Top Banner
Банкарски систем на Германија
39

Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Oct 25, 2015

Download

Documents

Filip Gjorgoski

fafaf
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Банкарски систем на Германија

Page 2: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Историја Најстара банка во Германија основана 1590

година на семејството БеренбергПо Втора Светска Војна – двоен систем на

централно банкарство ( 11 централни покраински банки плус една Сојузна Централна Банка )

1957 година- реорганизација и напуштање на системот на двојно банкарство ( соединување во една централна банка)

20.06.1948 година Германската марка како единствено платежно средство , се до 2002 година кога еврото и физички е воведено како платежно средство

Page 3: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

1.11.1999 создадена Европската Монетарна и Валутна унија со Договорот од Мастрихт и ЕСЦБ (Европски Систем на Централни Банки )

Бундесбанк е централна банка на Федеративна Република Германија и интегрален дел од ЕСЦБ

Седиштето на ЕЦБ се наоѓа исто така во Франкфурт

Deutsche Bundesbank е првата централна банка во светот на која и е дадена целосна независност- Bundesbank модел на централна банка

Page 4: Банкарски систем на Германија презентација.pptx
Page 5: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

DEUTSCHE BUNDESBANK(Централна Банка на Германија )

Седиште : Франкфурт ( Седиштето и на ЕЦБ се наоѓа во Франкфурт)

Основана : 1957 Централна Банка на :

-Германија ( 1990 ) денес

- Западна Германија ( 1957-1990) Највлијателен член на ЕСЦБ 9 покраински банки ( Regional Offices ) и 47

филијали во земјата

Page 6: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Основни функции

Емисија на банкноти деноминирани во евра

Регулирање на количеството пари во опток и стабилност на валутата

Банка на банките – грижа за ликвидноста и солвентноста на целокупниот банкарски систем ( систем на рефинансирање , задолжителна резерва)

Клириншка куќа –порамнување на сметките на банките

Page 7: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Основни функции ( продолжува)

Банка на државата

Чувар и управувач со девизните резерви

Банкарска супервизија

Информативна улога( извештаи , анализи , студии)

Page 8: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Организација и управувањеНајвисок орган на управување: Управен Одбор Состав : Претседателот на Централната Банка Заменик –претседателот 4 други членови со соодветни квалификации Именување : Претседателот , заменикот и еден од членовите ги

именува Претседателот на државата , а ги номинира Сојузната Влада

Останатите 3 члена ги именува Бундесратот ( законодавно тело кое ги претставува 16те покраини во Германија ) , во согласност со Сојузната Влада

Page 9: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Мандат : 8 години ( може да биде и пократок , но не пократок од 5 години)

Одлучување : гласање , по принципот на просто мнозинство

Главна улога во одлучувањето : претседателот

Централно извршно тело : ДиректориумотСоставен од : Претседателот на Централната Банка Заменик-претседателот 6 членови , задолжени за одделни сектори во

банката , и за една или две покраински банки

Page 10: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Управен одбор на Deutsche Bundesbank • Претседател ( во средина) : Dr Jens Weidman

•Заменик –претседател ( во средина):Sabine Lautenschlagger

Page 11: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Покраински банки ( Regional offices )

Дејствуваат на подрачјето на својата федерална единица

Раководство : Сопствени Управни ОдбориСостав на Управниот Одбор на покраинската банка: Претседателот на банкатаЗаменик-претседателот 1 или 2 други члена ( доколку е поголема банката)Совет (Beirat) – постои при секоја покраинска банка Состав на Советот ( до 14 члена) : -половина од нив се личности од банкарскиот сектор-останатите се претставници од индустријата ,

трговијата, земјоделството и други небанкарски сектори

Page 12: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Односот меѓу Централната Банка и Сојузната ВладаНЕЗАВИСНА од упатствата на Владата во

вршењето на своите задачи

Ја поддржува ОПШТАТА ПОЛИТИКА на Владата

СОРАБОТКА , а не подреденост на Централната Банка со Владата

Page 13: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Средства и обврски на Deutsche Bundesbank за јануари /фебруари 2012

Page 14: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Bundesbank за време на кризата имала побарувања во износ од 644 билиони евра кон други централни банки од еврозоната кои се вклучени во Таргет 2 системот на плаќање. Тоа доведува до нерамнотежи во системот на плаќање и одлив на капитал.

Page 15: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Германија како нето-кредитор за време на кризата во Европа

Page 16: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

 

Број на финансиски институции во Европа

Page 17: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Германски банкарски систем Комерцијалното банкарство во Германија 2,400 банки , со повеќе од 15,000 подружници –

филијали и над 700,000 вработениМали банки ( околу 400 на број ) со биланси на

состојба кои не надминуваат 100 милиони евра годишно

Големи банки( главните “играчи” во економската сфера) со годишен обрт на средства од билиони евра

Поделба на банките на 2 големи групи од аспект на активностите :

I. Универзални Банки II. Специјализирани Банки

Page 18: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

I. Универзални Банки Најчест вид на банки , одговорни за 75% од

трансакциите во банкарскиот секторКомерцијални банкиПоделени во 3 групи ( столба) :1. Приватни банки2. Јавни банки3. Коооперативни банки( кредитни задруги )

Page 19: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

1. Приватни банкиНудат стандардни банкарски услуги: -прифаќање чекови и штедни депозити - кредитирање на клиентите ( најчесто краткорочно) Поголемите банки се вклучени и во инвестициони

активности , а помалите имаат големо локално влијание и вршат активности поврзани со финансиите на домаќинствата( често се специјализираат и во индустриско финансирање и портфолио менаџмент)

Најголеми приватни комерцијални банки се :- Deutsche Bank- Comerzbank AG - Dresdner Bank - Landesbanken Berlin Holding AG - Postbank и др.• Работат како акционерски друштва и самите држат акции

на големи претпријатија и специјализирани банки• Не можат да учествуваат во сопственоста на јавните банки.

Page 20: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

2. Јавни банкиВо сопственост ( директно или индиректно) на јавниот

сектор т.е Владата, општините , градовите , кои се јавуваат како гаранти

Можат да бидат дефинирани и како јавни ако вршат услуги од јавен интерес

Здружение на Јавен Банкарски Сектор ( едно од водечките тела во банкарската индустрија )

- 34 вообичаена членови- Landesbanken како дел од Sparkaseen- Finanzgruppe се

дел од ова Здружение Главни активности: прибирање на штедни депозити ,

други банкарски работи во платниот промет , хипотекарни работи и активности на пазарот на капитал ( покраинските централни жирални институции )

Во јавни банки спаѓаат : Штедните банки( штедилници) Покраински централни жирални институции

Page 21: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Штедни банки

Познати во германското говорно подрачје како Sparkassen431 штедна банка , над 15,600 оддели и канцеларии и

вкупни средства од околу 1 трилион евраКомерцијални банки во децентрализирана структура,

независни и локално управуваниАктивности концентрирани на подрачјето на кое се наоѓа

( регионален принцип) Не се профитно-ориентирани и главно насочени кон

исполнување на јавниот интересНасочени кон :- подржување на процесот на акумулација на капитал и

штедење -јакнење на конкуренцијата во банкарската индустрија - финансиски и монетарни услуги во економски неразвените

региони

Page 22: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Логото на Sparkassen

Page 23: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Покраински жирални банки- LandesbankenТрадиционална улога – како централна институција на штедните

банки( клириншка куќа , држење на вишокот ликвидни средства , маркетинг услуги , инвестициони услуги на штедните банки) и како главна банка на одделно подрачје Land , на кое се наоѓа

Денес , главно се фокусирани на хипотекараните работи и активности на пазарот на капитал

Штедните банки и покраинските централните жирални институции имаат гаранција од јавноста, која осигурува дека тие во секое време можат да ги исполнат своите финансиски обврски ( ова особено е важно кај покраинските централни жирални институции кои користат повеќе пазарно рефинансирање , додека штедните банки ги користат своите депозити)

Оваа гаранција од државата тие ја користат за добивање висок кредитен рејтинг (ААА) и да ги намалат трошоците на финансирање;

Укинување на гаранциите на 1.07.2005 година , со тоа што направените договори во периодот 2001-2005 се важечки до 2015 година

Page 24: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Перформансите на многу од овие јавни банки ( особено на LB) биле слаби, а оние кои биле во особено лоша ситуација добивале голема помош од државата :

- Во времето на глобалната финансиска криза , се соочиле со големи загуби на своите инвестиции

- За да ја намалат загубата , биле помогнати со т.н капитални инјекции од страна на јавните сопственици и SoFin(Special Financial Market Stabilization Funds)

Page 25: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

3. Кооперативни банки ( Кредитни задруги)

Независни банкарски институции, во сопственост на нивните членови кои добиваат дивиденда во зависност од остварениот профит

Не се стандардно профитно-максимизирачки институции, нивна главна улога е да го поддржуваат бизнисот на нивните членови

Секој член има едно гласачко право , без оглед на инвестираниот капитал

Главно се занимаваат со прибирање наменски штедни влогови и кредитирање на своите членови

Главни претставници на овој вид банки : DZ Bank и WGZ-Bank;

Page 26: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

II Специјализирани банкиОбезбедуваат специфични финансиски услуги како и финансиска

помош за бизнисите Тука спаѓаат: Хипотекарни банки ( јавни и приватни) Финансиски институции за одобрување на потрошувачки кредити(

директно или индиректно преку трговските претпријатија) Инвестициони компании Станбени здруженија ( финансирање на изградба на сопствени

куќи и станови) – членовите депонираат средства на одредено време и по истекот на рокот депозитот им се враќа и се одобрува кредит

Банки со специјални функции ( финансирање на извозот, земјоделството, општествено-политички програми, трговијата , индустријата и сл.)

Page 27: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Оцена на работењето на Германскиот банкарски систем

Профитабилност

Во споредба со другите развиени европски земји , Германија има пониски стапни на поврат на средствата ROA и поврат на капиталот ROE ( Просекот на ROA и ROE е 0,2 % и 5 % респективно)

Page 28: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Капитална адекватност и учество на NPLs ( Non profit Loans)

Page 29: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Средства Средствата во однос на БДП изнесуваат над 300 % што е блиску до просекот на неколку европски земји, но сепак показателот е доста висок и ја зголемува изложеноста на ризик.Во однос на заемите , показателот од околу 39 % е помал од просекот ( 47%) , што покажува дека не се фокусираат на позајмување.

Page 30: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Индикатори за перформансите на Германскиот банкарски систем ( 2000-2007 )

Page 31: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Банкарска супервизија – Контрола на банкарското работење во Германија Еден од најрегулираните сектори во

економската сфера во Германија Законот за Банки ( Banking Act) како

примарна правна база за банкарска супервизија во Германија , прв пат воведен 1962 година

Ги содржи правилата и критериумите кои треба да се почитуваат при основање на банките и во понатамошното работење

Поделба на одговорноста за контрола меѓу Централната Банка и BaFin ( Сојузен Контролен Уред ) кое е под раководство на Министерството за Финансии

Page 32: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Процес на одобрување дозвола за отварање банка Потребно е да се добие пишана дозвола од Контролниот

уред , при што треба да бидат исполнети неколку услови:Минимум потребен почетен капитал , кој варира во

зависност од видот на банката , пример кај инвестиционите банки изнесува 730,000 евра , а кај банките кои работат со депозити и кредити 5 милиони евра

Најмалку 2 возрасни , искусни менаџер( извршни директори) , кои мора да бидат стручни и способни , како и да немаат криминално досие или учество во било какви нелегални бизнис активности

Издржлив бизнис план кој ќе ја содржи природата на активностите кои ќе се вршат , организационата структура и интерниот систем на контрола

Page 33: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Понатамошна супервизија Се врши на континуирана основа во текот на работењето на

банката , при што контролорите им придаваат важност на следните работи:

Дали дошло до промена на статутот на банката Дали и под какви услови се одобрени т.н големи кредити Дали е доделен кредит на членовите на управата на банката Дали одобрените кредити се уредно пријавувани кај

Централната банка Дали и на кој начин дошло до промена на капиталот Дали е пресметан и како е распределен остварениот доход

на банката Дали уредно се извршени обврските на банката спрема

државата Како се извршени другите обврски Оцена за работата на Управниот Одбор на банката Оцена за работењето на раководството на банката

Page 34: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Други елементи што се земаат во предвид при супервизијата Кредитнитте институции мора да имаат

адекватни сопствени средства, во зависност од нивото на ризик, на пример најмалку 8% од вкупните ризично пондерирани средства

Проверка на ликвидноста на банката т.е дали ги инвестираат своите средства на начин на кој нема да ги загрозат плаќањата на своите обврски

Проверка на сопствениот систем на контрола и управување со ризик на банката, т.е да имаат воспоставен сопствен Процес на проценка на капиталната адекватност( ICAAP –Internal Capital Adequacy Assessment Process)

Page 35: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Улогата на Централната Банка во контролата и супервизијата Централната Банка треба да врши анализа на извештаите и завршните сметки на

банките кои треба редовно да ги доставуваат и да оцени дали процедурите за управување со капиталот и ризикот се адекватни. Нејзините активности вклучуваат:

Давање на оцена при отварање на нова банка, особено за адекватноста на капиталот и стручноста и способноста на раководството

Контрола на доследноста во спроведувањето на мерките и одлуките што таа ги донесува , од страна на банките

Контролирање на одредени законски ограничувања како на пример : -заемите и инвестициите на банката да не го преминат износот кој би бил 18 пати

поголем од гарантниот капитал на банката Нето остварената позиција на тргување со девизи и злато да не биде поголема од

30% и од сопствениот капитал Долгорочните заеми и инвстиции да бидат финансирани од долгорочни извори на

средства Вкупната сума на одобрени големи кредити да не надминува 50% од вкупните

кредите на банката ( “голем” кредит е секој оној кој надминува 15 % од сопствениот капитал на банката и мора да биде пријавен кај Централната Банка)

Централната Банка на Германија дала голем придонес во Ревизираниот Договор на Базелскиот Комитет за банкарска супервизија ( Basel II) од 2004 година , и прилагодувањата направени во 2010 година(Basel III).

Page 36: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Силни и слаби страни на Германскиот банкарски сектор

Силни страни Слаби страни Долга традиција и репутација како еден

од најстабилните банкарски системи во светот

Нуди широк асортиман на финасиски услуги , особено на т.н medium sized companies , столбот на Германската економија

Јавните банки обезбедуваат разновидни , специјализирани услуги за локалните бизниси и домаќинства

Свесност за потребата од реконструирање на системот , и направени обиди преку неколку аквизиции

Обидите за реконструкција ги направи германските комерцијални банки помалку ранливи на обидите за преземање од страна на странски банки

Ригидната структура ( 3те столба) и можност за консолидација само во рамките на секој столб

Голем број на банки и деловни единици по жител, и можна потреба од намалување на бројот

Зголемена интернационална конкуренција и потреба од поригиорозна регулација

Профитабилноста на германските банки е сеуште пониска во однос на други развиени земји

Deutsche Bank е сеуште единствен глобален “играч”

Page 37: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Слаби страни на системот ( продолжува) Притисок врз системот , за време на глобалната

финансиска криза како резултат на :1. Изложеност на т.н toxic assests( токсични средства)

кои потекнуваат од САД2. Активностите на Landesbanken кои бенифицираа од

гаранциите на Владата , и отсуство на соодветен бизнис модел

3. Слаба капитализација и голема фрагментација на целиот банкарски систем , поврзано со ригидноста на три-столбниот банкарски систем

4. Недостатоци во банкарска супервизија и регулација 5. Висок левериџ на банките и ниска профитабилност

( особено на јавните банки) споредено со други земји на OECD)

Page 38: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Левериџот на домашните банки во Германија е највисок споредбено со други развиени земји во Европа .

На сликата е прикажано учеството на хибридни средства во вкупните средства , на домашни приватни банки , потоа профитабилноста на банкарскиот сектор во Германија , споредено со други земји .

Page 39: Банкарски систем на Германија презентација.pptx

Ви благодарам на вниманието