Top Banner
1
45

Прирачник за преживување

Apr 08, 2016

Download

Documents

Авторот на ова дело е Николче Костоски, инаку извидник од Охрид, член во Извиднички Одред "Пионер".
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Прирачник за преживување

1

Page 2: Прирачник за преживување

2

Гледајќи ги и читајќи за луѓето

кои преживуваат во

шумите,пустините и ледените

предели од земјата, ми се појави

желба да истражувам за тоа

што е најважно при

преживувањето, кои се целите

на истото,и начините за да се

дојде до крајната посакувана

цел,а тоа е да се опстане во природата.

На прв поглед можеби скоро секој ќе рече “И јас

можам”, но не е секогаш така,во повеќе наврати се

покажало дека праксата е потешка од теоријата. За

да се дојде до посакуваниот резултат треба

макотрпно вложување труд до посакуваната цел.

Во овој прирачник ги опфатив по мене поважните

работи кои што треба да се познаваат пред да се оди

во природа и што се треба да се понесе ако решиме да

останеме подолг период во таа средина.Покрај

останатото во овој прирачник дадено е објаснување за

тоа како да запалиме оган, да прочистиме вода, да

направиме примитивно живеалиште,начин за одбрана

од диви животни и инсекти, подготвка храна, и

пружање на прва помош...

За почеток би употребил една позната поговорка од

експертот за прежививање Бер Грил кој вели:

-Прежививањето може да се сумира во неколку

зборови ,,Никогаш не се откажувај”...

Page 3: Прирачник за преживување

3

1.1 Поим

Што е преживување?

Преживување во природа подразбира правилна

употреба на природните ресурси со цел да се одржи

здравјето, исполнувањето на основните потреби и

лична безбедност и безбедност во екстремни

ситуации во природата (предизвикани од страна на

разни природни, општествени и други фактори).

Кои се вештините за преживување?

Тука се сите знаења за продолжување на животот во

опасни ситуации за одредено време, потребно да

бидеме спасени од спасувачките служби или самите

да се извлечеме од животна опасност.

Едно што треба да знаеме е:

"Во природата не постојат ниту награди , ниту

казни,постојат само - последици!"

Page 4: Прирачник за преживување

4

Најважно од сè е правилен став кон кризата, или

задржување на разумот. Искуството покажува дека

рационално разбирање на преживувањето е можно

во секој , дури и навидум најлош случај, како и во

сите области на земјата .

Опстанокот во голема мера зависи од амбиентот и

приоритетите не се исти во различни климатски

услови и различни временски периоди.

Page 5: Прирачник за преживување

5

Сепак, без оглед на ситуацијата во која може да се

најдеме , треба да се повтори и нагласи дека

опстанокот првенствено започнува " во главата" .

Без разлика на тоа колку опремата што ја поседува

човекот e софистицирана, сеуште клучен фактор за

опстанокот е разумот.

Во стресна,кризна ситуација треба да се прифатат

опасностите, но исто така и можностите за нивно

отстранување. Важно е веднаш да се прифати фактот

дека ситуација е екстремна, но исто така, треба да се

гледа во можност веднаш да се добие најмногу што

Page 6: Прирачник за преживување

6

е можно во непознатата територија и како безбедно

да се остане.

Ситуациите на опстанок полесно е да се надминат

во група отколку поединечно. Групата работи тимски

со што не ги намалува шансите за опстанок .

2.0 Фактори за преживување

Осаменоста и здодевноста можат да доведат до

чувство на безнадежност и беспомошност , сепак,

треба да се забележи дека тие самите не

претставуваат реална закана , бидејќи тие се под

директна контрола на разумот. Всушност , секој

може да го надмине чувството на осаменост и

здодевност на свој начин прифајќајќи ги и

постанувајќи свесен за присуството на истите.

Page 7: Прирачник за преживување

7

Стравот се појавува кога ситуацијата негативно

влијае на основните потреби на човекот и

благосостојба.Кон него може да се делува

превентивно со континуирано стручно оспособување

и соочување со она што се може да ни се случи при

престој во природа . Стравот може да биде

двосмислен , бидејќи понекогаш работи и

позитивно, и затоа секогаш треба да биде во фокусот

Со него се забрзува размислувањето,стимулирањето

на идеи и промовира реакции од суштинско значење

за опстанок. Позитивно на стравот може да делува

изнаоѓањето на креативна активност во дадената

ситуација и исполнување на времето (на пример,

правење оружје за одбрана,живеалишта и сл. ).

Page 8: Прирачник за преживување

8

Болка се јавува како резултат на физички стрес ,

напор , повреди и рани, и е природен показател дека

нешто не е во ред .

Во ситуациите на опстанок ,чувството на болка може

делумно да се намали со пренасочувањето на

вниманието-мислите.

Page 9: Прирачник за преживување

9

Доколку пак, постојано се размислува за болката,

способности се ограничени, а веројатноста за

преживување се намалува драстично.

Студот работи во прилог на намалување на

физичката способност и способноста на разумот ,

негативно влијае на моралот и волјата да се

преживее, и човековото однесување во целина.

Затоа представува клучен фактор во опстанокот и

треба да се посвети посебно внимание и да се

превземат енергични мерки за негова елиминација

со користење на затоплување со оган,користење на

сува и топла облека,правење на топли

Page 10: Прирачник за преживување

10

живеалишта,практикување на редовна физичка

активност.

Гладта и жедта се најсилните противници на

психата бидејќи тие предизвикуваат

дезориентација, намалување на моралот и

предизвикуваат чувство на немоќ. За време на

продолжен недостаток на храна и вода доаѓа до

намалување на имунолошкиот систем кој

предизвикува тешкотии, болест и на крајот смрт. Во

овие ситуации е невозможно да се избегне заморот

кој предизвикува недостаток на концентрација и

внимателност , што доведува до чувство на оставка.

Сузбивањето на овие фактори на лице место во

недостаток на резервни количини,може да се

изврши само и само со претходна добра едукација

околу изнаоѓање на алтернативни начини за

обезбедување на храна и вода во природата.

Page 11: Прирачник за преживување

11

3.0 Препорачлива облека:

3.1 Обувки

Кога се оди во планина без разлика на временските

услови и годишните

времиња,секогаш треба да

се носат обувки со висина

над глуждот за да не дојде

до несакани последици

како што е повреда на

зглобот од

ногата.Најпрепорачливи се

чизми изработени од природен материјал (кожа).

Ако ги немаме можеме да носиме чевли со висина

над глуждот . Носење на патики треба да се

избегнува.Чорапите се неопходни за поудобно

движење на стапалото во обувките,особено го

штитат стапалото во зимски период од замрзнување

на прстите.

3.2 Панталони

Се препорачува да се носат

долги пантолони пред се

заради заштита од

гребнатинки при

движењето,но исто така и

Page 12: Прирачник за преживување

12

за заштита од инсекти, за задржување на топлината

и заштита од временски влијанија.

3.3 Маица-блуза

Од горна облека

препорачливо е да се носи

памучна маица обично со

долги ракави бидеќи ја

задржува топлината на

целото тело, а во лето ја

апсорбира потта и секако

штити од инсекти.

3.4 Јакна штити од надворешните влијанија

дожд,ветар, покрај другото служи за задржување на

топлината која ни е

најнеопходна во текот на

зимските периоди.

Page 13: Прирачник за преживување

13

3.5 Капа

Капата представува значаен дел од комплетот на

горна облека, без

разлика на тоа во кои

временски услови се

наоѓаме.

Капата во летен период

не штити од топлотен

удар ублажувалќи го

сончевото зрачење од

кое настанува сончаница кога човекот е подолго

време изложен на сонце.Симптоми се:

главоболка,вртоглавица,повраќање,зголемена

температура а лицето и очните капаци се

зацрвенети.За заштита треба да се избегнува

директен контакт со сонце и да се пијат многу

течности.

Во зимски период служи за

затоплување на целата глава,

бидеќи тогаш лесно може да

дојде до главоболки или до

премрзнување на ушите од

ниските температури.

Page 14: Прирачник за преживување

14

3.6 Ракавици

Ракавиците најмногу се користат во зимски период,

но исто така можат да се користат и преку целата

година.

Во зимски период се користат за да не дојде до

вкочанување на прстите,а

со тоа и намалување на

рефлексната активност на

дланките.

Покрај тоа служат да не

дојде до оштетување на

дланките, исекотини и

гребнатинки кои понекогаш знаат да бидат и многу

опасни.

3.7 Кабаница-наметка

Кабаницата служи за

заштита од временски

влијанија најчесто

дожд и снег,а може да

ни користи и како

заштита од ветар.

Page 15: Прирачник за преживување

15

Кабаницата се поставува над целокупната опрема т.е

над облеката која ја носиме врз нас, а притоа и

телото ни останува суво и заштитено од

надворешните влијанија.

Покрај кабаницата за заштита од временски

влијанија постои и наметка која служи за

затоплување на телото од премрзнување изработена

од лесна непропусна и рефлектирачка фолија.

4.0 Индивидуална опрема

4.1 Ранец

Ранецот препорачливо е да

биде со големина од 30 литри

(висина 40.см и ширина

20.см),во кој ќе се распореди

опремата која планираме да ја

носиме.

Page 16: Прирачник за преживување

16

Неопходната опрема која треба да ја има во секој

ранец е: резервна облека, прва помош, игла и конец,

восок свеќи, огледало, најлон кеси, нож, јаже, жица,

средства за палење оган , храна и секако питка вода.

4.2 Игла и конец

Иглата и конецот служат

за поправка на оштетена

облека и опрема, дел од

чизмите, ранецот,а во

нужен случај и за

затворање,шиење на отворени рани,посекотини и

сл.

4.3 Восок свеќи

Восок свеќите се корисни,

бидејќи тие овозможуваат

топлина и постојана светлина

во засолништето,но исто така

можат да ни користат како и

извор за подготвување на

храна.

Page 17: Прирачник за преживување

17

4.4 Огледало

Огледалото може да ни користи за сигнализација

или кога постои потреба

да се погледне зад нас

без непотребно

изложување назад.

4.5 Најлон кеси

Најлон кесите имаат повеќе

вредности. Се користат за

собирање на вода, заштита

на опремата од вода при

преминување на водени

површини како и за

импровизиран мантил-

наметка,капа и сл.

Page 18: Прирачник за преживување

18

4.6 Нож

Ножот е неопходен и важен елемент во

опстанокот.Секој со себе пожелно е да има

нож. Препорачливо е да биде на

превиткување за безбедно

да се стави во елек, џеб

или ранец. Со него лесно

можеме да изработиме

неопходни елементи за

изградба на

живеалиште,разни прирачни

орудија,корисен е при

приготвување на храна, при самоодбрана од диви

животни итн.

4.7 Јаже

Јажето служи за врзување

на предмети при

изградба на

засолниште,при

изработка на стапица за

животни,за спасување,

извлекување, спуштање

во долини и изработка на

потребните услови за подготовка на храна.

Page 19: Прирачник за преживување

19

4.8 Жица

Жицата е од голема корист во правењето на

засолниште, но исто

така, и во правење

направи за стапици

за животни.

Најдобро би било

ако жицата биде со

средна дебелина

2-3.мм, тогаш би

била најпогодна за правење на веќе споменатите

активности.

4.9 Средства за палење на оган

Средствата за палење на оган се ( запалка, кибрит,

кремен )се едни од најважните направи кога се

наоѓаме во планина подолг период покрај нив треба

да носиме или пронајдеме во природата материјали

за поттикнување на огнот (хартија, пердуви ,

гранчиња, смола, волна, памук, и сл)

Page 20: Прирачник за преживување

20

Сите овие материјали ни се потребни најмногу во

зима кога се е замрзнато и во време кога врне дожд.

Во случај да ги изгубиме или ги немаме направите за

палење на оган, постои примитивен начин за

палење.

Кога станува збор за примитивно палење на оган

има многу начини кои се релативно тешки дури

понекогаш и невозможни но вреди да се знаат.

За да се направи оваа направа за палење оган

потребни ни се: јаже,камен,круто дрво за лак, суви

Page 21: Прирачник за преживување

21

листови или парче од кора и издлабена дрвена

подлога.

По правењето на лакот, се врзува јажето, а со

преклопување на јажето меѓу него се става дрво со

мала дебелина. На долниот дел од издлабеното

дрво се ставаат сувите лисја или парчето кора.При

движење на лакот,а со него и дрвото кое е

прицврстено на јажето настанува триење на долниот

издлабен дел од дрвото.Топлината која настанува се

пренесува на лисјата или сувата кора и настанува чад

т.е. запалување на сувите лисја.По палењето на

лисјата тие можат да се пренесат на веќе

направеното огниште и да добиеме поголем оган.

Секако треба да напомнеме дека овој начин бара

доста време и трпеливост за да се постигне

посакуваниот резултат.

Page 22: Прирачник за преживување

22

Откако сме го запалиле веќе неопходниот оган има

многу начини за тоа како да биде поставено

огништето.Начинот на поставување најчесто се

применува во зависност од условите каде што се

наоѓаме, расположливиот материјал како и самата

намена на огништето(за огрев,приготвување на

храна и сл.)

Page 23: Прирачник за преживување

23

Овие начини се применуваат најчесто за огрев.Пред

да се запали огнот, секое огниште треба да биде

осигурано на тој начин што ќе биде оградено со

камен или ќе биде сместено во ископана дупка.

Page 24: Прирачник за преживување

24

4.10 Прва помош

Првата помош служи за

превенција и третман на

раните, бидејќи дури и

мали повреди како што е

гребнатинка поради

инфекција може да

доведе до сериозни

компликации.Во

комплетот треба да има

разни видови на завои и средства за дезинфекција,

во приборот треба да се наоѓа и триаголна од

причини прикажани на сликава подоле.

Најпрепорачливо е комплетите на прва помош да не

се комплетираат своеволно туку да бидат набавени

според постоечките правила и прописи.

Page 25: Прирачник за преживување

25

5.0 Вода

Водата е еден од најважните услови за живот

воопшто.Без разлика дали се наоѓаме во планина

или не, водата треба да се конзумира во одредени

количини.Докажано е дека човечкиот организам без

вода може да издржи неколку денови (најповеќе

7.дена).Дневно треба да конзумира околу 2.литра

вода, додека во летен период и при поголема

физичка активност и повеќе од тоа.

Во случај кога немаме чист извор на вода односно не

знаеме дали водата е чиста или загадена, има

принцип за прочистување за подоцна да биде

погодна за пиење.

Page 26: Прирачник за преживување

26

5.1 Принцип на прочистување вода со помош на

шише

Се што треба да се направи е да се земе пластично

шише и да се пресече од долниот (стоечки) дел.На

дното од шишето делот каде што се наоѓа отворот за

пиење се поставува ткаенина,над ткаенината се

поставува јаглен,над јагленот се става

земја,песок,трева,чакал и на крајот се тура нечистата

вода.

Page 27: Прирачник за преживување

27

Нечистата вода поминува низ 6. ќелии и на крајот

доаѓа до самиот дел за цедење на чистата вода која

се собира во посебен сад.Мора да знаеме дека

водата никогаш нема да биде 100% чиста но ќе биде

доволно чиста за да може да се конзумира.

5.2 Принцип на добивање на вода со помош на

ископана дупка и најлон

Друг начин за добивање на вода е со копање на

дупка и покривање на истата со најлон кој веќе е

спомнат во потребната опрема.Во дупката се става

празен сад за собирање на водата,а потоа се

покрива дупката со најлонот ,а на средината од

најлонот се поставува камен за тежиштето да биде

кон садот.Топлината што настанува во дупката се

собира на најлонот, и по настанатата пареа и

кондензација настануваат капки од вода и полека се

спуштаат кон садот за вода.

Page 28: Прирачник за преживување

28

6.0 Засолништа

Засолништата служат за да се заштитиме од

временските услови и животните. Тие имаат поволен

психолошки ефект за подигање на моралот , бидејќи

даваат чувство на сигурност а со тоа и елан за да се

преживее.

Пред се, засолништата се поделени на природни и

изработени засолништа.

6.1 Природни засолништа

Како природни засолништа се сметаат оние

засолништа кои можат да се најдат во природата

(пештери карпи, јами и сл. места).Овие засолништа

се едни од најдобрите бидеќи нема многу

вложување на труд односно наше е само да се

сместиме во нив.

Page 29: Прирачник за преживување

29

Но пред да се сместиме во природните засолништа,

особено во пештерите, треба да бидеме сигурни

дека во пештерата нема диви животни и некои

поопасни инсекти кои можат да ни го загрозат

животот.

6.2 Изработени засолништа

Изработените засолништа можат да се направат од

различни материјали (гранки, мрежи, најлон кеси,

шаторски крила и сл. ). Што ќе ни биде засолниште,

зависи од материјалот, времето на располагање,и

трудот што е вложен.Овие засолништа се прават

најчесто од гранки со бујни лисја и се прицврстуваат

со јаже или жица.Големината на засолништето не

треба да биде премногу голема туку треба да е

доволно да ни го заштити телото за да можеме да ја

поминеме ноќта.

Page 30: Прирачник за преживување

30

Директен контакт на телото и на почвата треба да се

избегнува затоа што тоа може да доведе до губење

на 80% од температурата на телото.

Page 31: Прирачник за преживување

31

Затоа, големо значење треба да се посвети на

подготовка на површината за спиење.

Најдобро е на земја да се постават подебели гранки,

потоа помали гранки и лисја, трева или гранки од

бор. Над која може да се постави: вреќа за

спиење,шаторско крило...

Засолништето не треба да биде во близина на

живеалишта од животни и инсекти , а особено да се

избегнуваат пчели, оси, стршлени , змии ,

пајаци,стоногалки и сл. Исто така престојот во

близина на некој поток или река не се препорачува

бидејќи жуборењето на водата ја намалува

звучноста , односно настанува маскирање на другите

звуци кои можат да не предупредат на опасност.

Page 32: Прирачник за преживување

32

7.0 Одбрана од животни

При престој во природа можеме да наидеме на

траги од животни и нивни живелишта.Препорачливо

е да се избегнуваат трагите од животни од причини

што понекогаш самите животни може да се во

непосредна близина и можат да нападнат. Во

нашиве предели најчести траги се од следните

животни:дива свиња,мечка,елен,срна,зајак,волк,

лисица и.т.н.

Кога веќе имаме направено засолниште покрај него

најдобро е да се запали оган бидеќи секое животно

се плаши и бега од огнот,а инсектите од чадот.

Page 33: Прирачник за преживување

33

При движење низ шума препорачливо е да се прави

“врева-галама” бидејќи тоа ги растерува и плаши

животните.Во случај пак да се пресретнеме со некое

диво животно треба да останеме смирени (стравот и

паниката секогаш доведуваат до големи опасности)

и полека да се оддалечиме од неговата близина.

Page 34: Прирачник за преживување

34

На овие слики е претставено што треба да

направиме ако наидеме на волк и мечка

Page 35: Прирачник за преживување

35

8.0 Исхрана

Што се може да се јаде во природа?

Има широк спектар на она што може да послужи

како храна кога ќе се најдеме во природа.

Покрај што можат да се уловат риби, птици, и други

диви животни можат да се јадат многубројни

инсекти и многубројни тревки,плодови и цветови

кои се наоѓаат во природата.Со мала обработка на

производот можеме да добиеме солиден оброк.

8.1 Растенија

Повеќето се подготвуваат на едноставен начин: -се

мијат од нечистотија, а после можат да се јадат

свежи или да се сварат во вода.

Ова се само некои јадливи растенија од нашата

област:

-коприва

-шипка

-глуварче

-боровница и др.

Page 36: Прирачник за преживување

36

Нигогаш не треба да се конзумираат растенија за кои

не знаеме за што служат и какви последици можат

да предизвикаат (печурките треба да се

избегнуваат).

Page 37: Прирачник за преживување

37

8.2 Животни и инсекти

Инсекти и животни кои можат да се јадат:

-скакулец

-змија,смок

-гуштер

-жаба

-јајца од мрави

-полжав и др.

Како за растенијата и инсектите и животните треба

да се исчистат од непотребните материи: да се

отргне кожата (змија,жаба,гуштер) и да се отстране

отровот од змијата(4-5.см од главата).Пред да се

сварат или испечат треба да се измијат од

нечистотијата. Јајцата од мрави се пржат во масло

2-3 минути,а потоа се јадат,но не смеат да се

конзумраат во големи количини.

Page 38: Прирачник за преживување

38

Односно доволно е десетина јајца бидеќи од

поголема количина доаѓа до потешкотии,

вртоглавица повраќање и сл.

При изградба на местото за подготовка на храна

треба да се остави простор од каде ќе се ложи

огништето и каде ќе стои садот за приготвување на

истата.

При тоа треба да се внимава колку садот е изложен

на оган,исто така и да не дојде до палење на дрвото

со кој е прицврстен садот за подготвување на храна.

Page 39: Прирачник за преживување

39

Во случај кога треба да затоплиме вода во зависност

од потребата може да го направиме во соодветен

сад но, ако садот е зафатен или го немаме може

водата да се затопли и во пластично шише на

следниов начин.

Тргаме жар од огништето и од сите страни му

поставуваме на шишето, но при тоа не смее жарта да

предизвика пламен бидеќи шишето ќе почне да се

топи.При тоа капачето од шишето треба да биде

отворено за да не дојде до дуење и пукање на

шишето.

Page 40: Прирачник за преживување

40

9.0 Ориентација

Понекогаш се случува да се изгубиме во природата,

односно да скршнеме од патот .

Денес постојан најразлични уреди за ориентација

(компас, бусола, ГПС - навигациони уреди...)

Но, што ако не ги носиме или дошло до оштетување

или губење на истите?

Постојат повеќе начини како да се ориентираме во

природа без овие средства и како да го одредиме

правецот СЕВЕР.

Некои од нив се:

-користење на топографска карта,

-движење по течението на река или поток,

-според мовта и корите на дрвјата,

-според годовите на пресечените дрвја и

-по верски објекти

Page 41: Прирачник за преживување

41

9.1 Користење на топографска карта

Препорачливо е кога се

движиме во непознат

предел со себе да имаме и

топографска карта од таа

област.Би ни била од корист

што според неа можеме

брзо да дојдеме до

замислената дестинација,

до одредени извори на

питка вода, до главни

патишта,објекти и сл.

9.2 Движење по течението на река или поток

Линиското протегање на одредени видови растенија

(врби, евли, тополи и сл.) укажуваат на присуство на

речни текови (постојани или повремени)како што се

потоците и реките.

Потокот не води до некое : село, населба,

излетничко место...но најмногу потокот води до

некоја поголема река.

Page 42: Прирачник за преживување

42

Движењето по течението на реката е најприфатливо

бидеќи реката секогаш не носи до места каде што

има цивилизацита и на тој начин можеме најлесно

да се вратиме од планина.

9.3 Мов и кора на дрвјата

Кората на растенијата од северната страна е

порапава и често обрасната со лишаи и мов, за

разлика од нивната јужна страна.

Page 43: Прирачник за преживување

43

9.4 Годови на пресечени дрвја

На пресечените дрвја, таканаречени годови се

потесни на северната страна, а пошироки на јужната

страна.

9.5 Верски објекти

-кај православните цркви влезот е на западната

страна, а олтарот е на источната страна.

-кај католичките цркви влезот е на источната страна,

а олтарот е на западната страна.

-кај муслиманските религиозни објекти (џамиите)

влезот е на северната страна, а минарето е на

јужната страна.

Page 44: Прирачник за преживување

44

Почитувани читатели,ова е само еден вовед во

преживувањето,овде се опфатени само основните

елементи на кои треба да се внимава и основни

препораки и совети кои треба да се знаат кога се

оди во природа.

НЕКОЛКУ МУДРИ МИСЛИ ЗА ПРИРОДАТА:

-Природата е единствена книга

која на сите листови нуди многу содржини...

-Трудот е залуден ако природата се противи...

-Ако ја следиме природата како водич,никогаш нема

да залутаме...

Page 45: Прирачник за преживување

45