Top Banner
1
16

Albert ajnshtajn

Jun 25, 2015

Download

Education

Goran Gosa
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Albert ajnshtajn

1

Page 2: Albert ajnshtajn

Алберт Ајнштајн

Алберт Ајнштајн (14 март, 1879 – 18 април, 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за масно-енергетска

еквиваленција (Е= . Ајнштајн ја

добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.

2

Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Има статус на славност во заедницата на физиката, а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност.

Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Има статус на славност во заедницата на физиката, а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност.

Page 3: Albert ajnshtajn

Младост и образование

Алберт Ајнштајн бил роден во еврејско семејство во Улм, Виртемберг, Германија на 14 март 1879. Неговиот татко бил Херман Ајнштајн, продавач и инженер. Неговата мајка била Полин Ајнштајн. Во 1880, семејството се преселило во Минхен, каде неговиот татко и вујко формирале компанија, „Elektrotechnische Fabrik J. Einstein & Cie“, која произведувала електронска опрема.

Ајнштајнови не биле посериозни еврејски религозни верници, па затоа Алберт посетувал католичко основно училиште. Иако Ајнштајн имал рани говорни маани, тој сепак бил меѓу врвните ученици во училиштето.

Кога Ајнштајн имал пет години, неговиот татко му покажал џебен компас. Ајнштајн сфатил дека има нешто во празниот простор што ја движи иглата и подоцна изјавил дека ова искуство му направило „длабока и долготрајна импресија“. На инсистирање на неговата мајка, тој земал часови по виолина на шестгодишна возраст, и иако не ги сакал и евентуално се откажал, подоцна многу уживал во

моцартовите виолински сонати. Како што растел, Ајнштајн градел модели и механички направи од чиста забава, а почнал да покажува и талент за математика.

Во 1889, семејниот пријател Макс Талмуд, медицински студент,[8] го запознал десетгодишниот Ајнштајн со клучни научни, математички и философски текстови, вклучувајќи го делото на Кант Критика на чистата причина и евклидовите Елементи (Ајнштајн ја нарекол „малата света геометриска книга“). Од Евклид, Ајнштајн почнал да разбира

дедуктивно резонирање, и до дванаесетгодишна возраст,

3

Page 4: Albert ajnshtajn

тој ја научил евклидовата геометрија. Веднаш потоа почнал да го истражува калкулусот.

Во неговите рани тинејџерски години, Ајнштајн ја посетувал прогресивната гимназија Луитполд. Неговиот татко имал намера тој да следи електрично инженерство, но Ајнштајн се судрил со авторитетните во училиштето и со школскиот режим. Тој подоцна напишал дека духот на учење и креативноста биле изгубено во стриктно учење на памет. Во 1894, кога Ајнштајн имал петнаесет години, бизнисот на неговиот татко пропаднал и семејството се преселило во Италија, најпрвин во Милано, а по неколку месеци во Павија. За ова време, Ајнштајн го напишал својот прв научен труд, „Истражувањето на состојбата на етер во магнетни полиња“[9] Ајнштајн подоцна го напуштил Минхен за да го заврши средното училиште, но во пролетта 1895 година се повлекол за да се придружи на семејството во Павија, убедувајќи го училиштето да го ослободи користејќи медицинска белешка. Наместо да го заврши средното образование, Ајнштајн одлучил да се пријави директно на ЕТХ Цирих, Швајцарскиот Федерален Институт за технологија во Цирих, Швајцарија. Без школско свидетелство, тој морал да положи приемен испит, во што не успеал, иако имал исклучително добри оценки во математика и физика.[10] Ајнштајн напишал дека во таа иста година, на 16 години, за првпат го извршил неговиот експеримент на визуелизација на патување паралелно со светлосен бран.

4

Page 5: Albert ajnshtajn

5

Page 6: Albert ajnshtajn

Научна кариера

Ајнштајн студирал во Цирих на “Eidgenössische Technische Hochschule” од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија.

Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза "Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии" ("Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen"). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни бидејќи немале обемни наводи во поранешната научна литература и представувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките феномени. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за кои што до тогаш не постоеле научни објасненија.Ајнштајн станал светска позната личност по неговата формулација на теоријата на релативитетот во 1915 година. Неговата популарност има достигнато такво ниво што во секојдневниот говор зборот Ајнштајн претставува синоним за интелигентен или генијален. Последните години од својот живот ги посветил на изучување на обединувањето на теориите на гравитација и електромагнетизам.

6

Page 7: Albert ajnshtajn

7

На 17 април 1955 година, Алберт Ајнштај е однесен во болница поради внатрешно крварење.

На патот до болницата тој го понел и својот лист на кој го започнал говорот за телевизиско појавување, но за жал не живеел доволно долго за да го доврши.

Ајнштајн одбил операција велејќи: “Сакам да одам кога јас сакам. Не е убсаво ако го продолжуваш животот насилно. Јас го завршив мојот дел, време е да одам. Ќе го сторам тоа елегантно.”

Page 8: Albert ajnshtajn

8

Page 9: Albert ajnshtajn

10-те најинтелигентни совети за животот

„Јас немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен.“Луѓето не се раѓаат талентирани. Љубопитноста е она што постојано не бутка напорно да работиме во некоја насока во животот. Тоа значи дека следењето на љубопитноста е тајната на човековиот успех.

„Не е дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите.“Со упорност желката успеала да го победи зајакот. Дали сте доволно трпеливи и истрајни по патот кој ќе ве одведе до посакуваната дестинација? Се вели дека целата вредност на поштенската марка се состои во нејзината способност да остане залепена на нешто, додека тоа нешто не пристигне на вистинското место. Бидете како поштенската марка, завршете го патувањето кое сте го започнале.

„Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое тој го заслужува.“Секој кој пробал да седи на две столчиња, завршил на подот. Секој може да постигне многу, но не сè. Научете да бидете присутни онаму каде што сте во моментот. Дадете сè од себе за да го направите како што треба, она што во моментот ве окупира. Фокусираната енергија е моќ, а моќта е таа која го определува вашиот успех или неуспех.

9

Page 10: Albert ajnshtajn

„Имагинацијата е сè. Таа е преглед на она што следи во животот. Имагинацијата е многу поважна од знаењето.“Дали секојдневно ја користите вашата имагинација? Ајнштајн рекол дека таа е многу побитна од знаењето. Вашата имагинација е генералната проба на настаните кои ќе ви се случат во иднина. Ајнштајн сакал да каже дека вистинската мерка за интелигенцијата не е знаењето, туку степенот на имагинација што го има една личност и треба постојано да работите на нејзино разработување.

„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“Ако вашето срце ви вели дека треба некако да постапите, тогаш немате причина зошто да стравувате дека тоа ќе биде погрешен чекор. Грешките не се неуспех. Тие можат да ве направат подобра, попаметна и поенергична личност ако успеете да ги прифатите како нови искуства, кои се дел од животот

„Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“Единствениот начин правилно да ја адресирате вашата иднина, е да бидете што е можно поприсутни во сегашноста. Не можете во моментов да го промените минатото ниту иднината, па затоа е од голема важност целосно да се посветите на она што се случува сега. Сегашноста е единственото време кое е важно и единственото време кое е реално.

„Не стремете се кон успех, туку кон вредност.“Не трошете си го времето обидувајќи се да станете успешни. Трудете се да создадете вредност. Ако доволно вредите, ќе го привлечете успехот кон вас. Откријте ги талентите и дарбите кои ги поседувате и искористете ги на начин, кој ќе им биде од голема корист на другите луѓе. Ако сте доволно вредни, успехот сам ќе ве пронајде.

„Лудило: постојано повторување на истиот обид и очекување различни резултати.“

10

Page 11: Albert ajnshtajn

Не можете постојано да правите една иста работа и да очекувате таа да роди различен резултат. Ако сакате да промените нешто во вашиот живот, морате и себеси да се промените, односно да го промените начинот на кој размислувате и постапувате.

„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“Знаењето произлегува од искуството. Можете да умеете да дискутирате на некоја тема, зашто имате познавање за истата, но таа дискусија ќе ви овозможи само филозофски да ја сфатите проблематиката, а за вистински да знаете за што говорите, морате да зборите од искуството. Која е лекцијата која Ајнштајн сакал да ја пренесе? Стекнете искуство! Не трошете го залудно вашето време затскривајќи се зад разни шпекулации. Излезете и направете го тоа што сакате да го направите и ќе се стекнете со бесценето знаење.

„Прво морате да ги научите правилата на играта. Потоа треба да играте подобро од сите.“Постојат две нешта кои треба да ги направите за да бидете успешни и задоволни од себе. Прво, научете ги правилата на играта која ја играте. Не звучи како многу возбудлива работа, но е витална за вашиот успех. Второ, морате да се посветите на играта подобро од сите други. Ако ги направите овие две работи, успехот е ваш.

Анегдота

Алберт се мешал малце е во политиката, учествувал на седници, но никогаш ништо не зборувал. Во еден момент кога сите пратеници биле раскаран, тој побарал право на глас. Сите се смириле, чекале да видат што ќе кажи тој. Излегол и им рекол: Ве молам, затворете ги прозорците, промаја има...!!!

11

Page 12: Albert ajnshtajn

Содржина:

Алберт Ајнштајн...................................................................................................2

Младост и образование.......................................................................................3

Научна кариера....................................................................................................5

10-те најинтелигентни совети за животот........................................................8

Анегдота..........................................................................................................10

Користена литература:

http://www.kafepauza.mk/zivot/10-inteligentni-zhivotni-lekcii-od-albert-ajnshtajn/

http://en.wikipedia.org/wiki/Albert_Einstein

12

Page 13: Albert ajnshtajn

13

Page 14: Albert ajnshtajn

14