Top Banner
УНИВЕРЗИТЕТ “ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ Катетдра Финансиски менаџмент ДИПЛОМСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ: Менаџмент на човечки ресурси Тема: МОТИВАЦИЈА И ВИДОВИ МОТИВИ Ментор: Изработила: Проф.д-р Трајче Мицески Митева Јулија 1
50

Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Jan 15, 2016

Download

Documents

члк
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ “ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ - ШТИП

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

Катетдра

Финансиски менаџмент

ДИПЛОМСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:

Менаџмент на човечки ресурси

Тема:

МОТИВАЦИЈА И ВИДОВИ МОТИВИ

Ментор: Изработила:

Проф.д-р Трајче Мицески Митева Јулија

бр.на индекс 08486

Штип, 2011

1

Page 2: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Содржина

Вовед (Introduction)....................................................................................................5

Мотивација и запазување..........................................................................................7

Мотивација и учење...................................................................................................7

Мотивација и мислење..............................................................................................8

Извори и јавувања.....................................................................................................9

Биолошки потреби и мотиви...................................................................................13

Мотив за глад и жед.................................................................................................13

Мајчински мотив.......................................................................................................14

Сексуален мотив......................................................................................................14

Социјален мотив......................................................................................................15

Мотив за самопотврдување....................................................................................16

Мотив на агресивност..............................................................................................16

Мотив на сигурност..................................................................................................17

Мотив за стекнување имот......................................................................................18

Мотивацијата како функција на менаџментот.......................................................20

Внатрешна и надворешна мотивација...................................................................23

Внатрешна мотивација............................................................................................23

Надворешна мотивација.........................................................................................25

Теории на мотивација..............................................................................................25

Теоријата на Маслов...............................................................................................26

Теоријата на Херзберг.............................................................................................27

ЕРГ теорија на Алдерфер.......................................................................................28

Когнитивна дисонанца.............................................................................................29

Теорија за мотивација и постигнување..................................................................29

Теорија на праведност............................................................................................30

Теорија на поставување на цели............................................................................31

Посебни психолошки проблеми при работата......................................................32

Важноста на мотивацијата во животот на човекот и во педагошката

практика....................................................................................................................34

Заклучок (Concluding remarks)................................................................................36

Користена литература (References).......................................................................37

2

Page 3: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Краток извадок

Во оваа тематска содржина главно се фокусиравме на тоа да објаснеме

колку е важна мотивацијата кај луѓето. Во повеќе наврати напишавме дека таа

всушност е процес на раздвижување на човековата активност заради

исполнување на некоја цел. Посебно внимание обративме на мотивацијата на

вработените и колку е важна таа за подобро работење и исполнување на

работните задачи. Се насочивме кон објаснување на различните видови на

биолошки потреби и мотиви, кои всушност го покренуваат човекот на некоја

активност и на тоа колку се важни тие во човековото постоење. Потоа ги

набројавме и објаснивме двата вида на мотивација: надворешна и внатрешна.

Напишавме и за сите теории на мотивација, и на крај напишавме за тоа

колкава е важноста на мотивацијата во животот на човекот и во педагошката

практика.

Клучни зборови: Мотивација, мотиви,активност,човек,вработени,работа.

3

Page 4: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Abstract

In this thematic content is mainly focused on to explain how important is motivation

for peoples. On several occasions, wrote that she is actually moving the process of

human activity to meet an objective. Special attention turned to the motivation of

employees and how important is it for better performance and fulfillment of the tasks.

Refine the explanation of different types of biological needs and motives that actually

raise a human activity and how they are important in human existence. Then we

listed and explained the two types of motivation: external and internal. Wrote to all

theories of motivation, and finally wrote about what is the importance of motivation in

human life and in pedagogical practice.

Key words: Motivation, motifs, activity, person, staff, work.

4

Page 5: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

1.Вовед (Introduction)

Основни карактеристики на сите живи суштества е нивната активност.

Таа може да биде релативна и едноставна и да се состои од потврдување на

некои вредни активности како на пример во активност на асимилацијата и

размножување кај растенијата. Меѓутоа, веќе кај повисоките животински

видови активноста е многу поразновидна и пообемна. Притоа треба да се

одбележи дека тоа е посебна карактеристика на активност кај човекот односно

тоа е делување по однапред замислени цели.

Долго време психологијата не се занимавала систематски со проучување

на позначајните и позанимливите прашања т.е. со внатрешните причини кои

предизивкуваат одредени човечки постапки,не се занимавала со проблемот на

мотивацијата. Меѓутоа, денес прашањето за мотивацијата и за внатрешните

фактори кои одредуваат или влијаат на тоа да човекот се однесува онака како

што постапува е едно од централните прашања на психологијата.

Психологијата не е во можност да даде конечен одговор на прашањето

кои се тие покренувачки сили1 кои ја предизвикуваат разновидната човечка

активност. Таа може да ни каже нешто за пооделни процеси кои се во врска со

причините за одредено однесување кои има свои извори во биолошките

потреби на човекот. Сложената и разновидна активност на човекот во

многубројните опшествени односи и ситуации психологијата уште и денес може

само делумно да ги прикаже и објасни, бидејки за разбирање на човечките

постапки важно е да се дознае кои се внатрешни покренувачи на човековата

активност. Во тој случај станува збор за мотивите и процесот на мотивацијата.

Прашањето за мотивите е едно од суштествените прашања за запознавање на

личноста на човекот, а кога станува збор за мотивацијата тогаш навлегуваме

во областа на психологијата на личноста. Со еден збор психологијата на

мотивацијата во потесна смисла ги открива мотивите на човечките постапки,а

во поширока смисла ги определува силите на кои ги присилуваат односно 1 Тодорова И.Психологија 5то дополнето издание,стр.55 Скопје 1996 год.

5

Page 6: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

покренуваат суштествата на активност. На пример кога гледаме некоја човечка

постапка или однесување редовно се прашуваме зошто тој човек во оваа

ситуација реагира всушност вака и вака, а не поинаку, со други зборови се

поставува прашањето кои се причините кои го предизвикуваат човековото

однесување во однос на оние психолошки фактори кои го довеле до него. Во

некој случај релативно е лесно да се изврши ваква анализа на пример:2 Ќе

сретнеме на улица еден пријател кој ни кажува дека оди на кино да гледа некој

документарен филм за истражување на јужниот пол. Тогаш ние секако без

голема мака ке заклучиме дека причина за неговата активност за одење во

кино е интересот за гоеграфско истражување, или пак ќе сретнеме друг

пријател кој со девојката оди за рака. Во овој случај ние и да не го прашаме ќе

знаеме дека причината за оваа активност е емоцијата-чувство за љубов или

симпатија. Меѓутоа, има случаи каде е многу потешко да се откријат причините

за некоја активност. На пример едно дете постојано бега од дома, скита и

краде иако живее во добри материјални услови, или благајникот кој работи

многу години во некое претпријатие одеднаш проневерува голема сума на

пари.

Па затоа кога се прашуваме како еден човек ќе постапи во одреден

момент треба да ни е јасно дека сето тоа ќе зависи од многу причин, од тоа

како тој ја согледува и проценува ситуацијата, потоа од различните човечки

способности за реагирање, но секогаш најважни се внатрешните фактори кои ја

покренуваат активноста поради остварувањена одредени цели,насочувањето

на активности на одредени објекти и реагирање на начинот на кој ќе се

пристапи го викаме мотивација. Овие внатрешни причини кои покренуваат

активност,ја насочуваат и управуваат со неа заради остварување на некои

цели ги нарекуваме мотиви.

2 Тодорова И.Психологија 5то дополнето издание,стр.72,Скопје 1996 год.

6

Page 7: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

2. Мотивација и запазување

Во последно време се извршени повеќе испитувања кои покажуваат како

мотивацијата влијае на нашето запазување.Најчесто при таквите истражувања

се покажуваат недоволно јасни слики и предмети или зборови и се изложуваат

пред луѓето кои ги испитуваат. На оние на кои за одреден временски период не

им е задоволена некоја витална потреба, на пример:потреба за јадење, во

ваквите случаи ги запазуваат прикажаните предмети, слики, зборови како

објекти со кои може да се задоволи актуелната потреба. Меѓутоа, се покажало

дека и запазувањето на големината на предметите може да зависи од

мотивацијата. На пример при едно испитување се покажало дека децата на

посиромашните родители металните пари ги вреднуваат како многу големи за

разлика од децата на побогатите родители.

2.1. Мотивација и учење

Може да стане збор околу тоа дали има немотивирано учење, но секако

дека не можеме да се сомневаме во фактот дека редовното учење зависи од

мотивацијата. За тоа дека мотивацијата е навистина главна сила која го

покренува учењето и која одржува напор нешто да се научи покажуваат многу

испитувања и примери од секојдневниот живот. Неуспехот кај ученикот на

училиште, ако има нормални способности се јавува пред се поради недоволна

мотивација за учење. Меѓутоа, испитувањата покажуваат дека обично

таканаречениот коефициент на достигнување т.е. односот помеѓу можноста да

се научи нешто и вистинскиот резултат од учениците со среден успех обично е

понизок од нивната способност за учење. Колку е важна мотивацијата за успех

во учењето покажува фактот дека ние токму таму каде постои неуспех во

учењето обично можеме да утврдиме слабеење на волјата за учење. Ваквото

слабеење на мотивацијата обично се јавува како резултат на личните

проблеми и емоционални пречки кои се јавуваат кај ученикот.

7

Page 8: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Мотивите кои го покренуваат учењето можат да бидат најразлични,и тоа

да се јават како на пример: желба да се стекне признание од околината,

стремеж да се истакне пред останатите, желба за создавање на нивото и

интересирањето за материјалот кој го учиме итн. Поради развојот на

мотивацијата во учењето се служиме со најразлични средства со кои се

настојува да оживеат мотивите кои се карактеристични за поединецот. Такви

покренувачи за активирањето на мотивите се:пофалбите и наградите, казните

и укорите. Не е оправдан приговорот дека во школо често пати се користат и

покренувачки сили кои немаат само позитивен туку и негативен карактер.

Многу стручњаци покажуваат дека во школо меѓу поедини ученици се раѓа

желба за истакнување над останатите во поглед на учењето. Во извесна мера

и вообичаениот начин на оценување со бројчани оценки го покажува ваквиот

стремеж кај учениците за истакнување над другите. На овој начин се развива

мотивацијата која не е склоп на опшествените вредности, со развивањето, со

чувствата за солидарност , со другите ученици и стремежот да им се помогне

на другите. Оправдано се истакнува дека најкорисната и највредната

мотивација за учење е интересот за создавање на новото и материјалот кој се

учи.

2.2. Мотивација и мислење

Мислењето како човечка активност мора да биде покренето со некои

покренувачки сили т.е.од некои мотиви. Меѓутоа, мотивите кои го покренуваат и

одржуваат мислењето можат да се јават во најразлични групи. Првата група на

мотиви ја сочинуваат мотивите на човековото однесување воопшто, на пример

како што е желбата да се постигне нешто или да се истакне во нешто. Кај

истакнатите мислители и научници, уметници и пронајдувачи ако посебен

покренувач на масовен напор се јавува творечкиот стремеж за нешто да се

пронајде и да се создаде она што не е познато. Повеќе пати кај нив таквиот

мотив е основен мотив на целокупната нивна активности за нивното

задоволување потребно е да се жртвуваат многу повеѓе задоволства. Токму

поради делување на мотивот мислењето е умерен процес, а не просто

надоврзување на едно доживување со друго по законите на асоцијација.

8

Page 9: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Процесот на мислењето е поврзан со емоционалниот процес. Во процесот на

мислење се вклучуваат разни чувства како на пример: чувство за чудење, за

радозналост, за сомневање, за задоволство поради напредување и успех во

решавањето на проблемите. Мотивите и чувствата го покренуваат, одржуваат

и насочуваат решавањето на проблемот како нешто што одговара на нашите

желби,чувства и очекувања помеѓу податоците со кои располагаме ги бараме

само оние податоци кои се погодни за да донесеме заклучок кој нам најмногу

ни одговара. На пример, многу родители особините и постапките на своите

деца или воопшто на лицата кои ги обожаваат или сакаат обично ги

проценуваат во позитивна смисла, отколку другите другите што би го сториле

истото дури и тогаш кога не се во право.

3. Извори и јавувања

Изворите на мотивите се потребите, а под потреба подразбираме

недостаток на нешто. Ако тоа е недостаток на одредени хранливи материи во

телото тогаш зборуваме за органски потреби. Ако тој недостаток е помалку или

повеќе неодреден стремеж или пак јасна желба за одредени објекти или

ситуации тогаш зборуваме за психолошки потреби. Понекогаш поимите

потреба и мотив се изедначуваат, но тоа не е оправдано. Може да постои некој

недостаток во организмот, а ние воопшто да не го доживуваме и ништо да не го

покренува на остварување на некоја одредена цел. Може на пример во еден

организам да недостасуваат одредени витамини и ние за тоа да не знаеме

ниту пак нешто да превземеме. И психолошките потреби не мораат секогаш да

бидат упатувани кон некоја одредена цел. Можат да се изразат само со немир

и неспокојство, исто така со неодреден стремеж за промена на ситуацијата во

која се наоѓаме. Потребата секогаш не предивикува непосредно остварување

на целта со која таа може да се задоволи. Тие пред се предизвикуваат

активност кај организмот. Вродените органски потреби предизвикуваат

активирање на одредени физиолошки процеси и тоа покрај јавувањето на

потребите зборуваме за нагони. Вродените потреби кај некои живи суштества

предизвикуваат активирање на вродените физиолошки механизми на пример:

9

Page 10: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

потребата за одредени хранливи супстанции предизвикува промена во

хормоналната секреција, составот на крвта и други физиолошки проблеми.

Повеќе пати не се прави разлика помеѓу вродените потреби и нагоните

кога се зборува за потреба за храна или нагон за храна, сексуална потреба или

сексуален нагон и слично. Меѓутоа, многу психолози за да ја истакнат

сложеноста во процесот на јавувањето на мотивите,укажуваат на разликата

помеѓу овие два термина.

Со терминот потреба го означуваме недостатокот во организмот, а со

нагон го означуваме активирањето на организмот покрај тој недостаток. Кога

потребите доведуваат до активирање на организмот ние тоа редовно го

доживувме како напрегнатост или тензија на организмот т.е. имаме

доживување на потребите. Редовно кај човекот при доживувањето на

потребите се надоврзува и замислувањето на објектите и ситуацијата со кои

можеме да ги задоволиме потребите. Таквите објекти и ситуации од кои

очекуваме дека ке ја задоволиме очекуваната потреба ги нарекуваме цели,а

пак доживеаната потреба упатена на одредени цели од кои очекуваме дека ќе

ја задоволиме целта ја нарекуваме мотив. Процесот на јавување на мотивите

настанува на следниот начин:3 Прво имаме јавување на потребите, потоа

активирање на организмот, па доживување на потребата,

замислување на целта со која потребата може да се задоволи.

За еден мотив карактеристични се два момента: доживување на потребата

и замислување на целта од која се очекува задоволување на потребата. Како и

во сите други психички процеси, така и кај мотивацијата основни се одредени

неуро-психолошки процеси, пример може да дојде до активирање на човекот и

на неговите постапки, а тој да не биде свесен за вистинските цели на тие

постапки. Таквата активност ја нарекуваме несвесно мотивирана активност.

Пред се секоја активност треба да биде мотивирана. Како што треба да се

разликува поимот мотив од поимот потреба, така треба да се разликува и

поимот потикнување.

Под потикнување подразбираме такви објекти и ситуации кои

предизивкуваат јавување на мотивите и предизвикуваат мотивите да се

3 Томенковиќ Т. Психологија,2ро дополнето издание стр.115,1997год.

10

Page 11: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

активираат т.е. да се оживеат. На пример наградите и пофалбите се големи

покренувачи на човековата активност. Кај ученикот пофалбите делуваат не

само поради тоа што покренуваат на работа, туку поради тоа што го оживуваат

неговиот мотив за опшествено признание. Еден од почестите такви

покренувачи се парите, бидејќи тие овозможуваат задоволување на различни

наши мотиви.

Недостатокот на хранливи материи во организмот предизвикуваат

активирање на организмот, а тоа пак тогаш предизвикува активност за барање

храна, со кое ќе се отстрани недостатокот, накратко ќе предизвика јавување на

мотив за храна. Но човекот не зема секаква храна, туку бара одредена врста на

храна во зависност од неговата навика. Тоа пак е некој вантрешен фактор

односно мотив кој ја насочува активноста за барање на храна.

Во согласност со тоа различните навики, интереси и ставови и други

особини на личноста можат да делуваат исто така како мотив. Постојат голем

број на мотиви кои го одредуваат човековото однесувње и никакво

набројување не може да ги исцрпи, а секаква нивна класификација останува

непотполна.

Иако не може да се прифати мислењето на некои стручњаци за тоа дека

чувствата се еднинствени мотиви, и дека ние секогаш бараме да го сториме

она што ни го овозможува чувството за да го избегнеме она што ни го

овозможува непријатноста, па сепак емоциите се почести мотиви. Отсекогаш

мотивите и емоциите биле поврзани. Во процесот на мотивација редовно се

појавуваат различни чувства: Чувство на задоволство поради успешно

остварување на поставените задачи, а незадоволство и страв поради поради

тешкотиите дека целта нема да може да се оствари.

Емоциите имаат посебно значење за мотивацијата, бидејќи во многу

случаи се јавуваат како мобилизатори на човековата енергија. Чувствата

правилно помагаат за остварување на мотивите, бидејќи претставуваат

зајакнувачи на нашата активност. Во поглед на сеќавањата кои се основни

покренувачки сили на човековата активност и кои се карактеристични во поглед

на човековото однесување постојат големи разлики. Некои автори сметаат

дека целокупното човечко однесување може да се објасни со релативно

11

Page 12: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

малиот број на органски потреби, како што се потребите за храна, вода,

сексуални потреби и некои други биолошки потреби. Сите овие потреби се

вродени и едноставно вистински се биолошките, бидејќи сите други мотиви на

човековата активност се засновани на вакви биолошки мотиви и настануваат

настануваат така што задоволувањето на одредени биолошки мотиви се

остварува на одреден начин или со помош на некој одреден објект.

Тргнувајќи од пониските кон повисоките животински врсти наидуваме на се

посложено поведение кое не може да се сведе на рефлексни движења, иако

тоа не е научено. Ваквите сложени поведениа ги нарекуваме инстиктивни

дејства.

Најпознато инстиктивно учење за мотивацијата е сваќањето на Mack

Douglas 4 кој однесувањето на луѓето го објаснува со 18 врсти на инстикти кои

треба да претставуваат причина за сите човечки постапки. Според некои

сваќања има оправдување дека покрај ограничениот број на вродени мотиви

постојат поголем број на мотиви кои се развиваат во текот на индивидуалниот

живот на поединецот. Според ова сваќање однесувањето на луѓето не може да

се објасни со сведување на ограничен број телесни и вродени потреби и

мотиви, бидејќи повеќето мотиви се стекнати во текот на индивидуалниот

живот на поеднинецот.

Мотивите најчесто ги делиме на мотиви кои се потчинуваат на стекнатата

и вродена потреба,на примарна и секундарна,а најчесто ги делиме на:

Биолошки мотиви

Социјални мотиви

4. Биолошки потреби и мотиви

4 Адлер А. Индивидуална психологија;5то дополнето издание,стр.142,1998год.

12

Page 13: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Сите биолошки потреби претставуваат недостаток на одредени материи

во организмот. Покрај таквиот недостаток или пак вишок доаѓа до

пореметување во функционирањето на организмот. Кога ќе се поремети

нормалната рамнотежа на организмот, истиот автоматски стапува во акција, се

активира и ја покренува единката да превземе некоја мерка,на пример да најде

храна. Денес јавувањето на биолошките потреби се објаснува со принципот на

хомеостазата5. Некои психолози сметаат дека хомеостазата-автоматско

јавување на активноста кај организмот поради воспоставување нормална

рамнотежа, претставува најопшт принцип за јавување на мотивите па дури и на

јавување на социјалните мотиви, се објаснува со принципот на Хомеостазата, а

тоа е настојувањето да се воспостави пореметена социјална рамнотежа.

Денес се знае дека постојат одреден број на биолошки мотиви и потреби, а тоа

се: мотивите за храна, за вода, сексуален мотив, потребата за температура

која што одговара на нашето тело, за одбегнување на болка, за одмор, за

движење и активност и некои други мотиви. Од биолошките мотиви за

разбирање на постапките на поединецот најважни се: мотивите за глад, жед,

мајчин мотив и сексуален мотив.

4.1. Мотив за глад и жед

Овие мотиви се засноваат на потребата за одредени хемиски материи.Се

јавуваат кога ќе настапи недостаток на одреден вид на храна или вода, кои

недостатоци пак доведуваат до физиолошките промени во организмот и до

негово активирање, а кога ќе се доживее ова активирање се јавува мотивот за

храна или за вода. Овие два мотива се доста јаки,така да кога тие не се

задоволени добиваат предност пред останатите мотиви

Во едно експериментално истражување се проучувани промени и

однесување на група студенти кои доброволно пристапиле во текот на 24

недели да земат само намалена количина на храна. Утврдено е дека поради

незадоволување на мотивот за храна се намалила и активноста на студентите.

5 Адлер А. Индивидуална психологија,5то дополнето издание,стр.73,1998 год.

13

Page 14: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Тие подолго време мечтаеле за храна, сексуалниот мотив слабеел, а додека

мотивот за храна станувал се подоминантен. Врз основа на големиот број

испитувања се смета дека честите појави на штедење и скржавост или стремеж

за натрупување на храна и имот постануваат особини на поеднинецот, бидејќи

низ подолг временски период обично во младоста тие имале потреби за храна

односно за имовина.

4.2. Мајчински мотив

Кога станува збор за мајчинскиот мотив тогаш се опфаќаат два мотива:6

мотивот да се има деца и мотивот за грижа за децата. Првиот мотив се вика

пред мајчински мотив, а другиот после мајчински мотив. После мајчинскиот

мотив се смета за вроден мотив. Мајчинскиот мотив, а особено после

мајчинскиот мотив е доста силен и кај другите живи суштества особено кај

глувците врз кои е вршено испитување, и тоа за да би ги задоволиле своите

биолошки потреби, глувците морале да поминат низ електрична мрежа и да

петрпат доста јаки болки. Се покажало дека глувците-женки најмалку се

двоумеле при проаѓање низ електричната мрежа кога било во прашање

младото глувче. По овој мотив следувале мотивите за вода, за храна и на крај

бил сексуалниот мотив.

4.3. Социјален мотив

Социјалната природа на човековата мотивација се согледува во тоа што

поголемиот број од човековите потреби и мотиви се поврзани со

општествениот живот и настанале како резултат на општествениот живот на

луѓето. Повеќето човечки мотиви се такви мотиви кои можат да се задоволат

или само со непосреден контакт со другите луѓе или претставуваат постоење

на опшеството. За однесувањето на луѓето посебно значење имаат

социјалните мотиви, кои се многубројни за разлика од биолошките кои имаат

ограничен број. Некои од нив се универзални и ги среќаваме на одреден степен

6 Тодорова И;Психологија 5то дополнето издание,стр.123,Скопје 1996 год.

14

Page 15: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

од развитокот на општеството. Другите социјални мотиви се карактеристични

за поголем број опшества.

Најважни социјални мотиви за разбирање на однесувањето на луѓето се:

мотивот за друштвеност или афилијативниот мотив и мотивот за

самопотврдување. Покрај овие два мотива, како значајни мотиви за човековото

однесување се мотивите за агресивност, за сигурност, за стекнување и

морална свест која претставува една од важниоте сили која го покренува и го

насочува човековото однесување.

Еден од значајните социјални мотиви на сите луѓе е мотивот за

друштвеност и колективност. Тој се манифестира на следниот начин: Прво

новороденчето е поврзано кон мајката, потоа тој стремеж се пренесува на

другите членови од семејството и најпосле кон членовите на општеството

надвор од семејството со кои доаѓа до контакт за да добие храна во

заедничката работа и забава.

4.4. Мотив за самопотврдување

Почнувајќи од детството, но и во подоцнежната доба од својот живот,

човекот бара можност да се истакне во било кое поле. Ученикот бара пат да се

истакне како одличен ученик, но ако во тоа не успее, се бори да се истакне

барем по некој предмет. Ако и тука не успее, тогаш се стреми да се истакне па

макар и со негативен став во класот. Исто така возрасниот човек се стреми

барем некогаш да се истакне во својата работа или во спортот. Се прашуваме

дали оние личности кои се повлечени или не покажуваат никаков интерес,

имаат друг облик за потврдување на личноста. Во такви случаи личноста се

стреми да ја потврди својата вредност на било кој начин. Тогаш велиме дека

зад овие постапки лежи мотивот на самопотврдување.

Мотивот на самопотврдување се манифестира како подлабока форма на

стремеж да се завладее над другите. Некогаш стремежот за владеење добива

и појасна форма. Познато е дека во секоја група деца или луѓе има некој кој

15

Page 16: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

умее да ги наметне своите сваќања и да ги поведе другите, како што велиме,

да завладее со нив.

4.5. Мотив на агресивност

Овој мотив се манифестира како склоност да се напаѓаат други луѓе

било физички или со зборови,а со тоа да се нанесат разни штети и

непријатности. Агресивноста претставува честа карактеристика на однесување

кај луѓето. Таа се јавува природно кај човекот и тоа во оној момент кога некој не

напаѓа физички или ја повредува нашата личност или ја омаловажува нашата

вредност. Често пати се јавува и како последица од пречките за задоволување

на разни наши мотиви и тоа само во одредени услови:7 Кога оценуваме дека

во задоволување на нашите мотиви ни смета некое друго лице кое постапува

неправилно и самоволно кон нас и кога со агресивност успеваме да ги

отстраниме пречките околу задоволување на мотивите. Знаеме дека човекот

постојано наидува на тешкотии и проблеми во работата и во играта. Кога ќе се

најде пред проблем тој го користи своето здобиено искуство и бара најдобар

пат да се бори и да совлада се што му се испречило на патот на неговиот

успех, или на успехот на заедницата за која тој работи. Успехот доаѓа како

последица на успешната борба и решавањето на проблемите што се јавуваат

од ситуација до ситуација.

4.6. Мотив на сигурност

Овој мотив се манифестира во стремежот да се одржи непроменетата

ситуација која обезбедува егзистенција и задоволување на мотивите кои се

важни за поеднинецот. Кај луѓето постои потреба за сигурност, да се обезбедат

средства за живот, да ја зачуваат својата опстествена положба и да бидат

рамноправно третирани.

7 Тодорова И;Психологија 5то дополнето издание,стр.117-118 ,Скопје 1996год.

16

Page 17: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Мотивот за сигурност е доста силен мотив уште кај детето, а се

манифестира на тој начин ако детето биде сакано и мазено. Денес психолозите

истакнуваат дека ако не се задоволат овие детски потреби за чувство на

сигурност може да има негативни последици во развојот на личноста. Кај

децата кои не се чувствуваат доволно сигурни во текот на животот се јавуваат

карактеристични црти на недоверба во околината, непријателски однос кон

другите и агресивност. Децата кои имаат задоволен мотив на сигурност ќе

бидат посоцијални и подобри соработници во разните активности. Преку овој

мотив на сигурност кај децата, родителите играат најголема улога во

изградувањето на личноста на децата и нивниот развој во општеството како

самостојни личности.

4.7. Мотив за стекнување имот

И овој мотив по сфаќањето на некои положби е вроден мотив. Уште кај

децата постои стремеж за обирање на различни предмети, а како израз на

вродениот мотив се јавува стремежот за стекнување имот. Од тука се

заклучува сека со оглед на тоа дека мотивот за стекнување е вроден составен

дел од човековата природа,таквиот општествен систем кај него претставува

природен општествен систем. Во ваквиот заклучок всушност лежи смислата за

инсистирање на вроденост на овој мотив. Предпазливите анализи покажуваат

дека споменатите аргументи за собирање на најразлични предмети кај децата

не може да се одржи бидејќи постојат најразлични причини за собирање на

предметите, тоа може да биде желба за подржување на она што другите деца

го прават, задоволството за вршење на некоја работа и др.

Секоја дејност, работа, учење и игра е насочена кон одредена цел и

задача. На пример: да се постигне поставена норма, да се зголеми дневната

изградба, да се научи да се чита англиски полесно без речник, да се положат

сите испити со десетка итн.

Видовме дека причини за поставување на едни или на други цели се

мотивите кои човекот го покренуваат на активност. Во текот на работата може

да се менува меѓусебниот однос на мотивите и целите или задачите. Само

17

Page 18: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

остварувањето на задачите може да постане мотив на работа. Одредени

мотиви можат да поренат еден ученик да си постави за задача да го заврши

школото со одличен успех. Покасно пак самиот тој стремеж го потикнува да ја

исполни задачата и постанува покренувачка сила-мотив на неговата личност.

Тоа е така секогаш кога човекот настојува да ги изврши задачите кои стојат

пред него, кога навистина живее од од својата работа, а не е нејзин

рамнодушен и апатичен извршител. Во секоја работа човекот не се потикнува

само од една или било која задача, туку од цел систем на задачи кои се

потчинети една на друга. Ученикот учи англиски јазик, пред сè, пред него стои

најбликска непосредна задача – да се сфати смислата на една тешка

реченица. Но, позади него стои поопширна задача да се преведе цел ден на

утрешниот час. Но, и таа задача влегува преку низа меѓузадачи. Во состав на

поголемата задача да се научи англискиот јазик, ова пак е факт да се реши

уште поширока задача, да се создаде од себе што подобар специјалист по

англиски јазик. Но, и таа последна задача е повредна од централната и

поголема задача во извршувањето во кое човекот го гледа својот животен

повик и поаѓајќи од него бира своја идна професија.

Односот на човекот кон работата т.е. како ја врши, најчесто е одредена со

тоа колку далеку ја гледа перспективата на задачата што стои пред него. Кога

мотивите на човековата дејност се одредени не само со најблиските, туку и со

подалечните принципиелни задачи зборуваме за блиска мотивација. Оваа

мотивација создава однос на работата кој е окарактеризиран со отсуство на

перспективата, тесна хоризонталност и недоволна принциепелност. Само

далечната мотивација побудува желба и му дава сила понатаму да се бори со

тешкотиитеи да ги совладува. Таа му овозможува да ја согледува неопходната

етапа за постигнување на конечната цел. Одалеченоста на мотивацијата

влијае на односот на човекот кон успехот, кон победите и кон достигнувањата.

Човекот со блиска мотивација го доближува успехот во решавањето на

пооделни задачи како конечен успех, како завршување на делото. Таквиот

успех го опушта таквиот човек предизвикувајќи во него чувство на смиреност.

Кај далечната мотивација успехот во решавањето на една задача се доживува

како успон на една скала, од која се открива перспективата на следните скали.

Чувството на таквиот успех го мотивира човекот што тоа преоѓа во наклонетост

18

Page 19: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

кон нови успеси. Работата на човекот секогаш има некое општествено

значење, ако човекот во себе постави некоја цел, сепак неговата работа со

објективните резултати неизбежно ќе има било позитивно или негативно

значење за општеството. Разумноста на човекот се карактеризира пред се со

тоа колку тој е способен да го сфати значењето на својата работа. Вистината

на мотивацијата на човековата дејност се карактеризира пред сè со тоа колку

општествените задачи постануваат лични цели на поединецот т.е. мотиви на

неговата дејност.

За духовниот лик на денешните светски луѓе Молотов рекол:8

Големо влијание на човековата дејност врши оцената која тој ја добива од

другите луѓе. Кај ова пак како значајна појава на разумноста се јавува фактот

што може да се разликува до чии оцени да се придржуваме.

Големиот руски научник Мичурин9, на денот на својата 80-годишнина,

примајќи телеграма од Сталин кој му дал голема оцена за неговата работа

напишал: Вашата телеграма за мене беше најголема награда за сите 80 години

од мојот живот ...таа ми е најмила од сите награди. Само една таква оцена

може кога и да било да го покрене човекот на големи подвизи, на пример: Еден

англиски шофер на товарен автомобил по име Џон на војното поле во Шпанија

и покрај унгарскиот непријателски оган им донесува вода на борците кои биле

ранети кои умирале од жед, смртно ранет тој рекол: Кога ова би го видел

Сталин би ме удрил по рамото и би ми рекол - Добро си се држел Џоне.

Тоа се само примери кои во моментот провеја во нашите размисли.

5. Мотивацијата како функција на менаџментот

8 Психологија д-р.Томислав Томенковиќ, 2ро дополнето издание,стр.68 Скопје 1992 год.9 Психологија д-р.Томислав Томенковиќ, 2ро дополнето издание,стр.68 Скопје 1992 год

19

Page 20: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Рековме дека движечките сили кои предизвикуваат активност, ја

насочуваат и управуваат со неа, со општ назив се нарекуваат мотиви. Значи

мотивите се причина за иницирање на одредено однесување односно

активност10. Мотивите за работа можат да бидат доста разновидни и да

варираат од еден до друг работник. Истите можат да се поделат на: економски

и неекономски. Па според тоа мотивацијата претставува взаемно делување на

комплекс од повеќе или сите мотиви од конкретната ситуација.

Мотивацијата всушност е процес на раздвижување на активноста на

човекот односно насочување на неговата активност заради постигнување на

одредени цели. Поконкретно под мотивација се подразбира се она што

доведува до активност, ја насочува и го одредува нејзиниот интензитет и

траење. Мотивацијата игра важна улога во менаџментот бидејќи со неа

менаџерот настојува да ги задоволи барањата и желбите на своите

соработници со што нивното однесување би било прифатливо и пожелно за

организацијата. Мотивацијата е фактор кој го потикнува,насочува и одржува

однесувањето на луѓето .Мотивацијата се однесува на динамичниот дел од

личноста и се разликува од поимите како чувства и личност.Мотивацијата е

желба или волја да се направи некоја работа. Поимот личност се однесува на

помалку или повеќе трајна црта на индивидуата (срамежлив, чувствителен,

чесен, лукав, измамлив и сл.). Спротивно на тоа, чувство се однесува на

привремена состојба која не е инстантно поврзана со однесувањето (лутина,

радост, тага).

Мотиватори се фактори кои ја потикнуваат личноста на дејствување и

влијаат на однесувањето на поединецот.Мотиватори се награди или пак

пофални зборови кои ја зголемуваат желбата за задоволување на одредена

желба. Мотивацијата може да се дефинира како :

Резултат на интеракцијата на индивидуите со ситуацијата;

Процес на стимулирање на индивидуата да превземе акција и да

постигне одредена цел или да ја заврши работата;

10 Проф. д-р Трајче Мицески, Основи на менаџмент, УГД-Економски факултет, Штип 2009 год.

20

Page 21: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Волја да вложи поголем напор за отсварување на организациските

цели,у словено со напорите и можностите за задоволување на

индивидуалните потреби.

Мотивацијата е причина за индивидуалните однесувања или причина

зошто некој некако се однесува. За претпоставените не секоја мотивација е

задоволителна. За нив добра е онаа мотивација која е насочена кон целите на

организацијата. Командирите треба да ги охрабрат потчинетите да превземаат

целосно ориентирани активности. Кога организациските и личните цели се

поклопуваат, може да сме сигурни дека работиме со мотивиран персонал.

Слика 1. Послушник11

Утврдено е дека мотивацијата на вработените не е само психолошки и

социолошки проблем на работата и работното однесување, туку е однесување

насочено кон некоја цел што побудува потреби предизвикани во човекот, а

целта е однесување на задоволување на потреба. Се разбира, причина за

одредено однесување се внатрешните психолошки придвижувачи кои го тераат

11 Го нарековме послушник, зашто со покажувањето само на еден прст од страна на претпоставениот, послушникот игра како претпоставениот сака.

21

Page 22: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

човекот на некоја активност, па ефектот на некој поединец не зависи само од

неговата способност, туку и од мотивацијата. Задача односно обрска на

менаџерите е да ги сфатат човековата сложеност и специфичност,

мотивациските теории и во зависност од специфичните околности во кои

претпријатието работи да изберат и применат материјални и нематеријални

мотивациски техники.

6. Внатрешна и надворешна мотивација

Општо погледнато мотивацијата може да ја разгледуваме како: внатрешна

(душевна) односно мотивација за задоволување на душата т.е. она што

човекот го чувствува во душата; и надворешна (телесна) односно мотивација

за задоволување на телото (храна, облека, сигурност, љубов, почитување).

Всушност овие два аспекта на мотивацијата ја чинат нејзината

целина,бидејќи мотивацијата е едедн комплекс на многубројни мотиватори.

Покрај овие два општи видови на мотивција професорот Мицески12, ја

преферира и духовната мотивација (внатрешната силна убеденост на човекот:

верувањето, надежта и љубовта), која кај човекот треба секојдневно да е

присутна, а особено е изразена, односно треба да биде изразена, во

моментите кога ни надворешно, ни внатрешно човекот не е мотивиран. Значи

човекот мора да издржи и во најтешките моменти во животот. За човекот-

верник, духовната мотивација ја гледа преку Божјара воља односно Божјата

љубов.

6.1.Внатрешна мотивација

Внатрешната (душевна) е всушност мотивација за задоволување на

душата т.е. она што човекот го чувствува во душата, она што човекот

внатрешно го исполнува13.

12 Проф. д-р Трајче Мицески, Основи на менаџмент, УГД-Економски факултет, Штип 2009 год.13 Исто

22

Page 23: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Некои автори за внатрешната мотивација сметаат дека таа е присутна кај

кога луѓето прават нешто водени од сопствена желба, без никаква поткрепа од

надвор. Хобито е типичен пример за тоа.

Внатрешната мотивација е интензивно проучувана од педагошката

психологија од 1970 година и многу студија потврдиле дека истата е поврзана

со високо постигнување и задоволство од студентите. Не постои една

единствена и општо прифатена теорија која го појаснува потеклото на

внатрешната мотивација. Многу објаснувања се комбинација од теоријата на

атрибуција на Bernard Weiner, работата на Бандура поврзана со себе-

ефикасноста и други студии. Студентите се водат од внатрешна мотивација

ако:

Успехот во студирањето е воден од внатрешни потреби кои можат да

ги контролираат како на пример трудот кој го вложуваат во учењето.

Верување во себе дека резултатот зависи од личноста, пример успехот

односно неуспехот зависи од среќа односно од лоша среќа.

Да се водени од мотивот за знаење и суштинско разбирање на

мотивацијата,а не учење за да се здобијат со одлични оцени.

Се забележува дека не се спомнува награда за постигнувањето односно

однесувањето затоа што наградата е надворешен фактор за мотивација.

Во некои заедници и организации, луѓето дејствуваат од алтуристички

причини вклучувајќи создавање за општо добро, морална обврска кон групата,

менторска работа и др. Овој модел или начин на мотивација се уште се

проучува и еволуира.

Општо погледнато во деловниот па и во секојдневниот живот, како

поважни елементи, компоненти или потикнувачи на внатрешната мотивација се

следните14:

- менаџментот т.е.однесувањето на раководството како идеал за вработените,

- информираноста на вработените,

- работната атмосфераодносно меѓучовечките односи,

14 Проф. д-р Трајче Мицески, Основи на менаџмент, УГД-Економски факултет, Штип 2009 год.

23

Page 24: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

- прифаќањето на мислењата,предлозите на личноста за заедничка дискусија и

заеднички изграден правилен став(носење на правилна одлука).

6.2. Надворешна мотивација

Традиционално, надворешната мотивација се поврзува со мотивирање на

вработените и тоа како: награда како промоција, зголемување на плата,

доделување на почести и признанија и др. Овој вид на мотивација се изразува

преку мотивирање на вработените не само преку платата туку и преку односот

на подредените кон вработените, средината во која тие ги извршуваат своите

задачи, условите за работа итн.

7. Теории на мотивација

Мотивацијата е суштинско прашање на целокупните човечки активности,

вредносниот систем на личноста, работните активности, организацијата на

човечкиот труд, како и општеството во кој овој процес се одвива. Таа е доста

комплексен проблем кај кој неможе да се изгради една универзален приод за

објаснување на човечкото однесување. Затоа и постојат многубројни теории

кои ја третираат проблематиката на мотивацијата. Меѓу нив попознати се

теориите на: A.H.Maslow, F.Herzberg, R.Owen, J.Bentham, E.Mayo, D.MeGregor,

R.Likert, V.Vroom, C.Alderfer и др.

Резултат на долгогодишните истражувања на психолозите, економистите,

социолозите, антрополозите за факторите кои што ги насочуваат

индивидуалните и групните перформанси се бројни теории за мотивација.

Секоја теорија се фокусира на одредена група прашања важни за работните

односи15.

7.1. Теоријата на Victor Vroom

15 Проф. д-р Трајче Мицески, Основи на менаџмент, УГД-Економски факултет, Штип 2009 год.

24

Page 25: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Главна поставка на ова теорија на мотивацијата е разгледувањето на

процесот на целиот циклус на мотивацијата. Во одреден момент поеднците

избираат само некои цели. Целта кон која се тежи, се сведува на мотив на

приближување, а целта кон која не се тежи се сведува на мотив на

избегнување16.

Виктор Врум во неговата теорија објаснува како луѓето одлучуваат кога да

користат само-контрола за да постигнат одредена цел. Нагоните и копнежот се

јавуваат како недостаток или потреба која го активира нашето однесување кое

служи како цел или иницијатива. Се смета дека базичните потреби потекнуваат

од индивидуата, додека надворешен стимул за поттикнување на ваквото

однесување може и да не е потребен. Основните нагони може да се поттикнат

од недостатоци како гладот, кој рековме дека ја мотивира личноста да бара

храна,додека желбата за одобрување и пофалба кога се задоволуваат

посуптилни нагони,ја мотивираат личноста да се однесува на начин кој ги

задоволува останатите. За да ни биде појасно, која е разликата меѓу

самоконтролата и мотивирањето на надворешното поткрепување, може да

наведеме примери каде животните добиваат храна кога ќе го изведат

очекуваното однесување (на пример дресирањето на кучиња или делфини).

7.2. Теоријата на Маслов

Многу е зборувано и пишувано за хиерархијата на потреби на психологот

Абрахам Маслов. Неговата теорија говори за:

Луѓето имаат потреби и желби кои влијаат на однесувањето, само

незадоволените потреби не мотивираат на однесување.

Има многу потреби кои се распределени по хиерархија,во основата се

наоѓаат базичните потреби, а кон врвот на пирамидата се наоѓаат

помалку или повеќе комплексни потреби.

Личноста ги задоволува потребите од повисоките нивоа само ако и се

задоволени пониските потреби.

Преку задоволување на своите потреби личноста се себе актуелизира.

16 Проф. д-р Трајче Мицески, Основи на менаџмент, УГД-Економски факултет, Штип 2009 год.

25

Page 26: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Потребите за кои зборува Маслов се:

Базични потреби (потреба за воздух, вода, храна)

Сигурност

Љубов и припаѓање

Самопочит

Себе актуелизација

7.3.Теоријата на Херзберг

Теријата на Херзберг е базирана на прашањето: Што сакаат луѓето од

својата работа? Луѓето никогаш не се задоволни со сè што се случува во текот

на работата и работното место. Има одредени елементи или фактори кои ги

задоволуваат и некои кои не ги задоволуваат:

Неговата теорија се обидува да објасни што го поттикнува задоволството,

а што незадоволството во организациите. Утврдил дека на однесувањето на

луѓето во организациите влијаат две независни групи на фактори:

мотивирачките фактори (,,мотивации,, и "хигиеници". Мотивирачките фактори

во главно се од нематеријален карактер (задоволство, исполнетост) додека

хигиениците од материјален карактер и е под контрола на надредените

личности.

Мотивациите се состојба на задоволство кои се рефлектираат во

работата, во себе, во успехот, признанијата, одговорноста,

придонесот, постигнувањата, предизвикувачка работа, одговорност,

пораст, напредување, признавања и сл.

хигиеници се: платата, техничката потпора; работните услови,

правилата, бенефициите.

Значењето на оваа теорија за менаџментот и мотивацијата е следното:

Факторите како плата, бенефиции, работни услови непредизвикуваат

задоволство или мотивираност. Доколку се под одредената граница тие ќе

предизвикаат одреден степен на незадоволстлво, но еднаш доведени до степн

26

Page 27: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

во кој што не предизвикуаат незадоволство, ќе имаат доста мало позитивно

влијание. Поголеми остварувања во мотивифраноста на работниците се

постигнуваат со ориентацијата на факторите како што се: можностите за

напредување, постигнувања, предизвици, развивање и признанија.

Важно е да се напомене дека Херзберг факторите на задоволството и

факторите на незадоволство не ги доживувал како два екстреми со ист

континуум. Наместо тоа, тој тие две групи на фактори ги гледал како два

независни варибли. Спротивност од задоволството не е незадоволството, туку

непостоење на задоволство. Спротивноста на незадоволството не е

задоволство, туку непостоење на незадоволслтво.

Некои фактори го објаснуваат задоволството од работата,некои

незадоволството, но ниеден не е чисто отсуство на другиот.

Факторите на хигиена можат да се опишат како нешто што треба да биде

исполнето за да се избегнат незадоволствата. На пример, да се биде здрав не

е извор на мотивација, но да се биде болен или во лоша состојба е извор на

демотивација. Да се мотивираат луѓето треба да се потенцираат

достигнувањата, признанијата, одговорноста и самата работа. Постојат

внатрешни мотивациски фактори опишани од Херзберг како мотиватори. Друг

пример: ние не работиме за пари, но ако не ни се плати нема да работиме.З

атоа плаќањето е класичен фактор на хигиена.

7.4. ЕРГ теорија на Алдерфер

Клаутон Алдерфер ,ја развива теоријата на Маслов и ја создава ЕРГ

теоријата Биолошките потреби и сигурност (од хиерархијата на Маслов) тој ги

сместува во категоријата како егзистенцијални,љубов и самопочит во

категоријата на припаѓање.Во категоријата на развој спаѓа потребата за

самоактуелизација.

7.5. Когнитивна дисонанца

27

Page 28: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Автор на оваа идеја е Леон Фестингер, и говори за состојба во која

индивидуата е во конфликт како резултат на различни спознанија (когниции).

На пример, личноста се преиспитува пред да купи некој продукт, дали некоја

мината одлука е подобра отколку сегашната итн. Друг пример е кога

верувањето на личноста е во конфликт со нејзиното однесување. На пример,

кога личноста верува дека пушењето е штетно по здравјето, а пуши цигари.

7.6. Теорија за мотивација и постигнување

Луѓето имаат различни потреби и очекувања од работната средина:

потреба од достигнувања, потреба од моќ, потреба од присоединување и

сл.

o Потреба од достигнувања

Да се стерми кон подобро, да се достигнат поставените стандарди и цели

и да се стреми кон успех. Оние што поставуваат високи цели не се коцкари.

Тие не сакаат да успеат или да остварат нешто случајно. Тие сакаат да бидат

контролирани. Избегнуваат премногу лесни или премногу тешки задачи, сакаат

умерени со умерен степен на ризик. Достигнување значи правење ан нешто

добро.

o Потреба од моќ

Потребата од моќ е да се направи другите да се однесуваат на саканиот

начин, желбата да се има влијание, да се биде влијателен и да се

контролираат другите. Овде има предиспозиции за натпреварувачки и

статусно-ориентирани ситуации и тенденција да се биде загрижен за престижот

и како да се здобие со влијание врз другите отколку врз своите перформанси.

o Потреба од присоединување

28

Page 29: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Оваа потреба се објаснува со желба за пријателски и блиски

контакти,желба да се биде допадлив и прифатен од другите, преферирање на

кооперативните врски пред натпреварувачките и врски кои вклучуваат висок

степен на разбирање. Важно е да не се мешаат овие различни потреби.

Потребата од достигнување не го прави некого неопходно добар менаџер,

бидејќи може повеќе да се интересира за личните перформанси отколку за

влијанието врз другите. За добар менаџер мора да постои желба за моќ.

Добриот менаџер има високи потреби за моќ,а ниски за присоединување.

7.7. Теорија на праведност

Оваа теорија се базира на споредба. Признава дека индивидуите не

се грижат само за големината на платата што ја примаат, туку какви се платите

во споредба со другите. Платата се споредува како висока или ниска спрема

другите колеги од иста возраст, квалификации, знаење и вештини. Не е се во

апсолутната туку во релативната награда. Тензиите доаѓаат од разликите во

наградувањето. Оваа тенденција е извор на мотивација или демотивација,

луѓето се стремат кон она што им изгледа фер и еднакво. Не е лесно да се

справиме со оваа теорија. Едноставно не е во човечката природа луѓето да

прифатат дека другите се подобри и заслужуваат повеќе признание и плата.

Има премногу фактори кои влијаат на влезните и излезните резултати.

o Согледан влез: знаење, вештини, можности, квалификации, старост,

лојалност, перформанси, одговорност, напор итн.

o Согледан излез плата, придобивки, признанија, статус, достигнувања,

задоволство, бенефиции итн.

7.8. Теорија на поставување на цели

29

Page 30: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Оваа мотивација е базиранана поставувањето на цели за вработените и

овозможување истите да се постигнат. Кога вработениот не се однесува во

согласност со очекувањата на менаџерот тоа е често така бидејќи вработениот

не знае што се очекува од него. Менаџерите мора да постават јасни и

специфични цели и очекувања. Вклучувањето на вработените во процесот на

постигнување на целите е есенцијално за целите и ќе се задоволи потребата

за достигнување на целите на вработените.

Типовите на цели кои се успешни како мотиватори се :

Специфични, добро дефинирани (општи) цели. Ако пак речеме:

направи го најдоброто, тоа нема да биде е доволен мотивирачки

фактор;

Предизвикувачки, но достижни;

Фер и разумни

Резултат од индивидуална партиципација, пример: поставување на

целите како колективен процес, во кои луѓето чувствуваат дека имаат

улога за играње;

Придружени со фидбек, за да се осигури дека луѓето се чувствуваат

горди и задоволни заради искуството во остварувањето на

предизвикувачки, но фер цели.

Контролата не е вежбање моќ, туку добивање фидбек за тоа како целите

се или не се постигнати. Целта на контролата е да се добие фидбек. Фидбекот

може да резултира со уште поголема заложба.

8. Посебни психолошки проблеми при работата

За успешноста на една работа пред се човекот треба да биде мотивиран.

Од силата и трајноста на неговата мотивација ќе зависи и вложувањето на

човекот во работата и тоа во поголема мера отколку неговите способности и

знаења. Испитувањата покажале дека постојат најразлични мотиви кои го

покренуваат човекот да вложува во работата. Секако, еден од најголемите

мотиви е наградата за работа-плата. Но, испитувањата покажале дека платата

30

Page 31: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

не е единствениот и најважен мотив. Покрај платата позначајни мотиви се

занимливоста на работата и интересирањето за работата. Признанието за

извршената работа и други мотиви се покажале како многу важни и тоа:

разбирањето кое го поседуваат раководителите и укажаната почит кон

работата која ја извршувале,можност за напредување во работата,свест за

важноста на работата која е извршувана.Пофалбите и признанијата се многу

подобри покренувачи на работата отколку казните и укорите. Еве како се

илустрирани податоците добиени при едно истражување од страна на Адлер17 :

Табела 1. Истражување од Адлер

Постапкa Подобрен Останал ист Влошен

Јавна награда 87.5% 12.5% 0.5%

Укор во 4 очи 66.3% 23.0% 10.7%

Јавен укор 34.7% 28.6% 36.7%

Јавно исмејување 11.9% 23.0% 63.1%

Наградите и пофалбите делуваат редовно и позитивно и тоа јавните

награди во поголема мера отколку наградите и пофалбите изнесени во четири

очи. Меѓутоа, казните не покренуваат секогаш, а неретко имаат и негативни

последици, предизвикувајќи лоши односи меѓу луѓето. Казната и укорот имаат

значително по позитивно дејство ако се дадени во четири очи, а не јавно.

Испитувањето на мотивацијата за учење покажува слично делување на

наградите и казните. Според тоа многу е потешко при каква и да било

активност на луѓето било да е тоа позитивна или негативна , при работата и

при учењето преминуваме молчејќи преку добро завршена работа,а да не

интервенираме за некоја награда или пак со некоја казна кога не сме

задоволни од работата.

17 Психологија д-р Томислав Томенкович, 2ро издание, стр.68 Скопје 1992

31

Page 32: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

9. Важноста на мотивацијата во животот на човекот и во педагошката

практика

Мотивациониот живот на човекот е многу важен. Мотивите не само што

ја насочуваат човековата активност,туку се и тесно поврзани со целокупниот

психолошки живот, со сите психички процеси и особини на човекот (перцепција,

учење, помнење, мислење, чувствување, способности, волја, интереси,

ставови, темперамент, карактер) .Особено е тесна врската помеѓу мотивите и

чувствата. Повисоките и сложени социјални фактори се резултат и причина за

формирање на највисоки мотиви кај човекот. Естетските чувства што ги

доживува човекот набљудувајќи едно уметничко дело кај него ја развиваат

потребата за убаво и хармонично. Исто така, колку потребите на човекот се

поразвиени и посовршени, толку се поразвиени и посовршени неговите

вродени и карактеристични особини.

Развојот на правилен мотивационен живот на детето зазема особено

место во процесот на воспитувањето и образованието. Малиот ученик нема

свесна потреба да создава и да биде дисциплиниран, меѓутоа во текот на

воспитувањето и образованието тие се развиваат кај него. И уште повеќе, со

проширувањето на знаењата и искуствата,детето развива нови потреби и

мотиви кои го прошируваат полето на неговите активности (се занимава со

спорт, членува во разни секции, се интересира за музика, странски јазици итн.).

Училишниот живот овозможува вонредни услови за развој на повисоки човечки

мотиви. Учениците се љубопитни, сакаат постојано да создаваат нови нешта,

да истражуваат,да бидат активни .Наставникот има големи можности да ги

развива овие нивни мотиви: да бара сами да спроведуваат испитувања и

експерименти, сами да откријат нови можности на веќе научени сознанија сами

да откриваат нови проблеми и често сами да предаваат лекции. Од друга

страна,самиот колективен живот во училиштето дава извонредни можности за

воспитување на повисоките социјални мотиви: се развива друштвеност,

спремност за соработка и помагање, пријтелство, пожртвуваност итн. Со

правилно организирање на животот во одделението и класот наставникот може

да придонесе за поуспешен развој на вакви мотиви: заеднички екскурзии или

32

Page 33: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

излети, зимување, летување, настава во природа, посета на уметнички галерии

итн.

Постојат големи индивидуални разлики во мотивациониот живот на

учениците.Мотивот за учење може многу да се разликува на пр. Еден учи за да

добие висока оцена,друг за да не го казнат родителите,а трет да ја задоволи

својата вистинска потреба за нови сознанија.Тоа докажува дека една иста

активност може да биде определена од различни потреби.Од една страна,една

иста потреба може од различни ученици да биде задоволена со сосема

различни начини,со различна активност. Така на пример,од два ученика кои

сакаат да ја задоволат својата потреба за афирмација,едниот тоа ќе го

постигне по пат на општествено прифатен начин (активен и дисциплиниран),а

другиот по пат на неприфатлив начин (агресивен и недисциплиниран).

Мотивационите индивидуални разлики помеѓу учениците особено се видливи

во однос на нивното ниво на аспирација. Нивото на аспирација го означува

различниот степен на остварливост на успех кај различни луѓе. Еден ученик

смета дека ја научил лекцијата бидејќи ја разбрал, друг смета дека треба добро

да ја раскажува,а трет ги проширува своите знаења преку истражувања и

читање енциклопедии. Последниот поседува највисоко ниво на аспирација.

Нивото на аспирација кај ученикот зависи од голем број негови карактеристики:

неговиот однос кон надворешниот свет, самодовербата, способностите,

претходните знаења и пред се од поранешните искуства во вид на успех или

неуспех. Доколку бројот на поранешни успеси е голем,дотолку и нивото на

аспирација ќе биде поголемо.Сепак и самите успеси и неуспеси можат наполно

различно да влијаат врз различни ученици. Некои успехот премногу лесно ќе ги

вообрази и ќе развијат претерана самодоверба, а некои неуспехот премногу

лесно ќе ги обесхрабри и ќе изгубат самодоверба. Сите овие моменти ја

покажуваат сложеноста на мотивациониот живот на ученикот и големата

одговорност на наставникот во процесот на воспитувањето и образованието на

младата личност.

Заклучок (Concluding remarks)

33

Page 34: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Мотивацијата,всушност е процес на раздвижување на активноста на

човекот,односно насочување на неговата активност заради постигнување на

некои одредени цели. Поконкретно подмотивација се подразбира се она што

доведува до активност,ја насочува и го одредува нејзиниот интензитет и

траење. Сите ние се мотивираме од нешто.

Често пати можеме од некого да слушнеме – Не сум мотивиран за

работа… или – Победија, зашто имаа добар мотив. До целта полесно се

стигнува кога личноста е добро мотивирана.

Мотивирањето е сложен процес, од кој зависи успехот на секој поединец,

група, тим, проект, програма, па и успехот на целата институција. Разликите

меѓу поедини личности, како и карактеристичните модели на секоја личност,

произлегуваат од сличностите и разликите во мотивацијата, односно од целите

кон кои секој поединец се стреми. Сите ние имаме различни цели,кои сакаме

да ги исполниме. За да ги исполниме ни треба некој потик (мотиватор), односно

некоја покренувачка внатрешна сила која е наречена мотивација.

Многу е важно човек да биде мотивиран од нешто,бидејќи само кога е

мотивиран ,тогаш може да се бори за она што го сака и само тогаш може да

успее. За да се изврши било каква задача потребна е мотивација.Тоа е таа

сила која го покренува секој човек и го тера на активност. За да биде успешен

човек мора да работи напорно и да се труди колку што може повеќе.Секоја

работа,секој труд и секој успех настанува благодарение на мотивите што му

овозможуваат на човекот да се бори за она што го сака.

Значи од сето ова заклучивме дека мотивацијата е еден неизбежен состав

од нашиот живот,која е потребна за се во животот и работата. Таа го покренува

човекот на активност и бара од него да се бори за своите цели и остварувања.

34

Page 35: Diplomska Јулија Митева МОТИВАЦИЈА

Користена литература (References)

Илина Тодорова, Психологија, 5 то дополнето издание, Скопје 1996 година

Томенкович Т. Психологија, 2 ро дополнето издание , Скопје 1997 година

Проф. д-р Трајче Мицески, Основи на менаџмент, УГД-Економски факултет,

Штип 2009 год.

Д-р Никола Рот, Општа психологија, 3 то издание, Скопје 1992 година

Алфер Адлер, Индивидуална психологија, 2 ро дополнето издание,Скопје1998

Д-р М Звонаревич, Психологија, Загреб 1992 година

Роберт Е.Франконија ,Психологијата на мотивацијата

Фредерик Херзрерг, Бернард Мауснер, Брабара Снидерман,Мотивација во

работата, Њу Џерси 1993 година

http://www.silenceforum.com/t1067-topic

http://globalhr.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=507:2010-09-14-14-18-31

http://www.psychologytoday.com/basics/motivation

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%BE

%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0

http://books.google.com/books?

id=jq0f8n3CYeAC&printsec=frontcover&dq=motivation&hl=en&ei=Ig9DTqi1NIyXOrr_gbMJ&sa=X&oi

=book_result&ct=result&resnum=1&ved=0CCkQ6AEwAA#v=onepage&q&f=false

35