Top Banner
Ekonomika 2 kolokvium ГЛАВА V ПЛАЌАЊЕ НА ТРУДОТ Плакањето на трудот спаѓа во редот на најзначајните,но во исто време и најсложените економско-социјални проблеми на претпријатието. Распределбата како фаза на општествената репродукција,преку дејствувањето на економските законитости,определува како се распределува новосоздадената вредност на нејзините создавачи и другите субјекти. Распределбата може да се набљудува од микро и макро аспект. Микрораспределбата претставува распределба на новосоздадената вредност,односно на националниот доход во рамките на целото стопанство на земјата. Макрораспределбата е распределба на добивката и платите во самото претпријатие. III. Примена на научни методи при плаќање на трудот Во науката постои стремеж да се определи и спроведе систем на плаќање кој ке се темели на зависноста на платата од придонесот на работникот во работата. Придонесот на работникот во работата се утврдува врз основа на два елементи: 1. Вредноста на работното место,односно на работите што се извршуваат на работното место Вреднувањето на работата е активност со чија помош се утврдува вредноста на работите на одделните работни места и врз таа основа,се поставуваат соодветни односи мегу нив. За правилно вреднување на работата треба да се води сметка за следниов принцип:вреднувањето се однесува на работата што се извршува ,на работното место, а не на работникот што неа ја извршува.
68

Економика 2 колоквиум

Jul 29, 2015

Download

Documents

Jana Rossi
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Економика 2 колоквиум

Ekonomika 2 kolokvium

ГЛАВА V

ПЛАЌАЊЕ НА ТРУДОТ

Плакањето на трудот спаѓа во редот на најзначајните,но во исто време и

најсложените економско-социјални проблеми на претпријатието.

Распределбата како фаза на општествената репродукција,преку дејствувањето на

економските законитости,определува како се распределува новосоздадената

вредност на нејзините создавачи и другите субјекти.

Распределбата може да се набљудува од микро и макро аспект.

Микрораспределбата претставува распределба на

новосоздадената вредност,односно на националниот доход во рамките на целото

стопанство на земјата.

Макрораспределбата е распределба на добивката и платите во

самото претпријатие.

III.

Примена на научни методи

при плаќање на трудот

Во науката постои стремеж да се определи и спроведе систем на плаќање кој ке

се темели на зависноста на платата од придонесот на работникот во работата.

Придонесот на работникот во работата се утврдува врз основа на два

елементи:

1. Вредноста на

работното место,односно на работите што се извршуваат на

работното место

Вреднувањето на работата е активност со чија помош се утврдува вредноста на

работите на одделните работни места и врз таа основа,се поставуваат соодветни

односи мегу нив.

За правилно вреднување на работата треба да се води сметка за следниов

принцип:вреднувањето се однесува на работата што се извршува ,на работното

место, а не на работникот што неа ја извршува.

Page 2: Економика 2 колоквиум

Методите за вреднување на работата се групираат во три групи:

Квалитативни

(глобални) методи,во кои спагаат:

Методот на рангирање

-чија цел е да се состави ранг листа на сите работи во

претпријатието,според нивната вредност,врз основа на едноставно

опишување и објаснување на работите во целина(бројот на ранговите не е

утврден).

Предност е што е едноставен,се спроведува за кратко време и со мали трошоци

и е применлив во мали претпријаија.

Слабост е што е субјективен.

Методот на класификација-се

разликува од претходниот по тоа што бројот на класите и платите на секоја

класа се однапред утврдени(глобално вреднување на работите а не вреднување

на секој фактор одделно).

Ги има истите предности и слабости како претходниот метод.

Аналитички

(квантитативни) методи

Метод на споредување

на факторите(директен паричен метод)-чија цел е создавање на ранг листа

на вредноста на одредени работи врз основа на одредени фактори,а потоа

таа вредност се изразува во парични единици.

Се анализираат репрезентативни работи а за нерепрезентативните вреднувањето

се врши по пат на споредување со вторите.

Предност на оваа метода е што е попрецизна од квантитативните и

пообјективна.

Недостатоци се нејзината сложеност.тежината при одредување на

репрезентативните работи и арбитрарната поделба на работата на фактори.

Метод на

Page 3: Економика 2 колоквиум

бодирање-(најчесто се применува)

Основни активности при вреднување со овој метод се:

Ø Попис на работите

При пописот треба да се придржуваме на следниве принципи:

ü Попишување на содржината на работата а не како таа се извршува

ü Се попишуваат само конкретни работи а не воопштени и описни

ü При пописот на работите се применува хронолошки редослед

ü Се попишуваат сите работи во цлокупниот процес на работа

ü Секоја попишана работа треба да има свој број

Ø Опис на работите-преку

него работите се расчленуваат на составните активности и на тој начин се

овозможува нивно опфакање во вреднувањето на трудот.

Ø Анализа на работите-главна

цел на оваа фаза е, преку анализа на работите ,да изврши избор и да ги

одреди барањата и критериумите кои се заеднички за сите работи,и врз таа

основа да изврши нивно вреднување и поставување на односи мегу нив.

Основните барања се групираат во следнива групи:знаења и способности

(сложеност на работата),одговорност ,напори и услови за работа.

Ø Степенување на

работата-интензитетот на јавување на одреден критериум за кој со анализа е

утврдено дека и припага на одредена работа.

Ø Бодирање

Ø Рангирање (врз основа на

бодови)

Со оваа фаза завршува процесот на вреднување на работата и се преминува на

следниот елемент од кој зависи придонесот на работата:мерење на остварените

резултати во извршување на работата.Според тоа,платата на работникот зависи од

вредноста на работите што ги извршува и од неговите резултати што притоа ги

остварува.

Page 4: Економика 2 колоквиум

Износот на платата може да е поголем или помал во зависност од резултатите

на работникот мерени низ повеке елементи:квантитетот на работата,квалитетот на

работата,користење на средствата за работа,заштедите во работата,користење на

работното време,унапредување на организацијата на работење и ефикасноста на

раководење и сл.

HAY методот на

вреднување на менаџерската работа

Карактеристични за овој метод се утврдените шеми и матрици за проценка на

секој фактор.

Предност на методот е деталната разработка и едноставната употреба.

Овој метод е заснован на 3 стандарднни евалуациони фактори:

Know –how кој ги вклучува

сите вештини знаења и способности кои ги бара работата и има три димензии:

Ø Практично знаење

Ø Способност за

интегрирање и хармонизирање на различните функции вклучени во

менаџерската работа

Ø Активни вештини

на подрачјето на мегучовечките односи

Решавање на

проблемите кое го означува степенот во кој работата бара резонирање,креирање

и анализирање и има две димензии:

Ø Средина во која

се одвиваат

Ø Предизвиците

кои наметнуваат одредено креативно мислење

Одговорност која

го означува степенот на одговорност за работата и влианието кое го има

на организацијата и има три димензии:

Ø Самостојност

во одлучувањето

Page 5: Економика 2 колоквиум

Ø Влијание на

текот на работата

Ø Влијание на

резултатите од работата

1. 2.

Остварените резултати на работникот во извршувањето на работите на

работното место(нормирање на работата)

Работната норма е работниот учинок од определена количина и

квалитет на производот што треба да го постигнат еден или повеке работници со

рационална употреба на средствата за производство и во определено време.

Работната норма сватена на тој начин

ја

определуваат неколку елементи:

Количината и квалитетот

на нормираниот учинок

Разионална употреба на

средствата за производство

Времето како мерка за

извршување на нормираниот учинок

Организационо-техничките

услови на работното место и потесната организациска единица.

Постојат различни видови на норми кои можат да се групираат

според:

Норми според

единица мерка:

Норма време

(норматив на работна сила) – го претставува времето кое му е потребно на

работникот да изврши една поставена задача,при што треба да осигури и

Page 6: Економика 2 колоквиум

соодветен квалитет на таа задача,во определени организационо-технички

услови.

Норма изработка-ја

одредува количината на учиноци која работникот ја создава во единица

време,обезбедувајки соодветен квалитет во дадени организационо-технички

услови.

Временската норма може да се изрази во норма изработка и обратно со следниве

формули:

Норми според

бројот на работниците и уредите на работното место:

Индивидуални норми

– се утврдуваат за учинокот на еден работник и нивното утврдување зависи

само од способностите и залагањата на работникот набљудуван индивидуално.

Групни норми – го

одредуваат учинокот што треба да го постигне групата( зависат од

најнеспремните работници кои имаат улога на тесно грло)

Норми

според методот на утврдување:

Искуствени норми

– се утврдуваат врз основа на искуството и практичните сознанија на

лицата кои ги воспоставуваат,без конкретни согледувања и проучувања на

процесот на работа,на применетите методи на нејзино извршување и без

непосредно набљудување и мерење на времето потребно за извршување на

поставената задача.

Слабост е субјективноста при одредување на овие норми,сепак Куколеча ја

подвлекува нивната (улога) важност во следнива ситуации:

Ø Кога хронометрирањето

дава сосема високи времиња заради тоа што набљудуваните работници го

кријат нормалниот интензитет на работа за да би се постигнало што повисока

норма време.

Ø Кога не постои можност

Page 7: Економика 2 колоквиум

за прецизно утврдување на дополнителните калкулативни времиња

Ø Кога елементите врз

основа на кои се пристапило кон хронометрирање често се менуваат така што

нормата,иако е правилно одмерена, во практиката се покажува како нереална.

Статистичките

норми,потребното време за извршување на работната задача го утврдуваат врз

основа на статистичките податоци за времетраењето на извршување на

задачата во повеке минати периоди.

Овие норми не можат да го задоволат критериумот на објективност при

утврдување на работното време од 2 причини:

Ø Динамизмот на

функционирање на претпријатието и неговата средина предизвикува постојани

промени во техничко-технолошките и организациските услови за

работа,а тие промени не се опфакаат со статистичко мерење на потребното

време.

Ø Проценката на времето

при поставување на нормата се врши врз база на временското траење на

задачата во минатото,без да се води сметка дали тоа време било објективно

потребни за извршување на одредената задача.

Искуствено статистички

норми

Норми утврдени со грубо

снимање – времето се мери за целата операција,дури и за повеке единици,без

расчленување на операцијата на нејзините составни елементи,без подготовка

пред почетокот на снимањето и без анализа на резултатите по

снимањето.Покрај тоа целото дополнително време се додава на нормата без

мерење ,според искуство.

Овие норми се користат во нашите претпријатија и, иако не се совршени, се

подобри од претходните.

Техничките норми

(аналитички пристап) – се утврдуваат по пат на научни методи,со мерења на

времето со помош на разни инструменти,со расчленување на работните

операции на соодветните елементи,со студија на времето и движењата.Основно

кај овие норми е тоа што на нормирањето се приога на еден студиско –

научен начин,при што постојат можности за објективно составување на

Page 8: Економика 2 колоквиум

нормата и без учество на субјективни елементи.

Методи за утврдување на овие норми се:

Ø Студија на движењата –

се врши расчленување на работата на нејзините составни елементи а потоа се

пристапува кон снимање на овие составни елементи на секоја работна задача

која се нормира.

Ø Студија на времето -

мерење на времето потребно за извршување на работата,при што се снима

времетраењето на елементите на процесот на работата.

Ø Методот на стандардни

норми (одредени операции и зафати при извршување на различни работи се

повторуваат)

Позитивни страни на стандардните норми се следниве:

ü Времињата за изработка добиени на овој начин се правилно утврдени и точни

ü Стандардните норми се пореални во споредба со другите норми

ü Бидејки нормата се утврдува со користење на стандардни времиња за одделни

елементи на работа,таа служи за составување на плански калкулации

ü Расчленувањето на работата на нејзините составни елементи овозможува

пронаогање на подобар и поекономичен начин на работа

ü Стандардните норми го олеснуваат изборот на опремата и алатот и даваат

насоки за подобра конструкција на производот.

Заради поголема прецизност техничката норма во себе ги опфака следниве времиња:

Ø Подготвително- завршно

време

Ø Време за изработка:

ü Рачно време

ü Машинско-рачно време

ü Машинско време

Page 9: Економика 2 колоквиум

Ø Помошно време

Ø Дополнително време

Траењето на одделните компоненти на времето се одредува на два начини:без

напосредно набљудување или снимање на работата или со снимање на работата.

Снимањето на работата се спроведува со остварување на соодветни

активности во следнива пет фази:

Ø Прва фаза – избор на

работата која ке се снима,нејзин детален опис,како и опишување на условите

во кои се извршува

Ø Втора фаза –

расчленување на работата на нејзините составни елементи со придржување на

одредени правила

Ø Трета фаза – мерење на

одделните елементи на работата (подготовката за снимање и самото снимање)

Ø Четврта фаза – се

анализираат снимените времиња за извршување на работата,се оценува нивната

реалност и се прават нужни корекции

Ø Се пресметува нормата

која се добива со собирање на компонентните времиња

V.Системи на плаќање на трудот

Сите системи на плакање на трудот се одликуваат со диференцирано одредување

на платите врз основа на :вредноста на работата што се извршува и резултатите

што ги остваруваат работниците.

Во зависност од начинот на мерење на резултатите се разликуваат

следниве системи на плакање на работниците:

1. Систем на плакање

според времето поминато на работа-платата на работникот зависи од

времето поминато на работа без разлика на учинокот на работникот.

Page 10: Економика 2 колоквиум

Овој систем на плакање е нестимулативен но и покрај тоа се користи.

Неговата примена доага до израз во следнива случаи:

Кога се извршуваат работи

кај кои не е можно да се спроведе правилно нормирање на физичкиот учинок

на работникот.

Кога се произведуваат

производи или услуги кај кои исклучително се оценува и се внимава на

квалитетот

Кога се извршуваат работи

кај кои се присутни поголеми опасности од професионални незгоди и несреќи

при работа.

Тогаш не е целоисходно

работникот да се наградува според учинок бидејки тоа би значело неводење

сметка за здравјето и сигурноста во работењето

Кога се извршуваат работи

кај кои учинокот на работникот не зависи од неговата работа туку од

работата на машините и автоматите

1. Систем на

плаќање според учинок – висината на платата зависи од остварениот

учинок.

Постојат три основни облици на плаќање според учинок:

Систем на плаќање според

норма – се утврдува нормалниот учинок кој треба да го оствари работникот

со нормално залагање и просечни знаења и способности и врз основа на

таквиот учинок,се врши пресметување на платата.

Реалноста на нормите е прв и најважен услов за нивна стимулативност.

Плаќање според акорд –

постои договор помегу работодавачот и работникот за цената на една единица

производ или извршена задача (времето не е важно).

Page 11: Економика 2 колоквиум

Предност на овој систем е што го стимулира работникот.

Недостатоци се префорсирањето на работниците,намалување на економичноста

поради шкартот и отпадоците во производството,влошување на квалитетот на

производите и сл.

Постојат два облика на системот на акорд:

Прост (чист) акорд

Прогресивен (сложен)

акорд

Плаќање по единица

производ – плаќање на работата на група работници која работи на еден

заеднички производ,а платата на рабоникот се одредува според бројот

на единиците производ кој се произведува со заедничката работа..

Најголем проблем кај овој систем е распределбата на заедничката

заработувачка по одделни работници (кај различните работници за таа цел се

употребува мегусебниот однос на вредноста на работите што ги извршува секој

работник).

1. 3.

Системи на стимулирање на работниците:

Индивидуални системи на

стимулација(премии)

Основно правило е различните награди да се поврзуваат со соодветни цели.

Според основата за премиирање,односно според тоа што се сака со нив да се

стимулира,премиите можат да бидат:

Премија за стимулирање и

рационална употреба на средствата за работа

Премија за заштеди на

материјали и суровини

Премија за стимулирање

Page 12: Економика 2 колоквиум

на подобар квалитет на работата

Премија за зголемување

на реализација на производството

Премија за поголема

флексибилност и ширење на знаењата

Премија за

рационализација и иноваторство

Премија за ажурност

(посебен вид )

Премија за скратување на

роковите за извршување на работите (посебен вид)

Еднократни ,посебни

програми за стимулација

Се користат за решавање на одредени проблеми во претпријатието.

Општата постапка која може да се примени на различни проблеми е следна:

Дефинирање на проблемот

кој треба да се реши и целта што се сака да се постигне

Утврдување на трошоците

кои претпријатието ги има поради проблемот кој сака да го елиминира

Разработување на

програмата и утврдување на трошоците за нејзино спроведување

Утврдување на начинот на

учество во тие средства,односно основата од која ке се поага при

одредување на индивидуалните награди (може да е платата и одреден процент

од неа(диференциран пристап) или еднаков дел,независен од

платата,(унифициран пристап) или средствата да се алоцираат на групата

која ке ги подели како сака.)

Групни системи на

стимулација – поврзување на индивидуалните плати со успехот на

Page 13: Економика 2 колоквиум

организациските единици и претпријатието во целина.

Со платата обично се добива и посебен додаток поврзан со различните аспекти

од успешноста на работењето кој се дава еднаш или повеке пати во годината.

Најчести облици на таква стимулација се:

Учество на вработените во

добивката

Учеството на вработените во добивката се разликува од учеството на

вработените во профитот во неколку битни аспекти:

Ø Степенот и опфатноста на

примената(помали организациски единици)

Ø Основата и критериумот

за учество(непосреден придонес на вработените)

Ø Начинот на исплата

(месечна со платата)

Ø Мотивацискиот ефект

(директен)

Позитивни ефекти од овој систем:

Ø Подобрување на

продуктивноста и ефикасноста во работата

Ø Зголемување на

мотивацијата и на задоволството од работата на вработените

Ø Подобрување на

комуникацијата и соработката во рамките на одделните организациски делови

и меѓу нив

Ø Активно учество на

вработените во решавање на проблемите и зголемување на предлозите на

иновации

Page 14: Економика 2 колоквиум

Ø Намалување на појавите

на апстантеизам и флуктуација на работната сила

Ø Поедноставен е начинот

на утврдување односно мерење на придонесот

Ø Подобрување на односите

на релација вработени – менаџмент на претпријатието

Потешкотии врзани за овој систем се:

Ø Заштита на лошите

работници

Ø Проблеми со

критериумите кои се користат за давање на награди односно стимулации

Учество на вработените

во профитот

Карактеристиките на овој систем се:

Ø Се врзува за успехот на

целото претпријатие и во распределбата на делот наменет за стимулирање

учествуваат сите вработени.

Ø Се дава обично еднаш

или два пати годишно

Ø Како основа може да

послужи основната плата, индивидуалната успешност, бројот на години на

работа во претпријатието или да се одреди еднаков износ за сите вработени

Предности од примената на овој систем се:

Ø Зголемување на

продуктивноста и организациската успешност

Ø Воспоставување на

флексибилна структура во наградувањето која е израз на актуелната

Page 15: Економика 2 колоквиум

економска состојба во претпријатието

Ø Јакнење на сигурноста и

идентификација на вработените со претпријатието,што води кон нивна

поголема мотивираност

Ø Поттикнување на

интересот на вработените за проблемите на работењето и успехот на

претпријатието

Ø Развивање на

претприемнички дух и однос на секој вработен во унапредување на работењето

Недостатоци на овој систем се:

Ø Поврзаноста помегу

учинокот и индивидуалниот успех е помала отколку кај останатите системи на

групно стимулирање

Ø Подолго е времето помегу

вложениот напор и наградата

Ø Многу од вработените не

го разбираат начинот на утврдување на профитот,па затоа може да изразат

сомневање во реалноста на искажување на профитот

Ø Од аспект на

вработените,овие награди се несигурни и неизвесни,бидејки се исплатуваат

само кога е исплатен профит,а тоа може негативно да делува на мотивацијата

Учество на вработените во

сопственоста – целта е да се развие свеста за тоа дека подобро работење и

поголемо ангажирање води кон поголеми дивиденди.

Постојат неколку модалитети на овој систем:

Ø Директна и бесплатна

поделба на акции

Ø Продажба на акции на

вработените по цени пониски од пазарните

Page 16: Економика 2 колоквиум

Ø Акционерски опции

Ø Инвестициони фондови на

вработените на повисок степен од претпријатието

VI.Индиректни материјални надоместоци

Постојат две причини поради кои бенефициите на вработените растат:

1. Законската

регулатива која одредува нормативи кои претпријатијата мораат да

ги почитуваат

2. 2.

Потребата за привлекување и задржување на квалитетни и способни луѓе.

Надоместоците според својот карактер можат да се

диференцираат на три вида:

1. Надоместоци поврзани

со

сигурноста и здравјето на вработените

2. Надоместоци поврзани

со

плакањето на слободното време

3. Надоместоци кои значат

давање

на одредени услуги на вработените.

VII. Менаџерски компензации

Менаџерските примања се поврзуваат со успешноста на претпријатието и

неговите интереси.

Page 17: Економика 2 колоквиум

Постојат неколку општи правила кои треба да се почитуваат

кога станува збор за менаџерските примања:

1. Пониска основна плата со

поголем варијабилен дел

2. Наградите и додатоците

да се однесуваат на она што со нив сака да се постигне

3. Комбинирање на наградите

и додатоците со долгорочните и краткорочните резултати кои ги остварува

претпријатието

4. Лошите деловни резултати

треба да се одразат со смалување на менаџерската плата

Системот на наградување на менаџерите по правило се состои

од 4 дела:

1. Основна плата на

менаџерите (40 – 80 % од вкупните компензации)

2. Краткорочни годишни

додатоци (кај врвни менаџери 40 %,кај средни 22% кај оние од пониско

ниво 12%)

3. Посебни бенефиции:

Акционерски опции

Златен падобран(клаузула

во менаџерскиот договор)

Дополнителни

пензионерски програми

Полиса за животно

осигурување

Page 18: Економика 2 колоквиум

ГЛАВА VI

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИТЕ

ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО

I.Поим на трошоци

Сите внатрешни и надворешни манифестации,сите настани и промени,сите движења

на средствата во претпријатието се искажуваат преку набљудување на неговите

трошоци.

Во потесна смисла на зборот трошоците се вредносен

(паричен) израз на трошењата на основните елементи на процесот на производство.

Трошоци во поширока смисла на зборот,ги опфакаат покрај

трошоците на елемнтите на процесот на производство,и сите расходи и издатоци

направени за одредено производство,или трошоците претставуваат во пари изразено

трошење на средствата и трудот и издатоци кои претставуваат составни делови на

цената на чинење на учиноците.

Трошокот не е исто што и расход и издаток.(расходите може

да се вонделовни или деловни,само деловните расходи можат да се изедначат со

трошоците.Издатоците се плакање на пари,за еден издаток да се смета за трошок

,тој мора да влезе во производство).

Расходите и издатоците можат да се изедначат со трошоците,само ако

бидат направени поради производство и можат да се искажат во пари.

II. Поделба на трошоците

Постојат следниве поделби на трошоците:

1. 1.

Основна поделба на трошоците (поделба според видовите на средства) –

природни видови трошоци

Трошоците на средства за

работа (поширока класификација:амортизација, трошоци за инвестиционо

одржување и трошоци за осигурување на постојаните средства.Потесна

класификација (амортизација и инвестиционо одржување

Трошоци на предмети за

работа (потрошени суровини и материјали)

Page 19: Економика 2 колоквиум

Трошоци на работна сила

(вкалкулираните бруто плати)

Трошоци за туги услуги

Трошоци за придонеси и

даноци,независни од деловниот резултат (задолжителен карактер,се

вкалкулираат во цената на чинење)

1. 2.

Трошоци според зависноста од степенот на ангажираност на капацитетите

(обемот на производство):

Фиксни трошоци(трошоци на

капацитетите) – нивна основна карактеристика е тоа што тие се независни од

степенот на ангажираност на капацитетите ,односно од обемот на

производство.Тие постојат и кога претпријатието не работи.

Претпријатијата кои имаат повеке постојани средства имаат и повеке фиксни

трошоци.

Фиксните трошоци во вкупен износ се непроменливи но на единица производ се

менуваат.Тие се обратно пропорционални на обемот на производство.Дегресијата е

особени изразена на почетните степени на ангажираност на капацитетот,а

постепено се намалува со поинтензивно користење на капацитетот,тие и натаму

опагаат но разликата во трошоците на единица производ помегу два сукцесивни

периода е помала.

Релативно фиксни трошоци

Износот на фиксните трошоци при определен капацитет се јавува како апсолутна

големина без оглед на степенот на негово ангажирање,но ако се сака да се

зголеми капацитето ке се зголемат и фиксните трошоци.

Page 20: Економика 2 колоквиум

Релативно фиксни трошоци се оние трошоци чија висина е непроменета во

одделни зони на ангажираност на капацитетите.

Штом ангажираноста ке премине од една во друга зона се зголемуваат фиксните

трошоци.

Релативно фиксните трошоци (вкупни ) скоковито растат со преминот на обемот

на производство од една во друга зона а се еднакви во рамките на една иста зона

без разлика на ангажираноста на капацитетите.

Релативно фиксните трошоци по единица производ при преминувањето од една во

друга зона на ангажираност на капацитетот се зголемуваат ,додека во

рамките на една иста зона се намалуваат.Релативно фиксните трошоци по единица

производ од последниот степен на ангажираност на капацитетот во предходната

зона се пониски од релативно фиксните трошоци на почетниот степен на

ангажираност на капацитетот во новата зона.

Варијабилни трошоци се

оние трошоци кои во потполност се зависни од степенот на ангажираност на

капацитетите и обемот на производство.Тие можат да бидат:

Пропорционални –

пропорционално се менуваат со промените на обемот на производство.Нивниот

износ по единица производ е константен(материјали за изработка и

плати)

Page 21: Економика 2 колоквиум

Дегресивни трошоци – се

зголемуваат побавно во однос на зголемувањето на обемот на

производство.Набљудувани по единица производ тие се намалуваат со

зголемување на степенот на ангажираност на капацитетите(управна и погонска

режија)

Прогресивни трошоци – се

зголемуваат побрзо од зголемување на обемот на производство.По единица

производ овие трошоци прогресивно се зголемуваат.(не постојат ,се знак за

преангажираност на капацитетите)

Зони во динамиката на

трошоците

Вкупните трошоци во својата динамика минуваат низ зони на :

Дегресија – вкупните

трошоци се зголемуваат побавно од зголемување на производството,а

трошоците на единица производ се намалуваат.

До дегресивно движење (на вкупните трошоци) доаѓа поради дејството на

фиксните трошоци.

Трошоците по единица производ исто така се намалуваат поради смалувањето на

фиксните трошоци по единица производ, смалувањето на дегресивните варијабилни

трошоци по единица производ ,додека пропорционалните варијабилни трошоци по

единица производ остануваат исти.

Дегресијата е најизразита на почетокот на зоната(фиксни трошоци)

Обемот на производство каде престанува смалувањето на трошоците е граница на

оваа зона,тука просечните трошоци по единица производ се најниски.

Пропорционалност – зона

во која вкупните трошоци пропорционално се зголемуваат со зголемувањето на

производството,а трошоците по единица производ остануваат исти.

Трошоците по единица производ во оваа зона се најмали,и претпријатието

остварува најголема економичност.

Оваа зона е најмала и често се состои од еден степен на ангажираност.

Прогресија – сона во

која вкупните трошоци побрзо се зголемуваат од зголемувањето на

Page 22: Економика 2 колоквиум

производството,а трошоците по единица производ исто така растат.

Зоната на прогресија започнува со зоната на оптималност и се простира до

границата на капацитетот.

Доколку има трајна зголемена побарувачка треба да се прошируваат

капацитетите.

1. 3.

Трошоци според начинот на нивно пресметување

Директни

(непосредни,поединечни) трошоци – се оние за кои што уште при нивното

настанување се знае за кој производ се однесуваат и кои поради тоа можат

да се пресметаат директно во цената на чинење на производите(материјалот и

платата за изработка)

Индиректни

(посредни,општи) трошоци – при нивното настанување не се знае за кој

производ се однесуваат туку се прават за повеке производи или за

претпријатието во целина.

Распределбата на посредните трошоци на одделни призводи се врши со примена

на различни клучеви.Оваа распределба треба да е што пореална.

1. 4.

Поделба на трошоците според начинот на нивно утврдување

Стварни трошоци – фактички

настанати трошоци во текот на пресметковниот период.

Плански трошоци – се

предвидуваат однапред најчесто за период од една година врз база на

остварени трошоци во минатите периоди и предвидувања за можни промени и

движења на трошоците во периодот за кој се предвидуваат.

Нивна основна функција е да послужат како инструмент за утврдување на

степенот на остварена економичност.

Page 23: Економика 2 колоквиум

Стандардни трошоци – се

пресметуваат однапред и покажуваат колку треа да изнесуваат стварните

трошоци.Основна разлика мегу нив и планските е што стандардните се

одредуваат со научна анализа,со најсовремени средства и методи за мерење

на трошоците.

1. 5.

Поделба на трошоците според нивната сложеност

Едноставни(оригинални) –

се искажуваат како природни трошоци не се изведени од други и не може да

се врши нивно расчленување.

Сложени – составени од

повеке едноставни трошоци.

1. 6.

Поделба на трошоците според нивната важност

Оваа поделба е според важноста на одделни елементи на трошоците:

Главни (набавка)

Споредни трошоци

(транспорт)

1. 7.

Поделба на економски и неекономски:

Економски – без кои не

може да се организира производството

Неекономски – издатоци

кои имаат карактер на трошоци врз база на законски прописи.

1. 8.

Page 24: Економика 2 колоквиум

Трошоци според основните дејности на претпријатието

Трошоци на производство

Трошоци на

промет(набавка и продажба)

III.Гранични трошоци

Граничните трошоци се дополнителни просечни трошоци за новопроизведена

количина на производи,или,граничните трошоци претставуваат просечни трошоци на

остварено производство мегу два сукцесивни степени на ангажираност на

капацитетите.

Граничните трошоци претставуваат количник помегу дополнителните трошоци и

граничниот производ:

Граничните трошоци можат да се пресметаат и врз основа на промените на

вкупните варијабилни трошоци.

Графиконот покажува дека се додека просечните варијабилни трошоци

опагаат,граничните трошоци се пониски од нив.

Се додека просечните варијабилни трошоци опагаат нивната крива се наога над

кривата на граничните трошоци.

Точката во која се сечат кривите на просечните варијабилни и граничните

трошоци го означува обемот на производство при кој што просечните варијабилни

трошоци се најниски.

Ако обемот на производство продолжи да се зголемува постепено расте

влијанието на прогресивните варијабилни трошоци.Затоа дополнителните трошоци за

Page 25: Економика 2 колоквиум

дополнителен обем на производство се поголеми во одонос на претходните,така што

во оваа зона и граничните трошоци се поголеми од просечните варијабилни

трошоци.Со натамошно зголемување на обемот на производство,влијанието на

варијабилните прогресивни трошоци е се поголемо ,така што и вкупните просечни

трошоци започнуваат прогресивно да се движат.Така ,граничните трошоци не само

што се изедначуваат со просечните фиксни трошоци,туку и ги надминуваат нив.

На обемот на производство на кој се изедначуваат просечните вкупни трошоци и

граничните трошоци,просечните вкупни трошоци се најниски.

Со помош на граничните трошоци се донесуваат одлуки во врска со:

1. Определување на најниско

ниво на продажни цени

2. Диференцирање на цени и

определување на дампинг цени

3. Обезбедување на некој дел

или производ преку сопствено производство или со набавка од друг субјект

4. Спроведување на некоја

организациска мерка

IV. Трошоци и приходи

Добивката ,како израз на финасискиот резултат на претпријатието,е разлика

меѓу вкупниот приход и вкупните трошоци.Во претпријатието е од посебна важност

да се знае:

1. Кој е минималниот обем на

производство што обезбедува работење без загуба(праг на рентабилност)

2. Од кој до кој обем на

производство може да работи со добивка ( зона на рентабилност)

3. На кој обем на

производство може да се остварува најголема добивка

Важни се следниве констатации:

1. Кога претпријатието не

работи нема никаков приход.Но мора да ги покрива фиксните трошоци ,така

Page 26: Економика 2 колоквиум

што остварува загуба во нивна висина.

2. Со почнување на

производството претпријатието остварува одреден приход но до мртвата точка

на рентабилноста тој е помал од вкупните трошоци и претпријатието

работи со загуба.

3. Зоната на рентабилност е

зона каде претпријатието остварува добивка.

4. Со зголемување на

производството над горната граница на рентабилноста,претпријатието влегува

во зона на загуба. (преангажираност на капацитетите и голема прогресија на

трошоците)

Граничната добивка е разлика меѓу граничните трошоци и граничниот

приход-дополнителна добивка која се остварува со производство и продажба на

секоја дополнителна единица на производ (може да е позитивна ,негативна или

нула).

Се додека постои гранична добивка економски е оправдано да се зголемува

производството.

V.

Улогата на трошоците во водењето на

деловната политика на претпријатието

Трошоците се јавуваат во улога на фактор со решавачко влијание врз

економичноста и добивката што се остварува во претпријатието.

Page 27: Економика 2 колоквиум

Проблеми кои се решаваат со помош на трошоците се:

1. Трошоците претставуваат

релевантен фактор кој непосредно влијае врз изборот и асортиманот на

производите ,што ке бидат застапени во производствената програма.

2. Определувањето на една

од повеке можни алтернативи за обезбедување на материјали и суровини

зависи ,пред се,од трошоците кои со себе ги носи секоја алтернатива

посебно.

3. Изборот на соодветен

начин на организирање на продажбата не може да се оствари без претходна

детална анализа на продажбата.

4. Секоја мерка во рамките

на организација на производството влијае врз висината на трошоците.

5. Улогата на трошоците

како инструмент на деловно одлучување особено е застапена при водењето на

краткорочна политика на цени(гранични трошоци).

Пазарната цена често отстапува од просечната цена на претпријатието.

Доколку продажната цена не ги покрива вкупните трошоци,претпријатието треба

да бара излез преку водење на една еластична политика на цени и прифаќање на

порачки и по цени пониски од просечните трошоци.

Долната граница до која може да се смалува продажната цена и да се прифаќаат

нови порачки е одредена од граничните трошоци,како додатни трошоци за

додатен,зголемен обем на производство.

Доколку граничните трошоци за производство на одреден производ се

пониски во споредба со набавната цена тогаш економски е оправдано да се

организира нивното производство во сопствена режија.

VI. Калкулација на цената на чинење

1. 1.

Поим на калкулација

Калкулацијата е метод за пресметка на трошоците заради утврдување цени на

Page 28: Економика 2 колоквиум

учиноците.Со неа можат да се пресметаат цените на чинење ,набавната цена ,продажната

цена и др.

Калкулацијата служи и за контрола на трошоците и контрола

на економичноста .За да ги оствари овие цели калкулацијата треба да исполни две

задачи:да ги опфати настанатите трошоци,и правилно да ги распореди.

Смислата на опфаќање и распоредување на трошоците е во тоа,цената на чинење

на одреден учинок да ги опфати оние трошоци кои се предизвикани од тој учинок.

Со помош на калкулацијата и нејзините елементи се врши сестрано согледување

на трошоците и на нивните односи со обемот на учиноците и цените.Сознанијата

добиени врз таа основа им користат на органите за управување за донесување на

деловни одлуки.

Заради поедноставно опфакање на трошоците и нивно поуспешно

споредување,анализа и контрола,при составување на калкулацијата се врши

еднобразно

групирање на трошоците во вид на одредена структура,односно шема на

цената на чинење,која се состои од следниве елементи:

Продажна цена(содржи цена

на чинење и :)

Финансиски резултат

Данок на додадена

вредност

Цена на чинење:

Материјал за

изработка

Плати за

изработка

Амортизација

Општи трошоци за

изработка(погонска режија)

Општи трошоци на

управата и продажбата ( управно – продажна режија)

1. Принцип за

Page 29: Економика 2 колоквиум

изработка на калкулација:

Калкулацијата треба да

биде точна и да ги опфати сите трошоци кои се направени

за производство на определен производ

Калкулацијата треба да

биде документирана,трошоците да се поткрепени со

соодветни документи

Во калкулацијата

трошоците треба да се пресметуваат диференцирано,

според видовите

местата на настанување и според носителите на трошоците

Калкулацијата треба да

бида прилагодена на видовите производи,на организациските

делови и технолошкиот процес и на начинот на работа и условите во

претпријатието

Калкулацијата треба да

биде ажурна,односно на време составена и прегледна,за да

може да се користи за донесување на деловни одлуки.

Калкулацијата треба да

биде споредлива,што значи дека треба да постои

еднообразно групирање на елементите на калкулацијата.

Калкулацијата треба да

биде економична односно трошоците за изготвување на калкулацијата не смеат

да бидат поголеми од ползата која се добива врз основа на располагање со

таква прецизна и точна информација.

1. 3.

Видови калкулација – се делат според следниве критериуми:

Местото на

трошоците – кај калкулациите посебно важно е да се знае нивниот

Page 30: Економика 2 колоквиум

домен на зафаќање,местото на кое трошоците се однесуваат.(оваа

класификација дава можност за следење на економичноста и рентабилноста на

секое претпријатие,одделени и погон)

Калкулации по

време на составување:

Претходна

(планска) – се составува пред започнување на производството и нејзината

задача е:

Ø Да ги утврди

трошоците пред започнување на производството на еден или повеке

производи или услуги.

Ø Да даде

евентуални варијации на цената на чинење на предвидениот производ

односно услуга.

Кај оваа калкулација посебно важен е аналитичкиот дел.

Дополнителна

(пресметковна) калкулација – се составува по довршувањето на производите

или услугите

Таа се базира на книговодствени и други статистички сведенија што се наогаат

во претпријатието и зависи од книговодството.

Калкулација

според методот на составување:

Калкулација врз

основа на поделба на трошоците (делбена или дивизиона):

Ø Чиста

дивизиона калкулација (еден вид на производ)

Ø Дивизиона

калкулација со помош на еквивалентни броеви.

Page 31: Економика 2 колоквиум

Се применува во претпријатија кои произведуваат повеке видови на еден ист

производ.

Трошоците за производство на разни видови производи се наогаат во определен

однос (1:2:3- еквивалентни броеви),така што може со примена на определени

еквивалентни броеви да се сведат на заедничка мера и да се изразат заедно.(Е.Б.

се множат со оствареното производство на секој вид производ и се добива обемот

на производство во еквивалентни единици.се делат вкупните трошоци со обемот на

производство во еквивалентни единици се утврдува износот на трошоците за

единица еквивалентно прозиводство,трошоците за секој артикал се добиваат со

множење на производството во еквивалентни единици и трошоците за единица

еквивалентно производство)

Додавна калкулација

(калкулација врз основа на определување на разни додатоци)се состои во тоа

што заедничките односно општите трошоци се делат на различните производи

што се изработуваат во претпријатието,врз основа на однапред определен

клуч (износот на употребените материјали или платите за изработка, времето

за изработка како клуч за распределба на режиските трошоци).

Клуч = (општи трошоци *100):плати за изработка

(повеке производи за секој директни трошоци,индиректните се распоредуваат на

еден директен со клучот по сл формула:

(Трошок на основата за соодветниот производ*клучот(%)):100)

Додавната калкулација е најдобар метод за распоредување на општите трошоци .

Оптоварувањето на производите треба да е што е можно пореално но

претпријатието може да води и извесна политика(повеке да ги оптовари бараните

производи помалки оние кои на пазарот тешко се пробиваат).

Калкулација на врзани

производи се применува за пресметка на трошоците на она производство каде

има главни и споредни производи.

Трошоците се заеднички затоа сите се опфакаат во калкулацијата на главниот производ

потоа од нив се одзема цената на споредниот производ(според која е продаден) и

се добива цената на чинење на новиот производ.

Direct – costing методата

– тргнува од поделбата на трошоците на фиксни и варијабилни .

Page 32: Економика 2 колоквиум

Варијабилните трошоци се пресметуваат во цената на чинење а фиксните се

покриваат од вкупниот приход (варијабилните се пошироко опфатени и ги

вклучуваат и дел од општите трошоци кој има варијабилни својства)

Според овој метод цената на чинење = плати на директни рботници +материјал

за изработка + функционална амортизација+ варијабилен дел на општи трошоци

Фиксни трошоци = временска амортизација + фиксен дел на општи трошоци.

Финансиски резултат = вкупен приход – директни трошоци (бруто финансиски

резултат)-фиксни трошоци (нето финасиски резултат)

Финансискиот резултат утврден со оваа метода секогаш се разликува од оној

добиен со другите методи (на полна цена на чинење).Тој е ист само кога

оствареното производство се поклопува со остварената реализација,кога

производството е поголемо од реализацијата фин. Резултат пресметан според оваа

метода и помал а обратно е поголем.Тоа е последица што кај овој метод сите

фиксни трошоци се покриваат од брутофинасискиот резултат додека кај

методот според полна цена на чинење дел од фиксните трошоци се пресметува во

трошоците поврзани со одредени залихи.

ГЛАВА VIII

УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ НА

ЕКОНОМИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

I.Поим за квалитетот на економија

Степенот на успешност на претпријатието во остварување на поставените цели

го претставува квалитетот на неговата економија (степенот на остварен успех).

Квалитетот на економија квантитативно се изразува како однос помеѓу

резултатите на репродукцијата и вложувањата за нивно остварување.

Тоа значи дека претпријатието го подобрува квалитето на својата економија

доколку остваува максимални резултати со минимални вложувања,исто така значи

дека квалитетот на економија на претпријатието е правопропорционален со

резултатите и обратно пропорционален со вложувањата.

Резултатите од процесот на репродукција се јавуваат во различни облици,и

тоа:во облик на производ ,во облик на вредност на производството и во облик на

добивка.

Квалитетот на економија ке биде подобар ако:

Page 33: Економика 2 колоквиум

Се остваруваат поголеми

резултати со исти вложувања

Ако растат и резултатите

и вложувањата но стапката на пораст на резултатите е поголема од стапката

на пораст на вложувањата.

Ако се намалуваат и

резултатите и вложувањата,но намалувањето на вложувањата е поголемо од

намалувањето на резултатите.

Односот помегу резултатите и вложувањата на репродукција е исто така и

показател на ефикасноста на вложувањата во создавањето на резултатите.

Следењето на квалитетот на економија преку односот на остварените

резултати и направените вложувања наидува на одредени методолошки

проблеми во практиката.Нивната суштина е во неможноста сите појавни облици на

резултатите и вложувањата заеднички да се изразат и квантифицираат ,порадни

нивната хетерогеност,која се состои не само во различните единици мерки во која

се изразуваат резултатите и вложувањата,туку и во нивната различна економска

содржина.(натурални и вредносни показатели).

За да се надминат овие методолошки проблеми ,теоријата и практиката оформиле

одредени парцијални економски принципи за следење на квалитеот на економија на

претпријатието,со кои се остварува парцијално согледување на квалитетот на

економија преку парцијални односи помегу одделни елементи на резултатите и

одделни елементи на вложувањата.Тие парцијални принципи се:продуктивноста,

економичноста и рентабилноста.

II.Продуктивност

1. Поим и значење на

продуктивноста

За продуктивноста ,како и за другите парцијални принципи,може да се зборува

како за економски принципи на работење на претпријатието и како за принцип кој

претставува парцијален израз на квалитетот на економија.

Продуктивноста како економски принцип е настојување да се

дојде до што поголеми ефекти во работата,со што помали потрошоци на работната

сила.

Продуктивноста како парцијален израз на квалитетот на економија

Page 34: Економика 2 колоквиум

ја изразува,ја мери ефикасноста на трошењето на работната сила во создавање на

употребни вредности.

Покрај наведените сфакања

за поимот на продуктивност постојат и

други ,често дивергентни, сфаќања на нејзиниот

поим,од кои покарактеристични се следниве:

Сфаќање на

продуктивноста како продуктивност на факторите на производство

Ова сфаќање на продуктивноста се заснова на дефиницијата на продуктивноста

што ја дава Меѓународното биро на трудот во Женева.Според неа:”одредено

производство се остварува со користење на одреден број на фактори од кои секој

има свое значење.Односто меѓу оствареното производство и еден од тие фактори се

вика производност на набљудуваниот фактор.”

Продуктивноста на ист начин ја набљудуваат и стручњаците на Европската

организација за економска соработка (ОЕЦД).Според нив ,продуктивноста е

коефициент кој се добива со утврдување на односот помеѓу производството и еден

од факторите на производство.

Врз основа на ваквите дефиниции се наведуваат следниве парцијални показатели

на продуктивноста:продуктивност на материјалот ,на машините,на трудот,на

капиталот ,на инвестициите и сл.

Ваквото дефинирање на продуктивноста не може да ја издржи научната критика

,најмногу поради тоа што ист третман и улога им дава на сите фактори на

производство.

Кога се зборува за продуктивност се мисли на продуктивност на трудот и тоа

живиот човечки труд.

Според второто

сфаќање на продуктивноста таа е однос помеѓу производството и вкупно

потрошениот труд на човекот-и жив и минат.Нема сомнение дека

минатиот труд влијае на нивото на продуктивноста што ја остварува живиот

труд,но тој се јавува само како фактор кој влијае на зголемување на

продуктивноста а не како компонента или елемент која неа ја определува.

Ова сфаќање на продуктивноста го изедначува принципот на продуктивност со

оној на економичност,со што се елиминира еден од нив.

Page 35: Економика 2 колоквиум

Живиот и сегашниот труд не може да се изразуваат со исти мерила и да се

собираат меѓу себе.

Значи,кога станува збор за продуктивност се мисли на продуктивноста на

живиот човечки труд ,подразбирајки ја неа како однос помеѓу оствареното

производство и потрошениот жив труд.

Производството и продуктивноста се различни (производството

е вредност на произведеното производство)

Денес зголемувањето на продуктивноста на трудот има приоритетна

важност,бидејки тоа е поврзано со:зголемување на производството и националниот

доход, подобрување на животниот стандард, намалување на трошоците на

производство, подобрување на конкурентската способност на претпријатието и

неговата позиција на пазарот.

За задоволување на зголемените потреби на пазарот претпријатието има три

опции:да го продолжи работното време, да вработи нови работници и да ја зголеми

продуктивноста на трудот.

1. Фактори на

продуктивноста

Некои фактори директно влијаат на нивото на остварена продуктивност а некои

индиректно.

Најчесто групирање на факорите на производство се врши според

следниве критериуми:

Според потеклото

на факторите

Интерни фактори –

се поврзани со основните елементи на производство и се класифицираат во

четири групи:

Ø Фактори

поврзани со предметите за работа( влијаат на индиректен начин)

ü Количина

ü квалитет

Ø Фактори поврзани со

средствата за работа

Page 36: Економика 2 колоквиум

ü Техничка опременост на трудот

ü Степенот на искористување на постојниот капацитет на средствата за

работа,неговото влијание најчесто се одразува преку две типични ситуации:

Зголемување на

продуктивноста како последица на подобро искористување на капацитетот без

нови вработувања.Во тој случај продуктивноста се зголемува.

Зголемување на

продуктивноста како последица на подобро искоритување на капацитетот со

нови вработувања.Во овој случај продуктивноста се зголемува само доколку

зголемувањето на производството е со поголем интензитет од зголемувањето

на бројот на вработените.

Ø Фактори поврзани со

работната сила

ü Квалификуваност на вработените (директно – квалификуваност на оние кои

работат во производство,индиректно – квалификуваност на работниците од

истражување и развој)

ü Работно искуство ( само додека работниците се млади- психофизички спремни)

ü Интензивност на работата – степен на трошење на работната сила по единица

време (продуктивноста се зголемува само до одредена интензивност – додека

производството расте повеќе од потрошокот на работна сила)

ü Мотивацијата на работникот (плата)

ü Општествената положба на работниците (дали се вклучени во

сопственост,управување и одлучување)

ü Флуктуација на работниците – негативно влијае врз продуктивноста

ü Мегучовечки односи

Ø Организациони фактори

Овој фактор е внатрешна резерва која може да се активира и да придонесе за

зголемување на продуктивноста без нови вложувања на средства,таа може да

интервенира кај:

ü Техничката поделба на работата заради подобра организација и распоред на

Page 37: Економика 2 колоквиум

работните места,со цел подобро поврзување и полесно одвивање на

производствените процеси.

ü Техничката подготовка на работата заради попрецизно и појасно одредување

на операциите ,начинот и средствата на нивно извршување на секое работно место

ü Внатрешниот транспорт заради подобро организирање на неговите задачи во

смисла на избегнување на таканаречените празни движења на транспортните

средства и подобро снабдување на работните места со потребните материјални

ресурси,односно нивно побрзо ослободување од готовите производи.

ü Организација на производството заради унапредување со воведување на разни

облици на специјализација,типизација и стандардизација.

ü Системот на управување и раководење заради подобрување на процесот на

одлучување преку јасно разграничување на овластувањата и одговорностите на

секој орган одделно.

ü Системот на информации заради подобрување на текот на информациите и

подобрување на другите негови перформанси

ü Организацискиот модел на претпријатието во смисла на измени и подобрувања

на постојната структура и односите помеѓу одделните функции заради поефикасно

функционирање на претпријатието во целина.

Екстерни фактори – обично

се сметаат како објективни фактори и се групираат во две групи:

Ø Природни фактори

на продуктивност:

ü Земјата

ü Природните богатства ( влијаат преку количината,квалитетот и начинот на

искористување)

ü Климатските услови ( директно влијаат врз продуктивноста на земјоделските

а индиректно на другите претпријатија)

Ø Општествени фактори на

продуктивност:

ü Пазарот

Page 38: Економика 2 колоквиум

ü Економската политика – кредитна ,даночна, царинска, надворешно- трговска и

политика на цени.

ü Ниво на стопански развиток

ü Меѓународни економски односи

Според можноста

на претпријатието да влијае на факторите

Според тоа дали

за активирање и ангажирање на факторите се потребни нови вложувања или не.

Мерките за зголемување на продуктивноста треба да се засноваат на целосно

согледување на факторите на продуктивноста и нивното влијание врз основа на

т.н.

студија на факторите на продуктивноста,која треба да придонесе

,пред се :

За запознавање на сите

фактори кои влијаат во едно претпријатие да има определено ниво на

продуктивност на трудот.

За диференцирање на

факторите на продуктивноста според нивната важност ,според степенот на

влијание на секој од нив врз даденото ниво продуктивност

За давање на насока во

преземањето мерки за зголемување на продуктивноста на трудот

1. Мерење на

продуктивноста

Во теоријата и практиката постојат различни методи за изразување и мерење на

продуктивноста,секоја од нив има свои предности и недостатоци.

Продуктивноста може да се пресмета на два начина и тоа:

Со пресметување

на односот помегу оствареното производство и потрошената работна сила-со

Page 39: Економика 2 колоквиум

оваа формула ја изразуваме количината на производство што ја остварува

еден работник во единица работно време.Овој начин се нарекува количинско

изразување на продуктивноста.

Со пресметување

на односот помеѓу потрошената работна сила и оствареното производство-

со оваа формула ја изразуваме количината на потрошена работна сила за

производство на единица производ.Овој начин се нарекува временско

изразување на продуктивноста.

Мерењето на продуктивноста всушност се сведува на давање на одговор

на следниве две прашања:

како да се изрази

производството како елемент на продуктивноста

За изразување на производството како елемент на продуктивноста се

употребуваат следниве методи:

натурален метот

При мерење на продуктивноста со овој метод производството се изразува

со натурални односно физички единици.

Овој метод може да се применува во претпријатија кои произведуваат еден вид

на производ односно имаат еднородно производство.

Резултатите добиени со оваа метода најдобро ја изразуваат продуктивноста на

трудот,и затоа тој треба да се применува секогаш кога е тоа можно.

Ако претпријатието нема еднородно производство,туку има еден главен и еден

или повеќе споредни производи,продуктивноста може да се мери во натурални

единици на тој начин што главниот производ се зема за репрезентативен производ

на целокупното производство.Се мери продуктивноста на репрезентативниот производ

и утврденото ниво не продуктивност се смета како продуктивност и на споредните

производи.Степенот на точност на вака пресметаната продуктивност зависи од

учеството на репрезентативниот производ во структурата на вкупно оствареното

Page 40: Економика 2 колоквиум

производство.

натурално – условен метод

Со негова примена може да се мери продуктивноста во оние претпријатија кои

произведуваат повеќе исти или сродни производи кои се разликуваат според

квалитетот,димензиите и сл.Тие разлики придонесуваат до тоа за секој одделен

производ да се трошат различни количини за труд.

Остварените количини на секој производ иако се изразуваат во исти единици,не

можат едноставно да се соберат,туку претходно треба да се изразат во т.н.

условен производ.

Изразувањето на количини на одделни производи во количини на условен

производ се врши врз основа на трудот потрошен за производство на секој

производ одделно,со помош на т.н. коефициенти на еквивалентност,кои се

пресметуваат врз основа на следнава формула:

=норматив на трудот за производот за кој се утврдува коефициентот:норматив

на трудот на условниот производ

(количина во натурално условни единици се добива со множење на остварената

количина на секој производ со коефициентот на еквивалентност и за да се добие

продуктивноста се дели со потрошените часови за производство)

трудов метод

Суштината на овој метод за мерење на продуктивноста се состои во тоа што

производството како елемент на продуктивноста ,се изразува во потрошен труд

,одностно во потрошено работно време за негово остварување.На тој начин се

овозможува збирно изразување на најразлични производи.

P=обем на остварено производство во норма часови:ефективни потрошени работни

часови

(оствареното производство во норма часови се добива со множење на

оствареното производство со норма за единица време производ,продуктивноста ако

е помала од еден значи дека не ја исполниле нормата за одреден процент)

вредносен метод

кај претпријатијата кои имаат широк асортиман на различни производи не може

Page 41: Економика 2 колоквиум

да се применат претходните методи.

Според вредносниот метод остварените количини на секој производ се

множат со соодветните цени ( тековни или постојани,стандарни) а потоа таа

вредност се дели со потрошениот труд.

При употребата на пазарни цени се јавува голем недостаток (при ист физички

обем на производство ако се променат пазарните цени се менува и

продуктивноста,така таа може да се зголеми како резултат на порастот на

пазарните цени а не поради трудот на работниците).

Со промена на пазарните цени во иста порција се менува и продуктивноста на

трудот а реалната продуктивност на трудот останува непроменета.

како да се

изрази потрошокот на работна сила како елемент на продуктивноста

при утврдување на количината на потрошениот труд треба да се објаснат 2

прашања:

кои работници да се

вклучат во мерењето на продуктивноста- во врска со ова прашање постојат 3

опции:

Ø продуктивноста

на директните работници:

:број на директни работници

Ø продуктивноста на

индиректните работници:

=Q :број на индиректни работници

Ø продуктивноста на

вкупните работници (најчесто како количина на потрошен труд се смета

просечниот број на вкупно вработени работници)

:вкупен број на работници

Page 42: Економика 2 колоквиум

Ако во претпријатието постојат услови продуктивноста треба да се мери и

изразува според одделни организациски делови.

Во какви временски

единици може да се изрази потрошокот на трудот – во зависност која единица

ке ја употребиме имаме:

Ø Часовна

продуктивност – учинокот што работникот го остварува за 1 час ефективна

работа.

Ø Дневна

продуктивност – учинокот што работникот го остварува во текот на

работниот ден (само да е на работа не е важно колку работи)

Пресметување се врши преку односот на остварено дневно производство и бројот

на работници кои биле на работа тој ден.

Ø Месечна продуктивност

– просечниот учинок што го остварува работникот во текот на месецот (помала

е од претходните две).Потрошениот труд се изразува преку просечниот број

на работници во текот на месецот,без разлика колку го искористувале

работното време.

Ø Годишна продуктивност

– го изразува просечниот учинок на работникот во текот на една година.Како

единица мерка за потрошениот труд се зема просечниот број на работници во

претпријатието во текот на годината.

III.Економичност

1. Поим и значење

на економичноста

Економичноста како економски принцип претставува стремеж

Page 43: Економика 2 колоквиум

или настојување да се произведе што поголема вредност , да се создадат што

поголеми резултати со што помали трошења на сите три елементи на производство.

Економичноста како парцијален израз на квалитетот на економија

го покажува степенот на ефикасност на трошењето во процесот на создавање на

вредноста

Економичноста може да се изразува натурално ( E=Q:U-натурално изразена

економичност=производство изразено во натурални единици:потрошоци на елементите

на производство изразени натурално ) и вредносно ( E = V:T вредносно изразена

економичност = вредност на производството:трошоци ).

Натуралниот израз на економичноста ја покажува ефикасноста на трошењата во

фазата на производство,додека нејзиниот вредносен израз ја илустрира

ефикасноста на трошењата во сите фази на репродукцијата,значи вредносниот израз

на економичноста е поширок од натуралниот.

Во практичното изразување и утврдување на економичноста наместо категоријата

вредност на производството или учиноците ,која има апстрактен карактер,се

употребува категоријата вкупен приход.

Ако воспоставиме однос помеѓу остварениот вкупен приход и направените

трошоци го добиваме коефициентот на економичноста кој ни покажува колку се

добива вкупен приход на 1 парична единица направени трошоци.Доколку овој

коефициент се зголемува претпријатието дава поголем придонес кон општествената

потрошувачка,со тоа се остварува позитивно влијание врз средината и

општеството.

Другите димензии на важноста на економичноста се согледуваат во тоа што со

секое нејзино зголемување се смалуваат трошоците по единица приходи,тоа

доведува до снижување на цената на чинење и зголемување на конкурентската

способност на претпријатието,со што праснува производството и се создаваат

услови за раст на претпријатието.

Суштината и содржината на економичноста се содржат во стремежот да се :

Остварат што поголеми

резултати со што помали трошоци на работна сила, средства на работа и

предмети на работа.

Да се оствари такво

функционирање на претпријатието кое со квалитетот и другите особини на

производите и услугите ке ги задоволат потребите на пазарот.

Зголемување на економичноста имаме кога:

Со исти трошоци се

остваруваат поголеми резултати.

Page 44: Економика 2 колоквиум

Со помали трошоци се

остваруваат исти резултати

Резултатите и трошоците

се зголемуваат,но резултатите со поголем интензитет

Резултатите и трошоците

се намалуваат ,но трошоците повеке

Резултатите се

зголемуваат а трошоците се намалуваат.

1. Фактори на

економичноста

Голем е бројот на фактори што влијаат на економичноста ,тука пред се спаѓаат

факторите на продуктивноста,бидејки економичноста е поширок економски принцип

од продуктивноста.

Како додатни фактори на економичноста се сметаат:

Факторите

поврзани со потрошоците на предметите и средствата за работа-

според можноста работниците да влијаат врз потрошоците се делат на

објективни и субјективни,а според нивниот карактер на :

фактори кои се

однесуваат на трошењето на предметите за работа – се разликуваат според

времето во кое дејствуваат и според карактеротна дејството.

Економијата на средствата на работа од временски аспект може да се

остварува:

Ø со заштеди на предмети

за работа при проектирање и конструкција на производот

Ø со заштеди на

предметите за работа во непосредносто производство (шкарт)

Page 45: Економика 2 колоквиум

Најважни фактори кои дејствуваат врз потрошоците на предмети за работа се:

ü квалитетот на материјалот

ü карактеристиките на производот

ü карактеристиките на средствата за работа

ü карактеристиките на технолошкиот процес

ü карактеристиките на условите за работа

фактори кои се

однесуваат на трошењето на средствата за работа

Правилна употреба ,чување и одржување на средствата за работа придонесува за

зголемување на економичноста,преку намалување на трошоците во текот на употреба

на средствата за работа и продолжување на векот на нивната употреба.

Најважни вактори кои го детерминираат трошењето на средствата на работа се:

ü Карактеристиките на средствата за работа

ü Карактеристиките на технолошкиот процес

ü Карактеристиките и квалитетот на предметите за работа

ü Карактеристиките на производот што се произведува

ü Работниците

ü Карактерот на производството од аспект на видот на организација на

производството (најголеми потрошоци кај поединечно производство а најмали кај

сериско)

ü Одржување на средствата за работа

Како објективни фактори кои влијаат на трошењето на

средствата и предметите за работа обично се сметаат:карактеристиките на

производот,карактеристиките на технолошкиот процес,карактеристиките на

предметите и средствата за работа и видот на организација на производството и

работните услови.

Субјективни фактори:расипувањата ,отпадоците, шкартот ,

кршењето и други непотребни трошења.

Факторите

поврзани со набавка на предметите и средствата за работа – имаат најчесто

објективен карактер.

Page 46: Економика 2 колоквиум

Овие фактори се манифестираат преку набавните цени на предметите за работа.

На некои од нив претпријатието не може да влијае ( ги одредува државата) ,а

на други може да влијае преку подобра организација на набавната функција и

извршување на следниве задачи:

Истражување на пазарот

за набавка ,испитување на можностите за замена на соодветните материјали

Вршење на благовремени

набавки заради обезбедување на континуирано производство

Вршење на набавки на

предмети и средства за работа со соодветен квалитет заради намалување на

отпадоците

Вршење на набавки по

најповолни цени

Вршење на набавки од

најблиски извори заради смалување на трошоците на транспорт

Кај средствата за работа како посебен фактор на економичноста се јавува

амортизацијата,и таа влијае на два начина.Ако се пресметува дегресивно

економичноста ке биде помала но можноста за економско застарување на средствата

исто така ке биде помала,а ако се пресметува прогресивно обратно.

Факторите

поврзани со продажбата на готовите производи нивното дејство

доаѓа до израз преку:

Продажните цени на

производот (зависи од понуда, побарувачка , интервенција на

државата во областа на цените)

Количината на

продадените производи и нивна наплата (зависи од понуда побарувачка и

други пазарни услови)

Трошоците на

магационирање на готовите производи (трошоци за осигурување на

Page 47: Економика 2 колоквиум

магацини,трошоци за чување на залихи, трошоци за камати за ангажирање на

туѓи средства во залихите)

Трошоците за

економска пропаганда – имаат двојно дејство врз економичноста:ја

зголемуваат продажбата и ги намалуваат трошоците за залихите и

зголемуваат одредени трошоци,но во крајна линија позитивно влијаат.

1. Мерење на

економичноста

Економичноста може да се мери натурално и вредносно.

Натуралното мерење наметнува низа проблеми од методолошки карактер (исти

како кај продуктивност)

Економичноста натурално може да се мери од аспект на сите елементи на

производство ( економичност на предметите за работа, средствата за работа и

работната сила),и од аспект на одделни елементи на репродукција.

Овие поединечни показатели на економичноста претставуваат коефициенти на

искористување на одделните фактори на репродукцијата.

пораст или опаѓање на економичноста

Глобално изразената економичност во вредносни показатели може да се расчлени

на три вида парцијални економичности и тоа:

Како кај вредносното мерење на продуктивноста така и овде ,промените на

продажните цени се користат при утврдување на вкупниот приход и набавните цени

кои се употребуваат при пресметување на трошоците, можат да ја изменат

вискинската слика за економичноста.Затоа подобро е да се пресметуваат два

показатели на економичноста еден по тековни (пазарни) цени и еден по (стандардни)

постојани набавни или постојани продажни цени.

IV.Рентабилност

1. Поим и значење

Page 48: Економика 2 колоквиум

на рентабилноста

Рентабилноста ,како економски принцип, е стремеж или

настојување да се оствари што поголема добивка со што помало ангажирање на

средства во репродукцијата.

Рентабилноста како парцијален израз на квалитетот на економијата

ја изразува ефикасноста на ангажираните средства во создавањето на добивката на

претпријатието.

Затоа рентабилноста се изразува како однос меѓу добивката и ангажираните

средства:

Овој израз најчесто се множи со 100 така да рентабилноста се изразува во

одредена стапка на рентабилноста ,која покажува колку парични единици добивка

создаваат 100 парични единици ангажирани средства,ако е поголема ангажираните

средства поефикасно се искористуваат.

Рентабилноста ,вака дефинирана, овозможува контролирање на оној дел од

економија на претпријатието кој не е опфатен со продуктивноста и

економичноста.Имено , битни категории во економијата на претпријатието се :

Остварениот обем на

производство (Q) и неговата вредност (V) односно вкупниот приход (С)

Трошоците на работната

сила (L)

Вкупните трошоци на

елементите на производство (Т)

Добивката како основен

облик на остварените резултати ( )

Ангажираните средства

во репродукцијата ( )

Со продуктивноста се опфатени првите две категории,со економичноста и

третата,со рентабилноста и останатите две.

Page 49: Економика 2 колоквиум

Со оглед на фактот дека добивката е разлика меѓу вкупните приходи и

расходи,рентабилноста зависи од приходите и расходите и од сумата на ангажирани

средства.

Зголемувањето на рентабилноста создава можности за подобро задоволување на

заедничките и општите потреби на државата и за проширена репродукција и развој

на претпријатието.

1. 1.

Фактори на рентабилноста

Според елементите на изразот на рентабилноста разликуваме

2 групи

фактори на рентабилност и тоа:

Фактори

поврзани со добивката:

Ø Физичкиот обем

на производство

Ø Продажните цени

на производите

Ø Потрошоците на

предметите и средствата за работа

Ø Набавните цени

на предметите и средствата за работа

Фактори

поврзани со ангажираните средства

Ø Големината на

ангажираните средства (треба да е помала)

Ø Времето на

ангажирање на средствата (треба да е помало)

Објективни фактори кои влијаат на рентабилноста се

(интерни):економската политика на земјата,состојбите на пазарот за продажба и

Page 50: Економика 2 колоквиум

пазарот на набавка,монополската позиција на претпријатието на пазарот и сл.

Субјективни фактори се:намалување на цената на чинење ,

зголемување на цената на производство, постигнување на поповолни продажни и

набавни цени, навремено наплатување на побарувањата,оптимализација на залихите

на предметите за работа.

ГЛАВА IX

УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИТЕ НА

ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Резултатите на претпријатието се излезни елементи (аутпути) на

трансформационите процеси над влезните елементи на претпријатието како систем.

I.

Појавни облици на резултатите на

претпријатието

Резултатите на функционирањето на претпријатието најчесто се

изразуваат во три облика:

1. 1.

Физички обем на производство

Физичкиот обем на производство е израз на производствените употребни

вредности со кои се задоволуваат одредени потреби на луѓето.

Елементи на физичкиот обем на производство се:

Квантитетот – го

претставува физичкиот обем на производство изразен во натурални,физички,

единици.

Квалитетот – зависи од

степенот на прилагоденост на производот на пазарот,тој произлегува од

одредени технички карактеристики.

Асортиманот – одредена

структура на различни производи и услуги.

Физичкиот обем на производство е изворен облик на остварените резултати,од

Page 51: Економика 2 колоквиум

кој се изведуваад другите облици (изведени).

Примената на физичкиот обем на производство како облик на изразување на

резултатите е лесна и едноставна кога се произведува само еден вид на

производ,но најчесто се произведува цел асортиман,па затоа резултатите не можат

да е искажат во единична натурална единица мерка.Затоа физичкиот обем на

производство на различни производи се искажува со примена на одредена

методолошка постапка врз основа на натурално –условни,трудови и вредносни

единици.

Производството на различни производи и услуги е интерес и на општеството

(задоволување на разни потреби) и на претпријатието (поголема добивка).

1. 2.

Вкупен приход (поим , формирање,распределба)

Вкупниот приход е вредносен израз на остварените резултати на

претпријатието.

Приходот и бруто – производот (кој е вкупна вредност на оствареното

производство во одреден временски период- се добива со множење на

производството со продажните цени).

Вкупниот приход на претпријатието го сочинуваат вредноста на продадените

производи и услуги (бруто – производот) и други вредности што се остваруваат во

работењето во одреден период ,независно од продажбата на производите и

услугите.

Во поглед на утврдувањето на вредноста на продадените производи и извршени

услуги постојат две можности:

Прво,тоа се врши врз

основа на т.н. наплатена реализација

Второ , реализираното

производство се утврдува според принципот на фактурирана реализација (

денес се применува).

Претходните две опции имаат свои предности и недостатоци.

Структурата на вкупниот приход може да се набљудува од аспект на :

Формирање на вкупниот

приход

Page 52: Економика 2 колоквиум

Структурата на формирање на вкупниот приход ги прикажува приходите според

основите (изворите) на стекнување и тоа:

Приходи остварени од

основната активност – деловни приходи (приходи од реализација на

учиноци),овие приходи се најзастапени.

Оваа група на приходи ја сочинуваат:

Ø Приходи од продажба

на производи,услуги и стоки на домашен и странски пазар

Ø Приходи од продажба

на производи, услуги и стоки на поврзани субјекти

Ø Приходи од наемнина

Ø Приходи по основа на

употреба на сопствени производи,услуги, стоки и материјали- интерна

реализација

Ø Приходи од продажба

на материјали, резервни делови, ситен инвентар,амбалажа

Овие приходи се во функција на обемот на производство и продажните цени (се

пресметуваат врз нивна основа)

Приходи од финансирање

– произлегуваат од различните финансиски трансакции што ги извршува

претпријатието,во нив спаѓаат:

Ø Приходи од

финансиските односи што претпријатието ги воспоставува со други

претпријатија,заедно учествувајки во финансирање на некоја активност

Ø Приходите од

финанскиски вложувања кои претпријатието ги прави со давање на

краткорочни и долгорочни кредити (камата)

Ø Други приходи

од финансирање

Page 53: Економика 2 колоквиум

Основно обележје на овие приходи е што, за разлика од претходните, нивното

настанување не е поврзано со основната стопанска дејност на претпријатието.

Вондредни приходи – не

се резултат на основната стопанска дејност,туку се јавуваат како последица

на настани кои се јавуваат повремено и непредвидливо ( не можат да се

планираат но секогаш се присутни).За настанување на овие приходи не

настануваат расходи.

Во вондредни приходи се вбројуваат:

Ø Приходи од вондредна

продажба на значаен дел на постојаните средства

Ø Приходи од наплатени

отпишани побарувања на доверителите

Ø Остварени приходи од

поранешни години

Ø Други вондредни

приходи

Распределба на вкупниот

приход

Структурата на вкупниот приход од аспект на негова распределба ја сочинуваат

:

Вкупните расходи кои се

состојат од:

Ø Расходи

направени за извршување на основната дејност (трошоци на продадени

учиноци) ги опфаќаат сите оние трошоци кои настанале и се составен

елемент на цената на чинење на продадените учиноци ,во кои спааат:

ü Материјални трошоци

ü Трошоци за амортизација

Page 54: Економика 2 колоквиум

ü Нематеријални трошоци (реклами ,осигурување ,даноци ,хонорари и сл)

ü Вкалкулирани бруто плати

Ø Расходи од

финансирање – расходи кои настанале како последица на одредени финансиски

трансакции,во нив спаѓаат:

ü Расходите на финансирање од односите со поврзание субјекти

ü Расходните камати

ü Расходите за негативни курсни разлики

ü Договорено намалување на вредноста на долгорочните финансиски вложувања

Ø Вонредни расходи –

настануваат како последица на вондредни околности и не се резултат на

извршување на основната активност на претпријатието,во кои спаѓаат:

ü Штетите

ü Отписот на ненаплатени побарувања

ü Расходи од поранешни години

ü Други вонредни расходи

Добивката – вториот дел

од структурата на вкупниот приход.

1. 3.

Добивка (поим,формирање,распределба)

Системот на добивка ја става добивката како основен финансиски показател за

успешноста на претпријатието.Нејзиното искажување претпоставува утврдување на

цена на чинење во која се опфатени сите елементи на производството.

Со воведување на овој систем се напушта економски нелогичниот редослед

на распределба заснован на системот на доход според кој:

Прво се надоместуваа материјалните трошоци и амортизацијата и се добиваше

категоријата доход:

VP – (MT+A) = D

Page 55: Економика 2 колоквиум

Остварениот доход се распределува за општите и заедничките потреби на

државата и делот од доходот што остануваше после тоа самостојно го

распоредуваше претпријатието за следниве намени:

За лични доходи на

работниците

За проширување и

унапредување на материјалната основа на трудот

За резерви и за

средства за заедничка потрошувачка

Системот за добивка ,за разлика од системот на доход, тргнува од

претпоставката дека при утврдување на резултатите на претпријатието,од вкупниот

приход треба да се надоместат трошоците на сите елементи на производство,а не

само трошоците на предметите и средствата за работа.Со тоа се овозможува реално

вреднување на сите фактори на производство.

По таа основа добивката се утврдува како разлика меѓу вкупните приходи и

вкупните расходи на претпријатието:

= VP – VR

=(DP+PF+VP) – (ROD+RF+VR)

Ако претпријатието вкупните расходи се поголеми од приходите ,тогаш

претпријатието има негативен финансиски резултат ,односно загуба (овие

претпријатија се санираат од државата):

Z=VP<VR

Загубата може да се покрие на еден од следниве начини:

Со дотации на

основачите на претпријатието или на други субјекти кои имаат интерес

претпријатието да опстане и да продолжи да работи

Со отпишување на

побарувањата на доверителите на претпријатието (кога тие имаат економски

интерес претпријатието да работи)

Page 56: Економика 2 колоквиум

Со намалување на

неноминираниот капитал,односно со употреба на средствата за резерви и

средствата за заедничка потрошувачка

Со намалување на

сопствениот капитал преку продажба на имот на претпријатието

Ако загубата на може да се покрие на овие начини,се покренува стечајна

постапка,и може да дојде до ликвидација на претпријатието.

Добивката е предмет на распределба ,со распределбата се определуваат

облиците на потрошувачка за кои таа ке се употреби.

Добивката се распределува со задоволување на :

Општата и заедничката

потрошувачка,со издвојување на дел од добивката за даноци и придонеси ( за

покривање на трошоци на државна управа и заедничко задоволување на

потреби)

Репродукциона

потрошувачка,преку издвојување на дел од добивката за акумулација

Личната потрошувачка ,со

издвојување на дел од добивката за плати од добивката и за заедничка

потрошувачка.

Значи остварената добивка се дели на:

v Даноци и придонеси(служат за за покривање на трошоци на државна управа и

заедничко задоволување на потреби).

Даночните стапки се различни за претпријатијата во различни дејности во

зависност од нивната акумулативност,така државата влијае врз насочување на

слободниот капитал и расвитокот на одделни дејности.

v Нето добивка – добивка по оданочување,се распределува за:

Акумулација

Дивиенда и други

надоместоци на вложувачите

Page 57: Економика 2 колоквиум

Резерва

Бруто плати на

вработените

Заедничка и друга

потрошувачка

Нераспределена добивка

Во распределбата на нето добивката се поставуваат следниве прашања:

ü Колкав дел да се издвои за акумулација

ü Колкав дел да се издвои за плаќања на сопствениците

ü Колкав дел да се издвои за вработените во претпријатието

Правилниот пристап во управување со резултатите се заснова на утврдување на

потеклото на добивката:ако таа е резултат на низа погодности кои ги користи

претпријатието,тогаш таа максимално треба да се насочи кон акумулација,ако пак

е резултат на трудот на вработените тогаш значаен дел од добивката треба да е

насочен за плати од добивка и средства за заедничка потрошувачка на

вработените.

ГЛАВА X

ЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА ФУНКЦИИТЕ

НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

I.

Општ поим за економиката на

функциите

Успешноста на работење на претпријатието зависи од успешноста на

функционирање на неговите делови.

При истражувањата на економиката на функциите на претпријатието особено е

значајно економиката на одделните функции да се разликува од самите функции

односно од техничката организација и политиката на било која функција во

претпријатието.

Тежиштето на економиката на одделните функции во претпријатието е во

нејзината успешност,мерена и изразена преку односот на остварените резултати и

направените трошоци на односната функција.Додека тежиштето на

Page 58: Економика 2 колоквиум

техниката,организацијата и политиката на секоја одделна функција е на создавање

услови за нејзино ефикасно дејствување.

Економиката на функциите опфаќа повеќе елементи:

1. Постојниот

третман на економиката на функциите -во рамките на економиката на

претпријатијата не е задоволителен.

2. Вкупните

трошоци на одделните функции – не се утврдуваат лесно (посебно

кај раководење и управување) затоа книговодствената евиденција треба да се

организира така што ке го осигури нивното издвојување.

3. Методологија на

утврдување на трошоците – се заснова на нивно опфаќање во цената

на чинење и се усогласува со методологијата за утврдување на вкупниот

приход,добивката и другите финансиски резултати.

4. Показатели

преку кои може да се мери и да се изразува економиката на функциите се

:

Вредносни

показатели:

Вкупен приход по

единица трошоци на односната функција=вкупен приход на претпријатието :

вкупни трошоци на одделната функција

Добивка по

единица трошоци на односната функција= добивка на претпријатиети : вкупни

трошоци на одделна функција

Процент на

трошоците на соодветната функција во вкупните трошоци на претпријатието =

(вкупните трошоци на одделната функција : вкупните трошоци на

претпријатието)*100

Page 59: Економика 2 колоквиум

Физички

(натурлани показатели):

Количина на

производи по еден вработен во функцијата= вкупна количина учиноци : број

вработени во одредена функција

Процентуално

учество на вработените во функција во вкупниот број вработени = ( број

вработени во одредена функција : вкупен број вработени во

претпријатието) *100

Овие и други показатели на економиката на функциите ни зборуваат за нивната

успешност ако ги следиме во временска и просторна димензија,и ако ги

споредуваме остварените големини со планираните.

II.Економика на управувањето

Економиката на функцијата управување е настојување за остварување на што

поповолен однос помеѓу вкупниот приход,добивката и сл. и вкупните трошоци на

управувањето.

Особено важни групи на трошоци на функцијата управување се

:

1. Трошоците за изработка

и донесување на општи акти

2. Трошоците за одржување

на состаноци на органите на управување

3. Трошоците за

известување на работниците

4. Платите на работниците

кои работат за органите на управување

5. Надоместоците за плати

на членовите на органите на управување,за време на отсуство од работа

заради учество во нивната работа ( на седници)

III.Економика на раководењето

Page 60: Економика 2 колоквиум

Економиката на раководната функција е особено значајна со оглед на задачите

на менаџерските кадри,како организатори и координатори на работните процеси.

Во рамките на раководната функција можат да се издвојат следниве

поважни трошоци:

1. Трошоци на

претпријатието за потребите на раководењето

2. Трошоци за туѓи услуѓи

(ПТТ)

3. Трошоци за службени

патувања на раководителите (дневници , превоз)

4. Трошоци за

репрезентација на потребите на раководителите

5. Трошоци за амортизација

кои отпаѓаат на раководителите

6. Плати на раководителите

Показатели на економиката на раководењето се:

1. Вредносни:

Однос меѓу вкупниот

приход и трошоците на раководењето

Однос меѓу вкупната

добивка и трошоците на раководењето

Однос меѓу трошоците на

раководењето и вкупните трошоци во одделни временски периоди и во споредба

со другите функции

Остварените резултати

може да се стават и во однос со одделните групи на трошоците на

Page 61: Економика 2 колоквиум

раководењето.

1. Натурални

показатели:

Однос помеѓу вкупната

количина производи со вкупниот број на раководители

Односот помеѓу вкупниот

број раководители со вкупниот број на работници

Вкупниот број на

работници во однос со вкупниот број раководители

IV.

Економика на финансиско-

сметководствената функција

Финансиско – сметководствената функција ги остварува своите задачи преку

извршување на одделни групи работи поврзани со :

Финансиска оператива –

обезбедува потребни финансиски средства за нормално одвивање на

работните процеси и најчесто ги опфака следниве активности:

Обезбедување на

финансиски средства

Навремено плаќање

на обврските

Навремена наплата

на побарувањата

Извршување на

работите во врска со ликвидација на документите и касата

Сметководство

Пресметка на плати

Page 62: Економика 2 колоквиум

Финансиска

контрола

Еконимиката на финансиско-сметководствената функција се согледува во

создавање на услови за почитување на одредени принципи кои треба да

осигураат економичност во користењето на средствата и примена на принципот на

ликвидноста.Тоа се:

Минимално ангажирање на

средствата и нивно најефикасно искористување

Обезбедување на

оптимални финансиски средства за нормален тек на процесот на

репродукција,со навремено плаќање на обврските и наплата на побарувањата

Сведување на

побарувањата на што помали износи со најкратки рокови и ликвидирање на

обврските во предвидените рокови

Побрзо вртење на

обртните средства

Наплата на затезна

камата,парични казни и сл.

Како најзначајни трошоци на финансиско – сметководствената функција (кои

треба да се намалат за поголема економија на оваа функција) се:

Платите,надоместоците на

платите и другите примања на вработените во оваа функција

Каматите на кредитите и

заемите

Затезните камати за

ненавремено плаќање на обврските

Платените пенали за

ненавремено плаќање на обврските

Page 63: Економика 2 колоквиум

Платените пенали за ненавремено

исполнување на задачите

Други трошоци на оваа

функција

Економиката на финансиско – сметководствената функција ја утврдуваме ако

овие трошоци ги ставиме во однос со:

Планираните трошоци на

оваа функција

Вкупните трошоци на

претпријатието

Вкупниот приход

Вкупната добивка

III.Економика на набавната функција

Економика на набавката во најширока смисла на зборот го опфаќа

стопанисувањето во областа на набавната дејност на претпријатието.

Од задачите на набавната функција произлегуваат и целите на економиката на

набавката ,кои можат да бидат:

Непосредна цел –

смалување на трошоците на набавната функција во однос на вредноста на

остварените учиноци, а со тоа оптимализирање на трошоците во однос на

учиноците.

Посредна цел – набавка

на средства и предмети за работа од добар квалитет,во потребната количина

и во право време,по економски оправдани цени,со правилен избор на

набавката и со што пониски трошоци.

Од набавката во голема мера зависат и трошоците на другите функции.

Трошоците на набавка настануваат и се поврзани со набавната функција,зависат

од видот и дејноста на претпријатието,од неговата организациска структура.

Page 64: Економика 2 колоквиум

Без разлика на организациониот облик на набавната функција најдобро е таа да

се формира и третира како пресметковна единица,со тоа се овозможува економска

анализа и контрола на трошоците на оваа функција.

Следењето на економиката на набавната функција се врши преку следниве

показатели:

(Остварени трошоци на

набавната функција*100): планирани трошоци на набавната функција

(Остварени учиноци (извршени

набавки)*100) : планирани учиноци (планирани набавки)

(Вкупни застои од

работењето*100) : застои предизвикани од набавната функција

(остварени цени на

набавката*100) : планирани цени на набавката

(остварена вредност на

набавката*100) : број на вработени во набавната функција

(вкупен број на

вработени во набавната функција *100) : вкупен број на вработени во

претпријатието

Со постојано следење на овие и други показатели се отвора простор за

утврдување на можностите за намалување на трошоците и зголемување на

резултатите на набавната функција.

VI.

Економика на производствената

функција

Содржината на производствената функција ја сочинуваат активностите поврзани

со:

1. Обликување на

производот (проектирање и конструирање)

2. Подготовка на

Page 65: Економика 2 колоквиум

производството (технолошка и оперативна)

3. Подготовка на работните

места

4. Непосредно извршување

на производството (изработка, преработка, доработка на производ)

5. Техничката контрола (

контрола на квантитетот,квалитетот, мерењето и испитувањето)

6. Одржување на средствата

Во однос на производствената функција (основна) останатите имаат улога на

помошни функции.

Економиката на производствената функција се состои во намалување на

трошоците на оваа функција во однос на количината и вредноста на остварените

учиноци.

Како најважни трошоци на производствената функција се следните:

Платите,надоместоците на

плати и други примања на вработените во производството

Трошоците за истражување

и развој на производите

Трошоците за проектирање

и конструкција на производите

Трошоците на техничка

подготовка на производите

Трошоците на

оперативната подготовка на производите

Трошоците на непосредна

изработка на производите

Другите трошоци на

Page 66: Економика 2 колоквиум

производството

Економиката на производствената функција се оценува и следни со следниве

показатели:

1. Натурални показатели:

(вкупна количина

учиноци*100) : број на вработени во производствената функција

(број на вработени во

производствената функција*100) : вкупен број на вработени во

претпријатието

1. Вредносни показатели:

(трошоци на

производствената функција*100) : вкупни трошоци на претпријатието

(остварени трошоци на

производствената функција*100) : планирани трошоци на производствената

функција

(добивка на

претпријатието*100) : трошоци на производствената функција

(вкупни плати во

производствената функција*100) : вкупни плати во претпријатието

Кај вредносните показатели економиката на производтвената функција расте ако

растат броителите во однос на именителите.

Вистинска оценка за достигнатото ниво на економика на оваа функција може да

се донесе само преку временско,просторно и планско споредување на пресметаните

показатели.

VII.

Page 67: Економика 2 колоквиум

Економика на продажната

функција

Економиката на продажбата го опфаќа стопанисувањето на подрачјето на

продажбата (извршување на основните задачи).

Од задачите на продажната функција произлегуваат целите на економиката на

продажбата,кои можат да бидат:

Непосредни цели – се

состои во намалување на трошоците на продажната функција во однос на

вредноста на остварените учиноци, заради оптимализација на трошоците во

однос на учиноците кои ги постигнува продажбата

Посредни цели и задачи

– задоволување на платежно способната побарувачка за производите на

претпријатието,во забрзување на процесот на продажба,во смалување на

ризикот при продажба.

Овие цели треба да се остваруваат со продажба на производи со добар

квалитет,во потребна количина,во право време , по економски оправдани цени,со

испорака на право место и со што пониски трошоци.

Потребна е соработка на продажната со другите функции.

Продажната функција треба да се организира како пресметковна единица.

Показатели на економика на продажната функција се:

(остварени трошоци на

продажната функција*100) : планирани трошоци на продажната функција

(Остварени учиноци на

продажната функција*100) : планирани учиноци на продажната функција

(остварени продажни цени *100)

: планирани продажни цени

(вкупни застои во

работењето*100) : застои предизвикани од продажната функција

(остварена вредност на

продажбата*100) : број на вработени во продажната функција

Page 68: Економика 2 колоквиум

(вкупен број на вработени

во продажната функција*100) : вкупен број вработени во претпријатието.