Top Banner
ПОДЕЛБА НА ВЛАСТА Монтескје автор на теријата за поделба на власта
15

(4) podelba na vlasta

Jul 03, 2015

Download

Documents

Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: (4) podelba na vlasta

ПОДЕЛБА НА ВЛАСТА

Монтескјеавтор на теријата за поделба

на власта

Page 2: (4) podelba na vlasta

Државата (државниот апарат) надреден над населението

Државата односно државниот апарат можеме да ја сватиме како правно организиран спој на државни органи во рамките на кои дејствувањето на државните службеници (чиновници) како ,,јавни лица,, остро е разграничено од нивната ,,приватност,, која им припаѓа како на поединци.

Како таква, државата т.е. државниот апарат, некако како да е раздвоена од населението кое се наоѓа во некаква подредена положба во однос на државата и се поставува прашањето:

Page 3: (4) podelba na vlasta

Какви се можностите на народот т.е. на граѓаните да го контролираат работењето на тие државни органи?

Поделбата на власта се заснова врз идејата т.е. претпоставката дека власта може да се „отуѓи од народот“ а сето тоа може однапред да се спречи ако државата односно државниот апарат се организира според начелото на поделба на власта.

Page 4: (4) podelba na vlasta

Што се подразбира под „поделба на власта„

Законодавна власт Извршна власт Судска власт

Поделба на власта значи дека постојат 3 различни вида на

државни органи кои располагаат со еден од трите вида на власт

Page 5: (4) podelba na vlasta

Специјализација на државните органи

Наједноставно кажано тоа начело на поделба на власта значи дека за трите основни функции на државната власт: законодавната, извршната (управна) и судската треба да се формираат различни државни органи:

оние кои ќе донесуваат закони а кои никако не смеат во исто време да управуваат и да судат (парламент и совети на општините);

е оние кои ќе управуваат нема да донесуваат законите и нема да судат (владата како највисок извршен орган и цела лепеза на пониски извршни или управни органи организирани во министерства);

а оние кои ќе судат нема да ги донесуваат законите и нема да управуваат (врховниот суд заедно со основните судови и апелационите судови кои го сочинуваат независниот судски систем);

Page 6: (4) podelba na vlasta

Парламентот е таков државен орган кој донесуваат закони, но не управува и не суди

Page 7: (4) podelba na vlasta

Владата ќе управува но нема да донесува законите и нема да суди

Page 8: (4) podelba na vlasta

Судовите ќе судат но нема да ги донесуваат законите и нема да управуваат

Page 9: (4) podelba na vlasta

Предности на власта организирана според принципот на поделба на власта

Ваквата организација на власта има предности во однос на т.н. единствена власт од две чисто практични причини од кои

к едната е од технички карактер к другата е од правен карактер:

Page 10: (4) podelba na vlasta

1. Техничките предности Според првата причина, кога сите функции би биле

доверени на исти органи ниту за една функција не би можеле да имаат ниту доволно време ниту пак потребни способности.

За извршување на секоја функција се потребни посебни умствени, стручни и морални особини. Стручната правна подготовка, потребна на судијата, не му е потребна на законодавецот, кој ги гледа работите од едно повисоко т.е. политичко рамниште.

Исто така на законодавецот не му е потребно разбирањето на поединостите и практичните тешкотии кои ќе искрснат при спроведување на нивните одлуки а што пак мора да го знаат државните чиновници задолжени за нивно спроведување.

Од друга страна, на управниот чиновник му е потребна извесна брзина и итност во работењето што би пречело на законодавецот на кого му е потребно спорост во мислењето и претпазливост во одлучувањето.

Page 11: (4) podelba na vlasta

2. Правните предности

Според втората причина, користа од поделба на власта се состои во тоа што без поделба на власта не е можна „правната држава“.

Кога сите функции, и законодавната и извршната (управната) и судската, ќе се соединат во еден човек или едно тело, тој човек или тело станува семоќен.

Таквата состојба Монтескје ја нарекува тиранија. Само така ќе биде можно да се обезбеди оној кој

заповеда со законите да не може да заповеда со луѓето а пак оној што заповеда со луѓето тоа ќе го прави во согласност со законите.

Само така законите ќе биидат чисти од човечките страсти и само така во државата ќе владеат општите принципи, наместо да владеат некои властодржци кои на своите лични интереси би им ги потчиниле интересите на целиот народ.

Page 12: (4) podelba na vlasta

Дали сите 3 вида на власт се потполно независни и потполно рамноправни?

Но за успешно функционирање на државната власт, сите овие различити видови на државни органи мораат да имаат меѓусебна координација, согласност и единство во работењето.

Тие, иако оделени, не можат да бидат потполно независни една од друга како што не можат да бидат и потполно рамноправни една со друга.

Едната од нив мора да им дава насоки на другите две.

Page 13: (4) podelba na vlasta

Која власт доминира над другите?

Законодавната власт е таа која дава насока за тоа како ќе работат останатите два вида на власт.

И извршната и судската власт дејствуваат според законите што ги донесува законодавната власт така што судската власт ги применува тие закони а управната власт ги извршува.

При тоа управните и судските органи не се наоѓаат во хиерархиска зависност од законодавните органи туку овде се работи само за функционална зависност.

Page 14: (4) podelba na vlasta

Дали законодавната власт има некакво ограничување?

Но и покрај ваквата доминантност на законодавната власт во однос на останатите два вида на власти, сепак и законодавната власт има едно многу силно т.н. „системско ограничување“.

Имено се работи за положбата и функциите што ги има „Уставниот Суд“ кој е задолжен за заштита на уставноста и законитоста.

Таа функција се состои во контролата на законите и другите прописи што ги донесуваат законодавните органи од аспект на тоа дали тие закони и прописи се во согласност со Уставот или не.

Така да, кога Уставниот Суд ќе процени дека некој закон или пропис, што е донесен од страна Парламентот, крши некоја уставна одредба и не е во согласност со Уставот, тој закон се поништува и нема никакво правно дејство.

Page 15: (4) podelba na vlasta

Уставниот Суд е задолжен за заштита на уставноста и законитоста