Top Banner
ПРЕДЛАГА: Раководител на Центар за развој на Пелагониски плански регион РАЗГЛЕДУВА: Совет за развој на Пелагониски плански регион ДОНЕСУВА: Совет за развој на Пелагониски плански регион Врз основа на член 26, став 1, алинеја 5 од Законот за рамномерен регионален развој (“Службен весник на РМ” 63/2007), Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион до Советот за развој на Пелагонискиот плански регион на седницата одржана на ден 21.12.2010 година поднесува декември, 2010 година Битола ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГOНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН 2010 – 2015 ОД СТРАНА НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2010 ГОДИНА
31

Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Mar 31, 2016

Download

Documents

Годишен извештај за спроведувањето на програмата
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

ПРЕДЛАГА: Раководител на Центар за

развој на Пелагониски плански регион

РАЗГЛЕДУВА: Совет за развој на

Пелагониски плански регион

ДОНЕСУВА: Совет за развој на

Пелагониски плански регион

Врз основа на член 26, став 1, алинеја 5 од Законот за рамномерен регионален развој (“Службен весник на РМ” 63/2007), Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион до Советот за развој на Пелагонискиот плански регион на седницата одржана на ден 21.12.2010 година поднесува

декември, 2010 година

Битола

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГOНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН 2010 – 2015 ОД

СТРАНА НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ЗА 2010 ГОДИНА

Page 2: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Вовед

Основната рамка за водење на политиката на рамномерен развој во

земјата е дефинирана со Законот за рамномерен регионален развој (Службен

весник на РМ бр.63/2007) кој ги пропишува планските документи за нејзина

реализација. Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион е еден од

тие документи и се базира на политиката на регионален развој насочена кон

развивање и имплементација на полицентричен модел на развој.

Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2010 - 2015 е

подготвена врз основа на Правилникот за методологијата за подготовка на

планските документи за регионалниот развој во Република Македонија, (Службен

весник на РМ бр.102/2009) а притоа се користени расположливите национални

документи од областа на регионалниот развој (Стратегијата за регионален развој

на Република Македонија, Законот за рамномерен регионален развој, Службен

весник на РМ бр.119/2009 и Акциониот план за спроведување 2010-2012 на

Стратегијата за регионален развој) односно стратегиските развојни документи на

општините во состав на регионот.

Соодветно на тоа, Програмата поаѓа од развојните потреби на општините

во регионот, истовремено следејќи ги насоките за развој на регионот опишани во

Националната Стратегија, како и развојните приоритети во Акциониот план 2010-

2012.

Спроведувањето на оваа програма има за цел да обезбеди:

- намалување на диспаритетите во рамките на регионот, како и во однос на

останатите плански региони и подигнување на квалитетот на животот на сите

граѓани;

- зголемување на конкурентноста на Пелагонискиот плански регион преку

надградба на инфраструктурата, оптимално користење и валоризирање на

природното богатство, човечкиот капитал и економските особености на регионот;

Page 3: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

- зачувување и развивање на посебниот идентитет на Пелагонискиот плански

регион, како и негова афирмација и развој;

- развој на подрачјата со специфични потреби и ревитализација на селата;

- поддршка на меѓуопштинската и прекуграничната соработка на единиците на

локална самоуправа, како и на регионот преку Центарот за развој на

Пелагонискиот плански регион, во функција на поттикнување на рамномерен

регионален развој.

Во согласност со принципите на одржлив развој, Програмата е така

замислена и програмирана да поддржи функционирање на локалната

демократија заедно со изградба на економија која ќе обезбеди подобар стандард

на живеење на граѓаните преку рационално искористување на ресурсите и

создавање можност за развој на идните генерации.

При изработката на Програмата за развој на ППР 2010 – 2015 беше

утврдена развојната визија :

Да бидеме регион со брендирана автентичност, со висок квалитет на

живеење, перспективна иднина за нашите жители, економски раст и

одржлив развој по европски критериуми.

Врз основа на SWOT анализата и утврдената визија, остварувањето на

среднорочните цели на развојот и зацртаната крајна цел (визијата), преку

спроведување на конкретни приоритети – регионот да биде добро инфраструктурно

развиен и поврзан, со обезбедени услови за економски развој, социјална кохезија и

заштита на животната средина, ќе резултира со подобар квалитет на живеење на

граѓаните, како што е прикажано во Табела 1.

Табела 1

Среднорочни цели Приоритети1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност

на општините во регионот

преку планирање и

Подобрување на квалитетот на живеење преку

подобрување на комуналната инфраструктураПодобрување на комуникацијата, квалитетот на животот и

зголемување на економската размена преку надградба на

постоечката и изградба на нова транспортна, железничка

Page 4: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

изградба на современа

инфраструктура

и аеродромска инфраструктураСоздавање услови за развој и привлекување на

инвеститори преку подоготвка на урбанистичко-планска и

техничка документацијаИнфраструктурен развој на Подрачјата со специфични

развојни потреби2. Подобрена животна

средина преку

намалување на

загадувањето,

отстранување на

последиците од него,

како и зголемување на

енергетската ефикасност

Унапредување на животната средина преку интегрирано

управување со загадувањето (почва, воздух, вода)Зголемување на енергетската ефикасност преку

создавање на (нормативни, административни,

финансиски, технички и едукативни) услови за примена на

модерни технолошки решенијаНамалување на трошењето на конвенционалните горива

со искористување на обновливите извори на енергија

3. Повисок квалитет на

живот и поголема

социјална кохезија во

регионот, преку

континуирано вложување

во развојот на човечките

ресурси

Иницирање на воспоставување на флексибилен и

современ образовен систем, кој ќе произведува кадри

согласно барањата на пазарот на труд и специфичните

потреби на регионотПодигнување на нивото на социјална заштита на целото

население, со посебен акцент на родовите прашања и

ранливите групи во руралните срединиПодобрување на здравствените услуги преку

модернизација и надградба на постоечките капацитетиПромовирање на регионалниот идентитет преку заеднички

иницијативи за развој на културата и спортотПодобрување на квалитетот на човековите ресурси во

регионот4. Поттикнување на

локалниот економски

развој на Пелагонискиот

регион

ЈаболкоИнформатичка технологијаПреработка на хранаТуризам, спорт и рекреацијаПримарно земјоделско и раноградинарско производство

(зеленчук)Индустрија за пакување, печатење и дизаајнРазвој на малите и средни претпријатија и

претприемништвотоПоддршка на економскиот развој со мерки на ниво на

Пелагонискиот регион во целина

Page 5: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Подготвени и имплементирани проекти од страна на Центарот за развој на

Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) во 2010 година

1. Подготвени проекти

1.1 Проекти поденсени до домашни фондови

Согласно целите и приоритетите на Програмата за развој на Пелагонискиот

плански регион 2010 – 2015, тимот на ЦРППР во март оваа година до Бирото за

регионален развој аплицираше 15 проекти од коишто сите се одобрени за

реализација, меѓутоа поради намалениот износ на финансиски средства што се

очекуваа да бидат добиени од Бирото за спроведување на овие проекти, а

согласно одлука на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, следната

година ќе бидат имплементирани 12 проекти (без оние со реден број 1, 14 и 15).

Табела 2: Листа на приоритетни проекти за 2010 година аплицирани до Бирото за

Регионален Развој (БРР)

Р.бр. Назив на проект Среднорочни цели1. Изработка на техничка документација за

ревитализација на дел од патот с.Кривогаштани,

општина Кривогаштани – Св. Митрани, општина

Крушево

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура,

Приоритет: Создавање услови за

развој и привлекување на инвеститори

преку подоготвка на урбанистичко-

планска и техничка документација2. Изработка на техничка документација за изградба

на пат од населено место Заполжани, општина

Долнени до населено место Славеј, општина

Крушево

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура,

Приоритет: Создавање услови за

Page 6: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

развој и привлекување на инвеститори

преку подоготвка на урбанистичко-

планска и техничка документација3. Изградба на дел од пат Р-516 Демир Хисар –

Кривогаштани – Крушево во должина од 1,5 km

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура

Приоритет: Подобрување на

комуникацијата, квалитетот на животот

и зголемување на економската

размена преку надградба на

постоечката и изградба на нова

транспортна, железничка и

аеродромска инфраструктура4. Изработка на техничка документација за

ревитализација на регионалниот пат Р – 512

Ропотово (врска со Р – 513) – Кривогаштани –

Демир Хисар (врска Р – 416) (од с. Граиште до

Кривогаштани)

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура,

Приоритет: Создавање услови за

развој и привлекување на инвеститори

преку подоготвка на урбанистичко-

планска и техничка документација5. Изработка на техничка документација за

ревитализација на регионалниот пат Р – 119

Вашарејца, општина Могила – Бучин, општина

Крушево

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура,

Приоритет: Создавање услови за

развој и привлекување на инвеститори

преку подоготвка на урбанистичко-

планска и техничка документација6. Изработка на техничка документација за

ревитализација на патот Р – 120 од врска Р – 509

Новаци, општина Новаци до врска М – 5

Тополчани, општина Прилеп

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура,

Приоритет: Создавање услови за

развој и привлекување на инвеститори

Page 7: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

преку подоготвка на урбанистичко-

планска и техничка документација7. Изработка на комплетна техничка документација

за реконструкција на ЗОО –Битола

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура,

Приоритет: Создавање услови за

развој и привлекување на инвеститори

преку подоготвка на урбанистичко-

планска и техничка документација8. Изработка на техничка документација

за изградба на паркинг за сточен пазар во

Кривогаштани

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура,

Приоритет: Создавање услови за

развој и привлекување на инвеститори

преку подоготвка на урбанистичко-

планска и техничка документација9. Адаптација – рехабилитација на магистрална

улица „Новачки пат“ како дел од Р – 509 делница

Битола – Новаци km 0 + 000 до km 1 + 640

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура

Приоритет: Подобрување на

комуникацијата, квалитетот на животот

и зголемување на економската

размена преку надградба на

постоечката и изградба на нова

транспортна, железничка и

аеродромска инфраструктура10. Подобрување на условите и безбедноста на

сообраќајот на регионалниот пат М – 5 на

делницата од Битола до Ресен преку изработка на

техничка документација за осветлување на

сообраќајната клучка „Макази“ и сообраќајната

клучка за влез во Ресен од страната на Битола

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура,

Приоритет: Создавање услови за

развој и привлекување на инвеститори

преку подоготвка на урбанистичко-

Page 8: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

планска и техничка документација11. Изработка на студија за поврзување и промоција

на манастирскиот туризам на Баба Планина

(општина Битола и општина Ресен)

С.Ц. 4 Поттикнување на локалниот

економски развој на Пелагонискиот

регион12. Набавка на опрема за ТППЕ Прилеп (го покрива

регионот на Прилеп, Кривогаштани и Долнени) и

опрема за волонтерските единици

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура

Приоритет: Подобрување на

комуникацијата, квалитетот на животот

и зголемување на економската

размена преку надградба на

постоечката и изградба на нова

инфраструктура13. Втора фаза за изградба на хлорна станица во с.

Дебреште за потребите на општините Долнени,

Крушево и Кривогаштани

С. Ц. 1. Подобра меѓусебна и

меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и из-

градба на современа инфраструктура

Приоритет: Подобрување на квалитетот

на живеење преку подобрување на

комуналната инфраструктура14. Креирање електронска база на податоци – Водич

за инвеститори во Пелагонискиот плански регион

за општините Новаци и Прилеп

С.Ц. 4 Поттикнување на локалниот

економски развој на Пелагонискиот

регион15. Создавање предуслови за економски разој преку

промоција на Пелагонискиот плански регион

С.Ц. 4 Поттикнување на локалниот

економски развој на Пелагонискиот

регион

Краток опис

Основна цел на проектот под реден број 2: Изработка на техничка

документација за изградба на пат од населено место Заполжани, општина

Долнени до населено место Славеј, општина Крушево е изработка на техничка

документација за изградба на пат од населено место Заполжани до населено

место Славеј (непробиен земјен пат во должина од 4,5 km) кој ги поврзува

Page 9: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

општините Долнени и Кривогаштани. Проектот има регионално значење и се

простира на подрачјето на општините Долнени и Кривогаштани. Оекуван резултат

од проектот е комплетна изработената техничка документација за изградба на

патот. Проектот создава услови за изградба на патот со што ќе се подобри

сообраќајната комуникација помеѓу населените места во двете општини, а со

самото тоа ќе даде и придонес кон подобрување на можностите за социјален и

економски развој. Со спроведувањето на активностите проектот ќе биде целосно

завршен.

Основната цел на проектот под реден број 3: Изградба на дел од пат Р-516

Демир Хисар – Кривогаштани – Крушево во должина од 1,5 km е изградба на

Дел од патот Р-516 кој ги поврзува општините Крушево – Кривогаштани и Демир

Хисар помеѓу населените места Врбоец и Свето Митрани, во должина од 1,1

km.Проектот се простира на подрачјето на општините Крушево – Кривогаштани и

Демир Хисар и има поголемо регионално значење.

Очекувани резултати од проектот се:

- Изградени 1,1 km од патот Р – 516 помеѓу населените места Врбоец и

Свето Митрани;

- Зголемена фреквенција на возила;

- Бројот на возила коишто се движат по овој пат е зголемени и нивната

амортизација е намалена;

- Населението кое ја користи новата/реконструираната инфраструктура е

зголемено;

- Безбедноста на патот е зголемена со што и бројот на сообраќајни несреќи

значително се намалува;

- Оперативните трошоци на корисниците на патот се намалени;

- Зголемени се бизнис активностите во трите општини.

Со спроведување на активностите, проектот целосно ќе биде завршен што ќе

резултира со комплетирање на патниот правец.

Основна цел на проектот под реден број 4: Изработка на техничка

документација за ревитализација на регионалниот пат Р – 512 Ропотово (врска

Page 10: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

со Р – 513) – Кривогаштани – Демир Хисар (врска Р – 416) (од с. Граиште до

Кривогаштани) е изработка на техничка документација за ревитализација на

регионалниот пат Р – 512 Ропотово (Врска со Р – 513) – Кривогаштани – Демир

Хисар - (Врска Р – 416) (од с. Граиште до Кривогаштани) во вкупна должина од

21 km. Проектот има регионално значење и се однесува на подрачјето на

општина Долнени, Кривогаштани, Демир Хисар и Крушево. Очекуван резултат од

проектот е комплетна изработената техничка документација за ревитализација на

регионалниот пат и посочените врски. Со спроведувањето на активностите,

проектот ќе биде целосно завршен. Проектот создава услови за ревитализација на

патот со што ќе се подобри сообраќајната комуникација помеѓу специфичните

региони кои ги поврзува, а со самото тоа ќе даде и придонес кон подобрување на

можностите за економски развој.

Основна цел на проектот под реден број 5: Изработка на техничка

документација за ревитализација на регионалниот пат Р – 119 Вашарејца,

општина Могила – Бучин, општина Крушево е изработка на техничка

документација за ревитализација на регионалниот пат Р – 119 Вашарејца – Бучин

во должина од 12 km. Проектот има регионално значење и се однесува на

подрачјето на општините Новаци, Могила и Крушево. Очекуван резултат од

проектот е комплетна изработената техничка документација за ревитализација на

регионалниот пат. Со спроведувањето на активностите по проектот истиот ќе биде

целосно завршен. Проектот создава неопходни предуслови за ревитализација на

патот со што ќе се подобри сообраќајната комуникација помеѓу специфичните

места кои ги поврзува, а со самото тоа ќе даде и придонес кон подобрување на

можностите за економски развој. Доколку патот се ревитализира, а основна

претпоставка за тоа е изработката на техничката документација, ќе се подобри

пристапот до услугите од областа на здравството (брза помош), противпожарната

заштита и условите за транспорт на учениците во основните училишта.

Основна цел на проектот пд реден број 6: Изработка на техничка

документација за ревитализација на патот Р – 120 од врска Р – 509 Новаци,

општина Новаци до врска М – 5 Тополчани, општина Прилеп е изработка на

Page 11: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

техничка документација за ревитализација на Регионалниот пат Р – 120 во

должина од 22 km. Проектот има регионално значење и се однесува на

подрачјето на општините Могила, Новаци и Прилеп. Очекуван резултат од

проектот е комплетна изработената техничка документација за ревитализација на

регионалниот пат Р – 120 од врска Р – 509, општина Новаци, Новаци до врска М

– 5 Тополчани, општина Прилеп во должина од 22 km. Со спроведувањето на

активностите по проектот истиот ќе биде целосно завршен. Проектот создава

услови за ревитализација на патот со што ќе се подобри сообраќајната

комуникација помеѓу специфичните места кои ги поврзува, а со самото тоа ќе

даде и придонес кон подобрување на можностите за економски развој.

Основна цел на проектот под реден број 7: Изработка на комплетна

техничка документација за реконструкција на ЗОО –Битола е изработка на

техничка документација за комплетна реконструкција на зоолошката градина во

Битола како основа за создавање зоолошка градина по европски стандарди.

Проектот има регионално значење и се однесува на целокупното

население во Пелагонискиот плански регион. Очекуван резултат од проектот е

комплетна изработената техничка документација за реконструкција на

зоолошката градина во Битола, со што ќе биде редизајниран и надграден

моменталниот изглед. Со спроведувањето на активностите, проектот ќе биде

целосно завршен. Проектот создава услови за економски развој бидејќи

привлекува 250 000 потенцијални посетители кои истовремено ќе дадат придонес

кон развој на локалната економија на општина Битола. Проектот директно влијае

на заштита на биолошката разновидност. Со него се развиваат различните форми

на еко туризам, образование за заштита на животната средина како и

рекративното движење.

Преку создавањето на зоолошка градина по европски стандарди, ќе се

генерираат и можности за одредени вработувања на различни нивоа од научно

истражувачко до техничко материјално одржување и исхрана на животните. Во

перспектива Зоолошката градина во Битола може да биде место за пријатен

престој на децата и родителите, учениците и студентите како и пензионерите и

Page 12: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

рекреативците. На тој начин ќе се создадат услови за подобрување на кавлитетот

на животот во наведените области

Основна цел на проектот под реден број 8: Изработка на техничка

документација за изградба на паркинг за сточен пазар во Кривогаштани е

изградба на техничка документација за паркинг на сточниот пазар во

Кривогаштани со површина од 2500m2. Проектот има регионално значење и се

простира на подрачјето на општините Кривогаштани, Долнени, Демир Хисар,

Крушево и Прилеп. Очекуван резултат од проектот е комплетна изработената

техничка документација за изградба на на паркинг за сточниот пазар во

Кривогаштани со површина од 2500m2. Со спроведувањето на активностите по

проектот истиот ќе биде целосно завршен. Проектот создава услови за економски

развој преку подобрување на функционирањето на сточниот пазар во

Кривогаштани кој има регионално значење.

Преку создавањето услови за изградба на паркинг на сточниот пазар во

Кривогаштани ќе се создадат услови за урбанизирање на дел од просторот околу

сточниот пазар со што ќе се подобри квалитетот на живот (засадување на

садници, поставување на клупи за седење и друга пропратна опрема за

партнерно уредување на паркинг просторот).

Основната цел на проектот под реден број 9: Адаптација – рехабилитација

на магистрална улица „Новачки пат“ како дел од Р – 509 делница Битола –

Новаци km 0 + 000 до km 1 + 640 е адаптација и ревитализација на дел од

магистралната улица „Новачки пат“ како дел од патот Р-509 делница Битола –

Новаци во должина од 840m преку негово тампонирање и асфалтирање. Проектот

директно се однесува на општините Битола и Новаци а има регионално значење

заради поврзување и на општините Могила и Прилеп.

Очекувани резултати од проектот се:

- Адаптацијата и рехабилитацијата на магистралната улица „Новачки пат“

како дел од патот Р-509 делница Битола – Новаци во должина од 840 km е

комплетирана;

- Зголемена проодност и безбедност на сообраќај по патниот правец;

Page 13: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

- Зголемена фреквенција и обем на размена помеѓу населението на двете

општини.

- Развој на регионалната економија.

Со спроведување на активностите, проектот ќе биде целосно завршен и ќе

финализира со целосна проодност по целата должина.

Основна цел на проектот под реден број 10: Подобрување на условите и

безбедноста на сообраќајот на регионалниот пат М – 5 на делницата од Битола до Ресен

преку изработка на техничка документација за осветлување на сообраќајната клучка

„Макази“ и сообраќајната клучка за влез во Ресен од страната на Битола е изработка

на техничка документација за осветлување на Клучката кај местото викано

„Макази“ како и клучката на влезот во Ресен од страната на Битола. Двете

сообраќајни клучки се многу фреквентни бидејќи преку нив се одвива

сообраќајот од Битола кон населените места кон Туристичката Населба Претор до

грчката граница, низ населените места кон Туристичката Населба Отешево до

селото Стење и границата со Р. Албанија и према Охрид. Со ова, проектот покрај

регионално, има и меѓународно значење за нормално и непречено одвивање на

сообраќајот кон посочените правци. Локацијата на проектот има регионално

значење за општините Ресен и Битола и се однесува на двете сообраќајни клучки

оддалечени околу 7 километри од Ресен како административен центар на

општина Ресен. Како резултат на проектот ќе произлезе изработена комплетна

техничка документација за осветлување на клучката „Макази“ и клучката на

влезот во Ресен од страната на Битола. Со спроведувањето на активностите,

проектот ќе биде целосно завршен.

Основна цел на проектот под реден број 11: Изработка на студија за

поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (општина

Битола и општина Ресен) е израбтка на студија за поврзување и промоција на

манастирскиот туризам на Баба Планина (општина Битола и општина Ресен).

Основен проблем кој го третира проектот е недоволната искористеност на

културно – историското наследство и природните убавини и реткости во функција

Page 14: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

на економски развој на општините Ресен и Битола особено Планината Баба како

заедничка географска целина на двете општини.

Очекувани резултати од проектот се:

1. Изработен еден каталог со линија на поврзување на црквите и

манастирите на Баба Планина во општните Битола и Ресен и

објаснување за нивното значење;

2. Изработена една студија во функција на економски развој на двете

општини преку различните форми и потенцијал на манастрискиот

туризам.

Со спроведување на активностите, проектот целосно ќе биде завршен.

Основна цел на проектот под реден број 12: Набавка на опрема за ТППЕ

Прилеп (го покрива регионот на Прилеп, Кривогаштани и Долнени) и опрема за

волонтерските единици е набавка на нова, современа опрема за ТППЕ Прилеп со

цел намалување на ризикот по живот на вработените,и постигнување поголема

заштита на животот на луѓето и нивниот имот. Локацијата на проектот примарно

се однесува на општината Прилеп а нивото на дејствување и корист од проектот

ќе имаат и општините Долнени и Кривогаштани и Пелагонискиот плански регион

во целост.

Очекувани резултати од проектот се:

- Опремувањето на ТППЕ Прилеп со нова професионална опрема за заштита

од пожари е комплетирано;

- Намалување на ризикот на вработените во извршувањето на

професионалните задачи и обврски;

- Подобрување на квалитетот на интервенциите во спречување и заштита од

пожари;

- Зголемен број на спасени луѓе, живеалишта, недвижен и подвижен имот;

-Материјалните штети и оперативните трошоци на корисниците на услуги се

намалени;

Со спроведувањето на активностите по овој проект ТППЕ Прилеп ќе биде

целосно опремена со нова, современа опрема. Можноста за постигнување на

поголема брзина при интервенирање на повик од страна на ТППЕ Прилеп ќе ги

Page 15: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

намали трошоците од штетите при пожар за сопствениците на станови, куќи, имот

и деловни објекти. Со зголемувањето на безбедноста и заштитата од пожар,

значително ќе се подобри квалитетот на живот на населението примарно во трите

општини преку зголемување на квалитетот на услуга што ќе ја дава ТППЕ Прилеп.

Квалитетната заштита од пожари обезбедува сигурност кај потенцијалните

инвеститори за заштита на нивните објекти, со што се создаваат основни

претпоставки за побрз економски развој.

Основна цел на проектот под реден број 13: Втора фаза за изградба на

хлорна станица во с. Дебреште за потребите на општините Долнени, Крушево и

Кривогаштани е комплетирање на втората фаза од изградбата на хлорната

станица во с.Дебреште, како основен услов за снабдување со исправна и

квалитетна вода за пиење во општините Долнени, Кривогаштани и Крушево. Со

реализацијата на овој проект, објектот ќе биде изграден до степен на карабина.

Проектот е лоциран во с. Дебреште, но неговата имплементација директно се

однесува на населението во општините Долнени, Кривогаштани и Крушево.

Очекувани резултати од проектот се:

- Комплетирање на втората фаза од изградбата на хлорната станица и нејзино

доведување до степен на карабина;

- Зголемување на бројот на жители кои се приклучени на водоводната мрежа;

- Намалување на бројот на заразни болести како резултат на подобрените

услови за лична и санитарна хигиена и квалитетна вода за пиење;

- Минимизирање на можностите за појава на епидемии.

Со спроведување на активностите, проектот односно хлорната станица ќе биде

изградена до степен на карабина.

1.2 Проекти аплицирани во рамките на ИПА програмата

Проекти аплицирани за прекугранична соработка со Р. Албанија (согласно

среднорочна цел 4 - Поттикнување на локалниот економски развој на

Пелагонискиот регион , приоритет – Туризам, спорт и рекреација)

Page 16: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

1. Инвестирање во регионалната конкурентност . Основната цел на

проектот е да придонесе во зголемувањето на регионалната

конкурентност на прекуграничните региони Пелагонија и Корча

преку организирање обуки за невработени за стекнување бизнис

вештини, семинари и обуки за ISO стандардите за бизнисите во

секторот туризам (10-те најдобри после спроведено тестирање по

завршувањето на обуката ќе добијат бесплатна имплементација на

ISO 9001:2008), трансфер на најдобрите практики за организација

за менаџирање со дестинации, за менаџирање со регионалниот

туризам и промоција на кластерските иницијативи.

Со зголемување на регионалната конкурентност на прекуграничните

региони, предложената активност ќе го поттикне економскиот развој

на одржлив начин и ќе придонесе кон остварување на целите на

прекуграничната програма за соработка со Р. Албанија 2007-2013.

Специфичните цели на проектот се:

1. Да се иницираат нови бизниси во руралниот туризам;

2. Да се зголеми квалитетот на туристичките услуги и

3. Да се создаде институционална основа за регионален развој на

туризмот во согласност со националните и регионалните стратешки

документи.

Проектот е во фаза на евалуација, се очекуваат резултати на почетоткот од

следната година.

Табела 4 : Проекти аплицирани за прекугранична соработка со Р. Грција

Краток опис Партнери

1. Развивање на заеднички

прекуграничен план за заштита од

пожари

„Противпожарен штит“

(согласно втората среднорочна цел -

Подобрена животна средина преку

Носител на проектот:

Центар за развој на Пелагонискиот плански

регион

Партнери :

Регионална развојна агенција АНФЛО, Лерин,

Page 17: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

намалување на загадувањето, отстранување

на последиците од него, како и зголемување

на енергетската ефикасност)

Проектот има основна задача да креира

инфраструктура за заштита на еколошките

ресурси во пограничниот регион.

Специфични цели на проектот се: Развивање

на заеднички прекуграничен план за

заштита од пожари, јакнење на капацитетите

на единиците за противпожарна заштита во

Лерин, Република Грција и Битола, Република

Македонија преку набавка и обука за

користење сателистки систем за

набљудување, набавка на 40 сета опрема за

моторизирани единици за гаснење пожар во

непристапни места и поставување на 70

хидранти во Пелагонискиот регион и 70 во

регионот на Лерин за полнење со вода на

специјализираните противпожарни возила.

Република Грција

Префектура Лерин, Република Грција

Општина Битола

Општина Прилеп

2. Надминување на границите преку

заеднички промотивни активности на

културното и природно наследство

„Отврени врати“

(согласно третата среднорочна цел - Повисок

квалитет на живот и поголема социјална

кохезија во регионот, преку континуирано

вложување во развојот на човечките

ресурси, приоритет - Промовирање на

Носител на проектот:

Регионална развојна агенција АНФЛО, Лерин,

Република Грција

Партнери:

Центар за развој на Пелагонискиот плански

регон

Префектура Лерин, Република Грција

НУ Центар за култура – Битола, Република

Page 18: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

регионалниот идентитет преку заеднички

иницијативи за развој на културата и

спортот).

Проектот се фокусира на поврзувањето на

младите луѓе од 18 – 25 години од двете

страни на границата во промоција на

културното и природно наследство преку

заеднички активности и промоција, посета

на значајни локалитети во пограничниот

регион и отворање на два компјутерски

информативни центри.

Македонија

Меѓународна интервенција за одржлив развој и

квалитет н аживот, Атина Република Грција

Мудро територијално панирање на

туризмот и развојот на заедничкиот

регионален идентитет

„Мудар план“

(согласно среднорочна цел 4 - Поттикнување

на локалниот економски развој на

Пелагонискиот регион , приоритет –

Туризам, спорт и рекреација)

Целта на проектот е да развие план ра развој

на регионот преку синергија на повеќе

иницијативи. Фокус се става на

вмрежувањето и пограничните регионални

иницијативи.

Проектот преку своите активноти ќе делува

на размена на искуства, вмрежување и

промоцја на заедничка стратегија под

наслов „Една дестианција – две земји“.

Резултат на проектот ќе биде и физибилити

студија за опсерваторија за одржлив туризам

Носител на проектот:

Регион на Западна МАкедониа, Република

Грција

Партнери:

Македонски Центар за меѓународна соработка,

Република Македонија

Оддел за планирање и регионален развој,

Република Грција

Агенција за еко туризам, Вичи, Република

Грција

Центар за развој на Пелагонискиот плански

регион

Page 19: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

во регионот. Главни резултати на проектот ќе

бидат во насока на заедничко планирање за

развој на туризмот, заеднички маркетинг

активности и заеднички бизнис активности.

Поддршка на човечките ресурси за

развој на способности за зелени

вработувања

„Зелени вработувања“

(согласно третата среднорочна цел - Повисок

квалитет на живот и поголема социјална

кохезија во регионот, преку континуирано

вложување во развојот на човечките

ресурси, приоритет - Подобрување на

квалитетот на човековите ресурси во

регионот)

Главна цел на проектот е да ги зајакни

човечките ресурси за развој на „зелени

професии“ и зелени вработувања на патот

кон трансформација кон зелена економија.

Целна група на проектот се невработени,

вработени, претприемачи и бизнисмени.

Проектот ќе се спроведе о регионите на

Солун и Пелагонискиот регион. И двата

региони се соочуваат со предизвици за

заштита на животната средина,

невработеност и недостаток на знаења од

областа на превземање акции кои не му

штетат на животната средина

Носител на проектот:

Стопанска комора на Солун за трговија и

индустрија

Партнери:

Центар за развој на Пелагонискиот плански

регион

Развојна агенција за северозападниот регион

на Грција.

Page 20: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Овие проекти беа поднесени до Заедничкиот техничкиот секретаријат во

Солун во ноември оваа година, а резултатите за нивен потенцијален избор се

очекуваат во првата половина од следната година.

1.3 Проекти поднесени до странски фондови

Тимот на ЦРППР има поднесено проект до Јапонска амбасада (согласно

среднорочна цел 1 - Подобра меѓусебна и меѓународна поврзаност на општините

во регионот преку планирање и изградба на современа инфраструктура)

„ Изградба на хидрантска мрежа во Пелагонискиот плански регион“ . Со овој

проект предвидена е набавка на 140 надземни хидранти за потребите на

противпожарните возила за успешни интервенции при гаснење пожари во секоја

од Пелагониските општини. Резултатите од потенцијалниот избор на проектот се

очекуваат во првата половина од 2011 година.

Целта на овој проект е да набавиме 140 надземни хидранти и да им ги доделиме

на општините врз основа на критериуми за постоење на хидранти за пожар,

бројот на постојните хидранти, оддалеченоста на населеното место до најблискиот

хидрант, бројот на пожари во населените места, на големината на површината и

бројот на жители како последен критериуми.

Процесот на нивната инсталација ќе се изврши од страна на јавните

претпријатија за водоснабдување со седиште во општините од Пелагонискиот

регион, во соработка со противпожарните станици во период од 12 месеци. Тие

ќе се грижат за нивно одржување и функционалност низ целиот животен циклус.

Хидранти ќе ќе бидат во сопственост на 9-те Пелагониски општини.

2. Проекти во фаза на реализација

Page 21: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Согласно програмските определби, Центарот за развој на Пелагонискиот плански

регион (ЦРППР) во оваа година имплементира два проекти и тоа:

I. „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис

активностите во Пелагонискиот регион“ под мотото „Градиме партнерства“

(согласно третата среднорочна цел - Повисок квалитет на живот и поголема

социјална кохезија во регионот, преку континуирано вложување во развојот на

човечките ресурси, приоритет - Подобрување на квалитетот на човековите

ресурси во регионот, како и согласно четвртата среднорочна цел – Поттикнување

на локалниот економски развој на Пелагонискиот регион

Овој проект беше аплициран во 2009 година, а се спроведува оваа година

согласно добиените финансиски средства од Министерството за локална

самоуправа преку Бирото за регионален развој. Проектот има за цел

воспоставување на организиран и структуиран тим, опремен со неопходни

вештини во секоја од Пелагониските општини и во канцеларијата на Центарот за

развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР), кој ќе биде способен да ги

координира и поддржи бизнис активностите во регионот што директно

придонесува за исполнување на програмскиот приоритет – Подобрување на

квалитетот на човековите ресурси во регионот.

Резултатите од проектот ги мериме врз основа на следните индикатори

(коишто истовремено се дел од Стратегијата за рамномерен регионален развој на

Македонија):

• Број на реализирани проекти за поттикнување на економскиот

развој во планските региони;

• Број на реализирани специфични активности (спроведени обуки за

домашните претприемачи, студиски патувања, промотивни настани,

деловни средби и слично);

• Број на учесници во реализираните специфични активности

(спроведени обуки за домашните претприемачи, студиски патувања,

промотивни настани, деловни средби и слично);

Page 22: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

• Број на обуки за вработените во Центрите за развој на планските

региони од областа на регионалниот развој и проектниот

менаџмент;

• Број на обуки за вработените од општинските администрации,

Советите на општините и Советите на планските региони од областа

на регионалниот развој;

• Број на реализирани обуки за искористување на расположивите

фондови за прекугранична соработка;

• Број на реализирани специфични активности за подигнување на

капацитетите за планирање и реализација на развојот во планските

региони (спроведени обуки, студиски патувања, промотивни

настани и специјални средби и слично).

Во текот на 2010 година спроведени се 3 обуки:

1. Обука за развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни

фондови на ЕУ наменета за јавниот сектор во Пелагонискиот регион

2. Обука за правни и организациски аспекти на јавно-приватно партнерство

3. Обука за бизнис вештини и можности за финансирање на бизниси

Првата обука беше наменета за јавниот сектор во Пелагонискиот регион.

На обуката учествуваа 17 учесници – претставници на општините. За

времетраењето на обуката имаше активна и партиципативна работна атмосфера,

беа поставувани многу прашања, имаше многу продуктивни дискусии, солидни

презентации на работите во групи и целосно сериозен однос кон обуката.

Учесниците ги изучуваа фазите во раководењето на проектниот циклус,

проблемите и причините за неуспешни проекти, планирање насочено кон целите,

идентификација на проблеми и цели, логика на интервенција, објективно

проверливи показатели и изводи на верификација, ризици/предуслови,

буџетирање и правила за аплицирање во рамките на ИПА. После оваа обука

подготвени и поднесени беа 10 проектни апликации во рамките вториот повик од

Програмата за прекугранична соработка со Р. Грција од страна на општините и

ЦРППР.

Page 23: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Втората обука беше наменета за јавниот и проватниот сектор. Беа

присутни 58 учесници од кои 14 од општините, 9 од јавните претпријатија и

останатите од приватниот сектор. Учесниците изучуваа за правната рамка на

јавно-приватно партнерство (ЈПП), европското и македонското законодавство од

оваа област, видовите на ЈПП, субјектите коишто можат да се јават како јавни

партнери, документацијата за реализација на ЈПП, тендерската постапка за

склучување договор за ЈПП како и моделите и областите во коишто можат да се

реализираат ЈПП проекти.

Третата обука беше наменета за бизнис секторот но и за вработените во

одделенијата за локален економски развој од оптините. Беа присутни 27 учесници

од коишто 4 од општините. Учесниците преку интерактивна работа врз основа на

предавања, разработка на концепти и поголем број вежби изучуваа

претприемнички вештини, комуникациска спрега помеѓу претприемачот и

пазарот, влијанието на околината врз уделот на пазарот, потоа, ги зајакнуваа

способностите за подготовка и ефектино користење на SWOT анализата и ги

усвоија најновите знаења и искуства што ги применува маркетинг микс

концептот. Истовремено, учесниците низ дискусија и вежби анализираа биланси,

финансиски текови и капитални структури на компаниите. Опсежна презентација

беше дадена за можностите за финансирање на бизнисите и богата дискусија

беше развиена на оваа тема меѓу сите учесници.

Во рамките на сите три обуки присутни беа преку 100 учесници од коишто

34 од општините, 9 од јавните претпријатија, 3 од Центрите за регионален развој

и останатите од приватниот сектор (претприемачи, менаџери, вработени).

Останатите 6 предвидени обуки ќе бидат спроведени во првата половина

на 2011 година, после што реално ќе бидат измерени резултатите од

спроведувањето на овој проект, а со тоа и степенот на постигнување на целите.

Исто така, извршени се анкети на сите општини односно нивните

одделенија за локален економски развој за потреби од компјутерска опрема и

обука за компјутерски курсеви. Предвидена е набавка на 7 персонални

компјутери 2 портабл компјутери и 7 печатачи за потребите на општините. За таа

цел беа подготвени и дистрибуирани прашалници во поглед на податоците што на

Page 24: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

општините им се потребни за подобро отсликување на бизнисот во нивни рамки,

во однос на прегледот што web апликацијата ќе го овозможи за нив (број на

компании, сектор, големина, број на вработени, пазар – домашен странски) како

и анализа на потребите за хардвер во општината. Овие прашалници најчесто ги

одговараа вработените од одделенијата за локален економски развој од

општините, врз основа на коишто беше извршена анализа на потребите за

компјутерска опрема за поддршка на реализацијата на активностите поврзани со

web апликацијата (софтверот).

Во рамките на овој проект, ЦРППР подготви и сценарија за видео спот за

промоција на индустриските зони во Пелагонискиот регион како и сценарио за

видео спот за промоција на можностите за инвестирање во секоја од

Пелагониските општини. Сценаријата за видео спотовите беа подготвени врз

основа на целосна координација со општините и Дирекцијата за технолошки

индустриски развојни зони од каде што врз основа на прашалник дистрибуиран

до општините и Дирекцијата се собираа податоци за техничките карактеристики

за индустриските зони (Површина на зоната, предвидени градежни парцели,

сопственост на земјиштето, цена на земјиштето по м2, инфраструктура –

достапност до вода, канализација, електрична енергија, телефон, интернет –

доколку нема, на која оддалеченост се наоѓаат и по која цена ќе бидат достапни

на инвеститорите; оддалеченост на зоната од магистрални патишта, железничка

пруга, коридори, аеродроми, пристаништа во други земји и сл.; постоечки објекти;

услуги што ќе им бидат понудени на инвеститорите, мапи и тн), како и за

инвестициските можности во истите (понудени парцели, неискористени објекти,

инвестициски проекти и сл). Видео спотовите се во фаза на подготовка.

Останатите активности (web базирана апликација, дополнителни обуки за

јавниот и приватниот сектор и др.) од овој проект ќе бидат имплементирани во до

крајот на првата половина од 2011 година согласно динамиката на активности

прикажани во следната табела:

Табела 3

Page 25: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Р.бр. Назив на настан / обука Дата и

место

Опис / Целна група Забелешка

1. Промотивна конференција 29.09.2010,

Битола

Министерство за локална

самоуправа

Биро за регионален

развој

Градоначалници

Вработени во ЛС

Јавни претпријатија

Бизнис сектор

НВО сектор

120 присутни

гости

2. Обука за развивање на предлог

проекти за финансирање од

претпристапни фондови на ЕУ

7-10. 10.

2010, Битола

Тродневна обука

наменета за општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР

20 учесници

3. Обука за правни и организациски

аспекти на Јавно-приватно

партнерство (ЈПП)

18.11.2010,

Битола

Еднодневна обука

наменета за општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот

58 учесници

4. Обука за донаторски процедури 2011 Дводневна обука

наменета за општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот5. Обука за изнаоѓање на фондови 2011 Дводневна обука

наменета за општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот6. Работилница за групна работа на

практично подготвување на

2011 Четиридневна обука

наменета за општинската

Page 26: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

предлог проекти проекти/

апликации

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот7. Работилница за процесот за

идентификација на ЈПП во

општинските планови за ЛЕР

2011 Дводневна обука

наменета за општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот8. Работилница за развивање на

модели за ЈПП и предлози за ЈПП

2011 Тродневна обука

наменета за општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот9. Работилници каде што бизнис

секторот и општините ќе

комуницираат ефективно и ќе

идентификуваат потенцијални ЈПП

2011 4 еднодневни

работилници наменети за

општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот 1

0.

Обуки за бизнис вештини и

можности за финансирање на

бизниси

15-16. 12.

2010, Битола

Дводневна обука

наменета за

општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот

27 учесници

1

1.

Презентации за бизнис

можностите во Пелагонија, за

привлекување на домашни и

странски инвеститори

2011 Истражување, подготовка

на материјали на

македонски и англиски за

презентација на

можностите за

инвестирање во

Page 27: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Пелагонискиот регион за

настап на 5 еднодневни

локални и 3 еднодневни

регионални

манифестации.1

2.

Консултанстски услуги во врска со

тековното работење на

Одделенијата за ЛЕР во однос на

испорачаните обуки во рок од

една година по завршувањето на

имплементацијата на проектот

2011 Ad hoc појаснувања во

врска со испорачаните

обуки наменети за

општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР кои

се даваат по меил, факс

или телефон. 1

3.

Подготовка и изработка на водич

за инвестирање во пелагонискиот

регион на македонски, англиски,

грчки и албански јазик

2011 Истражување и

подготовка на

содржината на печатен

водич за инвестирање во

Пелагонискиот плански

регион, Содржината ќе се

изготви на македонски,

англиски, грчки и

албански јазик, со

лектура.Водичот е од 70

до 100 страни, А5

формат) (без дизајн)1

4.

Обука за користење софтвер 2011 Обука наменета за

општинската

администрација од

одделенијата за ЛЕР,

ЦРППР и бизнис секторот

од регионот1

5.

Завршен промотивен настан 2011

Page 28: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

I I . „ Унапредување на квалитетот за животната средина во Пелагонискиот

плански регион преку промоција на Законот за управување со пакување и

отпад од пакување“ со слоган „Пакување без загадување“ (согласно втората

среднорочна цел - Подобрена животна средина преку намалување на

загадувањето, отстранување на последиците од него, како и зголемување на

енергетската ефикасност).

Главната цел на проектот е да се подобри квалитетот на животната средина

во регионот на Пелагонија, додека специфичните цели на проектот се: 1.

Промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување во

Пелагонискиот регион и 2. Градење на капацитети на локалната самоуправа во

Пелагонискиот регион, бизнис секторот и граѓанските организации за Законот за

управување со пакување и отпад од пакување.

Промоцијата на законската регулатива за заштита на животната средина и

природата во целина и нејзината имплементација има значително влијание во

тенденцијата на обезбедување на квалитетот на животната средина и природата

во регионот на Пелагонија. Отворањето на јавна дебата за Законот за

управување со пакување и отпад од пакување за управување со имплементација

ќе придонесе за социјалната и економската димензија на овие прашања кои ги

засегаат сите граѓани во регионот на Пелагонија. Проектните активности се во

синергија со проектот за ПЕТ рециклирање кој се спроведува со финансиска

поддршка од УСАИД. Општините Прилеп и Битола беа најуспешните во

спроведување на проектот, бидејќи вистинската количина на собрани пластични

шишиња надминаа предвидените количини. На овој начин се дава придонес кон

спроведувањето на целите на проектот коишто се во согласност со оние на

Програмата за регионален развој на Пелагонискиот регион 2010-2015, каде што

животната средина и природата поставени се како еден од врвните приоритети.

Овој проект делумно е финансиран од Амбасадата на Кралството на

Норвешка.

Во текот на 2010 година организирани се два семинари за промоција на

Законот за управување со пакување и отпад од пакување за јавниот сектор и за

НВО секторот.

Page 29: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

На 03.09.2010 година во Крушево се одржа промотивниот настан и

првата разботилница во рамките на овој проект наменета за градоначалниците

од Пелагонискиот плански регион, директорите на комналните претпријатија и

претставници на општините. Меѓу другите, поздравно обраќање имаше Аташето

на Амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија. На

семинарот беа присутни 37 учесници.

На 1 ноември, 2010 година тимот на ЦРППР го организираше вториот

семинар во Битола, наменет за НВО секторот. Беа присутни 29 учесници –

репрезенти на 20-тина граѓански организации од Пелагонискиот плански регион.

Предвиден е уште еден семинар за бизнис секторот (во втората половина

од месец јануари 2011 година) како и подготовка на промотивен материјал.

По завршувањето на проектот постигнатите резултати ќе се мерат врз

основа на бројот на присутни учесници на семинарите од локалните самоуправи,

од бизнис секторот и граѓанските здруженија кои ќе бидат се информирани за

можностите и перспективите од спроведувањето на Законот за управување со

пакување и отпад од пакување, како и преку бројот на граѓаните на

Пелагонискиот регион кои се информирале за овој закон преку изготвените

кампањи за промоција на истиот.

I I I . Подготовка на туристичка мапа на Пелагонискиот регион

Тимот на ЦРППР со сопствени ресурси го реализираше проектот

Подготовка на туристичка мапа на Пелагонискиот плански регион врз база на

комуникација со општините во поглед на одредување на најатрактивните места за

туристичка промоција. Секоја општина предложи поголем број на локации што

треба да бидат поставени на мапата, а потоа истите беа консултирани со експерти

од областа на туризмот, археологијата, историјата и културата. На едната страна од

мапата претставена е картата Р. Македонија и со зелена боја означен е

Пелагонискиот регио, потоа мапата на Пелагонискиот плански регион (со компас

за ориентација) на којашто означени се 77-те локации на туристичките

дестинации и внесена е по една фотографија што претставува атрактивност за

секоја општина од регионот. За секоја локација на мапата има одредено по еден

Page 30: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

број а користени се 9 различни бои, за секоја општина по една. На задната

страна од мапата даден е краток осврт на значењето на локацијата во секоја

општина од нашиот регион. Мапата е комплетно дизајнирана од страна на тимот

на ЦРППР најмногу по залагање на неговиот раководител, и ќе биде испечатена

во 1000 примероци на македонски и англиски јазик, и истата ќе се дистрибуира

до сите потенцијални туристи од земјава и странство преку посета на домашни и

меѓународни манифестации и настани (семинари, конференции, саеми, обуки,

работилници и сл.) од страна на членовите на тимот на ЦРППР во рамките на

нивните редовни активности.

* * *

На самиот крај, Програмата за развој на Пелагонискиот регион е доследно

комуницирана и дисеминирана до сите заинтересирани страни и истата е

целосно транспарентна со тоа што поставена е на web страната на ЦРППР,

промовирана е на конференции, преведена е на англиски јазик, таа составен дел

на идентитетот на ЦРППР и се споменува на секој одржан прес или дадаена

изјава за електронските и печатени медиуми.

Овој извештај не ги содржи проектите од регионално значење имплементирани од

самите општини како на пр. меѓуопштинско комунално претпријатие меѓу Могила

и Новаци, асфалтирани регионалниот пат од Ресен до граничниот премин кон

Грција Маркова Нога и тн, но ќе биде предложено од страна на раководителот на

ЦРППР да се додаде Анекс кон извештајот и за овој тип проекти.

Page 31: Годишен извештај за спроведувањето на програмата

Подготвил

м-р Александар Ѓуроски

Координатор за регионален развој и меѓуопштинска соработка

Одобрил

Емилиа Ѓероска

Раководител на ЦРППР