Top Banner
ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ
37

Здрава исхрана долг живот

Apr 03, 2016

Download

Documents

 
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Page 2: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 2

Предговор Почитувани читатели!!!!

Книгава преставува само еден мал мој обид, да Ве упатам,

информирам и насочам кон правилната исхрана, Живееме во

време на технолошка експанзија, која неминовно ги заплиснува

сите пори и сегменти на нашето живеење.

Во тој контекст, храната која денес ја конзумираме во голем

дел е комплетно различна од таа што десетици илјади години

наназад ја конзумирале нашите предци.

Дали токму во храната лежи одговорот на бројните хронични и

фатални болести кои го дебнат човештвото???

Книгава преставува само еден мал обид објективно,

непристрасно, без никаква материјална корист, да се осврнам врз

релевантни научни докази , за значењето на храната и нејзиното

влијание врз нашето здравје.

Во творењето на секој сегмент од оваа книга се користени, во

моментов, најновите сознанија, а во пишувањето на секој прилог се

користени повеќе извори, со цел за што пообјективен приказ,

ослободен од комерцијални побуди.

Со должна почит до секој читател

Искрено Ваш

Виш научен сор. Д-р. Сци Нико Беќаровски

Page 3: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 3

ЛЕНЕНО СЕМЕ (Flax seed)

СУПЕР ХРАНА

Некои го нарекуваат најмоќно расте-

ние на планетата, некои го сметаат за

лек за сè, а сите го знаеме како лен,

односно ленено семе. Науката дока-

жала на многу наврати дека лененото

семе има позитивни ефекти против

срцеви заболувања, рак, мозочен удар

и дијабетес. Многу често се користи

како додаток на многу диети за нама-

лување на телесната тежина, а нај-

често како додаток во исхраната за

поздрав живот.

Кои се бенефисите од употре-

бата на ленено семе и како сè

може да се користи?

Денес, лененото семе може да го нај-

деме во разни видови храна, од ин-

тегрални крекери и житарки до за-

мрзнати вафли и колачи. Само во

2010 година, во САД и Канада на па-

зарот се лансирани 300 целосно нови

производи кои се базирани на ленено

семе. Луѓето сè повеќе се информи-

рани за бенефисите од ова растение, и

секојдневно ја збогатуваат својата

исхрана со него.

Лененото семе е богато со Омега 3

масни киселини, оние добрите масти

кои имаат добар ефект на работата на

срцето. Една супена лажица лененото

семе содржи 1,8 грама растителни

Омега3 киселини. Исто така содржи

лигнани, кои имаат растителни естро-

гени и силни антиоксидантни свој-

ства. Лененото семе содржи 800 пати

повеќе вакви лигнани од другите рас-

тенија. И конечно, нешто што е добро

за целосното здравје и убавина, а тоа

се диететските влакна. Лененото семе

ги содржи и растворливите и нерас-

творливите диететски влакна.

Ленот помага за губење килограми и

одржување на телесната тежина

поради високото ниво на диететски

влакна. Тие помагаат да се чув-

ствувате сити подолго време и го

стабилизираат нивото на шеќер во

крвта. Исто така диететските влакна

во лененото семе ја регулираат дигес-

тијата, особено кај оние кои имаат

проблем со столица. Го намалува

процентот на воспаленија во

организмот, и ги спречува хронични

заболувања како артериосклероза.

Ова се покажало како резултат од

едно истражување спроведено во САД

во 2008 година, кога на 2500 жени им

било давано ленено семе во

исхраната, по што нивното на шеќер

во крвта и инсулинот им биле

значително намалени.

Page 4: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 4

Генерално, лененото семе е суперхра-

на, а самиот збор кажува дека е исклу-

чително добро за Вас.

Сепак, постојат некои несакани ефек-

ти кои може да се појават при долга

употреба на ленено семе како: гасови,

дијареја или болки во стомакот. Оваа

појава е многу ретка, но сепак има

забележани вакви симптоми. Ова

може да се избегне доколку лененото

семе се конзумира со многу вода.

Нешто што е многу важно е дека

бремени жени и доилки не би

требало да го користат, поради

високиот процент на естрогени.

Како да го употребувате

лененото семе?

Наједноставно е да додадете 1 лажич-

ка во житарките за појадок. Исто

така, пред појадокот може да изедете

1 лажица ленено семе со вода, јогурт

или кисело млеко. Семето може да се

додава во салати, во сосови, и сите

нешта кои се печат како лебот,

колачите и слично. Освен цели семки,

може да се најде и мелено ленено

семе, кое без проблем можете да го

додадете во житарки, протеински

шејкови и слично. Нема некој по-

себен вкус, така што може да го

користите со блага и солена храна.

100 грама ленено семе дава 534 ккал.

И задоволува 109% од дневно

потребните влакна, 265 од потребите

за калциум и дури 32% од дневните

потреби заелезо.

ЛЕБЛЕБИЈА спас за слабо-

крвност, хипокалциемија,

висок притисок.....

Леблебијата е вид мешунка која прет-

ставува одличен извор на протеини,

витамини и минерали. Од минерали,

леблебијата содржи големи количини

железо. Дури и варената леблебија

содржи двапати повеќе железо од

истата количина на месо. Големата

количина на железо ја прави леб-

лебијата погодна за исхрана на

слабокрвните (анемични) лица. Во

оваа мешунка се содржат и големи

количини на калциум, кој ги јакне

коските, но и магнезиум кој е добар за

регулирање на високиот крвен при-

тисок, манган, фосфор, цинк, вита-

мини од Б групата и други корисни

микроелементи и состојки.

Истражувањата покажаа дека со ре-

довното консумирање на овие

мешунки мошне бргу можат да се

намали нивото на вкупниот и LDL

холестеролот во крвта.

Леблебијата лесно се вари и бла-

готворно делува на органите за ва-

Page 5: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 5

рење. Се препорачува на луѓето кои

страдаат од синдром на иритабилни

црева. Таа има мошне низок гли-

кемски индекс, поради што може да

помогне во стабилизација на нивото

на шеќери во крвта.

Леблебијата е нискокалоричен про-

дукт, па затоа често се препорачува

при диети, бидејќи долго време дава

чувство на ситост. (100 грама леб-

лебија содржат 264 ккал., но

100 грама варена леблебија

содржат само 164 ккал.)

Леблебијата има уште едно корисно

дејство, односно помага од организ-

мот да се исфрлат сулфатите (кои

често и во голем број на преработени

хранителни продукти се користат

како конзерванси). Американската

управа за храна и лекови (ФДА) во

извештајот наведува дека еден од 100

луѓе е пречувствителен на сулфати.

Оваа чувствителност може да се јави

во кој било период од животот, а

симптомите се слабост, мачнина,

дијареа (пролив), исип на кожата и

тешко дишење.

100 грама леблебија задоволува 30%

од дневните потреби за влакна, 18%

од дневните потреби за протеини,

дури 43% од потребите за ФОЛНА

КИСЕЛИНА, 18% за железо и бакар,

12% од дневните потреби за

магнезиум до 52% од дневните

потреби за манган.

ЦИМЕТ

Циметот е зачин кој се добива од

кората на зимзелените Cassia дрвја, и

има кулинарски и медицински

намени. Циметот не е топач на масти,

но го регулира нивото на шеќер во

крвта и нивоата на инсулин, и со тоа

му помага на Вашето тело да ја одржи

состојбата на топење на маснотиите.

Циметот има и медицински примени.

Се препорачува за подобрување на

варењето на храната и ослободување

од гадење, надуеност и дијареја.

Се што треба да направите е да го

додадете циметот во вашата исхрана,

кој одлично се комбинира со јогурт,

протеински шејкови, млеко и овесни

снегулки, овошна салата, јаболка, ци-

трон, портокал, кафе и чај. Циметот

не само што ќе Ви помогне да се

ослободите од масните наслаги на

стомакот, едноставно ќе ви даде

можност да уживате во неговиот вкус.

Препорачената дневна доза на цимет

за употреба за брзо намалување на

стомачните масни наслаги, е не по-

веќе од 4-6 грама на ден. Обично, се

Page 6: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 6

зема половина кафена лажица после

појадок, половина кафена лажица по

ручек и половина кафена лажица

после вечерата. Со редовна употреба

на циметот во вашата исхрана за една

недела ќе намалите приближно 5

килограми.

ИСТРАЖУВАЊА

Cтудија објавена во "Journal of

International Association for sport

food", објави статистички значајни

податоци за намалувања на телесните

масти кај предијабетични пациенти,

кои земале дневно по 500 мг

(половина кафена лажица) цимет

растворен во вода, во текот на 12

недели. Кај нив имало подобрување

на телесниот состав , но исто така,

профитирале со намалување на

систолниот крвен притисок и

намалено ниво на гликоза во крвта ,

што укажува дека циметот може да ги

намали ризиците поврзани со

кардиоваскуларни болести и

дијабетес. Во студија објавена во

"American Journal of Clinical Nutrition

", истражувачите откриле дека

консумирањето 3 g (тоа е приближно

една и пол кафена лажица, една

кесичка цимет во нашите маркети е 5

или 10 грама) на цимет дневно доведе

до подобрување на инсулинската

функција.

НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Циметот може да предизвика ири-

тација на кожата или алергиски

реакции кај некои поединци. Иако

тоа се ретки случаи, како и можноста

да предизвика зголемување на отчу-

кувањата на срцето и отежнато

дишење. Циметот е сосема безбеден

да се употребува како додаток во

исхраната.

Бремените жени и доилките треба да

го избегнат циметот, бидејќи нема

доволно научни податоци за без-

бедноста на нивните доенчиња.

Волшебна формула – МЕД и

ЦИМЕТ

Откриено е дека мешавината од мед и

цимет лекува многу болести. Во

вистинската доза, медот не им штети

ни на дијабетичарите.

1. Инфекција на мочен меур

По една чајна лажичка цимет

во прав и мед во чаша со млака

вода ги уништува бактериите

во мочниот меур. Пијте од оваа

мешавина секојдневно извесен

период и ќе почувствувате

смирување.

Page 7: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 7

2. Забоболка

Измешајте малку цимет и мед

и ставете од мешавината на

болниот заб. Повторете го

неколку пати во денот. Дури и

доколку забоболката на овој

начин се смири, треба да

посетите стоматолог што е

можно поскоро.

3. Загуба на коса

Направете смеса од жешко мас-

линово масло, со една чајна

лажичка мед и цимет во прав и

оставете да отстои на главата 15

минути, а потоа убаво измијте

ја.

4. Настинка и грип

За вообичаени или посериозни

настинки, хронични кашлици и

синуси, земајте по една ла-

жичка мед и цимет три дена по

еднаш дневно. Се смета дека

медот штити и од грип.

5. Варење, чувсто на надуеност и

болка во стомакот

Една лажичка мешавина од

мед и цимет пред јадење ги

намалува киселините во желуд-

никот и го помага варењето.

Помага и при чувство на на-

дуеност и болка во стомакот.

6. Болести на срцето

Мешавината од мед и цимет го

намалува холестеролот штитеј-

ќи на тој начин од срцеви

удари. Оваа комбинација ја на-

малува загубата на здив и го

јакне отчукувањето на срцето.

7. Имунитет

Секојдневната употреба на

комбинацијата мед-цимет го

зајакнува имунолошкиот сис-

тем и го штити телото од бак-

терии и вируси.

8. Долговечност

Кога редовно се конзумира, ча-

јот од цимет и мед го спречува

стареењето и го продолжува

животот.

9. Инфекции на кожа

Егземи, лишаи и други видови

кожни инфекции се лекуваат со

смеса од мед и цимет нанесена

на заболеното место.

10. Слабеење

Во една мала шолја зовриена

вода растворете малку цимет и

мед и пијте наутро на празен

желудник. Циметот има по-

интензивен вкус и некои луѓе

тешко го поднесуваат во по-

голема концентрација. Сепак,

обидете се, ефектите се корис-

Page 8: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 8

ни. Пробувајте постепено, во

мали голтки.

11. Замор

Некои истражувања покажу-

ваат дека земањето половина

лажичка мед со малку цимет во

прав измешани во шолјичка

вода наутро и околу три часот

напладне, кога опаѓа вита-

лноста на телото, го елиминира

заморот и ја враќа енергијата.

12. Лош здив

Плакнење на грлото со раствор

од топла вода, малку мед и

цимет го елиминира лошиот

мирис од устата.

СЕМКИ ОД ТИКВА -

еликсир за вашето здравје

Семките од тиква се користат

во медицински цели илјадници

години. Тие преставуваат

одличен избор за грицкање

поради богатството од омега-3

масни киселини.

Семките од тиква се богати со:

калциум, калиум, магнезиум,

железо, цинк, витамин К.

Успешно се борат против ракот

Неодамнешна шпанска студија

покажала дека семките од тик-

ва содржат соединенија кои

успешно се борат против

канцерогените клетки. Имено,

ефикасни се во борбата против

разни видови рак и имаат

антивоспалително дејство.

Друга германска студија

покажала дека жените кои

поминале низ менопауза и

секојдневно јадат семки, имаат

за 23% помал ризик од

настанок на рак на дојка.

Подеднакво делотворни се и

семките од сончогледот.

Семките од тиква значајно го

подобруваат анатомско-физи-

олошкиот статус на простатата.

Маслото од семки на тиквата се

користи за лечење на зго-

лемена простата (хиперпла-

зија). Маслото содржи фито-

хемикалии и антиоксиданси

кои го намалуваат нивото на

слободни радикали во телото и

спречуваат настанок на канце-

рогени клетки.

Ги ублажуваат симптомите

од менопаузата

Page 9: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 9

Ако барате природен начин да

го подобрите расположението

или да ги ублажите симпто-

мите на менопаузата, семките

од тиква се одличен избор. Ги

регулираат топлотните напади,

главоболките, болките во згло-

бовите и наглите промени на

расположението. Научниците

докажале дека семките од тик-

ва го зголемуваат нивото на

добриот (HDL) холестерол и го

регулираат крвниот притисок.

Истражувањата покажале дека

семките од тиква можат да го

намалат лошиот холестерол за

13%, а нивото на вкупниот

холестерол за 10%. Исто така,

ќе го намалат ризикот од

згрутчувања,кардиоваскуларни

болести, мозочен и срцев удар.

Превенираат дијабетес

Семките од тиква поради

богатството од незаситени и

здрави масни киселини се

ефикасни и го регулираат

нивото на шеќер во крв,

зголемувајќи ја чувствителнос-

та на инсулин. Бројни експерти

препорачуваат дијабетичарите

да конзумираат семки од тиква

како секојдневна намирница.

Добри се за слабеење и го

подобруваат расположението

Богат извор на влакна и

протеини, материи клучни за

губиток на килограми. Само

30гр. семки од тиква има 5гр.

протеини, што ќе ве држи сити.

Сепак, бидете умерени, шолја

семки содржи околу 285 кало-

рии.

Одлични се за физичкото но и

психичкото здравје

Научниците заклучиле дека го

намалуваат нивото на стрес и

анксиозност.

Ги олеснуваат тегобите пре-

дизвикани од артритис

Семките од тиква, поради

нивното противвоспалително

дејство, ги ублажуваат сим-

птомите од артритис. Ако

страдате од артритис, секој ден

јадете околу 30гр. семки од

тиква.

Спречуваат појава на осте-

опороза

Луѓето кои имаат недостаток од

цинк, треба да почнат да

конзумираат семки од тиква,

кои, притоа се одличен извор

на цинк. Цинкот е минерал

потребен во коските. Само 1/4

шолја семки содржи дури 17%

од препорачаната дневна

вредност на цинк.

МОЈАТА ПРЕПОРАКА Е

ЈАДЕТЕ ГИ НЕПЕЧЕНИ И

НЕ СОЛЕНИ!!!!

Page 10: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 10

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО

ДА ЈАДЕТЕ БРОКУЛИ

1. Крвен притисок

Брокулата содржи високи дози

на калиум (околу 300mg на

100g брокула), а со тоа помага

во регулирањето на крвниот

притисок.

2. Витамин Ц

Само 80g брокула ја содржат

препорачаната дневна доза на

на Ц витаминот.

3. Акутни Нервни растрој-

ства

Високите количини на калиум

покрај заштитата на кардио-

васкуларниот систем го

одржуваат и нервниот систем и

овозможуваат оптимална

работа на мозокот, а исто-

времено го потпомага

правилниот мускулен развој.

4. Скелетен систем

Таа содржи високи дози на

калциум и витамин К, кои се

задолжени за здравјето на

коските и превенцијата на

остеопорозата.

5. Имунолошки систем

Со големата доза на бета-

каротени како и со минералите

во траги како што се цинк и

селен брокулата го јакне

имунолошкиот систем.

6. Превенција на Рак

Во последните 25 години заб-

рзано се истражува дејството на

бројни антиоксидансни и анти-

канцерогени супстанци како

глукорафанинот и индол-3-

карбинол. Докажано е дека

овие супстанции помагаат во

превенирањето на чир, а

воедно и рак на желудникот, го

забавува растот на ракот на

дојката, грлото на матката и

простатата, ја зајакнува фун-

кцијата на црниот дроб.

7. Помага во дигестијата

Брокулата е богата со влакна,

кои го помагаат варењето на

храната, превенираат запек, го

намалуваат нивото на шеќери

во крвта.

8. Вид

Студиите докажале дека суп-

станцата каротеноид лутеин

која се содржи во брокулата

помага во спречувањето на

старосното губење на видот, а

истовремено поседува и анти-

канцерогени ефекти.

Page 11: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 11

9. Срцеви заболувања

Истиот тој каротеноид лутеин

што помага во зачувување на

видот го намалува или преве-

нира задебелувањето на ѕидо-

вите на артериите, а со тоа се

бори против срцевиот удар и

срцевите заболувања.

Витаминот Б6 и фолатите се

вториот фактиор кој помага во

превенцијата на срцевите

заболувања, при редовно

конзумирање на брокули.

10. Кожа

Брокулата ја помага регене-

рацијата на кожата и делува

врз нејзината детоксификација.

АКО СЕ УШТЕ НЕ СТЕ

ЗАМИНАЛЕ ДО НАЈБЛИС-

КИОТ ПАЗАР НАПРАВЕТЕ

ГО ТОА ВЕДНАШ!!!!!!!!

НЕ ЗА .....

Најлошите и најнездравите намир-

ници се оние кои најчесто ги јадеме,

но ако сакате да ослабнете и да

останете здрави треба да ги

избегнувате. Овие 5 намирници

треба да ги исфрлите од исхраната

или да ги конзумирате што поретко.

1) ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО

Месните преработки како хот дог и

салами, полни се со калории, масти и

нитрати. Ако ги јадете редовно

(неколку пати неделно) ги зголему-

вате шансите да се здебелите, да

заболите од дијабетис, срцеви болести

и рак.

2) ГАЗИРАНИ СОКОВИ И БЛАГИ

ПИЈАЛОЦИ

Ако сакате да ослабнете, газираните

пијалоци се првата работа што

докторот ќе ви ја забрани. Ама

газираните пијалоци не влијаат само

на дебелината. Тие се поврзуваат и со

оштетување на бубрезите, висок

крвен притисок и рак.

3) ХРАНА СО „НИСКА“ МАСЛЕНОСТ

Години наназад полиците во мар-

кетите се преполни со производи на

кои пишува „ниска масленост“, а

сепак има се повеќе дебели луѓе. Како

е тоа можно? Овие нискомасни про-

изводи се полни со транс-масти, кои

се лоши за срцето и нивото на

холестерол, а за да бидат вкусни,

полни се со шеќер.

4) МАЈОНЕЗ

Скоро сите знаат дека мајонезот не е

здрав ама можеби не знаат колку е не

здрав. Само една лажица мајонез

содржи 90 калории, 10 грама масти и

90 милиграми натриум. Ако баш

сакате мајонез бидете барем умерени.

Page 12: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 12

5) МАРГАРИН

Маргаринот стекна популарност така

што луѓето го користеа како здрава

алтернатива за путерот, но тој е пре-

полн со хидрогенизирани масти

(транс-масти) за кои се знае дека

придонесуваат за развој на ракот,

дијабетесот, болести на срцето и

други заболувања.

МАГИЧНИОТ ХИБИСКУС

Хибискусот, нам главно ни е познат

по своите раскошни цветови и како

билка од која се прави вкусен чај, но,

сепак не се знае доволно за неговите

лековити својства.

Хибискусот е грмушеста едногодишна

билка. Во нашите краеви цвета во

периодот од јули до септемви. Тој се

размножува на повеќе начини:

калемење, сеење на семиња...

Деловите на цветот се користат за

правење на популарниот пијалок во

Египет, кој се нарекува "Каркада".

Оваа билка се користи за правење на:

џемови, зачини, чаеви, супа и сосови.

Цветовите се користат во фармаци-

јата и козметиката.

Хибискусот делува на зголемување на

апетитот, а има примена и во лечење

на настинка, срцеви и нервни заболу-

вања, болки и отекувања во горниот

респираторен тракт. Помага при за-

држување на течностите во орга-

низмот, стомачни проблеми и поре-

метена циркулација. Служи и како

благ лаксатив и диуретик.

Во храната и пијалоците се користи

поради мирисот, вкусот и бојата. Тој

го подобрува мирисот, вкусот и

изгледот на многу мешани чаеви.

Како делува?

Лековитите својства на хибискусот

потекнуваат од ензимите, етеричните

масла, витаминот Ц и флавоноидот,

па тој помеѓу останатите, делува и

како антиоксиданс.

Овошните киселини во хибискусот,

можат да делуваат како лаксатив.

Некои научници сметаат дека другите

состојки на хибискусот можат да

делуваат на намалување на крвниот

притисок, ублажување на грчевите во

стомакот, цревата и матката, како и

да делуваат антибиотиски против

бактериите и црвите.

Употреба и лековито дејство на

хибискусот

Постојат недеволен број докази дека

хибискусот помага при проблеми со

зголеменото ниво на холестерол.

Една постара студија покажала дека 1

грам екстракт од листовите, поволно

Page 13: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 13

делува на нивото на холестеролот во

нашиот организам.

Истражувањата покажале дека луѓето

со зголеменен крвен притисок, кои

три пати дневно пијат чај од

хибискус, имаат понизок крвен

притисок. Ова истражување ветува,

но не е сигурно да се потпирате на

чајот од хибискус за лечење на

зголемен крвен притисок.

Докажано е дека хибискусот

поволно делува на:

Губење на апетитот

Настинка

кашлање, воспаление на грло

Констипација

Стомачни проблеми

Задржување на течностите

Срцеви заболувања

Пад на имунитетот

Нервни нарушувања

Површински рани

Несоница

Сепак, потребни се многу повеќе по-

датоци за да можеме хибискусот да

го сметаме за лек на ваквите проб-

леми.

Несакана ефекти и безбедно

користење

Хибискусот се смета за безбеден за

поголем број личности, бидејќи

несакани ефекти од хибискусот до

сега не се познати.

Мерки на претпазливост и

предупредувања

Хибискусот не е секогаш безбеден за

користење во текот на бременоста.

Постојат случаи кога хибискусот

делува на предизвикување мен-

струален циклус, што може да доведе

до спонтан абортус кај бремениците.

Со оглед на тоа дека нема доволно

податоци за безбедно консумирање

на хибискусот, во текот на до-

ењето тој не се препорачува.

Интеракција

Хибискусот може да го намали деј-

ството на ацетаминофенот.

Консумирањето на пијалоци кои

содржат хибискус, непосредно пред

употребата на ацетаминофен, може

да го забрза слабеењето на орга-

низмот од самиот ацетаминофен.

Уште не е познато дали тоа може да

предизвика сериозни проблеми.

Дозирање

Дозата зависи од повеќе фактори,

како што се возраста, здравствена

состојба и други услови. Моментно не

постојат доволно научни факти кои

би го одредиле точното дизирање на

хибискусот. Обидете се само да ги

следите инструкциите на препа-

ратите.

Page 14: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 14

GMO (ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНИ ХРАНА) Со сигурност е докажана во следните

производи кои се продаваат во

МАКЕДОНИЈА

1 – „Snickers”

2 – „Campbell” супи

3 – „Uncle Bens” ориз

4 – ”Lipton” чаеви

5 – „M & M”

6 – „Twix”

7 – „Milky Way”

8 – „Cadbury” чоколади

9 – „Ferrero Roche”

10 – „Nestle” чоколада

11 – „Nesquick” чоколаден напиток

12 – „Сoсa–Сola, Sprite„ Fanta”

14 – „Pepsi, 7 Up”

16 – „Knorr” сосови

17 – „Parmalat” кекси

18 – „Hellman’s” мајонези, залини,

сосеви

20 – „Heniz” мајонези, зачини

21 – „Nestle” детски чоколаден

напиток

22 – „Hipp” кашички за бебиња

23 – „Abbot Labs Similac” (млеко во

прав за бебиња)

24 – „Danone” јогурт, кефир, намаз

25 – „McDonalds”

26 – „Kraft” чоколади, детски

напиток, чипс

27 – „Heinz Foods” кечап, сосови

28 – Детски пијалак „Delma Unilever”

Origin: GREENPEACE 2013

УПОТРЕБАТА НА ГЕНЕТСКИ

МОДИФИЦИРАНА ХРАНА Е

НАЈГОЛЕМИОТ РИЗИК ЗА

ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!!!!!!!!!!!!!

Page 15: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 15

МАРУЛА волшебната трева (Lactuca sativa)

Време на цветање: од јуни до јули, но

салатата како зеленчукова билка не

смее да и се дозволи да цвета со

исклучок ако намерно се остава за

семе, или пак за да и се згусне

млечниот сок наречен лактукариј.

Состав: Зелената салата содржи 95%

вода, а останатото се витамини и

минерали. Од минералите најмногу

содржи калиум, калциум и натриум.

Калиумот е користен за нервите,

бубрезите и срцето, а го зајакнува и

имуниот систем.

Калциумот е одличен за коските,

мускулите и нервите.

Натриумот ја регулира водата во

организмот, од што зависи крвниот

притисок, како и создавањето на

желудечната киселина

Покрај минералите содржи и бројни

витамини: најмногу витамин Ц, вита-

мин Е кој е природен антиоксидант,

витамини А и Б2 кои се добри за

очите, кожата и жлездите, потоа

фосфор, железо, магнезиум, бакар,

манган и цинк, елементи кои се

неопходни за добро функционирање

на мускулниот тонус и здравјето на

кожата.

Некои видови салати со црвени лис-

тови се богати со бета каротен и мали

количества горчливи материи кои се

добри за варењето на храната и

влијаат врз работата на црниот дроб

и излачувањето на жолчката.

Во 100 грама зелена салата има само

23 калории.

Употреба: Уште во 400.година п.н.е

грчкиот поет Херодот го спомнал

лактукаријот како лек. Во Франција и

денес се употребува сокот од салатата

под името „тридаце“ и важи за

смирувачки, слично на опиумот, лек.

Во последно време лактукаријот се

користи против кашлица, за сми-

рување на грчеви, астма, нервна

напнатост и несоница.

Лековит дел од билката: Ако сакате

да го исцедите сокот лактукариј,

тогаш се употребува потполно

израсната билка, а за исхрана се

користи салатата додека сеуште се

наоѓа во главица.

Лековито делување: лактукаријот се

употребува за воспаление на очите:

се натопуваат мали ткаенини па се

ставаат врз очите како облога.

За освежување на крвта, се користат

зелените листови кои содржат

хлорофил.

Поради растителните влакна, се

олеснува празнењето на цревата, па

треба да се консумира при хроничен

запек.

Редовно консумирање на зелената

салата, може да допринесе за

Page 16: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 16

нормализирање на крвниот

притисок, доколку не се упоребува

многу сол во истата. Може да

помогне при лекувањето гихт, а исто

така, го успорува и стареењето.

Салата допринесува за мирен сон, а

ова им било познато уште на старите

персијанци, грци и римјани.

Славниот поет Гален (129.-199.)

напишал: „Кога започнав да стареам

и кога сакав цврсто да заспијам, тоа

можев да го постигнам само ако за

вечера имав цел оброк салата“.

КОЈ Е НАЈХРАНЛИВ ДЕЛ ОД

САЛАТАТА??????

Таканареченото „срце“ не е најхран-

ливиот дел од зелената салата, туку

цврстите, надворешни, темно зелени

листови.

Имено, природната состојка нитрат

во главицата од зелена салата се

намалува од централниот дел кон

надворешниот.

Затоа што внесот на нитрати преку

исхраната треба да биде што помал,

поради можното создавање на

несаканите нитрозамини, многу

штетни соединенија, внатрешните

делови од салатата- кои посебно се

богати со нитрати (на пример,

коренот на листот), за време на

чистењето треба да се отфрлат.

Покрај малата количина на нитрати,

надворешните листови на салатата

имаат уште една предност. Тие

содржат повеќе витамин Ц, кој е

истовремено и најголемата пречка за

создавање на нитрозамините.

Внимание: покрај сцевината, добро

е да се исфрлат и последните

листови, доколку на нив се забележи

голема нечистотија или дамки.

Листовите од зелената салата треба

внимателно и добро да се мијат под

силен млаз вода.

ПОМАЛКУ КАЛОРИИ ПОВИТКА СТАВА

Калоријата преставува мерна еди-

ница за енергија, а бројот на калории

во храната всушност е бројот на

енергетски единици кои телото ги

користи за својата секојдневна фун-

кција. Само 4 компоненти од храната

содржат калории и тоа: белковините

и јаглените хидрати (4 калории на

грам), алкохолот (7калории на грам)

и маснотии (9калории/грам).

Витамините, минералите, фитохеми-

калиите, влакната и водата не сод-

ржат калории.

Желбата за убав изглед често не тера

да се подложиме на разни ригорозни

диети. Сепак просечна жена не би

Page 17: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 17

требала да внесува помалку од 1200

калории дневно, бидејќи секоја диета

под 1000 калории го зголемува

ризикот за појава на камен на

жолчката и разни срцеви тегоби.

Дури и при внимателно избран внес

на храна до 1200 калории, може да се

појави недостаток од калциум и

фолна киселина. Затоа најдобри

ефекти имаат умерените редукции на

калории.

Дали калориите од мастите повеќе

здебелуваат од ј. хидрати и белко-

вините?

Масната храна побрзо се складира.

При внесување на 100 калории во

облик на путер, се трошат само 3%

за негово депонирање, додека за

депонирање на 100 калории

внесени од чоколадо или

шницла се трошат 23%.

Сепак ова не значи дека мастите

треба потполно да се исфрлат,

бидејќи помагаат во апсорпцијата на

витамините, а мастите од мас-

линките, оревите, авокадото

благопријатно делуваат на срцето.

Најдобар ефект се постигнува со

намалување на мастите но и на

вкупната количина на храна.

Дали калориите од заситените масти

поспоро согоруваат од незаситените?

Врз основа на сите досега релевантни

студии може да се заклучи дека

разликата е занемарлива, но од

здравствен аспект внесот на неза-

ситени масти е многу поприкладен.

Дали храната која не содржи кало-

рии помага во слабеењето?

Ако обичниот газиран сок се замени

со диетален се заштедуваат 160 кало-

рии по лименка или околу 8 кг

годишно. Меѓутоа во разни студии е

заклучено дека луѓето кои внесуваат

нискокалорични продукти, во текот

на денот овој дефицит го

надополнуваат со внес на друга

храна. Затоа оваа храна има ефект

ако се искомбинира со намалени

порции и внес на најмалку 25 грама

целулозни влакна дневно.

Дали калориите внесени во

текот на вечерата « се лепат

повеќе » ?

Вистинскиот ефект е сосема

безначаен,. Но факт е дека за

многумина вечерата им е најобилен

оброк, кој содржи преку половина од

вкупниот број на калории, а покрај

тоа често надополнет со некој десерт

и разни грицки. Токму затоа се смета

дека пристоен доручек доведува до

помала потреба за прејадување во

текот на остатокот од денот.

Јадите само кога ќе осетите потреба,

во умерени количини, разновидната

храна, со што повеќе зеленчук и

овошје и витката става сигурно ќе се

појави пред Вашето огледало.

Page 18: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 18

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ПОКАЧЕН ХОЛЕСТЕРОЛ

Секако дека нивоѕо на холестеролот

во крвта е еден од најпознатите

параметри од лабораториските

анализи на крвта, која скоро секој

човек ја знае и од чија покачена

вредност оправдано се плаши.

Фармацевтската индустрија увиду-

вајки го овој проблем на современиот

човек и неговиот начин на исхрана и

живот, има подготвено голем број на

лекови кои помалку или повеќе

успешно го регулираат нивото на

холестеролот во крвта. НО ГЛАВЕН

ПРОБЛЕМ НА СИТЕ ОВИЕ ЛЕКОВИ

е што нивната консумација мора да

биде ДОЖИВОТНА, односно при

нивното прекинување се појавува

таканаречениот rebound феномен,

односно повторен раст на нивото на

липидите и холестеролот.

Во продолжение Ви нудам еден

сосема поинаков алтернативен

пристап во третманот на

покаченото ниво на холес-

теролот, третман кој во мојата

богата 25 годишна лекарска пракса се

покажал како повеќе од успешен.

За прирема на овој микс за третман

на покачено ниво на LDL холестерлот

потребни Ви се следните состојки:

200 грама ЛЕНЕНОВО СЕМЕ

100 грама непечен несолен

СОНЧОГЛЕД

100 грама СУСАМ

100 грама непеќени несолени

СЕМКИ ОД ТИКВА

1 кесичка ( 10 грама) ЦИМЕТ

Сместата ставете ја во блендер или

машинка за мелење кафе и иситнете

ја на што поситни делови.

Секое утро и вечер конзумирајте по

една кафена лажичка. Ако вкусот на

јаболков оцет Ви е поднослив, може

да конзумирате и лажичка оцет.

45 дена покасно направите контрол-

на лабораторија и ќе бидете пријатно

изненадени од резултатите што ќе ги

добиете.

За сите оние кои покрај покачениот

холестерол мака мачат и со пока-

чените килограми ја предлагам

следната шема на исхрана

30 минути по станување 2 чаши

млака или топла вода, заедно со една

банана

2 часа подоцна лажичка од сместата

за холестерол

Нормален ручек заедно со останатите

членови на семејството

1 парче овошје околу 17 часот

неограничен зеченчук за вечера

1 лажичка од сместата за холестерол

пред легнување со една лажичка мед

со цимет ( за прирпемата на медот и

циметот види го прилогот објавен

подолу)

По 30 дена слободно застанете

на вагата, ќе бидете одушевени.

Page 19: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 19

ГРЕЈПФРУТ вашето моќно оружје во борба со вирусите

Плодот на грејпфрутот е една од

најраспространетите тропски билки,

кој се среќава во две форми, жолто

зелен и црвен. Дискусиите околу тоа

која подвид е поздрав се неисцрпни

но неоспорен факт е дека двата

подтипа имааат неоспорна

здравствена улога.

1. Екстрактот од семката на

грејпрфутот (ЦИТРФИТЕС)

преставува најак откриен при-

роден антибиотик, антиви-

ремик и антимикотик, кој

уништува голем број на

бактерии, вируси и габички.

2. Има многу потентно анти-

оксидантно дејство.

3. Содржи 30-50% од дневните

потреби за ВИТАМИН Ц, А, Б,

Е и Д витамин

4. Има 2/3 полифеноли и

биофлавониди, кои имаат

позитивно дејство на имуниот

систем.

5. Супстанцијата наригенин, со

која е богат грејпфрутот има

позитвно дејство кај туморот

на простата.

6. Го намалува нивото на

холестеролот (посебно

црвениот)

7. Помага во третманот на

хронични воспаленија

8. Има позитивно дејство кај

инфекции на дигестивниот

тракт.

9. Ги стимулира хепатоцитите во

црниот дроб и ја зголемува

елстичноста на ѕидот на

артериите.

ВНИМАНИЕ!!!!! Грејпфрутот го

инхибира ензимот CYP3A4

одговорен за метаболизрање на

голем број на лекови, со што го

продолжува нивното дејство.

СЛАТКАТА МАГИЈА НА ЧОКОЛАДОТО

Современиот начин на живеење

создаде свет во кој прекумерната

тежина стана сериозен здравствен

проблем. Желбата за совршена

линија, идеална телесна тежина,

манекенски изглед, направи еден

огромен наплив на студии и написи

за штетноста на калоричната храна, а

во тој контекс и на слатките

Page 20: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 20

производи. Во тој наплив не

изостанаа и нападите врз можеби

најслаткото и најраспространето

човечко задоволство, чоколадото.

Во денешнава колумна ќе направиме

еден реален, научен осврт врз

корисните состојки што ги содржи

овој неодолив прехрамбен продукт.

Поради богатсвото со маснотии и

шеќери таа е добар енергетски извор

(100 гр. содржат околу 600 кцал.)

Некои научници ја нарекуваат пси-

хоактивен коктел, бидејки содржи

мали количини на анандамид кој

има канабиодни ефекти, но да се

предизвика зависност, потребно е да

конзумираат околу 12кг чоколадо

дневно што практично е невоз-

можно. Чоколадото го зголемува из-

лачувањето на ендорфините, односно

внатрешните хормони на задо-

волството. Некои скептици сметаат

дека чоколадата не е здрава поради

тоа што содржи околу 30% маснотии

и шеќери, но го занемаруваат фактот

дека таа содржи големо количество

на полифеноли, кои се снажни

антиоксиданси, а покрај тоа е богата

се неопходните магнезиум и бакар.

Црната чоколада, исто како и кака-

ото во прав, за околу 10% го

зголемува нивото на добриот ХДЛ

холестерол во крвта. Докажано е дека

со внес на само 15 грама црно

чоколадо значајно се намалува

таложењето на штетниот холестерол

во крвните садови. Чоколадото,

збогатено со манго и сојино млеко

има ефект во успорувањето на

процесот на стареење. Италијанските

научници докажаа дека конзумирање

на 100 грама црна чоколада може во

тек на 15 дена да го намали крвниот

притиосок и да ја зголеми

апсорпцијата на шеќер, но поради

големата количина на калории, мора

да се намали внесот на другите

намирници. Темната чоколада по-

ради богатсвото со флавоноиди, го

оневозможува создавањето на

штетните згрутчувања (тромби) на

крвта. За жал млечната чоколада

поради млекото во неа го нема овој

ефект.

Многу мажи тврдат дека таа пре-

ставува сексуален енергент, а за

жените помошно средство во

решавањето на менструалните

тегоби. Многумина веруваат дека

чоколадото има афродизијачки

својства.

Врз основа на погоре изнесените

факти може да препорачаме дека

чоколадото, посебно црното, треба да

биде составен повремен дел од

нашата исхрана, а големиот внес на

калории што при тоа го внесуваме

може да се компензира со исфрлање

на брзата храна и газираните сокови,

кои освен калориски, немаат друг

нутриционен квалитет.

ЗА СИТЕ КОИ ПРЕФЕРИРААТ

ЗДРАВА А ВКУСНА ХРАНА БА-

ЗИРАНА НА СУРОВА ИСХРАНА

(RAW FOOD) ЕВЕ ЕДЕН

АЛТЕРНАТИВЕН РЕЦЕПТ ЗА

ПРИПРЕМА НА ТЕЧНО

ЧОКОЛАДО, КОЕ ВАШИТЕ

ДЕЦА ЌЕ ГО КОНЗУМИРААТ СО

ЗАДОВОЛСТВО.

1 поголема банана, 1 супена лажичка

сурово какао, 50 мл. вода, пола

кафена лажичка цимет

Page 21: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 21

Изблендирајте, оладите во фриз 2

часа и послужете.

Вкусно, многу здраво и само 140

калории. ДОБАР АПЕТИТ

П.С. Чоколадите имаат околу 600

калории

ЦРВЕНОТО ВИНО. ЗАДОВОЛСТВО И ЛЕК

Човекот го користел виното од нас-

танувањето на цивилизацијата па се

до денешен ден. Црвеното вино

претставува врв на алкохолните

производи. Прашањето за кориснос-

та и штетноста од користењето на

другите алкохолни пијалоци

(независно од употребуваната

количина) во текот на многу векови

останало отворено, но корисноста од

употребата на умерени количини

црвено вино е медицински докажана.

Црвеното вино содржи многу полез-

ни биолошки активни супстанции,

кои се неопходни за организмот и го

намалуваат штетното дејство на

алкохолот. Самото грозје е најбогат

диететски производ. Плодовите на

грозјето го содржат речиси целиот

Менделеев систем на елементи,

посебно многу калиум, фосфор, флу-

ор и јод. Иако за да се постигне леко-

вит ефект треба да се користи

огромна количина на грозје.

Производството на вино условно се

вбројува во еден од начините за

конзервација на сокот од грозје. Во

процесот на ферментација на виното

едни соединенија исчезнуваат или

нивната количина се намалува

(шеќер), додека други ги менуваат

својствата. Така, во виното се

зголемува содржината на флаво-

ноидите (до 40%). Црвените вина

содржат фенолни соединенија кои

поседуваат исклучително висока

биолошка активност, како на пример

ресвератролот, кој практично го

нема во другите растенија

Биолошката вредност на екстрактот

од црвено вино е во разновидноста

на биолошки активните соединенија

на виното. Едни од најефикасните

супстанци на виното се поли-

фенолните соединенија, кои се

претставени со фенолните киселини,

флавоноидите (кверцетин, рутин),

антоцијаните, катехините, проанто-

цијанидите, ресвератолот и др.

Виното содржи и макро и микро

елементи, незаменливи амино-

киселини: треонин, валин, метионин,

триптофан, аланин, изолеуцин,

лизин; витамини: В1, Б2, В6, В12, РР

а исто така и органски киселини:

оцетна, јаболкова и лимонска.

Фармаколошки ефекти на поли-

фенолните соединенија на виното

Проантоцијанидите и ресвератолот

ги ловат слободните радикали, ја

зголемуваат содржината на HDL

Page 22: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 22

(липоротеини со висока густина), ја

снижуваат агрегацијата на тромбо-

цитите, а со тоа го заштитуваат

организмот од кардиоваскуларни

заболувања.

Ресвератолот има антикарциномска

активност, го закрепнува кардио-

васкуларниот систем.

Катехините и проантоцијанидите го

спречуваат стареењето на кожата, го

стимулираат производството на

колаген и еластин, ја обновуваат

еластичноста на кожата

Кверцетинот и рутинот ги зајакну-

ваат ѕидовите на крвните садови и

капиларите.

СРЕДНА ЧАША ЦРВЕНО ВИНО

(175мл) содржи 120 калории.

Пријатен РУЧЕК и со чаша пре-

красно МАКЕДОНСКО ВИНО.

ЛОВОРОВ ЛИСТ

Ловоровиот лист се одликува со

антисептичко делување, ги намалува

проливестите столици, ги ублажува

ревматските болки, го олеснува

мокрењето и потењето, го зголемува

апетитот, ја намалува надуеаноста на

стомакот, ги стимулира желудечните

ензими, посебно при конзумирање

на мрсна храна. Покрај тоа го

олеснува искашлувањето поради што

се користи при настинки.

Есенцијлани масла од ловор

При дестилација со водена пареа се

добива масло со зеленкаста боја со

специфичен хемиски состав. Маслото

е посебно богато со монотерпеноли,

оксидими и мала количина ма

терпентински лакотни.

Препорачливо е малсото да одлежи

една гпдина пред употреба.

Teрапевтски индикации:

Бактерии (E. Coli, Enterobacter

aerogenes)

Габи (Candida)

Намалува реуматски болки

ИНДИКАЦИИ:

1. Реуматоиден артрит

2. Мускулни болки и грчеви

3. Мрсна кожа и акни

4. Целулит

ПОСЕБНО ДОБРО ДЕЛУВА НА

ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЛИМФНИОТ

СИСТЕМ, КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА

ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗ-

МОТ.

Page 23: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 23

За сите оние кои не можат да најдат

масло од ловоров лист, еве еден

алтернативен начин да подготвите

чај со чие конзумирање ќе ги

намалите зглобните и мускулните

болки

5 дена навечер во 200 мл вода

ставите 5 ловорови листа. Кога ќе

зоврие оставете уште пет минути да

врие.

Наутро односно по 12 часа прецедите

го чајот и конзумирајте го во текот на

денот со една до две голтки на секој

час

По спроведенета терапија задол-

жително направите пауза од

најмалку две недели

ЛЕШНИК, БАДЕМ, ОРЕВ - МЕЛЕМ ОД ПРИРОДАТА

Овие три коскести плодови се богати

со витамини, магнезиум и влакна,

поради што нивното конзумирање

има големо влијание на

подобрувањето на Вашето здравје.,

Овие плодови го намалуваат штетно

дејство од стресот, го штитат мозокот

и срцето. Токму затоа , кога нешто Ви

се грицка нека биде еден од овие

плодови. Лекарите многу оддамна

пропагираат дека овие плодови се

прав мелем за телото и содржат

елементи кои се есенцијални за

Вашето здравје

Стравот кој многумина жени ги тера

да ја одбегнуваат нивната консу-

мација, е високата калориска вред-

ност, односно дебелеењето, со

мајновите студии се покажа како

неоснован. Конзумирањето на 35-50

грама дневно, како замена за еден

од меѓуоброците се докажа дека

доведува до постепен губиток на

тежината. НАПОМЕНУВАМ ДЕКА

ОВА ПРАВИЛО ВАЖИ САМО ЗА

СУРОВИТЕ ПЛОДОВИ НА БАДЕМ,

ЛЕШНИК ОРЕВИ, односно не

печени, пржени и посолени.

Поради големата количина на

vitamin E овие плодови се сметаат

за иделна храна за мозкот, односно

го спречуваат когнитивниот пад на

неговите функции кој доаѓа со

годините. Поради присуството на

голем број витамини од групата Б

имаат исто така поволно влијание.

Една неодамнешна британска студија

докажа дека оревите се корисни за

подобрување на работната меморија

и моторичката функција.

Овие плодови, а посебно оревите се

богати со алфа линоленска киселина,

која го штити срцето при големи

стресни ситуации.

Бадемите кои се посебно богати со

Витамин Е и магнезиум, го подоб-

руваат вкупниот имунитет исцрпен

од секојдневието

Page 24: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 24

Сите овие плодови допринесуваат за

намалување на нивото на штетниот

холестерол, односно ,LDL holesterol, а

покрај тоа преставуваат богат извор

на моно и полинезаситени масти и

влакна. Богати се со АРГИНИН,

аминокиселина која помага крвните

садови да бидат еластични и

опуштени, со што се намалува арте-

риослерозата и крвниот притисок.

Најновата научна студија од 2013

година докажа дека секојдневното

конзумирање на 35 грама од овие

плодови доведува до намалување на

LDL холестеролот за 7.4% и на

нивото на триглицериди за 10%.

Бразилските ореви, заедно со

семките од тиква се најголемите

природни извори на селен, а според

најновата холандска студија, мажите

со висока концетрација на селен во

крвта имаат 60% помал ризик за рак

на простата, односно може да го

добијат 17 години покасно од

останатата популација.

Калориски вредности:

БАДЕМ 100g = 575 калории

ЛЕШНИК 100g.= 628 калории

ОРЕВ 100g. = 618 калории

B-17 ЧУДОТВОРЕН ЛЕК ИЛИ ЛАГА

Место мој личен коментар и

мислење, најискрено Ви препо-

рачувам да ги прочитате следните

два написи, за кои Ви давам линк и

кои според моето исцрпно

истражување по достапните портали,

сметам дека даваат најобјективна

евалуација на овој хит препарат од

алтернативната медицина, кој е

изложен на бројни контраверзи.

http://www.canceractive.com/cancer-

active-page-link.aspx?n=512

http://www.cancer.org/treatment/treat

mentsandsideeffects/complementaryan

dalternativemedicine/pharmacologicala

ndbiologicaltreatment/laetrile

Неоспорен факт е дека Хунѕите, се

народ кој живее многу подолго од

останатите народи и народ кај кој

ракот е непозната болест. Дали овој

факт е резултат на генетика,

специфичниот вид на исхрана со

многу тревки, сурова храна и

ограничен редок внес на животински

намирници, во кој маслото од семка

Page 25: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 25

на кајсија е секојдневна намирница,

или чистиот воздух и водата, се

недоволно иследени параметри.

Вистината како и во многу други

области е сплет на сите овие

параметри, а мојот скромен личен

став, а следен

Природни намирници богати со

природен АМИГДАЛИН големо

ДА, но во нормални количини,

синтетски Б 17 внимателно.

ЗОШТО БЕЛ ШЕЌЕР, КОГА ПОСТОИ СТЕВИА ????

Современата индустрија понуди

голем број на алтернативи на белиот

шеќер, но ниту една од нив, освен

кафеавиот шеќер, не би можел да се

класифицира во групата на здрави

прехрамбени продукти. Токму затоа

во оваа книга посветив и соодветно

место, на еден древен производ, кој

нажалост кај нас не е доволно познат,

а воедно долги години беше

неоправдано игнониран.

Листот на растението Стевиа бил

употребуван за засладување од стра-

на на индијанските племиња во

Парагвај, Боливија и Бразил повеќе

стотици години. Stevia rebaudiana,

уште позната и како “сладок лист“,

“шеќерен лист“, или едноставно

стевиа, се одгледува токму поради

своите слатки листови. Со

екстракција од нејзините листови и

плодови се добива засладувач кој

може да се купи во продавниците за

здрава храна во неколку форми –

течна, во прав, или во вид на мали

пилули. Правот добиен со

екстракција од листови е околу 200

до 300 пати посладок од обичниот

шеќер, додека самите листови на

растението се 35 до 45 пати послатки.

Нема енергетска вредност и не

предизвикува инсулински одго-

вор, што е воедно и најважната

и најпозитивна карактеристика

на растението. Поради тоа може

совршено да се вклопи во било која

редукциска диета, како и во

исхраната на лица заболени од

дијабетес тип II, но е одлична во

исхраната за деца, бидејќи не

претставува добра подлога за раст на

бактерии, па така ги штити забите од

кариес.

Иако долго време се сметала за

штетна по човечкиот организам и

била забранета во САД и Европа,

денес ситуацијата е многу сменета.

Во 2006 година, Светската

Здравствена Организација извршила

истражување кое докажало дека не

само што стевиата не е штетна, туку е

напротив, и многу полезна и има

фармаколошки својства, па помага во

подобрувањето на состојбата кај лица

заболени од дијабетес тип II и кај

оние кои страдаат од повишен крвен

притисок. За овие лица се пре-

Page 26: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 26

порачува конзумирање на стевиол

гликозид и тоа во количина од 4 мг

на килограм телесна маса.

Големиот број на истражувања

направени во последните години ги

имаат истакнато следните позитивни

ефекти од користењето на стевиа:

го регулира нивото на гликозата во

крвта (нејзини слатки состојки се

гликозиди, а не јаглехидрати)

намалува мачнини, го поттикнува

варењето на храната, помага во

намалувањето на крвниот притисок,

го забрзува зацелувањето на раните и

ги ублажува лузните, има позитивен

ефект кај остеопорозата.

Освен со стевиозиди (кои ја даваат

слаткоста на растението), листовите

на стевиа се богати со многу микро-

нутриенти како железо, калциум,

натриум, калиум, магнезиум, фос-

фор, цинк, и витамини А и Ц.

Бидејќи голем дел од овие имаат

антиоксидантски ефект кога се

искомбинирани, не зачудува ни

фактот дека стевиата има и

антиканцерогени својства.

Но внимавајте, медалјата, како што

велат, има и друга страна. Така, при

користење на стевиа може да се

појават и некои несакани ефекти

како мачнини, вртоглавица, гла-

воболка, повраќање или слабост во

мускулите, иако мора да се нагласи

дека сите овие се манифестираат

дури при конзумација на многу

големи количини на стевиа. Поради

сето ова, стевиата претставува 100%

природен засладувач со кој не може

да се мери ниеден друг. Кај нас, како

што веќе споменавме, може да се

купи во продавниците за здрава хра-

на, а ако се одлучите да ја користите,

бидете трпеливи. Стевиата има еден

специфичен вкус кој може да Ви

пречи во почетокот, но брзо ќе се

навикнете, а сите предности кои

стевиата ги носи со себе се и тоа како

доволен мотиватор за побрзо да

успеете во тоа.

АКО МОРА ДА Е СЛАТКО, НЕКА БИДЕ СО

СТЕВИА

ПАСТЕРИЗИРАНО МЛЕКО И ПРОИЗВОДИ - ДА или НЕ ??? Мајчиното млеко е најдрагоцената

хранлива течност за малиот живот

кој почнува да цути и да го искусува

светот околу себе. Ова важи за сите

животински суштества кои припаѓаат

на класата цицачи, меѓу кои е и

човекот. Меѓутоа постои еден чуден

феномен кој го карактеризира само

човечкиот вид, а тоа е дека од околу

4600 видови на цицачи, човекот е

единственото суштество на планетата

кој освен своето, краде и конзумира

туѓо млеко, и тоа не само во

детството туку и понатаму во својата

зрелост.Неспорен е фактот дека

млекото е „супер храна“ и есен-

цијална потреба, но единствено кога

сте бебе и кога го добивате од Вашата

мајка.

Како што е познато, млекото е

телесен (жлезден) секрет кој го лачат

мајките за своите бебиња кога се во

периодот на лактација, непосредно

после нивното породување како

Page 27: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 27

резултат на променетиот хормонски

статус. Овој благотворен секрет е

наменет единствено за нивните

новороденчиња и претставува неоп-

ходна храна која е основен извор на

микро и макро нутритиенти, пот-

ребни за нивен иницијален раст и

развој, се` додека тие не станат

подготвени за дигестија на друг тип

на храна. Млекото во понатамош-

ниот развој на единката станува

сосема непотребно, при што

природно се елиминира, затоа што

организмот влегува во следната фаза

на својот развој, па како логичен след

на нештата мајката престанува со

лачење на овој секрет, а детето

престанува да цица. Тоа е природата

на нештата. Освен тоа што човекот е

единствениот од сите видови кој им

ја одзема оваа важна млечна течност

на другите животински видови, а со

тоа ги лишува нивните новороденчи-

ња од најесенцијалното, истата ја

пренаменува за своја лична корист,

иако гледано од здравствен аспект

нема никаква хранлива потреба ниту

пак докажан бенефит од неа.

Природата е исклучително прецизна

во начинот на кој ги создава

работите, па затоа пропорциите на

калциум кои што се потребни за

развојот на телото на едно теле се

вклучени во млекото на неговата

мајка. Тоа го прави кравјото млеко

премногу тешко за човековиот

организам. И не само тоа: телето го

пие млекото директно од својата

мајка, онака како што е природно

создадено. Млекото што го пиеме ние

е преработено. Продлабочувајќи го

овој факт, модерната, прогресивна,

но пред се` независна наука, се`

повеќе го разоткрива митот за

млекото и ги обзнанува негативните

ефекти врз човечкото здравје кои

настануваат од негова конзумација,

како и генерално од која било храна

од животинско потекло. Иако

пиењето животинско млеко е тради-

ционално вкоренета секојдневна

навика на цивилизираниот човек,

која нашироко се прифаќа без

преиспитување, и покрај фактот што

еволуциски гледано не е толку стара,

таа е сепак силно оддржувана во

живот со помош на пропагандната

машинерија на млечната индустрија,

која мотивирана од желбата за

профит, преку својот моќен

маркетинг и индустриско лобириање,

оваа бела течност ја промовира и

продава под етикетата – „здрава и

неопходна“. Секако за задржување на

оваа навика огромна улога игра и

генералната индоктринирана пер-

цепција по генерациска линија, дека

пиењето животинско млеко од страна

на човекот е нешто „природно,

нормално и потребно“. За среќа се`

повеќе научници, доктори,

специјалисти, нутриционисти, здрав-

ствени професионалци, медицински

организации, групации, па и

поединци се одважуваат да ја

едуцираат јавноста и јасно да говорат

за вистинските ефекти од кон-

зумацијата на животинското млеко,

млечните производи и сите останати

животински производи. Во овој

контекст, последниве децении

извршени се бројни научни студии и

независни експертски истражувања

кои утврдуваат дека млекото и

млечните производи се несоодветна

и непотребна храна за човечкиот

Page 28: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 28

организам и неговото оптимално

здравје. Еден од многуте јасни

индикатори за ова е податокот дека

75% од светската популација се

лактозо-нетолерантни, односно не го

поседуваат ензимот лактаза кој е

потребен за разградување на

млечниот шеќер наречен лактоза.

Една од најактуелните студии за која

се зборува нашироко низ светот во

последниве месеци е научното

истражување од Центарот за јавно

здравје на Харвард Универзитетот,

кој млекото и неговите деривати

јасно ги отфрли од менито на здрава

храна, именувајќи ги како ризични

фактори кои предизвикуваат, од-

носно значително придонесуваат за

развој на рак на простата и рак на

јајници. Други значајни научно-

истражувачки студии го врзуваат

животинското млеко со ред други

автоимуни заболувања, дијабетис

(тип 1), кардио-васкуларни болести,

рак на дојка (заради високиот

естрогенски индекс), алергии,

инфекции, кожни болести и друго (за

ова повеќе во некоја следна статија,

или осврнете се на референтните

линкови најдолу во текстот).

2. Ова е навистина опширна тема за

која може да се изложат многубројни

научно-истражувачки и докумен-

тирани заклучоци преку кои

сериозно може да се навлезе во

микробиологијата на млекото од

повеќе аспекти, како и влијанието

врз биохемиските процеси на

човековиот метаболизам. Овојпат

споделуваме само неколку важни

причини зошо треба да го исфрлиме

животинското млеко од секојднев-

ната исхрана, а по желба, да го

замениме со различни варијанти на

растителни млека кои претстауваат

здрава и релативно достапна опција.

1. Кравите се хранети со погрешна

храна, што не само што ја менува

природата на млекото туку им

предизвикува и проблеми на

кравите. Тие се обично хранети со

соја, пченка, оброци (смеси) од

остатаоци на памучни зрна или

други комерцијални храни (најчесто

генетски модифицирани), кои

содржат лепеза на сомнителни

состојки, вклучувајќи пилешко

ѓубриво и мешавина од сушени

лешеви од животни или кори од

цитрусни овошја прскани со

пестициди. Оваа храна е несоодветна

за кравите, кои се преживари и треба

да се хранат со зелена трева во

пролет, лето и есен, и зелена храна,

силажа, сено и коренест зеленчук во

зима. За жал, повеќето млечни крави

се чуваат во притвор, гоени и

оддржувани во живот со

антибиотици и хормони, кои

никогаш во својот живот немаат

видено зелена трева ниту

почувствувано сончев зрак на своето

експлоатирано тело.

2. Млекото е пастеризирано.

Пастеризација е процесот на загрев-

ање на течноста на доволно висока

температура со цел да се убијат

одредени бактерии и разградат

одредени ензими. Тој комплетно ги

уништува и корисните ензими,

витамините, ги денатурира кревките

млечни протеини, ги убива корис-

ните бактерии и промовира развој на

патогени. Многу поборници за зрава

исхрана денешното млеко го наре-

Page 29: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 29

куваат и мртва бела течност. Дури и

телиња кои се хранат со пасте-

ризирано млеко се со лошо здравје и

многу од нив умираат пред да

доспеат до својата зрелост.

Пастеризацијата е востановена како

пракса во 1920 година, заради бор-

бата против туберколозата, бебеш-

ката дијареа, бруцелозата и други

болести предизвикани од лошата

исхрана на животните и валканите

методи на производство. Но,

времињата се променија и модерните

цистерни од не`рѓосувачки челик,

машините за молзење, камионите-

ладилниции и инспексицките методи

ја направија пастеризацијата апсо-

лутно непотребни за јавна заштита.

3. Во некои случаи, млекото е ултра-

пастеризирано за да биде ослободено

од бактериите отпорни на топлина и

да има подолг рок на траење на

полиците во продавниците. Пасте-

ризацијата извршена на ултра-

висока температура е процес каде

млекото од ладна температура се

загрева до температура над точката

на вриење за помалку од две секунди.

Овој процес се користи за пакуваните

млека кои може да се чуваат и на

собна температура.

4. За да бидат работите уште полоши,

млекото е хомогенизирано. Хомо-

генизацијата е процес што

овозможува распаѓање на густите

масни глобули, за тие да не се

таложат на врвот. Хомогенизираното

млеко му предизвикува потешкотија

на организмот да го свари, па

протеините кои нормално би биле

обработени во желудникот не се

разградуваат, туку се апсорбираат во

крвотокот. Често телото реагира на

овие „страни протеини”, со активи-

рањето на имунолошкиот систем,

предизвикувајќи воспаление. Тоа

дури може да предизвика авто-

имунолошки проблеми.

Хомогенизираното млеко е исто така

поврзано со болести на срцето,

веројатно заради масните глобули

кои се дисперзираат во текот на

процесот.

5. Како дополнување на тоа што

млекото е хемиски модифицирано во

течност која нашиот организам

тешко ја вари и предизвикува про-

блеми, денешното млеко обично

содржи стероиди, антибиотици,

пестициди од третираните житни

зрна, бактерии од заразените

животни (како на пример нај-

озлогласените салмонела и еше-

рихија коли), хормони за растење

третирани со метод на генетски

инженеринг.

6. Не треба да се занемари фактот

дека во просек една чаша млеко

содржи и неколку милиони ќелии

гној и крв од жлездите на животните

заради бруталниот и неконтролиран

метод на машинско молзење, како и

микро-остатоци од животински

измет, заради нехигиенските услови

во кои најчесто се чуваат животните

во индустриските животински

фарми.

Најпрепорачлива опција за љубите-

лите на млеко се разновидните

растителни млека (бадемово, коко-

сово, овесно, оризово, млеко од соја,

Page 30: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 30

лешник, орев, коноп итн.), кои можат

да се направат лесно и во домашни

услови, а претставуваат најбезбеден и

најздрав избор, како за деца, така и

за возрасни.

Со познавањето на вистинските

информации, кои едновремено

значат и одговорност, некомпро-

митирани од силното лобирање на

прехрамбената индустрија, човек

добива увид во она што значи

правилен избор.

Следен пат кога ќе помислите дека

животинското млекото и млечните

производи се здрави, природни или

потребни, размислете подобро пред

да завршат во вашата уста.

НА ФОТОГРАФИИТЕ Е ПРИКА-

ЖАНА СЛИКА ПОД ЕЛЕКТРОНСКИ

МИКРОСКОП ЗГОЛЕМЕНА 4200

ПАТИ ОД СУРОВО И

ПАСТЕРИЗИРАНО МЛЕКО. СЕ

ПРИМЕТУВА ДЕКА СУРОВОТО Е

ПОЛНО СО ЖИВОТНИ ВАКУОЛИ, А

ДРУГОТО САМО ХОМОГЕНА МАСА.

ТИКВИЧКИ

Многу истражувања потврдуваат

дека тиквичките ги смируваат

нервите, го намалуваат стресот и

анксиозноста, го јакнат имуно-

лошкиот систем, ја подобруваат

работата на мозокот, го јакнат срцето

и крвните садови, го подобруваат

варењето на храната, помагаат во

исфрлањето на водата и отровите од

организмот и помагаат во

одржувањето на нормалната телесна

тежина.

Тиквичките се неверојатно благо-

творни за нашиот организам.

Многу истражувања потврдиле дека

тиквичките го активираат мета-

болизмот на клетките, ја подобруваат

работата на цревата, го зајакнуваат

црниот дроб и му помагаат при

детоксикацијата на организмот.

Со консумирање на тиквички се

подобрува работата на мозокот и се

зголемува концентрацијата. Тик-

вичките го јакнат и срцето.

Освен што содржат висок процент на

вода и растителни влакна, тик-

вичките помагаат и во исфрлањето

Page 31: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 31

на водата и штетнитге материи од

организмот. Тиквичките се природни

„чистачи“ на нашето тело.

Во 100 грама тиквички има само 16

калории, но се вистинска ризница на

витамини и минерали. Тие се

одличен извор на витамин Ц, а во

помали количини содржат и

витамини од групата Б (витамин Б2),

витамин А, витамин К и фолна

киселина. Од минерали, тиквичките

содржат: манган, магнезиум, калиум,

фосфор, бакар, железо, цинк.

Тиквичките се богати и со рас-

тителни влакна.

Многу од наведените нутритиенти

имаат докажано заштитно делување

на здравјето на кардиоваскуларниот

систем. Магнезиумот игра важна

улога во превенција на срцевиот и

мозочниот удар, а заедно со

калиумот делува во регулација на

крвниот притисок. Магнезиумот е и

антистрес минерал.

Антиоксидансите, витаминот Ц и

бета-каротенот ја спречуваат окси-

дацијата на холестеролот со што го

намалуваат и ризикот за развој на

атеросклероза. Фолната киселина

делува во регулација на нивото на

хомоцистеинот во организмот. Се

смета дека зголемените концентации

на хомоцистеин се фактор на ризик

за срцеви заблувања.

Тиквичките се идеални за редук-

циона диета, како и за исхрана на

болните од кардиоваскуларни

заболувања и дијабет. По потекло се

од Индија, но се прошириле сè до

медитеранските земји, каде многу

често се користат во секојдневната

исхрана.

Тие се дел од медитеранската кујна,

која е потврдена како една од

најздравите кујни во светот.

Медитеранската исхрана е посебно

здрава за срцето и крвните садови.

Многу истражувања потврдиле дека

медитеранската исхрана е ефикасна

превенција и против ракот.

Поради својот нутритивен состав,

тиквичките се идеални за

редукциона диета, бидејќи содржат

многу вода и растителни влакна, а

калорична вредност им е многу мала,

занемарлива.

Ако тиквичките ги користите во ди-

ета за слабеење, подобро е да не ги

лупите, бидејќи во кората има

најмногу растителни влакна, и не

треба да им додавате многу масло.

Најдобро е, доколку држите диета,

тиквичките да ги варите, а не да ги

пржите во многу масло.

Поради големата содржина на

растителни влакна се намалува

ресорпцијата на мастите, па затоа

тиквичките се погодни за исхрана на

лица со покачени вредности на

холестерол и триглицериди во крвта.

Калиумот и магнезиумот делуваат на

намалувањето на крвниот притисок.

Тиквичките се посебно корисни за

дијабетичарите, кои би требало

почесто да ги користат во својата

исхрана. Тие се погодни за овие

пациенети, затоа што немаат многу

јагленохидрати, а од друга страна

пак, ја намалуваат ресорпцијата на

Page 32: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 32

гликозата.

Со своето делување на регулацијата

на мастите, шеќерите и крвниот

притисок, тиквичките превентивно

делуваат на појавата на ате-

росклероза, срцев и мозочен удар.

Многу е корисен и сокот от тиквички.

Тој содржи фитонутритиенти кои

делуваат антиканцерогено, бидејќи ја

спречуваат мутацијата на клетките.

Екстракот од тиквичките ги нама-

лува симптомите на бенигната

хиперплазија на простатата (аденом

на простата). За да тој ефект

максимално се искористи, не треба

да се вадат семките на тиквичката.

Токму во семките на тиквичката има

најмногу фитонутритиенти.

КИСЕЛОСТ НА ОРГАНИЗМОТ

Последниве неколку години, бомбар-

дирани сме со информации од сите

медиуми дека КИСЕЛОСТА на орга-

низмот е една од главните причини

за настанување на бројни болести, па

дури и најопасните како карциноми-

те. Се поголем број на студии ги

потврдуваат овие факти.

НО ШТО Е ТОА КИСЕЛОСТ НА

ОРГАНИЗМОТ???

Киселоста на организмот е име за

различни состојби кои доведуваат до

пореметување на соодносот меѓу

киселините и базите во организмот,

со што pH вредноста во крвта се

поместува кон кисела средина, pH <

7,35. Киселоста е погоден терен за

развој на бројни ензимски процеси и

развој на болести. ХРАНАТА и пра-

вилното одбирање на прехрамбени

производи е еден од клучните

фактори за одржување на овој

баланс.

Прехрамбените производи се раз-

ликуваат во однос на метаболитите

кои настануваат по нивното

разградување, со што влијаат на

киселоста односно базноста на

организмот. Здравиот организам со

своите пуферски механизми може

долго да ги компензира овие не-

сакани ефекти, но и овој одбрамбен

капацитет не е безконечен. Заболен

организам има драстично намален

пуферски капацитет и токму затоа

избалансираната храна е есенцијална

за опоравување.

Во однос на киселоста што ја пре-

дизвикуваат во организмот постојат 5

групи на прехрамбени артикли.

Производи кои имаат изрази-

то кисело дејство:

Ферментирани сирења(едамер,

елемталер, гауда, козјо сирење,

пармезан)

Јајца

Page 33: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 33

Мајонези и нидустриски макала

Риба и рибни икри

Месо, посебно мрсно месо и

изнутрици (џигер, бубрези итн) Сите

месни производи (колбаси, шунки,

печеници...)

Рафинирани масла (зејтин,

рафинирано маслиново масло)

БЕЛ ШЕЌЕР

ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ

Производи со умерено кисело

дејство:

Чедар сирење

Харинга, скуша пастрмка

Ореви и лешници

Кикирики, грав, грашок, соја, леќа

Сите врсти на жито и житни

производи

Брусница, сливи, маслинки

Шпаргла

Сокови кои содржат додаден шеќер

Преварен зеленчук

Пивски и пекарски квасец

Црн чај, кафе, алкохол, оцет

Чоколадо, путер, путер од кикирики

Неутрални производи:

Тиква

Диња

Ладно цедени масла

Свежо цедени овошни сокови

СУСАМ

Витамински чаеви

Умерено базни продукти:

Бадем, костен, кокос

Млеко, кисело млеко, јогурт, кефир

Бело сирење, кајмак

Шлаг, павлака

Овошје, свежо, сушено

Свежо цедени сокови (освен

брусница и слива)

Зеленчук, освен шпрагла

Печурки, морски алги

Сончоглед, кафеав шечер, мед, џем

Пиво, вино (бело и црвено)

Изразито базни прехтамбени

продукти:

Авокадо

Цвекло

Компир, пиперка, магданос,

МОРКОВ

Спанаќ, зелена салата, штавел

Лимон, портокал, цитрони, киви

Лубеница

Интересно е да се спомне дека со

термичка обработка на алкали-

зирачки продукти, како на пример

овошје и зеленчук, истите пос-

тануваат кисели, ако долго термички

се варат.

Според испитувањата на Hay, Shelton

и други континуираниот внес на

поголеми количини кисели продукти

може да биде причинител за појава

на болести.

ЗАЕДНИЧКО ОД СИТЕ СТУДИИ Е

ПРЕПОРАКАТА НАЈМАЛКУ (80%)

ПРОИЗВОДИ ДА СЕ СО

АЛКАЛИЗИРАЧКО ДЕЈСТВО И

САМО 20% СО КИСЕЛА РЕАКЦИЈА.

Aко Вашата исхрана е богата со

намирници кои имаат кисело

дејство, крајно време е да

пробате да ја замените со дел од

предложените намирници со

базно или јако базно дејство.

Урамнотежената исхрана предизви-

кува подобро чуство, а народната

поговорка оправдано вели:

Page 34: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 34

ЗДРАВЈЕТО ВЛЕГУВА ПРЕКУ

УСТАТА!!!

KINOA - новото чудо од АНДИТЕ во продавниците за здрава храна

Бев пријатно изненаден кога нео-

дамна во продавниците за здрава

храна забележав дека се продава

КИНОА. Иако ова е стар продукт

познат уште на пражителите на Перу

и Боливија, релативно е нов про-

извод во светот како супер храна, што

нагло ја зголеми неговата попу-

ларност и потрошувачка, а со самото

тоа и цената, така шти кесичка од

200 грама достигнува цена од 200

деанри. односно 400 денари пола

килограм. На кесичките пишува дека

се работи за супер житарка иако

нутриционистички гледано повеќе

припаѓа кон спанаќот.

НЕМА ДА ВИ КАЖАМ ДЕКА КИНО-

АТА Е АПСОЛУТНО ФАНТАСТИЧЕН

ПРОИЗВОД, но неминовен факт е

дека е богат извор на здрави белко-

вини (14% од вкупната маса), влакна,

мононезаситени масти , B витамини,

Витамин E, и бројни неопходни

минерали (кaлциум, железо, маг-

незиум, фосфор, цинк) односно е по-

хранлива од сите традиционални

житарки.

ГИ СОДРЖИ ГЛАВНИТЕ 9 АМИНО-

КИСЕЛИНИ ВО ИДЕНТИЧЕН

СОСТАВ КАКО МЕСОТО ПОРАДИ

ШТО Е ОМИЛЕНА КАЈ ВРВНИТЕ

СПОРТИСТИ. Не содржи глутен и

лесно се вари во желудникот.

ПОРАДИ ВИСОКОТО НИВО НА

БЕЛКОВИНИ И ВЛАКНА ДАВА

ПОДОБРА ГЛИКОРЕГУЛАЦИЈА ВО

КРВТА., А ИСТОВРЕМЕНО ГО

НАМАЛУВА НИВОТО НА LDL

holesterol-от И КРВНИОТ

ПРИТИСОК ПОРАДИ БОГАТСТВО-

ТО СО КАЛИУМ. Дава чуство на си-

тост поради што е погодна за диети.

Секако дека КИНОАТА не е магична

храна но заслужено се вбројува во

продуктите наречени супер храна и

би било препорачкиво сите кои се

грижат за своето здравје повремено

да ја имаат на својата трпеза

Page 35: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 35

УРМИ-СУПЕР ХРАНА

Урмите преставуваат најдобар приро-

ден начин за подобрување на

имуниот систем. Ако барате здрав,

сладок десерт за попладневните

часови, кој воедно ќе го стимулира

Вашиот имун систем УРМИТЕ СЕ

ДЕФИНИТИВЕН ИЗБОР.

Според долунаведената студија

топлиот воден екстракт од урми го

стимулира Т-клеточниот имун

систем кај експерименталните

глувци, со сигнификантно зго-

лемување на бројот на CD4+, CD49+

и CD11b+ клетки во слезенката.

Според истата студија екстрактот од

смокви и сливи, исто така го

зголемува Т клеточниот имунитет, но

далеку помалку од урмите.

(НАПОМЕНА: CD4+ клетките се

вклучени во бобрата против

канцерските клетки, со нивна

инфилтрација во туморот)

Истражувачите заклучиле дека поли-

фенолите, кафеинската киселина и

хлорогената киселина се одговорни

за овој раст на Т имуните клетки.

Урмите се најконцетриран извор на

полифеноли и 100 грама сушени

урми содржат 2100 mg polyphenol-и,

скоро двојно повеќе од било кое

друго сушено овошје (смоквите се

следни со 1012 mg / 100 gr.

МЕЃУТОА !!!! ако можете најдете

свежи УРМИ: 100 gr. свежи урми

содржат неверојатни 12,730 mg

полифеноли, односно 10 пати повеќе

од најголемиот дел од останатите

овошја, односно 4 пати повеќе од

изворот број 2 (свежи смокви кои

содржат 2800 mg polyphenols / 100

grams).

Како други добри извори на хло-

рогенична киселина, освен урмите, се

праските и нектарините.

http://pubs.acs.org/doi/abs/10.1021/jf

2029225

СПАНАЌ во превенција на рак на простата

Спанаќот убива скоро 100% од

клетките на ракот на простата in

Vitro и го намалува ризикот кај

мажите за 82%: Neoxanthin е

единствениот carotenoid кој се

среќава кај спанаќот и според

Page 36: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 36

долунаведената студија ги убива

следните три типа на канцерогени

клетки на простата, 100% oд LNCaP

cells, 89% oд PC-3 cells, и 85% of DU

145 cells по 72h. третман in vitro.

Всушност, neoxanthin беше единстве-

ниот активен каротеноид кој имал

ефекет од сите 15 тестирани

каротеноиди, вклучувакји ги и

lycopene и beta-carotene. Но дали

спанаќот навистина го редуцира ри-

зикот од рак на простата во реалниот

живот? Една case-control студија

изведена во Јапан откри дека честото

конзумирање на спанаќ го редуцира

ризокот за дури 82%. Друга студија

изведена во Јужна Африка откри

дека ,5 X неделно конзумирање

спанаќ или зелка го редуцира

ризикот за повеќе од 40%. НО

спанаќот е корисен и за жените.

Америчката студија укажува дека

само два пати неделно конзумирање

на спанаќ и моркови го намалува

ризикот за рак на градите за повеќе

од 44%.

НА КРАЈ МОЖЕБИ И НАЈ-

ВАЖНИОТ ФАКТ, СИТЕ ЗЕЛЕНИ

ЛИСТОВИ СЕ НАЈААЛКАЛИЗИ-

РАЧКИТЕ ПРОДУКТИ, А КИСЕ-

ЛОСТА Е ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ

ФАКТОРИ ЗА ПОЈАВА НА МАЛИГ-

НИ ЗАБОЛУВАЊА.

Сите кои сакаат да ги прочитаат

оригиналните студии нека го посетат

долунаведениот линк од нај-

престижната медицинска база

PubMed

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/

11739884

РИЗИЦИ ОД ИНТЕНЗИ-ВЕН ВНЕС НА ЖИВОТИН-СКИ ПРОТЕИНИ ИНТЕНЗИВНИОТ ВНЕС НА ЖИВО-

ТИНСКИ ПРОТЕИНИ ГО ЗГОЛЕ-

МУВА РИЗИКОТ ЗА КАРЦИНОМИ

ЗА ФАНТАСТИЧНИ 433%. Овој

запрепастувачки податок е објавен во

една голоема опсежна студија (види

линк подолу) на 5 март 2014 година.

Според оваа студија, откриено е дека

возрасните луѓе помеѓу 50-65 години

кои имаат висок протеинки внес од

анимални продукти имаат зголемен

ризик за карциноми од 433%, 500%

повеќе смртни исходи од шеќерна

болест и 74% поголема смртност од

била која болест. Во студија

интензивен внес е детерминиран,

како калориски внес од најмалку

20%, а низок протеински внес под

10% од калориите , односно околу <

50 gr. дневно).

Друго значајно откритие е фактот

дека само внесот на протеини од

животински потекло е штетен, а

внесот на протеини од растително

потекло не е врзан со зголемен

ризик. Наодите од оваа студија во

Page 37: Здрава исхрана долг живот

ЗДРАВА ИСХРАНА, ДОЛГ ЖИВОТ

Нико Беќаровски 37

голем процент корелираат со

тврдењата изнесени во кинедската

книга, "The China Study" која

препорачува низок протеинки внес

за превенција од карциноми и

болести.

КАКО ОРИЕНТАЦИЈА ЗА ДНЕВНА

КОЛИЧИНА НА ПРОТЕИНИ, НЕКА

ПОСЛУЖИ ФАКТОТ ДЕКА ЕДЕН

ТИПИЧЕН ЧИЗБУРГЕР ИЛИ

ХАБУРГЕР СОДРЖИ 48-58 gr,

ПРОТЕИНИ!

ВАЖНО: кај популацијата над 65

години, високиот дневен внес на

протеини е корисен и го намалува

ризикот од карциноми, бидејки кај

оваа старосна група има зголемен

губиток на протеинкиот состав од

телото.

ЗАКЛУЧОК: Ако сте понлади од 65

години, намалете го внесот на

животинки протеини за да си го

намалите ризикот од карциноми и

дијабет. Внесувајте помалку од 10%

од Вашиот дневен калориски внес со

животинки протеини, а значително

наголемете го количеството на СВЕЖ

ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ, по можност

од органско потекло. Зеленчекот и

овошјето конзумирајте го сурово,

непрерасботено, неварено, некон-

зервирано секогаш кога е воз-

можно!!!!

http://www.sciencedirect.com/science/

article/pii/S155041311400062X