа телефонски ја известувала тужителката која и ја отклучувала портата и и го собирала отпадот што бил паднат од нивната куќа, а за камењата почекала еден ден за да дојде трактор и да ги однесе камењата. Според распитот на тужената таа побарала одобрение од О. за санација и од вработената С. во У. и и било кажано дека не и било потребна градежна дозвола од причина што таа не вршела реконструкција, туку санација и од тие причини не извадила градежна дозвола, а доколку и била издадена таа ќе ја извадела. Откако била пријавена од тужителката во г.и. и било донесено решение, тужената вложила жалба по кое било донесено решение со кое било поништено решението на и.од В..

Според известување од О. В. од о. г.и. ИП-..бр. .. од 18.11.2016 год. упатено до тужителката со истото ја известува дека по излезениот увид на лице место на ул.во В. било констатирано со записник бр.... од 11.11.2016 год. дека тужената правела реконструкција на кров на станбен објект- куќа без одобрение за реконструкција, па поради тоа било донесено решение ИП-....бр.... од 17.11.2016 год. за враќање на реконструираниот кров во првобитна состојба и постапката била во тек.

Според решение од Д. к. з. о. в. в.с. в. о. н. и. н. и п. п.ИП-....бр.... од 23.02.2017 год. жалбата на тужената изјавена против решението ИП-....бр.... од 17.11.2016 год. на о. г. и. при О. В. била уважена, а решението погоре подробно цитирано било поништено и предметот вратен на повторно постапување.

При вака утврдената фактичка состојба, следуваше судот да одлучи како во изреката на пресудата од следните причини :

Согласно чл.8 ст.1 од Законот за сопственост и други стварни права (ЗСДСП), сопственикот има право својата ствар да ја држи, целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице, а според ст.2 дека секој е должен да се воздржува од повреди на правото на сопственост на друго лице.

Согласно чл.9 ст.1 од ЗСДСП: “Сопственикот го остварува своето право на сопственост во согласнот со природата и намената на стварта, како и со општиот интерес утврден со закон“, а во ст.2 од истиот член стои: “Забрането е вршење на правото на сопственост спротивно на целта заради која е со закон признато и установено, или спротивно на моралот на општеството“, а во ст.3 од истиот член стои,: “Правото на сопственост не смее да се врши со цел на друг да му се причини штета или тој да се спречи во остварувањето на неговото право“.

Во овие одредби, предвидена е содржината на сопственоста како правен

Page 18: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

18

однос и ограничувањата на правата при вршење на правото на сопственост, кои во себе ги содржат од една страна правата кои произлегуваат од сопственоста: држење, целосно користење и располагање со стварта по своја волја, а истовремено и обврските или ограничувањата при вршење на правото на сопственост, а тоа е обврската при вршењето на правото на сопственост да не смее да му се причини штета на друг, или тој да се спречи во остварувањето на неговото право.

Во оваа смисла е и одредбата на чл. 143 од ЗОО според која со ст.1 е предвидено: “Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува вознемирување или опасност од штета, ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки“. Според ст.2 од истата одредба: “Судот, на барање од заинтересираното лице, ќе нареди да се преземат соодветни мерки за спречување на настанувањето на штета или вознемирување, или да се отстрани изворот на опасноста, на трошок на држателот на изворот на опасноста, ако тој самиот не го стори тоа.

Согласно чл.26 ст.1 од ЗДСДП: “Не е дозволено сопственикот да го поткопува своето земјиште или на својата недвижност да прави нешто со што би се довела во опаснот стабилноста на туѓата недвижност“, а во ст. 2 од истиот член стои.“Ако не се превземени потребни мерки со кои оправдано може да се очекува дека ќе се отстрани опасноста за стабилноста на неговата недвижност, сопственикот на недвижноста чија стабилност е во опасност може да бара да престанат работите од ст.1 на овој член, а во ст.3 од истиот член стои: “Ако мерките од ст.2 на овој член не е можно да се спроведат со успех, а при тоа да не се поставуваат посебни конструкции на недвижноста чија стабилност е во опасност, нејзиниот сопственик може да бара забрана на дејствијата од кои на неговата недвижност и се заканува опасност за стабилноста“.

Согласно чл.28 од ЗСДСП: “Сопственикот на недвижност е должен да ги превземе сите потребни мерки дождовницата што се слива од неговата зграда да не паѓа на туѓа недвижност, освен ако сопствениците поинаку не се договориле или ако тоа е во согласност со месните обичаи“.

Согласно чл.141 ст. 1 од ЗОО: “Тој што со вина ќе му причини штета на друг, должен е да ја надомести“.

Согласно чл.142 од ЗОО: “Штетата е намалување на нечиј имот (обична штета) и спречувањето на негово зголемување (испуштена корист), како и повреда на личните права (нематеријална штета)“.

Според чл. 145 ст.1 од ЗОО: “Вина постои кога штетникот причинил штета со намера или со невнимание (крајно, обично или друг степен на невнимание предвиден со закон).

Согласно чл.174 ст.1 од ЗОО: “Одговорното лице е должно да ја воспостави состојбата што била пред да настене штетата“. Во став 2 од истиот член стои: “Доколку воспоставувањето на поранешаната состојба не ја отстранува штетата наполно, одговорното лице е должно за остатокот на штетата да даде надомест во пари“.

Согласно чл.175 од ЗОО: “Обврската за надомест на штетата се смета за стасана од моментот на настанувањето на штетата“.

Во конкретниот случај од увид во ИЛ бр....за КО В. се утврди дека предметниот недвижен имот на КП бр.... и КП.бр.... на ул. се води на

Page 19: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

19

тужителката, а предметниот имот на КП бр....на ул. на ИЛ бр. ... за КО В. се води на име на тужената.

Од увид во наод од вешто лице дипломиран градежен инжинер В. С. од Јануари 2017 година и дополнување на вештачење од Февруари 2017 год. се утврди дека тужената имала извршено градежни дејствија на реконструкција и надградба на куќата без соодветна документација и согласност од страна на тужителката во прилог на што било и решението ИП-....бр.... од 18.11.2016 год. од О. В.. Кровната конструкција која тужената ја изградила непрописно и несоодветно ја прилепила до куќата на тужителката, на стреите немала изведено олуци со кои ќе ја прибира и одведува атмосферската вода од дождовите и целата вода ќе се слевала во доврот на тужителката и тужената со стреата што ја изградила имала навлезено во парцелата на тужителката односно дворното место приближно 40 см. , па со реконструкцијата и прилепувањето на надградбата на куќата тужителката трпела штета со што и се јавувала влага во приземјето заради што потребно било на тој дел од куќата да се направи соодветна хидроизолација со која ќе се заштитат дел од ѕидовите и темелите на куќата на тужителката и доколку не се изведеле соодветни олуци кои ќе ја зафаќаат атмосферската вода и не се направи соодветна хидроизолација можно било тужитлеката да трпи идна шета, а за да се санира штетата потребно било да се отстранат оштетение делови, шутот да се исфрли на депонија и да се обноват деловите на оштетените простории и според извршената процена на вештото лице во наодот и мислењето вредноста на целокупните трошоци изнесувала 6.220,00 денари, а според дополнителниот наод изнесувало 6.500,00 денари така што вкупната причинета материјална штета била во износ од 12.720,00 денари, а според појаснувањето на вештачењето и дополнувањето на вештачењето од страна на вештото лице на записник пред судот вештото лице ги образложи и појасни и вештачењето и дополнувањето на вештачењето и ја потврди причинско последичната врска помеѓу влагата во просторијата од приземјето на куќата на тужителката со дупката која се наоѓа под куќата на тужителката како и фактот дека кровната конструкција која ја изградила тужената и е прилепена до куќата на тужителката на стреите нема изведено олуци со кој ќе ја прибира и одведува атмосферската вода од дождовите и целата вода се слива во дворот на тужителката, со прилепувањето на надградбата на куќата на тужената и со реконструкцијата на кровот била направена несодветна хидроизолација и заштита на делот од ѕидовите и темелите на куќата на тужителката, а по однос на дупката- исполната од камен која се наоѓа под приземната плоча на тужителката појасни дека на дополнителниот увид што го направил на 25.02.2017 год. во присуство на тужената и нејзиниот сопруг ја утврдил дупката односно недостатокот од каменот што се нашол под приземната плоча кој што камен не бил на лице место, а доколку таа дупка не се санирала бидејќи се гледало дека насипот односно исполната била растресита и веќе почнувала да се одронува и била доведена во прашање стабилноста на самата куќа , па за да се санира таа дупка потребно било да се извадат и отстранат камењата односно материјалот кој со претходното отстранување бил лабав односно растресит, затворање на дупката со камена ѕидарија со соодветен цементен малтер и бетон со соодветна носивост така што не било доволно само да се замалтари и поради новонастанатата ситуација со кровната консторукција и со дотокот на атмосферски води помеѓу куќите, дупката била подложна на атмосферски води така што можно било

Page 20: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

20

да се јави и дополнителна влага во куќата на тужителката. Исто така и од увидот во наодот од вештото лице Доц. др. Т. Л.

дипл. геодетски инжињер од Јануари 2017 год. и појаснувањето на наодот и мислењето од ова вешто лице на рочиштето за главна расправа се утврди фактот дека тужената вршејќи градежни работи без одобрение за градба што се потврдувало од известување ИП-....бр.... од 18.11.2016 год. издадено од О. В. во периодот откако започнала со градба ја вознемирувала сопственоста на тужителката врз нејзините недвижности градејќи го нејзиниот поранешен чардак од куќата и реконструирајќи го кровот на куќата, со кровната конструкција воздушно навлегла односно стреата ја надвиснала над граници и мери над надвиснатата површина од вкупно 3.8 м.кв. односно 4 м.кв. на која што површина била вознемирена сопственоста на тужителката и покрај тоа што и било оневозможено правото на слободен пристап и користејќи ја дворната површина била доведена во опасност од штета со изградбата на кровните конструкции на зградата на тужената затоа што водата од кровната конструкција ќе ги овлажнува ѕидовите од куќата на тужителката, а во просториите на приземјето во времето на изготвување на вештачењето била видлива трага, а исто така постоела и опасност од идна штета со вадењето на камења од цоклето на куќата на тужителката од страна на тужената или по налог на тужената и ова вешто лице појасни дека мерењата ги вршел фронтално, а за надвиснатоста на кровот користел вертикали или како во народот познато “Под висок“ и мерењето го извршил точно со ласерски инструмент производ на познатата фирма В.од Ш..

Од распитот на тужителката како странка се утврди дека во месец Јули 2012 год. ја купила куќата во која што до ден денес живеела со нејзиното семејство, а се состоела од приземје и спрат и кога ја купила куќата на призмејето од куќата немало никаква влага се до пролетта 2016 год. кога се покажала влага на приземјето од куќата во кујната и дневната соба која што влага доаѓала од куќата на тужената, а во месец Јуни 2016 год. и воопшто во летниот период 2016 год. тужената со превземањето на градежни дејствија односно со рушење на стариот чардак - кровната конструкција која тужената ја изградила непрописно и несоодветно ја прилепила до куќата на тужителката, а градејќи го поранешниот стар чардак од куќата која што тужената ја купила од К. за кое нешто тужителката не знаела до месец Мај 2016 год. воздушно навлегла односно стреата ја надвиснала над пролазот на површината на катастарската парцела ... сопственост на тужителката со мери и граници и вкупна површина подробно цитирани во Римско 1 во изреката на пресудата.

При одлучувањето како во изреката судот го имаше во предвид распитот на тужената како странка која во својот распит наведе дека истата не вршела реконструкција на покривот на куќата што ја купила од преходниот сопственик К. туку вршела санација и дека наводно побарала одобрение од О. за санација, меѓутоа од лицето С. која во тоа време работела во У. и било кажано дека не и треба градежна дозвола, а исто така ги имаше во предвид и наводите дека пред да почнат да го рушат чардакот од купената стара куќа од К. имале решение издадено од О. на име на претходните газди кои што и го дале нејзе за да го руши чардакот, а за дупката што била позади куќата на тужителката дека таа дупка била како одрон и паѓале камења од сите страни и доаѓале кај нив во сокачето и дека влагата во куќата кај тужителката постоела уште пред да дојде да

Page 21: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

21

живее тужителката во таа куќа, а тоа и било познато бидејќи комуницирала со претходните газди од куќата на тужителката и дека лично таа со нејзиниот сопруг ја заѕидала и потполнила дупката и тоа го сториле не само заради тужителката туку и заради нив како и дека покривот на куќата бил на истото ниво како и претходниот покрив кој бил со стари турски керамиди и чардакот бил со истата конструкција како што бил и претходно и дека не постоел олук на куќата што ја купила тужената од К. туку дека тоа било плех под старите турски керамиди кои се држеле на тој плех како и тоа дека никогаш не и го затвориле патот на влезот на тужителката односно дека за време на вршењето на градежните дејствија кога го рушеле делот од чардакот од страната на дворот на тужителката почекале да дојде трактор за да ги собере камењата, меѓутоа судот ги одби таквите наводи како неосновани од причина што истите се во спротивност со изведените докази во текот на постапката погоре подробно цитирани.

Имено, од увид во известување од о. г.и. на О. В. ИП-...бр... од 18.11.2016 год. со истото ја известува тужителката дека по нејзина иницијатива било излезено на увид на лице место на ул. и со записник бр. ... од 11.11.2016 год. било констатирано дека тужената прави реконструкција на кров на станбен објект без одобрение за реконструкција поради што било донесено решение ИП-....бр.... од 17.11.2016 год. за враќање на реконструираниот кров во првобитна состојба и постапката била во тек, а од увид во решение ИП-...бр.... од 23.02.2017 год. од Д. К.з.о. в. в. с. в.о. н. и. н.и п. п. жалбата на тужената изјавена против погоре цитираното решение била уважена, решението било поништено и предметот бил вратен на повторно постапување, а од образложението на истото е видно дека на првостепениот орган му е наложено да го определи правниот основ, да се утврди дали постоечката градба претствува реконструкција или градба со тоа што правилно и целосно да ја утврди фактичката состојба на начин што ќе ги испита и оцени сите релевантни факти за одлучување и да донесе одлука од чие образложение јасно ќе произлезе причината поради која е донесена одлуката од причина што првостепениот орган во уводот на обжаленото решение на реконструкцијата и дал третман на градба, и наредил на жалителката истата да ја врати во првобитна состојба, а од друга страна во записникот стоело дека реконструкцијата е изведена без одобрение за реконструкција.

Нелогично и апсурдно е тврдењето на тужената дека таа се обратила до надлежниот орган во О. В. пред превземањето на градежни дејствија од причина што доколку тужената навистина се обратила до надлежниот орган во О. В. секако дека тоа ќе го сторела писмено и ќе имала писмен доказ за нејзиното писмено барање за одобрение за превземање на градежни дејствија врз куќата која ја купила од сопственикот К., па соодветно на приложеното писмено барање ќе имала добиено и писмен одговор на истото по однос на околноста дали и е потребно одобрение за градење од надлежен орган или не кое што писмено барање ќе претходело на превземените градежни дејствија што ги превзела тужената во конкретниот случај предмет на овој спор и со кои дејствија тужената извршила вознемирување на сопственоста на тужителката со што и причинила и штета, а од друга страна судот смета дека исказот на тужената како странка е контрадикторен самиот на себе од причини што истата во својот распит на прашање на пол. на тужителката дали се консултирале со стручни лица од областа на

Page 22: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

22

градежништвото околу изведбата на кровот, истата одговори дека се консултирале со Г. К. и Г. Ј. двајцата градежни инжињери кои што му кажале на нејзиниот сопруг како треба да го направи кровот на целата куќа, по кои димензии и дека немало да биде надвор од тоа што бил претходно, но за сето тоа немале добиено никаков нацрт, па нелогично, апсурдно и контрадикторно е таквото тврдење на тужената и истото е во спротивност со исказот на сведокот нејзиниот сопруг Р. П. кој во својот исказ наведе дека градежните активности ги изведувал без да има било каков проект, нацрт или градежно техничка дозвола, а исто така е контрадикторно и нејзиното тврдење дека доколку навистина на претходниот сопственик на куќата на тужената му било наложено со решение од О. В. да го сруши стариот чардак поради опасност од околината секако дека истото ќе беше приложено како доказ во поткрепа на таквите наводи.

Судот исто така ги имаше во предвид и наводите на тужената во делот на тужбеното барање за тоа дека ја информирале тужителката за дупката што била како одрон и паѓале камења од сите страни, а која што дупка се наоѓала од задната страна на куќата на тужителката и дека таа дупка тужената со нејзиниот сопруг ја санирале на начин што ја заѕидале и ја потполниле и тоа не само заради тужителката, туку и заради нив од причина што судот смета дека тужената во својот исказ беше контрадикторна самата на себе од причини што истата во својот распит наведе дека прво таа лично со нејзиниот сопруг ги тргнале камењата бидејќи тој одрон од камења од дупката доаѓал кај нив за да потоа во својот распит наведе дека не знаела дали тие камења од одронатата дупка биле расчистени претходно и однесени со трактор или заедно со камењата кои биле од рушењето на делот на чардакот од страна на дворот на тужителката и дека тужената тоа не го знаела затоа што тоа не го работела, па не знаела дали тие камења биле изнесени претходно или после камењата од рушењето на делот на чардакот.

Исто така и во делот на исказот на тужената како странка по однос на околноста дали на нејзината куќа постоел олук од куќата што ја купила од претходниот сопственик К. каде што тужената наведе дека не постоел олук и дека тоа бил плех каде што биле турските керамиди, а потоа имало три реда нови керамиди и се држеле на тој плех и дека тоа не можело да биде олук што ќе ја исфрли атмосферската вода, меѓутоа и во овој дел исказот на тужената како странка беше во спротивност со изведените докази во текот на постапката погоре подробно цитирани, а особено на приложените фотографии со вештачењето, со дополнувањето на наодот и мислењето од вештото лице В.С. и појаснувањето на вештачењето од страна на ова вешто лице на рочиште за главна расправа како и со увидот на судот на лице место како и исказот на сведокот Т. Н. предложен токму од тужената кој што сведок јасно и децидно наведе дека сопругот на тужената го викнал пред некој месец пред да го дава својот исказ пролетта оваа година кога го откривал кровот од куќата и тој заедно со сопругот на тужената ги откривале керамидите со тоа што напред имало олук, а врз олукот имало поставено европска керамида,а во продолжение на европската имало поставено турска керамида и лично тој со сопругот на тужената ги извадиле сите керамиди и имало штичиња и штафни, па ги извадиле и ставиле даски и шиндра и кога на овој сведок му беше предочена фотографија од пол. на тужителката истиот наведе дека на приложената фотографија стоел плех што

Page 23: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

23

претставувал олук, па европски керамиди, па потоа турски керамиди.Судот при одлучувањето како во изреката ги имаше во предвид

исказите на сослушаните сведоци Р. П., Р. И.и Г. К. сите предложени од тужената, но на истите судот не им поклони верба од причина што судот смета дека од една страна исказите на овие сведоци беа дадени со единствена цел тужената да успее во спорот, а од друга страна исказите на овие сведоци беа контрадикторни сами на себе, меѓусебе како и на приложените вештачења, фотографии како и на распитот на тужителката и тужената како странки

Имено, сведокот Р. П. во својот исказ првин наведе дека со поставувањето на нов кров на куќата од шиндра не се променила габаритноста на кровот и чардакот и дека сега стреата била помала од претходно затоа што шиндрата била пластика и била тенка за разлика од турските керамиди за да потоа наведе дека за стреата што стрчела кога судот бил на увид на лице место во куќата на тужителката и тужената на кој што увид беше присутен овој сведок дека тогаш стреата не му била доправена, но повеќе дека не штрчела затоа што тој ја исекол со пила и сега била рамна со претходната стреа како што била претходно што ќе рече дека го признава фактот дека тужената извршила вознемирување на сопственоста на тужителката на начин подробно цитиран во Римско 1 од изреката на пресудата, а по однос на темелите на неговата куќа наведе дека истите не се срушени и дека си стоеле и дека не паѓало ништо во темелите освен што го бутнал чардакот и кога го бутнал тужителката се жалела дека паѓале керамиди за да потоа истиот наведе дека на ѕидот на куќата на тужителката немало дупка, ниту пак некогаш имало и дека тоа било место за шут и земјата и камењата биле ставени под куќата и дека таму немало што да се санира и дека таму немало темели туку имало носач за да потоа наведе дека имало дупка, а сега ја немало затоа што тој изѕидал ѕид и со тоа ја скрил дупката и истиот беше контрадикторен и по однос на заштитата на тој зид затоа што според него водата од чардакот никогаш не течела во дворот на тужителката, туку секогаш на улица и пак си течела на улица и немало ни една вода што течела кон куќата на тужителката за да и први штета на тужителката и дека влага на куќата на тужителката имало од страната на тужителката каде што биле скалите на тужителката каде што немало ни стреа, ни покрив и дека тој за да се заштити од терасата од кај тужителката морал да си го поправи ѕидот за да не му тече вода, дека ќе ставел и друго ѕитче кое ќе го топи и надворешното ѕитче за да не оди во О. и да се жали и да не ја крши терасата на тужителката, па од причина што тужителката тоа не го сторила сведокот морал да си стави негов ѕид и дека тоа го направил да не му иде вода и земја и ѕидовите ги направил во текот на месец Мај ова година, а по однос на кровот наведе дека истиот бил на три води.

Судот исто така не му поклони верба и на исказот на сведокот К. Г.кој што бил израснат во куќата на тужителката затоа што неговите родители ја продале куќата на тужителката пред околу 5 години и во својот исказ првин наведе дека со претходниот сопственик на куќата на тужената К. кој сега бил починат биле во кавга затоа што неговата стреа била испуштена 30 см. и не можеле да поминуваат во нивниот двор, а К. не сакал да стави олук за одведување на атмосферската вода, па нив им течела атмосферска вода во дворот и не можеле да поминуваат низ дворот и дека куќата на К. сега

Page 24: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

24

на тужената била лепенка со нивната куќа, а сега на тужената и дека имало едно сокаче кое што било на претходниот сопственик К. кој што тој дел го продал на друго лице, а не на тужителката и тужената и овој свдок наведе дека во приземјето во куќата што ја продале на тужителката претходно имало влага бидејќи имало земја и ѕидовите од куќата биле дебели 70-80 см. и самата почва ја влечела влагата, но по рекострукцијата која ја направил неговиот татко пред околу 16 год. не можел да каже дали имало влага затоа што тој се исселил од куќата, а неговите родители изнеле околу 20 трактори земја и имало мувла и многу мирисало на влага, па во приземјето од куќата до продажбата на куќата на тужителката живеел братот на сведокот, а по однос на дупката под куќата на тужителката истиот наведе дека цело време се расправале со стариот сосед К. да си го расчисти тој сокак, а дали во тој сокак имало темели од нивната куќа сега на тужителката или темели од куќата на К. не можел да каже затоа што тоа биле стари куќи кои биле градени во 1800 година.

Исто така судот не му поклони верба и на исказот на сведокот Р. И. од причина што исказот на овој сведок беше контрадикторен како со изказите на останатите сведоци така и со приложените и изведени писмени докази и појаснувања на вештите лица погоре подробно цитирани во делот во кој наведе дека сопругот на тужената превземал градежни дејствија за санација на куќата со тоа што претходно на кровот имало турски керамиди, па тој ставал шиндра, чардакот си постоел, ги вадел скапаните греди и ставал нови и габаритноста на кровот во висина била намалена затоа што керамидата била 12 см. дебелина, а шиндрата била пластика и танка.

Како во конкретниот случај од сите погоре изведени докази, а особено од наодите и мислењата од вештите лица Доц. Др. Т. Л. дипл. геодетски инжњер и В. С. дипл. градежен инж., како и од појаснувањето на наодите и мислењата на овие вешти лица на рочиште пред судот како и од увидот на судот на лице место неспорно, со сигурност, на јасен и недвосмислен начин се утврди основаноста на тужбеното барање на тужителката дека со превземените дејствија тужената ја вознемирила сопственоста на тужителката и на тој начин и предизвикала штета, следуваше согласно погоре цитираните законски одредби да одлучи како во изреката на пресудата.

При одлучувањето како во израката судот ги имаше во предвид наводите на пол. на тужената дека во тужбата воопшто не било наведено ниту биле предложени докази за утврдување на околноста дека тужената на тужителката и го оневозможила правото на слободен пристап и користење на дворното место, туку дека пристапот бил слободен и тужителката си поминувала и никогаш, никаде, од никого не побарала да и биде ослободен слободен премин низ нејзиното дворно место бидејќи и бил затворен и дека немало барање кои дејствија требало да ги превеме тужената и што требало да стори за да го отстрани и ослободи преминот на дворното место на тужителката кој не бил загрозен, а исто така и по однос на барањето за надомест на материјална штета дека тужителката пред да ја поднесе преметната тужба не се обратила до тужената да побара таа да изврши санација доколку е можно, па потоа ако тужителката одбие таа да ја изврши санацијата, да побара од тужената да и ги надомести трошоците меѓутоа тужителката немала направено ништо од тоа и се немала обратено до тужената, ниту со барање за санација, ниту со барање за надоместок, ниту поднела било какви докази за извршената санација за платени

Page 25: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

25

мајстори, за извршени набавки и материјали и сл., меѓутоа судот таквите наводи ги одби како неосновани и спротивни на погоре изведените докази во текот на постапката погоре подробно цитирани од причина што од изведените докази во текот на постапката, а особено од наодите и мислењата на вештите лица, дополнувањето на наодот и мислењето од градежниот инжињер В. С. како и појаснувањето на вештачењата од двете вешти лица на записник пред судот, неспорно, со сигурност, на јасен и недвосмислен начин се утврди основаноста на тужбеното барање на тужителката како по однос на вознемирувањето на правото на сопственост на тужителката, така и по однос на тужбеното барање по однос на материјалната штета од причина што вештото лице В.С. дипл. градежен инжињер во дополнителниот наод и мислење од Февруари 2017 год. и појаснувањето пред судот јасно, децидно и конкретно појасни дека постои причинско последична врска во настанувањето на материјалната штета на тужителката со превземените градежни дејствија од страна на тужената, па во смисол на погоре цитираните законски одредби, следуваше судот да го усвои тужбеното барање на тужителката и одлучи како што е подробно цитирано во под Римско 1 и 2 во изреката на пресудата.

Одлуката за трошоци е базирана во смисла на член 148 од ЗПП имајќи во предвид дека тужителката успеа во спорот, следуваше да се задолжи тужената да и ги надомести на тужителката трошоците по постапката во износ од 39.967,00 денари, а кои се однесуваат за: состав на тужба сума во износ од 3.900,00 денари, 5 застапувања од адвокат по износ од 4.680,00 денари за секое од нив или вкупно износ од 23.400,00 денари, такса за тужба и одлука износ од 3.200,00 денари, за состав на 2 образложени поднесоци по 3.900,00 денари сума од 7.800,00 денари и за увид на судот на лице место сума од 1.667,00 денари, а го одби барањето на тужителката да се задолжи тужената на име трошоци по постапката да и исплати уште износ од 29.200,00 денари кои се однесуваат и тоа: за состав на полномошно 1.300,00 денари, состав на поднесок 1.300,00 денари и состав на трошковник 1.300,00 денари од причина што истите не се нужни трошоци како и го одби барањето да се задолжи тужената да и ги надомести на тужителката трошоците и тоа за награда за градежно вештачње сума од 6.600,00 денари, награда за геодетско вештачење 11.000,00 денари, награда за дополнителен наод од вештото лице В. С. во износ од 2.200,00 денари, награда за доаѓање на вештото лице Т. Л. на рочиште на ден 10.07.2017 год. сума од 3.500,00 денари и награда за доаѓање на вештото лице В. С. на ден 10.07.2017 год. сума од 2.000,00 денари од причина што во прилог на трошковникот од пол. на тужителот има приложени само трошковници од вештите лица за наградите за вештачења и наградата за изготување на дополнителен наод од вештото лице В. С., но нема приложено писмен доказ-вирмански уплатници за извршено плаќање на наградите за вештачење на вештите лица како и плаќање на побараната награда за доаѓање на вештите лица на рочиштето од 10.07.2017 год.

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС П-1 бр. 6/17 од 14.09.2017 година

Претседател на совет Судија

Лорета Тодорова

Page 26: во името на граѓаните на република македонија

«П1.6/17»

26

ПРАВНА ПОУКА:Против оваа пресуда странките имаат право на жалба во рок од 15 дена од приемот преку овој суд до Апелациониот суд во Скопје.

Д.Н. Полномошник на тужител Полномошник на тужениот

( Доколку странките или нивните полномошници се корисници на електронско сандаче, доставата да се изврши електронски).