Top Banner
МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ ИНСТИТУТ г. Москва Факултет за Економика и организација на претприемаштво Менаџмент на организација Семинарска работа по предметот РЕЛИГИЈА На тема: Исламски фундаментализам
26

Исламски фундаментализам

Dec 30, 2015

Download

Documents

Timce Cekovski
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Исламски фундаментализам

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ ИНСТИТУТ г. Москва

Факултет за Економика и организација на претприемаштво Менаџмент на организација

Семинарска работа по предметот РЕЛИГИЈА

На тема:

Исламски фундаментализам

Професор: Студент:Д-р Методи Манев Игор Наунов 8221/212

Св.Николе 2009

Page 2: Исламски фундаментализам

КРАТКА СОДРЖИНА:

-Вовед .................................................................................................3

-Поделба на исламскиот фундаментализам ....................................4

-Главни извори на исламскиот фундаментализам ........................5-6

-Појава на различни исламски фундаментализни ........................7-8

-13 начини да препознаеш добар муслимански фундаменталист..9

-Поделба на исламските фундаменталистички движења ...............10

-Основна цел на исламските фундаменталистички движења ........11

-Исламскиот фундаментализам како политичко движење ..........12

-Исламскиот фундаментализам озбилна конкуренција на либералниот капитализам ...............................................................14

-Заклучок ..........................................................................................16

-Користена литература ....................................................................17

2

Page 3: Исламски фундаментализам

ВОВЕД

Исламот е религија за која се предвидува дека наскоро ќе има

најголем број приврзаници на земјава.За модерниот свет, најчести

асоцијации за исламот се:војна, зло, освојувачки походи,

заканувања, тероризам, џихад.Како посебен дел од оваа религија се

издвојува исламскиот фундаментализам. Тој не е нешто ново, кое се

појавило во последните неколку декади на дваесетиот век, туку

напротив тој како вид на интерпретација е присутен покрај Исламот

уште од неговото настанување во седмиот век, и од времето кога

постојат обидите на муслиманите правилно да ги прифатат и

интерпретираат божјите пораки запишани во Коранот.

Фундаментализмот своите лингвистички корени ги има во зборот

фундамент – основа т.е она што ја сочинува суштината на одредена

мисла и порака.Поимот фундаментализам, ставен во исламистички

рамки, означува обид да се пронајде, осознае и разбере вистинската

смисла на пораките на божјиот пратеник Мухамед, запишани во

коранот. Тој претставива занимање на праисторите и фундаментите

на Исламот, Коранот и Суната, но и за обид за нивно актуелизирање.

3

Page 4: Исламски фундаментализам

ПОДЕЛБА НА ИСЛАМСКИОТ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ

Исламскиот фундаментализам како вид на интерпретација се

манифестира низ две верзии : фундаментализам кој го имаат

прифатено и за кој се залагаат традиционалистите.Тој е толерантен,

не милитантен, не е екстремен кон се што спаѓа во исламот. Втората

верзија на фундаменталозам е прифатен од маргиналните групи во

општеството, кој е нагласено милитантен, нетолерантен и

екстремистички кон се што не е исламско. Тој денес е прифатен од

исламските терористи,

Првиот облик ( традиционалниот ) на исламскиот

фундаментализам постои уште од настанокот на исламот како

религија, но поради актуелноста на вториот ( екстремнипт ) , кој е и

нагласено политизиран анализата ќе биде насочена кон него.

Овој исламски фундаментализам е “ зачнат “ од страна на Џамал

Ал – Дин – Ал Афгани (1837- 97) и Мухамед Абдух (1849-1905).

Оттогаш крајот на деветнаесетиот век ќе се започне со одбрана на

ортодоксниот изворен Ислам, со осудување на отфрлање на сите

форми на интерпретација и практикување на исламот кои

отстапуваат од изворниот.Тој е нетолерантен, екстремен и

непомирлив не само кон немуслиманите туку и кон муслиманите

кои практикуваат модели на размислување и однесување кои значат

отстапување од изворните модели. Така фундаменталистите своите

духовни и физички напори ќе ги насочат да муслиманското

население го вратат назад длабоко во корените на Исламот, од каде

што треба да се извлекуваат сите принципи, вредности и морални

шеми (системи на морални вредности и правила) со кои мора да

биде усогласено физичкото и духовното поведение на секој

поединец, група и заедница.

4

Page 5: Исламски фундаментализам

Но и политиката на исламските држави треба да се усогласи со

оваа фундаменталистичка интерпретација на Исламот, односно со

недвосмислена и строга доследност, да ги почитува и практикува “

фундаментите “ на исламот каде што исламското право и закони се

општо важечки.Тие ги владеат сите човечки работи во овој свет и во

иднина.

ГЛАВНИ ИЗВОРИ НА ИСЛАМСКИОТ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ

Главни извори на исламскиот фундаментализам се : поразот на

европските идеологии на исламско тло ( “ позападничување “ на

исламскиот свет ) и неуспесите на арапските држави во вокјните со

Израел.

Најголемите идеолошки творби на европската (западната) култура

со кои се направија обид да се пренесат и да се “засадат“ на

исламско тло (во исламското општество) се: либерализмот,

социјалицмот и национализмот.Но беа направени обиди и за “

пресадување “ на западни институции и вредности (урбанизација,

индустријализација, користење на медиумите, нагласување на

индивидуата и најзиното право на слободен избор, слободни пазари

и сл.) кои се неоспоиви на исламската религија и

традиција.Водачите во исламските земји, согледувајќи ги јасно

економската и техничко-технолошката супериорност на западната

цивилизација, без колебање ги прифатија достигнувањата на Европа

на политичко, економско и техничко – технолошко поле. Притоа не

се водеше сметка за културната различност и особеност на односите

и условите кои беа доминантни во исламските земји, и кои

претпоставубаат економски и политички модели на организација на

животот кои ке бидат во согласност со исламската традиција и

5

Page 6: Исламски фундаментализам

култура. Во почетокот овие обиди на исламските водичи за

“пресадување“ на западните вредности, институции и односи на

исласко тло,ќе наидат на подршка од широките народни маси,

очекувајќи подобрување на животот и благосостојбата. Како

резултат на фактот дека станува збор за идеи и институции кои се

продукт на европската (западната) култура, која е квалитативно

многу различна (па и спротивна) од исламската култура, ќе го

направи овој обид неуспешен. Ваквиот неуспешен обид за

“позападничување“ на исламскиот свет во шеесетите години на

дваесетиот век, ќе генерира во исламските земји голема

сиромаштија, невработеност, културни разлики и недостаток на

социјална мобилност. Во рамките на ваквата констелација на

политичките и социјалните односи, но и поради тоа што

“економското подобрување не се случи на време, како што беше

ветено во арапскиот свет, конзервативните традиционалисти го

искористија ова своевидно предавство да ја рашират на сила својата

фундаменталистичка идеологија“. Поради сето тоа ќе започнат да се

манифестираат групни незадоволства и револт, пред се во Џамиите,

кон протагонистите на овие радикални промени,од аспект на

исламската култура и исламското поимање на државата и

поредокот.

Традиционалните улеми ќе започнат да бараат враќање на исламот

и казнување на вероотстапниците, кои се дрзнале да го менуваат она

што бог го создал.Кога на ова ќе се надоврзе и војната со Израел,

ситуацијата станува сосема јасна.

Како последица на овие два фактори се досѓа до навраќање на

Исламот ( фундаменталистичкото толкување ) и неговото

перцепирање и доживување како единствена можност за спас на

муслиманите и човештвото, притоа не прифаќајќи алтернативи кои

6

Page 7: Исламски фундаментализам

се надвор од фундаменталистичкото толкување на Исламот т.е

Коранот и Шеријатот.

ПОЈАВА НА РАЗЛИЧНИ ИСЛАМСКИ ФУНДАМЕНТАЛИЗМИ

Поради не прифаќањето и практикувањето на барањата на

исламската религија доаѓа до манифестирање на различни исламски

фундаментализми.Претставниците на образовните младинци беа

оние кои ја прифатија екстремната форма на исламскиот

фундаментализам, и кои пристапија кон формирање на

екстремистички групи, кои во своите модели на однесување го

прифатија насилието 9терористички напади, самоубиствени напади

и сл. )кое го интерпретираа како акт на побожност, на потврда на

својата побожност, покорност и верба кон Бог ( Алах )како еден и

единствен, апсолутен и трансцедентен.

Своите членови т.е новите фундаменталисти понатаму биле

регуртирани од три категории на населението :

- најреволуционерното движечко јадро се состои од студенти и

интелектуалци, од нив се формираат ударните групи на

исламистичките движења;

- припадниците на градската средна класа кои ја сочинуваат

главнината на активното членство;

- имигрантите по градовите, кои биле корисници на социјални,

образовни и здраствени услуги кои го обезбедувале исламистичките

организации.

Овие фундаменталистички групи го отфрлаа се што беше надвор

од исламската култура и религија.Фундаменталистичко

екстремистичките групи инспирацијата за своите активностии

дејности ѓи наоѓаат во теоретските дејности и дела на исламските

7

Page 8: Исламски фундаментализам

идеолози : Џамл Ал Дин Ал Афгани ( 1837- 1997 ), Мухамед Абдух

(1849- 1905), Абдул Ал Ала Мевуди ( 1903- 79 ), Сајит Кутб (1906-

66) и Али Ширјати.

Овие исламски теоретичари и афтори беа инспирација за

радикалните исламско- фундаменталистички групи, поради тоа што

инсистираа на „ бескомпромисна борба против се она што се

спротивставува на исламската мисија – дави “.

Освен овие теоретичари, како инспиратори на овие исламски

движења се појавиле и двајца практичари : Абол Хасан Бани (1933)

кој ја има развиено „теоријата за генерализиран Имамат, во кој

секој поединец е така формиран од исламската држава, што ќе

биде способен да даде суд и однесување како што се очекува од

побожен екселијаст “ и Ајатолахот Рухолах Хомеини (1902)

предводник на Иранската револуција, кои суеверието го лоцира во

Бог(Алах). Активизмот кој го практикува Садр и Хомеини, го

трасираше патит кои секој „ добар “ муслиманин треба да го следи.

Но секако најзначајниот идол, кај кого можат да се најдат

најдлабоките корени на милитантноста на Исламот и модел на

однесување кога треба да го следи секој добар муслиманин е

Мухамед (570 – 632 ), „ неговото право е Коранот, а начинот на

неговото остварување е низ Џихад, неговата возвишена желба е да

се умре за каузата на Бог “.Тој со својата воинственост успеал да се

наметне како пример кој треба да го следи секој муслиманин, а

особено оние кои се дел од фундаменталистичките движења.

8

Page 9: Исламски фундаментализам

13 НАЧАНИ ДА ПРЕПОЗНАЕШ ДОБАР МУСЛИМАНСКИ

ФУНДАМЕНТАЛИСТ

1. Ќе толерираш ако некој каже дека Алах на постои, ама ќе

побараш да му се пресече главата на некој ако рече дека

Мухамед не е последниот прорк на Алах;

2. Ќе тврдиш дека Алах е најмилосрдниот и најчувствителниот,

ама исто така ќе речеш дека оние кои не веруваат во него ќе

бидат горени во врело масло на Алах;

3. Ќе тврдиш дека Алах веќе одредил кој ќе биде муслиманин, а

кој не, а исто така ќе тврдиш дека Алах наредил муслиманите

да ги казнат оние кои се неверници;

4. Ќе тврдиш дека Алах е семоќен, ама ќе речеш дека Алах исто

така го моли секој да му верува;

5. Ќе тврдиш дека Алах знае се, ама исто така ќе речеш дека

Алах не знае што ќе сториш следно затоа што тој ти дал

слободна волја;

6. Ќе тврдиш дека Исламот е религија и дека оние кои го

критикуваат се анти-муслимански расисти, ама ќе речеш дека

сите нации треба да имаат политичко уредување спрема

Исламскиот закон;

7. Ќе тврдиш дека Исламот дава еднаква слобода и на жените и

на мажите, ама ќе речеш дека жените треба да бидат

прекриени со превез, но не и мажите;

8. Ќе бараш муслиманите да носат превез и во немуслиманските

земји, ама ќе го одбиеш правото немуслиманките да носат што

сакаат во поголемите муслимански земји;

9. Ќе ги исмејуваш митовите во другите религии, ама ќе тврдиш

дека Мухамед одјавал на митовски коњ во рајот;

9

Page 10: Исламски фундаментализам

10.Ќе речеш “Insha Alah“ (иншалах) што значи сите работи да се

случуваат по волјата на Ала, ама исто така ќе речеш дека секое

критикување на Исламот е сатанска работа, и дека сите анти-

муслимански дела се сатански;

11.Ќе тврдиш дека Исламот е најтолерантен, ама исто така ќе

речеш дека сите критичари треба да бидат убиени;

12.Ќе тврдиш дека Коранот е многу јасен, ама ќе тврдиш и дека

твојата секта е единствена која испрвно го разбира Коранот;

13.Ќе тврдиш дека Алах е неограничен во своите способности

ама исто така ќе тврдиш дека Алах не може да разговара со

никој откако разговарал со Мухамед.

ПОДЕЛБА НА ИСЛАМСКИТЕ ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ

ДВИЖЕЊА

Исламските фундаменталистички движења можат да се поделат на

шиитски и сунитски.До поделба досѓа и внатре во овие движења,

предизвикани пред се од внатрешно племските

удири.Фундаменталистичките движења се делат и на основа на

барањата кои ѓи имаат во однос на власта во државата во која

делуваат поради што се разликуваат од држава во држава.Така

исламските фундаменталистички движења се активно подржани од

страна на одредени држави, на пр. : Саудиска Арабија, Сирија, Иран,

Пакистан, Египет и сл.Оваа подршка од легитимните власти во овие

држави најчесто се состои од финансиска и материјална ( пред се во

оружје ) подршка.

10

Page 11: Исламски фундаментализам

ОСНОВНА ЦЕЛ НА ИСЛАМСКИТЕ ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ

ДВИЖЕЊА

Основната цел на овие движења без разлика колку и да се

разликуваат во однос на прифатените методи и стратегии, е

создавање „ исламска република, или на друг начин наречена,

исламска држава, чија цел, структура и организација би била колку

што е можно послична на првобитната арапска држава “.

Што имплицира да политичките програми, активности и дејности

да бидат прилагодини и насочени кон остварување на оваа основна

цел т.е кон рушење на „ безбожните “ влади и воспоставување на

исламска власт во рамките на државните граници на сите држави во

кои муслиманското население доминантно, а потоа би престапило

кон обединување на сите муслимани во една држава.Во поединечни

арапски варијанти на оваа фаза се предвидува најнапред

обединување на сите Арапи во една држава, а дури потоа сите

муслимани, и на крај создавање на единствена држава на

целокупната земјена топка во која би владееле исламските закони.

Оваа универзалистичка идеја за освојување на светот ја има

прокламирано Мухамед непосредно пред неговата смрт, па оттаму

таа си го пронаоѓа своето место во програмските определби на

фундаменталистичките движења.

11

Page 12: Исламски фундаментализам

ИСЛАМСКИОТ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ КАКО ПОЛИТИЧКО

ДВИЖЕЊЕ

Како политичко движење, исламскиот фундаментализам има

изградено, врз основа на Коранот и Ширијатот, свои концепции за

структурата и организацијата на исламската држава.Така исламските

фундаменталисти во својот ортодоксен пристап и толкување на

Исламот, сметаат дека на чело на секоја заедница мора да се наоѓа

поглавар ( имам, халифат или султан владател ) кој ќе го води

човештвото од ивицата на пропаста кон Алах семоќниот.Само

ваквото исламско водство може да ги реши проблемите на

човештвото.

Имамот е “сенката на Бог“ на Земјата, нужен посредник помеѓу

Човекот и Бог, единствен релевантен толкувеч на објавениот закон-

Шеријатот. Односно Имамот(халифот) треба да пристапи со помош

на останатото свештенство, кон заштита на темелните обележја на

Исламот и регулирање на секоја димензија од животот на секој

муслиманин, кој живее ва дадената заедница(држава).

Просторот за било каков облик на индивидуалност и слободен

избор, е целосно задушен со сеопфатната исламизација на државата

и општеството. Така Имамот ѕреба да пристапи кон регулирање на

семејните односи, наследствата, даноците, поделбата на имотот на

заедницата, молитвата (дневните молитви) , барањата за

прочистување на гревовите, аџилакот ва Мека, постот за Рамазан,

штитењето на подрачјето на Исламот и водењето на борбата против

Божјите непријатели т.е Џихадот. Во случај на загрозување на

опѕтанокот на исламската заедница, нејзините припадници се

обврзани да пристапат кон нејзина одбрана и зачувување на

муслиманскиот идентитет. “Имамот е должен да бдее над

12

Page 13: Исламски фундаментализам

исправното обавување на јавните служби,доверувајќи ја секоја од

нив на човекот за кого се смета дека е најспособен за нејзино

обавување.“

Сето ова со цел да се муслиманите сплотат во еден организиран

ентитет, во кој расипништвото, ересот и нередот нема да се

дозволат. Секое отстапување од “нормативите“ на онесување кои ги

има установено, врз основа на Шеријатот; Имамот го прифаќа како

еретичко и директно насочено против Алах.

Пристапувајќи кон политичко интерпретирање на Исламот,

фундаменталистите се залагаа за еден „апсолутно толерантен

систем базиран на културен апсулутизам во кој Исламот мора да

ги истисне сите останати религии„ државен и општествен систем

во кој “само Исламот може да обезбеди хумано општество, способно

за потполно уживање во животот со вистинска и реална радост, во

правда и мир“ . Нормативниот (Уставот и законите) и судскиот

поредок, во исламската држава, треба да бидат усогласени со

Шеријатот, затоа што “во негово отсуство секоја влада е

неправедна и корумпирана.“

Идеолошкото упориште во своите политички концепции,

исламскиот фундаментелизам го наоѓа во исламската теологија, во

која духовното (сакралното) и световното (профаното) се неодвоиви

едно од друго.

Во согласност со овој исламски постулат се извлекуваат и

исламистички модели за трансформацијата на исламските заедници

(имамите) во државните организации, модели за тоа како ќе биде

организирана и структурирана исламската држава, односно

моделите за единството на религијата (духовното) и државата

(политиката). Исламот треба да ја одигра улогота за интегративен

елемент на сакралното и профаното во исламските земји. Сево ова

13

Page 14: Исламски фундаментализам

подразбира активна и доминантна улога на исламското свештенство

во раководењето и организацијата на државата.

ИСЛАМСКИОТ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ ОЗБИЛНА

КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЛИБЕРАЛНИОТ КАПИТАЛИЗАМ

Исламскиот фундаментализам е единствениот идеолошки правец

кој претставува конкуренција и опасност за денешниот либерален

капитализам.Докази за тоа се огромните материјални средства и

воените кампањи кои што светските капиталистички сили ги креваат

против фундаменталистичките организации како што се:

палестинскиот Хамас, либанскиот Хезболах, талибанската гирила во

Авганистан итн.Што е тоа што му смета на денешниот капитализам

кај фундаментализмот:

1.Радикалниот ислам идеолошки заговара со солодарното

друштво.Ханмас и Хесбиолах на пример организираат здравствена и

социјална заштита на широките маси, организираат школи

итн.Нивната идеологија го осудува зеленаштвото, заработувањето од

ренти и слично.Ваквите залагања за солидарното друштво се

покажаа многу практични и тоа доведува да фундаментализмот

претставува трн во окото на светскиот капитализам.

2.Приврзаниците на радикалниот ислам ја исклучуваат жената од

друштвениот и што е уште поважно од економскиот живот.Жените

во исламот се исклучени од работните дејности, а додека за развојот

на капитализмот е потребно сите да бидат вклучени во трговската

потрошувачка и произведувачката.Борбата за еманципација на

жената воглавно датира од Првата светска војна, каде што жените за

првпат се масовно вклучени во индустриската произведувачка.

14

Page 15: Исламски фундаментализам

3.Авторитетот кај фундаментализмот е персонален, а додека кај

капитализмот се налага „ транспарентен “ безличен авторитет.

4.Метафизичка завид. Кај капитализмот нема идеа за која би

можел еден човек да се жртвува а стораната жртва без емоцијален

или материјален дибиток на западот е срамно.Поради ова

капитализмот метафизички му завидува на исламот затоа што тој

сеуште поседува нематеријални идеи.

ЗАКЛУЧОК:

Исламските земји во главно го прифатија современиот меѓународен

поредок и ја исклучија војната како средство за решавање на

споровите и како метод за остварување на религиозните идеали. Но,

во исто време се одрекуваат од исламистичкиот мисионизам чија цел

15

Page 16: Исламски фундаментализам

е трансформација на вкупните светски односи во склад со

исламската доктрина. Исто така бесмислено е да се негира Џихадот

во смисла како света војна, затоа што тој е неодолив дел на

исламските теории и пракси. За многу муслимани таа војна

настанува како последица од непочитувањето на Божјите наредби, а

не поради класните и социјалните противречности. Со ваквиот

пристап на меѓународни воени соочувања би се постигнало целосно

согледување на овој феномен денес и би се овозможила

поконструктивна акција со цело превладување на противречностите

лија е цел војната. Зато сите ние кои што не сме муслимани треба да

им посакаме среќа на нашите сограѓани муслимани со успех да го

издржат и да му се спротивстават на овој нобид на

фундаменталистички настроени вахабити, да им се наметнат и да ги

завладеат.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

- За исламских ствари, Народна книга, Белград 1994 год.

- Интернет услуги

- Islam Dencunces Terrorism, Sarajevo 1990

- Исламски финдаментализам – шта је то?, КАЈ,Загреб 1993

16

Page 17: Исламски фундаментализам

17

Page 18: Исламски фундаментализам

18