БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис 1 БИЗНИС ОГЛАСНИК БРОЈ Од 15 до 21 април 2013 година ве носиме во СР Германија на најголемата светска саемски манифестации од областа на градежништвото *Меѓународен саем за машини за изградба, градежен материјал, рударски машини, градежни возила и градежна опрема Гигантски машини, на 555.000 метри ² изложбен простор, со 3.256 изложувачи и 420.170 посетители, БАУМА 2013 е најголем и можеби најимпресивен саем во светот Пријавување до 01.03.2013 година Пријавете се on-line на веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk или контактирајте: Наташа Стојаноска тел: 02 32 44 064 факс: 02 32 44 088 [email protected]„БАУМА 2013“ ВО МИНХЕН 27 25 Февруари 2013 НЕДЕЛНИК ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВАШИОТ БИЗНИС СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 Огласувајте во „Бизнис огласник“ на Стопанската комора на Македонија: * НАЈБРЗO * НАЈЕДНОСТАВНО * НАЈСИГУРНО ДО ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ПРЕКРАСНАТА ШАНСА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС И ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ! ТОП 5 ПОНУДИ GR00000035997 Грчка компанија бара соработка со македонски производители на гипс картон за пласман во Грција. BY00000038119 Компанија од Белорусија бара соработка со текстилни фабрики во Република Македонија за проиводство на облека - трикотажа од памук, вискоза, ткаенини од памук, вискоза и полиестер и увоз на текстилни производи од Република Македониjа. DE00000038134 Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на органска храна. LT00000038140 Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвени палети. HR00000037886 Компанија од Хрватска заинтересирана е за инвестирање и отвoрање на производствен погон во Велес или друг град, кој нуди користење на природен гас за производство на керамички производи од висок квалитет.
еделен бизнис ОГЛАСНИК, на Стопанската комора на Македонија. Доколку имате потреба од огласување на ваиот бизнис, и барате соработици, тоа е вистинскиот начи.
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис
1
БИЗНИС ОГЛАСНИКБРОЈ
Од 15 до 21 април 2013 година ве носиме во СР Германија на најголемата светска саемски
манифестации од областа на градежништвото
*Меѓународен саем за машини за изградба, градежен материјал, рударски машини, градежни возила и градежна опрема
Гигантски машини, на 555.000 метри ² изложбен простор, со 3.256 изложувачи и 420.170 посетители, БАУМА 2013 е
најголем и можеби најимпресивен саем во светот
Пријавување до 01.03.2013 година
Пријавете се on-line на веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk
Огласувајте во „Бизнис огласник“ на Стопанската комора на Македонија:
* НАЈБРЗO * НАЈЕДНОСТАВНО
* НАЈСИГУРНОДО ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР!
ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ПРЕКРАСНАТА ШАНСА
ЗА ВАШИОТ БИЗНИС И ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ!
ТОП 5 ПОНУДИ
GR00000035997Грчка компанија бара соработка
со македонски производители на гипс картон за пласман во Грција.
BY00000038119Компанија од Белорусија бара
соработка со текстилни фабрики во Република Македонија
за проиводство на облека - трикотажа од памук, вискоза, ткаенини од памук, вискоза и
полиестер и увоз на текстилни производи од Република
Македониjа.
DE00000038134Компанија од Германија бара
дистрибутер во Република Македонија за пласман на
органска храна.
LT00000038140Компанија од Литванија бара
дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвени
палети.
HR00000037886Компанија од Хрватска
заинтересирана е за инвестирање и отвoрање на производствен
погон во Велес или друг град, кој нуди користење на природен гас
за производство на керамички производи од висок квалитет.
БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис
2
GR00000035997Грчка компанија бара соработка со македонски производители на гипс картон за пласман во Грција.
RS00000037035Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија високонапонски и нисконапонски линиски изолатори.
RS00000036996Компанија од Србија заинтересирана е да пласира грејни тела на дрва, гас и струја во Република Македонија.
GR00000036992Грчка компанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на опрема за лабoратории.
DE00000036991Компанија од Германија нуди услуги во областа на информирање за профилот на најпогодни фирми за соработка во разни области погодни за македонските компании.
IR00000038115Компанија од Иран бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на медицинска опрема за ортопедија, ендоскопија и урологија.
DE00000038121Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лекови, репроматеријали за стоматологија, производи за хигиена и медицински средства за дезинфекција и чистењe
HR00000037886Компанија од Хрватска заинтересирана е за инвестирање и отвoрање на производствен погон во Велес или друг град, кој нуди користење на природен гас за производство на керамички производи од висок квалитет.
BY00000038119Компанија од Белорусија бара соработка со текстилни фабрики во Република Македонија за проиводство на облека - трикотажа од памук, вискоза, ткаенини од памук, вискоза и полиестер и увоз на текстилни производи од Република Македониjа.
PL00000038126Компанија од Полска заинтересирана е да пласира во Република Македонија производи од хартија, кеси, украсна хартија, хартиени чаши и тањири и други производи.
2БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис
3
TR00000037654Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за бањи.
LT00000038131Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на полиетиленски и полипропиленски вреќи за различни намени. Во согласност со барањата на клиентите, се печатат во 6 бои; пластични кеси за пакување облека; различни сигнал-ленти со натписи („СТОП” и др.); кеси за отпадоци во ролни.
LT00000038129Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на материјали од плaстика за пакување и фолии за пластеници во земјоделството.
BG00000038128Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на картонски кутии и етикети.
DE00000038134Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на органска храна.
4021991116887Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со
капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.
LT00000038140Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвени палети.
НА СЕМИНАРИТЕ И ТРЕНИНЗИТЕ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА
МАКЕДОНИЈА!
Семинар
„СОЗДАВАЊЕ ОБЛИГАЦИИ ПРЕКУ ДОГОВОРИ И МОЖНОСТИ ЗА НИВНО ЗАВРШУВАЊЕ, СО ПОСЕБЕН
ОСВРТ ВРЗ УПОТРЕБАТА НА ДОГОВОРИТЕ ОД СТРАНА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА”
26 февруари 2013 година, 9:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Програма:• Договорот- основен инструмент за влегување во правен промет;• Правни рамки во кои може да се движи слободата при склучувањето на
договорите;• Видови договори што ги нуди законодавството и елементи на кои треба да се
внимава, а најчесто се греши при нивното склучување;• Посебен осврт врз договорите кои ги склучуваат правните лица и на фактурата
како изворна обврска;• Причини за завршување на создадените обврски и начини на раскинување на
договорите;• Правни последици од раскинување на договорите;• Краток осврт врз Конвенцијата за меродавното право за договорните односи -
правната сигурност при склучувањето договори со странци.
Предавачи: Слаѓана Серафимова и Тања Петковска, адвокатки од Скопје.
Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании-членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk
НА СЕМИНАРИТЕ И ТРЕНИНЗИТЕ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА
МАКЕДОНИЈА!
Семинар „МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ВНАТРЕШНА
РЕВИЗИЈА И ТОЛКУВАЊЕ НА НАЈНОВИТЕ ПРОМЕНИ НА СТАНДАРДИТЕ“ 28 февруари 2013 година, од 10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
М е ѓ у н а р о д н и т е стандарди за професионална практика на внатрешна ревизија, или само стандардите, се дел од Меѓународната рамка на професионална пракса (The IPPF). Овие стандарди ја поставуваат основата по којашто работат внатрешните ревизори низ целиот свет и секој внатрешен ревизор треба да ги знае. Но, едноставно да се познаваат стандардите, навистина и не е доволно – ние треба да знаеме да ги интерпретираме во ситуации од вистинскиот свет. Тоа е и целта на оваа обука. Покрај тоа, законските одредби бараат внатрешните ревизори да работат во согласност со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија – дали ги исполнувате тие одредби? Предавач: Слободан Димитровски, сертифициран внатрешен ревизор (CIA), сертифициран професионалец за ревизија во јавен сектор (CGAP), раководител на одделение за внатрешна ревизија на спроведувањето на мерките финансирани од ЕУ, АФПЗРР, обучувач за сертификација на внатрешни ревизори преку IIA и преку CIPFA. Пријавување најдоцна до 26 февруари 2013 година.
БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис
10
Советување
„АНАЛИЗА НА КРЕДИТНИ БАРАЊА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА”
21-22 март 2013 година, 9:00-16:30 часотСтопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија. Учесниците на овој семинар наменет за банкарскиот сектор, ќе научат да го препознаат ризикот на претпријатието/кредитобарателот. Ќе научат да го оценат ризикот од финансирање на конретното барање, да го оценат квалитетот на конкретниот проект/барање, односно битните елементи кои упатуваат на квалитетот на претпријатието. Исто така, ќе научат како да подготват и да изработат кредитна апликација. Ќе научат како да се процени квалитетот на проценетите средства обезбедени по кредитното барање.
Предавач: Биљана Рутиќ, дипломирала на Економскиот факултет во Белград, отсек надворешна трговија, магисрирала Деловна економија на Универзитетот „Сингидунум“. Работен јазик на семинарот е српски јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Пријавување до 11 март 2013 година. Контакт:Елизабета Ефтимовател: 02 32 44 074факс: 02 32 44 088e-mail: [email protected]
НА СЕМИНАРИТЕ И ТРЕНИНЗИТЕ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА
МАКЕДОНИЈА!
10БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис
11
Обука
„СПРЕЧУВАЊЕ ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ”
21 - 22 мај 2013 Маврово, Хотел Бистра (****), Македонија
Управата за финансиско разузнавање во соработка со Стопанската комора на Македонија, на 21-22 февруари 2013 година, организира дводневна обука за банкарскиот сектор на тема: „Спречување финансирање на тероризам. Целта на овој семинар е да се изврши обука на банките, во насока на подигнување на степенот на знаење, утврдување на проценки и ризици од финансирање на тероризам, како и заштита на користење на банкарскиот сектор за финансирање на терористичките активности. Предавачи:1. Доц. д-р Методи Хаџи - Јанев, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски” –
Скопје; 2. Горан Николовски, началник на Одделот за меѓународен тероризам, во Одделот
за координација и поддршка при Управата за безбедност и контраразузнавање – МВР;
3. Доц. д-р Ивица Симоновски, советник за следење на сомнителни трансакции – Управа за финансиско разузнавање (МФ) и
4. Игор Андов, Управа за финансиско разузнавање (МФ). За учесниците на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • сертификат за присуство на семинарот.
Оваа дводневна обука е бесплатна, односно без котизација за предавањето, а трошоците за хотелското сместување и организираниот превоз се на товар на учесниците.. Контакт:Елизабета Ефтимовател: 02 32 44 074факс: 02 32 44 088e-mail: [email protected]
“OLIO CAPITALE “ ВО ТРСТ Седмиот по ред саем “Olio Capitale - екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет “ ќе се одржи во период од 1 до 4 март во Трст, Италија. Изложбата за промоција на екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет е организирана од страна АРИЕС ТРИЕСТЕ Стопанската комора, и на истата ќе бидат присутни повеќе од 200 производители.
Од 4 до 6 март 2013 година Ве водиме во Белград на саем за храна и пијалаци
CULINARIA FINE Во периодот од 4-6 март 2013 година, по трет пат се одржува Саемот за храна и пијалаци CULINARIA FINE FOOD, во Белград. На овој настан можете да остварите важни деловни контакти во областа на прехранбената индустрија, добавувачи, купувачи, извозници, увозници, шпедитери, опрема за продавници, трговски друштва, рекламни агенции и други целни групи кои се од суштинско значење за вашиот бизнис. Географската положба на Србија и нејзиниот главен град Белград дава ширина на побарувачката и понудата во Европа. Посетителот ги покрива трошоците за пат и трошоците за сместување во износ од 109 евра по лице кои вклучуваат: - повратен автобуски превоз Скопје - Белград - Скопје; - сместување во хотел со 3 ѕвезди на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а резервација на еднокреветна соба е 129 евра. Оваа цена важи за група од минимум 18 патници. Исто така, ги покрива и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 26.02.2013 година.
14БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис
15
Од 11 до 14 март 2013 година во Република Црна Гора се одржуваат три саемски манифестации
ХРАНА, ТУРИЗАМ И ЕКОЛОГИЈА ВО БУДВА
Стопанската комора на Македонија ве поканува на организирана бизнис-посета на најважниот настан во областа на прехранбената индустрија во Будва, Црна Гора. Меѓународното и регионалното значење на овој традиционален саем го потврдува и присуството на голем број компании-излагачи и посетители во и од регионот. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучива повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 4 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 139 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 26.3.2013 година.
Меѓународeн гастрономски натпревар во Супетар, Република Хрватска
„БИСЕР НА МОРЕТО“ НА БРАЧ* Можност за излагање и презентација на македонски производи
на бесплатни штандови преку Комората
Стопанската комора на Македонија во соработка со Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони, организираат посета и учество на 8. Меѓународен гастрономски натпревар „Бисер на морето“, што ќе се одржи од 20 до 24 март 2013 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар, на островот Брач во Република Хрватска. За сите натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во трите категории (предјадење, главно јадење и десерт) учениците, студентите, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено:- бесплатно сместување - 5 ноќи, сo два оброка на ден во хотелот. Трошокот за организиран автобуски превоз е на товар на учесниците на настанот.
Од 13 до 15 март 2013 година Ве водиме во Република Турција на три саемски манифестации
WINDOW, DOOREXPO И GLASSEXPO ISTANBUL 2013
Во Република Турција, ќе се одржат 14. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства - ISTANBUL WINDOW 2013, 5. Меѓународен саем за врати, блиндирани врати, панел, системи и помошни средства за врати - DOOREXPO ISTANBUL 2013 и Саемот за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии - GLASSEXPO ISTANBUL 2013. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 13 до 15 март 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се: бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 25.02.2013 година. За повеќе информации посетете ги веб-страните:. www.tuyap.com.tr , www.istanbulpencerefuari.com или контактирајте не`.
Од 27 до 31 март 2013 година, во Будва, Република Црна Гора
САЕМ ЗА МЕБЕЛ, ДОМАЌИНСТВО, КАНЦЕЛАРИИ И ВНАТРЕШНА
ДЕКОРАЦИЈА И ДИЗАЈН Јадранскиот саем се наоѓа во Будва, туристички и бизнис-центар на Црна Гора. Нејзината позиција, во близина на најпознатата плажа на црногорското крајбрежје, во срцето на градот, нуди единствена опција за бизнис и трговски активности. Јадранскиот саем има околу 22.000 м2 земјиште на најатрактивна локација во Будва, со 11.000 м2 изложбен простор. Располага со затворен изложбен простор од 3000 м2. За настаните кои бараат поголем простор, имаат можност за поставување на дополнителен капацитет од 8000 м2 изложбен простор од затворен тип, кој особено е наменет за туристички саеми, мебел и градежништвото. Стопанската комора на Македонија ве поканува на организирана бизнис-посета на најважниот настан во областа на производството и прометот на мебел во Будва, Црна Гора. Меѓународното и регионалното значење на овој традиционален саем го потврдува и присуството на голем број компании и како излагачи и како посетители. П о с е т и т е л о т ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучува повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 4 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 139 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).
Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064
Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015
Од 3 до 6 април 2013 година три саемски манифестации во Република Бугарија
„ВИНАРИЈА“, „ХОРЕКА“ И „ФУДТЕКС“ ВО ПЛОВДИВ
* ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното
* ХОРЕКА - Меѓународна изложба за опрема за хотели, ресторани, кафетерии и трговски објекти
* ФУДТЕКС - Меѓународна изложба за храна и пијалаци, пакување, машини и технологии
Пријавување најдоцна до 20.3.2013 година.
Подетални информации, пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk
Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064
Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015
Од 8 до 14 април 2013 година ве носиме на исклучително позната саемска манифестација во
Германија по повластени услови
ПОСЕТА НА HANOVER MESSE Саемот во Хановер е ценет од страна на компаниите и организациите низ целиот свет, како премиер во светот за тоа што знаат и укажуваат индустриските технологии. Во 2013 година 11. Саем ќе се фокусира, пред се`, на индустриската автоматизација - изградба на системи за автоматизација и решенија. Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - бесплатен локален транспорт во Хановер.
Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.03.2013 година.
Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација можете да видите на http://www.hannovermesse.de/home
Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064
Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015
САЕМИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 15 до 21 април 2013 година посета во СР Германија на Меѓународен саем за машини за изградба, градежен материјал, рударски машини, градежни возила и градежна опрема
„БАУМА 2013“ ВО МИНХЕН Гигантски машини, на 555.000 метри ² изложбен простор, со 3.256 изложувачи и 420.170 посетители, БАУМА 2013 е најголем и можеби најимпресивен саем во светот. Сепак, неоспорен е фактот дека е водечки меѓу националните саеми и истовремено највлијателен магнет за посетители со неговата сеопфатна понуда. Се одликува со сите сектори, присуство на сите лидери на пазарот од овие области и многу иновации.
Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице).
Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.03.2013 година.
Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал:http://www.bauma.de/en/vier_bereiche_der_bauma_1/vier_bereiche_2.php
Пријавниот лист за посета на Саемот може да го превземете од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk
Oд 17 до 19 април 2013 година посета на Mеѓународен саем за просторно планирање, изградба и технологии во Република Турција
ANFAS CITYEXPO ВО АНТАЛИЈА Стопанската комора на Македонија и Anfas Fair Management & Invesment Inc како долгогодишни партнери организираат заедничка посета на Саемот Anfas CityExpo Exhibition. Минатата година Anfas CityExpo - Саемот за просторно планирање, изградба и технологии, широко ги отвори вратите за излагачите и посетителите со изложба поставена на вкупна површина од 17.000 м2, со учество на 152 компании. Изложбата која беше посетена од страна на 12.320 посетители професионалци во оваа област, го урна и рекордот на посетеност на овој саем кој од година во година е се` со повисоки бројки. Најкарактеристично за овој саем е учеството на претседатели на држави, гувернери, градоначалници, владини институции за урбанизам и изградба, проект-инженери, претставници од институти за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, архитектура, градежен сектор, механизација и др.
Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.
Обезбедени се: бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или со 5*); локален трансфер и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице).
Од 18 до 20 април 2013 година Меѓународен саем за градежништво технологии, опрема и материјали во Романија
CONSTRUCT EXPO 2013 ВО БУКУРЕШТ
CONSTRUCT EXPO, со своите 20 години постоење, стана квалитетна платформа за претставување на ефикасни решенија во полето на градежништвото во Романија. Романија претставува еден од најважните пазари во Европската Унија, за урбанистички и инфраструктурен развој и, како резултат на тоа, побарувачката за најновата градежна опрема, технологии и материјали постојано расте. Во 2012 година, на самската манифестација се собраа 300 компании од 22 земји, на површина од 15.000 квадратни метри, со вкупно 15.000 посетители.
Обезбедени се бесплатни влезници за саемската манифестација за посетителите во организација на Стопанската комора на Македонија. Посетителот ги покрива трошоците за пат и сместување во износ од 155 евра чија цена вклучува: - повратен автобуски превоз Скопје – Букурешт - Скопје, - сместување во хотел со 3 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а за еднокреветна соба цената изнесува е 169 евра).
Оваа цена важи за група од минимум 18 патници. Пријавување најдоцна до 1.04.2013 година.
Од 15 до 17 мај 2013 во Босна и Херцеговина прв Саем за Халал индустрија
SAHAF ВО САРАЕВО SAHAF - Сараево е прв Халал саем и форум и е единствен настан кој ги обединува сите претставници на Халал индустрија од Југоисточна Европа, како и претставниците на водечката глобална халал индустрија и мултинационални компании.Саемската манифестација ќе се одржи во Центар “Скендерија” – Сараевскиот Саем кој на годишно ниво е посетен од над 150.000 посетители и преку 1500 излагачи на 20 организирани саемски манифестации. Интерес за излагање на оваа саемска манифестација досега покажале голем број на компании од земјите во нашиот регион, како и компании од Германија, Австрија, Турција, Малезија, Индонезија и други земји од Блискиот Исток кои поседуваат халал сертификат за производи и услуги . Посетителот ги покрива трошоците за пат и трошоците за сместување во износ од 125 евра по лице кои вклучуваат: - повратен автобуски превоз Скопје - Сараево - Скопје; - сместување во хотел со 3 ѕвезди на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а резервација на еднокреветна соба е 139 евра.
Оваа цена важи за група од минимум 18 патници. Пријавување до 25.4.2013 година.
За повеќе информации за саемската манифестација SAHAF 2013, посетете ja веб-странata www.sahaf.ba или контактирајте не`.
Од 17 до 22.5.2013 година Стопанската комора на Македонија ве поканува да посетите два саеми во Република Турција
PRINTTEK И IPT ISTANBUL 2013 Printtek 2013 е еден од најквалитетните настани за печатарската индустрија која им обезбедува ефикасна и специјализирана маркетинг платформа на изложувачите во халите наменети за групи производи кои им нудат на посетителите цела палета на продукти и иновации под еден покрив. Во делот на ИПТ посетителите ќе видат: - хартија, картон, машини за обработка на картон, машини за производство на хартиени вреќи, фолдинг машини, машини за апликации, помошни материјали, балирање и преси, дизајн, автоматизација, софтвери и др. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Обезбедени се: бесплатно сместување во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди, две ноќевања со појадок; трансфер од хотелот до Саемот; влезници за Саемот. П о с е т и т е л о т ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 5.900.00 денари за нечленки на Комората). Пријавување до 20.4.2013 година. За повеќе информации за PRINTTEK 2013 и IPT ISTANBUL 2013, посетете ги веб-страните www.printtekfair.com,www.iptistanbul.com или контактирајте не`.
Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064
Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015
Од 21 до 23 мај 2013 година бизнис форум во Пекинг, Кина
“2013 ASIA-EU MATCHMAKING EVENT BEIJING”
Стопанската комора на Македонија во соработка со ЕЕН Мрежата за мали и средни претпријатија (ЕЕN Enterprise Europe Network), ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан што ќе се одржи од 21-23 мај 2013 година во Пекинг, Народна Република Кина.
Организатори на настанот се Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија во соработка со ЕЕН за централна Кина, а коорганизатор е Европскиот институт (EЕН Шветска), Оддел за наука и технологии. Главни области на овој настан:- електронски информации и комуникации;- модерно инженерство и производство;- нови материјали, нови извори на енергија;- модерно земјоделство и зелена технологија;- биоинженерство и фармација.
Подетални информации:може да видите : www.b2bmatchmakingbeijing2013.com
БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис
26
ПОВИК Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании
МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015
ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buy-ing-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]
26БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис
27
Отварањето на секоја од понудите и меѓународните тендери чини 100 денари! За пет отварања добивате БОНУС бесплатно објавување на ВАШАТА ПОНУДА, која воедно
ќе биде внесена и во богатата база на Стопанската комора на
Македонија!
Главен и одговорен уредник, Саво ПејчиновскиТ. ( +389) 23 24 40 36Ф. ( +389) 23 24 40 88М. (+389) 070 741 579E. [email protected] W. www.mchamber.mk
f. www.facebook.com/chamber.mkt. www.twitter.com/Chamber_MK