Top Banner
Државен завод за статистика ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 3111 336 www.stat.gov.mk
41

ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

Jan 22, 2020

Download

Documents

dariahiddleston
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

Државен завод за статистикаул. „Даме Груев“ бр.4

тел: 02 3295 600; факс: 02 3111 336www.stat.gov.mk

Page 2: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот
Page 3: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

Издавач:Државен завод за статистика, Скопје, “Даме Груев” 4

За издавачот:Лидија Костовска, директор

Печатено во:Печатница Дуле 99 Стил

Тираж: 100 примероци

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 311.312:005.71(497.7)”1945/2015” СЕДУМДЕСЕТ70 години Државен завод за статистика. - Скопје : Државен завод застатистика на Република Македонија, 2015. - 40 стр. : илустр. ; 21x21см + ЦД - - 70 години Државен завод за статистика [Електронски извор]. - [1]електронски оптички диск(ЦД-РОМ) ; 8 см, Прилог кон книгата ISBN 978-608-227-178-11. Гл. ств. насл.а) Државен завод за статистика (Скопје) - 1945-2015COBISS.MK-ID 98802698

Page 4: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

„Статистиката може да се дефинира како множество на методи за донесување

на мудри одлуки во услови на неизвесност“

W.A. Wallis

Page 5: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

4 | 70 години | Државен завод за статистика

Принцип 1: Официјалните статистики обезбедуваат неопходен елемент во информатичкиот систем на едно демократско општество, услужувајќи ги владата, економијата и јавноста со податоци за економската, демографската, општествената состојба и состојбата со животната средина. За таа цел, официјалните статистики кои ќе го поминат тестот за практичност ќе се прибираат и ќе бидат непристрасно достапни од страна на официјалните статистички агенции во полза на правото на граѓаните на јавни информации.

Принцип 2: За да се задржи довербата во официјалната статистика, статистичките агенции треба да одлу-чуваат во согласност со стриктно професионални размислувања, вклучувајќи и научни принципи и професионална етика, за методите и процедурите за прибирање, обработка, складирање и презентирање на статистичките податоци.

Принцип 3: За да се олесни точната интерпретација на податоците, статистичките агенции треба да ги пре-зентираат информациите во согласност со научните стандарди за изворите, методите и процедурите на статистиките.

Принцип 4: Статистичките агенции имаат право да коментираат погрешна интерпретација и злоупотреба на статистички податоци.

Принцип 5: Податоци за статистички цели може да

се земаат од сите видови на извори, без разлика дали се статистички истражувања или административни извори. Статистичките агенции треба да го изберат изворот земајќи ги предвид квалитетот, навремено-ста, трошоците и оптовареноста на давателите на податоци.

Принцип 6: Индивидуалните податоци прибрани од статистичките агенции за статистички збирки, без разлика дали се однесуваат на физички или на правни лица, треба да бидат стриктно доверливи и да се користат само за статистички цели.

Принцип 7: Законите, регулативите и мерките според кои работат статистичките системи треба да бидат јавни.

Принцип 8: Координацијата помеѓу статистичките агенции во земјите е важна за да се постигне дослед-ност и ефикасност во статистичкиот систем.

Принцип 9: Користењето на меѓународни концепти, класификации и методи од страна на статистичките агенции во секоја земја ги промовира доследноста и ефикасноста на статистичките системи на сите официјални нивоа.

Принцип 10: Билатералната и мултилатералната сора-ботка во статистиката придонесуваат за подобрување на системите на официјалната статистика во сите земји.

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ОФИЦИЈАЛНАТА СТАТИСТИКА (РЕЗОЛУЦИЈА 68/261 ОД 29 ЈАНУАРИ 2014 НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ)

Page 6: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

570 години | Државен завод за статистика |

МИСИЈА

Државниот завод за статистика произведува и

дисеминира официјални статистички податоци за

македонската економија и општество како основа

за процесот на донесување одлуки базирани врз

релевантни информации. Објавените статистички

информации мора да бидат точни, навремени,

непристрасни, достапни и едноставни за користење.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да бидеме препознаени како стручна

институција која обезбедува квалитетни, навремени

и меѓународно споредливи статистички податоци,

институција која истовремено води грижа за оптова-

реноста на извештајните единици и за задоволување

на потребите на корисниците на статистичките

податоци.

ВРЕДНОСТИ

Вредностите што Државниот завод за статистика ги

почитува и доследно ги применува во практиката

се преземени од Кодексот за работа на европската

статистика. Тоа се петнаесет принципи што се одне-

суваат на институционалната околина, статистичките

процеси и статистичките аутпути:

Стручна независност

Мандат за прибирање податоци

Адекватност на ресурсите

Посветеност на квалитет

Статистичка доверливост

Непристрасност и објективност

Стручна методологија

Соодветни статистички процедури

Умерено оптоварување на давателите на податоци

Ефективност на трошоците

Релевантност

Точност и веродостојност

Навременост и во предвидени рокови (редовност)

Кохерентност и споредливост

Достапност и јасност

Page 7: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

6 | 70 години | Државен завод за статистика

7 | ВОВЕД

8 | 1. МАКЕДОНСКАТА СТАТИСТИКА НИЗ ГОДИНИТЕ

12 | ИСТОРИЈАТ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

14 | 2. СТАТИСТИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА

16 | ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

17 | ИТ ИНФРАСТРУКТУРА

19 | 3. ХАРМОНИЗИРАЊЕ НА СТАТИСТИЧКИОТ СИСТЕМ СПОРЕД СТАНДАРДИТЕ НА ЕУ

19 | СОЦИЈАЛНИ СТАТИСТИКИ

21 | ДЕЛОВНИ СТАТИСТИКИ

23 | ИНДИКАТОРИ ЗА ПРОСЕЧНО ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО

24 | НАЦИОНАЛНИ СМЕТКИ

26 | КЛАСИФИКАЦИИ И РЕГИСТРИ

27 | УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

30 | 4. ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА - НОСИТЕЛ И КООРДИНАТОР НА СТАТИСТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО ЗЕМЈАТА

31 | 5. СОРАБОТКА СО КОРИСНИЦИ НА СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ

34 | 6. ПРОЕКТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

35 | НОВО ПОГЛАВЈЕ – НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ

СОДРЖИНА

Page 8: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

770 години | Државен завод за статистика |

Државниот завод за статистика веќе 70 години ја

раскажува приказната за Република Македонија

низ бројки - релевантни, веродостојни и достап-

ни. Но, сопствената приказна на Заводот е многу

повеќе од бројки: тоа е водење на официјалната ста-

тистика со прибирање, споредување, усогласување,

анализирање, разменување и дисеминирање на по-

датоци од најразлични области на социоекономскиот

живот во повеќе од 300 статистички истражувања; тоа

е фокусирање кон целта податоците што се користат

да бидат точни, а применетата методологија сигурна за

да се обезбедат најдобри можни информации за сите

корисници; тоа е и координирање и воспоставување

на стандарди за статистиките што се водат во други

државни органи и институции. Едновремено, тоа е и

наша определба, на носителите на одлуките во држа-

вата, на претставниците на бизнисот, на домаќинствата

и на граѓаните кои го посветуваат своето време и

енергија за да ги комплетираат нашите истражувања

и да ни дадат информации што ни се потребни, да

им обезбедиме реални статистички податоци што

се вредни за нив.

ВОВЕД

Оваа публикација го бележи минатото и сегашноста,

ги бележи трагите на сите поранешни и сегашни

статистичари оставени во темелите и вградени во

70-годишниот раст на Државниот завод за статистика.

Ги бележи достигнувањата, надминатите пречки и

идните предизвици на патот кон успешна и современа

статистичка организација. Пат што значи непрекината

грижа за постигнување на целта, зашто успехот не е

даден еднаш засекогаш. Токму затоа, оваа публикација

им ја посветуваме на сите поранешни, сегашни и идни

статистичари, како и на сите останати кои безрезервно

нё поддржуваат и следат на овој пат.

Директор

Лидија Костовска

Page 9: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

8 | 70 години | Државен завод за статистика

1. МАКЕДОНСКАТА СТАТИСТИКА НИЗ ГОДИНИТЕ

Почетоците на статистиката на просторот на денешна

Македонија датираат уште многу одамна. Статистички

истражувања или согледувања спроведувале по-

единци или статистички органи на други земји, со

различни мотиви и за различнни цели.

Најстарите зачувани евиденции кои се однесуваат

на територијата на Република Македонија, од кои

денес можеме да направиме значајни статистички

согледувања, се пописните книги - ДЕФТЕРИ, што ги

водела администрацијата на Турската империја, за-

ради определување на давачките на популацијата.

Специјални статистички истражувања на територијата

на Македонија се вршени во деветнаесеттиот век

кога голем број патeписци прибирале интересни

информации за земјата и нејзиното население.

Првиот официјален-државен попис наменет за чи-

сто статистички цели во тогашната Турска империја

е спроведен во 1873 година. Биле попишани само

машките лица, а за првпат официјално во тој попис

се споменуваат и Македонците.

Официјални пописи со утврдена методологија на

територијата на Република Македонија се реализирани

во 1921 и 1931 година, во организација на тогашната

Кралска Југославија.

Слика 1Турски дефтер

Слика 2Попис на населението од 1921 г.

Слика 3Попис на населението од 1931 г.

Page 10: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

970 години | Државен завод за статистика |

На 1 јуни 1945 година, со Одлука на тогашната Влада

на НР Македонија е формиран Македонскиот феде-рален статистички уред.

Во периодот од 1948 до 1950 година статистиката

пре трпува и голем број организациски трансфор-

мации.Тоа е период на централизација на власта во

Федерацијата што се одразува на централизацијата

на статистичките служби. Овој историски период е

познат и како административен период на Федера-

тивна Народна Република Југославија и во тие рамки

и Народна Република Македонија.

Во овој период, статистичките податоци што ги под-

готвувал Статистичкиот уред на НР Македонија, во

основа имале карактер на интерни публикации, на-

менети за потребите на административните органи. Во

периодот од 1945 до 1951 година се продуцирани 184

Врз основа на оваа Одлука, статистиката била орга-

низирана како самостојна управно-стручна служба

на Владата на НР Македонија. Со тоа, за првпат во

историјата на македонската државност се појавува

орган со задача статистички да го следи и прикажува

развојот на Народна Република Македонија.

Во јуни 1948 година е донесена Уредба за основање и

работа на Сојузниот статистички уред и статистички-

те уреди на републиките. Во овој период позначајна

статистичка операција е Пописот на населението во

1948 година што придонесе за засилување на сознани-

ето кај стручната јавност за потребите од статистичко

следење на појавите и статистичко информирање.

Слика 4Службен весник на Федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, бр. 7 и 8, од 1 јуни 1945 г.

Слика 5Попис на населението од 1948 г.

Page 11: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

10 | 70 години | Државен завод за статистика

интерни статистички прикази од повеќе области, но не

е објавена ниту една јавна публикација. И покрај тоа што

оваа документација од содржински и технички аспект

не одговара на подоцнежните публикации, сепак, ова

претставува почеток на статистичката дисеминација

што подоцна ќе даде голем придонес во дефинирањето

на планскиот економски развој на СР Македонија.

дел на комплексот Сојузен статистички уред.

Со добивањето висок степен на самостојност се соз-

дадоа услови за развој на локалните органи за стати-

стика и за задоволување на статистичките потреби

на општините. Во тој период, покрај Републичкиот

статистички уред, формирани се и 9 градски и 18

срески бироа за статистика. Со административно-

територијалната поделба од 1958 година, аналогно

на бројот на срезовите во Република Македонија се

организирани и 7 срески заводи за статистика. Со

следната административно-територијална поделба

од 1964 година, откако се укинати срезовите, на

територијата на Република Македонија се органи-

зирани 30 општини, а среските статистички уреди

продолжуваат да работат како подрачни статистички

заводи.

Основниот Закон за статистика, донесен во 1966 го-

дина, не предвидува никакви организациски промени

на статистиката во Републиката. Но, со донесувањето

на Законот за статистички истражувања од интерес

за Републиката во 1974 година, статусот на бившите

срески заводи за статистика се менува со тоа што тие

прераснуваат во работни единици на Републичкиот

завод за статистика, останувајќи во рамките на своите

работни задачи.

Периодот од 1974 година до осамостојувањето на

Република Македонија во 1991 година е исто така

Со преминот од административен во период на

децентрализација во 1951 година, со воспоставувањето

на демократија, самоуправување и со реорганизација

на државните и управните органи, се создадоа ус-

лови за нова организација на статистичката служба

со формирање на Заводот за статистика на СР

Македонија. Укинати се сите ресорни статистики, а

организирана е единствена статистичка служба како

Слика 6Статистички преглед

Page 12: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

1170 години | Државен завод за статистика |

период на континуиран растеж на Заводот. Заводот

за статистика на Република Македонија е дел од ста-

тистичкиот систем на Социјалистичка Федеративна

Република Југославија. Во согласност со тогашниот

уставен систем , централна статистичка организација

беше Сојузниот завод за статистика кој заедно со

републичките и покраинските статистички органи-

зации ја вршеше статистичката дејност.

Со осамостојувањето на Република Македонија во

1991 година во Заводот за статистика настанаа го-

леми промени во однос на состојбата пред 1991

година, кои беа одраз на потребата од проучување

и прилагодување на стандардите кои се примену-

ваат во статистичките истражувања во земјата, кон

меѓународните стандарди во областа на статистиката,

со цел поддршка и унапредување на натамошниот

развој на економијата на земјата, забрзување на

приватизацијата, пазарните односи и понатамошен

развој на демократските односи. Еден од приори-

тетите на овој развоен период на статистиката е и

обезбедувањето на споредливи статистички пода-

тоци со податоците од развиените европски и други

земји во светот.

Настан од исклучително значење за развојот на

македонската статистика, а секако и за Заводот за

статистика, е донесувањето на Законот за држав-

ната статистика („Службен весник на Република

Македонија” бр. 54/97), во чија подготовката беа

користени искуствата на земјите-членки на Европ-

ската унија, како и директната помош на експерти

од ЕВРОСТАТ.

Сегашниот правен статус и надлежност на Државниот

завод за статистика, покрај со Законот за државната

статистика е уреден и со Законот за организација и

работа на органите на државната управа („Службен

весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02,

82/08, 167/10 и 51/11) со кој се изврши преименување

на Заводот за статистика во Државен завод за ста-

тистика.

Внатрешната организација на Државниот завод за ста-

тистика, во согласност со искуствата од земјите на ЕУ, е

уредена со актите за систематизација и организација.

Со наведените акти дејноста на Државниот завод за

статистика се врши во централната зграда на Заводот

во Скопје и во уште осум регионални одделенија за

статистика, распоредени во општинските центри на

територијата на Република Македонија.

По осамостојувањето на Република Македонија

настануваат значителни квалитативни промени во

статистичкиот систем на земјата.

Обемот и надлежностите на Заводот за статистика

како главен носител на статистичкиот систем во

земјата значително се зголемија како последица на

прераснувањето на Заводот за статистика во држа-

вен (национален) орган во областа на статистиката.

Page 13: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

12 | 70 години | Државен завод за статистика

ИСТОРИЈАТ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

1945 Со решение на тогашната Влада на НР Македонија формиран е Македонскиот федерален статистички уред.

1946 Донесен е Закон за општонароден план, со кој се регулира преминувањето на Уредот во надлежност на Сојузната планска комисија.

1948 Донесена е Уредба за основање и работа на Сојузниот статистички уред и статистичките уре-ди на републиките (Републички статистички уред)

1948 Спроведен е првиот повоен Попис на населението

1949 Воведени се индивидуални статистички листови во сите градови и срезови, за евидентирање на витал-ните случаи (родени, умрени и склучени бракови)

1945-1951 Продуцирани се 184 интерни статистички прикази

1951 Набавена е првата автоматска механографска ма-шина

1952 Публикувано е првото издание на „Месечниот статистички извештај“

1953 Спроведен е вториот повоен Попис на населението

1954 Издаден е првиот Статистички годишник на Македонија

1956 Публикаувано е првото издание на едицијата „Ста-тистички прегледи“

1961 Донесен е основниот Закон за статистика

1961 Спроведен е Попис на населението

1961 Набавена е нова механографска машина со по-себен приклучен дел „калкулатор“ кој располагал и со електронски елементи и бил поврзан со т.н. табелирка

1962 Воведена е серијата публикации „Прикази и студии“

1963 Катастрофалниот земјотрес го наруши секојдневното работење и предизвика жртви и меѓу вработените во Заводот

1963 Републичкиот завод за статистика е домаќин на 7. Состанок на Југословенското статистичко друштво во Охрид

1967 Заводот започна со издавање на едицијата „Соопштенија“ , што и денес е најзастапена форма на објавување на податоци

1971 Спроведен е Попис на населението

1974 Донесен е Закон за статистички истражувања од интерес на Републиката

1975 Набавен е првиот компјутер со внатрешно програмирање-Burroughs 714 што располагал со централна единица на која се приклучуваат пери-ферните единици како магнетни дискови, единици на магнетни ленти, печатари и читачи на перфори-рани картички

1981 Спроведен е Попис на населението

1991 Во рамките на Владиниот информативен центар во Заводот за статистика е инсталиран mainframe компјутер Unisys A со што доаѓа до значаен техно-лошки напредок во обработката на статистичките податоци.

1991 Прогласена е независноста на Република Македонија. Заводот прераснува во државен орган во областа на статистиката и обемот на работа и надлежностите на Заводот се зголемуваат и интензивираат

1991 Спроведен е Попис на населението

Page 14: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

1370 години | Државен завод за статистика |

1993 Почетоци на меѓународната соработка со учество на Конференцијата на европските статистичари во Париз

1994 Спроведен е првиот Попис на населението, домаќинствата и становите, по осамостојувањето на Република Македонија, според меѓународни стандарди и со меѓународен мониторинг

1996 Заедничка декларација за статистичка соработка меѓу Државниот завод за статистика и ЕВРОСТАТ

1996 Македонија е вклучена во Фаре програмата за техничка помош во областа на статистиката

1997 Донесен е Законот за државната статистика

1998 Формиран е првиот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

1998 Донесена е првата Петгодишна програма за работа на Заводот за периодот 1998-2002

1998 Изработени се првите „Проекции на населението во РМ“ до 2020 година

2000 Донесен е Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија„ бр.58/00) со кој се изврши преименување на Заводот за статистика во Државен завод за статистика

2001 Државниот завод за статистика е вклучен во имплементацијата на Спогодбата за асоцијација и стабилизација

2001 Воведување на клиент/сервер платформа, миграција на податоците и воспоставување на релациони бази на податоци

2001 Спроведена е првата Глобална оценка на статистич-киот систем од страна на Евростат

2002 Во процесот на усогласувањето на македонското со европското законодавство, Државниот завод за статистика е раководител на Работната група за статистика

2002 Спроведен е Пописот на населението, домаќинствата и становите, со меѓународен мониторинг

2003 Именуван вториот Совет за статистика

2004 Спроведена е втората Глобална оценка на стати-стичкиот систем од страна на Евростат

2004 Веб-страницата на Заводот е поддржана со asp технологија

2006 Спроведено е првото самооценување на Заводот во согласност со Заедничката рамка за оценување (CAF)

2006 Подготвен е првиот извештај за квалитет

2007 Спроведен е Попис на земјоделството

2008 Донесена е Петгодишната програма за работа на ДЗС за периодот 2008-2012

2008 Трет состав на Советот за статистика

2009 Во ДЗС е формирана ИПА Работна група

2010 Спроведено е првото поедноставеното партнерско оценување

2011 Имплементација на првиот Грант проект од Повеќекорисничката програма ИПА 2009

2011 ДЗС - член на СДДС стандардот на ММФ

2011 Воведено е компјутерски поддржано интервјуирање преку телефон (CATI)

2012 Четврти состав на Советот за статистика

2013 Донесена е Петгодишната програма за работа на ДЗС за периодот 2013-2017

2014 Квалитатативна промена на ИТ инраструктурата, замена на физичките сервери со виртуелни и вос-поставен централизиран мемориски простор

2014 Воведено е електронско прибирање на податоци од деловни субјекти и институции

2015 Редизајн на веб-страницата на ДЗС

Page 15: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

14 | 70 години | Државен завод за статистика

2. СТАТИСТИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА

Државниот завод за статистика (ДЗС) е носител на

статистичкиот систем во Република Македонија.

Работата на ДЗС се базира на Законот за државната

статистика кој за првпат е донесен во 1997 година

и на Законот за организација и работа на органите

на државната управа. Овие закони претрпеа големи

измени во насока на усогласување во однос на прин-

ципите на кои се заснова официјалната статистика,

критериумите за квалитет, потенцирањето на улогата

на Заводот како координатор на статистичкиот систем

на земјата, имплементацијата на Кодексот за работа на

европската статистика, создавањето на предуслови за

зголемување на опфатот и квалитетот на статистичките

податоци кои се добиваат од извештајните единици,

како и условите за користење на статистичките по-

датоци од страна на стручната и пошироката јавност.

Уредувањето на системот на продуцирање и

дисеминирање на статистички податоци за состојбите

во економијата, социјалната сфера, образованието,

животната средина и други области се регулира со

донесување на Програма за статистички истражувања,

што опфаќа петгодишни периоди. Во последните 10

години, Владата на Република Македонија усвои две

Програми за статистички истражувања за периодите

2008-2012 и 2013-2017.

Со цел креирање на рамката во која Државниот завод

за статистика ги утврдува основните приоритети, цели

и програми за развој , започнувајќи од 2006 година,

до 2015 година, се донесени 10 стратегиски планови

што опфаќаат тригодишни периоди. При изработката

на стратегиските планови се земаат предвид препо-

раките на Статистичкиот завод на Европската унија

- Евростат, препораките од Поедноставеното пар-

тнерско оценување (Light Peer Review) на Европската

комисија, како и препораките дадени од Владата на

Република Македонија.

Во последниве години се направени повеќе измени

во внатрешната организација на Државниот завод за

статистика со цел јакнење на капацитетите и поефи-

касно работење. Следејќи ги растечките потреби од

статистички податоци, Заводот постојано работи на

усогласување на својата структура и поставеност за-

ради исполнување на предизвиците што се исправаат

пред институцијата. Со Заводот раководи директор

кого заедно со заменикот на директорот го именува

Владата на Република Македонија. Седиштето на За-

водот е во Скопје и има 8 регионали одделенија за

статистика.

Page 16: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

1570 години | Државен завод за статистика |

Oddelenie za presmetka na BDP po rashoden metod

Oddelenie za presmetka na BDP po proizvoden metod i sektorski nacionalni smetki

Oddelenie za kvartalni presmetki i presmetka na BDP po postojani ceni

Oddelenie za strukturni delovni statistiki i regionalni smetki

Sektor zanacionalni

smetki

Sektor zadelovni stati-

stiki, zemjodel-ski statistikii statistiki na

`ivotnatasredina

Oddelenie za demografija i statisti~ki registar na naselenie

Oddelenie za socijalni uslugi (sudski i javni statistiki, socijalna za{tita, obrazovanie i nauka)

Oddelenie za pazar na trudot

Oddelenie za `ivoten standard

Sektor zasocijalnistatistiki

Oddelenie za tehni~ka poddr{ka

Oddelenie za aplikativen razvoj

Oddelenie za bazi, metabazi i skladi{te na podatoci

Oddelenie za statisti~ki i matemati~ki metodi i kvalitet na statisti~kite istra`uvawa

Oddelenie za поддршка на анкети и внес на податоци и САТI

Sektor zainformati~ka

poddr{ka

Oddelenie za operativno-tehni~ka podgotovka na publikacionen materijal

Oddelenie za diseminacija, statisti~ki teritorijalen registar, informirawe i marketing

Oddelenie za me|unarodna sorabotka i evropska integracija

Sektor za disemina-cija,me|unarodna

sorabotka i evropska integracija

Sektor zaregionalnioddelenija

ROS-Skopje - vnes i obrabotka na statisti~ki podatoci

ROS-Skopje - socijalni i delovni statistiki

ROS-Bitola

ROS-Ohrid

ROS-Tetovo

ROS-Veles

ROS-Kumanovo

ROS-[tip

ROS-Srumica

Oddelenie - Kabinet na direktorot

Oddelenie za pravni i op{ti raboti

Sektor za poddr{kana rabotewetona direktorot

DIREKTOR

Sovet zastatistika

na RM

Oddelenie za vnatre{na i nadvore{na trgovija, IKT, turizam i ugostitelstvo

Oddelenie za statisti~ki deloven registar i ekonomski klasifikacii

Oddelenie za ceni

Oddelenie za zemjodelski statistiki i registar na zemjodelski stopanstva

Oddelenie za statistiki na `ivotnata sredina, energetika i transport

Oddelenie za industrija, grade`na statistika i delovni tendencii

Oddelenie za vnatre{na revizija

Oddelenie za upravuvawe so ~ove~ki resursi

Oddelenie za finansiski pra{awa

Zamenik nadirektorot

Организациска структура на Државниот завод за статистика

Page 17: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

16 | 70 години | Државен завод за статистика

Стручниот колегиум на Заводот е стручно и совето-

давно тело кое во согласност со Деловникот за работа,

донесува заклучоци , мислења, препораки и сл.

Советот за статистика е советодавно и стручно тело на

државната статистика. Тој е составен од претседател

и 14 членови кои ги именува и разрешува Собранието

на Република Македонија, а директорот на Заводот е

член на Советот по функција.

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИЧовечките ресурси, нивната бројност и капацитет се основната алка во функционирањето на институцијата и затоа на вработените им се посветува особено

внимание. Вниманието и грижата за човечките ресурси се огле-дува и преку обезбедувањето на различни фор-ми на континуирана обука . Во последната декада, најзастапена форма е обуката на вработените од надворешни експерти преку одржаните мисии, во рамките на различни проекти, обуките што се одржу-ваат во Заводот, т.н. in-house обуки, а во последните години е зачестено и повеќемесечното стажирање во различни европски земји.

Во изминатиот период, Државниот завод за статисти-ка спроведе и неколку анкети за задоволството на вработените преку кои се овозможи менаџментот на Заводот да добие слика за степенот на задоволство на вработените.

Во рамките на Заводот функционира Синдикална организација која е дел од Синдикатот на вработе-ните во управата, правосудството, образованието и здравството (УПОЗ). Членовите на Синдикалната

високо78.2%

17.8%

4.1%

средно

вишовишо8.3%

24.0%

високо67.7%

средно

Слика 7Основни показатели за вработените во ДЗС

Слика 8Вработени во ДЗС според образованието

Page 18: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

1770 години | Државен завод за статистика |

организација редовно учествуваат на синдикалните школи и работилници, а во рамките на Синдикалната организација функционира солидарен фонд кој им е на располагање на членовите, како и многуте други погодности што ги нуди Синдикатот на УПОЗ.

Заводот посветува големо внимание на внатреш-ните комуникации на вработените. Покрај редов-ните работни состаноци кои претставуваат дел од секојдневните работни задачи на вработените, во Заводот се организираат хуманитарни акции, средби со децата на вработените, а во последниве години се

организираат и неформални дружења - екскурзии.

ИТ ИНФРАСТРУКТУРАИнформатичко-комуникациските технологии имаат суштинска улога во производството на статистичките податоци. Денес, информатичката инфраструктура на Државниот завод за статистика е поставена така што:

ефикасно го поддржува процесот на статистичка продукција

ги задоволува внатрешните и надворешните комуникациски потреби

Co оглед на тоа што информатичко-комуникациските технологии се клучен предуслов во прибирањето, обработката и дисеминацијта на статистичките по-датоци, ДЗС, почнувајќи од далечната 1951 година (кога била набавена првата механографска машина), па до ден денешен може да се пофали со солидни хардверски ресурси. Последното обновување на централаната ИТ инфраструктура во 2014 година до-

несе квалитатаивен напредок со тоа што физичките

сервери се заменети со виртуелни, воспоставен е

централизиран мемориски простор и автоматско

правење резервна копија. Новата информатичка ин-

фраструктура донесе подобрувања и од технички и од

организациски аспект. Со извршената виртуелизација и

воведувањето на централизиран мемориски простор,

се намалуваат трошоците за одржување, подобро

се управува со серверите и поефикасно се користат

нивните ресурси, а се намалува и потрошувачката на

енергија. Од организациски аспект, се консолидираат

датабазите, се подобрува безбедноста на податоците,

се забрзува и автоматизира процесот на бекапирање

и се овозможува враќање на податоците во случај

на инциденти.

Сите технички подобрувања значајно придонесуваат

за подобрување на безбедноста на податоците. Усво-

ена е и „Политиката за информациска безбедност“

во која се дефинирани правилата и процедурите за

безбедност. Од аспект на заштитата на податоците се

прави секојдневен бекап, а по завршувањето на секое

статистичко истражување дефинирана е постапка за

архивирање на податоците и апликациите во соглас-

ност со „Политиката и процедурите за бекапирање

и архивирање“. Заштитата во однос на пристапот до

мрежата и мрежните ресурси е решена со принципот

на Windows Active Directory.

Информатичкото поврзување во рамките на централан-

та локација на Државниот завод за статистика и помеѓу

централната локација и регионалните одделенија

Page 19: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

18 | 70 години | Државен завод за статистика

е преку LAN, односно WAN мрежа. Безбедноста на

поврзувањето со регионалните одделенија е загаран-

тирана со имплементација на VPN мрежа (виртуелна

приватна мрежа).

Покрај адекватната хардверска опременост, Држав-

ниот завод за статистика користи и специјализирани

софтверски алатки кои вообичаено ги користат и

другите заводи во европскиот статистички систем: SAS

за поддршка на складиштата на податоци, подготовка

на примерок, естимации и статистичка анализа, како и

подготовка на излезни табели за дисеминација, Blaise

за изработка на апликации за внес на податоци, PC-Axis

за веб-дисеминација на податоци, Argus за заштита

на податоци, DEMETRA+ за сезонско прилагодување.

Покрај овие специјализирани статистички софтвери,

се користат и комерцијални софтвери за управување

со и складирање на податоците: IBM DB2 под AIX опе-

ративен систем, Microsoft SQL Server, како и софтвер

за канцелариско работење.

Информатичко-комуникациските технологии имаат

влијание и на процесот на прибирање на податоци кој

се осовременува во последниве години. За прибирање

на податоци за анкетните истражувања се користат

методите на компјутерски поддржано анкетирање на

домаќинства, како и компјутерски поддржано телефон-

ско анкетирање, за кое во Заводот е воспспоставен Call

центар. Од минатата година, со воведувањето на еСтат

започна и прибирање на податоци преку интернет.

Слика 9Call центар на ДЗС

Page 20: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

1970 години | Државен завод за статистика |

3. ХАРМОНИЗИРАЊЕ НА СТАТИСТИЧКИОТ СИСТЕМ СПОРЕД СТАНДАРДИТЕ НА ЕУ

Хармонизирањето на статистичкиот систем според стандардите на ЕУ е еден од најважните приоритети на македонската статистика во изминатиот период. Тоа подразбира следење и примена на регулативи-те и усогласување со ЕУ Acquis, воведување нови истражувања, методологии, класификации и примена на Кодексот за работа на Европската статистика во до-менот на квалитетот, трансмисијата и дисеминацијата на податоци и метадата.

СОЦИЈАЛНИ СТАТИСТИКИ

трошоци, за референтната 2006 година, земени како

трошок на работодавачот за вработените, а не како

примања на вработените. Во 2014 година до Евростат

се достави базата со микроподатоци и извештајот за

квалитет.

Во март 2008 година е извршена првата трансмисија

до Евростат на податоците од Анкетата за работната

сила, а до Евростат е испратен и првиот извештај за

квалитет од Анкетата за работната сила.

Од 2008 година отпочнаа експерименталните пре-

сметки на хармонизираниот индекс на трошоците

на животот, а од 2012 година, на месечна основа, по-

датоците за хармонизираниот индекс на трошоците

на животот се доставуваат до Евростат.

Во рамките на развојните цели на Државниот завод

за статистика, во 2010 година се спроведе Анкетата

за слободни работни места, а во март 2013 година

е извршена првата трансмисија на податоците до

Евростат.

Податоците за платите и останатите заработувачки,

исплатени од страна на работодавачот, се едни од

основните статистички информации потребни за

следење на промените на пазарот на трудот, па за таа

цел, Државниот завод за статистика, во 2011 година

започна со спроведување на Анкетата за структурата

на заработувачката.

Во областа на социјалните статистики се постигнати

големи подобрувања и се воведени нови истражувања,

нови методологии, нови класификации базирани на

меѓународни стандарди.

Во 2007 година започна спроведувањето на

истражувањето Анкета за цената на трудот (АЦТ), со

кое се опфатени податоците за платите и останатите

СОЦИЈАЛНИ СТАТИСТИКИ

Попис

Миграции

Образование

НИРО

SILK

АПД

АРС

Page 21: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

20 | 70 години | Државен завод за статистика

Во областа на статистиките за плати, ДЗС воспостави

соработка со Управата за јавни приходи со цел да се

создадат услови за користење на административ-

ните податоци со што значително би се намалило

оптоварувањето на извештајните единици.

Во 2012 за првпат се спроведе Анкетата за премин

од училиште кон работа. Подготвен е аналитички

извештај врз основа на добиените резултати во со-

работка со Меѓународната организација на трудот.

Република Македонија е прва земја од регионот која

го реализираше ова истражување во соработка со

Меѓународната организација на трудот и ги објави

резултатите.

Во 2010 година за првпат е спроведена Анкетата за

приходи и услови за живеење (EU-SILC). Таа е основа

за пресметување на структурните индикатори за

споредбена анализа на ниво на Европската унија и

за прераспределба на приходите и манифестација на

сиромаштијата и социјалната исклученост. За првпат

се објавени Лаекен индикаторите и поширокиот сет на

податоци за приходите, сиромаштијата, социјалната

исклученост и условите за живеење.

Со цел да се согледа актуелната состојба во земјата

и односот кон иновациите, а воедно и да се изготви

соодветна политика, да се развијат идни планови и

да се дадат јасни насоки за поттикнување на развојот

на иновативни претпријатија, потребно е да се следи

состојбата со воведувањето на иновации.

Во оваа насока, Државниот завод за статистика го

воведе Статистичкото истражување за иновации со

кое се добиваат податоци за воведувањето на ино-

вации во производи, производни процеси, маркетинг

и организациски методи и за тековните и напуштени,

т.е. неуспешни иновации. Исто така, со истражувањето

се прибираат податоци и за инвестираните средства

во иновациски активности, за соработката со други

деловни субјекти во воведувањето на иновации, за тоа

дали добиваат финансиска помош за воведувањето

на иновации, итн.

Во овој период отпочнаа ак тивнос тите за

воспоставување на ЕССПРОС статистиките (Европ-

ски систем на интегрирани статистики за социјална

заштита), а во декември 2013 година се одржа мисија

во чии рамки, меѓу другото, се добија и препораки за

обезбедување на податоци од релевантни институции.

Потребата од прилагодување кон меѓународните

стандарди и споредливост на податоците доведе до

промена на методологијата за прикажување на по-

датоците во доменот на виталните статистики.

На територијата на Република Македонија,

прикажувањето и пресметувањето на сите индика-

тори се во согласност со оваа методологија.

Во доменот на миграциите, евидентирањето на

движењето и престојот на странците присутни во

Република Македонија е подобрено со електрон-

ското преземање на податоците, на квартално ниво,

од евиденциските регистри на МВР.

Меѓународните препораки на ОН/ Евростат во однос

на спроведувањето на пописите на населението те-

ковно се следат и се проучуваат.

Page 22: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

2170 години | Државен завод за статистика |

ДЕЛОВНИ СТАТИСТИКИ држани од ЕУ преку постојаните инструменти за

помош, овозможија континуирано хармонизирање

со законодавството на Унијата. Спроведувањето на

статистиката се одвива со секојдневно почитување на

основните начела и принципи на Кодексот на добра

пракса на Евростат. Почитувањето на овие начела

овозможува податоците во надворешната трговија

да се точни, навремени, меѓународно споредливи и,

пред сè, квалитетни.

Животната средина претставува област од витален

интерес за сите, па оттаму, следењето на состојбите

во оваа област претставува обврска утврдена со на-

ционалното законодавство. Носена од желбата да

се приближи кон практиките на Европската унија во

оваа област, Република Македонија настојува ваквата

обврска да ја исполнува на начин утврден и во европ-

ското законодавство, преку доставување на податоци

и информации за животната средина до релевантните

институции според регулативите на ЕУ. Искуствата стек-

нати преку доставувањето на податоци за животната

средина резултираа во значително зголемен проток

на податоци за животната средина меѓу Република

Македонија и меѓународните институции.

Државниот завод за статистика создава бази на по-

датоци и развива индикатори базирани на соодвет-

но избрани временски серии кои ги прикажуваат

клучните трендови и овозможуваат брзо и соодветно

дејствување на сите учесници во процесот на за-

штита на животната средина, особено релевантни

за креирање на политиката за заштита на животната

средина.

ДЕЛОВНИ СТАТИСТИКИ

Трговија

Надворешна трговија

Туризам

ИКТ

Транспорт

Земјоделство

Животна средина

Во процесот на производство на деловните стати-

стики се применуваат меѓународните и европските

стандарди при што прибирањето, обработката и

дисеминацијата на податоците кај различни делов-

ни истражувања се спроведуваат во согласност со

регулативите на ЕУ. Државниот завод за статистика

посветува особено внимание на производството на

сè поголем број на индикатори за споредба и анализа

на економските промени и случувања, за заштита на

животната средина, како и за зголемување на адми-

нистративните извори на податоци.

Како еден од најголемите сектори во Државниот завод

за статистика според бројот на истражувањата што ги

спроведува, Секторот за деловни статистики постигна

голем напредок со воведувањето на многу новини.

Статистиката на надворешната трговија е еден од

најважните статистички показатели за перформансите

на националните и светските економии.

Активностите и резултатите во следењето на оваа

област, постигнати во изминатата деценија, под-

Page 23: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

22 | 70 години | Државен завод за статистика

Со цел да се добие посеопфатна слика за состојбите

во животната средина во Република Македонија, во

2008 година, во соработка со Министерството за

животна средина и просторно планирање, Држав-

ниот завод за статистика започна да подготвува

публикација за животната средина која содржи голем

сет на индикатори за животната средина.

Развојот на енергетскиот сектор е еден од столбовите

за одржлив економски, технолошки, еколошки и во-

општо општествен развој на земјата. За следење на

енергетската состојба и за подготовка на енергетска

стратегија на државно и на меѓународно ниво, неоп-

ходни се детални, целосни, навремени, споредливи и

доверливи енергетски статистики. Од посебна важ-

ност е постигнување на меѓународна споредливост

на енергетските податоци што Државниот завод за

статистика го постигнува со континуирано следење

на ЕУ регулативите за енергетска статистика и тековно

хармонизирање со сите измени во нив.

Државниот завод за статистика континуирано ги

следи сите енергетски текови во и од земјата, како и

појавата на нови енергетски извори што резултира со

тековно изготвување на детален годишен Енергетски

биланс. Во Енергетскиот биланс, преку билансните

категории се претставени движењата на сите видови

енергија употребени во државата, од призводство,

увоз, извоз, трансформации, па сè до нивната финална

потрошувачка распределена по сектори.

За краткорочни енергетски анализи во Република

Македонија, од 2013 година се започна со произ-

водство на тековни месечни енергетски податоци за

потребната и расположливата енергија (електрична

енергија, природен гас, јаглени и нафта и нафтени

продукти) на национално ниво.

Имајќи ја предвид определбата на Република

Македонија за членство во Европската унија, енер-

гетската политика на Република Македонија е насо-

чена кон усогласување со енергетската политика на

ЕУ. Европската унија постави обврзувачки цели за

секоја држава за постигнување на зголемување на

учеството на обновливата енергија во финалната

енергетска потрошувачка до 2020 година, спореде-

но со 1990 година. Како институција која располага

со целокупните енергетски податоци за Република

Македонија, Државниот завод за статистика од 2012

година започна со пресметка и објавување на даде-

ниот индикатор.

Во процесот на хармонизација на статистичките

податоци, ДЗС посветува големо внимание на про-

изводството на сè поголем број краткорочни ста-

тистики - индикатори од областа на индустријата,

градежништвото, трговијата и услугите. Во последниов

десетгодишен период е постигнато унапредување на

споредливоста на индикаторите на меѓународно ниво,

сезонско прилагодување на податоците и редовно

доставување на податоци за главните индикатори

заради следење на економската состојба во Европ-

ската унија (PEEIs).

Во областа на земјоделските статистики, Заводот ја

препознава важноста на секторот Земјоделство за

економијата на Република Македонија. Важноста на

земјоделското производство произлегува не само

Page 24: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

2370 години | Државен завод за статистика |

од традиционалната улога за осигурување на пре-хранбените потреби на населението и економската вредност на земјоделските производи, туку и од улогата на земјоделството во руралниот развој, еколошката рамнотежа и одржувањето на традицио-налните вредности. Оттука произлегува и важноста на земјоделските статистики, како и од фактот што земјоделските статистики се едни од приоритетни-те статистики при пристапувањето на Република Македонија во Европската унија.

Имајќи го предвид значењето на оваа гранка, Држав-ниот завод за статистика во периодот од 1 до 15 јуни 2007 година го спроведе Пописот на земјоделството во Република Македонија кој, како посебна статистичка операција, се спроведе за првпат по околу 40 години. Методологијата, дефинициите и стандардите во овој Попис беа во согласност со статистичката пракса во Република Македонија, како и со препораките на ста-тистичката служба на Европската унија - ЕВРОСТАТ и Светската организација за храна и земјоделство - FAO.

Во насока на унапредување на статистиките од областа на земјоделството, Државниот завод за статистика кре-ираше Статистички регистар нa земјоделски стопан-ства, а во 2011 година воведе и типологија и структура на земјоделските стопанства по спроведувањето на Структурното истражување за земјоделските стопан-ства кое како редовно истражување се спроведува на секои три години.

Со истражувањето се обезбедуваат голем број на индикатори кои се солидна основа за натамошна анализа во областа на земјоделството како еден од секторите кој има значително учество во бруто-до-машниот производ.

Овие податоци се основа за полесна анализа на структурните карактеристики и економските ре-зултати на земјоделските стопанства. За да се овоз-можи оваа анализа, развиена е Класификација на земјоделските стопанства по тип на производство и економска големина која е заснована на типот на земјоделското производство и економската големина на земјоделското стопанство, при што се користат коефициенти на стандардната вредност на произ-водството и структурни податоци од Истражувањето

за структурата на земјоделските стопанства.

ИНДИКАТОРИ ЗА ПРОСЕЧНО ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО

Слика 10Индикатори за просечно земјоделско стопанство

Page 25: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

24 | 70 години | Државен завод за статистика

НАЦИОНАЛНИ СМЕТКИ Изработка на табелите за понуда и за употреба како многу квалитетна основа за економска анализа;

Развивање на комплексен систем на процесни табели што овозможува податоците во националните смет-ки да се подготвуваат на систематски и билансиран начин.

Направени се подобрувања на податоците за кварталните и годишните пресметки на бруто-домашниот производ по постојани цени во однос на примената на методите на двојна дефлација во пресметките, како и примена на автоматизиран систем за пресметка на индикаторите.

Експериментално се подготвени и десезонирани податоци за кварталната серија на податоци.

Во насока на подобрување на квалитетот на податоците, потпишани се меморандуми за соработка и договори со Народната банка на Република Македонија и со Министер-ството за финансии во однос на размената на податоци што придонесе за хармонизирање на податоците кои се доставуваат до Евростат во согласност со Програмата за трансмисија и се објавуваат во стандардните статистички публикации на Државниот завод за статистика.

Особен напредок во однос на имплементирањето на ЕСС 95 и ЕСС 2010 во областа на националните сметки се по-стигна во рамките на Твининг-проектот поддржан од ИПА 2009. Пресметките на агрегатите во националните сметки се развија во интегриран систем на процесни табели што ги содржат податоците на нефинансиските секторски сметки (производната сметка, сметката за дистрибуција на доходот, сметката за алокација на примарните доходи, сметката за секундарна дистрибуција на доходот, сметката за редистрибуција на доходот, сметката за кумулација, сметката за ревалуација). Со овој систем на податоци е овозможена контрола и поврзување на сите сетови на податоци потребни да се пресметаат билансните ставки

НАЦИОНАЛНИ СМЕТКИ

БДП

Инвестиции

Паритет на

куповната моќ

Табели на понудаи употреба

Во областа на националните сметки и натаму про-должува трендот на унапредување на статистичките истражувања и интензивно развивање на методите и постапките поврзани со целосното имплементирање на методологијата ЕСС 1995, а особено аспектот на подобрување на податоците во националните сметки и за имплементирање на ЕСС 2010 и тоа преку:

Подобрување на методите за пресметка на одделни категории на бруто- домашниот производ како што се:

распоредување на финансиските услуги индиректно мерени по сектори на дејност,

пресметка на импутираните станарини со промена на методот на пресметка на оперативниот вишок за овој дел на услуги, имплементирајќи ги препораките на Евростат;

Подобрување на податоците за исцрпноста во на-ционалните сметки;

Подготвување на податоците според Класификацијата на дејностите НКД РЕВ 2;

Воспоставување на Класификацијата на институцио-налните сектори која се применува за подготвување на податоците по сектори;

Page 26: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

2570 години | Државен завод за статистика |

од сметките како најзначајни податоци за економска анлиза, особено за анализа меѓу секторите.

Тоа што го прави процесот соодветен за анализа на по-датоците е билансирањето на податоците преку табелите на понуда и на употреба со што е подобрен и квалитетот и веродостојноста на податоците.

Овде треба да се истакне и воведувањето на моделот за постојано инвентарисување за пресметка на вредноста на нефинансиските основни средства и за пресметка на амортизацијата според концептот на ЕСС.

Во однос на имплементацијата на ЕСС 2010, применети се промените што имаат најголемо влијание врз вредноста на бруто-домашниот производ, капитализацијата на изда-тоците за истражување и развој и на воената опрема. Исто така, применети се промените во однос на вреднувањето на сопственото производство со вклучување на про-фитот, а со цел конзистентност на податоците според концептот на ЕСС 2010.

Како резултат на наведените подобрувања, во 2014 го-дина е извршена поголема ревизија на податоците од серијата 2000-2012 година.

Во соогласност со концептот на националните сметки, од 2000 година е развиена методологија за регионални сметки со што податоците за БДП на регионално ниво, податоците за додадена вредност по региони, како и инвестициите, се објавуваат како редовни податоци.

Од 2010 година редовно се подготвуваат и објавуваат инди-каторите за одржлив развој за Република Македонија кои заедно со споредливите податоци за Европа се објавуваат во една интегрирана повеќедоменска публикација. Во Секторот за национални сметки се воспоставени струк-турни годишни статистики со кои се добиваат значајни податоци за анализа на економијата и деловните субјекти

Од 2011 година Државниот завод за статистика е член на

СДДС стандардот на ММФ и ги координира податоците за земјата кои вклучуваат податоци и од монетарната и од финансиската статистика. Со цел да ги имплементира промените од Системот на национални сметки (СНС 2008 и ЕСС 2010 ), Заводот учествуваше и беше организатор на многу обуки, а организираше и семинар за СНС 2008 на кој беа присутни стручни лица од повеќе институции од земјата со што и ја промовираше таа материја пред стручната јавност.

За таа цел, во соработка на ООН е направен превод на методологијата СНС 2008 на македонски јазик и тој превод е поставен на веб-страницата на ООН и на веб-страницата на ДЗС со што на корисниците и на стручните лица од ДЗС им е овозможено да имаат интегрално четиво од областа на националните сметки на македонски јазик, каде што се опфатени основните дефиниции за повеќето статистички области.

Слика 11Македонски превод на СНС 2008 на веб-страницата на ООН

Page 27: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

26 | 70 години | Државен завод за статистика

КЛАСИФИКАЦИИ И РЕГИСТРИСо користењето на единствени стандаризирани

класификации и номенклатури кои обезбедуваат

заеднички и единствен пристап во прибирањето,

класифицирањето и презентирањето на статистички

податоци, се обезбедува една од основните цели на

статистиката на Република Македонија, да продуцира

споредливи статистички податоци на европско и на

меѓународно ниво.

Во 2007 година Владата на Република Македонија ја

усвои Номенлатурата на територијалните едини-

ци - НТЕС која е усогласена со Номенклатурата NUTS

на ЕУ. Со НТЕС се дефинирани 5 нивоа и тоа: на НТЕС

ниво 1 и ниво 2 е целата држава, на НТЕС ниво 3 се

статистички региони, на НТЕС ниво 4 се општините и

на НТЕС ниво 5 се населените места. Последни измени

во НТЕС се направени во 2014 година.

Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2 која соодветствува на европската класификација NACE Rev.2 е класификација на економските дејности во Република Македонија која се користи за прибирање, обработка и публикување на статистички подато-ци, како и за анализа и насочување на општестве-ниот и економскиот развој и неговите структурни промени. Исто така, Класификацијата се користи за распределување на деловните субјекти (правни и фи-зички лица) според дејноста што ја вршат, водење на деловен регистар, како и за други административни цели. Класификацијата е донесена во 2008 година, а последната измена е направена во 2013 година.

Во последниве години се донесени или ревидирани следните класификации и номенклатури:

Националната класификација на занимањата која е усвоена како национален стандард со Одлука на Владата на Република Македонија;

Меѓународната стандардна класификација на образованието - МСКОБ (ISCED 2011) - нацио-нален стандард донесен со Одлука на Владата на Република Македонија со што е извршено сведување на националниот образовен систем според Меѓународната стандардна класификација на образованието - МСКОБ (ISCED 2011);

Класификацијата на производите по дејности – КПД;

Националната номенклатура на индустриски производи – ННИП;

Листата на енергенти која е хармонизирана со

Класификацијата на производи по дејности.

Polo{kiPolog

JugozapadenSouthwest

SkopskiSkopje

Severoisto~enNortheast

VardarskiVardar

Isto~enEast

Jugoisto~enSoutheast

PelagoniskiPelagonia

Page 28: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

2770 години | Државен завод за статистика |

Во 2009 година, административниот регистар на

просторни единици се префрли во надлежност на

Агенцијата за катастар на недвижности, а ДЗС про-

должи да води Статистички регистар на просторни

единици кој е основа за подготвување, спроведување,

обработка и дисеминација на податоците на различно

територијално ниво.

До крајот на 2005 година Државниот завод за стати-

стика беше вклучен во системот на административно

регистрирање на деловните субјекти, така што освен за

Статистичкиот деловен регистар беше надлежен и за

Административниот деловен регистар, преку водење

на Евиденција на правни субјекти. Со донесувањето

на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на

Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица,

оваа административна надлежност на ДЗС е префрлена

во Централниот регистар на Република Македонија. Со

ослободувањето на Заводот од овие административни

надлежности, сите активности на Заводот беа насочени

кон воспоставување на Статистички деловен реги-

стар, хармонизиран со релевантните ЕУ регулативи.

Статистичкиот деловен регистар е значаен сегмент

во системот на статистичките истражувања, односно

претставува еден од основните инструменти за под-

дршка на истражувањата во статистичкиот систем,

а исто така се користи како извор на информации

за продуцирање на податоци за демографијата на

претпријатијата и сл.

Влијанието на глобализацијата на различните стати-

стики, исто така, ја наложи потребата од воведување

на категоријата група на претпријатија како задолжи-

телна единица во националните регистри, што има за

цел подобрување на квалитетот на статистиките на

национално ниво, а особено на ниво на ЕУ.

Во насока на унапредување на статистиките од областа

на земјоделството, Државниот завод за статистика

креираше Статистички регистар нa земјоделски

стопанства, дизајниран и користен за статистички цели.

УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТЕден од основните документи со што се дефинира

заедничката рамка за квалитетот во Европскиот ста-

тистички систем е Кодексот за работа на Европската

статистика. Кодексот е донесен во 2005 година и

ревидиран во 2011 година, а со неговото усвојување,

европските статистички заводи, како и ДЗС, се об-

врзуваат дека ќе преземаат активности што ќе обе-

збедат висококвалитетни статистики. Како одговор

на барањата дефинирани во Кодексот, Заводот усвои

Политика за квалитет, а почна да изработува извеш-

таи за квалитет по завршувањето на статистичките

истражувања, при што се користат стандардизирани

темплејти од Евростат.

Со цел да се оцени нивото на примена на Кодексот,

како и усогласеноста со европската статистика, во 2010

година беше спроведено Поедноставеното партнерско

оценување (Light Peer Review - LPR). LPR резултираше со

извештај со кој се даде оценка за усогласеноста со Ко-

дексот на добра пракса за избраните принципи на ниво

на индикатори и листа на активности за подобрување

што ги опфаќаат разгледуваните принципи од Кодексот.

Page 29: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

28 | 70 години | Државен завод за статистика

Како дел од остварувањето на предуслови за

стандардизација и интеграција на статистичките про-

цеси, ДЗС усвои Статистички бизнис процес модел

(СБПМ) базиран на генеричкиот статистички бизнис

процес модел за документирање на процесите при

производството на официјалната статистика. Притоа е

изработена и класификација на фазите, потпроцесите

и активностите од статистичкиот бизнис процес модел.

Page 30: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

2970 години | Државен завод за статистика |

Како дел од управувањето со квалитет, со цел

утврдување на состојбите и приоритетите во

работењето, за првпат во 2006 година, ДЗС во сво-

ето работење ја примени Заедничката рамка на

оценување (CAF-Common Assesment Framework), што

се применува во јавниот сектор во Европската унија,

како моќно средство за управување со квалитетот.

Врз база на одговорите дадени за 9 критериуми и 27

поткритериуми, Заводот дојде до сознанија за своите

слабости, но и за своите предности и ги утврди при-

оритетите за подобрување.

Со цел да се подобрат одделни процеси и стати-

стички продукти и да се постигне усогласување со

европските стандарди за квалитет, ДЗС го примени ев-

ропскиот прашалник Самооценување на менаџерите

на статистичките истражувања (Development of a

Self Assesment Programme-DESAP). ДЕСАП е про-

цесно ориентирана алатка за идентификување на

јаките и слабите страни во циклусот на статистичките

истражувања и претставува основа за континуирано

подобрување на квалитетот на процесите и произ-

водите. Досега е направена пилот-примена во две

статистички истражувања.

Од 2010 година Државниот завод за статистика за-

почна со трансмисија на статистички податоци до

Евростат, преку единствена влезна точка-ЕДАМИС .

Бројот на испратените податочни сетови од година

во година е сёпоголем.

Година Број на датасетови

2007 342008 502009 1052010 1962011 3022012 3082013 3862014 414

Заедно со датасетовите , до Евростат се доставуваат и метаподатоци преку National Reference Metadata Editor -NRME.

Заради определување на трошоците на индивидуал-ните статистики во целина, ДЗС воспостави Систем за следење на трошоците како дел од Статистичкиот информациски систем.

Во фазата на прибирање на податоците, во изминатиот период се воведени повеќе новини и тоа во насока на поедноставување на процесот на прибирање на пода-тоци и намалување на оптовареноста на извештајните единици - деловните субјекти. За таа цел, во 2014 година ДЗС воспостави детален метаподаточно упра-вуван систем за прибирање на податоци (eСтат) врз основа на веб-форми за „on-line” прибирање на по-датоци. Системот еСтат е дизајниран за прибирање и трансмисија на статистички податоци во рамките на спроведувањето на официјалните статистички истражувања за кои извештајни единици се: економски ентитети (претпријатија), трговци поединци, државната и локалната власт, образовни и социјални институции. Со користење на овој систем, давателите на податоци преку веб-серверот на ДЗС пристапуваат до страниците

Page 31: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

30 | 70 години | Државен завод за статистика

на истражувањата. Покрај прибирањето на податоци со веб-форми преку интернет со користење на безбедна врска и енкрипциja на изворот на податоци, системот вклучува и инфраструктура за автоматско „метадата-базирано” генерирање на прашалник, т.е. генерирање на интелигентна веб-форма. Трите главни столбови на еСтат системот се: автоматизација, интеграција и стандардизација.

Системот еСтат обезбедува придобивки за двете страни, давателите на податоци и ДЗС:

Забрзување на процесот на продукција на податоци

Намалување на трошоците за прибирање на по-датоци

Подобрување на точноста и навременоста на по-

датоците

Намалување на товарот на давателите на податоци

Досега со еСтат системот се опфатени 10 истражувања.

Во комуникацијата со индивидуалните лица и

домаќинства, за неколку анкетни статистички

истражувања, ДЗС воведе компјутерски асистирано

интервјуирање со телефон (CATI) и компјутерски аси-

стирано персонално интервју (CAPI).

4. ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА - НОСИТЕЛ И КООРДИНАТОР НА СТАТИСТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО ЗЕМЈАТАСтатистичкиот систем на Република Македонија е

комплексна структура во која Државниот завод за

статистика ја игра улогата на координатор и носител

на најголем дел од статитичките истражувања што се

спроведуваат во земјата. Други овластени носители

во статистичкиот систем се Народната банка на Ре-

публика Македонија, Министерството за внатрешни

работи, Министерството за финансии, Министерството

за правда, Управата за хидрометеоролошки работи,

Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско

и инвалидско осигурување и Институтот за јавно

здравје. Овој комплексен систем функционира со

целосна поддршка и од институциите кои се носители

на административни регистри и збирки на податоци

како што се Централниот регистар, Управата за јавни

приходи, Фондот за здравство, Царинската управа и

др. со кои Заводот има потпишано меморандуми за

соработка.

Слика 12еСтат на веб-страницата на ДЗС

Page 32: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

3170 години | Државен завод за статистика |

5. СОРАБОТКА СО КОРИСНИЦИ НА СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ

Државниот завод за статистика посветува особено внимание на сите корисници на статистичките пода-тоци, при што континуирано работи на обезбедување на сеопфатни, квалитетни и разбирливи податоци, подобрување на навременоста и достапноста на по-датоците и на подобрување на начините за пристап до податоците и дисеминација на услугите.

Заради унапредување на дисеминацијата на своите продукти, Заводот донесе Стратегија за дисеминација со која се утврдени насоките на развој на овој дел од целокупната дејност на Државниот завод за статистика која претставува огледало на институцијата и резултат на напорите за приближување на статистиката до сите корисници.

Заводот, исто така, донесе и Комуникациска стратегија

во која се дефинирани внатрешните и надворешните

комуникации на Заводот, односно внатрешната хори-

зонтална и вертикална комуникација меѓу вработените,

и надворешната комуникација, односно односите со

јавноста. Како дел од оваа Комуникациска стратегија,

во последниве години Заводот потпиша меморандуми

за соработка со повеќе високообразовни институции

во државата и врз основа на тоа, соработката на За-

водот со факултетите е особено интензивирана и

голем број студенти слушаат предавања од областа

на статистиката.

Како координатор на државната статистика на Репу-

блика Македонија, во 2011 година Државниот завод

за статистика преку својата веб -страница започна со доставување на податоци според Специјалниот систем за дисеминација на податоци (SDDS) до Меѓународниот монетарен фонд, во соработка со Народната банка на Република Македонија и Министерството за финансии.

Од 2011 година Државниот завод за статистика се вклучи во проектот на Евростат - ESDS (European Statistical Data Support) за поддршка на корисниците што имаат потреба од европски статистички податоци. Карактеристично за овој проект е тоа што на веб-страницата на Евростат е овозможен контакт со сите национални центри во Европа што им овозможуваат поддршка на своите корисници на нивниот мајчин јазик

Слика 13Веб-портал на ESDS (European Statistical Data Support)

Page 33: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

32 | 70 години | Државен завод за статистика

при добивањето статистички податоци. Меѓу нив е и нашиот националниот центар што им овозможува на корисниците поддршка на македонски јазик.

Во изминатиот период, во областа на дисеминацијата се направени подобрувања во однос на достапноста на резултатите од статистичките истражувања до корисниците.

Дисеминацијата на статистичките податоци е ин-тегрален дел од статистичкиот процес. Следејќи ја Стратегијата за дисеминација, Државниот завод за ста-тистика го продолжува континуитетот на публикување

на статистички податоци во повеќе едиции.

Во периодот од 2005 до крајот на 2014 година

Државниот завод за статистика објави:

2871 соопштение од повеќе области

240 месечни статистички извештаи

120 краткорочни статистички податоци

313 статистички прегледи од повеќе области

Изданија со податоци од повеќе области:

Жените и мажите воРепублика Македонија 6 изданија

Статистички годишникна Република Македонија 10 изданија

Регионален годишник 5 изданија

Македонија во бројки 10 изданија

Одржлив развој 5 изданија

Животна средина 4 изданија

Тука треба да се спомене дека во наведениот пери-

од како нови публикации се објавени Регионалниот

годишник во кој се презентираат економски и соци-

одемографски податоци за регионите во Република

Македонија; публикацијата Одржлив развој со која

Заводот ги реализираше своите напори на едно место

да ги пресмета и да ги обедини расположливите инди-

катори за одржливиот развој на Република Македонија,

а по повод 20-годишнината од осамостојувањето

на Република Македонија, Заводот се приклучи кон

прославувањето со пригодна публикација „20 години

независна Македонија“.

Во соработка со Министерството за животна сре-

дина, во 2008 година Заводот за првпат ја објави

публикацијата Статистика на животна средина која

се подготвува на секои две години.

Од мај 2011 година, за корисниците е достапна новата

веб-страница која е главен канал за дисеминација на

статистичките податоци и информации. Со новата

страница на корисниците им е овозможен поедноста-

вен пристап до продуктите и услугите на Заводот. На

веб-страницата на корисниците им се нудат различни

интерактивни алатки како што се пребарување на

имиња и презимиња по пол и региони, калкулатор

на индексот на трошоците за живот, географски

информации за општините и населените места во

Република Македонија, веб-картографија, графикони

за движењата на главните показатели за одредени

области. Овозможен е голем сет на показатели од сите

области на статистиката, како и пристап до Европ-

Page 34: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

3370 години | Државен завод за статистика |

скиот статистички систем, до најбараните европски

статистички податоци. За навремено информирање

на корисниците за планираните соопштенија и

публикации, со новата веб-страница е воведен Ка-

лендар на објавување за цела календарска година.

Веб-страницата на ДЗС во текот на 2014 година беше

посетена 1.359.501 пати.

За известување за најновите продукти Заводот го

користи RSS каналот, а од 2013 година овие инфор-

мации се користат и за социјалниот медиум Twitter.

За следење на потребите на корисниците и нивното

мислење за продуктите и услугите на Државниот за-

вод за статистика, редовно се спроведуваат анкети

за мерење на задоволството на корисниците.

Во Одделението за информирање се обработуваат

околу 500 барања за податоци од корисниците во

земјата и во странство.

Библиотеката на Заводот постојано го зголемува

својот фонд на публикации и е достапна за корис-

ниците секојдневно. За поефикасно управување со

библиотечниот материјал со кој располага Заводот,

од 2005 година Библиотеката на ДЗС е вклучена во

заедничкиот библиотечен информациски систем

COBISS.МК, од кога се води автоматизирана евиден-

ција на библиотечниот материјал во сопственост на

Државниот завод за статистика. Заводот располага и

со Регистар на корисници преку кој сите регистри-

рани корисници добиваат редовни известувања за

новите продукти на Заводот.

МакСтат базата на податоци од година во година

се збогатува со нови табели, а расте и бројот на

користени табели во базата. Оваа база на податоци

содржи табели на македонски и на англиски јазик, на

различно територијално ниво: национално ниво, на

ниво на статистички региони и на ниво на општини и

со временски серии. Во МакСтат базата на податоци,

на корисниците им е овозможен пристап до голем

број на табели од кои можат да селектираат различни

променливи дефинирани во табелите, да ги пре-

уредуваат селектираните податоци, да генерираат

графикон од избраните податоци и да ги сочуваат

табелите во најсоодветниот формат. Исто така, на

корисниците им е овозможено да се регистрираат

и на тој начин селектираните табели да ги сочуваат

за понатамошно користење. Од јануари до декември

2014 година, табелите во МАКСтат базата на податоци

вкупно се посетени 89.472 пати.

Државниот завод за статистика посветува особе-

но внимание на доверливоста на статистичките

податоци. Во 2010 година е формиран Комитет за

статистичка доверливост како советодавно тело

на директорот на ДЗС. Членовите на Комитетот се

назначуваат од страна на директорот на ДЗС од

редовно вработените лица.

Во овој период е овозможен пристап на научно-ис-

тражувачката заедница до анонимизирани податоци

(пристап до микроподатоци) од неколку статистички

истражувања, за што се донесени мерки за заштита

на податоците.

Page 35: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

34 | 70 години | Државен завод за статистика

Да се биде во чекор со времето и успешно да се

применат високотехнолошките светски и европски

статистички стандарди со кои се излегува пресрет на

динамичните барања на корисниците се само дел од

напорите со кои во изминатите десет години Заводот

успешно се справи. Заводот не ја запостави и обврска-

та за хармонизирање на македонската статистика со

европското законодавство бидејќи унапредувањето

и модернизирањето на статистичките системи е наша

постојана задача. Статистиката е динамична материја

и без употреба на соодветни модули на високата

технологија не може да се биде на висина на дове-

рената задача. За да ги исполни овие цели, ДЗС орга-

низираше огромен број едукативни средби, проекти

и меѓународни експертски контакти. Со задоволство

може да се констатира дека во најголем дел Заводот

успеа успешно да ги имплементира светските барања.

За оваа цел, во последниве десет години Државниот

завод за статистика имаше можност да учествува во

различни проекти:

Национални (3) и регионални проекти (6) финан-

сирани од Европската унија

Директни грантови од Евростат и Европската

комисија

Национални и регионални проекти финансирани

од Шведската агенција за соработка и меѓународна

соработка

6. ПРОЕКТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Проекти финансирани од ЕФТА

Проекти на Светска банка

Проекти на Меѓународниот монетарен фонд

Проекти на Меѓународната организација на трудот

Проекти на УНИЦЕФ

Соработка со националните статистички инсти-

туции од регионот

Спроведувањето на реформите од агендата на ЕУ

е комплексен процес. Државниот завод за стати-

стика е соочен со вистински предизвик, имајќи ја

предвид двојната улога која ја има со Спогодбата за

стабилизација и асоцијација. Имено, од една стра-

на, статистиката претставува посебно поглавје во

хармонизацијата со европското законодавство, а од

друга страна, обезбедува статистички податоци за

потребите на другите поглавја со цел мониторинг

и оценка на нивните избрани политики. Затоа, во

рамките на Националната програма за усвојување

на европското законодавство (НПАА), Поглавје 18

– Статистика, Државниот завод за статистика,како

раководител, се стреми кон хармонизација на ма-

кедонската официјална статистика со соодветното

европско законодавство. Истовремено, Заводот уче-

ствува во работата на сите останати поглавја во НПАА,

со свои претставници во работните групи. Многу од

активностите преземени за да се реализира оваа цел

се спроведени со поддршка на Европската унија. 20

Page 36: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

3570 години | Државен завод за статистика |

години Евростат и Европската унија го поддржуваат

развојот на Државниот завод за статистика преку

проектите ФАРЕ, КАРДС и ИПА.

Со секој имплементиран проект, нивото на усогласе-

ност на македонското со европското законодавство во

областа на статистиката се зголемува. Тоа е евидент-

но и во оценките на Европската комисија во своите

годишни извештаи.

Во изминатите десет години започна и новата де-

централизирана фаза од имплементацијата на ЕУ

проектите. За да се одоговори на барањата за децен-

трализирана имплементација на националните про-

екти, во 2009 г. во Заводот е формирана ИПА работна

група која се посвети на проучување на европските

правила за програмирање, техничка имплементација,

мониторинг и евалуација на проектите. Од друга

страна, започнувајќи од 2011, Заводот почна да ги

користи регионалните проекти преку инструментот

грант за чија примена за секој регионален проект се

формира работна група одговорна за реализацијата

на проектите. Овие промени беа навистина голем пре-

дизвик за Заводот и овозможија градење на неговите

институционални и човечки капацитети.

Учеството во овие проекти отвора нови перспективи со

цел да се зголеми расположливоста на статистичките

индикатори во областите кои се покриени со проек-

тите, имплементирање на критериумите за квалитет

за европските статистики и, се разбира, зголемување

на нивото на усогласеност со статистичките барања

на Евростат.

НОВО ПОГЛАВЈЕ – НОВИ ПЕРСПЕКТИВИИ секогаш кога завршува едно поглавје и се отвора

ново, се поставуваат нови цели и нови предизвици.

Пошироки, повисоки, подалекусежни. Видиците се

проширени, можностите отворени и на нас, стати-

стичарите, останува да продолжиме со посветената

работа и да ги оствариме поставените цели за да

стигнеме до нов јубилеј , до ново одбележување на

нашите постигнувања.

Како и сите досегашни генерации статистичари кои

се креатори на она што денес е Државниот завод за

статистика, за што искрено им благодариме, така и

новите млади генерации кои сега навлегуваат во сите

специфичности на статистичката дејност ја имаат

обврската да продолжат по досегашниот пат и да го

креираат натамошниот развој на Државниот завод

за статистика.

Page 37: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

Држ

авен

зав

од з

а ст

атис

тика

Држ

авен

зав

од з

а ст

атис

тика

Page 38: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

РОС

Ско

пје

РОС

Бит

ола

Page 39: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

РОС

Кум

анов

оРО

С О

хрид

Page 40: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

РОС

Стр

умиц

аРО

С Ш

тип

Page 41: ул. „Даме Груев“ бр.4 тел: 02 3295 600; факс: 02 …за статистика на Република Македонија е дел од ста - тистичкиот

РОС

Тетово

РОС

Вел

ес