Top Banner
СОУ,,Димитар Влахов‘‘-Струмица Проектна задача продукт/творба Предмет: Градинарско производство Област: Зеленчукови култури од семејството Cucurbitacea Тема: Одгледување на лубеница питомена врз јургета
17

проектна задача по градинарство-матура.

Jul 29, 2015

Download

Documents

Alexuchiha14
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: проектна задача по градинарство-матура.

СОУ,,Димитар Влахов‘‘-Струмица

Проектна задача продукт/творба Предмет: Градинарско производствоОбласт: Зеленчукови култури од семејството CucurbitaceaТема: Одгледување на лубеница питомена врз јургета

Изработил Ментор

Велков Панче Проф. Делев Стојан

Струмица, март 2012

Page 2: проектна задача по градинарство-матура.

Вовед во Градинарското производство

Градинарсвото е важна гранка од земјоделството и е една од најинтензивните растителни стопански гранки, бидејќи во градинарството се произведуваат зеленчуци кои секојдневно се присутни во нашата исхрана.Градинарските култури во себе содржат хранливи материи кои се неопходни за нормално одвивање на метаболизмот во организмот ( витамини, микро и макро елементи и др.).

Градинарството преку производство во заштитните простории ни дава приноси во текот на цела година, односно и тогаш кога надворешните услови не се погодни за одгледување на култури. Исто така позитивно во градинарството е што се вработуваат голем број на редовни и сезонски работници, а исто така има и не толку напорни работни операции во кои можат да се вклучат и не толку способни физички лица.

Голем процент од градинарските производи кои се произведуваат во Р.Македонија се извезуваат надвор од границите на нашата земја што е многу значајно за Р.Македонија.

Еден нормален организам над 20 години потребно е да прима околу 150кг. зеленчук годишно.

Page 3: проектна задача по градинарство-матура.

Зеленчукови култури од семејството Cucurbitacea-Семејство Тикви-

Од семејството тикви најраширени се зеленчуковите култури: лубеницата, дињата и тиквата. Тиквените зеленчуци се мошне раширени во Р. Македонија, а и воопшто на Балканот.

Сите зеленчукови култури од семејството тикви се топлољубиви. Повеќето од нив потекнуваат од Индија. Стеблото им е зелјесто и влечешко, а кореновиот систем е силно развиен. Цутовите се обично еднополни, но се наоѓаат на исто растение. Се формираат и хермафродитни цутови. Овие култури се странооплодни (ксеногамни), а опрашувањето настанува преку инсекти (онтомофилно). Некои од нив се мошне медоносни култури, а за таква се смета тиквата. Ботанички плодот, кај оваа група зеленчуци е бобица. Во еден плод се формираат до 300 и повеќе семки. Семето никнува откога ќе се одвои од плодот.

Page 4: проектна задача по градинарство-матура.

Лубеница – Citrullus vulgaris

Потекло и стопанска вредност: Питомата лубеница е создадена во Јужна Азија и Североисточна Африка. Околу Средоземното море таа се одгледувала од најстари времиња. Во Европа лубеницата се проширила во XVI век од Шпанија. Во Р.Македонија лубеницата е една од најраширените градинарски култури. Се одгледува на површина 12-15.000 ха, што претставува скоро 30 % од целокупните градинарски површини во Републиката. За консумација се користи плодот кој е сладок, пријатен со мошне освежувачки вкус. Месестиот дел на лубеницата зазема 40-60% од вкупната тежина на плодот. Во овој дел сувите материи се застапени од 8 до 15 %. Во сувите материи шеќерот учествува со околу 90 %. Шеќерноста во плодот исто така варира во зависност од климатските услови, лубеница одгледувана во потопли и посончеви зони дават плодови со поголема содржина на шеќер.

Морфолошки и биолошки својства: Лубеницата е едногодишно зелесто растение. Таа е прилагодена кон посушните реони, со степски карактер и високи температури за време на вегетацијата. Поради тоа сите надземни делови се покриени со густи влакненца . Всушност лубеницата е најтоплољубива култура ос сите тиквени култури .

Кореновиот систем е силно развиен. Главниот корен достигнува длабочина до 1 метар, а страничните разгранувања 3-4 метри.

Стеблото е тенко, ползечко и постигнува 3-4 метри во должина. Стеблото формира разгранувања од 1, 2 и 3 ред кои ја покриваат целата површина.

Листовите се наредени алтернативно по стеблото. Лисните дршки се долги околу 10см. Во пазувите на листовите се формираат ,,мустаки‘‘. Листот е силно нарежен, петоделен, но има сорти кај кои листовите се целосни ( не се нарежени). При основата на стеблото листовите се појадри, а кон врвот се поситни.

Page 5: проектна задача по градинарство-матура.

Лубеницата е еднодомно растение со разделени полови. Обично на едно растение се сретнуваат машки и женски цутови. Меѓутоа, голем број сорти формираат машки и хермафродитни цутови, а трета група сорти-машки, женски и хермафродитни. Машките цутови ги има повеке на број отколку женските. Во основата на женските цутови има карактеристично увце по кои некои ја одредуваат зрелоста на плодот ( ако е исушено). Цути по 30-50 дена од никнувањето. Лубеницата е странооплодно и типично ентомофилно растение. Покрај пчелите голем удел во опрашувањето имат и мравките и трипсите. Семепроизводните посеви се изолираат на растојание од 2000 м.

Плодот е бобица со разни големини, боја и форма. Повеќе сорти лубенива имаат плодови со просечна тежина од 5-6 кг. Но плодот може да достигне и поголема тежина и до 20 кг. По форма плодот може да биде: сплескан, сферичен, слипсовиден, цилиндричен и др. Плодовите имаат разни бои и шарки. Основната боја е бела, зелена и жолтеникава. Дебелината на корката зависи од сортата, почвата и од начинот на одгледување. Најчесто корката е од 1,5-2 см. Месестиот дел е црвен или жолт.

Семето е различно по големина и боја. Најчести бои на семето се црна, црвеникаво-кафеава, жолта и кремаво-бела. Апсолутната маса на семето варира од 30 до 150 гр. ‘Ртливоста на семето трае 4-5 години.

Page 6: проектна задача по градинарство-матура.

Семе од лубеница

Лубеницата бара структурни и оцедни почви. Најдобри резултати дава на длабоки, плодни, глинесто-песокливи почви. Добри преткултури се повеќе годишните легуминози, житата, компирот, зелката и др. Реакцијата на почвата треба да биде неутрална до слабо кисела.

Основната обработка на почвата треба да се врши исклучиво во есен или во зимскиот период. Орањето се изведува на што поголема длабочина на 30-40см, а по можност и подлабоко, бидејќи тоа е еден од предусловите за успешно одгледување на оваа култура.

Лубеницата поволно реагира на ѓубрење со минерални и органски ѓубрива. Шталското ѓубре се заорува со длабокото орање, а може да се внесе во огништа или по бразди пред сеидбата. Шталското ѓубре се употребува 30-50т/ха на цела површина, а во огништата 10-15 т/ха. Минералните ѓубрива се користат како основни и за прихранување . При услов да не се употребува шталско ѓубре се применуваат овие норми: 50-60 кг/ха азот, 80-100 кг/ха фосфор и 80-100 кг/ха калиум.

Лубеницата развива голема лисна маса и многу плодови. За тоа е потребно големо количество вода. Транспирациониот коефициент е многу голем (600). Меѓутоа, благодарение на силно развиениот коренов систем и неговата шмукачка сила, лубеницата може да поднесе поголема суша.

Сорти: Во минатото се одгледувале предимно локални популации лубеници кај нас. Денеска во широката практика се одгледуваат главно, селекционирани сорти. Во последно време се воведуваат и хибридни сорти. Кај нас најзастапени сорти се:

Мраморка 17 Кримсон свит Черлстон греј Стокс 674 Шугар бејби ЊУ Хемшир

Кримсон свит е најзастапена сорта на лубеница којашто земјоделците ја одгледуваат. Има бујно стебло и достигнува 3-4 метри должина. Листовите се средно големи, длабоко нарежани. Плодот е сферичен по форма, со просечна тежина 10 кг. Месото е ќерамидно-црвено, нежно, со зрнеста структура и многу слатко. Сувите материи изнесуваат 11-12 %. Семките се ситни, кафеави, испрскани

Page 7: проектна задача по градинарство-матура.

со ситни точкици. Во еден грам има 25-18 семки. Вегетациониот период од никнувањето до созревањето е околу 90 дена.

Лубеница, сорта Кримсон свитОдгледување на лубеница

Лубеницата се одгледува на отворено, а во последно време и во заштитени површини. Се одгледува со директна сеидба на семето или преку претходно производство на расад. Може да се питоми и на подлошка лејка-јургета.

Одгледување на лубеница на отворено

Одгледување на лубеница преку питомен расад врз јургета

Меѓувидовото питомење кај тиквените култури не се користи само како метода во селекцијата туку и како мерка за добивање на повисоки приноси и порано производство, посебно кај лубеницата и дињата. За овој начин на производство градинарите своите работни операции ги започнуваат уште во зимата. Во февруари се подготвуваат саксиите кои се полнат со градинарска почва и во нив се става семка од јургета ( кое растение подоцна ќе го искористеме при калемењето во улога на подлога). Во меѓувреме се сади и лубеницата, односно питомката. Додека да поникне јургетата и расадот лубеница се применува: наводнување, заштита од болести и штетници, прихранување и др. Откако котиледоните ливчиња на јургетата добро ќе се развиат, а и младото растение , лубеница исто така пристапуваме кон процесот на питомење или калемење.

Page 8: проектна задача по градинарство-матура.

Процесот на калемење на лубеница врз тиква е специфичен и затоа се препорачува оваа операција да ја вршат искусни градинари. А калемењето го вршеме, бидејќи калемениот расад дава повисоки приноси и е поотпорен на болести, бидејќи тиквата развива појак коренов систем.

Фаза во којашто јургетата е погодна за калемење.

Првата операција која се применува при калемењето е поткршувањето на средишните ливчиња на тиквата, со што престанува постоењето на тиквата како растение односно од сега таа ќе ни биде само во улога на подлога. Потоа се прави пресек долж стеблото на тиквата, односно овој пресек е местото каде се спојуваат подлогата и питомката.

Потоа се подготвува расадот од лубеница, односно се отстранува обвивката на стеблото од младото растение за полесно да се прифати. Така подготвената тиква и подготвениод расад се спојуваат и се пристегнува со конап, манила или во поново време со специјални штипки за пристегнување. По калемењето потребно е калемот да биде на засенчено место односно врз пластеникот се стават некои слабо провидни материи.

Калемениот расад за расадување стасува 25-30 дена кога расадот ќе формира 3-4 вистински листови. Пред да пристапеме кон расадување се применува: полевање, заштита, плевење и отстранување на материјата со која е пристегнат

Page 9: проектна задача по градинарство-матура.

расадот за тиквата. Расадувањето се изведува кон крајот на април до почетокот на мај, односно кога температурата на длабочина од 10 см ќе достигне температура од 15 степени Целзиусови. Површината на којашто ќе се расадува калемениот расад треба да биде добро подготвена, односно треба да биде длабоко изорана и искултивирана, а исто така треба да бидат направени редови (бразди). Растојанието на расадување е најчесто 1,5 метри во редот и 2,5 до 3 метри меѓу редот.

Кога калемениот расад е на површината зависно од временските услови зависи дали ќе го расадиме на отворено или во елементарно заштитни простории.

Лубеница во ниски тунели.

Лубеница расадена на отворено.

Page 10: проектна задача по градинарство-матура.

Кога калемениот расад е расаден на површината, без разлика дали е расаден на отворено или во елементарно заштитни, се применуваат следните мерки:

Наводнување , може да биде на целата површина, а може и само на огништата.

Прихранување, најчесто се прихранува за време на наводнувањето со органски или минерални ѓубрива.

Заштита од болести и штетници , Се применуваат одредени фунгициди. Обработка на меѓуредието и распуштање на лозанките , оваа е една од

потешките работни операции при производството на лубеница, бидејќи треба да се изведува многу прецизно. Меѓудерието се обработува 2-3 пати, зависно од потребите, но во последно време луѓето работата си ја олеснија со тоа што полиетиленско платно стават и на меѓуредието. Обработката најчесто е со култиватори, а заштитната зона се обработува рачно.

Page 11: проектна задача по градинарство-матура.

Берба на лубеницата

Бербата на лубеницата е сукцесивна. Просечен принос на квалитетни плодови од едно растение е околу 5-6 плодови. Зрелоста на лубеницата искусните градинари ја определуват според: Бојата на кората, бојата е малку по светла и има поинаква нијанса од вообичаената. Други како индикатор го земат залистокот покрај плодот, доколку е исушен е знак за зрелост, а некои зрелоста ја определуваат и со звукот кој го испушта при удирање.

Бербата е во месец јули. Приносите се варијабилни, во зависност од сортата, почвата, агротехниката и др. Просечни приноси од лубеница одгледувана при отпимални услови е 60-70 т/ха. Лубеницата се транспортира и продава без да се пакува.

Page 12: проектна задача по градинарство-матура.

Заклучок

Од овој проект научив дека лубеницата е култура којашто е помеѓу водечките култури во Р.Македонија. Лубеницата може да се одгледува преку директна сеидба и преку претходно производство на расад. Исто така лубеницата може да ја одгледуваме на отворено и во елементарно заштитни простории. Најприсутен начин на одгледување во последните години кај нас е одгледување на лубеница преку калемен расад. Предности на овој начин на одгледување се:

Отпорност кон суша Отпорност кој болести Зголемена шеќерност Повисоки приноси.

Page 13: проектна задача по градинарство-матура.

Користена литература За изработка на овој проект информации и податоци земав од:

Интернет: Google; Wikipedia Учебник Специјално Градинарство од Проф. Д-р Драган Симонов Учебник по Градинарско производство од Елизабета Ангеловска и Игорче

Николовски.

Page 14: проектна задача по градинарство-матура.