Top Banner
Е- Весник 2 Број Октомври 2010 година Центар за развој на Пелагонискиот плански регион
12

E-newsletter No.2

Mar 29, 2016

Download

Documents

E-newsletter No.2
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: E-newsletter No.2

Е-Весник

2Број

Октомври 2010 година

Центар за развој на Пелагонискиот плански регион

Page 2: E-newsletter No.2

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

www.pelagonijaregion.mk

11

На 21 и 22 септември во Солун, Република Грција се одржa годишната конференција на Програмата за ј у гоисточна Европа под наслов Транснационалната соработка како иструмент за развој во Југоисточна Европа.

Конференцијата е клучна во однос на транснационалната соработка во Југоисточна Европа и пред себе ги има поставено следните цели:• Да ја промовира програмата и да ја зајакни нејзината улога во регионот• Да ја прикаже додадената вредност на програмата и досегашните постигнувања• Да ги поттикне иновативните предлози за идните стратешки активности за соработка• Да креира ефективен дијалог на тема развој на Балканскиот регион• Да овозможи вмрежување и рамка за разменана искуства помеѓу различните чинители и др. Повеќе информации на посочениот линк: www.seeconference2010.net

Годишна конференција на програмата за Југоисточна европа

Градење на партнерства за Рурален Развој

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство со АЛКА – Здружение за Одржлив Развој, на ден 01. 09. 2010 година во селото Крклино организираa промотивен настан во рамките на проектот „Градење на партнерства за Рурален Развој - реформа на заедничка земјоделска политика после 2013 година“ во имплементација на ПРЕПАРЕ – Партнерство за рурална Европа.

ПРЕПАРЕ Собирот се состои од серија поврзани настани кои што оваа година се организираат во Македонија, со цел да ги поврзи претставниците на граѓанските организации, институциите и приватниот сектор посветени на развојот на руралните средини, првенствено од Централна и Југоисточна Европа но и од земјите членки на Европската Унија.

На настананот беа присутни гости од Југоисточна и Центарaлна Европа каде преку проектот „Градење на партнерства за Рурален Развој“ Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги запозна со потенцијалите на селото Крклино за рурален развој низ две конкретни иницијативи: хиподромот „ХРИБО“ и авто - етно музејот односно Збирката на реткости „ФИЛИП“.

Раководителката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Емилиа Ѓероска ги поздрави присутните и ја потенцира важноста на Европските програми и фондови за подршка на Могила, Новаци, и Ресен на локации како: туристички агенции, автобуски станици, железнички станици, туристички инфо бироа и сл.По посетата на Крклино, гостите го посетија и селото Бабино, Демир Хисар каде што ја посетија приватната Библотека и рибниот ресторан.Исто така им беше промовирана и мапата „Откријте ги убавините на Пелагонискиот регион” - проектот има за цел промоција на туристичките атракции во регионот на еден воспоставен начин. Мапата е изработена на македонски и англиски јазик а ќе биде дистрибуирана во 9-те општини: Битола, Демир Хисар, Долнени, Прилеп, Крушево, Кривогаштани,Долнени, Могила, Новаци.

Page 3: E-newsletter No.2

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

www.pelagonijaregion.mk

Издадена мапата: Откријте ја убавината на Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот регион изготви мапа на значајни културно историски споменици и локациите кои се наоѓаат во Пелагонискиот регион, се со цел туристите што го посетувааат Пелагонискиот регион полесно и поедноставно да ги посетат најзначајните места.

12

Page 4: E-newsletter No.2

13

www.pelagonijaregion.mk

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

Прв семинар од проектот „Унапредување на квалитетот за животната средина во Пелагонискиот плански регион преку промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување“

На оваа работилница присуствуваа седум Министерството за животна средина и градоначалници на општините во Пелагонискиот просторно планирање и воедно автор на истиот. регион:Демир Хисар, Долнени, Крушево, Таа потенцира дека со Законот се поставени Кривогаштани, Могила, Новаци и Ресен, национални цели за преработка и рециклирање вработените во локалната самоуправа и на отпадот од пакување кои се во согласност со директорите на Јавните комунални претпријатија. европските, и дека, за нивно достигнување Законот за управување со пакување и отпад од македонските компании и општини мора да пакување го промовираше Јадранка Иванова – пристапат кон организирано менаџирање на раководител на сектор за Европска Унија во овој процес.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 03.09.2010 (петок) во х. Монтана Палас во Крушево го одржа првиот од трите семинари во рамките на проектот: ,,Унапредување на квалитетот за животната средина во Пелагонискиот плански регион преку промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување“.

Page 5: E-newsletter No.2

14

www.pelagonijaregion.mk

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

Прв семинар од проектот „Унапредување на квалитетот за животната средина во Пелагонискиот плански регион преку промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување“

По завршувањето на проектот ќе биде здруженијата на граѓани во месец ноември.дисеминиран флаер со основните обврски кои Со спроведувањето на проектот, Центарот произлегуваат од Законот а се наменети за за развој на Пелагонискиот плански регион ја општините, компаниите и домаќинствата. реализира Програмата за развој на Пелагонискиот

Вториот семинар е предвиден за плански регион за периодот 2010 – 2015 каде економските оператори односно производителите заштитата на животната средина во и увозниците на отпад од пакување ќе се одржи во месец октомври, а третиот семинар наменет за

контекст на спроведување на принципите за одржлив развој има приоритетно значење.

Лого на проектот:

Проектот е поддржан одамбасадата на Кралството Норвешка

Проектот е поддржан од:

Со имплементацијата на проектот, Центарот за развој на пелагонискиот регион ја отвори дебатата за спроведување на одредбите од Законот. Целата е сите три заинтересирани страни да седнат на заедничка маса и да се договорат како да се намали количината на отпад од пакување во регионот односно како да се обезбеди здрава и квалитетна животна средина.

Page 6: E-newsletter No.2

15

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

Учество на центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на конференцијата Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици

Во рамките на проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”, Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со Регионалниот совет на Долна Нормандија (носители на проектната целина за “Културна политика и културна размена”) се организира официјална посета на Долна Нормандија (градовите Каен и Шербур) и конференција на тема:

Конференцијата е организирана во две тематски сесии: Првата сесија под наслов: Територијални културни политики: Можности и потреби за регионален развој

на културата има за цел да ги претстави и дискутира постоечките модели на културни политики присутни на двете територии и преку една компаративна анализа (земајќи го во предвид различниот социо - културен контекст) да се согледаат предизвиците и можните модели за развој на културата на регионално ниво.

Втората сесија има за цел преку студија на случаи, конкретни проекти, акциони планови итн. да презентира и отвори дискусија за постоечките и можни начини на имплементација на културните политики на одредена територија. Оттаму, излагачите ќе се обратат на публиката во две тематски рамки насловени: 1. Имплементација на јавни културни политики на ниво на одредена територија;2. Проекти и инструменти за развој на културата на ниво на одредена територија.

Конференцијата ќе биде отворена со воведното излагање на: г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“ и г-дин Муса Џафери, Министер за локална самоуправа на Р. Македонија.

Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици.

Page 7: E-newsletter No.2

6

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

Учество на центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на конференцијата Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици

Конференцијата во Каен е продолжение на конференцијата што се одржа во Скопје (Мултимедијален центар Мала Станица) на 15 септември 2009 година на тема: Децентрализација на културата во Република Македонија и Франција/Регион Долна Нормандија. Со оваа конференција се заокружува првиот тригодишен циклус на проектната целина за “Културна политика и културна размена” од проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”.

Вториот тригодишен циклус од проектот (2010-2013) стартува во октомври. Гости и учесници на конференцијата од Македонија се: Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола, Драгана Ќурчиоска, Раководител на Сектор за нормативно - правни, управни и имотно - правни работи при Министерство за култура, Горан Петров, Градоначалник на Велес, Марјан Ристески, Градоначалник на Прилеп, Борче Димитровски, Директор на Центар за култура Битола, Тони Чатлески, Директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп, Ирена Андреевска, Директор на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО, Зоран Илиевски, Директор на СЕГА - Коалиција на младински организации, како и Биљана Тануровска- Ќулавковски, Виолета Качакова) програмски уредници на конференцијата) и Радмила Станојевска од Локомотива.Настанот медиумски го покрива Телма ТВ (Нина Стефанова и Јане Марковски).

Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија.

Page 8: E-newsletter No.2

Преспански Јаболкобер 2010

На, 27 септември, се оддржа уметнички друштва.традиционалната манифестација Јаболковото производство во Преспа е " П р е с п а н с к и ј а б о л к о б е р " присутно повеќе од 100 години. Манифестацијата започна со Со јаболкопроизводство се занимаваат откинување на првото јаболко во околу 3000 домаќинства кои бројат околу овошниот насад на Агроплод – 10-11 илјади членови од вкупната Ресен. македонска продукција Општина Ресен

Во рамките на програмата на влегува со 65%. Под јаболкови насади Преспанскиот јаболкобер се засадени се 3200 хектари обработливо оддржа и културно-уметничка зе м ји ште во општината.програма со настапи на културно-

www.pelagonijaregion.mk

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

7

Page 9: E-newsletter No.2

18

www.pelagonijaregion.mk

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

Започна реализацијата на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“

Bо Битола се одржа промотивна конференција „Градиме партнерства“ со која официјално отпочна реализацијата на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“. На конференцијата присуствуваа Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Елмази. Градоначалниците од 9 – те општини во Пелагонискиот плански регион, преставници на бизнис секторот и граѓанските организации.Очекуваме интезивирање на активностите, посебно во патната инфраструктура, водовод, канализација и други проекти, и за сите општини“- посочи г-дин Џемаил Елмази, директор на Бирото за регионален развој.

Г-дин Џемаил Елмази - Директор на биро за регионален развој

Градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески истакна дека со овој проект ќе овозможи подобра економска перспектива за овој регион, а со предвидените обуки за бизнис секторот и општинската администрација ќе се зголемат капацитетите на човечките ресурси за странски инвестиции

Г-дин Марјан Ристески - Градоначалник на општина Прилеп

Page 10: E-newsletter No.2

www.pelagonijaregion.mk

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

Започна реализацијата на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“

Ќе овозможиме директно инвестирање во нашите знаења, капацитети и вештини на три теми, односно како до подобар проект и негово финансирање, како да функционира јавно-приватното партнерство и како да ја промовираме бизнис климата во овој регион за што ќе издадеме посебен бизнис каталог, веб страна и софтвер со кој ќе се обработуваат бизнис податоците истакна на денешната промоција на проектот раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска.

Г-ѓа Емилиа Ѓероска - Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Проектот е дел од Програмата за развој на Пелагонискиот регион 2010-2015 а се реализира со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија преку Бирото за регионален развој.

За првите активности во проектот говореа Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС, Херман Снелдер, експерт од Холандија и Лазар Неданоски, консултант за локален економски развој.

Г-дин Александар Кржаловски - Директор на МЦМС

19

Page 11: E-newsletter No.2

www.pelagonijaregion.mk

110

Центар за развој на плански регион

Пелагонискиот

Градиме Партнерства – обука за подготовка на предлог проекти

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 7-10 Октомври, 2010 година, во х. „Милениум“ Битола ја организира првата обука во рамките на проектот „Градиме партнерства“ која што се однесува на развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни фондови на ЕУ. Оваа обука е наменета за

администрацијата во локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, пред сè, одделенијата за локален економски развој.

Врз основа на презентации на концепти, теории, практична работа, работа во групи и дискусии, учесниците ќе се запознаат со проектниот менаџмент, фазите на проектниот циклус, раководењето со него, ќе се оспособат за идентификување проблеми, нивна анализа и претворање во цели, ќе знаат да ја постават основата на добар проект (логичка рамка, логика на интервенција и сл), ќе знаат да подготват детални акциски планови, ќе се запознаат со процесот на буџетирање и видовите буџети, како и со правилата за ЕУ аплицирање.

На овој начин, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион инвестира во развојот на капацитетите на јавниот сектор преку воспоставување на организиран и структуиран тим, опремен со неопходни

вештини во секоја од Пелагониските општини способен да ги координира и поддржи бизнис активностите во регионот.

Започна фестивалот “Браќа Манаки”

На годинешното 31-во по ред издание на фестивалот “Браќа Манаки“ меѓу 150 исклучителни гости од светската кинематографија како добитник на наградата “Златна камера 300“, како специјален гостин беше американската актерка, Дарил Хана. Педесетгодишната актерка има играно во над 50 наслови, меѓу кои холивудските “Истребувач“, “Роксана“, “Возбуда“, “Вол стрит“ и негативка во “Убиј го Бил“.

Во нејзина чест на фестивалот “Браќа Манаки“ што ќе се одржи од 16 до 22 октомври во Битола, ќе биде прикажан вториот дел на филмот на Квентин Тарантино, “Убиј го Бил“. Шестчленото жири за фестивалот ќе биде предводено од оскаровецот Вилмош Жигмонд, а меѓу другите членови ќе бидат, Павел Павликовски, Кристине Долхофер, Доминик Фури, Наташа Браер и Дарко Митревски од Македонија. На фестивалот ќе бидат присутни вкупно 400 странски и домашни гости, а за во недела 17.10.2010 год. во Битола се оддржа пресконференција со актерката Дарил Хана.

Page 12: E-newsletter No.2

Издавач:Центар за развој на плански регионУл.Борис Кидрич бр.247000 БитолаТел. +389 47 232 800Факс. + 389 47 203 818 [email protected]

Директор: Емилиа Ѓероска

Подготовка на материјали:

Нешад АземовскиАлександар Ѓуроски

Компјутерска обработка:Бојан Бојкоски

Е-Весник на Пелагонискиот плански регион се издава периодично и по потреба.

Пелагонискиот

Наташа Христовa