Истражувањата на вселената вклучуваат употреба на астрономија и вселенска технологија за да се истражи поблиската и подалечната вселена. Астронаутот Пјер Селер на третата мисија, СТС-121 во 2006 година. Физичкото истражување на вселената е водено како од летала управувани од човек така и од летала управувани од роботи. Надгледувањето на објектите во вселената, познато како астрономија, претходи на сигурно запишана историја, каде што тоа беше развивањето на големи раќетни мотори на течно гориво за време на дваесеттиот век кои овозможија физичкото истражување на вселената да стане реалност. Заеднички принципи за истражување на вселената вклучуваат напредни научни истражувања, обединување на различни нации, осигурување на опстанокот на човештвото и развивање воена и стратегиска предност против други земји. Некогаш за вселенското истражување се кажани различни критики. Вселенското истражување често е користено како замена на конкурентноста на геополитичките ривали како што е Студената војна. Раната ера на вселенското истражување се случило поради „Вселенската трка“ ( “Space race“) помеѓу Советскиот сојуз и Соединетите Американски Држави (САД), а често како граници за периодот се земени лансирањето на првото летало направено од човекот за кружење околу земјата, Советскиот Спутник 1 (на македонски: патник), на 4 октомври 1957 година, како и 1