Top Banner
Наставна содржина по македонски јазик за прво одделение ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СТИХОТВОРБАТА ”OД 1 ДO 10” во рамките на дневната тема-Ајде се да изброиме. Наставник Весела Богдановиќ
4

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СТИХОТВОРБАТА ”OД 1 …Наставна содржина по македонски јазик за прво одделение...

Jan 22, 2020

Download

Documents

dariahiddleston
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СТИХОТВОРБАТА ”OД 1 …Наставна содржина по македонски јазик за прво одделение ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Наставна содржина по македонски јазик за прво одделение

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СТИХОТВОРБАТА ”OД 1 ДO 10” во

рамките на дневната тема-Ајде се да изброиме.

Наставник Весела Богдановиќ

Page 2: ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СТИХОТВОРБАТА ”OД 1 …Наставна содржина по македонски јазик за прво одделение ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

ГЛАВЕН ТЕК

Бидејки самиот избор на оваа стихотворба за обработување беше направен првенствено поради нејзината содржинска поврзаност со темата денот(Ајде се да изброиме),за време на воведната активност на овој час си играме фрлање коцка..Ги броиме точките на страната на која застанала коцката...Се натпреваруваме кој ке добие поголем број и учиме во релаксирана позитивна атмосфера каде се радуваме на победата но и храбро го поднесуваме поразот.

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ

Најпрвин во целост им ја претставувавам содржината на стихотворбата чии стихови се испишани на обоени листови подредени вертикално-еден под друг и залепени на хамер хартија.Самиот мој начин на интерпертирање со акцентирање на забавни и смешни елементи,со покажување со раце и движења на телото ,го привлекува нивното внимание и сакаат да се обидат и тие како мене свесни дека за тоа мора најпрвин да ја запомнат соржината.

Page 3: ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СТИХОТВОРБАТА ”OД 1 …Наставна содржина по македонски јазик за прво одделение ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Започнуваме со хорово рецитирање на стиховите строфа по строфа додека истовремено ја прикажуваме содржината со движења и со тоа лесно меморираме.

Тековно правиме мали прекини за да објасниме некој збор кој се сомневам дека не е јасен или збор за кој ме прашале дечињата. За промена на едноличноста во пристапот на реализација ги повикувам да клекнеме и да рецитираме придружено со тропкање врз масичките.Секоја промена е со радост прифатена и предизвикува уште поголем интерес да се научи стихотворбата за поуспешно да се учествува во заедничките активности. Потоа преминауваме на следна активност.Се договараме да нацртаме сооодветен број на предмети под ливчињата на кои е испишана содржината на стиховите а притоа внимаваме под која строфа што би нацртале.Работаат со спонатана поделба на активности кои самите ја прават помегу нив додека јас следам и насочувам во поглед на содржината на стиховите бидејки дечињата не умеат да читаат

Page 4: ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СТИХОТВОРБАТА ”OД 1 …Наставна содржина по македонски јазик за прво одделение ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Завршна активност

Часот го завршуваме со рецитирање во парови. Користиме и детски микрофон за да биде активноста уште попривлечна за дечињата. Ги охрарувам,им помагам и се договараме дека наредниот ден ке продолжиме со утврдуваме на содржината до конечно меморирање бидејки самата стихотворба е навистина долга.

http://ucimenizigra.ucoz.com/index/video/0-4