МСФИ КОНСАЛТ ИНГ е ‐ СПИСАНИЕ Страна 4 МСФИ ИНФОРМАТОР ‐ ФЕВРУАРИ 2014 ДДВ I. ВОВЕД Во “Службен весник на РМ” број 12 од 2014 година објавен е Законот за измену‐ вање и дополнување на Законот за ДДВ кој влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник , односно на 30 Јануари 2014 година . Една од најзна‐ чајните новини кои ги воведува овој Закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ е воведување на механизам на префрлање на даночната обврска (Reverse Charge) кај примателот на добра и услуги во градежништвото, во прометот со упо‐ требен материјал и во прометот на нед‐ вижности во извршна постапка или во пос‐ тапка на присилна наплата по пат на јавно наддавање. Примената на овој нов дано‐ чен концепт започнува на 1 февруари 2014 година. Во продолжение подетално низ практични примери ќе се осврнеме на на‐ ведените законски одредби. II. КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА КОНЦЕПТ НА REVERSE CHARGE ? Причините за воведувањето на механиз‐ мот REVERSE CHARGE согласно наводите на законодавецот се последица на тоа што во досегашната практика често пати биле кон‐ статирани злоупотреби во дејностите кои сега се опфатени со овој механизам на Re‐ verse Charge. Имено искуството на даночна‐ та администрација покажало злоупотреби во однос на плаќањето на ДДВ обврските во овие дејности кај одделни даночни обврз‐ СЕЗАИР РЕЏЕПАГИЌ МСФИ КОНС ЛТИН 02 3 11 23 23