Top Banner
СОУ “Таки Даскало” - Битола ЕКО КОДЕКС АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА Наградени литературни творби од конкурсот „РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕТО – МОЕТО БУДЕЊЕ“ Уредување на училишниот двор Заштеда на енергија во СоУ „таки даСкало“ – Битола август 2011
32

EKO SLOVO 2011

Mar 15, 2016

Download

Documents

graficki aktiv

EKO SLOVO 2011
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: EKO SLOVO 2011

SLOVO СОУ “Таки Даскало” - Битола

eko

ЕКО КОДЕКС

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА

Наградени литературни творби од конкурсот „РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕТО – МОЕТО БУДЕЊЕ“

Уредување на училишниот двор

Заштеда на енергија во СоУ „таки даСкало“ – Битола

август 2011

Page 2: EKO SLOVO 2011
Page 3: EKO SLOVO 2011

3 3

издавач:

СоУ таки даскало Битолаанита ангелевска

главен и одговорен уредник:Милица Радевска

редакција:Милица Димитријовска-Радевска, главен и одговорен уредникВесна Мундишевска-Велјановска, координатор на еко-проектотСлавица Трајковска, наставник по физикаАнтонио Бошевски IV 5, член на еко-одборотВладимир Ѓорѓиевски III 13, член на еко-одборотЕлена Пишмановска IV 4Ивана Велјановска IV 5Даниела Сиљановска IV 5

лектор:Милица Радевска

графички дизајн и компјутерска обработка:Миле Атанасоски

контакт:адреса:ул. Борис Кидрич 37e-mail: [email protected]

SLOVOeko

Од учебната 2010 / 2011 г. СОУ „Таки Даскало“ - Битола се вклучи во програмата „Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем“ што ја спроведуваат задружението на граѓани ОХО, Швајцарската агенција за развој и Министерството за образование и наука на РМакедонија. Училишниот проект е насловен како ЕкоТД – Не е исто, секој сака чисто.

ЕКО ОДБОР НА СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ – БИТОЛА

Име и презиме Позиција Институција

1. Весна Мундишевска-Велјановска

претседател, координатор на екотдпретставник од наставници

СОУ „Таки Даскало“ – Битола

2. Тони Видевски координатор на еко-одборот,претставник од наставници

СОУ „Таки Даскало“ – Битола

3. Љубица Мешкова-Солак претставник од наставници СОУ „Таки Даскало“ –

Битола

4. Љупчо Поповски претставник од наставници СОУ „Таки Даскало“ – Битола

5. Владимир Ѓорѓиевски претставник од ученици СОУ „Таки Даскало“ – Битола

6. Антонио Бошевски претставник од ученици СОУ „Таки Даскало“ – Битола

7. Ружа Коњановска претставник од родители СОУ „Таки Даскало“ – Битола

8. Добре Велјановски претставник од родители СОУ „Таки Даскало“ – Битола

9. Благој Шаклевски претставник од невладина организација

Институт за креативни вештини „КРУГ“ – Битола

10. Љубица Ангелкова претставник од медиуми ТВ ТЕРА – Битола11. Стево Башуровски претставник од медиуми ТВ ТЕРА – Битола

12. Зоран Соклевски претставник од локална самоуправа ЈП Комуналец – Битола

13. Венцо Шишкин претставник од локална самоуправа ЈП Нискоградба – Битола

14. Трајан Вртковски претставник од бизнис заедницата АД Киро Дандаро – Битола

15 Томислав Стојчевски претставник од Општината Совет на Општина Битола

Page 4: EKO SLOVO 2011

4

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА

Анализата на состојбата на животната средина се спроведе во месец септември 2010 г. Во реализацијата на оваа активност учествуваа 2 наставници и 10 ученици (при подготовката на прашалниците), 9 наставници и 121 ученик (при спроведувањето на анкетата и пополнувањето на анкетните прашалници) и уште 150-тина ученици (при давањето на предлози и мислења за состојбата на животната средина на училиштето, активност што ја спроведоа двајцата ученици од еко-одборот).

Анализата се спроведе со користење на прашалникот од Анкес 2 од прирачникот и беа земени предвид четирите еко-стандарди.

ЃУБре

1. Дали училиштето има јасна политика за ѓубрето? да 2. Дали таа функционира? да но потребно е на пр. поделба на ѓубрето како што е хартија, пластика, стакло итн.3. Дали во училиштето има канти за ѓубре? да но потребно е да има повеќе (пред сè во ходниците и во дворот)4. Дали тие се поставени на вистинско место? да но нема секаде каде што е потребно, на пр. кај игралиштето5. Дали има доволно канти за отпадоци во училишната околина / двор ? не Потребно е повеќе канти во Б-блок и кај спортското игралиште.

Снежана Паскова, наставник по графички стручни предмети и 11 ученици од IV 4

наМалУваЊе на отПадот

1. Дали хартијата за канцелариска употреба се чува за рециклурање? не Би било пожелно да се одлага во посебни кутии за таа намена2. Дали пред рециклирање хартијата се користи од двете страни? не3. Дали секогаш се фотокопира од двете страни? не Доколку оригиналот е отпечатен двострано4. Дали искористената хартија се користи за запишување на забелешки? не Учениците немаат таква навика.5. Дали копиите пд документите се чуваат во електронска форма наместо на хартија? не По навика или заради страв од бришење, се печатат повеќе копии 6. Дали на училишните ручеци се избегнуваат материјалите за една употреба? да На учениците им е практично користењето на мала единечна амбалажа од која лесно се ослободуваат7. Дали училиштата имаат или пак користат објекти за рециклирање? не Потребна е нивна набавка8. Дали училиштето има контејнери за ѓубре? да Треба да се зголеми нивниот број.9. Дали контејнерите редовно се користат и празнат? да Треба да се празнат почесто, постојано се полни.10. Дали училиштето купува рециклирана хартија и вежбанки од рециклирана хартија? не Слабо се користи и не застапена во малопродажбата.11. Дали меморандумот на училиштето е испечатен на рециклирана хартија? не12. Дали хартијата за бришење раце е направена од рециклирана хартија? не13. Дали хартијата за фотокопирање е направена од рециклирана хартија? не Нема понуда за таква хартија.14. Дали се купуваат материјали во големи пакувања за да се избегне претераното пакување? не

Николче Јоновски, наставник по графички стручни предмети и 11 ученици од IV 4

Page 5: EKO SLOVO 2011

5

енергија

1. Дали некој во Вашето училиште е задолжен да го набљудува трошењето на енергија (струја, греење и сл.) во училиштето? не Во училниците за струјата и слично да се грижат дежурните ученици, а во просториите во кои се нема пристап од ученик да се грижат служителите.2. Дали чешмите за топла вода добро се затвораат? не Во тоалетите за учениците нема топла вода.3. Дали цевките за топла вода и бојлери со добро изолирани? не4. Дали вратите и прозорците пропуштаат воздух? да – вратите, не – прозорците. Да се постават нови врати.5. Дали завесите се прилагодени на прозорците? не Добро ќе биде да ги имаме.6. Дали тие се прилагодени на соодветната ширина? не Бидејќи ги немаме.7. Дали завесите се затворени навечер? не8. Дали сите надворешни врати се затвораат автоматски? не Добро е да има автоматски бидејќи ние учениците го трпиме студот.9. Дали училишните прозорци имаат двојно, тројно и сл. стакло? да двојно стакло и добро функционираат10. Дали мерачите за потрошувачка на енергија се лесно достапни и видливи за учениците? не .11. Дали во училиштето се употребуваат енергетско-ефикасни сијалици? не 12. Дали Вашето училиште користи извори на обновлива енергија? не .13. Имаат ли ѕидовите изолација? не 14. Дали фотокопирите и сличната опрема се гасне доколку не се користи? да15. Дали компјутерските мрежи автоматски се исклучуваат доколку не се користат? не 16. Дали полиците се наместени над радијаторите за да ја шират топлата енергија? не 17. Дали околу радијаторот има простор или има решетка со топол воздух заради подобра циркулација? не18. Дали проекторите, мониторите и телевизорите се гаснат доколку не се употребуваат? не Ова се однесува за мониторите во училниците, потребна е подобра организација и од учениците и од професорите. 19. Дали во училниците има теписони за да се изолираат подовите и да се намалат провевите? не И мислиме дека не ни е потребно.

Славица Трајковска, наставник по физика и 17 ученици од III 10

вода

1. Дали притисокот на водата е прилагоден (да не биде преголем)? не2. Дали се ставени мерачи на чешмите? не За целото училиште поставен е еден мерач, а не посебни мерачи 3. Дали се инсталирани чешми со мал млаз? (најчесто каде водата е мека) не 4. Дали чешмите кои капат се поправаат брзо? да5. Дали во тоалетите се инсталирани казанчиња со мали млазови? не И постоечките не се во функција6. Дали училиштето редовно го чита мерачот за вода? да Редовноста на читањето е еднаш месечно.7. Дали се собира дождовница за наводнување на цвеќињата, растенијата, дрвјата? не 8. Дали се пренасочува дождовницата за да ја полне училишната бара? не9. Дали училиштето има здрава вода за пиење во текот на денот? да Чешмите кои постојат не се доволни и не се на соодветно место.

Љупчо Поповски, наставник по рударски стручни предмети и 17 ученици од IV 1

Page 6: EKO SLOVO 2011

6

транСПорт

1. Дали персоналот и учениците најчесто пешачат, доаѓаат со автобус и сл.? да Автобус или пешачат2. Дали најголем дел од автомобилите носат повеќе од една личност на училиште? да Повеќе од една личност.3. Дали училиштето има безбедна зона за оставање на велосипедите? не 4. Дали училиштето им обезбедува инструкции за возење велосипед на учениците? не 5. Доколку да, дали тоа вклучува инструкции на патот? не6. Доколку имате училишни возила, дали тие користат безоловен бензин, дизел или плин? да безоловен бензин7. Дали училиштето редовно организира пешачење, планинарење или возење велосипед? да Проектни активности.

Зоран Ристевски, наставник по сообраќајни стручни предмети и 16 ученици од IV 2

Здравје

1. Дали на некои од часовите се зборува за здрава исхрана ? не Можеби на биологија или на класен час.2. Дали наставниците и учениците знаат што е здрава исхрана? да Информации од јавни гласила, проекти...3. Дали наставниците и учениците знаат кои се двата основни извори за добивање на енергија на телото? да Делумно некои од учениците знаат и тоа е информација добиена од списанија4. Дали во училиштето се прават истражувања за начини на исхрана? не Не се прават, а учениците би сакале да учествуваат во такви истражувања5. Дали во училиштето сте направиле кампања за здрава исхрана и здрав живот? не6. Дали во училиштето сте направиле анкета за тоа кој како се храни? не На часот по биологија е разговарано за тоа, согласно наставните единици7. Дали во училиштето се иницираат физички активности (аеробик,спортски натпревари)? да Редовно се иницираат такви физички активности и учесници се и наставниците и учениците8. Дали во училиштето се иницираат и други физички активности (фудбал, ракомет, кошарка)? да Со овие физички активности учениците имаат и одлични резултати на ниво на општина и држава9. Дали како позитивен пр.се истакнуваат учениците кои освен во училиштето планинарат, пливаат и сл. и надвор од училиштето? да Овие активности се поддржани (во проектните активности) и има големо учество.10. Дали во училиштето е забрането пушењето? да 11. Доколку е забрането пушењето, дали оваа забрана ја почитуваат наставниците и родителите? да Забраната се почитува и може да се каже дека и се поддржува од страна на наставниците и родителите12. Дали во училиштето редовно се отвараат прозорците за да се подобри вентилацијата? да на одмори и на час13. Дали во училниците има цвеќиња? не, само во некои училници, но има по ходниците. 14. Дали училиштето употребува еколошки продукти за чистење? не освен оние кои се во слободна продажба.

Катерина Митревска, наставник по хемија и 17 ученици од III 13

Page 7: EKO SLOVO 2011

7

Училишен двор

1. Дали дворот е исчистен од хербициди и пестициди? не2. Дали во дворот има доволоно место за учениците да можат да играат, скокаат, трчаат? да3. Дали има такви места под сенка за седење и разговарање? да / не Има само во дворот пред училиштето.4. Дали во училишниот двор има мозајци и други уметнички дела? не5. Дали на игралиштето има нацртани игри? не6. Дали во училишниот двор има бара или мочуришна површина? да7. Дали училиштето има полјана? не8. Дали училиштето има ниска вегитација (грмушки)? не9. Дали во училишниот двор има дрвја? да Има само во дворот пред училиштето.10. Дали училиштето има зеленило, трева, дврвја и цвеќиња? да Во предниот дел на училиштето.11. Дали во училишниот двор има куќарки за птици? не12. Дали во училишниот двор има место за хранење на птиците? не13. Дали училишниот двор се користи за предавање и учење? да Но многу ретко и тоа од некои професори по физичко образование, уметност, лкковна култура. Тони Видевски, наставник по машински стручни предмети

Жанета Шишкин, наставник по рударски стручни предмети и 25 ученици од II 1

оПшти ЗаБелешки

1. Дали ходниците се користат за специјални проекти, како на пример мозаици? не Би сакале да ги има.2. Дали има удобни места за седење во ходниците и во заедничките простории? да Но мислиме дека има потреба од нивно надополнување.3. Дали во училниците има декорации направени од учениците? да Преку проекти.4. Дали влезот на училиштето дава чувство на добредојде? да5. Дали има поставено огласна табла на еко-училиштата на видно место? да На самиот влез на училиштето има поставено огласна табла за сè.

Анита Божиновска, наставник по социологија и 10 ученици од IV 8

Page 8: EKO SLOVO 2011

8

Врз основа на податоците од анализата на состојбата, како и врз основа на предлозите дадени од учениците, стручните активи и секциите од училиштето, а потпирајќи се на четирите еко-стандарди, во месец октомври 2010 г. беше изработен план на активноости на еко-проектот на училиштето насловен како екотд.

Во планот на активности има вметнато 5 точки на акција од еко-стандардот 1 – Заштеда на енергија, 4 од еко-стандардот 2 – Заштеда на вода, 4 од еко-стандардот 3 – Одржување на училишната зграда и 9 од еко-стандардот 4 – Уреден и еколошки училишен двор. За приоритетен еко-стандард беше определен четвртиот т.е. уреден и еколошки училишен двор, како и еко-стандардот 1 – заштеда на енергија, со акцент на намалувањето на отпадот

Активностите се спроведуваа со директно учество на членовите на еко-одборот. Главни носители на голем број активности беа токму членовите од редот на наставниците, а во оние активности кои не беа по нивна иницијатива беа координатори и поддржувачи. Учениците беа стожерот на секоја од активностите во рамки на еко-проектот. Родителите активно учествуваа со свои предлози и редовно присуство на низа настани во рамки на екотд проектот, претставниците од медиумите редовно обезбедуваа проследување на активностите на проектот и нивно медиумско презентирање, претставникот од бизнис заедницата овозможи печатење на голем број промотивни материјали за еко-проектот, додека останатите претставници редовно излегуваа во пресрет на низа активности (со разни видови на поддршка) во доменот на нивното делување.

План на активноСти

име на проектот: ЕкоТД – НЕ Е исТо, сЕкој сака чисТо

Цел на проектот:

подигање на свеста за одржување на хигиената и здравјето;

создавање на навики за заштеда на енергија, вода и материјали

изградување на училишна култура за собирање и користење на отпадот во наставните активности (пред сè хартијата, текстилот и металите);

преземање на акции за унапредување на животната средина кои ќе донесат долгороќни и позитивни ефекти.

намера:

учениците да стекнат навика селективно да го собираат отпадот;

учениците и наставниците да понудат иновативни решенија за користење (преработка) на отпадот во наставата;

соработка на учениците, наставниците, персоналот и локалната заедница за средување на училишниот двор;

информирање на јавноста за мудрото користење на отпадот и придобивките од средениот двор

Подготвителни активности

1. E-маил адреса на еко-проектот (одговорен: Еко-одбор), септември 2010

2. Дизајнирање на лого и знаме на еко-проектот, како и на акредитации и облека за учесниците во проектот и еко-патролата (Mиле Атанасоски, Јове Стојчевски и Анита Ангелковска, ученици), септември –октомври 2010

Page 9: EKO SLOVO 2011

9

3. Изработка на огласна табла и опремување на еко-соба за проектот (Еко-одбор), септември –октомври 2010

4. Изработка на еко-кодекс (Еко-одбор, еко-комисија), септември –октомври 2010

5. Формирање на тимови за фотографирање, снимање, подготовка на два весници, пишување на прилози за списанија, ТВ презентации (Еко-одбор), октомври 2010

активности за намалување на отПадот

6. Изработка на еко-пораки и поставување на истите и кодексот низ училиштето (Гордана Јордева, ученици), октомври -ноември 20107. Проект: Рециклирање на хартија (Весна МВелјановска Снежана Паскова, Љубица Мешкова Солак, ученици), октомври 2010 - мај 2011

известување за собирање на хартија (Еко-одбор), октомври 2010• подготовка на хартијата за рециклирање, рециклирање на хартијата по рецептура, користење на •рециклираната хартија, анализа на ефектите од рециклирањето (одговорните), октомври 2010 – мај 2011 промоција на активноста (тим за промоција, еко-одбор), октомври 2010 – мај 2011•

8. Електронско водење на документи (Еко-одбор, директори), октомври 2010 – јуни 2011

9. Изработка на куќарки за птици (хаус-мајстор, ученици), ноември 2010

10. Обука: Реставрирање на оштетени книги (Весна МВелјановска, ученици), ноември – декември 2010

контакти со основни училишта и формирање на работни групи, собирање на потребни материјали •(одговорните), ноември 2010

реализација на обуката (одговорните), декември 2010• промоција на активноста (тим за промоција, еко-одбор), декември 2010•

11. Еко-пиеса Аерозагадување – Протест на полутантите (Весна Христовска, еколошка секција)

подготовка на сценарио (одговорните), ноември 2010• проби (одговорните), ноември 2010-февруари 2011• изведување на пиесата (одговорните), февруари 2011• промоција на активноста (тим за промоција, еко-одбор), февруари 2011•

12. Натпревар за најдобар еко-плакат (Николче Јоновски) и најдобри еко-литературни творби (Николина Поповска), февруари – март 2011

13. Ден на еко хип хоп и графити (Миле Атанасоски, Љубица Мешкова Солак, ученици), април 2010

14. Подготовка на еко-летоци на четири јазици и нивна дистрибуција низ градот (Зора Русомарова, актив по странски јазици, ученици), април 2011

15. Еко-натпревар за readymade производ (Љубица Мешкова Солак, ученици), ноември 2010 - мај 2011

собирање на отпадни материјали, подготовка на производите (одговорните, хаус-мајстор), ноември •2010 – мај 2011

изложба на производите и доделување на награди (одговорните, Еко-одбор), мај 2011•промоција на активноста (тим за промоција, еко-одбор), мај 2010•

16 Изработка nа еко-производи од графичка доработка и текстил (Снежана Паскова, Драган Николовски, графички и текстилен актив, ученици), ноември 2010 – мај 2011

собирање на отпадни материјали, користење / преработка на материјалите (одговорните), ноември - •мај

Page 10: EKO SLOVO 2011

10

изложба на еко-производите (одговорните), мај 2011•

промоција на активноста (тим за промоција, еко-одбор), мај 2011•

17. Заштеда на струја (Славица Трајковска, Елизабета Наумовска, секција на физичари), 23 март 2011

замена на обични сијалици со штедливи (хаус-мајстор)•

редовно чистење на прозорците во училниците (технички персонал)•

активности за уредување на училишниот двор

18. Поставување на патека од училишниот двор до влезот на училиштето (директор, еко-одбор)

19. Отстранување на непотребни и нефункционални предмети и растенија од дворот (еко-одбор, технички персонал, ЈП Комуналец), декември 2010 и мај 2011

20. Поставување и означување на корпи за органско ѓубре, за хартија и за пластика (Еко-одбор, еколошка секција), ноември – декември 2010

21. Садење на дрвја и локални цвеќиња (Драгица Здравковска, ученици, технички персонал), ноември 2010 – мај 2011

22. Поставување на клупи во дворот (Тони Видевски, ученици, технички персонал), ноември 2010 – мај 2011

собирање на отпадни материјали (одговорните, технички персонал), ноември – декември 2010•

набавка на сите потребни материјали (одговорните), март – април 2011•

изработка на клупите (одговорните, хаус мајстор), април – мај 2011•

промоција на активноста (тим за промоција, еко-одбор), мај 2011•

23. Поставување на бунар во дворот (Љупчо Поповски, еко-одбор, ученици), мај – јуни 2011

избoр на локација за изработка на бунар, дефинирање на длабина и дијаметар на бунарот, •подготовка за изведба на бунар (одговорните во со работка со локална та самоуправа и биз нис заедницата), мај, јуни 2011

изведба на бунарот (одговорните во со работка со локална та самоуправа и биз нис заедницата), јуни •2011

24. Истакнување на упатства за одржување на училишниот двор (Кире Тасески и ктерина С. Маурдева, ученици), ноември 2010 – април 2011

25. Еко-патрола (Еко-одбор, еколошка секција), октомври 2010

Промотивни активности

26. Подготовка на ТВ прилози (Весна Јовановска, еко-одбор), ноември 2010 – јуни 2011

27. Подготовка на стручниот билтен на наставниците екоРАЗГЛЕДИ (Весна МВелјановска, Љупчо Поповски, Марија Јовановска, Славица Наумовска, ученици), октомври 2010 – март 2011

28. Подготовка на училишниот весник екоСЛОВО (Милица Д. Радевска, Миле Атанасоски, ученици), октомври 2010 – мај 2011

29. Предавања, дебати, наставни часови од областа на екологијата (еко-одбор, стручни активи, наставници), октомври 2010 – мај 2011

30. Еко-фотографија (Анита Ангелковска, ученици), јуни 2011

Page 11: EKO SLOVO 2011

11

ПоврЗУваЊе на екотд Со наСтавната ПрограМа

Во Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2010 / 2011 г. спроведувањето на активностите од еко-проектот е ставено во редот на приоритетите на училиштето како приоритет број 4 – еко-училиште.

Дополнително, во месец декември, изработен беше и Анекс за интегрирано планирање на наставниците од училиштето. Одговорен за оваа активност беше училишниот психолог Славица Наумовска, која исто така ја посети обуката „Методологија на седум чекори еко-менаџмент“. При изработката на Анексот во наставничките канцеларии беа истакнати четирите еко-стандарди и беше изработен формулар – Анекс на годишното планирање. Анекси поднесоа 109 од вкупно 114 наставници, а од наведените наслови на 162 анекси видно е дека огромен број на точки за акција од сите четири еко-стандарди се интегрирани во сите наставни предмети во училиштето.

Во периодот септември-октомври 2010 г. учениците од графичката струка изработија акредитации за учесниците во еко-проектот. Акредитациите ги дизајнираше Стефан Гулевски од паралелката III 6, а ги доработија ученици од паралелката II 5. Одговорен наставник за активноста беше Весна Мундишевска-Велјановска.

Исто така, за потребите на двете формирани еко-патроли, учениците и наставниците од текстилната струка изработија облека (елеци) за членовите на патролите. Материјалот го набави координаторот на еко-одборот Тони Видевски, а

Page 12: EKO SLOVO 2011

12

За потребите на еко-проектот во периодот септември-октомври 2010 г. беше изработен еко-кодекс во форма на стрип. Во изработката на еко-кодескт беше вклучено целото училиште т.е. сите наставници, ученици и служби од училиштето. Најпрво членови на еко-одборот одржаа состаноци со претседателите на стручните активи, директорите и класните раководители, а потоа сите паралелки од училиштето учествуваа во давањето на предлози за одржување и унапредување на животната и работната училишна средина. Свои предлози дадоа и наставниците и родителите, а една паралелката од графичката струка (II 5) компјутерски ги обработи и ги групираше. Посебна еко-комисија (составена од ученици од графичката струка и наставниците Весна Мундишевска-Велјановска, Милица Димитријовска-Радевска, Весна Јовановска и Љубица Мешкова-Солак) ги селектираше предлозите, ги доработи како римувани стихови и ја определи формата на кодексот – стрип.

Стрипот, како и логото на проектот, го дизајнираше Миле Атанасоски, наставник по графички стручни предмети. Еко-кодексот беше зголемен на димензии 50 х 70 cm и умножен во соработка со печатницата а.д. Фустеларко борец – Битола.

Потоа кодексот се истакна на видни места и тоа во училници, кабинети, ходници и други простории, а поставен е и на веб-страната на училиштето.

Еко-кодексот беше промовиран и со видео-клип изработен во соработка со ТВ ТЕРА (одговорен наставник беше Весна Јовановска, наставник по македонски јазик и литература), текстови објавени во печатени медиуми, а беше претставен и на обуката за координаторите на еко-проектот.

Оваа активност предизвика голем интерес и задоволство кај сите вклучени во работата на училиштето, но и кај соработниците на училишниот проект ЕкоТД, што ни дава дополнителен стимул да успееме во намерата заеднички да ги подобриме условите во кои учиме и работиме.

ЕКО КОДЕКС

одговорен наставник за спроведувањето на активноста беше Драган Николовски. Беа изработени триесетина елеци кои потоа беа испечатени во печатницата Графопром – Битола. Во печатењето учествуваа ученици од трета година графичка струка, а одговорен за оваа активност беше наставникот Миле Атанасоски.

Page 13: EKO SLOVO 2011
Page 14: EKO SLOVO 2011

14

еко-кУтии

Една од предвидените активности со Планот на активности беше набавката на кутии (корпи) за селектирање на отпадот кои ќе бидат поставени во училишната зграда. Оваа активност ја поведоа учениците од паралелката III 4 сообраќајна струка со класниот раководител Драгица Здравковска, кои со несебичен ангажман и сопствени вложувања изработија неколку кутии за отпадна хартија и пластични шишиња. Активноста ја поддржаа и ученкците од гимназиско образование кои со наставникот Анита Ангелковска изработија три кутии за отпадна хартија, како и учениците од графичката струка кои со наставникот Александар Трајковски обезбедија кутии за отпадна хартија во со работка со печатницата „Фустеларко борец“ – Битола.

еко-Патрола

Во месец октомври 2010 г. во рамки на еколошката секција под раководство на наставникот по биологија Весна Христовска, а согласно планираното со Планот на активности на еко проектот ЕкоТД, беа формирани еко-патроли во кои членуваа ученици од гимнасиско образование, а заради следење на состојбата со хигиената во училиштето, заштедата на енергија и вода, како и одржувањето на здрава животна и работна средина. Најпрво беа определени ученици за патролата, истите беа распоредени во смени, беше набавена облека (елеци) и акредитации за членовите на патролата и беа направени чек-листи заради полесно спроведување на патролирањето.

оБУка За координатори на ПрограМата

Министерството за образование и наука на РМакедонија на 15 и 16 декември 2010 г. во хотелот „Белведере“ во Охрид организираше обука на тема „Методологија на седум чекори еко-менаџмент“ за наставниците координатори од средните и основните училишта од Р.М. вклучени во еко-програмата. Претставник од нашето училиште беше координаторот Весна Мундишевска-Велјановска. На обуката беа презентирани програмите „Како да се стане еко-училиште“ и „Млади репортери за животната средина“, а се одвиваше со кратки предавања и вежби. Новите информации од обуката уште на 17. 12. 2010 г. координаторот ги пренесе до претседателите на активите и членовите на еко-одборот и се пристапи кон преземање на соодветни активности.

Претходно на вакви обуки беа Анита Ангелевска, директор на нашето училиште и Славица Наумовска, училишен психолог.

Елена Пишмановска IV 4

Page 15: EKO SLOVO 2011

15

По повод 21 Март, Денот на пролетта, СОУ „Таки Даскало“ – Битола распишa литературен награден конкурс за учениците од средно образование на тема: „РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕТО – МОЕТО БУДЕЊЕ“.На објавениот конкурс пристигнаа повеќе од стотина творби, прозни и поетски остварувања на ученици од повеќе средни училишта во Македонија, од Скопје, Куманово, Велес, Штип, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Демир Хисар, Кавадарци, Македонски Брод, од сите средни училишта во Општина Битола.Пристигнатите творби (проза и поезија) ги разгледа комисија во состав: Добре Тодоровски, писaтел, член на Друштвото на писатели на Р. Македонија, Милица Д. Радевска, наставник по македонски јазик и литература и член на Друштвото на писатели на Р. Македонија, Виолета Грашиновска, наставник по македонски јазик и литература и Александра Простриженовска, наставник по македонски јазик. Заради високиот квалитет на творбите комисијата се одлучи да додели повеќе втори и трети мести, како за поетските, така и за прозните оствaрувања. Наградите на учениците им беа врачeни на поетското среќавање што се одржа на 18. 03. 2011 г. во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Манифестацијата беше збогатена со присуството на битолскиот поет Радован П. Цветковски, а ученици од втора година гимназиско образование под менторство на Николина Поповска, наставник по македонски јазик и литература која воедно беше и одговорна за настанот, изведоа поетски перформанс на стихови од битолскиот поет Панде Манојлов. На оваа манифестација беа доделени и наградите на најуспешните на интерниот награден конкурс најдобар еко-плакат.

Прва награда

Александар Апопстолов IV 2ОСЕУ „8 Септември“ – ТетовоМентор: Христина Момировска

РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕТО – МОЕТО БУДЕЊЕ

Воздухот е само светол прав пред себеНесвесно поземано раздроб-јаболкоШто во градите цврсто леснотежнало

Само во еден долгомиг поземи гоКако што прават мнозинаОмајани од трезнотија

Кога божјата рака во споулавеност испраќаИлјадници медоносци што живот даратИ ги будат оние аморови стрелиШто женскиот гнев моментно го варат

Кога во својот дом идат оние туѓостранциЗа сал песна за себе да испеатПесна сонозвучна, на други подарена

Кога светот го зафаќа трчаницаПод ладниот зелен звук на спокојблаженствоКаде желбосништата се точатКаде соножелбите се раѓаат

Тој зелен звук што полека се твори в глувостИли денес увото за него се затвораИ за да чуе нешто што омразиСал в пелин пеплосан го претвора

Во тоа време на улава тихост воздух вреди да се поземаКога сиот занес за стихој в крвта вриеИ себесмислата да се губи се случуваВо тој миг кога сал искреност увото пиеА дамарите не слушаат свестумот што подучува

Ќе го зачува тој знак на восхитчудењеИако во себе збор за тоа не слушамИ нежив тогаш би се радувалЗеленилото го разбудило моето будење

К О Н К У Р С

Page 16: EKO SLOVO 2011

16

Втора награда

Викторија Ицева IV 1 СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје Ментор: Костадинка Бошковиќ

НАШИОТ ГЛАС Лица:Љубов Љубовчевски, Планета Sвездановска, Полјана Зеленковска,Бистра Воденковска, Езерко Синооковски и Полјана Цветановска

ЉУБОВ ЉУБОВЧЕВСКИ

Сите треба да се викаме Љубовединственамала,или голема,битно да е доволна.Од љубов се раѓамеи именуваме Човек,кој едноставно знаесо срце и разум да љуби.Љубиме сè што е меѓу нас и околу насСè што окото мозе да види,засади, преора, ожнее,погали, допре, искачи и надлета,да за’рти нова љубов,која во аманет единствено може да остави Љубов.Растам и широки прегратки пружам,да прегрнам зеленила,синила и шаренила,во чии пазувиединстено се чувствувам човек.

ПЛАНЕТА SВЕЗДАНОВСКА

Една планета, еден живот, една ѕвездаподалеку од себе нè немабез неа не постоимепоблиску до неаживееме.

Земјо!Плането!Единствена најголема родино!Вишнеам во мислата по тебеи желбата непроменета да останеш за невек.Секојдневно од нас создаваше љубов хранејќи нè од родната почва.Испраќаш дождови,зеленееш,од болка црнееш,и во твојата благородна мисија,знам одвај истрајуваш.Те изморивме,те наградивме,а толку сакам да си долговечнаи после могу ветувања,пак да личиш на себеси.

ПРИРОДА ЗЕЛЕНКОВСКА

Личам на окозелено,бистроококаде и да погледнеш ме гледаш мене,а јас вљубена во себебарам прошка за својата нарцисоидност,но и тогаш велам:Убава сум.Ти пречи жештинатаблагослови мезаради сонцето што го пече лебот.ти пречи студотпокри се заради себе и вируситекои ги замрзнувам да бидат подалеку од тебе.Кога ти нудам чајод своите планински градиблагослови ме.Кога ги зеленеам шумите диши длабоко,да ги заруменеш твоите образи,скини од здравецоти пакблагослови ме.

Page 17: EKO SLOVO 2011

17

БИСТРА ВОДЕНКОВСКА

Викај ме како сакаши грне и кристална чаша,но не крши ме.Не грди ми го лицетои не давај никогаш да секнам.Кога челото ќе го ороси поткога усните ќе прегораткога и земјата распукува од болказнамнемој ме виканекому требам,а јас, тогаш најмногу сакам да сум Бистра,затоа не крши го бардакот,не истурај напразно млазевиеден ден ќе ме побараш,а јас стравувамдека ќе ме најдеш под друго имеКапка.

ЕЗЕРСКО СИНООКОВСКИ

Тука на ова мало парчеимам три даровни животи.Океаните и морињата се туѓи,чувајте ме мене; Езерко ОхридскиЕзерко ПреспанскиЕзерко Дојрански.Вашата блискост сум бисерна школка светот што го украсува и повикува „Таму по срце в кавал да свирамС’нце да зајдвит ја да умирам“.Фрлам бранови кога ме наградувателулеам нежно кога низ песна ме славитесинеам, белеам платно за сите Билјани,векувам,опстојувам,од грст човекова добринаи свечено давам заклетваостанувам вечна убавина.

ПОЛЈАНА ЦВЕТАНОВСКА

Легни на моите дланки и сонувај опијанет од мирисотна мајчина дишичка.Трчај по моите плеќи,но ако те заморува увавинатате молам прости ми.Чувај ме кога ме црнеат облацитекога асфалтот и бетонот тежат на главата кога булдожерите ми ја одземаат душата.Подалеку од бензинот и отровите подалеку од косачките и пилите киселите дождови и пустинските ветришта.Знам каде да растам,знам каква ме сакате.Уморна сум,заспивам.Зарем јас,секојдневно што ве прекорувам и делам опомени,Јас,оф, јас,некогашната ЗеленаНекогашната Црвенаеден ден да се викам Никоја.

Page 18: EKO SLOVO 2011

18

Трета награда

Елизабета Колевска IV вДМБУЦ: „Илија Николовски – Луј“, Општина: Центар, СкопјеМентор: Вањушка Миладинова-Миќиќ

РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕТО – МОЕТО БУДЕЊЕ

Во моитерозови соништа летав над бескрајноста и го наслушувавизгревот на сонцетоРазбуди ме фантазијо со раззеленета мисла и пролетно вдахновение во љубовен танцразлистени. Прва рожба…..

Р’кулец на:o семоќностo седостижностo сезнајностo сеприсутност и насмевка за благодарност.

Постојам иморам да имам сон… Ако го немам,како ќе го остварам? Во моите розови соништа раззеленети мисли ме будат… Тоа разлистува пролетта.

Трета награда

Флорина Бакиевска IV 9СОУ „Таки Даскало“ – БитолаМентор: Весна Трајковска

ПОЛНОЛЕТСТВОТО

Во тишинатаоставам венец цветен,плетенод желби преплетенраширенво живиот истек.

Го бакнувамстопена од мечти;в треперливи мугриспознанијанемо очекувам,кротко исплашена.

Тука сум.В напад несетентука сум,јас,накитенако невеста кревка,со сила што стамено чекоринатаму!

Сум разлистала, велат.

Еве, разлистале децата!

Знам,полнолетството во мене се буди!

Page 19: EKO SLOVO 2011

19

доделени наградите За најдоБар еко-ПлакатВо рамките на еко-проектот, СОУ „Таки Даскало“ – Битола распиша интерен награден конкурс за

учениците од сите години и сите видови на образование за избор на најдоБар еко-Плакат на Училиштето. Плакатите беа изработени на исправен Б3 формат (353 x 500 mm), во боја и без ограничувања во поглед на користењето на фотографии, илустрации и векторска графика. Плакатите исто така содржеа кратка порака или поука поврзана со екологијата. Плакатите беа изработени исклучиво во софтвер за векторска графика (CorelDraw, Adobe Illustrator или Inkscape).

Од пристигнатите плакати комисијата во состав: Љубица Мешковска-Солак, наставник по ликовна уметност, Николче Јоновски, наставник по графички стручни предмети и Миле Атанасоски, наставник по графички стручни предмети, како најуспешни ги награди следните ученици: прва награда за ученикот Стефан Гулевски од III-6, второ место Елена Андоновска III-6 и трето место Христина Пасковска II-5. Наградите на учениците им беа врачени на манифестацијата „Раззеленувањето мое будење“ што се одржа на 18 март 2011 година, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. На оваа манифестација беа доделни и награди на најуспешните ученици кои со свои творби учествуваа на републичкиот натпревар на темата „Раззленувањето – моето будење“.

прва награда Стефан Гулевски III-6 второ место Елена Андоновска III-6

трето место Христина Пасковска II-5

Page 20: EKO SLOVO 2011
Page 21: EKO SLOVO 2011

21

еко-ПредаваЊе

Во рамките на проектот ЕкоТД на 15. 12. 2010 г. со почеток во 13 часот се одржа предавање на тема „Еволутивноста на правната заштита, свеста и културата за животната средина“. Предавач беше д-р Арсе Петревски продекан на Правниот факултет во Кичево,.дисперзирани студии во Битола. Предавањето се одржа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во салата за презентации. На предавањето присуствуваа ученици од сите струки во училиштето и од гимназиското образование, наставници од сите активи и

по различни предмети, како и претставници на педагошко-психолошката служба и помошниците директори. Темата на разговор беше екологијата во Република Македонија. Најпрво д-р Петревски зборуваше за чистотата и загадувањето на воздухот во Битола поради Рек-Битола, а потоа се дискутираше за нечистата вода која се пие во Македонија, за тоа како може да се спречи фрлањето на отпадоците на разни несоодветни места, за напуштените фабрики и можностите за нивно преуредување во пријатни катчиња за забава на младите, за добро средените паркови и мерките за нивна заштита, но и за тоа како може да се подобри свеста на граѓаните за да остане чиста нашата Земја. Виден беше интересот и на учениците и на наставниците што се забележа од нивното бројно присуство и активното учество во поставувањето на прашања и во дискусиите.

Настанот го снимија и сликаа ученици од графичката струка, а ТВ прилози беа прикажани уште истиот ден на ТВ Тера и ТВ Орбис.

Ивана Велјановска IV 5 Даниела Сиљановска IV 5

Page 22: EKO SLOVO 2011

22

оБУка „реСтаврираЊе на оштетени книги“

Една од многуте активности во рамки на проектот на нашето училиште насловен како ЕкоТД, каде активно се вклучуваат сите ученици и расположливи средства на училиштето, е реализацијата на обуката „Реставрирање на оштетени книги“. Во оваа активност зедоа учество 12 ученици од три основни училишта и тоа „Климент Охридски“ - Битола, „Александар Турунџев“ – с. Кукуречани и „Крсте Петков Мисирков“ – с. Бистрица. Обуката се одвиваше под менторство на професорите Весна Мундишевска-Велјановска и Снежана Паскова, и асистенција на четворица ученици од нашето училиште и тоа: Антонио Бошевски, Даниела Сиљановска, Ивана Велјановска и Елена Пишмановска, сите ученици во четврта година графичка струка..Обуката се одвиваше во графичкиот кабинет на СОУ „Таки Даскало“ во два дена и тоа 04. 12. 2010 г. (сабота) и 10. 12. 2010 г. (петок).

Во текот на првиот ден од обуката оштетените книги кои ги носеа учениците од основните училишта беа реставрирани по следниот редослед :

одвојување на книжниот •блок од корицата;

реставрирање на оштетените лисја и табаци •од книжниот блок;

средување на табаците по точен редослед •според бројките на страниците;

изработка на предлист;•

шиење на книжниот блок (шиење на врзивни •конци на дрвена рамка);

зацврстување на поврзувањето со тул-платно •и

сушење на книжните блокови.•

Исто така беа исцртани листови стара хартија А3 формат со користење на нишесте и водени боички, кои на следниот ден од обуката ги употребивме за изработка на корици за некои од книгите.

На крајот на првиот ден учесниците на обуката изработија внатрешност и меки корици за тефтерчиња А5 формат од веќе користени материјали и комплетираните лисја со кориците потоа ги сошија на машината за шиење со жица со која располага графичкиот кабинет.

Меѓу двата дена на обуката во печатниците Киро Дандаро и Графопром беа обрежани сошиените книжни блокови и тефтерчињата.

На вториот ден од обуката повторно реставриравме оштетени книги, но овојпат тоа го правевме со лепење, а постапката се одвиваше по следниот редослед:

одвојување на книжниот блок од корицата;•

спојување на одвоените листови од книжниот •блок (со лепење);

изработка на мека корица и•

спојување на книжниот блок со корицата, •која на `рбетот беше зацврстена со парче од остатоците од материјалот за пресвлекување.

Page 23: EKO SLOVO 2011

23

Исто така изработивме и тврди корици за книжните блокови од првиот ден. При тоа ги користевме исцртаните листови хартија, остатоци од скај во разни бои и парчиња тапет. Најпрво кроевме по две парчиња лепенка според димензиите на обрежаните книжни блокови и по едно парче рикн за ̀ рбетот на книгата. Потоа кроевме материјал за пресвлекување, па на него ги налепивме лепенките и рикнот на соодветно место. На крај монтираните корици ги споивме со книжните блокови и ги пресувавме книгите. Добивме интересна палета на реставрирани книги.

За целото времетрење на обуката сите активности беа документирани со сликање и снимање, а беше изработена и емисија за обуката на ТВ МЕДИ.

На крајот на обуката трудот на сите учесници беше крунисан со тоа што им беа доделени сертификати за добро извршената работа, кои би им послужиле во иднина.

Антонио Бошевски IV 5

Елена Пишмановска (СОУ „Таки Даскало“ - Битола)

За време на обуката ми беше многу убаво. Запознав нови лица. Посебно ми беше убаво тоа што можев да им го покажам она што го знам.

Андреј Костурски (ОУ „Климент Охридски“ - Битола)

Од големо значење ни беше присуството на оваа обука на која се стекнавме со голем број на знаења кои би ни послужиле во понатамошниот развој на нашето образование.

Томче Јанакиевски (ОУ „Климент Охридски“ - Битола)

Со самата дводневна обука се стекнав со знаења од област за која досега немам работено. Се надевам дека овие искуства ќе ми послужат и ќе ги применувам во иднина.

новогодишна еко-ПриредБа

На 30 декември 2010 г. во просториите на училишната библиотека изведена беше новогодишна еко-приредба за децата на вработените од училиштето. Приредбата ја подготвија учениците од гимназиско образование со одговорниот наставник Мирјана Гичевска. Вакви приредби се практикуваат секоја година, не само за овие деца туку и за децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“, од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и сл. Оваа година приредбата беше со содржини од екологијата и здравото живеење, а декорот во библиотеката за поддршка на приредбата го изработија ученици од втора година графичка струка со користење (реупотреба) на стара хартија.

Page 24: EKO SLOVO 2011

24

Во текот на спроведувањето на училишниот еко-проект во рамки на програмата „Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем“ во текот на учебната 2010 / 2011 г., заради обемноста на активностите предвидени со Планот на активности на еко-проектот екотд, наместо огласна табла за потребите на проектот, се јави потреба од уредување на еко-соба за истиот.

За обезбедување на просторија и за уредување на истата беа задолжени Весна Мундишевска-Велјановска, координатор на еко-проектот и Љубица Мешкова-Солак, член на еко-одборот.

Просторијата беше определена во договор на координаторот на еко-проектот со директорот на училиштето и помошниците директори во текот на второто полугодие на учебната 2010 / 2011 г. За простор за еко-собата беше определена просторијата на левата страна од влезот во училишната зграда – блок А, веднаш до просторијата за дежурните ученици.

Оваа просторија е извонредно соодветна за намената зашто од сите четири страни е заградена со стакло, што овозможува извонредна прегледност на содржините кои се изложуваат во истата, но и заради местоположбата која овозможува неминовно поминување и разгледување на истата.

Подготовките за уредувањето започнаа со чистење на просторијата во соработка со техничкиот персонал на училиштето и со поставување на клупи во истата. Беа искористени неупотребливи клупи од училишната визба заради обезбедување на место за изложување на информации за еко-проектот, како и на изработки од учениците во рамки на еко-проектот.

Потоа одговорните наставници, заедно со ученици од графичката струка, поставија информации за еко-проектот, еко-кодекси, летоци со еколошка содржина, рециклирана хартија, рециклиран џинс, елеци за еко-патролите, маички за учесниците во еко-проектот, производи од графичка доработка изработени од рециклирани материјали, корпи за селектирање на отпадот, ready-made производи и сл.

Истите, до крајот на учебната година, постојано и редовно ја дополнуваа еко-собата со разни производи од еко-проектот, како и со прилози објавени во печатените и електронските медиуми во Битола и Скопје.

Со отворањето и редовното уредување на еко-собата се овозможи редовно информирање на вработените од училиштето, учениците и родителите за активностите на училиштето во делот на еколошкото образование и заштитата на животната средина.

еко-соба

Page 25: EKO SLOVO 2011

25

Уредувањето на училишниот двор беше еден од приоритетите на еко-проектот екотд. Во рамки на оваа активност најпрво беше поставена патека кон влезот на училиштето во блок А и блок Б од страната на спортското игралиште во соработка со ЈП „Нискоградба“.

Пред Потоа

Во неколку наврати се спроведе чистење на дворот (и во предниот и во задниот дел се чистеше во повеќе наврати – во рамки на Денот на пролетта и екологијата, во соработка со ЈП „Комуналец“, но и вон часовите) и засадување на дрвца (ова најчесто се спроведуваше за време на Денот на дрвото во ноември и во март, но дрвца беа засадувани и во други прилики).

Покрај дрвца, во делот кај спортското игралиште, веднаш до влезот кај графичкиот кабинет, беа засадени и цвеќиња, а беа поставени и повеќе елементи во напор и овој дел од дворот да стане пријатно катче за собирање и одмор на учениците. Главни носители на оваа активност беа учениците од сообраќајната струка, трета година, со одговорниот наставник Драгица Здравковска. Овие ученици со сопствен ангажман изработија клупи и маси, куќички за птици, жардињери за цвеќиња од стари гуми, како и знаци за заштита од загадување.

УредУваЊе на Училишниот двор

Page 26: EKO SLOVO 2011

26

Наставниците од активот по странски јазици, заедно со учениците од гимназиско образование, подготвија промотивен материјал – летоци со еколошка содржина на странските јазици кои се изучуваат во училиштето Летоците ги изработија со програмската апликација Corel Draw, а печатењето на истите го овозможи а.д. „Киро Дандаро“ – Битола.

Како еко-летоци графичката струка ги подготви и наградените плакати од училишниот конкурс за најдобар еко-плакат, а сите еко-летоци учениците од графичката секција ги дистрибуираа во училиштето, низ Широк Сокак и во битолскиот пазар.

ЕКО ЛЕТОЦИ

Page 27: EKO SLOVO 2011

27

Во рамките на проектот ЕкоТД особено внимание беше посветено на примената и реализацијата еко-стандардот 1 – Заштеда на енергија. За одговорни лица эа спроведување на активностите од овој стандард беа назначени Славица

Трајковска и Елиэабета Наумовска, наставници по физика кои најголем дел од активностите ги спроведуваа во рамки на секцијата Еко-физичари, но и со координирање на активности во кои ги вклучуваа и члeновите на техничкиот персонал, други наставници и голем број на ученици од различни години и видови на образование.

За остварување на эацртаните цели одговорните наставници подготвија предлог-програма эа работа на секцијата Еко-фиэичари и дадоа свој значаен придонес при спроведувањето на Аналиэата на состојбата и изготвувањето на Планот на активности на училишниот еко-проект екотд. Сите предвидени активности од овој стандард беа целосно реализирани.

Тргнувајќи од тоа дека состојбата со осветлувањето во училиштето генерално е добра, односно дека најголем дел од светилките се неонки эацртано беше во ходникот на првиот кат од блок А на училиштето 8 обични сијалици да се заменат со штедливи. Ова се реализраше во текот на месец мај 2011 г.

Заради намалување на потрошувачката на електрична енергија уште во месец септември беа повлечени од употреба голем број на кварцни печки кои се користеа во разни простории со што видно се намали потрошувачката на електрична енергија што се забележува и од сметките эа струја.

Беа изработени и упатства за рационално користење на електрична и топлинска енергија во училишната эграда во форма на еко-пароли и еко-кодекс и беа истакнати во ходниците, училниците и помошните простории во училиштето. Исто така ниэ раэговори со учениците и вработените во училиштето постојано се укажуваше на корисноста од исклучувањето на компјутерите кога истите не се користат, исклучувањето на машините во

работилниците на текстилната и графичката струка, рационалното користење на телевизорите, печатачите, фотокопирот и другите електронски уреди во училиштето. Дека и оваа активност беше успешна потврдува споредбената анализа на потрошувачката на електрична енергија во СОУ „Таки Даскало“ – Битола эа учебната 2010 / 2011 г. што ја изработи Славица Трајковска со училишниот благајник и книговодителот.

СПоредБена аналиЗа на ПотрошУвачка на електрична енергија

во СоУ „таки даСкало“ – БитолаМесец разликаСептември 458 KW/hОктомври 2165.59 KW/hНоември 6473,48 KW/hДекември 11080.81 KW/hЈануари 3127,2 KW/hФевруари 4737,24 KW/hМарт 4353,88 KW/hАприл 1987,2 KW/hВо месец јануари беа формирани неколку еко-

патроли кои беа задолжени эа неделна проверка на состојбата со потрошувачката на електрична енергија во училиштето. Најпрво беа определени учениците-членови на еко-патролите (Билјана Нешковска III 15, Дарко Тарандек III 15, Бојан Костов IV 5, Мартин Здравковски III 15, Владимир Ѓоргиевски III 13, Елена Маџевска II 15 и Живорад Стојановиќ II 15, Стефанија Тарашковска II 5). Во договор со членовите на еко-патролите беше изработена чек-листа за проверка на заштеда на струја во училиштето.

Дополнително учениците од втора година гимназиско образование направија пресметки колкава електрична енергија трошат мониторите и куєштата на компјутерите од кои произлезе дека вкупната потрошувачка на компјутерите эа 1 час иэнесува 276,8 КWh или 995,8 МЈ. Бидејќи компјутерите се користат дневно околу 12 часа, а годишно 200 дена, вкупната потрошувачка на електрична енергија е 664,3 МWh. Оvој податок беше искористен за да се укаже на големата количина на енергија којашто ја трошат компјутерите и на важноста на нивното рационално користење заради намалување на истата.

Исто така во рамките на низата активности за заштеда на електрична енергија, беа земенети обичните сијалици на првиот кат во блок А со штедливи. Сите овие активности несомено укажуваат на подигнувањето на свеста на учениците од важноста од заштеда на електрична енергија, но и на одговорноста на учениците да се грижат за средината во која поминуваат најголем дел од денот. Ваквите проекти ја исполнуваат, покрај образовната, најважната компонента на образованието, а тоа е воспитувањето на младите во духот на времето и предизвиците што тоа ги носи.

Заштеда на енергија во СоУ „таки даСкало“ – Битола

Page 28: EKO SLOVO 2011

28

воЗила Со алтернативен Погон Се вели дека мотивацијата е најсилното оружје во придвижувањето на човекот. А кога младите се мотивирани тие можат да создадат навистина прекрасни и чудесни нешто. Интегрирањето на еколошкото образование во

наставата овозможи да се откријат нови области за истражување и да се насочат младите да размислуваат покритички за светот во кој живеат.

Тоа учениците од сообраќајната струка го направија со нивниот истражувачки пристап за изнаоѓање на извори и решенија за возила со алтернативен погон. Во преполната сала на Училишната библиотека на 09. 06. 2011 тие го презентираа својот труд „Возила со алтернативен погон“. Одговорен наставник за овој проект беше Тони Видевски, а главен координатор на учениците кои презентираа беше ученичката Дијана Грибовска од III 4. Учениците во својата презентација ги опфатија следниве аспекти и зборуваа за: возила со дизел агрегати, возила со бензиски мотор, возила кои користат биогорива, возила со електричен погон, возила со компримиран воздух, Mazda со хибриден погон, Renault со електричен погон, Kia naimo, Veritas Roadster, Nissan esflow, лондонски такси возила на електричен погон.

П р езе н та ц и ј ата навистина предизвика голем интерес пред присутните не само заради важноста на темата туку многу повеќе заради сознанието дека учениците од сообраќајната струка многу успешно ги примениле своите теоретски знаења на полето на изнаоѓање на нови видови енергија за заштита на животната средина.

е-докУМенти, еко-Пораки, МедиУМСка ПреЗентаЦија

Во текот на целата учебна 2010 / 2011 г. започна и електронско водење на документи заради заштеда на хартија.

У ч е н и ц и т е од гимназиско образование и графичка струка, со одговорните

наставници Гордана Јордева и Љубица Мешкова-Солак, изработија стотина еко-пораки и ги поставија во двете училишни згради.

Исто така, од месец октомври 2010 г. започнаа со функционирање неколку тимови кои ги следеа активностите на училишниот проект екотд. Беа формирани тимови за фотографирање, снимање, подготовка на училишни весници, пишување на прилози за списанија и ТВ презентации. Информирањето на јавноста и пошироката заедница се спроведуваше преку:

издавање на два училишни весници посветени на еко-проектот на училиштето:

стручен билтен за наставниците „ЕкоРАЗГЛЕДИ“ •и

училишен весник за активностите на еко-проектот •„ЕкоСЛОВО“

печатени прилози за активностите на еко-проектот:

прилози објавени во „Битолски весник“ и двете •училишни изданија,

прилози објавени во печатените гласила •„Воспитни крстопати“ и „Просветен работник“ од Скопје

в и д е о промоција: - изработени беа низа посебни ТВ прилози за разни емисии и прилози за вести објавени на програмата на локалните телевизии „ТВ ТЕРА“, „ОРБИС“ и „МЕДИ“

Page 29: EKO SLOVO 2011

29

веб промоција :

поставување на содржини за активностите на •еко-проектот на веб страната на училиштето и

изработка на посебна веб страна за проектот•

известувања и покани за соработка наменети за

учениците и вработените од СОУ „Таки •Даскало“,

основни и средни училишта од Битола и основни •училишта од селата од општина Битола,

средните училишта од Р.Македонија. •

иЗраБотка на еко веБ Страна За СоУ “таки даСкало“ – Битола

Со вклучувањето на СОУ во проектот “Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем“ и спроведувањето на училишниот Еко проект насловен како Еко ТД, се јави потреба за промовирање на активностите во рамки на истиот, но и за поефикасна комуникација со други еко-училишта од регионот и пошироко. За таа цел изработена е веб страна за проектот со програми за веб дизајн и векторска графика. Токму со темата иЗраБотка на еко веБ Страна За СоУ “таки даСкало“ – Битола, uченикот Мартин Ивановски, учествуваше на 47-та Државна Смотра на младите истражувачи од Република Македонија од Сојузот на здруженија на млади истражувачи – “Наука на младите“ и го освои второто место.

Во изработката на темата користени се прилози, брошури, фотографии, снимки, и други документи од архивата на Еко проектот на СОУ “Таки Даскало“ – Битола.

Исто така, од технички аспект во изработката и уредувањето на веб страната користени се програми за веб дизајн и векторска графика, како Adobe Dreamweaver CS5, Adobe Photoshop CS5, Adobe Flash CS5, Adobe Premiere Pro CS5, CorelDraw X5.

На оваа 47 смотра на млади истражувачи учествуваа и учениците Стефан Балтов и Владимир Ѓеорѓиевски. Стефан Балтов, ученик во втора година гимнaзиско образование, освои второ место со трудот „Полнење на мобилен телефон преку динамо од велосипед“, а Владимир Ѓорѓиевски, ученик во трета година гимназиско образование, освои трето место со темата „Кулите во Бахреин“.

Page 30: EKO SLOVO 2011

30

Продолжувајќи ја четиригодишната традиција на соработка меѓу СОУ „Таки Даскало“ и ОУ „Св. Климент Охридски“ од Битола, во текот на учебната 2010 / 2011 г., поточно во периодот февруари-март, истата беше обележана со спроведување на проектот насловен како „иЗраБотка на ПроиЗводи од оСтатоЦи од Хартија, картон и дрУги Материјали“.

Покрај споделувањето на сопственото практично искуство од делот на графичката доработка, помошта, мотивирањето на учениците од основното училиште и промовирањето на графичката струка и училиштето од страна на учениците од графичката струка, цел на проектот беше и јакнење на свеста на учениците од сите возрасти за реупотреба на материјалите и заштеда на природни ресурси. Со ова проектот стана дел од обемниот училишен проект „екотд“. Во спроведувањето на проектот учество зедоа десет ученици од втора година графичка струка и тројца поранешни ученици од графичката струка.

Во рамки на проектот беа изработени цвеќиња, честитки, разни корпиња, украси од хартија и сл. Активностите се изведуваа низ посети на основното училиште и работа во неговите простории. На 04 март 2011 г. учениците од графичката струка, заедно со учесниците во проектот од основното училиште, учествуваа на организираниот пазар на можности во ОУ „Св. Климент Охридски“.

За проектот беше информирана и пошироката заедница низ изработка на видео запис за истиот (видеото го изработија двајца ученици од графичката

и еден ученик од сообраќајната струка, сите од четврта година на образование), изработка на текст за училишниот весник „ЕкоСЛОВО“ и со поставување на содржини за проектот на веб страната на училиштето.

Во делот на преработка на стара и непотребна хартија беа изработени и украси за новогодишната претстава за децата на вработените од училиштето, како и оригами кои го разубавија влезот на училишната зграда во блок А.

Исто така, во текот на целата учебна година графичката секција работеше на рециклирање на хартија. Постојано се собираше хартија од кабинетите и работните простории во училиштето, како и од кутиите за отпадна хартија, потоа хартијата се сортираше и се ситнеше, а во лабораторијата на графичкиот кабинет, според дадена рецептура, од старата хартија се изработија нови употребливи примероци хартија.

Одговорни наставници за сите овие активности беа Весна Мундишевска-Велјановска и Снежана Паскова, во постојана соработка со Љубица Мешкова-Солак.

Page 31: EKO SLOVO 2011

31

реУПотреБа на Материјали

Во текот на целата учебна 2010 / 2011 г. се спроведуваа активности за намалување на отпадот во училиштето и реупотреба на материјалите. Така, под менторство на координаторот на еко-одборот Тони Видевски, стари и искршени столчиња беа употребени за изработка на клупи за седење, а под менторство на наставникот Љубица Мешкова-Солак (член на еко-одборот) од стари картонски кутии и непотребни ЦД-ња беа изработени ready-made производи.

Учениците од текстилната струка под менторство на наставниците Драги Николовски и Анита Стефановска работеа на рециклирање на џинс и на почетокот на јуни, во два наврати (во блок А и во блок Б) организираа модна ревија со производите од овој проект.

Учениците, пак, од графичката струка, под менторство на наставниците по графички стручни предмети Весна Мундишевска-Велјановска, Катерина Спасовска-Маурдева, Валентина Ристеска и Снежана Паскова, изработија графички производи од употребена хартија и картон со додатоци. Изложба од овие производи беше поставена во графичкиот кабинет на училиштето и во еко-собата во последната седмица од месец мај 2011 г.

еко-ПредаваЊа

При спроведувањето на активностите од екотд, покрај спроведувањето на огромен број наставни часови со содржини од областа на екологијата согласно испланираното

со Анексите кон годишните планирања на наставниците, беа реализирани и низа предавања и дебати со ученици и наставници од разни струки и години на образование.

На 27 април 2011 г. во училишната библиотека беше реализирана дебата на тема „Ѓубре“. Организатори беа ученици од трета година гимназиско образование во соработка со

Американското катче.

На 20 мај 2011 г., исто така во училишната библиотека, беше о р г а н и з и р а н о и н т е р а к т и в н о предавање на

англиски јазик “What can we do?” во соработка со Американското катче од Битола Предавач беше Katie Kalinowski од Американскиот мировен корпус. Во предавањето активно учество зедоа ученици од втора и трета година гимназиско образование, графичка и сообраќајна струка, како и неколку наставници.

На 21 мај 2011 г. беше организирано еко-предавање во библиотеката на СОУ „Таки Даскало“ за учениците од трета година сообраќајна струка на тема „аерозагадувањето – фактор за загадување на животната околина“. Предавач беше Зоран Ристевски, наставник по сообраќајни стручни предмети.

Page 32: EKO SLOVO 2011

32

еко МУрали, граФити и ПаркУр егЗиБиЦии

Последната седмица од месец мај 2011 г. се спроведуваа низа активности од еко-проектот на училиштето екотд. Целта беше презентација на дел од завршените активности на проектот. Меѓу нив беа:

презентација на двата модели за создавање на енергија како пример за искористување на обновливите извори на енергија (наградените модели на кули кои самите создаваат електрична енергија со искористување на ветрот и полнењето на батерија на мобилен телефон со користење на човековата сила преку динамо од велосипед);

изложбата на производи добиени со рециклирање на материјали како можност за користење на обновливите ресурси и заштита на околината – производите од преработка на хартија и картон од учениците од графичката струка и производите од рециклиран џинс изработени од учениците од текстилната струка; изведување на паркур егзибиции во соработка со ученици од други училишта во насока на промовирање на здравиот дух и заштитата на воздухот (возење со точак, скејтборд, ролери и сл.) и сликање на мурали и изработка на еко-графити со користење на еколошки бои со цел разубавување

на просторот во училиштето – активност во соработка со О п ш т и н с к а т а организација на Црвениот крст на Битола. Овој проект беше насловен „весели ѕидови“. Во

неговото спроведување учество зедоа ученици од трета и четврта година графичка струка и прва и втора година гимназиско образование и тоа: Стефан Гулевски трета година графичка струка, Душан Шешиќ четврта година графичка струка, Исијанин Давид втора година гимназија, Александра Бошевска и Драгана Димитриевик од прва година гимназија. Одговорни наставници за истиот беа: Љубица Мешкова-Солак, наставник по ликовна уметност и Весна Мундишевска-Велјановска, наставник по графички стручни предмети.

Во рамки на проектот „Весели ѕидови“ беа изработени еко-графити и мурали во блок „А“ на училиштето (два мурали од двете страни на влезот за учениците во училишната зграда и кај графичкиот

кабинет) и во блок „Б“ (четири графити на влезот во училишната зграда и два на надворешниот ѕид од влезот). За проектот беше информирана и пошироката заедница низ ТВ прилог за емисијата АКТУЕЛ објавен на програмата на локалната „ТВ ТЕРА“, текст во училишниот весник „ЕкоСЛОВО“ и со поставување на содржини за проектот

„Весели ѕидови“ на веб страната на училиштето www.takidaskalo.edu.mk.

Владимир Ѓорѓиевски III 13

Придобивките од ваквата реализација се видливи – конкретно, има значително намалување на сметките за струја и вода т.е. значителна заштеда на електрична енергија и вода, но и виден напредок во градењето на навиките за селектирање на отпадот, намалување на отпадот, а особено во искористувањето и реупотребата на непотребни материјали (особено беа спроведени акции за реупотреба на хартија, картон, текстилни материјали, метал и дрво). Зголемен е бројот на корпи за отпадоци и клупи за седење на учениците, а дворот стана уште попријатно место за одмор на учениците.

Проектот побуди голем интерес кај сите вклучени во живеењето на училиштето.

СОУ „Таки Даскало“ ќе продолжи да спроведува активности кои ќе покажат резултати и ќе имплицираат нови ситуации и решенија за поздрава животна средина, активности кои ќе ги мобилизираат учениците, наставниците, персоналот и пошироката заедница и ќе им овозможат да уживаат во придобивките од проектот екотд.

Проектот ЕкоТД не е и не смее да се доживува само како минливост туку како неопходност и реалност. Во направените анализи очигледно е дека не само што се менува свеста на ученикот туку се менува и опкружувањето. Кога одреден проект резултира видливи промени тогаш тој е оправдан, суштински и важен сегмент од воспитно-образовната работа. СОУ „Таки Даскало“ – Битола постојано се стреми кон остварување на своите приоритети, а прашањата од екологијата несомнено се дел од стандардите за европско образование.