Top Banner
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 178 / ПЕТОК 09.03.2012 година VIII прицкерова награда 2012 КРУНА ЗА ВАНГ ШУ муЗЕЈ ЗА 21 ВЕк колку ЧИНИ прЕСТИЖоТ?
68

Porta3 178

Mar 09, 2016

Download

Documents

Porta3

Порта3, градежништво, архитектура, екологија,
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Porta3 178

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

178

/ ПЕТ

ОК

09.0

3.20

12 г

один

а VI

II

прицкерова награда 2012

КРУНА ЗА ВАНГ ШУ

муЗЕЈ ЗА 21 ВЕк

колку ЧИНИ прЕСТИЖоТ?

Page 2: Porta3 178
Page 3: Porta3 178

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

178

/ ПЕТ

ОК

09.0

3.20

12 г

один

а VI

II

ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА 2012

КРУНА ЗА ВАНГ ШУ

МУЗЕЈ ЗА 21 ВЕК

КОЛКУ ЧИНИ ПРЕСТИЖОТ?

БРОЈ 178 ПЕТОК 09.03.2012 ГОДИНА VIII

36

Кинескиот архитект Ванг Шу е лауреат на Прицкеровата награда за архитектура за 2012 година, и тој е прв архитект од Кина кој ја добива оваа престижна награда. Ванг Шу вели: „Сакам да осознаам сè за секојдневниот живот, за луѓето, за времето. Знам дека нешто постоело и пред мене – моите згради доаѓаат од некаде. И додека архитектите зборуваат за просторот, јас зборувам за типологија и прототип. А прототипот е одраз на меморија“. Кај нас, пак, во Скопје, се актуелни прашањата од сообраќајот, трамваи, подземни сообраќајници... Најновите урбанистички зафати, само ја усложнија состојбата. Решенијата се голем предизвик, кој бара компромиси околу концепциите. Но експертите велат дека, сепак, одлуката за какво било сообраќајно решение во градските средини е политичка. Градскиот парк во главниот град, неодамна во рамки на својата просторна матрица вдоми шест едукативни скулптури. Станува збор за просторни инсталации поставени во првиот дел на паркот, изведени согласно проектот за партерно уредување и опрема. Инсталациите

се тематски поделени во две групи: „Човекот и неговиот простор“ и „Во светот на детските фантазии“. Автори се SCArS + ARHITEKTRI. Артикулацијата на овие инсталации во ткивото на паркот, каде што одамна немало урбана интервенција, во голема мера придонесува за негово оплеменување. Ако некој од вас деновиве престојува во Белград и сака да го посети Народниот музеј, и да ја види неговата постојана поставка, би бил непријатно изненаден бидејќи Народниот музеј е затворен за посетители. Честа е практиката музеите што се наоѓаат во постари зданија да се затвораат заради реконструкции, но ретка е практиката најважната културна институција во една земја да биде затворена многу години. Архитектонските награди беа повод за прашањето: Колку чини престижот? Дали 500 евра е соодветен паричен износ со кој ќе се наградат авторите што ќе ја добијат Годишната награда за најдобро реализирано архитектонско дело во земјава? Искуствата од Велика Британија се поинакви.

од редакцијата

ИНТЕРВЈУ 16ДУШКО КАДИЕВСКИ:

СТАНАРИТЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАВИКНАТ НА ДИСЦИПЛИНА

ГРАДЕЖНИШТВО 20ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК КОЈ

БАРА КОМПРОМИСИ

АРХИТЕКТУРА 26ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА 2012

КРУНА ЗА КИНЕСКИ АРХИТЕКТ

АРХИТЕКТУРА 32МУЗЕЈ ЗА 21 ВЕК

СЛАВНИ УЛИЦИ 36МОСКВА: УЛИЦА „АРБАТ“

ДРВО 40ВИСТИНСКИ ОДГОВОР

ЗА ЗЕМЈОТРЕСИ

ЕКСПЕРТ 48КОЛКУ ЧИНИ ПРЕСТИЖОТ?

ЕКОЛОГИЈА 52ЗЕЛЕНИТЕ КОРИДОРИ СЕ

ПОАКТУЕЛНИ ВО ЗАШТИТАТА НА ДИВИОТ СВЕТ

АРТ И ДИЗАЈН 58ШЕСТ ЕДУКАТИВНИ ИНСТАЛАЦИИ 58

Насловна страница: куќа од керамика, 2003-2006, ЏИНХУА

автор: ванг шу

16

26

40

драги читатели,Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИВесна КОСТОВСКАМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати: Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

Page 4: Porta3 178
Page 5: Porta3 178

Понекогаш сè што е потребно е една блескава идеја и кожната софа се претвoра во магија. Таа беше и визијата на Lectus Group-Furniture при креирање на новата Elegance collection 2012. Перфекцијата на италијанскиот дизајн инспириран од уметност, кожните софи направени со многу љубов ги доведува до совршенство.Есенцијални вредности на филозофијата на Lectus Group-Furniture се: рафниран италијански дизајн и кожа со врвен квалитет. Софите се резултат на долгогодишна традиција во рачната изработка комбинирана со софистицирана технологија вградена во секое парче мебел. Во секој модел внимателно е проучена ергонометричноста за да се овозможи најдобар комфор во моментите на релаксација.Lectus Group-Furniture ви гарантира софи базирани на вашите специфични потреби од аспект на големина и комфор овозможени од директното производство. Директниот линк помеѓу вас, продажниот центар и производството, дозволува висок степен на избор и доверба во изработката на секој детаљ. Со тимот архитекти на Lectus Group-Furniture, нивната посветеност и професионална услуга најлесно ќе стигнете до решение за тоа како вашиот дом да биде исполнување на вашите соништа.

www.lectusgroup.com [email protected] тел: 026145300 моб: 075 223 553адреса: Јужен булевар (новиот комплекс кај Магнус)

THE PERFECTION OF ITALIAN LUXURY

Page 6: Porta3 178

ПОРТА 9 март 201236

6

инфо

На крајот на февруари, од страна на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, беше организирано предавање од

областа на архитектурата и урбанизмот, на тема "Sustainable cities of 21st century - ARUP's approach master planning and building design". Предавањето беше предводено од британскиот архитект и мастер планер David Height, инаку директор на секторот за планирање во британската корпорација ARUP. ARUP претставува независна корпорација, формирана во 1946 година. Оваа структура e склоп од креативни и слободоумни индивидуи, дизајнери, планери, инженери, бизнис консултанти и технички специјалисти, кои располагаат со широк спектар на професионални сервиси. Креирајќи физички објекти, урбанистички планови, процеси или системи од најскромни до масивни размери, тие покажуваат на кој начин може да се дојде до реализација на најразнородни дизајни преку интеграција на инвентивни технички вештини. Пристапот на ARUP во креирањето на просторот, градот во целост, најпрво беше проследен со објаснување на основните и релевантни фактори неопходни за создавање на една „компактна“ самоиздржлива структура. Со имплементација на соодветен енергетски ефикасен систем на инфраструктура би се постигнала неопходната флексибилност, адаптабилност во просторот, т.е. служејќи се

со оптимумот, интегрирајќи ги неопходните елементи, би се создала просперитетна, балансирана средина за живеење. Основната идеологија е базирана на создавање на соодветна самоодржлива инфраструктурна мрежа на електричен јавен транспорт, која би довела до беспрекорна проточност низ динамичната градска структура и би го намалила капацитетот на градскиот метеж. Имплементацијата на технологијата на ниска емисија на јаглероден диоксид би овозможила градот да ја има способноста и желбата за иницирање на справувањето со глобалните климатски промени. Дејствувањето врз веќе изградените градски структури, корпорацијата ARUP го дефинира како квалитативна и волуменска „надградба“, реализирајќи ја преку различни типови на дизајни и интегрирајќи нови технички вештини. Ваквата интервенција би довела до подобрување на најрелевантните аспекти во човековото битисување, времето, природното и урбаното опкружување и економскиот фактор... „Секој чекор во сегашноста претставува веќе еден чекор од идината...“. Како порелевантни проекти и мастер планови на корпорацијата АRUP се издвојуваат: Sidney Opera House, High Speed 1 - железничката линија помеѓу Париз и Лондон, National Aqua Center во Пекинг изграден за Олимпијадата во 2008 година, Channel Traveling Pavilion, мастер плановите за Stratford City, Northstowe City...

Заштита на локалната орнитофауна

Дрвени куќарки, креативно!Александар ЧерепнАлкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија

Здружението на студенти „Дрен“ при Шумарскиот факултет во Скопје, организира и изработи интересен проект наречен „Дрвени куќарки,

креативно”. Целта на овој проект беше развивање и надградување на дружењето кај младата популација од различни градови во Република Македонија, со активности во една општина, размена на искуства и подигнување на свеста за заштита и унапредување на животната средина.Проектот придонесе за запознавање на локалната заедница со дендропаркот и локалната фауна (орнитофауна–птици, верверички...) и едукација за поврзаноста со урбаното зеленило. Сите активности се одвивале на локално ниво во Скопје, oпштина Гази Баба

и во дендропаркот на Шумарски факултет.Како директни учесници вклучени во овој проект се студентите на Шумарскиот Факултет во Скопје, под супервизија на стручни лица од наставниот кадар на оваа научно-наставна институција. Во реализацијата на проектот учествувале десетина креативни студенти-волонтери од Шумарскиот факултет со својот ментор м-р Бојан Симовски. Дизајнот и изработката на дрвените куќарки за птици и верверички се комплетно изработени од студентите, под надзор на проектен тим од членови на здружението „Дрен” и стручно

лице од Шумарскиот факултет, во рок од 15 дена. Како главни резултати, кои биле постигнати за време на проектот, секако се издвојуваат унапредување и заштита на животната средина, и како преку дружење и работа младите ја развивале еколошката свест и одговорност. Студентите со овој проект ги оствариле своите креативни идеи и се стекнале со поттик за позитивни промени. Заедницата доби скромен практичен пример за заштита на локалната орнитофауна и облагородување на градското зеленило.

Секој чекор денес - чекор до иднинатаСамоодржливи градови на 21 век

Андреа ЈАмАкоскА, студент на Архитектонски факултет при УКИМ

Page 7: Porta3 178

За околу два месеца сите заинтересирани компании ќе можат да се пријават на конкурсот за концесионер за трамвајот во Скопје. Од сите пријавени компании

ќе биде избрана онаа што ќе понуди најповолни услови за изградба на различни траси од замислената линија. До крајот на оваа година ќе се знае фирмата и ќе се почне со градежни работи, а изградбата на траса во должина од

15 километри би траела две до три години. Според Студијата што ја изработи консултантска куќа, предвидено е трамвајот да се движи по десната лента на булеварот Партизански одреди, од Ѓорче Петров до населба Лисиче, минувајќи притоа низ централното подрачје. Ќе се изградат и попречни линии низ населбите. Она што е важно е тие да не се поклопуваат со веќе постојните, по кои возат автобуси, односно

да нема конкуренција. Возењето со трамвајот на линијата се очекува да трае 8-10 минути, а ќе има околу 222 трамвајски композиции. Изградбата ќе биде со приватно-јавно партнерство, а условите со фирмата допрва ќе бидат прецизирани. Според досегашните анализи и јавни расправи, најверојатно трамвајот ќе биде даден под концесија на 35 години. Студијата веќе е изготвена, а во моментов се изработува тендерската документација за распишување на повикот. И цената ќе биде позната по завршување на постапката. Всушност, ќе зависи од договорот колку линии ќе се градат, со колкава должина, а и на кои траси. Според анализите во Студијата, реализацијата на целиот проект за воведување на овој шински сообраќај ќе чини 180 милиони евра. Сегашната студија за трамвајска мрежа ја изработија англиската компанија „ЕЦ Харис лтд“ и унгарска компанија „Виалто консалтинг“. Чинеше 190.000 евра. Ова е втора ваква нарачка, откако една веќе плати бившиот градоначалник Трифун Костовски, и тоа од француска и италијанска фирма.

к.с.Т.

На Меѓународната трговска изложба Fensterbau frontale, ГЕЦЕ, со различни производи, повторно ќе ja демонстрира способностa зa внесување иновации во системите за врати, прозорци и обезбедување на безбедност.

Благодарение на најновата технологија и иновативна функционалност, ГЕЦЕ излегува во пресрет на сегашните и идните потреби на корисниците, проектантите и изведувачите. Ќе бидат претставени решенија, лесни за

употреба меѓу мрежните системи, со можност за централна контрола и интеграција во целокупниот систем за управување со објектот. Нивната функционалност влијае позитивно и врз енергетскиот баланс на објектот, придонесувајќи активно во спроведување на глобалните цели за енергетска ефикасност и заштита на климата. Сеопфатните решенија што ги нуди ГЕЦЕ одговараат на широкиот круг барања во однос на вратите и прозорците. Во однос на технологијата за прозорци, палетата опфаќа подвижни системи, секојдневно проветрување и вентилација, како и целосни решенија за влезен и излезен воздух, кои се нудат и како сертифицирани системи за вентилација за одвод на чад и топлина. Покрај тоа, ГЕЦЕ нуди и широк спектар на системи за врати, како решенија за вентилација и одвод на чад.Освен технолошките производи за врати, прозорци и безбедност, на штандот ќе бидат претставени и сервисни производи. На овој начин, компанијата уште еднаш ќе се претстави, како нешто што е повеќе од прозводител на системи.

ГЕЦЕ на трговскиот саем Fensterbau frontale 2012 во Нирнберг (21-24 март) во сала 2, штанд 2-424

Трамвај од 15 километри за три годининов конкурС За концеСионер скопје

Page 8: Porta3 178

ПОРТА 9 март 201238

8

саеми

Greenbuildingexpo Београдм-р Ѓорѓе ЈокиЌ, дипл.инж.арх.

Во Белград е одржан настан кој има за цел промоција на одржливот концепт на изградба. Во салата на белградскиот „Белекспо центар“ беа присутни голем број изложувачи и

предавачи. Според зборовите на организаторот, ваков настан придонесува за подобро разбирање на можностите што ги обезбедува одржливата градба во Србија и регионот. Министерот за животна средина, рударство и просторно планирање во Владата на Република Србија, Оливер Дулиќ, на 23 февруари 2012 година свечено го отвори првиот меѓународен саем и конференцијата за одржлива градба - Greenbuildingexpo. Во Белград прв пат се организира еден настан од големо значење со фокус на најважните ставки од одржливата градба: архитектонско и инженерско одржливо проектирање; енергетска ефикасност, енергетска анализа и сертификација; одржливи производи за зелена градба; професионален софтвер, стручна литература, институции и здруженија кои се занимаваат со одржливата градба. Настанот го поддржаа Град Белград, Министерството за животна средина, рударство и просторно планирање, и многу други организации, медиумски куќи и компании. Салата во која се одржа манифестацијата, претставува еден дел од комплексот што го сочинува хотелот „Холидеј инн“ и изложбената сала „Белекспо центар“, изградени во 2007 година по проект на архитектонскиот тим од „Проаспект“. Организатор на настанот беше Советот за зелена изградба

на Србија, чии основни цели се промоција на зелената градба преку стандарди и едукации. Покрај изложбениот дел, каде учествуваа околу 40 изложувачи, истовремено се одржуваа конференции на кои се претставија преку 20 предавачи од девет земји. Свои предавања одржаа светски познати имиња од областа на зелената градба, како што се Џери Јуделсон од САД и Џон Пајк од Велика Британија, но и предавачи кои ги претставија четирите стандарди за зелена градба што се применуваат на меѓународен план: LEED систем кој доаѓа од САД, BREEAM кој се применува во Велика Британија, HQE од Франција и DGNB од Германија. Џуди Јуделсон, еден од најважните учесници изјави: „Вашиот национален Сојуз, кој вложил многу труд во организацијата на овој значаен настан, може да биде клучен катализатор за дијалог за предностите на зелените згради и одржливиот развој. Влегуваме во ерата на недостаток од ресурси на глобален план и постои потреба за заштеда на енергија, вода и управување со отпадот, но и со поздрава попродуктивна работна сила. Искуствата ни говорат дека мора да постои синергија на владините иницијативи и ресурсите од приватниот сектор за да се развие локалната индустрија на зелената изградба. Сметам дека Србија може да развие сопствен пат кон повисок степен на одржливот развој, кој би можел да стане модел за целиот регион“. За „Порта3“ зборуваат претставници на организаторот, како и изложувачи од различни

области. Младен Богичевиќ од Советот за зелена изградба на Србија, изјави: „Имајќи предвид дека ова е прва конференција, многу сме задоволни од посетата, како и од присуството на конференциите што се одржуваа истовремено со саемската манифестација. Присутни се околу 40 изложувачи од различни области, од производители, проектанти до истражувачи од областа на зелената градба. Забележително е дека концептот на одржлива градба има тенденција на пораст на српскиот пазар, затоа што самиот пазар има потенцијал и разбирање за предностите што ги носи одржливата градба“. Една од компаниите што се занимава со проектирање, консалтинг и изведување, а беше присутна како изложувач е Arhi.Pro од Белград. Според зборовите на Ања Ивана Милиќ, сопственичка на компанијата и архитект, компанијата Arhi.Pro е пионер во зелената градба во Србија. „Ние стекнуваме сертификација низ проектите што ги работиме. Моментално е актуелен ИТ Парк во Инџија, каде што клиентот бараше новиот комплекс да биде во согласност со LEED сертификацијата. Проектот е индиска инвестиција во изграбда на ИТ Парк чија потенцијална вредност е до 600 милиони долари во наредните пет години, што би го направило најголем проект во областа на зелената градба во Србија. Иницијално, технолошкиот парк ќе заземе 280 хектари земја во индустриската зона каде ќе бидат вработени околу 2.500 профеционалци од областа на информатичката технологија. Во следните фази, објектот би можел да се прошири

Page 9: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 9

9

саеми

до капацитет од 250.000 квадратни метри деловен простор за околу 25.000 вработени“. Покрај проектантските компании, на саемот беше присутна и италијанската национална агенција за нови технологии ЕНЕА. За „Порта3“ зборува Марио Тарантини, постар истражувач во оваа агенција. Според неговото кажување, ЕНЕА добила покана да присуствува на саемот. Тие се занимаваат со истражување на енергетската ефикасност која не го опфаќа само градењето. „Ние сме агенција која се занимава со нови технологии, енергија и одржлив економски развој. Нашата цел е, покрај екодизајнот и следење и намалување на атмосферското загадување првенствено преку подобро користење на достапните ресурси и планови, индустрискиот сектор да стане амбиентално одржлив. На саемот го претставивме проектот MEID (Mediterranean Eco-Industrial Development), проект на одржлив индустриски развој. Србија не ја познавам доволно, прв пат сум овде, но гледам дека постои интерес од општеството и битните фактори за одржлива градба. И покрај недостатокот на средства, изгледа дека Србија е едно организирано општество по прашање на одржлива градба, но е приметно дека нема доволно развиена мрежа која ѝ е потребна за оставрување на одредени резултати со цел подобрување на состојбите во областа на заштитата на животната средина“. На саемот главно присуствуваа компании кои на директен начин учествуваат во процесот на градење, како што се производители

на градежни материјали и компоненти за градење, проектантски фирми и компании кои се занимаваат со готови производи како осветлување или прозорци, но на саемот можеше да се видат и два штанда кои припаѓаат на банки. По што може да биде една банка значајна за одржлива градба, за „Порта3“ говори Снежана Пејовиќ од ПроКредит банка: „Нашата банка во 2011 година, благодарејќи на кредитната линија KfW, продолжи со интензивната поддршка на проектите за мали и средни претпријатија во секторот за унапредување на енергетската ефикасност и еколошки одржливите објекти, затоа што веруваме дека вложените средства, во повеќето случаи, ќе се вратат во период до 5 години низ заштедата во енергија. Исто така, новите машини, опрема и возила можат во значителна мера да ја зголемат продуктивноста и квалитетот во работењето. Покрај сево ова, се придонесува во зачувување на животната средина бидејќи се намалува потребата за природни ресурси кои се ограничени во достапноста. Ние ја кредитираме модернизацијата низ кредити за замена на старите машини со нови, енергетски ефикасни; со вградување на соларни системи за греење или замена на котли со нови индустриски котли на биомаса“. Со оглед на тоа што најголемиот број на присутни изложувачи беше од Италија, не е за чудење и информацијата што свој штанд имаше Стопанската комора на италијанско-српски стопанственици (camera di commercio italo-serba). Целта на комората е да ја унапреди и развива

деловната мрежа помеѓу српските и италијанските стопанственици, како и економската размена меѓу Србија и Италија. Комората има развиено соработка речиси со сите италијански и српски институции, асоцијации, и со бројно членство, со цел да ја промовира и унапреди економската размена помеѓу овие две земји. Гледајќи колкав е инересот на компаниите од Италија да учествуваат во развојот на концептот за одржлива градба, може да се заклучи дека улогата на Комората беше од голема корист како за италијанските компании, кои не го познаваат доволно српскиот пазар, така и за партнерите во Србија на кои им е потребно искуство и знаење кое го поседуваат италијанските компании. Првиот белградки саем за одржлива градба, според бројот на учесници, изложувачи и предавачи, претставува успешно организиран меѓународен настан. Разновидноста на учесниците покажува дека постои интересирање како од стручната публика така и од институциите на Република Србија за концептот на одржливата градба. Какви ќе бидат резултатите, и колку брзо Србија ќе успее да се транформира во општество кое ги разбира и користи сите предности на одржливата градба, останува да се види. Без оглед на сите проблеми кои го следат градежниот сектор последниве години, интересирањето и ентузијазмот на сите учесници дава надеж дека концептот на одржлива градба ќе биде повеќе присутен во животот на обичниот граѓанин, кога greenbuildingexpo ќе биде организиран по втор пат, следната година во ова време.

Page 10: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012310

10

саеми

Грејни тела и природни градежни материјалиемилија лАзАревскА, дипл.инж.арх.

Како претставници од Адинг и Бизнис Центар Адинг во изминатиот месец посетивме две значајни саемски манифестации од областа на градежништвото - ИНФАКОМА 2012 во Солун и БАУТЕК 2012 во Берлин.

инфакома 2012, Солун, грцијаОд 16 до 19 февруари бевме присутни на 29. Интернационален саем за градежништво во Солун - ИНФАКОМА 2012, во организазција на HELEXPO. ИНФАКОМА 2012 е најголема манифестација од ваков вид во Грција и еден од најзначајните светски саеми. Саемот беше претставен во 13 хали. Изложувачите ги претставија своите производствени програми и трговски стоки од областа на градежни материјали, изолациони материјали, системи за греење – ветреење, соларни системи, столарија од ПВЦ и алуминиумски профили, опрема за санитарија, декоративни елементи за ентериери, метални производи, рамки за прозорци и врати, обновливи извори на енергија, технологии, како и областа на трговско и финансиско печатење. Главен акцент

на саемот оваа година беше претставувањето на грејни тела. За разлика од другите години, кога изложуваа реномирани компании од Европа и пошироко, годинава најповеќе беа присутни компании од Грција. Она што беше мошне впечатливо е дека една четвртина од саемските хали беа празни – очигледно, големата финансиска криза кај јужниот сосед го направи своето и во однос на самата манифестација. Што се однесува до посетеноста на саемот, за четири дена повеќе од 30.000 посетители покажале интерес за присуство.

Баутек 2012, Берлин, германијаОд 23 до 24 февруари го посетивме Меѓународниот стручен саем за градежништво и градежни технологии БАУТЕК 2012 во Берлин, Германија. Овој саем се одржува на секои две години во Берлин и, според многумина, претставува најголем саем за градежништво во Европа. Пространет на површина од 160.000 м2, од кои 10.000 м2 корисна површина за изложувачите. Годинава имаше 800 изложувачи од 22 земји низ светот. Од вкупно 26 хали беа

исполнети 17, во кои беа претставени материјали од градежната индустрија, изолациони системи, подни, ѕидни и фасадни обработки , елементи за ентериери, кровни обработки, санитарии со нова ПВЦ технологија, партерни елементи, базени, скулптури и детски игралишта, системи за греење и вертеење, посебни системи за градење од дрвени и стиропор блокови, специјализирани софтвери, како и елементи за хортикултура. Исто така, имаше и презентации на разни проектантски бироа и изведувачи. Изложувачите имаа рационален простор, а поголемите хали беа исполнети и со придружна инфраструктура како места за одмор, кафулиња и ресторани. Претставувањето на компаниите, освен со каталози и примероци на производите, беше и со практична презентација, видео бимови, како и со конференциска обука. Забележлив акцент на саемот беше тоа што производителите најчесто ги рекламираа своите материјали како еколошки и природни, односно дека се термички оправдани за вградување. Според податоците, посетеноста оваа година на саемот БАУТЕК 2012 изнесува 57.000 гости.

Page 11: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 11

11

реакции

Во 2003-2004 год. во Македонија преку ГИЗ (GIZ- Deutsche Internationale Zusammenarbeit, www.giz.de ) беше реализиран проект во рамки на билатералната техничка соработка помеѓу

Македонија и Германија. Една од приоритетните задачи беше поддршка на ААМ- Асоцијацијата на архитекти на Македонија за нејзино прераснување во Комора на архитекти и за таа цел беше иницирана соработка со Архитектонската комора на Берлин. Од оваа временска дистанца и тогаш, поставените задачи во корелација со горенаведениот материјал-информација од седницата на македонската Комора на овластени архитекти и овластени инженери, би сакал да се осврнам на некои ставови и прашања од аспект на споредба со ситуацијата во Германија. Бидејќи и после толку време, очигледно останале исти теми и дилеми, тука би одвоил и парафразирал неколку ставови и забелешки изнесени на наведената седница давајќи свој добронамерн коментар. “ ... дали Комората ќе функционира легално или не ... зависни сме од Mинистерството за транспорт и врски ...”Уште при првите средби и анализи во

проектот GIZ во 2004 година, на ААМ и беше предложено да се земе моделот од Германија и целокупната проблематика за Комората да се регулира во форма на Закон за архитектонско-градежна комора (Architektenkammergesetz). Посебен закон. Ова во Германија е потврдено во практика како правен чекор кој овозможува оптимално функционирање на Архитектонската комора, и тоа:

• овој Закон се однесува само на Архитектонската комора и секакво негово менување и дополнување е со многу поедноставена процедура. Доколку тематиката на комората се интегрира во други закони, како на пример Законот за градење, тогаш секоја промена ќе бара и процедурално комплексна промена на Законот за градење кој е обемен и опфаќа многу параграфи кои не се во директна врска со архитектонската, т.е. архитектонско-градежната комора. Законот не е само закон за формирање комора, туку закон според кој комората се формира и работи.• со ваков Закон се формира архитектонско-градежна комора (понатаму а/г Комора) како независна институција. Независноста е клучен предуслов за вистинско функционирање на комората. Работата на комората во тој случај е потполно независна (интерни одлуки, статут, буџет и сл.), а соодветното Министерство врши само надзор врз нејзината работа.

Во сите дискусии и предлози (во склоп на проектот во Скопје доаѓаше и претседателката на Германската комора на архитекти) беше предочено дека регулирање преку посебен Закон е одлучувачки за понатамошната работа на Комората. Овој предлог не беше прифатен од македонската страна и Комората во Македонија беше формирана на друг начин, од многу аспекти комплициран, нејасен и зависен од други фактори и институции. Основниот принцип за нејзина независност не е исполнет. Регулирањето во форма на посебен закон е клучно од правен аспект и за исполнување на пренесеното приватно право (од инвеститорот) за исполнување на јавното право (државата), кое е обрска на архитектите и инженерите. Без овој предуслов сите понатамошни акти и решенија се дискутабилни

и од правен аспект без законска подлога.“ … во законот за градба има огромен дел на санкции и одговорности, а никаде не се спомнува заштита на членовите на Комората и на кој начин таа да се спороведе…”Токму поради ова во Германија, а истото беше уште во 2004 год. сугерирано за Македонија, постои тој посебен Закон за а/г Комора , како што е погоре наведено. И Законот во Германија во практика е докажан и ги оправдува причините за своето постоење, па нема вакви проблеми.“ … во Комората задолжително се здружуваат архитекти и инженери ... зашто сите инженери мораат да членуваат во Комората ... државните службеници не можат да бидат членови на комората...”Последиците од непотполно законско регулирање, кое ќе се избегнеше доколку имаше Закон за аритектонско-градежна комора, веднаш се видливи од горенаведените забелешки изнесени на собирот. Токму поради тоа се отвораат дискусии и непотребни прашања. Во германската а/г Комора членуваат лица кои го носат називот „архитект“ и „инженер“. Во Законот за градење во врска со Комората има само еден член кој вели дека проектирање и надзор на градежни објекти можат да вршат само лица со стручен назив Архитекти и Инженери. Со назив Архитект може да се означи само лице кое е член на Комората (академската титула дипл.инж.арх/дипл.град.инж останува неоспорена и независна). Комората значи не е комора на овластени туку комора на архитекти и инженери. Членството во неа, освен по специјализација (архитектура, внатрешна архитектура, пејзажна архитектура, статика итн.) е поделена во две групи: првата, слободни архитекти/инженери кои потпишуваат и одговараат за проектите, и втората, за архитекти/инженери кои се вработени и не одговараат директно за проектот (одговорноста оди на првата група). Значи сите архитекти/инженери не мора да бидат членови на комората, како што е случајот со втората група, но тие сакаат(!) да бидат членови за да можат да ги користат погодностите и да дадат прилог во јакнењето на општествената позиција

И по Толку ГоДИНИ ИСТИТЕ ТЕмИ И ДИлЕмИСтавот дека Комората треба да ги штити интересите на своите членови е најпогрешен пристап кон решавање на проблемите, бидејќи во прв ред Комората ги штити потрошувачите и областа градежнишво во целина. Во спротивно, Комората и нејзиното добро функционирање ќе биде од интерес само на членовите и нема зашто да ја поддржат ни потрошувачите-инвеститори (како први клиенти) ни други институции.(ПОВОД: Напис во „Порта 3“, број 176 од 10.02.2012 Инфо - Комора на овластени архитекти и инжењери - изборно собрание под итно)

Георги ТрАЈАновски, CIM IF во Македонија, ГЕЦ/ФБЕ

член на Архитектонска Комора на Берлин

Page 12: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012312

12

реакции

на струката. Тие користат привилегија за попуст при разните семинари и обуки кои ги организира Комората, групно осигурување, поволни услови за социјално осигурување и слично. За првата група, пак, членството е предуслов за да можат да работат како самостојни проектанти. Со ова е обезбедено и побројно членство и поголем буџет.“ … плативме лиценци ... комората треба да врши притисок врз министерството за подобрување на работата на професијата ...испративме дописи до министерството, но тие не одговараат...”Архитектите не се правници, но сепак треба да знаат како функционира правната регулатива и кои се нејзините елементи, или да побараат помош од правната служба на својата Комора. Навистина е нејасно, посебно од правен аспект, како Министерството треба да се ангажира за нив и уште понејасно е архитектите да се надеваат и чекаат друг да се ангажира и да им ги решава нивните проблеми. И во овој случај се работи за јасна последица од немање Закон за а/г Комора и посебно немање независност на Комората.“… комората на успеа да се наметне за сите да ја чувствуваат како своја ...таа треба да ги штити интересите на своите членови...”Во недостаток на вистинско законско регулирање доаѓа до поетски пристап кон проблематиката, до идеализирање и нереални очекувања. Искуствата во Германија покажуваат дека во случајот не се работи и нема потреба од меѓусебна љубов на Комората и нејзините членови. Задачите на Комората и обврските на членовите се дефинирани и се постапува исклучиво според нив. Ставот дека Комората треба да ги штити интересите на своите членови е најпогрешен пристап кон решавање на проблемите, бидејќи во прв ред Комората ги штити потрошувачите и областа градежнишво во целина. Во спротивно, Комората и нејзиното добро функционирање ќе биде од интерес само на членовите и нема зашто да ја поддржат ни потрошувачите-инвеститори (како први клиенти) ни други институции. Односот комора-членови е ставен во многу јасно дефинирана правна рамка, па не е исклучок Комората да тужи некој свој член и обратно. Во секој случај нема посебна љубов и чување како своја...“… комората да се направи таква каква ќе сака членството ... сега на министерството како да му е само важно да ги собере парите од нас..”И ова е секако последица на нејасен основен концепт за Комората. Комората не е направена таква каква што ќе сака членството туку таква каква што ќе функционира во законски рамки и ќе ги исполнува и правните аспекти за кои постои и нејзините акти ќе наидат на широк консензус и одобрување (посебно од потрошувачите/инвеститори). Во спроривно нема да функционира, дури и да се донесат и закони и акти. Собирање пари од Минстерството е повторно последица од немањето

самостојност на Комората, што требаше да биде дефинирано во Закон за а/г комора.“ …во Битола се случило да се соберат 120

инженери со цел формирање локален огранок, ова е дозволено според статутот на Комората… “Во Германија ова прашање е регулирано во Законот за а/г комора, а не во Статутот, со цел да се оневозможи формирање паралелни структури со функција на посеби целини кои можат да прераснат во посебна комора. Според Законот за а/г комора во земјата може да постои само една комора!“… се врши злоупотреба на овластувањата , фирми без овластувања даваат пари да изнајмат овластување… “Според законот, Статутот на комората и HOAI, проектантот е должен своите проекти да ги осигура од евентуални грешки. За таа цел проектантот (и надзорот) плаќа т.н. професионално осигурување и копија од полисата дава на инвеститорот при склучување договор. Со ова е избегната каква било елементарна можност за изнајмување, никој не би рескирал да плати осигурување за туѓ проект.Осен тоа, во Архитектонската комора на Берлин не се издаваат лиценци, туку покрај потврдата од прием, членот на комората добива свој печат на кој стои и бројот под кој е примен во Комората. Целава проблематика покажува колку е важен редоследот на чекорите од самиот почеток на формирање на а/г Комора, секоја грешка или нејасност во концептот повлекува тешкотии и проблеми кои понатаму тешко или никако не можат да се решат. Придружните стандарди и правилници за разни пресметки, кои се независни од Комората се неопходни (пример HOAI) и без нив, исто така, не можат да се решат неопходните правни и посебно технички проблеми. Затоа во секој тим кој подготвува вакви акти мора да има и правник.Придружните и наизглед нерелевантни законски акти можат да имаат клучно влијание. Еден пример би бил класификацијата на проектантскиот договор, дали се работи за услуга или дело. Во Германија, според законот и според HOAI, проектантот дава дело (Werkvertrag, договор за дело), а не услуга. Доколку се работи за услуга, тогаш нема авторство и нема потреба од конкурс, услуга се купува на тендер. Во недостаток на наведените компоненти, инженерите/архитекти се принудени сами да бараат решение, т.е. сами да ги изработат и пуштат во процедура на законско усвојување. Меѓутоа, ова бара сериозен ангажман на повеќе архитекти, односно тимови архитекти/инженери/правници. Една неизградена структура од претседател и неколку формални групи, секако не се доволни да решат еден вака опсежен проблем и материјал. Потребен е далеку поширок ангажман, во прв ред на членовите на Комората, и тоа во соработка со другите засегнати, посебно со потрошувачите/инвеститори. Освен нив самите, нема кој друг да ги решава и регулира нивните проблеми.

(Опремата на текстот е направена од страна на Редакцијата)

оБврСките пред хонорарите “ … сè уште не е донесен тарифникот, без тарифник нема никаква заштита ...тарифникот веднаш да се усвои инаку се спуштаат цените...”

Ова прашање во Германија е регулирано во т.н. Правилник за хонорари на инженери и архитекти. (НOAI – Honorarordnung fuer Architekten und Ing-enieuren). Овој правилник е изработен во соработка на проектанти , потрошувачи/инвеститори (!) , правници и други засегнати групи и не е само акт на Комората туку е законски акт на ниво на државата! Законска обврска. Зошто посебно потрошувачи/инвеститори? Затоа што декларираната и суштинска цел е да се штити интересот на потрошувачот/инвеститор преку јасно дефинирани обврски (!) и хонорари на проектантот како предуслов за квалитет кој потрошувачот го плаќа. Потенцирање дека тарифникот е во интерес на проектантот, е нè само погрешен, туку оневозможува широка поддршка и во крајна линија оневозможува тој да функционира како правно-обврзувачки акт. Не треба да се заборави дека ПРЕД да се зборува за хонорари, треба да се дефинира што е должен архитектот/инженерот да направи, во германскиот Правилник ОБВРСКИТЕ се на прво место.Следно прашање секако би било на кој основ ќе се пресметаат хонорарите. Искуството за пресметување според квадратен метар во Германија се покажа како лошо, па хонорарот се пресметува според инвестиционата вредност на објектот. Меѓутоа, како тоа ќе се пресмета? За ова постои ЦЕЛ НИЗ стандарди, правилници и други придружни акти. Дури и ако се појде за пресметка според квадратура, прашање е која квадратура, станбена, бруто, нето ...? Која и да е, прво треба единствен стандард за пресметка на површина и дефинирана методологија. Се друго води до пресметки „по свое“, кои никој не може правно ниту да ги потврди ниту да ги одрече. Со самото тоа НЕ важи ни правилникот! Моите сознанија покажуваат дека во Македонија сè уште нема ваков стандард, за исти површини има различни резултати, екстремен случај е кај пресметка на површини на простории во подрум и поткровје. Доколку појдовна основа е инвестициската вредност, на кој начин таа ќе се пресмета? Во Германија, покрај стандардот за пресметување површина има стандард за пресметување кубатура (која е померодавна за пресметка на инвестицијата) и стандард за утврдување на вредноста на инвестицијата. Без дефинирање на појдовните податоци и методологијата, секакво понатамошно утврдување на хонорар е дискутабилно. За потсетување, покрај другите обврски, проектантот е одговорен завршениот објект да чини толку колку што е предвидено во проектот. Секако дека Правилникот е од исклучително значење, но доколку е недоречен и нејасно дефиниран, тогаш подобро да го нема.

Page 13: Porta3 178

И годинешниот 11 февруари, како и во далечната 1956 година и во 2010 година, беше кобен за Долна Река. Над триесетина снежни лавини од планините Бистра и Кораб, беа струполени по

долината на реката Радика, на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар. За среќа, тие причинија само матерјална штета, па неколку денови патот беше непрооден. Неколку возила беа „заробени“ во снегот, а шестмина патници, за среќа, минаа без повреди. Во споредба со лавините од пред две години, годинешните на патот донесоа помали количини снег, камења, дрва и земја и за два-три дена наносите беа целосно расчистени и сообраќајот повторно беше воспоставен. Експертите од геотехниката истакнуваат дека лавините се како земјотресите и тие не можат да се предвидат, односно да се определи кога ќе се создадат. Но, затоа, тие истакнуваат дека постојат ефикасни мерки за заштита од нив.

- Има технички решенија да се спречат лавините, ни вели професорот д-р Спасен Ѓорѓески, од Катедрата за геотехника на Градежниот факулет во Скопје. Врз база на местоположбата на паднатите лавини на патот Маврови Анови – Дебар, може да се заклучи дека тие се појавуваат неколку години наназад речиси на истите места. Тоа значи дека е направена или трасирана патека по која се движи лавината. За да се заштити просторот од создавање и лизгање на лавините, како мерка што треба да се направи е да се постават пречки во горниот дел на патеката, со што ќе се спречи настанувањето на лавината. Доколку се покрене лавината, нема теорија да се спречи со некоја рационална конструкција. Искуството од алпските терени може да се искористи и за спречување на појава на лавини на нашите простори. Според професорот Ѓорѓески, постојат повеќе начини на изведување на такви пречки и посочува да се постават ласер чадори, лесни

монтажни челични конструкции и мрежа, кои се економични и лесно се поставуваат. Во шеесеттите години на минатито век, неколку години по снежните лавини во 1956 година, кога загинаа 52 лица, како што посочува професорот Ѓорѓески, на неколку места каде што паднале лавините биле поставени дрвени пречки на горниот дел, каде што се формирале лавините и долги години тие одлично ја одиграле улогата и го спречувале создавањето на лавини. Но, со тек на времето, поради временските прилики и неприлики, дрвените пречки биле уништени. Според менанџерот на компанијата „Техноинвест“ од Скопје, Димитар Стојковски, постојат повеќе начини за заштита од одрони и од лавини. Меѓутоа, не постои универзално решение кое важи за сите случаи, туку секој случај посебно се третира и се бара детално проучување и приспособување, со примена на соодветни технички решенија и зафати. Како што нагласува Стојковски, има можности да се

Има решенија, но нема одлукаНикако да се сопре паѓањето На лавиНи во долНа река

Општината Маврово Ростуше не е моќна да се справи бидејќи не располага со потребните финансиски, технички и персонални ресурси, со кои би можела превентивно и трајно да се справи со лавините. На градоначалникот Мукрем Мехмеди не му е познато до каде е стигнато со изработката на студијата за спречување на лавините, што Министерството за транспорт и врски требаше да ја изготви по снежните лавини од 2010 година.

Киро КипросКи

Јован Чалоски

региони

9 март 2012 ПОРТА3 13

13

Page 14: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012314

14

региони

.comТел.:/факс: 02/3230 453; 02 3173 715Моб.: 070/277 060; 070/399 [email protected]

АТЛАНТИК ЛИФТОВИ

ул. Загрепска бр.28, 1000 Скопје www.atlantikliftovi.com.mk [email protected]

тел.: +389 78 339 704; 70 480 999

решат проблемите со лавините во Долна Река, со активна и пасивна заштита. Со активната заштита се поставуваат елементи (бариери) кои ги забавуват, задржуват парчињата што паѓаат, а со пасивната заштита се врши „зацврстување“ на локацијата и минимизирање на можноста да се случи одрон или лавина. Компанијата што тие ја застапуваат, како што потенцира Стојковски, има повеќе производи кои можат да се употребат за заштита од лавини и од одрони, а тоа со „чадори“, кои во зависност од инсталацијата, можат да служат како активна и пасивна заштита, па сè до поставување на потпорни ѕидови на свлечилишата. За тоа колку средства се потребни да се направи заштита од лавини, неопходно е претходно да се изврши испитување на локацијата. Инаку периодот март – април е најпогоден за ваква активност, да се извршат детални испитувања и да се изработи изведбен проект, а во летниот период да се изврши поставување на пречките. Според големото искуство и стручно знаење на пензионираниот дипломиран градежен инженер, 77-годишниот Јован Чалоски, кој над 33 години минал како раководител на градежниот сектор на ХЕЦ „Маврово“ и под негово раководство биле направени голем број објекти за заштита на лизгалишта на доводот „Шарски води“, на лизгалишта на планините Кораб и Дешат, неговиот став е дека брзо и

ефикасно можат да се спречат лавините. Постојат ефикасни мерки за заштита од снежни лавини, категоричен е Чалоски. Веднаш треба да се изврши теренска проспекција, за да се утврдат условите за формирање на лавини - до сознание дали е можно да се преземат превентивни активности. Чалоски нуди повеќе решенија за заштита. На теренот каде често се создаваат лавини би требало превентивно да се дејствува со шумско-културни и градежни работи. На чистите површини да се засадат дрва и трева со длабоки корени, каде постојано се јавуваат лавини. Од градежни работи да се постават просторни решетки т.н. „херкаулидѕе“ на гордниот дел на планината, за да се спречи формирање на лавината (вакви решетки биле поставени на системот „Шарски води“ на Шар Планина и мошне успешно ги спречуваат лавините ). Исто така, Чаловски предлага на две –три локации по долината на реката Радика да се изгради девијација со „вештачки“ тунели. Овој зафат е мошне ефикасен и евтин. Изградба на метар должен, со широчина од 6 метри и височина 4,5 м, во зависност од теренот, би чинел меѓу 800 до 1.000 евра. Општина Маврово - Ростуше не е во можност да се справи со овие природни катастрофи. Но, жителите на општината, како и на соседните Дебар и Центар Жупа, секоја зима се соочуваат со овој проблем и по неколку денови се отсечени

од светот, не можат да патуваат по долината на реката Радика, стопанските субјекти не можат да ги пласираат готовите производи, ниту пак да се снбдуваат со потребните сурови, за што трпат и големи штети и загуби. Градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди, истакнува дека општината не е моќна да се справи, бидејќи не располага со потребните финансиски, технички и персонални ресурси, со кои би можела превентивно и трајно да се справи со лавините. Градоначалникот Мехмеди не информира дека многу пати во изминатиот период предупредувале до Министерството за транспорт и врски за опасностите од лавините. Меѓутоа, не му е познато до каде е стигнато со изработката на студијата за спречување на лавините, што ова министерство требаше да ја изготви по снежните лавини од 2010 година. Министерот Миле Јанакиески, по лавините од 2010 година, при посетата на местото каде паднаа лавините, истакна дека министерството со кое раководи ќе изготви студија за зашита од лавини. Но, до каде е стигнато со изработката на студијата за спречување на лавини, за превентивно дејствување во случај на опасност од истите, во општината Маврово Ростуше не им е познато, нè упатија одговор да побараме од Министерството за транспорт и врски. На прашањето што по е-маил го доставивме до Министерството, досега одговор не добивме.

Page 15: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 15

15

рубрика

Page 16: Porta3 178

интервју

ПОРТА 9 март 2012316

16

душко кадиевСки, претСедател на регулаторна комиСија За домување

Станарите не може да се навикнат на дисциплинаДоколку во станбената зграда има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сопствениците на посебните делови се должни да донесат одлука со која ќе се одлучат, управувањето со станбената зграда да го врши управител, кој има добиено лиценца за управител издадена од Регулаторна комисија за домување или Заедница на сопственици со претседател.

Како што знаеме станарите се должни до 1 април годинава да регистрираат Заедница на сопственици или да определат управител. Кои се вашите информации, до каде е со регистрацијата? Регулаторната комисија за домување во два наврата доби податоци од Централниот регистар за бројот на регистрирани Заедници на сопственици на ниво на Република Македонија, и според нив има 2.210 регистрирани Заедници на сопственици. Бројот на станбените згради

кои имаат ангажирано управител за управување со станбените згради е 256 станбени единици.

Кој сè треба да се регистрира? Доколку во станбената зграда има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сопствениците на посебните делови се должни да донесат одлука со која ќе се одлучат, управувањето со станбената зграда да го врши управител, кој

има добиено лиценца за управител издадена од Регулаторна комисија за домување или Заедница на сопственици со претседател.

Општините треба да вработат овластени инспектори за домување. Кои се нивните надлежности? При вршењето на инспекцискиот надзор инспекторите за домување имаат право да вршат надзор над станбените, станбено-деловните и

Page 17: Porta3 178

интервју

9 март 2012 ПОРТА3 17

17

деловно-станбените згради дали управувањето со нив се врши согласно одредбите од Законот за домување и прописите донесени врз основа на него, дали се почитуваат пропишаните норми и стандардите за домување и дали се уредени закупничките односи согласно Законот за домување. При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот за домување може да побара присуство на овластено службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи. Исто така, инспекторот може да изрече и казна глоба за прекршок направен од управител, или од страна на Заедницата на сопственици, или сопственик на стан или деловен простор, доколку: не ги извршува правата и обврските што се предвидени во Законот за домување; не доставува писмен извештај за извршената работа; не овозможи увид на барање на секој сопственик на посебен дел во договорот склучен со трети лица; не издаде пресметка за трошоците на секој сопственик или во пресметката за трошоци одвоено не го прикаже секој трошок на работење и одржување; не издаде потврда за неплатените обврски; не обезбеди сите уплати на сопствениците на посебните делови во резервниот фонд да се евидентираат книговотствено одвоено од имотот на управителот.

Што ќе се случи доколку некои не се регистрираат до предвидениот рок? Има ли и какви се казнените одредби? Доколку во предвидениот рок, односно до 1 април, сопствениците на посебните делови во станбените згради не донесат одлука за ангажирање на управител за вршење на управувачки дејности или не регистрираат Заедница на сопственици, судот во вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците на посебни делови или на предлог од инспекторот за домување определува управител.

Според Вас, има ли недостатоци во овој Закон кои влијаат врз вашата работа, или конкретно врз регистрирањето на заедниците? Во стратегијата за домување на РМ (2007-2010) во поглавјето - состојбите во областа на домувањето во РМ е констатирано дека : Компарирано со други земји, Македонија има проблем во менаџирањето на станбените објекти. Токму тоа е причина што денес голем дел од станбениот фонд има потреба од ревитализација. Затоа, како една од неопходните мерки и активности предвидени со оваа стратегија е регулирање на управувањето и одржувањето на станбените згради. Со законот за домување се дефинирани токму овие работи. Законот е обемен и има повеќе од 141 член. Тој ги опфаќа надлежностите на станарите, делот што врши менаџирање на објектите, управители и претседатели на заедници како и надлежности на РКД. Во текот на досегашната имплементација не наидовме на некои крупни недоречености.

Сметам дека најголемата пречка е отстранета со измените на законот во 2010 година, кога го изменивме членот што предвидуваше за лиценциран управител да има 5 вработени. Со тој услов имавме мал интерес за регистрација на управител. Со новиот изменет закон се предвидува 3 вработувања, со што интересот порасна. Во делот на категоризација како и закупнината на непрофитабилните станови се извршени измени кон подобро. Бидејќи се работи за нов закон кој дирекно го чувствуваат граѓаните можни се и други издржани корекции. Колку сте задоволни од досегашната имплементација на Законот за домување? Што се однесува до бројноста на регистрирани заедници сигурно не сме задоволни, имајќи предвид дека со пописот од 2002 година во РМ имало повеќе од 10.000 станбени згради. Ова кажува дека само 25 отсто го испочитуваа законот за домување. Ова е од причина што станарите не може да се навикнат и тешко им е да влезат во некоја законска рамка која бара редовност, дисциплина и обврска за навремено регулирање на надоместокот за редовно одржување на нивниот заеднички простор.

Што подразбирате под квалитетен стандард на живеење, од аспект на колективно и индивидуално домување? Запазување на сите стандарди и норми при планирање, проектирање на станбени и индивидуални објекти. Како и почитување на Законот за градба. Законот за планирање на просторот – урбанистичките планови се појдовната основа за квалитет на живеење во станбените или индивидуалните објекти. Висината, габаритот, ориентацијата на објектот, достапноста до него со сообраќајници, пешачки патеки, како и обезбеден паркинг, е квалитет кој го дава квалитетниот урбанистички план. Околината на објектот како и застапеноста на зелените површински простори, рекреација, училишта, градинки, трговски центри и слични дополнителни површини го надградуваат квалитетот на живеење во објектот. Начинот на проектирање, како и изведбата на објектите, треба да им овозможи на станарите комодидет по сите стандарди, стабилност на објектот, топлнинска заштита, осончување, снабденост со комунална инфраструктура и сл. Од аспект на некои урбани и комунални проблеми, граѓаните немаат кому да се пожалат. Имате ли Вие некаква надлежност врз овие прашања? Бидејќи овој закон го опфаќа поглавјето Квалитетен живот во станбените објекти, што подразбира почитување на сите закони кои се однесуваат на планска документација – урбанистичките планови и Законот за градба, можно е граѓаните да ја користат и Регулаторната комисија за домување како место каде може да се обратат. Доколку забележат некои неправилности, и тоа при носење на

урбанистички планови, како за постапката така и за содржината на урбанистичкиот план и неговата имплементација во сферата на екологијата, комуналната инфраструктура, сообраќајните решенија и сл. Ние како Регулаторна комисија за домување можеме да сугерираме и да отвориме дебати, и да интервенираме со наши сугестии кај надлежните општини по кое било прашање кое ги засега граѓаните или станарите.

Вие бевте првиот градски архитект. Оваа функција одново се актуелизира. Каков е вашиот став, ни треба или не ни треба градски архитект и зошто? Во времето кога јас бев градски архитект во Скопје, законската регулатива беше сосема поинаква од денешната. Во стариот закон за урбанистичко планирање и Законот за град Скопје, како и Законот за локална самоуправа беше предвидено сите постапки за носење на урбанистички планови да се носат во Градот, за сите скопски општини. Исто така, се носеше и изработуваше генералниот урбанистички план на Градот. Сите проекти над два ката за индивидуални објекти, како и за сите станбени објекти доаѓаа во Градот на мислење (позитивно или негативно). Посебен третман имаа објектите од важност за државата и административните јавни објекти, а посебно внимание се даваше на изгледот и функционалноста на објектите. За да може сето ова да функционира постоеше Главен градски архитект со свој тим соработници. За да повторно функционира Главниот архитект и да се јави потреба од него во овој момент, трба да се интервенира во неколку закони од областа на планирањето, градбата, заштитата на човековата околина, законот за локална самоуправа и сл. Сега урбанистичките планови се носат во општините на градот Скопје, градежните дозволи се во ингеренција на општините што се опремени со овие одделенија за планирање, комунална дејност и издавање дозволи за градба. Изгледот и функцијата на објектот е дело на креативниот дух на архитектот врз основа на препорака на инвеститорот. Најдобриот избор го врши комисија на инвеститорот. Во една таква консталација, ако сега се постави Главен архитект на град Скопје, единствена ингеренција која може да ја извршува со овие законски решенија е да го чита и дава мислење за ГУП (генералниот план на Скопје) и учествува во негова разработка. Бидејќи тоа е малку, а во градот постои одделение за урбанизам, мислам дека Главниот архитект сега нема да има значајна функција. Наспроти тоа, како бивш министер за урбанизам и градежништво, сметам дека тоа министерство ќе мора во најскоро време да се актуелизира, затоа што како дел од сегашното министерство за транспорт и врски го нема тоа ударно значење, иако сме сведоци на еден куп закони од областа на урбанизмот и планирањето на просторот, како и низа активности во градежништвото.

Page 18: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012318

18

градежништво

СТАНДАРДИТЕ СЕ ОСНОВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И ПОТВРДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ

„Квалитетот не може да биде цел, туку средство за постигнување на целта - а тоа е квалитетот на

животот.“, Ралф Надер

м-р Соња ЧерепнАлковскА, дипл.град.инж.

Светот во новиот век го карактеризира глобализацијата, либерализацијата и технолошкиот развој. Глобализацијата е процес на економско, социjално, културно и политичко дејствување кое

ги надминува границите на националните држави. Слободното движење на стоки е основа за создавање поволни услови и можности на потрошувачите да го остварат правото на избор на производи, врз основа на квалитет, без разлика на потеклото. Постоечките прописи на Европската Унија (ЕУ) гарантираат слободно движење на стоките и високо ниво на заштита на потрошувачите и корисниците, со помош на основниот принцип дека само безбедните производи може да се пласираат на пазарот. Техничките бариери, предизвикани од различните барања

за производите или различните постапки (процедури) за оцената на сообразност на соодветниот производ, се надминуваат преку хармонизација на барањата за квалитет и меѓусебното препознавање на оцената на квалитетот, воспоставен меѓу земјите членки. Инструментите за обезбедување на слободно движење на стоки во ЕУ се: принципот на заемно признавање на легално пласирани производи, техничкото усогласување на законодавството и механизмите за спречување на создавање бариери во трговијата. Техничката хармонизација има за цел да ги тргне прописите што предизвикуваат бариера во трговијата, и на тој начин врши усогласување на националните технички прописи со уважување на јавниот интерес на граѓаните на секоја држава, као што се здравствена заштита, безбедност и заштита на животната средина.

За да се најде место и да се опстане на меѓународниот, глобалниот пазар, потребно е на внатрешниот пазар (националниот) да се изгради инфраструктура на квалитетот, која ја сочинуваат дејностите на стандардизација, метрологија, акредитација и оцена на сообразноста. Со воспоставување на институции кои ќе ги извршуваат овие дејности, во согласност со принципите воспоставени од WTO (Светската трговска организација) и принципите воспоставени на внатрешниот пазар на ЕУ, можно е да се одговори на нивните барања и да се избегне создавање бариери на пазарот, а со тоа да се обезбеди отвореност на глобалниот пазар на стоки и услуги. Влијанието на стандардите врз начинот на нашето живеење понекогаш и не го забележуваме, но влијанието на стандардите во стопанството знае да биде и далекусежно. Освен тоа,

Page 19: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 19

19

градежништво

стандардите спаѓаат меѓу најважните алатки со кои се служат управувачките структури во организациите. Стандардите се, исто така, алатка кога производот го обликуваме, испитуваме и сертифицираме, не само кога е производ во прашање туку и кога се работи за технолошки или производствени системи, или системи за давање услуги. Значењето на стандардизацијата расте со растот на глобалниот пазар и со зголемување на изборот на производите и услугите. Принципот на стандардизација ја сочинува основата на европската инфраструктура за квалитет, а инструментите преку кои се остварува усвоената политика за квалитетот во ЕУ и со кои раководат Советот на Европа и Европската комисија во областа на квалитетот се:

• Закони, прописи (по донесувањето, веднаш применливи во сите земји членки, со одреден термин на повлекување на националните прописи без потреба од посебна национална имплементација);• Технички пропис, документ во кој техничките барања се дадени непосредно и упатуваат на

стандарди, технички спецификации или кодекс на добра практика. Техничкиот пропис може да се дополни со технички упатства кои ги опишуваат начините на исполнувања на барањата;• Директиви (упатувајќи ги сите земји членки, кои мора да ги имплементираат во своите национални закони во одреден временски период);• Одлуки (се упатуваат на една или повеќе земји членки, со законски доставници или овластени лица, при што, во врска со начинот на имплементација одлучува земјата членка);• Стандардите се документи донесени со консензус и усвоени од страна на признато тело, со кое заради заедничка и повеќекратна употреба се обезбедуваат правила, упатства или карактеристики за определени активности или нивните резултати, заради постигнување на оптимален степен на уреденост во определено подрачје;• Технички спецификации се документ кој ги

пропишува техничките барања што треба да ги исполнува еден производ, процес или една услуга. Документ кој во иднина може да биде предмет на стандард, но за кој моментално нема консензус за да се одобри како стандард.

При примена на принципот „упатување на стандардите“, техничките барања во техничките прописи не се исклучуваат, туку се дава упатување на стандардите што ги утврдуваат барањата. На тој начин се поедноставува и се забрзува законодавниот процес; техничкиот напредок не бара измена на прописот, туку се менуваат само стандардите; се обезбедува подобра примена на прописот;со упатување на исти заеднички договорени меѓународни стандарди, се отстрануваат разликите меѓу националните технички прописи на различни земји. Разликата меѓу стадандардите и регулативата по однос на нивната примена, постапката на нивното усвојување како и учесниците за нивното донесување е дадено во табелата.

Појавата на екстремен притисок од страна на државата со донесувањето на голем број закони и прописи и низ исклучително острите казни и за најмал недостаток во нивната примена, како и јакнење на притисокот на јавноста што бара здрава животна средина и безбедна работна средина, ги тера претпријатијата да ја преиспитаат својата практика во областа на примената на менаџмент системите. Кога тука ќе се додадат и другите причини, како што се трошоците на услугите на консалтингот и оценувањето, времето потребно за подготовка на сертификација и ограничените човечки ресурси, станува очигледно дека фирмите мораат да пронајдат оптимален пат за истовремено и што поевтино задоволување на екстремните и екстерните барања. За среќа, и покрај огромните проблеми со кои се соочува нашата држава, како светло во тунелот се појавуваат одредени фирми, организации и поединци-лидери, кои пронајдоа внатрешна сила, доволна храброст и јаки мотиви

да се впуштат во битка на светскиот пазар, каде опстануваат само најдобрите. Го прифатија и предизвикот да се борат и да ги докажуваат своите вредности и предности, почитувајќи и применувајќи ги сите меѓународно прифатени стандарди на однесување и деловно работење. Тие се конкретен, позитивен пример, дека во создавањето на амбиентот за промени не треба да се трга само од проблемите со кои се соочува нашето општество, туку треба да се пронаоѓаат и промовираат своите предности (традиција, познавање на сопствените ситуации, склоност кон тимска работа, користење на компаративни предности итн.). Државата е должна на таквите организации да им помогне во нивните напори, а тие имаат обврска со својот пример да ги привлечат сите други да тргнат по нивниот пат. Институтот за стандардизација на Република Македонија, преку членството во европските и меѓународните организации за стандардизација, на сите заинтересирани страни им овозможува директно учество во европската и меѓународната стандардизација и работа на преземање и донесување на европските и меѓународните

стандарди како македонски, како и креирање на изворно-национални македонски (МКС) стандарди. Македонија треба да создаде амбиент за успешна интеграција на нашето стопанство во европските и меѓународните текови, а тоа е возможно само со хармонизација на националното законодавство со европското, и прифаќање на европските стандарди како македонски. Тоа треба да биде резултат на заеднички сили на државните органи, на стопанството, академската заедница, експертите и на разни асоцијации, сè со цел да се обезбеди развој на економијата на земјата и стандардот на живеење. Движењето за квалитет во светот претставува дел од ангажманот на светскиот и европскиот бизнис, за да се приспособи на промените на глобалниот пазар. Постојано се нагласува дека квалитетот станува фундаментален начин на водење на секој бизнис каде било на земјината топка. - квалитетот е клуч на конкурентноста -

Табела 1: Стандарди-Регулатива

Page 20: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012320

20

Урбанистите и одговорните субјекти за урбанистичкото планирање и уредување на просторот треба да ги усогласат концепциите на град кој произведува, град во кој се домува и живее и град кој е атрактивен за посета. Но сепак, одлуката за какво било сообраќајно решение во градските средини е политичка.

градежништво

Користењето на подземните простории во облик на засолништа, тунели, гробници или други подземни објекти започнало уште во древното време. Ширум светот сè уште постојат зачувани

различни подземни објекти, како на пример, во Египет, Индија, Малта и Турција. Ископ на подземни простории и тунели, како и непосредно стабилизирање на ископаниот профил се едни од најголемите предизвици и најодговорни инженерски задачи. Оваа втора фаза, која претставува осигурување од разрушување и промена на обликот на профилот се нарекува подградување. Технологијата на ископот и подградувањето била развиена во текот на XIX век и првата половина на XX век, но барањата за ефикасна и брза изградба на подземните простории и тунели, доведоа до примена на нови материјали и нови технологии. Важен чекор

напред во технологијата за подградување е реализиран веќе во втората половина на XX век. Современите методи за подградување, подградбата ја третираат како конструктивен елемент, кој трајно останува во функција и не се отстранува во текот на изведување на облогата. Неопходно е да се напомене ископот на тунелите со т.н. штитови или ротациони бушечки машини со заштита - (SHIELDS), кај кои двете фази се прават истовремено, односно истовремено ископ и подградување. Големите градови се двигатели на економските активности, места каде најмногу се инвестира и каде мерењата на макроекономските показатели покажуваат висока корелација помеѓу економската ефикасност и демографската големина на градот. Планирањето на сообраќајот во големите градски средини е комплексна работа која вклучува голем број анализи и користење на специфични постапки за планирање

на проектите во овој домен. Урбанистите и одговорните субјекти за урбанистичкото планирање и уредување на просторот секогаш се пред големиот предизвик да најдат неопходен компромис помеѓу концепциите на град кој произведува, град во кој се домува и живее и град кој е атрактивен за посета. Сето претходно наведено, како и изработената студија од страна на шпанската консултантска фирма ИДОМ за решавање на сообраќајниот метеж во нашата метропола, беше доволна „провокација“ во просториите на Градежниот факултет во Скопје да се организира семинар на тема „ПОДЗЕМНИ СООБРАЌАЈНИЦИ ВО ГРАДСКИ СРЕДИНИ“, на кој со свои предавања учествуваа високи претставници на најголемата светска организација за подземни објекти ITA-AITES. Искуствата за урбаниот подземен развој во југоисточниот регион на Европа, метрото во Загреб и развојот на машините за градење на

м-р златко зАфировски, асистент на Градежен факултет Скопје, УКИМ

подЗемни СооБраќајници во градСки Средини

Голем предизвик кој бара компромиси

Темата на семинарот предизвика голем интерес кај присутните

Page 21: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 21

21

градежништво

тунели во урбани средини, ги претстави д-р Даворин Колиќ, дипл. град. инж., претседател на хрватското друштво за тунели ITA Croatia. Во својата богата биографија, може да се издвои дека докторирал на Универзитетот во Загреб, добитник е на награди од Ректорот на Универзитетот во три наврати, награда за најуспешна консултантска компанија за проект за подземна сообраќајница во Кина и др. Од 1990 година е активен на проектите за подземни објекти како проектант, раководител и ревидент на проекти за тунели, метроа и подземни простории во низа градови, како што се: Париз, Лил, Сиетл, Порто Рико, Виена, Минхен, Будимпешта, Њу Делхи, Сеул, Хонг Конг, Сингапур, и на повеќе проекти во северните провинции во Кина. Својата презентација тој ја започна со детали околу донесувањето на одлука за масовен

патнички транспорт во облик на „метро“ за градот Загреб. Проектот бил развиен во пет фази: Студија за сообраќајна потреба, Техничко решение и проценка на трошоците, Информација за проектот, Комуникација со корисниците и Одлука на градската управа. При донесувањето на оваа одлука беа направени споредбени анализи со градовите Лондон и Минхен. Потоа ни го пренесе искуството од Линц и Париз, за да го заокружи првото предавање со развој на сообраќајната инфраструктура за градот Дубровник. Целта на оваа студија беше да се поврзе железничката врска во центарот на Дубровник со блискиот регион, да се овозможи брз јавен градски сообраќај, да се сочуваат што повеќе јавни и приватни градски површини (во смисла на имотно-правни односи), да се внимава на заштита на околината (загадување, бука и сигурен сообраќај) и да

се определат количините на работите за проценка на трошоците (финансиски дел). Посетителите беа детално запознаени со комплетната механизација применета во различни земји како Јапонија, Германија, Канада, Франција, Шпанија и САД, за различни видови на карпести материјали низ кои треба да се пробие тунелската конструкција. Претставување на искуства за подземни сообраќајни објекти во градови со средна големина со пример за францускиот град Тулуз, како и претставување на Светската организација за подземни објекти ITA-AITES, даде Оливиер Вион, дипл.град.инж. кој е нејзин извршен директор од јануари 2009 година. Пред тоа, тој бил задолжен за развој на употребата на подземниот простор и споделување на знаењето во тунелските техники. Во 1994 година ја отвора својата сопствена компанија

Предлог за метро во Загреб

Попречен пресек на тунелот што треба да се гради во Скопје

Page 22: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012322

22

градежништво

Локација на тунелот во Скопје

Даворин колиЌОливиер вион

Page 23: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 23

23

градежништво

за консултантски услуги за подземни работи во маркетинг секторот во целиот свет. За површина на градот Тулуз од 118km2 или заедно со предградијата 360km2 и раст на популацијата на годишно ниво од 1,5 % почнувајќи од 1990 година, се причините за градба на метро во Тулуз кои ни ги сподели г. Вион. За решавање на сообраќајните проблеми во градот, се почнало уште во 1980 година со проектите за урбан транспортен систем, за веќе во 1985 година да се финишира со физибилити студии, кои укажале на потребата од подземна сообраќајница и одлука за метро, давајќи го на концесионер на 35 години. Но, во 1996 година одлучуваат да го вратат концесионерството, бидејќи едноставно носи „големи пари“. На крајот нагласи дека сепак сè е политичка одлука во врска со одлука за какво било сообраќајно решение во градските средини. Планираните подземни сообраќајници во град Скопје ги презентира д-р Дарко Мославац, професор на Градежниот факултет во Скопје, со детален осврт на сите варијанти во фаза на проектирање на поврзувањето помеѓу бул.„Партизански одреди“ до Комплексот Народни банки. Пресметките покажаа дека за модел на

сценарио до 2030 година дневно на потегот исток-запад во централното градско подрачје циркулираат повеќе од 14.000 возила. Водени од желбата за скратување на времето за патување на овој дел од градот, се донесе одлука за изградба на подземна сообраќајница. Од направените две подваријанти на варијантата „А“ и варијантата „B“, вкупното чинење на секоја поединечно, како и од направените мултикритерни анализи, произлезе и варијанта „C“. Оваа варијанта е најкратка и најевтина од претходно понудените, со самиот факт што нема објекти над тунелот долж трасата. Овој последен предлог предвидува почеток на трасата од ротондата кај „Пошта “ кај мостот Гоце Делчев покрај кејот на реката Вардар и да излегува кај Комплексот Народни банки. Во оваа подземна сообраќајница се предвидени стандарди за изградба и реконструкција на јавни сообраќајници, Европската директива 2004/54/ЕС во која се дефинираат минималните безбедносни барања за тунели во транс-европската патна мрежа, критериуми за хидроизолација на тунели спрема AFTES како и сеизмичките критериуми. За изградба на тунелот ќе се користи конвенционалниот метод т.н. “cut & cover”. Во тунелот ќе има 0,75m широка пешачка патека за двата правца, 3,5m

ширина на сообраќајна лента по правец, ленти за застанување со ширина 2,0m за двата правца и средна разделна лента, вклучувајќи комплетен систем за одводнување. Овој тунел во рамките на Директивата 2004/54/EC ќе содржи: излез за итни случаи во случај на незгода, вентилација и придружна опрема, комплетно осветлување, опрема за сигнализирање (на влез и на излез), автоматско детектирање на загадување или пожар, станица за итни случаи, радио комуникациски систем, контролен центар и др. За сите нас присутни на овој семинар, ова беше едно корисно искуство пренесено од страна на експертите. Огромната заинтересираност за семинарот од страна на сите институции вклучени во сите фази на изработка на ваков тип проекти – од идеја до реализација е доволен доказ за неговата успешност. Овој семинар е најава за одржување на уште еден дводневен семинар кој ќе се одржи кон крајот на месец септември на бреговите на Охридското Езеро, а на кој ќе присуствуваат десетина експерти од целиот свет и кои ќе ги споделат нивните искуства. Убеден сум дека со презентација за искуството од овој наш „првенец“ од тунел во метрополава, ќе се „пофалиме“ на некоја од следните светски конференции на ITA-AITES.

Page 24: Porta3 178
Page 25: Porta3 178
Page 26: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012326

26

архитектура прицкерова награда 2012

КРУНА ЗА КИНЕСКИ АРХИТЕКТКинескиот архитект Ванг Шу е лауреат на Прицкеровата награда за архитектура за 2012 година, и тој е прв архитект од Кина кој ја добива оваа престижна награда

Бојана филиповиЌ, дипл.инж.арх.

Кинескиот архитект Ванг Шу, чии архитектонски форми се осврт кон минатото преку употреба на традиционални и рециклирани материјали, е награден со Прицкерова награда за архитектура

за 2012 година. Како прв архитект од Кина, кој ја добива оваа награда, овогодишниот лауреат ја прекина долгата листа на имиња на познати американски и европски архитекти, кои речиси ексклузивно се почестени од ова признание. Ванг се опишува себеси како локален архитект, кој досега дизајнирал објекти единствено во Кина. За осумте члена на жирито на Прицкеровата награда, архитектурата на Ванг е носител на кинеската традиција, и се истакнува како свежа алтернатива во рапидната експанзија на кинеските градови. Како и португалскиот архитект Едуардо Сото де Мора, кој минатата година ја доби наградата Прицкер, во својот дизајн тој комбинира силен формален јазик со акцентирање на градежништво со регионален карактер.

Page 27: Porta3 178

Историски Музеј, 2003-2008, Нингбо

архитектура

9 март 2012 ПОРТА3 27

КРУНА ЗА КИНЕСКИ АРХИТЕКТванг шу:

„Сакам да осознаам сè за секојдневниот живот, за

луѓето, за времето. Знам дека нешто постоело и пред мене

- моите згради доаѓаат од некаде. И додека архитектите

зборуваат за просторот, јас зборувам за типологија и прототип. А прототипот е

одраз на меморија“.

Page 28: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012328

28

архитектура

Студио аMATEURПо завршувањето на своите студии на Техничкиот институт во Нанжинг и дизајнирање на мал студентски центар, Ванг речиси цела деценија работи заедно со градежни тимови на изведба на објекти, запознавајќи се притоа со естетскиот, но и структуралниот потенцијал на различните материјали. Со својата сопруга Лу Вени, во 1997 година ја основале својата фирма „Amateur Architecture Studio“ во Хангџоу, чие име е одраз на нивниот интерес за богатата традиција на Кина, за локалната архитектура изградена од анонимни градители. Според Ванг, името на нивната фирма треба да го потенцира спонтаното и експериментирањето во архитектурата.

Асемблажот од тула, камен или керамички плочки, кои се преземени од стари разурнати објекти, во нивните архитектонски форми се современи и недопрени од сентиментално толкување на минатото. Овој дизајн, со препознатлив индустриски квалитет и невообичаени аголни форми, во голема мера е одраз на неговата пасија кон калиграфијата. Линиите на Ванг ја рефлектираат слободата на потези на четка и тензијата помеѓу кинеските калиграфски карактери. Два од проектите на Ванг се лоцирани во крајбрежниот град Нингбо: Музејот на современа уметност и Историскиот музеј, изградени во периодот 2005 - 2008 година. Во проектот за Историскиот музеј, кој го добива на

интернационален конкурс, Ванг бил инспириран од некогашниот живот на ова пристаниште. Собирајќи употребен материјал од околината за изведба на музејот, тој буди сеќавање на минатото, а според неговата функционалност тој станува самиот за себе - мал град. Како најфаворизиран од жирито на Прицкеровата награда, овој објект е „урбана икона, добро избалансирана база за историја и сценарио во кое посетителот е ставен на прво место. Оваа зграда обединува сила, прагматизам и емоција во едно“, се вели во официјалниот цитат на жирито. Во дизајнот за кампусот на кинеската Академија за уметност во Хангџоу, архитектот повторно реупотребува локални материјали, покривајќи ги објектите на кампусот со

Историски Музеј, 2003-2008, Нингбо

Kампусот на кинеската Академија за уметност 2004-2007, Хангџоу

Page 29: Porta3 178

29

9 март 2012 ПОРТА3 29

архитектура

повеќе од два милиони плочи од разурнати традиционални кинески куќи. Занаетчискиот аспект на неговите проекти е значаен за него, пред сè заради контрастот со архитектурата што во денешно време, според него, станува професионализирана и бездушна. Со овој проект, Ванг успешно работи на повеќе нивоа: кампусот функционира како мал град чии внатрешно-надворешни врски остваруваат убав амбиент за живеење, а воедно има интимен карактер, како што тоа е случајот со малата галерија и павилјони, вметнати во историскиот центар на Хангџоу. Артистичкиот пристап кон архитектурата Ванг го споредува со креирање на кинеска градина, која всушност не може да биде дизајнирана.

Овој концепт дава можност за флексибилност, импровизација и решавање на непредвидливи проблеми. Тој го внесува овој сензибилитет во проектот за универзитетската библиотека во Сежу, која е изградена во 2000 година, и за која ја добива наградата за архитектура и уметност на Кина во 2004 година. За објектот на библиотеката, кој е наречен Венеција на Истокот, архитектот бил инспириран од околината и традицијата на градот, што е познат по своите градини. За да не ја наруши природната околина и традицијата на овој град за изградба на структури помеѓу водните токови, дел од објектот е изграден под земја. Во периодот 2003 - 2006 година, се изведени

нивните проекти за станбена вертикална кула во Хангџоу, Куќа од керамика во Џинхуа, и Пет куќи во Нингбо. Со свои привремени инсталации, студиото учествува на Биеналето на архитектура во Венеција во 2006 и 2010 година.

Современа кинеСка традицијаОвогодишниот „Прицкер“ е една од повеќето индикации дека архитектонската сцена бара навраќање кон традиционалното, на начини кои се комбинирани, како во случај со проектите на Ванг, со едноставен формален стил. Архитектот ги опишува своите објекти како „подлога за модерна интерпретација на пагода, храм и двор“, а на дизајнот му пристапува како што тоа би го направил кинески сликар. Тој го студира

Пет куќи, 2003-2006, Нингбо

Page 30: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012330

30

архитектура

сценариото, без разлика дали е тоа град, долина или планина, додека паралелно дизајнот се материјализира во неговата глава. Дизајнот на Ванг му дозволува размислување на повеќе нивоа, во практична и во симболична смисла. За кампусот на кинеската Академија за уметност во Хангџоу, тој го проектира и урбанистичкиот план и поединечните објекти, што резултира со фокусирање на материјалноста и детаљот. Со употреба на локални материјали, тој креира богати текстурни и тактилни колажи. Работењето во тим со градежните работници, резултира со непредвидени елементи, кои во неговиот случај им дава на објектите свежина и спонтаност. Неговиот пристап е воедно критички и експериментален. Со употреба на рециклиран материјал, тој потенцира внимателна употреба на ресурси и почитување на традицијата. Од друга страна, тој дава искрена критика на развојот на технологијата и денешниот квалитет на градење. Во повеќе интервјуа и предавања, Ванг Шу изјавува дека неговата почетна точка е секогаш околината. „Сакам да осознаам сè за секојдневниот живот, за луѓето, за времето. Знам дека нешто постоело и пред мене - моите згради доаѓаат од некаде. И додека архитектите зборуваат за просторот, јас зборувам за типологија и прототип. А прототипот е одраз на меморија“, вели тој.

радикална критика на кинеСката урБаниЗацијаВо поширока смисла, неговото студио е силна критика на кинескиот урбан развој, вклучувајќи го тука и Хангџоу, градот во кој живее и работи и каде 90% од трдиционалниот урбан град е уништен во последните две децении за изградба на нови објекти. „Која е придобивката на овој развој? Во 1950 г. Хангџоу личеше на Париз, а сега наликува на Сингапур. После сè, ако ја изгубиме нашата традиција, ја губиме и нашата иднина“, вели Ванг. Постојат значајни прашања за процесот на урбанизација на Кина, за тоа дали треба да е вкоренета во традицијата или треба да е свртена кон иднината. Според Алехандро Аравена, еден од членовите

Универзитетската библиотека во Сежу, 1999-2000, Сижу

Музеј на современа уметност, 2001-2005, Нингбо

Page 31: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 31

31

архитектура

на жирито на Прицкеровата награда, работата на Ванг Шу успева да ја надмине таа дебата, остварувајќи архитектура која е безвремена, длабоко вкоренета во контекстот, а сепак универзална. Доделувањето на Прицкеровата награда за архитектура на овој кинески архитект доведе до поделени мислења и критики во јавноста. Амбивалентноста кон признавањето на овој архитект, пред сè има малку допирни точки со неговата архитектура. Таа е одраз на признавањето што доаѓа од Запад, кој има постојана критичка настроеност кон неконтролираниот урбан развој на Кина. И дали во таа смисла, престижната награда значи и очекување од визионерите на оваа земја за брзи промени и прекин на архитектонското толкување на Кина како табула раса. На архитектонска конференција во Пекинг, во 1980 г. Ванг создава контроверзности со изјавата дека во Кина повеќе не постои архитектура. Тој го дефинирал кинескиот архитект само како некој кој знае да црта и дека влијанието на финансиите и бизнис секторот е премногу силен. Без разлика на критицизмот, политичките толкувања на признанието и сè поголемите дебати за анти-урабнизацијата, Ванг Шу зазема позиција, која е далеку од каков било тренд во неговата земја или вон неа. Според него, Кина во последните години настапува со прогрес во културата и креативноста, што може да биде позитивно за секоја нејзина индустрија. Од модернистичките високоградби, до уметничките музеи и универзитетската библиотека, која се чини дека лебди на вода, архитектурата на ова студио ја карактеризира скромност, дистинктивност и сензитивност кон контекстот. Таа е пример за современ израз, која има локални културни корени и вклучува длабоко ехо на специфична традиција. Објектите се рационални и тектонски, збогатени со чувство на мит. „Amateur Architecture Studio“ се освежување и дистинктивно уникатни - моќни, но со целосен човечки интегритет во исто време: спој кој се издвојува од западните „големи имиња“ на архитектурата и нивните модели на еднострана униформност и идеал.

Куќа од керамика, 2003-2006, Џинхуа

Нингбо павиљон, 2010, Шангај

Page 32: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012332

32

архитектура реконСтрукција на народен муЗеј во Белград

Музеј за 21 векм-р Ѓорѓе ЈокиЌ, дипл.инж.арх.

Ако некој од вас деновиве престојува во Белград и сака да го посети Народниот музеј, и да ја види неговата постојана поставка, би бил непријатно изненаден бидејќи Народниот музеј е

затворен за посетители. Честа е практиката музеите што се наоѓаат во постари зданија да се затвораат заради реконструкции, но ретка е практиката најважната културна институција во една земја да биде затворена многу години.

Неодамна е поставено скеле на предната фасада заради работи на чистење на фасадата. Народниот музеј во Белград званично ја затвори својата врата за јавноста на 1 јуни во годината кога почна инвазијата на Ирак, кога фудбалскиот клуб Милан стана по шести пат првак на Европа, кога Арнолд Шварценегер беше избран за гувернер на Калифорнија, и кога Кина го лансираше првиот вселенски брод со екипаж „Шензоу 5“. Во прашање е далечната 2003 година, кога е одлучено заради лошата состојба во која

се наоѓа музејот да биде затворен за јавност. Повремено, само атриумот на музејот се отвора за културни манифастации како ГитарАрт фестивал или ретки изложби. Приказната за зградата на Народниот музеј во Белград во многу нешта потсеќа на приказната за земјата каде што се наоѓа тој музеј. Зградата Народен музеј во Белград е изградена за други потреби, во текот на својата историја е проширувана и доградувана, трпела големи промени во функцијата, големи војни оштетувања,

Page 33: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 33

33

архитектура

Зградата на Народниот музеј во Белград е сè, само не обична зграда. Пред повеќе од сто години изградена како банка на местото на познатата белградска кафеана, во Втората светска војна многу оштетена, неколку пати реконструирана, денес е затворена за јавност без постојани уметнички поставки. Во својата историја памети славни денови како голема банка и најзначајна музејска институција на Југославија. Во иднина гледа со големи очекувања од најавуваната целокупна реконструкција.

нејзиниот изглед е менуван, на неа се наоѓале идеолошки пароли, а денес е затворена и ја чека долго најавуваната реконструкција според победничкиот проект на меѓународниот архитектонски конкурс од 2010 година. Точно сто години пред да биде затворена зградата на Народниот музеј заради реконструкција која допрва треба да почне, далечната 1903 година, на местото на некогашната кафеана „Дарданели“, е изградена зграда на Управата на фондови,

најстарата српска банка, основана во 1862 година. Управата на фондови е изградена после архитектонскиот конкурс, по проект на српските архитекти Андре Стевановиќ (1859-1929) и Никола Несторовиќ (1868-1957). Со тој проект тие започнале повеќегодишна успешна соработка, дополнувајќи се меѓусебно. Останало запишано дека архитектот Стевановиќ, како постар и поискусен архитект, бил задолжен за решавање на конструктивните проблеми, додека архитектот Несторовиќ бил повеќе сконцентриран

на архитектонско и естетско обликување. Фасадните и внатрешните декорации ги извеле познати уметници од тоа време, како Андрија Доменико, Фрања Валдман и Бора Ковачевиќ. Зградата е проектирана во стилот на неоренесанса со изразена симетрија и со трипартитна поделба на главното чело. Нејзината монументалност, покрај стилските елементи, е посебно нагласена со средишната купола. Иако во непосредна близина се наоѓаат многу поголеми згради, палатата Риунионе и монументалната

Page 34: Porta3 178

архитектура

ПОРТА 9 март 2012334

34

градба на Народно позориште, зградата на Народниот музеј зазема доминантно и неприкосновено место на главниот белградски плоштад – Плоштад на републиката. Првите промени на зградата се забележани во 1930 година, кога по проект на архитектот Војин Петровиќ е додадено крило на зградата спрема улицата Лазе Пачуа, па според потребите на банката, зградата е скоро дуплирана. Тоа проширување стилски потполно се вклопило во постоечкиот изглед на зградата, така што денес, гледајќи ја фасадата, невозможно е да се види разликата помеѓу стариот и новиот дел. За време бомбардирањето на Белград во Втората светска војна, зградата била многу оштетена, но во годините после војната брзо е обновена, без обнова на средишната купола каде што стоела ѕвезда и натпис „да живее Тито“. Се до 1952 година зградата е користена како банка, кога во неа се населила постојаната поставка на Народниот музеј. Бидејќи просторот на банката бил неадекватен за изложбен простор, била потребна уште една реконструкција. Помеѓу 1964 и 1966 година доаѓа до реконструкција според проектот на архитектите Александар Дерок и Петар Анагности. За уредувањето на ентериерот бил задолжен архитектот Зоран Петровиќ. Со тоа изложбените сали од првиот и вториот кат се поврзани по принципот континуирано разгледување, а расфрланиот административен простот е групиран во надѕиданиот средишен тракт. Вратена е и централната купола која доминира на предната фасада, и е реконструиран саатот со орел под истата купола. Реконструкцијата од 1966 година е значајна заради дефинирањето на изложбениот простор низ континуирано поврзаните простории, групирањето на административната функција на зградата и изградбата на големата изложбена сала на вториот кат над некогашната сала со шалтери. Салата на вториот кат е посебно зајакната затоа што било планирано во неа да бидат изложени скулптури. Скулптурите, додека музејот беше отворен, беа сместени долж изложбениот простор, а салата се користела за привремени

изложби. Денес во неа се наоѓа депо со сандаци каде се сместени уметнички дела кои се изложуваат на изложби во земјата и странство. Сè додека музејот беше отворен, работеше и бифе кое се наоѓаше на вториот кат, а беше изградено со реконструкцијата од 1966 година. Благодарејќи на несериозниот пристап на надлежните служби, како и на построгите стандарди во областа на превентивната заштита на уметничките дела, зградата на Народниот музеј доживува тотална деградација последниве неколку децении, за конечно да биде затворена за постојана поставка на 1 јуни 2003 година. Се проценува дека Народниот музеј има околу 400.000 експонати, од кои околу 15.000 слики, меѓу кои се дела од Рубенс, Тинторето, Матис, Сегал, Пикасо, Моне, Пусен, Рембрант и голем број домашни сликари. Седум години откако е затворен музејот, се распиша јавен анонимен двостепен архитектонски конкурс на кој пристигнаа 62 трудови. Како најдобро решение е избран трудот на архитектонскиот тим од „Проаспет студио“ на професорот Владимир Лојаница. Според зборовите на жирито што го награди трудот на професор Лојаница, победничкото решение е „труд кој е најдобро приспособен на современиот сензибилитет и кој понуди оптимална рамнотежа помеѓу атрактивниот просторен концепт и структуралната функционалност на објектот ...“ Проектот предвидува реорганизација на внатрешниот простор, продор на зениталното светло преку стаклен покрив, со што се подобрува доживувањето во внатрешниот простор. За разлика од сегашната состојба, после реконструкцијата на музејот, централниот кубус ќе биде видлив и од внатрешноста на зградата и со тоа на некој начин ќе стане и дел од ентериерот на самиот музеј. Проектот дава посебно внимание на централните скали, кои претставуваат најважна централна оска за движење на посетителите. Покрај големите промени во диспозијата на внатрешниот простор, надворешниот изглед на Народниот музеј не трпи никакви промени. Стаклениот дел на кровот, заради својата положба, нема да биде лесно воочлив за минувачите, и со самото тоа нема да ја наруши

Page 35: Porta3 178

архитектура

9 март 2012 ПОРТА3 35

35

сликата на музејот што денес постои. За сегашната состојба на музејот, за „Порта3“ зборува архитектот Зоран Јовановиќ, вработен во Народниот музеј: - Реконструкцијата од 1966 година беше многу значајна за музејот од повеќе причини. Таа година е формиран Центарот за конзервација на третиот кат, додека депоата со уметничките дела беа сместени во подрумот, што не беше случај дотогаш. Покај ова, вратен е централниот кубус според проектот на архитект Анагности, кој на основа на старите фотографии направил армирано-бетонска конструкција автентична со предвојниот облик на кубусот. Со тоа зградата на музејот го добила изгледот што го имала пред војните уништувања. Дури после 2000 година сериозно се планира неопходната реконструкција на музејот, која ќе ги опфати функционалните и естетските измени. Моменталната состојба е многу лоша, загрозено е културното наследство кое се наоѓа овде. Од 1966 година помина многу долго време, инсталациите се стари и несоодветни за изложбениот простор. Нашиот најголем проблем е што немаме микроклиматски контролирани услови каде што се сместени уметничките дела, првенствено затоа што ова била банка, а банката никогаш немала потреба за контрола на микроклиматските услови какви ние имаме денес. Банката имала одредени системи за вентилација на трезорите, што веќе триесет години не се во функција и никогаш не беа доволни за безбедно чување на уметничките дела, како слики и предмети кои овде се наоѓаат. Со новата реконструкција, чија техничка докуметација моментално се работи, е планирано да ги решиме најважните просторни и микроклиматски проблеми. Положбата на зградата и нејзината конструкција се такви што не е возможно да се прошири надвор од четири ѕида, во висина не е можно многу да се оди, како ни во длабина под зградата. Потребно е да се обезбеди најдобар можен баланс помеѓу просториите со комори што ја регулираат микроклимата и просторијата на изложбениот простор. Изложбениот простор претставува најголем предизвик за микроклиматската регулација, затоа што за разлика од депоата каде

престојуваат помал број луѓе, во изложбениот простор е предвидено престојување на поголем број луѓе, па со самото тоа е потребно многу повеќе внимание за регулација на температурата и влагата. Ние имаме уште еден проблем врзан за функцијата на зградата, за разлика од останатите музеи кои се наоѓаат во згради од почетокот на 20 век, оваа зграда е проектирана за банка и нема влез за камиони во дворот на зградата, кои служат за транспорт на експонатите. Со проектот за реконструкција ќе бидат решени повеќето проблеми што ги имаме сега, затоа што проектот ја исполни конкурсната задача. За жал, зградата што е проектирана за една функција, а се користи за сосема поинаква, дури и со најдобите решенија кои се возможни во денешно време, ќе има одредени недостатоци. Посматрајќи ја зградата на Народниот музеј, може да се забележи дека е во многу лоша состојба и дека ѝ е повеќе од потребна темелна реконструкција и санација. Покрај загрозените национални уметнички дела, е загрозено и функционирањето на зградата и вработените во неа. На повисоките катови видливи се местата каде продира влагата, навлажнетите ѕидови на работните простории и ходници. Фасадите во дворот на зградата се трошни, малтерот опаѓа, а олуците и лимаријате се `рѓосани. Зградата на Народниот музеј во Белград чека некои подобри времиња, кои сепак се наѕираат. Покрај обновата на предната фасада што е во тек, се очекува да почне и целокупната реконструкција, после која Народниот музеј во Белград ќе биде модерна музејска установа на 21 век. Нејзините неизбежни недостатоци, кои секогаш ќе ги има некогашната банка, ќе сведочат за бурните времиња и интересната историја на една од најважните и најубавите белградски згради.

Page 36: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012336

36

славни улици моСква

Улица „Арбат“еден километар на Русија

Љупка Дуковска, дипл.инж.арх.

Постојат улици во светот чие име веднаш ве асоцира на градот, на државата, на народот на кој му припаѓаат. Ако го спомнете „Сен Жермен“ или „Сен Мишел“, тоа е Париз. Ако ја спомнете

„Кнез Михајлова“, тоа е Белград. А ако спомнете „Арбат“ ве асоцира на Москва, знаете дека тоа е Русија. Или како што вели поетотБулат Окуджава: „Ах Арбат, мој Арбат, ти си моја родина... “. Да се пишува за улицата „Арбат“ не е лесно. „Арбат“ по зборовите на поетот е и татковина, и религија и радост и беда. Тоа не е обична улица. „Арбат“ е допир кон таинственото. Допир кон цели епохи. Улица со сопствена историја, самостојност и традиција. Некој вид на социокултурна заедница. Таа е симбол на

руската престолнина, како што е Кремљ, Црвениот плоштад или црквата „Василиј Блажени“. Да се опфатат во една статија сите аспекти на нејзиното значење, животот, историјата, архитектурата, уметноста, литературата... , е речиси невозможно. Потребно е многу време и простор. Но сепак, ќе се обидам да направам еден осврт на најзначајните настани, личности, објекти. Онака како јас ги доживеав и согледав. Интересно е потеклото на егзотичното име „Арбат“. До денес не постои единствен заклучок за називот на овој топоним. Најраспространета е хипотезата според која, произлегува од арапскиот збор „арбад“ („рабад“), што значи предградие. Се верува дека овој збор бил донесен во Москва од кримските татари или од арапските трговци, кои во 15 век доаѓале тука да купуваат. Првото спомнување на „Арбат“, забележано

во историјата на земјата, во 1493 година, е поврзано со немил настан, со пожар. Подоцна, во 1547 година, повторно пожар. Голем пожар, од кој изгорел речиси целиот град, повеќе од 25.000 објекти... И покрај ова тешко „детство“, „Арбат“ израснал во славна московска улица. Станал центар на нејзиниот духовен живот. Бил воспеан во многу песни, стихови и филмови. Опишан во многу романи. Со „Арбат“ се поврзани животот и творештвото на повеќе од петстотини славни личности на руската историја.

арБат ниЗ вековитеОпоравувајќи се од двата големи пожари, пра-Арбат првпат се појавува за време на царството на Иван Грозни (1530 – 1584). Улицата секогаш била главна артерија која го поврзувала градот со западните земји. Царот Алексеј Михаилович

Page 37: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 37

37

славни улициуБави градови, муЗеи, галерии...

(1645 – 1676) во 1658 година, со указ го сменил името на улицата од „Арбат“ во „Сломенска“. Но, народот не прифатил. Старото звучно име Арбат, останало и преживеало до ден-денес. По улицата „Арбат“ продолжиле да одат трговските каравани на разни народи, на разни војски. Низ историјата, руските воини преку оваа улица оделе во своите походи. Во 1812 година, по улицата се слушнала и коњаницата на Наполеон...Во XVI век на улицата „Арбат“ живееле занаетчии... И ден-денес, некои од малите попречни улички се нарекуваат според нивните занаети. Во XVIII век, занаетчиите биле потиснати од дворјаните. Улицата „Арбат“ станала една од најаристократските улици во Москва. Во 1736 година повторно избувнал пожар. Била уништена половина од улицата. Обновените, раскошни, не многу големи дворци, палати во стилот на ампир, припаѓале на дворјани, на познати чиновници, на црковнослужители. Благодарение на архитектонската префинетост на овие објекти, улицата добила посебен статус во Москва, кој се задржал до денешно време. На почетокот на XIX век, се случила војна со Французите. Повторно голем пожар во 1812 година. Улицата што била изградена речиси во целост од дрвени објекти, сосема изгорела. Но,

објектите биле обновени на старите фундаменти. Улицата „Арбат“ ги прифаќала новините на времето. Се менувала. Почнала да поприма современ изглед. Во втората половина на XIX век, тука се сконцентрирала руската интелигенција. Се појавил арбатскиот бум. Да се доселиш на „Арбат“ и на неговите мали попречни улички, станало престижно и модерно. Почетокот на XX век донел револуција. Советските времиња извршиле огромно влијание на Москва, на нејзиниот облик, на нејзините граѓани. После револуцијата требало многу објекти да се обноват, а некој и одново да се изградат. Периодот на занесот со конструктивизмот (1920-1930) нашол свој одраз. Новите објекти изградени на местото на срушените историски објекти, покрај пролетерскиот аскетизам во формите и деталите, имале мрачна и тажно сива боја. Силуетите на улицата „Арбат“ биле израмнети, многу објекти надоградени и подведени под една линија. Малите улички, кои го создавале амбиентот на „Арбат“ биле асфалтирани. Улицата веќе не била елитна. Таа станала слична на сите улици во Москва. А некогаш аристократските вили и станови биле претворени во тесни комуналки, кои ги населиле градителите на новото општество, дојдени во Москва од различни делови на земјата.

Следната фаза на промената на „Арбат“ е во 60-тите години на XX век. Дел од неговите улички биле срушени поради изградбата на новиот современ булевар, наречен „Нов Арбат“. Биле уништени многу споменици на архитектурата од XVIII и XIX век. Стариот „Арбат“ претрпил неповратни измени. Во 1974 година, група архитекти под водство на Алексеј Гутнов и Зоја Харитонова, започнале изработка на проект за пешачка улица. Проектот опфаќал уредување на улицата, реконструкција и реставрација на фасадите на објектите. Работите почнале во 1982 година. Комплетно бил сменет системот на подземната инсталација, на канализација и друго. Биле поплочени 25.000м². На крајот на 1986 година, „Арбат“ го добил новиот лик. Фасадите на објектите воскреснале во разнобојни нијанси на розови, жолти, сиви, зелени тонови. Поставени биле жардиниери со цвеќиња, клупи за одмор на посетителите, фенери, светилки во ретро стил. Биле отворени многу мали кафулиња, ресторани, продавници.

оБјекти на арБатУлицата „Арбат“, со сите нејзини попречни мали улички, е лоцирана во централниот административен округ на градот Москва (реон Арбат). Почнува од Арбатската порта,

Page 38: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012338

38

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

до Смоленскиот плоштад. Лежи помеѓу улиците „Пречистенка“ и „Нов Арбат“. Површината на територијата на реонот е 211 хектара. Бројот на население 26,9 илјади жители (на 01.01.2010). Површината на станбениот фонд е 754 илјади м². Да се пишува за „Арбат“, значи да се пишува за сите негови објекти. Сите заслужуваат внимание. Но, во овој напис ќе спомнам само неколку објекти. На пример, вниманието го привлекуваат домот со бр. 2, во кој се наоѓа познатиот ресторан „Прага“, изграден во 1872 година, или домот бр. 4, кој некогаш припаѓал на роднините на сопругата на писателот Пушкин, Наталија Гончарова. Објектот со бр. 11, е со накитена фасада, украсена со лавовски маски. Во објектот бр. 35, на чија фасада стојат рицари, се наоѓа „Централниот дом на актерите“, а самиот објект е споменик на архитектурата на XIX век. Или објектот на бр. 37, кој е споменик на архитектурата на XVIII век. А во објектот бр.43 живееле, во различно време, поетите Андреи Белии и Булат Окуджава... Киното „Художествении“ („Уметнички“) се наоѓа на „Арбатски плоштад“ бр.14. Објектот бил отворен во ноември 1909 година. Го проектирал архитектот Н.Н Благовешенски. Салата била за 400 посетители. Во 1912 – 1913 година, објектот бил обновен. Работата била доверена на еден од најпознатите архитекти на XIX век, Фјодор Осипович Шехтел, мајстор на архитектонскиот стил - модерн. Салата била зголемена на 925 места, вентилацијата била усовршена, било воведено парно затоплување. По револуцијата тука се собирала советската интелигенција. На 28 декември 1925 година, после проекцијата на филмот „Оклопницата Потемкин“ од режисерот Сергеј Еизенштеин, официјално било објавено за самоубиството на поетот Сергеј Јесењин. Во 1955 година, станала прва киносала со широко платно, прв синемаскоп во Москва. Сè до изградбата на кино-концертната сала „Русија“, била најубава киносала во градот. На улицата „Арбат“ бр. 26 се наоѓа Државниот академски театар „Вахтангов“. За време на војната, во 1941 година, паднала бомба на стариот објект. После војната, во 1946/47 година, театарот бил повторно изграден, под водство на архитектот Абросимов. Во реонот „Арбат“ има 15 театри. Тука се театарот „Чехов“, театарот „Постмодерн“, „Арбат опера“, куклениот театар „Аркадија“ и други. На „Арбат“ живееле или престојувале Пушкин, Лермонтов, Толстој, Чехов, Гогољ, Блок, Андреи Белии, Окуджава... Во Сребрената уличка живеел рускиот композитир Сергеј Рахмањинов. На „Арбат“ читале свои стихови Сергеј Есенин, Владимир Мајаковски... Списокот на знаменитите луѓе од „Арбат“, списокот на уметничките дела, на научни откритија, создадени тука, може да исполни една цела енциклопедија.

славни улици

Page 39: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 39

39

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Во овој реон има 17 музеи. На пример, тука е меморијалниот музеј „Стан на Лермонтов“. Музејот бил основан во 1979 година, како филијала на Државниот литературен музеј. Тој се наоѓа во домот каде што големиот поет и писател, како студент на Московскиот универзитет, живеел од 1829 до 1832 година.Ентериерот на музејот соодветствува со времето кога писателот живеел тука. Во колекцијата на музејот се неговите ракописи, стихови, драми, албуми со цртежи и акварели. Можат да се видат цртежи и слики кои писателот ги работел во период 1837 - 1841 година. Тука е романтичниот меморијален музеј „Стан на Пушкин на Арбат“. Музејот е сместен во објект, во кој на вториот кат Александар Сергеевич Пушкин, во февруари 1831 година, изнајмил стан. Музејот бил отворен на 18 февруари 1986 година, на годишнина на неговата свадба. Експозицијата ги зафаќа двата ката. Салите на првиот кат се посветени на темата „Пушкин и Москва“, а на вториот кат се меморијални соби на Пушкин. Меморијалениот музеј „Стан на Марина Цветаева“ бил отворен во1992 година во објект, каде поетесата Марина Ивановна Цветаева (1892-1941) живеела во период 1914 - 1922 година, пред нејзината емиграција. Тука се и музејот на „Горки“ (литературна експозиција), научно-меморијален кабинет „Музеј на режисерот Еизенштеин“, меморијалениот музеј „Стан на научникот

Тимирјазев“ и други. На домот на архитектот Мелников, во Кривоарбатската уличка, споменик на архитектурата на советската авангарда на почетокот на XX век, ќе се осврнам во друг текст.Во реонот „Арбат“ има шест концертни сали, седум библиотеки, повеќе храмови...

„арБат“ - улица на уметноСта и литературатаСимболот на старата Москва, улицата „Арбат“, е овековечена низ многу дела во руската поезија, во прозата, во филмовите. Еве некои од делата во кои ја спомнуваат: Толстој ја спомнува во романот „Војна и мир“. Михаил Булгаков во „Мајсторот и Маргарита“. Андреи Белии и посветил на родената улица есеј „Стариот Арбат“. Борис Пастернак ја напишал „Мир на Пречистенка и Арбат“. За улогата на „Арбат“ во револуцијата пишувал писателот Андреј Бели. Анатоли Рибаков ја напишал „Децата на Арбат“. Булат Окуджава посветил многу стихови на саканата улица на своето детство. Во 1970 година, Арбузов ја напишал „Приказни на стариот Арбат“, а во 1982 година по оваа пиеса, режисерот Сава Кулиш го снимил филмот „Скаски... скаски... скаски на стариот Арбат“. Со право може да се каже дека „Арбат“ е улица на уметноста и литературата. Зошто „Арбат“ станал толку знаменит? Која била таа сила што ги привлекува луѓето тука? Прво занаетчиите, па дворјаните, па интелигенцијата...

на овој голем народ. Постојаната концентрација на творечката енергија на луѓето што живееле тука, оставила белег. Шетајќи се по улицата можеш да го почуствуваш тоа. Можеш да насетиш нешто од прекрасната руска душа. Во постсоветскиот период „Арбат“ е повторно сменет. Стана елитен трговски и деловен центар. Привлечна туристичка точка. Со тек на годините, улицата го изгубила својот стар, таинствен, загадочен облик. Само називот „Арбат“, што никогаш не е сменет, потсетува на неговата долга историја. И секако, постојаниот поток на творечка енергија, на позитивни идеи, топлина и добродушност. Творечкиот дух доминира и денес. Тој го двои „Арбат“ од другите московски улици. Тој се доживува како културен центар на Москва. Јас го доживеав така. За време на мојот повеќегодишен престој во Москва, тоа беше местото што постојано ме привлекуваше. Современо место, кое воедно кореспондираше со мојата слика за Русија, создадена во младоста, кога со голема љубов ги читав книгите на руските класици, на Толстој, Достоевски, Тургењев... , и се воодушевував од поезијата на Пушкин. Славната изрека на Н.М. Карамзин: „Кој бил во Москва ја знае Русија“, со право се надополнува „Кој бил на 'Арбат', ја знае Москва“.Или како што вели Левин во насловот на својата книга „Арбат“: Тоа е улица... славна улица... еден километар на Русија.

славни улици

Page 40: Porta3 178

дрвно градежништво

ПОРТА 9 март 2012340

40

Вистински одговорза земјотреси Александар ЧерепнАлкоски,

дипл.инж. по дрвна индустрија

На годишно ниво се случуваат повеќе од милион земјотреси, но повеќето од нив се толку мали што не можеме да ги осетиме. Покрај тоа што земјотресите

можат да се случат каде било, има одредени локации каде што шансите за јак земјотрес се многу големи. Бројот на жртвите од земјотреси во целиот свет е многу голем, а голем процент од нив се случуваат од срушени градби.

однеСување на дрвните конСтрукции при ЗемјотреСиИнерцијалните сили, кои се јавуваат како резултат на земјотресот, предизвикуваат најголеми напони во кровниот дел и катовите каде што масата е најголема. Силите што се јавуваат во овој дел, треба да ги издржат ѕидовите и целата конструкција, која мора да биде добро поврзана со темелите. Следните неколку компоненти се круцијални кога зборуваме за сеизмички сили:

- Прицврстување на конструкцијата со темелите

- Јакост и еластичност на ѕидовите- Јакост и добра поврзаност на хоризонталните меѓукатни конструкции и кровот- Цврсти врски на конструктивните елементи

јакоСт и крутоСтБочните сили кои се јавуваат како резултат од земјотресите, кога дејствуваат на ѕидовите, тие имаат тенденција да се искривуваат странично. Затоа добро прицврстените потпорни и преградни ѕидови имаат многу важна улога во стабилизирањето на градбата. Ѕидовите што се конструирани со ОСБ плочи се многу ефективни во ова стабилизирање. Во регионите каде земјотресите се честа појава, потребната крутост на ѕидовите се постигнува со зголемување на дебелината на конструктивните панели и со зголемување на бројот на конструктивните врски и металните конектори.

елаСтичноСтВо споредба со другите градби од бетон и

тула, кои треба вешто да се проектираат за да ги издржат сеизмичките сили, може да се каже дека дрвните конструкции се поеластични. Еластичноста е способност на конструкциите да издржат одредена деформација без да настане трајно оштетување (рушење, колапс и слично). Препорачливо е градбите да имаат одреден еластицитет кога се изложени на сеизмички сили. Многубројните врски помеѓу дрвените столбови во конструкциската рамка кај ѕидовите овозможуваат ефективна еластичност.

тежинаДрвните конструкции се лесни. Просечно може да се каже дека бетоската конструктивна градба е до 7 пати потешка од лесните дрвни конструкции. Бидејќи силите што се јавуваат како резултат на земјотрес се правопропорционални со тежината на градбата, може да се каже дека кај добро конструираните дрвни конструкции можеме да очекуваме одлични резултати во трусни подрачја.

Page 41: Porta3 178

дрвно градежништво

9 март 2012 ПОРТА3 41

41

конСтруктивни врСкиКонструкции кои се изградени од тешки конструктивни елементи често се проектирани од помалку конструктивни елементи и врски. Доколку при земјотрес попушти еден од елементите или една од врските, товарот што другите елементи би требало да го преземат би бил преголем. Типичната дрвна конструктивна градба е составена од стотици конструктивни елементи и илјадници врски. Ова значи дека доколку настане мана кај еден конструктивен елемент, останатите можат да компензираат за недостатокот. Покрај издржливоста на ѕидовите во однос на бочните сили, при проектирање треба да се обрне внимание, исто така, и на други извори на опасност. Во кој и да е случај градбата мора да биде соодветно прицврстена за темелите. Конструктивните врски помеѓу ѕидовите, меѓукатните констукции и кровната конструкција, ја прават целата градба една конструктивна целина и тоа е секако многу важно при закана од земјотреси.

фокуС на ЗемјотреСЗемјотресите се случуваат како резултат на придвижувањето на тектонските плочи. При помрднување на плочите се ослободува енергија, која се манифестира на површината во вид на сеизмички бранови. Точката меѓу двете плочи каде што енергијата се ослободува се вика фокус на земјотресот, додека точката над фокусот на површината на земјата се вика епицентар на земјотресот. Јачината на земотресот се мери со помош на Рихтеровата скала.Доколку има некоја градба блиску до епицентарот, може да дојде до сериозно оштетување заради пореметување на земјата кај темелите. Но сепак, во најголем број случаи оштетувањето на градбите се случува од сеизмичките бранови, коишто се шират преку земјината површина. Кога движењето на земјата е доволно силно ги придвижува и зградите. Земјотресот ги движи темелите, но горните катови остануваат во првичната позиција. Доколку движењето на земјата е со мала сила, градбата може да го издржи тоа движење и да не дојде до оштетувања, но кај земјотресите честопати се јавуваат силни земјени движења. Силите што се јавуваат во градбата зависат од тежината на градбата и забрзувањето на сеизмичките бранови. Внатрешните сили се многу поголеми кај потешки градби, а исто така силите се посилни кај посилни земјотреси.

Градбата во мирувањеЗемјата во мирување

Земјата во мирување

Земјата се забрзува во лево

Земјата се забрзува во десно

Сеизмички бранови

Епицентар

Сеизмички сили

Земјина кора

Фокус

Силите гопритискааткровот во оваа насока

Ѕидовитесе спротиставуваатна кровот

Инерцијалнисили

Сеизмички движења на земјата

Page 42: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012342

42

Б

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

наука

швајцарија (4)михаил токарев: 100 години модерна архитектура (128)

Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји - резимирани извадоци

Куќата Даро во Даро (1992) е сместена во карпестиот предел на Тичино, без претензии за вклопување во околниот пејзаж или населба. Напротив, таа асоцира на Ноевата арка, така што се штити од несаканите посетители. Врската со надворешноста е воспоставена само преку тесни отвори во ѕидот и преку атриумот. Со својот клун, овој ,,брод“ е забиен во карпите, а со задниот дел се извишува над околината. Изградбата на Музејот на модерната уметност во Сан Франциско (1990-1994), Марио Бота успева да ја добие во конкуренција на Чарлс Мур, Френк О. Гери, Тадао Андро и други. Тој е сместен во центарот на градот, на спротивната страна од едноставниот објект на центарот Јерба Буена (1991-1993) на Фумихико Маки. Објектот има тристепена терасеста форма со фасади од тула без прозорци. Од центарот на композицијата се извишува еден косо засечен цилиндер со зенитално светло со кое се осветлуваат пет внатрешни нивоа и една висока галерија поставена на најгорниот кат. Катедралата во Еври, Франција (1992-1995), е сместена во центарот на новото париско предградие, кое претходно е изградено со недоволно чувство за хумано урбано планирање. Катедралата со придружните објекти и со платото пред неа создава пријатно место за средба на граѓаните, поради што се смета за најважен религиозен објект во Франција, подигнат во последните 100 години. Со косо засечениот цилиндричен кубус и со уметничкиот начин на употреба на тулата, овој модерен објект е инспириран од византиската архитектура. Неговиот наос

содржи 800 седишта, а на галеријата може да се сместат уште 400-500 верници. Посебен простор е обезбеден за капелата, како и за криптата, која се наоѓа под олтарот. Издвоен со еден длабок шлиц од главниот корпус, највисоко во композицијата е поставен еден наклонет прстен со дрворед, како симбол на Христовата круна од трње. Капелата Тамаро, Тичино (1990-1996), е сместена врз доминантна географска позиција на надморска височина од 2000 м, од каде што се пружаат бескрајни визури врз долината на Лугано. Со својата композиција, овој објект претставува едно од најспектакуларните дела на модерната архитектура, чија сила произлегува од моќните форми и од рустичната структура на камената фасада. Под терасата се сместени трем и капела, кои се украсени со фреските на италијанскиот сликар Енцо Кучи. Нивниот уметнички израз е доведен во целосна согласност со спиритуалноста на архитектурата. Марио Бота на уметнички начин ги трансформира традиционалните форми за да ја нагласи спиритуалноста на верските објекти, што е видливо и кај синагогата на Еврејскиот културен центар во Тел Авив (1996-1998). Неговите длабоко осмислени, цврсти и честопати симетрични кубични композиции, обликувани со помош на светлината пленат на прв поглед. Со таквите „монументални“ квалитети, тој победува на значајни меѓународни конкурси. За тоа сведочат објектите на Националната банка во Атина (2008-2009) и Музејот на модерната уметност Бечлер во Шарлот, Калифорнија (2010).

М. Бота. Капелата Тамаро, Тичино.

М. Бота. Музејот на модерната уметност, Сан Франциско

М. Бота. Синагогата на Еврејскиот културен центар, Тел Авив

М. Бота. Музејот на модерната

уметност Бечлер, Шарлот,

Калифорнија

Page 43: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 43

43

рубрика

9 март 2012 ПОРТА3 43

43

Б

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Page 44: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012344

44

рубрика

[email protected]

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Page 45: Porta3 178

фАкТи за СТАДИОН „ЕРНЕСТ ПОЛ“ - Забрже, ПолскаСедишта: 31.643Период на реконструкција: 2011-2013Цена на реконструкција: 47 милиони евраДизајн: Szcześniak - Denier ArchitekciИзведувач: Polimex-Mostostal

9 март 2012 ПОРТА3 45

45

спортски храмови

[email protected]

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

„Хитлеровиот стадион“ со нов изглед Сашо кузмАновски

„ернеСт пол“ - ЗаБрже

Стариот стадион во полскиот град Забрже полека заминува во историјата. До април 2013 година фудбалскиот клуб Гурњик ќе добие нов дом, значително поголем од досегашниот стадион „Ернест Пол“,

кој беше со капацитет од само 7.000 места. Големата реконструкција на првично изградениот фудбалски стадион во далечната 1934 година (стадион „Адолф Хитлер“) почна минатата година. Првата фаза од реконструцијата опфати уривање на постоечките трибини, со што стадионот остана со само една мала трибина за да се искористи периодот на реконструкцијата за настапи на ФК Гурњик. Останаа само 3.500 места за навивачите, а првата фаза опфати изградба на три од четирите нови трибини кои

имаат капацитет од 24.000 места. Откако ќе бидат издигнати овие трибини, ќе се премине кон уривање на постоечката, каде ќе се изгради уште една трибина со капацитет од 8.000 места, со што ќе се дојде до проектираниот капацитет од близу 32.000 места, кои во иднина ќе им бидат на располагање на фудбалските и спортските фанови од Забрже. Последната фаза од проектот опфаќа и изградба на ВИП ложите и новинарските места и кабини. Трибините ќе се издигнуваат на две нивоа, до кои ќе се стигнува по скалила. Покривната конструкција треба да го покрие комплетниот дел на трибинскиот простор, што само дополнително ќе овозможи комодитет за гледачите без разлика на временските услови. На главната трибина каде ќе бидат изградени и ВИП местата, има

и две т.н. ВИП тераси, на кои ќе се излегува до големиот ресторан. Тоа значи дека ВИП гостите ќе имаат можност средбите да ги гледаат седејќи во двата луксузни угостителски објекти кои ќе излегуваат на средишниот дел од главната трибина. Во поттрибинскиот простор на останатите 4 трибини ќе има 7 киосци за храна, како и десетина други трговски објекти. Проектот на новиот стадион „Ернест Пол“ предвидува игралиштето да ги има стандардните димензии според ФИФА стандардите, 105 х 68 метри. Првата фаза од реконструкцијата на овој стадион ѝ е доверена на компанијата „Полимекс-Мостостал“. Периодот на финализирање на изградбата на новиот стадион е 20 месеци. Цената на комплетната реконструкција на стадионот ќе чини бруто 47 милиони евра.

Page 46: Porta3 178

технологии

ПОРТА 9 март 2012346

46

AUTocAd 2013 промовиран на далечниот иСток

Корисни, но не и револуционерни новиниСтратегијата на годишно објавување на верзии трае непрекинато од март 2003 година и одлично функционира со опцијата за претплата која ја воведе Autodesk. Бројни се забелешките на корисниците дека темпото на следење на нови верзии е пребрзо и прескапо, но стратегијата очигледно носи добри финансиски резултати. Трајче сТоЈАнов, дипл.инж.арх.

27-та верзија на Autocad, „баксузната 2013-ка“, виде бел ден и тоа на Далечниот Исток, во земјата на земјотресите и цунамито - Јапонија. Милиони

љубопитни, како мене, немајќи од каде да се дознае што ново носи овогодинешната верзија, се дадовме во проучување на локалниот сајт на Autodesk, и тоа на јапонски. Не дека разбирам јапонски, но Google преку Google Translate ми овозможи колку-толку да се информирам. Кога ќе се замислам, си личам на цајканот кој во кино седи во прв ред за прв да го види филмот. Нема потреба од мака, Autocad 2013 ќе се појави во текот на месецов и сè ќе се дознае. Џабе таинствениот превез. Сепак, кога веќе се намачив, погледнете што ни носи Autocad 2013:

Се шпекулира за нов dwg фајл формат 2013. Како и секој нов dwg фајл формат, така и Autocad 2013 има за цел да го оптимизира фајлот, да стане покомпактен, помал, а апликацијата побрза. Конкретно, што значи овој фајл формат изразен во споредба со фајл форматот Autocad 2010, ќе биде познато подоцна, со официјалното пуштање на апликацијата. Од јапонскиот Autodesk сајт, но и од ретки Youtube видеа, може да се заклучи дека Autocad 2013 ни носи одлични подобрувања на командната линија, која во оваа верзија се чини дека е конечно комплетнa и дека нема што повеќе да се интервенира. Новите генерации проектанти можеби се чудат зошто командната линија воопшто постои во Autocad. Но, со последните интервенции, истата е суптилна, а сепак комплетно функционална. Во Autocad 2013 командната линија е транспарентна по избор, оставајќи на тој начин повеќе простор за прикажување на цртежите. Опциите што се појавуваат при задавање на команди можат да се одберат со кликање на глувчето, додека историјата на употребени команди се појавува низ целиот екран во вид на транспарентен текст. На овој начин, командната линија се враќа на сцената во полн сјај. Слично на апликациите на Microsoft, Autocad 2013 нуди контекстуален преглед на евентуалната употреба на определени команди/операции на објектите. Тоа значи дека додека елементите на цртежот ни се селектирани, со самото преминување на курсорот врз некои команди и опции, ќе можеме да видиме како таа команда/опција би ги променила селектираните објекти.

Page 47: Porta3 178

технологии

9 март 2012 ПОРТА3 47

47

Конечно Autocad 2013 овозможува внес на фајлови креирани во Autodesk Inven-tor. Навистина се изначекавме за ова да стане реалност. Иако Inventor е можеби алатка за машински инженери, сепак секој иноватор во душа ќе го цени овој потег. Autocad 2013 нуди опција за брзо поврзување со Autodesk ® Cloud сервисот, кој е сличен на популарниот Dropbox. Вашите фајлови ќе бидат синхронизирани помеѓу различни уреди и/или корисници во секое време. Нема бегање од социјалните мрежи. Au-tocad 2013 нуди опции за поврзување со Fa-cebook и Twitter. Колку и да не е за верување, сè повеќе апликации ги инкорпорираат социјалните мрежи. Лично, прилично сум скептичен за бенефитот од ваква интеграција во една типична продукциска околина. Воведени се повеќе опции за манипулација на објектите преку т.н. multi-function grip (повеќе функционален фат), кој се активира кога еден објект ќе се селектира. Овие опции, заедно со интервенциите кај командната линија и контекстуалниот преглед, овозможува проектантите да се

сконцентрираат на дизајнот преку поголема интуитивност и заштеда на време.

Останатите новини се однесуваат на: Подобрувања при креирање и манипулација со низи, Шрафирање и едитирање на повеќе шрафури, Користење на “press-pull” опцијата на повеќе селектирани објекти, Можност за екстракција на површинска крива од мрежа или солид, Подобрувања во делот на документацијата, особено при прикажувања на детали и пресеци, Подобрувања во делот на асоцијативните котирања и означувања, Текст опциите во Autocad 2013 се збогатени со опцијата за креирање на прешкртан текст (strike-through text), Можност за брз преглед на ефектите од offset командата без таа да биде извршена, Збогатени алатки за миграција на корисничката околина помеѓу Autocad верзиите, Овозможен директен пристап кон AutoCAD ® WS, Опција за директно принтање на 3д моделот на 3д принтер.

Системските побарувања на Autocad 2013 засега се непознати, но се шпекулира дека оваа верзија на Autocad не го поддржува оперативниот систем Windows Vista, туку единствено Windows XP и Windows 7. Повторно во делот на шпекулациите е и веста дека Autodesk ќе воведе нов ценовен модел на апликациите токму со оваа верзија. Иако е претерано да се коментираат шпекулации, се чини дека и оваа верзија на Аутокад ќе донесе интересни новини. Извинете ме за површните емоции, но скоро 10-ина години, Autodesk строго се придржува до принципот објавување на годишни верзии, при што новините што секоја година го збогатуваат Autocad се корисни, но не и револуционерни. Стратегијата на годишно објавување на верзии трае непрекинато од март 2003 година и одлично функционира со опцијата за претплата која ја воведе Autodesk. Бројни се забелешките на корисниците дека темпото на следење на нови верзии е пребрзо и прескапо, но стратегијата очигледно носи добри финансиски резултати, па Autodesk e лидер на пазарот.Како и да е, месецов очекувајте го Autocad 2013 кај локалните партнери на Autodesk.

Page 48: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012348

48

експерт архитектонСки награди како повод

КОЛКУ чИНИ ПРЕСТИжОТ?Дали 500 евра е соодветен паричен износ со кој ќе се наградат авторите што ќе ја добијат Годишната награда за најдобро реализирано архитектонско дело во земјава? Во Велика Британија наградата најчесто се состои во повелба, која поретко е пропратена со плакета која би требало да се истакне на објектот. На повелбата обично стои името на објектот и името на бирото, но не и на архитектите - автори, така што тие остануваат непознати за пошироката јавност. д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ,

дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Годишната награда за најдобро реализирано архитектонско дело во Република Македонија е една од најреномираните награди за архитектура која се доделува во земјата. Таа има подолга

традиција и особенo значeње со оглед на тоа што нејзин покровител е Претседателот на Република Македонија, кој и присуствува на нејзиното доделување. Манифестацијата традиционално се организира од страна на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а наградата ја спонзорира и доделува Авторската агенција на Македонија. Добитници на последната Годишна награда за најдобро реализирано архитектонско дело во Република Македонија во 2011 година се архитектите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски од проектантското биро „Синдикат студио“, за реализираниот проект Спомен куќа на Тоше Проески, на Гумење во Крушево. Со оваа Годишна награда само се потврдуваат на национално ниво архитектонските вредности на ова веќе

меѓународно признато архитектонско дело, кое претходно го освои првото место во категоријата People's Choice Award на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона. Честитајќи им ги наградите на колегите од „Синдикат студио“, можам само да констатирам дека не се сеќавам која било досега доделена награда да предизвика ваква реакција во јавноста како оваа Годишна награда. Имено, станува збор за написот на авторката Билјана Ангеловска под наслов „Евтина архитектура“ објавен во рубриката „Белешка“ на 6-та страница на печатеното издание на дневникот „Утрински Весник“ од вторник 27 декември 2011 година. Написот помалку несреќно ја дели страницата со поголемите текстови за „Вошки ги јадат праските во Росоман“ и „Дополнителна работа за лекарите само во матичната болница?“, коешто навистина не го отсликува значењето на истиот, но затоа можеби ја отсликува маргинализираната местоположбата на архитектите и архитектурата во Република Македонија. Како тема за својот текст, авторката го користи малиот паричен износ на Годишната награда

за најдобро реализирано архитектонско дело во Република Македонија за 2011 година, и го развива својот аргумент за положбата во која се наоѓаат архитектите и архитектурата во земјата, при што отвора повеќе интересни теми, меѓу кои и:

• Дали 500 евра е соодветен паричен износ со кој ќе се наградат авторите што ќе ја добијат Годишната награда за најдобро реализирано архитектонско дело во земјата?• Во колкава мера архитектурата е одраз на степенот на развој, на културното и на цивилизациското постигнување на земјата?• Дали соодветно се вреднува трудот на архитектите во земјата?• Каква е положбата на архитектите и архитектурата во земјата?• Дали архитектите треба да ги реализираат своите замисли или да ги исполнуваат желбите на своите клиенти?

Со оглед на интересноста и значајноста на темите, веројатно во оваа пригода најдобро е да се разгледа само првата тема која го отвора прашањето: Дали 500 евра е соодветен

Page 49: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 49

49

експерт

паричен износ со кој ќе се наградат авторите што ќе ја добијат Годишната награда за најдобро реализирано архитектонско дело во земјата? Веројатно, како една страна на расправата може да се земе пристапот дека висината на наградата треба да го отсликува квалитетот на делото. Во овој контекст, наградата од 500 евра веројатно не изгледа многу голема, особено доколку таа треба да се подели помеѓу повеќе автори. Во македонски услови наградата е еквивалентна на околу 1,4 просечни македонски нето плати од 348 евра за декември 2011 година (Томиќ, Утрински Весник, 29.02.2012, 17:12). За споредба, а по сеќавање, пред околу пет години приближно истиот износ се доделуваше и на добитниците на Наградата за архитектура „Андреја Дамјанов“, која најчесто се доделува за животно дело и придонес кон архитектурата на награденото лице. Со оглед на тоа што вообичаено добитниците на оваа награда се најискусните и најеминентните архитекти во земјата, веројатно повеќето добитници ја имаат добиено наградата по нивното одење во пензија. Ако се земе предвид дека во тоа време беше практика наградениот архитект сам да си ги подготви, опреми и плати паноата за изложбата, која ја пропратува церемонијата на доделувањето на наградата, веројатно по покривање на овие трошоци би останал уште помал износ од доделената наградата. Освен доколку нема промени во изминатите неколку години, можеби ова сè уште е практика. Гледано од овој аспект, награда од 500 евра за едно архитектонско дело наспроти награда од 500 евра за животно дело, минус трошоците за изложбените паноа, веројатно и износот на Годишната награда не изгледа толку лошо. Притоа, не би требало да се заборави дека Годишната награда за архитектура во голема мера зависи од надворешно спонзорство, со оглед на тоа што годишната членарина на организаторот на наградата (Асоцијацијата на архитектите на Македонија) е околу 1000 денари, и претполагам дека износот на истата и бројот на членовите веројатно не се доволни да ги покријат дури ни трошоците на тековното работење без надворешни спонзорства.Еден подруг пристап кон прашањето би можел да биде поврзан со фактот што награденото дело веќе меѓународно е признато и дека како такво износот на наградата би требало да го рефлектира ова. Дури и размислување на оваа тема веројатно нè води во некоја пожелна насока со оглед на тоа што наградата се доделува за најдобро реализирано дело во земјата. Дали делото меѓународно е признато или не, е нешто што жирито треба да реши

дали ќе го земе предвид или не при изборот, а врз основа на релевантните правилници и други документи. Колку мене ми е познато, целта на наградата не е да даде национално признание за меѓународно призната творба, тука да се оддаде признание на најдоброто од националната продукција. Слично на ова какво и да е размислување на темата, жирито да има право вредноста на наградата да ја одреди според тоа дали делото меѓународно е признато или не, може да ги понесе работите во непосакувани води, каде што можеби некој ќе предложи вредноста на наградата да се приспособи, да речеме, според големината на градот во кој објектот е реализиран,

според бројот на авторите, или пак според тоа кој е клиентот и слично. Кога се доделува награда за реализиран објект најнормално би било да се очекува дека архитектите веќе се наградени за својот вложен труд на проектот преку наплатениот надомест за проектирање. Доколку нешто би требало да биде предмет на разгледување, тоа би било дали вложениот труд на архитектите соодветно е вреднуван во рамките на едно општество, но тоа е веќе посебна тема за некоја друга пригода. Доколку постои желба и потреба за национално признание на колегите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски, кои веројатно се првите македонски архитекти кои добиле светска награда за архитектура, тоа би требало да биде во доменот на органите на државната власт која може да им додедели соодветно одликување, награда или друго признание за постигнатиот резултат и меѓународна афирмација на македонското архитектонско творештво. Вакво нешто е вон доменот на Годишната награда за архитектура на Република Македонија.

„црна вратоврСка“Во изминатите неколку години имав можност да пријавам реализирани архитектонски проекти во Велика Британија и како резултат на тоа да присуствувам на повеќе церемонии за свечено доделување на наградите. Во поголемиот број на случаи пријавувањето на објектите за награда се плаќа, како и присуството на церемонијата што чини 50 до 100 или повеќе евра по лице, при што вообичаено станува збор за свечени вечери со „црна вратоврска“ (black tie). Во најголемиот број на случаи, наградата се состои во повелба која поретко е пропратена со плакета која би требало да се истакне на објектот. На повелбата обично стои името на објектот и името на бирото, но не и на архитектите - автори, така што тие остануваат непознати за пошироката јавност. Ретки се случаите каде што постои слободен пристап до церемонијата за доделување на наградите и тоа е особена вредност, која би требало да се одржи во однос на доделувањето на архитектонските награди во Република Македонија. Од аспект на вредноста на архитектонски награди во Велика Британија, и во исклучително ретките случаи кога се доделува парична награда за архитектура, паричната вредност на наградата е маргинална во однос на престижот и нематеријалната вредност што ги носи. Наградата, пред сè, е надворешно признание за постигнатите резултати во доменот на архитектурата и јавно признат доказ за способноста на бирото што ја има добиено наградата, за тоа дека може да реализира квалитетни објекти од тој вид. Ова е нешто што не може да се плати со пари, со оглед на тоа што отвора можности за идни ангажамни. Од друг аспект, наградите се признание и за клиентите што покажале мудрост и разбирање преку својот ангажман да го помогнат создавањето на објектот, кој претставува трајно материјално добро со потврдени квалитети. Ова е особено важно за оние организации кои се зависни од надворешно спонзорство, за да можат да ги реализираат објектите, бидејќи со секоја добиена награда ја зголемуваат шансата при следното пријавување за спонзорство или приспат до фондови, нивната пријава посериосно да се разгледува врз основа на претходно постигнатиот резултат. За да нема никакво недоразбирање, јас уште еднаш најискрено сакам да им ги честитам добиените награди на колегите Секуловски, Спасеновски и Божиновски, и да им посакам уште поголеми успеси во иднина. Исто така, јас особено сакам да им се заблагодарам што нивните награди овозможија конечно дебатата за состојбата на архитектите, директно, и архитектурата, индиректно, во Република Македонија да навлезе во рамките на јавниот домен. Жалосно е што требаше да го изгубиме Тоше Проески, за преку изградбата на неговата спомен куќа понесени со „ефектот на Тоше Проески“ и белешката на Ангеловска да се отворат за јавна расправа овие суштински прашања за архитектите во земјата.

Page 50: Porta3 178

еко инфо

ПОРТА 9 март 2012350

50

вашингтон

NASA бара алтернативно еколошко горивоВо обид да ги намали трошоците поврзани со одржување и експлоатација, но и да ги направи своите активности еколошки поприфатливи, NASA е во потрага по ново гориво кое ќе го замени токсичниот и корозивен хидразин. Поставен е рок до 30 април, а новото решение веројатно би била некаква горивна смеса од биогорива.

(Green Optimistic)

лукан

пиво без слад: поевтино и поеколошкоИ индустријата за производство на пиво има свој јаглероден отпечаток, кој може значително да се намали доколку од процесот се елиминира сладот, чија подготовка е енергетски интензивна. Компанијата Novozymes North America тврди дека постои и поинаков начин да се добие потребниот ензим (без производство на слад), со што ќе се намали потрошувачката на енергија. Доколку само 10% од пиварниците во светот го прифатат овој концепт, емисијата на CO2 ќе се намали за 350.000 тони, што е еднакво на емисијата на 85.000 возила.

(Green Optimistic)

Софија

Бугарските брани небезбедни?Во Бугарија се испитани вкупно 500 брани, од кои 14 се оценети како потенцијално опасни, изјавил директорот на бугарската енергетска компанија НЕК. Компанијата планира да ја испита техничката состојба на скоро 3000 брани и микробрани на бугарските хидроелектрани. Овие инспекции се поттикнати од неодамнешното пропаѓање на браната на југот на Бугарија, при што како резултат на големата поплава 10 луѓе го загубија животот.

(Новините)

Page 51: Porta3 178

еко инфо

9 март 2012 ПОРТА3 51

51

подготви: Даниела МЛАДЕНОВСКА

лондон

BP се откажува од сончевата енергијаБританскиот нафтен гигант BP објави дека ќе го затвори својот сектор за истражувања на сончевата енергија, и ќе ги прекине сите проекти. Како причина за ваквиот чекор се наведува преголемата конкуренција, како и ниската профитабилност. Затворањето на овој сектор се случува по 40-годишна работа.

(Voice of Russia)

филаделфија

еко цементНаучниците од Drexel University открија нов „зелен“ цемент со користење на индустриски нуспроизвод. Во комбинација со варовникот, традиционално користената суровина, енергијата во процесот на производство е значително намалена, со што овој вид цемент е еколошки поприфатлив од класичниот портланд цемент. Портланд цементот чие производство датира уште од почетокот на 19 век е одговорен за емитување огромни количини на јаглероден диоксид во атмосферата. Новиот цемент е многу сличен со цементот што го користеле старите Римјани пред илјадници години. Тој содржел вулканска пепел, а тоа е доказ за напредната технологија уште од антички времиња.

(Green optimistic)

вашингтон

лифтови кои произведуваат и штедат енергија40% од финалната потрошувачка на енергија во САД се троши во зградите, што чини над 4 милијарди американски долари годишно. Владата се надева на намалување на оваа потрошувачка за 20% до 2020 година, преку енергетски ефикасни концепти за новите згради и реконструкција на постоечките. Во таа насока американската компанија за лифтови дел од ThyssenKrupp, со своето најново решение овозможува значително помала потрошувачка на енергија на лифтовите. При кочењето се акумулира топлинската енергија и се дистрибуира, односно се одведува од постројката, при значително помала енергија за ладење. При мирување лифтот воопшто не користи енергија.

(Green optimistic)

Page 52: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012352

52

екологија

До 2015 година на територијата на Велика Британија ќе се формираат 12 нови области за зачувување на природата, како прв чекор кон новиот начин за конзервација

на дивиот свет во оваа земја, објави деновиве британски „Индепендент“. Новите зони ќе покриваат стотици илјади хектари површина од индустрискиот Јоркшир до мочурливите делови во устието на Темза и шумите и реките на Северен Девон, и ќе претставуваат обновени хабитати и засолништа за дивиот свет, во што ќе се вклучат локалните жители. Како што информира „Индепендент“, британската влада за овој проект до 2015 година ќе одвои вкупно 7,5 милиони фунти. Новите зони нема да бидат обични резервати, туку ќе донесат промена во начинот на кој се спроведува заштитата на дивиот свет во Британија во 21 век. Станува збор за воспоставување коридори на дивиот свет, еколошки мрежи преку кои живиот свет во природниот пејзаж што е прекинат со патишта, населби и други градби, ќе може безбедно да стигне до храна, до вода, до другите единки од својот вид и до засолниште. Според планот, новите 12 еколошки зони ќе ги раководат локалните жители, општините и организациите за заштита на животната средина што биле избрани на јавен повик. Оваа новина во Велика Британија го актуелизира процесот на оформување коридори за дивиот свет попознати како „зелени коридори“, како физички врски меѓу разделените парчиња

од растителните и животинските хабитати, неопходни за зачувување на биодиверзитетот и одржување здрави популации. Еколозите имаат поделени мислења за ваквиот начин на конзервација на дивиот свет, некои имаат позитивни, а некои негативни искуства. Според експертите, коридорот може да се протега бројни километри низ шумски предели кои поврзуваат два национални паркови или да биде мал тунел под меѓудржавен автопат.

Без ваквите врски животните не можат да стигнат до храната, водата, другите единки од видот или до своето засолниште. Растенијата не можат да го разнесуваат нивниот полен и семињата за да одржат здрава популација. Дизајнирањето и формирањето коридори е релативно нова гранка во науката за заштита на животната средина и главно го застапува размислувањето дека зелените коридори треба да се формираат

Според експертите, коридорот може да се протега бројни километри низ шумски предели кои поврзуваат два национални паркови или да биде мал тунел под меѓудржавен автопат. Без ваквите врски животните не можат да стигнат до храната, водата, другите единки од видот или до своето засолниште.

во ерата на урБаниЗацијата

ЗЕлЕНИТЕ корИДорИ СЕ поАкТуЕл НИ Во ЗАшТИТАТА НА ДИВИоТ СВЕТ

Сашо кузмАновски

Page 53: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 53

53

екологија

асиметрично, низ различните хабитати, и да се избегнуваат праволиниски решенија.

да Се одржат еколошките процеСиЗагубата на живеалиштата и фрагментацијата на природниот пејзаж како резултат на човековите активности се главните виновници за загубата на биодиверзитетот. Кога вегетацијата во одредена област ќе се расчисти, се формираат природно изолирани острови кои остануваат помалку или

повеќе отсечени од другите хабитати. Поради тоа многу растителни и животински видови остануваат изолирани, а тоа негативно влијае врз бројноста на популациите. Ваквата новонастаната ситуација ги прекинува еколошките процеси, како што се миграцијата на видовите и циклусот на движење на хранливите материи во природата. Резултатот е загуба на биодиверзитетот и истребување на чувствителните видови. Коридорите играат важна улога во

зачувувањето на биодиверзитетот, но, според некои извори, тие само делумно компензираат за вкупната загуба на хабитатите поради фрагментација на природниот пејзаж. Затоа е важно да се одржи мрежата на зелени коридори низ приватното и државното земјиште во регионите. Како некое општо правило при формирањето на коридорите за дивиот свет, според повеќето извори, е дека колку е коридорот поширок толку подобро. Пошироките коридори придонесуваат за развој на побогат биодиверзитет, трпат помало влијание од околната обработка на земјиштето и придружните ефекти на границите од коридорот (навлегување на предатори). Менаџирањето со еден коридор треба да има цел да ја задржи и подобри постојната вегетација и живеалиштата на дивиот свет и да овозможи еколошките процеси и функцијата на коридор да го имаат својот максимум.Во светот се познати повеќе коридори за живиот свет меѓу кои и:- Пасео Пантера (Средноамерикански биолошки коридор)- Источно Хималајски коридор- Коридорот Кина - Русија за тигри- Европскиот зелен појас (што минува и по границите на нашата земја)- Коридорот Сиџу-Ривак (Индија) за слонови

ЗЕлЕНИТЕ корИДорИ СЕ поАкТуЕл НИ Во ЗАшТИТАТА НА ДИВИоТ СВЕТ

Page 54: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012354

54

хортикултура

пролЕТТА прИСТИГНуВА

Речиси и и да не може да се замисли градина во која нема некои од луковичестите цвеќиња. Тие наоѓаат место во секој агол од дворот, во леите, покрај патеките, покрај

оградата, жардиниерите, малите дрвени гајби, импровизираните садови. Целиот тој колорит и арома ни кажува дека пролетта пристигнува. Луковичестите цвеќиња, кои расцветуваат пред да започне пролетта календарски, како лалиња, нарциси и зумбули се садат преку есента. Животниот такт на овие врсти луковици е таков да не цветаат пред да го поминат периодот на природна стратификација, односно пред да презимат. Тоа е еден вид на природен одбранбен систем со кој тие се заштитуваат од есенско пролистување и процветување, што би било погубно во зимскиот период. Нарцисите и малите луковичести растенија се садат во рана

есен (септември). Лалињата и лилиумите се садат подоцна, сè додека почвата е обработлива. Есенските луковици се садат во специјално обработена почва, со добра дренажа. Најдобра почва за нив е глинеста почва со присуство на песок или перлит. Длабочината на садење на луковиците зависи од самиот вид. Како непишано правило се користи садење на две-три длабочини од висината на луковицата. Така лалињата, зумбулите и нарцисите се садат на длабочина од 15 сантиметри, а ирисот на 10 сантиметри. Растојанието помеѓу две цвеќиња зависи од големината на самите луковици. Кај оние видови со поголеми луковици растојанието треба да е два пати од големината на луковицата, а кај помалите два до три пати. Доколку повторно сте изумиле да го сторите тоа оваа есен, ставете го овој број на Порта3 во шпајзот со есенска облека, а цвеќињата набавете ги во локалните цвеќари

или посветете се на садење на пролетните луковици (далии, амарилиси, глоксинии, кринови)

кокиче (Galanthus nivalis)Потеклото му е од Јужна Европа и Мала Азија. Успева на глинесто-хумусна земја. Се размножува со луковиците што се вадат од почвата после сушењето на ливчињата (месец јуни) и се чуваат на суво место. Луковиците се садат септември-октомври на постојаното место на длабочина од 5-10 см, каде што ќе опстанат во наредните неколку години. Кокичето е најраното пролетно цвеќе со виснат цвет, кој се отвора под снегот. Тоа е едно од омилените цвеќиња на луѓето уште од древни времиња. Според некои преданија, кога Адам и Ева биле прогонети од Рајот врнело снег. Ева не била само очајна, што по нивна вина биле избркани од Божјите цветни

филип филипоски, дипл.шум.инж.

Narcissus sp.

Tulipa sp.

Page 55: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 55

55

хортикултура

градини каде што царувала вечната пролет, туку страдала и од голем студ. За да ја окуражи, се појавил ангел и снегулките ги претворил во прекрасни бели цветчиња - кокичиња. Така кокичето станало цвеќе на надежта.

лале (Tulipa sp.)Лалето како и кокичето е многугодишен луковичест вид. Интересно е тоа што латинското име произлегува од цветот, кој има форма на турбан, на персиски toliban. Овој род вклучува околу 150 видови растенија, природно распространети во Јужна Европа, Северна Африка и Блискиот Исток. Постојат голем број на видови и вариетети во најразлични бои на цветот, како еднобојни така и во две и повеќе бои. Во Западна Европа прв ги донел познатиот австриски ботаничар Каролус Клусиус. Тие стануваат вистински хит во Холандија, а со текот на времето, поради одличните климатски и почвени карактеристики со кои располага оваа земја, станува и најголем прозиводител на лалиња во светот по што често ја нарекуваат и „Земјата на лалињата“. Самиот факт што во Алсмер, Холандија се наоѓа и најголемата аукциска куќа за продажба на цвеќе, каде што на годишно ниво

се продаваат и преку 50 милиони садници, а само за 8 Март и Свети Валентин се продаваат преку 17 милиони садници, говори од какво значење е лалето за Холандија. За големината на оваа аукциска куќа говори и фактот што таа е четврти објект по големина во светот со 990.000 m².

ЗумБул (Hyacinthus)Зумбулот е повеќегодишо, монокотиледонско, луковичесто растение од фамилијата Hyacinthaceae. Природниот ареал му се распространува во Мала Азија, Јужна Азија, делови од Иран, Израел, Сирија. На своите природни месторастења се среќава на надморска височина од 1700 метри. Благодарение на генетиката, денеска постојат голем број вариетети на овој вид, кои главно се разликуваат по бојата. Тој наоѓа голема примена во голем број светски култури. Така, латинското име на родот му е дадено по ликот од грчката митологија Хијакинт. Во македонскиот јазик, името веројатно е преземено од турскиот „sumbul“. Во Иран се користи како декорација за време на дочекот на Персиската нова година. Во еден од најпознатите свои говори, пророкот Мухамед ќе каже: „Да имам два

леба, би продал еден за да купам зумбули, бидејќи тие можат да ми ја нахранат душата“.

нарциС (Narcissus sp.)Нарцисот е дел од фамилијата кокичиња, распространети во регионите со умерена клима во Централна и Западна Европа, Западна Азија и Северна Африка. Овој вид има голем број вариетети. Луковиците од овој вид се садат во втората половина од септември, а цвета од март до мај. Легендата за овој вид вели дека Нарцис бил многу убав маж, син на богот на реките Кефис. Еден ден кај нив пристигнал еден пророк кој му рекол дека неговото дете ќе достигне длабока старост, но под услов никогаш да не си го види лицето. Со текот на времето Нарцис израснал и се развил во прекрасен маж, на кој девојките од тоа време не можеле да му одолеат и се обидувале на секаков начин да му го освојат срцето. Кога во него се вљубила нимфата Ехо, еден љубоморен хервиум го наговорил Нарцис да си го види својот лик во бистрата вода. Тогаш Нарцис умрел, а на самото место никнале прекрасни цветови во бела и жолта боја, кои денес ги нарекуваме нарциси.

Galanthus nivalis

Hyacinthus

Page 56: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012356

56

арт инфо

крапина

За две години музејот на крапински неандерталци го посетија 270.000 луѓеЗа две години, колку што е отворен, Музејот на крапински неандерталци во Крапина го посетиле 270.000 посетители, со што според посетите на музеите во повеќемилионските европски метрополи, овој музеј воопшто не заостанува. Жељко Ковачиќ, еден од основачите, на прославата на двегодишнината од основањето на музејот, изјави дека посетеноста е десет пати поголема од онаа на Музејот на современа уметност во Загреб. Исто така, според неговите зборови, за да се задржи привлечноста на музејот во однос на посетеноста, се планира да се изгради праисториски парк, кој ќе може да се посетува во текот на целиот ден.

лондон

галерии заеднички купуваат слика од тицијан Британската Национална галерија и Националната галерија на Шкотска соопштија дека заедно собрале 45 милиони фунти за да купат уметничко дело од славниот Тицијан. Станува збор за сликата „Дијана и Калисто“ насликана во 1556-1559 година, а која веќе два века е дел од приватна колекција.

Делото во 1798 година е донесено во Британија и е прогласено за дел од приватната колекција на Војводата од Сатерленд. Господинот, кој денес е носител на таа титула, во 2008 година ја понудил сликата на галериите, кои со поддршка на владата ја покренале кампањата за собирање пари за нејзино купување. Сликата ќе биде изложена заедно со сликата „Дијана и Актеон“, што двете галерии ја купиле во 2008 година.

њујорк

ретроспектива на шерман во момаРетроспективна изложба по повод 35 години творештво на славната американска уметница Синди Шерман е отворена во Музејот на современата уметност (МоМА) во Њујорк. На изложбата се поставени 170 дела, кои најмногу придонеле за нејзината популарност на уметничката сцена. Претставени се серија од црно-бели фотографии инспирирани од Холивуд во периодот 1960 - 1970 година и од европските уметнички филмови. Синди Шерман е една од највлијателните уметници во фотографската уметност. На голем дел од фотографиите самата е модел, претставувајќи се во улоги кои предизвикуваат лавина реакции кај луѓето – таа е богата домаќинка навлечена на валиум од „Парк авенија“, холивудска ѕвезда, жртва на убиства...

Page 57: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 57

57

арт инфо

Скопје

„не ги затворај очите“Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, е поставена изложба на Елизабета Аврамовска, Дијана Томиќ-Радевска и Вана Урошевиќ под наслов „Не ги затворај очите“. Изложбата презентира три различни авторски начини на толкување на сегашноста преку директно или индиректно реферирање на примери од историјата на уметноста, како и од историјата на културата воопшто. Било да станува збор за циничен или амбивалентен однос кон дадениот концепт, проектирајќи свои модели на комуникација на дадени дела, теми и концепти од минатото, трите авторки создаваат дијалог со актуелни моменти и вредности од современието.

Скопје

„член 1“ во чифте амамВо Чифте Амам (Национална галерија на Македонија) во тек е патувачката ЛГБТ изложба „Член први“. Станува збор за изложба на неколку музеи во Шведска, која нуди преглед на историскиот и современиот живот на ЛГБТ лицата. Изложбата прво била поставена во Стокхолм за време на „Европрајд“, во 2008 година. Изложбата е сочинета од неколку помали изложбени дела, секое од нив произведено од различните музеи. Секој дел раскажува различна приказна, која има заеднички предмет - ЛГБТ историјата. Со свој материјал на неа учествуваат шведските музеи: „Нобел“, Полициски музеј, Национален музеј на технологија и наука, Музеј на армијата, Национален музеј на антиквитети и Музеј на спортови. Изложбата е во организација на “The Unstraight Museum”. Покрај шведската изложба, сместени се и други две поставки „Сексуалноста на архивата“ и „Емоционална архива на нехетеросексуалните искуства во Македонија“, ко-курирани од Славчо Димитров и Велимир Жерновски. Изложбата е отворена до 15 март.

Скопје

игор тошевски во мСу„Љубовта неразбирлива, секој проклет миг“ е насловот на самостојната изложба на Игор Тошевски отворена во Музејот на современата уметност. Куратор на поставката е Мира Гаќина од МСУ, која посочува дека со оваа најнова изложба Тошевски го фокусира своето внимание врз глобалните социјални (де)формации и нивното влијание врз интегритетот на индивидуата. Kомплексниот пејзаж на инсталацијата вклучува форма на интерактивност, водејќи го гледачот низ внимателно контролираната композиција. Игор Тошевски уште од почетокот на своето творештво, преку своите дела ја документира радикалната трансформација на општествените врски и односи кај нас, односно тој е окупиран со тековите на социјалните промени. Изложбата ќе биде поставена во МСУ еден месец.

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Page 58: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012358

58

арт и дизајн

ШЕСТ ЕДУКАТИВНИ ИНСТАЛАЦИИ

Градскиот парк во Скопје, најпосетената рекреативна зона во градот, неодамна во рамки на својата просторна матрица вдоми шест едукативни скулптури. Станува збор за просторни инсталации поставени во првиот

дел на паркот, изведени согласно проектот за партерно уредување и опрема. Инсталациите се тематски поделени во две групи: „Човекот и неговиот простор“ и „Во светот на детските фантазии“. Просторната диспозиција на шесте точки во рамки на зелената површина во паркот е реализирана со особено внимание, така што нема доминантен елемент од целината туку напротив, секоја инсталација срамежливо го населува својот сегмент од паркот. Артикулацијата на овие инсталации во ткивото на паркот, каде што одамна немало урбана интервенција, во голема мера придонесува за негово оплеменување. Главна естетска карактеристика, која ги оживува овие тродимензионални парчиња

органски материјал, е графичката интервенција, инаку дело на Марјан Димиќ, апсолвент на Архитектонскиот факултет во Скопје. Секоја од едукативните инсталации е изработена според тематика од детските бајки, и воедно поседува индивидуални технички карактеристики.

алиСа во Земјата на чудата Оваа инсталација е изработена според истоимената новела. Безвременска, глобално позната приказна, која изобилува со силно дејство кое не ги остава рамнодушни ниту децата ниту нивните родители. Материјализацијата на оваа приказна е претставена со прикажување на впечатлива сцена од светот на Алиса. Се работи за колонија од печурки, над која се поставени главните јунаци на новелата. Просторната инсталација е дводимензионална, изработена од ласерски моделиран лим. Во подножјето на печурките, стеблото се извиткува и формира место за седење. Целата композиција е поставена на кружен постамент од бела ризла, кој е во

рамнина на употребената површина на паркот.

волшеБникот од оЗПредлогот за оваа просторна инсталација, исто така, е инспириран од истоимената новела, безвременска класика, популарна кај секоја генерација. Во центарот на вниманието е малата Дороти, која талка низ земјата на Оз. Едукативната просторна инсталација е обид да се презентираат највпечатливите аспекти на патувањето, односно сцената што постојано се повторува - дворецот на волшебникот што се наоѓа некаде на хоризонтот, како и жолтиот пат од тули кој води до него. Просторната инсталација е составена од неколку сегменти: кружен постамент, врз кој се поставени вертикални дрвени балвани помеѓу кои може да се помине или престојува, патека која води кон постаментот изработена од дрвени даски обоени во жолта боја, скулптура на железниот војник, која се наоѓа веднаш покрај пристапната патека, и секако, чевличките на Дороти, преку кои индиректно се насетува нејзиното присуство.

Андреа ЈАмАкоскА и Анастасија николовскА, студенти на Архитектонски факултет при УКИМ

локација: Градски парк, Скопјеавтори: SCArS + ARHITEKTRIфотографии: Никола Јакимов

Page 59: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 59

59

арт и дизајн

пинокиоЕдна од најатрактивните детски приказни е токму Пинокио, па затоа оваа скулптура има за цел на децата да им овозможи преку реалистичен приказ да станат дел од една култна сцена кога палавиот Пинокио ќе се најде во устата на китот. Просторната инсталација е составена од три сегменти. Кружен постамент од бела ризла кој го симболизира долниот дел од устата на китот, од каде во форма на четириаголни дрвени призми никнуваат забите на китот. Горниот дел на устата е претставен преку челична конструкција во повеќе нијанси на сина боја кои формираат полукалота. Во десниот агол на устата е поставена мала дводимензионална скулптура на Пинокио. Телото на китот продолжува зад устата каде се формира неговата опашка, повторно потенцирана со бела ризла, по што се добива впечаток дека китот плови по површината на паркот.

неСиЧудовиштето од езерото Лох Нес во Шкотска, познато како Неси, претставува мит за постоењето на биолошка единка, која е во врска со видовите од далечното минато на планетата Земја. Од тој аспект, просторната инсталација е обид да се портретира ова митско животно со чие постоење, односно непостоење се обземени многу генерации на истражувачи на биолошкиот простор. Просторната инсталација во целост е изработена од дрво, и таа на многу питом начин се вклопува во пејзажот на паркот. Оваа структура функционално овозможува седење, лежење и одење.

тотемПросторната инсталација во форма на Тотем, има за цел да го отвори прашањето на една многу богата култура, односно култ кон симболичкото означување на просторот. Формирана е од дрвени балвани со квадратен пресек и со едноставен кубичен габарит, кои се поставуваат еден покрај друг во ортогонален систем на редење, во неколку вертикални слоеви. Единствените вертикални елементи, кои излегуваат од композицијата, се насликани со впечатливи бои, ликовно претставувајќи глави од ендемски птици како був и орел.

кСилофонИмајќи предвид дека нашиот престој во физичкиот простор во голема мерка е престој во светот на звуците, едукативната просторна инсталација ја експлоатира идејата што секој посетител, во зависност од своето движење по инсталацијата, може да учествува во произведувањето на звуци. Во тој контекст, ксилофонот претставува систем од метални плочи со различни димензии, поставени врз две потпори чие заемно растојание го условува производството на одредени тонови. Просторната инсталација е сместена во непосредна близина на пешачката патека, што ја чини лесно достапна од аспект на пристапност.

Page 60: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012360

60

занимливости

Horst Glasker е германски уметник и академски професор, кој се занимава со скулптура, сликарство, архитектура и разни видови на перформанси. Едно од неговите несекојдневни дела се 112 скали во Вупертал, Германија. Овие скали, пред да ги допре креативната рака на Glasker, биле обични, непривлечни за очите на минувачите, кои иако ги користеле, не им придавале особено значење. Сега

скалите се обоени во јаки бои и на секоја скала е впишан различен збор на германски јазик. Интересно е значењето на секој од впишаните зборови, кое претставува начин на кој луѓето се чувствуваат, како и различните емоции кои ги изразуваат при заемните односи. Овој многу едноставен, а интересен зафат, освен што ги разубавува скалите и нивната околина, позитивно влијае и на расположението на минувачите, а најважно - пренесува моќна порака.Постојат девет групи на скали, со различно значење на секоја скала посебно:

Колоритни и чувствителни скалиАлександра пеТровскА,

дипл.инж.арх

I. група Скали:1. Скала = Да се прости2. Скала = Да се покае3. Скала = Да се заштити4. Скала = Да се слави5. Скала = Чест6. Скала = Семејство7. Скала = Да се заплаши8. Скала = Страв9. Скала = Невиност10. Скала = Татковина11. Скала = Да се умилкува12. Скала = Да се топли13. Скала = Мајка14. Скала = Да се движи 15. Скала = Среќа

II. група Скали:16. Скала = Агресивно17. Скала = Причина18. Скала = Мирно19. Скала = Радост20. Скала = Да се смири21. Скала = Забрана22. Скала = Да се вооружи23. Скала = Да се спротивстави24. Скала = Бес25. Скала = Ентузијазам26. Скала = Брат27. Скала = Блискост28. Скала = Искреност29. Скала = Да се смее30. Скала = Да се зборува

III. група Скали:31. Скала = Внимание32. Скала = Претпазливост33. Скала = Да лежи34. Скала = Да предупреди35. Скала = Да збуни36. Скала = Траума37. Скала = Потресено38. Скала = Навредено39. Скала = Самоконтрола40. Скала = Жалба41. Скала = Завист42. Скала = Гнев43. Скала = Злоупотреба44. Скала = Закана45. Скала = Нечесно

IV. група Скали:46. Скала = Љубов47. Скала = Нераздвојно48. Скала = Да заведе49. Скала = Да копнее50. Скала = Да се заљуби51. Скала = Сочувство52. Скала = Да танцува53. Скала = Бакнување рака54. Скала = Обожавател55. Скала = Темпераментно56. Скала = Да го полазат морници57. Скала = Страст58. Скала = Атрактивно59. Скала = Да се развива60. Скала = Да овозможи

Page 61: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 61

61

занимливости

скалите се обоени во јаки бои и на секоја скала е впишан различен збор на германски јазик. Интересно е значењето на секој од впишаните зборови, кое претставува начин на кој луѓето се чувствуваат, како и различните емоции кои ги изразуваат при заемните односи. Овој многу едноставен, а интересен зафат, освен што ги разубавува скалите и нивната околина, позитивно влијае и на расположението на минувачите, а најважно - пренесува моќна порака.Постојат девет групи на скали, со различно значење на секоја скала посебно:

V. група Скали:61. Скала = Да напушти62. Скала = Разочарување63. Скала = Очајно64. Скала = Да плаче65. Скала = Да мрази66. Скала = Краток спој67. Скала = Сомнение68. Скала = Паника69. Скала = Љубовна болка70. Скала = Одбрана71. Скала = Љубомора

VI. група Скали:72. Скала = Достоинство73. Скала = Непоколебливост

74. Скала = Верност75. Скала = Длабочина76. Скала = Прекрасно77. Скала = Квалитетно78. Скала = Да се разјасни79. Скала = Да се надмине80. Скала = Да се помогне81. Скала = Издржливост

VII. група Скали:82. Скала = Вина83. Скала = Солзи84. Скала = Одмазда85. Скала = Да се пати86. Скала = Погрешна мисла87. Скала = Тишина

88. Скала = Злоупотреба89. Скала = Обвинува90. Скала = Страв91. Скала = Терор

VIII. група Скали:92. Скала = Мир93. Скала = Надеж94. Скала = Почит 95. Скала = Доверба96. Скала = Лекување97. Скала = Сеќавање98. Скала = Разбирање99. Скала = Инспекција100. Скала = Милост101. Скала = Да се засрами

IX. група Скали:102. Скала = Храброст103. Скала = Ширина104. Скала = Значење105. Скала = Однос106. Скала = Чест107. Скала = Тишина108. Скала = Слобода109. Скала = Верба110. Скала = Благодарност111. Скала = Честитка112. Скала = Да се восхитуваАко некогаш ве однесе патот до оваа германска улица, не постои начин на кој би одолеале да не прошетате по овие шарени и „чувствителни“ скали.

Page 62: Porta3 178

совети

ПОРТА 9 март 2012362

62

ЗЕлЕНА прЕГрАДАРедовно ја читам рубриката „Совети“ како и магазинот „Порта3“. Ве молам помогнете ми да го решам мојот проблем. Дневната соба во станот е споена со кујната. Димензиите се 4,1х6,1м. Кога седиш во дневната соба, како да си во кујна, нема интима. Кујната е прилично голема – од еден до друг крај. Мислам дека не е паметно да ја преправам кујната. Што мислите, дали, колкава и каква преграда би одговарала за да се оддели барем визуелно дел од кујната.

Сашо, Скопје

Фотографиите од станот што ми ги испративте многу ми помогнаа. Во убаво уредениот дом забележав маска за радијатор која ми даде идеја за преградата што ја барате. Бидејќи каков било ѕид или пулт меѓу кујната и трпезаријата би го намалил и затемнил просторот, во предвид доаѓа полутранспарентна преграда која ќе ја задскрива кујната, а нема да го наруши просторот на дневната соба. Сметам дека на 90 см од кујнските елементи може да се постави параванот (во

должина на трпезариската маса) со изглед како маската за радијатор (летвички на растојание). Во моментов е тренд креирање на зелени оази (цели ѕидови) интегрирани во домот. Инспирирани од ова, збогатете ја преградата со многу зеленило.Доколку сте уметнички расположени, параванот направете го од ковано железо и боен лим кроен по шаблон. Мотивот може да биде од морските длабочини или нешто апстрактно. Секако, таванското халогено осветлување ќе даде посебен впечаток.

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

изглед 1

изглед 2

Page 63: Porta3 178

најчудни градби

9 март 2012 ПОРТА3 63

63

Постојат многу плоштади кои се вистински предизвик за луѓето, место за одмор, рекреација, фалење, љубопитност. Австралиската

метропола Мелбурн го има најинтересниот и најчудниот плоштад. Наместо пространа површина предодредена за големи настани, т.н. Плоштад на Федерацијата или скратено Фед Сквер е навистина нешто интересно. Изграден е во 2002 година на површина од 3,2 хектари, како еден вид на спој меѓу две клучни локации на Мелбурн. Од една страна е плоштадот Свети Павле, а од друга страна т.н. Атриум. Иако според дефиниција пишуваме за најчудни градби, и очекуваме тие да се убави, сепак овој плоштад, кој имал посета од над 8 милиона луѓе и тоа претежно странци во 2011 година, се смета за една од најгрдите градби на Австралија. Најчудно од сè, е што иако знаеле дека градат нешто што однапред било осудено на критика и пораз, властите продолжиле со изградба. Не им пречело што и кралицата се откажала од отворање и што немало никаква помпезност за ставањето во функција на споменатата содржина.Можеби суштината лежи во фактот што градските власти уште од 60-тите години на минатиот век мечтаеле за сеопфатна, важна јавна површина на која луѓето ќе имаат отворен пристап, па од силната желба направиле грешка во 90-тите години кога овој простор бил буквално мизерно уреден, за во 1997 година, новиот развоен концепт да се покаже како дополнително разочарување, а не вистинско решение. Всушност, самата хронологија на настаните вели дека се направени многу пропусти. Планот датира од 1997 год. во времето на премиерот Џеф Кенет кој објавил натпревар за нов дизајн на плоштадот. Пристигнале дури 170 идеи. Иако имало звучни австралиски имиња како Дентон Коркер Маршал или Ештон Регат Мекдагуел, избрано е идејното решение на „Лаб Архитект студиос“ чија вредност била помеѓу 110 и 120 милиони австралиски

долари. Основна намена на проектот е да ги поврзе плоштадот Свети Павле и Атриумот и да претставува културно-цивилна зона. За да го привлечат вниманието, идејата е спроведена во дело, па на Фед сквер бил поставен и џиновски ТВ екран (во стилот на Тајмс Сквер во Њујорк) со цел јавно гледање на важни настани. Врв на незадоволството е кога дизајнерот урнал знаменитост која граѓаните многу ја сакале. Околностите доведуваат до тоа, промената на власта да донесе измена на дизајнот и дополнување на плановите. Цената на трошоците отишла до небо, значително се промениле содржините, па наместо плоштад, дизајнот наликувал на трговски центар, со значително кратење на просторот за шетање. Кога се собрало сè, од 1997 до 2002, проектот лапнал „скромни“ 467 милиони долари. Клучниот пробив сепак бил по 2000 год., кога се подигнати објектите што се оценети како типични структури во деконструктивен стил, со немодерни минимилистички форми исплеткани со геометриски и аголни содржини. Сите овие „малери“ влијаеле на тоа, отворањето да помине неславно, иако на 1 јануари 2001 год., Австралија одбележувала голем јубилеј од обединувањето, а самиот плоштад носел име „Федерациски“. Тоа не го намалило задоволството, туку напротив предизвикало уште толку горчина која кулминирала во 2009 година кога „Виртуал турист“ го прогласила плоштадот за петта најгрда структура во светот. И денес, плоштадот не ја задоволува намената за која толку многу се размислувало, да биде место за собир, дружење и угледна јавна површина. Останува празен, а единствениот масовен собир пред големиот екран бил настапот на Австралија на последното фудбалско светско првенство. Во меѓувреме, плоштадот го посетуваат само љубопитните што случајно прочитале за него. Но мора да се признае, не се малку. Како што напоменавме...8 милиони само во 2011 година.

плоштад на обединување во мелбурн Драган рисТов

Page 64: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012364

64

подготви: Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА, дипл.инж.арх.

излог

1. Комода dino од Eric Jourdan

2. Брачен кревет од caccaro

3. Масички од Miniforms

1

4

2

IMM coLoGNE 2012

Page 65: Porta3 178

9 март 2012 ПОРТА3 65

65

излог

4. Плафонски лустер од Mantra

5. Столици од Quinze&Milan

6. Трпезариска маса од campeggi

5

6

3

Page 66: Porta3 178

ПОРТА 9 март 2012366

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 23/2012

ОДЛУКАЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

ВО ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА ГРАДБА НА

ОБЈЕКТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС – ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ

ОДЛУКАЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА,

СЕПАРИРАНА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА СО ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА И СТАНБЕНИ

УЛИЦИ ВО ВИКЕНД ЗОНАТА ВРШНИК ВО ОПШТИНА КРУШЕВО И ИЗГРАДБА НА

СИСТЕМ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ЗА ДЕЛ ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО ОПШТИНА СОПИШТЕ – РЕГИОНАЛЕН

ВОДОВОД ПАТИШКА РЕКА

ОДЛУКАЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ЗА

ИЗГРАДБА/РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МОСТОВИ ВО ОПШТИНИТЕ ГРАДСКО, КРАТОВО И ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО

ПРАВИЛНИКЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА

НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ИЗНОСОТ НА СРЕДСТВАТА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ,

СОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕСМЕТКИТЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕСМЕТКИТЕ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

– УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

ОБЈАВА БРОЈ 1 (16.02.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И

УСЛУЖЕН ЦЕНТАР ЦО ОПШТИНА ВЕЛЕС

ОБЈАВА БРОЈ 2 (16.02.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И

УСЛУЖЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 07-03/2012Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:1.Истражување и изработка на техничко решение за санација на свлечиште и потенцијално нестабилна зона на патниот правец Р2235, Делница Маврови Анови – с. Маврово. 2. Истражување и изработка на техничко решение за санација на потенцијално нестабилна зона на локалитет пред с. Ботун на магистралниот пат А2, Делница Требеништа – Кичево. 3. Истражување и изработка на техничко решение за санација на потенцијално нестабилна зона на локалитет Тасева Чешма на магистралниот пат А2, Делница Кичево – Требеништа. 4. Истражување и изработка на техничко решение за санација на потенцијално нестабилна зона на локалитет пред превојот Буково на магистралниот пат А2, Делница Охрид – Ресен.Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 02.04.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 26/2012

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01-25/2012Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:- Геомеханичка анализа за стабилноста на косините на откопните блокови со теренска проспекција, во рудниците во РЕК Битола – Анализа за стабилноста и носивост на карактеристични профили без теренска проспекција – дополнителен извештај, во рудниците во РЕК Битола.Контакт тел/факс: 02 3149-155, 02 3111-309, лице за контакт: Славица Хаџимишева.Јавно отворање на понудите на ден 02.04.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 27/2012

ОГЛАСЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА

ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 09/2012Назив на договорниот орган:Општина Гевгелија, ул. “Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија.ПРЕДМЕТ:Изработка на идејно архитектонско решение за уредување на градскиот плоштад во центарот на Гевгелија, со подземни гаражи.Контакт тел/факс: 034 213-843, 034 213-899, лице за контакт: Митко Дојчинов.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 23.03.2012 год.

БРОЈ: 07/2012Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проекти за реконструкција на основни и средни училишта во Република Македонија.Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски.Јавно отворање на понудите на ден 12.04.2012 год.

БРОЈ: 14-39/2012Назив на договорниот орган:Општина Битола, Булевар 1 Мај 61, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација и ревизија на проектна документација за пооделни видови на градби.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден 02.04.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 28/2012

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 34/2012Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинден“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на Градот Скопје на Плоштад Македонија, деловен објект (Сити Галери) со адреса на ул. “11-ти Октомври“ бр. 1 и деловен објект (Стар Метропол) со адреса на ул. “11-ти Октомври“ бр. 1.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 30.03.2012 год.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 07/2012Назив на договорниот орган:Општина Боговиње, с. Боговиње, 1220, Тетово.ПРЕДМЕТ:Склучување на рамковна спогодба за изработка на техничка документација (проектирање) за потребите на општина Боговиње.Контакт тел/факс: 044 371-500, 044 373-667, лице за контакт: Лирим Абдили.Јавно отворање на понудите на ден 15.03.2012 год.

БРОЈ: 08/2012Назив на договорниот орган:Општина Боговиње, с. Боговиње, 1220, Тетово.ПРЕДМЕТ:Склучување на рамковна спогодба за изработка на урбанистички планови.Контакт тел/факс: 044 371-500, 044 373-667, лице за контакт: Лирим Абдили.Јавно отворање на понудите на ден 15.03.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 30/2012

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 05/2012Назив на договорниот орган:Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Бул. “Партизански одреди“ бр. 2, П. Фах 311, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изготвување на проектна документација

за ТИРЗ Струга во и надвор од зоната.Контакт тел/факс: 02 3111-166, 02 3104-642, лице за контакт: Нина Поповиќ.Јавно отворање на понудите на ден 21.03.2012 год.

БРОЈ: 4/2012Назив на договорниот орган:Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бб, 1430, Кавадарци.ПРЕДМЕТ:Набавка на услуги за изработка на урбанистички планови.Контакт тел/факс: 043 416-107, 043 400-216, лице за контакт: Елена Трајкова.Јавно отворање на понудите на ден 02.03.2012 год.

БРОЈ: 06/2012Назив на договорниот орган:Општина Велес, ул. “Панко Брашнар“ бр. 1, 1400, Велес.ПРЕДМЕТ:Изградба, реконструкција и санација на објекти од високоградба.Контакт тел/факс: 043 232-406, 043 232-966, лице за контакт: Пенчо Јаневски.Јавно отворање на понудите на ден 19.03.2012 год.

БРОЈ: 01/2012Назив на договорниот орган:Радовиш – орган на општината, бул. “Александар Македонски“ бб, 2420, Радовиш.ПРЕДМЕТ:Изградба на армирано-бетонски патен мост на Ињевска река во село Ињево – Општина Радовиш.Контакт тел/факс: 032 635-098, 032 630-290, лице за контакт: Елизабета Кирилиева.Јавно отворање на понудите на ден 23.03.2012 год.

БРОЈ: 01/2012Назив на договорниот орган:Општина Градско, “Маршал Тито“ бр. 70/а, 1420, Градско.ПРЕДМЕТ:Санација – зајакнување на А.Б. мост на река Вардар на локален пат Градско – с. Ногаевци.Контакт тел/факс: 042 251-253, 043 252-856, лице за контакт: Ацо Здравевски.Јавно отворање на понудите на ден 20.03.2012 год.

Page 67: Porta3 178

ГРАДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 165

/ П

ЕТО

К 09

.09.

2011

годи

на V

II

ДВЕ

ЛИЦА НА

УРБАНАТА ОБНОВА!

АЕРОДРОМОТ

„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

СО НОВ ЛИК

ПРВА КУЌА

ОД БРОДСКИ

КОНТЕЈНЕРИ

ВО МАКЕДОНИЈА

Неповторлив амбиент

под златниот врв

АДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈ

ЕКОЛОГИЈ

ЕК

А

ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11 го

дина

VII

АЕРОДРОМОТ

„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

ГРАДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

8 / П

ЕТО

К 21

.10.

2011

год

ина

VII

Шарената џамија ќе се

зачува за идните генерации

Претходниот Закон за

градење во некои одредби

е подобар од сегашниот

Преку јазикот

на просторот,

светлината и

геометријата

комуницирам

со публиката

БРИТАНСКИТЕ

АРХИТЕКТИ ЌЕ

СЕ ЕДУЦИРААТ

СПОРЕД НОВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА

ПРОГРАМА

Марио Бота

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11

ГРАДЕЖНИШТВОГРАДЕЖНИШТВОГРАРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈЕКОЛОГИЈЕК А

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

8 / П

ЕТО

К 21

.10.

2011

год

ина

VII

Шарената џамија ќе се

зачува за идните генерации

Претходниот Закон за

градење во некои одредби

Преку јазикот

на просторот,

светлината и

геометријата

комуницирам

со публиката

БРИТАНСКИТЕ

АРХИТЕКТИ ЌЕ

СЕ ЕДУЦИРААТ

СПОРЕД НОВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА

ПРОГРАМА

Марио БотаМарио БотаМарио Бота

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИпроф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

9 / П

ЕТО

К 04

.11.

2011

годи

на V

II

НОВАТА СОБРАНИСКА КУПОЛА - ПРВЕНЕЦ ВО ДРЖАВАТА

„ЛИНА“ - ЗАСОЛНИШТЕ ОД ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ

МИМОЗА НЕСТОРОВА ТОМИЌ, ЛАУЕРАТ НА НАГРАДАТА

„АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2011

800

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

СОРАБОТУВАЈ

ПРЕТПЛАТИ

СЕ!

годишна п

ретплатаПИШУВАЈ

денари

промотивна цена за студенти 800ДЕН.

уплати на:жиро сметка: 300000001995035Комерцијална банка АД Скопје

за повеќе информации

02 3109 [email protected] www.porta3.com.mk

Соработувајте со Порта3 - претставете ги вашите проекти, размислувања, дизајни, иновации, интерни настани...

Ве очекуваме!

www.porta3.com.mk

Page 68: Porta3 178