Top Banner
40

Револуција магазин бр.79

Mar 21, 2016

Download

Documents

Поттикнува да мислиш!
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Револуција магазин бр.79
Page 2: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA2 Juni 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

2 Juni 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЕлена Николовска, e-mail: [email protected]

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

УРЕДНИК ЗА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ, СТРИП И УМЕТНИЧКИ АНИМАЦИИ:Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова,Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Ленка Солеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК:Миланчо Ристовскиe-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Deklaracii za ~ovekovite prava ................................................................................................. 5

Vo kralstvoto na pravednite ....................................................................................................... 11

Pravata se veteni od dr`avata ................................................................................................... 13

Diskriminacijata ja u~ime od mali noze ................................................................................. 15

Janukovi~ - familijata koja vladee vo Ukraina ...................................................................... 17

Pravo na glas za gra|anite vo EU ................................................................................................ 22

Dali Irska }e bide del od propa|aweto na evroto? ............................................................... 27

Klu~en zbor KONKURS .................................................................................................................. 30

Pamukkale - turskata tvrdina od pamuk ................................................................................... 32

THE ZOOKEEPER (2011) ............................................................................................ 35

Sodr`ina

Page 4: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA2 Juni 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Автор:Влатко Неделковски

Автор:Влатко Неделковски

Page 5: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Правата и слободите на човекот и граѓанинот се основните критериуми што ја отсликуваат улогата во едно општество. Истовремено, тие се најјасниот показател за карактерот и слободата на општеството. Основите на човековите права - почитувањето на секој поединечен човечки живот и достоинство - можат да се најдат во скоро сите светски религии и филозофии. Човековите права не се купуваат, заработуваат или наследуваат (всушност, не треба да се такви) - тие се нарекуваат „неотуѓиви”, затоа што никој нема право да му ги одземе на било кој човек и од било каква причина.

Појдовниот елемент на концептот за човековите права и слободи е дека правата не се дадени од ниту еден специфичен авторитет (држава, владетел, сила надвор од човекот), туку дека нив ги поседува секое човечко суштество како неразделен дел од

човековата цивилизација.

Ова значи дека тие се својствени за секое човеково битие, без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповеста, политичкото или друго мислење, национално или општествено потекло, имотен, статус по раѓање и сл.

Човековите права се особено важни во односите меѓу луѓето и државата во која живеат. Со нив се контролира и регулира извршувањето на државната власт врз поединците, се доделуваат слободите на поединците во однос на државата, а со нив и се бара од државата да ги задоволи основните потреби на луѓето, кои се под нејзина заштита.

Човековите права се дефинираат како оние права, кои се содржани во меѓународните акти и документи и прифатени од голем број на држави како составен дел од нивната национална легистатива. Појдовни точки на целиот

Deklaracii za ~ovekovite prava

Page 6: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.79

концепт се: животот и достоинството на човечкото битие. Тој е нуклеусот околу кој се гради целокупниот концепт на човековите права и слободи.

Зачетоци на законитеКако прв голем чекор кон развојот на правата и слободите на човекот и граѓанинот- се смета Големата Повелба за Правата од 1215 година, кога англиските феудалци, стекнале за себе одредени привилегии од тогашниот крал. Имено, во јуни 1215 година, кралот Џон, под притисок на бунтовничките барони, бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum).

Со неа се ограничила моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија. Magna Carta во буквален превод значи „Голема карта“. Оваа карта била пример за создавање на други подобри декларации. Ова било

зачеток за подоцнежно проширување на корпусот на правата и слободите на човекот.

На повисоко ниво за правата на човекот била Франција, која во 1789 година ја донела Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот. Оваа Декларација ја објавила слободата, рамноправноста, приватната сопственост и отпорот против насилството како природни и неотуѓиви права.

Универзална Декларација за Човековите Права

Од особено значење во прифаќањето и утврдувањето на правата на човекот е Универзалната Декларација за Човековите Права, која ја усвоило Генералното Собрание на Обединетите Нации на своето заседание во Париз, на 10 декември 1948 година. Таа е создадена тргнувајќи од начелото дека „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и во правата”- начело кое

Page 7: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

има силно влијание во целиот свет.

Декларацијата произлезе директно од искуството на Втората светска војна и го претставува првото глобално изразување на права кои треба да ги уживаат сите човечки суштества.

За време на Втората светска војна, сојузниците ги донесоа правата на најважните четири слободи: слобода на говор, слобода на здружување, слобода од страв и слобода од сиромаштија - како нивни основни воени цели.

Декларацијата на Обединетите нации „ја потврди вербата во основните човекови права, достоинството и вредноста на човекот“ и ги обврза сите земји-членки да промовираат „универзална почит и придржување кон човековите права и основните слободи на сите луѓе без разлика на расата, полот, јазикот или религијата“.

Декларацијата се состои од 30 члена, коишто се елаборирани во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони.

Исламските земји како што се Судан, Пакистан, Иран и Саудиска Арабија ја критикуваа Универзалната декларација за човекови права, сметајќи дека не ги зема предвид културниот и религискиот контекст на исламските земји. Во 1982 година, иранскиот претставник во Обединетите нации, Саид Раџи Корасани ја искажа позицијата на неговата земја во однос на Универзалната декларација за човекови права, велејќи дека таа е „секуларно разбирање на јудејско-христијанската традиција“, коешто муслиманите не можат да го применат без кршење на исламскиот закон.

На 30 јуни 2000 година, муслиманските нации кои се членки на Организацијата на исламската конференција, официјално одлучија да ја поддржат Каирската декларација за човекови права во

исламот, којашто е алтернативен документ каде што се вели дека луѓето „имаат слобода и право на достоинствен живот во согласност со исламскиот закон- шеријат“. Меѓутоа, според овој документ не е призната слободата за промена на религијата, изедначувањето на жените со мажите или пак, непристрасност при споредувањето религии. Иако Декларацијата на ОН, сама по себе не е обврзувачка, многу правници би го изнеле аргументот дека истата станала правно обврзувачка преку меѓународниот обичај и практика, затоа што се употребува во уставите и правните случаи на многу земји.

Донесувањето на Универзалната декларација е значајна меѓународна комеморација, којашто се одбележува секоја година на 10 декември и е позната како Ден на човековите права или Меѓународен ден на човековите права.

Европска конвенција за заштита на човековите права

Преземајќи ја иницијативата од Универзалната декларација, Советот на Европа ја создаде Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи (ЕКЧП). Таа беше отворена за потпишување од страна на тогашните 15 држави-членки на Советот во Европа во 1950 година. ЕКЧП е меѓународен договор на кој се обврзуваат и сите нови

Page 8: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.79

држави-членки. На кратко, ЕКЧП и нејзините протоколи го гарантираат правото на: • живот, слобода и безбедност на личноста; • правично судење во граѓанско-правни и кривично-правни работи; • глас и да се биде кандидат на избори; • слобода на мисла, свест и вероисповест; • слобода на изразување (вклучително слобода на медиумите); • имот или мирно уживање на имотот; • слобода на собирање и здружување;

Забрана на: • тортура, нечовечно или понижувачко постапување или казнување; • смртна казна, ропство и присилен труд; • дискриминација во уживањето на правата и слободите гарантирани во Конвенцијата; • протерување на сопствените државјани или да им се откаже влез и колективно протерување на странците.

Европска социјална повелбаКако дел од ЕКЧП е Европската социјална повелба (1961 година), нејзиниот Дополнителен протокол (1988 година) и Ревидираната повелба (1996 година), кои гарантираат серија на основни социјални права. Тие вклучуваат недискриминација при вработување, забрана на присилен труд, синдикални права, право на колективно договарање, правото на мажите и жените на еднаква плата за работа со еднаква вредност, правото на социјална заштита и правото на образование. Новите права вклучуваат заштита од сиромаштија и социјална исклученост, правото на пристојно живеалиште и правото на заштита во случај на прекин на вработувањето.

Дополнителниот протокол кон Европската социјална повелба, кој стапи во сила во 1998 година, предвидува систем на колективни жалби и на одредени работнички и на организациите на работодавачите и невладините организации им дозволува да поднесат жалба според Повелбата до Европскиот комитет за социјални права (ЕКСП).

Page 9: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

Државите кои ја ратификувале Повелбата или Ревидираната повелба (до денес 28 држави) мораат редовно да поднесуваат извештаи за тоа како ја спроведуваат Повелбата во практиката. Овие извештаи ги разгледува Европскиот комитет за социјални права, составен од независни експерти, кои оценуваат дали се почитува Повелбата.

Европска конвенција за превенција на тортура

Многу малку се гледа од она што се случува зад затворените врати на затворите, полициските станици, институциите за ментални болести и слично. Токму поради тоа, како дел од ЕКЧП, во 1987 година се усвои Европската конвенција за превенција на тортура и нечовечно или понижувачко постапување, која стапи во сила во 1989 година. Конвенцијата ја надополнува заштитата достапна според ЕКЧП воспоставувајќи го Европскиот комитет за превенција на тортура (ЕКПТ) составен од независни и непристрасни експерти од најразлични области, вклучително и право, медицина, затворски прашања и политика.

Комитетот ги посетува местата на притворот, за да види како се постапува со притворените лица. Тој има неограничен пристап кон местата на притвор и може да разговара насамо со притворените лица. Тој, исто така, може слободно да разговара и со други лица кои можат да дадат релевантни информации, вклучително и невладини организации, кои работат на полето на човековите права.

По секоја посета, Комитетот составува извештај за засегнатата земја, давајќи препораки за да осигура дека притворените лица се соодветно заштитени од тортура и лошо постапување. Од Владите, потоа се бара да одговорат на извештајот. Во исклучителни случаи, доколку државата не соработува или одбива да ги спроведе

препораките на КПТ, Комитетот може и да одлучи да се произнесе со јавна изјава.

Ова е првиот правно обврзувачки мултилатерален инструмент за заштита на националните малцинства, воопшто. Таа се спроведува преку националните закони и политика.

Конвенцијата ги предвидува начелата кои треба да ги почитуваат државите кои ја ратификуваат Конвенцијата. Тие вклучуваат еднаквост пред законот, преземење мерки за зачувување и развој на културите и за зачувување на идентитетот, религијата, малцински јазици, традиции, обезбедување на пристап кон медиумите, воспоставување на слободни и мирни контакти преку границите со луѓе кои законски претстојуваат во други држави.

Европска комисија против расизам

Европска комисија против расизам и нетолеранција ЕКРН беше основана во 1993 година со цел да ја засили борбата против сите форми на расизам, ксенофобија, анти-семитизам и нетолеранцијата на европско ниво. Таа ја оценува ефикасноста на постоечките национални и меѓународни мерки против расизам и поттикнува преземање дејствија на локално, национално и европско ниво, а и на полето на

Page 10: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.79

законодавството и на полето на политиката. ЕКРН активно придонесе кон организацијата на „Европскиот придонес кон Светската конференција против расизам, расна дискриминација, ксенофобија и сродната нетолеранција“, организирана од Советот на Европа во октомври 2000 година.

Комесар за човекови праваНовата позиција на Комесар за човекови права се создаде во 1999 година. Комесарот е одговорен за унапредувањето на образованието, свеста и почитувањето на човековите права во државите-членки и за осигурување на целосно и ефикасно почитување на текстовите на Советот на Европа како што се конвенциите и препораките. Комесарот има улога на поддршка и во суштина превентивна улога, извршувајќи поинакви функции отколку функциите на Европскиот суд за човекови права.

Закони има, права немаСите се сложуваат дека почитувањето на човековите права е најосновното нешто во градење на општеството, па и цивилизацијата, воопшто. Сите се удираат в гради дека се потписници на договорот, дека го почитуваат истиот, а од друга страна го спроведуваат најлошто кршење за унапредување на свопствените лични и себични цели и замисли. А, оштетените не се доволно информирани за своите права, а и не знаат каде да се обратат да ја бараат правдата.

Ако навистина сме убедени во хуманата димензија на нашето битие - тогаш и не ни се потребни законите, не е потребно парчето хартија кое ни кажува како треба да се однесуваме. Доволна ќе биде совеста и срцето, кое бие во нашите гради. Но, како што вели една стара поговорка: „Сите ние сме луѓе, ама ретко кој е вистински човек!“

Елена Павловска

Page 11: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

Држава сме, демократија сме, потписник на Европската Конвенција за човекови слободи и права, како и на Женевската Конвенција за статусот на бегалци и забрана за тортура. Ова се големи зборови, огромни.

Со ставање на потписот на овие документи, ветивме дека истите вредности ќе ги почитуваме и дека ќе ги ставиме во нашиот Устав. Еден дел од ветувањето, исполнивме, Уставот на Р.М. ги штити човековите права. Арно, ама државата не ги почитува овие одредби.

Демократска држава во развој, која свесно одлучува да не почитува одредени човекови права кога тоа така и одговара.

Хелсиншкиот Комитет за човекови права и Амнести Интернешнл, заедно се согласни дека државата Македонија дозволува секојдневно кршење на човековите права. Тоа го прави полицијата која ги пречекорува овластувањата на својата функција, корумпираните судии и Владата која секојдневно се меша во непреченото делување на синдикатите, други граѓански здруженија и во слободата на медиумите.

Меѓународната заедница не може многу да направи за да помогне, без да го погази суверенитетот на една држава.

Единствен меѓународен инструмент за еден граѓанин од Републикава, останува жалбата до Судот за Човекови права во Стразбур. Жалбата може да заврши доста успешно, со тоа што оние од Стразбур ќе ја задолжат нашава Влада да престане

Vo kralstvoto na pravednite

Page 12: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.79

да му ги крши правата на жалителот и да исплати одредена сума паричен надомест. Ама од лично искуство, знам дека постапката е комплицирана и трае половина век. Додека да добиете, ќе заборавите на случајот.

И која е целта? Колку и да се успешни или неуспешни, ваквите меѓународни инструменти за заштита на човековите права, се многу потребни, најмногу како закана за државите. Бидејќи, замислете колку тешко ќе ñ падне на нашата Влада, ако, на пример, треба на вас да ви исплати паричен надомест од 1.000 евра, само затоа што не ви заштитила таму некое право. А, ќе мора да ви ги исплати...

Прашањето ми беше... Колку народот ги знае своите права кои ги ужива како човек? Многу малку, сите нешто сме слушнале, дел сме научиле од филмовите и останатото го претпоставуваме. Зошто? Затоа што, кога едвај крпиш за леб едноставно немаш време да читнеш што значи да си човек во демократска држава.

Аман луѓе, најдете време, читнете! Знаете ли зошто големите кралеви и кралици од минатото живееле како богови, а народот бил среќен во мизерија? Умно, му забраниле да се едуцира....

Елена Николовска

Page 13: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Pravata se veteni od dr`avata

Стереотипи, генерализација, дискриминација и прерасуди - oва се дел од најчестите зборови, кои се употребуваат во македонскиот јазик. Никој не е задоволен од ситуацијата во државата, ниту мнозинството население, ниту, пак, малцинствата. Едните се жалат дека премногу им се дозволува на луѓето, секој правел што сака, а другите, пак, велат дека им се загрозени основните човекови права.

Едно е вистинито - и во 21-ви век не знаеме да живееме со различностите, а притоа да се почитуваме едни со други.На балканскиот простор, а воедно и во Македонија, од памтивек живееле луѓе од различни етникуми, од различни вери - кои православни христијани, кои католици, а многу од нив и муслимани, но сите досега давале пример за соживот, а и многу повеќе од тоа.

На нашите простори очигледно треба да избувне еден вид на мала граѓанска војна, каде луѓето го гледаат единствениот начин на изразување на незадоволство, за да се сменат одредени работи во организацијата на државата.

Дури сега, откако Америка тоа го направи уште во 80-тите години а можеби и порано, ние воведуваме позитивна дискриминација во јавната администрација, што претставува еден парадоксален израз, за да подобриме еден процес кој од самиот старт бил погрешен. На работа, најчесто на шалтерите каде се завршуваат бирократските работи во државата се вработуваа Македонци, а многу поретко вработените беа од друга националност.

Токму поради погрешниот почеток на процесот на создавање на темелите на државата, ние во 21-век се соочуваме со термини од типот на „позитивна дискриминација“, за припадниците на малцинствата да добијат пристојна работа и одреден статус во македонското општество.

Но, старите велат „што е, тука е“, никогаш не е доцна да се освестиме дека некоја работа, од самиот почеток не функционирала најдобро. Па, во тој случај, не преостанува ништо друго освен да се најде алтернатива како рамноправо да се вклучат малцинствата во организацијата на државата и во државните процеси.

Гледајќи од правен аспект, поголемите малцинства успеаа да се изборат за свое место во Уставот на Република Македонија, каде се вели:

Page 14: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.79

„... Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија...“.

Тоа точно кажува дека според Уставот сите граѓани на Република Македонија мора да бидат рамноправни и да градат соживот едни со други. Но, дали тоа навистина е така?

Па, не ни треба некоја научна теорија или филозофија за да констатираме дека Уставот во пракса речиси и да не функционира. Сé уште се делиме на „наши“ и „ваши“, а и во 2012 година не научивме да го почитуваме оној кој е различен од нас, оној кој живее, размислува и функционира различно од

нас. Всушност, во основа сите сме исти, луѓе сме.

Кога подлабоко ќе размислиме и ќе анализираме, заклучокот е едноставен. На многумина им пречат барањата и потребите на малцинствата, а тие бараат нешто многу едноставно. Бараат права, кои им ги ветува државата со самиот устав. Тука сé е црно и бело, загарантирана им е рамноправноста, а и да не им е, зошто не би ја добиле? Не гледам причина тоа да не е така.

Но, колку и да негодуваме и да критикуваме, со потпишувањето на Рамковниот договор и со измените во Уставот, Република Македонија е една од ретките држави, која со својот устав експлицитно и прецизно ги наведува дел од постоечките малцинства. Тоа е чекор плус кога станува збор за човекови права и правата на малцинствата во една демократска држава. Само уште да престанеме да го злоупотребуваме и да почнеме сите да го применуваме напишаното...

Maгдалена Јовановска

Page 15: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

На што ве асоцира зборот „дискриминација“? Повеќето од нас веднаш ќе помислат на правeњето разлика едни меѓу други врз основа на нивниот колективен идентитет, со што се загрозуваат нивните права и слободи.

Во нашето секојдневје постојано сме сведоци на дискриминацијата, а во некои случаи и ние самите може да се најдеме во улогата на дискриминатор, целосно несвесно и без однапред смислена намера.

Примери за оваа несвесна дискриминација има насекаде, има во нашиот неоснован страв од Ромите, од кој сме заслепени и не ни дозволува да ги запознаеме во вистинско светло, да ги вреднуваме нивните лични особини и заедно да се радуваме на секој нов ден. Дискриминација е и секоја средба со личност од албанска националност, каде наместо насмевката на таа личност, пред очи ни доаѓаат слики на војни, немири.

И сето ова се предрасуди за кои можеби треба да поминат векови за да ги заборавиме, за да научиме да живееме заедно, за заедно во еден чекор да

брзаме кон истата цел.

Но, што се случува со онаа дискриминација на која никој никогаш не посветил внимание, на дискриминацијата која се случува помеѓу нас „истите“? Не постои ниеден закон, ниеден устав кој ќе ја спречи оваа дискриминација.

Toа e дискриминацијата која се учи во училиштата, заедно со првите напишани букви, заедно со првата кажана стихотворба. Подарените насмевки, прегратки, оцени од учителката на децата чии родители се доктори, инспектори - ги учи децата дека не се сите еднакви, дека сите не заслужуваат исто, дека едните се „подобри“ од другите, дека сиромашните деца не им се достојни другарчиња со кои треба да ги слават своите родендени. Со вакви здобиени знаења тие деца почнуваат со живот. Живот во кој нема работно место каде не постои поделба на „ние“ и „тие“. На оние кои имаат доволно право да работат, бенефиции за живот за кој можеби немаат ни капацитет, ни го имаат заслужено, но сепак го добиваат.

Diskriminacijata ja u~ime od mali noze

Page 16: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.79

Дали постои некој млад човек кој не ја почуствувал институционалната дискриминација, немајќи право да се пријави на конкурс за потполнување на работна позиција, од едноставна причина дека не е доволно заслужен за некоја партија, дека не е со големи букви запишан во некој мал и небитен штаб?!

Дали има човек кој не стоел во редица неколку часови, додека не стигнал некој „поважен“, кој мора итно да заврши работа, да добие услуга за која сигурно ќе возврати?!

Дали некој не се почуствувал како „помал“, „поневажен“ барем еднаш во месецот, кога морал неправдата да ја голтне, кога немал каде да се обрати, од каде да побара помош?!

И после сите овие секојдневни навики стекнати од најмали нозе, кои се практикуваат секојдневно, едноставно како процесот на дишење, ние очекуваме да се убие стигмата на дискриминацијата и да се изгради една нова Европска Македонија, чие сонце ќе грее подеднакво за сите, чии раце ќе ја водат напред.

Наташа Димеска

Page 17: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

17

Janukovi~ - familijata koja vladee vo Ukraina

Режимот во Украина на чело со претседател Виктор Јанукович се трансформира во владеење на неговата фамилија, доверливите фамилијарни пријатели и корумпирани олигарси.

Изминатите месеци Украина е во центарот на светското внимание поради затворањето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко и контраверзните судски процеси против нејзе. Државите во Европската Унија и САД, сметаат дека затворската казна за Тимошенко е политичка одмазада и страв на претседателот Виктор Јанукович од губење на власта ако Тимошенко е слободна, токму затоа ја затвори својата најлута политичка ривалка.

Држава во изолацијаВисат заканите дека Запад ќе го бојкотира Европското првенство во фудбал, кое покрај во Полска, ќе се одржи и во Украина. Таква одлука

донесе веќе француската Влада.

Пропагандната машинерија на режимот во Киев е ставена на тешки маки да ја обои розово позицијата и угледот на претседателот Виктор Јанукович, кај своите колеги од меѓународната заедница.

На меѓународната конференција за нуклеарна сигурност во Сеул-Јужна Кореја, претседателот Виктор Јанукович од петни жили се обидуваше да обезбеди посебна средба со американскиот претседател Барак Обама, но и покрај темата која ја понуди за разговор со Обама - отстапувањето на збогатениот ураниум на Русија, сепак Јанукович не

ја доби привилегијата да разговара со најмоќниот човек на планетата, туку беше „откачен“. Единствено што можеше да направи, е во холот да се поздрави со

Page 18: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

18

Обама и четири минути ноншалантно да дреме пред Обама и да му брбори нешто, додека за тоа време неговите медиуми го снимаат и сликаат.

Режимските медиуми на претседателот Виктор Јанукович, не би биле пропагандна машинерија, ако од овие четири минути не направат сензација дека Јанукович бил почестен од Обама со оделна средба во Сеул, и двајцата лидери разговарале подолго од предвиденото.

Режимските медиуми излегоа со наслови во стилот: „Претседателот Виктор Јанукович ја разби политичката изолација на државата“. Не помина една недела за во Украина да стане јасно дека режимот исценирал уште една голема лага во Сеул, и дека Украина останува изолирана држава од Запад.

Големите ветувања станаа големи лаги

Претседателот Виктор Јанукович за две години од изборот успеа функцијата и успехот да ги руинира. Откако беше избран, први му честитаа САД, Франција, Германија и другите лидери од Запад.

Јанукович најави модернизација на државата, бескруполозна битка со корупцијата и претворање на Украина во рај за инвеститорите од странство. До денеска ништо не реализира од ветеното.

Наместо тоа, тој Украина ја претвори во држава која е владеана од една фамилија која има големи апетити за моќ, а според интелигенцијата е сиромашна, но со амбиции за воспостваување долгорочна власт во земјата. (цитат во германски „Шпигел“).

Затоа денеска одвај 10 проценти од Украинците го поддржуваат претседателот. Причините за ваквото однесување на Јанукович германски „Шпигел“ ги наоѓа во неговото минато.

Од уличен боксер до претседателВо 2010 година на Украина и беше потребен човек да застане на чело на државата кој ќе биде политички интелигентен, со изострено политичко чувство, спремен за компромиси. Но што да се очекува од човек кој израснал без родители и кој како млад двапати бил во конфликт со законите.

Page 19: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

19

Јанукович е син на возач на локомотива, мајка му умрела кога тој имал две години, додека татко му бил осуден на 10 години затвор поради соработка со германските окупациски сили во Втората светска војна.

На 19 години работел во претпријатие за сервисирање машини и никогаш не добил диплома за факултет регуларно.

Документацијата за неговото минато во голем дел е исчезната, посебно за затворската пресуда поради учество во разбојништво.

Неговото искачување по скалите на политичката сцена започнува со распадот на Советскиот сојуз, времето кога бандити и олигарсите со калашников и бомби си ги поделија рудните и други богатства.

Ахат Брагин, олигарх кој во Дон-Базенот контролирал скоро се, во 1995 година при фудбалски натпревар, е разнесен во воздух со експлозив. За среќа му беше пронајдена едната рака, на која се уште висел неговиот ролекс, за да биде индентификуван. Во тој период Јануковиќ се занимавал со караоке, а со Брагин бил пријател и бокусвал со него. Јанукович се зближил и со наследниот на Брагин, Ринат Ахметов, кој денеска е шеф на најголемата индустриска групација во Украина, и главниот финансиер на претседателот Јанукович.

На олигарсите им требал „приглуп“ претседател

За своите богатства криминално стекнати, олигарсите гледале добар заштитник во синот на машиновозачот, и во 1997 година овозможуваат Јануковиќ да стане шеф на Донецк,

за во 2002 година да биде назначен за премиер од тогашниот претседател на Украина, кој посакува во 2004 година да го направи Јанукович свој наследник на претседателското место преку фалсификување на изборите со што ја предизвикуваат портокаловата револуција поради која ја предводеа Јулија Тимошенко и Виктор Јушченко, кои подоцна дојдоа на власт, Тимошенко премиерка, а Јушченко - вториот претседател на државата.

Пет години подоцна дојде до разидување меѓу Јушченко и Тимошенко, расколот доведува до криза, а Украинците излезот го гледаат во Јанукович, што се покажа како игра со ѓаволот, бидејќи за Јанукович по доаѓањето на власт главна грижа за него се растот на бизнисите на олигарсите и нивниот профит.

Прави и прераспределба на богатствата преку уништување на постоечки фирми чии сопственици не му се покоруваат. Поранешниот боксер Јанукович се чуствува загрозен и од новите богаташи, затоа почнува да гради своја фамилијарна империја.

Page 20: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

20

Најстариот негов син, стоматолог по професија, постанува бизнисмен, тој е претседател на фамилијарната бизнис империја која контролира многу бизниси, од хотели до рудници. Фамилијата се меша во бизнисот со енергенси, со тргувањето на берзата, банкарскиот сектор, медиумите, поседуваат и своја телевизија. Токму затоа синот се нареди во 100-те најбогати во Украина и поседува четири луксузни јахти.

Фамилијата ги збива редовитеИзминатите два месеца од оваа година Јанукович прави промени во клучните сектори, финансиите, банкарскиот сектор, даночната управа, полицијата, државната безбедност и други државно органи од витално значење.

На раководните функции поставува единствено личности кои се без компромис, неприкосновено лојални на фамилијата. Додека пак олигарсите пак се деградирани на ниво на марионети, меѓу нив и Ахметов, долгогодишниот финансиски покровител на Јанукович.

Претседателот ги принудува олигарсите да даваат пари, спонзорства за социјалната сфера, така Јанукович им собрал една милијарда евра во периодот на финансиската криза.

Во случај да се спротивстават некои од олигарсите, управите за државната безбедност и даночните испекции се во припремна состојба за да поведат кривични пријави против нив, бидејќи во своите сефови имаат доволно компромитирачки материјал.

Илустрација за начинот на кој владее Јанукович, зборува случајот со именувањето на Пјотор Прошенко за министер за финанасии во март

годинава.

Прошенко бил претходно во портокаловиот камп на Тимошенко, но за да го зачува своето богатство преминува на страната на фамилијата. Тој ја поседува најголемата фабрика за чоколада и други фабрики од автоиндустријата.

Прошенко се дрзнал да му испорача каталог со барања на Јанукович како услов да седне во министерската фотелја, меѓу кои биле и сузбивање на сивата економија и бизнисот да се ослободи од притисокот на власта.

На денот кога Прошенко влегол во кабинетот на министерството за финансии и ја презел функцијата, Јанукович му ја испратил финансиската полиција во неговите компании, и со тоа му ја пратил понижувачката порака кој е „газда“ во Украина и што ќе го снајде ако не игра по нотите кои ги свири фамилијата.

Ѓаволот тропа на вратата на фамилијата

Но, Јанукович нема мир, тој стравува од атентат затоа ретко патува. Повеќе го измачува веројатноста дека на

Page 21: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

21

параламентарните избори на есен оваа година ќе победи опозицијата, која во Параламентот може да поведе постапка за негово отповикување од функцијата, а тоа за Јанукович ќе значи директно селење од претседателската палата во затвор.

Ваквиот развој на настаните го вознемируваат Јанукович, а не

изолацијата од запад. Него го вознимирува фактот што неговата затвореничка Тимошенко, е посилна и покрај тоа што е во затворот, бидејќи успева да го креира јавното мислење и да го предизвика вниманието на јавноста, не само во Украина, туку и во странство, и случајот да го интренационализира, а Украина официјално е веќе држава во која има политички затвореници.

М-р Митко Јованов

Page 22: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

22 BR.79

Evropska Unija

Pravo na glas za gra|anite vo EU

ЕУ неодамна започна нова граѓанска иницијатива и веќе има неколку групи, кои се зафатени со собирање потписи низ цела Европа. Додека за некои ова е храбар потег што води директно кон демократија, други сметаат дека е голем залак.

Шон О’Рајан сака да ја пеете химната на ЕУ на Есперанто, универзалниот јазик, и толку е сигурен дека ќе успее што смета дека и други милиони граѓани на ЕУ се согласуваат со него.

„Би ја засилило солидарноста низ Европа и би ѝ дало чувство на гордост и покрај постојаниот напор што се вложува во Европа,“ вели О’Рајан. „Може да има позитивни политички последици.“

Со цел да ја исполни замислата, О’Рајан беше еден од првите што се пријави во Европската Граѓанска Иницијатива (ECI), програма што започна на 1-ви април:

„Ја пополнив апликацијата на интернет дента кога започна, во 1 часот по полноќ“.

Оваа иницијатива им овозможува на граѓаните во ЕУ да достават петиција до Европската комисија, за да преиспитаат некои закони. Процедурата е ригорозна, независниот меѓународен одбор на иницијативата треба да собере еден милион потписи од лица на кои им е дозволено да гласаат, од сите земји-членки. Но, истовремено е и вежба кон директна демократија, затоа што само

Page 23: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

23

12 од 27 земји-членки преку нивните државни закони им го дозволуваат тоа на своите граѓани. Доколку се спроведе како што треба ќе ñ даде на Европа она што очајно ñ треба – глас на народот.

Но, доколку не се спроведе како што треба, иницијативата би била бомбардирана со бесмислени предлози или, пак, ќе се преориентира кон финансиски интереси.

Одборот што го поддржува потегот на Есперанто-иницијативата има членови кои се доста почитувани, во кои спаѓа германскиот добитник на Нобелова награда - Рајнхард Зелтен, ама, сепак, многу европски граѓани се прашуваат дали ова е вистинскиот начин за некој да ги натера да пејат: „Kantu kune amikaro, Ni la gojon festas nun“, на мелодијата од „Деветтата симфонија“ на Бетовен? (Првите два стиха од химната на Европската унија се: „Ајде да пееме заедно пријатели, Ајде да ја славиме

нашата радост.“)

„Едно евро за потпис“За среќа, граѓаните на ЕУ се оние кои ќе ја имаат можноста да решат кои предлози заслужуваат внимание. За жал, има и одредени трошоци за поднесување на сериозните предлози (некои од новите иницијативи се за заштита на водата, воспоставување на паневропски образовен акредитив и повик за финансиски трансакциони даноци). Откако предлогот е доставен, Европската комисија има два месеци за да го одобри или одбие. Откако ќе се одобри, одборите имаат 12 месеци да соберат еден милион валидни потписи.

За да биде уште покомплицирано, мора да има минимален број потписи од барем седум различни земји-членки (на пример, 74 250 од Германија). Карстен Берг директор на ECI кампањата (коалиција од повеќе од 120 европски демократски групи и невладини

Page 24: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

24 BR.79

Evropska Unijaорганизации) проценува дека ќе бидат потребни повеќе од милион евра за да се добијат потписите.

„На организаторите обично им велам дека мора да сметаат на едно евро од потпис“ рече Берг. „Така беше во другите земји со директните демократски иницијативи, како Швајцарија. Дури и ако се бара собирање потписи на интернет, кога ќе се соберат трошоците за реклама, информирање, превод, верификација – излегува многу, особено за помалку познати проблеми.“

Еден милион евра ја става далеку од дофат иницијативата за мали, штотуку започнати организации, а да не зборуваме за просечниот граѓанин кој се сетил на добра идеја. Искуството на другите места со овој тип на директна демократија, покажува дека испреплетувањето на време, организација и пари, го прави овој процес полесен за големи корпорации или добро ситуирани заинтересирани групи.

Калифорнија, на пример, има директна граѓанска иницијатива од 1966, ама

неколку мали иницијативи доаѓаат од мали, нови групи. Овде, краткиот петмесечен рок за собирање на илјадници потписи резултира со иницијатива што е водена од големи корпорации и политички групи. Владини истражувања предложија Калифорнија да го намали бројот на потребни гласови и да го продолжи времето за собирање, доколку државата сака да ги види граѓаните како се борат за себе.

Најголемиот ризик„12 месеци не е доволно време“, вели Берг. „Со иницијативата на Швајцарија имате 18 месеци да соберете потписи, а тоа е само една земја“. Комисијата на ЕУ може да им помогне на групите за еден дел од трошоците или да им понуди инфраструктурална поддршка при собирањето. Но, сепак, во моментов ниту еден вид на асистенција не е достапен.

Организациите, исто така, се загрижени во врска со строгите барања при собирањето потписи за одредени иницијативи. Многу земји-членки бараат премногу лични податоци од страна на потпишувачите, за да може

Page 25: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

25

да се идентификуваат. Не се запишува само име и презиме, туку и телефонски броеви, адреси и броеви на пасош. Во Грција дури треба да се наведе татковото име.

„Доколку не можете да им загарантирате приватност и безбедност на луѓето, а во овој момент мислам дека тоа е невозможно, верувам дека малку луѓе би се нафатиле да потпишат било што“, додава Берг.

Но, не сите експерти веруваат дека иницијативите ќе бидат вистинска катастрофа. Улрике Герот, висок претставник во одделот за странски односи при Европскиот Комитет, мисли дека иницијативите отвараат одлични можности и воопшто не е загрижена во врска со нив.

„Јас лично не верувам дека регулациите

се претешки. Има некои потешки и построги барања, но, тие се со цел да се спречат неправилности“, вели Герот.

Таа верува дека ќе има и проблеми. Еден од нив секако би бил јазичната бариера, но, сепак верува дека ќе помогнат при создавањето национален идентитет на Европјаните. Таа смета дека иницијативите ќе покажат дека сите Европјани делат исти проблеми, грижи и предизвици.

Лош знакАргументите на Герот во врска со создавањето и гледањето на една поголема слика, може и да се протолкува како мала утеха за организациите, коишто некогаш биле заглавени во долгите процеси. Организацијата „Гринпис“ има една приказна.

Во март 2010 година „Гринпис“ започнала

Page 26: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

26 BR.79

Evropska Unijaиницијатива за собирање потписи против генетски модифицираната храна, како одговор на одобрението од страна на Европската Комисија за користење генетски модифицирана храна. Тие успеале да соберат еден милион валидни потписи и да го запазат минимумот потписи потребни од 12 различни земји членки на ЕУ. Сепак, комисијата ја одбила иницијативата, бидејќи ја доставиле пред официјално да започне процесот во април 2012 година.

„Гринпис“ на ова гледа како на лош знак за иднината на иницијативите.

„Лекцијата од сето ова е дека и да ги исполните сите барања и правила, нема никаква гаранција дека Комисијата ќе превземе акција“, изјавува Марк Бреди, портпаролот на „Гринпис“ за ЕУ. „Ви треба организација, ви требаат пари и трпение да го исполните макотрпниот процес, а на крај не добивате гаранција дека нешто ќе се смени“.

Тој додава дека барањата на комисијата се прекомплицирани дури и за голема организација како „Гринпис“, а колку ли тешко би им било на помалите организации.

Секако, Комисијата смее да прифати предлози само во сфери во кои има право да предлага измени. Тоа значи дека многу иницијативи се одбиени уште од старт. Прашањето е, колку ЕУ е расположена да излезе во пресрет на многуте иницијативи.

Иако повеќе од цела декада меѓународната демократија и граѓанските здруженија се обидуваат да се изборат за законска конвенција во врска со иницијативите, Европскиот Комитет секогаш реагира со одбивност кон идејата. Дури и правилата се построги отколку што првично требаше да бидат, како на пример кога се очекуваше квота од потребни 300.000 потписи, а беше донесен закон за потребни еден милион потписи. Додатно, Комисијата сé уште не нуди никаква помош при финансирањето или преводите на било кој од комитетите што спроведуваат иницијативи.

Но, и покрај сите предизвици, адвокатите на демократијата се оптимистични во врска со иницијативите. Можеби и навистина треба да бидат, бидејќи тие претставуваат прва можност за граѓаните на ЕУ да се здружат и заеднички да бараат акции или политички промени што би влијаеле на сите нив.

Шон О‘ Рајан е еден од оние што се задоволни како започнала да се развива ситуацијата со иницијативите.

„Предавањето на иницијативата беше добро“, вели тој, а неговата организација веќе започнала да прави планови како да собере што повеќе потписи. „Има национална организација за Есперанто во секоја земја членка и тоа ќе ни биде од голема корист. Има голема мрежа на луѓе кои зборуваат Есперанто и коишто ќе бидат привлечени од идејата. Ова може да излезе голема работа“.

Подготви: Милена ПетровскаИзвор: Spiegel

Page 27: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

27

Тешко е да се замисли што друго можат да сторат лидерите на ЕУ за да ги охрабрат Ирците, да гласаат против Фискалниот договор на ЕУ. Кристин Лагард и Хосе Мануел Баросо им држат предавања на луѓето за штедењето, а тие, пак, не плаќаат скоро никаков данок од нивните плати.

Милијарди евра се конфискуваат од даночните обврзници за да се спасат богатите будали, поради нивните глупави инвестициони одлуки. Германија бара Ирска и другите задолжени нации да посегнат по своите резерви во злато.

Во меѓувреме, агенциите за кредитен рејтинг ги намалуваат оценките за кредитна способност на шпанските финансиски институции, стравувајќи

дека лошата работа на грчките банки ќе се прошири низ Медитеранот. Иако можеби сé уште е возможно да се контролира грчкиот банкрот, како контролирана експлозија, изгледите за верижна реакција во еврозоната, од ден на ден, изгледаат сé поверојатни.

Неверојатно, но сепак, анкетите покажуваат дека Ирците ќе се обврзат за неизбежните остатоци. Тие навистина се среќни што ќе платат за привилегијата. Ирска ги зголемува даноците и ги намалува трошоците, за да ги покрие своите десетоци (данок во натура) на европските банкари и сопственици на обврзници.

Додека го прави тоа, го избегнува конкурентниот девизен курс, кој надвор

Dali Irska }e bide del od propa|aweto na evroto?

Page 28: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

28 BR.79

Evropska Unijaод еврото ќе и помогне на економијата да се подигне од правта.

Изборите можат да бидат и погрешни, се разбира. Но, неуспехот на било која голема ирска партија да ја воведе можноста за банкрот-одвојување-девалвирање е чудна.

Неодамна на мојот блог објавив дека кога десничарските партии ќе се придружат на еврокорпоратизмот, тогаш ќе и го отворат патот на популистичката левица. Мислев на Грција и Франција, но истото важи и за Ирска. Сите главни партии бесрамно ги застапуваат истите ставови, како и за време на минатиот референдум за еврото, оставајќи го Шин Фејн и Трокцистите да ја водат кампањата против еврото.

Овие партии постигнаа прописна согласнот. Популарноста на Шин Фејн се зголеми од 7 на 24%, а Гери Адамс,

моментално е најпопуларниот лидер во Ирска, но да го кажеме тоа на најбезболен начин, тие имаат ограничено влијание во Ирска.

Да повториме уште еднаш, застапниците на договорот се обидуваат да победат преку големите корпорации, големите партии и големите медиуми.

На Ирците им е понудена можност, за која другите земји од еврозоната би убиле само да ја имаат. Само тие се прашуваат дали ја одобруваат или не, идејата да се дадат јавни пари на приватни банки. Само тие имаат право да решат, дали ќе бидат дел од џумбусот на иднината. Тие имаат можност да се ослободат од ропството, да ги напуштат своите демократски права и најдоброто од сé е што можат да одбијат да им помогнат на банките.

Превод: Кристина ВељаноскаИзвор:The Telegraph

Page 29: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZINBR.79

MAGAZIN REVOLUCIJA

29

2 Juni 2012

Page 30: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

30 BR.79

Многумина сме свесни за денешната состојба во која што се наоѓа нашиот народ. Сепак, секој сака на свој начин да просперира па, затоа и можете често да видете како младите „висат” пред компјутерите барајќи некој конкурс на кој ќе можат да аплицираат, надевајќи се дека тоа ќе им биде златниот билет кон успехот.

Без разлика на околностите или пак местото каде тие би учествувале, младите гледаат од тоа да имаат профит со искуства и се разбира, документ „црно на бело”, кој вели дека тие биле дел од некаква обука, семинар или пак натпревар.

Но, колку е лесно да се достигне до овие конкурси?! Тоа е едно ново прашање кое уште повеќе ја продлабочува темата, а

за кое ви оставаме вам да размислите. Колку само веб страници и организации нудат најразлични конкурси, за било која возраст, кај нас во Македонија... Семинар во Белгија, Франција, конкурс за најдобар есеј, камп овде, камп онде... Колку само можности имаат граѓаните на оваа држава за учество во некои од овие активности...

И кога ќе погледнете во овие објави, си велите: „Зошто да не?” Во ред, после неколку минути се решавате да се вклучите и ќе кликнете на линкот кој за вас живот значи и за кој се надевате дека ќе ве однесе кон подобра иднина. И, се разбира, тогаш постои нешто што ќе ви го расипе филмот.

Во апликацијата која што сте ја отвориле или се бара некој документ за потврда за

Klu~en zbor KONKURS

Page 31: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

31BR.79

познавање на некој јазик, а вие го немате бидејќи сте го учеле само на училиште, или пак, ги немате потребните години. Но, признајте, најтешко е кога ќе видите некој конкурс за кој ви се бараат годините кои ќе ги наполните неколку дена откако ќе истече рокот за пријавување.

Животот некогаш знае многу „убаво” да си поигра со нас. Давајќи ни од една страна, од друга несвесно ни зема. И каде и да се свртиш, ти си изгубил, а она што си го добил, ти е добро само за да се сликаш. Зарем отсекогаш било така?!

Јас искрено, спаѓам во групата на луѓе кои секојдневно се пред компјутерот и кои го употребуваат клучниот збор

„конкурс” во пребарувачот. И од лично искуство можам да кажам дека постојат извори од каде секој може да црпи корисни информации. Но, секој не може да биде дел од нив, бидејќи не секој ги нема карактеристиките кои се бараат.

Тоа е исто како да се пријавам на натпревар за Мајкрософт, а јас немам познавање ни „м” од Мајкрософт. Така што, не е само да се пронајде, туку и да се искористи, а за да се искористи треба да се познава тоа што го бараш. А да го познаваш тоа, треба пак да се вратиш на корените на кои не сите сакаат да се сеќаваат, а тоа е училиштето. Ах, училиште, училиште... Што ни направи?! Колку и да не те сакаме, не можеме без тебе...

Емилија Петреска

Page 32: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

32 BR.79

Ова е една од омилените попатни станици на туристите. Тие престојуваат во малите хотели во Памуккале, уживаат во топлата минерална вода, си разменуваат искуства од нивните патувања и поминуваат прекрасни незаборавни часови во опуштена атмосфера.

На турски името значи „Тврдина од памук“ и е многу очигледно зошто на Памуккале му е дадено баш ова име. Сепак, ова геолошко чудо е местото каде што некогаш се наоѓал античкиот град Ерапол и во текот на вековите изгледа дека тие растеа заедно за на крајот да

се претворат во едно.

Местото е познато по белите карпи и топлите извори. Карпите придонесуваат за концентричниот изглед на Памуккале, а чисто белата боја прави оваа област да изгледа како свето место. Од друга страна, топлите извори се богати со калциум карбонат.

Пред ова место да биде прогласено за „Светско богатство“, се соочуваше со доста непријатности и проблеми. Имено, на возилата им беше дозволено да се движат по ридовите, а хотели се градеа

Pamukkale - turskata tvrdina od pamuk

Памуккале е едно од најубавите, а воедно и најчудните места што природата некогаш ги создала. Се наоѓа на 18 километри североисточно од градот Денизли, Турција.

Page 33: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

33

Artvizor

BR.79

покрај остатоците од градот Ерапол. Денес, забрането е движење на возилата низ оваа област, а хотелите веќе одамна се срушени со цел областа да закрепне. На луѓето им е дозволено да се капат во многуте базени од бели карпи, но не им е дозволено да носат чевли за да не и наштетат на оваа убавина.

Базените се наоѓаат на врвот на карпите кои од далеку изгледаат како да се направени од креда, или варосани од страна на некој турски Том Соер кој само добро си ја завршил својата работа.

Пределот е многу богат и поседува не еден, туку 17 извори на вода, ги има во различни форми и со различни температури на вода. Базените наликуваат на тераси направени од карпи. За таквиот нивен изглед е причина

калциум карбонатот кој најпрво е мек, а потоа се стврднува и станува дел од оваа убавина.

Една од убавините на Памуккале се старите градби кои со тек на време се прекриени од калциум карбонат. Ерапол бил спа-градот во кој се зборувало на грчки јазик и кој бил доста познат по своето богатство. Всушност, градот не бил целосно напуштен сè до крајот на 14-тиот век.

Иако градот денес е напуштен и нема свои жители, тој секојдневно е посетуван од илјадници луѓе кои овде уживаат во топлите изворски води и во неверојатната убавина на ова место.

Page 34: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

34 BR.79

Памуккале е извонредно место врз основа на своите неверојатни природни феномени, лековитата вода и минералните извори кои создаваат базени и тераси кои се каскадно распоредени. Само природата може да створи ваква убавина.

Постои една локална легенда која за нас не звучи политички точна. Се зборува дека некогаш постоела девојка која била толку многу грда што никој не сакал да се ожени со неа, па таа решила да си го одзеде животот.

Се фрлила во еден од базените во Памуккале и наместо да загине - се претворила во убавица. Никој не можел да одолее на нејзината убавина. И како што си е редот, се омажила за убав и богат човек и си живееле среќно до

крајот на животот.

Сè уште голем број луѓе доаѓаат на ова место да ги искусат лековитите својства на водата, за која се вели дека помага при висок крвен притисок, болести на очите и кожата, проблеми со циркулацијата и многу други. Но, многумина се вљубени и во преубавите пејсажи кои се причина да ја посетат тврдината од памук.

Ако се прашувате дали вреди да го посетите ова место, одговорот без сомнение е ДА!

Иако, не можете многу време да останете овде треба да знаете дека базените сè уште се убави и привлечни, урнатините на Ерапол се доста занимливи, античкиот театар е одличен пример за римската архитектура, а пливањето во еден од базените е незаборавно искуство.

Превод: Љубица КартоваИзвор: Кuriositas

Page 35: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.79

Момче и девојка јаваат бавно, по жолтите песоци на морската плажа, кои блескааат, впивајќи ги последните зраци од сонцето кое полека се губи на хоризонтот.

Каква, совршено романтична вечер... Прекрасно нели?- се огласува машки баритон. – Преубаво... – потврдува девојката. – Ова патување беше навистина неверојатно... – момчето, несмасно, сака да го сврти разговорот

кон некоја цел. – Вистинска авантура – некако во занес од преубавиот пејсаж, промрморува девојката и замолчува.

Коњот запира и од него слегува едно крупно момче од некои триесетина, а до него, заводлива, преубава, златокоса. Убавината на момчето е бледа сенка од убавината на сенката од девојката.

Девојката посега по кутијата за пикник, полна со сè и сешто, потребно за едно

THE Zookeeper (2011)

Улоги: Kevin James, Rosario Dawson, Leslie BibbРежија: Frank CoraciСценарио: Nick BakayПродуцент: Todd Garner

Romansata i `ivotnoto nare~eno ~ovek

Page 36: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

36 BR.79

релаксациско патување.

– Погледни. Тука има некаква порака..? – го отвора, фино здипленото, ливче и започнува да чита на глас: Долго време ја барав својата сродна душа. Знам... дека штотуку ја најдов. Плавокосата убавица, збунето го крева погледот и го вперува во нејзиниот дебелкав љубовник кој пред неа клекнал на едно колено и се претворил во блескава насмевка. Истовремено, и обајцата ги опсипува целиот спектар на виножитото бои, кои доаѓаат од локалниот огномет, како и звуците од свадбена - маријачи музика. Несомнено, сето организирано од зетот-што-допрва-ќе-биди...

Девојката се разведрува со бисерно бела насмевка и му пријдува поблиску на човекот кој се обидува да ја побара за сопруга.

– О... Ова е толку слатко... Нема! – милно и отсечно му го дава одговорот. И додека шокираниот човек успева да запраша, кој, што, каде, кога и најважно зошто?

- Па, види, Грифин, знаеш дека не ми смета што си чувар во Зоолошката, но колку заработува еден таков? – мирно објаснува убавицата. – Едноставно, мислев ќе станеш некој понзчителен, кога првпат се „фативме“, но сега гледам дека ти не си... човекот од моите соништа.

Низ фуријата мисли кои го опседнуваат кутриот ум на Грифин, една реченица се преповторува во бескрај: коњ, маријачи, плажа, огномет, порака со поема... Сè беше... СĖ БЕШЕ ТОЛКУ СОВРШЕНО РОМАНТИЧНО, А ОНА..!? (Абе, дечко... Следечи пут, место плажа и коњ и дури и прстен, го правиш следново: ја зимаш со OPEL VECTRA, ја носиш пред Рамстор и ѝ даваш ганц нова American Express картица, па ќе видиш што свршувачка ќе падне вечер у кревет!)

Пет години подоцна...

Грифин работи во Френклин Зоолошката градина. Да се каже дека работи е потценување на целата љубов која Грифин секојдневно ја вложува за да

Page 37: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

Artvizor

BR.79

им угоди на животните. Негова животна страст отсекогаш биле животните и се разбира, на некаков американски начин, таа љубов е претставена обострано, бидејќи и животните го сакаат него подеднакво.

Персоналниот живот на Грифин е запоставен во секој поглед и освен колегите од Зоолошката градина, другите луѓе за него се странци.

Најголемото внимание добродушниот Грифин го посветува на новодојденото горило, Берни, кое не можејќи да се справи со затвореничкиот живот, се изолира од другите животни и запаѓа во тешка депресија.

Од друга страна, Кејт, убавата ветеринарка од Градината, забележувајќи ја упорноста и енергичноста на Грифин да го развесели тажното горило, не може, а да не се заљуби до уши во симпатичниот дебелко.

Грифин воопшто не е свесен за нејзините чувства, бидејќи во моментот се појавува нова дилема; неговиот постар и (мора да се нагласи) побогат брат, треба да се венча со неговата свршеница и романтичниот пар, организира вечерна журка, на која се поканети сите блиски,

вклучително со најдобрата пријателка на свршеницата: Стефани.

„КОЈА СТЕФАНИ?!“ – зинува Грифин обидувајќи се да земе здив, додека срцето му отчукува стотка на час, потсетувајќи го на лузната која му ја оставила таа девојка. Стефани... СТЕФАНИ, КОЈА МУ ГО ОТКОРНА СРЦЕТО ОД ГРАДИ И ПЛУКНА НА НЕГО! – повторно се појавува во животот на Грифин, кој и по пет години не успеал да ја преболи. Самата Стефани, која исто поминала низ неособено пријатна врска, наеднаш го здогледува Грифин со други очи, понајвеќе, благодарејќи на унапредувањето кое Грифин го очекува, за да стане управник на Зоолошката (објаснување:унапредување=пари=КАЧИНГ$$).

Пред да успее Грифин пристојно да се препоти од страв/изненадување, Стефани го вовлекува во нејзината пајажина на „љубовта“ и веќе почнуваат да се кројат планови за заедничка иднина, каде, се разбира, Грифин треба да „танцува“ во ритмот на Стефани и евентуално да ја остави својата детска симпатија кон животинскиот свет, поставувајќи ја Стефани како центарот на својот свет.

Приказната тука оди по американска шема, што и не е толку лошо, бидејќи филмот е препорачан и за помлада публика; животните, кои си имале свое општество, во кое зборуваат англиски (јасно...), се договараат да му помогнат колку што можат повеќе, за Грифин да не ја пропушти оваа втора шанса што му се прикажала, за да ја добие жената на своите соништа.

Сите животни вложуваат максимални напори со интриги, одглумени акции и дури и совети за парење (?) сè со цел,

Page 38: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.79

нивниот другар да не биде повреден по втор пат.

Како вистински мудрец во зоолошката се истакнува повлечениот горило, Берни, кој сака да му ја возврати добрината на Грифин, поучувајќи го што вистински е важно во животот и дали вреди да се жртвува сè, само за да се добие некоја лажна наклоност од некоја си силиконска барбика...

Мајмунска мудрост, бе. Али...

Ммм-ухахахаххахаххахахахаххахахах!Видете ја фоткава на „романтичниот пар“ и пробајте да не ги намокрите гаќите:

Убавицата и „шармантниот“ принц од бајките...ХИ-ХИ-ХИ-ХИ-ХИ-ХИ-ХИ!

Ма, знам дека филмот е стопути видена америчка шема, АЛИ... ВИДЕТЕ ГО ПАРОВ! КАКО ОД СКОПЈЕ ДА ИЗЛЕГЛЕ! Таа, е гром; заводлива, интелигентна и елегантна. Тој, е кус, рус и завзема две места кога седнува во кино. Таа е независна бизнис-жена (келнерка) во потрага по искрена љубов (кеш). Тој е едноставен, независен и доброситуиран љубовник (месар или газда на кафана) кој само бара девојка која ќе ги разбере

неговите чувства и потреби (т.е. сифони кои ѝ пркосат на гравитацијата).

Човече...Абе, нема ноќен клуб, кафана, бар и слично место каде навечер во Скопјево, нема да сретнете ваков или сличен пар.

(види фотка пак, хи,хи,хи...)

Шо ти е капитализам... И Скопска Шема, соодветно.

Да се вратам на филмот. Кевин Џемс е Чуварот на Зоолошката во оваа семејна комедија и доследно си ја работи улогата, бидејќи ќофтето има полно искуство со ваков тип на приказни: Кралот од Квинс, Полицаецот од Трговксиот Центар и др. А, приказната е чист шаблон, што веројатно ги објаснува суровите критики што ги добил филмот на Американскиот Боксофис. Но, слабото сценарио е затоа надополнето од одличната режија и пристојниот буџет, така да, мислам дека сепак ниските оценки се незаслужени.

Кога овој филм ќе го споредам со други лимонади (семејни/романтични комедии) кои поминале со пристојна оценка само заради фактот што ГОЛЕМА холивудска ѕвезда свети во нив, секогаш критиките од Америка ги гледам со доза скептицизам.

Можам до утре да набројувам филмови/серии кои добиле добра оценка, што не ја заслужиле (сите филмови во кои се појавила Џенифер Анистон, на пр.), но да не замарам со досадни факти.

Треба само да знаете дека филмов е добро режиран, со одлична камера и добри и уверливи специјални ефекти, одличен кастинг (гласот на лавот го дава „Рамбо“ лично - Силвестер Сталоне) и има пристоен и суптилен хумор кој не

Page 39: Револуција магазин бр.79

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.79

навредува никого и е разбирлив дури и за деца.

Она што вистински ми се допадна кај оваа едноставна приказна е нејзината порака која е навистина силна и најважно, прецизно кажана. Таа гласи: Можеш да бидеш богат со пари, работејќи нешто што те тера да се мразиш себеси, а можеш и да бидеш

скромен во примањата, но да работиш нешто што ти го исполнува духот со радост и среќа.

И бидејќи се работи за филм-полуроманса, јас тоа го сфаќам вака: Можеш да ја имаш Скарлет Јохансен за цура, ама ако таа те сака само поради парите или професијата... Па, може да ѝ се моч.. на таквата „љубов“!

Се читамеКонечна оценка 7,0/10

Владимир Неделковски

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Page 40: Револуција магазин бр.79