Top Banner
ИЗРАБОТИЛЕ: Христијан Тасески Кристијан Попоски Горан Велјановски Ангел Матески
9

Albert Einstein

Jun 25, 2015

Download

Education

Goran Gosa
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Albert Einstein

ИЗРАБОТИЛЕ:Христијан ТасескиКристијан ПопоскиГоран Велјановски

Ангел Матески

Page 2: Albert Einstein

Алберт Ајнштајн (14 март, 1879 – 18 април, 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за масно-енергетска еквиваленција, . Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие нафотоелектричниот ефект.“

Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон физиката се вбројува неговата специјална теорија на релативноста, која ги споила механиката и електромагнетизмот, и неговата општа теорија на релативноста, која ја проширила теоријата на релативноста за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на гравитација. Има бројни придонеси во полињата на релативистичка космологија, капиларна акција, критична, опалесценција, класични проблеми на статистичката механика и нивната примена во квантната теорија, објаснување на брауновото движење на молекулите, веројатности на атомската транзиција, квантната теорија наедноатомски гасови, термодинамичките својства на светлината со ниско ниво на радијација (со што ги дава темелите на теоријата на фотони), теорија за радијација вклучувајќи стимулирана емисија, концептот натеоријата на унифицирани полиња и придонеси кон физичката геометризација.

Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Има статус на славност во заедницата на физиката, а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана познато име.

Page 3: Albert Einstein

Ајнштајн студирал во Цирих на Eidgenössische Technische Hochschule од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија. Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза "Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии" ("Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen"). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни оти немале обимни наводи во поранешната научна литература и представувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките феномени. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за кои што до тогаш не постоеле научни објасненија.

Ајнштајн станал светска позната личност по неговата формулација на теоријата на релативитетот во 1915 година. Неговата популарност има достигнато такво ниво што во секојдневниот говор зборот Ајнштајн претставува синоним за интелигентен или генијален. Последните години од својот живот ги посветил на изучување на обединувањето на теориите на гравитација и електромагнетизам.

Page 4: Albert Einstein

Алберт Ајнштајн бил роден во еврејско семејство во Улм, Виртемберг,Германија на 14 март 1879. Неговиот татко бил Херман Ајнштајн, продавач и инженер. Неговата мајка била Полин Ајнштајн (моминско презиме Кох). Во 1880, семејството се преселило во Минхен, каде неговиот татко и вујко формирале компанија, „Elektrotechnische Fabrik J. Einstein & Cie“, која произведувала електрична опрема.

Ајнштајнови не биле посериозни еврејски религозни верници, па затоа Алберт посетувал католичко основно училиште. Иако Ајнштајн имал рани говорни маани, тој сепак бил меѓу врвните ученици во училиштето.

Алберт Ајнштајн во 1893 (на 14 години), пред неговото семејство да се пресели во Италија.

Кога Ајнштајн имал пет години, неговиот татко му покажал џебен компас. Ајнштајн сфатил дека има нешто во празниот простор што ја движи иглата и подоцна изјавил дека ова искуство му направило „длабока и долготрајна импресија“. На инсистирање на неговата мајка, тој земал часови по виолина на шестгодишна возраст, и иако не ги сакал и евентуално се откажал, подоцна многу уживал во моцартовите.виолински сонати. Како што растел, Ајнштајн градел модели и механички направи од чиста забава, а почнал да покажува и талент за математика.

Page 5: Albert Einstein

Во 1889, семејниот пријател Макс Талмуд, медицински студент, го запознал десетгодишниот Ајнштајн со клучни научни, математички и философски текстови, вклучувајќи го делото на Кант Критика на чистата причина и евклидовите Елементи(Ајнштајн ја нарекол „малата света геометриска книга“) Од Евклид, Ајнштајн почнал да разбира дедуктивно резонирање, и до дванаесетгодишна возраст, тој ја научил евклидовата геометрија. Веднаш потоа почнал да го истражува калкулусот.

Во неговите рани тинејџерски години, Ајнштајн ја посетувал прогресивната гимназија Луитполд. Неговиот татко имал намера тој да следи електрично инженерство, но Ајнштајн се судрил со авторитетните во училиштето и со школскиот режим. Тој подоцна напишал дека духот на учење и креативноста биле изгубено во стриктно учење на памет.

Page 6: Albert Einstein

Ајнштајн себеси се сметаше за пацифист и хуманист, а кон крајот на животот и за демократски социјалист. Особено изразен беше неговиот пацифизам, при што Ајнштајн посебно ги почитуваше погледите на Махатма Ганди.

Познато е неговото залагање за одбрана на човековите права, кое особено дојде до израз за време на макартизмот во САД. Кога истакнатиот црнечки лидер В. Е. Б. Дибуа беше обвинет дека е комунистички шпион, Ајнштајн сам се пријавува за сведочи во негова корист. Во таа прилика Ајнштајн изјавува: „Расизмот е најголема болест на Америка.“ По објавата на Ајнштајн дека ќе сведочи во одбрана на Дибуа, обвинението против него е повлечено.

Најконтроверзен е ставот на Ајнштајн кон атомската бомба. Непосредно пред почетокот на Втората Светска Војна, на 2 август 1939 година Ајнштајн му пишува писмо на американскиот претседател Френклин Рузвелт, поттикнувајќи го да започне истражувања за пронаоѓање на нуклеарно оружје. Сепак, подоцна Ајнштајн се спротивставува на употребата на нуклеарното оружје и не учествува во проектот за создавање на атомска бомба. По војната Ајнштајн се промовира како еден од најголемите критичари на нуклеарното оружје.

Ајнштајн бил и приврзаник на ционизмот. Во 1952 новосоздадената Држава Израел му понудува да стане втор претседател на земјата, но Ајнштајн ја одбива понудата, тврдејќи дека не поседува доволно способности за справување со луѓе.

Page 7: Albert Einstein

„Јас немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен.“

„Не е дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите.“

„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“

„Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“

„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“

„Лудило: постојано повторување на истиот обид и очекување различни резултати.“

„Не стремете се кон успех, туку кон вредност.“

Page 8: Albert Einstein
Page 9: Albert Einstein

МАЈ 2012.