Проектот е имплементиран од Партнeрство за успешност на инструментите за поддршка на МСП Проектот е финансиран од Европската унија Скопје 17.04.2018 ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА Анализа на опфатот и ефективноста на програмите на државните институции за поддршка на МСП во Република Македонија Содржина Предговор .......................................................................................................................................................................... 3 Вовед ..................................................................................................................................................................................... 3 Секторот МСП во Република Македонија .................................................................................................... 4 Цел и методологија .................................................................................................................................................. 5 1. Политики за поддршка на МСП во Македонија ....................................................................................... 6 1.1 Стратешки документи на ЕУ ....................................................................................................................... 6 1.2 Програми за поддршка на МСП во Македонија ................................................................................. 8 1.2.1 Програма за конкурентност, иновации и претприемништво .......................................... 8 1.2.2. Програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на МСП ..................................................................................................................................... 9 1.2.3 Програми за поддршка на сектори и индустрии .................................................................. 10 1.3 Раководење со политиките и инструментите за поддршка на МСП на ниво на земји членки .......................................................................................................................................................................... 10 2. Мерење на успешноста на политиките и инструментите за поддршка на МСП................. 12 2.1 Следење и мерење на успешноста ......................................................................................................... 12 2.1.1. Успешноста на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (МЕ) ........................................................................................................................................................................... 12 2.1.2. Успешноста на Програмата за претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на МСП (АППРМ) ............................................................................................................. 13 2.1.3 Следење на успешноста на мерките според принципите на АМП ............................. 14 2.2 Програми на меѓународни донатори................................................................................................... 17 3. Заклучоци ................................................................................................................................................................... 19 4 Препораки за политиките на МСП во Македонија ................................................................................ 20
20
Embed
ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА Содржинаmca-2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/1.1... · Проектот е имплементиран од Партнeрство за
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Проектот е имплементиран од
Партнeрство за успешност на инструментите за поддршка на МСП
Проектот е финансиран од Европската унија
Скопје 17.04.2018
ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА
Анализа на опфатот и ефективноста на програмите на државните институции за
Секторот МСП во Република Македонија .................................................................................................... 4
Цел и методологија .................................................................................................................................................. 5
1. Политики за поддршка на МСП во Македонија ....................................................................................... 6
1.1 Стратешки документи на ЕУ ....................................................................................................................... 6
1.2 Програми за поддршка на МСП во Македонија ................................................................................. 8
1.2.1 Програма за конкурентност, иновации и претприемништво .......................................... 8
1.2.2. Програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и
иновативноста на МСП ..................................................................................................................................... 9
1.2.3 Програми за поддршка на сектори и индустрии .................................................................. 10
1.3 Раководење со политиките и инструментите за поддршка на МСП на ниво на земји
4 Препораки за политиките на МСП во Македонија ................................................................................ 20
Проектот е имплементиран од
2
Табели
Табела 1:Дефиниција на микро, мали и средни претпријатија ............................................................ 3
Табела 2 Основни Податоци за МСП во Македонија ................................................................................... 4
Табела 3 Мерки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво ................ 8
Табела 4 Програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и
иновативноста на МСП .............................................................................................................................................. 9
Табела 5 Износ на средства пласирани за развој на МСП „000“ денари ........................................ 10
Слики
Слика 2 Споредба на придонесот на МСП во Македонија со МСП во ЕУ .......................................... 4
Слика 2 Структура на институциите за поддршка на МСП ................................................................. 11
КРАТЕНКИ
АВРМ Агенција за вработување на Р. Македонија
АППРМ Агенција за поддршка на претприемништвото на Р. Македонија
АППТ Агенција за промоција и поддршка на туризмот
АФПЗРР Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
GIZ RED Програмата за регионален економски развој во Р. Македонија
ЕБОР Европска банка за обнова и развој
ЕЛС Единица на локална самоуправа
ЕУ Европска Унија
ИПА Инструмент за претпристапна помош
ИПР Источен плански регион
ЛЕР Локален економски развој
МБПР Македонска банка за поддршка на развојот
МЕ Министерство за економија
МСП Мали и средни претпријатија
SDC Швајцарска развојна соработка
SECO Државен секретаријат за економски работи на Швајцарија
ССК Сојуз на Стопански комори
УНДП Програма за развој на Обединетите Нации
УСАИД Агенција за меѓународен развој на САД во Р. Македонија
ФИТР Фонд за иновации и технолошки развој
Проектот е имплементиран од
3
Предговор
Овој документ е изработен во рамки на проектот „Партнерство за успешност на
инструментите за поддршка на МСП –ПУИП“ имплементиран од МКА 2000.
Намерата на документот е да даде преглед на практиките во Република Македонија за
поддршка на малите и средните претпријатија и анализа на основните принципи во
дефинирањето на инструментите за поддршка на МСП.
Вовед
Поддршката на МСП е приоритет во Република Македонија на три нивоа: национално,
регионално и општинско, со цел обезбедување економски раст и вработувања. Во 2017
година секторот МСП го достигна ниво од 15 % зголемување на додадената вредност од
онаа на 2008 година.1
Политиките на РМ се насочени во две насоки: (а) дизајнирање на програми за поддршка
на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста (во тие рамки и на млади
претприемачи и женско претприемништво) и (б) спроведување на секторски програми
(туризам, земјоделие, рурални области, преработувачка индустрија, автомобилска, ИКТ)
.
Табела 1:Дефиниција на микро, мали и средни претпријатија
Големина на друштвото
ЕУ дефиниција Закон за трговски друштва 2004 г. (Изменет и дополнет 2013 г.)
Микро <10 вработени
≤ЕУР 2 милиони обрт или биланс на состојба
<10 вработени
≤ЕУР 50.000 бруто годишен приход, изразен во МКД
Мало 10 до 50 вработени
ЕУР 2–10 милиони обрт или биланс на состојба
≤ 50 вработени, И
≥ ЕУР 2 милиони годишен приход, изразен во МКД, ИЛИ
< ЕУР 2 милиони годишен обрт (вкупни средства во актива), изразен во МКД
Средно <250 вработени
≤ЕУР 50 милиони обрт
≤ЕУР 43 милиони биланс на состојба
≤250 вработени, И
≥10 милиони ЕУР годишен приход, изразен во МКД, ИЛИ
< ЕУР 11 милиони годишен обрт (вкупни средства во актива), изразен во МКД
1 SME Fact sheets, Performance Review 2016/2017 https://ec.europa.eu/neighbourhood-
1.5 Сертификација ХАЛАЛ -70% 1,400,000 200,000 7 2,200,000 200,000 111.6 Кофинансирање проекти за МСП 3,500,000 150,000 23 2,000,000 200,000 10
1.7 Кофинансирање проекти за Бизнис ангели 1,000,000 500,000 2
1.8 Основање технолошки парк 1,500,000 1,500,000 1
1.9 Кофинансирање проекти КОСМЕ 1,000,000 1,500,000 1
1.10. Поддршка за консултантски услуги 1,200,000 60,000 20
1.11 Купување на опрема за обука-50% 2,400,000 1,200,000 2
1.12 Обука на вработените 600,000 12,000 50
1.13 Промотивни активности 280,000 30,000 9 280,000 30,000 9
2 Имплементација Индустриска Политика 1,500,000 11 3,800,000 18
2.1
Зголемување на конкуретноста на
деловни субјекти 1,200,000 7 3,100,000 18
а
75 % од трошоците за развој на производ
и развој на пазар 900,000 180,000 5 2,500,000 180,000 14
б Длабински обуки 300,000 150,000 2 600,000 150,000 4
2.2 Стратешки документи и анализи 300,000 75,000 4 700,000
3
Поддршка и развој на кластерско
здружување
3.1 поддршка на проекти 1,600,000 800,000 2 5,000,000 1,000,000 5
ВКУПНО 26,890,000 144 47,190,000 240
Проектот е имплементиран од
9
Преку програмата се испорачуваат мерки во вредност од 400.000 до 650.000 евра со опфат
на МСП од 13- до 210 претпријатија годишно. Прегледот на мерките од оваа програма во
периодот 2010-2015 даден е во Анекс16
1.2.2. Програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на
МСП
Програмата во последните 5 години спроведува ист тип на мерки во вредност од 3.900.000
денари. Прегледот на мерките од оваа програма во периодот 2010-2015 даден е во Анекс17
Табела 4 Програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на МСП
Р.бр Опис на мерката Вк.МКД По апликант
Макс бр на апликанти
1 Ваучерски систем -МСП 900,000 45,000 20
2 Инфо пулт -МСП 300,000 750 400
3 Претприемачко образование -ученици 300,000 2,000 150
4 Обуки за Бизнис План -студенти 300,000 1,000 300
5 Обуки наставници по претприемништво 300,000 3,000 100
6 Обука на студенти за аплицирање за работа 300,000 2,000 150
7 Кофинансирање ЕУ недела за претприемништво 150,000 150,000 1
8 Менторство за старт ап фирми-3 работилници 200,000 66,667 3
9 Обука за локални консултанти 250,000 10,000 25
10 Обуки за зголемување на конкурентноста на МСП 300,000 2,000 150
11 Год Извештај -Опсерваторија за МСП 200,000 200,000 1
12 Обука за општествена одговорност на претпријатијата 200,000 3,333 60
13 Женско претприемништво 100,000 20,000 5
14 Кофинансирање донаторски проекти 100,000 100,000 1
ВКУПНО 3,900,000 1,366
Извор: Службен весник на РМ б. 192/2016
Во табела 1 се прикажани мерките на програмата според целните групи. Општа забелешка
е дека програмата има мал број на мерки за директна поддршка на МСП во Македонија.
Согласно Владините одлуки за програмите извештаите за програмите треба да се
изработат до 31.01. наредната година (АППРМ) и 31.03. наредната година(
Министерството за економија).
6 Државен завод за ревизија, Ревизорски Извештај, 2016, Прилог 1, страна 58 7 Државен завод за ревизија, Ревизорски Извештај, 2016, Прилог 2, страна 59
Проектот е имплементиран од
10
1.2.3 Програми за поддршка на сектори и индустрии
Износот на средства пласирани за развој на МСП се прикажани во табела 5
Табела 5 Износ на средства пласирани за развој на МСП „000“ денари
Р. бр Институција -Програма
2014
2015
Индекс 2015/2014
износ Структура Износ Структура
1 Сектор за конкурентност и претприемништво МЕ 7,054 0.3% 61,192 2.2% 867.48
2 Агенција за поддршка на претприемништвото во РМ 3,900 0.2% 3,900 0.1% 100.00
3 Бизнис центри за МСП и Центрите на планските региони 6,288 0.3% 6,288 0.2% 100.00
4 Фонд за иновации и технолошки развој 0 0.0% 289,053 10.6%
5 Агенција за вработување на РМ 117,311 5.5% 97,625 3.6% 83.22
6 Агенција за финансиска поддршка на земјоделието 1,984,703 92.6% 2,241,160 82.4% 112.92
7 Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот 492 0.0% 492 0.0% 100.00
8 Агенција за поддршка и промоција на туризмот 23,273 1.1% 20,729 0.8% 89.07
ВКУПНО 2,143,021 100% 2,720,439 100% 126.94 Извор: Државен завод за ревизија, Ревизорски извештај 2016
Очигледен факт е дека средствата што се пласираат преку програмите по сектори и
индустрии е значително поголем од средствата кои се фокусирани на развој на
претприемништвото и конкурентноста.
Доколку се изземат средствата за земјоделие, средствата што се пласираа годишно за
развој на МСП изнесуваат од 2,5 милиони евра до 7 милиони евра.
Опфатот и бројот на претпријатијата не е прикажан во програмите , а не постојат извештаи
од наведените институции кои се достапни за јавност.
1.3 Раководење со политиките и инструментите за поддршка на
МСП на ниво на земји членки
Спроведувањето на политиките за МСП е во надлежност на Министерството за економија,
додека пак Програмите се реализираат преку Агенции под надлежност на одгворното
министерство за секторот или индустријата. Следно ниво на спроведување на Програмите
се Бизнис центрите за поддршка на МСП и центрите на планските региони во република
Македонија.
Накратко испораката на поддршката е организирана на ниво на владини министерства,
плански региони и единиците на локална самоуправа
Проектот е имплементиран од
11
Слика 2 Структура на институциите за поддршка на МСП
Спроведувањето на програмите е во надлежност на Агенции . Стратешките документи се
носат на период од 4-6 години, додека работните програми на период од една година .
Разработката на програмите на годишно ниво ги опфаќаат: мерките: вкупниот износ на
средства што ќе се додели , максималниот износ на грантот; подобноста на апликантите
и документација за користење на средствата критериуми за распределба на средствата
Република Македонија е задолжена да спроведува мерки за поддршка на МСП согласно 10
те принципи на АМП:
i. Прво мисли на малите, кој се однесува на проценка на националните политики во
однос на нивното влијание на МСП. Носењето на законите вклучува и МСП тест за
оценка на влијанието на предложената законска регулатива врз работењето на МСП
ii. Претприемништво, промоција на претприемништвото и опфатот на различни
социјални групи, млади, жени, ранливи групи и други невработени лица.
iii. Втора шанса, за охрабрување на оние што претходно не успеале во бизнисот и
поддршка за повторно отпочнување на бизнис;
iv. Одговорна администрација, во однос на пристап до информации и услуги,
инфраструктура на е-Влада, како и плаќањето на даноци и такси;
v. Државна помош и јавни набавки, нивото на поддршка на МСП со државни
програми и критериуми за учество на МСП во јавните набавки;
vi. Пристап до финансии, расположливите кредитни линии и друга понуда на
финансиски инструменти за МСП;
Центри за поддршка
на МСП -9
Инкубатори
Приватни
консултанти
Други институции
Плански Региони
8
Канцеларии за
Локален
економски развој
84+1 Општини
Регионални
центри
Центри за
вработување
30
Проектот е имплементиран од
12
vii. Единствен пазар, различни форми на поддршка на квалитетот на производите на
МСП и нивно вмрежување за подобар настап на ЕУ пазарот;
viii. Вештини и иновации, можности за развој на човечките ресурси на МСП и
поддршка на инхоативниот потенцијал на МСП;
ix. Околина, видовите поддршка на МСП кои делуваат во областа на заштита на
околината и заштеда на енергија;
x. Интернационализација, мерки за поддршка на МСП за влез на нови пазари
Македонија МСП повереник во министерството за кој е задолжен за координирање на
мерките на Владата за спроведување на АМП. Неговата улога е да ги координира
активностите со коморите и граѓанските организации во планирањето на мерките на
владата, како и да ги идентификува потребите на МСП за поддршка на нивниот раст.
Главна карактеристика во раководењето со политиките и инструментите за поддршка на
МСП е дека не постои јасна поделба на надлежностите согласно донесените стратешки
документи ан Владата.
НАПОМЕНА: Повеќе за сите расположливи видови поддршка ( финансиска и не- финансиска)
на МСП во Македонија во каталогот –Анекс 1.2б8
2. Мерење на успешноста на политиките и инструментите за
поддршка на МСП
Мерењето на успешноста на политиките за поддршка на МСП не возможно да се анализира
детално , поради отсуството на јавност во извештаите на институциите што ги
спроведуваат програмите и мерките.
2.1 Следење и мерење на успешноста
Фокус во следењето на политиките е даден на двете главни програми за поддршка на
претприемништвото .
2.1.1. Успешноста на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (МЕ)
Согледувањата за програмата се презентирани според распоредените, средства,
постигнатото влијание , оценка на постигнатите резултати и анализа на ефективноста на
трошоците за раководење на програмата 9.
А. Распоред на средства
Вкупно € 386,829 во 2017 и € 624,228 во 2018
65% од средствата се однесуваат на директна поддршка на МСП, а останатите за
индиректна поддршка на здруженија за поддршка на МСП
Околу 200 МСП се вклучени во програмата годишно , 0,36% од вкупниот број на
МСП во РМ
8 Проект ИМЕ и Сојуз на Стопански Комори на Македонија (2018) „Каталог на Бизнис поддршка и услуги за бизнис
секторот во Република Македонија “. 9 Евалуација на авторот
Проектот е имплементиран од
13
Не постојат податоци за поддршка според секторите и индустриите и според региони
Б/ Влијание на програмата
o Не постојат анализи и евалуации за влијанието на вработувањето, растот,
конкурентноста и иновациите.
o Во наодите на Ревизорскиот Извештај од 2014 година препорака е да се следат
податоците за учеството на МСП во БДП, додадена , вредност и вработувањата
како резултат на владините мерки
Не постојат ни анкети со МСП за нивното задоволство од користените мерки за поддршка
и нивен повратен коментар за задоволството од користените мерки.
В/ Оценка на постигнатите резултати
Во отсуство на јавни податоци не е презентиран оценка на постигнатите резултати, во
однос на релевантност на програмата, ефективност, ефикасност, и кохерентниот -
поврзаност со други програми
Просечно време за одобрување на средствата околу 6 месеци . Не е можно да се пресмета
доделено € 1 на програмата колку носи корист во € ......
Г/ Анализа на ефективноста на трошоците за раководење на програмата
Трошоците за раководење на програмите се водат во рамки на буџетот на министерствата,
па не е возможно да се анализира ефикасност на трошоците за раководење на програмите.
И тоа се Услужени МСП на 1 милион денари трошоци за раководење; истото важи за Вкупен
приход и Вработувања- работни места
2.1.2. Успешноста на Програмата за претприемништвото, конкурентноста и иновативноста
на МСП (АППРМ)
А. Распоред на средства
Вкупно € 65,000 секоја година
31% од средствата се однесуваат на директна поддршка на МСП, а останатите за
индиректна поддршка на ученици, студенти, жени, наставници, консултанти за
промоција на претприемништвото.
Околу 40 МСП се вклучени со директна поддршка од програмата годишно ,
Не постојат податоци за поддршка според секторите и индустриите и според региони
Б/ Влијание на програмата
o Не постојат анализи и евалуации за влијанието на вработувањето, растот, конкурентноста и иновациите.
o Во наодите на Ревизорскиот Извештај од 2014 година препорака е да се следат
податоците за учеството на МСП во БДП, додадена , вредност и вработувањата
како резултат на владините мерки
Проектот е имплементиран од
14
Постои анкета со МСП за нивното задоволство од користените мерки за поддршка и нивен
повратен коментар за задоволството од користените мерки. Анекс 1.2в.10 Извештај за
задоволството не е достапен за јавноста.
В/ Оценка на постигнатите резултати
Во отсуство на јавни податоци не е презентиран оценка на постигнатите резултати, во
однос на релевантност на програмата, ефективност, ефикасност, и кохерентниот -
поврзаност со други програми
Просечно време за одобрување на средствата околу 6 месеци . Не е можно да се пресмета
доделено € 1 на програмата колку носи корист во € ......
Г/ Анализа на ефективноста на трошоците за раководење на програмата
Трошоците за раководење на програмите се водат во рамки на буџетот на министерствата,
па не е возможно да се анализира ефикасност на трошоците за раководење на програмите.
И тоа се Услужени МСП на 1 милион денари трошоци за раководење; истото важи за Вкупен
приход и Вработувања- работни места
2.1.3 Следење на успешноста на мерките според принципите на АМП
Мерките се следат според нивната поврзаност со принципите на АМП. Во Македонија
земја спроведува од 15 до 20 мерки годишно за исполнување на критериумите на АМП, (
мерки и оценка на напредокот во принципите на АМП.
Секоја мерка се следи според следните критериуми: наслов, тело за споредување, описот и целта на мерката, поврзаност со принципот на АМП, целната популација , вкупен годишен
буџет и очекувано влијание на мерката во секторот МСП. Презентирањето на мерките е
во ексел документ
Наративниот дел од Извештај се однесува на оценка на напредокот кај секој принцип на
АМП, притоа посочувајќи ги мерките и инструментите на владата кои придонеле за
напредокот. За секој принцип се презентираат примери на добри пракси.
Со Fact Sheet се бодира степенот на остварување на секој принцип на АМП. Исто така се
објаснува придонесот на МП во секој сектор од економијата во поглед на нови
претпријатија, нова додаден вредност и вработувања. Овој извештај го изработува
Европската Комисија.
Кај секој принцип на АМП постојат индикатори за ефектите врз работењето на МСП. Со
болдирани букви се индикаторите што се под просекот во ЕУ, (негативно отстапување)
а останатите се индикаторите кои се над просекот на ЕУ.
Прво Мисли на малите
Можност за влијание на законската регулатива и политиките
Јасна процедура на консултации со бизнис секторот и граѓанските организации
Користење на МСП тест
10 Прашалник за успешност, АППРМ
Проектот е имплементиран од
15
Претприемништво –како процент од населението ангажирано во мерките
o Претприемачки активности во рана фаза, посебно за жени претприемачи
o Стапка на формирани сопствени претпријатија
o Претприемништво водено од можности
o Претприемачки намери , (% на население што сака да стане претприемач)
o Давање на висок статус на успешни претприемачи
o Медиски простор посветен на претприемништвото
o Едукација за претприемништво во основните и средните училишта
Втора шанса
Потребно време за решавање на несолвентноста
Индекс на рамката на несолвентност
Трошоци за решавање на несолвентноста
Стапка на страв од бизнис неуспех
Одговорна администрација
Минимум влог за почнување на бизнис
Потребно време и трошоци за трансфер на сопственоста ( време- 30 денови)
Број на плаќања на даноци
Потребно време за плаќање на даноците
Трошоци за решавање на спорови по Договори
Онлајн интеракција на МСП со владини авторитети
Број на процедури за отпочнување на бизнис
Оптеретување со регулатива
Компетентност и ефективност на владините кадри за поддршка на нови и
бизниси што растат
Државна помош и јавни набавки,
Процент на МСП што поднеле електронски понуди преку системот на е-набавки
Пристап до финансии,
o Одбиени апликации за кредит ( % од вкупни апликации)
o Пристап до јавна финансиска поддршка, вклучувајќи и гаранции
o Волност на банките да обезбедат кредити
o Фондови за влогови во приватните претпријатија или оние што растат
o Фондови на Бизнис ангели за приватните претпријатија или оние што растат
Единствен пазар,
Лесен пристап до пазарот на нови фирми и оние што растат
Пристап до пазарот на нови фирми и оние што растат, без да бидат блокирани од постоечките
Вештини и иновации,
Процент на фирми што воведуваат иновации во производот или процесите
Процент на фирми што воведуваат иновации во маркетингот или
организациската поставеност
Проектот е имплементиран од
16
Процент на фирми што иновираат внатре во фирмата
Процент на фирми што соработуваат со други
Продажба на пазарни –иновации ( процент од вкупна продажба)
Процент на МСП што продаваат онлајн
Процент на МСП што купуваат онлајн
Процент на вработени со ИТ вештини
Процент на МСП што обезбедуваат обуки за ИТ вештини на вработените
Расположив фонд за ИиР ( Истражување и развој ) за МСП
Околина,
Процент на МСП што применуваат мерки за ефикасно користење на ресурси
Процент на МСП што имаат корист од јавни мерки за нивните активности за заштеда на ресурси
Процент на МСП што нудат „зелени“ производи ( заштита на околината и/или заштеда на ресурси)
Процент на МСП чиј приход од „зелени“ производи и услуги надминува 50% од
вкупниот приход
Процент на МСП што имаат корист од јавни мерки за нивното производство на зелени“ производи и услуги
Интернационализација
Време за подготовка на извозена документација
Трошоци за подготовка на извозена документација
Време за подготовка на увозна документација
Трошоци за подготовка на увозна документација
Сите овие критериуми за мерење на оптеретувањата на МСП ( во време и пари) се основа
за оценка на прогресот во спроведувањето на АМП и националните политики за МСП
2.1.3.1 Следење на успешноста во раководењето на политиките за МСП
Следењето на напредокот во поддршката на МСП се остварува со бројот на најавени и
реализирани мерки, вклученоста на МСП во планирањето и оценката на повратот на
вложените средства.
Најавени и спроведени мерки/политики
Следењето на мерките се оценува според бројот на најавени мерки на почетокот на
годината со бројот на реализирани мерки од страна на надлежните органи.
Координирање на мерките и политиките и вклученоста на МСП
Координирањето се спроведуваа преку МСП повереникот во делот на утврдување на
потребите на МСП, јасни процедури за нивна вклученост во дизајнирањето на мерката и
координирање на процесот на спроведување на мерките.
Оценка на повратот на вложените средства
Оценката на повратот на вложените средства се мери според придонесот во бројот на нови претпријатија, новата додадена вредност и бројот на вработувања. Дополнителни
индикатори за оценување се продуктивноста и висината на трошоците за работна сила.
Проектот е имплементиран од
17
2.2 Програми на меѓународни донатори
Програмите на меѓународните донатори се преземени од постоечки документ.11
а) Програмата за развој на Обединетите Нации во Р. Македонија – УНДП
(www.mk.undp.org): опфаќа проекти за поддршка на услугите на локално ниво
вклучувајќи иновативни облици на испорака на локалните услуги преку меѓуопштинска
соработка, создавање мрежи за инклузивен локален и регионален развој, поддршка за
програмирање и спроведување на децентрализацијата, како и проекти поврзани со
активните мерки за вработување, поддршка на младите и жените во сите региони и
повеќето општини во Република Македонија.
Активностите на УНДП во Р. Македонија, меѓу другото, ги вклучуваат и следните
програми:
Промоција на одржливи вработувања: програма преку која повеќе од 8.000 жители на Р. Македонија обезбедија вработување преку создавање сопствени
компании или формализација на нивните постоечки бизниси;
Зајакнување на ефективноста на поддршката: проект кој обезбедува поддршка на Секретаријатот за европски прашања во насока на зајакнување и
промоција на агендата за ефективноста на поддршката во многу полиња, како:
развој на човечки капитал, промоција на бизнис развој, компетитивност и
иновација, земјоделие, екологија, правда и внатрешни работи, локална самоуправа,
децентрализација и реформи во јавната администрација;
Локален развој: проект кој им помага на локалните самоуправи во
справувањето со комплексните реформи, осигурувајќи ефикасни
транспарентни услуги на сите жители на локалните самоуправи со цел
обезбедување локален развој. Овој проект им помага на локалните самоуправи во
прифаќањето на интегриран пристап кон развојот, вклучително економските и
социјалните аспекти;
Добро владеење - испорачување подобри услуги на сите: проект кој има за цел
да ги зајакне институциите и да ги развие вештините на јавните администратори
во креирањето политики и испорачувањето подобри услуги за сите;
Социјална инклузија - зајакнување на најранливите категории во
општеството. Цел на овој проект е поддршка на националните напори кои ја
подобруваат социјалната и економската положба на индивидуи и групи на работ
на социјална ексклузија;
Енергија и животна средина - осигурување одржлив развој: проект кој има за цел да им помогне на одлучувачите во инкорпорирањето на акции против
загадување, губење на биодиверзитетот, зависност од енергија и климатски
промени во работењето на нивните институции
б) Програмата за регионален економски развој во Р. Македонија - GIZ RED
(www.giz.de/en): програма за билатерален развој и кооперација со Р. Македонија која
функционира уште од 1992 година. Тековните билатерални кооперативни активности со
11 Гешталт Солушн ( 2015-2020) „Програма за развој и поддршка на бизнис секторот во источниот Плански регион“.стр.24-33
Р. Македонија се фокусирани на следните приоритетни области: Одржлив економски
раст и Демократизација и граѓанско општество.
ГИЗ РЕД промовира регионален и локален економски развој, како и поддршка на
автономната имплементација на ЕУ политиките во насока на избалансиран регионален
развој во Р. Македонија. ГИЗ РЕД Програмата во Р. Македонија вклучува Програма за
регионален и локален економски развој,преку која на регионалните структури им се
овозможува да планираат, имплементираат и менаџираат комплексни регионални мерки,
како и мерки со среднорочно и долгорочно ЕУ финансирање и тоа на транспарентен и
ефикасен начин.
Клучен национален проект е „Регионален и локален развој“, проект чии партнери се
Кабинетот на потпретседателот на Владата на РМ за економски прашања и
Министерството за локална самоуправа. Преку овој проект дефинирани се и
поддржани капацитетите на национално ниво, активностите на регионално ниво и
работењето на Центрите за развој на планските региони.
Тематски поврзан е проектот за Мрежата на локални заедници во Југоисточна Европа
(НАЛАС).
в) Агенција за меѓународен развој на САД во Р. Македонија (УСАИД)
(www.usaid.gov): ги поддржува напорите на Р. Македонија во зајакнувањето на
демократските практики и институции, зголемувањето на економскиот раст и
подобрувањето на квалитетот на образованието. УСАИД повеќе години го поддржуваат
економскиот развој и процесот на добро владеење во општините. Клучни проекти
релевантни за услугите кон приватниот сектор се следните
Бизнис Екосистем Проект , со три компоненти: поддршка на организации за
деловни услуги; престап до извори на финансирање за МСП; поддршка на синџир
на вредности
Проект за експанзија на мали бизниси, фокусиран во Пелагонискиот и Полошкиот, а од неодамна и во Североисточниот плански регион, кој работи на
директна поддршка на експанзијата на малите и средни претпријатија, а трае до
2016 година
Активностите на УСАИД во Р. Македонија се фокусирани во неколку сектори, од кои
најголемо значење за малите и средните компании од ИПР има:
Програмата за економски раст која се фокусира на подобрување на бизнис
опкружувањето и зголемување на компетитивноста на малите и средните
компании во секторите со потенцијал за раст и креирање работни места. Оваа
програма вклучува неколку проектни области и тоа:
o Микро претпријатија и приватен сектор;
o Земјоделски пазари и трговија;
o Развојни кредити и пристапи до финансии и
o Економски политики.
г) Швајцарска развојна соработка (SDC - Swiss Development Cooperation) и Државен секретаријат за економски работи (SECO - State Secretariat for Economic Affairs)
(www.eda.admin.ch): се воспоставени со цел имплементација на неколку програми од
областа на економските реформи. Општа цел на овие институции е понатамошно
прилагодување на македонскиот економски систем кон пазарно базирана економија