Договорна логистика Kuehne + Nagel е една од светските водечки компании во областа на договорната логистика, со повеќе од 7 милиони квадратни метри магацински и логистички простор ширум 60 земји во светот. Ние сме сериозен партнер за преземање на логистиката од компаниите заради обезбедување и управување со сложени ланци на достава. Нашите интегрирани услуги кои ги опфаќаат сите аспекти на логистичко планирање, контрола и извршување, од местото на преземање до местото на испораката се дизајнирани да ја претворат Вашата логистика во конкурентна предност. Нашиот пристап се заснова на: à à à Познавајќи ја Вашата основна дејност и потреби, ние прераснуваме во продолжена рака на Вашиот бизнис предвидувајќи ги Вашите барања и делувајќи ургентно Одлично водење на операциите и постојаност во сите глобални операции преку стандардот на деловна култура и процеси Овозможување информации за ланецот на достава преку развој на глобалната видливост и на услугите “знаеме како” Решенија за складирање Нашата мрежа за договорна логистика е една од најголемите во светот со повеќе од: l l l 500 мултифункционални и наменски дистрибутивни центри 7 милиони квадратни метри 60 земји во светот Ние ги комбинираме складирањето, транспортот и дополнителните услуги за да обезбедиме соодветна рамка за задоволување на Вашите потреби. Капацитетите на Kuehne + Nagel се карактеризираат со интегрирани процеси и системи, така што Вие добивате постојано известување и фактурирање. Единствената системска станица ги поедноставува сите барања за размена на податоци, а нашите системи за водење на магацини се целосно интернет базирани. Истото ниво на контрола се проширува до Вашите дистрибутивни локации ширум светот. Потребен ви е царински магацин? Нема проблем. Ние имаме локации кои се глобално овластени од царинските власти. Глобалната логистичка мрежа на Kuehne + Nagel им овозможува на мултинационалните корисници да влезат во единствениот систем на постојани и висококвалитетни дистрибутивни услуги на меѓународен план. Ваш контакт во Македонија: Кине и Нагел дооел Лисец б.б. 1000 Скопје, Македонија Тел: +389 2 2786 000 Фах: +389 2 2786 001 sales.skopje@kuehne-nagel.com www.kuehne-nagel.mk