1 Врз основа на член 7 став 1 алинеа 16, член 15 став 14 алинеа 5 и член 16 став 6 алинеа 14 од Статутот на Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ), Собранието на ИОРРМ на седницата одржана на 19.06.2013 година, усвои Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2012 година Содржина I. Резиме II. Активности на телата на ИОРРМ Собрание Управен одбор Надзорен одбор Комисии на ИОРРМ III. Финансиски информации Прилог: Извештај за проверките на контрола на квалитетот за 2012 година I. Резиме Институтот на овластени ревизори на РМ во 2012 година спроведe настани за континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластените ревизори. Во рамките на Годишната програма за КПУ за 2012 година беа спроведени 9 настани за КПУ или вкупно 65 часа, за да им се овозможи на овластените ревизори да ја исполнат законската обврска да посетуваат најмалку 120 часа за период од три години, односно најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување од областа на сметководството и ревизијата, согласно член 28 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011). Во 2012 година беа спроведени 9 настани (63 часа) за КПУ за членовите на ИОРРМ. За одржување на предавањата на темите од Годишната програма за КПУ се пријавија и беа поканети предавачи од Македонска берза ад Скопје, Централен регистар на РМ, Управата за финансиско разузнавање, Институтот на директори, Bаker Tilly International, Економски факултет – Скопје, Економско правен консалтинг ФВ, овластени ревизори и претставници на друштвата за ревизија, како и предавачи со други меѓународни сертификати. Вкупно беа опфатени 24 различни теми, од кои што 2 теми беа презентирани на англиски јазик, а останатите беа презентирани на македонски јазик. Предавањата се однесуваа на континуирано професионално образование (меѓународни сметководствени стандарди, меѓународни стандарди за финансиско известување, меѓународни стандарди за ревизија, законска регулатива, контрола на квалитетот на ревизорските услуги) и континуирано професионално усовршување (актуелни теми). Во 2012 година 156 овластени ревизори, односно приближно 78% од овластените ревизори, посетуваа најмалку 30 часа КПУ, 10 овластени ревизори, односно 5%, остварија помеѓу 16 и 30 часа КПУ, и 33 овластени ревизори, односно 17%, остварија 0 часови КПУ. На овластените ревизори ќе им бидат издадени потврди за бројот на исполнети часови за КПУ во 2012 година. Кумулативното исполнување на минималниот број на часови за КПУ, согласно член 28 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ, бр. 158/2010 и 135/2011), кој стапи на сила на 16 декември 2010 година, започнува во 2011 година, односно, со остварените часови за КПУ во 2011 година.
22
Embed
Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
1
Врз основа на член 7 став 1 алинеа 16, член 15 став 14 алинеа 5 и член 16 став
6 алинеа 14 од Статутот на Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ),
Собранието на ИОРРМ на седницата одржана на 19.06.2013 година, усвои
Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2012 година
Содржина
I. Резиме
II. Активности на телата на ИОРРМ
Собрание
Управен одбор
Надзорен одбор
Комисии на ИОРРМ
III. Финансиски информации
Прилог: Извештај за проверките на контрола на квалитетот за 2012 година
I. Резиме
Институтот на овластени ревизори на РМ во 2012 година спроведe настани за
континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластените ревизори. Во
рамките на Годишната програма за КПУ за 2012 година беа спроведени 9 настани за
КПУ или вкупно 65 часа, за да им се овозможи на овластените ревизори да ја
исполнат законската обврска да посетуваат најмалку 120 часа за период од три
години, односно најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано
професионално усовршување од областа на сметководството и ревизијата, согласно
член 28 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011). Во
2012 година беа спроведени 9 настани (63 часа) за КПУ за членовите на ИОРРМ. За
одржување на предавањата на темите од Годишната програма за КПУ се пријавија и
беа поканети предавачи од Македонска берза ад Скопје, Централен регистар на РМ,
Управата за финансиско разузнавање, Институтот на директори, Bаker Tilly
International, Економски факултет – Скопје, Економско правен консалтинг ФВ,
овластени ревизори и претставници на друштвата за ревизија, како и предавачи со
други меѓународни сертификати. Вкупно беа опфатени 24 различни теми, од кои што
2 теми беа презентирани на англиски јазик, а останатите беа презентирани на
македонски јазик. Предавањата се однесуваа на континуирано професионално
образование (меѓународни сметководствени стандарди, меѓународни стандарди за
финансиско известување, меѓународни стандарди за ревизија, законска регулатива,
контрола на квалитетот на ревизорските услуги) и континуирано професионално
усовршување (актуелни теми).
Во 2012 година 156 овластени ревизори, односно приближно 78% од овластените
ревизори, посетуваа најмалку 30 часа КПУ, 10 овластени ревизори, односно 5%,
остварија помеѓу 16 и 30 часа КПУ, и 33 овластени ревизори, односно 17%, остварија
0 часови КПУ. На овластените ревизори ќе им бидат издадени потврди за бројот на
исполнети часови за КПУ во 2012 година. Кумулативното исполнување на
минималниот број на часови за КПУ, согласно член 28 од Законот за ревизија
(Службен весник на РМ, бр. 158/2010 и 135/2011), кој стапи на сила на 16 декември
2010 година, започнува во 2011 година, односно, со остварените часови за КПУ во
2011 година.
2
Од 26 до 30 ноември се одржа практичен семинар на тема ‘Практична
примена на Меѓународните стандарди за ревизија‘, во времетраење од 35 КПУ
часови. Спроведувањето на семинарот беше поддржано од страна на Францускиот
конзорциум (CNSS и CSOEC).
Институтот на овластени ревизори на РМ во 2012 година спроведе една сесија за
полагање на испитот за стекнување на звањето ревизор, која што беше
спроведена од 20 до 27 декември 2012 година. Во испитната сесија, 4 (четири)
кандидати кои го положија испитот за стекнување на звањето ревизор и се стекнаа со
уверение за ревизор, издадено од страна на ИОРРМ.
Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Извештај
за проверките за контрола на квалитетот спроведени во согласност со Годишниот
план за контрола на квалитетот за 2011 година. Извештајот беше доставен до
Собранието на ИОРРМ и до Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Во
согласност со Правилникот за начинот и постапката на контрола на квалитетот на
друштвата за ревизија и на овластен ревизор – трговец поединец, Комисијата за
контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Годишен план за контрола на
квалитет за 2012 година.
Во 2012 година, ИОРРМ спроведуваше активности за усогласување на актите на
ИОРРМ со Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и
Статутот на ИОРРМ.
На почетокот на 2012 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со
претставници на Светска банка во врска со изготвување на ROSC (Report of the
Observance of Standards and Codes) извештај за Република Македонија, од областа на
сметководство и ревизија, со кој се дава оценка врз основа на разгледување на
одредени стандарди поврзани со состојбите во приватниот и финансискиот сектор.
На 20 септември 2012 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со г-от Jan
Tyl, претставник на Центарот за реформи во финансиското известување, Светска
банка, во врска со дискусии за статусот на активностите на ИОРРМ, како и дискусија и
размена на мислења во врска со Законот за вршење сметководствени работи.
IFAC1
Институтот на овластени ревизори на РМ изрази интерес за поднесување на барање
за добивање на статус полноправна членка на IFAC и ги подготви потребните
документи и ги спроведува потребните активности за исполнување на барањата на
IFAC. Барањето на ИОРРМ за полноправна членка на IFAC е поддржано од страна на
Францускиот конзорциум. Оваа активност се спроведува со поддршка на Францускиот
козорциум составен од CNCC2 и CSOEC3, во рамките на договорот за партнерство.
Меѓународна соработка
На 25 мај 2010 година, Институтот на овластени ревизори на РМ потпиша Договор за
партнерство со францускиот конзорциум составен од CNCC и CSOEC. Договорот за
партнерство предвидува тригодишна соработка во три области:
Официјална поддршка од страна на францускиот конзорциум во барањето на
ИОРРМ за членство во IFAC.
Продолжување на соработка во спроведувањето на системот за контрола на
квалитет кој беше воспоставен во 2009 година.
Пренесување и размена на искуства во текот на развојот на акциски план како
што се предлага до IFAC.
1 International Federation of Accountants. 2 Compagnie Nationale Des Commissaires Aux Comptes – CNCC 3 Consel Superieur de l'Ordre Des Experts Comptables – CSOEC
3
На 11 јуни 2012 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со г-от Bernard
Kleiner, претставник на Францускиот конзорциум (CNCC & CSOEC) во врска со статусот
на активностите во рамките на Договорот за партнерство, како и размена на предлози
за спроведување на активности за добивање на полноправно членство во IFAC. Беше
дискутирана и можноста за продолжување на соработката во рамките на Договорот за
партнерство меѓу ИОРРМ и Францускиот конзорциум, по истекување на тригодишниот
период. Дополнително, Францускиот конзорциум ќе достави конкретен предлог за
давање на техничка поддршка во иднина.
По покана на Францускиот конзорциум, Бранка Стојановска, присуствуваше на 67
Конгрес на CSOEC, кој што се одржа на 3, 4 и 5 октомври 2012 година во Париз,
Франција.
На 15 февруари 2013 година, по иницијатива на Комората на ревизори на Република
Азербејџан, ИОРРМ потпиша Меморандум за разбирање со Комората на ревизори на
Република Азербејџан, во поглед на соработка за:
Меѓусебно советување за различни прашања од значење за професијата, на
европско и меѓународно ниво.
Меѓусебна поддршка во областите на етиката, образованието и квалитетот во
активностите што ги вршат ревизорите, членови на двете професионални
организации.
Заедничко учество и поддршка на национални или меѓународни настани
(семинари, конференции, професионални манифестации што се одржуваат од
страна на двете организации).
Размена на публикации (книги, списанија) и други материјали објавени од
страна на професионалните тела; размена на статии што се со значење за
сметководствената и ревизорската професија во списанијата на телата и/или
на веб локациите на двете организации.
Регионалниот проект РЕПАРИС е 5-годишен проект на Центарот за реформи во
финансиското известување на Светска банка, за поддршка на образованието и
развојот во областа на сметководството и ревизијата. Во проектот се вклучени
претставници од професионалните и надзорните тела од областа на сметководство и
ревизија, универзитетите и владините министерства од Албанија, Косово, Македонија,
Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија и Црна Гора. Во текот на 2012
година, ИОРРМ учествуваше со свои претставници на 2 работилници на кои што се
дискутираше за проблемите со кои се соочуваат професионалните тела при
спроведување на активностите за кои што се надлежни и нивната усогласеност со
барањата на IFAC, а особено за спроведување на контролата на квалитетот.
Презентациите и заклучоците од работилниците се достапни на линкот на CFRR
поставен на веб страната на ИОРРМ.
Совет за унапредување и надзор на ревизија (СУНР)
На 26 јануари 2012 година, Владата на Република Македонија донесе Решение за
именување на претседател и членови на Советот за унапредување и надзор на
ревизијата (СУНР). СУНР одржа конститувна седница и започна со активности за
изготвување на актите на СУНР и негово воспоставување согласно одредбите во
Законот за ревизија. На 14 јуни 2012 година, претседателот на ИОРРМ одржа состанок
со Претседателот на СУНР, г-ѓа Соња Ѓелова-Стојанова. Состанокот се одржа заради
првично запознавање и размена на информации за состојбите и приоритетите на
ИОРРМ и СУНР. На 28 декември 2012 година, по покана на СУНР, Претседателот на
ИОРРМ присуствуваше на состанок со членовите на СУНР на кој што се дискутираше
за тековните и идните активности на ИОРРМ и развивање на соработка помеѓу ИОРРМ
и СУНР.
Во 2012 година, СУНР даде согласност на следните акти на ИОРРМ:
4
Одлуки за изменување и дополнување на Статутот на ИОРРМ, заради
усогласување со Законот за ревизија.
Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2011 година.
Годишната програма за работа на ИОРРМ за 2012 година.
Програма за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор.
Правилник за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување на
звањето ревизор.
СУНР достави забелешки за изменување и дополнување на предлог Правилникот
за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор и предлог Правилникот за
начин и постапка на добивање уверение за ревизор за лица кои поседуваат
квалификација за ревизор стекната во странство.
Министерство за финансии
На 05 март 2012 година, Министерството за финансии испрати допис до ИОРРМ со кој
што се бара мислење по однос на новата верзија на предлог Законот за вршење
сметководствени работи. ИОРРМ побара мислења од своите членови кои потоа ги
испрати до Министерството за финансии.
На 29 октомври 2012 година, Министерството за финансии испрати допис до ИОРРМ со
кој што се бара мислење по однос на предлог Законот за изменување и дополнување
на Законот за ревизија. ИОРРМ побара мислења од своите членови и достави мислење
по предлог законот.
II. Активности на телата на ИОРРМ
Собрание
Десетата седница на Собранието на ИОРРМ првобитно беше закажана за 24 февруари
2012 година, но седницата не се одржа заради неостварен кворум за работа.
Седницата беше презакажана за 09 март 2012 година, на која седница, согласно член
13, став 8 од Статутот на ИОРРМ, се одлучуваше само по точките од првобитниот
предлог дневен ред без оглед на бројот на присутни членови.
На седницата беа усвоени следните:
- Годишна програма за работа на ИОРРМ за 2012 година.
- Финансиски план на ИОРРМ за 2012 година.
- Одлука за трајно исклучување од членство во ИОРРМ.
Единаесеттата седница на Собранието на ИОРРМ првобитно беше закажана за 09 јуни
2012 година, но седницата не се одржа заради неостварен кворум за работа.
Седницата беше презакажана за 23 јуни 2012 година, на која седница, согласно член
13, став 8 од Статутот на ИОРРМ, се одлучуваше само по точките од првобитниот
предлог дневен ред без оглед на бројот на присутни.
На седницата беа усвоени следните:
- Одлука за усвојување на годишната сметка на ИОРРМ за годината која
завршува на 31 декември 2011 година и извештајот на ревизорот за годишната
сметка за годината која завршува на 31 декември 2011 година.
- Одлука за избор на ревизори на финансиските извештаи на ИОРРМ за годината
што завршува на 31.12.2012, 31.12.2013 и 31.12.2014 година.
- Одлука за изрекување дисциплинска мерка – Трајно исклучување од членство
во ИОРРМ за овластени ревизори членови на ИОРРМ кои не платиле членарина
за 2006, 2007, 2008 и/или 2009 година.
- Одлука за укинување на трајно исклучување од членство во ИОРРМ.
5
- Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ИОРРМ, која што на
03.10.2012 година доби согласност од СУНР.
- Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2011 година, вклучително Годишниот
извештај за проверките за контрола на квалитетот за 2011 година, кој што на
03.10.2012 година доби согласност од СУНР.
На седницата беа спроведени и избори за членовите на телата на ИОРРМ заради
истекување на мандатот од три години. Изборите беа спроведени со тајно гласање,
согласно Статутот на ИОРРМ, по предлог на Управниот одбор на ИОРРМ. На седницата
беше избран претседател на ИОРРМ, односно, за претседател беше повторно избран
Борислав Атанасовски, овластен ревизор, од Друштво за ревизија, проценка и
финансиски консалтинг ”Б И Љ, Боро и Љупчо” доо Скопје.
На седницата беше разгледан Извештајот на Надзорниот одбор за годишната сметка и
ревизорскиот извештај за 2011 година.
Надзорен одбор
Надзорниот одбор ги одржа 14-та, 15-та и 16-та седница на кои беа разгледани
следните:
- Годишна сметка за 2011 година и извештајот за извршена ревизија на
годишната сметка на ИОРРМ за 2011 година.
- Тримесечните извештаи на ИОРРМ за периодите кои се однесуваат за 2011
година.
- Тримесечните извештаи за првите тримесечја во 2012 година, како и
финансиското работење на ИОРРМ во 2012 година.
- Предлог Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2011 година.
Надзорниот одбор усвои:
- Предлог одлука за избор на ревизори на финансиските извештаи на ИОРРМ за
годината што завршува на 31.12.2012, 31.12.2013 и 31.12.2014 година избор
на ревизор, која се доставува до Собранието на ИОРРМ за усвојување.
- Извештај на Надзорниот одбор на ИОРРМ кон извештајот за работењето на
ИОРРМ, годишната сметка за 2011 година и извештајот на ревизорот за
годишната сметка на ИОРРМ за 2011 година кој се доставува до Собранието на
ИОРРМ.
- Извештај за годишната сметка и ревизорскиот извештај за 2011 година кој што
се доставува до Собранието на ИОРРМ.
Надзорниот одбор за претседател на Надзорниот одбор повторно ја избра Кристина
Тилиќ, овластен ревизор, од Друштво за ревизија ‘Ефект-Плус‘ доо Скопје.
Управен одбор
Во 2012 година, Управниот одбор одржа десет седници на кои ги усвои следните:
o Тримесечни извештаи за работа на ИОРРМ кои што се доставуваат до Советот за
унапредување и надзор на ревизијата и Надзорниот одбор на ИОРРМ, заради
редовно информирање.
o Ажуриран акциски план за работа на ИОРРМ за период од три години, кој беше
доставен до, и одобрен од сдтрана на, IFAC.
o Правилник за ажурирање на материјалите за подготовка на кандидатите за
полагање на испитот.
o Одлука за избор на претседатели на Комисиите на ИОРРМ.
o Програма за полагање на испитот за стекнување звање ревизор, која што на
05.11.2012 година доби согласност од СУНР.
6
o Правилник за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување на
звањето ревизор, кој што на 05.11.2012 година доби согласност од СУНР.
o Прирачник за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
o Правилник за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор, кој беше
доставен за добивање согласност од СУНР.
o Правилник за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор за лица
кои поседуваат уверение за ревизор стекнато во странство, кој беше доставен за
добивање согласност од СУНР.
o Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места во
ИОРРМ.
o Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2012 година.
o Прирачник за спроведување на Континуирано професионално усовршување.
o Извештај за спроведување на КПУ за 2011 година.
o Пописен елаборат за состојбата на средствата и обврските на ИОРРМ на
31.12.2011 година.
Управниот одбор, исто така, го одобри пакетот на документи за доставување до IFAC
за доставување на барање за стекнување на статус полноправна членка на IFAC, даде
согласност за уплаќање на 25% од вкупно остварените приходи на ИОРРМ, уплатени
од друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци во претходната
година, согласно член 15 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ, бр.
158/2010 и 135/2011 и подготви забелешки на предлог Законот за изменување и
дополнување на Законот за ревизија, по барање на Министерството за финансии.
Управниот одбор разгледуваше предлози и барања доставени до Управниот одбор на
ИОРРМ.
Комисии на ИОРРМ
1. Комисија за регистрација на ревизори и овластени ревизори
Комисијата за регистрација на ревизори и овластени ревизори:
Достави предлог за зачленување на пет нови овластени ревизори во ИОРРМ.
Го преработи и усвои предлог Правилник за начинот и постапката на добивање
уверение за ревизор за лица кои поседуваат уверение за ревизор стекнато во
странство. Правилникот беше преработен заради усогласување со Законот за
ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и Статутот на ИОРРМ.
Го преработи и усвои предлог Правилник за начинот и постапката на добивање
уверение за ревизор; заради усогласување со Законот за ревизија (Службен
весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и Статутот на ИОРРМ.
2. Комисија за контрола на квалитетот на ревизорските услуги
Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги:
Подготви и усвои Извештај за спроведените проверки за контрола на квалитет
во 2011 година, кој претставува интегрален дел од Годишниот извештај за
работа на ИОРРМ за 2011 година.
Подготви и усвои Годишен план за контрола на квалитет за 2012 година.
Изборот на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци
за вршење на проверка за контрола на квалитетот со користење на матрица во
која друштвата се рангираат земајќи го предвид вкупниот број на ангажмани
според Годишниот извештај на активности плус ангажмани за ентитети од јавен
интерес. Во изборот на друштвата се водеше сметка за вкупниот број на
7
ангажмани, бројот на ревидирани ентитети од јавен интерес, потполноста на
податоците во прашалниците, анализата на показатели за надоместок по час и
надоместок по ангажман, информациите добиени од прашалникот за
прелиминарни податоци за системот на контрола на квалитет, други индикатори
за квалитет, како на пример објавени ревизорски извештаи, ставот и одговорот
на системот на контрола на квалитетот кој го спроведува ИОРРМ.
се извршуваа активности за спроведување на проверки за контрола на квалитет
според Годишниот план за контрола на квалитет за 2012 година.
Подготви усвои предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за вработување на втор
контролор на квалитет.
Подготви Годишна програма за работа на Комисијата за контрола на квалитетот
на ревизорските услуги за 2013 година.
Комисијата работеше на подготвување на измени и дополнувања на Правилникот за
начинот и постапката на контрола на квалитетот на друштвата за ревизија и
овластените ревизори – трговци поединци, заради усогласување со Законот за
ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011), Статутот на ИОРРМ и за да
се рефлектира искуството и наодите од спроведените проверки за контрола на
квалитетот.
Комисијата подготвува предлог упатство за утврдување на минимални саати,
пресметка на просечна цена по час, предлог просечна минимална цена по час по
ангажман и предлог минимален надоместок за ревизија.
3. Комисија за етика
Комисијата за етика подготви предлог Правилник за начинот и постапката за
утврдување на повредите и за дисциплинските мерки на членовите на ИОРРМ, во
согласност со Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и
Статутот на ИОРРМ.
4. Комисија за образование, обука и публикации
Комисијата за образование, обука и публикации:
подготви извештај за спроведувањето на Континуирано професионално
усовршување во 2011 година, кој се доставува до Управниот одбор на ИОРРМ.
Подготви и усвои предлог Програма за спроведување на КПУ за 2012 година.
Спроведе подготвителни активности за настаните за КПУ кои се одржaа во 2012
година.
Подготви и усвои предлог Прирачник за спроведување на КПУ.
Подготви предлог до Управниот одбор за ажурирање на материјалите за
подготовка на кандидатите за полагање на испитот.
Подготви оглас за пријавување на лица за ажурирање/преведување на
материјалите за подготовка на кандидатите за полагање на испитот и ги
разгледуваше доставените пријави по Огласот за пријавување на лица за
ажурирање/преведување на материјалите за подготовка на кандидатите за
полагање на испитот.
Подготви предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за спроведување на практичен
семинар врз основа на дадена понуда од страна на Францускиот конзорциум.
Подготви предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за определување на минимум
часови/цена за ревизија.
Подготви Предлог Програма за полагање на испитот за стекнување звање
ревизор.
8
Во 2012 година беа спроведени 9 настани (63 часа) за КПУ за членовите на ИОРРМ. За
одржување на предавањата на темите од Годишната програма за КПУ се пријавија и
беа поканети предавачи од Македонска берза ад Скопје, Централен регистар на РМ,
Управата за финансиско разузнавање, Институтот на директори, Bаker Tilly
International, Економски факултет – Скопје, Економско правен консалтинг ФВ,
овластени ревизори и претставници на друштвата за ревизија, како и предавачи со
други меѓународни сертификати.
5. Комисија за спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор
Комисијата за спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор:
Подготви предлог Правилник за начинот и постапката на полагање на испитот
за стекнување на звањето ревизор.
Подготви предлог Прирачник за спроведување на испитот за стекнување звање
ревизор.
Комисијата подготви Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот и ги
разгледа доставените барања за полагање на испитот. Од 20 до 27 декември 2012
година, беа спроведени сите 8 дела на испитот за стекнување звање ревизор.
Советот за унапредување и надзор на ревизијата за претседател на Комисијата за
спроведување на испитот за стекнување звање ревизор на ИОРРМ ја назначи г-ѓа
Соња Ѓелова-Стојанова, претседател на СУНР, како претставник на СУНР.
6. Комисија за сметководствени стандарди
Комисијата за сметководствени стандарди изготви Годишна програма за работа на
Комисијата за 2013 година и подготви одговор на доставен допис од страна на член
на ИОРРМ во кој што се бара мислење во врска со МСФИ.
III. Финансиски информации
Во 2012 година, ИОРРМ оствари приходи од членарина која се однесува на физички
лица и правни лица, спроведување на испитот за овластени ревизори, спроведување
на КПУ, практичен семинар и продажба на ЦД-то МСФИ 2009.
Подолу е дадена табела со споредбени информации во однос на Финансискиот план
на ИОРРМ за 2012 година и реализираните приходи и трошоци во 2012 година.
9
Приходи и расходи на ИОРРМ за 2012 г. (споредба со 2011 г.)