Top Banner
1 Реализатор: ЦЕНТАР за ЧОВЕКОВИ ПРАВА и РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ при Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, во соработка со ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ за ЧОВЕКОВИ ПРАВА на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Финансиер: УНИЦЕФ - Скопје ИСТИ, СЛИЧНИ, РАЗЛИЧНИ ПРОГРАМА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА Раководител на проектот: проф. д-р Виолета Петроска-Бешка Носители на програмата: Сејхан Кадриовска Филипина Негриевска Јануари, 2006
63

Sad

Oct 27, 2014

Download

Documents

chrcr_mk
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Sad

1

Реализатор: ЦЕНТАР за ЧОВЕКОВИ ПРАВА и РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ при Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, во соработка со ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ за ЧОВЕКОВИ ПРАВА на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Финансиер:

УНИЦЕФ - Скопје

ИСТИ, СЛИЧНИ, РАЗЛИЧНИ

ПРОГРАМА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА

Раководител на проектот: проф. д-р Виолета Петроска-Бешка

Носители на програмата: Сејхан Кадриовска

Филипина Негриевска

Јануари, 2006

Page 2: Sad

2

Содржина

Вовед Работилници

Да се запознаеме Тоа сум јас Сè за мене Правила Исти, слични, различни Мозаик Кооперативни игри Соработка Прослава на празници Невербална комуникација Снаоѓање во неволја Принцезата во хартиената кеса Емпатија Страв Љубов Ликовни експерименти Мини проект активности: Рамки за слики - три работилници Мини проект активности: Новогодишни украси - три работилници Времеплов

Социјални активности

Литература

Page 3: Sad

3

Вовед

Програмата „Исти, слични, различни„- програма за развивање на меѓуетничка толеранција се обидува да го надополни постоечкиот формален образовен систем во Македонија кој што се соочува со сегрегација помеѓу учениците од различно етничко потекло, преку развивање на вон училишни активности кои ќе промовираат хармонични меѓуетнички релации во рамки на едно мултикултурно општество.

Оваа програма настојува да создаде интелектуална, емоционална и социјална атмосфера меѓу учениците која ќе поттикнува комуникација меѓу членовите на различните етнички групи во државата. Таквата атмосфера ќе стимулира заемно разбирање, ќе ја зајакне меѓусебната доверба и ќе служи како добра основа за поттикнување на меѓуетничката толеранција и за намалување на меѓуетничката тензија во земјата. Учесници:

Програмата е наменета за ученици од второ одделение (возраст 8 - 9 години) кои следат настава на македонски и на албански наставен јазик. Со програмата се опфатени по едно одделение во кое наставата се изведува на албански и едно одделение каде наставата се изведува на македонски наставен јазик, а групите се формираат преку комбинирање на половина од две еднојазични одделенија во една двојазична балансирана група.

Програмата се изведува двојазично, на македонски и на албански јазик и ја реализираат двајца реализатори, еден на албански и еден на македонски јазик. Инструкциите за активностите се даваат подеднакво и на двата јазика.

Програмските активности се изведуваат во форма на работилници, кои се реализираат во рамки на училиштето, еднаш неделно како дополнителни средби, со траење од 1 час.

Содржините во програмата се базираат на искуствата и работилниците реализирани во повеќе двојазични проекти во текот на изминатите години со деца на возраст меѓу 5 и 11 години.

Програмата се состои од два блока активности: 1. креативно - психолошки работилници - 22 работилници, и 2. социјални активности – 3 активности

1. Креативно - психолошки работилници - 22 работилници

Тоа се групни активности што имаат специфична структура, организирани околу една тема (пример: афирмација, емоции, почитување, соработка). Овие активности им овозможуваат на децата преку игра да стапат во контакт со сопствените внатрешни содржини. Делењето на тие содржини со останатите деца во групата создава можност за подобро меѓусебно разбирање.

Page 4: Sad

4

Посебна група активности во рамките на креативнo - психолошкитe работилници се мини - проект работилниците. Во овие работилници главниот акцент е ставен на водење на активноста од идеа до реализација при што се создава продукт преку заедничко вложување и ангажман на сите учесници. Кога децата ќе се соочат со практични предизвици при остварувањето на заедничките цели, всушност ќе бидат ставени во ситуација да соработуваат на лично ниво оставајќи го настрана етничкото потекло. Структура на работилниците: Работилниците имаат неколку дела: Воведна игра - која е во функција на воведување и загревање за темата Главен дел - во кој се разработува темата и која главно е насочена кон постигнување на поставените цели Завршна игра - која има за цел излегување од темата, разигрување, напуштање на работилницата со позитивни чувства. Работилниците се пишувани во директен и индиректен говор. Сè она што значи директно обраќање до децата е пишувано во курзив. F Вака се означени важните напомени за деловите на кои водителот треба особено да внимава. Работилницата значи простор и можност сите членови на групата да учествуваат во активностите и да придонесуваат кон групниот продукт. Тоа се обезбедува преку тоа што: · сите учесници седат во круг · сите имаат подеднаква можност да го кажат своето мислење · водителот не наметнува свои ставови и вредности, туку ги поттикнува учесниците да ги изложуваат своите · мислењата не се вреднуваат (добри/лоши), туку се прифаќаат и се дискутираат во групата · водителот треба да обезбеди атмосфера на доверба, соработка и меѓусебно почитување, без потценување и критикување · реализаторите со своето однесување и со меѓусебниот однос претставуваат модел за однесувањето на учесниците Двојазичност Реализацијата на програмата, „Исти, слични, различни“, се одвива двојазично, односно активностите течат на албански и македонски јазик. Ваквиот начин на реализација на работилници се прави во јазично мешани групи, при што застапеноста на тие што го зборуваат едниот јазик и застапеноста на тие што го зборуваат другиот јазик треба да е приближно еднаква, односно групата да е балансирана.

Page 5: Sad

5

Работилниците ги реализираат два реализатора, едниот со мајчин јазик македонски а другиот со мајчин јазик албански, при што неопходно е и двата реализатори да го знаат (познаваат) и другиот јазик. За време на работилниците секој од резализаторите зборува на својот мајчин јазик ,а при тоа другиот реализатор се грижи кажаното да биде јасно и на учесниците на кои тој не им е мајчин јазик. Кога се даваат инструкции за активностите тие се преведуваат во целост за да се обезбеди дека сите учесници добро ја разбрале инструкцијата. Кога се раскажува приказна тогаш не се преведува туку се користи парафразирање со надополнување. Тоа значи дека еден од реализаторите започнува да зборува презентирајќи дел од приказната на сопствениот јазик. Другиот реализатор потоа накратко и со свои зборови го парафразира кажаното и продолжува со нов дел од приказната, секако на својот мајчин јазик. Потоа пак продолжува првиот реализатор накратко парафразирајќи го претходниот и надоврзувајќи се со нова порција информации на својот јазик. На тој начин се презентира приказната до крај. Во ова постапка треба да се води сметка за должината на пасусите што секој од реализаторите ги презентира. Тие треба да се релативно кратки и да означуваат закружена логичка целина. Неопходно е текстот однапред да биде поделен и реализаторите да го пробаат презентирањето пред почетокот на работилницата. Тогаш кога активноста е учење на некоја песна, најпрвин песната се преведува на двата јазика, а потоа се учи наизменично првин на едниот па на другиот јазик. Во ваквиот тип на работилници не се преведуваат само активностите од страната на реализаторите туку се преведува сето тоа што се случува на работилница. Така и кога децата даваат фидбек за активностите а и тогаш кога неформално се разговара со нив и тоа се преведува. Најчесто кога некое дете зборува го преведува реализаторот, но пожелно е некогаш да се побара помош и од самите деца, односно децата меѓусебно да се преведуваат. Реализаторот на децата секогаш им се обраќа на својот мајчин јазик додека децата можат да му се обратат на реализаторот на било кој од двата јазика по нивен избор. Доколку се појави проблем во комуникација дете-реализатор заради неразбирање на јазикот тогаш реализаторот користи помошни методи. Односно се обидува со гестикулација да му ја пренесе информацијата, ако и тогаш не успее да комуницира со учесникот може да се обиде со цртеж, а ако и тоа не му успее треба да бара помош од некое дете или пак од другиот реализатор. Сите работни материјали што се користат за време на работилницата, се што се пишува на табла или на изработките од работилницата се пишува двојазично при што секогаш се внимава на редоследот на јазиците. Така ако на една изработка или работен лист прво се пишува на едниот јазик во следната изработка другиот јазик ќе биде прв. , заради равноправноста и подеднаквата застапеност на јазиците.

Page 6: Sad

6

Напомени за реализаторите Од голема важност е реализаторите да создадат пријатна и релаксирана атмосфера за работа. Учесниците најуспешно ќе се соочат со поставените предизвици доколку се чувствуваат опуштено и сигурно. Сите учесници (вклучувајќи ги и реализаторите) задолжително носат беџови со сопствените имиња (види работилница Да се запознаеме). Учесниците се поттикнуваат да се обраќаат меѓу себе по име со што се овозможува да се фокусираат на личноста на конкретното дете, и да го надминат перцепирањето на децата што се уште не ги познаваат како „еден од нив“. Правилата за работа во група (види работилница Правила на групата ) треба да бидат јасно и разбирливо претставени, сите деца треба да учествуваат во нивното донесување, а реализаторите треба на секоја средба да го истакнуваат постерот со правилата на видно место. Кога некое дете ќе прекрши некое правило многу полесно и побрзо ќе се корегира доколку се потсети на правилото и на тоа дека и самото учествувало во неговото поставување. Речиси во сите работилници дел од активностите со учесниците се реализираат во парови или во мали групи. Треба да се води сметка распоредувањето на учесниците во групи секогаш да се врши по случаен избор. Тоа може да се обезбеди со употреба на интересни броенки, слики за делење по групи и парови, карти, броење и друго. На пример делење во пет групи со броење се прави на тој начин што сите учесници седат во круг а реализаторот поминува пред секој учесник покажувајќи редоследно со прстите еден број од еден до пет, а учесникот треба да го изговори тој број и да го запомни. Значи првиот учесник ќе биде број еден, вториот број два и така се до број пет, а потоа шестиот учесник во кругот повторно ќе биде број еден, седмиот број два и така натаму. На крајот сите учесници што биле број еден ќе ја формираат првата група, сите учесници што биле број два ќе ја формираат втората група и се така до петтата група. На ваков начин се обезбедува секогаш во групите да учествуваат различни учесници.

Page 7: Sad

7

Да се запознаеме Цели: r Запознавање со програмата r Меѓусебно запознавање со членовите на групата и реализаторите r Формирање на група - развивање на чувство на припадност кон групата Материјали: ливче за секое дете со термин и просторија, картони во разни бои (20см х 10см) - за секое дете по еден, фломастери, врвки - за секое дете по една, темпери, четки, палети, примери од изработките, хамер исечен на 5 парчиња (60см х 60 см), хамер, плика - за секое дете по едно, хартиен селотејп, маркери. J Запознавање на членовите на групата и реализаторот Се претставуваат реализаторите и кажуваа каде и што работат. Потоа глобално презентираат што ќе се работи на работилниците. Сега сме тука со вас за да се запознаеме и да се дружиме. Ние секогаш кога ќе доаѓаме тука ќе играме разни игри со сите вас, некогаш ќе учиме песни, ќе цртаме, ќе изработуваме работи од хартија и др. Понекогаш ќе работите сами, но најчесто ќе работите во групи со различни деца. Потоа ја презентираат основна цел на работилниците и на кој јазик ќе се изведуваат (секој реализатор зборува само на својот мајчин јазик и секоја активност ќе биде објаснета на двата јазика така што сите ќе можат да разберат што ќе се прави, а учесниците можат да одберат на кој јазик сакаат да зборуваат во даден момент). На сите работилници ќе биде присутна една од наставничките кои што ги водат паралелките учесници во програмата. Се кажува кога и каде ќе се одржуваат работилниците и секој добива ливче на кое го пишува терминот и просторијата. ¬ Име Учесниците стојат во круг и секој, еден по еден, го кажува своето име.

¬ Гласно – тивко Сите учесници истовремено си го кажуваат своето име гласно, а потоа тивко. Ова може да се повторува, доколку учесниците сакаат. Потоа во круг еден по еден учесник си го кажува името така што првиот го кажува гласно, вториот тивко, третиот гласно, и така по ред додека сите учесници да се изредат. По секое кажување на име, групата истото го повторува на идентичен начин како што било кажано. Потоа може уште еден круг да се оди со тивко - гласно кажување на имињата, но така што секој кој претходно кажал тивко, сега да каже гласно и обратно.

Page 8: Sad

8

J Изработка на беџ Учесниците седнуваат на масите и добиваат по неколку картони во разни бои. Секој треба да избере еден и да си ја нацрта дланката. На дланката треба да го напише името онака како сака што да го викааат, тука во групата, а во прстите да напише/нацрта омилена боја, игра и предмет во училиште. Може да го украси онака како што сака. Потоа секој учесник добива по една врвка со која го закачува картонот и го става на врат. Потоа седнуваат во круг и реализаторот кажува да ги кренат рацете сите што напишале дека омилена боја им е сина/црвена/жолта; омилена игра фудбал/на компјутер…; омилен предмет математика/физичко. Се констатира што е заедничко/исто за повеќето учесници, а што е различно.

J Изработки со отпечатоци Учесниците се делат во групи по петмина и треба со отпечатоци од своите дланки да направат изработка што самите ќе ја изберат од понудените (пеперутка, дрво, големо сонце - Прилог бр.1) на заедничко парче хамер. Изработката се прави на тој начин што учесниците ги оцртуваат своите дланки, а потоа го бојат нацртаното со темперни бои. Откако ќе ја направат изработката треба да дадат име кое ќе биде прифатливо за сите учесници во групата и да го напишат на двата јазика. Потоа парчињата хамер од секоја група се спојуваат и се прави заеднички постер. Се вели дека таа сложувалка е заедничко дело на целата група по што се разгледуваат сите изработки и се прави обид да се најде име кое ќе биде заедничко за целата група. Тоа може да биде некое ново и необично име кое никој до сега не го слушнал, но би можело да биде и некое познато. Исто така, можат да се искористат имињата на изработките на петте групи. На пример, може да се земат по неколку букви од секое име и да се спојат во сосема ново, кое ќе биде име на целата група. Важно е учесниците да се поттикнуваат да ги најдат заедничките карактеристики на групите со цел името на целата група да ги претставува сите подгрупи. Исто така, треба да се поттикнуваат на давање што понеобични и нови имиња. Откако ќе биде одбрано името, реализаторот го запишува на двата јазика со големи букви на друг празен хамер, го изговара јасно името на целата група и го потенцира членството на секој учесник во неа. Потоа сите учесници добиваат плик со селотејп што го залепуваат на хамерот и во него го ставаат беџот со името. На крајот реализаторот кажува дека хамерот со името на целата група и со личните имиња ќе се носи на секоја работилница и ќе се закачува и секој кога ќе влезе на работилница ќе си го земе својот беџ. ¬ Летен дож д Сите учесници стојат во круг. Реализаторот почнува да произведува еден звук - наизменично „пукање” со прстите - кој го пренесува на првиот од неговата десна страна, а тој потоа на другиот до него и така се до последниот учесник од кругот. За време на пренесувањето на звукот, сите кои го примиле продолжуваат да го

Page 9: Sad

9

прават се додека не добијат нов звук. Кога ќе дојде повторно ред на реализаторот, тој го менува звукот - наизменично удирање по колената - и го пренесува на истиот начин како и претходниот круг, при што сите останати продолжуваат со првиот звук се додека не го добијат новиот од оној што е од нивната лева страна. Следни звуци: наизменично тропање со нозете по подот; плескање со рацете. Откако ќе се заврши со плескањето со рацете, може веднаш да се продолжи со истите звуци, но по обратен редослед. Така, се добива впечаток на врнење дожд, кој на почетокот е слаб и тивок, потоа се повеќе се засилува и откако ќе доживее кулминација (плескањето со рацете), може повторно да се оди кон негово смирување. Многу е важно за цело времетраење на играта да биде целосна тишина за да може да се доживее ефектот на засилување и смирување на дождот.

Прилог бр.1: Примери од изработките.

Page 10: Sad

10

Тоа сум јас Цели: r Меѓусебно запознавање r Поттикнување на свесност за себе r Афирмирање на личноста на детето Материјали: мало огледало, кутија, картонски чинии, боички или фломастери, волница во разни бои, сламки за пиење, копчиња, лепило - течно, кармин, стапчиња за уши, хамер, ножички, лепило за хартија, влажни шамичиња, топка, текстот на песната „Ти си посебен” (на двата јазика). ¬ Име + топка Учесниците стојат во круг и си подаваат топка. Кога едниот ја прима топката го кажува името на оној од кој ја добил топката, потоа своето име и на крај името на оној на кого има намера да му ја подаде топката. Играта завршува кога сите ќе ја примат и подадат топката. ¬ Име во балон Секој си го пишува со прст во воздух своето име и го трга на страна. Потоа си замислуваат како да дуваат балон и во него треба да го стават името. Го заврзуваат балонот и нежно си играат со него. J Огледало во кутија Во кутија од чевли се става мало огледало на дното и се залепува. На учесниците им се кажува дека некоја многу посебна личност се крие во кутијата. Внатре во кутијата се наоѓа некој многу посебен, специјален, еден и единствен. Некој што никогаш порано го немало, а го има само сега и само тука. Не постои ниту еден друг на светот како него. Секој нека ѕирне во кутијата, без да зборува и без да им кажува на другите што видел. Убаво разгледајте и добро запаметете што сте виделе. Кога сите ќе завршите ќе можете да го нацртате најпосебниот човек на светот што сте го виделе во кутијата. F Важ но: Кога им се кажува на учесниците што има во кутијата треба да им се кажува тивко и полека, со кратки паузи при зборувањето за да може учесниците подобро да ја доживеат ситуацијата, на некој начин да се создаде „магична” атмосфера. Потоа учесниците се делат во групи - најмалку по четири учесници во група, и добиваат материјали. Со добиените материјали треба да го направат она што го виделе во кутијата, користејќи копчиња за очите, волница и лепило за косата и

Page 11: Sad

11

боички за устата, што се лепат/цртаат на картонската чинија. Кој сака може со кармин да ја намачка устата и да стави отпечаток на чинијата. Кога ќе завршат лепат една цевка на задниот дел и го пишуваат името. Откако ќе завршат со изработките седнуваат во круг и секој ја држи чинијата до лицето и треба да го претстави „многу посебниот” човек што го видел во кутијата. Треба да каже кој е тој и по што е посебен (да каже нешто убаво за себе). Потоа тие изработки се лепат на хамер и хамерот се закачува некаде во просторијата во која се работи. ¬ Песна - Ти си посебен/ а Мелодијата е од песната „Are you sleeping?”. Ти си посебен/а Ти си посебен Ти си посебна Сврти се и види Сврти се и види Кој е денес посебен Кој е денес посебен Тоа сум јас Тоа сум јас.

Page 12: Sad

12

Сè за мене Цели: r Поттикнување на свесност за себе r Афирмирање на личноста на учесниците r Создавање на групна кохезија Материјали: на голем хамер, папка за секое дете, сликички за делење во парови, листови со силуета на дете за секое дете, дрвени боички, фломастери, хартиен селотејп, текстот на песната „Штом си среќен…” – на двата јазика. ¬ Име + движ ење Реализаторот започнува така што го кажува своето име и прави одредено движење. Сите учесници потоа треба да го повторат неговото име и неговото движење. Продолжува следниот учесник кажувајќи си го своето име и правејќи ново движење а пота групата го повторува. Играта продолжува се додека поминат на ред сите учесници. J Сакам да... Секој добива по еден лист на кој е нацртана силуета на дете (Прилог бр.2). Всушност, тоа треба да претставува сенка на самиот учесник. Учесниците треба да направат силуетата да стане дете со тоа што ќе ја нацртаат, обојат и украсат, така да личи на самите нив. При тоа треба да им се напомене да не пишуваат ништо во облаците што се околу сенката до следната инструкција. Потоа во издолжените облаци на страните од листот треба да нацртаат или да напишат: · „Што сакаат моите очи да гледаат?” · „Што сакаат моите уши да слушаат?” · „Што сакаат моите раце да прават?” · „Што сакаат моите нозе да прават?” По завршување секој учесник го лепи листот на градите. Потоа учесниците се делат во парови по случаен избор со сликички. Кога секој ќе го најде својот пар, сите парови застануваат еден зад друг за да се направи низа при што тие од парот што имаат црвена сликичка треба да застанат на левата страна, а тие што имаат сина сликичка треба да застанат на десната страна. Потоа членовите на секој пар се завртуваат еден кон друг. Учесниците си ги покажуваат цртежите залепувајќи ги така да може да се гледаат и разговараат со парот за сличностите и разликите на нивните избори. Потоа реализаторот поведува разговор за она што било слично и различно кај учесниците.

Page 13: Sad

13

J Важ ни луѓе Учесниците ги држат листовите со сенките во раце пред градите и на даден знак се прошетуваат низ просторијата, но одејќи така како да се многу важни (реализаторот покажува движејќи се низ просторијата како манекен). Доколку учесниците сакаат, може да им се предложи да се шетаат еден по еден низ две низи направени од останатите. J Важ на папка Секој добива папка која ја потпишува и во неа го става листот. Секогаш кога на работилниците учесниците ќе нацртаат или напишат нешто што за нив е многу важно или многу им се допаѓа, ќе може да го стават во папката. Папките ќе ги чува реализаторот и ќе ги носи на секоја средба. Кога ќе заврши целата програма, учесниците папките ќе ги добијат за себе и така ќе имаат спомен од сè она што ќе го прават тука. ¬ Песна - Штом си среќен… Се истакнува текстот на песната „Штом си среќен… “ и една строфа се пее на едниот, а следната на другиот јазик наизменично. Штом си среќен Штом си среќен плесни ти со рацете х2 Кога среќни ви се дните Покажете им на сите Штом си среќен плесни ти со рацете. Штом си среќен пукни ти со прстите х2 Кога среќни ви се дните Покажете им на сите Штом си среќен пукни ти со прстите. Штом си среќен удри ти по колена х2 Кога среќни ви се дните Покажете им на сите Штом си среќен удри ти по колена. Штом си среќен тропни ти со нозете х2 Кога среќни ви се дните Покажете им на сите Штом си среќен тропни ти со нозете.

Page 14: Sad

14

Штом си среќен викни гласно УРА х2 Кога среќни ви се дните Покажете им на сите Штом си среќен викни гласно УРА. Штом си среќен повтори го ова се х2 Кога среќни ви се дните Покажете им на сите Штом си среќен повтори го ова се. Прилог бр.2

Page 15: Sad

Правила Цели: r Дефинирање и усвојување на правила за работа во групата Материјали: А3 хартија (4 листа) – празна, А3 хартија (3 листа) - нацртана со правила, фломастери, маркери, селотејп, три предмети (топки или играчки), ножици. ¬ Летен дож д Сите учесници стојат во круг. Реализаторот почнува да произведува еден звук - наизменично „пукање” со прстите - кој го пренесува на првиот од неговата десна страна, а тој потоа на другиот до него и така се до последниот учесник од кругот. За време на пренесувањето на звукот,сите кои го примиле продолжуваат да го прават се додека не добијат нов звук. Кога ќе дојде повторно ред на реализаторот, тој го менува звукот - наизменично удирање по колената - и го пренесува на истиот начин како и претходниот круг, при што сите останати продолжуваат со првиот звук се додека не го добијат новиот од оној што е од нивната лева страна. Следни звуци: наизменично тропање со нозете по подот; плескање со рацете. Откако ќе се заврши со плескањето со рацете, може веднаш да се продолжи со истите звуци, но по обратен редослед. Така, се добива впечаток на врнење дожд, кој на почетокот е слаб и тивок, потоа се повеќе се засилува и откако ќе доживее кулминација (плескањето со рацете), може повторно да се оди кон негово смирување. F Важ но: Многу е важно за времетраење на играта да биде целосна тишина за да може да се доживее ефектот на засилување и смирување на дождот. J Дефинирање на правилата на групата Разговор за воведната игра и правилата за играње: · Кои беа правилата на оваа игра? (Да се стои во круг, да се прават движењата кога ќе ти дојде ред, да е тишина). · Што ќе се случеше ако играта ја игравме без правила? · Кога подобро би го слушнале дождот, со или без правила? · Како ви беше за време на играта - убаво или не убаво? А ако немаше правила како ќе беше? · Дали ќе знаевме како да ја играме играта ако не ги слушневме инструкциите? · Зошто служат правилата?

Page 16: Sad

1

Потоа се пристапува кон договарање на правилата за работа во група: · Дали нашата група треба да има правила? · Зошто ни требаат правилата? · Ајде сега да смислиме правила за нашата група. На учесниците им се покажуваат цртежи на кои се илустрирани (многу едноставно) неколку правила и се дискутираат. · Обезбедување на слушање (договарање знак за земање збор). · Престанување со работа (знак стоп и патент на уста). · Заедничко работење: менување на групи, меѓусебно делење на материјали, меѓусебно помагање. Потоа со учесниците се дискутираат и следните правила: · Грижа за материјалите. · Одење без чевли на тепихот. · Доаѓање на време. · Се бара и се кажува со збор а не со тепање. Потоа учесниците се делат во четири групи и од нив се бара да ги илустрираат правилата. На крај сите правила се лепат на ѕид и се повторуваат. ¬ Импулс Сите учесници застануваат во круг и се фаќаат за дланките. Се определува еден учесник кој ќе ја почне играта. Тој треба да му ја стегне раката на тој што е десно од него, а тој пак, веднаш штом ќе го почувствува импулсот,треба да го пренесе т.е. да ја стегне раката на оној од неговата десна страна. На тој начин импулсот се пренесува до сите учесници до оној од кого започнала играта. Реализаторот може да го мери времето од оној од кого започнал импулсот од почеток до крај, а потоа да се изигра играта уште еднаш или двапати во обид да се подобри резултатот од првиот круг. Учесниците може да пробаат да ја играат играта со затворени очи.

Page 17: Sad

2

Исти, слични, различни

Цели: r Развивање на свесност за карактеристиките по кои учесниците во групата се исти, слични или различни r Поттикнување на прифаќање и почитување на разликите Материјали: плик за секој учесник, хартија А4 формат, геометриски форми во различни бои поделени во плика, фломастери, селотејп, лепило за хартија, ножици. ¬ Допри боја Реализаторот вели: Допри... (боја, предмет кој се наоѓа во просторијата, дел од облека...), а учесниците треба што побрзо да го најдат тоа и да го допрат. J Сакам - не сакам Сите учесници седат во круг и реализаторот вели: Сега ќе ја играме играта „Сакам - не сакам”. Ќе ја играме така што јас ќе кажувам што да прават тие што сакаат едно нешто и што да прават тие што не го сакаат тоа нешто. На пр.: Нека станат сите тие што сакаат да спијат долго наутро и нека се фатат за раце. Тие што не сакаат нека продолжат да седат и нека ги подигнат високо своите раце. Секогаш кога вака ќе постапите разгледајте околу себе и пробајте да запомните кој стои а кој седи. Што и да одберете ви следуваат „ордени”. Тоа ќе бидат хартиени геометриски форми во различни бои. Овие „ордени” ќе ги собирате, секој во својот плик и ќе ги чувате за нашата последна игра каде што секој од вас ќе ја покаже својата колекција. F Важ но: Реализаторот постојано треба да нагласува дека секој одговор е подеднакво прифатлив за сите. Значи секој кој сака малку подоцна да спие наутро ќе добие убав црвен круг, а секој „ранобудец” - убав зелен круг. Потоа сите треба да седнат и се повторува постапката со следниве тврдења при што во зависност од она што учесниците го одбрале добиваат соодветен „орден”. · Не сакаат да играат со Барби (син триаголник). · Сакаат да играат со Барби (зелен триаголник). · Сакаат да играат фудбал (црвен правоаголник). · Не сакаат да играат фудбал (портокалов правоаголник). · Jа сакаат математиката (зелен квадрат). · Не ја сакаат математиката (син квадрат). · Не сакаат да јадат спанаќ (жолт круг).

Page 18: Sad

3

· Сакаат да јадат спанаќ (портокалов правоаголник). · Сакаат да си играат со куче (син квадрат). · Не сакаат да играат со куче (црвен правоаголник).

Како што гледаме секој нешто сака а нешто не. Дали имаше некој што цело време седеше? А дали имаше некој што цело време стоеше? Значи ние се разликуваме по тоа што сакаме а што не. Сега нека се фатат за нос сите тие што се без чевли. (сите добиваат розов круг) Сега нека се фатат за уши сите тие што знаат да читаат. (сите добиваат жолт круг) Дали има некој што не се фатил за нос, а дали има некој што не се фатил за уши? Значи има некои работи по кои сите ние сме исти. F Важ но: Последните две тврдења треба да бидат тврдења што со сигурност

реализаторот знае дека се однесуваат на сите учесници J Колаж

Значи во претходната игра добивавме ордени, односно фигури во различни бои. Сега од тие фигури секој од вас ќе направи своја сопствена фигура која ќе биде различна од другите и ќе биде само негова. Учесниците се делат во пет групи. Од вашите плика извадете го белиот лист и напишете го вашето име каде сакате. Потоа на листот залепете ги формите како сакате и направете фигура што ќе ви се допаѓа. Освен ова може да употребувате и фломастери за да ги доцртате и боите како сакате. На крај од тие изработки ќе направиме изложба. Потоа изработките се истакнуваат за да може секој лесно да ги види. Се отвора дискусија за сличностите и разликите.

· По што Вашите изработки се слични? · Дали сите имате исти форми? · Дали имате барем една иста форма? Дали и кога имате исти форми тие се исти

по боја? · По што се различни, Вашите изработки?

Значи како нашите изработки така и ние по некои работи сме слични со другите, по некои различни и единствени додека по некои исти. ¬ Дува ветер за сите тие што... Се поставуваат столчиња во круг, со тоа што се остава едно помалку отколку што има учесници во играта. Сите учесници седат, освен еден кој што стои во центарот. Оној што стои вели: Дува ветер за сите тие што...- и кажува некаква особина, желба, карактеристика, а сите што го исполнуваат тој услов треба да станат од своите места и брзо да најдат ново место. Целта на лицето што стои во средина е иста (да седне на празно столче) и најчесто се случува друг да остане во средината

Page 19: Sad

4

на кругот. Пожелно е да се форсираат креативни искази, може да се допрецизира/ограничи инструкцијата и играта да биде во контекст на работилницата и/или да се постави т.н. принцип на потрошување - ако некоја карактеристика/категорија карактеристики е веќе кажана, да не може повторно да се употреби. На пример, ако еднаш се спомнала одредена боја на коса - таа веќе да не може да се употреби, како ни косата како категорија.

Page 20: Sad

5

Мозаик Цели: r Поттикнување на меѓусебна соработка r Развивање на свесност за карактеристиките по кои учесниците во групата се исти, слични или различни

Материјали: три мали предмети (топки, меки играчки), креда, фломастери и боички, фотографија од секој учесник исечена на девет квадрати, листови хартија формат А4 пресечени на половина на кои е нацртана рамка, лепило, хамер, селотејп, ножици, листови со правила за редење. F Важ но: За оваа работилница реализаторот треба да донесе испечатени фотографии од секој учесник исечени на девет квадрати, што значи во некоја претходна прилика сите учесници треба да бидат фотографирани. ¬ Брканица на предмети Сите учесници стојат во круг. Реализаторот дава еден предмет на учесникот десно од него кој треба да се пренесува понатаму во кругот од рака на рака и вели: Ова е зајак и зајакот трча. По кратко време воведува нов предмет кој исто така треба брзо да се пренесува од рака на рака и вели: Ова е лисица и таа сега се обидува да го стигне зајакот. По кратко време реализаторот воведува и трет предмет велејќи: Ова сега е волк и тој сака да ја фати лисицата. Учесниците треба што побрзо да ги подаваат сите три предмети обидувајќи се никој да не биде фатен.

J Мозаик

Учесниците се делат во групи по четворица (однапред се определуваат групите - а се извлекува некоја заедничка карактеристика која се истакнува пред учесниците како „божемен” критериум). Реализаторот на табла го испишува зборот СОРАБОТКА и ги прашува учесниците дали знаат што значи. Одговорите се сослушуваат и одобруваат. Потоа се даваат инструкции за активноста: Сега секој ќе добие девет дела од фотографите на членовите на својата група. Само неколку дела ќе бидат од неговата фотографија а останатите ќе бидат од фотографиите на другите. Секој член во групата треба да ја состави својата фотографија. Фотографијата може да се состави само ако соработувате еден со друг. Задачата ќе се смета за завршена тогаш кога сите членови на една група ќе ја имаат пред себе составено својата фотографија. Но, фотографиите ќе се составуваат по одредени правила: Никој не смее да зема делови од фотографиите што не се пред него (на табла се залепува: Без земање) Секој мож е да дава делови од фотографиите што се пред него. (на табла се залепува: Може давање)

Page 21: Sad

6

По завршувањето на активноста реализаторот поведува разговор околу следниве прашања: · Дали некој можеше да ја состави својата фотографија без помош од другите членови на групата? · Дали беше тешко да се почитуваат правилата? · Дали ви беше добро или лошо што моравте да соработувате? · Дали има поразени во играва или сите победија? · Дали ви беше забавно да гледате како се комбинираат деловите од лицето од различни деца? По завршувањето на играта сите учесници со лепило ги лепат деловите од својата слика на хартија со рамка.

J Заеднички постер На еден хамер сите учесници ги лепат своите слики. Потоа хамерот со заедничките слики се закачува некаде во просторија. ¬ Следи го водачот Еден доброволец излегува надвор од просторијата. Сите останати се седнати во круг во просторијата и избираат еден водач. Потоа доброволецот се повикува да се врати. Водачот треба да започне да изведува некакво движење, а останатите треба да го имитираат. Кога водачот ќе го смени движењето, тогаш и останатите прават како него повторувајќи го неговото ново движење. Целта на играта е доброволецот да погоди кој е водачот, додека групата треба да го отежни погодувањето преку тоа што брзо и незабележано ќе ги менува движењата онака како што ќе прави и водачот. Доброволецот има право три пати да погодува, а потоа оној кој бил водач излегува надвор, а групата бира нов водач.

Page 22: Sad

7

Кооперативни игри

Цели: r Поттикнување на меѓусебна соработка Материјали: столчиња за сите учесници, касетофон, падобран, мала мека топка, листови и моливи.

¬ Што е соработка? Со учесниците се води разговор по следниве прашања: · Дали се сеќавате што значи СОРАБОТКА? Денес ќе играме игри со соработка. Игри во кои сите си помагаат за да успеат да ја завршат задачата. · Каква игра е трката? Игра на натпревар или игра на соработка? А фудбалот? Сега ќе играме една игра на соработка што веќе сме ја играле и во која ќе нема да има поразен и победен, туку сите ќе бидат победници.

¬ Импулс Учесниците застануваат во круг и се фаќаат за дланките. Се определува еден учесник кој ќе ја почне играта. Тој треба да му ја стегне дланката на оној што е десно од него, а тој пак, веднаш штом ќе го почувствува „импулсот”, треба да го пренесе т.е. да ја стегне дланката на оној од неговата десна страна. На тој начин „импулсот” се пренесува преку сите учесници до оној од кого започнала играта. Реализаторот може да го мери времето за кое се пренесол импулсот од почеток до крај, а потоа може да се изигра играта уште еднаш или два пати во обид да се подобри резултатот од првиот круг. Учесниците можат да пробаат да ја играат играта со затворени очи. Може да се игра и со два импулса - еден пратен со едната рака, а другиот со другата рака на реализаторот.

· Дали ја знаете играта музички столици? Учесниците ја објаснуваат, а потоа се прашуваат дали е тоа игра на соработка или на натпревар. Игрите во кои има само еден победник се игри на натпревар. Како да направиме во оваа игра сите да се победници т.е. од игра на натпревар да стане игра на соработка? ¬ Музички столици Во круг се редат онолку столчиња колку што има учесници во играта и се пушта музика. Од учесниците се бара да играат на музиката движејќи се во круг околу столчињата. Кога реализаторот ќе ја изгасне музиката сите учесници треба да седната на столчињата. Потоа се тргаат неколку столчиња и повторно се пушта

Page 23: Sad

8

музика. Учесниците играат и кога ќе се изгаси музиката сите учесници треба да најдат начин како сите да седнат на преостанатите столчиња. Потоа повторно се тргаат неколку столчиња и се повторува постапката. На крај останува само едно столче и сите учесници треба да седнат на тоа столче без да паднат.

¬ Игра со „падобран” Во средината на „падобранот” застанува еден учесник одбран со броенка. Сите останати учесници ги држат краевите на „падобранот” така што тој е оптегнат во целост. Реализаторот става едно мало меко топче на „падобранот” и учесниците треба да го тресат „падобранот” правејќи „бранови” и на тој начин мрдајќи го топчето, а учесникот во средина треба да се обиде да го фати топчето. Играта завршува кога детето ќе го фати топчето и друг учесник ќе застане во средина. ¬ Кинески цртеж Групата се дели на два или повеќе тима. Потоа членовите на секој тим застануваат во колона еден зад друг. Учесникот што е на крајот од секоја колона на даден знак почнува со прст да црта цртеж на грбот на оној што стои пред него. Цртежот на истиот начин се пренесува во колоната се додека стаса до лицето на почетокот кое пак, треба да го нацрта цртежот со молив на хартија. Тимовите можат да се бодуваат за брзина и за точност на цртежот. ¬ Врба Учесниците се делат во групи по тројца. Во секоја од тројките двајца треба да застанат еден спроти друг и да ги испружат рацете пред себе. Третиот треба да застане меѓу нив со лицето завртен кон едниот од нив. Двајцата кои што се од надворешните страни треба да ги потпрат своите дланки на третиот и со благи движења да го нишаат час кон едниот, час кон другиот. Оној кој што е во средината треба да стои цврсто и со исправени нозе во колената, и слободно да паѓа препуштајќи се на оние кои што го нишаат, а кои треба да се грижат за неговата сигурност. Најдобро е на почетокот реализаторите да ги „нишаат” учесниците а потоа да се формираат тројки од самите учесници водејќи сметка за физичките карактеристики на учесниците.

Page 24: Sad

9

Соработка

Цели: r Поттикнување на критичко мислење, договарање и соработка

Материјали: Стрип со магариња – без последните две слики, листови А3 формат за секоја група, фломастери и боички, боцкалки, стиропор за закачување, пластични чинии за секое дете, крем банани за секое дете, мала ролна од хамер за лакотот за секое дете, селотејп, влажни шамичиња.

J Кооперативно јадење Реализаторите на сите учесници им ја завиткуваат десната рака, во пределот на лакотот со парче хамер и го лепат со селотејп, за да не може раката да се витка. Потоа пред секој учесник се става пластична чинија со крем банана или друга храна. Реализаторот им се обраќа на учесниците: Денес сите ние ќе треба нешто да јадеме и тоа на начин кој ќе ни покаже колку е важно да се соработува. На сите со хамер ви се „закочени” лактите така што нема да може да се виткаат. Сега сите ќе треба да ја изедете крем бананата без да ги свиткате лактите. Ајде пробајте да го направите тоа. Се оставаат неколку минути самите да се обидат да се нахранат, а ако после 5-6 минути не успеат, тогаш реализаторите покажуваат како да се направи тоа, хранејќи се еден со друг. Доколку во меѓувреме некој се обиде да си фрли храна во устата се истакнува дека тоа може да биде опасно и дека не е дозволено. Откако сите учесници ќе завршат со хранењето, се бришат со влажни шамичиња и се води разговор по следните прашања: · Дали можеше секој сам да се нахрани? · Како се нахранивте? · Како ви беше да соработувате? · Дали беше забавно? Се изведува заклучокот дека вистинска соработка е кога се работи заедно со трпение и со љубов.

J Тврдоглави магариња Сега ќе ви раскажеме една приказна за магариња. По што се познати магарињата? (тврдоглавост, инатење). Една по една се откриваат сликите од стрипот со магарињата и се коментираат (Прилог бр.3). Последната слика не се покажува. Како магарињата го решиле проблемот? Ајде да се поделиме во групи по четворица и секоја група ќе треба да смисли крај за оваа приказна. Секоја група ќе треба потоа решението да го нацрта на хартија. По завршувањето на работата во мали групи се бара по еден учесник од секоја група што ќе го презентира решението на проблемот. Листот со цртежот се закачува на стиропор и секоја презентација се наградува со аплауз.

Page 25: Sad

10

На крај се води разговор по следниве прашања: · Како магарињата го решиле проблемот? Со соработка или со натпревар? · Дали и двете магариња го добиле она што го сакале?

¬ Штафета со колена и со раме Сите учесници стојат во круг и „штафетата” (хамер завиткан со селотејп во форма на штафета) се пренесува од еден на друг учесник наизменично со врат/раме па со нозе. Доколку „штафетата” падне се почнува од почеток. Времето на пренесување на штафетата може да се мери и да се поттикнува групата што побрзо да ја пренесе „штафетата”. Прилог бр.3

Page 26: Sad

11

Прослава на празници Цели: r Развивање на свесност и поттикнување на почитување на постоењето на сличности и разлики во културните разлики на членовите во групата. Материјали: Листови од флип чарт, боички, селотејп. ¬ Комшија, комшија Учесниците стојат во круг. Почнува реализаторот обраќајќи му се на учесникот до него: Комшија, комшија имаш ли баклава?, но додека го кажува тоа не смее да му се видат забите т.е. да се насмее. Учесникот до него треба да одговори: Немам, немам, ама чекај да го прашам комшијата!, исто така без да му се видат забите. Играта продолжува додека не дојде пак до реализаторот.

J Што се прави за Бајрам/ Бож ик? Реализаторите иницираат разговор за Бајрам/Божик и се поттикнуваат учесниците да прашуваат што не знаат. Разговорот треба да ги опфати семејните обичаи во однос на храната што се јаде, облеката што се носи како и обичаите во врска со посетите, а не верската позадина на празникот. Пример: · Каква храна се приготвува дома за овие празници? · Дали одите и дали ви доаѓаат гости? · Дали се даваат подароци? · Како се честита празникот? · Дали има некоја карактеристична песна што се пее? По разговорот учесниците се делат во три групи со етнички мешан состав. На секоја група и се дава по еден лист од флип чарт кој е поделен на два дела. Секоја група на листовите од флип чарт треба да нацрта карактеристики по повод една од темите (храна, облека, посети), при што оние што го прославуваат Божик цртаат за Божик, а оние што го прославуваат Бајрам за Бајрам. Откако ќе нацртаат следува нова инструкција според која учесниците во групите треба да ги анализираат цртежите и да ги откријат сличностите и разликите. Потоа се одбираат по два учесника од секоја група да презентираат. ¬ Пеликан и пингвин Со броенка се одредува учесник кое ќе биде „пеликан”. Тоа треба да ги рашири рацете и да ги затвара како клун обидувајќи се да ги фати другите учесници. Сите останати учесници треба да се движат како пингвини при што круто треба да го држат телото и да не ги виткаат колената. Кога некој „пингвин” ќе биде фатен од „пеликанот” и тој станува „пеликан” и продолжува да ги лови „пингвините”.

Page 27: Sad

12

Невербална комуникација Цели: r Поттикнување на меѓусебна соработка. r Поттикнување на невербална комуникација

Материјали: недовршени цртежи, листови А3 формат, моливи, листови А4, мрсни боички, картички за делење во парови. ¬ Следи го мојот прст Учесниците се делат во парови и застануваат во низи едни спроти други. Најпрво учесниците од едната низа прават секој за себе одредени непрекинати и бавни движења со показалецот од едната рака. Другиот од парот треба со својот испружен показалец на растојание од околу 10-ина см. да ги следи движењата на партнерот како во огледало.

J Недовршени цртеж и На табла се лепат од задната страна серија од цртежи на еден предмет, со различен степен на доцртаност (пример Прилог бр.4). Цртежите се отвораат еден по еден. Прво се прикажува цртеж со само еден елемент од предметот. Се прашуваат учесниците што мислат дека е тоа. Се сослушуваат сите идеи, се поттикнуваат и на нови, но не се одговара потврдно ниту негативно на ниту една дадена идеја. Потоа се отвора следниот цртеж кој има уште еден елемент повеќе. Повторно се прашуваат што е тоа. Постапката се продолжува на истиот начин сè до последниот цртеж. Истото може да се повтори и со неколку други циклуси цртежи што се однесуваат за други предмети. После секој циклус цртежи се води разговор: · Кога го препознавте предметот? · Кога бевте сигурни дека тоа е тој предмет? · Кој дел од цртежот најмногу ви помогна да го препознаете предметот? J Пантомима Учесниците стојат во круг и реализаторот им вели: Замислете дека се наоѓате зад стакло и сакате да му кажете нешто на некој кој е од другата страна на стаклото. Како ќе го направите тоа? На пример, околу мене има стакло. Реализаторите глумат: едниот му се обраќа на другиот, и што и да каже тој другиот се прави дека не го слуша. Што можам да направам за да ме слушне?. Се поттикнуваат учесниците да даваат идеи и се насочуваат кон невербално пренесување на пораката со пантомима. Значи, она што сакам да му кажам всушност ќе морам да му покажам.

Page 28: Sad

13

А сега, јас ќе ви кажам што ќе му покажеме на оној зад стаклото, а потоа сите ќе го изведеме. Едниот реализатор дава пример на кој треба „Овде нешто смрди” да го покаже со големо движење, со цело тело, а другиот реализатор треба да погодува. Потоа повторно треба да покаже „Овде нешто смрди”, но сега само со носот (со мало движење), а другиот реализатор повторно погодува. Потоа тој реализатор што е „зад стаклото” ги затвора ушите и се врти со грб кон учесниците, а другиот тивко им ја кажува задачата на учесниците. Задача на оној „зад стаклото” е со своите реакции и коментари да ги поттикнува учесниците што појасно и попрецизно да покажуваат. На пример, тој може да каже дека не разбира, да дава погрешни претпоставки или да се колеба меѓу две можности. Од учесниците може да се побара да го покажуваат следното: · Ура, победив. · Леле, многу ми е студено. · Не го сакам тоа. Потоа реализаторот продолжува: Сега замислете си дека не сте зад големо стакло, туку зад ѕид кој што има едно мало прозорче. Повторно сакате да му кажете нешто ....(името на реализаторот), но не можете да му покажете со цело тело, туку само со оној дел од телото кој може да се види низ мало прозорче. Ајде да пробаме. Од учесниците се бара следново: · Ура победив. (само со рацете) · Леле, многу ми е студено. (само со устата) · Не го сакам тоа. (само со прстот) J Пантомима во групи Учесниците се делат во пет групи. Секоја група треба да замисли дека се наоѓа зад стакло, со кое е одвоена од другите групи. Реализаторот на секоја група ѝ дава по еден лист на кој на двата јазика пишува што треба да покажат пред групата. Другите учесници треба да погодуваат. Примери кои им се даваат на групите: · Жешко ми е · Ме боли · Ми се спие · Јадам гадна храна · Шутирам J Доврши го мојот цртеж Учесниците се делат во групи по петмина. Членовите од секоја група седнуваат околу една маса. Секој добива по еден лист А4 хартија, на кој треба да започне да црта (време: околу една минута), а кога ќе го слушне однапред договорениот знак од реализаторот, веднаш треба да престане со цртањето и својот лист да му го

Page 29: Sad

14

подаде на учесникот што седи од неговата десна страна. Значи, сите учесници во исто време од својата лева страна добиваат цртеж, а на својата десна страна подаваат. На новодобиените цртежи секој повторно црта, надоврзувајќи се на она што е претходно нацртано. И така кругот продолжува се додека секој не го добие својот цртеж, односно цртежот што започнал да го црта. Потоа секој може да го покаже својот цртеж, да каже што му се допаѓа најмногу и дали цртежот е во склад со неговата појдовна идеја. Прилог бр.4

Page 30: Sad

15

Снаоѓање во неволја Цели: r Развивање на вештини за снаоѓање во „проблем” ситуации r Поттикнување на свесноста за тоа дека проблемите можат да се решат на повеќе начини Материјали: Текст на приказната „Снаоѓање во неволја”. ¬ Вртење во круг Учесниците се делат во парови по слободен избор и секој пар се сместува во просторијата така да има доволно место околу себе. Застанете свртени еден кон друг и фатете се за лактите. Доближете ги нозете еден кон друг така што ќе се допрете со прстите. Потоа раздвојте ги телата, навалувајќи се наназад, но при тоа внимавајте да останете во рамнотежа. Сега почнете да се вртите во круг без да се отпуштите. ¬ Клекнување - станување Учесниците се поделени во парови и фатени се за раце и со допрени стапала (онака како во претходната игра). Обидете се полека заедно да клекнете и потоа да станете. Се разбира, без да паднете. J Снаоѓање во неволја Реализаторите ја раскажуваат следнава приказна: Снаоѓање во неволја Ова е приказна за едно дете кое се вика Ана. Таа има 10 години и оди во четврто одделение. Ана е дете како и сите други, понекогаш сака да оди на училиште, а понекогаш не сака, скоро секогаш ги пишува домашните задачи, но понекогаш се случува и да не ги напише. Сака да игра фудбал, ластик и да се качува по дрвја. Еден пролетен ден, Ана требаше да оди попладне на училиште. Стана, се изми, појадуваше, ги напиша домашните задачи и отиде кај својот другар Арбен малку да си поиграат пред да оди на училиште. Арбен живее блиску до Ана, учи во второ одделение, но не во истото училиште. Арбен беше сам дома и со нетрпение ја чекаше Ана за да си поиграат заедно. Кога стигна Ана, веднаш почнаа да си играат. Супер им беше, но времето многу брзо поминуваше. Во еден момент Ана погледна на својот часовник. „Леле, морам веднаш да тргнам, затоа што ќе задоцнам на училиште”, викна таа.

Page 31: Sad

16

Ја зеде брзо својата капа, ги облече патиките и излета надвор. Брзаше и само мислеше побрзо да стаса во училиштето. Откако веќе помина три улици, Ана наеднаш застана. „Оф, а мојата училишна торба! Ја заборавив кај Арбен, а таму ми се сите книги, домашните задачи и ужината. Што ќе правам сега?” Како „мува без глава” Ана потрча назад кон куќата на Арбен. Целата задишана стигна пред куќата на Арбен, заѕвони на ѕвончето, но никој не отвори. Што се случило? Арбен веќе тргнал на училиште. Во куќата немаше никој. Ана се најде пред проблем: Нејзината училишната торба остана заклучена кај Арбен. Родителите на Арбен се на работа, а Арбен е на училиште. Часовите во училиштето на Ана само што не почнале. Учесниците се делат во пет групи и секоја група треба да смисли продолжение на приказната што ќе претставува решение на проблемот на Ана. Секоја група треба да смисли што би било најдобро сега да направи Ана. Потоа секоја група треба да смисли како ќе го одигра решението, да ги подели улогите, да ја проба кратката драматизација и на крајот да го одиграат решението пред останатите кои ќе бидат публика. Потоа следи разговор во кој реализаторот поттикнува што е можно поголема продукција на решенија, а особено од оние учесници кои во рамките на своите групи имале други решенија, но не ги одиграле. ¬ Јазол Учесниците застануваат во круг со испружени раце кон напред. Потоа ги затвораат очите и полека тргнуваат кон центарот на кругот, напипувајќи две слободни дланки, кои ќе треба да ги фатат. Ниту една рака не треба да остане слободна, ниту пак две раце да се фатат за една. Кога сите раце ќе се пронајдат и фатат, учесниците ги отвораат очите и полека тргнуваат да се отплеткуваат, но при тоа никако да не ги отпуштат рацете. На крајот може да се добие еден круг, осмица или два круга. Некои можат да останат со грб завртени кон центарот, но сепак на крајот сите учесници треба да се расплетат.

Page 32: Sad

17

Принцезата во хартиената кеса Цели: r Поттикнување на свесност за постоењето на полови стереотипи r Развивање на критичко мислење

Материјали: хартиена кеса, жолта хартија, зелена хартија, црвена хартија, алуминиумска фолија, цевки, селотејп, лепило, ножички, боички, модел на принцеза, модел на змеј, модел на круна за принц, фото – апарат. ¬ Змеј брка опашка Учесниците застануваат во колона еден зад друг и се држат силно за своите половини. Оној кој што е на почетокот всушност е „главата” на змејот кој се обидува да ја фати својата „опашка” (последниот учесник во колоната), додека сите останати учесници се обидуваат да го спречат во тоа само преку извиткување на колоната. Кога последниот ќе биде фатен, тогаш тој оди напред да биде „глава”, а претпоследниот сега станува „опашка”. J Принцезата во хартиената кеса Реализаторите ја драматизираат следната приказна: Си била една принцеза по име Ева, која била многу убава и секогаш била дотерана со најубави алишта. Косата ѝ била навиткана и секогаш била намирисана. Таа требала да се омажи за многу убавиот и згоден принц Адриан. Но, на денот на свадбата долетал змејот од пештерата и со својот силен оган ги разбркал сите гости. Го грабнал принцот и го однел во својата пештера. Принцезата Ева со сосема изгорена облека, со извалкано лице и со растурена фризура, кога видела што се случило, веднаш решила да оди по змејот и да го спаси принцот. Бидејќи немала ништо на себе здогледала една хартиена кеса, ја облекла и тргнала кон пештерата на змејот. Кога стасала пред пештерата рекла: „Змеју, змеју сум слушнала дека ти пушташ толку силен оган што можеш да изгориш сто дрва, ама не верувам додека не видам.” Змејот излегол и рекол: „Можам, можам - како не веруваш?” „Е, ај да видам дали навистина можеш?” „Е сега ќе видиш” - рекол змејот; силно земал воздух и испуштил оган - „Фуууууууууу” - толку силен што можел да изгори сто дрва. Ева рекла: „Браво змеју - супер беше! Ај пак, те молам, те молам! „Добро, важи” - рекол змејот и земал воздух и пак силно дувнал: „Фууууууууу”. „Леле колку интересно, те молам, те молам, само уште еднаш змеју.” Змејот, веќе по малку изморен, земал воздух, направил „Фууууууу” но овој пат неговиот оган бил сосема мал, колку да се испече една палачинка.

Page 33: Sad

18

Змејот веќе уморен, тешко дишел „А - ха, а - ха, а - ха” и си се свртел со тешки чекори да се врати во пештерата, кога, Ева повторно се сетила нешто да му каже: „Змеју, змеју, извини вака, ама сум слушнала дека толку брзо си летал што за 10 секунди си можел да ја обиколиш целата земја. Вистина е тоа?” „Да, да секако дека е вистина.” - рекол змејот, почнал силно да мавта со крилата, полетал и навистина се вратил за 10-ина секунди. Стасал, но бил многу уморен и тешко дишел „А - ха, а - ха , а - ха.” Но, принцезата Ева уште еднаш му рекла: „Леле змеју браво, колку си бил брз! Ај те молам уште еднаш прелетај.” „Добро, важи.” - рекол змејот со тивок и уморен глас. Замавтал со крилата и полетал, но сега го немало повеќе од дваесет секунди. Кога стасал змејот, сиот преморен, направил уште три чекори и се „плеснал” на земјата пред пештерата и заспал во длабок сон. За да провери дали цврсто спие, Ева викнала „Змеју”, - змејот не се разбудил. Потоа посилно го викнала „ЗМЕЕЕЈУ”, но змејот пак не се разбудил. Таа дури и се пикнала во неговото уво и на цел глас викнала „ЗМЕЕЕЕЕЕЈУ”, но тој не се ни помрднал. Тогаш Ева влегла во пештерата и го нашла Адриан и му рекла: „Дојдов да те спасам. Ајде, брзо излегувај, додека змејот уште спие!” Адриан кога ја видел ѝ рекол: „О, моја принцезо, ти благодарам што дојде да ме спасиш. Иако косата ти е разбушавена, целото лице ти е извалкано со пепел, на место убавиот фустан имаш обична хартиена кеса, а и мирисаш како ушите на змејот, сега уште повеќе те сакам, затоа што сфатив дека не само што си убава туку си и многу храбра, досетлива, а и многу ме сакаш.” И потоа Ева и Адриан заедно побегнале од пештерата.

По завршувањето на приказната со учесниците се води дискусија околу следниве прашања: · Како ви се допадна приказната? · Дали е ова вообичаена приказна? Зошто не е вообичаена? · Каква е овде принцезата и што прави таа? А каква е обично во повеќето приказни? · А каков е овде принцот и што прави тој? А каков е обично во повеќето приказни? · Дали е можно принцезата да биде не само убава, туку и паметна и храбра? · Како се чувствува на крајот од приказната принцезата, а како принцот? Потоа се бараат доброволци од групата кои би сакале да ја одглумат и драматизираат приказната со помош на реализаторите.

J Принцеза, круна , принц По завршувањето на драматизацијата реализаторите демонстрираат како се изработува принцеза, круната на принцот и змеј (Прилог бр.5). Учесниците се

Page 34: Sad

19

делат во групи и по сопствен избор изработуваат една или повеќе од прикажаните изработки. Прилог бр.5 - слики од изработките и упатство за изработка. Принцеза На хартиената кеса се цртаат очи, уста и нос. Се лепи волница како коса и сламки за пиење како раце. Од жолта хартија се сече круна и се лепи врз косата.

Круна на принц Од алуминиумска фолија се откинуваат парчиња кои се виткаат во ролни и се обликува обрачот на круната, а потоа се додаваат украси во вид на триаголници.

Page 35: Sad

20

Змеј Лист хартија со формат А - 4 се превиткува по должина на два еднакви дела. Потоа се црта телото на змејот. Со ножици се сече по нацртаните линии и се засекуваат линиите на грбот на змејот. Потоа тие засеци се превртуваат кон надвор. На крај во устата се лепат парчиња црвена хартија како оган.

Page 36: Sad

21

Емпатија Цели: r Поттикнување на емпатија r Развивање на проактивен став за помагање на другите. Материјали: Големи листови хартија, приказна „Исмеаната Леа”, илустрации за приказната, селотејп, ножици. ¬ Одење по различни подлоги Сите учесници се станати и реализаторот дава инструкции за начинот на кој што треба да се движат низ просторијата: Ајде да одиме како да се движиме низ вода..., како подот да е леплив..., како да скокаме од камен на камен..., како да одиме низ снег..., како да одиме низ пустина..., како да шлапкаме во барички со вода.... J Исмеаната Леа Учесниците седат во полукруг отворен кон таблата. Реализаторот ја чита приказната и истовремено ги закачува илустрациите (Прилог бр.6) соодветни на текот на приказната, на табла.

Исмеаната Леа Леа има проблеми со видот и мора да носи очила. Кога беа со мајка ѝ на преглед, лекарот им препорача да купат леќи за да не мора Леа да носи тешки очила со многу дебели стакла. Но, таквите леќи се многу скапи, а нејзините родители немаат толку пари. На училиште децата многу често ја задеваат за очилата. Пред некој ден, на големиот одмор, Рики и Сара почнаа да се подбиваат со неа. Сара рече: „Леле Лео, како ги носиш тоа теглите на нос? Се гледаш ли ти, некогаш во огледало, колку идиотски изгледаш?!” На Леа и се стегна грлото, но успеа да изусти: „Сара, не е твоја работа какви ми се очилата. Што не се гледаш себеси, а мене да ме оставиш на мир!” Тогаш се приклучи и Рики: „Што се занесуваш ма ќорло ниедна? Гледај се каква си! Гарант баба ти кога и фалат тегли за стакло, става во тие твои очила. Толку си ќорава што мајка ти мора секој ден да те земе од училиште за да не се изгубиш до дома!” Сите деца што беа насобрани околу нив почнаа силно да се смеат. Некои дури почнаа и да одат околу Леа и да викаат: „Леааа -- тегла!!!”

Леа едвај се воздржуваше да не се расплаче. Посакуваше да ја снема... Потрча, за да избега што подалеку од децата кои ја задеваа, а во себе реши дека веќе никогаш нема да се врати на училиште. Трчајќи се сопна и падна. Си ги одра

Page 37: Sad

22

рацете и едното колено. Очилата ѝ паднаа и се искршија. Децата кои ја задева, а на ова почнаа уште повеќе да се смеат.

Се води разговор во врска со следниве прашања: · Како се чувствувала Леа? · Како би се чувствувале вие да сте на местото на Леа? Потоа се делат во групи од четири - пет учесници. Им се поставува следното прашање: · Што би можеле да кажете и да направите за да ѝ покажете на Леа дека ја разбирате и да ѝ помогнете таа да се чувствува подобро?, и се бара меѓусебно да си ги разменат мислењата. Потоа секоја група треба да го одглуми крајот на приказната онака како што е даден во текстот при што во секоја група се бара доброволец кој ќе ја одглуми Леа. Останатите ќе треба да ги одглумат разните начини на кои би можело да ѝ помогнат на Леа да се чувствува подобро. Секоја група ја глуми ситуацијата, а другите се публика. Реализаторот го поставува следново прашање: · Што видовме дека може да се стори за да им покажеме на другите дека сочувствуваме со оние кои се исмејувани и навредувани? ¬ Масирање Учесниците застануваат во круг и се завртуваат со десното рамо кон центарот на кругот - завртени еден зад друг. Секој ги испружува рацете и ги става на рамената на тој пред него. Следи масирање на еден необичен начин следејќи ги инструкциите на водителот. Полека почнува да паѓа дожд (секој учесник полека удира со прстите по рамената на тој пред него - како да свири на клавир). Но, движењето најпрво го почнува водителот, а секој треба да го пренесе на тој пред него веднаш штом ќе го почувствува на себе и треба да го прави сѐ додека не осети ново движење. Потоа дождот се засилува (истите удари, но посилно); сѐ повеќе и повеќе врне (удирите се уште посилни и побрзи); почнува да дува ветер (раширување на дланките и со благи движења се поминува по грбот и рамената на тој што стои пред секој учесник); од реката почнуваат да надоаѓаат бранови (малку посилно масирање); почнуваат да паѓаат громови (поставување на дланките нормално на рамената на тој што стои пред секој учесник и со долниот дел удирање по неговите рамена); сега дождот почнува да се стишува, сѐ помалку и помалку паѓа и многу полека престанува (намалување на интензитетот на удирањето и завршување со истите движења со кои се започна). Сега веќе не врне, туку почнува да грее сонце (нежно галење со прстите по рацете на тој што стои пред секој учесник). Водителот им кажува на учесниците дека дождот престана, престана и ветерот и со тоа играта завршува.

Page 38: Sad

23

Прилог бр.6: Илустрации за приказната „Исмеаната Леа’’

Page 39: Sad

24

Page 40: Sad

25

Страв

Цели: r Поттикнување на експресија на стравот r Развивање стратегии за справување со стравот Материјали: лист со контура на човечка фигура, фломастери, големо парче хамер исечено во форма на штит за секоја група по еден, селотејп. ¬ Буууууууу Сите седат во круг. Реализаторот вели: Сега ќе играме една страшна игра. Ќе се плашиме еден со друг на тој начин што јас ќе се свртам до тој до мене и ќе му кажам БУУУУУ најстрашно што можам, потоа и тој се врти до тој до него и го прави истото што и јас и така се по ред додека БУУУ не стигне повторно кај мене. Ова може да се повтори неколку пати со варијација на темпото на пренесување на БУУУ. ¬ Име – уплашено Сите учесници седат во круг и еден по еден го изговараат своето име како да се уплашени. J Од што се плашиме? Затворете ги очите и пробајте да се сетите на ситуации, суштества, работи, настани или луѓе кои ве плашат - предизвикуваат страв кај вас . Сите учесници седат во круг, а реализаторите ги поставуваат следниве прашања: · Кој сака да каже од што се плаши? · Дали има некој што се плаши од чудовишта, духови, вештерки? · А колкумина се плашат од змии, бубачки, глувци? · А има ли некој што се плаши од земјотреси? · Од што друго? Сега би сакале да пробаме да го нацртаме стравот. Секој ќе добие по еден лист со контура на човечка фигура. На неа ќе нацртате каде го чувствувате стравот во телото кога сте уплашени. Каде почнува, каде се шири, каква боја би бил, со каква јачина, со која големина. Ајде пробајте да го покажете тоа со бои. Потоа сите деца ги закачуваат цртежите на табла и кој сака може да раскаже за себе. Ајде сега да видиме што би можеле да направиме со стравот кој нѝ смета. Дали би можеле да ја употребиме нашата фантазија за да го победиме стравот? Ајде затворете ги повторно очите и пробајте да си замислите помошник кој ќе го средува сѐ она што непотребно ве плаши. Тоа може да биде некој јунак од цртан филм или од приказните, или пак некој вистински човек, можеби некој што го познавате...?

Page 41: Sad

26

А сега кој сака нека каже, кој е вашиот помагач како работи тој и што прави? J Штит од страв Сега ќе се поделиме во пет групи и секоја група ќе добие по еден голем „штит’’ (големо парче хамер исечено во форма на штит). Секој од групата на тој „штит’’ ќе треба да си нацрта сѐ она што му помага да се ослободи од стравот. Ако сакате може да го нацртате и својот помошник. Сами одлучете од што ќе ви биде направен тој „штит’’ од страв. Потоа секоја група го претставува својот „штит”. ¬ Име – страшно Сите учесници седат во круг и еден по еден го изговараат своето име многу страшно; толку страшно што можат да го уплашат сопствениот страв, па тој дури и да побегне од страв.

Page 42: Sad

27

Љубов Цели: r Развивање на способноста за диференцирање на чувствата r Експресија на љубовта Материјали: илустрации за приказната „Дрвото мојот пријател”, хартија, боички, селотејп. ¬ Имиња - неж но Сите учесници седат во круг и еден по еден секој треба да го каже своето име нежно, мазно. Потоа со учесниците се води разговор за тоа кое чувство го имаме кога така нежно и топло го кажуваме името. J Дрвото мојот пријател Се чита приказната „Дрвото мојот пријател” и се покажуваат илустрациите (Прилог бр.7). И така си било еднаш едно дрво... и сакало едно дете... детето го посетувало секој ден... и собирало лист по лист... и ги плетело лисјата како круна и како крал на шумата низ неа се шетало или пак се качувало по стеблото... на гранките седнувало... и со сласт јадело јаболка... понекогаш си играле миженка... а кога детето станувало уморно, заспивало во неговата сенка... детето го сакало дрвото... многу, многу и дрвото било среќно. Потоа се води разговор по следниве прашања: · На кои сѐ начини е покажана љубов во оваа приказна? · Како дрвото ја покажува љубовта кон детето? · Како детето ја покажува љубовта кон дрвото? · Како поинаку ја покажуваме љубовта? (со збор, со движење, со одредени постапки) J Многу го/ ја сакам...

Page 43: Sad

28

Учесниците се делат во групи по петмина и секој треба да нацрта за себе некого што многу го сака, како и начинот на кој што му ја покажува својата љубов. Потоа кој сака може да го изложи својот цртеж и да го искоментира. ¬ Драга дали ме сакаш? Сите стојат во круг. Реализаторот почнува и му се обраќа на својот сосед од левата страна со прашањето: Драги/Драга дали ме сакаш?. При тоа се обидува да го каже тоа што посмешно за да се насмее соговорникот. Соседот му одговара: Да, драги/драга, те сакам, ама никако не можам да ти се насмевнам. При тоа и на оној што прашува и на оној што одговара не смеат да им се гледаат забите односно не смеат да се насмевнат. Прилог бр.7 - Илустрации за приказната „Дрвото мојот пријател” И така си било еднаш едно дрво...

и сакало едно дете...

Page 44: Sad

29

детето го посетувало секој ден..

и собирало лист по лист...

и ги плетело лисјата како круна и како крал на шумата низ неа се шетало...

Page 45: Sad

30

или пак се качувало по стеблото...

на гранките седнувало...

и со сласт јадело јаболка...

Page 46: Sad

31

понекогаш си играле миженка...

а кога детето станувало уморно, заспивало во неговата сенка...

детето го сакало дрвото,

Page 47: Sad

32

... многу, многу, и дрвото било среќно.

Page 48: Sad

33

Ликовни експерименти Цели: r Поттикнување на креативноста на учесниците - истражување на нови и невообичаени начини на изразување r Поттикнување на спонтаноста и автентичноста на учесниците Материјали: разнобојна хартија, весници во боја, украсна хартија, самолеплива хартија, А4 хартија, лепило, ножици за учесниците, различни зрнца (ориз, леќа, сусам, шеќер…), темпери, водени бои, мрсни бои, четки, чашки за вода, фломастери и боички, касети, касетофон, бели свеќи, пластични чаши, изработки (мозаик и цртеж со семиња), селотејп. ¬ Пишување на името во воздух Учесниците си замислуваат дека нивните прсти се четки за боење. Потоа одбираат боја со која сакаат да си го напишат името, неа ја земаат со четката и го пишуваат во воздух на начин на кој сакаат. Можат да пробаат да го напишат името и со двете раце одеднаш. Потоа учесниците замислуваат дека имаат четка за боење на нивниот папок. Потоа избираат и земаат боја со четката и пробуваат со нејзе да си го напишат името во воздух. J Експериментирање во ликовното изразување На учесниците им се покажува по еден примерок од сите изработки (мозаик и цртеж со семиња), а останатите два (тајни цртежи и необични дамки), се прават пред нив. Се укажува на тоа дека со овие различни материјали може да покажат сè што ќе си замислат, што чувствуваат, што посакуваат. Исто така преку нив можат и да откријат многу нови нешта. Во боите и цртежите можат да препознаат различни предмети и форми и секој од нив во еден ист цртеж може да види нешто различно. Се пушта музика, а учесниците можат да ја слушаат и со затворени очи. Музиката може да им создаде различни форми и бои, може да направи да се чувствуваат пријатно, возбудено или некако поинаку. Откога некое време само ќе ја доживуваат музиката, потоа ќе може да го покажат тоа што го виделе или почувствувале со дадените материјали. Можат да користат различни бои, хартии и семиња за да направат сè што им паѓа на памет. Во просторијата се организираат повеќе катчиња, одвоени едно од друго. Во катчињата се ставаат сите соодветни материјали, со цел да им бидат на дофат на учесниците. Водителот ги надгледува катчињата и ги поттикнува учесниците да се вклучат и да експериментираат со различните материјали. Сите идеи кои ќе потекнат од нив треба да се поддржат и да се пробаат.

Page 49: Sad

34

1 и 2. Изработка на мозаици - учесниците можат да ги кинат парчињата хартија, во големина и форма која ја сакаат, да ја сечат, да ја гужваат. Исто така можат прво да бојат бела хартија, па потоа да ја сечат и кинат. На овој начин можат да се изработуваат роденденски или друг вид на честитки. Направените мозаици можат да се украсат и со зрнца од ориз, пченица, леќа, со шеќер и други нешта што може да се бојат. 3. Тајни цртежи - на бел лист учесниците можат да нацртаат или напишат нешто со бела мрсна боја или со бела свеќа. Доколку сакаат јасно да го видат она што го нацртале или напишале, можат да поминат преку него со четка со боја. Необоени ќе останат само деловите со мрсната боја. Интересен е моментот на откривање на цртежот или текстот. 4. Необични дамки - на средина на листот се става по малку од неколку различни темпери. Потоа листот се превиткува на средина и се поминува преку него со раката. На тој начин се добиваат различни дамки кои може да пробудат најразлични асоцијации кај учесниците. Учесниците се поттикнуваат да кажуваат на што им личат дамките, а можат и да ги модификуваат со додавање на бои или вода. Ова особено се поттикнува ако фигурите се застрашувачки за нив. Тогаш се поттикнуваат да ја сменат добиената фигура во нешто што е позитивно и пријатно за нив. J Изложба Сите изработки учесниците може да ги стават на неколку клупи или да ги закачат на табла. На тој начин прават изложба на која ќе можат да видат што сè направиле. На крајот може да одберат што од тоа сакаат да стават во папките, а што сакаат да земат со себе.

Page 50: Sad

35

Мини проект активности: Рамки за слики - три работилници

Цели: r Развивање на соработка меѓу учесниците преку изработка на „продукти“ од заеднички интерес r Обезбедување признание и „видливост“ на работата на учесниците преку јавно презентирање на „продуктите“.

Прва работилница - поединечни рамки Материјали: папка со сите цртежи на детето за секој учесник, проѕирна фолија. Со учесниците се поведува разговор за активностите кои се реализирале од почетокот на заедничките средби. Потоа се објаснува принципот на работа во мини проект работилниците (ќе се прават изработки, ќе траат три средби, ќе се работи во иста група во текот на тие средби, ќе има индивидуална, но главно ќе има групна работа). Потоа децата се делат во 4 групи. Добро е групите да бидат подготвени однапред за да се обезбеди полова и етничка балансираност. Секоја од групите ќе изработува по еден вид рамки за цртежи. Најпрво секое дете избира цртеж од својата папка кој сака да го врами и треба да го стави во проѕирна фолија. Прва група: Рамка - јаболко Материјали: парче хамер во црвена боја, на кој е нацртана контура на јаболко, а во средина е нацртана контура на лист хартија во формат А4 за секое дете во групата, хамер во зелена боја на кој се нацртани лист и дршка за јаболкото, лепило, ножички, хефталка, светкави бои, четки, палети, чашка со вода. Сите деца добиваат парче хамер во црвена боја, на кој е нацртана контура на јаболко на чија средина е нацртана контура на лист хартија во формат А4. На тоа место децата треба да го залепат цртежот, а потоа да ја исечат рамката во вид на јаболко. На парче хамер во зелена боја нацртани се лист и дршка за јаболкото, кои децата треба да ги исечат и да ги спојат со хефталка за јаболкото. Потоа со светкави бои треба да го украсат јаболкото. Втора група: Рамка - слож увалка Материјали: парче хамер во темно сина/зелена боја во форма на правоаголник на чија средина е нацртана контура на лист хартија во формат А4 за секој учесник во групата, парчиња од картонска сложувалка, фломастери, лепило.

Page 51: Sad

36

Сите деца добиваат парче хамер во темно сина/зелена боја во форма на правоаголник на чија средина е нацртана контура на лист хартија во формат А4 и на тоа место децата треба да го залепат цртежот. Потоа добиваат делови од картонска сложувалка. Со фломастери треба да ги обојат парчињата и да ги залепат околу цртежот формирајќи рамка. Трета група: Рамка - лампион Материјали: парче хамер во форма на лампион во светло/темна сина боја на хамерот на чија средина е нацртана контура на лист хартија во формат А4 за секој учесник во групата, лепило, светкави лепила, ножички, хефталици. Сите деца добиваат парче хамер во форма на лампион во светло/темна сина боја на хамерот на чија средина е нацртана контура на лист хартија во формат А4 и на тоа место децата треба да го залепат цртежот. Потоа со светкави лепила децата прават шари на „лампионот” околу цртежот. Потоа добиваат уште еден хамер на кој е нацртан капакот на лампионот во иста форма како лампионот. И тој треба да го исечат, да го пресечат на половина и двата краја со хефталици да ги спојат со краевите на лампионот и на тој начин да добијат „капак” на „лампионот” што се отвора и затвора. Четврта група: Рамка од шпатули Материјали: парче хамер во жолта боја во форма на правоаголник на чија средина е нацртана контура на лист хартија во формат А4 за секој учесник во групата, шпатули, фломастери, лепило. Сите деца добиваат парче хамер во жолта боја во форма на правоаголник на чија средина е нацртана контура на лист хартија во формат А4 и на тоа место децата треба да го залепат цртежот. Потоа добиваат шпатули и треба со фломастери да ги обојат во разни бои и да ги залепат околу цртежите формирајќи рамка.

Втора работилница - заеднички рамки Учесниците продолжуваат со изработувањето на рамките. Кога ќе завршат се пристапува кон изработка на голема заедничка рамка на поединечните врамени цртежи Прва група: Рамка дрво Материјали: хамер на кој е нацртано стебло со онолку гранки колку што има поединечни рамки, ленти од самолеплива хартија во разни нијанси на кафена боја, лепило. Учесниците добиваат хамер на кој е нацртано стебло со онолку гранки колку што има поединечни рамки. Учесниците треба да го исечат, а потоа со самолеплива

Page 52: Sad

37

хартија во разни нијанси на кафена боја се кинат парченца и се лепат на дрвото како колаж. Потоа под гранките се лепат поединечните рамки во форма на јаболко. Втора група: Рамка - слож увалка Материјали: голем хамер во правоаголна форма, делови од картонска сложувалка, фломастери, лепак. Учесниците добиваат голем хамер со правоаголна форма, на кој се лепат поединечните рамки. Потоа сите добиваат делови од картонска сложувалка, кои треба со фломастери да ги обојат и да ги залепат на хамерот формирај;и голема заедничка рамка. Трета група: Рамка елка Материјали: хамер на кој е нацртана елка, ножички, светкави лепила, лепило. Учесниците добиваат хамер на кој е нацртана елка. Потоа треба да ја исечат елката и да ги залепат поединечните рамки - лампиони. Потоа со светкави лепила може да ја украсат елката. Четврта група: Рамка од шпатули Материјали: хамер во правоаголна форма, шпатули, фломастери, лепило. Учесниците добиваат голем хамер во правоаголна форма, на кој се лепат поединечните рамки. Потоа сите добиваат шпатули кои треба со фломастери да ги обојат и да ги залепат на хамерот формирајќи голема заедничка рамка.

Трета работилница Врамување Во оваа средба учесниците добиваат тенки дрвени лајсни што треба да ги заковаат на заедничките рамки. Учесниците ги мерат и ги сечат дрвените лајсни за да соодветствуваат на заедничките хамери, а потоа ги лепат и ги коваат, а на крај заковуваат и држачи. Потоа учесниците, група по група, избираат место каде што ја закачуваат својата рамка.

Page 53: Sad

38

Мини проект активности: Новогодишни украси - три работилници

Цели: r Развивање на соработка меѓу учесниците преку изработка на „продукти“ од заеднички интерес r Обезбедување признание и „видливост“ на работата на учесниците преку јавно презентирање на „продуктите“. Прва работилница – Новогодишни честитки, снегулки

и други новогодишни украси Материјали: Шаблони (во форма на Дедо Мраз и елка) за новогодишни честитки од хамери во различни бои, хартија А4 формат во разни бои, фломастери, темпери со светки за украсување, памук, лепило, ножици, креп хартија, селотејп, украсна лента, тенка украсна жица.. J По случаен избор учесниците се делат во две групи. Материјалите за работа се поставени однапред во групите. Во една група се поставени материјалите за новогодишните честитки, а во другата група материјалите за снегулките и за новогодишните украси. Во секоја од групите има однапред изработени модели и по еден реализатор кој им демонстрира како се изработуваат и им помага. Постојано се поттикнуваат на соработка и креативност. Снегулки и украси: Снегулки: Снегулките се прават по шаблон, односно има точни инструкции кои, доколку се следат прецизно, многу лесно се изработува снегулката. Секое дете добива бел лист хартија исечена во форма на квадрат. На квадратот се нацртани контури по кои треба да се превиткува квадратот. На крајот откако ќе се превитка, има нацртано украсен цртеж кој треба да се исече по линија, така што црниот дел треба да отпадне. По инструкција на реализаторот секое дете изработува снегулка, и потоа снегулките се закачуваат на заедничка украсна лента.

Page 54: Sad

39

Украси: Од хартија во различна боја со превиткување и сечење се прават лампиони, а пак од креп хартија во различна со превиткување се прават украсни ленти. 1) Најпрво од лист хартија со А4 формат се прави квадрат.

2) Потоа квадратот се превиткува во форма на триаголник.

3) Овој триаголник се превиткува уште еднаш и се добива друг помал триаголник

Page 55: Sad

40

4) Потоа од двете страни на триаголникот се цртаат паралелни линии, но не се доцртуваат до крај.

5) Потоа се сече по нацртаните линии, при што многу е важно да се сече само онаму каде што е нацртано и да не се сече до крај. Потоа се отвора триаголникот и повторно се добива квадрат.

Page 56: Sad

41

6) Краевите се развлекуваат и се спојуваат во форма на лампион.

Новогодишни честитки: Честитки во форма на Дедо Мраз: Учесниците добиваат исечени бели хамери во форма на правоаголник кој се преклопува. На надворешната страна има нацртан Дедо Мраз кој треба да се обои или пак да се лепи со самолеплива хартија.

Page 57: Sad

42

Честитки со новогодишна елка: Учесниците добиваат исечени зелени или црвени хамери во форма на правоаголник кој се преклопува. На надворешната страна има нацртано контура на елка која треба да се исече. Исто така на елката има нацртани точки или ѕвездички што треба да се поминат со светкава темпера за украсување. Учесниците сами избираат каква честитка сакаат да направат, а доколку постои интерес можат да ги направат сите.

F Важ но: Секогаш треба да има подготвено повеќе материјали за да има резерва ако некое дете сака да учествува во повеќе активности, односно да преминува од една активност во друга или од една група во друга. Ова им се дозволува само тогаш кога завршиле со активноста со која почнале на почеток.

Втора работилница – новогодишни украси Учесниците продолжуваат со изработувањето на новогодишните украси. И во оваа работилница на почеток по случаен избор учесниците се делат во две групи. Едната група изработува новогодишна елка и ѕвездички за украсување на елката додека другата група изработува украсува цвеќници. Материјалите за работа однапред се распределени по групите. Прва група: Елка и ѕвездички Елка: Материјали: Два големи дебели картони на кои е нацртана контура на елка, зелена и кафена темпера, четки, скалпел, хартија во различна боја, ножици, лепило. Учесниците во оваа група по сопствен избор одлучуваат дали прво сакаат да работат на елката или сакаат да изработуваат ѕвездички.

Page 58: Sad

43

Најпрво се бои едната страна од картонот на кој е нацртана елката со зелена темпера и стеблото се бои со кафената темпера, и додека се суши таа страна се бои и другиот картон на истиот начин само од едната страна. Потоа откако ќе се исушат се продолжува со боењето и од другата стана. Откако ќе се обојат и исушат, картоните со скалпел се сечат по линија на контурите. Потоа едниот картон се сече точно на средина вертикално тргнувајќи од стеблото кон врвот, но не се сече до крај - петнаесет сантиметри кон врвот не се сечат. Исто така и другиот картон се сече на средина вертикално, но од обратната насока, значи од врвот се тргнува и се сече петнаесет сантиметри надолу. Потоа картоните се навлекуваат еден врз друг со цел да се добие тродимензионална елка. Ѕвездички: Материјали: хартија во боја, ножички, лепило.

Page 59: Sad

44

Свеќници: Материјали: Мали стаклени чашки, фломастери за цртање стакло, бои за стакло, свеќи. Чашките со фломастерите се цртаат и украсуваат по однапред подготвен модел. Со боите за стакло на фолија се цртаат различни цртежи и форми кои се оставаат да се сушат еден ден. Потоа се одлепуваат и се лепат на чашките како декорација. Во свеќниците потоа се ставаат мали свеќички.

Трета работилница - Украсување Во оваа работилница сите изработки од мини проектите се пренесуваат во одредена просторија што треба да се украси. Заедно со учесниците се одлучува која изработка каде да се стави и на кој начин да се украси.

Page 60: Sad

45

Времеплов Цели: r Вкоренување на доживувањата од работилниците и социјалните активности на програмата r Евалуација на програмата Материјали: хартиени ленти, фломастери и боички, А4 хартија, пенкало. ¬ Зум - шкрип Сите седат во круг. Реализаторот вели: Замислете дека „Зум” е звукот на еден автомобил кога се движи, а „Шкрип” е звукот на истиот тој автомобил кога сопира. ]е замислиме дека тој автомобил тргнува од мене и продолжува во кругот. Тогаш јас ќе кажам „Зум” и ќе ја свртам главата лево од мене. Тој што е до мене може исто така да каже „Зум” бидејќи автомобилот поминува и покрај него. Потоа и тој се врти кон следниот до него и се така, додека некој во кругот не каже „Шкрип”, што ќе значи дека автомобилот сопрел. Сега тој го менува својот правец и „Зум” се пренесува на десно, повторно, се додека некој друг не каже „Шкрип”. Но, имајте на ум дека секој има право само еднаш да каже „Шкрип”. J Времеплов Оваа работилница всушност претставува „водена фантазија” чија цел е учесниците да се навратат и да се потсетат на сите активности низ кои поминале за време на програмата. Затоа е многу важно низ фантазијата да се водат со тивок глас, полека, со цел учесниците да имаат доволно време да се сетат на настаните и повторно да ги доживеат. Замислете дека сите се качуваме во една машина која се вика „Времеплов“. Тоа е машина со која можеме да патуваме низ времето. Нашето патување ќе биде наназад во времето... Оваа машина ќе не донесе во времето на нашата прва средба, кога за прв пат се видовме и почнавме да играме овде... Тогаш беше (определете го времето на вашата прва средба). Обидете се да се сетите како се чувствувавте тогаш, што доживувавте, што ви беше убаво, а што не ви се допаѓаше... Сега почнуваме да се враќаме кон сегашноста... Поминуваме низ сите наши средби - средбите тука и низ сите прошетки надвор... Можеме да видиме дека некогаш повеќе цртавме, некогаш повеќе игравме или глумевме, разговаравме, учевме нови работи (се набројуваат и сите прошетки и активности што се реализирале)... Одберете кога ви беше најубаво, а кога најмалку убаво... Вака шетајќи се низ времето, полека стасавме и до денес... Видете како се чувствувате сега, дали ви е како на првата средба или ви е малку поразлично...

Page 61: Sad

46

Сега сме овде, излегуваме сите од машината, ги отвораме очите и повторно сме сите во просторијава. Реализаторот ги дели претходно подготвените ленти од хартија. Сега, на овие ленти од хартија нацртајте ги преку неколку цртежи вашите доживувања од патувањето со „временската машина“. Нацртајте ги како стрип: на првиот цртеж ќе нацртате како ви било на првата наша средба. Ќе нацртате што ви се случувало тогаш и со кого сте биле. Потоа ќе повлечете една линија, по должината на листот и со тоа ќе го одвоите овој цртеж од следниот што ќе го цртате. На следниот, нацртајте ја средбата или настанот или играта од некоја средба или прошетка кога ви било најубаво. Повторно ќе го одвоите и тој цртеж со линија. На следниот ќе го нацртате она што најмалку ви се допаднало во текот на овие средби. Кога ќе го завршите и тој цртеж повторно повлечете линија и на крај нацртајте како се чувствувате сега, на денешнава средба. Потоа секој го покажува својот „стрип” и раскажува што има нацртано. Учесниците може да ги раскажуваат цртежите во мали групи или на реализаторот. F Важ но: При размената во круг многу е важно реализаторот да покаже голем интерес за „стрипот” на секој поединечен учесник, да ги акцентира позитивните настани и да покаже дека се сеќава на нив. F Важ но: Оваа активност може да послужи како основа за евалуација на програмата и затоа е потребно реализаторот на посебен лист да ги запишува настаните што ги нацртале учесниците со забелешка за тоа кој бил позитивен, а кој бил негативен. ¬ Игра по избор на учесниците Од учесниците се бара да кажат која игра од оние што ги научиле во текот на заедничките средби би сакале да ја играат и таа се игра.

Page 62: Sad

47

Социјални активности – 3 активности

Социјалните активности се организирани форми на социјализација, како посета на културни настани, изведување на спортски и забавни активности и слично. Постои тенденција пријателските врски да зајакнат и да добијат на квалитет тогаш кога има интензивна социјализација и активности кои не се вообичаени за училишната атмосфера Во овој вон - училишен контекст, за време на социјалните активности, децата меѓусебно се запознаваат, се зближуваат, се спријателуваат и се релаксираат.

Поради тоа што пилот програмата трае три месеци, се реализираше само една социјална активност, додека при реализација на интегрална програма во траење од една училишна година ќе се реализираат три социјални активности.

Социјалната активност се состоеше од два дела: посета на планетариум и посета на Детски креативен центар. Во социјалната активност учествуваа сите ученици од двете одделенија одеднаш. При посетата на планетариумот учениците имаа можност заедно да поделат ново и невообичаено искуство, а пак во Детскиот креативен центар учесниците со радост се дружеа и воспоставуваа нови врски и релации во спонтан и не формален контекст. Идеи за социјални активности: 1. Посета на зоолошка градина и природонаучен музеј 2. Априлијада 3. Посета на забавен парк 4. Прослава на Нова Година во Детски креативен центар 5. Излет

Page 63: Sad

48

Литература.............................................................

· Cerović - Kovač T., Janković M., Jerotijević M., Kecman T., Kijevčanin S., Krivačić M. & Mrše S. (1993) Igrom do spoznaje: priručnik za radionice za decu od 7 do 14 godina. Beograd: Centar za antiratnu akciju i Ujedinjene nacije - Visoki komesarijat za izbeglice

· Ceroviq - Kovaç T., Rosandiq R. , & Popadiq D. (1996) Mësonjëtore e vullnetit të mirë : Punëtoritë për nxënës të shkollsve të mesme . Beograd: Grupi Most

· Цветановска М., Балажи С. & Негриевска Ф. (1999) Потрага по скриеното богатство: работилници за психо - социјална поддршка на деца. Скопје: Филозофски факултет, Проект за разрешување на етничките конфликти

· Foster - Harison S.E (1994) More Energizers and Icebreakers: For All Ages and Stages: Book II. Minneapolis: Educational Media Corporation

· Hannaford M. J. (2001) 102 Tools for Teachers & Counselors. Too. Warminster: Marco Products Inc.

· Игњатовиќ - Савиќ Н. (1993) Чувари осмеха 1: психолошке радионице за подстицање развоја деце (а и одраслих). Београд: Институт за психологију

· Jones A. (1999) 104 Activities That Build: Self-esteem, Teamwork, Communication, Anger Management, Self-discovery, and Coping Skills. Richland: Rec Room Publishing

· Jones A. (1999) Team-Building Activities for Every Group. Richland: Rec Room Publishing

· Karns M. (1994) How to Create Positive Relation Ships with Students - A

· Handbook of Group Activities end Teaching Strategies. Champaign: Research Press

· Munch, Robert N. (2000), The Paper Bag Princess. Buffalo: Annick Press Ltd.

· Newstrom W. J. (1997) The Big Book of Team Building Games: Trust-Building Activities. Team Spirit Exercises, and Other Fun Things to Do. Columbus: McGraw-Hill

· Петроска - Бешка, В. (1995) Конфликти: што претставуваат и како се разрешуваат. Скопје: Филозофски факултет

· Rosandić R. et.al. (1995) Učionice dobre volje: radionice za mlađe osnovce: radionice za starije osnovce. Beograd: Grupa most

· Shuttleworth C. and Baxter N. (2004) Christmas Crafts. Leicestershire: Armadilo Books

· Силверстеин Ш. (2003) Дарежливото дрво, Скопје: Топер

· Siccone F. (1995) Celebrating Diversity, Building Self-Esteem in Today’s Multicultural Classrooms. Needham Heights: Paramount Publishing

· Uzelac M. (1997) Za Damire i Nemire: Vrata prema nenasilju. Zagreb: Mali Korak

· York S. (1991) Roots & Wings - Affirming Culture in Early Childhood Programs. , St. Paul: Redleaf Press