Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Правен факултет “Јустинијан Први” Скопје Предмет: Политички систем – применета програма Научно-истражувачка работа на тема: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија Ментор: Изработил:
39
Embed
Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија
Анализа на постоечкиот изборен модел во Р. Македонија и предлози за негово подобрување.
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”
Правен факултет “Јустинијан Први”
Скопје
Предмет: Политички систем – применета програма
Научно-истражувачка работа на тема:
Пропорционален изборен модел со отворени или слободни
додека не останат само толку кандидати. Овој изборен модел, дава најголема тежина на
избирачкото право, најголема изборна моќ на гласачот, затоа што продуцира најмалку
изгубени гласови во споредба со другите модели, и овозможува директно гласање за
повеќе личности.
Сосема е јасно дека отворените листи се многу подемократски од затворените, им
овозможуваат поголема изборна моќ на гласачите, ја намалуваат моќта на партиските
елити во контролата над “нивните” пратеници и воведуваат персонален однос помеѓу
гласачите и кандидатите. Но сепак, влијанието на отворените листи во однос на изборната
стратегија на политичките партии и кандидати, внатрепартиската конкуренција,
политичката корупцијата и рамноправната застапеност на половите во политиката може
да биде не само позитивно, туку и негативно, во зависност од политичката култура и
конкретните услови во општеството.
Отворањето на кандидатските листи, во зависност од неговиот степен, влијае врз
карактерот на внатрепартиската конкуренција и врз изборната стратегија и политичката
кампања на политичките партии и индивидуалните кандидати. Кај затворените листи,
политичките партии се борат една против друга, постои заедничка колективна изборна
кампања и внатрешна кохезија, додека индивидуалното истакнување и посебни
кандидатски кампањи и активности не се потребни. Кај отворените листи кандидатот
повеќе не може да се крие зад партискиот банер и мора да се истакне себеси и да го
нагласи својот индивидуалниот квалитет за да ја добие поддршката од членството и
гласачите подржувачи на неговата партија. Отворените листи внесуваат внатрепартиска
конкуренција и ја нарушуваат внатрепартиската кохезија, што може да ескалира во
пренагласена спротивставеност и судир помеѓу кандидати од иста политичка партија.
Шансите за остварување на овие негативни последици се поголеми доколку отсуствува
демократска политичка култура и не постои традиција на внатрепартиска демократија.
Ако тргнеме од тоа дека отворените листи креираат потреба од индивидуално
истакнување на кандидатите и водење на посебни, индивидуални кампањи, тогаш се
поставува прашањето дали отворените листи влијаат кон зголемување или намалување на
корупцијата. Општите претпоставки се дека отворените листи предизвикуваат
несигурност кај политичарите во поглед на тоа дали ќе останат на своите функции и ја
17
зголемуваат нивната одговорност, што влијае кон намалување на корупцијата. Од друга
страна, потребата од финансирање на индивидуалните изборни кампањи и нивното
огромно значење за успех на изборите, може да ги натера кандидатите да посегнат по
нелегални финансиски средства.
Внатрепартискиот натпревар стимулира корупција. Имајќи го во предвид фактот
дека само моќните изборни кампањи можат да овозможат влез во претставничкиот дом, а
за нив се потребни огромни финансиски средства, тогаш колку повеќе индивидуални
гласови му се потребни на определен кандидат, толку повеќе ќе биде приморан кон
изнаоѓање на разни извори на финансиски средства, што влијае кон зголемување на
корупцијата. Обично системите во кои потребата за истакнување на личната рапутација е
поголема од потребата за истакнување на партиската репутација се карактеризираат со
поголема корупција.
Праксата на државите кои применуваат отворени листи покажува дека за победа на
изборите е потребна скапа политичка кампања. Исто така забележани се бројни случаи на
клиентелизам, вршење на разни услуги, давање подароци и присуствување на голем број
венчавки и погреби од страна на кандидатите. Од друга страна, и политичките партии
вршеле притисок врз гласачкото тело преку доделување на шифри, односно мапи со
комбинации на редни броеви за како гласачите да го пополнат гласачкото ливче.
Што се однесува до половата застапеност во политичкиот систем, денес постои
широк консензус за овозможување и гарантирање на рамноправна застапеност на двата
пола во политичките институции. Според извештајот на Венецијанската комисија за
влијанието на изборните системи врз претставеноста на жените во политиката од јуни
2009 година, поповолни за претставување на жените во претставничките тела се
пропорционалните изборни системи со големи изборни единици, со законски праг и
затворени листи со задолжителна квота кои содржат висок процент на женски кандидати,
утврдени по стриктен редослед од почетокот до крајот на листата, и да постојат ефикасни
санкции за неспроведување на квотите. Квотите се најстари и најраширени мерки за
обезбедување на рамноправна полова застапеност и најчесто се определуваат од 30% до
50%.
18
Кај пропорционалните системи со големи изборни единици и затворени листи, во
кои женските кандидати се рамномерно распоредени од врвот до крајот на листата,
половите квоти одлично ја извршуваат својата функција. Доколку вака поставениот
изборен систем го замениме со отворени листи, крајниот ефект може да биде многу
непредвидлив. Отворените листи ги изложуваат женските кандидатки на отворена и
слободна конкуренција на која најчесто неможат задоволително да одговорат како
кандидатите од машки пол. Тоа е последица на сеуште активните предрасуди за
политичките способности на женскиот пол и нивниот помал пристап до ресурси за
финансирање на сопствените кампањи. Дури и женските гласачи најчесто преферирале
машки кандидати. Не мора секогаш да значи дека отворањето на листите влијае штетно
врз претставеноста на жените во политиката. Постојат примери на голема политичка
активност на женските кандидати и мобилизирање на голем број активисти, со цел
масовна моболизација на електоратот за поддршка на женските кандидати. Но сепак,
најчесто доминираат социјално-културните фактори и предрасудите спрема женскиот пол.
И кај отворените листи постои начин за обезбедување на рамноправната полова
застапеност во претставничките тела. Тоа се прави со воведување на определ број
загарантирани места во претставничкото тело кои се чуваат за помалку застапениот пол.
Овие места ги добиваат кандидатките кои освоиле најголем број гласови помеѓу нив, но
сепак недоволно за да ги победат машките кандидатки. Добивањето на овие места од
страна на “најдобрите губитнички” всушност ја пренесуваат конкуренцијата внатре
помеѓу кандидатите од женски пол, а влијаат и негативно врз легитимитетот и
кредибилитетот на самите кандидатки. Аномалијата е во тоа што мандатот го добиваат
личности кои имаат помала поддршка од електоратот во споредба со другите кандидати.
Рамноправната полова застапеност има огромно значење како детерминирачки
фактор во институционалниот инжинеринг. Овој фактор не смее да биде занемарен при
определувањето на изборните правила и нивните ефекти.
Можности и насоки за промена на изборниот систем
19
Пред да се разгледаат какви и да било опции за промена на изборниот систем, прво
треба да бидат поставени двете основни цели кои мора да бидат исполнети: да продуцира
стабилно парламентарно мнозинство и да овозможи пропорционална политичка
репрезентација на сите еднички заедници и малцински групи, преку нивните политички
партии.
Доколку изборниот модел не успее да се справи со македонската тенденција кон
екстремно плурализирање и постојано основање на нови партии, постои многу сериозен
ризик од голема политичка криза со апокалиптични последици по унитарниот карактер на
Република Македонија. Од друга страна, доколку не биде задоволен интересот на сите
посебни етнички, религиозни, културни и други заедици во Р. Македонија за
пропороционална и рамноправна политичка застапеност во претставничкиот дом,
повторно се доаѓа до подеднакво погубна политичка криза си исти последици.
Последниве години доаѓаат голем број барања од малите партии, пред се од
партиите од албанскиот блок, за воведување на една изборна единица која ќе ја опфаќа
целата територија на Република Македонија. Аргументите со кои ги поддржуваат нивните
барања, се изгубените гласови помеѓу изборните единици, особено оние од источниот дел
на државата, во кои албанскиот политички блок не може да генерира доволен број гласови
за да освои мандат. Јасно е дека поделбата на територијата на Р.М. на шест изборни
единици го намали индексот на пропорционалност и предизвика полумнозински ефекти,
што доколку распределбата на мандати се изврши пресметано како според една изборна
единица, резултатот ќе биде сосема поинаков. Но сепак, нискиот индекс на
пропорционалност и фаворизирањето на големите партии и коалиции е од исклучителна
важност за стабилноста на парламентарното мнозинство и следствено, стабилноста на
Владата на Р. Македонија.
Од друга страна, ако се земе во предид фактот дека излезеноста на гласање на
албанската заедница е зачудувачки многу повисока од излезеноста на македонската
заедница, при што мандатите се распределуваат врз основа на дадените гласови, а не
преку етнички квоти за вкупното избирачко тело, тогаш ќе дојдеме до заклучок дека
албанскиот политички блок ќе биде непропорционално повеќе застапен во
претставничкото тело. Секој македонски глас кој што нема да биде даден во источниот
20
дел од државата, ќе има влијание како даден албански глас во западниот дел. Секако оваа
аномалија ќе биде точна доколку биде исполнета претпоставката дека македонците
гласаат исклучиво за македонски партии, а албанците за албански, што мислам дека е
точна, под исклучок на екстремни случаи кои се занемарливи.
Од овие причини, најдобро е постојните граници помеѓу изборните единици да
бидат задржани, а евентуално доколку дојде до промена, тогаш територијата на Р.
Македонија може да се подели најмалку на четири регионални изборни единици, две во
западниот, а две во источниот дел на државата. Како што беше заклучено, зголемувањето
на територијата на изборните единици проследено со намалувањето на нивниот број може
да предизвика крајно дестабилизирачки ефект.
Во однос на прашањето за отворање на кандидатските листи, кој степен на
отворање би бил складен во Р. Македонија, односно кој модел со отворени листи би
можел да биде применет со цел да ги даде посакуваните демократизирачки резултати без
да ја наруши внатрепартиската кохезија и стабилноста на политичкиот систем?
Доколку во постојниот модел со шест регионални изборни единици со по
дваесетчлени кандидатски листи се отворат листите, овозможувајќи еден или повеќе
преференцијални гласа, нештата нема да се сменаат доволно за да се почувствува некаква
разлика. Гласањето за еден, два или повеќе кандидати на листа од дваесет, со цел да се
придвижи кандидатот нагоре на листата, нема воопшто да изврши каква и да било
демократизација. Обично, партиите уште пред изборите, располагаат со релативно
прецизни податоци и претпоставки за колку мандати ќе освојат во секоја изборна единица
и секогаш првите места на кандидатската листа се пополнуваат со искусни политички
кадри кои високо котираат во партиската структура и кои најчесто веќе имале пратенички
мандат, а останатите места се пополнуваат со анонимуси од типот на Инцитатус6.
Земајќи ја во предвид политичката култура на граѓаните, нивните гласачки навики,
отсуството на внатре-партиска демократија и екстремната централизираност на партиите,
отворањето на листите не би предизвикало поголеми промени во позитивна насока,
односно би доминирале негативните ефекти. Воведувањето на преференцијално гласање
6 Со терминот Инцитатус обично се посочува на некомпетентни лица поставени на раководни позиции. Терминот потекнува од римскиот император Калигула кој го поставил својот коњ Инцитатус за сенатор.
21
во рамките една кандидатска листа е затворено во рамките на оние кандидати кои самата
политичка партија ги одредила за нејзини кандидати. Изборот за тоа кој помеѓу нив ќе
влезе во парламентот нема да изврши поголема разлика во квалитетот на претставничкото
тело со оглед на партиската послушност и лојалност кон партиското раководство.
Политичката партија секако ќе го добие својот глас, гласачите најчесто ќе гласаат за
кандидатите кои што се веќе познати и докажани, односно се поставени први на листата,
додека за осатанатите непознати кандидати ќе гласаат мал број граѓани. Од друга страна,
доколку и има отстапување од оваа претпоставена шема на однесување во изборниот
процес, тоа ќе биде со влез во претставничкиот дом на кандидати анонимуси, кои што се
наоѓале на крајот на кандидатската листа, а тоа нема воопшто да го подобри квалитетот на
работата на Собранието на Р. Македонија. Клучен фактор за изборот на квалитетни
кандидати на кандидатските листи е внатре-партиската демократија, која во Република
Македонија е на мошне незавидно ниво. Партиските централни раководства секогаш ќе
бидат мотивирани да кандидираат луѓе кои се лојални послушници на нивните наредби и
не демонстрираат свој индивидуален политички интегритет, а изборот помеѓу самите
кандидати нема голема вредност за демократизацијата на системот.
Како би функционирал STV моделот во Република Македонија? Според овој модел
територијата на Р.М. ќе треба да се подели на поголем број помали изборни единици со по
неколку мандидати. Гласачите ќе го имаат најголемиот можен избор во гласањето, ќе
можат да избираат кандидати не само од различни партии, туку и од различни етнички
заедници, а највисоко рангираните кандидати ќе влезат во Собранието. Партиите ќе бидат
приморани да кандидираат луѓе кои се истакнуваат со своите лични квалитети, ќе се
олесни процесот за кандидирање на независни кандидати и ќе се зголемат нивните реални
шанси за успех, со што ќе се подобри составот и квалитет на работата на претставничкиот
дом. Но од друга страна, дури и прецизно да се одреди индексот на пропорционалност на
овој систем и неговиот конечен пропорционален ефект во Р. Македонија, тој длабоко ќе
навлезе во внатре-партиската кохезија и сигурноста на партиите. Македонскиот партиски
систем е крајно фрагментиран и тежнее кон постојана фрагментација и раситнување.
Постојниот изборен модел успеа да изврши ограничување на тенденцијата кон
фрагментација и да обезбеди стабилност на политичкиот систем, додека STV моделот ќе
22
ја наруши оваа фрагилна стабилност на партискиот систем со овозможување влез на голем
број мали партии во парламентот што може да има крајно негативни последици.
Позитивните последици од воведувањето на STV се зголемување на тежината на
избирачкото право, подемократски избор на народните претставници и зголемување на
квалитетот на нивниот состав, стимулирање на меѓуетничка соработка, па можеби и
појава на мултиетнички партии, намалување на негативната кампања и гласањето против
кои се доминантни во Р. Македонија, а може да се очекува и влијание кон внатрешна
демократизација на партиите. Негативните последици се овозможување на понатамошна
фрагментација и раситнување на партискиот систем, нарушување на внатрепартиската
кохезија и предизвикување на внатрепартиски судири кои можат да го доведат во
прашање опстанокот на постојните партии. Исто така, ќе се елиминираат гаранциите на
рамноправната полова застапеност, а воопшто не станува ни збор за комплицираноста на
овој систем, капацитетот на изборните органи за негова соодветна примена и ризикот од
голем број неважечки гласови.
Имајќи ги во предвид моменталните услови во македонското политичко
општество, поданичката политичка култура, екстремната централизираност на
политичките партии, непостоењето на внатрепартиска демократија и нестабилноста на
партискиот систем окарактеризирана како негово раситнување преку постојано основање
на нови политички партии, може да се заклучи дека воведувањето на моделот со
поединечен пренослив глас (STV) ќе има големи негативни последици по опстојувањето
на самиот политички систем.
23
Заклучок
Република Македонија е млада демократија со само дваесетгодишно искуство во
применување на политички плурализам. Во овие дваесет години, за прв пат се оформи
македонскиот партиски систем, а трагањето по соодветен изборен модел кој ќе ги
задоволи македонските потреби сеуште не е завршено. Македонија излезе од свет на
“бескласно” општество и монистички партиски систем и влезе во капиталистичка
конкурентна економија и конкурентен повеќепартиски систем. Не постои никакво
претходно искуство на македонските граѓани и на македонските политички елити со
вистинска демократија и плурализам, меѓусебна толеранција и фер плеј.
Оформувањето на македонскиот партиски систем сеуште не завршено,
тенденцијата кон основање на нови партии сеуште е многу активна, иако веќе се
чувствува определено стабилизирање кај двете страни на центарот. Судирот помеѓу
различните етнички заедници во државата, и поделбата на партискиот систем по етничка
основа уште повеќе ги комплицира работите.
Изгледа дека дваесет години се краток период за стабилизација на партискиот
систем. Кај западните демократии, кои имаат и по двеста години искуство со партиски
плурализам, не постои голема иницијатива и потреба од оформување на нови партии.
Постоечките политички партии се цврсто утврдени во социјалната структура на
општеството и ги задоволуваат потребите за политичко претставување на различните
интереси на граѓаните. За разлика од нив, во Република Македонија овој процес е сеуште
многу активен и се додека не заврши, не може да се експериментира со менување на
изборните правила.
Честата промена на изборните правила има негативно влијание врз демократскиот
развој и стабилизацијата на политичкиот систем. За секоја демократија е потребно, во
подолг временски период, да се користи определен изборен систем, со цел другите делови
од политичкиот систем соодветно да се прилагодат на него, да имаат доволно време да ги
лоцираат негативните аспекти и да изнајдат за нив соодветен лек.
24
Отсуството на демократска политичка култура и традиција кај македонските
граѓани и политички елити, недемократскиот олигархиски карактер на партиите, нивната
централизираност и непостоењето на внатрепартиска демократија и сеуште незавршените
процеси на стабилизација и утврдување на партискиот систем во социјално-класното
општествено ткиво, прават блокада на какви и да било иницијативи за промена на
изборниот модел кон подемократските варијанти со отворени или слободни листи.
Долгорочно гледано, со развивањето на партиципативната политичка култура и
создавањето на демократска традиција во македонското општество, откако ќе дојде до
стабилизација на македонскиот партиски систем, а потребата од постојано оформување на
нови политички партии ќе згасне, може да се отвори прашањето за воведување на
отворени листи.
Македонија е мала држава, што значи дека има голем капацитет за применување на
подемократски форми на посредна и непосредна демократија. Доколку долгорочно,
Македонија се развива во погоре наведената посакувана насока, со сигурност може да се
размислува за воведување на STV моделот. А до тогаш мора активно да се работи и да се
влијае кон развивање на политичката култура, унапредување на демократијата,
подготвување на граѓаните за активен демократски живот и да се изнајдат алтернативни
решенија за справување со партитократијата.
25
Користена литература
Проф. д-р. Саво Климовски, доц. д-р. Тања Каракамишева - Политички партии и интересни