04.04.2014 1 ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ CeProSARD ISO 9001:2008 ISO 14001:2004 Скопје, Март - Мај 2014 Д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. Тема 3. Анализа на постоечката состојба на енергетската ефикасност на зградите, градежните единици, постројките и индустриските процеси Минималните барања за енергетските карактеристики на зградите или градежните единици се одредуваат во зависност од оптималните трошоци за предвидениот економски период на експлоатација на зградата. Минималните барања за енергетски карактеристики на делови од обвивката на зградата при изградба, реконструкција или замена, кои имаат значително влијание на енергетските карактеристики на зградата, се одредуваат во зависност од оптималните трошоци. Минималните барања за енергетски карактеристики ги земат предвид општите внатрешни климатски услови за комфор, за да се избегнат можни ефекти (несоодветна вентилација, старост на зградата или градежната единица) и постигне споредливост на енергетските карактеристики меѓу различни згради со слична намена. Услови за проектирање и градба на нови и значителна реконструкција на постојни згради или градежни единици од аспект на енергетска ефикасност
47
Embed
ISO 9001:2008 ISO 14001:2004 ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ … · 04.04.2014 3 Услови за комфор Архитектонски мерки за комфор правилно
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
04.04.2014
1
ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ
КОНТРОЛОРИ
CeProSARD ISO 9001:2008 ISO 14001:2004
Скопје, Март - Мај 2014
Д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх.
Тема 3. Анализа на постоечката состојба на енергетската ефикасност на зградите,
градежните единици, постројките и индустриските процеси
Минималните барања за енергетските карактеристики на зградите
или градежните единици се одредуваат во зависност од оптималните
трошоци за предвидениот економски период на експлоатација на
зградата.
Минималните барања за енергетски карактеристики на делови од
обвивката на зградата при изградба, реконструкција или замена, кои
имаат значително влијание на енергетските карактеристики на
зградата, се одредуваат во зависност од оптималните трошоци.
Минималните барања за енергетски карактеристики ги земат
предвид општите внатрешни климатски услови за комфор, за да се
избегнат можни ефекти (несоодветна вентилација, старост на
зградата или градежната единица) и постигне споредливост на
енергетските карактеристики меѓу различни згради со слична намена.
Услови за проектирање и градба на нови и значителна реконструкција на постојни згради или градежни
единици од аспект на енергетска ефикасност
04.04.2014
2
Минималните барања за енергетски карактеристики треба да се
проверуваат во редовни временски интервали, кои нема да бидат
подолги од пет години, и ако е потрбно, истите да се надоградат во
соглсасност со техничкиот прогрес во секторот градежништво.
Утврдувањето на минималните барања за енергетски
карактеристики е различно за нови и за постојни згради, како и за
различните категории на зградите.
Зградите чии градежни елементи граничат со надворешната
средина, со тлото или со делови од зграда со значително пониски
внатрешни температури (4К), треба да бидат проектирани во
согласност со вредностите за максимално дозволени коефициенти на
пренесување на топлина.
Сите математички процедури при пресметките за обезбедување
доказ дека се исполнети барањата од Правилникот, се прават во
согласност со важечките македонски стандарди.
Услови за проектирање и градба на нови и значителна реконструкција на постојни згради или градежни
единици од аспект на енергетска ефикасност
Енергетската ефикасност на зградите и градежните единици се
постигнува ако се исполнети условите:
Вредностите на коефициентите на пренесување на топлината, U
на нетранспарентните и транспарентните конструкциите од
обвивката на зградата да не ги надминат максимално дозволените
(Табели П4 - 1 и П4 - 2).
Вредностите на максимално дозволените коефциенти на
специфични трансмисиски топлински загуби, H’T на новоизградени
и згради коишто подлежат на поголема реконструкција, во
зависност од факторот на формата на зградата, да не ги надминат
максимално дозволените (Табела П4 - 3).
Потрошувачката на енергија за греење, ладење, вентилација,
подготовка на санитарна топла вода и осветлување да не ги
надмине максимално дозволените вредности во Правилникот за
енергетски карактеристики на зградите.
Да се обезбедат минималните услови за комфор.
Услови за проектирање и градба на нови и значителна реконструкција на постојни згради или градежни
единици од аспект на енергетска ефикасност
04.04.2014
3
Услови за комфор
Архитектонски мерки за комфор
правилно димензионирање на елементите од обвивката
максимално користење на природна вентилација со системи за
контрола
заштита од сончево зрачење
користење на топлински маси
пасивно / природно ноќно ладење
топлинско зонирање на згради
Градежно-физички мерки
обезбедување здрави микроклиматски услови внатре во
просториите (соодветна температура и релативна влажност),
независно од надворешните климатски услови
максимално намалување на влијанието на топлинските мостови,
без со елиминирање на можноста за површинска кондензација и
појава и растеж на мувла
Услови за проектирање и градба на нови и значителна реконструкција на постојни згради или градежни
единици од аспект на енергетска ефикасност
Услови за комфор
Светлински комфор
природно светло
максимален влез на дневна светлина и минимално користење на
вештачко осветлување
системи за заштита од сончево зрачење
Звучен комфор
изолација од воздушен (внатрешни ѕидови, меѓукатни конструкции,
врати)
и ударен (подни конструкции) звук од извори внатре во зградата
изолација од надворешна бучава (воздушен звук) од надворешни
извори (надворешни ѕидови, прозорци, балконски врати)
Услови за проектирање и градба на нови и значителна реконструкција на постојни згради или градежни
единици од аспект на енергетска ефикасност
04.04.2014
4
Табела П4 - 1: Максимално дозволени коефициенти на пренесување на топлина - вредност Umax на нетранспарентни градежни конструкции
Градежна конструкција U max
W/(m2·K)
1 Надворешни ѕидови и ѕидови кон негреани простори 0,35
2 Надворешни ѕидови и ѕидови кон негреани простори (мали простори со ѕидна површина којашто не надминува 10% од нетранспарентниот дел)
0,60
3 Надворешни ѕидови што граничат со греани простори со различни грејни системи, различни корисници или различни сопственици на нестанбени згради
0,90
4 Надворешни ѕидови кон дилатациска фуга со соседна зграда (постоечка или предвидена за градба)
0,50
5 Надворешни ѕидови вкопани во земја 0,50
6 Внатрешни преградни ѕидови помеѓу греан и помалку греан простор (скалишта, ходници)
0,70
7 Внатрешни преградни ѕидови помеѓу станови 1,60
8 Меѓукатни конструкции под негреан тавански простор (вентилиран или неизолиран)
0,25
9 Меѓукатна конструкција над негреани простори во зграда (подрум, гаража)
0,35
10 Меѓукатни конструкции над отворен простор (пасаж, еркер) 0,30
11 Меѓукатни конструкции помеѓу станбени и деловни простори 0,90
12 Меѓукатни конструкции помеѓу греани простори 1,40
13 Рамни или закосени покриви над греани простори
- површинска маса на конструкцијата ≤ 150 kg/m2 - површинска маса на конструкцијата > 150 kg/m2
0,20 0,25
14 Подови на терен (земја) (не важи за индустриски згради) 0,40
15 Подови на терен и меѓукатни конструкции над негреани простори во зграда (подрум, гаража), во случаи на панелно подно греење
0,35
Табела П4 - 2: Максимално дозволени коефициенти на пренесување на топлината Uw max на транспарентни фасадни елементи
Застаклени отвори и компоненти на фасади U w max
W/(m2·K)
1 Прозорци и прозорец-врати од ПВЦ рамки, со дво- или трослојно застаклување, со исполна со воздух или благороден гас, со или без нискоемисивен премаз
1,70
2
Прозорци и прозорец-врати (вклучително прозорци во покривна конструкција) со рамки од дрво, со дво- или трослојно застаклување, со исполна со воздух или благороден гас, со или без нискоемисивен премаз
1,80
3
Прозорци и прозорец-врати со метални рамки со прекини на топлински мостови, со дво- или трослојно застаклување, со исполна со воздух или благороден гас, со или без нискоемисивен премаз
2,00
4 Висечки фасадни завеси 1,90
5 Други транспарентни компоненти, хоризонтални или под агол, помеѓу внатрешен греан простор и надворешен воздух 2,00
6
Вертикални застаклени површини или балконски врати во греани зимски градини, со рамки од дрво или пластика Вертикални застаклени површини или балконски врати во греани зимски градини, со метални рамки
1,30
1,60
Максимално дозволен коефициент на пренесување на топлината U w max за
рамки од дрво, пластика или нивна комбинација Ufr ≤ 1,6 W/(m2·K)
метални рамки со прекини на топлински мостови Ufr ≤ 1,8 W/(m2·K)
кутија за надворешни ролетни или друг елемент за засенчување Ufr ≤ 0,6 W/(m2·K)
стакло-пакет Ug ≤ 1,8 W/(m2·K)
04.04.2014
5
Табела П4 - 3: Максимално дозволени коефциенти на специфични трансмисиски топлински загуби H’T на новоизградени згради и згради коишто
подлежат на поголема реконструкција, со внатрешна температура i ≥ 18°C, во зависност од факторот на форма на зградата (f0)
f0
m-1
W/m2·K W/m2·K
Нови станбени
згради
Станбени згради
при поголема
реконструкција
Нови нестанбени
згради
Нестанбени згради
при поголема
реконструкција
≤ 0,20 1,05 1,34 1,55 2,01
0,30 0,80 1,02 1,15 1,99
0,40 0,68 0,87 0,95 1,24
0,50 0,60 0,77 0,83 1,08
0,60 0,55 0,71 0,75 0,98
0,70 0,51 0,66 0,69 0,90
0,80 0,49 0,63 0,65 0,85
0,90 0,47 0,60 0,62 0,80
≥ 1,00 0,45 0,58 0,59 0,77
ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА
ЕНЕРГИЈА
04.04.2014
6
Фосилни горива
3 х 20 (20 : 20 : 20)
До 2020 година:
– 20% намалена потрошувачка на енергија
– 20% намалена емисија на CO2
+ 20% зголемена употреба на обновливи извори на енергија
Концепт за:
1. Заштеда на енергија
2. Заштита на животна средина
3. Намалена зависност од необновливи извори на енергија
Стратегија на ЕУ
Енергетска тријада – Trias energetica
04.04.2014
7
топлина добиена со употреба на технологии за активно користење на сончевото зрачење за покривање на потребите од топлина, како и пасивно користење на сонцето
добивање топлина од земја (геотермална енергија), топлина од воздух или вода
топлина генерирана од цврсти, течни или гасовити биомаси (биодеграциони фракции од домашен и индустриски отпад, земни гас, метилестер од билно масло).
Развојот на технологии за генерирање топлина од обновливи извори на енергија има за цел заштита на климата, рационална употреба на фосилни ресурси и намалување на зависноста од увоз на енергија. Оваа цел главно се реализира преку:
Обновливи извори на енергија
Климатски карактеристики на Република Македонија
Извор: Doc. Dr. Klemen Bergant:2006
04.04.2014
8
Влијание на атмосферата врз сончевото зрачење
рефлектирано 6%
директно
апсорбирано 15%
дифузно
дифузно
Соларна константа (SC) = 1,353 kW/m2
Географска положба и ориентација на објектот
Инсолација во зависност
од годишното време
04.04.2014
9
Извор: Intelligent Energy – Building Energy Efficiency (Student handbook)
Активно и пасивно користење на сонцето
Ориентација на објект
04.04.2014
10
50% намалена потрошувачка на енергија за греење, ладење и осветление
Ориентација на објект
Композитни системи за надворешна топлинска изолација (КСиНТИ)
Надворешна транспарентна топлинска изолација
04.04.2014
11
Соларни ефекти од примена на транспарентна изолација
Температурни дијаграми на транспарентна изолација (лево) и на нетранспарентна изолација (десно)
Композитни системи за надворешна топлинска изолација (КСиНТИ)
Надворешна транспарентна топлинска изолација
Извор: STO
Композитни системи за надворешна топлинска изолација (КСиНТИ)
Надворешна транспарентна топлинска изолација
04.04.2014
12
Застаклени фасадни елементи во зградите
Основни услови застаклените елементи да бидат дефинирани како
енергетски ефикасни:
Да имаат што е можно помали топлиснки загуби
Да овозможат оптимални услови за здрав и удобен престој во
објектите
Максимално да обезбедат топлински добивки
Различни типови електромагнетно зрачење
04.04.2014
13
Спектар на сончевото зрачење
Спектар на видливата светлина
04.04.2014
14
За многу градежни материјали e = 0,9
Обичното стакло има e = 0,89
Технологија за нанесување на метализиран слој
e = 0,30 - 0,15 (пиролитички премаз)
e = 0,10 - 0,02 (магнетронски премаз)
Стакло со премаз (стакло со високи перформанси, нискоемисивно стакло,
“Low E” стакло)
Фактор на емисија на површина (e)
Двослојно застаклување со високи перформанси
04.04.2014
15
Двослојно застаклување сонизок фактор на емисија e
Трослојно застаклување со високи перформанси
04.04.2014
16
Трослојно застаклување со високи перформанси
Извор: AGC ®
Застаклени фасадни елементи во зградите
04.04.2014
17
Застаклени фасадни елементи во зградите
Соларна контрола - ефект на стаклена градина
04.04.2014
18
Фактори на сончевото зрачење
Селективно пропуштање на
сончевата енергија
Фактори на сончевото зрачење Енергетски фактори при обично монолитно стакло
04.04.2014
19
Фактори на сончевото зрачење Светлински фактори
Фактори на сончевото зрачење Енергетски фактори при двослојно застаклување
04.04.2014
20
Соларна контрола Апсорпциско стакло и стакло со премаз
Вредност на коефициентот Ug за двослојно застаклување
Вредност на коефициентот Ug за трослојно застаклување
Коефициенти на пренесување на топлината за вертикални прозорци, Uw во зависност од вредноста Uf на прозорските рамки и од вредноста Ug на застаклувањето
Тип на застаклување Вредност
Ug W/(m2·K)
Коефициенти на пренесување на топлината на прозорски рамки Uf W/(m2·K)