Top Banner
NO. 26
15

S - Work No.26

Apr 06, 2016

Download

Documents

Trajan3

S-Work is on line magazine powered by NGO Star-Star Skopje, Macedonia All about sex work culture ...
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: S - Work No.26

NO. 26

Page 2: S - Work No.26

The Casual Sex ProjectЛични интимни приказни за сексуални искуства.Секс проект е збир на споделени вистински приказни за најразлични секс искуства: секс за една ноќ, секс пријател, брз секс, секс на повик. Каков и да е секс ( како и да го дефинирате вие сексот ), секое искуство кое што сте го имале надвор од вистинска романтична врска. Добро, лошо но и грдо искуство.Споделувањето на приказната функционира многу едноставно - со испраќање електронска порака неведена на сајтот. На официјалната веб страна ќе биде објавена само вашата електронска адреса, што значи за вашата анонимност одлучувате Вие. Колку сочни детали ќе има во приказната одлучувате исто така Вие самите. Кој може да сподели искуство? Секој!Во описот на овој проект стои дека повеќето истражувања за „кежуал” секс искуства се спроведени меѓу студенти, што всушност е причината за овој проект кој не се ограничува на целна група. Во овој проект може да учествува секој без разлика на полот, возраста, сексуалната орентација и родовиот идентитет. Целта на проектот е што повеќе приказни толку подобро!

Page 3: S - Work No.26

The Casual Sex Project е дело на д-р Жана која е македонски секс истражувач и едукатор. Меѓу другото, како што вели д-р Жана, таа учи и пишува за сексот како тема, и дека овој проект е еден од начините таа да дознае повеќе за тоа.Доколку сакате да пратите своја лична приказна и да бидете дел од The Casual Sex Project посетете ја официјалната веб старница на проектот: http://thecasualsexproject.com/

Page 4: S - Work No.26

Југословенски филмски секс,, Халоа – празник на курвите “ ,,Халоа – празник на курвите “ е југословенски филм снимен во 1988 година. Режисер на филмот е Лордан Зафрановиќ, а сценариото го напишал Вељко Барбиери според својот роман ,,Затвор од олеандрови лисја”. Филмот има мотив на љубовен преплет со елементи на освета и трагедија, но истовремено се поигрува и со мотивите на еросот и танатосот кои во грчката митологија се богови на создавањето живот и смрт, но и мотивите на психоанализа, во кои танатосот е копнеж за смртта, а еросот како копнеж за живот. Филмот изобилува со еротски сцени од главните протагонисти Неда Арнерич и Ранко Зидарич.

Page 5: S - Work No.26

Фимовте на Зафарановиќ важат за едни од најдобрите со секс сцени во југословенската кинематографија, но не само по она што се гледа (голотијата) туку и по концептот на самите сцени. Опусот на овој режисер сигурно не би бил до толку успешен без изборот на најдобрите директори на фотографија како негови соработници. Иако во секс сцените на неговите филмови изгледа како да станува збор за симулација, еден од актерите има изјавено дека сето тоа понекогаш се случувало вистински. Името на филмот на Зафрановоќ доаѓа од свеченост која се случувала еднаш годишно во античка Грција – Халоа. За време на оваа свеченост наречена Халоа во античка Грција курвите со врзани очи биле пуштани пред храмовите, а целта била да бараат машки полови органи кои биле изработени од керамика, тие требало сите овие фигури да ги пронајдат без да гледаат. Доколку не биле пронајдени сите фигури тоа значело дека следува лоша година.

Page 6: S - Work No.26

Инспирација : Мерлин Монро

Норма Џин Мортенсон, позната како Мерилин Монро е родена на 1-ви јуни 1926 година во округот на Лос АнџелесДетството го поминува во згрижувачки семејства, таткото никогаш не го запознала, а нејзината мајка веднаш по породувањето била сместена во установа за ментално нестабилни лица. Иако до ден денес ја знаеме како една од најдобрите филмски ѕвезди и секс икони од ерата на златниот Холивуд, сепак нејзиниот пат до таа светска слава не бил ни најмалку лесен.

Page 7: S - Work No.26

На многу начини Монро го поплочи патот за многу денешни старлети што сакаат да го привлекуваат вниманието. „Фокс студио треба да почне да ми посветува исто толкаво внимание како и на Елизабет Тејлор“, му рекла Мерилин Монро на Шилер, раѓајќи ја идејата за која ќе се покаже дека ќе направи бум во животот на младиот фотограф: тој да ја фотографира гола.Во 1960 година, како дел од тогашната нејзина борба студиото Фокс да ја сфати посериозно, а и поради љубомората за успехот на Елизабет Тејлор, Мерилин смислила план како да го привлече сето внимание врз себе: фотосесија покрај базенот, во која таа би скокнала во водата во костим за капење, а би излегла гола. „Лари“, рекла таа, „ако излезам од базенот гола, сакам да ми гарантираш дека кога твоите фотографии ќе се појават на насловните страници на списанијата, Елизабет Тејлор ќе ја нема во тие изданија.“ Мерилин доби само 100.000 долари за она што ќе биде нејзин последен филм, „Некој мора да попушти“, во 1962 година, додека Тејлор доби милион долари за „Клеопатра“. Монро сакаше да им покаже на луѓето во Фокс дека може да го постигне огромниот публицитет што го добиваше премногу јавната врска на Елизабет со Ричард Бартон.

Page 8: S - Work No.26

„Јас знам сè за одбивањето“, му рекла Мерилин на Шилер. „Понекогаш се чувствувам како целиот мој живот да бил едно големо одбивање.“Нејзиниот софистициран стил и после толку години сеуште го следат голем број девојки, а нејзиниот лик можете да го видите на модни парчиња, предмети или како апликација на чанти. Таа е насекаде околу нас. Познати уметници своите дела и ги посветувале токму неа. Салвадор Дали бил голем обожавател на Монро, а не можел да и одолее ни Енди Ворхол. Многумина пишуваа книги за неа, а една од најубавите балади која засекогаш ќе потсетува на краткот живот на филмската дива е „Good bye, Norma Jean”.Мерилин Монро не била глупава русокоса, а дека поседувала повеќе од само убаво лице, облини и мил глас, говори фантастичниот избор на музика и луѓе на кои им се восхитувала. Во слободно време обожавала да ги слуша Бетовен и Моцарт, ги обожавала делата на Пикасо, Гоја и Ел Греко, го ценела музичкото остварување на Френк Синатра, ги читала делата на Достоевски, Силинџер и Волф, а актерски идоли според

Page 9: S - Work No.26

кои се водела и биле Грета Гарбо, Џинџер Роџерс и Џин Харлоу.Била свесна за својата појава и можности. Иако не била доволно образована и на прв поглед изгледала неинтелегентно, сепак никој неможел да го оспори нејзиниот импресивен талент и обидот со напорна работа да го надополни тоа што не го добила поради краткото образование. Нејзината слика се појавила на првата насловна страна на магазинот Плејбој во 1953 година, а многумина ја сметаа за синоним за убавина и сензуалност. Мерилин Монро ја сметаа за идеална жена со совршена фигура и прекрасни црти на лицето.Во своите последни неколку часа, Монро му ја испратила голата фотографија на Шилер. Таа му напишала: „Испрати го ова во Плејбој, може да им се допадне“.Иако го добила статусот на секс симбол, по завршувањето на третиот брак, по двата спонтани абортуси и операциите, Мерлин не успеала да ја надмине депресијата и утеха барала во дрогата и алкохолот. И биле понудени кратки улоги, а улогите кои веќе и биле доделени ги изгубила. Наместо на црвениот тепих, деновите ги поминувала во болница. Била пронајдена мртва на 5 август 1962 година, во својот стан во Лос Анџелес. Сеуште постојат недоумници за тоа дали Мерилин извршила самоубиство или некој друг стои зад сето тоа. Многумина веруваат дека Мерлин била девојка за придружба од највисоките кругови, и всушност меѓу тие редови треба да се бараат виновниците за нејзината смрт. Никој никогаш не дозна што всушност се случило, а нејзината смрт и ден денес претставува голема мистерија.

Page 10: S - Work No.26

Интервју: Фелисија Ана

Сексуална работничка која работи во Амстердам со потекло од Романија

Фелисија Ана е всушност псевдонимот на оваа девојка која работи како сексуална работничка во Амстердам. Таа неодамна го има отворено својот веб-блог, преку кој можете најдобро да добиете увид во светот на сексуалната работа во Европа, особено во Холандија.

Забележав на твојот веб блог, дека имаш 27 години, и дека работиш како сексуална работничка во Амстердам веќе 4 години. Ти си родена во Романија? Дали работата во Амстердам е единстевената причина за твојата преселба таму?Точно така, ја сум родена и израсната во Романија и Амстердам е единственото место каде сум работела како сексуална работничка.

Page 11: S - Work No.26

Претходно, немам работено во ниту една друга земја, освен во мојата, во Романија.

На твојот блог имаш споменато дека парите се единстевната твоја мотивација да ја започнеш оваа работа. Дали твоето семејство и пријателите знаат за твојата одлука, и дали некој те има натерано да се впуштиш во оваа работа? Никој ме нема натерано присилно да ја работам оваа работа, всушност, моите пријатели и семејството воопште не ни знае за мојата одлука. Сметам дека поголемиот дел од сите девојки кои работат тука, го прават тоа бидејќи е нивен избор, а само мал процент, околу 8% се присилно натерани. Сметам дека сите оние кои кажуваат дека повеќето девојки се присилени на оваа работа, всушност воопште не се заинтересирани за нивното спасување, туку сакаат да ја направат сексуалната работа да изгледа лоша за мислењето на јавноста, а со понатамошна цел да се откажат или да ја направат нелегална.

Дали сметаш дека во Романија, или во некоја друга земја, сексуалната работа е решение за повеќето девојки? Со други зборови, зошто мислиш дека девојките од Источна Европа започнуваат да ја работат сексуалната работа?

Page 12: S - Work No.26

Не сметам дека сексуалната работа е најчестото решение за девојките, но мислам дека е една од повеќето опции, едноставно да избереш дали сакаш да работиш во продавница, во ресторан како келнерка или како сексуална работничка. Причината зашто голем дел од жените од Источна Европа се впуштаат во сексуалната работа во друга земја е едноставна, поради големата разлика во сумата на пари која ја заработуваат. Точен е фактот, дека земји како Романија се многу сиромашни, всушност има многу девојки како мене кои работат тука а при тоа остваруваат можности за подобро живеење понатаму во својата земја. Поентата е во тоа што оваа работа пружа можност за заработување многу пари, кои едноставно не можете да ги одбиете, се додека не ви пречи сексуалниот дел од оваа работа. Притоа, сексуалната работа во Амстердам ви нуди и слобода. Можеби ова би звучело чудно за многумина, обично сметајќи дека сексуалната работа е секогаш поврзана со контрола, угнетување и присилување, но не е секогаш таков случајот. Всушност, сите ние сме самовработени во Амстердам. Ние имаме свои бизниси. Сами си одлучуваме кога ќе работиме, колку долго сакаме да работиме, кои денови би работеле и сами одлучуваме кога сакаме да одиме на одмор. Едноставно, нема кој да ти каже како да ја работиш оваа работа, или да ти кажува дека работиш нешто погрешно. Јас сум си шеф сама на себе, јас ги контролирам работите. Тоа е една од предностите во оваа работа, својата слобода.

Page 13: S - Work No.26

Колкава сума пари во просек може да се заработи како сексуален работник во Амстердам? Доколку не се вклучени и макроата во овој бизнис, колку треба да се плати данок на државата? Зошто 50 евра за 15 минути е најчестата цена кај различни девојки?Многу е тешко да се каже за процентуалниот износ на тоа колку заработува една девојка во месецот. Некои девојки работат многу добро, едноставно зашто изгледаат многу добро, други пак имаат потешкотии при наоѓањето на своите клиенти. Може да се случи еден ден, едвај да заработиш пари, друг ден пак може да заработиш и до 2 000 евра. Затоа ми е тешко да одговорам на тоа прашање. Но еве, просекот нека биде нешто помеѓу 5 000 и 35 000 евра. При тоа сакам да ја истакнам лошата економска ситуација во денешницава, бидејќи во подобрите времиња, неколку години наназад, многу лесно беше да се заработата тие 30 000 евра. Откако, сексуалната работа е легална во Холандија, ние како работници на својот бизнис, треба да плаќаме данок на државата како и секој друг. Во овој момент, данокот изнесува 21% од нашата заработувачка, што е многу во однос на тоа колку ние заработуваме. Затоа, повеќето девојки велат дека владата е една од најголемите макроа, бидејќи таа најмногу профитира од сексуалната работа. Цената од 50 евра за 15 минути, е истата веќе со години. Нависитна, незнам кој ја има одредено оваа цена, но претставува непишано правило на Red Light District како минимална цена.

Page 14: S - Work No.26

Како би ја опишала својата работа? Застрашувачка? Досадна? Интересна? Дали некогаш си била нападната или преплашена? Како изгледаат твоите типични клиенти, и која е најчудната работа која ја имаш доживеано како сексуална работничка?Од сè по малку. Се зависи од луѓето кои ти приоѓаат и кои шетаат по улиците. Многу често е досадно, чекајќи со часови за клиент, но исто така може да биде и многу забавно, бидејќи има луѓе со кои навистина можеш да се насмееш. Секој ден е различен, бидејќи секој ден се среќаваш со различни луѓе, нови туристи доаѓаат постојано кои ти пружаат да искусиш нови доживувања. Да, ме има нападнато клиент еднаш во мојата 4 годишна кариера. Всушност и не беше негова вина, меѓутоа зема преголема доза дрога и едноставно побудале. Проба да ме задави, но само по неколку секунди се оттргна од мене, бидејќи сфати што всушност прави и ме остави. Ми се извинуваше милион пати, за да на крајот истрча надвор во своите боксерки, носејќи ја останатата гардероба во рацете.

Понекогаш, ме фаќа страв кога ќе видам луѓе кои на прв поглед изгледаат застрашувачки, но многу често се случува, да испадне спротивното, т.е откако подобро ќе ги запознаеш, всушност тие се навистина фини и пријателски настроени. Од оваа работа научив многу, односно на кои луѓе можеш да им веруваш, а на кои не и врз основа на тоа и мојот инстинкт, ги бирам и моите клиенти.

Page 15: S - Work No.26

Не постои нешто такво како типичен клиент. Клиентите кои ние ги имаме се обични луѓе. Ништо нема чудно кај нив, тие се нормални личности со нормални работи. Поголемиот дел од нашите клиенти се туристи, кои доаѓаат од целиот свет. Единствената работа која им е заедничка и која можам да ја кажам за нив, е тоа што тие навистина не почитуваат, што за жал не важи за сите. Најчудната работа која ја имам доживеано е кога еден клиент бараше од мене да го шетам како куче. Тој не сакаше ништо друго, не сакаше секс, само да го водам по собата врзан со ланец. Постојат клиенти со чудни барања, кои доаѓаат кај нас само поради тоа што тоа неможат да го добијат кај своите жени или девојки. Некои пак, поради своите чудни желби се преплашени и често страмежливо знаат да ти пријдат барајќи да им ги исполниш нивните сексуални фетиши.