Top Banner
СЛАВЕ КАТИН МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е автор на 55 публикации кои можат да се видат и прочитаат на неговата веб-страница www.slavekatin.com. Славе Катин се школувал во Љубојно, Скопје, Белград и Торонто, а работел во Катастарот на Општината Ресен, во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во Матицата на иселениците од Македонија и во списанието “Македонија”, а беше и на функии во поранешниот систем. Беше член на Академијата за слобода на рели- гијата во Вашингтон, секретар на друштвото „Македонија-Канада“, секретар на Здружението на новинарите на Македонија и постојан член на Фондацијата „Атанас Близнаков“ како и член на фондацијата „Браќа Џидрови“. Во 1991 година, од Собранието на Република Македонија беше именуван на функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници. Славе Катин е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои и на престижната награда „Крсте Петков Мисирков“ на Здружението на новинарите од Македонија од областа на журналистиката. СЛАВЕ КАТИН МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ
594

Makedonski Iselenichki Merdijani - Pollitecon · 2020. 9. 14. · свети Наум Охридски, за Македонската православна црква, Охридска

Mar 14, 2021

Download

Documents

dariahiddleston
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
  • СЛАВЕ КАТИН

    МАКЕДОНСКИИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е автор на 55 публикации кои можат да се видат и прочитаат на неговата веб-страница www.slavekatin.com.

    Славе Катин се школувал во Љубојно, Скопје, Белград и Торонто, а работел во Катастарот на Општината Ресен, во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во Матицата на иселениците од Македонија и во списанието “Македонија”, а беше и на функии во поранешниот систем. Беше член на Академијата за слобода на рели-гијата во Вашингтон, секретар на друштвото „Македонија-Канада“, секретар на Здружението на новинарите на Македонија и постојан член на Фондацијата „Атанас Близнаков“ како и член на фондацијата „Браќа Џидрови“. Во 1991 година, од Собранието на Република Македонија беше именуван на функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници.

    Славе Катин е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои и на престижната награда „Крсте Петков Мисирков“ на Здружението на новинарите од Македонија од областа на журналистиката.

    СЛАВ

    Е КА

    ТИН

    МА

    КЕД

    ОН

    СКИ

    ИСЕ

    ЛЕН

    ИЧ

    КИ

    МЕР

    ИД

    ИЈА

    НИ

  • СЛАВЕ КАТИН

    МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    На моето семејство и на Македонците ширум светот

  • ИЗДАВАЧИ: МАКЕДОНСКА ИСКРА - СКОПЈЕ

    МАТИЦА МАКЕДОНСКА - СКОПЈЕ

    ЕДИЦИЈА: МОНОГРАФИИ

    СЛАВЕ КАТИН

    МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    РЕЦЕНЗЕНТИ:АРХИЕПИСКОП СТЕФАН, ПОГЛАВАР НА МПЦ - ОА

    ПРОФ. Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА АНТИЌ

    Сите права се задржани. Ниту еден дел од оваа книга неможе да се репродуцира или пренесува во било која форма или на било кој начин,

    електронски или механички, вклучувајќи фотокопирање, снимање или какви било информации за складирање и пронаоѓање систем без писмена согласност од авторот, освен за вклучување

    на краток и документирани цитати во списание.

  • СЛАВЕ КАТИН

    МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

  • ВОВЕД 5

    ВОВЕД

    Обемното дело „Македонски иселенички меридијани“ е плод на повеќего-дишни истражувања, патувања и континуирано следење на оваа доста суптилна, многузначна и актуелна повеќедецениска и интерконтинентална тема. Делото е еден вид алманах посветен на дел Македонци, чии корени се од сите делови на македонската земја, а кои го обележале своето време во христијанството како ре-лигија на Македонците во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија и во печалбарска Преспа.

    По повеќегодишна работа излезе од печат ова книга, која е дел од судбините и вистините на Македонци во светот. Таа е еден вид именик, или биографски ко-лаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на околу 150 личности од македонско потекло, кои свиле нови гнегда на различни страни на светот.

    Инаку, изборот на личностите кои се претставени зависел од нив, од нивните критериуми, пробови, дела и постигнувања. Со оглед на средината за која и се на-менети и на очекуваното влијание врз свеста на луѓето во таа средина направив самостоен избор. Второ, тоа што посебно треба да се нагласи за ова дело е фактот дека во него се застапени имињата на дел од голем број живи личности, активни творци, најголем дел од нив родени во Македонија или, пак, дошле да живеат во неа и го посветиле својот труд, талент и љубов, како и личности кои денес не се меѓу живите.

    Со прелистување на страниците на ова дело читателот, макар површно ќе се запознае со нив и нивните дела, со придонесот што го имаат во македонското иселеништво, а особено нивниот придонес што го имаат за Македонската пра-вославна црква, Охридската архиепископија, како и на други аспекти врзани со македонскиот народ и на етничка Македонија.

    Отсекогаш на енциклопедиските изданија во светот, или поточно речено, во развиениот свет со долги културни традиции, им се посветувало должно внима-ние. Нивното значење било и е повеќекратно, бидејќи тоа, меѓу другото се из-данија кои на читателот му даваат кратка употреблива информација по обемот и разнородноста на информациите што ги содржат, ја развиваат свеста на еден народ за него и влијаат за консолидација на постигнувањата и развојот.

    Република Македонија и македонскиот народ за својот државен и територија-лен интегритет и за својата државна и национална самобитност, имаат потреба од оставнините, од вредностите, од тој трезор на незаборавот на времето, да се извлечат и да се афирмираат, или да се потсетиме на голем број патините на вре-мето и од опасноста на заборавот да се извлечат голем број знајни и незнајни личности од дијаспората, кои со својот живот, работа и дело, оставиле белег во нејзината историја, во историјата на трудољубивиот и надарен македонски народ и етничка Македонија.

    Во книгата се објавени имињата на над 150 познати и признати иселеници, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во

  • 6 СЛАВЕ КАТИН • МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    изградбата на Македонската православна црква од нејзиното конституирање до денес, како и дваесеттина текстови за иселеништвото и МПЦ-ОА. Застапени се академици, научници, писатели, новинари, пиблицисти, донатори, хуманисти, па-триоти, носталгичари и вљубеници во Македонија. Нивниот број би можел да биде многу поголем. Тоа во случајот не е толку битно, туку битно е што овој импозантен број имиња, значајни за нашата национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, го прикажува македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.

    Бројноста на имињата на луѓето објавени на страниците на ова дело покажу-ва дека тие себеси се вградија во темелите во историјата на македонското исе-леништво и на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црковните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид друштва и асицијации.

    Делото е поделено на осум поглавја и тоа на: делови во кои се опфатени лич-ности кои се дел од вистината за христијанството во Македонија, потоа на лично-сти кои се дел од македонската вистина во дијаспората - во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија, печалбарска Преспа и Додаток

    Или поконкретно, во првиот дел се дадени текстови за 13 личности кои се дел од вистината за ширење на христијанството во Македонија и во дијаспората, за христијанството како религија на Македонците насекаде во светот, за апостол Павле кој го раширил христијанството преку Македонија во Европа,меѓу кои за: солунските браќа светите Кирил и Методиј и нивното дело, за свети Климент и свети Наум Охридски, за Македонската православна црква, Охридска архиепи-скопија, за архимандритот хаџи Павел Граматиков, за Метеорите, за света Мајка Тереза и нејзиното дело од Македонија до Индија, архиепископите Доситеј, Ми-хаил и Стефан, за митрополитите Кирил и Методиј, за 40-годишниот јубилеј на Американско-канадско-македонската епархија, за свештениците Кирил Стоја-новски, Атанас Попов и Илија Донев, за судбината и делото на архимандритот Никодин Царкњас и за авторовите дела поврзани со религијата.

    Во вториот дел се говори за Македонците на петтиот континент и за Австра-лиско-македонската црковна епархија, како и за 21 личност. Посебно место е по-светено за д-р Реџинал де Бреј, угледниот славист, поет, преведувач и светски на-учник којбеше вљубеник во македонскиот јазик и во Македонија. Тој беше составу-вач на новиот македонско-англиски толковен речник, беше член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот национален универзитет во Канбера.

    Во третиот дел е дадена вистината за Македонците во демократска и мулти-културна Канада и за „Обединети Македонци“, првата македонска организација. Во делот за личностите се презентирани пригодни текстови за 32 личности од етничка Македонија.

    Посебен простор во овој дел е даден на личностите кои се вградиле во истори-скиот развој на првата македонска православна црква во Канада, соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

    Во годините што изминаа, од формирањето на МПЦ „Св. Климент Охридски“ до денес, таа стана втор дом за многу македонски доселеници. Во Црквата чле-нуваат, помагаат и даруваат бројни ентузијасти, од кои голем дел не сакаат да им

  • ВОВЕД 7

    се спомене дури ни името, а работат и придонесуваат со силна љубов и жар. Тоа го прават заради вербата во она што го даваат, а тоа е за доброто на сите. кои со гордо кренати глави и полни срца, со силен восхит зборуваат и раскажуваат за патот по кој тргна Македонецот за да стаса денес до вакви ационални зданија и до толку импозантни постигнувања.

    Во делот за личностите, меѓу другите, се презентирани пригодни текстови за: Филип Ангелковски, Џон (Лазо) Битов, за Георги (Џорџ) Бранов, Георги Даневски, Маја Доневска–Ивановска, за Том Јанев – поборник за вистината на Античка Ма-кедонија и за семејството Јановски и други.

    Посебен простор е посветен на Лефтер Манче, естетскиот хирург од светски глас, на Џим (Митре) Николов и фолклорната група „Селани“, за Алек Петличков и ансамблот „Македонка“, за Ван Петров, Стив Пљакас, Спиро Сандерс, Стив Став-ро–Дикло, Ристо Стефов, д-р Борис Стојчев, како и за Фото Томев, Алек Џигеров, и професор Џеимс (Џим) Џуглов.

    Четвртиот дел е посветен на текстови за судбината на Македонците во Соедине-тите Амеркански Држави и нивните активности пред Втората светска војна.

    Денес македонските доселеници во Соединетите Американски Држави со гор-дост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презенти-раат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите народни песни и ги играат убавите македонски ора. Всушност, Македонците во САД го афирмираат македонското име, културно-историското минато и сегашноста на етничка Маке-донија, а во исто време се дел на американското општество.

    Во овој дел е даден простор за фондациите „Атанас Близнакоф” и „Петар Ста-матов“ за стипендирање студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, за Фондацијатан „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ во Прилеп, потоа за организа-циите „Светски македонски конгрес“,„Македонија 2025“ и за „Обединетата маке-донска дијаспора“, како и 20 личности кои биле и се дел од животот на Македон-ците во Соединетите Американски Држави.

    Исто така,во овој дел, меѓу другите е застапен Мајк Зафировски, научник и претседател на „Македонија 2025“, организација која е основана во 2007 година во Краун Поинт, Индијана, а канцеларијата во Скопје е отворена во 2011 година. Оваа организација има за цел да го поттикнува економскиот развој и привлеку-вањето на странските инвеститори во Македонија.

    Претставена е и „Обединета македонска дијаспора“(ОМД), која се смета за во-дечка меѓународна организација која ги застапува интересите и потребите на Ма-кедонците кои живеат надвор од Македонија - ширум светот. Од формирањето во 2004 година до денес таа има постигнато завидни резултати.

    Исто така, (во овој дел) се застапени и Антон Димитров, Методија (Мето) Ко-лоски, д-р Ферид Мурад, Душко Синадиновски, д-р Леон Сперов, Јосиф Грежлов-ски-Гандето, Алексо Трајков, Светле (Стив) Стамевски, Борис Ничов и други.

    Во петтиот дел се поместени материјали за Македонците на времено (постоја-но) вработувањето во европските земји и за делот од активностите на македон-ската политичка емиграција. Потоа се дадени текстови за: 15 познати и признати личноси од Европа.

  • 8 СЛАВЕ КАТИН • МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    Во ова поглавје се поместени материјали за Драган Богдановски, основопо-ложникот на ДПМНЕ и за Гоце Македонски (Гојко Јаковлески, алиас Гојко Дел-чев Рафкин), како и за Маноил (Мане) Јаковлески и неговиот портал „Македон-ска нација“, еден од најчитаните во иселеништвото. Потоа се дадени текстови за: Драшко Антов, Мустафа Берекетли, Исмаил Бојда, Владимир Рарев, д-р Никола Гроздановски, д-р. Игор Јанев и Славе Кати. Посебен простор е посветен на ака-демиците Ристо Василевски, Богомил Карлаварис, Синиша Станковиќ и Антоније Шкокљев-Дончо.

    Во шестиот дел се презентирани 31 автор на различни дела, бизнисмени, но-винари, публицисти, доктори на науки, акадамици и други, кои, покрај тоа што даваат или дале голем придонес на сите полиња на општественото, културното, црковното и друго живеење, тие имаат тесна врска со македонското иселеништво насекаде по светот. Исто така, во овој дел е даден одреден број личности од сите делови на Македонија.

    Во овој дел се дадени текстови за: Христо Андоновски, Ристо Гуштеров - голе-миот донатор на Македонската православна црква, за академиците Жан Митрев, Владо Камбовски и Блаже Ристовски, за бизнисмените Силјан Мицевски, Трифун Костовски, Благој Механџиски-Зегин, Тодор Петров и Светскиот македонски кон-грес, за Есма Реџепова–Теодосиевска – втората Мајка Тереза, за Стерјо Спасе и Богоја Фотев, како и за д-р Вера Стојчевска-Антиќ, д-р Виолета Ачкоска, д-р Цане Мојаноски, Димитар Керамичиев, Фиданка Танаскова, Раде Сиљан, Стефан Вла-хов-Мицов, Коле Манев,Стојко Стојков, Паскал Гилевски и многу други.

    Во седмиот дел се даде текстови за: Печалбарска Преспа и дел од нејзини-те значајни личности, Преспа како престолнина на цар Самоил, за Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново и други споменици на културата, како и 18 познати личности чии корени се од преспанскиот крај. Меѓу нив има академици, амбаса-дори, писатели, новинари, и со други занимања кои оставиле длабоки траги во севкупното живеење во Преспа и пошироко во Македонија и светот.

    Посебно место е посветено на Преспанци како што се: Митрполитот Кирил, градоначалниците на Ресен и Пустец, д-р.Ѓоко Стрезовски и Едмонд Темелко, на писателите Мето Јовановски, Метофија Фотев и Славе Катин, на проф. д-р Петре Георгиевски – познатиот социолог, на проф. Д-р Никола Јанкуловски ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, амбасадорите Ристо Никовски кој е гласноговорникот за Македонија и Петре Наковски, Панде Колемишевски, бранителот на новинарската фела и други творци и борци.

    Во Додатокот, пак, е даден се дадени текстови за иселувањето и иселеничката судбина на Македонците од етничка Македонија, текст на англиски јазик за суд-бината и вистината за Македонсците во светотот, како и заклучоци на германски, француски, руски и српски јазик, со цел да се запознаат и другите читатели со содржината на делото „Македонски иселенички меридијани.

    Авторот

  • ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

    „Македонија е вечна!Таа ќе опстојува.

    Сè додека векот векуваи светот светува“

    Господин Кирил, митрополит на МПЦ-ОА

    I

  • ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА

    ХРИСТИЈАНСТВОТО - религија на Македонците

    АПОСТОЛ ПАВЛЕ - гласникот кој го рашири христијанството

    СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

    СВЕТИ КЛИМЕНТ И СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

    МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

    АРХИМАНДРИТОТ ХАЏИ ПАВЕЛ ГРАМАТИКОВ – БОЖИГРОБСКИ

    МЕТЕОРИ - светилиште и христијански центар

    СВЕТА МАЈКА ТЕРЕЗА - од Македонија до Индија и назад

    АРХИЕПИСКОПОТ ДОСИТЕЈ - првиот поглавар на МПЦ-ОА

    МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ - прв надлежен архијереј во дијаспората

    АРХИЕПИСКОПОТ МИХАИЛ - четвртиот поглавар на МПЦ-ОА

    АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН - денешен поглавар на МПЦ-ОА

    МИТРОПОЛИТОТ МЕТОДИЈ - надлежен архијереј во САД и Канада

    40 - ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ НА ЕПАРХИЈАТА ВО САД И КАНАДА

    КИРИЛ СТОЈАНОВСКИ И АТАНАС ПОПОВ - првите мисионери во Канада

    ИЛИЈА ДОНЕВ - духовник на македонската религија

    АРХИМАНДРИТОТ НИКОДИМ ЦАРКЊАС - симбол на Беломорска Македонија

    СЛАВЕ КАТИН и неговите дела посветени на црковното живеење

    СОДРЖИНА НА ПРВИОТ ДЕЛ

  • Црква „Свети Климент и Пантелејмон“ - Охрид

    Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ - Скопје

  • Соборен храм „Свети Климент Охридски“ - Торонто, Канада

    Црква „Света Петка“ - Сиднеј, Австралија

  • Архиепископ Доситеј

    Св. Апостол Павле

    Св. Наум Охридски

    Св. Кирил и Методиј

    Грбот на МПЦ-ОА

    Св. Климент Охридски

  • Хаџи Павел Граматиков

    Св. Мајка Тереза Ватикан

    Метеори

    Архиепископ Михаил Митрополит Кирил Архиепископ Стефан

  • Кирил Стојановски

    Св. Злата Мегленска Никодим Џарњас

    Атанас Попов

    Илија ДоневСлаве Катин Св. Богородица

    Митрополит Методиј

  • ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА 17

    ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА

    Христијаните се најголемата верска заедница на територијата на Република Македонија со околу 65 % од населението. Од вкупниот број на христијанско на-селение, околу 95 % припаѓаат на православните христијани, 3 % на протестант-ските, додека 1,2 % припаѓаат на католичките христијани. Прв кој го проповедал евангелието во Македонија бил апостол Павле, каде во тоа време биле основани и првите христијански заедници и цркви. Според Новиот завет, првиот жител на Македонија кој го прифатил христијанството е света Лидија Македонка.

    Најголема улога во христијанизацијата на земјата, според традицијата, има формирањето на Охридската архиепископија како наследник на архиепископија-та во Јустинијана Прима, заедно со свети Кирил и Методиј, свети Климент Охрид-ски и свети Наум Охридски..

    Во времето на цар Самуил, Охридската црква била подигната на ранг на па-тријаршија, за во 1767 година таа да биде укината. По завршувањето на Втората светска војна била основана Македонската православна црква - Охридска архи-епископија која се изјаснува како наследник на средновековната Охридска архи-епископија.

    Во овој дел е даден текст за апостол Павле кој станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања во Македонија. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе миси-онерски и благовеснички патувања, во текот на кои патувања тој го проповедал христијанството меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Ма-кедонија престојувал четири пати.

    Потоа е претставен архимандритот Хаџи Павел Граматиков – Божигробски кој е познат по тоа што е автор на преводот „Кониковско евангелие” или „Неделно-то евангелие” на воденски народен говор, што заедно со другите преводи прет-ставува мала книжнина и влијаел и за поставувањето на јазичното прашање во времето на преродбата, како и текст за духовноста на Метеорите во Егејска Ма-кедонија.

    Посебен простор е посветен на света Мајка Тереза која беше прогласена за најголема хуманистка на XX век, припаѓаше на Скопје, Калкута и на целиот свет. Папата Франциско ја канонизираше Мајка Тереза на 4 септември 2016 година на плоштадот „Свети Петар” во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации и 1.500 бездомни лица од цела Италија. Свеченоста за прог-ласување на света Мајка Тереза се пренесуваше во живо на ватиканската телеви-зија и беше пренесувана на интернет.

    За духовно - националното и црковното живеење на Македонците имаат голе-ми заслуги, пред сè првиот поглавар г.г. Доситеј, кој особено е вреден за потсету-вање, бидејќи ја возобнови Македонската православна црква и од него се почна. Исто така и четвртиот поглавар на МПЦ - ОА г.г. Михаил има огромна заслуга за афирмација на духовното живеење во Македонија и во дијаспората, особено во возобновувањето на македонското монаштво..

    Методи Гогов ќе остане доследен на крстот и мантијата, на олтарот и молитва-та, на црквата и Македонија. Но како да се плашеле од неговиот дух, неговиот ум

  • 18 СЛАВЕ КАТИН • МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    и знаење, па за да се ослободат од него во 1966 година го испратиле да богослужи далеку од Македонија, преку океанот, во Австралија. Но во Мелбурн тој бил свештеник во првата Македонска црква од Македонија „Свети Великомаченик Ѓорѓи Чудотворец“. Тамошните медиуми го нарекувале поп што лета бидејќи ра-ботел и неуморно патувал - ги создавал првите црковни општини во Австралија.

    Во делото е даден придонесот на митрополитот господин Кирил (Никола По-повски) и неговата улога која беше огромна и остави значајни траги во форми-рањето на македонски православни духовни, национални и културно–просвет-ни центри во прекуокеанските земји. Тој целиот свој живот го посвети на духов-но-црковното и националното обединување на македонскиот народ, на Амери-канско-македонско-канадската епархија и на Полошко-кумановската епархија.

    Посебен простор е посветен за Црковно-народниот собор, одржан на 9 ок-томври 1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска архиепископија „Света Софија“ во Охрид, кога митрополитот Стефан на 10 октомври 1999 година торжествено беше востоличен како петти поглавар на МПЦ и оттогаш тој ја извр-шува должноста архиепископ охридски и македонски, а истовремено е и надле-жен архијереј на Скопската православна епархија. И покрај 44-годишната возраст на господин господин Стефан, Македонската православна црква–Охридска ар-хиепископија ја вложи довербата во неговата интелектуална и морална зрелост.

    Денес надлежен архиереј на Американско—македонско-канадската епар-хија, една од трите задгранични епархии на Македонската православна црква е, митрополитот господин Методиј, кој беше интронизиран во „Свети Климент Ох-ридски” во Торонто на 4 септември 2006 година. Чинот на востоличувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква, неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан.

    Македонското иселеништво во САД и во Канада, преку дејноста на македон-ските православни цркви, ја доживува својата вистинска црковно-духовна, кул-турно-просветна и сенародна ренесанса и афирмација.

    Тоа е, секако, заслуга на матичната татковина - Македонија и грижата на мајка-та автокефална Црква. Всушност, нашата Светиклиментова автокефална МПЦ, преку своите духовни мисионери, особено митрополитите Кирил и Методиј, за-едно со свештенството се оној “спиритус мовенс“ кој ги мотивира, обединува и инспирира Македонците од сите делови на етничка Македонија во нивното сев-купно живеење и творење.

    Затоа, за митрополитите Кирил и Методиј и Американско-канадско-македон-ската епархија е посветен посебен простор во ова дело. Тие, заедно со свештени-ците и верниците се достојни за почит, оставајќи трајни дела за себе и за идните генерации. Ова зборува дека такви добри дела можат да прават само духовници, институции, примерни во работата, креативни и силни луѓе, докажани дарители какви што се членовите на МПЦ. Луѓе проникнати со достоинство и искрено и чесно македонољубие. Луѓе со широки и чисти евангелски христијански погледи и љубов кон својот народ и сите луѓе.

    Исто така, во овој дел се презентирани и текстови за: Кирил Стојановски и Атанас Попов - првите мисионери во Канада, за Илија Донев – духовни-кот и чувар на македонската религија, за архимандритот Никодим Царкњас кој е симбол на Беломорието и Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење.

  • ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА 19

    ХРИСТИЈАНСТВОТО РЕЛИГИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

    Почнувајќи од древните времиња па до денес, Македонија беше, е, и ќе биде место каде што се вкрстуваат различни цивилизации и религии. Така, христијан-ството се појави на овие балкански простори пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дојде во Македонија, која како земја, неколку пати се споменува и во Библијата. Историски гледано, почнувајќи од епохата на Алексан-дар Македонски преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Славјаните кон југ а потоа и за време на отоманскиот период, Ма-кедонија беше крстосница на нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Во текот на овие долги и важни периоди само две нации го избраа името на земјата како дел од нивниот идентитет - древните Македонци и Македонците денес.

    Македонија го зафаќа централниот дел на Балканскиот Полуостров и има из-вонредно важна положба во спојувањето на важните патишта и цивилизациски вредности и оставнини. Земјата е отворена вдолж долините на реките Вардар и Струма кон Егејското Море, како дел од Медитеранот. Во минатото, пак, патот Виа Игнација најважната раскрсница на Балканскиот Полуостров која поминувала од Дуразо преку Елбасан, се протегала и низ Македонија, преку Охрид и Битола до Солун и Константинопол.

    Оваа географска положба ја сместува Македонија на крстосниот мегдан меѓу Исток и Запад. Сите воени експедиции морале да поминат преку неа, а таа била мост преку кој преминувала развиената трговија, заедно со различни култури, религии и други влијанија. Македонија била еден од првите региони во кој прис-тигнала христијанската вера и преку неа христијанството се проширило кон за-падните и северните простори.

    Христијанството е најголемата и најзначајната религија на територијата на Република Македонија со околу 65 % од населението. Од вкупниот број на христијанско население, околу 95 % припаѓаат на православните христијани, 3 % на протестантските, додека 1,2 % припаѓаат на католичките христијани. Прв кој го проповедал Евангелието во Македонија, бил апостол Павле, каде биле основани и првите христијански заедници и цркви. Според Новиот завет, првиот жител на Македонија кој го прифатил христијанството била света Лидија Македонка.

    Треба да се истакне дека најголема улога во христијанизацијата на Република Македонија и македонската дијаспора, според преданијата, хроничарите и тра-дицијата, има формирањето на Охридската архиепископија како наследник на архиепископијата на Јустинијана Прима, заедно со нејзините мисионери браќата свети Кирил и Методиј Солунски, свети Климент и свети Наум Охридски.

    На оваа македонска почва се пуштени ркулците (никулците) на првата азбука од свети Кирил (Константин Солунски), човекот, кој во тој период се истакнувал по своето образование, а која била историски значајна за сите славјански народи.

    Доаѓањето на свети Климент Охридски во Македонија, е од голема важност за првата словенска азбука, бидејќи судбоносниот момент дошол кога Македонците можеле да се образуваат учителите на својот мајчин јазик. Како надополнување на другите мисионерски активности, во период од седум години, околу 3.500 сту-денти се здобиле со образование на Климентовиот универзитет во Охрид.

    Ова била вистинска ренесанса на Македонците. Тука не само што ја потврдиле македонската вера, туку и се здобиле со повисоко образование, бидејќи покрај

  • 20 СЛАВЕ КАТИН • МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    теологијата на Климентовиот универзитет, се учеле и други предмети вклучувајќи молитва на старомакедонски (словенски) јазик, пеење, општа и црковна историја, природни науки, филозофија, медицина и други јазици. Меѓутоа, најважната ра-бота било тоа што, со извршените преводи и заедно со транскрипцијата форми-рале една цела литературна школа. Охрид станал центарот од кој македонската литература се раширила кај сите славјански народи. Во исто време Охрид станал вистински центар на христијанството - „христијански Ерусалим”, или “балкански-от Ерусалим “како што се нарекува денес.

    Во времето на цар Самуил, Охридската црква била подигната на ранг на па-тријаршија, за потоа во 1767 година, таа да биде укината. На крајот од Втората светска војна била возобновена Македонската православна црква, во лицето на Охридската архиепископија.

    Црковните споменици во Македонија навистина биле свети места на зближу-вање меѓу христијаните од сите балкански земји и од светот. Затоа македонскиот народ и денес ги заштитува со најсовремени научни методи, ги чува и се грижи за тие објекти кои постојано се отворени и достапни за секој добронамерен верник, почитувач и проучувач од кој било дел на светот, а мајсторите и донаторите кому-ницирале низ овие градби според своите духовно - црковни доблести.

    Македонците, никогаш не ги третирале делата на своите творци во други земји за своја сопственост, туку како природна циркулација на културните вредности и добрите верски односи меѓу христијаните и другите верници. Македонецот гра-дел духовно-културни храмови со силна желба, љубов и вера кон православието. Со цел да опстои на овие балкански простори, православниот народ во Македо-нија во периодот од десетина векови си помагал со другите народи на Балканот и пошироко, си пружал христијанска рака, затоа ги издржал и ропството, асими-лацијата, прогонувањето а и неправдите. Тој опстанал и ќе опстоти сé додека ве-кот векува и светот светува, зошто македонскиот народ е библиски, со широка христијанска душа, со вера, надеж и со љубов кон својата црква.

    Во историскиот развој на Македонија е забележано дека во времето на Вто-рата светска војна, македонскиот народ активно учествувал во неа со цел да се ослободи од фашистичкиот окупатор и да се здобие со национална слобода, др-жавност и црковно осамостојување. Првиот официјален акт во врска со регули-рањето на македонското црковно прашање бил донесен на 15 септември 1943 го-дина, од страна на тукушто формираното Верско поверенство при Главниот штаб на македонската војска.

    Веднаш по формирањето на Верското поверенство, на ослободената терито-рија, во селото Издеглавје - Охридско, бил одржан Првиот свештенички собор, на кој едногласно биле донесени решенија од првостепено значење за натамошната иднина за црковното управување во Македонија. Тогаш македонското свештен-ство одбило да ја признае јурисдикцијата на која и да е туѓинска црква, барајќи во слободна Македонија да се обнови Охридската архиепископија и црковниот живот на слободниот македонски народ да биде раководен од Македонската православна црква.

    Одлуката за самостојност на денешна Македонската православна црква-Ох-ридска архиепископија беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година, во црквата „Свети Мина“ во Скопје, и, истовремено, е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа, Светиот архијерејски синод на

  • ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА 21

    Српската православна црква даде самостојност на Македонската православна црква- Охридска архиепископија, со тоа што, таа и понатаму останува во канонско единство со Српската православна црква преку нејзиниот патријарх.

    По неколку дена во црквата „Свети Никола” во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија господин. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според нејзиниот Устав, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

    Во мај 1962 година, во придружба од патријархот Герман, со неколку еписко-пи на Српската православна црква, во посета на Македонската православна црк-ва-Охридска архиепископија дојде патријархот московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската православна црква. На празникот Свети Кирил и Методиј во црквата „Света Богородица” во Охрид беше одржана и архијерејска литургија, на којашто зедоа учество патријархот московски Алексиј, патријархот српски Герман и архи-епископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Ова беше прво сослужу-вање на поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиеписко-пија со поглавари на други автокефални цркви.

    Во 1966 година, односите со Српската православна црква повторно се вло-шуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот синод на Маке-донската православна црква-Охридска архиепископија на 17 јули 1967 година, во Охрид, го свика Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква „Свети Климент Охридски” ја прогласил денешната Македон-ската православна црква-Охридска архиепископија за автокефална.

    Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија беше извршен на светата архијерејска литур-гија, отслужена во црквата „Света Богородица-Перивлепта“ (тогаш позната и како „Свети Климент Охридски”) на 19 јули 1967 година, од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, точно по 200 го-дини од нејзиното укинување од страна на Отоманската Империја.

    Последниот Устав на Македонската православна црква-Охридска архиепис-копија беше донесен во 1974 година, според кој, Македонската православна црк-ва своите работи ќе ги управува и ќе ги води независно, во согласност со дог-матското и канонското единство со другите православни цркви. Македонската православна црква-Охридска архиепископија има свој грб, свое знаме, а службен јазик е македонскиот.

    Црковно–епархиски тела и административни органи на МПЦ се: 1. Архиепис-копот, 2. Светиот архијерејски синод, 3. Архијерејскиот црковен суд, 4. Епархиите, седум во Република Македонија и три во прекуокеанските земји (Американско – канадска, Австралиска и Европска епархија), кои се управувани од надлежни вла-дици со помош на архијерејски заменици во градовите на овие епархии. Основни единици на територијалната поделба се парохиите, управувани од свештениците.

    Македонската православна црква игра значајна улога во собирањето на Ма-кедонците во земјата и надвор од неа. Македонскиот народ во неговата долго-вековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се бореше и за независност на својата православ-на црква. Затоа историјата на македонскиот народ во последниве илјада години секогаш беше тесно врзана со Македонската православна црква, со Охридската архиепископија.

  • 22 СЛАВЕ КАТИН • МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    АПОСТОЛ ПАВЛЕ ГЛАСНИКОТ КОЈ ГО РАШИРИ ХРИСТИЈАНСТВОТО

    Христијанството е религија на оние кои веруваат во Исус Христос и го сле-дат неговиот живот и учење кои се среќаваат во Новиот завет на Библијата. За христијаните Исус Христос е син Божји и спасител на човештвото. Затоа христијан-ството станува масовна светска религија со околу 2,1 милијарда верници во све-тот. Инаку, зачетоците на христијанството датираат уште од I век во Палестина, која тогаш се наоѓала под власт на Римската Империја. Во почетокот христијан-ството се проширило меѓу Евреите, за подоцна да се развие и меѓу другите етнич-ки припадници.

    Првобитните апостоли и мисионери на христијанството биле Евреите, а не-говите корени произлегуваат од старозаветниот јудаизам. Како државна рели-гија христијанството, прво, било прифатено во Голема Арменија во 301 година, а во Македонија се појавило во IX век. Според статистичките податоци, денес, христијаните се најголемата верска заедница на територијата на Република Ма-кедонија со околу 65 % од населението.

    Христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот пропо-ведник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал христијанството меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија престоју-вал четири пати.

    Своето прво патување надвор од Азија, светиот апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51. година а завршило во 54. година, при што во те-кот на тие години апостол Павле посетил и некои субсахарско-арапски градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини.

    Во тоа време Македонија била во составот на Римската Империја, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споме-нувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во „Дела на светите апостоли”, најверојатно, напишано од страна на апостол Лука, каде се вели:

    ...на Павле му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: Дојди во Македонија - помогни ни!

    И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи, дека Бог нè повикал да им го проповедаме

    Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, и следниот ден стасавме во Неапол...

    Најголемите историски извори за мисионерството на апостол Павле прет-ставуваат писмените споменици на третиот период од историјата на Апостолски-от век, односно пишувањето на. Двете посланија до Солунците се најрано напи-шаните посланија на апостол Павле. Тие го сочинуваат еден од најстарите делови на Новиот завет.

    И двете посланија апостол Павле ги испратил од Коринт до Солунската црква за време на неговото второ патување. Солунската црква била една од повеќето цркви во Македонија, што биле создадени при второто големо патување на

  • ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА 23

    апостолот. Посланијата до македонските цркви претставуваат, пред сé, посланија на комуникација (општење). Оваа карактеристика особено се однесува на Посла-нието до Филипјаните. Посланието до црквата во Филипи се одликува со исклу-чително личен карактер и богатство на конктретни историски содржини. Тоа било напишано кога апостолот се наоѓал во затвор.

    Градот Филипи станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството. Кога христијанството се пренесувало од Азија во Ев-ропа, првата црква на европскиот континент била формирана „во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија”. Изразот „прв”, како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски.

    Уште со самото пристигнување во Филипи, апостол Павле и неговите при-дружници започнале да го проповедат христијанството. Слушателите на апосто-лот Павле, пред сè, биле Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на апостол Павле до Филипијците, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број Евреи и Елини.

    Во Филипи, според Новиот завет, се случило и првото крштавање и тоа на све-та Лидија Македонка. Така, Лидија станала првата христијанка во Македонија и во Европа која го примила христијанството од апостол Павле. Според Евангелие-то, кога пристигнал во Европа, прво, бил пресретнат од жените, бидејќи тие први се појавиле пред апостолите. Апостол Павле активно ги вклучил и жените во ми-сионерството и во евангелизацијата во ранохристијанската црква. Според веру-вањата, света Лидија била гостопримлива па ги понудила апостолите да живеат во нејзиниот дом.

    По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот на домот на Марија, мајката на Исус Христос во Ерусалим. Единаесет години по заминувањето на апостол Павле од Филипи, од првата црква во Европа, апостол Павле на христијаните им напишал послание и го упатил „до сите светии во Исуса Христа, што се во Филипи, со бројни епископи и ѓаконите”.

    Откако го оставил во Филипи апостол Лука, апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун. Тоа се случило во пролетта во 50-тата година по патот Виа Игнација, каде според Евангелието, по шест дена пешачење пристигнал во Солун.

    Таму неговата проповед ја прифатиле малкумина од Евреите, додека, пак, по-голем број од оние кои го прифатиле неговото учење биле, главно, Македонци и Елини. Апостол Павле, Сила и Тимотеј започнале да го проповедаат Евангелието во куќата на Јасон, во неговата ткајачница и во повеќе приватни домови. И покрај првичните успеси апостол Павле и неговите помошници морале ноќе да побегнат и да го напуштат градот, бидејќи против нив се побуниле Евреите од Солун, припи-шувајќи им политички намери „против заповедите на цесарот, изјавувајќи оти има друг цар - Исус”.

    Во 51. година, апостолите Павле, Сила и Тимотеј го напуштиле Солун и замина-ле во Берија, која се наоѓала во третата македонска управна област каде за прв сопатник на апостол Павле станал Сосипатр Пиров. Оставајќи ги Сила и Тимо-теја во Берија, свети апостол Павле одлучил да ја напушти Македонија и, по море,

  • 24 СЛАВЕ КАТИН • МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    заминал за Атина. Римјаните раните христијани ги нарекувале атеисти, безбож-ници поради нивното одбивање да ги прифатат римските богови.

    Првиот поголем прогон на христијаните започнал во времето на римскиот им-ператор Нерон. Во 64. година во Рим избил голем пожар. Императорот за подмет-нувањето на пожарот ги обвинил христијаните, наредувајќи им да го напуштат градот. За време на овој прогон, тие биле распнувани на крст, фрлани во реката Тибар или предавани на дивите животни во амфитеатрите. Меѓу тие први маче-ници се наоѓале и апостолите Петар и Павле кои биле погубени во 67. година. Најпознат маченик од тој период е свети Димитриј Солунски.

    Инаку, апостол Павле, познат и како свети Павле или Павле од Тарсус е еден од најважните светци во проповедањето и распространувањето на христијанството. Познат е како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на свети Павле се текстовите од Новиот завет. Во нив се вели дека апостол Павле е роден во Тарс во Киликија (денешна Турција), во еврејско семејство. Неговото име на хебрејски јазик е Саул (Савел, Савле). Во исто време се здобил и со римско државјанство.

    Дејноста на апостол Павле била распространета од Ерусалим до Рим. Тој по-раснал во Ерусалим и се занимавал со изработка на шатори. Рабинот Гамалиел го учел на фарисејството, го интересирал Талмудот, а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа прогону-вањето на христијаните и убиството на свети Стефан.

    Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека кога одел на пат кон Дамаск тој видел необична светлина од која тој ослепел и го слушнал гласот на Господ од небото.

    По враќањето во Ерусалим, во почетокот, неговите истомисленици се сомне-вале во него, не му верувале. На своето прво мисионерско патување, бил испра-тен од страна на Барнаба, кој претходно го внел во заедницата на Ерусалимската црква. Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина, Македонија, Ко-ринт, Шпанија и некои тогашни земји.

    Обично, за свети Павле се споменуваат четири мисионерски патувања, со кои тој првин во саботите влегувал во синагога, со цел, на присутните да им го споде-ли Евангелието, но кога почнале Евреите да не го прифаќаат и да не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на тогашните пагани (безверници).

    Во 67. година, свети Павле бил осуден на смрт и погубен во Рим. Поради тој чин се смета дека свети Павле бил римски државник, бидејќи само римските граѓани биле егзекутирани на таков начин. Според христијанската митологија, со смртта настапиле големи чуда. Пресечената глава на апостолот продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извори, односно на местото на денешниот манастир „Три фонтани” кај вечниот град Рим.

    Во неговите посланија, кои се составен дел на Новиот завет, свети Павле од-говара на проблемите на христијаните, на проблемите околу црквата со другите религии, средбата со Исус Христос, потоа со апостол Петар и другите апостоли во Ерусалим, за неговото мачење, затворање и прогонување.

    Во Римокатоличката црква се слави на 29 јуни, заедно со свети Петар. И во православието се слави на ист датум, 29 јуни според Јулијанскиот календар, или 13 јули според Грегоријанскиот календар.

  • ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА 25

    СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

    Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. По-текнуваат од угледно и богато  византиско  семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат,  Методиј, како офицер поминал десет години меѓу  ма-кедонските Словени. Потоа се оддалечил заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивните мисии ги извршиле со голем ус-пех, со цел да ги описменат словенските народи.

    Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј, не тргнал по стапките на неговиот татко Лав. Тој уште од детски и ученички годи-ни својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисци-плини и да се нареди до најучените луѓе на својата епоха. Лав и Марија му овоз-можиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само децата од богатите семејства.

    По завршувањето на студиите на Цариградскиот универзитет во 847 година, Константин бил задржан на служба во Цариград. Станал библиотекар на Цари-градската патријаршија, извршувајќи ја истовремено и функцијата секретар на патријархот. Меѓутоа, библиотекарско-секретарската должност не му лежела на срце на младиот филозоф Константин. Уште во 847 година тој ја напуштил долж-носта библиотекар и се засолнил во еден од манастирите близу Цариград. Но, византискиот царски двор не сакал да се лиши од услугите на Константин. Тој бил наговорен да прифати да биде професор по филозофија на Цариградскиот уни-верзитет. Константин со задоволство ја прифатил професорската служба, зашто своите сестрани знаења можел да ги пренесува на своите студенти. Истовремено можел почесто да дискутира по многу научни прашања со Лав Филозоф, Фотиј и другите учени луѓе. За кратко време Константин стекнал голема популарност кај своите студенти и цариградската учена средина. Нему му бил доделен епите-тот „Филозоф“ и станал познат како Константин Филозоф. Наскоро византискиот царски двор почнал да го ангажира и во извршувањето на важни државни мисии.

    Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Ма-кедонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалнич-ка мисија, затоа што, главно, се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управу-вал Методија. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на византиска страна, во борба против агресивните Бугари. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу Словените по текот на Брегалница, била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука - глаголица.

    Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за Словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Хра-бар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други, пак, според сло-венскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви,

  • 26 СЛАВЕ КАТИН • МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

    а потоа придодал уште шест. Тоа се случило уште додека дејствувал меѓу Слове-ните по Брегалничката област, а особено во градот Равен, кој, исто така, лежел по течението на оваа река.

    На тој начин, во овој дел на Македонија, Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. За животот и деј-носта на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие“ од Теофилакт, „Климентовото житие“ од Хоматијан и „О писменах“ од Црноризец Храбар.

    Ви историските документи за свети Кирил и Методиј, меѓу другото, е запиша-но дека,Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик за вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи поче-сти. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свеште-ници кои ги обвинувале за ерес.

    Затоа, биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почести од папата Адријан II. Тој ги одобрил сло-венските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црк-вата  „Санта Марија Маџоре“  и во три римски цркви богослужбите да се вршат на словенски јазик. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на  14 февруа-ри 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанува-ло. Истоштен од напори и измачувања, свети Методиј починал во Нитра, 885 го-дина. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив биле распродадени како робови.

    Делото на светите браќа по смртта на свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - свети Климент и свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави бо