Top Banner
РАФОМЕТРИКС Г ОДИНА 1, Б РОЈ 4 Во извештајот Doing business 2014 Македонија се наоѓа на 25-то место според условите за водење бизнис, што е за 11 места подобро рангирање во споредба со минатата година. Подобрениот резултат најмногу се должи на полесниот пристап до струја, подобрените услови за кредитирање и заштитата што државата им ја обезбедува на инвеститорите. Според условите за започнување бизнис, Македонија се наоѓа на 7-мо место на светската ранг листа. Според податоците на Народна Банка на Македонија, официјалните девизни резерви во октомври изнесуваат 2.048 милиони евра, износ помал за 0.78% во однос на претходниот месец, т.е. 1.96% помалку во однос на октомври минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика: o Индустриското производство во октомври бележи пораст од 6,9% во споредба со истиот месец лани. o Просечната месечна исплатена нето- плата по вработен во октомври бележи пораст од 1,3% во споредба со истиот месец лани и изнесува 21.060 денари. Finance Think е непрофитна асоцијација за економско истражување, застапување и донесување економски политики. Нашата Визија Да поттикнеме економско размислување за подобра благосостојба утре. Нашата Мисија Да ја намалиме сиромаштијата, да ги зајакнеме макро- финансиските политики и да ја унапредиме финансиската стабилност преку економски истражувања, советување и препораки за економските политики и поттикнување критичка дебата за економските процеси. Ул. Железничка 50/3, 1000 Скопје +389 2 6147 630 www.financethink.mk [email protected] ГРАФОМЕТРИКС е редовна публикација на Finance Think што содржи важни тековни информации за домашната, регионалната и светската економија претставени низ графички прикази. ФОКУС
5

РАФОМЕТРИКС - financethink.mk“рафометрикс-15.pdf · Во извештајот Doing business 2014 Македонија се наоѓа на 25-то место

Feb 07, 2020

Download

Documents

dariahiddleston
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: РАФОМЕТРИКС - financethink.mk“рафометрикс-15.pdf · Во извештајот Doing business 2014 Македонија се наоѓа на 25-то место

Страна 1

РАФОМЕТРИКС

Г О Д И Н А 1 , Б Р О Ј 4

Во извештајот Doing business 2014 Македонија се наоѓа на 25-то место според условите за водење бизнис, што е за 11 места подобро рангирање во споредба со минатата година. Подобрениот резултат најмногу се должи на полесниот пристап до струја, подобрените услови за кредитирање и заштитата што државата им ја обезбедува на инвеститорите. Според условите за започнување бизнис, Македонија се наоѓа на 7-мо место на светската ранг листа.

Според податоците на Народна Банка на Македонија, официјалните девизни резерви во октомври изнесуваат 2.048 милиони евра, износ помал за 0.78% во однос на претходниот месец, т.е. 1.96% помалку во однос на октомври минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика:

o Индустриското производство во октомври бележи пораст од 6,9% во споредба со истиот месец лани.

o Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври бележи пораст од 1,3% во споредба со истиот месец лани и изнесува 21.060 денари.

Finance Think е непрофитна

асоцијација за економско

истражување, застапување

и донесување економски

политики.

Нашата Визија

Да поттикнеме економско

размислување за подобра

благосостојба утре.

Нашата Мисија

Да ја намалиме

сиромаштијата, да ги

зајакнеме макро-

финансиските политики и

да ја унапредиме

финансиската стабилност

преку економски

истражувања, советување и

препораки за економските

политики и поттикнување

критичка дебата за

економските процеси.

Ул. Железничка 50/3, 1000

Скопје

+389 2 6147 630

www.financethink.mk

[email protected]

ГРАФОМЕТРИКС е редовна публикација на Finance Think што содржи важни тековни информации за домашната,

регионалната и светската економија претставени низ графички прикази.

ФОКУС

Page 2: РАФОМЕТРИКС - financethink.mk“рафометрикс-15.pdf · Во извештајот Doing business 2014 Македонија се наоѓа на 25-то место

Страна 2

Во периодот јануари-септември 2013 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (49.8% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). Во овој период остварен е трговски дефицит од 1,7 милиони американски долари.

Според студијата на работните места во повеќе од 140 земји од 2011 до 2012 година, спроведена од истражувачкиот центар „Галлуп“ и покрај високата стапка на невработеност и недостатокот од работни места во Македонија, само 12% од вработените се заинтересирани за работата. Од останатите 88%, дури 32% се активно незаинтересирани работници.

Графикони на месецот за Македонија

Германија, 20%

Грција, 8%

Велика Британија, 7%

Србија, 7%

Италија, 7%Бугарија, 6%Кина, 4%

Турција, 3%

Косово, 3%

Словенија, 2%

Други, 31%

Земји со најголемо учество во трговската размена

на Македонија, јануари-септември 2013

Извор: Државен Завд за Статистика на Македонија, пресметка на Finance Think

Page 3: РАФОМЕТРИКС - financethink.mk“рафометрикс-15.pdf · Во извештајот Doing business 2014 Македонија се наоѓа на 25-то место

Страна 3

Графикони на месецот за регионот

Индикаторот за економската клима во Источна Европа продолжи да се зголемува како резултат на оптимистичките економски очекувања. Сепак, невработеноста, недоволната побарувачка и недостатокот на доверба во економските политики на владата се наведуваат како најзначајни прблеми во регионот, според извештајот од Светската Економска Анкета во месец октомври.

Стапката на невработеност во Грција дoстигна високи 27,4% во месец август. Од почетокот на кризата, невработеноста е зголемена за повеќе од 20 процентни поени и повеќе од двојно од просечната стапка на невработеност во еврозоната. Високата невработеност во Грција се должи на рецесијата и мерките за штедење за намалување на државниот долг.

7.39.3

12.3

17.1

24.6

27.3

0

5

10

15

20

25

30

2008 2009 2010 2011 2012 2013

%

Стапка на невработеност во Грција (месец август)

Извор: Завод за статистика на Грција, пресметка на

„Finance Think“

Page 4: РАФОМЕТРИКС - financethink.mk“рафометрикс-15.pdf · Во извештајот Doing business 2014 Македонија се наоѓа на 25-то место

Страна 4

Графикони на месецот за светот

Светската економија ќе порасне за 2,9% оваа година и 3,6% во 2014 година, според последните проценки на Меѓународниот Монетарен Фонд. Економскиот раст беше ревидиран надолу во споредба со проценките од јули (за 0,3 и 0,2 процентни поени, соодветно) заради послабите изгледи за пазарите во развој, кои во последно време беа главен мотор на светскиот економски раст.

Банките на светско ниво стравуваат од повторување на скапи Либор скандали откако најмалку 12 трговци на светски банки во Лондон, Њујорк и Токио беа суспендирани поради манипулации во тргувањето на девизниот пазар. Девизниот пазар е со дневен обрт од околу пет трилиони американски долари, од кои 50% се концентрирани во само четири банки во светот.

Page 5: РАФОМЕТРИКС - financethink.mk“рафометрикс-15.pdf · Во извештајот Doing business 2014 Македонија се наоѓа на 25-то место

Страна 5

Инфографикон на месецот

Инфографиконот на месецот прикажува интересни факти за светското производство на храна и земјоделието. Дали сте знаеле дека: 38% од светското расположливо земјиште се користи за земјоделие; светскиот увоз на храна се очекува да достигна 1,09 трилиони американски долари во 2013 година; и декаа секој трет во светот работи во земјоделие?