Top Banner
година III број 12 2012 година Општина Центар www.centar.gov.mk Детско едукативно списание Бесплатен примерок [email protected] НАШ СОВЕТ- МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН И УЧЕЊЕТО ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА- МАЛЕШЕВИЈА АГАТА КРИСТИ ГЕОГРАФИЈА- АНТАРКТИК БИОЛОГИЈА- ПИНГВИН УМЕТНОСТ- ВИТРАЖ ИНТЕРВЈУ ЗАБАВА
32

spisanie_br12, Centar11

Nov 11, 2014

Download

Documents

Detsko edukativno spisanie na opstina
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: spisanie_br12, Centar11

година III број 12 2012 година

Општина Центар

www.centar.gov.mk

Детско едукативно списание

Бесплатен примерок

[email protected]

НАШ СОВЕТ-МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН И УЧЕЊЕТО

ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА-МАЛЕШЕВИЈА

АГАТА КРИСТИ

ГЕОГРАФИЈА-АНТАРКТИК БИОЛОГИЈА-ПИНГВИН

УМЕТНОСТ-ВИТРАЖ

ИНТЕРВЈУ

ЗАБАВА

Page 2: spisanie_br12, Centar11

СОДРЖИНА

Издавач: ОУ „11 Октомври“ Скопјеул.„Мирче Ацев“ бр.102 Издавачки совет:Глaвен и одговорен уредник: Ристо БојчевТехнички уредник: Ирина ИвановаУредник: м-р Билјана Лалчевска СерафимовскаУредник: Звонимир АтанасовЛектор: Ристо БојчевСоработници од општина Центар: Мирјана Симјановска - Раководител на Одделение за образование, спорт и култура, Лидија Неделковска - раководител на Одделение за односи со јавност, Вера Новакова - Одделение за односи со јавност, Тинка Маневска-Одделение за информатичко технички работиСоработници: Катица Ставрова (ОУ„11 Октомври“), Виолета Крстевска Васиќ (ОУ„Јохан Хајнрих Песталоци“), Аида Петровска (ОУ„Димитар Миладинов“), Драган Станојковски (ОУ„Св. Кирил и Методиј“), Филип Стојковиќ (ОУ„Коле Неделковски“), Соња Илиевска-Гоџирова (ОУ„Гоце Делчев“), Менка Трепалковска (ОУ „Кочо Рацин“). e mail: [email protected]Ова списание е финансиски поддржано од општина Центар. Тираж: 2100 Печати: НАМПРЕСМинистерството за образование и наука на Република Македонија со решение број 11-6510/3, дава согласност за употреба на списанието „Центар 11“ во воспитно образовната работа во основните училишта.

МОБИЛНИО ТЕЛЕФОН И УЧЕЊЕТО

3

МАЛЕШЕВИЈА

4-5

АНТАРКТИК8

ПИНГВИН9ВИТРАЖ

10-11

TEEN FASHION27

APPLE27

ДА СЕ НАСМЕЕМЕ28

ОД ОПШТИНАТА

22-23ВЕЛОСИПЕД

29

ТОП

ЛИСТА & ХОРОСКОП

31

АГАТА КРИСТИ6-7

ИНТЕРВЈУ24-25

КРСТОЗБОР30НАЈДОБРОТО

ОД НАС12-21

Page 3: spisanie_br12, Centar11

3

Наш советМобилното учење (m-learning) овозможува пристап до информации и материјали за учење од било кое место и во секое време. Може да се дефинира како учење со помош на мобилни уреди: мобилен телефон, PDA уреди, MP3 и MP4 уреди, таблети и сл. Сега мобилниот телефон не е повеќе направа која служи само за телефонирање и испраќање на СМС пораки, туку се користи и во процесот на учење и извршување училишни обврски.

МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН И УЧЕЊЕТО

Постојат различни методи на самостојно учење со слушање. Мора да се спомене и се почесто користениот подкастинг (креирање аудио записи и нивна достапност на интернет каде секој може да ги користи). Можете да преслушувате готови аудио записи од различни предавања, но можете да креирате и ваши.

Аудио можностите на мобилните телефони можат да бидат од голема корист при учењето на странските јазици. На телефонот можете да инсталирате јазична игра, корисна за усвојување нови зборови и изрази, речник, да вежбате спелување на зборови и друго.

Слушајте музика на јазикот кој сакате да го научите. Можете да се обидете да запишете некои зборови од песната или да се обидете да ги препознаете.

Мобилниот телефон можете да го користите за собирање податоци, фотографии со кои би го илустрирале вашиот есеј, како и за снимање на звук и видео запис на некои експерименти, изведбени активности, работа на терен.

Користете го алармот и потсетникот за да го организирате учењето.

Мобилниот телефон може да послужи и како средство за веб пристап.

Page 4: spisanie_br12, Centar11

МАЛЕШЕВИЈА Истражи ја Македонија

Малешевија е област во источниот дел на Република Македонија, со површина од околу 800 км2 и на околу 1000 метри надморска височина. Се простира до границата со Република Бугарија, по горното течение на реката Брегалница. Опкружена е со планините Голак и Огражден. Овој регион опфаќа две општини. Тоа се градот Берово со селата Смојмирово, Ратево, Русиново, Владимирово, Двориште, Мачево, Будинарци и Митрашинци и Пехчево со селата Негрево, Црник, Панчарево, Умлена, Робово и Чифлик.Името го добива според старословенскиот збор - мал лес, кој значи мала шума или планина. Има многу причини зошто мештаните, Малешевијата ја нарекуваат „Мала Швајцарија“. Посебен белег и даваат прекрасното Беровско езеро и изворската ладна вода, зеленилото од столетните дабови, букови и борови шуми, како и со пространите ливади и пасишта кои го пленат секој посетител што ќе дојде. Дарежливата природа што во себе крие благодети на посебен мир, го воодушевува секој кој ќе го почувствува мирисот на лековитите растенија, а глетката со многуте бачила и стада овци е прекрасна. Како нераскинлив дел од оваа природна убавина е и културно - историското наследство, многубројните цркви, манастири и археолошки локалитети.

4

Page 5: spisanie_br12, Centar11

МАЛЕШЕВИЈА

Ратевски Бамбурци

Ратево е село кое се наоѓа на околу три километри оддалеченост од градот Берово. Познато е по многувековната традиција на селаните кои со маски изработени од животинска кожа ги истеруваат злите духови и болести кај луѓето и кај животните, обичај останат уште од паганските времиња. Традицијата прерасна во карневал со меѓународни рамки кој го носи името „Ратевски бамбурци“. „Бамбурци“ на малешевски дијалект значи нешто многу страшно, кое треба да биде растерано со нешто уште пострашно. Карневалот се одржува на православниот празник Св. Јован Крстител (20 јануари).

Малешевски специјалитети

Надалеку се познати малешевските специјалитети: малешевското (беровско) сирење, урда, биено сирење, кашкавал, матеница и др. Тука се одгледува најдобриот планински и ливадски мед.

“Св. Архангел Михаил” е еден од ретките манастири во кој од основањето па се до денес монашкиот живот не згаснал во ниеден момент. Тој претставува еден од заштитните знаци на Берово и е прогласен за споменик на културата од прва категорија од страна на Министерство за култура. Една од легендите зборува дека валијата ја одбрил изградбата, но под три услови: црквата да биде изградена под нивото на патот за да не може да се гледа, да биде изградена за четириесет дена и поп Пецо најмалата своја керќа Султана да ја даде во харемот. Црквата била изградена, а поп Пецо бил затворен поради бегството на неговата ќерка во Ќустендил. 5

Спиковски водопади

Во пехчевскиот дел на Малешевските Планини, скриени во густата борова и букова шума, се наоѓаат Спиковските водопади. Расфрлани на падините од Малешевските Планини, на реката Брегалница и нејзините притоки, тие пленат со својата убавина.

Page 6: spisanie_br12, Centar11

Силата на зборот

Криминалистички романи се романи во кои се прикажуваат настани поврзани со злосторства. Името потекнува од латинскиот збор crimen, кој значи злостор. За прв пат се појавува во 1878 година, под името детективски роман, што пак доаѓа од фактот дека главниот лик - детектив, игра важна улога за развојот на дејството во романот.Како и секоја друга уметност, наука, дејност, и детективскиот роман има свои лидери. Несомнено најпрепознатлива и најуспешна во овој литературен правец е плодотворната британска кралица на крими романите - Агата Кристи.

Родена е на 15 септември 1890 година под името Агата Мери Клариса Милер, во Торки, Девон (Велика Британија). Била ќерка на Американецот Фредерик Алва Милер и неговата сопруга, Клариса Милер, но никогаш не се декларирала како Американка, ниту пак добила американско државјанство. Била најмладата од три деца. Татко ѝ починал кога била дете. Агата учела во домашни услови. На 16 години, своето школување го продолжила во музичко училиште во Париз. Иако била извондредна пијанистка, стравот од сцената и тремата што ја чувствувала пред настапите, ја спречиле да го продолжи својот музички сон. За време на Првата Светска војна, Кристи работела како медицинска сестра, а потоа и во . болничарската аптека, што имало големо влијание врз нејзините книги (во нејзините дела, поголем дел од жртвите се убиени со помош на отров). На Бадник 1914, се омажила со Арчибалд Кристи, со кого имала една ќерка, Розалинд Хикс, а се развела во 1928 година. Нејзиниот втор брак со археологот Макс Малован траел сè до смртта на Агата во 1976. година. Нејзината прва новела „Мистериозната афера во Стајлс“ ја издала во 1920 година. Под псевдонимот Мери Вестмакот, Агата издала 6 новели, збирка раскази и уште неколку раскази за списанија. Овие неколку публикации значеле процут на нејзината писателска кариера. Нејзиниот контраверзен и често брутален стил на пишување, ја прават Агата Кристи посебна писателка - писателка различна од останатите.

КРИМИНАЛИСТИЧКИ РОМАНИ

АГАТА КРИСТИ

6

Page 7: spisanie_br12, Centar11

Таа е вистински репер за градење на свој стил и авторска персона, која прави еден писател препознатлив дури и без да биде запишано неговото име на кориците. Тука мораме да споменеме дека во прилог ѝ одел и фактот што времето кога таа твори е познато под името Златно доба на детективскиот роман. Но, нејзините дела се несомнено безвременски приказни кои никогаш нема да бидат одбивни за публиката, без разлика на тоа каква мода владее во светот на книгата. Својот белег врз литературата Агата го остава со креирањето на два импресивни лика: Херкул Поаро, белгиски детектив кој зазема голем дел од нејзините најуспешни книги, како и Мис Џејн Марпл, најпознатата лукава жена - детектив воопшто во крими - светот.

7

Најпознати дела на Агата Кристи се: „Пајаковата мрежа“, „Убиството во Месопотамија“, „Големата Четворка“, „Мистеријата на синиот воз“, „Абецедните убиства“, „Бија баја буф!“, „Стапица за глувци“... Уште многу извонредни дела се редат во низата на најдобрите од најдобрата, како да не запираат. Духот на Кристи живее преку нејзините книги. Се чини како да нема никогаш да сопре...

Детска редакција: Ема Димзова 8в одд.

Делата на Агата Кристи се посебни. Тие зборуваат сами за себе. Доколку се продлабочиме во нејзиниот неверојатен и несомнено посебен стил на опишување на настаните, ќе бидеме способни да ја идентификуваме нејзината фантазија дури и тогаш кога нема да знаеме дека се работи токму за нејзината височествена маестралност. Неа не ја интересира она што се случува надвор од јадрото на настаните. Агата Кристи знае само за бруталната вистина и скоро секогаш своето внимание ѝ го

посочува токму нејзе, сé додека не почувствува дека ги раскажала сите настани кои виреат во нејзиното битие посветено на писателската фантазија што ја развиваат злосторствата. Начинот на кој се обработува психата на човекот (особено злосторникот, најчесто убиецот), внимателното разгледување на околностите и дури болно, вистинските описи на злосторствата се вечен белег кој му дава живот на нејзиниот безвременски роман. Во два збора, Кристи и нејзините романи се приказна за себе.

Page 8: spisanie_br12, Centar11

Географија

А Н Т А Р К Т И К ОСВОЈУВАЊЕ НА ЈУЖНИОТ ПОЛКонтинентот Антарктик се наоѓа на крајниот југ

на нашата планета, опкружувајќи го земјениот Јужен пол. Се смета дека континентот е откриен јануари 1820 година, но долго време останал неистражен поради изолираната локација и невозможните услови за живот. Познат е како најладно место на Земјата и околку 98 % од неговата површина е покриена со снег и мраз. Тоа е најладниот, најсувиот и најветровитиот континент на светот, со најголема просечна надморска височина. Антарктикот нема постојани жители, а го населуваат само растенија и животни кои се прилагодени на ниските температури кои во зимскиот период достигнуваат и до -90 степени целзиусови: пингвини, морски мечки, мов, лишаи и голем број видови алги.На Антарктикот се појавуваат три природни феномени: аурора аустралис или јужните светлини, дијамантски прав - облак од ситни кристали од мраз и пархелион, или лажно сонце, светла точка покрај вистинското сонце.

Подготвувајќи се за експедиција на Северниот Пол, норвешкиот истражувач Роалд Амундсен дознава дека Американците Фредерик Кук и Роберт Пири објавиле дека го освоиле. Во август 1910 година, тој со бродот „Фрам“, во тајност тргнува кон Јужниот Пол. На иста екпедиција тргнува и неговиот британски колега Роберт Скот.Поискусниот Амудсен за освојување на Јужниот Пол користи санки и кучиња, додека Британецот освен кучиња имал и моторизирани санки кои брзо се расипале и мали понија кои потполно неадаптирани, не ги издржале суровите услови. Роалд Амундсен го освојува Јужниот Пол во декември 1911 година, а месец дена подоцна Британецот Скот го открива норвешкото знаме забиено во снегот. Исцрпени од патот и со мали залихи на храна, Британците не го преживеале враќањето во базата.

8

Со потпишување на Антарктичката спогодба од страна на 12 земји во 1959 година (досега бројот порасна на 43 земји), забранети се секакви воени активности и експлоатација на рудното богатство. Поддржани се научните истражувања поради што се изградени истражувачки станици и научни бази .Најмногу се присутни Русите, Американците, Англичаните, потоа Норвежаните, Французите и Австралијанците.

Детска редакција: Марија Деолска 7-3 одд.

Page 9: spisanie_br12, Centar11

Пингвинот е вид птица која живее на Јужната хемисфера. Не лета, но плива со голема брзина. Постојат околу 17 видови, при што најголем е царскиот пингвин - достигнува висина до 1 метар и тежина од околу 35 килограми. Најмал е малиот син пигвин кој тежи околу 1 килограм, а висок е само 40 центиметри.Повеќето пингвини се хранат со ракчиња, риби и лигњи, како и со други форми на морски животни кои ги ловат додека нуркаат. Пингвините минуваат приближно половина од времето на суво, а половина во вода. Препознатливиот „смокинг“ кој го носат пингвините помага тие да се помалку видливи додека се во вода, но служи и за греење. Темното „одело“ ја апсорбира топлината на сонцето со што ја зголемува температурата на телото. За време на суровите зими на Антарктикот пингвините имаат уникатен начин да се заштитат од студот. Стиснати во групи, постепено си ги менуваат местата, така што секој добива прилика да биде малку во средина каде е најтопло. При премногу ниски температури, пингвините стојат на пета (прстите им се подигнати во воздух). На тој начин се намалува површината на контакт со мразот и губиток на топлината.Најголеми природни непријатели на пингвинот се леопард фоките, ајкулите и орка китовите. Интересно е дека поради опасностите кои ги демнат од водата, пингвините знаат долго време да стојат на работ на ледениот брег. Но откако еден од нив ќе се охрабри и ќе скокне во водата, сите останати пингвини од групата скокаат после него.Пингвините нуркаат со брзина од околу 10 километри на час, можат да пијат солена вода и најчесто живеат околу 20 години. Не се плашат од луѓето и слободно им приоѓаат на истражувачите кога се во нивна непосредна близина.Кога ќе се разделат од партнерот или од младенчето, пингвините се наоѓаат со довикување (звукови кои потсетуваат на звукот на труба), дури и во многу големи јата.

Географија БиологијаП И Н Г В И Н

9

Page 10: spisanie_br12, Centar11

УметностВ И Т Р А Ж

Витраж претставува стаклена површина составена од парчиња разнобојно стакло кое е споено со оловни ленти. Најстарите примероци се пронајдени во археолошките ископини на старите римски градови Помпеја и Херкуланеум каде се користеле како украс во палатите и вилите на богатите римјани. Најстариот сочуван витраж е пронајден при археолошкото ископување околу манастир во германскиот град Lorsch Abbey (опатија Лорш) и потекнува од десетиот век. Витражите почнале да се појавуваат и во средновековните готски катедрали. Катедралите имале многу големи отвори и било невозможно да се покријат со едно парче стакло, па затоа морало да се спојуваат повеќе стаклени површини во една целина. За време на ренесансата, уметноста на изработка на витраж станува се поважна. Во тоа време стакларите и уметниците кои работеле со стакло имале висок статус. Почетокот на 16 век носи големи политички и верски превирања. Тоа е црниот период за витражот и неговите мајстори. Уништувањето на витражот е посебно карактеристичен за Англија. Изработката на витраж скоро потполно замира сè до 19 век. Најубавите примери на витраж се наоѓаат на готските француски средновековни катедрали Шартр и Нотр Дам во Франција.

10

На сликата е прикажан дел од витражот на кој е претставен кралот Давид од катедралата во Ремс уште попозната како „Нотр Дам де Ремс“ која се наоѓа источно од Париз. Во оваа катедрала се крунисани точно 25 француски кралеви.

Изработката на витраж бара

комбинирање на инспирација,

креативност, голема прецизност -

почнувајќи од нацртот, режењето на

стаклото и неговата изработка.

Page 11: spisanie_br12, Centar11

11

Постојат две доминантни техники за изработка на витраж. Првата техника која се користи и денес, се состои од спојување, лепење на парчиња стакло со топено олово. На крајот од 19 век се развива техниката наречена според нејзиниот творец, уметник и индустријалец од САД Луис Комфорт Тифани (1848-1933) т.н. Тифани техника.

Тифани студирал сликарство. Патувајќи низ Европа и северна Африка, тој бил импресиониран од колоритот на средновековниот витраж. Посветил триесет години од својот живот, проучувајќи го стаклото. Измислил метод за производство на специјално стакло познато како Тифани фаврил стакло кое се прелива во боите од спектарот на виножитото.

Според неговата техника за изработка на витраж, парчињата стакло се лепат со бакарна фолија, а потоа се соединуваат со калај кој се растопува со леткум и се развлекува рамномерно по рабовите на стаклото. Оваа техника овозможува витражот да не биде само рамен.

Кога се говори за Тифани техниката, невозможно е а да не се споменат Тифани ламбите. Тие предизвикале вистински бум и во тоа време било работа на престиж богатите семејства во својот дом да имаат една од ламбите Тифани за кои се чекало и по неколку месеци. Овие ламби меѓу колекционерите достигнуваат астрономски цени.

Постои и т.н. лажен витраж. Составите кај овој витраж всушност не е воопшто состав. На рамно стакло се оцртуваат преградите и се лепат оловни траки, се со цел да наликува на оригиналната техника. Денес во Македонија учениците во уметничките училишта ДСУПУ„Лазар Личеноски“ и СУСГ „Кочо Рацин“ ја изучуваат оваа техника, внесувајќи сопствени видувања, изразувајќи го својот талент.

Page 12: spisanie_br12, Centar11

Најдоброто од насУПОТРЕБА НА ИНТЕРАКТИВНА ТАБЛА

Учениците и наставниците од ОУ„Гоце Делчев“, од второто полугодие во учебната 2012/13 година ќе имаат можност активно да ја употребуваат интерактивната мултимедијална табла MIMIO. Интерактивната MIMIO табла овозможува полесна реализација на образовни активности преку внесување повеќе интеракција, мотивација и забава во училницата со цел да се создадат можности за подобро образување на учениците. Наставата се оживува со слики, видео записи, музика и разни други апликации. MIMIO е подржан со сопствен програм кој многу ќе ни помогне околу секојдневната настава и ја прави далеку поедноставна и поблиску до учениците.

12

ОУ „Гоце Делчев“

НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ

Во ОУ„Тихомир Милошевски” во општина Ѓорче Петров се одржа натпреварот „Млади техничари – Зима 2012” на ниво на град Скопје.Учениците од ОУ„Гоце Делчев”-Центар земаа активно учество на натпреварот и се натпреваруваа во три дисциплини: сообраќајна техника, ракетно моделарство и радио техника со деца. Ученикот Александар Гоџиров од VIa одд. го освои првото место во дисциплината сообраќајна техника, а ученикот Васил Кузмановски од IIIa го освои првото место во дисциплината ракетно моделарство.На отвореното првенство во Аматерска Радио-Гониометрија „Зима 2012” ОУ „Гоце Делчев”-Центар освои второ место на ниво на град Скопје.Настанот беше во организација на Народна Техника-Скопје.

ПОСЕТА НА УРБАНА ЗАЕДНИЦА

„РОБЕРТ ГАЈДИЌ“- ЦЕНТАР

Со цел проширување на своите знаења учениците од IVа и IVб одделение од ОУ „Гоце Делчев“-Центар, Скопје, предводени од своите наставнички Десанка Спироска и Тања Василеска направија посета на урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ која е во склоп на општина Центар. Се запознаа со животниот пат на народниот херој Роберт Гајдиќ чие име го носи урбаната заедница - момче од Чешка кој со велосипед дошол во Македонија барајќи го својот татко кој работел на изградба на хидроцентралата Матка. Се приклучил на младинското скоевско револуционерно движење, бил заробен и стрелан од окупаторот. На средбата се разговараше за тековните активностите на заедницата и клубовите кои делуваат во неа (клуб на станари, клуб на пензионери, шаховски клуб). Учениците дадоа свои иницијативи, предлози за урбано решавање на просторот околу училиштето и средината каде што живеат. Презентираните идеи го воодушевија преставникот на урбаната заедница кој истакна дека ќе се ангажира да се реализираат дел од нивните предлози.

Page 13: spisanie_br12, Centar11

ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

ИЗБИРАМЕ ТАЛЕНТИ ОУ„Ј.Х.Песталоци“ организира активности за избор на таленти од областа на: инструменталната музика, вокални изведувачи, танци, ликовна уметност, информатика, математика, новинарство, глума и општествени науки. Иницијативата за избор на таленти од различни области е во рамките на работата на стручните соработници и заедницата на училиштето во соработка со наставниците и учениците, а поддржана од директорот. Во рамките на работата на училиштето на ова подрачје, одржани се концерти на младите таленти од областа на инструменталната и вокалната музика во свечената сала на училиштето. Настапуваа ученици кои свиреа на мандолина, виолончело, виолина и на пијано, како и ученици кои ги покажаа своите гласовни можности. Музичките изведби и спектакуларната техника, како да создадоа вистински рај, кој публиката со аплауз и скандирања го поздравуваше. Јавно ги пофалуваме нашите музички таленти кои во

иднина ќе настапуваат на разни манифестации афирмирајќи го своето училиште. Планираме ваквите манифестации да станат наша традиција, а училиштето да биде место каде младите таленти ќе се негуваат.

13

Центар11: Од колку години сликаш?К.Цветановски: Јас имам 11 години и сликам од кога знам за себе, од многу мал, постојано бев со боичките во раце.

Центар11: Покрај тоа што сликаш, сакаш ли со некој да поразговараш за сликата...на некого да му објасниш што значи или да побараш мислење?К.Цветановски: Да, навистина сакам да сликам и секогаш да го споделам она што сум го насликал. Најчесто по сликањето го прераскажувам својот цртеж пред другарчињата и пред мојата наставничка, сакам да им ги искажам моите чувства и многу ми значи нивното мислење дали добро сум нацртал, што им се допаѓа а што не, за да можам во иднина да не правам грешки. Всушност за тоа прераскажување на цртежите нè научи наставничката за да ги почитуваме сите мислења и сугестии, да умееме да ги искажуваме чувствата.Центар11: Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?К.Цветановски: Кога ке пораснам сакам да бидам сликар, но желбата на моите родители е да станам архитект.Центар11: Која ти е омилена техника?К.Цветановски: Омилена техника ми е сликањето со темперни бои.Центар11: Кој ти е омилен сликар?К.Цветановски: Сè уште сум мал и немам омилен сликар, но од тие чии дела сум им ги видел омилени ми се се Живко Поповски –Цветин и Илија Пенушлиски.Центар11: Дали околината го поддржува твојот талент, односно кој најмногу те поддржува за твојот талент?К.Цветановски: Најмногу ме поддржуваат другарчињата од одделението кои секогаш ме бодрат и ми посочуваат дека јас сум најдобриот сликар. Тогаш се чувствувам задоволен и среќен и навистина ми значи тоа за што сум им благодарен .Центар11: Дали си учествувал на некој натпревар или си изложувал некаде?К.Цветановски: Учествувам на сите конкурси и ликовни колонии, а ако го посетите моето училиште, сигурно ќе ги забележите изложени моите цртежи, посебно кога има некои случувања и прослави во училиштето.

ИНТЕРВЈУ со Кирил Цветановски, ученик во V одделение

ЛИТЕРАТУРНО-ЛИКОВЕН КОНКУРС

Во текот на јануари и февруари, ОУ„Јохан Хајнрих Песталоци“ распиша литературно-ликовен конкурс на тема „Во светот на различностите-СТОП за бариерите“. Право на учество имаа учениците од основните училишта во Општина Центар, од III-VIII одделение. Комисијата, составена од претставници-ментори од училиштата во Општината, ги селектираше најуспешните литературни и ликовни творби. Најуспешните, селектирани во категории од III-V одд. и од VI-VIII одд. добија дипломи, а другите учесници добија благодарници за нивното учество. Секако, дипломи и благодарници добија и нивните наставници-ментори.

Page 14: spisanie_br12, Centar11

ОУ„11 Октомври“

ВЛЕЗИ ВКЛУЧИ, ИЗЛЕЗИ ИСКЛУЧИВторачињата ги посетија своите другарчиња-првачиња на кои им претставија кратки еко-пораки за рационално користење на електирчната и топлинската енергија под мотото „Влези вклучи, излези исклучи“. По тој повод учениците изработија костими на електрични апарати и ги подучија учениците од прво одделение како треба да постапуваме со апаратите во домаќинството доколку сакаме да заштедиме електрична енергија. Учениците одржаа и кратка претстава „Да не ја загадуваме природата“, со цел кај учениците да се пробуди еко-свеста за зачувување на животната средина.

ГО СЛАВИМЕ ПРАЗНИКОТ НА ЉУБОВТА

По повод празникот на љубовта Свети Валентајн, учениците од седмо одделение заедно со наставничката по англиски јазик Весна Грошева изработија пано со љубовни пораки и симболи на Свети Валентајн. Паното беше изложено во главниот хол. Преку оваа активност учениците се запознаа со дел од традицијата на луѓето од католичка вероисповест.

14

To my Valentine

Our love will be soonBut I always blush

when you are in the roomI met you at the cricket game

But I didn’t tell you, that’s so lame.I hide from you when you come by

That’s the truth, it’s no lieSo as do I hide

I wish someday I’ll give you a rideSo I am not gonna hide forever

I won’t lie to you, no never.

Happy ValentineМарко Матевски V-3

Ментор: Марија Талевска

Page 15: spisanie_br12, Centar11

ОУ „Димитар Миладинов“

„КОРУПЦИЈА - ЈА СЕЧЕШ ГРАНКАТА НА КОЈА СЕДИШ“Стоп за корупцијата – создава нееднаквост, ги намалува можностите на немоќните, ги фокусира неспособните,

го спречува развојот.

Во соработка со ДКСК - Државна комисија за спречување на корупција на РМ и наставникот по граѓанско образование Билјана Георгиевска со учениците од седмо одделение, беа одржани работилници со мотото: „Корупција - ја сечеш гранката на која седиш”. Одржувањето на овие едукативни работилници беа со цел на учениците да им се објасни дека корупцијата не познава пол, професија, вероисповед, возраст, степен на образование, нагласувајќи дека таа е негативен дел од денешницата и од неа треба да се заштитиме.Учениците се запознаа со поимите корупција и антикорупција и механизми за спречување. Преку определени активности научија да анализираат ситуации, личности и настани поврзани со корупцијата и начинот на нивното спречување. Се ставаа во улога на активни граѓани кои ќе придонесат за развој на модерно демократско општество. Како резултат на целата таа соработка и сите одржани едукативни работилници , учениците изработија кусометражен филм преку кој испраќаат порака:

„Сакаме еднаквост, сакаме знаење - СТОП ЗА КОРУПЦИЈАТА” 15

Page 16: spisanie_br12, Centar11

ОУ „Коле Неделковски“

ДЕБАРМААЛСКИ СРЕДБИ

Нашето училиште ја имаше честа да ги отвори овогодинешните трети по ред Дебармаалски средби. Манифестацијата беше отворена со изложбата „Цвеќе за мирот, радост и љубов” на која беа изложени делата на познатиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин, а пак гостите беа пречекани традиционално со погача и сол од учениците облечени во народни носии. Од училишниот оркестар беа изведени неколку музички точки, а подоцна се презентираа и стихови на познати македонски поети, но и лични творби. Потоа дваесетина ученици одиграа симултанка во шах со меѓународниот шаховски мајстор Димитар Илиевски, кој воедно им подари и по една слика. Манифестацијата продолжи со закројување на винова лоза во дворот на семејството Петровски будно следено со звуците на училишниот хор, за да заврши со испраќање на цветна порака за мир, од мостот на Вардар.

16

ОД НАШИТЕ ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИВо изборната настава по предметот „Вештини на живеење“ во осмо одделение, е проектот „Исхрана“. Учениците во рамките на овој проект дискутираа за нивните познавања која храна е здрава и добра да се конзумира, а која треба да се избегнува и зошто, на што треба да внимаваме пред да го употребиме производот за јадење, итн. Учениците по пат на истражување учеа колкава е калоричната вредност на одредени производи што ги употребуваме, колку калории се потребни на одредени категории луге, а колку на децата во текот на денот. Учениците правеа свои листи на тоа што јадат секој ден во текот на една недела и пресметуваа колку калории просечно внесуваат во текот на денот. Оваа листа се споредуваше со калориите што им се потребни и така секој се пронаоѓаше и си донесуваше заклучок што треба да промени или не во својата исхрана. Тие спроведоа и анкета меѓу своите другарчиња за тоа како тие се хранат и се констатира дека повеке од половина од анкетираните внимаваат на својата исхрана. Беше направена и листа на нивни најомилени јадења за кои учениците донесоа рецепти. Во тек на проектот беше посветено внимание на правилата за поставувањето на масата за ручек како и однесувањето за време на ручекот. Како дел од проектот учениците беа во посета на ресторанот „Скопски мерак“, каде љубезните домаќини им ги презентираа стандардите по кои треба да функционира еден ваков објект. Учениците ја посетија кујната каде готвачите им покажаа како се подготвува храната и на нивно барање им беа кажани рецептите на јадењата кои беа на менито тој ден. Потоа им беше демонстрирано како се поставува масата за свечен ручек и со големо трпение се одговараше на нивните прашања. На крај во дворот на ресторанот беше презентирано како се подготвува пица и пастрмајлија печени на дрва, по што следеше нивна дегустација на општо задоволство, со што учениците се уверија во квалитетот на понудената храна.

Page 17: spisanie_br12, Centar11

ДЕНОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО

По повод празникот на виното и љубовта учениците од aнглиската секција предводени од наставничката Елизабета Христова, организираа вечер на забава во нашето училиште на која присуствуваа ученците од седмо и осмо одделение и наставниците. Покрај музиката, дружењето и играњето, забавата имаше и своја програма каде беа избрани: најубава напишана љубовна песна, најубава честитка за Свети Валентајн, Св.Трифун базар, најдобар танцувачки пар и на крајот како шлаг на целата вечер избрани беа Кралот и Кралицата на вечерта. А за сите нив, наставниците им обезбедија многу интересни и несекојдневни награди.

ПРОМОЦИЈА НА ЕЛЕКТРОНСКА ТАБЛА

Во ОУ „Св. Кирил и Методиј” се одржа промоцијата на интерактивната електронска табла, како новитет во образовните процеси во Република Македонија. Предноста на ова помагало во однос на класичните табли е тоа што интерактивната табла може да функционира како компјутерски екран осетлив на допир. На отворениот час на промоцијата, учениците решаваа задачи, пишуваа текстови и цртаа, а бабината игра кибритче ја имплеметираа со паметната табла. Учениците го обложија кибритчето со бела хартија на која напишаа на секој ѕид броен израз, а потоа множеа повеќецифрени броеви со едноцифрен број, при што производот го проверуваа со калкулатор. На паметната табла тие ја искористија 3D коцката, која се врти на допир, односно можеа на екранот да повикуваат една, две или повеќе коцки, или да множат со едноцифрен, двоцифрен или троцифрен број. Паметната табла меѓу присутните предизвика воодушевување и позитивни реакции. Откако е поставена таблата, учениците секојдневно ја користат интегрирано, за изучување на сите предмети, која што навистина им служи како ефективно помагало. Истите ученици на возраст од 10 години, во придружба со наставничката Марина Василева, преку конференциска видео-врска одржаа и обука на наставниците во Кавадарци за користењето на оваа табла.

ОУ „Св.Кирил и Методиј“

17

Page 18: spisanie_br12, Centar11

УЧЕНИЦИТЕ ВО УЛОГА НА ИСТРАЖУВАЧИ

Желбата и љубовта за истражување, се стекнува преку наставата која води до зголемување на интересите и креативноста на учениците.Излегување од рамките на секојдневната настава е токму тоа што го прават учениците од седмо одделение од OУ „Кочо Рацин“-Скопје. Во рамките на додатната настава по предметите физика, хемија и биологија, учениците го посетија Природно-математичкиот факултет во Скопје. На Институтот за хемија, учениците ја разгледаа поставената изложба на минерали и руди од различни локалитети на Република Македонија. Ја посетија лабараторијата во која се изведуваат вежби од неорганска хемија. На Институтот по физика, учениците ја посетија лабараторијата за демонстрациони експерименти, мереа тежина на тело со помош на динамометар, проследија демонстрација за начинот на определување сила на триење, демонстрација на експеримент со кој се покажува Законот за запазување на енергија, проследија експерименти поврзани со хидростатички и атмосферски притисок и експеримент со примена на електромагнетна индукција. Експериментите ги изведуваше проф. д-р Оливер Зајков. Во текот на изведувањето на експериментите, професорот воспостави интеракција со учениците и ги вклопи во дискусија. На Институтот за биологија учениците се запознаа со начинот на одгледување лабараториски стаорци посетувајќи ја фармата. Исто така, ја посетија лабараторијата за одвивање на вежби по анатомија и физиологија на човек, каде со помош на микроскоп разгледуваа крвни елементи. Беа во лабараторија за подготовка на ткива за научни истражувања, каде им беше покажана опремата со која располага ПМФ (дигитална вага од пет децибели, дигитални пипети, центрифуга, комора со течен азот за зачувување на ткива и сл.). За крај учениците беа одведени во лабараторијата каде се одвиваат вежбите со ‘рбетните животни VERTEBRATA, каде им беа демонстрирани поголем дел од птиците во Македонија, жаби, видови на риби, гуштер, морска мачка и морско коњче, скелет на човек, скелет на птици, еволутивен развој на домашно пиле и препарирани животни. Низ лабараториите по биологија учениците ги водеше асс.м-р. Никола Хаџи-Петрушев. Организатори на посетата беа Катица Митовска-Христовска - наставник по физика и Јасмина Апостолова - наставник по хемија во ОУ ,,Кочо Рацин“.

ОУ „Кочо Рацин“

18

Page 19: spisanie_br12, Centar11

ЈУДГОЦ „13 Ноември“

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

ВО ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА ПЛАНЕТАРИУМ

Вработените од градинката „13 Ноември” организираа хуманитарна посета на децата од ДСУ „Св. Наум Охридски” – училиште за рехабилитација, за стручно и работно оспособување и образование за ученици со посебни образовни потреби. Оваа хумана акција беше под мото „Учителките глумат, се дружат, подаруваат”. Целта на оваа посета беше да им се разубави едно претпладне на присутните ученици преку неколку часовно дружење, исполнето со разновидни активности и театарска претстава со наслов: „Случки од шумата”, подготвена од воспитниот кадар. За секој ученик за спомен од дружењето им беа подарени ликовни материјали (креди и хамери во боја, фломастери, блокови за цртање, колаж хартија, темперни и дрвени боици) и облека. Во ова дружење им се приклучија и штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври”. Ова е продолжение на акциите за хуманост и донирање кои што се реализираат од страна на градинката, со цел подигнување на јавната свест за споделување и давање безрезервна помош и поддршка на оние на кои најмногу им е потребна.

19

Детската градинка „13 Ноември” реализира едукативна посета во Планетариумот кој што се наоѓа во рамките на МКЦ - Скопје. Во оваа посета беа вклучени децата од големите групи, од сите 4 клонови на градинката. Идеата за оваа посета беше поттикната од се почесто поставуваните прашања од страна на децата за вселената, интересот за гледање на анимирани филмови со истата содржина, нивно запознавање со детска литература со содржини за вселената.Посетата имаше за цел да добијат одговори на нивните прашања за тоа како се патува со вселенски летала, зошто ѕвездите се сјајни, што се тоа планети, како се движат во сончевиот систем, колку ги има на број, како се врти Земјата...На овој начин се задоволи детскиот интерес за вселената, за планетите, особено за планетата Земја, за ѕвездите и метеорите, за тоа како настанува ноќ, и која ѕвезда најсјајно свети на нашето небо, овозможувајќи им на децата да стекнат одредени знаења. Оваа посета предизвика позитивни реакции, го поттикна интересот на децата за оваа тема, како и желбата за понатамошно истражување и стекнување нови знаења од други области.

Page 20: spisanie_br12, Centar11

ЈУДГОЦ „Кочо Рацин”

БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Во градинката „Кочо Рацин’’ во сите четири објекти со децата од 4-6 годишна возраст, воспитниот тим реализира најразновидни активности од областа на сообраќајното воспитание кај децата со цел да се подигне нивото на знаење. Децата како учесници во сообраќајот, да стекнат сообраќајна култура и да научат за нивната безбедност во сообраќајот уште од најмала возраст.Oд СВР – Оддел за безбедност во сообраќајот, во градинката ни гостуваа претставници од полицијата.Преку краток филм ни прикажаа проекција со наслов „Сообраќаен буквар’’ како нова едукативна форма која на еден интересен начин им овозможи на децата да се запознаат со основните правила и прописи во сообраќајот.Децата се запознаа со семафорот и со правилата за управувавање на велосипед и тротинет. Исто така децата се запознаа со начините како најбезбедно да се помине улицата или крстосницата и преку разговор со полициските службеници имаа можност интерактивно да се да се запознаат со сите опасности во сообраќајот кои ги демнат во близина на нивните домови и градинката.

СВЕТОТ СЕ ВИКА МУЗИКА Во градинката „ Кочо Рацин ’’ – објект Н.Н.Борче со децата од 3-6 год. возраст работиме на проектот „Светот се вика музика’’, кој го започнавме од ноември, а ќе трае до април. Ваквите проектни активности од областа на музиката, кои се во согласност со возраста на децата имаат цел да ги запознаат со техниката на свирење со дел од музичките инструменти, да се развива чувство за ритам, да се оспособува правилно ракување и контролирано свирење на орфовите инструменти и.т.н. По тој повод со децата од 5-6 годишна возраст организиравме посета во СУ„Илија Николовски Луј ’’ каде што имаа прилика да се запознаат со музичките инструменти (ударни, жичани и дувачки), а имаа прилика да свират на нив и да ги допрат. Професорите и учениците не примија прекрасно, со големо задоволство ни објаснија за секој инструмент посебно, како се вика, на кој начин свират, какви звуци испушта секој инструмент, а децата со големо внимание ги следеа учениците како свират, пеат и играат на музика произведена од музичките инструменти.

20

Page 21: spisanie_br12, Centar11

ЈУДГОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“

ГРАДИНКАТА „КОРЧАГИН“ ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА - ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ

21

По успешно спроведување на Програмата „Интеграција за еколошката едукација во македонскиот образовен систем" градинката „Раде Јовчевски Корчагин" стана добитник на највисоко признание ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ, со што стана прва градинка од Општина Центар и од градот Скопје која е носител на ова високо признание за својата педагошка работа. Официјалното прогласување на градинките, основните и средните училишта кои беа наградени со зелено знаме, сребрено или бронзено ниво, се одржа по четврти пат на традиционалниот ЕКО-САМИТ на 21 и 22 февруари 2013 година во хотелот Белведере во Охрид. Одлуката за наградување ја донесе специјална комисија, во чиј состав влегоа претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образование, Државниот просветен инспекторат, Швајцарската агенција за развој и соработка и претставник од Здружението „ОХО". Со цел, создавање на еколошка култура кај најмладите генерации, оваа градинка ја покрена иницијативата во март 2011 година, под мотото „Детско еко право, се да е чисто и здраво”. Најпрвин се конституираше Еко-одбор во кој членуваа родители, воспитувачи, стручен кадар, технички персонал за подигнување на свеста кај децата за зачувување на околината. Според Еко кодексот се реализираа бројни еколошки активности за исполнување на сите седум чекори во Еко менаџментот, а следеше изработка и на Еко симболи - Еко пофалко и Еко опоменко и промовирање на Еко химната. Родителите беа запознаени со еколошките активности на своите деца преку медиумската покриеност на реализираните настани. Во градинката успешно се спроведоа четирите Еко стандарди: заштеда на енергија, при што се намали потрошувачката за 10 проценти; заштеда на вода, при што, исто така се намали потрошувачката за 10 проценти; одржување на зградата и здравата средина во градинката и уредување и креирање на еколошки двор. Меѓу еколошките приоритети беа и разубавување на дворот на градинката, садење на цвеќиња и дрвца, создавање на Еко патрола, рециклирање на хартија и пластика, селектирање на корпите за смет и отпад, компостирање, како и реализирање на едукативен проект – „Здрава храна за детство без мана”. Исто така, беше одржана и манифестација „Прослава во чест на природата” во која што учествуваа над 200 дечиња од сите клонови на оваа градинка. На овој настан беа изложени креативните изработки – платнените и хартиени ќеси, дизајнирани од децата и родителите. Целта беше кај децата да се создаде навика за преферирање на хартиени и платнени ќеси.

Page 22: spisanie_br12, Centar11

Од општината

22

НАЈМЛАДИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА МАЈКАТА

Празникот 8 Март, децата од градинката „13 Ноември“ го одбележаа преку низа активности. Во текот на целата седмица децата изработуваа честитки и ликовни творби, учеа стихотворби и песни за мајката. Дел од своите осмомартовски изработки ги изработија заедно со учениците од гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од отсекот меѓународна матура, кои се наменија за продажна изложба. Средствата од оваа продажна изложба се донираа за хуманитарни цели и во соработка со Црвениот крст се наменија за помош на лице кое треба да се лекува во странство. Исто така, беа организирани и работилници во сите објекти на темата „Со тато – за мама“. За време на работилниците помеѓу децата, родителите и воспитниот кадар се воспоставија блиски односи на меѓусебна почит. По повод овој ден се приредуваа и куклени претстави и приредби на кои децата пееа, играа и рецитираа. Воспитно-згрижувачкиот кадар во соработка со стручните соработници, организираше креативни активности на темите – „Мама и јас“, „Честитка за мама“, „Портрет на мама“, „Порака до мама“. Со изработените честитки, потоа децата ги изненадија своите мајки. И во градинката „Кочо Рацин“, првата недела од месец март беше посветена на празникот 8 Март – Денот на мајката, со многубројни активности. Децата од оваа градинка посетија мајка на нејзиното работно место, инаку родител на дете кое ја посетува оваа градинка. Таа ги запозна децата со својата професија козметичар и им даде објаснувања за алатките кои што ги користи во текот на својот работен ден. На големо задоволство на девојчињата од групата, им направи и маникир. Со родителите беа организирани попладневни дружења во сите објекти, преку креативни работилници на кои што се изработија прекрасни честитки и слики декорирани со цеќиња од хартија и пластика. Сите осмомартовски креации кои што беа изложени, беа и купени со доброволен прилог. Собраните средства се наменија за купување на садници и средување на дворовите во сите објекти на градинката по повод 21 март – Денот на пролетта. Со помош на бабите и воспитно-згрижувачкиот кадар, децата учествуваа во правење и на колачиња. Задоволството беше заедничко, а радоста и среќата зрачеше од детските очи кога го вкусија десертот од својот труд. Инаку, најуспешните ликовни творби и честитки на споменатите ликовни активности и од двете градинки беа испратени на изложбата во Детскиот културен центар „Карпош“.

Page 23: spisanie_br12, Centar11

Од општината

23

„КОЧО РАЦИН“ Е НОВИОТ ШАМПИОН ВО РАКОМЕТ

На 15 март 2013 година во спортската сала на училиштето „11 Октомври“ се одиграа финалните натпревари во рамки на училишниот турнир во ракомет, во категорија машки за учебната 2012/2013 година. Овој турнир по втор пат се одржа на општинско ниво и како и минатата година беше прифатен со големо задоволство и ентузијазам од страна на учениците кои зедоа учество. За освојување на титулата на ракометниот турнир се натпреваруваа екипите од основните училишта: „Димитар Миладинов“, „Ј.Х. Песталоци“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“ и „Св. Кирили Методиј“, чија екипа беше бранител на титулата од минатата година. На финалето во мошне неизвесен натпревар, со резултат 10:8, екипата од ОУ „Кочо Рацин“ го освои првото место победувајќи ја екипата од ОУ „Димитар Миладинов“, која беше втора на турнирот. Третото место го освоија учениците од ОУ „11 Октомври“, победувајќи ги учениците од ОУ „Ј.Х. Песталоци“ со резултат 16:11. Победничката екипа од ОУ „Кочо Рацин“, директно ќе се пласира на претстојните натпревари на градско ниво. На финалните натпревари кои поминаа во спортска и фер атмосфера, публиката од трибините со громогласно навивање им даваше поддршка на своите соученици и беше како додатен играч. На крајот на турнирот, советникот од Одделението за спорт од Општина Центар, Милош Делевиќ на трите првопласирани ракометни екипи им додели трофеи, мадалји и дипломи за учество, како награда од Општината. Лука Стефановски од екипата на ОУ „Кочо Рацин“ со својот талент и упорност се покажа како најдобар играч на Училишниот турнир во ракомет за учебната 2012/2013 година. Ова беше можност и останатите ученици да ги покажат своите спортски квалитети и умеења во ракометот, со цел кај нив во континуитет да продолжи да се развива спортскиот дух. Честитки до сите натпреварувачи!

Page 24: spisanie_br12, Centar11

Интервју

24

Центар11: Како се чувствувате кога настапувате пред деца и млади за разлика од вашите концертни настапи?

Андријана: Пред деца се чувствувам прекрасно, бидејќи тие имаат особена важност за мене. Тоа е така бидејќи децата се најискрената публика, не умеат да лажат и искрено покажуваат дали нешто им се допаѓа или не. Тоа чувство не може да се опише со зборови.

Дани: Најголемо задоволство ми е да настапувам пред детска публика. Децата се најискрената публика која секој ја посакува. Посебно задоволство ми е кога настапувам во ова училиште, бидејќи ова е училиштето во кое имам учено од 1-во до 8-мо одделение. Многу сум горда на успесите на ова училиште не само во областа на музиката, туку за сите успеси кои тоа ги достигнува.

Елена: Тоа чувство никој не може да го искаже со зборови. Ваквото чувство се подлабоко и подлабоко ме враќа во детството. Младите (децата) секогаш носат позитивна енергија. Разликата помеѓу моите вечерни настапи и пред деца е преголема, и чувствата исто така се многу различни. Ноќните настапи се многу понапнати, а на настапите пред деца сум многу порелаксирана.

Сара: Чувството е многу убаво, добивам позитивна енергија додека настапувам пред деца. Среќна сум кога настапувам пред деца и пред нив сум многу поопуштена отколку на концертите.

Центар11:Дали како дете сте настапувале на ваква манифестација?

Андријана: Имам завршено основно образование во Основното училиште „Ацо Шопов“ и секогаш бев дел од ваквите манифестации. Исто така имам настапувано на патронати и други манифестации со детскиот хор „Пиколо“ во кој членував 8 години.

Дани: Да, многупати и како дете имам настапувано на вакви манифестации. Најмногу настапував на патронати во средно и основно училиште. Пеам уште од многу мала. За да пееш не е потребна инспирација, доволна е само желба. Како што кај мене со тек на време желбата се остваруваше, така може и кај сите да се оствари, секако, со малку повеќе напор.

Елена: Да, и како дете настапував. Покрај тоа што пеев, бев дел и од модерниот балет и играорна група. Кога бев помала учествував како солист во хорот на основното училиште.

ДЕЦАТА СЕ НАЈИСКРЕНА ПУБЛИКА

Во овој број се дружиме се македонските пејачки Андријана Јаневска, Дани, Елена Петреска и Сара Маркоска кои беа специјални гостинки на хуманитарната

новогодишна музичка приредба во ОУ „11 Октомври“. Тие ги споделија со нас нивните детски музички соништа, нивните искуства со најубавата публика, нивните најголеми

хитови. Уживајте!

Page 25: spisanie_br12, Centar11

Интервју

25

Центар11: Од каде ви е идејата односно од каде добивте инспирација да почнете со пеење?Андријана: Јас на почетокот не размислував да се занимавам со оваа професија со која се занимавам денес. Најпрво имав желба да компонирам, а не да пеам. Моите почетоци со пеењето беа во 1998 година и тоа се случи сосема спонтано. Дебитирав на Скопскиот фестивал заедно со Пеце Огненов. Тоа беа моите почетоци на естрадата.

Елена: Од 7 годишна возраст настапував како солист на училишните манифестации во ОУ „Кочо Рацин“ во Прилеп. Немав никаква инспирација, ниту пак фантазирав да станам пејачка, се си дојде спонтано.

Сара: Од мала возраст имав желба да пеам и секогаш на сите родендени и прослави пеев. Затоа моите родители ме запишаа во нижо музичко во ДМБУЦ - „Илија Николовски Луј“. Отсекогаш сакав да бидам на сцена и да пеам песни кои ќе допрат до публиката.

Центар11: Дали имате трема додека настапувате?

Андријана: Главно немам, но понекогаш се случува да имам трема, кога настапувам на некои посебни настани, а тоа е многу ретко. Уште од 7 годишна возраст се занимавам со музика, кога почнав да свирам виолина и тоа најмногу ми помогна да ја разбијам тремата.

Елена: Па најчесто имам трема додека настапувам, но таа трема никогаш не е страшна и не ме деконцентрира. Тремата која ја имам е секогаш позитивна

Центар11: Кои од вашите песни би ги издвоиле како најголеми хитови?

Андријана: Несомнено можам да кажам дека мој хит е „Твоето писмо, моја Библија“, но сепак песната „Носталгија“ со која настапував и победив на Скопскиот фестивал во 2001 година има посебно значење за мене и со еден збор таа ми е омилена.

Елена: Моја песна која е најслушана е „Симни ми ѕвезди“, потоа „Лажам“- со оваа песна настапив на Макфест во 2010 година. „Не оставам траг“ – оваа песна ја испеав во 2011 година заедно со Александра Бучевац.

Сара: До скоро сите мои песни беа детски и од детските песни можам да ја издвојам песната што ја пеев на Евровизија, „За љубовта“, додека најомилена ми е песната со која победив на Макфест. Песната се вика „После него“. Многу е убаво чувството да се добие 1-ва награда, бидејќи знам дека трудот се исплатеше и затоа сум многу среќна за мојот успех. Детска редакција: Искра Јаневска 8а одд.

Page 26: spisanie_br12, Centar11

Заедно учиме англискиT E E N FASHION

Somewhere between the age of 13-19 (before becoming adults) kids become teenagers. The word teen is part of numbers from 13-19, so when you are thirteen and more - until nineteen, you are a TEENAGER. Teenage time is a time when young people are no longer kids-

their behavior is changing, they look different, they think differ-ently and of course they have a particular way of dressing them-selves. They both (boys and girls) have more free spirit and they both wear more or less the same casual clothes. It is interesting to notice that TEENAGE FASHION hasn’t changed for years. MUST HAVE for teenagers are: jeans, trainers, T-shirts, baseball caps, belts etc.

First of all, jeans became popular with workers, then cow-

boys, then soldiers and in the 1950’s jeans became popular

among teenagers. Since then, jeans are worn mostly by teen-

agers, but also by people of all ages, nationalities, gender

and profession throughout the world.

26

A T-shirt’s characteristic is the T shape made with the body and short or long sleeves, a round neck line, and no collar. Simply, loved by everyone.

Backpack or rucksack is mainly used for carrying educational materials to and from school (book bags or schoolbags). Buying a fashionable, attractive, and useful backpack is very im-portant for many teenagers.

Belts are usually made of leather or some other material and are often combined with jeans.

Fashion is not something that exists in clothes only. Fashion is in the sky, in the

street, fashion has to do with ideas, the way we live, what is happening. Coco Chanel

Surprisingly, baseball caps became very fashionable although they are part of baseball uniform. They usually have logo but they are also often seen in everyday casual wear, with different decorations and colors and the same rounded shape.

Trainers or sneakers were first produced just for basketball but soon after they became the most popular athletic shoes in the world and were worn mainly to play sports. But in the 1950s, kids and teenagers began wearing them as part of their every-day style. Being a teenage idol, James Dean is maybe the most responsible for the popularity or trainers in fashion.

Page 27: spisanie_br12, Centar11

Компјутерско катчеAPPLE

27

Името Apple било идеја на Стив Џобс уште при самите зачетоци и почетни успеси на компанијата, кои барале употреба на едно препознатливо име. Но, за Стив Возниак, името не било доволно добро. Сепак, поставениот лимит од 5 месеци за формирање фирма со ново име бил клучна причина за брз компромис. За цели пет месеци, ниту Џобс, а ниту пак Возниак не добил подобра идеја, па така Џобс на своја рака ја пријавил компанијата под името Apple Computers.Во едно интервју, Стив Џобс се изјаснил по оваа точка:„Немавме веќе време. Јас им се заканив: доколку до пет часот не добиете подобра идеја, јас нема да ве прашам, ниту пак ќе размислувам – ќе ја наречам фирмата Apple. Се надевав

дека тоа ќе им биде причина да бидат поиновативни и да се заинтересираат. Но, сите знаеја да кажат дека не одговара, а никој не даде свој предлог. Така, името остана, па и ден денес Apple е препознатливо име.“ Првото лого на Apple била нацртана слика на која Исак Њутн седи под јаболкница. Тоа било предлог на Рон Вејн. Сепак, брзо излегол на виделина фактот дека логото не е добра реклама – т.е. не е доволно препознатливо и премногу е фрагментирано. Така, истото било повторно одбиено.Силуетата на шарено јаболко со еден залак е дизајнирана во 1977 година од страна на Роб Јаноф. Со појавувањето на првиот сино-зелен iMac во 1998 година, логото било прикажано монохроматски, но секогаш во разни бои (во зависност од површината на која се наоѓало и околниот дизајн на производот). Денес, логото е скоро секогаш безбојно.

Детска редакција: Лука Јовановски 7-4 одд.

1976 1998 2001 2003

КАКО НАСТАНА APPLE Стивен Возниак и Стив Џобс биле пријатели уште во средно училиште. Обајцата биле заинтересирани за електроника, но на нив било гледано како на „аутсајдери“. Возниак бил опседнат со својата желба да дизајнира компјутер, па така во 1976 година, било дизајнирано она што подоцна ќе стане компјутерот Епл I. Стив Џобс, кој имал визија за иднината, инсистирал на обид компјутерот да биде продаден. Така, на 1 април 1976 година, се родила компанијата Apple Computers. На почетокот не биле сфатени сериозно, но по појавувањето на Епл II, во пластична кутија и графика во боја, (што во тоа време било незамисливо и импресивно), нарачките се зголемиле неколку пати. Со текот на времето се појавиле и други модели, се пософистицирани, а компанијата прераснува во гигант со неколку илјада вработени. Во поново време, познато е дека Епл почна да произведува мобилни телефони, познатите iPhonе-и кои станаа најбаран модел, како и iPad кој пак стана синоним за новиот вид комјутери т.н. таблети.

Детска редакција: Андреј Ристевски 8в одд.

Page 28: spisanie_br12, Centar11

Да се насмееме . . .

-Трпе, зошто доцнишна час?-Заради сообраќајните знаци

наставничке.-Каква врска имаат знаците со

твоето доцнење?-Па пишува „УЧИЛИШТЕ

ВО БЛИЗИНА-ДВИЖЕТЕ СЕ ПОЛЕКА“

Тато тато имам нова наставничка по англиски

јазик !!!- Како се вика сине ?

- Исто како предходната : Тичер

Наставничката прашува - Кој е отсутен?

Дежурниот ученик одговара - Горан Пандев

Наставничката - Добро друг?Ученик - Наставничке, се зафркавав

Горан Пандев е фудбалерНаставничката - Фудбалер,нe

фудбалер и тој во школо треба да биде!

28

Учителката го прашува Трпе:- Кој го напиша “Војна и Мир”?- Не знам учителке, не сум јас.

- Оваа лута му пишува единица, оди кај директорот да му се пожали.

- Замислете оној Трпе го прашувам кој го напишал “Војна и мир”, а тој ми вели дека

не е тој.- Е добро де, можеби стварно не е тој!

-Сине сега сфати ли зошто те истепав?

-Да бе тато, затоа што си посилен од мене.

Како настанала народната песна: „НЕ СЕ БЕЛИ МАРЕ МОРИ НЕ СЕ

ЦРВИ“?Отишла Маре во ресторан и

порачала шпагети. Кога келнерот ги донел шпагетите, Маре рекла:

-ЛЕЛЕ БЕЛИ ЦРВИИ тогаш келнерот и рекол: Не се

Бели Маре мори не се Црви.

Page 29: spisanie_br12, Centar11

Занимливости

29

В Е Л О С И П Е Д

Постојат податоци за тоа дека во стариот Египет постоела некаква направа на две тркала, која возачот ја движел со нозете. Прв пат нешто слично на велосипед се појавило во 1817 година. Баронот фон Дрес, од Германија измислил машина, која по своето име ја нарекол „дресина”. Двете тркала на дресината биле споени со дрвена шипка. Возачот делумно се потпирал на дрвен потпирач за рацете, на предниот дел од дресината, а се движел со другата нога. Управувал движејќи ја рачката на предното тркало што се вртело околу стожерот, бидејќи таа машина била многу скапа, ја нарекле „нагизден коњ”.Околу 1840 година Шкотланѓанецот Макмилан ја зел старата “дресина” и на оската од задното тркало ставил колено, кое со споен лост било поврзано со предните пeдали. На тоа се возел толку брзо, што го затвориле заради пребрзо возење!Името “Велосипед” прв пат е употребено во 1865 година од Французинот Ламан, кој ги прицврстил коленото и педалите за предното тркало на еден велосипед што личел на дресина.Таквиот велосипед луѓето го нарекувале “труцкало”, зашто имал дрвена рамка и железни тркала. Во 1868 година почнале да се употребуваат лесни метални тркала со жичени игли и тврди гуми.Кај некои модели предното тркало било високо 1,5 м, па и повисоко, додека задното имало пречник само 30 см! Возачот седел високо, на огромното предно тркало. За управување со ваквиот велосипед потребн била голема вештина!Во 1885 година бил направен модерниот велосипед. Кај него тркалата биле со иста големина, а седиштето на возачот се наоѓало сосема близу до задното тркало, бидејќи синџирот на педалите е многу поголем од оној на задното тркало,тоа може, при секое вртење на педалите, да помине иста должина што ја минало и она опасно предно тркало.

Сите сме свесни за значењето на чистиот воздух, кој од ден на ден е се позагаден. Човекот е единствениот виновник за ваквата состојба и само тој може да превземе соодветни мерки за исправање на оваа многу голема грешка. Извори на загаденост постојат многу, но еден од најголемите е сообраќајот кој користи извори на енергија кои штетно влијаат на нашето здравје. Една од алтернативите е стариот добар велосипед.

Оттогаш се извршени уште многу подобрувања и така е создаден овој наш денешен велосипед со повеќе брзини, поедноставен за управување, по безбеден со убав дизајн и пред се со нула издувни гасови.

Page 30: spisanie_br12, Centar11

КРСТОЗБОР

Со правилно решавање на крстозборот во обележаните полиња ќе добиете две сојузни држави на САД купени за само 12,2 милиони долари.

Забава

Поими:1. Дрвен дувачки инструмент со слободен отвор.2. Американски тенисер Иван.3. Легендарен крал на Итака.4. Дел од окото.5. Запаление на ирисот.6. Главен град на Сирија.7. Продавница за лекови.

1

2

3

4

5

6

7

ЗАБАВА ЕНИГМАТИКА ЗАГАТКА КРСТОЗБОР

30

Решение 1:

С о ј у з н а америк анск а држава која што се наоѓа во југоисточниот дел на САД, се граничи со Алабамa на с е ве р оз а па д и Џорџија на север. Голем дел од територи јата на државата е полуостров, од Мексиканскио Залив на запад, А т л а н т с к и о т

Океан на исток до Карибите на југ. Наречена е „сончева држава“ најмногу поради нејзината топла клима-субтропска во северните и централните региони на државата и вистинска тропска клима во јужниот дел.Во 1819 година Шпанија ја продала оваа територија на САД за 5 милиони американски долари а во 1845 година, станува 27 земја членка на Соединетите Американски Држави.

Решение 2:

Сојузна американска држава со главен град Џуно. САД ја купила оваа територија од Русија во 1867 година за само 7,2 милиони американски долари и била вклучена како држава во 1959 година. Оваа територија преставува најголема држава во САД зафаќа површина од 1.717.855 km², и на тој простор живее население од 663.661 жители. Нејзината територија е составена најмногу од планини, на кои има активни вулкани и многу ледници.

Page 31: spisanie_br12, Centar11

31

ЗАБАВА ЕНИГМАТИКА ЗАГАТКА КРСТОЗБОР

ОВЕН

БИК

БЛИЗНАЦИ

РАК

ЛАВ

ДЕВИЦА

ВАГА

СКОРПИЈА

СТРЕЛЕЦ

ЈАРЕЦ

ВОДОЛИЈА

РИБИ

подготви се за

испрашување

дружи се содругарите

внимавај на здравјето

не ризикувај не заборавај домашна

слушај музика

внимавај на однесувањето

среќа слушај гиродителите

нова љубов

спортувај

те озборуваат

телефонскиповик

ХОРОСКОП

1. Justin Timberlake - Mirrors 2. Bastille - Pompeii3. One Direction - One Way Or Another (Teenage Kicks) 4. Macklemore and Ryan Lewis - Thrift Shop (feat. Wanz) 5. Avicii vs Nicky Romero - I Could Be The One (Nicktim)6. Taylor Swift - I Knew You Were Trouble 7. Bruno Mars - When I Was Your Man8. Baauer - Harlem Shake 9. Wiley - Reload (feat. Chip)10. P!nk - Just Give Me A Reason (feat. Nate Ruess)

ТОП ЛИСТА Музика

Page 32: spisanie_br12, Centar11

ISSN 1857- 7849 Justin Timberlake


Related Documents