Top Banner
1 13. Градежни малтери Под градежен малтер се подразбира материјал кој се добива со стврднување на хомогенизирана смеса од ситен агрегат и некое органско или неорганско врзно средство, вода и додатоци. Малтерите како вештачки камени материјали се основни и едни од најстарите градежни материјали кои наоѓаат многу широка примена во градежништвото. Се употребуваат за: (1) ѕидање на сите ѕидови во камен, тули, блокови, разни видови на плочи од лесен и обичен бетон; (2) малтерисување на внатрешни и надворешни ѕидови во еден или повеќе слоеви; (3) изработка на подлоги и кошулки за подови; (4) како спојно средство при обложување на ѕидовите и подовите со керамички плочки; Во поново време се користат и како материјали за: (1) заливање на спојувањата - дилатациите на елементи од монтажни бетонски конструкции; (2) инектирање на шуплини и пукнатини во карпести маси, во тлото и во бетонските конструкции. (3) исполнување на каналите за каблите во преднапрегнатите конструкции. Во зависност од видот на полнилото - агрегатот малтерите се делат на: лесни малтери со волуменска маса во стврдната состојба до 1500 kg/m 3 ; обични малтери со волуменска маса од 1800÷2200 kg/m 3 . Во зависност од намената малтерите се делат на: (1) малтери за ѕидање; (2) малтери за малтерисување; (3) малтери за ињектирање; (4) декоративни малтери. 13.1. Припремање на малтерите Малтерските мешавини (врзиво, агрегат, вода и додатоци) може да се добијат на два начина: (1) со мешање на сите компоненти на градилиште, или (2) како суви малтери, сува мешавина од врзиво и додатоци која се припрема во фабрика, а на лице место, на градилиште, само се меша со пропишаната количина на вода. Сувите малтери се испорачуваат во вреќи под различни комерцијални имиња. Поради едноставноста на употребата во последно време почнува и нивната поголема примена бидејќи обезбедуваат стандарден квалитет на стврднатиот малтер.
19

13. Gradezni Malteri_09

Oct 27, 2015

Download

Documents

Fidan Uzunovski

gradeznistvo
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: 13. Gradezni Malteri_09

1

13. Градежни малтери Под градежен малтер се подразбира материјал кој се добива со

стврднување на хомогенизирана смеса од ситен агрегат и некое органско или неорганско врзно средство, вода и додатоци.

Малтерите како вештачки камени материјали се основни и едни од најстарите градежни материјали кои наоѓаат многу широка примена во градежништвото. Се употребуваат за:

(1) ѕидање на сите ѕидови во камен, тули, блокови, разни видови на плочи од лесен и обичен бетон;

(2) малтерисување на внатрешни и надворешни ѕидови во еден или повеќе слоеви;

(3) изработка на подлоги и кошулки за подови; (4) како спојно средство при обложување на ѕидовите и подовите со

керамички плочки; Во поново време се користат и како материјали за: (1) заливање на спојувањата - дилатациите на елементи од монтажни

бетонски конструкции; (2) инектирање на шуплини и пукнатини во карпести маси, во тлото и во

бетонските конструкции. (3) исполнување на каналите за каблите во преднапрегнатите

конструкции. Во зависност од видот на полнилото - агрегатот малтерите се делат на:

лесни малтери со волуменска маса во стврдната состојба до 1500 kg/m3; обични малтери со волуменска маса од 1800÷2200 kg/m3.

Во зависност од намената малтерите се делат на: (1) малтери за ѕидање; (2) малтери за малтерисување; (3) малтери за ињектирање; (4) декоративни малтери.

13.1. Припремање на малтерите Малтерските мешавини (врзиво, агрегат, вода и додатоци) може да се

добијат на два начина: (1) со мешање на сите компоненти на градилиште, или (2) како суви малтери, сува мешавина од врзиво и додатоци која се

припрема во фабрика, а на лице место, на градилиште, само се меша со пропишаната количина на вода.

Сувите малтери се испорачуваат во вреќи под различни комерцијални имиња. Поради едноставноста на употребата во последно време почнува и нивната поголема примена бидејќи обезбедуваат стандарден квалитет на стврднатиот малтер.

Page 2: 13. Gradezni Malteri_09

2

Малтерите се припремаат рачно или машински во специјални мешалки каде со мешањето се обезбедува хомогенизирање на мешавината од состав-ните компоненти. Хомогеноста се препознава по едноличноста на бојата, составот и пластичноста.

Во практиката, при припремањето на малтерите во последно време се користи дозирање на компонентите според масата. Во прв ред тоа се однесува на врзивото и додатоците - адитивите. Температурата на водата за припремање на малтерите може да изнесува најмногу 80ºC, а на песокот најмногу до 40ºC.

Времето на мешање се одредува врз основа на видот на малтерот и типот на мешалката. Кај обичните малтери мешањето трае 1,5÷2,5 минути, кај лесните малтери тоа изнесува 2,5÷3,5 минути.

13.2 Материјали за изработка на малтерските мешавини (1) Врзива: При припремањето на малтерите од посебна важност е да се

избере погодното врзиво. За таа цел обично се користи: (1) цемент; (2) вар; (3) гипс. Малтерите може да се припремаат со едно врзиво или комбинација на повеќе врзива, најчесто две и таквите малтери се викаат сложени малтери. Според врзивото секој од малтерите го носи и соодветното име: цементен малтер; варов малтер; гипсов малтер; продолжен малтер или вар-цементен малтер и вар-гипсен малтер. Во цементните малтери се користи 10÷20% од вкупното количество на цемент што се користи во градежништвото.

(2) Агрегат: При изборот на агрегатот или полнилата, што како компоненти влегуваат во составот на малтерот се обрнува посебно внимание. Во зависност од потеклото тие може да бидат:

Неоргански полнила: природен, речен или мајдански, дробен песок, пуцоланска земја, експандирана глина-кермезит, разни врсти згура; летечка пепел.

Органски полнила: струготини од дрва; ситнеж од плута, и друго. Најширока примена во градежништвото имаат малтерите за ѕидање и за

малтерисување кои се припремаат со природен или дробен песок со соодветен грнулометриски состав. (што го покажува меѓусебниот однос на пооделните категории на зрна во склоп на агрегатот). Гранулометрискиот состав се добива со постапката на просејување при што се користи одреден број на сита т.н. гарнитура со однапред определена големина на отворите di (i=0,1,2 ... n). Големината на отворите на ситата се намалуваат одејќи кон долу. Вкупната маса А (kg) на потполно сувиот агрегат се просејува со истурање од горе на ситото со максимална големина на отворот и потоа целата гарнитура се протресува при што доаѓа до просејување. После точно определено време на просејување, со мерење се утврдува масата на агрегатот ai што се задржала на поодделните сита со дијаметар di, т.н. делумен остаток во [kg] со чија помош може да се определи и кумулативниот (полниот) остаток на пооделните сита Oi.

Page 3: 13. Gradezni Malteri_09

3

Примерно, кумулативниот остаток на ситото со отвор di е еднаков на збирот на делумните остатоци на ситата што се над него, односно:

∑=

=m

ikki aO

Процентуалната вредност на овој остаток во однос на вкупната маса А на просејуваниот агрегат е дефиниран со изразот:

∑=

==m

ikk

ii a

AAOp 100100[%]

При изборот на ситата максималниот отвор dm се бира така што низ него минува целокупната количина А на агрегатот што значи дека делумниот остаток am=0, т.е. процентот на минување на материјалот низ ова сито е Ym=100%. Тогаш процентот на минување на материјалот низ произволно сито со отвори di е дефиниран со релацијата:

%10011%1001[%]100[%] ⎟⎠

⎞⎜⎝

⎛−=⎟

⎠⎞

⎜⎝⎛ −=−= ∑

=

m

ikk

iii a

AAO

pY

Ако во еден правоаголен координатен систем на апцисната оска се нанесат отворите на ситата, односно големината на зрната на агрегатот d[mm], а на ординатната оска процентот на минување на материјалот низ пооделните сита Yi[%] добиени на база на експерименталните испитувања се добива гранулометриската крива на дадениот агрегат.

Посебно треба да се нагласи дека методот на просејување може да се примени само на зрна со големина до 0,04 - 0,05 mm што претставува и граница до која ситата и практично може да се изработат.

Во градежната практика најчесто се користат сита со квадратни отвори: плетени мрежи бушени отвори

0.063; 0.125; 0.25; 0.5; 1.0; 2.0; 4.0; 8; 16; 31.5; 63; 125; 300 mm

Sl. 90.

Page 4: 13. Gradezni Malteri_09

4

или 1)1(2 dd i

i−= ; d1 е првиот отвор во низот.

Според нашите стандарди, за малтерите за ѕидање се препорачуваат песоци кои спаѓаат во шрафираното подрачје на d-Y дијаграмот за природен и дробен агрегат прикажан на сликите:

Песокот за малтерисување на основниот слој може да има најкрупно зрно до 5 mm, додека max зрно за завршниот слој може да биде 3 mm.

Освен условите во однос на гранулометрискиот состав песокот за малтерите за ѕидање и малтерисување треба да задоволи и некои услови во однос на содржина на штетни примеси, глинени компоненти и органски материи.

Примерно во речниот песок смее да има најмногу 1% грутчиња од глина, во мајданскиот песок оваа граница е 1.5%. Исто така ограничено е и присуството на честички што минуваат низ сито со отвори и тоа:

- за песок за ѕидање 15% 5% - за песок за малтерисување 10% 2%

Во песокот за припремање на малтери постои ограничување на присуството на органските материи (до max 0.01%), на сулфатите, сулфидите, хлорид нитратот и нитритот, бидејќи тие во значајна мера може да го загрозат процесот на стврднување на врзивото.

Карактеристично е да се напомене дека сувите малтерски смеси се мешаат со сув песок со влажност до 1%. (1) Вода: Водата за припремање на малтерите не смее да содржи состојки кои

може да влезат во хемиска реакција со врзивото. Со прописите е утврдено дека за оваа намена може да се користи вода со PH фактор најмалку 4,5. Ова значи дека обичната вода за пиење може да се користи без претходни испитувања. Количината на применетата вода зависи од врстата и количината на употребеното врзиво, од типот на агрегатот и неговиот гранулометриски состав. Се прават обиди аналитички да се дефинира оптималната количина на вода за припрема на малтерската мешавина:

W=0,235·C+0,23·F+0,09·M+0,03·G

W - потребна количина на вода;

Sl. 91.

Page 5: 13. Gradezni Malteri_09

5

C - потребна количина на цемент; F - количина на ситен песок (0÷0,5 mm); M - количина на песок со средна големина (0,5÷2 mm); G - количина на крупен песок (2÷5 mm).

(2) Додатоци - адитиви на малтерите: Малтерите главно се користат во тенки слоеви кои се нанесуваат на подлогите без збивање. Обично подлогите се од порозен материјал, (тули, лесни бетони и друго) кои многу брзо, капиларно извлекуваат определени количини на вода од малтерите и на тој начин тие се “исушуваат”. При нанесувањето на малтерските смеси во многу тенки слоеви за да може да се обезбеди соодветна обработливост, смесата мора да има определена пластичност која ќе овозможи и погодна вградливост. За таа цел при изработка на малтерите многу често се користат различни додатоци од неорганско и органско потекло, т.н. пластификатори кои и овозможуваат на смесата подолго време во себе да ја задржи водата, обезбедувајќи на тој начин соодветна пластичност на смесата во текот на целото време на работа со неа. Еден од најважните пластификатори на малтерите е варовникот кој додаден во сложените малтери: вар-цементен и вар-гипсов ја зголемува обработливоста и вградливоста на малтерот. Како пластификатори во цементниот малтер може да се употребат и згурата, електрофилтерски пепел, камено брашно и друго. Освен овие неоргански постојат и органски пластификатори кои се применуваат во количини од неколку проценти во однос на масата на врзивото. Кај малтерите, во зависност од намената и условите во кои ќе се вградуваат можно е да се користат и други адитиви:

• додатоци за успорување на процесот на врзување (успорувач Δ2 - за цементен малтер);

• “антифриз” додатоци кои ја намалуваат температурата на смрзнување на малтерската мешавина овозможувајќи работа при ниски температури (хидрозим (прав или течност) - P, T за t = - 10 ºC);

• додатоци за намалување на водопропустливоста (хидромал - додаток за добивање на водонепропуслива малтер).

Како додатоци во малтерот може да се употребуваат и различни бои, посебно при малтерисувањето во завршните видливи слоеви. Боите треба да бидат постојани и да не (влегуваат во реакција) влијаат негативно на процесот на стврднување на врзивото.

Page 6: 13. Gradezni Malteri_09

6

13.3. Видови на малтери

13.3.1. Поделба според видот на врзивото (1) Варов малтер: Се применува за ѕидање и внатршно малтерисување на

ѕидови од тула, камен, разни блокови и друго. Се добива со мешање на хидратисаната вар или варовно тесто со песок и вода. Во зависност од бараните својства на стврднатиот малтер волуменските односи меѓу вар:песок варира од 1:1 до 1:4. Примерно за припремање на 1m3 варов малтер во различни односи, ориентационо количините на материјали се следни:

Материјал 1:1 1:2 1:3 1:4 Врзиво-вар 0,55 (m3) 0,4 0,31 0,256 Песок 0,55 0,8 0,93 1,024 Вода 0,14 0,16 0,18 0,20

Се употребува песок со големина од 2,5 mm. Покрупниот слој при обично малтерисување е со однос 1:1,5, со големина на зрната песок од 1,25 mm. За практични потреби, потребната количина на негасена вар за 1m3 малтер со доволна точност ќе се определи ако волуменскиот однос се помножи со 450. Варовиот малтер се одликува со мала јакост, споро врзување и стврднувањето не е рамномерно по целата маса, не е отпорен на вода и под дејство на водата многу брзо пропаѓа. Малтерската мешавина од вар - пуцолан или вар - пуцолан - песок се вика пуцолански малтер кој е многу постојан во влажни услови и кога е изложен на непосредното дејство на вода, па дури и на морска вода. Размерата на мешање на комбинацијата хидратисана вар - пуцолан па масата на варта изнесува 1:3 до 1:4, а додека при мешавината хидратисана вар - пуцолан - песок е 1:2:9.

(2) Цементен малтер: е мешавина на цемент - песок - вода кои се мешаат во волуменски размер 1:1 до 1:4, а вода се додава по потреба во зависност од следната конзистенција. За специјални цели - примерно ињектирање се користи мешавина цемент - вода со водоцементен фактор 0,4 и 0,5. Цементниот малтер се употрбува за: Ѕидање и малтерисување, за изработка на кошулки и подлоги, за инјектирање и друго. Тој е многу постојан и траен при нормални услови на експлоатација и има значително поголема механичка јакост од варовиот малтер. Волуменскиот однос на количините на материјалот за припремање на 1m3 цементен малтер, се примерно:

Материјал 1:1 1:2 1:3 1:4 Цемент 0,665 (m3) 0,45 (m3) 0,336 (m3) 0,268 (m3) Песок 0,665 (m3) 0,9 (m3) 1,008 (m3) 1,023 (m3) Вода 0,43 (m3) 0,4 (m3) 0,35 (m3) 0,33 (m3)

(3) Гипсов малтер: Под гипсов малтер се подразбира или само мешавина гипс-вода т.н гипсена каша, или мешавина гипс - вода - агрегат. Ако се

Page 7: 13. Gradezni Malteri_09

7

припрема мешавина само од гипс и вода тогаш гипсот се истура во водата, внимателно се меша, и вака припремената каша мора веднаш да се употреби заради тоа што гипсот многу брзо почнува да врзува. За оваа мешавина обично се користи 80% вода во однос на масата на гипсот. На мешавината гипс - вода може да се додадат песок, мермер во зрна или во прав, различни адитиви, бои и друго. Гипсовиот малтер се употребува за внатрешно малтерисување, не се употребува за надворешни работи бидејќи гипсот не е постојан во влажна средина.

(4) Продолжен малтер (вар - цементен малтер): Се добива со мешање на вар - цемент - песок - вода во соодветен волуменски однос:

Цемент : вар : песок = 1 : 1 : 5 ; 1 : 2 : 5 ; 1 : 1 : 6 ; 1 : 2 : 6. Заради присуството на вар овој малтер има подобра обработливост од цементниот малтер. Се користи за ѕидање и малтерисување на разни видови ѕидови, и притоа може да се употреби за малтерисување на надворешни ѕидови. Количината на вода зависи од конзистенцијата на малтерот. За припремање на 1м3 готов продолжен малтер во размер 1:1:5 потребно е: цемент 270 kg; вар 0,190 m3; песок 0,950 m3; вода 0,28 m3, а за смеса во размер 1:2:6: цемент 230 kg; вар 0,330 m3; песок 0,820 m3; вода 0,28 m3.

(5) Гипс - варов малтер: претставува мешавина на гипс, вар и песок во волуменски однос:

Гипс : вар : песок = 1 : 3 : 9 ; 1 : 2 : 6 ; 1 : 1 : 5 ; 1 : 1,5 : 3. Варта во овој состав е пластификатор. При припремањето на мешавината најпрво се мешаат варта, песокот и водата, а потоа на крајот, непосредно пред употребата се додава гипсот. Овој малтер не е погоден за малтерисување на надворешни ѕидови ниту пак за ѕидање на ѕидови изложени на влага.

Материјал 1:3:9 1:2:6 1:1:5 1:1,5:3 Гипс (kg) 100 150 190 250 Варова каша (m3) 0,300 0,300 0,190 0,370 Песок (m3) 0,900 0,900 0,950 0,750 Вода (m3) 0,250 0,200 0,250 0,300

13.3.2. Поделба според намената (1) Малтери за малтерисување: Главно се користат за внатрешно и

надворешно малерисување. При релативна влажност на воздухот од 60% за внатрешно малтерисување се употребува варов малтер, гипсов малтер, вар -гипсов малтер и вар - пуцолански малтер. • Според начинот на припремање малтерите за малтерисување се

делат на: монолитни или водени малтери; суви малтери.

Page 8: 13. Gradezni Malteri_09

8

Монолитниот малтер е слој на малтер што се нанесува на површината на некој друг материјал, внимателно израмнет и стврднат на самиот градежен објект. Сувиот малтер претставува тенки листови веќе претходно стврднат малтер кој за површината на ѕидот се прицврстува со помош на лепак или со метални котви.

• Според намената се делат на: обични, градежни малтери за обработка на надворешни и внатрешни ѕидови кои обично после стврднувањето се варосуваат или молерисуваат - се бојат;

декоративни малтери кои содржат и боја, служат за обработка на надворешните и внатрешните ѕидни површини, кои после стврднувањето не се бојат и не се варосуваат;

специјални малтери - се употребуваат за хидроизолација, како заштита од рентгентско зрачење и друго.

• Според положбата на ѕидот се делат на: малтери за основен слој кој се нанесува како подлога непосредно на ѕидот;

малтер за завршен слој, т.е. за фино малтерисување кој се нанесува преку основниот слој и обезбедува рамна и глатка површина.

(2) Малтери за ѕидање: За ѕидање на камени ѕидови и ѕидови од тули главно се користат воздушни, хидраулични и сложени малтери. Воздушните т.е. варовите малтери имаат добра обработливост и моќ на прилепување на површината на каменот и тулата и може да се употребуваат само во суви услови на врзување и стврднување. Хидрауличниот малтер (цементен малтер) се употребува за ѕидање на подземни конструкции или во вода. За камена ѕидарија, за камен со неправилен облик се користи песок со големина на зрната од 5 mm, а при плочи и камен со правилен геометриски облик до 2,5 mm. За да се зголеми пластичноста на малтерот се додаваат адитиви, пластификатори, соединенија кои ја намалуваат потребната количина на вода и ја зголемуваат отпорноста на мраз. Сложените малтери, т.е. продолжениот малтер се користи при ѕидање во влажни услови при што содржината на цементот не смее да биде помала од 100 kg на 1 m3 малтер.

(3) Декоративен малтер: Се употребува за завршна обработка на надворешните ѕидни површини, за фасади на објектите и за внатрешна декорација. Може да биде бел или обоен што зависи дали како врзиво се употребува бел или обоен цемент, како и светол портланд - цемент, вар или гипс. За зголемување на обработливоста и отпорноста на дејството на атмосферските влијанија, како и за спречување на појавата на таложење на соли на површината, т.н. расцветување, во малтерот и цементот се додава мала количина на хидрофобни материјали. За постигнување на одредена боја, во белите врзни средства се додаваат обоени неоргански пигменти, за зелена боја се додава оксидот на хром, за

Page 9: 13. Gradezni Malteri_09

9

добивање на различни нијанси на црвена боја различни количини на оксидот на железо, за добивање на жолта боја хидроксид на железо, за кафеава боја оксид на манган и друго. Понекогаш, во мешавината за овој малтер се додава и емулзија на синтетички смоли со која се постигнува подобра врска помеѓу малтерот и основата на која се нанесува. Како полнило т.е. агрегат се користи белиот кварцен песок, мелен варовник, доломит, мермер и друго, кои може да бидат и природно обоени со некоја боја. Понекогаш декоративните малтери се употребуваат за изработка на разни рељефни предмети кои се користат за украсување на ентериери и екстериери, малтерот се лие во калапи, од кои готовите елементи се вадат после сушење.

(4) Инекциони малтери - малтери за инјектирање. Составот на овие малтери зависи од повеќе фактори: предметот на инјектирање, геометриските карактеристики на просторот што се инјектира, начинот на инјектирање и друго. За инјектирање обично се користат мешавина на цемент и вода со или без додатоци на агрегат. Како агрегат се користи: кварцен песок, иситнет варовник, каменесто брашно, пуцолан и сл. Потребната количина на вода зависи од условите на флуидност на мешавината. Се додаваат адитиви за зголемување на отпорноста на мраз. Најчесто се користи за заптивање на спојници, канали за кабли во претходно-напрегнатите конструкции, за исполнување на пукнатини во бетонот, почвите и друго.

(5) Малтери за хидроизолација. За приготвување на овие малтери се употребува цемент од повисока класа, песок и вода со евентуални додатоци. За хидроизолациони малтери изложени надејство на агресивна средина се користи сулфатоотпорен цемент или некој друг цемент отпорен на хемиски агресии. Обично овие малтери се нанесуваат во два слоја: I слој од цементен малтер со однос цемент : песок = 1:3 и со дебелина од 1,5 cm и II слој (завршен слој) со дебелина 0,5 cm со однос на цемент : песок = (1:1)÷(1:2).

(6) Малтери за звучна и топлинска изолација: Како врзно средство во овие малтери се користи портланд цементот, вар гипс и смеси со каустичен магнезит. Како агрегат служи едно фрaкциски песок со големина на зрната од 2,5÷5 mm при што се добива малтер со волуменска тежина од 600÷1200 kg/m3. Малтерот за звучна изолација треба да има отворена порозност што се постигнува со правилен избор на врзното средство и гранулометрискиот состав на песокот.

(7) Малтери за заштита од зрачење: Најчесто од рентгенско зрачење, гама или неутронско зрачење. Волуменската маса на стврднатиот малтер е голема над 2000 kg/m3. Како врзиво се користат различни видови на цемент, портланд цементот, а како агрегат се користи барит или некој друг тежок карпест материјал иситнет во песок со големина на зрната од 1,25

Page 10: 13. Gradezni Malteri_09

10

mm. За подобрување на својствата на овие малтери може да се додадат одредени елементи како што се: литиум и калиум.

Карактеристично за сите видови на малтери е дека за припрема на истите во објекти со голема важност составот на градежниот малтер треба претходно да се испита лабораториски, а својстата за време на нанесувањето и вградувањето треба постојано да се контролираат.

За малтерите како и за бетонот треба да се приготви проект за малтерите кој ќе ги содржи неопходните податоци за нивниот состав, за технологијата на приготвување и нанесување, за условите на вградување и за контрола и оценка на својствата на градежните малтери.

13.4 Својства на малтерите 13.4.1 Конзистенција (пластичност) на малтерите

Под конзистенција се подразбира степенот на поврзаност на компонентите од малтерската мешавина, кој влијае на големината на внатрешното триење во масата. Со оглед дека внатрешното триење во течностите се зема како мерка на вискозитетот, генерално гледано, конзистенцијата може да се дефинира со примена на различни постапки со кои во крајна линија се доаѓа до одредени показатели за вискозитетот на малтерската мешавина.

Конзистенцијата е многу значајно технолошко својство на малтерите. Таа влијае на неговата обработливост, а подобрата или полошата обработливост

на малтерските мешавини има големо влијание врз многу својства на стврднатиот малтер. Обработливоста, всушност претставува способност на малтерската мешавина да се распостели во тенок, хомоген слој преку одредена подлога. Со оглед дека подлогите (на пример, тулите) не се никогаш идеално рамни, потребно е малтерските мешавини да бидат такви да со примена на одредена постапка за нанесување (вградување) се оствари што е можно порамномерна врска на малтерот со подлогата. Бидејќи јакоста и постојаноста на врската малтер-подлога во голема мерка зависат од остварената контактна површина, јасно е дека обработливоста на малтерот претставува негова многу значајна карактеристика.

Конзистенцијата на малтерската мешавина зависи од низа фактори: видот, количината и гранулометрискиот состав

на агрегатот, видот и количината на врзното средство, количината на вода, евентуалното присуство на адитиви, постапката на подготвување и др. Меѓутоа, ова својство пред сé зависи од т.н. водоврзен фактор, т.е. од тежинскиот однос

Sl.13.1. Aparatura za odreduvawe na konzistencijata na malterite

Page 11: 13. Gradezni Malteri_09

11

на врзното средство и водата. Со оглед дека во најголем број случаи малтерските мешавини на подлогите се нанесуваат без интензивно збивање, конзистенцијата на мешавината може да биде и “посува”, т.е. можат да се користат и мешавини со поголем вискозитет.

Конзистенцијата на малтерската мешавина може да се дефинира врз база на мерење на длабочината на продирање на стандарден метален конус кој влегува во состав на апаратурата покажана на Сл. 13.1. Оваа постапка, всушност претставува еден од можните начини за дефинирање на вискозитетот на свежиот малтер и како таква често се користи за рутински испитувања. Во зависност од вискозитетот на малтерот, длабочините на продирање на конусот ќе бидат различни, при што за поедини намени на малтерот постојат одредени искуствени податоци врз основа на кои може да се добијат мешавини со определени карактеристики. На пример, за ѕидање на ѕидови од полна тула се препорачува малтер кај кој длабочината на продирање на конусот изнесува 9-13см; доколку се работи за шупливи тули и блокови од глина оваа вредност треба да изнесува 7-8см, а ако се во прашање камени ѕидови, длабочината на продирање на конусот треба да изнесува 4 до 6 см. Во случај на малтер за малтерисување, пак, треба да бидат исполнети следните услови:

- основен слој: 8-10 см - завршен слој: 7-8 см Доколку завршниот слој на малтерот се изведува со додаток на гипс,

длабочината на продирање на конусот треба да биде нешто поголема 9-12 см. Според нашите стандарди конзистенци-

јата (пластичноста) на малтерите се дефинира врз база на мерење на големината на распростирање д која се добива после потресување на примерокот на вибростол (Сл.13.2). Оваа постапка во целост одговара на постапката која се применува при дефинирање на стандардната конзистенција на тестот за варта. Во случај на малтери за ѕидање дефинирани се два типа на конзистенција: течна – кај која е d>180mm и пластична која е дефинирана со релацијата

130mm<d<180mm. Што се однесува, пак, до конзистенцијата на малтерите за малтерисување, тие мора да бидат во склад со Табелата 3.1. Табела 13.1 Мерки за распростирање на малтерските мешавини

вид на малтер распростирање (мм) најголемо зрно (мм) за основен слој 200 – 230 2.5 – 5 за втор основен слој 170 – 180 2.5 – 5 за завршен слој: - без гипс - со гипс

170 – 180 190 - 220

1.2 1.2

Sl. 13.2. Vibrostol

Page 12: 13. Gradezni Malteri_09

12

13.4.2 Хомогеност

Под хомогеност се подразбира еднаквост на конзистенцијата и бојата по целата маса на малтерската мешавина. Ова својство се испитува на следниот начин. Малтерот се става во во челичен калап со цилиндричен облик кој се состои од два прстена и сад со дно (Сл.13.3). Овие елементи при налевањето на малтерската мешавина меѓусебно се споени со соодветни завртки.

Мешавината излиена во калап се изложува на пропишан режим на вибрирање, па по завршувањето на вибрирањето горниот прстен со хоризонтално поместување се одвојува од долниот, а долниот исто така со хоризонтално поместување се одделува од садот со дно. На овој начин се добиват две посебни количини на материјал: малтерска мешавина која му припаѓа на горниот прстен и малтерска мешавина која му припаѓа на садот со дното. Од овие материјали се изработуваат примероци на кои се

врши испитување на конзистенцијата и тоа, два примероци од малтерот од горниот прстен и два примероци од малтерот од садот со дното. Во двата случаи за меродавни големини се усвојуваат аритметичките средини на резултатите. Малтерот се смета за хомоген ако односот на добиените средни вредности (поголемата вредност на распростирање поделена со помалата) не е поголем од 1,2. Условот за хомогеност на малтерската мешавина е од посебно значење за малтерите за малтерисување и за овие малтери хомогеноста е еден од пропишаните услови за квалитет.

13.4.3 Јакост на малтерите

Јакостите на малтерите се одредуваат на три призматични примероци со димензии 4х4х16 см. Калапите во кои се изработуваат примероците се идентични на калапите за изработка на примероци од минералните врзива (цемент, вар, гипс). Доколку малтерот е доволно стврднат, примероците после 24 часа од моментот на изработка се вадат од калапите, а ако не можат да се извадат од калапите без оштетувања, вадењето се одложува за наредните 24 часа.

Примероците од варовиот малтер после вадењето од калапите се ставаат во просторија со приближно 20оС и релативна влажност од 65% и се чуваат до испитувањето. Во случај на продолжен малтер температурата на која се чуваат примероците е исто така 20оС, но релативната влажност во просторијата треба да биде 95-100%. Примероците на цементниот малтер, пак, после вадењето од калапот се потопуваат во вода со температура 20оС, при што водата мора да се менува секои 14 дена.

Примероците се испитуваат на свиткување и притисок, на ист начин како што се испитуваат примероците од минерални врзива. Врз база на овие испитувања се дефинира т.н. марка на малтерите. Условите за поедини марки се дадени во Табела 2.

Sl. 13.3. ^eli~en kalap za ispituvawe

na homogenosta na malterite

Page 13: 13. Gradezni Malteri_09

13

Како што може да се заклучи од досегашните излагања, јакоста на малтерот зависи од голем број фактори на влијание: од видот и количината на употребеното врзно средство, од количината на вода, од видот, количината и гранулометрискиот состав на агрегатот, од начинот на приготвување, начинот на вградување, од карактеристиките на подлогите на кои се нанесува малтерот, од условите за стврднување (условите на средината) и др. Заради тоа, во пракса (реални услови), доколку треба да се добие малтер со одредени механички карактеристики, треба да им се посвети внимание на сите наведени фактори.

Табела 2. Услови за квалитет на поедини марки малтер

Јакост на примероците при старост од 28 дена fp fzs марка на

малтерот М просечна вредност најмалку

поединечна вредност најмалку

просечна вредност најмалку

поединечна вредност најмалку

5 0.5 0.3 0.3 0.2

25 2.5 1.7 1.0 0.8 50 5.0 3.5 1.7 1.4

100 10.0 7.0 2.4 2.0

13.4.4 Способност за задржување на вода Како што беше речено, конзистенцијата на малтерите треба да биде таква

да после неговото нанесување на одредена подлога, а во зависност од применетиот начин на нанесување, во оптимална мерка биде обезбедено пополнување на сите облици на нерамномерност на дадената подлога (вдлабнатини, пукнатини и т.н.) што е основен услов да се оствари потребната рамномерност на врската малтер-подлога. Покрај ова, малтерските мешавини треба да бидат со таков состав во потполност да се исклучи можноста за појава на раслојување (издвојување на вода и сегрегација на честичките од врзивото и агрегатот), како и можноста за губиток на поголема количина вода после капиларното впивање од страна на подлогата. Доколку настапи било кој од овие случаи ќе дојде до осетно опаѓање на многу физичко-механички карактеристики на стврднатиот малтер.

Способноста за задржување на вода на одредена малтерска мешавина се испитува со споредување на јакостите на притисок на примероците изработени во метални калапи како во точка 3. со јакостите на примероците изработени на ист начин, но во калапи со дно од тули. Се смета дека свежиот малтер има задоволителна способност за задржување на водата ако јакостите на примероците изработени во калапи со дно од тули, во однос на јакостите на примероците припремени во калапи со метално дно, не се разликува повеќе од 15%.

Page 14: 13. Gradezni Malteri_09

14

13.4.5 Отпорност на дејство на мраз Отпорноста на малтерите на дејство на мраз во најголема мерка зависи од

остварената компактност на стврднатиот малтер, т.е. од неговата структура, односот на врзивото и агрегатот, порозноста и др. На оваа отпорност многу влијае и обработливоста на малтерската мешавина и тоа заради тоа што штетното дејство на мразот прво се појавува на оние места на кои заради несоодветна вградливост не е остварена потребната хомогеност на стврднатиот малтер (шуплини, пори, пукнатини). Отпорноста према дејството на мраз е посебно важна кај малтери кои се применуваат за малтерисување на површини изложени на атмосферски влијанија, бидејќи овие површини се дирекно изложени на влажнење и смрзнување.

Отпорноста на материјалот на дејство на мраз се испитува на 6 примероци кои се изработуваат на ист начин како примероците за дефинирање на марката на малтерот. Три од овие примероци после 28 дена се потопуваат во вода и се држат до потполно заситување, а потоа наизменично во циклуси од по 4 часа се замрзнуваат на –20оС и одмрзнуваат во вода на собна температура. Другите три примероци се чуваат на начин опишан во точка 3 и служат како еталони за споредба. Се смета дека малтерот е отпорен на дејство на мраз ако после 25 циклуси на замрзнување и одмрзнување неговата јакост не се намали за повеќе од 20%, а масата не се намали за повеќе од 2%.

13.4.6 Атхезија на малтерот за подлоги Атхезијата на малтерот за подлогата зависи од низа фактори: видот на

подлогата (камен, тула), конзистенцијата на малтерот, рамноста, порозноста и влажноста на подлогата, начинот на нанесување (вградување) на малтерот и др.

За испитување на атхезијата на малтерот за камен најчесто се користат мали примероци од камен со димензии 50 х 50 х 20мм. Една страна на ваков примерок со површина 50 х 50мм е обработена така да во целост одговара на површината на каменот во реални услови. Овој примерок претходно се потопува во вода, па се става во посебен калап (сл.13.4) во кој е овозможено и одредено збивање на малтерот. После вградувањето на малтерот во овој калап и после пропишаното чување на добиениот примерок во влажна средина се пристапува кон оптоварување на примерокот со аксијална сила Р. Кај ова испитување се можни следните три

случаи: - примерокот се крши преку каменот, што значи дека јакоста на

затегнување на каменот е помала и од јакоста на малтерот и од атхезијата малтер-камен,

Sl. 13.4. Primerok za ispituvawe na

athezijata malter-kamen

Page 15: 13. Gradezni Malteri_09

15

- примерокот се крши преку малтерот, што значи дека јакоста на самиот малтер е помала од јакоста на каменот, а исто така помала и од атхезијата малтер-камен,

- примерокот се крши по контактот помеѓу малтерот и каменот, што значи дека атхезијата малтер-камен е помала и од јакоста на каменот и од јакоста на малтерот. Оваа атхезија може да се дефинира со помош на изразот:

at

grat A

Pf =

каде Pgr е сила на лом (гранична вредност на силата P) , а Aat површина на контактот малтер-камен.

Атхезијата на малтерот за различни подлоги, а тоа значи и за подлоги од камен, може да се добие по пат на испитувања чија диспозиција е покажана на Сл.13.5. Како што се гледа преку малтерисаната подлога се лепи некој крут елемент со призматична или цилиндрична форма со основа со позната површина. Кога врската помеѓу овој елемент и малтерот ќе се стврдне, малтерот околу елементот ќе се засече, така да под влијание на силата Р напрегања трпи само

површината на малтерот еднаква на површината на основата на залепениот елемент. И во овој случај атхезијата fat се добива по горенаведениот образец.

13.4.7 Останати поважни својства на малтерот Малтерите кои се применуваат за малтерисување на надворешни површини

мораат да бидат во доволна мерка пропусливи за воздух, меѓутоа истовремено мора да бидат и водоодбивни. Овие својства се постигнуваат со оптимално дозирање на агрегатот, врзното средство и водата, при што при подготвувањето на малтерските мешавини се користат и различни адитиви (хидрофоби).

Во случај на малтери кои се применуваат за внатрешни малтерисувања, се поставува и услов малтерисаната површина да биде погодна за нанесување на бои и тапети. Овој услов исто така се остварува со примена на погодни мешавини, на пример, со примена на мешавини со поситен агрегат и со поголема количина на врзно средство (глет-маса).

Малтерите за обработка на површини под земја треба да бидат што помалку пропустливи за вода и мораат да бидат добри подлоги за нанесување на различни видови хидроизолации. Водонепропустливоста на малтерите се остварува со употреба на цементни малтери подготвени со поголеми количини на цемент, како и со користење на соодветни адитиви (заптивачи, хидрофоби).

Во случаите кога се бара одредена хемиска отпорност, мора да се применат малтери подготвени со цементи отпорни на дадениот вид на агресија.

Sl. 13.5. Op{ta dispozicija za ispituvawe na athezija pome|u malter i podloga

Page 16: 13. Gradezni Malteri_09

16

Малтери за специјална намена Во оваа група на малтери спаѓаат:

декоративни малтери; малтери за хидроизолација; термоизолациони малтери; малтери за звучна заштита

малтери за заштита од зрачење

малтери за заштита од пожар

малтери за санација , или т.н. репаратурни малтери

1. Декоративни малтери

Во оваа група на малтери од посебно значење се малтерите за обработка на фасади, т.е фасадните малтери. Тоа се композитни материјали со најразличен состав. Главно, во минатото и денеска, како врзни средства во овие малтери се користи градежната вар и цементот.

Фасадните малтери се нанесуваат на ѕидови изведени од различни елементи за ѕидање или на бетонски ѕидови. Малтерисувањето се врши во слоеви и тоа најмалку во 2 слоја, најчесто во три слоја, а во зависност од типот на фасадата можно е бројот на слоевите да биде и поголем. Првиот слој вообичаено се нафрлува на ѕидната површина во дебелина од 5мм и е познат под името “шприц малтер”. Тој по правило представува течна мешавина на песок (обично 0/2мм) и цемент во размер 1:1 (се користи 400-600 кг цемент за секој 1м3 песок). Понекогаш, за да се намали впивањето на вода од страна на подлогата зависно од материјалот од кој е изведен ѕидот, како врзиво во првиот слој се користи и мешавина од цемент и вар во однос 6:1 до 8:1.

Вториот слој на малтерот за обработка на фасадите, вообичаено е продолжен малтер со поголема дебелина од 1.5-2.0см со различен однос на цемент:вар:песок: 1:1:5; 1:2:5; 1:1:6, 1:2:6 при што цементот е застапен со 150-300 кг/м3 малтер.

Завршните слоеви на фасадните малтери треба да задоволат и одредени естетски барања и најчесто се приготвуваат како обоени и спаѓаат во категоријата на племенити малтери. Се користат мешавини со различити врсти на агрегат, така што бојата и големината на зрната ќе имаат пресудна улога во постигнувањето на бараниот визуелен изглед. Еден од таквите племенити малтери е т.н “терабона” малтер, кој најчесто е компониран во следен состав:

цемент:вар:агрегат=1:3:9 или цемент:вар:агрегат=2:3:9 при што може да се користи обичен или бел цемент; агрегат од мешавина на камено брашно, декоративна дробина и мали количини на шљунак со големина на зрната од 1мм; во смесата се додава евентуално и саканата боја. После нанесувањето на овој слој од малтер, додека сеуште истиот е во свежа состојба се пристапува кон завршна обработка со цел да се оствари саканата

Page 17: 13. Gradezni Malteri_09

17

рапавост. Ова се постигнува со примена на различни гладалки кои при гладењето на површината ги повлекуваат со себе и крупните зрна на агрегатот создавајќи бразди со што се добива и саканиот ефект на рапавост на фасадната површина.

Во поново време како декоративни фасадни малтери се користат и полимер модифицирани цементни малтери, т.е цементните малтери со додаток на полимери. Најчесто како додаток се применува водена дисперзија на поливинилацетат (ПВА). За постигнување на соодветни визуелни ефекти се применуваат различни видови на агрегат и различни начини на завршна обработка. Ако овие малтери се негуваат на воздух, тогаш може да постигнат и 4 пати поголема јакост на свиткување, а преку 2 пати поголема јакост на притисок во споредба со истите малтери припремени без наведениот додаток. Исто така заради присуството на полимерот модифицираните малтери имаат помали волуменски деформации-не пукаат, и мало впивање на вода така што се по отпорни на дејство на мраз и имаат многу поголема моќ на прилепување-адхезија на подлогата на која се нанесуваат.

Освен овие класични малтерски мешавини, денеска широка примена имаат и фабрички припремени малтерски мешавини т.н суви фасадни малтери кои се јавуваат под различни трговски-маркетинг имиња. Најчесто тоа се тенкослојни малтери за завршна обработка кои влегуваат во склоп на специјални системи на фасади: “ДЕМИТ”, “СТИРОТЕРМ”, “СТО”, “АДИНГТЕРМ”, и др.

Во групата на декоративни малтери може да се придружат и т.н терацо мешавини со чија обработка се добива ефект на вештачки камен. Служат за обложување на подови, ѕидови, скалишни простори и др. Бараните ефекти се постигнуваат на тој начин што во цементниот малтер се додава декоративен агрегат со одредена големина на зрната и саканата боја. Се нанесува во слој од 2-3см на претходно обработена доволно рамна, најчесто бетонска површина. После стврднувањето на терацо малтерот, површината се бруси, т.е се глади со специјални машини и се мие така што се открива структурата на вештачкиот камен. Во зависност од големината на зрната на агрегатот, терацо подот може да биде: ситнозрнест-со големина на зрна од 2мм; среднозрнест со агрегат од 3-4мм; крупнозрнест со зрна 5-6мм. Малтерската мешавина може да биде составена на различни начини. Подолу е даден пример на една од возможните рецептури за терацо под со количините на составните компоненти за 1м2 површина и 1см дебелина на слојот: 8 кг бел цемент; 2кг камено брашно; 16кг декоративен камен-дробен мермер, гранит, и др.; 5кг вода; евентуално може да се додаде пигмент-150гр.

2. Малтери за заштита од зрачење

Овој тип на малтери спаѓаат во категоријата на т.н тешки малтери кои се користат како материјали за заштита од радиоактивно зрачење. Посебно е значајна нивната примена при обработката на ѕидовите и плафоните на рентген-кабинетите, кога се нанесуваат во неколку слоеви во зависност од саканото ниво на заштита. Во составот на овие малтери освен цементот како врзно средство се применуваат и т.н “тешки” агрегати, најчесто ситнозрнест песок од барит со големина на зрната од 1-2мм, вода и одредени додатоци кои содржат лесни елементи: литиум, бор и др. Со примена на наведените адитиви се придонесува за подобрување на заштитните особини на стврднатиот малтер

Page 18: 13. Gradezni Malteri_09

18

преку присуството на врзаната вода во цементниот камен, како и онаа која влегува во хемискоит состав на агрегатот и на додатоците. Размерот на малтерската мешавина од овој тип е во однос: цемент:песок =1:2.5 до 1:5, со тоа што во свежата мешавина се додават и адитви од типот на пластификатори и суперпластификатори со кои се обезбедува и соодветната обработливост.

Волуменската маса на малтерот за заштита од зрачење најчестосе движи во границите од 2500-3000кг/м3.

3. Малтери за заштита од пожар

Овие малтери се применуваат како облога на конструктивните елементи кои треба да се заштитат од делувањето на високите температури кои се развиваат при пожарите. Со повеќе испитување, а и од искуствата од веќе случени пожари, се дошло до констатација дека и со употребата на вообичаените малтери за малтерисување како варов, цементентен или продолжен малтер може да се обезбеди, во одредена мерка, зголемување на отпорноста на пожар особено ако се применети подебели слоеви на малтер. Меѓутоа многу подобри резултати се постигнуваат кога се користи алуминатен цемент. Најдобри резултати во однос на заштитата од пожар се постигнува со употреба на варов малтер во размер вар:кварцен песок=1:3 со додаток на 10% гипс.

Многу ефикасна противпожарна заштита на конструктивните елементи се обезбедува со примена на гипсот, било како додаток во варовот малтер или применет во чисто гипсените малтери во однос: гипс:агрегат=1:0 до 1:3. Ако овие малтери се применуваат во тенки слоеви секогаш треба да се армираат со мрежа од жица-рабиц мрежа.

Цементните малтери со полнила од лесен агрегат претставуваат, исто така ефикасна заштита од пожар. Вообичаено, како агрегат се користи содветно гранулирана згура од ложиштата на високите печки-шљака, дробена тула, “песок” или брашно од шамот, азбестни влакна или азбестно брашно, керамзит, перлит, вермикулит, и др.

Денеска многу голема примена имаат готовите, фабрички припремени малтери на цементна основа во кои како полнило се применуваат азбестни влакна или азбестно брашно. Тие се користат за противпожарна заштита на челични конструкции и се нанесуваат со прскање на елементите.

4. Малтери за санација - репаратурни малтери

Репаратурните малтери најмногу се користат за санирање на површинските оштетувања на бетонските конструкции. Доколку ошетувањата се на мали длабочини, при прснатини од неколку милиметри до максимум од 10 мм, тогаш се применуваат епоксидни композити во вид на паста со полнило од камено брашно, и малтери во кои како агрегат се користи кварцен песок со големина на зрната од 1мм. Се препорачува овие материјали да не се користат локално, на мали површини, туку при санацијата да се опфати поголема површина која би била изложена на деструктивни оптоварувања. Најчесто, репаратурните малтери се произведуваат фабрички при што во декларацијата се пропишани и условите на подготвување и техничките услови на примена, т.е начинот на вградување на истите.

Page 19: 13. Gradezni Malteri_09

19

За санирање на подлабоки површински оштетувања на бетонските конструктивни елементи, најчесто се користат полимер-модифицираните цементни малтери со полнило од адекватно гранулиран кварцен песок со големина на зрната до 4мм.

Во принцип, при примената на репаратурните малтери, посебно внимание се обрнува на обработката-припремата на површината што се санира со премачкување со претходни премази, т.н прајмери неопходни за остварување на квалитетна врска помеѓу репаратурниот слој и основниот бетон.