Top Banner
МАРКЕТИНГОТ НА ЧУДАЦИТЕ Блаже Аризанов
24

Маркетингот на Чудаците

Oct 28, 2014

Download

Documents

Blaze Arizanov

Дали сте подготвени да ја испразните чашата и повторно да го научете маркетингот? Време е навистина да почнеме да ги третираме нашите клиенти онака како што се - Кралеви!
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Маркетингот на Чудаците

МАРКЕТИНГОТ НА

ЧУДАЦИТЕ

Блаже Аризанов

Page 2: Маркетингот на Чудаците

1

Споделета ја веста:

Содржина:

1. Предговор ……………………………………................................................. 2

2. Кои се пак сега тие Чудаци ....………………………………………... 3

3. Да се биде или да не се биде Чудак …………………….……….... 7

4. Добредојдовте во јадрото на Чудаците ……………………….. 11

5. Како Чудаците го градат својот личен бренд ……………… 14

6. Како Чудаците го добиваат вниманието кое го

заслужуваат……………………………………………..……………………. 19

7. Ова е само почетокот …………………………...………………………. 23

Page 3: Маркетингот на Чудаците

2

Споделета ја веста:

Добар Ви ден на сите.

Нека овој ден биде уште едно зрно во песочниот часовник кое успешно го

поминува тесниот отвор, придружувајчи се на илјадниците други кои заедно го

сочинуваат Вашето славно минато. Ова мала книга ја напишав не за да го претворам

обичниот ден во необичен (иако секојдневна мисија ми е да го постигнам тоа со сета

сила која ја имам во себе). Ја напишав поради тоа што се грижам. Се грижам како

маркетер бидејќи потрошувачите копнеат за чесен и кредибилен партнер кој ќе ги

земе во предвид нивните потреби онакви какви што се, без да ги чува двата прста

вкрстени позади грб. Се грижам како човечко суштество бидејќи многумина во

светот страдаат во обидите да се откријат самите себеси и да чекорат по еден

чесен пат додека истовремено се опкружени со одвлекувачи на внимание, илузии и

недостиг на доверба. Се грижам каки личност која сака другите да се грижат за неа,

бидејќи генерално луѓето се гружат сè помалку и помалку, постојано привлекувани од

црната празнина исполнета со лажни ветувања, која ги чува заробени нивните

пријатели, ментори, луѓето кои ги сакаат. Се грижам бидејќи луѓето одбиваат

самите да ја иницираат зората наместо цело време да чекаат да дојде.

Но истовремено денес се чувствувам посреќен обидувајќи се да запловам

спротивно од струите, давајќи му на светот нешто што лежи во мене. Се надевам

дека многумина ќе го прегрнат и ќе ја создадат платформата за следната голема

инспирација и зборови кои чекаат да бидат напишани. Запомнете – дури и најсилните

монсуни започнуваат со првата капка.

Сакам да ја изразам мојата благодарност на одличниот автор, маркетинг

гуру и блогер, Сет Годин чии што мисли и напредно разбирање на маркетингот ми

даваа инспирација секогаш кога се појавуваше празнина.

Исто така сакам да се заблагодарам на Џеф Гоинс, писател и блогер чии што

текстови редовно ги следам поради тоа што ми покажа како навистина да почнам

да пишувам и да заборавам на сомнежите, публиката и сè останато. Тој направи

овој процес да изгледа толку едноставно

Срдечно Ви се заблагодарувам на сите читатели и се надевам дека ќе уживате

во продолжение.

Предговор

Page 4: Маркетингот на Чудаците

3

Споделета ја веста:

“Јас мислам дека секој е чуден. Сите ние треба да ја славиме

нашата индивидуалност и да не бидеме засрамени од неа.”

- Johnny Depp

КОИ СЕ ПАК

СЕГА ТИЕ

ЧУДАЦИ!?

Page 5: Маркетингот на Чудаците

4

Споделета ја веста:

Уште на самиот почеток на ова книга поставивте прашање, и тоа одлично

прашање. Поради тоа сте кул и затоа се чувствувам уште повеќе расположен и

нетрпелив да напишам нешто повеќе кое верувам дека ќе успее да си го пронајде

своето место во Вашиот само-концепт. Ајде да го побараме одговорот заедно.

Пред некое време на мојот блог “Ние против Нас” (http://bit.ly/J2exUF)

напишав еден текст со наслов “Приказната за Масите и Чудаците.” Како што

продолжив да ја анализирам конзистентноста на пораката која сакав да ја пренесам

преку тој текст, забележав дека истиот содржи една интересна аналогија која би

можела да биде применлива за маркетерите и за сите оние кои се раководат според

принципот на различност. Токму тој пост ја постави основата на ова Е-книга.

Во Приказната за Масите и Чудаците го опишав историскиот период кога за

прв пат се појавија Масите. Овде секако не е место да се впуштаме во сериозни

филозофски дебати околу тоа што е медиокритизмот и кои се карактеристиките на

медиокритетите. Сите ние сакаме да се чувствуваме и да бидеме третирани како

посебни, различни и барем малку да се одделуваме од толпата која се карактеризира

со прагматичност и статус кво. Таму споменав дека Масите историски се појавија за

време на индустриската револуција, и малку подоцнал околу 1930-тите. Зошто баш

во тоа време? Поради тоа што се појавија првите технолошки процеси во тоа време

кои го условија раѓањето на првите трудово интензивни производни процеси чија

што главна специфика беше ангажирањето на огромен број работници кои според

принципот на производна линија мораа да работат програмирани задачи на

идентичен начин и нула девијација. Класичен пример за ваквов технолошки процес

беа производните постројки на “Кралот” Хенри Форд. За да ваквиот вештачки систем

(велам вештачки бидејќи секој систем во кој човечкиот ентитет се третира како

програмирана единка не може да биде одржан долго време) го одржи својот

опстанок, беа отворени првите универзитети. Зошто баш универзитети? Бидејќи

нивната цел беше да едуцира и продуцира нов слој на вработени кој ќе го заземе

местото на застарениот и истрошениот слој, да ги научи како да произведуваат исто,

да се однесуваат исто и да ги купуваат истите производи кои беа рекламирани на

истиот начин преку истите масовни медиуми.

Со други зборови, системот си ги воспостави 3-те столба кои требаше да го

гарантираат неговиот опстанок:

1. Масовно производство

2. Масовно образование

3. Масовни медиуми

Page 6: Маркетингот на Чудаците

5

Споделета ја веста:

Ваквиот систем функционираше фино, сè до пред 2 децении. Што точно се

случи пред 2 децении? Се појавија Чудаците, индивидуалци кои наместо да се трудат

да се вклопат во Масите, истапија и ја прегрнаа нивната индивидуалност, и започнаа

да ја користат како оружје против асимилаторите. Тие беа надвор од целиот

систем и ги предизвикаа 3-те столба.

Најверојатно веќе се прашувате самите себеси – Која е аналогијата помеѓу овој

развој и светот на бизнисот? Морам да речам, навистина поставувате одлични

прашања. Држете се, тргнуваме по одговорот!!

Во светот на бизнисот, Чудаците се мали претприемачки ентитети кои како да

никнуваат од почвата и на кои како да им е потребно само утринска роса за да

преживеат и да почнат да растат. Чудаците во одредена мера постоеја и во времето

на Масите, но во тоа време, тие правеа една суштинска грешка. Која беше нивната

грешка? Токму таа најголемата. Се гледаа себеси како мини производна верзија на

големите компании. Се обидуваа да ги имитираат нив и нивните производи, но во

меѓувреме сфатија дека водат однапред загубена војна. Зошто? Поради тоа што

големите имаат подобар маркетинг, подобар производ, повеќе средства за

истражување и развој, подобри адвокати, советници, банкари, банкарско салдо итн.

Што се случи потоа? Малите станаа Чудаци и почнаа да ги предизвикуваат

Големите во средината на нивниот терен, во тесните празнини, потрошувачите кои

ја препознаа својата индивидуалност и почнаа да бараат нешто повеќе од она

генеричкото кое што им е понудено на сите. Чудаците започнаа да произведуваат

производи за тесни пазарни сегменти кои досега беа запоставувани. Се поврзаа со

нив, станаа нивни добри пријатели и ја стекнаа нивната доверба. Чудаците исто така

ги игнорираа и масовните медиуми од причина што тие повеќе не функционираат.

Стариот пристап на купување реклами, генерирање приход од продажба и

искористување на дел од тој приход за купување на уште повеќе реклами повеќе не

функционира.

Зошто сега како Чудаците како такви би претставувале било каква закана за

Големите? Бидејќи Големите ги мразат Чудацие, го мразат нивното неприфатливо

однесување, нивната дрскост, нивната индивидуалност, го мразат фактот што се

осмелуваат да истапат. Не можат да разберат зошто некој би произведувал производ

кој е наменет само за неколку луѓе. Ова не се вклопува во Законот за Економија од

Обем, во нивните Економетриски пазарни модели. Токму ова за прв пат во

историјата им нуди на Чудаците неверојатна можност за иновација и револуција,

шанса за поместување на пазарните догми.

Page 7: Маркетингот на Чудаците

6

Споделета ја веста:

Дали мислите дека во светот на бизнисот однесувањето како Чудак би

било самоубиствено?

Размислете повторно!

Еден сопственик на мала туристичка агенција - Томас Н. Ја забележал

големата приврзаност која сопствениците на Harley Davidson моторите ја имаат

спрема своите 3.000 кубични машини. За нив Harley Davidson е повеќе од само

голема машина на две тркала. Нивниот громогласен звук и провокативен изглед

беше дел од нив самите, дел од нивниот идентитет, начин да му ја покажат на светот

својата бунтовност, енергија, моќта на идентитетот и да порачаат: “Не задевајте се

со нас” Затоа Томас Н. Реши да организира специјален настан ексклузивно за

сопствениците на Harley Davidson – луксузно крстосување преку позната

Американска крстосувачка компанија. Што беше толку специјално околу овој

настан? Специјалниот дел беше можноста сопствениците на Harley Davidson да ги

товарат нивните громогласни машини на бродот, односно да ги земат со нив и да го

започнат своето крстосување од соништата со останати истомисленици. Ова значи

дека единственото место каде што сопствениците на Harley Davidson беа во можност

да ги земат своите машини со себе на едно релаксирано водено патување беше

токму тој брод. Билетите беа распродадени во рок од 24 часа, а Томас Н. успеа да

задоволи потреба на еден сегмент кој досега беше запоставен од другите.

Дали Томас Н. е Чудак?

Можете да се обложите дека е.

Доаѓа времето кога сите маркетинг бубалици треба да се разбудат и да

изберат страна.

Неутралноста повеќе не е опција.

Бројот на Чудаците особено на страната на побарувачката ќе продолжи да се

зголемува а тоа е добра вест за сите маркетери и претприемачи. Големите момци

имаат капитал и сало, но токму салото ги прави неспособни да се свиткаат, наведнат

и видат што се случува околу нив. Токму тоа Чудаците се на пат да го искористат за

маневрирање и поминување меѓу нивните нозе без да бидат забележани.

Page 8: Маркетингот на Чудаците

7

Споделета ја веста:

“Лидерите се визионери со сиромашно развиено чувство за

страв и без концепт за шансите кои би работеле против нив.”

- Robert Jarvik

ДА СЕ БИДЕ

ИЛИ ДА НЕ СЕ

БИДЕ ЧУДАК

Page 9: Маркетингот на Чудаците

8

Споделета ја веста:

ерувам дека досега успеавте да сфатите дека да се биде Чудак и не е така

лоша идеа, особено ако успеете да му ја продадете својата чудност на светот.

Мислам, не морате да појдете во Индија на духовно патување за да го

разберете ова. Па ајде, јас сум тука и без тоа за да Ви објаснам. Бројот на луѓе кои се

будат и сакаат да се чувствуваат и да бидат третирани како уникатни е сè поголем,

па затоа немојте да бидете изненадени доколку некој Ви упати телефонски повик за

да бенефицира од Чудакот кој лежи во Вас, истиот Чудак кој знае да го произведе

токму она што другата личност го посакува дури и ако двајцата никогаш се немаат

сретнато претходно. Таа личност би сакала да ја види Вашата девијација, наместо да

гледа ласкав тип во костум кој дури и поздравот за добредојде го вади од својата

конзервативна скрипта на однесување.

Во претходната секција потенцирав дека Чудаците не ги користат масовните

медиуми на чело со Телевизијата. Ова е од причина што Телевизијата повеќе не

функционира. Просечниот потрошувач повеќе не е просечен. Тој ја сфати својата

вредност, своето достоинство, и прашува:

“Кој се замислувате Вие да ја прекинувате ТВ програмата со реклами во

текот на наинтересните моменти?”

Нивното достоинство порасна до толку што целосно почнуваат да ги

игнорираат ваквите емисии револтирани од третманот на манипулација и непочит

кој го примаат од оние чии што производи ги купуваат. Сфатија дека навидум

интересните сапуници се емитуваат за да ја држат ниската класа смирена и

одвлечена од проблемите со кои се соочуваат секојдневно барем неколку часа во

текот на денот, користејќи го тој период на ранливост да им наметнат нешто против

нивна волја. Е па сега потрошувачите станаа Чудаци и велат:

“ДОСТА Е ВЕЌЕ!!”

Што значи ова? Ова зналчи дека ударните термини повеќе не функционираат.

Коефициентот на ефективност како однос меѓу приходите од продажба и трошокот

по единица рекламирање е понизок и понизок. Потрошувачите почнуваат да ја

избегнуваат Телевизијата и да наоѓаат алтернативни начини да го искористуваат

нивното време, највредниот ресурс кој го поседуваме сите ние.

Како што е очекувано, повеќето бизниси го сфатија тоа и се осврнаа кон

Интернет и социјалните медиуми, за да се наметнат самите себеси и нивната понуда.

Чудаците не го прават ниту ова. Кога реков повеќето бзниси, ги исклучувам

Чудаците од оваа категорија. Како е ова можно? Зошто Чудаците не би прегрнале

масовните медиуми кои претставуваат револуција во светот на маркетингот денес?

В

Page 10: Маркетингот на Чудаците

9

Споделета ја веста:

Бидејќи повеќето бизнис повторно го прават тоа на погрешниот начин.

Тие мислат дека можат да ги натерат потрошувачите да ги re tweet-аат

нивните твитови или да ги “лајкуваат” нивните брендови на Facebook на истиот

начин на кои можеа да ги натераат да ги гледаат нивните реклами.

Ова можеби одреден период функционираше во светот на Телевизијата

бидејќи ТВ компаниите имаат сопственик кој одлучува за содржината која ќе биде

емитувана на тој медиум, додека потрошувачите избираат дали ќе го следат истиот

или не. Ова не е случај со Интернетот. Интернет е слободен и глобален медиум кој

нема сопственик и е на располагање секому. Кои сте Вие да користите нешто што не

е Ваше за да се наметнувате самите себеси и сопствената понуда и да ги

бомбардирате корисниците со Вашите автоматизирани онлајн кампањи? Повеќето

претприемачи кои сеуште го немат прегрнато Чудакот во нив се воодушевени кога

забележуваат бесплатен рекламен простор на YouTube без да помислат на

презаситеноста на овој медиум. Нивната филозофија е следнава:

“Интернет е бесплатен и глобален па дајте да бидеме присутни секаде

каде што е можно и според законот на Веројатноста, некој ќе налета на нас”

Никој нема да налета на Вас бидејќи Вие не сте единствените и бидејќи на

корисникот не му е гајле. Присутноста е еднаква на нула доколку не е засилена со

изјава за вредност, нешто што другата страна чувствува дека го добива при

нејзината интеракција со Вас во првите неколку секунди. Тоа е целото време кое го

имате на располагање без оглед на тоа што можеби сте посветиле многу макотрпни

часови на овозможување на вашата онлајн присутност. Тоа е Вашата казна поради

тоа што сте просечни и поради тоа што злоупотребувате нешто што не е Ваше.

Чудаците го знаат сево ова и се присилуваат себеси да размислуваат

поинаку

Тие ја користат моќта на Интернет за да дадат повеќе отколку што

бараат на краток рок бидејќи веруваат во моќта на врските на долг рок.

Чудаците не се плашат да испратат специјализирана Е-книга која би можела

да биде скапа во традиционалните книжари како подарок. Не се плашат да ги

едуцираат нивните клиенти бидејќи немаат што да кријат од нив. Чудаците не се

срамат да испратат подарок до нивните лојални клиенти за нивниот или роденденот

на нивните деца. Не се воздржуваат да ги поканат на вечера и да ги прашат како

може нивната понуда понатаму да ги унапреди нивните животи. Чудаците обраќаат

Page 11: Маркетингот на Чудаците

10

Споделета ја веста:

внимание на секој мал детаљ. Се сеќаваат дека клиентот е заинтересиран за риболов

и не забораваат да испратат новоиздаден прирачник со совети и препораки за

незаборавно риболовно искуство. Го запомнуваат датумот на годишнината на

нивниот брачен пар и храбро испраќаат соодветен подарок со рачно потпишана

честитка изразувајќи го нивниот восхит поради способноста да уште една година ја

одржат нивната брачна заедница во овие динамични времиња, посакувајќи им уште

посветла иднина.

Чудаците не се плашат од блискост и поврзување. Не гледаат во џебот на

клиентот туку во неговите очи, обидувајќи се прочитаат било каков проблем или

грижа и да сторат нешто во врска со тоа. Блискоста создава вредност а вредноста

прави парите да течат без прекин.

Page 12: Маркетингот на Чудаците

11

Споделета ја веста:

“Образованието е тоа што останува откако личноста ќе

заборави сè што има научено на училиште”

-- Albert Einstein

Добредојдовте

во јадрото на

Чудаците!

Page 13: Маркетингот на Чудаците

12

Споделета ја веста:

осега правев искрени напори да ве запознаам со феноменот наречен Чудаци, да

ве научам како да го препознаете Чудакот кој тлее во Вас и како да

размислувате како Чудак. Додека го дискутирав овој концепт со колегите и

пријателите едно прашање постојано се појавуваше на површина кое дефинитивно

мора да биде адресирано бидејќи и Вие наскоро можете да се запрашате околу

истото.

Прашањето е: “Дали е потребно да бидете Доктор на науки за да бидете и

размислувате како Чудак?”

На почеток ова прашање не ми изгледаше како особено значајно, ниту пак

неговиот одговор. Но малку подоцна при едно кратко размислување сфатив дека да

се биде Чудак вообичаено е асоцирано со одредена состојба на умот, интелектуална

ориентација, начин на размислување кој се карактеризира со храброст, и спремност

за поместување на парадигми, знаење. Поради сево ова природно е да ваквите луѓе

кои знаат како да ја прегрнат својата индивидуалност, кои знаат како да се

брендираат себеси и производот кој го продаваат да бидат сметани како високо

образувани.

Одговорот е – НЕ!

Во што е проблемот тогаш?

Проблемот е што денес премногу Магистри се испраќаат на пазарот со

ентузијазам, и ракоплескања. Вооружени со теоретско знаење кое се однесува на

најновите пазарни менаџерски и маркетинг концепти, статистички и економетриски

модели, но без мадиња. Проблемот е во тоа што пазарот многу брзо ќе ги присили

овие магистри да ја испразнат чашата и да се подготват да ја наполнат со нешто

ново. Ова секако не е безболен процес. Не се случува во училница и не се оценува. Не

е безболен бидејќи тие се толку сигурни во тоа што го знаат и мислат дека светот

треба да го знае она што тие го знаат. Овој ментален склоп го прави процесот на

празнење измачувачки, фрустирачки, депресивен, само-ссоочувачки но и неминовен.

Во што е проблемот – прашувате по втор пат?

Никој не ги научи да имаат мадиња. Да бидат подготвени да изгубат, да се

соочат со грешките, да бидат подготвени на пораз. Да се соочат со сево ова на

креативен начин. Да се поклонат кога ќе дојде времето и да бидат подготвени да

служат повеќе.

Мислам дека сега го имате одговорот на претходното прашање.

Карактеристиките кои ги споменавме погоре а кои се дел од менталниот оброк на

Д

Page 14: Маркетингот на Чудаците

13

Споделета ја веста:

Чудаците не одат рака за рака со формалното образование. Она што е потребно е

различен модел на образование кое ќе нè научи како повторно да се разгориме кога

светот ќе го замрзне пламенот во нас, храброст да застанеме цврсто и да се соочиме

прво со нас самите а потоа со Масите, дури и ако понекогаш цената на ова би било

понижување, бидејќи понижувањето е само привремена состојба која честопати ние

самите ја земаме многу посериозно отколку остатокот од светот.

Од друга страна гордоста која би произлегла од сознанието дека се

потпиравме барем на еден принцип и сторивме сè за да го одбраниме, никогаш нема

да нè напушти и секогаш ќе биде овде со нас во моменти на недостиг на вера и ќе го

храни нашиот само-концепт. Доколку ги имате вистинските принципи, тие секогаш

ќе Ви ја посочат вистинската идеа која вреди да биде бранета, која има потенцијал да

стане вирална и да се прошири низ повеќе територии.

Page 15: Маркетингот на Чудаците

14

Споделета ја веста:

“Два пата се разделија во една шума и јас – продолжив по оној по

кој беше помалку патувано. И тоа ја направи целата разлика.”

- Robert Frost

КАКО

ЧУДАЦИТЕ ГО

ГРАДАТ

СВОЈОТ

ЛИЧЕН БРЕНД

Page 16: Маркетингот на Чудаците

15

Споделета ја веста:

Дали досега го сретнавте Чудакот во Вас? Верувам дека веќе успевате во тоа.

Дали вреди да се биде Чудак? Доколку единствената негативност поради тоа што би

биле Чудак се коментарите и предрасудите од Масите, тогаш верувам дека можете

да се справите со тоа. Досега сигурно забележавте уште една појава а тоа е колку

Чудаците можат лесно да бидат забележани во толпата, а токму тоа ги нервира

Масите. Но Чудаците секако уживаат во тоа. Зошто? Поради тоа што да се биде

забележлив денес е еднакво на капитал. Во светот на бизнисот, видливоста и

присуството се бенефити за кои компаниите интвестираат големи износи на

средства од нивните буџети, но не сите тие успеваат да го постигнат посакуваниот

ефект. Чудаците успеваат бидејќи не се плашат да бидат радикални и повремено

детинести.

Тие го разбираат значењето на мантрата на Стив Џобс – Остани гладен,

остани будалест

Некаде претходно ја потенцирав важноста на способноста да бидете способни

да го прегрнете Чудакот во Вас на организационо ниво и на ниво на корпоративна

култура, пришто организацијата би била стимулирана да размислува различно но и

смело, да спроведе пристап каде што самиот директор покренува иницијатива и го

поканува својот лојален клиент на вечера, наместо постојано да му испрача

електронски билтен, со цел да дознае како тој е задоволен од ангажманите на

компанијата и дали нешто може да биде подобрено. За да се случи тоа, потребно е да

иницираме промена на индивидуално ниво. Затоа денес ќе позборуваме малку околу

тоа како Чудакот во Вас може да направи чуда во унапредувањето на вашиот личен

бренд.

Зошто личниот бренд е толку важен? Сите ние сме приврзани кон одреден

бренд на производ и се идентификуваме себеси со него. Ист е случајот и кај личните

брендови. Дали досега сте се запрашале зошто сте толку привлечени од одредени

личности?

Поради нивниот бренд. Поради што тие се тоа што се, и се способни да ја

изразат својата индивидуалност на специјален начин. За разлика од производниот

маркетинг кој е фокусиран на производот или производителот, личниот маркетинг е

исклучиво фокусиран на другата страна – луѓето. Ова значи дека Чудаците го градат

својот личен бренд на секојдневна основа преку извршување на активности кои

произлегуваат од одговорите на едно единствено прашање:

“Што можам да направам денес за Вас”

Page 17: Маркетингот на Чудаците

16

Споделета ја веста:

Што е првото нешто што Ви паѓа на ум кога ќе помислите на некоја бренд

личност? Најверојатно нешто од типот: “Еј, да тој е толку кул, и покрај целата гужва

не заборави да ми пристапи и да ми посака добредојде.” или “Тој/Таа е толку фин/а,

пред неколку дена работеше на една статија и ме праша за совет и мислење дали

треба да вклучи извесна тема во текстот.” или “Тој е супер, навистина уживам во

неговото друштво. Пред некој ден се врати од неговото патување во Египет, и ми

донесе прекрасен сувенир.”

Го забележувате ли образецот? Сите луѓе со кои уживаме интересни моменти

не се фокусирани на самите нив туку на другите. Ова е тајната на градењето на траен

и атрактивен личен бренд. Брендовите не забораваат да прашат или да направат

нешто за другите. , не забораваат да изразат почит, да дадат заслуга на другите, да ги

инволвираат во нивните активности. Едноставно речено, брендовите даваат,

создаваат вредност без да бараат за возврат.

Како го прават тоа? Подолу можете да најдете неколку крати практични

препораки околу тоа што можете да почнете да правите од утре (Од денес би звучело

премногу Американски) за да го изградите вашиот личен бренд:

Дајте им заслуга на членовите во вашиот тим за колективниот напор и

достигнување. Дури и ако поголем дел од резултатот е заслуга на

Вашиот талент, не ги заборавајте другите чии што напори го обликуваа

крајниот резултат онаков каков што е денес.

Ангажирајте ги и другите во вашите активности. Доколку работите на

PowerPoint презентација вклучете и некој друг колега и прашајте го за

неговото мислење. Верувајте ми, другата личност ќе ја цени Вашата

иницијатива.

Не го започнувајте вашиот работен ден без да испратите барем неколку

инпиративни СМС пораки на некои личности кои како да ги

подзаборавивте деновиве, или дури и емаил со интересна статија до

некој кој знаете дека се интересира за одредена тема.

Користите додатна литература во вашиот проект/ статија/ работен

ангажман? Доколку е веб базиран, не заборавајте да прикачите линк до

изворот на додатната литература, краток коментар или мала Нота на

благодарност. Истакнувајте ја и фалете го творењето на другите за да и

вашите творби бидат истканувани подоцна. Некогаш не ги штедете

зборовите на лубезност.

Page 18: Маркетингот на Чудаците

17

Споделета ја веста:

Не плашете се да одбраните ваш колега на работа доколку мислите

дека Тој/Таа е лошо третиран/а. Не е сè во умилкувањето пред шефот.

Некои врски се формираат за минута и траат долго дури и цел живот.

Не плашете се да го прекинете состанокот доколку дискусијата се

придвижува во погрешна насока, доколку вината се префрла на некој

кој не е присутен на тој состанок за да му биде дадена можноста да се

брани. Прекинете го и надредениот доколку е потребно. Секако,

направете го тоа со аргументи не со дрскост и ароганција.

Не се водржувајте да го пофалите добриот изглед на личноста.

Не се воздржувајте од правење сметки на Ваша сметка

Први напишете LinkedIn препорака до ваш колега или пријател. Не

штедете на зборови и креативност при пишувањето.

Постирајте фотографии, видеа на “ѕидот” на Facebook од Вашите

пријатели. Денес вниманието кое го посветувате на социјалните

медиуми се цени исто како и физичкото внимание.

Креирајте сопствена изјава за бренд, мантра, и користете ја секаде каде

што можете (бизнис картички, емаил потписи, секој вид на формална

комуникација). Бидете храбри и направете ја изјавата за бренд

креативна и провокативна. Јас ја искористив мојата лубов спрема Рок

музиката за да ја создадам мојата изјава за бренд (на Англиски јазик) –

Busines development executive | Rock ‘n’ Roll innovator

Секогаш давајте. Без оглед дали поводот е роденден, забава или

едноставно – “Бидејќи си ми драг” секогаш обидувајте се да дадете

нешто поголемо или помало на личностите во вашиот потесен круг на

луѓе. Кога одите на одмор надвор од земјата, наполнете ја вашата торба

со сувенири и распределете ги меѓу вашите луѓе после враќањето. Ним

ќе им биде многу драго.

Бидете подготвени да скокнете од вашиот кревет/фотелја во секое

време за вашите пријатели во моментите кога ќе им затребате.

Заборавете на времето или парите. Врските се поважни од било што

друго

Page 19: Маркетингот на Чудаците

18

Споделета ја веста:

Ова се само неколку кратки совети кои можат да направат вирален личен

бренд од Вас, доколку ги спроведете со конзистентност и ги претворите во навика,

Откога еднаш е воспоставен, вашиот личен бренд ќе работи за вашето добробитие

во секоја област во вашиот живот – професионална или приватна. Секогаш кога ќе

побарете нешто од некого, Вие ќе бидете први на неговата листа на приоритети.

Се надевам дека понатаму ќе бидам во можност да споделам уште повеќе

препораки околу ова тема. Креативноста и овде игра значајна улога. Само

внимавајте да не го пренадуете вашиот личен бренд па да станете Кока Кола како

Амди Бајрам.

Page 20: Маркетингот на Чудаците

19

Споделета ја веста:

“Помина долго време откако забележав дека луѓето кои

постигнуваат резултати ретко седат во позадина и дозволуваат

нештата да им се случат. Наместо тоа, самите тие истапуваат

и им се случуваат на нештата.”

--Leonardo da Vinci

КАКО ЧУДАЦИТЕ

ГО ДОБИВААТ

ВНИМАНИЕТО

КОЕ ГО

ЗАСЛУЖУВААТ!?

Page 21: Маркетингот на Чудаците

20

Споделета ја веста:

Сигурно досега во друштво на пријател или познаник имате слушнато како

некој за некого вели – Тој не зборува многу, навистина е чуден

Да, тој е чуден, тој е Чудак Како и да е, кога не зборуваме многу не значи дека

сме антисоцијални животни. Воопшто не е така.

Работата е во тоа што се подготвуваме за моментот кога навистина ќе

имаме нешто да кажеме.

Зошто ова подготовка?

Бидејќи денес постои еден генерален проблем со луѓето. Луѓето премногу

зборуваат. Штосот е во тоа што колку повеќе зборуваме, толку помалку луѓето ќе

обрнуваат внимание на нас. Колку повеќе правите врева, толку повеќе луѓето ќе

настојуваат да ја избегнуваат таа врева. Едноставно. Во економијата ова е познато

како Законот за Опаѓачки приноси. Законот е претставен преку полиномична

крива. Колку повеќе инвестирате или аналогно, колку повеќе зборувате, толку

поголем ќе биде ефектот додека не стигнете од еден врв. После таа точка ефектот

станува обратен – колку повеќе инвестирате, колку повеќе зборувате, толку помал

ќе биде ефектот, колку повеќе зборуваме, толку помалку ќе ни биде придадено

сериозно внимание поради ефектот на презаситеност. Од таа точка на заситеност,

зборовите се претвораат во врева, а секој сака да ја избегне вревата.

Што прават Чудаците за да бидат слушнати?

1. Тие ја прават нивната порака релевантна.

ПОнекогаш подобро е да зборувате помалку и да бидете удобни со својата

тишина. Направете ја Вашата порака релевантна со тоа што ќе ја репродуцирате

само тогаш кога ќе имате да кажете нешто навистина вредно, нешто што понатаму

ќе ја направи публиката желна за следниот момент кога повторно ќе ја отворите

вашата уста. Нешто кое ќе ги остави другите без зборови. Немојте притоа да бидете

одвлечени од реакциите на другите. Лажните секогаш ќе имаат барем уште еден

резервен истрел на сарказам за секој Ваш збор, едноставно тие се такви. Но оние

вистинските нема да ја скрија нивната импресија (или нивниот вистински фидбек).

2. Тие се позиционираат самите себеси.

Ова значи само едно – морате да го остварите Вашето право да зборувате.

Изградете го вашиот кредитибилитет и бидете трпеливи. Како што ќе напредувате,

луѓето ќе бидат сè повеќе и повеќе подготвени да го слушнат она што вистински

Page 22: Маркетингот на Чудаците

21

Споделета ја веста:

имате да го кажете. Еднаш кога ќе стигнете до тој момент, не заборавајте едно

нешто. Зборувајте со ентузијазам и пламен, зборувајте со енергија и убедливост.

3. Зборувајте со моќ.

Зборувајте како да зборувате за вашиот животен сон, за вашата визија. Дури и ако

зборувате за основни нешта правете го тоа со стил и дозволете си себеси да се

изгубите во сопствените зборови. Луѓето ќе бидат маѓепсани од вашата аура. Ова е

така од причина што луѓето освен вербално комуницираат и на едно подлабоко

потсвесно ниво и можат да ја почувствуваат вистинската енергија и да ја

разликуваат од лажната. Зборувајте на истиот начин на кој би зборувале доколку би

ги образложувале вашите најголеми соништа и вашата порака никогаш нема да биде

врева.

4. Не губете ја вашата човечност.

Постои еден сериозен проблем со сите нас денес. Ја губиме нашата човечност.

Забораваме да комуницираме преку нашите срца. Сето тоа го правиме механички. Го

вреднуваме квантитетот повеќе од квалитетот. Преферираме да посветиме 3

механички минути на секој од групата 30-мина луѓе отколку да посветиме 30

емпатични минути на тројца луѓе и да се обидеме да ги разбереме од срце и душа.

Проблемот е во тоа што не се грижиме. Наместо тоа преферираме да останеме

неутрални. Да јуришаме низ светот без да запреме и да медитираме на подароците

на човештвото барем за минута.

Лошата вест овде е тоа што луѓето стануваат изморени од механичка и

програмирана комуникација, уморени од протоколи и големи броеви, преку глава им

е од игнорантноста на овој свет. Доколку сакате да бидете слушнат не го третирајте

вашиот аудиториум само како аудиториум. Наместо тоа третирајте ги

индивидуалците како индивидуалци. Ова е причината зошто актерите и пеачите се

толку обожавани. Тие знаат како да комуницираат со голема маса на луѓе

истовремено но со емоции. Затоа политичарите посетуваат толку многу места во

текот на нивните изборни кампањи, се ракуваат многу и прегрнуваат бебиња. Да ги

убедат Масите дека навистина се грижат.

Да го воспостават сопственото право на зборување.

Чудаците го знаат тоа и искрено се грижат. Се зближуваат, ја споделуваат

радоста и тагата на другите, прифаќајќи ја како своја. Притоа ќе се обидат да останат

сталожени и да не се изгубат себеси, но секако ќе останат со другото лице до крај.

Page 23: Маркетингот на Чудаците

22

Споделета ја веста:

Сево ова значи:

Направете ја Вашата порака релевантна

Позиционирајте се самите себеси

Зборувајте со моќ и убедливост

Не губете ја Вашата човечност

И не можам веќе да дочекам да видам како се

трансформирате во Чудаци.…

Page 24: Маркетингот на Чудаците

23

Споделета ја веста:

ОВА Е САМО ПОЧЕТОК!

А ДОТОГАШ…

АЈДЕ ДА СЕ ПОВРЗЕМЕ