Top Banner
Анкета за Граѓанското учество на граѓаните на Република Македонија Април 2013 Скопје
38

Анкета за граѓанско учество

Apr 05, 2016

Download

Documents

INFO SEGA

УСАИД
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Анкета за граѓанско учество

Анкета за

Граѓанското учество на граѓаните на Република Македонија

Април 2013

Скопје

Page 2: Анкета за граѓанско учество

2

Содржина

I. Вовед ............................................................................................................................................................... 3 II. Клучни наоди ............................................................................................................................................ 5 III. Граѓанско учество .............................................................................................................................. 11

Клучни наоди .......................................................................................................................................... 11 Граѓанско учество ................................................................................................................................. 12

IV. Влијание врз одлуки ......................................................................................................................... 15

Клучни наоди .......................................................................................................................................... 15 Влијание врз одлуките ....................................................................................................................... 16 Важноста на влијанието врз одлуките........................................................................................ 18 Ефективност на механизмите за влијание врз одлуките ................................................... 19

V. Волонтерство ......................................................................................................................................... 22

Клучни наоди .......................................................................................................................................... 22 Волонтерство .......................................................................................................................................... 23

VI. Припадност ........................................................................................................................................... 27

Клучни наоди .......................................................................................................................................... 27 Задоволност од локалната средина .............................................................................................. 29 Чувство на припадност на заедницата ....................................................................................... 30 Здружување во заедницата ............................................................................................................... 32 Доверба во заедницата ....................................................................................................................... 34

Анекс I. Примерок ..................................................................................................................................... 36

Page 3: Анкета за граѓанско учество

3

I. Вовед

Граѓанското учество како концепт е суштинска компонента на едно здраво

демократско општество и научната литература која се занимава со демократските

процеси го препознава значењето на граѓанското учество во градењето и

одржувањето на активно и вклучено граѓанство. Со оглед на тоа што постојат

бројни истражувања кои ги препознаваат позитивните ставови кон граѓанското

учество како показатели за реалното учество на граѓаните во своите заедници, оваа

студија има за цел да даде репрезентативна слика за ставовите на граѓаните кон

граѓанското учество и со тоа за распространетоста на граѓанското учество во

Македонија.

За потребите на оваа студија, граѓанското учество го дефинираме како вклученост

на приватен субјект во јавната сфера со цел да се постигне некаква промена во

заедниците, т.е., да се промовира подобрувањето на квалитетот на животот во

заедницата преку политички и неполитички процеси (Erlich, 20001). Наспроти оваа

опсежна дефиниција, постојат многу потесни разбирања на концептот граѓанско

учество кои најчесто се користат за поедноставување кога се прават големи студии2

или пак кога граѓанското учество се испитува преку меѓународни анкети за да

овозможи компаративна анализа. Пример за ова е индексот за граѓанско учество на

Галуп со кој прават интернационална ранг листа3 во која граѓанското учество се

мери според тоа колку е веројатно граѓаните да одвојат од своето време или

финансии за помош на други. Конкретно, во оваа анализа Галуп користат само три

варијабли: донирање на пари за добротворни цели, волонтирање на своето време во

некоја организација, и давење помош на непознат човек. Според овие параметри и

преку анализа на податоци собрани во 2009, Македонија котира ниско на ранг

листата за граѓанско учество (106-то место од 130 држави вклучени во анкетата):

26% донирале пари, 7% волонтирале време и една третина, или 33% му помогнале

на непознат човек, што е далеку под светскиот просек.4

Иако оваа анализа е корисна за да се направат споредби меѓу државите, таа

разгледува само еден мал дел од она што научната литература го подразбира под

граѓанско учество. Со цел да дадеме што поширока слика за состојбата со

граѓанското учество во Македонија, нашата анализа разгледува неколку различни

компоненти на граѓанското учество (покрај традиционалните споменати погоре)

врз кои го креиравме прашалникот за анкетата и кои ги користиме за структуирање

на овој извештај и известување на резултите.

Овој извештај е поделен во четири главни дела (покрај клучните наоди), и тоа:

Граѓанско учество, Влијание врз одлуки, Волонтерство и Припадност.

1 Civic Responsibility and Higher Education, edited by Thomas Ehrlich, published by Oryx Press, 2000 2 За цел методолошка операционализација на граѓанското учество 3 Методологијата и ранг листата се достапни на: http://www.gallup.com/poll/145589/civic-engagement-highest-developed-countries.aspx#1 4 За споредба, во САД (која највисоко котира на ранг листата, 65% донирале пари, 43% волонтирале време и 73% му помогнале на непознат човек)

Page 4: Анкета за граѓанско учество

4

Во првиот дел, Граѓанско учество, го разгледуваме граѓанското учество

исклучиво во рамки на релацијата граѓани – власт, па правиме разлика помеѓу три

различни форми на вклученост во јавните процеси: граѓански активизам, граѓанско

учество и граѓански консултации. Во вториот дел, Влијание врз одлуки, го

разгледуваме влијанието на граѓаните врз политиките одлуки и тоа од три аспекти:

колку сметаат дека можат да влијаат на одлуките на локално и национално ниво,

дали се заинтересирани да бидат повклучени во одлуките на локално ниво и

ефективноста на механизмите за нивно вклучување во одлуките кои се носат на

локално ниво. Во третиот дел, Волонтерство, се осврнеме на волонтерството како

една важна форма на она што научната литература го нарекува ангажирано

граѓанство (наспроти конвенционалното граѓанство што подразбира излегување на

избори). Тука правевме разлика помеѓу неплатена работа за помош на

индивидуално ниво, т.е. за личности со кои испитаниците не се семејно врзани, и

на ниво на организации, т.е. традиционално волонтерство. Последниот дел од

анализата го разгледува чувството на Припадност на заедницата, за кое

постоечката научна литература на тема граѓанско учество укажува дека игра

голема улога во одлуката на граѓаните активно да учествуваат во подобрување на

заедниците во кои живеат. Така, овој последен дел од анализата има за цел да го

испита чувството на припадност на испитаниците по неколку различни основи,

вклучувајќи дали се задоволни од непосредната околина во која живеат, колку се

чувствуваат како дел од своите заедници, како и дали имаат доверба во нивните

соседи и сограѓани.

Анкетата е спроведена во рамки на проектот за зајакнување на граѓанското

општество поддржан од страна на USAID, а спроведен од страна на Фондација

Отворено општество – Македонија, во кој Реактор – Истражување во акција

учествува како партнерска организација.

Оваа публикација е прва во серијалот од три предвидени публикации на тема

Граѓанско учество.

Page 5: Анкета за граѓанско учество

5

II. Клучни наоди

Влијание врз одлуки

Повеќе од половина од граѓаните (52,7%) сметаат дека воопшто не

можат да влијаат врз донесувањето на одлуки во нивната општина, а само

4,5% сметаат дека можат многу да влијаат.

Кога станува збор за одлуки на национално ниво, повеќе од две третини

(69,6%) се чувуствуваат целосно беспомошни кога станува збор за

влијание врз политичките процеси, додека само 3% сметаат дека

навистина можат да имаат влијание.

Во однос на влијанието врз политичките одлуки не постојат разлики според

социо-демографските индикатори, со исклучок на образованието: колку

повисок степенот на образование на испитаниците, толку помалку

сметаат дека можат да имаат влијание врз одлуките на ниво на држава.

Така, додека 22,4% од испитаниците со завршено основно образование

сметаат дека можат многу или донекаде да влијаат на националните власти,

оваа бројка е 13,6% кај оние со завршено високо образование.

На повеќе од три четвртини од граѓаните (75,6%) им е многу или

донекаде важно да имаат можност да влијаат врз одлуките што се носат

во нивната локална заедница или општина, а повеќе од половина од

граѓаните (53,3%) би сакале да бидат повклучени во овие одлуки.

Пообразованите, вработените и повозрасните испитаници почесто

одговарале дека им е многу важно да можат да влијаат врз одлуките на

локално ниво. Иако очекувано, сепак е поразително тоа што младите на

возраст од 16 до 26 години значително поретко изјавувале дека им е

многу важно да можат да влијаат на локално ниво: 34,6% го избрале овој

одговор споредено со просекот од 44,2%.

Мажите, повозрасните, вработените и оние со повисок степен на

завршено образование почесто одговарале дека би сакале да бидат

повклучени во одлуките кои се носат на локално ниво.

Мажите и жените со иста фреквенција одговарале дека не се заинтересирани

да бидат повклучени во одлуките, па родовите разликите што ги утврдивме

се резултат на тоа што жените почесто од мажите го избирале одговорот

“зависи од проблемот”, што значи дека кај жените има поголем интерес за

селективно учество, додека кај мажите забележуваме дека има интерес

за вклученост во сите одлуки што се носат на локално ниво.

Page 6: Анкета за граѓанско учество

6

Како најефективни механизми за влијание врз одлуките на локално ниво се

издвојува контактирањето на медиумите со 57.1% и контактирањето на

невладините организации со 49.1%, што практично значи дека граѓаните за

најефективни механизми ги сметаат токму оние кои не ги вклучуваат

директно претставниците на локалните и националните власти.

И покрај тоа, можеме да забележиме голем оптимизам за ефективноста на

механизмите за граѓанско учество, па така следно на списокот е

контактирањето на советите на општината, по што следи контакт со месната

заедница (48.6%) и контакт со градоначалник (48.5%).

Од друга страна, контактирањето на претставниците од локалната и

националната власт се сметаат за најневозможни механизми за влијание врз

одлуките на локално ниво: една четвртина од испитаниците сметаат дека

е невозможно да се контактираат пратениците од нивната изборна

единица, а една петина сметаат дека не може да се стапи во контакт со

нивните градоначалници.

Протестот како акт на изразување граѓанско незадоволство се јавува последен на листата како најнеефективен метод за влијание врз

властите. Од друга страна, младите и оние со завршено високо образование

почесто одговарале дека протестот е ефективен. Така, меѓу младите на

возраст од 16 до 26 дури 43% сметаат дека е ова ефективен начин,

споредено со 21,1% од испитаниците на возраст од 57 до 66 години.

Граѓанско учество

Само нешто повеќе од една петина од испитаниците учествувале во

граѓанска иницијатива во последните 12 месеци. Социо-демографската

анализа на ова прашања утврди значителни разлики во примерокот, па така

жените, младите, невработените и економски неактивните, како и оние

со пониски месечни примања поретко учествуваат во граѓански

иницијативи.

Комуникацијата на граѓаните со нивните претставници во локалните и

национални власти е на ниско ниво, а единствен исклучок е контактот

со градоначалници или советници од општините, со кои дури 23% од

испитаниците имале некаков контакт во последните 12 месеци. Сепак,

ова отскокнување треба да се разгледува во контекст на локалните избори во

2013, заради тоа што во времето кога беше спроведувана анкетата, некои од

политичките партии веќе започнуваа со своите кампањи.

Page 7: Анкета за граѓанско учество

7

Само 7,3% од граѓаните имале некаков контакт со нивните

претставници во собранието, што е загрижувачки податок ако земеме

предвид дека пратениците имаат предвидени денови надвор од Собранието

токму за да можат да остваруваат контакти со граѓаните од нивните изборни

единици.

Младите, жените, невработените и оние со понизок завршен степен на

образование значително поретко имале контакт со претставниците од

локалните и националните власти.

Граѓаните ретко учествуваат во активности преку кои би можеле да

влијаат на процесите на донесување политички одлуки. Најчеста форма

на овој вид на учество е пополнување или одговарање на анкета за

локалните проблеми, во која учествувале 16,6% од испитаниците, а најретка

форма е учеството во работна група за дискусија во рамки на општината.

Машките испитаници многу повеќе учествувале на јавни расправи или

состаноци за локални проблеми, поднеле предлог или претставка или

пак биле вклучени во работна група за дискусија во општината, од што

можеме да заклучиме дека тие се повеќе вклучени во суштинските форми на

граѓанска активност, т.е оние каде што може да се изврши посуштинско

влијание врз работата на локалните власти. Слична разлика забележуваме

и врз основа на возраста на испитаниците, каде што младите

значително поретко учествувале во истите суштински форми на

граѓанска активност.

Волонтерство

Кога станува збор за традиционалното волонтерство, само 18,3% од

испитаниците во последните 12 месеци членувале во организација или

клуб.

Mажите почесто членуваат во организација или клуб од жените (21,7%

наспроти 14,1%), како и вработените повеќе од невработените (20,9%

наспроти 15,6%).

Кога станува збор за степенот на образование на испитаниците,

забележуваме линеарна корелација со членство во организација или

клуб, според која најмалку ангажирани се оние со ниско образование,

каде што ова е случај кај еден од десет испитаници (10,2%), а

најангажирани оние со завршено високо образование, каде скоро секој

трет испитаник (31,2%) одговорил позитивно на ова прашање.

Page 8: Анкета за граѓанско учество

8

Иако религиозноста, т.е. дали испитаниците се сметаат за верници или не

воопшто не придонесе за разлики во однос на нивното учество во

организација или клуб, прашањето дали се сметаат за активни верници

корелираше негативно со веројатноста дека волонтирале во некоја

организација, па така кај оние кои не се сметаат за активни верници

волонтирале 22,7% споредено со 17,3% од активните верници.

Најчеста форма на помош која испитаниците им ја пружаат на

организациите е консултатитвната, па така, од оние кои се изјасниле дека

членуваат во некоја организација, дури 76,2% се изјасниле дека даваат

информации, консултации или совети. Како најретка форма на помош се

јавува онаа која подразбира водење на група или членување во управен

одбор, која ја пријавиле 30,8% од испитаниците.

Индивидуалното волонтерство, т.е. директна помош на лица кои не им се

роднини, се случува значително почесто од традиционалното волонтерство,

па дури 79,9% од граѓаните пријавиле некаква активност со која му

помогнале на друг. Ова укажува на тоа дека граѓаните се сепак

подготвени да го волонтираат своето време, иако тоа не го прават во

рамки на формални здруженија.

Ако кај традиционалното волонтерство повеќе од две третини (69,4%) од

оние кои учествуваат во работата на некоја организација или клуб се

изјасниле дека тоа го прават најмалку еднаш месечно, индивидуалното

волонтерство се случува поретко, со тоа што најмалку еднаш месечно

го прават половина од испитаниците (50,6%).

Припадност

Задоволност од локалната средина:

Помалку од 40% од испитаниците се многу задоволни од нивните

непосредни заедници како места за живеење. Албанските испитаници се

значително позадоволни од нивните непосредни маала како места за

живеење, па така половина од албанците (50,5%) се многу задоволни од

непосредната средина во која живеат споредено со третина од

македонските испитаници (34,9%) кои го избрале овој одговор.

Кај прашањето дали во нивното место на живеење денес се живее

подобро или полошо отколку пред две години доминираат 46,5% од

испитаниците кои сметаат дека се живее подобро, по што следат нешто

Page 9: Анкета за граѓанско учество

9

повеќе од една третина кои сметаат дека нема промена. Само 17,8% сметаат

дека денеска нивното место на живеење е полошо отколу пред две години.

Испитаниците од Скопскиот (52,9%) и Пелагонискиот (53,9%) регион

почесто оценувале дека денес нивниот град или село се подобри места за

живеење. Од друга страна, испитаниците од Скопскиот регион исто така

почесто одговарале дека нивниот град денес е полошо место за живеење

(20,4%), па заедно со испитаниците од Источниот (20,6%) и Југозападниот

(29,3%) значително отскокнуваат од просекот во избирањето на овој

одговор.

Чувство на припадност на заедницата:

Граѓаните во голема мера се чувствуваат како дел од нивните заедници

и чувството на припадност е најголемо на ниво на држава. Ова укажува

на тоа дека кај граѓаните постои огромен потенцијал за граѓанско учество,

со оглед на тоа дека чувството на припадност е важен предуслов за

граѓаните да се решат на поактивно граѓанство.

Не постојат значителни разлики помеѓу чувството на припадност на

маалото/населбата и селото/градот во кои живеат, па така и во двата случаи

околу 90% од испитаниците се изјасниле дека и припаѓаат на

непосредната заедница во која живеат, од кои мнозинството (нешто

помалку од две третини) сметаат дека многу и припаѓаат. Бројот на оние кои

се изјасниле дека воопшто не се чувствуваат како дел од своите локални

заедници и во обата случаја е 3%.

Состојбата е слична и кога станува збор за припадност на државата, па

повторно над 90% од испитаниците се изјасниле дека чувствуваат

припадност кон државата. Сепак, тука забележуваме разлика во бројот на

оние кои силно се поистоветуваат со државата, па ако на локално ниво две

третини од граѓаните многу се чувствуваат како дел од заедницата, на ниво

на држава оваа бројка е три четвртини.

Најголеми разлики во одговорите забележавме врз основа на етничката

припадност и возраста, па така кај албанските испитаници и младите на

возраст од 16 до 26 забележуваме помала тенденција да избираат дека многу

и припаѓаат на државата.

Здружување во заедницата:

Една петина од испитаниците оцениле дека луѓето од нивното

маало/населба никогаш не се здружуваат за да го подобрат

маалото/населбата. Скоро половина од испитаниците сметаат дека

Page 10: Анкета за граѓанско учество

10

организирањето се случува, но ретко, а скоро една петина сметаат дека тоа

се случува често. Само една десетина од испитаниците изјавиле дека во

нивното маало или населба граѓаните постојано се здружуваат или

организираат за подобрување на заедницата.

Албанските испитаници двојно почесто одговарале дека луѓето од

нивните населби постојано се здружуваат: 17,1% од нив го бирале овој

одговор споредено со 8,4% од македонските испитаници.

Кога станува збор за селата или градовите во кои живеат испитаниците

повторно преовладува мислењето дека здружувањето, односно

организирањето за подобрување на заедницата се случува ретко.

Најголемата разлика која ја забележавме во споредба со прашањето за

здружување во маала и населби е тоа што се намали бројот на испитаници

кои сметаат дека луѓето од нивната заедница никогаш не се здружуваат, од

20.8% на 12.7%.

Разликите во одговорите кога станува збор за здружување на ниво на држава

се повторно мали, што укажува на тоа дека граѓаните не гледаат големи

разлики во здружувањето на локално и национално ниво. Повторно

мнозинството, или над половина од испитаниците (53.6%) сметаат дека

ваквите иницијативи се случуваат ретко, а само 7.4% сметаат дека тие се

случуваат редовно, т.е. постојано.

Доверба во заедницата:

На прашањето дали на соседите можат да им веруваат или пак очекуваат

дека тие би ги искористиле за лична корист кога би имале таква шанса

забележавме голема поделеност помеѓу испитаниците. Иако за малку

преовладуваат оние кои сметаат дека на нивните соседи може да им се

верува, сепак дури 44.9% сметаат дека соседите би ги искористиле

доколку им е дадена можност.

Албанските испитаници значително повеќе имаат доверба во соседите,

па скоро три четвртини од нив (73,8%) сметаат дека може да им се

верува на нивните соседи во споредба со помалку од половина од

македонските испитаници (46,8%).

Page 11: Анкета за граѓанско учество

11

III. Граѓанско учество

Како што најавивме во воведот, граѓанското учество е широк концепт кој вклучува

различни аспекти на учество на граѓаните во јавниот живот. Во овој дел од

анализата го разгледуваме граѓанското учество исклучиво во рамки на релацијата

граѓани – власт, па правиме разлика помеѓу три различни форми на вклученост во

јавните процеси: граѓански активизам, граѓанско учество и граѓански консултации.

Клучни наоди

Само нешто повеќе од една петина од испитаниците учествувале во

граѓанска иницијатива во последните 12 месеци. Социо-демографската

анализа на ова прашања утврди значителни разлики во примерокот, па така

жените, младите, невработените и економски неактивните, како и оние

со пониски месечни примања поретко учествуваат во граѓански

иницијативи.

Комуникацијата на граѓаните со нивните претставници во локалните и

национални власти е на ниско ниво, а единствен исклучок е контактот

со градоначалници или советници од општините, со кои дури 23% од

испитаниците имале некаков контакт во последните 12 месеци. Сепак,

ова отскокнување треба да се разгледува во контекст на локалните избори во

2013, заради тоа што во времето кога беше спроведувана анкетата, некои од

политичките партии веќе започнуваа со своите кампањи.

Само 7,3% од граѓаните имале некаков контакт со нивните

претставници во собранието, што е загрижувачки податок ако земеме

предвид дека пратениците имаат предвидени денови надвор од Собранието

токму за да можат да остваруваат контакти со граѓаните од нивните изборни

единици.

Младите, жените, невработените и оние со понизок завршен степен на

образование значително поретко имале контакт со претставниците од

локалните и националните власти.

Граѓаните ретко учествуваат во активности преку кои би можеле да

влијаат на процесите на донесување политички одлуки. Најчеста форма

на овој вид на учество е пополнување или одговарање на анкета за

локалните проблеми, во која учествувале 16,6% од испитаниците, а најретка

форма е учеството во работна група за дискусија во рамки на општината.

Page 12: Анкета за граѓанско учество

12

Машките испитаници многу повеќе учествувале на јавни расправи или

состаноци за локални проблеми, поднеле предлог или претставка или

пак биле вклучени во работна група за дискусија во општината, од што

можеме да заклучиме дека тие се повеќе вклучени во суштинските форми на

граѓанска активност, т.е оние каде што може да се изврши посуштинско

влијание врз работата на локалните власти. Слична разлика забележуваме

и врз основа на возраста на испитаниците, каде што младите

значително поретко учествувале во истите суштински форми на

граѓанска активност.

Граѓанско учество

На прашањето дали во последните 12 месеци учествувале во некаква граѓанска

иницијатива, забележуваме дека ова е случај со само 22.3% или нешто повеќе од

една петина од испитаниците. Кај ова прашање немаше разлики врз основа на

етничка припадност, но забележавме огромни разлики меѓу возрасните групи –

младите на возраст од 19 до 26 години најмалку учествувале со 19,0%, споредено

со најактивната и воедно најстара возрасна група (57-66 години) со 29,6%. Разлики

има и меѓу мажите и жените: секој четврт испитаник (25,2%) кажал дека

учествувал во граѓанска иницијатива, споредено со секоја петта испитаничка

(19,0%). Слично, една четвртина од вработените испитаници (25,2%) учествувале

во граѓански иницијативи, во споредба со една петтина (19,5%) од оние испитаници

кои не работат.

Разлики има и според тоа колку долго испитаниците живеат во нивното

моментално место на живеење, каде што забележуваме совршена линеарна

корелација: колку подолго живееле во заедницата во која живеат во моментот,

толку поверојатно дека учествувале во некаква граѓанска инициатива. Овие

разлики се движат од 15,3% од “новодојдените” (живеат во заедницата не подолго

од 5 години), до 23,7% од оние кои живеат во заедницата подолго од 20 години.

Конечно, значителни разлики постојат и според месечните примања на

испитаниците. Најмалку ангажирани во граѓански иницијативи, со 15,5%, има во

групата чии месечни примања се до 5.000 денари, а најмногу во групата со месечни

примања од 15.000 до 20.000 денари, кај кои скоро секој трет испитаник (32,9%) се

изјанснил дека учествувал во некаква граѓанска иницијатива. Иако овие разлики не

беа линеарни, сепак, ако земеме предвид дека со повеќе од една четвртина (26,9%)

испитаниците кои заработуваат над 20.000 отскокнуваат од просекот на

примерокот, можеме да заклучиме дека испитаниците со повисоки примања

значително почесто учествуваат во граѓански иницијативи.

Табела 1.

Дали во последнава година вие сте биле дел од некоја

граѓанска иницијатива? Фреквенција %

Page 13: Анкета за граѓанско учество

13

Да 264 22,3

Не 922 77,7

Вкупно 1186 100,0

Следната серија прашања имаше за цел да утврди дали и колку граѓаните се

обидуваат да влијаат на политичките процеси на локално или на национално ниво

преку искористување на механизмите кои им се на располагање. Како што може да

се види во првото прашање, комуникацијата со нивните претставници во локалните

и национални власти е на ниско ниво, а единствен исклучок е контактот со

градоначалници или советници од општините, па дури 23% од испитаниците

изјавиле дека стапиле во контакт со нив. Иако од една страна е очекувано граѓаните

да имаат поголем пристап до локалните власти, сепак оваа бројка треба да биде

разгледана во контекст на локалните избори во 2013. Така, големата дискрепанца

помеѓу комуникацијата со локалните и националните претставници може да се

должи на тоа што за време на спроведувањето на анкетата политичките партии веќе

почнуваа со кампањите во пресрет на локалните избори, што се потврдува и со тоа

што на второ место во комуникацијата со граѓаните се јавуваат самите политички

партии. Од друга страна, вреди да се издвои малиот број на испитаници кои имале

контакт со пратениците, што особено загрижува ако земеме предвид дека

пратениците имаат предвидени денови надвор од Собранието токму за да можат да

остваруваат контакти со граѓаните од нивните изборни единици.

Табела 2.

Дали во последниве 12 месеци сте стапиле во контaкт

со било кој од следниве лица: Фреквенција %

Градоначалник или советник на општина 276 23

Пратеник, пратеничка 88 7,3

Министер, министерка 42 3,5

Владин претставник, претставничка 55 4,6

Политичка пратија 115 9,6

Според возрасните групи на испитаниците, кај ова прашање разлика забележавме

единствено кај стапувањето во контакт со градоначалник или советник на општина,

каде што скоро секој трет испитаник (32,5%) на возраст од 37 до 46 години стапил

во контакт со овие претставници, споредено на пример со возрасната група помеѓу

16 и 26 години, од кои само 14,5% го направиле истото. Разлики кај ова прашање

забележуваме и врз основа на полот на испитаниците, со тоа што кај мажите е

значително поверојатно да ги исконтактирале сите од наведените претставници во

ова прашање. Образованието на испитаниците исто така допринесе за разлики во

одговорите на ова прашање, па така, колку повисок степенот на завршено

образование, толку е поверојатно испитаниците да стапиле во контакт со своите

претставници. Разлики во одговорите забележавме и врз основа на статусот на

пазарот на труд на испитаниците, па така вработените почесто ги контактирале

сите претставници, освен пратениците, каде што нема разлика помеѓу вработените

Page 14: Анкета за граѓанско учество

14

и невработените лица. Етничката припадност не влијаеше врз одговорите на ова

прашање.

Второто прашање од оваа серија се однесуваше на конкретни чести активности кои

им се законски oбезбедени на граѓаните со цел да им овозможат влијание врз

политичките одлуки. Како што може да се види во табелата, најчести форми на

граѓанско учество во оваа смисла се учество во јавна расправа или состанок за

локални проблеми и пополнувањето или одговорањето на анкети. Иако најчести,

сепак овие форми на учество во последниве 12 месеци биле искористени само од

16% од граѓаните. Најретка форма на учество е вклучување во работна група во

општината, со само 6.9%.

Табела 3.

A дали во последниве 12 месеци сте... Фреквенција %

Учествувале на јавна расправа, состанок за локални

проблеми

194 16,2

Учествувале на протест, демонстрација, јавен собир 100 8,3

Сте потпишале петиција 107 8,9

Поднеле предлог или претставка 108 9,0

Сте пополнувале или одговарале на анкета (за локалните

проблеми и прашања

199 16,6

Сте биле вклучени во работна група за дискусија во

општината

83 6,9

Кај ова прашање забележавме разлики по скоро сите демографски карактеристики,

освен етничката припадност. Машките испитаници многу повеќе учествувале на

јавни расправи или состаноци за локални проблеми, поднеле предлог или

претставка или пак биле вклучени во работна група за дискусија во општината, од

што можеме да заклучиме дека тие се повеќе вклучени во суштинските форми на

граѓанска активност, т.е оние каде што може да се изврши посуштинско влијание

врз работата на локалните власти. Слична разлика забележуваме и врз основа на

возраста на испитаниците, каде што младите значително поретко учествувале во

истите суштински форми на граѓанска активност. Образованието исто така беше

фактор во одговорите на ова прашање, па така, колку повисок степенот на

образование на испитаниците, толку поверојатно дека ќе бидат активни чинители

во нивните заедници. Статусот на пазарот на труд допринесе за разлики кај сите

наведени активности, освен кај потпишување на петиција и пополнување на анкета,

па така вработените испитаници почесто одговарале дека учествувале во

останатите активности, во споредба со оние испитаници кои не работат за пари.

Page 15: Анкета за граѓанско учество

15

IV. Влијание врз одлуки

Влијанието на граѓаните врз политиките одлуки го разгледуваме од три аспекти:

колку сметаат дека можат да влијаат на одлуките на локално и национално ниво,

дали се заинтересирани да бидат повклучени во одлуките на локално ниво и

ефективноста на механизмите за нивно вклучување во одлуките кои се носат на

локално ниво.

Клучни наоди

Повеќе од половина од граѓаните (52,7%) сметаат дека воопшто не

можат да влијаат врз донесувањето на одлуки во нивната општина, а само

4,5% сметаат дека можат многу да влијаат.

Кога станува збор за одлуки на национално ниво, повеќе од две третини

(69,6%) се чувуствуваат целосно беспомошни кога станува збор за

влијание врз политичките процеси, додека само 3% сметаат дека

навистина можат да имаат влијание.

Во однос на влијанието врз политичките одлуки не постојат разлики според

социо-демографските индикатори, со исклучок на образованието: колку

повисок степенот на образование на испитаниците, толку помалку

сметаат дека можат да имаат влијание врз одлуките на ниво на држава.

Така, додека 22,4% од испитаниците со завршено основно образование

сметаат дека можат многу или донекаде да влијаат на националните власти,

оваа бројка е 13,6% кај оние со завршено високо образование.

На повеќе од три четвртини од граѓаните (75,6%) им е многу или

донекаде важно да имаат можност да влијаат врз одлуките што се носат

во нивната локална заедница или општина, а повеќе од половина од

граѓаните (53,3%) би сакале да бидат повклучени во овие одлуки.

Пообразованите, вработените и повозрасните испитаници почесто

одговарале дека им е многу важно да можат да влијаат врз одлуките на

локално ниво. Иако очекувано, сепак е поразително тоа што младите на

возраст од 16 до 26 години значително поретко изјавувале дека им е

многу важно да можат да влијаат на локално ниво: 34,6% го избрале овој

одговор споредено со просекот од 44,2%.

Мажите, повозрасните, вработените и оние со повисок степен на

завршено образование почесто одговарале дека би сакале да бидат

повклучени во одлуките кои се носат на локално ниво.

Page 16: Анкета за граѓанско учество

16

Мажите и жените со иста фреквенција одговарале дека не се заинтересирани

да бидат повклучени во одлуките, па родовите разликите што ги утврдивме

се резултат на тоа што жените почесто од мажите го избирале одговорот

“зависи од проблемот”, што значи дека кај жените има поголем интерес за

селективно учество, додека кај мажите забележуваме дека има интерес

за вклученост во сите одлуки што се носат на локално ниво.

Како најефективни механизми за влијание врз одлуките на локално ниво се

издвојува контактирањето на медиумите со 57.1% и контактирањето на

невладините организации со 49.1%, што практично значи дека граѓаните за

најефективни механизми ги сметаат токму оние кои не ги вклучуваат

директно претставниците на локалните и националните власти.

И покрај тоа, можеме да забележиме голем оптимизам за ефективноста на

механизмите за граѓанско учество, па така следно на списокот е

контактирањето на советите на општината, по што следи контакт со месната

заедница (48.6%) и контакт со градоначалник (48.5%).

Од друга страна, контактирањето на претставниците од локалната и

националната власт се сметаат за најневозможни механизми за влијание врз

одлуките на локално ниво: една четвртина од испитаниците сметаат дека

е невозможно да се контактираат пратениците од нивната изборна

единица, а една петина сметаат дека не може да се стапи во контакт со

нивните градоначалници.

Протестот како акт на изразување граѓанско незадоволство се јавува последен на листата како најнеефективен метод за влијание врз

властите. Од друга страна, младите и оние со завршено високо образование

почесто одговарале дека протестот е ефективен. Така, меѓу младите на

возраст од 16 до 26 дури 43% сметаат дека е ова ефективен начин,

споредено со 21,1% од испитаниците на возраст од 57 до 66 години.

Влијание врз одлуките

Клучното прашање кога станува збор за тоа дали граѓаните можат да влијаат врз

одлуките на локално и национално ниво е индивидуалната перцепцијата за

политичката ефикасност. Во таа насока, најважното прашање во овој дел од

анализата е дали граѓаните можат да влијаат во процесите на донесување на

одлуки, т.е. нивната перцепцијата за тоа колку воопшто можат да влијаат на овие

процеси, особено на локално ниво каде што се очекува поголем пристап до

институциите, а со тоа и поголемо влијание. Одговорите на прашањата дали можат

да влијаат врз одлуките на локално и национално ниво се разочарувачки во овој

поглед. Така, повеќе од половина од граѓаните сметаат дека воопшто не можат да

Page 17: Анкета за граѓанско учество

17

влијаат врз донесувањето на одлуки во нивната општина, а само 4,5% сметаат дека

можат многу да влијаат.

Табела 4.

Дали можете да влијаете врз донесувањето на

одлуките што се носат во вашата општина? Фреквенција %

Многу може да влијаете 52 4,5

Донекаде може да влијаете 256 22,3

Малку може да влијаете 236 20,5

Не можете да влијаете 606 52,7

Вкупно 1150 100,0

Сликата е уште полоша кога станува збор за одлуки на национално ниво. Кај ова

прашање веќе повеќе од две третини (69,6%) се чувуствуваат целосно беспомошни

кога станува збор за влијание врз политичките процеси, додека само 3% сметаат

дека навистина можат да имаат влијание.

Табела 5.

A одлуките што се донесуваат за Македонија? Фреквенција %

Многу може да влијаете 34 3,0

Донекаде може да влијаете 156 13,7

Малку може да влијаете 157 13,8

Не можете да влијаете 794 69,6

Вкупно 1141 100,0

Дека песимизмот во однос на можностите да се влијае на политичките процеси на

локално и национално ниво е широко распространет, говори и фактот што кај овие

две прашања нема значителни разлики според социо-демографските

карактеристики за кои испитувавме во оваа анализа. Единствена разлика која се

појави во споредбената анализа беше кај прашањето за влијание врз одлуките што

се однесуваат на Македонија, каде што стекнатото ниво на образование корелира

негативно со оптимизмот дека можат да влијаат на одлуките, т.е. колку повисок

степенот на образование на испитаниците, толку помалку сметаат дека можат да

имаат влијание врз одлуките на ниво на држава. Така, додека 22,4% од

испитаниците со завршено основно образование сметаат дека можат многу или

донекаде да влијаат на националните власти, оваа бројка е 13,6% кај оние со

завршено високо образование.

Одговорите на овие две прашања даваат една поразителна слика за искористеноста

на демократските механизми кои обезбедуваат директно учество во донесувањето

одлуки на локално и национално ниво. Огромниот број на оние кои не веруваат

дека можат да влијаат врз нивните избрани претставници укажува на тоа дека и

покрај законски обезбедените можности за партиципативност, граѓаните не сметаат

Page 18: Анкета за граѓанско учество

18

дека нивниот глас ќе биде слушнат, па можеби и на ова се должи ниската

искористеност на тие механизми.

Важноста на влијанието врз одлуките

Тоа што граѓаните се чувствуваат беспомошни кога станува збор за нивното

учество во политичките процеси станува особено алармантно ако ги земеме

предвид одговорите на следните две прашања, според кои на повеќе од три

четвртини од граѓаните им е многу или донекаде важно да имаат можност да

влијаат врз одлуките што се носат во нивната локална заедница или општина

(Табела 6), а повеќе од половина од граѓаните би сакале да бидат повклучени во

овие одлуки (Табела 7). Она што можеме да заклучиме од овие бројки, и што е

многу важно кога зборуваме за граѓанско учество, е дека ниската искористеност и

неефикасноста на механизмите за директно граѓанско учество не се должат

исклучиво на незаинтерсираноста на граѓаните.

Табела 6.

Колку е важно за вас лично да имате можност да

влијаете врз одлуките што се носат во вашата локална

заедница/општина? Фреквенција %

Многу ви е важно 510 44,2

Донекаде ви е важно 362 31,4

Малку ви е важно 152 13,2

Воопшто не ви е важно 129 11,2

Вкупно 1153 100,0

Кај ова прашање постојат значителни разлики во одговорите помеѓу возрасните

групи. Иако кога ги разгледуваме заедно позитивните одговори, т.е. одговорите

дека им е многу или донекаде важно да имаат можност да влијаат на локално ниво

разликите се губат, сепак вреди да се напомене дека кај најмладата возрасна група,

т.е. кај оние помеѓу 16 и 26 години забележуваме најмал процент на оние кои

одговориле дека ова им е важно. Така, на оваа возраст само на една третина (34,6%)

им е многу важно да влијаат на одлуките на локално ниво, споредено со на пример,

испитаниците над 47 години, кај кои скоро половина одговориле дека им е многу

важно. Кај останатите возрасни групи, т.е. кај 27-36 и 37-46 години, процентот на

оние на кои оваа можност им е многу важна се движи со просекот на примерокот,

односно соодветно 44,5% и 45%. Образованието исто така допринесува за разлики

во одговорите кај ова прашање, па кај пообразованите забележуваме поголема

тенденција да даваат значење на можноста да влијаат на одлуките на локално ниво.

Ова е најзабележително кај оние кои одговориле дека воопшто не им е важно: вака

одговориле 18,8% од испитаниците со завршено основно образование, споредено

со 5,1% од оние со завршено високо образование. Мали, но сепак статистички

значителни разлики забележавме и според етничката припадност на испитаниците,

со тоа што етничките македонци имаат тенденција да придаваат поголема важност

Page 19: Анкета за граѓанско учество

19

на оваа можност во споредба со етничките албанци. Конечно, статусот на пазарот

на трудот исто така беше фактор во одговорите на ова прашање, па така

вработените придаваат поголема важност на можноста да влијаат на процесот на

донесување одлуки на локално ниво. Оваа разлика е најзабележителна во

негативните одговори, каде што 20,5% од вработените се изјасниле дека им е малку

или воопшто не им е важно, споредено со 28% од нивните невработени или

економски неактивни сограѓани.

Табела 7.

Генерално земено, дали би сакале да бидете

повклучени во одлуките што ги носи општинскиот

совет кои го засегаат вашиот град, вашето село? Фреквенција %

Да 626 53,3

Не 269 22,9

Зависи од проблемот/прашањето за кој/е се одлучува 280 23,8

Вкупно 1175 100,0

Кај прашањето дали би сакале да бидат повклучени во одлуките што ги носи

општинскиот совет, наидовме на разлики по скоро сите демографски индикатори,

освен етничката припадност. Мажите, повозрасните, вработените и оние со

повисок степен на завршено образование почесто одговарале дека би сакале да

бидат повклучени во одлуките. Доколку ги разгледаме одговорите според пол,

може да забележиме дека не постојат разлики во негативните одговори, т.е., и

мажите и жените со иста фреквенција одговарале дека не се заинтересирани да

бидат повклучени во одлуките. Според тоа, разликите што ги утврдивме во оваа

категорија се резултат на тоа што жените почесто од мажите го избирале одговорот

“зависи од проблемот”, што значи дека кај жените има поголем интерес за

селективно учество, додека кај мажите забележуваме дека има интерес за

вклученост во сите одлуки што ги носи општинскиот совет. Од друга страна,

разликите во позитивните одговори според степенот на образование и статусот на

пазарот на труд не се надоместуваат со желба за селективно учество, па

испитаниците со завршено основно образование и оние кои не се вработени

значително почесто одговарале дека не би сакале да бидат повклучени во одлуките

што се донесуваат на локално ниво. Оваа разлика е поизразена во поделбата според

степен на образование, па кај оние со завршено основно скоро една третина (32%)

го избирале овој одговор, во споредба со 22,8% од испитаниците со завршено

средно образование и 15,2% од испитаниците со завршено високо образование.

Ефективност на механизмите за влијание врз одлуките

Откако утврдивме дека кај испитаниците сепак преовладува желбата да бидат

повклучени во донесувањето на одлуки што се однесуваат на нивните места на

живеење, во следниот дел ги разгледуваме одговорите на прашањата во кои од

граѓаните беше побарано да оценат колку сметаат дека одредени форми на учество

Page 20: Анкета за граѓанско учество

20

можат да бидат ефективни и што би им олеснило да влијаат врз процесите на

донесување одлуки. Кај првото прашање интересно беше што и покрај песимизмот

кога станува збор за тоа дали можат да влијаат на донесувањето одлуки, кај

најголемиот дел од механизмите испитаниците повеќе ги сметаат за ефективни

отколку за неефективни.

Она што можеме да го издвоиме кај ова прашање е дека како најефективен

механизам се издвојува контактирањето на медиумите со 57.1% и контактирањето

на невладините организации со 49.1%, што практично значи дека граѓаните за

најефективни механизми ги сметаат токму оние кои не ги вклучуваат директно

претставниците на локалните и националните власти.

И покрај тоа, можеме да забележиме голем оптимизам за ефективноста на

механизмите за граѓанско учество, па така следно на списокот е контактирањето на

советите на општината, по што следи контакт со месната заедница (48.6%) и

контакт со градоначалник (48.5%). Тука уште едаш можеме да заклучиме дека

полесниот пристап до властите на локално ниво има големо влијание врз

перцепцијата на граѓаните. Од друга страна, и покрај довербата во ефективноста на

локалните механизми, останува големиот сомнеж дека самите можат да влијаат врз

донесувањето на одлуки кое го видовме погоре. Така, оптимизмот кој го

забележуваме кај граѓаните по ова прашање уште еднаш укажува на тоа дека

неискористеноста, т.е. неспроведувањето на овие механизми е најголемата причина

за нивната неуспешност.

Табела 8.

Оценете ја ефективноста на следниве начини на кои би можеле да влијаете

врз донсувањето на одлуки:

Ефективен

метод

Неефективен

метод

Невозможно

Фрекв. % Фрекв. % Фрекв. %

Koнтактирање со месна

заедница

521 48,6 291 27,1 207 19,3

Контактирање со совет на

општината (или совет на

градот)

533 49,1 300 27,6 200 18,4

Контактирање на

градоначалникот

536 48,5 279 25,2 231 20,9

Контактирање на пратениците

од вашата изборна единица

397 38,0 307 29,4 265 25,4

Потпишување или

организирање на потпишување

на петиција

449 43,3 423 40,8 108 10,4

Демонстрирање, протестирање

или присуство на јавен собир

359 33,7 542 50,8 104 9,8

Контактирање медиуми 612 57,1 361 33,7 66 6,2

Контактирање невладина 491 49,1 369 36,9 87 8,7

Page 21: Анкета за граѓанско учество

21

организација

Дополнително сознание кое го даде ова прашање, а кое е исто така многу важно

кога станува збор за активно граѓанство е тоа што протестот како акт на изразување

граѓанско незадоволство тука се јавува како последно на листата како

најнеефективен метод за влијание врз властите. Од друга страна, ако ги разгледаме

одговорите поделени според демографските индикатори, забележуваме дека

младите и оние со завршено високо образование почесто одговарале дека протестот

е ефективен начин на кој може да се влијае врз донесувањето на одлуки. Така, меѓу

младите на возраст од 16 до 26 дури 43% сметаат дека е ова ефективен начин,

споредено со 21,1% од испитаниците на возраст од 57 до 66 години.

Со последното прашање во овој дел од испитаниците побаравме да оценат што

конкретно би го олеснило нивното влијание врз донесувањето на одлуки во

нивната општина. Она што е интересно кај одговорите на ова прашање е дека кај

скоро половина од испитаниците недостатокот на време не прави разлика во

нивното (не)влиаење на локално ниво, што уште еднаш укажува на тоа дека кај

огромен број на граѓани проблемот не е во тоа што не можат или пак не сакаат да

се вклучат. Останатите одговори го потврдуваат ова. Така на пример, дури три

четвртини од граѓаните сметаат дека би им било полесно да влијаат доколку

општината директно побара од нив да се вклучат. Ако ова го разгледаме во

комбинација со дури 58.6% кои сметаат дека виртуелното, т.е. онлајн вклучувањето

би им го олеснало учеството, овие податоци можат да им бидат од голема корист на

локалните власти во стратешкото планирање кон поголема вклученост на граѓаните

во работата на општините преку интернет платформи.

Табела 9.

Кои од следниве работи вам би ви олесниле да влијаете врз донесувањето на

одлуки во вашата општина?

Да, ќе беше

полесно

Не, немаше да

направи разлика

Фрекв. % Фрекв. %

Дали да имавте повеке време ке ви беше

полесно да влијаете врз процесите на

донесување одлуки или веке имате

доволно време за тоа?

591 51,3 560 48,7

А долку советот стапи директно во

контакт со вас и побара од вас да се

вклучите?

861 76,1 271 23,9

А доколку можевте да го дадете вашето

мислење онлајн или по е-мејл?

646 58,6 456 41,4

Доколку знаевте за кои

прашања/проблеми се расправа во

општината?

741 67,0 365 33,0

Доколку беше полесно да го

контактирате градоначалникот?

786 69,7 341 30,3

Page 22: Анкета за граѓанско учество

22

А доколку би можеле да се вклучите во

работна група која одлучува по

прашањата и проблемите во нашата

општина?

837 73,7 299 26,3

V. Волонтерство

Во овој дел од анализата ќе се осврнеме на волонтерството како една важна форма

на она што научната литература го нарекува ангажирано граѓанство (наспроти

конвенционалното граѓанство што подразбира излегување на избори). Тука

правевме разлика помеѓу неплатена работа за помош на индивидуално ниво, т.е. за

личности со кои испитаниците не се семејно врзани, и на ниво на организации, т.е.

традиционално волонтерство. Изборот да го прошириме концептот волонтерство

надвор од неговите традиционални рамки беше за да видиме дали утврденото

ниско ниво на традиционално волонтерство во државата се надоместува со помош

на индивидуално ниво.

Клучни наоди

Кога станува збор за традиционалното волонтерство, само 18,3% од

испитаниците во последните 12 месеци членувале во организација или

клуб.

Mажите почесто членуваат во организација или клуб од жените (21,7%

наспроти 14,1%), како и вработените повеќе од невработените (20,9%

наспроти 15,6%).

Кога станува збор за степенот на образование на испитаниците,

забележуваме линеарна корелација со членство во организација или

клуб, според која најмалку ангажирани се оние со ниско образование,

каде што ова е случај кај еден од десет испитаници (10,2%), а

најангажирани оние со завршено високо образование, каде скоро секој

трет испитаник (31,2%) одговорил позитивно на ова прашање.

Иако религиозноста, т.е. дали испитаниците се сметаат за верници или не

воопшто не придонесе за разлики во однос на нивното учество во

организација или клуб, прашањето дали се сметаат за активни верници

корелираше негативно со веројатноста дека волонтирале во некоја

организација, па така кај оние кои не се сметаат за активни верници

волонтирале 22,7% споредено со 17,3% од активните верници.

Најчеста форма на помош која испитаниците им ја пружаат на

организациите е консултатитвната, па така, од оние кои се изјасниле дека

Page 23: Анкета за граѓанско учество

23

членуваат во некоја организација, дури 76,2% се изјасниле дека даваат

информации, консултации или совети. Како најретка форма на помош се

јавува онаа која подразбира водење на група или членување во управен

одбор, која ја пријавиле 30,8% од испитаниците.

Индивидуалното волонтерство, т.е. директна помош на лица кои не им се

роднини, се случува значително почесто од традиционалното волонтерство,

па дури 79,9% од граѓаните пријавиле некаква активност со која му

помогнале на друг. Ова укажува на тоа дека граѓаните се сепак

подготвени да го волонтираат своето време, иако тоа не го прават во

рамки на формални здруженија.

Ако кај традиционалното волонтерство повеќе од две третини (69,4%) од

оние кои учествуваат во работата на некоја организација или клуб се

изјасниле дека тоа го прават најмалку еднаш месечно, индивидуалното

волонтерство се случува поретко, со тоа што најмалку еднаш месечно

го прават половина од испитаниците (50,6%).

Волонтерство

Кога станува збор за традиционалното волонтерство, само 18,3% од испитаниците

во последните 12 месеци членувале во организација или клуб. На прашањето колку

често им помагале на организациите или клубовите во кои членуваат, добивме

поделени одговори, меѓутоа позитивно е што најголемиот број од испитаниците

кои се вклучуваат во работата на организации или клубови тоа го прават често.

Така, мнозинството, или 36,7% им помагаат на организациите најмалку еднаш

месечно, по што следат оние кои помагаат најмалку еднаш неделно (32,7%), додека

27,6% помагаат поретко од еднаш месечно.

Табела 10.

Дали во последниве 12 месеци сте биле член на некоја

организација или клуб?

Фреквенција %

Да 213 18,3

Не 952 81,7

Вкупно 1209 100,0

Кај прашањето дали испитаниците учествуваат во традиционално волонтерство

наидовме на разлики според неколку од социо-демографските индикатори за кои

испитувавме. Така, забележуваме дека за мажите е поверојатно да членуваат во

организација или клуб од жените (21,7% наспроти 14,1%), како и вработените

повеќе од невработените (20,9% наспроти 15,6%). Кога станува збор за степенот на

образование на испитаниците, забележуваме линеарна корелација со одговорите на

Page 24: Анкета за граѓанско учество

24

ова прашање, според која најмалку ангажирани се оние со ниско образование, каде

што ова е случај кај еден од десет испитаници (10,2%), а најангажирани оние со

завршено високо образование, каде скоро секој трет испитаник (31,2%) одговорил

позитивно на ова прашање.

Кај ова прашање исто така направивме споредба со одговорите на испитаниците за

тоа дали се сметаат за активни верници, поради тоа што научната литература ја

препознава религиознаста како фактор кој позитивно корелира со волонтерството.

Она што е интересно кај резултатите од нашата анкета е што добивме спротивни

резултати од очекуваните. Иако самата религиозност, т.е. дали испитаниците се

сметаат за верници или не воопшто не придонесе за разлики во одговорите на ова

прашање, прашањето дали се сметаат за активни верници корелираше негативно со

веројатноста дека волонтирале во некоја организација, па така кај оние кои не се

сметаат за активни верници волонтирале 22,7% споредено со 17,3% од активните

верници.

Табела 11.

Дали во последниве 12 месеци сте

биле член на некоја организација или

клуб?

Дали се сметате за активен верник?

Да Не

Фрекв. % Фрекв. %

Да 148 17,3 62 22,7

Не 708 82,7 211 77,3

Вкупно 856 100,0 273 100,0

Следното прашање се однесуваше на конкретни активности кои испитаниците ги

прават во рамки на организациите во кои членуваат и имаше за цел да испита на

каков начин граѓаните се вклучуваат во работата на организациите, т.е., во што се

состои нивното волонтирање. Најчеста форма на помош која испитаниците им ја

пружаат на организациите е консултатитвната, па така, од оние кои се изјасниле

дека членуваат во некоја организација, дури 76,2% се изјасниле дека даваат

информации, консултации или совети. Организација на настани или помош при

организација на настани е исто така честа форма волонтирање во која учествувале

70,1% од испитаниците. Како најретка форма на помош се јавува онаа која

подразбира водење на група или членување во управен одбор, која ја пријавиле

30,8% од испитаниците.

Табела 12.

А дали во ПОСЛЕДНИВЕ 12 МЕСЕЦИ

сте дале НЕПЛАТЕНА помош до вашата

или било која друга организација, група

или клуб на било кој од следниве начини?

Да Не

Фрекв. % Фрекв. %

Собирање или ракување со пари 76 36.0 135 64.0

Page 25: Анкета за граѓанско учество

25

Водење на групата или член на (управен)

одбор

65 30.8 146 69.2

Организација на настан или помош при

организација на настан

148 70.1 63 29.9

Давање информации, консултации, совети 160 76.2 50 23.8

Секретарска, административна,

канцелариска или сметковотсвена работа

66 31.1 146 78.9

Возење, наоѓање транспорт 95 45.7 113 54.3

Друга практична помош (пример купување

работи, помош во училиште итн)

61 37.2 103 62.8

Како што најавивме во воведот на овој дел од студијата, во исчекување на ниско

ниво на традиционално волонтерство кај граѓаните, во прашалникот вклучивме

прашање преку кое се обидовме да дознаеме дали ниското учество во

традиционални форми на волонтерство граѓаните го надоместуваат со друга форма

на помош која се случува на индивидуално ниво. Така, следното прашање се

однесуваше на било каква форма на помош која испитаниците ја даваат на

индивидуални лица со кои не се во роднинска врска. Во овој случај, дури 79,9% од

граѓаните направиле најмалку една од активностите понудени во одговорите на ова

прашање, што укажува на тоа дека граѓаните се сепак подготвени да одвојат од

своето време за да му помогнат на друг, иако тоа не го прават во рамки на

формални здруженија. Од друга страна, она што може да се забележи е дека

граѓаните поретко учествуваат во ваква форма на волонтерство во споредба со

традиционалното. Ако кај традиционалното волонтерство повеќе од две третини

(69,4%) од оние кои учествуваат во работата на некоја организација или клуб се

изјасниле дека тоа го прават најмалку еднаш месечно, индивидуалното

волонтерство се случува поретко, со тоа што најмалку еднаш месечно го прават

половина од испитаниците (50,6%).

Табела 13.

Во последните 12 месеци, дали сте

направиле нешто од следниве работи

БЕСПЛАТНО, за некој КОЈ НЕ ВИ Е

РОДНИНА?

Да Не

Фрекв. % Фрекв. %

Одржување контакт со лице кое има

потешкотии со излегување (посета,

телефонирање, комуникација преку е-

маил)

483 40,7 703 59,3

Купување работи, подигнување пензија

или плаќање сметки

465 39,3 718 60,7

Готвење, чистење, перење, градинарство

или други рутински домашни работи

414 35,0 769 65,0

Уредување или друг вид на поправки во

домот или на кола

457 38,9 719 61,1

Чување или грижење за деца 369 31,4 805 68,6

Page 26: Анкета за граѓанско учество

26

Лична грижа (на пр. бањање,

облекување) за болно или изнемоштено

лице

305 25,9 873 74,1

Грижа за имот (чување на куќа, стан,

полевање цвеќиња) или грижење за

домашно милениче за некој кој е отсутен

453 38,3 453 38,3

Пишување писма или пополнување на

документи

447 37,8 734 62,2

Застапувавте некого (на пр. во општина

или кај доктор)

316 27,0 854 73,0

Возење или придружување (на пр. до

аеродром, во болница или при

прошетка)

506 43,2 664 56,8

Page 27: Анкета за граѓанско учество

27

VI. Припадност

Постоечката научна литература на тема граѓанско учество укажува на тоа дека

чувството на припадност во заедницата, без разлика дали на локално или

национално ниво, игра голема улога во одлуката на граѓаните активно да

учествуваат во подобрување на заедниците во кои живеат. Така, овој дел од

анализата има за цел да го испита чувството на припадност на испитаниците по

неколку различни основи, вклучувајќи дали се задоволни од непосредната околина

во која живеат, колку се чувствуваат како дел од своите заедници, како и дали

имаат доверба во нивните соседи и сограѓани.

Клучни наоди

Задоволност од локалната средина:

Помалку од 40% од испитаниците се многу задоволни од нивните

непосредни заедници како места за живеење. Албанските испитаници се

значително позадоволни од нивните непосредни маала како места за

живеење, па така половина од албанците (50,5%) се многу задоволни од

непосредната средина во која живеат споредено со третина од

македонските испитаници (34,9%) кои го избрале овој одговор.

Кај прашањето дали во нивното место на живеење денес се живее

подобро или полошо отколку пред две години доминираат 46,5% од

испитаниците кои сметаат дека се живее подобро, по што следат нешто

повеќе од една третина кои сметаат дека нема промена. Само 17,8% сметаат

дека денеска нивното место на живеење е полошо отколу пред две години.

Испитаниците од Скопскиот (52,9%) и Пелагонискиот (53,9%) регион

почесто оценувале дека денес нивниот град или село се подобри места за

живеење. Од друга страна, испитаниците од Скопскиот регион исто така

почесто одговарале дека нивниот град денес е полошо место за живеење

(20,4%), па заедно со испитаниците од Источниот (20,6%) и Југозападниот

(29,3%) значително отскокнуваат од просекот во избирањето на овој

одговор.

Чувство на припадност на заедницата:

Граѓаните во голема мера се чувствуваат како дел од нивните заедници

и чувството на припадност е најголемо на ниво на држава. Ова укажува

на тоа дека кај граѓаните постои огромен потенцијал за граѓанско учество,

со оглед на тоа дека чувството на припадност е важен предуслов за

граѓаните да се решат на поактивно граѓанство.

Page 28: Анкета за граѓанско учество

28

Не постојат значителни разлики помеѓу чувството на припадност на

маалото/населбата и селото/градот во кои живеат, па така и во двата случаи

околу 90% од испитаниците се изјасниле дека и припаѓаат на

непосредната заедница во која живеат, од кои мнозинството (нешто

помалку од две третини) сметаат дека многу и припаѓаат. Бројот на оние кои

се изјасниле дека воопшто не се чувствуваат како дел од своите локални

заедници и во обата случаја е 3%.

Состојбата е слична и кога станува збор за припадност на државата, па

повторно над 90% од испитаниците се изјасниле дека чувствуваат

припадност кон државата. Сепак, тука забележуваме разлика во бројот на

оние кои силно се поистоветуваат со државата, па ако на локално ниво две

третини од граѓаните многу се чувствуваат како дел од заедницата, на ниво

на држава оваа бројка е три четвртини.

Најголеми разлики во одговорите забележавме врз основа на етничката

припадност и возраста, па така кај албанските испитаници и младите на

возраст од 16 до 26 забележуваме помала тенденција да избираат дека многу

и припаѓаат на државата.

Здружување во заедницата:

Една петина од испитаниците оцениле дека луѓето од нивното

маало/населба никогаш не се здружуваат за да го подобрат

маалото/населбата. Скоро половина од испитаниците сметаат дека

организирањето се случува, но ретко, а скоро една петина сметаат дека тоа

се случува често. Само една десетина од испитаниците изјавиле дека во

нивното маало или населба граѓаните постојано се здружуваат или

организираат за подобрување на заедницата.

Албанските испитаници двојно почесто одговарале дека луѓето од

нивните населби постојано се здружуваат: 17,1% од нив го бирале овој

одговор споредено со 8,4% од македонските испитаници.

Кога станува збор за селата или градовите во кои живеат испитаниците

повторно преовладува мислењето дека здружувањето, односно

организирањето за подобрување на заедницата се случува ретко.

Најголемата разлика која ја забележавме во споредба со прашањето за

здружување во маала и населби е тоа што се намали бројот на испитаници

кои сметаат дека луѓето од нивната заедница никогаш не се здружуваат, од

20.8% на 12.7%.

Разликите во одговорите кога станува збор за здружување на ниво на држава

се повторно мали, што укажува на тоа дека граѓаните не гледаат големи

разлики во здружувањето на локално и национално ниво. Повторно

Page 29: Анкета за граѓанско учество

29

мнозинството, или над половина од испитаниците (53.6%) сметаат дека

ваквите иницијативи се случуваат ретко, а само 7.4% сметаат дека тие се

случуваат редовно, т.е. постојано.

Доверба во заедницата:

На прашањето дали на соседите можат да им веруваат или пак очекуваат

дека тие би ги искористиле за лична корист кога би имале таква шанса

забележавме голема поделеност помеѓу испитаниците. Иако за малку

преовладуваат оние кои сметаат дека на нивните соседи може да им се

верува, сепак дури 44.9% сметаат дека соседите би ги искористиле

доколку им е дадена можност.

Албанските испитаници значително повеќе имаат доверба во соседите,

па скоро три четвртини од нив (73,8%) сметаат дека може да им се

верува на нивните соседи во споредба со помалку од половина од

македонските испитаници (46,8%).

Задоволност од локалната средина

Првата серија на прашања имаше за цел да утврди колку испитаниците се

задоволни од локалните заедници во кои живеат, како предуслов за нивно активно

учество во овие заедници. Од одговорите можеме да забележиме дека нема големи

разлики во одговорите врз основа на тоа дали станува збор за непосредната

заедница (маало или населба) или поголемата локална заедница (град или село), па

така и во двата случаи помалку од 40% од испитаниците кажеле дека се многу

задоволни од нив како место за живеење.

Табела 14.

Генерално, колку сте задоволни или

незадоволни од вашето непосредно

маало како место за живеење? Фреквенција % мкд алб

многу сте задовол/ен/на 450 37,9 34.9% 50.5%

делумно сте задовол/ен/на 525 44,2 47.5% 31.2%

малку сте задовол/ен/на 145 12,2 12.2% 13.9%

воопшто не сум задовол/ен/на 68 5,7 5.4% 4.5%

Вкупно 1188 100,0 100,0 100,0

Кај ова прашање забележавме разлики по етничка основа, па така кај албанските

испитаници имаше поголема тенденција да бидат задоволни со непосредното маало

како место за живеење. Разликите се значителни: половина од албанците (50,5%) се

Page 30: Анкета за граѓанско учество

30

многу задоволни од непосредната средина во која живеат споредено со третина од

македонските испитаници (34,9%) кои го избрале овој одговор.

Табела 15.

А од вашиот град/вашето село? Колку сте задоволни

или незадоволни од вашиот град/вашето село како

место за живеење? Фреквенција %

многу сте задовол/ен/на 465 38,9

делумно сте задовол/ен/на 498 41,7

малку сте задовол/ен/на 153 12,8

воопшто не сум задовол/ен/на 78 6,5

Вкупно 1194 100,0

Задоволството од средините во кои живеат се јавува и во одговорите на прашањето

дали нивното место на живеење се сменило во последните две години, т.е. дали

денес градот или селото во кое живеат е подобро или полошо место за живеење.

Кај ова прашање доминираат 46,5% од испитаниците кои сметаат дека се живее

подобро отколку пред две години, по што следат нешто повеќе од една третина кои

сметаат дека нема промена. Интересно е што и покрај лошите финансиски услови

кои ги утврдивме кај мнозинството од испитаниците, само 17,8% сметаат дека

денеска нивното место на живеење е полошо отколу пред две години.

Табела 16.

Генерално, дали сметате дека во последните 2 години

градот/селото е подобро или полошо место за живеење

или пак сметате дека не се сменило многу? Фреквенција %

Градот/селото е подобро место за живеење 555 46,5

Градот/селото е полошо место за живеење 212 17,8

Градот/селото не се сменил/о многу 426 35,7

Вкупно 1193 100,0

Кај ова прашање забележавме големи разлики врз основа на регионите во кои

живеат испитаниците. Испитаниците од Скопскиот (52,9%) и Пелагонискиот

(53,9%) регион почесто оценувале дека денес нивниот град или село се подобри

места за живеење. Од друга страна, испитаниците од Скопскиот регион исто така

почесто одговарале дека нивниот град денес е полошо место за живеење (20,4%),

па заедно со испитаниците од Источниот (20,6%) и Југозападниот (29,3%)

значително отскокнуваат од просекот во избирањето на овој одговор.

Чувство на припадност на заедницата

Втората серија прашања разгледува колку испитаниците се чувствуваат како дел од

различните заедници на кои припаѓаат, почнувајќи од населбите, па до државата во

Page 31: Анкета за граѓанско учество

31

целост. Одговорите на испитаниците во оваа серија на прашања укажува на тоа

дека граѓаните во голема мера се чувствуваат како дел од нивните заедници и дека

чувството на припадност е најголемо на ниво на држава.

Табела 17.

Колку вие се чувствувате КАКО ДЕЛ од вашата

населба, односно КОЛКУ ПРИПАЃАТЕ на вашето

маало/населба? Значи дали би рекле дека ... Фреквенција %

Многу му припаѓате 766 64,0

Делумно му припаѓате 318 26,6

Малку му припаѓате 72 6,0

Воопшто не му припаѓате 36 3,0

Не знае/ Одбива да одговори 4 ,3

Вкупно 1196 100,0

Како што може да се забележи во табелите 17 и 18, не постојат значителни разлики

помеѓу чувството на припадност на маалото/населбата и селото/градот во кои

живеат, па така и во двата случаи околу 90% од испитаниците се изјасниле дека и

припаѓаат на заедницата во која живеат, од кои мнозинството (нешто помалку од

две третини) сметаат дека многу и припаѓаат. Бројот на оние кои се изјасниле дека

воопшто не се чувствуваат како дел од своите локални заедници и во обата случаја

е 3%.

Табела 18.

Колку му припаѓате на вашиот град/ вашето село? Фреквенција %

Многу му припаѓате 761 63,5

Делумно му припаѓате 318 26,5

Малку му припаѓате 75 6,3

Воопшто не му припаѓате 36 3,0

(не се чита)Не знае/ Одбива да одговори 8 ,7

Вкупно 1198 100,0

Состојбата е слична и кога станува збор за припадност на државата, па повторно

над 90% од испитаниците се изјасниле дека чувствуваат припадност кон државата.

Сепак, тука забележуваме разлика во бројот на оние кои силно се поистоветуваат

со државата, па ако на локално ниво две третини од граѓаните многу се чувствуваат

како дел од заедницата, на ниво на држава оваа бројка е три четвртини. Високите

бројки кои ги забележуваме кај овие три прашања укажуваат на тоа кај граѓаните

постои огромен потенцијал за граѓанско учество, со оглед на тоа дека чувството на

припадност е важен предуслов за граѓаните да се решат на поактивно граѓанство.

Табела 19.

А на Македонија? Колку и припаѓате на Македонија? Фреквенција %

Многу и припаѓате 903 75,1

Page 32: Анкета за граѓанско учество

32

Делумно и припаѓате 185 15,4

Малку и припаѓате 63 5,2

Воопшто не и припаѓате 45 3,7

Не знае/ Одбива да одговори 7 ,6

Вкупно 1203 100,0

Значително големи разлики во одговорите забележавме врз основ на етничка

припадност и и нешто помали во однос на возраст, па така кај албанските

испитаници и младите на возраст од 16 до 26 забележуваме помала тенденција да

избираат дека многу и припаѓаат на државата (78% од албанците споредено со 92%

од македонците).

Здружување во заедницата

Следната серија на прашања се однесуваше на организираноста на заедниците на

кои им припаѓаат испитаниците. Во овој дел ја разгледуваме перцепцијата на

испитаниците за тоа колку сметаат дека нивните заедници, т.е. луѓето од нивните

заедници учествуваат во подобрувањето на заедницата преку заеднички

иницијативи, но и колку и самите учествуваат во граѓански иницијативи.

Првото прашање се однесуваше на организираноста на микро ниво, во кое ги

прашавме испитаниците да оценат колку често нивните соседи се здружуваат за да

ги подобрат условите во маалата или населбите во кои живеат. Како што може да

се забележи од табелата, една петина оцениле дека луѓето од нивното

маало/населба никогаш не се здружуваат околу оваа цел. Скоро половина од

испитаниците сметаат дека организирањето се случува, но ретко, а скоро една

петина сметаат дека тоа се случува често. Само една десетина од испитаниците

изјавиле дека во нивното маало или населба граѓаните постојано се здружуваат или

организираат за подобрување на заедницата.

Табела 20.

Колку често лугето од вашето маало/населба се

здружуваат односно се ОРГАНИЗИРААТ ЗА ДА ГО

ПОДОБРАТ МААЛОТО/ НАСЕЛБАТА Фреквенција %

Да, луѓето од вашето маало/населба ПОСТОЈАНО се

здружуваат односно организираат

125 10,5

Да, луѓето од вашето маало/населба ЧЕСТО се здружуваат

односно организираат

220 18,4

Луѓето од вашето маало/населба РЕТКО се здружуваат

односно организираат

575 48,2

Не, луѓето од вашето маало/населба НИКОГАШ не се

здружуваат односно организираат

248 20,8

Page 33: Анкета за граѓанско учество

33

Спонтано - ништо не треба да се подобрува 4 ,3

Спонтано - Не знае/Нема став 22 1,8

Вкупно 1194 100,0

Кај ова прашање најголеми разлики постојат врз етничка основа, со тоа што

албанските испитаници двојно почесто одговарале дека луѓето од нивните населби

постојано се здружуваат: 17,1% од нив го бирале овој одговор споредено со 8,4%

од македонските испитаници. Помали, но сепак значајни разлики исто така

утврдивме врз основа на род и место на живеење, со тоа што жените и

испитаниците од руралните средини во поголем број сметаат дека соседите од

нивните населби никогаш не се здружуваат или ретко се здружуваат.

Резултатите се слични кога стаува збор за селата или градовите во кои живеат

испитаниците, па така повторно преовладува мислењето дека здружувањето,

односно организирањето за подобрување на заедницата се случува ретко.

Најголемата разлика која ја забележавме во одговорите на овие две прашања е тоа

што се намали бројот на испитаници кои сметаат дека луѓето од нивната заедница

никогаш не се здружуваат, од 20.8% на 12.7%.

Табела 21.

Колку често луѓето од вашиот град/село се здружуваат

односно организираат за да го подобрат градот/селото? Фреквенција %

Да, луѓето од вашиот град/село ПОСТОЈАНО се

здружуваат односно организираат

97 8,1

Да, луѓето од вашиот град/село ЧЕСТО се здружуваат

односно организираат

261 21,8

Луѓето од вашиот град/село РЕТКО се здружуваат

односно организираат

627 52,3

Не, луѓето од вашиот град/село НИКОГАШ не се

здружуваат односно организираат

152 12,7

Спонтано - ништо не треба да се подобрува 3 ,3

Спонтано - Не знае/Нема став 59 4,9

Вкупно 1199 100,0

Кај ова прашање разлики забележавме единствено во основа на возраст, со тоа што

најмладата возрасна група значително поретко одговара дека луѓето од нивниот

град или село никогаш не се здружуваат. Така, 8,2% младите на возраст од 16 до 26

години го бирале овој одговор, споредено со една петина (20,8%) од највозрасните

испитаници (57-66 години).

Последното прашање од оваа серија се однесуваше на граѓански иницијативи кои

се организираат на ниво на држава. Разликите во одговорите повторно се мали, што

укажува на тоа дека граѓаните не гледаат големи разлики во здружувањето на

локално и национално ниво. Повторно мнозинството, или над половина од

испитаниците (53.6%) сметаат дека ваквите иницијативи се случуваат ретко, а само

Page 34: Анкета за граѓанско учество

34

7.4% сметаат дека тие се случуваат редовно, т.е. постојано. Она што се издвојува

кај ова прашање е што дури 9%, или скоро една десетина од примерокот на ова

прашање спонтано (т.е. без анкетарите да ја понудат оваа опција како одговор)

одговориле дека ништо не треба да се подобрува, или со други зборови, дека не

гледаат потреба од граѓански иницијативи. Овој резултат можеби укажува на

негативен став кон граѓанските иницијативи како форма на граѓанско учество, па и

покрај тоа што се јавува кај само мал дел од испитаниците, сепак треба да се земе

превид како потенцијална пречка која ги спречува граѓаните да ги искористат сите

механизми кои им се на располагање за подобрување на условите во кои живеат.

Табела 22.

А генерално во Македонија? Дали луѓето во

Македонија често учествуваат во ГРАЃАНСКИ

ИНИЦИЈАТИВИ за општо добро? Фреквенција %

Да, луѓето во Македонија ПОСТОЈАНО учествуваат во

граѓански иницијативи

89 7,4

Да, луѓето во Македонија ЧЕСТО учествуваат во

граѓански иницијативи

230 19,2

Луѓето во Македонија РЕТКО учествуваат во граѓански

иницијативи

642 53,6

Не, луѓето во Македонија НИКОГАШ не учествуваат во

граѓански иницијативи

129 10,8

Спонтано - ништо не треба да се подобрува 108 9,0

Спонтано - Не знае/Нема став 89 7,4

Вкупно 1198 100,0

Доверба во заедницата

Последната серија прашања од овој дел се однесуваше на перцепциите на

испитаниците за луѓето со кои ги делат заедниците, т.е. поконкретно на тоа дали

постои доверба и солидарност помеѓу луѓето на локално ниво.

Со првото прашање од испитаниците побаравме да размислат за довербата која ја

имаат во нивните соседи и да одговорат дали на соседите можат да им веруваат или

пак очекуваат дека тие би ги искористиле за лична корист кога би имале таква

шанса. По ова прашање забележавме голема поделеност помеѓу испитаниците.

Иако за малку преовладуваат оние кои сметаат дека на нивните соседи може да им

се верува, сепак дури 44.9% сметаат дека соседите би ги искористиле доколку им е

дадена можност. Најголемите разлики кај ова прашање беа врз основа на етничка

припадност, па скоро три четвртини од албанските испитаници (73,8%) сметаат

дека може да им се верува на нивните соседи во споредба со помалку од половина

од македонските испитаници (46,8%).

Табела 23.

Page 35: Анкета за граѓанско учество

35

Кога размислувате за вашето маало и вашите

соседи и довербата што ја имате во нив, дали

би рекле дека... Фрекв % мкд алб

На повеќето од вашите соседи може да им се

верува

570 48,1 46.8% 73.8%

Доколку би имале можност повеќето од нив би

ве искористиле

532 44,9 53.2% 26.2%

Спонтано – Не знам/Не ги познавам соседите 45 3,8

Спонтано – Само што се преселив тука 4 ,3

Спонтано – 50/50 33 2,8

Вкупно 1184 100,0

Кај ова прашање жените се поскептични од мажите: 42,9% се согласуваат дека на

соседите може да им се верува, споредено со 51,8% од мажите, додека 50,7%

сметаат дека доколку имаат можност, повеќето би ги искористиле, во споредба со

40,9% од мажите. Разлики исто така забележавме врз основа на тоа колку долго

испитаниците живеат во сегашното место на живеење, со тоа што новодојдените се

очекувано поскептични во однос на нивните соседи.

Следното прашање конкретно ја операционализираше премисата од претходното

прашање, па така од испитаниците побаравме да оценат дали луѓето од нивното

маало или населба се солидарни, односно си помагаат еден на друг. И кај ова

прашање наидовме на голема поделеност во одговорите, но сепак вреди да се

издвои дека само 9% сметаат дека луѓето од нивната заедница никогаш не си

помагаат едни на други, што укажува на доста помал цинизам кај испитаниците

отколку што можеше да се увиди во претходното прашање. Овој податок е многу

важен кога станува збор за потенцијалот за граѓанско учество кај граѓаните, заради

тоа што очекуваната поддршка од соседите конкретно и заедницата воопшто може

да биде клучен фактор во одлуката на граѓаните да започнат или да учествуваат во

некаква локална иницијатива за подобрување на средината во која живеат. Жените

и тука се поскептични, па само 11,8% сметаат дека луѓето од нивните населби цело

време си помагаат, споредено со 17,2% од мажите.

Табела 24.

А дали сметате дека луѓето од вашето маало се

солидарни односно си помагаат еден на друг? Фреквенција %

Цело време си помагаат 179 15,0

Често си помагаат 410 34,3

Ретко си помагаат 473 39,5

Никогаш не си помагаат 108 9,0

Спонтано – Само што се преселив тука 4 ,3

Спонтатно – зависи, по потреба, некои 23 1,9

Вкупно 1197 100,0

Page 36: Анкета за граѓанско учество

36

Анекс I. Примерок:

Социо-економски индикатори

Методологија за избор и процедура за селекција на испитаниците :

Истражувањето е спроведено на случаен примерок во две фази, преку телефонско

асистирано интервју (CATI). Првата фаза се состоеше од обична, случајна

селекција, додека во втората се воведе и стратификација по четири параметри (пол,

возраст, етничка припадност и регион) за да се постигне приближна

репрезентативност на примерокот со генералната популација на Р. Македонија.

Примерокот е подготвен користејќи ги податоците од Државниот Завод за

статистика (попис на населението од 2002 година и последната достапна проценка

на населението од 31.12.2010 година) за популација над 15 години. Истражувањето

беше спроведено од 23ти септември до 20ти ноември 2012 година.

Примерок: Примерокот се состои од 1209 испитаници од кои 640 машки (54%) и

546 (46%) женски испитаници на возраст од 16 до 66 години. Машките испитаници

се нешто позастапени во споредба со генералната популација (50,14% мажи).

Просечната возраст изнесува 43 години, а поделени по возрасни категории, 20,8%

од испитаниците се на возраст 16-26 години, 21,5% се на возраст 27-36 години,

20,3% се на возраст 37-46 години, 19,4% се на возраст 47-56 години, и 18,1% се на

возраст 57-66 години.

Анкетата ги вклучи сите региони од државата: најголем број од испитаниците се од

скопскиот регион (28,4%), по што следат 15.8% од полошкиот регион, 11,3% од

пелагонискиот, 9,9% од југозападниот, 9% од источниот, 8,2% од југоисточниот,

9,9% од североисточниот, а во најмал број, односно 7,6% од вардарскиот регион.

Овие квоти се приближно репрезентативни за генералната популација од 16 до 66

години. Испитаниците во најголем број (33,6%) живеат во поголеми градови, по

што следат оние кои живеат во руралните средини (28,9%). Околу една десетина

или 10,8% се од помал град, 5,4% од приградска населба, а секој петти испитаник

живее во главниот град Скопје (21,4%).

Образовната структура на испитаниците е следна: 12 испитаника немаат

завршено ниту основно образование, речиси еден од пет испитаници (18,4%) имаат

завршено само основно образование. Повеќе од половина од испитаниците се со

завршено средно образование и тоа 43,8% средно стручно и 12,8% гимназиско

средно образование. Останата четвртина од испитаниците имаат завршено

најмалку високо образование, од кои 2,6% имаат завршено постдипломски,

докторски и специјализирачки студии.

Табела 25.

Образование Фреквенција %

Ниско 228 18,9

Page 37: Анкета за граѓанско учество

37

Средно 664 54,9

Високо (вклучително и Виша) 281 24,0

Не се изјасниле 36 3,0

Вкупно 1209 100,0

Етничка структура: Најголем број од испитаниците се изјаснија како етнички

Македонци (73,4%), 17,1% како етнички Албанци, и 6,0% со друга етничка

припадност. 42 испитаника или 3,5% не ја искажаа својата етничка припадност.

Статус на пазарот на труд и економска моќ: И покрај тоа што примерокот е на

примарна возраст за работната сила само 48,2% од испитаниците се изјасниле дека

имаат платена работа, без разлика дали се официјално пријавени или не.

Останатите 49% се изјасниле дека не работат, а 34 испитаника одбија да одговорат

на ова прашање. Од оние што работат, најголем дел (75,6%) работат за друг,

односно се вработени, додека една четвртина, или 24,4% се самовработени.

Примањата на испитаниците се прикажани во табела 2. Како што може да се види

од табелата, просечните примања на македонските работници се ниски, каде 40,2%

земаат под 10.000 денари, а високи 67,9% под 15.000 денари месечно.

Табела 26.

Месечни примања Фреквенција %

0 - 5,000 ден . 223 18.4

5,001 - 10,000 ден . 263 21.8

10,001 - 15,000 ден . 214 17.7

15,001- 20,000 ден . 146 12.1

24,001 - 30,000 ден . 135 11.1

31,001 + ден . 139 11.5

Не знае/ Одбива 136 11.2

Вкупно 1208 100%

Сепак, испитаниците се надеваат на подобрување: на прашањето што очекуваат од

следната година, само една петина од испитаниците се песимисти и очекуваат

влошување. Скоро една третина од испитаниците очекуваат состојбата да остане

иста, а 47,2% очекуваат дека финансиската состојба ќе им се подобри:

Табела 27.

Дали сметате дека вашата лична/семејна финансиска

ситуација ќе се подобри, ќе остане иста или ќе се

влоши во следниве 12 месеци? Фреквенција %

Ќе се подобри многу 95 8,7

Ќе се подобри малку 421 38,5

Ќе остане иста 340 31,1

Ќе се влоши малку 178 16,3

Page 38: Анкета за граѓанско учество

38

Ќе се влоши многу 59 5,4

Вкупно 1093 100,0

Со оглед на постојните докази за религиозноста како показател за традиционалните

форми на граѓанско учество, особено волонтерството, во демографските

индикатори ја вклучивме и верската припадност:

Табела 28.

Која е вашата религија, дури и во случај да не сте

активен верник? Фреквенција %

православен/а христијанин/ка 894 76,5

муслиман/ка 264 22,6

атеист, агностик 11 0,9

Вкупно 1169 100,0

Кога што се гледа од табела 5, најголемиот дел, т.е. три четвртини (76,5%) од

испитаниците се православни христијани, по што следуваат муслиманите со 22,6%.

Помалку од еден процент, или 0,9% од испитаниците се идентификуваат како

атеисти или агностици. Од друга страна, иако повеќе од 99% од испитаниците се

идентификуваат со одредена религја, 24,8 % не се сметаат себеси за активни

верници:

Табела 29.

Дали се сметате за активен верник? Фреквенција %

да 866 75,2

не 285 24,8

Вкупно 1151 100,0