Top Banner
ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА ГОДИНА II www.ilinden-tirana.com БРОЈ 17 ТИРАНА - АЛБАНИЈА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК АВГУСТ 2013 Г. Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Во овој број Страница 2 Страница 3 Страница 4 Страница 5 Страница 7 Страница 8 Страница 10 Страница 6 ILINDEN ILINDEN Народниот правобранител на албанија ќе бара поголеми права за малцинствата Американскиот Стејт департмент за Албанија објави извештај за човековите права за 2012 година Малцинства со декларација бараат од новата албанска влада подобрување на права во Република Албанија Четврта годишна конференција на иселеничките организации По петти јубилеен пат Македонците во Горно Крчиште – Маќеларе го одбележаа празникот Спасовден Прв Македонско - албански бизнис форум во Тирана Благодарница “Илинден” Амбасадорот Трпевски се сретна со албанскиот премиер во заминување Сали Бериша Четврти македонски фолклорен фестивал „Гора Фест 2013“ Запознај ја Македонија Кочани Истражувач од Москва во посета во Горно Крчишта и Ербеле Македонците во Грција бараат да учат на мајчин јазик ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН! Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија! Во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана и во свое име, Ви го честитаме најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 – та. Македонско друштво “Илинден” –Тирана Претседател: Никола Ѓурѓај Илинденски излет на Македонците во Тирана во 1937 година
12

Makedonski vesnik ilinden br 17

Feb 21, 2016

Download

Documents

 
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Makedonski vesnik ilinden br 17

ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА

ГОДИНА II www.ilinden-tirana.comБРОЈ 17 ТИРАНА - АЛБАНИЈА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК АВГУСТ 2013 Г.

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во овој број

Страница 2

Страница 3

Страница 4

Страница 5

Страница 7

Страница 8

Страница 10

Страница 6

ILINDENILINDEN

Народниот правобранител на албанија ќе бара поголеми права за

малцинствата

Американскиот Стејт департмент за Албанија

објави извештај за човековите права за 2012

година

Малцинства со декларација бараат од новата албанска влада подобрување на права во Република Албанија

Четврта годишна конференција на

иселеничките организации

По петти јубилеен пат Македонците во Горно

Крчиште – Маќеларе го одбележаа празникот

Спасовден

Прв Македонско - албански бизнис форум

во Тирана

Благодарница “Илинден”

Амбасадорот Трпевски се сретна со албанскиот премиер во заминување

Сали Бериша

Четврти македонски фолклорен фестивал

„Гора Фест 2013“

Запознај ја МакедонијаКочани

Истражувач од Москва во посета во Горно Крчишта

и Ербеле

Македонците во Грција бараат да учат на мајчин

јазик

ЧЕС ТИТ ИЛИНДЕН!

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија! Во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана и

во свое име, Ви го честитаме најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 – та.

Македонско друштво “Илинден” –Тирана Претседател: Никола Ѓурѓај

Илинденски излет на Македонците во Тирана во 1937 година

Page 2: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

2

Од Воскополе, Албанија, преставници на македонското, грчкото, српско-црногорското, бошњачкото, ромското и еѓипјанското малцинство преку заедничка Декларација побараа од новата албанска Влада решавање на нивните проблеми во врска со малцинските права и подобрување на нивната положба во Албанија. На прес-конференцијата, преставниците на малцинствата во Воскополе, ја објавија т.н. Воскополската декларацијата на малцинствата, од Албанската група за човекови права.Во декларацијата, прочитана од Елса Балаури, од новата албанска влада конкретно се бара: 1.Признавање на малцинствата во Албанија на целата територија како национални малцинства, конкретно бошњачкото, влашкото, ромското и еѓиптјанското малцинство да се признаат како национални малцинства, додека македонското национално малцинство да се признае и во Голо Брдо и Гора и да им следат сите права што им припаѓаат на малцинствата.2.Изготвување и одобрување на Закон за малцинствата.3.Потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, која албанската држава на нејасен начин и неодговорно ја одложува до сега. 4.Измена на Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на малцинствата во Парламентот со гарантирани места.5.Измена и обезбедување на буџет за стратегијата на Ромите.6.Обезбедување образование на мајчин јазик за малцинствата.7.Строго почитување на прашањата поврзани со вработување, домување и образование на ромското малцинство.8.Развивање на одделна национална стратегија за еѓипјанското малцинство во Албанија.9.Финансиска поддршка на различните активности на малцинствата.10.Реорганизирање на Државниот Комитетот за малцинствата.Оваа Декларација, освен до албанската Влада беше испратена до сите меѓународни институции кои се занимааваат со малцинските права и странските амбасади во Тирана. Како потписник на Декларацијата од страна на македонското национално малцинство беше г-дин Васил Стерјовски. Тој напомна дека од 12 прекораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање на кандидатски статус за членство во Европската Унија, само 1 препорака е исполнета. При тоа, беше напомнато и тоа дека само една препорака која што е поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата не е исполнета, и не само што нема подобрување на правата на малцинствата, туку напротив има нивно назадување. На Академијата беше речено дека “Во изминатиов период се случија груби прекршувања на човековите права во во Албанија како дискриминирачкиот попис, притисокот од страна на ационалистички групи врз малцинствата, попречувањето на македонското малцинство за изучување на мајчиниот јазик, и одземање на некои веќе стекнати права уште од времето на комунизмот, како бришење на националноста од регистрите од матичната евиденција и др. Малцинствата се тука и сакаат да помогнат во европската интеграција на Албанија, од новата албанска влада зависи дали ќе ги прифати барањата на малцинствата или и таа ќе работи како и сите албански влади на асимилирање на малцинствата“.

Декларацијаа следуваше на крајот од 5-дневната Академија на малцинствата што Албанската група за човекови права ја организираше во Воскополе. Во декември се очекува Советот на Европа да се

истакни дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европскта Унија. Минатата година Холандија беше единствената земја која што изјави дека Албанија нема да добие кандидатски статус поради непочитувње на правата на малцинствата.

МАЛЦИНСТВА СО ДЕКЛАРАЦИЈА БАРААТ ОД НОВАТА АЛБАНСКА ВЛАДА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Page 3: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

3

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА АЛБАНИЈА ЌЕ БАРА ПОГОЛЕМИ ПРАВА ЗА МАЛЦИНСТВАТА

Албанскиот народен правобранител Игли Тозани, заедно со малцинствата во земјата ќе бара подобрување на малцинските права во државата. Тозани ова го најавил на средбата со преставници од малцинствата, при што било договорено да се формира заедничка работна група која ќе подготви посебен извештај за положбата и правата на малцинствата во Албанија. Oваа работна група треба да инсистира на подобрување на положбата на малцинствата во земјата.

„Во декември Советот на министри на Европа треба да одлучи дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европската унија. Овој извештај ќе биде дополнителен притисок за новата албанска влада и Парламентот, кои треба да започнат да ги подобруваат правата на малцинствата за до декември се исполнат дел од барањата на малцинствата и Албанија да добие кандидатски статус”, изјави Стерјовски за весникот „Македониум“. Меѓу главните барања на малцинствата се признавањето на малцинствата на целата територија,

изготвувањето и одобрување на закон за малцинства, потоа потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, како и обезбедување на едукација и користење на мајчин јазик за малцинствата.

Национални / расни / етнички малцинства

АПокрај другите информации, во овој документ има извештаи за општо- општествена дискриминација на припадниците на ромската заедница како и од задницата на балканските Египќани. Ромите и балкански Египќани се соочуваат со дискриминација во пристапот до домување, вработување, здравствена заштита и образование. Во некои училишта се попречува прифаќањето на Ромите и балканските Египќани ученици, особено доколку се дознае дека тие се сиромашни. Локалните невладини организации објавија дека многу училишта во кои има прифатено ромски ученици, тие се целосно маргинализирани во училница, а понекогаш и со физички напад се издвојуваат од другите ученици.На 24 јануари, Владата протера осум ромски семејства од приватната сопственост која ја беа зазеле во Тирана. И покрај декларираните ветувања на градските власти за помош во нивното згрижување, се случи спротивното. Имено, властите не им понудија на семејствата соодветно алтернативно сместување. После нивното реагирање, како одговор од Народниот правобранител, добија повик, сите осум семејства да постават шатори во неговата канцеларија додека Владата се најде разумно решение. По неколку седмици, Владата се обиде да ги пресели семејствата во групи кај напуштените воени касарни на периферијата на Тирана, во кои нема основни услови за живот,

АМЕРИКАНСКИОТ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ ЗА АЛБАНИЈА ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ЗА 2012 ГОДИНА

Page 4: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

4

ЧЕТВРТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Во организација на македонската Агенцијата за Иселеништво од Скопје, во периодот од 25 - 26 јули 2013 год., се одржи четврта конференција на иселеничките организации. На неа, активно учество зедоа иселенички организаци од Австралија, Канада, САД и од европските држави. Беше разговарано за бројните проблеми на македонското население во државите каде живеат и работата, за нивниот однос кон матичната држава, за потребата од заедничко делување како македонска дијаспора, а не

како расцепкани организации. На Конференцијата беа донесени и значајни заклучоци кои треба да се инплементираат во работата на македонската дијаспора.

Во склопот на Конференцијата, за прв пат, се доделуваа одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништво, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување од страна на Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов.

Македонското друштво “Илинден “-Тирана учествуваше како гости на конфернцијата на иселеничките организации со делегација претставена од претседателот на Друштвото г-дин Никола Ѓурѓај и членот на Друштвото г-дин Ламбе Шатровски.

т.е без електрична енергија, вода и канализација. Но на тоа се спротиставија семејства од околната заедница и физички се обиделе да го спречат населувањето на Ромите во касарната. Полицијата не успеа да обезбеди адекватна безбедност за семејствата, и тие се откажаа од привременото сместување по неколку инциденти и малтретирање. Органите на власта не доставија други алтернативни опции за сместување на семејствата. Законот предвидува официјален малцински статус за национални групи и одделно за етно-групи, при што Македонците , Грците, и Црногорците ги дефинира како национални групи. Во Законот се дефинирани Власите и Ромите како етно-малцинските групи. Во извештајот се подвлекува и појавата на албанските националистички групи, кои ги зголемија етничките тензии, особено сред македонското и грчкото малцинство . Една таква немила случка се одвиваше на 16 ноември 2012 год., кога група на млади припадници на албанските националистички групи влезе во Општина Лиќенас, извикувајќи навредувачки, за македонското население, слогани. Групата, ги застрашувала локалните жители, поставила налепници врз македонските имиња на улиците и знаците, а за да го обзанат своето „дело“ испратиле фотографии од активностите на Фејсбук.

Page 5: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

5

На 22. 05. 2013 година во Тирана, Република Албанија, за прв пат се одржа Македонско - Албански форум за бизнис и инвестиции.

ПРВ МАКЕДОНСКО - АЛБАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ ВО ТИРАНА

На форумот, во организација на Амбасадата на Република Македонија во Тирана, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ), покрај амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Веле Трпевски, се обратија и Директорот на АСИПИРМ, Висар Фида и Директорот на АППТРМ, Јордан Трајков.„Минатата година имавме нешто под 20.000 туристи од Албанија, а сметам дека има многу поголем потенцијал за нас во Албанија. Токму затоа денес ја презентиравме Македонија како туристичка дестинација за албанскиот туристички

пазар, што искрено се вклопи многу добро во целата кампања која се состои во рекламирање на Република Македонија на електронски и пишани медиуми. Цела оваа кампања, вклучително и денешниот бизнис форум ќе вроди со плод и оваа година ќе имаме зголемена посета од нашиот западен сосед“, изјави директорот на АППТРМ, Јордан Трајков. Од албанска страна присутни беа министерот за економија, трговија и енергетика на Република Албанија, Флорјон Мима и директорката на албанската Агенција за развој и инвестиции, Енеида Гуриа.Овој бизнис форум и начинот на кој е организиран е директен одговор на барањата и посветен на единствената цел за креирање на економски мостови помеѓу бизнис секторот и добробит на граѓаните на Македонија и Албанија, изјави Амбасадорот на Република Македонија во Албанија, Веле Трпевски и додаде „Во овој период од три години, без разлика на тешките економски околности во Европа, Македонија и Албанија го подобрија извозот за околу 25%. Земајќи ја предвид позитивната клима помеѓу овие две земји, јас гледам потенцијал за развој и промоција на економскиот развој и врски“. Република Македониија и Република Албанија имаат одлична трговска размена која минатата година изнесувала повеќе од 80 милиони евра. Оваа соработка продолжува да ја поддржува Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во Република Македонија која денес ги претставува агробизнисот и прехранбена индустрија како едни од секторите со голем извозен потенцијал и одлични услови за инвестирање, изјави Висар Фида, директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот.

Page 6: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

6

ПО ПЕТТИ ЈУБИЛЕЕН ПАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГОРНО КРЧИШТЕ – МАЌЕЛАРЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА ПРАЗНИКОТ СПАСОВДЕН

БЛАГОДАРНИЦА “ИЛИНДЕН”

Македонците во Република Албанија во село Горно Крчиште – Маќеларе, Албанија, го одбележаа големиот Христиjански празник Спасовден во соборната црква Св. Димитрија. Празникот традиционално се прославува во чест на обновувањето на една од најпознатите и најзначајните селски цркви, т.е. црквата Св.Спас. Оваа црква датира од 13 век, а поради исклучителната вредност од албанските институции била прогласена за споменик на културата.

На петата годишнина од почетокот на празнувањето на Св. Спас, присуствуваа Македонци со потекло од Горно Крчиште кои што живат во Тирана, Драч и од Македонија од Скопје, Кичево и од Тетово.

Културниот центар ”Скрб и Утеха” од Скопје во рамките на одбележувањето на 25-годишнината од своето возобновување, на прославата изведе делови од претставите „Посланија“ и „Будење на ангелите“.

Оваа значајна средба за Македонците во Албанија е документирана со видео запис од филмската продукција „Дион“ и Македонско друштво “Илинден”-Тирана, што останува како показ за македонското минато на ова село во областа Поле, во Р. Албанија.

Во чест на својот патрон, во текот на целата 2013 година, кога се одбележува 110-годишнината од најголемото македонско Илинденското востание, Mакедонското Друштво „Илинден“ -Тирана им доделува Благодарница “Илинден” на неколку организации и лица за особен придонес во зацврстувањето на единството на македонското национално малцинство во Република Алабнија.

Page 7: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

7

Албанскиот премиер во заминување Сали Бериша синоќа се сретна со македонскиот амбасадор во Тирана Веле Трпевски. На средбата беше нагласен високиот напредок во соработката меѓу двете земји остварен во овој период, како и извонредниот придонес, кој инфарструктурните проекти, како што е автопатот „Руга е Арбрит“ („Патот на Арбр“ кој ја поврзува Тирана со преминот Блато кај Дебар), тунелот кај Елбасан, како и други проекти ќе условат продлабочување на соработката за доброто на двете држави и нивните граѓани, стои во соопштението од кабинетот на Бериша. Амбасадорот Трпевски се

заблагодарил за срдечниот прием и постојаната подршка од Бериша лично, но и од неговата Влада за успешната реализација на неговата мисија во Тирана.

Максим Макарцев, истражувач од Институтот за славистика при Руската академија на науки во Москва, Руска Федерација , во периодот од 03. 07. 2013 до 06. 07. 2013 година беше во посета на селата Горно Крчишта и Ербеле во областа Поле во Република Албанија.

Цел на неговата посета беше да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата и фолклорот на Македонско православно население кое се уште живее на овие простори: празниците во минатото, една типична поранешна Македонска свадба, крштевките, обичаи околу погребување и митови околу задгробниот живот. Во тродневната посета исто така беа посетени и црквите: Св. Димитрија, Св. Спас, Св.Никола, Св. Петка и Св. Влајсе во село Горно Крчишта и

црквата Св. Преображение Христово во село Ербеле кои се од големо културно и историско значење за овој регион.

Максим Макарцев, исто така, имаше можност да поразговара и со албанско население од кое беше срдечно пречекан и понуден со традиционална домашна ракија. И на крај, на задоволство на жителите на овој регион добија ветување дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат повторно посетени во најскоро време.

АМБАСАДОРОТ ТРПЕВСКИ СЕ СРЕТНА СО АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР ВО ЗАМИНУВАЊЕ САЛИ БЕРИША

ИСТРАЖУВАЧ ОД МОСКВА ВО ПОСЕТА ВО ГОРНО КРЧИШТА И ЕРБЕЛЕ

Максим Макарцев, руски истражувач во село Горно

Крчишта – Поле

Максим Макарцев, руски истражувач во село Ербеле – Поле

Љубе Богдановски

Page 8: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

8

ЧЕТВРТИ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ГОРА ФЕСТ 2013“

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА БАРААТ ДА УЧАТ НА МАЈЧИН ЈАЗИК

Членови на Македонското друштво ‘’Илинден’’- Тирана Флоренч Садику и Нисан Хуса учестува на фестивалот „ГОРА ФЕСТ 2013“ со народни песни. Фестивалот го организаираше Македонска Горанска заедница Република Косово, во соработка со Сојузот на Македонците со исламска религија и Горанското друштво, на 11 мај 2013 година во Брод, Гора Република Косово. Фестивалот е од национален интерес во културата од областа на меѓународната соработка за 2013 година, со цел афирмација на културата на македонскиот народ и заштитата на духовното и културно наследство и афирмација на Македонската заедница на Косово. На фестивалот имаше учесниците Македонци од Албанија, Грција, Бугарија и Турција и Македонија. Одржувањето на фестивалот е во чест на одбележувањето на

годишнината од формирањето и регистрацијата на Македонската Горанска заедница на Косово во 2007 година и отворањето на канцеларијата во Брод на 10 мај 2008 година.

По две и пол години минати во битка со стравот и убедувањето, Македонците во општина Овчарани да потпишат петиција за да можат да учат на македонски, конечно победи храброста. Kметот на леринското село Овчарани, Панде Ашлаков, или на грчки Панајотис Анастасијадис, со собрани 200 потписи, на 26 март 2013 год. ја доставил петицијата во регионалната канцеларија за образование и до градоначалникот на Лерин. Освен да се официјализира Македонскиот во училиштата, жителите бараат и сите топографски имиња и називи на објекти во општината да бидат испишани двојазично, на македонски и на грчки. Во писмото поднесено со петицијата Ашлаков се повикува на Повелбата за основните права на ЕУ, чиј потписник е и Грција, како земја-членка. Во член 21 се посочува дека земјите-членки се должни да ја заштитат јазичната разновидност и да спречат какви било дискриминаторски мерки против нив. Освен тоа, земјите-членки на ЕУ се должни да го заштитат и да ја поттикнат употребата на малцинските јазици што се зборуваат на нивната територија дури и тогаш кога тие не се официјално признати - пишува во писмото. За Ашлаков ова е шанса грчките институции да докажат дека се демократски зашто барањето на Македонците е легитимно и во секое модерно општество треба да биде и реалност. Законски, рокот за да одговорат на писмото и петицијата е 15 работни дена. Тогаш мора да има некаков одговор. Искрено се надевам на позитивен одговор, ако бидеме одбиени, продолжуваме понатаму, откажување нема - вели тој за „Дневник“. Не сакаше да прејудицира и не откри кои ќе бидат следните чекори ако одговорот биде негативен. И претходно објави за мачниот пат за собирање потписи, за стравот кај жителите од една страна, но и барањето од кметот итно да

реагира за иницијативата побрзо да се поднесе. Од партијата Виножито нагласуваат дека досега се поднесени над 10 вакви иницијативи и до грчките институции и до меѓународните фактори како ОБСЕ, Советот на Европа, но како партиски барања. Институциите одбиваа да одговорат

Page 9: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

9

USTATA PROZOROT NA NA[ETO ZDRAVJE

Устата е огледалото кое го рефлектира целовкупното здравје нанашето тело.Во текот на последните децении, се направени огромен број на истражувања.Долго време се верувалo дека устата поради својата локација претставува прозорец кој е лесно отворлив за влез во телото. Овие истражувања најмногу се концентрирани во нашите непца.Дали знаете дека постои врска помегу здравјето на вашите непца и големиот потенциал за да доживеете инфаркт, предвремено новороденче, или зголемени нивоа на шекер во крвта? Дали сте слушнале за врската помегу заболуванјето на непцата и остеопорозата или белодробното заболување? Колкуповеке се истражува околу оваa тема се повеке се потврдува дека за да сме здрави треба да се грижиме за здравјето на нашата уста.Пародонталните заболувања на непцата вклучувајки тука и воспалението на непцата (гингивитис), се сериозни заболувања кои ако се оставаат нетретирани

може да доведат до губење на забот. Пароднталното заболувањепретставува хронично заболување, бактеријална инфекција која ги опфаќа непцата и

коскатакоја гизадржува забите, може да опфати еден или повеке заби. Воспалението на непцата често е предизвикано од недоволна орална хигиена, во овој стадиум е реверзибилно со професионална

зашто ваквите барања се толкуваа како политички, па тие имаа оправдување за да се изјаснат и да реагираат. Ова е прва иницијатива од пред 2,5 години, оти тогаш, во 2010 година, се смени законот за локална самоуправа, па кметовите станаа и советници и имаат поголеми овластувања - објаснуваат од партијата. Сметаат дека оваа петиција е најсоодветната форма прашањето да се стави на дневен ред во општината. Сега на потег е градоначалникот Јоанис Воскопулос, инаку братучед на Павле Воскопулос од Виножито. На прашањето што очекува, Павле одговори дека не е време за со какви било изјави и констатации да се врши притисок во општината. Сепак е осетлива тема, работите се многу тешки и не може лесно да се издејствува, колку и да изгледа легитимно и правилно. Засега е доволно што петицијата е доставена - порача Павле. Во Овчарани има околу 1.500 жители и три основни училишта. Сопругот на моја блиска роднина е учител. Понекогаш кога никој не слуша и кога нема злонамерници, кои ќе пренесат или ќе го издадат, им раскажува на децата и на македонски. Па, тие дома зборуваат така, и тешко е одеднаш на училиште каде што мора да се учи и зборува на грчки - раскажува Елена, жителка на Забрдани, село близу до Овчарани. Не го открива името на училиштето каде што предава роднината за да не му направи проблем и да не биде избркан од работа. Според неа, и другите кметови треба да се охрабрат и да ги побараат правата на граѓаните.„Граѓаните тука се отсечени од с`. Невработеноста расте, а се појавија и феномени како што е Златна зора, што сите нас, кои сме дел од поинаков јазичен и културен идентитет, н` плаши кога гледаме дека Грција со голема брзина се враќа во минатото, кое беше полно со бегалци, забрани и страв“, се вели во писмото. Меѓу другото, во него кметот Ашлаков во името на сите жители повикува Грција конечно да ги затвори историските неправди. „Kако претседател на локалниот совет на Мелити секојдневно добивам по стотина барања од граѓани од поширокиот регион во кои се бара непречено користење на нивниот мајчин, македонски јазик во сите аспекти на јавниот живот. Со прифаќањето на ова барање Грција ќе покаже дека не подлегнува на носталгичните сеќавања на фашизмот и дека гледа напред. Со ова ќе се создадат услови сите што зборуваат на македонски јазик да се почувствуваат дека се дел од оваа држава и нејзини рамноправни граѓани“, пишува во писмото.

Д-р Стојанка Палко Доктор по

Стоматологија

Page 10: Makedonski vesnik ilinden br 17

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

10

Кочани се наоѓа на 120 километри оддалеченост од Скопје во источниот дел на Република Македонија, поточно ја завзема северната страна на Кочанската котлина и го зафаќа просторот од двете страни на котлината, каде што таа ја напушта Осоговијата и ја

проширува својата долина. Поради поволната географска

местоположба и одличните природни карактеристики,

територијата на денешниот град Кочани била населена

од најстарите антички времиња, најпрво од Пајонците, Медите и Траките, а во 80-те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените. До VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Mетодиј, основоположниците на словенската писменост од 845- 855 г. престојувајќи во Брегалничката област отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик. Иако населбата постои од порано, името Кочани во пишан документ за првпат се среќава од 1337 година. Од крајот на XIV век Кочани е под османлиска власт. Патеписецот Евлија Челебија во 1662 година зборува за населба од 600 куќи и 15 дуќани. Во овој период, поточно во 1670 година дошло до

големо насилно потурчување на македонското население. Тоа го извршил великиот везир Мехмед Ќуприли. Тогаш Кочани примило турска физиономија. Биле изградени доста кули (тврдини) кои служеле како набљудувачки стражарски места, бидејќи од самиот град во котлината не

нега или домашна нега. Нетретираното воспаление на непцето може да прогредира во пародонтопатија. Кога ова се случуват оксините произведени од бактериите ги иритираат непцата. Со прогредирање на болеста, џебовите формирани помегу забот и непцето се продлабочуваат и инфицираат, додека непцата и коската се уништуваат.Просечно 15% од возрасните помегу 21-50 години и околу 30% од над 50 годишна возраст ја имаат оваa болест. Често овој

деструктивен процес има благи симптоми како лошиот здив, благо крварење при четкање, и црвени нежни непца.ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА ПАРОДОНТОПАТИЈАГлавната причина за пародонталната болест е бактеријалниот плак.Важни фактори кои влијаат лошо врз здравјето на вашите непца се: Пушењето,генетска предизпозиција, бременост и пубертет, стрес, некои видови на лекови, шекерна болест, сиромашна исхранаЗа да се намалат шансите за развојот на пародонталната болест постојат неколку клучни чекори кои мора да се превземаат:-Добра домашна хигиена -Навики кои треба да вклучуваат редовно четкање на забите (најмалку два пати дневно), чистенње со дентален конец и плакнење со антибактеријални течности. Редовни посети кај вашиот доктор.

ЗАПОЗНАЈ ЈА МАКЕДОНИЈАКочани

Page 11: Makedonski vesnik ilinden br 17

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – ТиранаГлавен и одговорен уредник: Никола ЃурѓајЗаменик на главен и одговорен уредник: Ерлин МазникуЛектура: Валентина НесторКомпјутерска обработка: Тримакс - ТиранаПечати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “- Тирана и редакцијатаРедакција:

1. Ариана Шутку – Тирана 2. Ернеста Дука – Драч3. Ули Халилај – Голо Брдо4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

Контакт:0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанијае-mail: [email protected] Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - ТиранаIBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK

SWIFT:NCBAALTX020IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR

SWIFT:NCBAALTX

VESNIK ILINDENАВГУСТ 2013 Г.

5. Алдана Лоровска – Врбник6. Бесим Мемишај – Гора7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа8. Брунилда Абдиај - Елбасан9. Стојанка Палко - Поградец

Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден

Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: [email protected]

РЕКЛАМНИ ЦЕНИ ЗА МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК ИЛИНДЕН Задна страна (целосна) – 200 evra Внатрешна страна (целосна) – 150 evra Било која целосна страница Внатре – 100 evra 1/2 страница (Верикално/хоризонтално) – 50 evra 1/4 страница (Верикално/хоризонтално) – 30 evraВе молиме контактирајте, ќе ни биде задоволство да организираме прифатлив рекламен пакет за вашите потреби. Сите реклами се предмет на одобрување од страна на редакцијата на Македонски Весник Илинден, кој го задржува правото да ja одбие или да го откажете било која реклама во секое време.

можело да се види што се случува во околината. Во тој период е лоцирана и изградбата на средновековните кули во Кочани кои имале станбено одбранбена функција. Едната имала намена на саат-кула и звучно го означувала времето.Градот растел во XVIII, XIX и особено во XX век, по завршувањерто на изградбата на железничката пруга во 1926 година, што придонело за подобрување на транспортните врски со останатиот дел од државата.

Page 12: Makedonski vesnik ilinden br 17

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНАSHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{

MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

Sh.p.k. Trimaks - Tiran[, Kartografi Trimaks

cel: ++355(0)69/3861-502tel/fax: ++355(0)4/2268-489

Rr. Alipash Guxia No 35 Tiran[e-mail: [email protected]