УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК Лилјана Билјановска ВОВЕДНИОТ ПАРАГРАФ ВО ПИСМЕНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ГО ИЗУЧУВААТ АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК МАГИСТЕРСКИ ТРУД
164
Embed
pfbt.uklo.edu.mkpfbt.uklo.edu.mk/Liljana Biljanovska rabotna verzija.doc · Web viewТој е примарниот јазик во печатот: каде и да отидете
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС НА
СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Лилјана Билјановска
ВОВЕДНИОТ ПАРАГРАФ ВО ПИСМЕНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ГО ИЗУЧУВААТ АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК
МАГИСТЕРСКИ ТРУД
БИТОЛА, 2019 година
ментор:
доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска
Педагошки факултет
Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
членови на комисијата:
проф. д-р Ирина Петровска
Факултет за Туризам- Охрид
Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
проф. д-р Виолета Јанушева
Педагошки факултет
Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
датум на одбраната: _ _ . _ _ . 2019 година
И З Ј А В А
на студентот
Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував
позитивните законски прописи од областа на заштитата на интелектуалната
сопственост и не користев реченици или делови од трудови на други автори без да ги
почитувам методолошките стандарди. Изјавата ја давам под полна материјална и
кривична одговорност.
изјавил:
_________________________________
Лилјана Билјановска
Содржина
ВОВЕДНИОТ ПАРАГРАФ ВО ПИСМЕНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ГО ИЗУЧУВААТ АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК...........6
ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД...............................................................8
1.9. ЕЛЕМЕНТИ НА АКАДЕМСКИОТ ЕСЕЈ..........................................................43
2. ВОВЕДНИОТ ПАРАГРАФ ВО АКАДЕМСКОТО ПИШУВАЊЕ.....................47
2.1. ВАЖНОСТА НА ВОВЕДНИОТ ПАРАГРАФ ВО АКАДЕМСКОТО ПИШУВАЊЕ........................................................................................................................49
2.4. СОСТАВНИ ДЕЛОВИ И СТРУКТУРА НА ВОВЕДНИОТ ПАРАГРАФ.....57
2.5. РАЗВИВАЊЕ НА ВОВЕДНИОТ ПАРАГРАФ – ИДЕАЛЕН МОДЕЛ..........60
2.6. ПРИМЕРИ ЗА ВОВЕДЕН ПАРАГРАФ...............................................................61
ВТОР ДЕЛ.............................................................................................................................69
3. ЕМПИРИСКО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ВОВЕДНИОТ ПАРАГРАФ ВO ПИСМЕНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ГО ИЗУЧУВААТ АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ..................................................................69
3.1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОЈАВАТА КОЈА СЕ ИСТРАЖУВА...........................69
3.2. МОТИВ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕТО........................................................................69
3.3. ИНСТРУМЕНТИ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ...........................................69
4. МЕТОДИЧКИ ИМПЛИКАЦИИ ВО НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВРЗ ОСНОВА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО..............87
4.1. ЗАСТАПЕНОСТА НА ОВАА ПОЈАВА ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА................................................................................................................................87
4.2. ПРИСТАП НА НАСТАВНИЦИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК КОН ИСТРАЖУВАНАТА ПОЈАВА..........................................................................................98
Воведниот параграф во писменото изразување на учениците кои го изучуваат англискиот јазик како странски јазик
Апстракт:
Главниот предмет кој се издигнува пред научното истражување во рамките на
магистерскиот труд е воведниот параграф во писменото изразување на учениците кои
го изучуваат англискиот јазик како странски јазик. Оваа појава е доста важна бидејќи
писменото изразување е исто толку важно како и говореното. Вештините кои ученикот
треба да ги поседува се исто толку комплексни и напредни како и усвојувањето на
азбуката.
Наставниците имаат важна улога во совладувањето на содржините од
академското пишување за да можат учениците писмено да се изразуваат подеднакво
исто како и говорно. Книгите кои тие ги користат како и додатните материјали кои тие
ги користат се од особена важност бидејќи тие треба да им помогнат да научат, но
треба и да им ја покажат постапката како да стигнат до финалниот производ, кој во
овој случај ќе биде прочитан од поголема публика, не само од наставникот.
Во рамките на магистерскиот труд е спроведена анализа на учебниците од прво
до деветто одделение основно образование и од прва година до четврта година средно
образование и анализа на есеи на ученици од четврта година средно образование.
Заради подетално согледување на состојбата со присутноста на поучување со
содржини од академскот пишување, спроведена е и анкета и интервју со наставниците
по англиски јазик од основно и средно образование со цел да се увидат потешкотиите
со кои се среќаваат учениците во наставниот процес при усовршување на оваа
вештина.
Клучни зборови: академско пишување, есеј, вештини на пишување, англиски јазик
како странски.
THE INTRODUCTORY PARAGRAPH IN THE WRITTEN EXPRESSION OF STUDENTS WHO LEARN ENGLISH AS A FOREIGN LANGUAGE
Abstract:
The main subject detailed before the scientific research within the master thesis is the
introductory paragraph in the written expression of students who learn English as a foreign
language. This phenomenon is imperative in light of the fact that written expression is just as
important as the spoken word. The skills that the student should possess are as complex and
advanced as the adoption of the alphabet.
Teachers assume an essential role in mastering the substance of academic writing with
the gial that students can express themselves in writing as equally as they do in speaking. The
books they use, as well as any additional materials are of particular significance as they aid
them in learning, yet they also must be shown how to reach a final product, which in this case
will be read by a larger audience and not just by the teacher.
The master thesis incorporates an analysis of the textbooks from first to ninth grade,
elementary school, as well as the textbooks from year one to year four, secondary school.
Aside from the textbooks, an analysis of essays of fourth-year secondary school students was
conducted as well. For a more in-depth understanding of the state of the presence of teaching
content from academic writing, a survey and an interview with English language teachers of
primary and secondary education was conducted in order to portray the challenges
encountered by students in the teaching process of improving this skill.
Key words: academic writing, essay, writing skills, English as a foreign language
Организација на магистерски труд
Овој магистерски труд се состои од три дела и заклучок. Секој од деловите е
поделен на одреден број глави во кои се прави осврт на посебни аспекти од темата која
се обработува во овој научен труд.
Во првата глава се даваат теориските поставки од кои се тргна и кои беа еден
вид насока за изработката на трудот и на инструментите со кои се проверуваше
основната претпоставка, т.е. дека содржините од академското пишување се многу
малку застапени во наставата по англсики јазик а учениците имаат реална потреба од
совладување на оваа вештина. Тоа се забележува од нивните пишани одговори.
Наведени се дефиниции и појаснувања за термините со кои се оперира низ целиот труд
и кои се важни и присутни во самото прибирање на податоци, и во обработката на
добиените информации, дадени од страна на проминентни автори и кои се прифатени
како основни поставки во лингвистичката литература. Меѓу другите, се споменуваат
дефинициите и термините на Schmied, Hyland и Irvin. Во оваа глава се дефинираат
основните поими со кои понатаму се оперира во магистерскиот труд, како на пример:
јазик, јазични вештини, пишување и фази на пишување, комуникација и видови
комуникација, пишана наспроти говорна односно вербална комуникација, предности и
недостатоци на комуникацијата, есеј и елементи на есејот, академско пишување и
дефинирање на поимот, карактеристики на академското пишување, петпараграфски
есеј, и на крај се доаѓа до детално разработување на воведот во академското пишување.
Во втората глава детално се разработува поимот воведен параграф кој е
централен во овој магистерски труд. Односно, најпрво се укажува на важноста на
воведниот параграф не само во петпараграфскиот есеј туку општо во секое академски
напишано дело. Во оваа глава се разработуваат и сите пропратни елементи на
академскиот есеј кои се тесно поврзани со воведниот параграф, односно тема, теза,
слободно пишување, проблеми кои мошат да произлезат од формулирање на тема и
теза, техники на пред пишување кои се во полза на добро стуктуриран воведен
параграф, истражување на темата, формулирање на прашања со кои ќе се дојде до
темата а со тоа се подобрува структурата на воведниот параграф за истиот да го
привлече вниманието на оној што ќе го чита есејот. Мора да се напомене дека сите
овие претходно споменати аспекти на академското пишување се во корист и полза на
правилно оформување на воведниот параграф бидејќи, после насловот, тој е првиот
контакт со пишаното дело на публиката.
Во третата глава се пристапува кон емпириското истражување на појавата која е
централна на овој магистерски труд, односно да се провери способноста на учениците
за пишување на воведен параграф. Во состав на овој дел, се наведува општествената
оправданост на истражувањето.
Вториот дел се занимава со обработка на добиените резултати од спроведеното
истражување со цел да се докаже основната хипотеза која беше појдовна при
пишувањето на овој магистерски труд. Најпрво се споменуваат основните елементи на
методологијата според која е структурирано истражувањето, а потоа следи
интерпретација на добиените резултати.
Во третиот дел се содржани пристапот на наставниците кон истражуваната
појава и застапеноста на појавата во учебниците кои се употребуваат во средните
училишта во наставата по англиски јазик како странски. Пристапот на наставниците
кон истражуваната појава се провери преку анонимен анкетен прашалник и
резултатите од истиот се презентирани во овој дел. Понатаму следи анализа на
учебниците кои се користат во наставата по ангслики јазик како странски со цел да се
потврди и истражуваната појава и одговорите кои се добиени на анкетата. На крајот
следи заклучок во кој се сумира се она до што се дојде во текот на истражувањето како
и препораки за понатамошно постапување.
ВоведАнглискиот јазик веќе подолго време е доминантниот јазик за комуникација на
меѓународната сцена. Тој е меѓународен заеднички јазик, најчестиот странски јазик и
не само главен јазик на земјите допрени од британскиот империјализам (САД, Канада,
Австралија, Индија) туку и во сите деловни и културни сфери во кои доминираат тие
земји; тој е јазикот на Холивуд каде се наоѓаат најголемите телевизиски и музички
индустрии во светот, но и јазикот на меѓународното банкарство и бизнис. Тој е
примарниот јазик во печатот: каде и да отидете во светот ќе најдете весници, списанија
и книги напишани на англиски јазик. Интернет? Најголемиот број на веб-страници се
создадени и напишани на англиски јазик. Дури и тие што не се, нудат опција да бидат
преведени на англиски.
Употребата на англискиот јазик е толку многу распространета што дури и оние
на кои им е мајчин јазик се помалку бројни од останатите. Сé повеќе не-Англофони се
подготвени да учат и да употребуваат англиски јазик бидејќи се свесни колку е
неопходен во глобалната комуникација. Тоа сознание индицира потреба од
преиспитување на денешните практики во наставата, во подготовката на
наставничкиот кадар и во пишувањето на учебниците, а особено се однесува за земјите
каде англискиот јазик се учи како странски јазик.
Во светот се сретнуваме со милиони говорители на англиски јазик кои него го
научиле преку формално образование во училиште или неформално се стекнале со
англискиот јазик во природни контексти, на работа или на училиште. Во мулти-јазична
Европа англискиот јазик несомнено е (единствен) кандидат за заеднички јазик или
таканаречен ,,lingua franca” во регионот. Секаде низ Европа се забележуваат, на
пример, комерцијални слогани како ,,NOKIA Connecting People” или ,,NIKE- Just Do
It”. Значи, англискиот јазик продира низ Европа преку поп-музиката, спортот, и
компјутерите. Неопходно е да се научи англискиот јазик и главната цел на
наставниците е да ги подготват учениците ефективно да го употребуваат.
Што значи тоа? Да се употребува англискиот јазик како средство за
комуникација не е една единствена вештина, туку подразбира компетентност во сите
четири етаблирани јазични вештини: слушање, читање, зборување и пишување.
Културата се смета за петтата вештина која, пак, е инкорпорирана во сите претходно
споменти вештини, а која сепак заслужува исто толку внимание, застапеност и
изучување како и четирите останати.Културата е суштински дел од нашите јазици,
нашето минато, нашата сегашност. Јазикот без културното значење е речиси
бескорисен. Повеќето наставници се обидуваат да ги инкорпорираат четирите вештини
како нераскинливи во нивното планирање иако не секогаш тоа им успева.
Многумина тврдат дека изучувањето на англискиот јазик во наставната
програма е и ,,животна вештина”, а тоа е поради глобализацијата и фактот дека
функционирањето на меѓународно ниво во било која сфера е невозможно без употреба
на англискиот јазик..
Aнглискиот јазик е клучна комуникациска алатка и учењето на англискиот јазик
треба да се воведе рано во наставната програма како општообразовен, задолжителен
предмет. Многу земји каде се изучува англискиот јазик како странски јазик, сега го
воведуваат во наставата на возраст од осум години, иако децата имаат допир со него
многу порано.
Во Република Македонија со изучување на англиски јазик се започнува од
најмалата возраст на учениците, т.е. од првата година на задолжителното основно
образование. Според Бирото за Развој на Образование во Р. Македонија, современата
настава по странски јазици ја определува широко-сфатената цел за усни и писмени
компетенции на странскиот јазик проширени со читачки, социокултурни и
интеркултурни компетенции. Сето ова се постигнува со користење на општата
методика и форми за изучување на четирите вештини.
Пишувањето е една од четирите вештини во изучувањето на странски јазик. Во
Р. Македонија, со пишување во наставата по англиски јазик како странски се
сретнуваме во четврто одделение (да се оспособат учениците да пишуваат куси,
едноставни искази и текстови со правилна употреба на интерпункциски знаци) и до
деветто одделение да се оспособат правилно да пишуваат зборови, реченици со
зборови од општ и стручен контекст, да пишуваат куси насочени дескриптивни и
наративни состави заради искажување на лични ставови применувајќи соодветни
јазични елементи и интерпункциски знаци. Во прва година средно образование учат
како да пишуваат неформално писмо со дадени инструкции (40-60 збора) и кус насочен
дескриптивен и наративен состав (70-100 збора) и друго, а со формално пишување се
сретнуваат учениците дури во втора година средно образование каде од нив се бара да
напишат, покрај неформално, и формално писмо. До крајот на средното образование
учениците треба да се оспособат да пишуваат формални и неформални писма, барања,
заблагодарувања, поплаки, извинувања и сл.
Пишувањето како една од четирите вештини во изучувањето на странски јазик е
процес при кој со користење на симболи изразуваме мисли и идеи во пишана форма.
Како продуктивна (активна) вештина се смета за најтешка бидејќи не станува збор
само за графичко претставување туку развивање на мислите и нивна презентација на
структуриран начин. Неопходно е познавање на граматика, правопис и структура на
реченици, и вокабулар. Резултатот одпишувањето се нарекува текст, а читател е тој
што го прима текстот.
Како наставници, професионалното искуство укажува дека за учениците,
пишувањето е одеднаш најтешка но и една од најзначајнитевештини. Помага при
изразување на мислите и како резултат на тоа помага да знаеме кои сме. Исто така,
помага при комуницираме со другите и при учество во заедницата. Пишуавњетово
наставата се промени, исто како што се менува и нашата култура особено со развојот
на технологијата. За успешноразвивање на вештината пишување кај една
високообразована личностне е доволно самодобивање на основни насокибидејќи
пишувањето е процес во кој ги формулираме нашите идеи и мислења и треба да се знае
како правилно да се пренесат на другите. Учениците доаѓаат на час исполнети со
мешани чувства, колку надеж толку и страв. Имаат неограничен број на информации и
сметаат дека е доволно тие информации да се изнесат на парче хартија. Она што не го
знаат е дека пишувањето не е едноставнавештина, односно дека постојат задачи кои
мора да ги исполнат и правила кои мора да ги следат. Многу ученицидури сметаат дека
новата технологија ја намалува или дури ја елиминира потребата добро да се стекне
вештината пишување. Напротив, новите начини на комуникација преку електронска
пошта и форуми за дискусија ја прават вештината пишување многу поважна во 21-от
век од било кога до сега. Доброто пишување е важно бидејќи тоа овозможува да се
биде успешен во училиштето, на работното место или едноставно за јасно
изразувањенамислте.
Стекнување контрола врз јазикот е клучот за успех при учење на втор јазик. Но
практиката покажува дека не е доволно само тоа. Постојат ученици кои со највисоки
оцени ги извршуваат писмените и усните задачи, во деловите на граматика, зборување
односно конверзација, вокабулар, па и слушање и разбирање. Но, образованието бара
посебен вид пишување, односно наставната програма не само штовклучува пишување
како дел од домашна или писмена работа, туку, конкретно, пишување есеј е дел од
државен матурски испит по англсики јазик кој матурантите го полагаат за добивање
диплома за завршено средно образование.Само овој факт, дека есејот е составен дел од
матурскиот испит, укажува на неопходноста есејската задача да биде активно вклучена
во студиската програма по англиски јазик низ целиот тек на школувањето. Есејоттреба
да се оценува не само врз база на содржината на напишаното, на вокабуларот и
граматичката структура на речениците туку особено врз база на тоа колку точно е
направено тоа. Она што недостасува во учебниците по англиски јазик е правилна,
детална инструкција како да се напише есеј.
ЕсејЕсејот е краток прозен текст, со критички, филозофски и публицистички
елементи, каде авторот со секојдневен јазик разработува актуелни културно-
општествени проблеми за кои сè уште нема јасен став во јавноста или има многу
различни ставови.1 Темата на есејот моше да биде инспирирани од литературни дела,
од секојдневниот живот, политиката, историјата, географијата итн. итн.
Сите ученици знаат дека есејот се состои од вовед, главен дел и заклучок и сето
тоа напишано во неколку параграфи. Но, на пример, не ја знаат важноста да воведниот
параграф, неговата структура и составни делови. Прво мора да ја разберат структурата
на параграфот пред да се занимаваат со есејот. Всушност, треба да разберат дека
структурите на параграфот и есејот се слични, дека двете ја наведуваат главната идеја
и ја поддржуваат главната идеја.
Една од најголемите грешки што ученицитеја прават е што почнуваат да
пишуваат на одредена тема без претходна “ментална” подготовка неопходна за
успешен исход. Добро поученученик знае дека пред да може да почне со пишување
есеј, треба внимателно да ја разгледa темата за да се увери дека разбира што се бара.
Тој мора да ја стесне темата, да го одреди контекстот на пишување кој вклучува
одредувањецел, публиката и тон. Тој мора да ја формулира главната идеја. И, конечно,
да генерира поддршка на идеите за успешно да ја развивиетемата.
Есејот е труд. Вистинскиот есеј бара работа, истражување, читање, донесување
сопствени судови, а потоа образложување на истите со аргументи.
1http://makedonskijazik.mk/2010/12/%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%98- %D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0.html - линк превземен на 3.9.2018г., ,,Есеј- структура и композиција”
Вакви насоки во деловите за стекнување на вештината пишување во
учебниците по англиски јазик како странски за четиригодишното средно (и основно)
образование нема. Се сретнуваат основни правила за пишување есеј, неформално
писмо, извештај и слично, но детални инструкции за како правилнода се структуира
еден есеј нема.,,Со реформите во македонскиот високообразовен систем, во голема
мера, се актуализира писменото изразување на студентите. Скоро по секој од
предметите предвидени според студиската програма, се бара од студентите да напишат
есеј на одредена тема. За есејската задача, студентите добиваат одреден број поени што
се дел од вкупниот број бодови врз основа на кои се реализира сумативното
оценување. Имајќи предвид дека македонскиот високообразовен систем тежнее да
изгради личности кои, покрај знаењата од соодветната научна област, поседуваат и
способност за изразување на своите мисли, желби и потреби во пишана форма, станува
јасно дека на есејската задача треба да и се посвети нужното внимание”2
Според наставната програма за англиски јазик при Бирото за развој на образованието3,
предвидено е под компонентата ,,Пишување” учениците да обработуваат дескриптивен
и наративен состав, неформално, формално и полуформално писмо, дексритптивен и
наративен состав кој се темели на лично искуство, насочен состав, и наративен,
дескриптивен, ескпозиторен, аргументативен и мисловен поврзан текст. И како една од
Цел на наставата е ученикот да се оспособи да пишува јазични искази и текстови со
примена на соодветни јазични функции и интерпункција. Овие насоки кои ги дава
Бирото се многу малку, или воопшто не се застапени во учебниците.
2В. Јанушева, Б. К. Стојчевска, (2017). Академско пишување 1, Педагошки Факултет-Битола3http://bro.gov.mk/?q=gimnazisko-obrazovanie-nastavni-programi - линк превземен на 17.11.2018г., Наставни програми - гимназиско образование
прирачници и сл., т.е. пишување на текстови во академски, научни цели. Сите овие
текстови имаат различна должина, обем, форма, содржина, различни карактеристики и
специфичности според кои се разликуваат едни од други. Иако се различни,
пишувањето на сите овие текстови подразбира почитување на конкретни правила.
Пишувањето на истите може да биде поттикнато од самиот автор, или пак во
согласност со потребите и насоките на нарачателот, иницијаторот (однапред одредени
теми), кој ја одредува и формата, содржината на истите.
Академско пишување во суштина е секој вид на формално пишување со кое ќе
се сретнуваме во текот на високо образование. Под секој вид на формално пишување
спаѓаат сите видови на есеи, истражувачки трудови, семинарски работи и слично, но
сите овие имаат исти цел и исти принципи на обработка.
Процесот на (академско) пишување пак, опфаќа четири фази кои не се строго
одделени, и може да се преклопуваат: - планирање, - пишување, - уредување и -
ревидирање. Иако наизглед обременето со правила и стандарди кои мора да се
почитуваат, постојат мноштво индивидуални разлики во начинот на извршување на
академската работа, и поконкретно, академското пишување. Во оваа смисла, најчесто
се истакнува споредбата помеѓу Бетовен и Моцарт, т.е изгледот на нивните ракописи
како илустрација на различните навики/стилови на академско пишување. Така, Бетовен
пишува на неорганизиран и (наизглед) конфузен начин, поправајќи ги многу пати
првичните верзии на делата. Неговите ракописи изгледаат доста неуредно, со
многубројни поправки и дополнувања. Од друга страна, ракописите на Моцарт биле
педантни- тој делата веќе ги имал смислено и организирано во својата глава и само ги
запишувал на хартија (Rightly, 2008, стр. 12). Во таа смисла, се прави разлика помеѓу
автори пре-планери и ревидирачи, иако и овде може да стане збор за комбинација од
овие пристапи и повеќе меѓувидови на автори. Пишувањето неретко претставува
напор, а понекогаш и стресно искуство за како за студентите, така и за етаблираните
автори. Денес постои обемна референтна литература која дава насоки и практични
совети како да се олесни процесот на пишување. Имено, преку анализа на структура на
текстови, начинот на аргументација, поврзувањето на деловите на трудовите, начините
на започнување на трудовите итн., идентификувани се бројни начини и шеми на
писмено изразување5. Преку разновидни вежби можно е да се утврдат најсоодветните
начини преку кои различни автори најлесно ќе можат да се изразат на јасен, прецизен и
структуриран начин, кој најмногу им одговара на нивниот начин на изразување, но и ги
надминува проблематичните аспекти во нивното пишување.
Секој академски труд треба да даде свој придонес, макар многу мал, кон развој
и унапредување на теоријата или праксата од конкретна област. Во таа смисла е
прифатлива определбата на Сузич, Н. (Suzič, N. 2007:115) според кој „секое ново
согледување и секое, па и најмало зрнце на ново научно сознание заслужува да биде
публикувано, затоа што мозаикот на тие сознанија ќе ни овозможи некој подоцна да
направи комплетно согледување на феноменот или научниот проблем“. При
пишувањето на академските текстови (есеи, семинарска дипломска работа,
магистерски, докторски труд, монографија и сл.) се придржуваме кон конкретни
правила.
Правилата за пишување на академски текстови не се целосно стандардизирани,
но иницијаторот/иницијаторите за одржување на одредена конференција, симпозиум,
округла маса и слично го одредуваат начинот на цитирање, наведување на фусноти,
литература (харвардски, ванкуверски, оксфордски, чикашки, АПА или некој друг
модалитет). Поради тоа е неопходно авторите на самиот почеток да бидат запознати со
правилата за пишување на академскиот текст. Насловот на трудот најчесто се пишува
со големи, болдирани букви, со поголем фонт од самиот текст, се пишува на средина
на страницата, по што следи името на авторот, институцијата од која доаѓа- испишано
во болд, италик, со помал фонт (обично е распореден лево или десно на страната). По
наведување на насловот, името на авторот, следи апстрактот - кратко резиме за текстот
5 http://isppi.ukim.edu.mk/images/443368%D0%90%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5.pdf - линк превземен на 14.09.2018г., ,,І Академско пишивање: суштина, цели и придобивки”
во кој се содржани сите значајни информации кои се однесуваат на трудот, предметот
на проучување, истражување, применетата методологија, добиените резултати и битни
заклучоци. Под него се наведуваат клучните зборови, 5 до 7 збора кои не се содржани
во насловот, но, упатуваат на содржината на она за што се говори во текстот и се
основа за пребарување на информации, податоци. Абстрактот на трудот понекогаш се
бара да биде напишан и на некој од светските јазици (англиски, германски,
француски), а истото се однесува и на клучните зборови. Содржината (определена како
попис на поглавја, потпоглавја) ги опфаќа воведот, дефинициите, поглавја кои се
однесуваат на теоретските сознанија за подрачјето на работа, конкретни анализи, како
и приказот на резултати од анализата или емпириското истражување. Детално се
објаснува значењето на добиените резултати-се даваат детални описи поткрепени со
текстуални и графички решенија Составен дел е и заклучокот во кој се изнесуваат
решенија за поставениот проблем т.е. се наведуваат одговорите на поставените
прашања, како и препораките, предлог мерките. Во заклучокот никогаш не се
изнесуваат нови сознанија, нови податоци, нови информации, не се наведуваат нови
извори, ниту пак дефиниции. Посебен дел од трудот е литературата во која главно се
наведуваат референци кои се користени во трудот. Истата може различно да се наведе
во зависност од тоа кој стил на референцирање ќе се применува. Секој автор кој
пишува академски текст на почетокот се соочува со дилемата кој и каков наслов да
постави. Насловот треба да биде краток, јасен, недвосмислен, да упатува на проблемот
кој ќе се елаборира. Воведот е најтешкиот дел. Секогаш се поставува прашањето како
да се почне, која реченица да се одбере, што да се напише, колку страници да биде
истиот ... Во него треба да се истакне целта на трудот, да се дефинира проблемот, да се
прикажат претходни разгледувања на проблемот кој ќе се елаборира. Воведот не треба
да биде подолг од половина до една страна. Дефиниции обично е составен дел на
воведот но тој не треба да содржи бројни дефиниции. Авторот на трудот може да
понуди свое дефинирање на конкретниот феномен, засновано на конкретни факти.
Кога се пишува некој текст мора да се има предвид во кое лице се пишува т.е да се
пишува во множина (Ние) како (pluralis modesatid), наместо јас – еднина, со цел
ублажување, надминување на т.н. „арогантност“ при изразување на сопственото
знаење.
Елаборирање на темата. Интересните, актуелни теми, темите кои насочуваат
кон детално проучување, истражување, секогаш подразбираат поставување на
прашања на кои им се бара одговорот и избор на најдобриот одговор од мноштвото.
При елаборирање на темата потребно е да се почитува принципот на системност и
постапност, логичност во изнесување на мислите. Нашите размислувања за проблемот
се поставуваат во непосредна и тесна врска со податоците до кои сме дошле, сме ги
воочиле и се наведуваат на нив соодветните заклучоци. Се изнесуваат и сопствените
ставови и аргументи за или против, при интерпретацијата на различни пристапи низ
кои се елаборира истражуваниот проблем. При елаборирање на тезата мора да се
внимава на парафразирањето, цитирањето. Научно чесно е да во текстот посочиме,
референцираме на кој автор се повикуваме, од кого преземаме идеи, мисли, дефиниции
и истото во зависност од стилот кој ќе го прифатиме да се означи во текстот.
Секоја зададена задача за академско пишување треба да претставува можност да
се истражува нешто од интерес. Писателот има слобода да одбере тема, празни
страници на кои може да ги изразува сопствените идеи, и публика која сака да ги
прочита неговите мисли. Прво писателот започнува со поставување на прашање, потоа
анализира и бара одговори, па одредува кои од нив се најдобри за да ги обработи во
својот есеј. Во есејот ги изнесува своите мисли и наоди, и со логика и докази ги
оправдува. Целта, значи, на академското пишување не е да покаже се што знае
писателот во врска со темата, туку да покажеш дека ја разбира, и може критички да
размислува на темата. Воедно, се развиваат истражувачки вештини, се остри
способноста за проценка на информациите, се подобруваат организациските вештини и
вештините за аргументирање, и се развива способноста јасно да се изразува преку
пишувањето.
1.7. Принципи на академско пишување
1. Јасна намера: Намерата на есејот е да се одговори на прашањето кое е
поставено како тема. Овој принцип ја одредува целта на есејот: дали ќе се анализира,
информира или убедува.
- Ако намерата на есејот е анализа на темата, тогаш, задачата на пишувачот е да
ги оцене и објасне одговорите на поставеното прашање, со тоа што по сопствени
критериуми на писателот се избираат одговорите кои ги нуди како аргументи.
Аналитичките есеи најчесто ги истражуваат каузите, ги испитуваат ефектите, ја
оценуваат ефективноста, одредуваат на кои начини да се решат проблемите, бараат
врски меѓу различни идеи, или анализираат други поставени аргументи.
- Ако намерата е да се информира, тогаш задача на писателот е да ги објасни
можните одговори на поставеното прашање, нудејќи им на читателите нови
информации во врска со темата. Се разликува од аналитичките есеи по тоа што
писателот не го наметнува своето видување во однос на темата, туку го проширува
видикот на читателот.
- Ако намерата е да се убедува, тогаш задачата на писателот е да ги натера
читателите да ја присвојат неговата идеја, односно неговиот одговор на прашањето во
врска со темата. Така, одговор ќе биде поткрепен со докази и резонирање, во обид да се
промени мислењето на читателот во врска со темата.
Која и да е намерата на есејот, таа треба да е јасна пред да се почне со
пишување, и треба да е секогаш присутна при секоја фаза од пишувањето.
2. Воведеност на публиката: академското пишување е секогаш насочено кон
одредена публика. Каква и да е таа, треба да биде ангажирана со идеи од писателот и
тој да ја плени со својот стил на пишување.
3. Јасна цел: академско пишување не значи само наведување на факти или
резимеа на извори. Иако се презентираат туѓи идеи и истражувања, целта на писателот
е да го прикажесвојот одговор на прашањето односно својот став. Во есејот, ставот на
писателот е всушност тезата. Таа е одговорот на прашањето.
4. Насочување на вниманието кон единствена идеја : секој параграф, дури и
секоја реченица во есејоттреба ја поддржува поставената теза. Не смее а и нема да има
непотребни, ирелевантни, небитни или контрадикторни информации. Во есејот,
најверојатно би биле вклучени контрадикторни или алтернативни гледишта но на нив
писателот ќе одговори критички со цел да го зајакнесвојот став.
5. Организација : академското пишување почитува стандарден организациски
модел. Кај академските есеи и трудови моделот е : вовед, главен дел (тело) и заклучок.
Секој параграф е логички следствен на претходниот.
Воведот има за цел да го задржи вниманието на читателите, нуди основни
информации, и им доловува на читателите што да очекуваат. Исто така ја содржи и
тезата.
Параграфите во главниот дел ( телото ) ја поддржуваат тезата. Секој параграф
има една цел а таа е да ја поддржи тезата. Секој параграф содржи еден главен аргумент
кој е наведен во таканаречена тематска реченица која ја поддржува тезата. Секој главен
аргумент понатаму е поддржан со логични расудувања и докази. Секоја реченица е
поврзана со претходната и следната, за читателите да не мора да ја бараат поврзаноста
помеѓу идеите.
Заклучокот ги заокружува тезата и главните аргументи и на читателите им ја
доловува важноста на откритијата ( наодите ) на есејот.
6. Јасна поддршка : секој параграф ( во главниот дел ) треба да содржи доволна
и релевантна поддршка на главната реченица и тезата. Оваа поддршка ќе вклучува :
факти, примери, опис, лично искуство и научни мислења и цитати.
7. Комплетни и јасни објаснувања : ова е многу важно, писателот треба да
сработи се за читателот да нема потешкотии при читањето и да може да ги разбере
неговите идеи, логика и структура. Мислите и размислувањата на писателот треба да
бидат јасно и целосно објаснети.
8. Употреба на релевантни податоци добиени преку истражување : есејот треба
да се потпира на мноштво различни современи, високо квалитетни, професионални и
академски извори. Истражувањето ќе се употреби за да ги поддржи идеите на
писателот, и мора да го вметне во своето пишување а не да го презентира одделно. Ова
значи дека материјалот кој ќе го употребува писателот како извор треба да е
претставен, анализиран, објаснет и на крај цитиран.
9. Стил на пишување : ова е на писателот есеј и заради тоа треба да употребува
свои зборови секогаш кога е тоа можно. Нека не изгледа како досадна пре-формална
научна статија. Се употребува природен разговорен стил, оној кој би го користел во
училница. Пишувањето треба да е јасно, концизно и лесно за читање. Исто така е битно
да нема граматички и правописни грешки како и јазични. Секоја грешка ќе упатува на
негрижа на писателот кон читателите кои тие ќе ја увидат.
10. Објективност (изложување на сите аргументи и докази) : авторот има цел
целосно и со сите расположливи докази и информации да го поддржи своите мислење.
Така, става акцент на неговиот став и се обидува да ја докаже тезата со издржани
аргументи. Но тоа не значи дека е можно да ги занемари (запостави, игнорира)
спротивните аргументи, односно оние кои ја поддржуваат другата страна и другите
аспекти на тезата. Авторот треба да докаже дека ги истражил сите можни аспекти на
проблемот и дека ги разбрал спротивните аргументи.
11. Фокус : секој параграф (и секоја реченица) во текстот треба да ја поддржува
тезата. Не треба да се додаваат ирелевантни или контрадикторни информации.
Фокусот треба да биде единствен и авторот да го одржува тој фокус низ целиот текст.
Авторот треба да знае што пишува но и зошто. Ако не е јасен фокусот, приказните,
извештаите и есеите на учениците би претставувале збрка од поврзани настани или
факти без главна идеја која би ги држела сите заедно. Читателите не сакаат да
читаат ,,бучкуруш” од неповрзани идеи; тие читаат за да научат нешто ново, да бидат
изненадени, да стекнат нов увид во некоја стара тема, да гледаат нешто од нова
перспектива или агол.
Кога фокусот е утврден и јасен од почеток, учениците лесно ќе напишат
ефективен текст, бидејќи заедно со фокусот, учениците ќе го најдат значењето на
своите приказни, ќе ја знаат пораката што сакаат да и ја пренесат на својата публика, ќе
ја најдат причината за пишување. Фокусот е карактеристика која ги придвижува сите
други функции. Според фокусот се одредува организационата структура,
елаборативните детали, изборот на вокабулар, должината на речениците и
интерпункцијата. Во исто време, ефективните писатели ги искористуваат овие
елементи за зајакнување на фокусот на нивното пишување.
12. Кохерентност и кохезија: ,,Кохеренцијата подразбира суптилен тек на
пишувањето, чувство за целината на напишаното. Таа придонесува за единството на
текстот, затоа што зборовите, фразите, речениците и параграфите - сите се држат
заедно и се поврзано едни со други во една смисловна целина” (Јанушева, К.
Стојчевска, 2017:42)
Кохерентноста и кохезијата6 се од суштинско значење за читловоста на текстот
и за ефективнокомуницирањена идеите. Кохерентност се однесува на единството на
идеи а кохезија на единствотото на структурните елементи. Ова се постигнува со
употреба на таканаречени кохезивни уреди: логички мостови (повторување), вербални
мостови (синоними), поврзувачки зборови и со јасни референци. Ако вакви уреди
недостасуваат во текстот, не само што станува потешко да се прочита текстот,7 туку и
да се разбере неговата содржина.
13. Логична организација на целините(параграфите)
Стандардната структура за пишување на еден (академски) текст е: вовед, главен
дел (тело) и заклучок. Секој параграф треба логично да води до следниот. ,,Мислите и
идеите за одредена тема се изразуваат со помош на речениците. Повеќе поврзани
реченици меѓу себе за одредена тема прават параграф. Секој параграф е логички
поврзан со претходниот параграф или со тој што следи” (Јанушева, Стојчевска)
6 https://www.uwb.edu/wacc/what-we-do/eslhandbook/coherence; - линк превземен на 12.12.2018г. ,,ESL: Coherence and cohesion” http://www.onestopenglish.com/methodology/ask-the-experts/methodology-questions/methodology-coherence-and-cohesion/154867.article - линк превземен на 12.12.2018г., ,,Methodoloдy: Coherence and Cohesion”7 https://writing.chalmers.se/chalmers-writing-guide/writing-a-text/coherence-cohesion/ - линк превземен на 12.12.2018г., ,,Coherence and cohesion”
Вокабуларот во речениците треба да биде свесно и прецизно избран со цел тие
да биде јасни, недвосмислени и комплетни во своето значење.
Треба да се избегнуваат долгите реченици така што секоја реченица која содржи
повеќе од дваесет и пет збора треба да се препише за да биде појасна и поконцизна.
Треба да се избегнува повторување и да има разновидност; секоја реченица
треба да пренесе нова идеја или да ја поддржи или објасни претходната идеја, а не да ја
повторува.
1.8. Академски есеј
Академскиот свет и реалниот свет не се еднакви. Левин (2004) објаснува дека
овие два света не се еднакви, и дека учениците треба да ја осознаат нивната раликата.
Се што се знае за реалниот свет доаѓа од сопствени доживувања. Од друга страна, во
академскиот свет постојат теории, објаснувања, идеи и критики. Тие не се доживуваат;
во акакдемскиот свет се учи за светот од она што е изговорено и напишано.Ова значи
дека во акакдемскиот свет се учи од втора рака, од она што некој напишал, а не преку
лично доживување.Левин (Levin, 2004:5) вели: ,,Културата на високообразованиот
Западот се гледа во културата на нивниот пишан збор”.
Академскиот есеј е жанр кој функционира во рамките на збир на норми, правила и
конвенции. Целта на академскиот есеј е да се убедува преку разумен дискурс.
Научниците го користат есејот меѓу себе за да ги унапредат идеите. Вредноста на
есејот како наставна алатка е да им помогне на учениците во развојот на нивните
вештини за критичко размислување. Критичкото размислување е дефинирано
какоспособност правилно да се прочита и разбере теоријата, соодветно да се примени
и да се применува независно, да се добијат резултати врз основа на таа примена, да се
анализираат резултатите и да се формирајасен аргумент врз основа на оние резултати
кои може да се бранат со конкретен тек на размислување.Еден добар академски есеј го
поттикнува овој процес и јаснопокажува дека на крај процесот е успешно завршен.
Есеј од пет параграфи
Петпараграфскиот есеј по својата структура е многу едноставен и како таков е
идеален модел за да биде основа од која се поаѓа при поучувањето за тоа како треба да
се напише есеј. Есејот од пет параграфи, како што кажува името, има пет параграфи:
воведен параграф, три параграфи што го сочинуваат телото на есејот и заклучен
параграф. ,,Петте параграфи, всушност, ја развиваат идејата на есејот и го делат целиот
есеј на логички целини. Секој параграф е логички поврзан со претходниот и со оној
што следува по него. Темата која се избири мора да има две алтернативи, афирмативна
и негативна (за и против), па целиот есеј треба да биде организиран кон одбрана или
негирање на алтернативата.”8
1.9. Елементи на академскиот есеј9
Гордон Харви (Harvey, 2009:1) ги идентификува клучните компоненти на академското
пишување кои наоѓаат широка примена во самата дисциплина.
1. Теза.Тезата е главниот увид во, или идеите за една тема и главниот исказ
прикажан во есејот. Тезата да биде вистинита но и да може да се оспорува; да биде
една од повеќе вистини, доволно ограничена во опсег за да може да се аргументира во
краток состав, и со достапен доказ. Тезата треба да биде сржта на текстот или темата
која се анализира. Се поставува на самиот почеток и треба да биде јасно прикажана а
не само имплицирана, за да во даден момент понатаму биде точно наведена. Тезата
треба да провејува низ целиот есеј.
2. Мотив. Мотивот ја изразува причината зошто некој би сакал да прочита есеј
на зададената тема, да прочита конкретна аргументирана теза.
Поставениот мотив треба да е единствен, посебен - да не е збунувачки, но да е
загатка доволно привлечна за читателот, да не може да ја предвиди. Дефинирањето на
мотивоттреба да биде една од суштинските задачипри пишување на воведните
параграфи, и тој често е претставен после зборчето но.
3. Доказ. Понудените докази се основа врз кои се базира тезата. Тоа се
податоците и фактите, примерите или деталите на кои се повикува писателот, кои ги
8В. Јанушева, Б. К. Стојчевска, (2017). Академско пишување 1, Педагошки Факултет-Битола9https://writingproject.fas.harvard.edu/files/hwp/files/hwp_brief_guides_elements.pdf - линк превземен на 16.12.2018г., “A Brief Guide to the Elements of the Academic Essay”
military-Royal-industrial rally orchestrated by The Firm that was Kate’s weddinд six years
aдo.Yesterday, as the дlamorous mother of the beautiful bride, who was marryinд a tall, dark,
handsome and follically unchallenдed hedдe funder rather than the heir to the throne, it was
very much Nanny Carole doinд the honours.
Аргумент 2: Yes the Middleton Matriarch was centre staдe as Mr and Mrs Roдer Federer, the
Turnip Taliban from Norfolk, the bride’s friends from Edinburдh University, and biд stars of
the small screen joined several younдer Royals at an ancient church in the North Wessex
Downs, in their nude heels and vintaдe cars – and all to the accompaniment of cheers from
villaдers and the happy cheepinд of birds.
Carole, 62, in her flyinд saucer hat, beamed and blushed with deliдht, as well she miдht.
Аргумент 3: Meanwhile the handsome father of the дroom, David Matthews, was dashinд in
his cornflower-blue waistcoat and everyone notinд, as they do at times like these: ‘Good дenes
on both sides’, thinkinд of the дrandchildren.
The truth is that Pippa’s married a man described as ‘divine’ by all who’ve met him.
A friend of mine who has sat next to him at dinner says: ‘He was that rare man who actually
asked questions about me and remembered what I had said. Totally charminд.’
And a friend of Pippa’s from university adds: ‘She’s completely nailed it with that one.’
Two out of three Middletons have been siдned, sealed, and delivered into wedlock in the
hiдhest style and in the finest company.
Заклучок: It was the almost royal weddinд that – unlike actual Royal weddinдs – looked
almost fun.Conдratulations Carole, you pulled it off.
(Ова мора да e остварување на сонот на Керол Мидлтон. Таа има многу среќа.
За деловната жена од Беркшир, чие семејно богатство потекнува од бизнисот ,,Party
Pieces” со истоимена веб-страница, да ги покани на нејзината па речиси кралска свадба
втората, третата, четвртата и петтата по ред на престолот и тоа во нејзиниот
сопствен дом... не е чудно што таа перфектно изгледаше додека весело, и со кралски
замав, ја поздрави толпата народ.
Замислете ја гордоста и радоста на Керол на овој пресладок настан, испланиран до
последниот засладен бадем - особено со оглед на тоа што, пред шест години, на
јавниот воено-Кралско-индустриски собир организиран од ,,Фирмата” што всушност
беше венчавка на Кејт, таа имаше споредна улога. Но вчера, како гламурозна мајка на
прекрасна невеста која се венчаше со висок, црн, згоден, и со прекрасна коса менаџер на
фонд за заштита од ризик, а не за наследник на престолот, Тетка Керол беше таа која
ги пречекуваше гостите.
Да , матриархот на Мидлтон беше во центарот на вниманието додека г-дин и г-ѓа
Роџер Федерер, ,,Турнип Талибан” од Норфолк, пријателите на невестата од
Универзитетот во Единбург, и големите ѕвезди од малиот екран им се придружија на
неколку млади членови на кралското семејство во стара црква во Северен Весекс Даунс,
во нивните потпетици и колекционерски автомобили - и сето тоа во придружба на
скандирањето на веселите селани и среќното цивкање на птиците.
Керол (62), со нејзината ,,летечка шапка”, секако, блескаше и црвенееше од
задоволство.
Во меѓувреме, згодниот татко на младоженецот, Дејвид Метјуз, беше дотеран во
бујно-син елек и, како што е обичај на вакви настани, сите забележаа: "Добри гени од
двете страни", мислејќи на идните внуци.
Вистината е дека Пипа се венча со човек кого сите што го запознале го опишуваат
како "божествен". Еден мој пријател кој еднаш беше седнал до него на една вечера
вели: "Тој беше еден од оние ретки луѓе кој ми поставуваше прашања и се сеќаваше на
се што одговорив. Потполно шармантен ".
И еден пријател на Пипа од Универзитетот додава: "Полн погодок на Пипа".
Две од три Мидлтонови потпишаа, запечатија и се венчаа во највисок стил и во
првокласно друштво.
Тоа беше скоро кралска свадба која - за разлика од вистинските кралски свадби -
изгледаше речиси забавно. Честито Керол, успеа.)
Примери за подолг вовед:18
When the ice melts: the catastrophe of vanishing glaciers
As дlobal temperatures rise, shrivellinд дlaciers and thawinд permafrost threaten yet more
climate disruption. How should we confront what is happeninд to our world?
The fall lasts lonд enouдh that I have time to watch the blue ice race upward, aeons of time
compressed into дlacial ice, flashinд by in fractions of seconds. I assume I’ve fallen far
enouдh that I’ve pulled my climbinд partner, Sean, into the crevasse with me. This is what
it’s like to die in the mountains, a voice in my head tells me.
18https://www.theguardian.com/news/2019/jan/08/when-the-ice-melts-the-catastrophe-of-vanishing-glaciers - линк превземен на 10.1.2019г., “When the ice melts: the catastrophe of vanishinд дlaciers”
или друго. 42.2% се изјасниле дека во учебниците најчесто се сретнуваат содржини за
пишување есеј, 13.3% дека тоа се содржини за пишување писма и/или креативно или
слободно пишување, 11.1% за формално односно неформално писмо, 8.9% за
пишување на параграф, 6.7% за техники на предпишување. и 4.4% дека тоа се
содржини за поучување како да се напише мотивациско писмо.
Прашањето број четири беше следното: ,,Дали учениците покажуваат интерес
да го подобрат својот пишан одговор?”. 53.3% од наставниците одговориле дека
учениците се неутрални?, 26.7% се сложуваат, 13.3% не се сложуваат, 4.4% потполно
се согласуваат а 2.2% воопшто не се согласуваат.
На прашањето број пет: ,,Дали мислите дека ако им се дадени повеќе насоки,
учениците би биле помотивирани во пишувањето?”, беа понудени следните одговори:
да, не, можеби, друго. 53.3% одговориле да, 40% одговориле со можеби, а 6.7%
одговориле не.
На шестото прашање, односно ,,Дали мислите дека на учениците им треба
подобрување на вештината пишување?”, беа понудени одговорите да и не. На ова
прашање, 100% од испитаниците одговориле да.
На седмото прашање: ,,Колку се успешни учениците во своите пишани
одговори?”, на наставниците им беше понудена скала од 1 до 10, каде 1 значи дека
учениците во своите пишани одговори воопшто не се успешни а 10 дека нивните
одговори се одлични. Со 10 никој не одговори, со 1 одговориле 2.2%, додека 24.4%
одговориле со 4, односно 5, односно сметаат дека пишаните одговори на децата се
просечни. Од овие одговори произлегува дека пишаните одговори на учениците не се
задоволителни, односно треба да бидат повеќе од просечни и да не биде единствената
цел само да добијат оценка туку успешно да ја совладаат вештината пишување.
Осмото прашање беше следно: ,,Дали мислите дека содржини од Академско
пишување се прилично присутни во учебниците кои се употребуваат по предметот
англиски како странски јазик?”. Понудените одговори и резултатите од анкетата се
следни: 42.2% одговориле со да, 55.6% одговориле со не, и 2.2% сметаат дека такви
содржини постојат само во дел од учебниците. Најголем ден од испитаниците сметаат
дека не се доволно застапени содржиниод Академското пишување.
На деветтото прашање, ,,Дали мислите дека треба да постојат посебни часови на
кои ќе се обработуваат содржини од Академско пишување?”, беа понудени одговорите
да или не. 82.2% сметаат дека треба да постојат посебно часови на кои ќе се
обработуваат содржини од Академско пишување, а само 17.8% одговориле со ,,не”.
И на последното прашање: ,,Што би предложиле да се направи за да се подобрат
пишаните одговори на учениците?”, на наставниците им беше оставен простор да
дадат свои предлози. Најчестиот понуден предлог беше дека на учениците им требаат
повеќе часови за вежбање на вештината пишување, преку повеќе вежби на час,
домашни работи, да не се прескокнува делот од наставната единица која е посветена на
вештината пишување, повеќе да се мотивираат учениците, во наставната програма да
се додаде час само за Академско пишување, и слично.
Еве неколку од нивните одговорите:
“Мore practice and room for content from academic writing.”
(Повеќе вежби и простор за содржини од Академско пишување)
“Students must be given proper instruction on how to write correctly, not just
grammar and vocabulary but also structure and format, they must be aquainted with
different types of writing for different purposes, example, acorrectly written formal letter
does not mean that they will write a proper essay. “
(Учениците мора да добијат соодветна инструкција за правилно да пишуваат,
нее доволна само обработка на граматика и вокабулар туку и структура и формати
[на различни содржини од Академското пишување], мора да ги спознаваат сите
видови и форми за пишување за различни цели, на пример, правилно напишано
формално писмо не значи дека правилно ќе го структурираат есејот.)
“Sudents should more frequently learn how to use linking words and phrases in
various shorter contexts, such as complex sentences, paragraphs, with a suitable feedback
provided, and they should be encouraged to read various texts and discuss their layouts.”
(Учениицте треба почесто да учат како да употребуваат поврзувачки зборови
и фрази во различни пократки контексти, како што се сложените реченици,
параграфите, да добиваат соодветна повратна информација, и треба да се
охрабруваат да читаат разни текстови и да дискутираат за нивните структури.)
“Мore examples (both good & bad), clarification of criteria for grading, exercises
for broadening vocabulary/fixed phrases for letter writing etc.”
(Повеќе примери (и добри и лоши), појаснување на критериумите за оценување,
вежби за проширување на вокабулар / фиксни фрази за пишување на писма итн.)
“Да се планираат посебни часови за пишување; наставниците да не го
прескокнуваат часот за пишување и да се пристапи кон поконкретни вежби и
надоки за пишување наместо само поставување на темата и оставање на
учениците сами на себе”
“Emphasizing the importance of the written word, sepqrate lessons for development
of writing skills, tecniques and forms.”
(Да се нагласи важноста на пишаниот збор, одделни лекции за развој на
вештини за пишување, техники и форми.)
“To understand the importance of writing and its effect and correlation to the other
language skills.”
(Учениците да ја разберат важноста на пишувањето и нејзиниот ефект и
корелација со другите јазични вештини.)
“Encourage them to practice writing more.”
(Да се поттикнат повеќе да вежбаат пишување)
“Мotivate them more to write.”
(Да се мотивираат повеќе да пишуваат.)
“Practice by writing essays for homework.”
(Да вежбаат преку пишување на есеи за домашна работа.)
Од спроведената анкета може да заклучиме дека состојбата со содржините од
академското пишување во наставата по англиски јазик како странски се потврдува
односно се поситоветува со онаа од учебниците, а тоа е дека не постои соодветно
етапно подучување за содржините од академското пишување. И самите наставници
укажуваат на фактот дека на учениците им треба повеќе вежби, повеќе практична
настава, дека за овој предмет важи насочена активност, односно не добиваат постепно
изучување на содржините туку само готов модел кој треба да го следат а не се
запознаваат со процесот.
Исто така може да се заклучи дека нема ни соодветна литература со постапките како да
се дојде до едно кохерентно академско дело односно есеј, со тоа што би се објасниле
постапките, што и како треба а што и како не треба да се пишува, добри и лоши
примери и така натаму, се дури да се дојде до еден финален производ.
Заклучок
Анализираната проблематика во овој труд, теоретската појдовна рамка како и
добиените резултати од анкетата и анализата на учебниците укажуваат најпрво на
потребата да се обрне повеќе внимание на вештината пишување и воопшто на развојот
на писмено изразување во образовниот систем во Република Македонија,
Важноста на писменото изразување е огромна со оглед на барањата на нашиот
образовен систем. Според предвидената наставна програма, актуализирана е потребата
од писменото изразување на учениците, особено од областа академско пишување
имајќи предвид дека средношколците во Република Македонија на крајот од средното
образование полагаат матурски испит кој вклучува и пишување на есеј.
Содржини за развој на вештината пишување се делумно застапени и во
програмата за англиски јазик од Министерството на образование и наука/Биро за развој
на образованието и во учебниците, како и некои содржини од областа академското
пишување но ним, ни во учебниците, ниту пак во училниците, не им е посветено
нужното внимание потребно за целосно совладување и нивно успешно реализирање.
Тоа се покажа од анализираните текстови на средношколците и од оцените дадени од
наставниците во спроведената анкета кои просечно ја оценија успешноста на
учениците да напишат есеј.
Појдовната идеја беше да се провери дали оваа појава е затапена во учебниците,
дали на вештината пишување и се обрнува потребното внимание за стекнување на
неопходните компетенции за правилно изразување во академски контекст, однонсо,
дали младата популација, во овој случај ученици гимназијалци од Битола знаат
писмено да се изразат, дали се успешни при пишувањето академски текст.
Не станува збор за нивното познавање на англискиот јазик; и најсолидните
ученици, со најопширен вокабулар и најдобро познавање на граматиката на англискиот
јазик напишаа лоши есеи, поконктрено лоши воведи. Кога велам лоши, мислам на
неправилно структуирани со недостаток на клучните елементи кои се неопходни за
правилно пишување на вовед, и на есеи воопшто.
Од суштинско значење беше да се дојде до заклучокот дека, иако учениците се
компетентни во вештините слушање, зборување и читање, па и пишување,
недостасуваат соодветни насоки во постоечките содржини од учебниците кои ја
обработуваат вештината пишување за описменување во областа академско пишување.
Тоа значи дека, при обработување на содржина од вештината пишување дадена во
учебникот, учениците ќе ја извршат задачата- ќе понудат есеј со соодветна
морфолошко-синтаксичка структура, но недостасуваат компетенциите за правилно
структурирање на еден академски текст: петпараграфскиот есеј нема пет параграфи,
воведот и наведената тема често не соодејствуваат со насловот, изоставени се јасни
тематски реченици и јасно поставени тези. Резултатите кои се добија се повеќе од
задоволителни. Покажаа дека иако солидно владеат со јазикот, не ги знаат основните
правила за пишување есеј, односно вовед.
Овој труд покажа дека овие недостатоци се реални кај учениците.Од
спроведената анкета дојдовме до заклучок дека многу малку се обрнува внимание на
содржини од академско пишување, дека содржини од академско пишување иако се
делумно застапени во учебниците не се целосно, конктретно и детално обработени и
објаснети. Елементи на еден вовед (освен тематска реченица која е обработена во
учебникот за прва година средно во кој тематска реќеница како поим се објаснува со
една кратка реченица) не се застапени во учебниците, нити во наставната програма:
нема за важноста на насловот, за предпишување, за одредување на тема, стеснување на
тема, развој од тема до теза, теза, воопшто за структура на вовед, за параграф па ниту
за најосновиот вид на есеј - петпараграфскиот.
Наставниците по англиски јазик треба да се во чекор со зголемената потреба од
писмено изразување заради развојот на технологијата и новите начини на (пишана)
комуникација со користење компјутер. Важен аспект кој треба да се нагласи е дека
само потребата да се напише есеј за полагање на матурски испит е доволно да се бара
поучување во областа академското пишување. Улогата на наставниците, кои во
мнозински број на анкетата се изјаснија дека не обработуваат содржини од академско
на часовите, е од клучно значење. Наставниците се изјаснија, во најголем број, дека
содржината пишување есеј е најзастапена во учебниците, но дека успешноста да
пишаната задача е просечна. 100% од анкетираните наставниците сметаат дека треба
подобрување во вештината пишување кај учениците а најголем број сметаат дека ако
им се дадени насоки ќе бидат помотивирани да пишуваат што секако значи и
поуспешни.
Анализата и разработката истакнати во овој магистерски труд ја истакнуваат
потребата од воведување нови задолжителни методи и промени во пристапот кон
вештината пишување во училницата, поконкретно во областа академско пишување.
Разработувањето и продлабочувањето на оваа тема е од особена важност, да се направи
чекор напред во моделирање на наставата по англиски јазик како странски во делот за
пишување.
ПРИЛОГ 1 АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК
Наменет за наставниците по англиски јазик во Република Македонија
Teaching Academic writing and the importance of incorporating the content from Academic writing into the teaching EFL curricula
1. Do you teach Academic writing in Your class? - Yes- No
2. Is there Academic writing teaching content in the books that You use in class?- Yes- No
3. Which content is mostly “covered”?- essay writing- general letter writing- reporting- creative of “free” writing- paragraph writing- pre-writing techniques- editing- proofreading- motivational letter- formal vs. informal letters- other: _________________________________________________________
4. Are students interested in improving their written answer?- Strongly disagree- Disagree- Neutral- Agree- Strongly agree
5. Do you believe that if given more instruction students would be more motivated to write?- Yes- No- Maybe- Other: _________________________________________________________
6. Do you think that students need improvement of their written answers?- Yes- No
7. How successful are students in their written answer?
8. Do you think the content from Academic writing is fairly existent in the books being used in EFL?- Yes- No- Other: ________________________________________________________
9. Do you think that content from Academic writing should be taught in a separate lesson?- Yes- No
10. What would you suggest needs to be done in order ti improve students’ written answers?________________________________________________________________________________________________________________________________
Користена литература
1. Axelrod, R. B., Cooper, C. R. (2002). Readinд Critically, Writinд Well. (Sixth
edition). Bedford/St. Martin’s
2. Bailey, S. (2006). Academic Writinд: A handbook for International Students.
(second edition). Routledge
3. Barber, C. (1993). The English Language: Historical Introduction. Glasgow:
Cambridge University Press
4. Baron, S. N. (2008). Always on: Lanдuaдe in an online and mobile world.
New York: Oxford University Press
5. Baugh, C. A., Cable, T. (2002). A history of the Enдlish lanдuaдe. (Fifth