УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА* 1767 г. Co оваа моја доброволна и непринудна оставка долупот- пишаниот јавувам дека поради тоа што не ми е возможно да ги уредам и поправам потребите на Охридската архиепис- копија, коишто се јавија една по друга пред нас и во наши дни и им дадоа не мал повод на злосторниците да го напа- ѓаат името на Архиепископијата и да ги оштетуваат и нав- редуваат потчинетите на Охридската архиепископија мит- рополити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може инаку да се избави од нивните раце тамошната земја и сиот христи- јански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата - поради тоа имено се откажувам од Охридската архиепис- копија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија (којашто уште ја имам додека сум жив за своја прехрана и за задоволување на своите потреби). При таква согласност со моите собраќа свети архиереи се направи и оваа (моја) доброволна и непринудна оставка, којашто треба да се пос- тави во светиот кодекс на Великата Христова црква (и во оној на блажениот ерусалимски патријарх г.Партениј) 1767 г.јануари 16. Охридски Арсениј ветува. *Укинувањето на Охридската архиепископија станало по отстранувањето на ар- хиепископот Арсениј на 16 јануари 1767 г, кога тој бил принуден да даде отказ. Овде се дава во целост неговиот отказ од Архиепископијата. КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ, ОД „ОГЛЕДАЛО" 1816 г. Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо. Ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници. 5 5
124
Embed
УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА * 1767 · Великиј петок и велика суббота јадат и пијат, и великиј пост хора игаат,
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА
АРХИЕПИСКОПИЈА* 1767 г.
Co оваа моја доброволна и непринудна оставка долупот-пишаниот јавувам дека поради тоа што не ми е возможно да
ги уредам и поправам потребите на Охридската архиепис-
копија, коишто се јавија една по друга пред нас и во наши дни и им дадоа не мал повод на злосторниците да го напа-
ѓаат името на Архиепископијата и да ги оштетуваат и нав-
редуваат потчинетите на Охридската архиепископија мит-
рополити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може инаку да се избави од нивните раце тамошната земја и сиот христи-
јански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата
- поради тоа имено се откажувам од Охридската архиепис-
копија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија (којашто уште ја имам додека сум жив за своја прехрана и
за задоволување на своите потреби). При таква согласност
со моите собраќа свети архиереи се направи и оваа (моја)
доброволна и непринудна оставка, којашто треба да се пос-тави во светиот кодекс на Великата Христова црква (и во
оној на блажениот ерусалимски патријарх г.Партениј) 1767
г.јануари 16.
Охридски Арсениј ветува.
*Укинувањето на Охридската архиепископија станало по отстранувањето на ар-
хиепископот Арсениј на 16 јануари 1767 г, кога тој бил принуден да даде отказ. Овде
се дава во целост неговиот отказ од Архиепископијата.
КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ, ОД „ОГЛЕДАЛО" 1816 г.
Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и
кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села,
да чува Господ, дип грубо.
Ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници.
5 5
Великиј петок и велика суббота јадат и пијат, и великиј пост
хора игаат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет,
давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден при-
чештиа чекаат. А попот узел, осом села попуат, каде по
напред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит
свјатии тајн. А едни сиромаси христиани дури ги жалим заш-
то до само полдне чекаат попа, на сам царскиј великиј ден
гладнии стоат и чекаат попа да му донесет причесна и ви-
каат:"Се забави попот, тоа му било она му било!" Другиј пак
велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да се не за-
бават!" А еднии, чорбаџие што сат, мало позенгини, како
кметинке, пак тија велат: „He така. Да го тепамо, ќе не гло-
бит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да иде-
мо да потнесемо овен на агата или на пашата, да му аливе-
рисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа,
ако е подалеко со куќата." Пак другиј кмет велит за друго-
то тамо! Обај поп се забават, ама бре помало земат, ем ве-
ресие пеет, чекат за паре со години, а друиот поп со Турци
си земат хекот, ако му не платиш,,.
"Појавата на првите печатени книги на македонскиот јазик во почетокот на ми-натиот век е најважен настан во однос на остварувањето на стремежот да се поста-
ви писмениот јазик на народна основа. Тоа се текстовите на Кирил Пејчиновиќ и Јо-
аким Крчовски. Огледало на К.Пејчиновиќ е печатено во Будим 1816 г. Тоа, како и
другите негови книжевни дела, содржи се уште доста црковни елементи, но во осно-
вата на неговиот јазик е тетовскиот говор, измешан спорадично со елементи на цен-
тралните говори. Оваа одломка е од „Поучение свакому христиану како подобает
празновати празници господских и свјатих и како подобает причаститисја својатое
причештение".
ОТВОРАЊЕ НА ПРВОТО СВЕТОВНО НАРОДНО
УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА*
1837 г.
Јас во Велес отпрво деца кога заучив, почнав да ги учам:
ографија, Всеобштаја историја, Граматика со художнословие
и дијалектика, Црквена оправа (?), Толкование все свеште-
6 6
ноописание, Митологија итн. со ред, т.е. формално и сложно,
и почнаа нашите деца да напредуваат и плод да принесува-
ат и така мене сите наши граѓани ме извишија до небеси.
*Во Велес во 1837 г, во маалото Прцорек, на левата страна на реката Вардар, Јордан Хаџи Константинов Џинот го отворил првото световно училиште во Македо-
нија со настава на народен јазик.
ЗАПИС НА УЧИТЕЛОТ ЃОРЃИ МАКЕДОНСКИ
ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО* 1846 г.
Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш,
Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето сел-
ско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гро-
ша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и
мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет
машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од
татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме
Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф,
свјаштеник, а неговиот дедо Стоиман, свјаштеник. И ја пре-
карот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо
ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија. Ден Го-
лема Богородица на 1846 година.
Ѓорѓија Македонски.
* Учителот Ѓ. Македонски, родум од с.Радибуш (Кривопаланечко), по повод на стапувањето на учителската должност во родното с.Радибуш, го оставил овој запис
со фразата вообичаена за тоа време: „Да се знае" (Знано будет...)
ГРИГОР ПРЛИЧЕВ. ЗА УЧИТЕЛСТВУВАЊЕТО
НА ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ ВО ОХРИД
(ОД „АВТОБИОГРАФИЈАТА")* 1848 г.
Како за утеха на поминатите наши несреќи, Митре Ми-
ладинов дојде да учителствува во Охрид. Он се смести во
дедова ми куќа заедно со својата млада невеста. Меѓу де-
7
7
сетте учители што се изменија през моето ученикување во
Охрид, ниеден не им беше толку полезен на учениците кол-
ку Миладинов. Он во секоја постапка имаше нешто прив-
лечно. Речта му течеше од устата како мед. Свештен оган
му гореше во очите. Он знаеше дека треба да не учи на грч-
ки, инаку не можеше ни да се мисли.
Но тој еве како не учеше : донесе мода
******?Ф??????????итн. До негово време не знаевме речиси
ништо од аритметика. По негов совет ние, постарите учени-
ци, ги земавме огромните три тома од лексиконот на А.Га-
зи, се собиравме дома и го преведувавме Плутарха на но-
вогрчки. Боже мој! Колку широка беше тогаш нашата памет!
Миладинов не запозна и со италијанскиот јазик. За шест
месеци го преведовме целиот први том на Теламаха.
Испитите станаа какви што не беа станувале. Насекаде
се разнесе глас за цутењето на охридското училиште. Од
многу градови и паланки на Македонија и од најзападниот
дел на Албанија се стекоа ученици во Охрид да се учат при
Миладинова...
* Во оваа одломка од „Автобиографијата" Григор Прличев говори за учителству-
вањето на Димитрија Миладинов во Охрид во 1848 год.
ПИСМО ОД ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ ДО КУКУШАНИ *
24 октомври 1857 г.
Драги,
Co задоволство го прочитав вашето пријателско писмо, и
со голема радост разбрав за вашите благородни чувства
кон Словенството и за образованието на нашиот народ. Јас
скокам од радост кога го гледам вашиот стремеж и љубов
спрема нашиот мајчин јазик, и особено заради тоа што мно-
зина од младинците и свештениците решиле сесрдно да го
учат словенскиот јазик, та по неколку месеци да можат да
ја служат и божествената служба на стариот наш праде-
8
довски јазик...Согласен сум со вашиот предлог и во скоро
време ќе дојдам.
* Уште додека бил учител во Прилеп, Димитрија Миладинов бил поканет од ку-
кушките граѓани да дојде за учител во Кукуш. При ова кратко изложение присовокупуваме неколко народни песни на Македон-
ското наречие, кои в много отношенија се љубопитни.
КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ ДО ГЕОРГИ С. РАКОВСКИ*
8 јануари 1859 г.
Господине Г. С. Раковски! Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано
получихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љу-
бов кон отечеството ни. Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене
радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето бестраш-
но стремление кон општата полза, за Вашите трудови, кои
приносихте на жертвеникот от отечеството со драго срце. Узнаваештем Вашето жаление, за да се знакомите со
мак(едонското) наречие. Ви пуштам другиј перевод от об-
јавлението от „Парусат". Во „Болгарск. Книжици" ќе бидет
напечатени собст(в)енни мои песни, можит да е и мало па-тешествие во нилова пустина. Тие можат да ги прочитате.
Ја от Вашите сочиненија сум читал саде „Горскијт патник".
Бидете така добри да ме позарадвите со некое Ваше сочи-
нение, кога ќе издадите на печат; и ја от моја страна ќе се печаљам на општо можам да удовлетвора жалението Ви.
Чух че имате големо собрание от народни песни. Зашто
побрго не знакомите љубезнателите от нашата словеност?
Песните се драгоцениј клад от народните чувства и вира-женија, затоа секој Болгарин ќе Ви бидит сознателен
(=признателен). И ја имам многу макед(онски) песни, кои
сакам да ги издадам малко подоцкна, зашто сега не ми поз-
Сите Македончина на име Ви се кланает и Be благодар-
јат за љубовта Ви и попечението, кое имахте за них. Сите
шест заедно седиме на едно место и над ним имам свевоз-
можно попечение, за да успејат в науката поскоро.
*Се однесува до бугарскиот преродбеник и револуционер-демократ Георги Стој-
ков Раковски (1821-1867), познатиот автор на„Горски патник", кој со својот патриот-
ски патос и револуционерна романтика извршил силно влијание врз македонските
преродбеници, а во Русија водел грижа за младите Македонци што таму студирале.
ПРОТЕСТ НА ОХРИГАНИ ПРОТИВ ПОСТАВУВАЊЕ НА
ГРЧКИ ВЛАДИКА ВО ОХРИД*
7 мај 1860 г.
Кога се чу дека стигнал во епархијата на втор ден Велиг-
ден, стана едно општо собрание од сите охридски стареши-
ни и од блиските села по еден или двајца од секое, така што
се наполни митрополијата. Во тоа собрание се реши што да направат корисно во моментот за да се сврши нивната бор-
ба, т.е. да го истераат од епархијата, но престижот на В.
црква да не се навреди. Се реши, значи: прво да пратат во
селото каде што застана еден човек од името на сите да му рече на Мелетија од општинската страна дека не смее да
дојде во Охрид за да не настрада нешто ненадејно. Така се
испрати старешината охридски и му рече се што требаше.
Од тогаш Мелетија се запре дури до 9-ти овој месец; второ на собранието решија да протестираат против Мелетиевото
испраќање. И пред сите еден протест. Се напиша и се пот-
пишаа уште од епархијата и досега се потпишани 4000 или
5000 потписници, а бидејќи е епархијата растурена, до не-дела ќе се сврши и ќе се испрати во Цариград.
Господин Константин Робев и Стефан поп Димитров, за-
10
едно со К. Манчев, порано големи непријатели, сега сложни
и здружени, го зедоа в раце знамето и одат напред, а сите
жители од епархијата охридска, мало и големо, повеќе се-
ланите (зашто тие виделе и страдале повеќе маки од Ме-
летија кога беше протосингел и епископ на Дионисија) трчаа
по нив со голема сесрдност како овците по својот угич, за да
застанат под нивното знаме и оваа работа да се сврши. Си-
те им викаа сложно на гореспоменативе главатари: „Гледај-
те добро, ако не се сврши оваа работа, ако В. црква не ни го
даде пастирот за кого пишавме во молбата, ние сите ќе по-
латиниме..."
*Од 60-тите години наХ1Х век натаму во Македонија се крева силен бран од не-задоволство на народните маси против фанариотските владици и грчката Патријар-
шија. Тој се изразува во општо барање за добивање наши владици, воведување сло-
венска служба во црквите, народен јазик во училиштата и враќање на автокефал-
носта на Охридската архиепископија. Во првите редови на овие борби се наоѓал на-
родниот трибун и пламенен патриод Димитрија Миладинов од Струга. Оваа статија е
од него и е печатена во „Цариградски вестник".
ТОДОР КУСЕВ ЗА ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА"
28 јануари 1867 година
Битола, 28.01.1867 г.
Г-не Редакторе на „Македонија"
Вашиот весник со самото име го зачудува секого во Ма-
кедонија до таа мера, што секој трча да види што весник е
што го носи името на нашата земја... Весникот кај Грците и
гркоманите е дочекан со тага и бес, зашто тие секојпат во-
деле борба за погрчувањето на Македонците, уништувајќи
ја и Охридската архиепископија - „Искрата на нашата идни-
на". Но и колку да се мачеа да не сопрат да одиме напред,
не можеа да го скоренат чувството сосема Македонците да
не бидат Македонци.
Охрид само пред сто години беше столнина на Патријар-
шијата основана од Јустинијан, а едно време и светилник на
просветување на словенскиот век, но пак не остана назад,
11
зашто не го изгубил семето на славните свои прадедовци.
Досега тој ги испраќаше по цела Македонија, дури и во
соседните земји најопитните но да учат на туѓ јазик и туѓа
политика, а денеска не само што не престанува да праќа,
туку праќа за просвета на своите еднородни браќа и да ја
откриваат заблудата како едно време кога и самите тие
паднаа под заблуда. Ете денеска со задоволство како едно
време кога и самите тие паднаа под заблуда. Ете денеска
со задоволство гледаме како тие досегашни грчки учители
ја увиделе вистината и го просветуваат народот со голема
усрдност и неуморна грижа на нивниот мајчин јазик.
Денеска во Охрид заѕуни народниот глас во деновите на
пресветлиот Цар Султан нашиот татко, А. Азис. Самите до-
сегашни грчки учители, а особено г-дин Прличев, кој беше
крунисан во Атина, проповедуваше во грчки училишта за до-
сегашните наши заблуди. Секоја недела по црквите се пре-
несуваат трогателни говори за заблудата и досегашната бо-
лест под грцизмот и потребата таа сосема да се искорени за
да се види бел ден. Но чунки и многу им пречи владиката и
не ги остава да пеат на мајчин јазик и им ги затвора училиш-
тата, што е против редот на високите царски фермани и ги
гази сите нивни придобивки, гледајќи со четири очи, според
заповедта на Портата да не го испуштат некако од своите
раце и овој град, град што ги открива сите нивни мрачни де-
ла по црковното прашање. Сите решија еднодушно, мало и
големо, мажи и жени да ги испадат и да ги бараат своите
права, зашто има испратени многу жалби во Цариград.
He само во Охрид, денеска се разбудуваат и ги бараат
своите права и од цела Македонија. Сите гледаат да си от-
вораат училишта, да се воведе служба во црквите на ста-
рословенски јазик, да не ги оставаа училиштата и народни-
те работи во рацете на еден-двајца што дошле од друго
место кои по секој начин гледаат да спречат се што е на-
родно. Насекаде започнуваат да се воведуваат трговски
книги не на грчки туку на мајчин јазик. Мало и големо се ве-
сели под големата сенка на нашиот просветител цар С.А.
12
Азис, и се насладуваат на тоа дека си ја осознале својата
народност.
Т. Ив. Кусев „Македони-fc" (Цариград), бр. 1 (28 И 1867 година).
Македонско (Кресненско) востание (1878/79 г.)
ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИОТ
ВОСТАНИЧКИ КОМИТЕТ* 1878 г.
Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја
Македонија поради причини за егоистички цели од страна на
големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот
конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на
нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого.
Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот ја-
рем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме,
бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме ка-
ко поборници на слободата. Co нашата крв што ја пролеавме
низ полињата и горите македонски ние служиме, како маке-
донската војска на Александар Македонски, за слободата со
нашата девиза: „Слобода или смрт!"
Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем
број села од нашите востаници и вопијуштите потреби да се
воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востани-
ците, решивме да поднесеме едни правила од Македонски-
от востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се уп-
равуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободи-
ме целата наша татковина Македонија.
Целта на востанието во Македонија
1.Востанието во Македонија, кое сега е уште локално,
треба да се прошири низ цела Македонија.
2.Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија,
кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на
13
својата татковина.
З.Во востанието можат да учествуваат и сите македон-
ски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја
сакаат слободата.
4.Сите доброжелатели на Македонците од соседните и
подалечните земји можат да учествуваат во Македонското
востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанич-
ки комитет и искрено се залагаат за ослободување на Ма-
кедонија.
5.Им се дозволува на таканаречените Благотворителни
комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието,
меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на
парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од
секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однап-
ред определени места, за да се доставуваат на востанич-
киот терен; исто така и храната (да се доставува - б.р.) до
востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно
прехраната и облеката во оние места каде што селата и ку-
ќите се разорени ли ќе бидат разорени.
б.Се повикуваат доброволците надвор од Македонија -
кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љуби-
тел на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со
својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде
до местото каде што ќе се приклучи во редовите на воста-
ниците и ќе му се даде оружје и се што е нужно.
б.За мрзливците, крадците и арамолепците нема место
меѓу македонските востаници, како што нема место на
слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турски-
те башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото
беспокојство во народот. Такви доброволци не му се пот-
ребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од
каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси.
7.Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си
ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, блародно и
благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот
до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби.
14
8.Нашата цел на Македонското востание не е никаква
тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на
славните словенски просветители и учители св. Кирил и
Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа се-
кој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си пра-
ви своја сметка - за него нема место во востанието.
ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА (1880/1881)
ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА - „ЕДИНСТВО"*
21 мај 1880 г.
НоЗ
21 мај 1880 година
Гремен теке
До Неговото Превосходителство
Серускиот генерален конзул Н. Улјанов во Солун
Ваше Превосходителство, Од името на Привремената влада на Македонија Ви го
испраќаме ова протоколно решение на Националното соб-
рание на Македонија, со молба да го испратите до Н. В. Се-
рускиот Император Александар II. Се надеваме дека руска-
та влада ќе ги потпомогне праведните барања на македон-скиот народ и ќе помогне да се здобие со правдини слични
на останатите балкански народи.
Привремена влада на Македонија
Претседател:
Васил Симон
Членови:
1. Анастас Димитрович
2. Али Ефенди (Албанец)
15
МАНИФЕСТ НА ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА
HA МАКЕДОНИЈА* 23 март 1881 г.
Македонци,
Нашата мила татковина Македонија била некогаш една
од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, уди-
рајќи ги првите темели на воената вештина, со своите по-
беднички фаланги и Аристотеловата просвета, ги цивили-
зирал човештвото и Азија. Но таа некогаш толку славна на-
ша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради
нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и
сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да
ја уништат нашата народност која, светејќи со таков сјај, не
може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како неко-
ја вдовица: толку грозно ја напуштиле нејзините синови. He
го развева повеќе знамето што го носеа во триумф побед-
ничките македонски војски. Таа е денес само географски
поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да
бидат покриени со покривот на заборавот. Гробот и го иско-
пале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата зем-
ја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гро-
бари на големата и славна татковина; тоа се, исто така,
оние интриганти што бараат да ја издробат или поскоро да
направат да влезат во неа победничките трупи на Австро-
Унгарија. Co минувањето од еден јарем во друг, регенера-
цијата на Македонија нема да стане можна и нашата народ-
ност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се
работи за нејзиниот живот или смрт.
Вистински Македонци, верни деца на татковината!
Зар ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погле-
дајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги нап-
равиле околните народи. Погледајте ја и видете и ги нејзи-
ните тешки синџири што и ги произведува султанот. Наоѓај-
ќи се во ваквата немоќ и гледајќи ја целата расплакана, на-
ша мила Македонија, нашата драга татковина Be вика: вие
16
што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Алексан-
дра Велики сте мои наследници; вие во чиишто жили тече
македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете
ми. Каква тажна глетка за вас, вистински Македонци, ќе
биде ако станете очевидци на мојот погреб. He, не, еве ви ги
моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки синџири:
скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете се
на знамето што ќе го кренам да биде напишано: единстве-
на и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро,
истерајте ги од вашата земја овие убијци, кои го држат во
своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки
страсти, ве делат вас, мои деца, на безброј народности, по-
тоа собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш
единствен национален белег, дигнете го високо и подготве-
те го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно:
Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!
Постои гласот на нашата татковина, постои слободата,
тоа скапо наследство на народите. Да ги прогласите овие
зборови, тоа значи да ви ракоплескаат слободоумните лу-
ѓе, тоа значи да ги повикате благородните срца да побрза-
ат да дојдат да се бијат за да ви помогнат да ја добиете таа
света слобода која од многу векови побегнала од нашата
драга татковина.
Македонци, сетете се за нашето потекло и немојте да го
откажувате!
Ќустендил, 11/23 март 1881 година.
Верно на оригиналот.
Доспат, 18/30 април 1881 г.
Претседател,
Васил Чомо* (Васил Чомо го среќаваме и како Васил Си-
мон.
Секретар, Никола Трајков
17
ПРОГЛАСОТ НА СИЛАГОСОТ „МАКЕДОНИЈА
HA МАКЕДОНЦИТЕ"* 15 април 1891(?)
До македонските народи!
Нашата татковина Македонија била некогаш една од
најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите те-
мели на овената вештина. Co победничките фаланги на
Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета
во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечки-
от род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во
опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние
Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите
народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја пот-
чинат нашата голема народност, која во минатото во своја-
та самостојност така светела.
Вистински Македонци!
Нашата татковина е станата сираче. Нејзиното побед-
ничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не
постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува
во картата името на Македонија како некој спомен, а нејзи-
ните победнички гревови лежат во големите гробишта на
заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние што
веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, засипу-
вајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие
органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие
работат за нејзиното раздробување и со месните расправии
готват терен за напливот на туѓа војска во нашата таткови-
на. Настапија критични дни за опстанокот на Македонија.
Се решава нејзиниот живот или смрт. Јунаци македонски!
Зар ќе останете додека сте уште живи да се закопа ваша-
та убава татковина? Погледнете ја разранета од отровните
стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја рас-
черечат. Во таквата очајна положба нашата драга мајка
18
Македонија гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика:
Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште
тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на
македонската народност. He верувајте им веќе на интриги-
те на соседните народи коишто работат само за мојата про-
паст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или ев-
рејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Му-
хамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за ста-
решини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца
од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ колнеј-
ќи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар
не ќе се засрамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријате-
ли? Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб,
а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете,
ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го ви-
јат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш ис-
терајте ги од својата предедовска земја сите интриганти
што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на
разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како
единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот
македонски народ! Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос „Македонија на
Македонците" на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македо-
нија. Во Цариград, 15.04.1891 год. Централен силогос В. Ѓорѓевиќ, Србија и Грчка. Београд, 1923, стр. 94-96.
19
НАЦИОНАЛНО-ПОЛИТИЧКИ ПРОЈАВИ И БАРАЊА
ЃОРЃИ ПУЛЕВСКИ, РЕЧНИК ОД ТРИ ЈАЗИКА (Извод)*
1875 г.
С Македонски
Пи.
А славјанскијод јазик аљи је секаде еднаков, иљи не, ка-
жи ми со ред?
Од. Славјанскијод јазик имал пет разљики. Пи.
Који се тије разљики, кажи ми со ред?
Од.
Тије се руски, хрватски, бошњачки, бугарски и македон-
ски.
Пи.
Који јазици с наљик еден со другијод од напред речените?
Од.
Рускијод и бугарскијод наибљизу се.
А хрватскијод и бошњачкијод и македонскијод наибљизу се.
Пи.
А македонскијод јазик, кога је бљизу со бошњачкијод, зашто се именувад с. македонски? - Дека с македонскијод
јазик је најсроден со церквенославјанските књиги, и тоа је старославјенски.
ИИ.
Одг.
Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборува-јед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; ти-
је људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се
вељид отечество од тои народ.
Така и Македонциве се народ и местово њивно је Маке-донија.
Пи.
20
Што требувад за да се управувад и да се крепид еден народ? Од. Треба да имајед цар и управљеније царско.
Речник од три језика. С македонски, арбански и турски. Књига II. Написао Ѓорѓе М. Пуљевски. У Београд,
РЕЧ НА ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОВСКИ*
18 јули 1888 г.
Реч одржана на 18 јули 1888 година на паробродот „Ри-
цар" насред реката Днепар во градот Киев, Русија, од Иса-
ија Радев Мажовски од село Лазарополе, Дебарско - Маке-
донија.
Многупочитувани господа и словенски браќа, Дознавме во
нашиот крај во Македонија, во Дебар и Ки-чево, за
големиот радосен настан - 900-годишнината од
покрстувањето на братскиот руски народ од големиот руски
кнез св. Владимир и се подготвивме неколкумина од нас да
дојдеме во словенската голема Русија за да присуствуваме
на овој свечен голем руски празник, но за голема жал не
можеме да добиеме паспорти за Русија. Но јас се осмелив и
решив да дојдам сам и народот ќе ме испрати со солзи на
очи, сожалувајќи дека повеќе луѓе не можат да дојдат во
Русија. Јас решив, повторувам, и тргнав ноќно време и цели
30 дена одев, криејќи се од прогонувањето на Турците, и
најсетне успеав да дојдам во славна словенска голема Ру-
сија. И многу повидни од мене лица од словенска Македо-
нија имаа желба да дојдат во голема братска Русија и да
присуствуваат на свечениот празник на 900-годишнина од
покрстувањето на рускиот голем братски народ, кој е на-
дежта на сите поробени словенски народи, но не смееја и се
плашеа да дојдат, зашто добро знаеја дека ќе бидат фате-
ни и испратени во азиските пустињи.
21
Многупочитувани господа,
Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500
години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар
Филип и цар Александар бил чист Словен,* не повеќе од 500
години поминаа откако Македонија и македонскиот стар
словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот
турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме,
но никој не сака да не чуе, дури и самите наши браќа ни
пречат.
Браќа руски Словени,
Ние кутрите турски робови, македонските Словени, де-
ноноќно го молиме севишниот Господ и нашиот спасител
Исус Христос да му даде здравје и долг живот на Негово ве-
личество рускиот император - единствениот силен заштит-
ник на сите словенски народи, ние го молиме Бога да му да-
де здравје и долговечност на целото руско возвишено цар-
ско семејство, ние го молиме Бога да му даде живот и
здравје на целиот руски православен народ, ние несреќни-
те сакаме да задува рускиот силен ветар и да ги распрсне
темните и мрачни облаци со кои е обвиена поробена Маке-
донија. Ние го молиме Бога да им подари сила и крепкост на
руските храбри орли, да летнат во воздух и ја покријат це-
ла Македонија, да ги претераат лутите змии и беспоштед-
ните ѕверови, за да ги скршат вековните тешки железни
пранги, да ја ослободат вековната турска робинка Македо-
нија.
Да живее велика и силна Русија! Нека сјае руската злат-
на круна како сонцето на небото во веки веков амин!
КОСТА ШАХОВ „ПОКАНА"
21 октомври 1888 г.
При се што сме 2.000.000 луѓе, пак немаме, барем овде,
во слободна земја, еден каков и да е весник, кој ќе не држи
во текот на работите што се случуваат околу нас и за нас; и
22
кој ке ни служи за да ги изразиме нашите народни искажу-
вања и мисли... Денеска печатот е посилен од топот и со He-
ro се служат скоро сите народи на светот, освен нас. Co тоа
ние самите се претставуваме пред очите на образованиот
свет нешто како народ... На крајот, ние Македонците, како
сме едни под двојно и тројно ропство, а други прснати по
разни страни, сепак не смееме да си ја заборавиме татко-
вината и сме должни да работиме за подобрување на нејзи-
ната положба; Зашто како народ ќе бидеме одговорни пред
нашето потомство ако и при толку неволји во својот живот
мине времето безработно, без борба за слободен живот,
бидејќи нашите господари не сакаат да се грижат за олес-
нување на нашиот живот.
Побудени од сето тоа, иако со слаби сили, го започнува-
ме издавањето на весникот „Македонија" со цел и барање
да се подобри положбата на Македонија. Весников „Маке-
донија" ќе биде далеку од секакви партиски интриги и ќе
води независна политика по македонското прашање. Стра-
ниците ќе бидат слободни за секој родољубец само ако се
пишувани во духот на времето и целта... Задачата на в.
„Македонија" е да се бори за духовното и културното изди-
гање на Македонците. „Македонии" Русе Ред. отг. К. Шахов, Год. 1, бр. 1, (21.10.1888 година)
МОЛБА НА ОХРИДСКОТО ГРАЃАНСТВО ЗА
ОБНОВА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА*
1890 г.
До Неговата Светост Великиот Патријарх во Цариград,
Ние верните поданици на Неговото Величество царот
Султан Абдул Хамид I од долго време немаме црковна сло-
бода, а од 1872 година станавме уште повеќе заблудено
стадо, зашто дојдовме под Бугарска егзархија, заблудени
од бугарската пропаганда. Така и ние станавме шизматици.
Ние, Словените од Македонија, од секогаш сме имале
23
своја црква, Охридска архиепископија, која имаше седиште
во нашиот град. Денес ние би сакале одново да си ја врати-
ме и така живееме во слога со Великата црква. Бидејќи нам ни е потребно Вашето свето благоволение
по однос на нашата словенска црква во Македонија, пора-
ди тоа Be молиме, макар и да сме измамени од страна на
Бугарите, да ни простите, бидејќи сте благ Христов служи-тел и да ни ја обновите нашата црква.
Покрај тоа што Бугарите не измамија и излагаа, тие ни го
отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи и
ја менуваат и сета наша лика и прилика. Ние тоа не може-ме повеќе да трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат
нас и гробовите на нашите предеди.
Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме сло-
венски општини во Македонија, и сочинуваме самостоен народ. Како такви, ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта.
Ние си најдовме и наши учители, кои ги плаќаме и издржуваме.
Како такви, ние Be молиме, Ваша Светост, да бидете
наш толкувач и пред Отоманската порта, да ни издејству-вате како на Словени-православни секаква наклоност, ка-
ко и дозвола за обнова на Охридската архиепископија, доз-
вола за наши училишта во кои нашите деца ќе учат на сво-
јот мајчин јазик и ќе се воспитуваат во духот на својата пра-вославна вера и црква.
Ви ја целиваме Вашата св. Десница.
Ваши духовни чеда. (Следуваат 120 потписи на охриѓани.) ДА ДСИП - Београд - ППО, Ф. 7, д. 6, п.бр. 962, 1890.
ПРОГРАМСКИ ПРИНЦИПИ НА МЛАДАТА МАКЕДОНСКА
КНИЖОВНА ДРУЖИНА*
Јануари 1892 г.
Поминаа цели 54 години откако покојниот Македонец Барон Костадин Бели го упатил од Виена горниот повик
24
„Кон своите еднородци Македонци" во кој е излеана сета
негова душа, срце и нерви. Жално е дека неговите патриот-
ски совети, засновани врз вечни вистински принципи досе-га не биле чуени од оние на кои им се тие упатени. Напиша-
ни на грчки јазик, тие можеле да се користат само од Грци-
те. Но за тоа никој не смее да го обвинува покојниот Барон:
тогаш нашата татковина беше покриена со дебел мрак, на-шиот народен јазик задушен, во нашите училишта и цркви
се читало и поело на грчки, - и Костадин Бели се служи со
богат доминантен грчки јазик.
Да, нашиот сонародник ни наспомнува за еден најсвет долг. И навистина, што е посреќно, што е поблагородно од
тоа - да и служиш и да работиш за татковината, за општо-
народно добро, од кое зависи и личната наша среќа?
Надвор од татковината, отфрлен од народот, човекот е најнесреќен, и тоа ако сака да биде облеан во злато. Наро-
дот, татковината, општеството се нешто, човекот е едини-
ца - ништо...
Зборовите на нашиот сонародник се прекрасен доказ за тоа.
Претрупан со богатства, кои му придобиле почести и ба-
ронска титула во престолнината на Австрија, нашиот сона-
родник се чувствува незадоволен, нему му недостига многу нешто.
Но, и покрај ова незадоволство, тој не извикува како Со-
ломон: „Суета на суетите!", ами вика од далечната туѓина:
татковина, народе! Така човекот има потреба од татковината и од народот,
но и татковината има потреба од човекот; денес татковина-
та има потреба од нас.
Само еден поглед е доволен за да се видат очајничките потреби на нашата татковина. Благодарение на последните
политички настани на нашиот Полуостров и географската
положба на Македонија, денеска таму се собрале севоз-
можни надворешни елементи кои, воодушевени од своите за нашата иднина разурнувачки планови и интереси, сло-
25
бодно и со трескава енергија го засолуват антагонизмот, кој
и без тоа постои во земјата. Само еден силен отпор од на-
ша страна може да не зачува од грабливите посегнувања. Но, во денешнава состојба ние не можеме да извршиме
слично дело; за тоа нам ни се потребни сили, а нашите се
разнишани, раздробени. Значи, треба да се обединиме, да
ги собереме во една општа, моќна сила - народна сила, ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина.
Тоа треба да биде стремежот на секој чувствителен Ма-
кедонец, каде и да се наоѓа тој. Младата македонска
книж.(овна) дружина ја има предвид токму оваа цел. Видно е дека таа претензија е многу голема. И навистина, таа мно-
гу ги надминува силите со кои засега располага Дружината.
Но во истото време Дружината верува дека таа нема да би-
де за долго време изолирана од патриотите. За постигнување на таа цел "Дружината" ја издава своја-
та "Лоза".
Им остава на оние што се интересираат да се притечат
со морална и материјална поддршка, со кое, меѓу другото, ќе поттикнат и еден книжевен зафат.
ПЕТАР ПОПАРСОВ „СТАМБОЛОВШТИНАТА
ВО МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ
ПРЕТСТАВНИЦИ" (ИЗВОДИ)* 1894 г.
... Одземете му го на човека полето на дејствување - тој
е веќе мртов: така и нашата "љубезна" Егзархија со своите
два оддела, стремејќи се на нашите општини да им го одзе-
ме благородното поле за работа, преку својот авторитет,
сака да ги умртви, да ги убие! ... На помош, сите чесни Ма-
кедонци! Дојдете да ги спасиме умирачките општини во Ма-
кедонија, со што сакаат да не претворат во мртов труп за да
си играат со нас, како што сакаат божемните наши браќа!...
Ох, грозно! ... Грозно е братоубиството! ...
Нашите вековни господари никогаш не задирале во на-
26
шето општинско самоуправување: макар и под грчки влади-
ци, нашиот народ во општините бил слободен во издржува-
њето и уредувањето на училиштата, црквите, манастирите
и други народно-општествени прашања; тука, во тоа свето
гнездо, народот се воспитувал во општественост, во хума-
низам и на својот дух му давал повозвишен елан, престану-
вајќи да се грижи само за својата лична егзистенција; тука,
во тој единствен наш парламент, се чувал и зајакнувал ста-
риот словенски демократски дух на нашиот народ - основа-
та на патријархалниот словенски совет.
И точно таа наша општина - единствена народна устано-
ва што ја зачувала нашата национална и човечка физионо-
мија низ петстотинигодишниот период, Егзархијата со се-
какви средства сака да ја претвори во нула, да ја задуши,
да го задуши народниот дух!!!...
Може ли да има поголемо злосторство од тоа?
- Кој ти ги извади очите?
- Брати ми.
- Затоа толку длабоко ти ги извртел!
Токму таква е нашата положба: ни даваат пари за да не
убијат... По врага со тие пари, ако убивајќи ги нашите оп-
штини ... им натрапуваат севозможни претседатели, дирек-
тори, учители и други, за да ги контролирале (?!) сумите -
единствениот мотив на бугарската пропаганда!... Да, бугар-
ската пропаганда!
Најважните служби Егзархијата им ги доверува на Буга-
жа, Анте Трумбиќ и др. Апелот го објавил само весникот "Борба,,
СУДСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗБОРУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ
ЈАЗИК ВО КРАЛСТВОТО ГРЦИЈА
24 април 1939 г.
Јавниот обвинител во село Долно Котори во врска со члено-
вите 143-145 од Кривичниот закон го повикува Георги И. Митри,
жител на село Нерет, лично да се јави во судот на 15 мај 1939
година, понеделник, во 9 часот пред пладне да му се суди како
обвинет, затоа што на 19 февруари оваа година во селото Нерет
бил фатен од органите на полицијата да зборува со други лица на
јазик што останатите не го познаваат (словенски) и да пеел на ис-
тиот јазик.
Бидејќи е повреден чл. 697 од Кривичниот закон и согласно
со полициската наредба 15/36, ако истиот лично не се јави, ќе му
се суди во отсуство.
Нерет 24, IV 1939 год, Јавен обвинител
79
ПЕТИЦИЈА НА БАЛКАНСКИОТ КОМИТЕТ ДО ЧЛЕНОВИТЕ
НА ДРУШТВОТО НА НАРОДИТЕ ЗА ЖЕЛБИТЕ
НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КРАЛСТВОТО HA CXC
10 јули 1928 г.
Балканскиот комитет, вдахнат со непристрасен интерес за
доброто на балканските држави, учтиво му обрнува внимание на
Советот на Друштвото на народите на извесна желба на македон-
ското население од оној дел на Македонија и пограничната тери-
торија која се наоѓа под суверенитетот на Кралството на Србите,
Хрватите и Словенците.
...Фактите зборуваат дека жалбите на македонските Словени и
на другите малцинства што живеат на тој дел на територијата се
сосема основани поради што ние го молиме Советот на Друш-
твото на народите под закрилата на Друштвото на народите да
формира една Анкетна комисија која ќе ги испита условите под
кои македонските Словени и останатите малцинства се принуде-
ни да живеат, жалбите што тие ги изразуваат како и правата стек-
нати врз основа на Договорот за малцинствата потпишан од Ју-
гославија и главните Сојузнички сили на 10 септември 1919 годи-
на.
Ние би сакале исто така Анкетната комисија на Друштвото на
народите да се повика да предложи мерки што би можеле да се
преземат заради примената на погоре споменатите договори,
особено во поглед на поставувањето на народни учители во учи-
лиштата и народни свештеници во црквите, со што вистински би
се отстраниле жалбите што се чувствуваат на оваа територија, a
што во исто време би било од голема полза за југословенската
држава, бидејќи на тој начин би се отстранил најхроничниот извор
на судирања во нејзината администрација.
Приклучените изводи (1-5) покажуваат дека најмалку 5 од нај-
важните одредби од гореспоменатиот Малцински договор не би-
ле почитувани од државата на CXC. Co желба да придонесеме за
искрена соработка меѓу балканските народи, со доверба се об-
раќаме кон Советот на Друштвото на народите да обрне искре-
80
но и благонаклонето внимание на оваа петиција што имаме чест
да му ја поднесеме.
Потпишани:
Ноел Бакстон, претседател;
Едвард Боил, претседател;
Хенри В. Невинсон,потпретседател,
Ајрин Тувеј, секретар.
ФРАНЦУСКИОТ СЛАВИСТ АНДРЕ ВАЈАН
ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК 1938 г.
...Поимот на „словенскиот македонски" е нејасен само за оној
што тоа го сака. Словенскиот македонски претставува реалност
во таква мера што во XIX век суштествувал еден македонски ли-
тературен јазик, јазик на сосема мала учена литература, но на
обилна народна литература; и не се работи само за документи на
фолклорот какви што можат да се соберат сегде: лирската маке-
донска песна, многу ценета во Србија и во Бугарија, претставува
еден автентичен литературен жанр, со реална вредност. Овој ли-
тературен јазик, базиран врз говори што природно се разликува-
ат малку меѓу себе, немаше време да се унифицира. Меѓутоа не-
гови центри беа Скопје, Тетово, Охрид, Битола (Манастир), Во-
ден, итн.
A.Vaillarrr, Le probleme du slave macedonien-BulleTin de
la socieie de NnguisTique de Paris, T.39, 2 (Numero
116), Paris 1938, p. 195
МАНИФЕСТ HA ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКА
РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (ОБЕДИНЕТА)
бмај 1924 г. МАНИФЕСТ
кон македонскиот народ, кон организираното револуционер-но
население во Македонија и кон македонските револуционери
Браќа Македонци! Македонија во своите природни географски
граници меѓу ре-
81
ката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охрид-
ско Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Mope,
со едно пространство од 65.000 кв. километри, пресечена од ре-
ките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарено со нај-
разнообразни природни богатства и благопријатни климатски ус-
лови: со своето население од 2.302.000 души, разнообразно по
својот етнографски состав, со својата централна економска и
стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Ду-
нав, Егејското и Јадранското Mope ги има сите услови и права за
самостојно политичко постоење како независна држава којашто
се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, по-
литичка и економска алка меѓу народите и државите на Балкан-
скиот Полуостров.
Вековните борби на македонското население против господс-
твото над неговата територија од страна на едно племе и тирани-
јата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Ма-
кедонија; отпорот го покажа тоа спрема денационализаторската
политика на државите што ја владееле Македонија или граничеле
со неа; учеството на македонското население во сите востанија
и револуционерни движења; содејството што непрекинливо, во
сите војни на Балканот, им го даваше на земјите што се јавуваа
да се борат во името на ослободувањето и самоопределување-
то на балканските народи, е најочигледниот доказ за правата и
свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политич-
ка единица на Балканот.
Тргнувајќи од таа свест и опирајќи се врз неа, Внатрешната
македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на це-
ли десетлетија, води најрешителна револуционерна борба за ос-
лободувањето на Македонија. Таа борба, во зависност од соод-
носот на факторите во меѓународната и балканската политика и
етнографскиот состав што преовладува во организацијата, поста-
вуваше различни тактички задачи и користеше различни средства.
Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободител-
ните стремежи на великите европски сили и малите балкански др-
жави спрема Македонија, беше ги управил своите погледи кон
нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интеграци-
82
ја. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја деј-
ност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до
ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното вни-
мание, да го предизвика нивното мешање, да го искористи нат-
преварувањето на нивната политика и по тој начин да ја истргне
слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слобод-
на Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охраб-
рувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската рево-
луционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единич-
ните и делумните удари, било против владејачката власт, било
против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинден-
ското востание, најголемото и најмасовно движење, не можеше
да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку има-
ше цел да му го наложи на општоевропското јавно мислење и на
меѓународната дипломатија разрешувањето на македонското
прашање.
За една вистинска револуционерна акција во голем масовен
македонски или балкански размер којашто би сметала на себе за
извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да
стане.
Резултатите од европската интервенција по Илинденското вос-
тание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го
заздрават и закрепнат турското владеење на Македонија отколку
да ја родат нејзината слобода, го разочараа македонскиот народ.
Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којаш-
то, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански др-
жави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена
интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Ма-
кедонија во Букурешт 1913 год., a no неа и општоевропската вој-
на, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело
на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја оп-
кружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во
ослободителната мисија на интервенционистичката политика на
големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот
(1878. г.), Букурешкиот (1913 г.) и Париските мировни договори
од 1919 год. го убедија и најпоследниот неверен Тома дека како
83
големите, така и малите европски држави спроведуваат своја
егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Ма-
кедонија може да биде само разменска монета.
Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководе-
ни од влади што ја поддржуваат завојувачката и империјалистич-
ката политика на тие договори или, со други зборови, додека кај
нив не се установат влади што ја базираат својата надворешна и
внатрешна политика врз вистинското самоуправување на народи-
те, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за
својата слобода.
Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до
цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна
борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на
крајно прогресивно-револуционерните движења во Европа, кои
се борат против империјалистичката политика на своите влади,
против постојните мировни договори и за вистинско самоопреде-
лување на своите и туѓи народи.
Ете зошто ВМРО изјавува дека во интерес на македонската
слобода ќе им ја даде сета своја поткрепа само на оние што на
балканска почва се борат против завојувачката политика на ев-
ропскиот империјализам, спроведувана било директно било пре-
ку владите на балканските држави.
Но, владите на балканските држави не се само орудија на ев-
ропскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена на-
ционалистичка, завојувачка политика. Благодарејќи на таа
општоевропска империјалистичка и општобалканска националис-
тичка завојувачка политика, Македонија, истоштена од петвеков-
ното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена
и разделена помеѓу трите балкански држави: Србија, Грција и Бу-
гарија.
Ниедна од владите на балканските држави не мисли за осло-
бодувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македо-
нија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределува-
њето на македонскиот народ во самостојна политичка единица;
ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде
правата предвидени во договорите што им го осигуруваат култур-
84
ниот развиток како национални малцинства. Поради тоа ВМРО е
принудена да изјави дека политиката на сите балкански влади е
непријателска за слободното и самостојно политичко постоење
на Македонија и дека таа најрешително и со сите средства на ре-
волуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка по-
литика спрема Македонија и македонскиот народ.
За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО
изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внат-
решната и надворешната политика на балканските држави и осо-
бено на Србија, Грција и Бугарија, кои владеат цели делови од те-
риторијата на населението на Македонија.
По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за
враќање на монархијата-најјаркиот израз на ултраимперијалистич-
ката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја поддр-
жува денешната делба на Македонија, го денационализира насе-
лението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот ет-
нографски состав, протерувајќи го домородното население и за-
менувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија.
По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори про-
тив сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат
денешната српска политика на насилнички централизам, денацио-
нализација и угнетување не само на македонскиот народ туку и на
народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово,
Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа по-
литика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон но-
ви заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска
и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните нацио-
нални борби во Југославија таа решително застанува на страната
на сите угнетени народности што ќе се борат против белградски-
те влади за демократска децентрализација и федеративна реор-
ганизација на Југославија.
По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека, и покрај сите жрт-
ви што бугарскиот народ ги давал е и готов да ги даде за слобо-
дата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на
Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ,
води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една
85
политика јавно србофилска, која не само што ја овековечува дел-
бата на Македонија туку подготвува нови територијални прекроју-
вања на Балканот за сметка на Македонија. ВМРО ги предупреду-
ва народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека бу-
гарската држава, опрена врз своите договори со некои европски
држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се готви да ја
рашири својата завојувачка политика накај Солун, терајќи ја со-
фиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја дека во противен слу-
чај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил.
И владата на Цанков е, изгледа, соблазнета од тие империја-
листички перспективи, потшепнувани од белградските сирени.
Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната македонска револуци-
онерна организација и македонското револуционерно движење,
кои се најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни на-
мери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува гра-
ѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафа-
тила со уништувањето на ВМРО.
Затворањето на неколку стотини Македонци во Бугарија, под
сомневање дека учествувале или соучествувале во македонско-
то ослободително движење; забранувањето на сите легални пе-
чатни органи на македонската емиграција во Бугарија кои го бра-
нат ослободителното дело на Македонија; готовноста на софиска-
та влада да посегне и по највидните дејци на македонското осло-
бодително движење за да ги затвори и предаде на Србија, оче-
видно како искупителна жртва на новиот курс на српската и бу-
гарската завојувачка политика, се најпоследните и силни докази
за престапната политика на софиската влада.
...Зацврстувајќи го во општи линии својот однос кон државни-
те фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО из-
јавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револу-
ционерната борба:
1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите дело-
ви на Македонија во една наполно независна и самостојна поли-
тичка единица, во нејзините природни географски и етнографски
граници;
2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкан-
86
ски држави и нивното сојузување во една балканска федерација,
која единствено може да го гарантира политичкото постоење на
независна Македонија и независноста на другите балкански наро-
ди; да ги задоволи економските и културните интереси на сите
балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански
мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на бал-
канските и империјалистичките стремежи на големите европски
држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на
сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на
сите етнички малцинства.
ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македони-
ја и Балканска федерација смета, пред се, на обединетите рево-
луционерни сили на целото македонско население, без разлика
на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна со-
работка со револуционерните сили на трудбеничките маси во
другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ос-
лободителна револуционерна борба зависи од меѓународната по-
ложба, ВМРО смета, пред се, на моралната и материјалната пот-
крепа од прогресивнореволуционерните движења во европските
држави, кои се борат против империјалистичката политика на нив-
ните влади, против создадените империјалистички мировни дого-
вори и за полното и вистинското самоуправување на народите.
На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја
очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската
федерација преку интервенција на балканските шовинистички и
европски империјалистички влади.
Таа изјавува дека оние држави и влади можат да претендира-
ат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на бал-
канските народи кои со својата сопствена политика даваат довол-
но докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за
слободно самоуправување на народите. Сите други се непријате-
ли на македонската слобода и против нивната политика на Балка-
нот ВМРО ќе води најрешителна борба.
ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа
исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противреч-
ја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предиз-
87
викаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балкан-
ска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуци-
онерна борба за ослободување и самоуправување на народите е
неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите др-
жави.
ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која
Балканот ја изигра во избувнувањето на општоевропската војна
во 1914-1918 година. Таа им обрнува внимание на сите Македон-
ци и балкански револуционери дека и во идните борби, кои бргу
се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и по-
решителна улога, доволно е само револуционерните усилби на
сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети
под знамето на македонската слобода и независност, под знаме-
то на својата сопствена слобода и независност и најпосле под
знамето на Балканската федерација.
И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и
независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за
брзото формирање на еден единствен македонски револуционе-
рен фронт кој ќе послужи за образувањето на единствен балкан-
ски револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите
анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите
и туѓи народи.
За да ги даде сите докази дека ја насочува својата дејност по
тој пат, ВМРО изјавува најсвечено дека ги прекинува сите потери
и ги укинува сите егзекутивни мерки и наредби против одделните
македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено
ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во
духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под
знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на
Балканската федерација.
Co тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за созда-
вањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во ско-
ро време на еден обединувачки конгрес на целото македонско
револуционерно движење на кој, со усилбите на сите искрени ма-
кедонски револуционери, ќе се создаде единствениот македон-
ски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот бал-
88
кански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прог-
ресивнореволуционерни движења на Балканот и во Европа, ќе ја
извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи
создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на
Балканот за да го потпомогне воспоставувањето на мирот во це-
ла Европа.
Сите напред во редовите на револуционерната македонска
борба!
Да живее единствениот македонски револуционерен фронт!
Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!
Да живее обединета и независна Македонија!
Да живее Балканската федерација!
Виена, 6 мај 1924 година За ВМРО Централен комитет
А. Протогеров РЧаулев
За Т.Александров и по негово
полномошно потпишувале:
П.Чаулев
А.Протогеров
БИСТРИШКИ, "30ШТ0 НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ
СМЕ ОДДЕЛНА НАЦИЈА,,
Декември 1934 г. *
Одговорот на тоа прашање е пред се од огромно политичко
значење. Познато е дека како бугарскиот, така и српскиот и грч-
киот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската
нација. Според првиот, Македонците се "најдобриот дел од бу-
гарската нација,, Според вториот, Македонците се "чисти Срби,, a
според третиот, Македонците се "словеногласни Елини,, Така, се-
кој од тие наши поробувачи го "оправдува,, задржувањето под
свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и
истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела
Македонија.
За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да пока-
89
жеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја поп-
речиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна
борба за извојување на правото на самоопределување на маке-
донскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српска-
та и грчката империјалистичка држава и неговото обединување
во самостојна независна република на работниот македонски на-
род, ние Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ни-
ту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска на-
ција која се бори за своето национално ослабодување и одделу-
вање на своја македонска држава, Се разбира, тоа не треба да
го правиме само од политички причини. До колку македонската
нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓу-
тоа, таа е на лице и нејзиното постоење треба да им се предочи
на сите. Na таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата
националноослободителна борба.
Во Македонија постојат сите елементи на една самостојна ма-
кедонска нација, со своја територија и економска целост, со свој
јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја.
1. Територијата на Македонците е одделна од територијата на
грчката, српската и бугарската нација. Таа има утврдени географ-
ски етнографски граници меѓу реката Места, планините Родопи,
Рила и Шар, реката Дрим, планината Грамос, реката Бистра и
Егејско Mope co пространство од 65 илјади кв. километри. Тоа
што денеска Македонија е распарчена - тоа е резултат на импе-
ријалистичките мировни договори. „Раскинувањето на единстве-
ната македонска територија на делови и нивното приклучување
кон териториите на бугарската, српската и грчката држава е на-
силно.
2, Економски Македонија претставува една целина одделена
од државите што ја владеат, Уште под власта на Турската импе-
рија Македонија тргна по патот на својот самостоен развиток по-
доцна, но независно од Србија, Бугарија и Грција. Ниту една од
последниве немаше тесни економски врски и општи трговски па-
тишта со Македонија, иако се наоѓаа заедно со неа, во рамките
на една и иста држава - Турција. А, со појавата на капиталистич-
кото стопанство и во Македонија овде се создадоа внатрешни тр-
90
говски патишта и пазари со еден општ и главен центар - Солун, a
не Белград, Софија или Атна.
Насилното распарчување на стопанската целина на Македони-
ја на три дела и нивното присоединување кон три туѓи економски
единици - Србија, Бугарија и Грција - се одрази катастрофално
врз стопанството на Македонија. Катастрофален пример за тоа
претставува и денешната положба на Солун, којшто, откако беше
откинат од својата природна економска заднина источна и цен-
трална Македонија, сосема опадна, и од првостепено пристаниш-
те на Егејско Mope ce претвори во жалосен спомен на богат не-
одамнешен трговски центар. Денеска веќе Солун се наоѓа на тре-
то место во споредба со Атина и Пиреја. Истата судбина ја има-
ат доживеано и Битола, Охрид и сите други градови во централ-
на и југозападна Македонија, кои, откинати од природниот солун-
ски пазар, се принудени да се служат со за нив неприродниот тр-
говски пат кон Белград. Во иста положба е и Македонија под бу-
гарско ропство, стопанскиот просперитет на која е тесно поврзан
со трговските патишта кон Серес, Драма, Кавала, Солун и Стру-
мица, а не со Софија-Видин и Пловдив-Бургас.
3, Јазикот на луѓето што ја сочинуваат македонската нација е
словенски, со особен дијалект - македонски. Тој јазик е заеднич-
ки за нив. Различните провинцијални (т.е. дијалектни - б.р.) нијан-
си во македонскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци
од некогашната родовска и феудална распокинатост на Македо-
нија. Меѓутоа, провинцијализмот на овој јазик се покрива со еден
општ македонски словенски дијалект по кој секој го разликува
Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој
човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните ни-
јанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиени-
те нации а не кај македонската нација којашто е национално по-
робена, не е организирана во своја национална држава и уште не
изградила литературен јазик.
Освен по дијалектот (т.е. по своите особености -б.р.), маке-
донскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа
што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и со-
држи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните и на
91
другите словенски нации,
Бугарските и српските великодржавни шовинисти ја користат
блискоста на македонскиот јазик со јазиците на нивните нации за
да тврдат дека Македонците се „дел од бугарската нација" или
„чисти Срби". А ние Македонците не сме ниту едното, ниту друго-
то. Ние не сме „тесто од кое сешто може да се измеси", како што
беше изјавил Цвииќ, еден од агентите-историчари на српската за-
војувачка политика. Ние сме одделна нација. Сличноста на наши-
от јазик со бугарскиот и српскиот е обична сличност меѓу јазици
на блиски, но самостојно развиени нации, Таква сличност на јази-
ците постои помеѓу Русите, Украинците и Белорусите како и по-
меѓу Хрватите, Црногорците и Србите, но наспроти тоа тие прет-
ставуваат одделни нации.
Великобугарските шовинисти особено спекулираат со фактот
дека македонскиот јазик е поблизок до бугарскиот отколку до
српскиот и тоа им служи како аргумент во нивните тврдења дека
Македонците се дел од бугарската нација. Аргументот им е крај-
но неоснован, зашто и Хрватите по јазик се многу поблиски до
српската отколку до чешката нација.
При тоа се знае дека не е само јазикот што ја определува на-
цијата, Дури и еднаков да биде јазикот на Македонците со овој на
Бугарите тоа уште не значи дека ние Македонците сме „дел од
бугарската нација", кога живееме со поколенија на друга терито-
рија, претставуваме одделна стопанска целина, имаме своја исто-
рија, специфични нарави, обичаи и така натаму. Англичаните, Ир-
ците и Американците од Соединетите Американски Држави на
Северна Америка говорат на еден и ист јазик, но се одделни на-
ции.
4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочину-
ваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и маке-
донската нација. Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни,
ора и другите народни умотворби коишто повеќе или помалку се
разликуваат од (оние на) српската, бугарската и другите словен-
ски нации. Елементите на самостојниот национален карактер на
Македонците се толку силни, што наспроти националното угнету-
вање во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавува-
92
ат. По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се проја-
вуваат и среде емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Амери-
ка и секаде каде што има такви.
Сите тие елементи, земени заедно, ја составуваат македонска-
та нација. Тие се непобитен доказ за тоа дека ние, Македонците,
не им припаѓаме ниту на српската, ниту на бугарската, ниту на грч-
ката нација, туку сме одделна нација.
5, Нациите не се племиња, Како и другите нации, така и маке-
донската нација не се создала од едно племе, туку од неколку
различни племиња или, поточно, од делови на неколку различни
племиња: Илири, Словени, Бугари, Срби и други. Основниот еле-
мент е словенскиот, Старите Илири се претопија меѓу подоцна
дојдените Словени во Македонија. Бугарскиот и српскиот еле-
мент во македонската нација се резултат на тоа што уште пред
турското ропство Македонија потпаѓаше ту под болјарска Бугари-
ја, ту под жупанска Србија. Безначајниот бугарски и уште побез-
начајниот српски елемент во македонската нација е остаток од
некогашните воени завојувачи, претежно од болјари и жупани, ко-
ишто со текот на времето исто така се претопија среде Македон-
ските Словени.
Според бугарските буржоаски историчари, бугарската нација
потекнува уште од времето на цар Аспарух, откако бугарското та-
тарско племе ги потчини Словените што го населуваа североис-
точниот дел на Балканскиот Полуостров, се претопи меѓу тие
Словени, но им наложи да се нарекуваат Бугари, кога се созда-
де првото бугарско царство. Според овие историчари Македон-
ските Словени исто и на ист начин се влеале во „единственото бу-
гарско национално цело" потчинети на бугарското племе.
Се разбира, историски тоа не е точно. Во тоа време недостиг-
нуваа условите за една бугарска нација поради што недостигну-
ваше и самата нација. Според тоа, не може да се мисли дека
оттогаш Македонските Словени се дел од „една единствена бу-
гарска национална целост".
Тогашната бугарска држава беше разделена на одделни бол-
јарства, строго затворени во себе со мали потцарства, со свои
граници и царинарници, без економско, културно и др. заедниш-
93
тво. Населенијата од тие болјарства влегуваа меѓу себе во допир
само на бојното none, во војните помеѓу различните болјарства
или во војните со Византија и другите држави, а пак одделни бол-
јари во Бугарија се обединуваа (не сите и не секогаш) околу нај-
силниот од нив - царот. Во такви услови не можеше да се офор-
ми бугарската нација и уште помалку во неа да се вклучат Маке-
донските Словени, зашто населенијата од различните болјарства
во феудална Бугарија не беа обединети ниту во една заедничка
територија, ниту во една стопанска целост, што претставуваше
пречка за изградување на еден општ јазик и општ национален ка-
рактер на населенијата од различните болјарства.
Освен тоа, историски факт е дека Македонските Словени не
секогаш беа потчинети под тогашна Бугарија и тогашна Србија.
Државата на богомилскиот цар Самуил не беше втора бугарска
држава како што сакаат да ја претстават бугарските буржоаски
историчари, туку таа беше држава на Македонските Словени што
постоеше паралелно со бугарското царство и српското кралство,
Таа македонска словенска држава дури подоцна ги беше завла-
деала Бугарија и Србија.
Великобугарските шовинисти многу сакаат да зборуваат за
„единствено бугарско племе", идентификувајќи го со бугарската
нација. Тие го кријат историскиот факт дека последната се созда-
де без оној мал дел Бугари што останаа во Македонија и без Ма-
кедонските Словени. Бугарската нација се создаде во границите
на денешната централна и северна Бугарија, источна Румелија и
Добруџа. Главната причина за тоа лежи во стопанството. Како
што веќе рековме, во Македонија капитализмот се појави и се
разви подоцна независно од капитализмот во Бугарија без да има
солидни економски врски меѓу тие две земји, Бугарското нацио-
нално револуционерно движење, кое се бореше за ослободува-
њето на бугарскиот народ од ропството на апсолутистичката и бе-
говска Турција, не ја вклучуваше Македонија како објект на своја-
та револуционерна дејност, Тоа доволно покажува дека создава-
њето на бугарската нација и нејзиното разбудување за самостоен
државен живот се изврши без Македонските Словени,
Таква состојба имаме и со српската нација, која исто така се
94
создаде без Македонските Словени и без оној безначаен дел на
Срби што останаа во Македонија уште пред таа да падне под тур-
ско ропство,
Но и грчките државни шовинисти, за да го оправдаат господс-
твото на грчкиот империјализам врз од него завладеаниот дел од
Македонија бараат племенска врска меѓу грчката нација и Маке-
донците. Тие препредени шовинисти ја фалсификуваат историјата
прогласувајќи го племето на старите Македоно-Илири заедно со
водачите на тоа племе - Македон, Филип Македонски и Алексан-
дар Велики како составен дел од старите Грци. При тоа тие свес-
но премолчуваат таков еден настан каков што беше населување-
то на Македонија со огромна маса Словени за кои им е сосема
незгодно да тврдат дека се Грци.
6. Македонската нација има своја историја на културно и поли-
тичко пројавување. Браќата Миладиновци се првите македонски
просветители Тие први ги посветија своите сили за разбудување
самостојно национално чувство на македонскиот роб, Тие ги опе-
аја Охрид и Македонија како своја татковина на чисто македон-
скословенски дијалект, Тие не го учеа македонскиот народ ниту
на српски, ниту на бугарски, туку го учеа на родниот македонски
јазик. Иако, наспроти тоа, тие македонски просветители зборуваа
за бугарштина во Македонија, тоа стануваше под влијание на ста-
рото минато кога Македонија со
векови се наоѓаше под феудална Бугарија. Поради тоа и бор-
бите за самостојни училишта и цркви против асимилаторската на-
паст на грчката патријаршија се водеа под формата на бугаршти-
ната. Во тоа време македонската нација уште беше во зародува-
ње, таа не беше се оформила и, што е најглавно, нејзините еко-
номски и политички интереси се уште не беа се судриле со заво-
јувачките стремежи на подоцна создадената држава на бугарска-
та нација. Денеска поимот бугарштина во Македонија, како и ср-
бизам и елинизам, е синоним на национално и економско роп-
ство применувано врз македонските народни маси од поробува-
чите-империјалисти.
По браќата Миладиновци доаѓаат многу други народни учите-
ли и духовни будители како охридскиот епископ Теодосиј и група-
95
та околу в. „Лоза", под редакторство на Петар Арсов, кои еднак-
во се бореа против Грчката патријаршија, Бугарската егзархија и
Српската патријаршија, за самостојни македонски училишта и црк-
ви, Тие таканаречени македонски сепаратисти укажуваа на посто-
ењето на одделна македонска нација и пледираа за самостоен
државен живот на таа држава,
Од истите средини произлезе Внатрешната македонска рево-
луционерна организација. Петар Арсов влезе во првиот ЦК на таа
Организација, а Ѓорче Петров, кој произлегува исто така од тие
средини, стана идеолог на Организацијата. Тој уште на времето
во духот на сепаратистичката идеја ја напиша книгата еГеографи-
јата на Македонија".
Меѓутоа, притисокот на великобугарската пропаганда - Егзар-
хијата и врховистите - се покажа толку силен, што го задуши пра-
шањето за самостојна нација и успеа да внесе во свеста на мно-
гу Македонци убедување дека се тие Бугари. Тоа беше спрове-
дено со запирањето на в. „Лоза", којшто излегуваше во Софија,
со прогонувањето од Македонија на епископот Теодосиј и на на-
родните учители коишто не се потчинија на Егзархијата, со забра-
ната на книгата на Ѓорче Петров, која и денес се наоѓа во рако-
пис во архивата на бугарското воено министерство.
Но наспроти тоа, македонскиот народ со долги и упорни бор-
би за економско ослободување и самостоен државен живот си
создаде своја историја. Тие борби во минатото се разгрнаа под
раководството на старата Гоце Делчева ВМРО против ропството
на турските султани и бегови, како и против аспирациите на бал-
канските држави.
Македонскиот народ со сопствената крв во својата историја ја
запиша првата македонска револуција - Илинденското востание,
чијшто венец е првата македонска народно-револуционерна ре-
публика во Крушево.
Откако ВМРО беше врховизирана и претворена во машина на
бугарскиот империјализам, ослободителната борба на македон-
скиот народ не запре туку се подзеде од следбениците центра-
листи-сепаратисти, левицата на ВМРО, на чело со Ѓорче Петров,
96
Петар Арсов, Сандански, Димо X. Димов и Чернопеев. Денес во
новите услови борбата на македонскиот народ против новите по-
робувачи - српскиот, бугарскиот и грчкиот империјализам за наци-
онално, политичко и економско ослободување се води со уште
поголема упорност и доследност под раководството на ВМРО
(Обединета).
Целата таа македонска историја не е само пројава на маке-
донската нација, не е само нејзин стремеж кон своја национална
држава, туку таа, македонската историја, во исто време е еле-
мент што го дооформува и доопределува самостојниот карактер
на македонската нација,
Се разбира, освен македонската нација, во Македонија имаме
и други инородни националности: Власи, Евреи, Турци, Грци, Ал-
банци, Срби, Роми. Иако се наоѓаат на една територија со маке-
донската нација, иако нивниот економски живот непосредно е по-
врзан со последната, тие националности не влегуваат во маке-
донската нација бидејќи секоја од нив си има специфичен карак-
тер.
Инородните националности во Македонија активно учествува-
ат во македонското ослободително движење бидејќи и тие се за-
интересирани за создавањето на независна македонска републи-
ка на трудбениците, за да добијат национална рамноправност и
економско ослободување, за да живеат во мир и заедно со ма-
кедонската нација да го подигнат својот и општиот културен и еко-
номски живот на македонскиот работен народ.
Бистришки Четвртиа конгрес на Македонскиа народен сојуз в Америка. Резолуции, изложенија. Дет-
роит, Мицх. (1934), стр. 42-55.
*Оваа статија е објавена од Македонскиот народен сојуз во
Америка, како авторска на "Бистришки,, (зад тој псевдоним се
крие името на познатиот македонски публицист Васил Иванов-
ски).
97
АПЕЛ НА ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА
ОРГАНИЗАЦИЈА (ОБЕДИНЕТА) КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
ПОД ГРЧКО РОПСТВО*
Мај 1935 г.
Браќа Македонци!
Антинародната воено-монархистичка влада на Цалдарис-Кон-
дилис веќе ја објави датата за изборите за „народни" претставни-
ци. Откако им ги одзеде сите граѓански и политички права на на-
родните маси, откако им одзеде секаква легална можност да ги
бранат своите најживотни интереси, народните џелати сакаат да
си поиграат и со „парламентаризам". Тие со оган и железо ќе се
помачат да ги истргнат гласовите на оние што на 9 јуни оваа го-
дина „слободно" ќе гласаат, за потоа, потпомогнати од послушни-
те „народни" избраници, да ги озаконат правените беззаконија.
Во таа изборна борба ние Македонците не можеме и не тре-
ба да останеме неми набљудувачи. Меѓутоа, нашиот глас во ни-
кој случај не треба да отиде за сметка на нашите тирани, во ко-
рист на антинародната влада. Нашето место во таа борба е и тре-
ба да биде само на страна на нашите браќа, по положба само на
страната на грчките работници и селани, кои исто така страдаат
од воено-фашистичкиот терор на грчката империјалистичка бур-
жоазија, кои и единствено најискрено се борат за нашето нацио-
нално ослободување.
Ете зошто апелираме кон сите Македонци:
Ниту еден глас за владата на воено-фашистичкиот терор и на-
ционално потисништво!
Застанете масовно на страната на ширењето на антифашистич-
киот фронт, земете најживо учество во неговите секојдневни бор-
би за заштита погазените народни слободи!
Сите до еден гласајте за листата на антифашистичкиот работ-
ничко-селански блок.
Таму каде што воено-фашистичкиот терор нема да го допуш-
ти тоа, гласајте со паролите:
„Да живее ВМРО (Обединета)".
„За национално самоопределување на македонскиот народ"
„Македонија на македонските работни маси"
98
„Сите енергично во борба!
Македонија, мај 1935
Централен комитет на ВМРО
(Обединета)
* Апелот е растурен во врска со закажаните парламентарни избори во Грција на 9 јуни
1935 година
„НИЕ ОСТАНУВАМЕ САМО МАКЕДОНЦИ" 31
октомври 1927 г.
Писмо на Министерството на војската и на морнарицата на
Кралството на Србите, Хрватите и Словенците до Министерство-
то на просветата Пов, бр, 2510
Командантот на III армиска област, со дов. Ѓ. 06. бр. 3711 од
28 тек. месец, го достави следниов извештај на Великиот жупан
на Битолската област.
„По патот од Скопје до Велес, а во разговор за македонско-
то прашање, Глигорие Поповиќ од Прилеп, студент на Белград-
скиот медицински факултет, го рекол ова:
„Нас студентите од Македонија во Белград не следат тајни
агенти, бидејќи не ни веруваат, меѓутоа тие можат да прават што
сакаат, ние остануваме само Македонци. Македонија е ружа ко-
јашто најмногу се расцутува, а нејзиното прашање е дело на Ев-
ропа, а не на Србија. Србите во Воената академија им прават на
Македонците се што можат и не можат, само да ги приврзат за
себе, меѓутоа тие остануваат само Македонци, па макар што Ср-
бите да им прават или да не им прават. Студентот Поповиќ итно
замина за Прилеп."
Чест ми е предното да Ви го доставам на знаење. My издадов
потребна наредба на Околискиот поглавар во Прилеп.
Co молба за увид.
Белград, 31 октомври 1927 год.
По заповед на Министерот, Началник, бригаден генерал,
Мил, Вотгровиќ
99
ЈОСИП БРОЗ ТИТО, ПИСМО ЗА СРБИЈА 2
ноември 1936 г.
...Мислам дека треба да се истакне барање власта да и се пре-
даде на влада што ќе ја ужива народната доверба од составот на
сегашната вонпарламентарна опозиција, во која ќе биде достојно
застапувана работничката класа. Таквата влада би имала задача
да спроведе избори врз основа на тајно и пропорционално пра-
во на глас со покраински листи. И тоа за да можат Хрватите, Сло-
венците, Србите, Македонците, Црногорците, па и Војводина и
Босна и Херцеговина да формираат свои национални собранија
(собори), кои суверено би решавале за своите национални и ре-
гионални барања за државното уредување. He e при тоа важно
дали тоа ќе бидат избори за обично собрание кое би се претво-
рило во уставотворно или кое би распишало нови избори за уста-
вотворно собрание, а кое подоцна би се претворило во обично
законодавно собрание.
Тези за проект-платформата за широкиот НФ
...Во платформата мора јасно и недвосмислено да дојде до из-раз
решеноста дека правото на самоопределување на сите наро-ди ќе
се почитува, т.е. не само правото на Србите, Хрватите и
Словенците туку и на Македонците и Црногорците, а исто така и
правото на народот во Војводина, Босна и Херцеговина да реши
за тоа дали да ја зачува својата регионална самостојност во фе-
деративната држава.
Исто така треба да се истакнат правата на народните малцин-
ства: на Германците, Унгарците и Албанците на рамноправност.
Се разбира во самиот НФС (не мора така да се вика) треба да
има единственост на погледите врз овие две основни прашања:
1. федеративна држава;
2. колку федеративни единици (мислам седум).
Јосип Броз Тито, Собрани дела. Том трети (март 1 935 - ноември 1937). Скопје 1978, стр.
46-48.
100
КОЧО РАЦИН, „БОГОМИЛИТЕ - КРАТКА РАСПРАВИА
ОД ИСТОРИЈАТА МАКЕДОНСКА"
1940 г.
Ќе се зачуди ли некој кога ќе чуе како кај нас у X век живеа-
ле и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи
биле како претечи на општествените просветители от XVII в.? За-
ре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на
чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христианство и толку
време на тој јазик ја слушале кротката христианска проповед за
помирение со сичко - заре таја земја, уште у некое време на ев-
ропејскиот Среден век, да даде претечи на оние бунтовници од
XVII век, за равноправие на сичките лујге, и сакале, „бездржавно"
уредение на светов?...
И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло
во нашата народна историа. Да се гордеат нашите Македонци со
тиа свои славни лугје! Оти противно от науката на државното
христианство, внесено во народот одозгора, от самите државни
главатари и принесено от Византиа, идејно да го закрепи славјан-
скиот феодализам - противно от се това, богомилството никна во
самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско
опозициона форма го организира народниот отпор против феода-
лите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко
народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го
промени социјалниот живот. A no тиа свои особености това мно-
гу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на на-
учна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.
Кочо Рацин, Стихови и проза. Уредил Александар Спасов. Скопје, Култура 1966, стр. 180-182.
101
ПОВИК ПО ПОВОД HA ИЛИНДЕНСКИТЕ ДЕМОНСТРАЦИИ*
Јули 1940 г.
На работниот народ во Македонија
Работнио народ во Македонија достојно го прослави година-
ва Илинденското востание и споменот на народните борци од
1903 год.
Во Прилеп се вивна со незодржима силина борбениот пламен на
нашио народ. Илјада мажи и жени стари и млади смело се кренаа да
го кажа своето големо недоволствие со ова тешко положение со ова
ненародно управление и да ја кажа својата спремнос да се од него
ослободи. Илинденските демонстранти во Прилеп се покажа достој-
ни синој и кјерки на своите големи татковци от Илинден 1903 г.
Прослава на Илинденското востание во Македонија и големи-
те демонстрации во Прилеп докажа оти работнио народ во Маке-
донија нејќи да трпи, туку е готов да се бори за својте права. Неј-
ќи да трпи арамилок и пљачка која над него ја врши противнарод-
нава влада, разни капиталисти и воени шпекуланти, смалувајќи ги
работничките надници и цената на тутуно, афионо, кожурците и
други селски производства, а поскапувајќи го сето она што му је
на народо требно и товарејќи му на народо на грбо се поголеми
порези и други дажбини. Нејки појке да тројт со политичко бес-
правие, насилие и национална потиснатос од големосрпските им-
перијалисти, нити од ма кој други империјалисти. Нејки појке да
трпи неизвеснос и дволична политика на неутралност од ненарод-
нава влада Цветковиќ - Мачек која спроводи мобилизација не да
ги запази народите во Југославија од војна и да им обезбеди мир,
ами да ги воведи во војна.
Работнио народ во Македонија сака поарен и поубав живот.
Тој сака да има длжности али и права. Тој сака да биди слободен
на својата земја и равноправен во братска заедница со другите
народи во Југославија. Македонците сака да бида коачи на своа-
та садба и сака права народна влада. Македонците се за мир и
сака споразум за взаимна помош со Совјетскио Сојуз, едината
земја во свето која го брани миро и ги штити малите народи. Ра-
ботнио народ во Македонија сака леп, мир и слобода.
102
Апсење на десетина луѓе и жени од редоите на народните бор-
ци во демонстрациите во Прилеп и другите места не можи да ја зап-
ри правдивата борба на македонците. Нашите тирани вејке со годи-
ни гуша со терор секое недовлсвие на народо и неговата борба за
слобода, равноправие и поарен живот. Илинденските демонстра-
ции, а нарочно во Прилеп, ги собра во борбените редој сите искре-
ни македонци, верни синој на својо народ и приврженици за маке-
донската работа без обзир на нивното убејќење. На сите нас дене-
ска није јасно да без озбилна, упорна, чврста и непрекидна борба
од работнио народ од градо и селото нема успех. Ра ботниот народ
во Македонија ке дојди до победа само со единствена борба. Низ
пламено на Илинденските демонстрации се обистини единството на
народите во Македонија. Работниците, селаните и грајганите си ско-
ја сојуз на работнио народ во Македонија за натамошна борба,
Да ги оцврстиме нашите редој, да го ојакниме се појке нашио
сојуз на работнио народ во Македонија и уште поупорно и поод-
лучно поведеме во борба за народни права и народни слободи,
за слободна Македонија и поарен живот СЛАВА НА
ИЛИНДЕНСКИТЕ ЖРТВИ!
ДА ЖИВЕИ ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И КРУШОВСКАТА НА-
РОДНА РЕПУБЛИКА! ДОЛУ ВОЈНА!
ДА ЖИВЕИ СОЈУЗО CO CCCP! ДОЛУ
СКАПОТИЈАТА И ВОЕНИТЕ ШПЕКУЛАНТИ! ЗА ДА
ГО НЕМА МОНОПОЛО! ПОМОШ НА ВЕЖБАРИТЕ И
НИВНИТЕ ФАМИЛИИ! ДОЛУ НАСИЛИЕТО! ДОЛУ
КОНЦЕНТРАЦИОНИТЕ ЛАГЕРИ! САКАМЕ ЛЕП,
МИР И СЛОБОДА!
ДА ЖИВЕИ СОЈУЗО НА РАБОТНИО НАРОД ВО МАКЕДОНИЈА!
ДА ЖИВЕИ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!
јул 1940 Илинденските демонстранти,
* Повик упатен до македонскиот народ по изведените илинденски демонстрации на Илинден 1940 година во некои градови во Македонија (Прилеп, Скопје,) по повод на годиш-
нината од Илинденското востание. Текстот се објавува без измени.
103
МИХАИЛ СМАТРАКАЛЕВ (АНГЕЛ ЖАРОВ) ЗА ОСНОВАЊЕТО НА
МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО СОФИЈА* 1938 г.
Во 1938 година се замисли формирањето на „Македонскиот
литературен кружок". Во врска со тоа имав неколку средби со
Вапцаров и Антон Попов. Нашите разговори беа се околу нашите
македонски работи и кружокот. За кратко време ние толку многу
се спријателивме, та започнавме да се среќаваме секоја вечер.
Се запознав и со творештвото на двајцата. Во нивното лице ви-
дов прекрасни луѓе - со талент, срдечни, ентузијазирани. Моето
другарување со нив ме правеше среќен. Ние меѓусебно се енту-
зијазиравме. Јас им раскажував за борбите на Македонците во
Софија, за ВМРО (Обединета), во која работев до нејзиното рас-
турање, за „Македонската студентска група" итн. Сакавме што
поскоро да го образуваме кружокот, мечтаевме за идната рабо-
та, кроевме планови, набележувавме кадри, горевме од желба
поскоро да почнеме.
Есента 1938 година се собравме на улица „Љулин", во куќа-
та на Асен Ведров (Шурдов) на основачко собрание. Беа присут-
ни околу 12 души, меѓу кои Антон Попов, Никола Вапцаров, Ан-
гел Жаров, Васил Александров, Георги Деспотов, Иван Керези-
ев, Антон Великов и други. Референт беше Вапцаров.
Рефератот беше извонредно интересен. Од корен се разлику-
ваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири,
конференции и заседанија. Својата работа Вапцаров беше ја напи-
шал оригинално, со душа, со мајсторство. Тоа не беше обичен ре-
ферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за испол-
нување на светиот долг кон нашиот народ. Напишан речовито, сли-
ковито, рефератот веднаш се „фати" за срце. Кољовиот глас звуче-
ше топло и уверливо во задимената соба. „Треба да се собереме,
да се организираме, да ги дадеме своите сили за слободата на на-
шиот измачен македонски народ. Нашата македонска историја е
полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни настани,
легендарни борци; нашата народна песна е чудно мелодична и воз-
будлива. Но сето тоа уште не го нашло својот одраз во литература-
104
та. Богатите сижети за поети и за белетристи стојат недопрени. Се
пројавија млади поети. Треба да го стимулираме тој почеток, да ги
организираме одделните усилби, да запнеме, да го совладаме мај-
сторството, подлабоко да ги запознаеме темите, да создадеме
вистински уметнички дела. Нашата работа е благодатна. Ние треба
да влијаеме врз нашиот народ, да ја пројаснуваме неговата нацио-
нална свест, да ја разгоруваме неговата борба за национална сло-
бода и за социјална правда. Нема ништо поголемо од тоа да се бо-
риме за новиот прекрасен строј на социјализмот што доаѓа, кој ќе
му донесе среќа и на нашиот измачен народ."
Тоа беа, накратко, предадени, мислите што ги разви Вапцаров
во својот реферат. Подоцна тој ја напиша стихотворбата „Доклад"
(т.е. реферат) во која овие основни идеи беа изразени во прек-
расна уметничка форма. Неговите зборови воздејствуваа со rone-
Ma сила. Огнот беше запален во нашите души. Внатрешен длабок
ентузијазам гореше во нашите срца. Искажувањата на другите
другари во врска со рефератот и за идната работа на кружокот
беа полни восхит. Таа вечер ние го образувавме кружокот. Кон
полноќ излеговме од задимената соба. Молчаливиот и мрачен
*Ангел Жаров, односно Михаил Сматракалев, е познат македонски општественик и поет
меѓу двете светски војни во Бугарија. Член е на ВМРО (06). Истакнат соработник на прогре-
сивните македонски весници: „Знаме", „Македонски вести" и др. Учесник во отпорот против
фашизмот за време на Втората светска војна. По 9.IX 1944 година се наоѓа на должност член
на Советот за законодавство при Министерството на правосудството на владата на HP Буга-
рија. Co промената на политиката на бугарската влада спрема македонскиот народ положба-
та на М. Сматракалев е чувствително влошена поради неговата македонска национална опре-
деленост.
ДИМО ХАЏИ ДИМОВ, „ВО СПОМЕН НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"
1922 г.
...Гоце Делчев, може да се каже, е единствениот меѓу вода-
чите на македонското ослободително дело кој се издига над си-
105
те, како no своите револуционерни разбирања, така и по својата
практична работа во делото на Организацијата, со која тој за се-
когаш го поврза своето име. Гоце Делчев е најпопуларниот ма-
кедонски револуционер, и тоа се должи не на напишаното за Hero
no неговата смрт од негови случајни соработници, кои преку
него сакаат главно да се рекламираат себеси, туку се должи на
една дејност долготрајна, упорна и распространета речиси на це-
лата македонска територија. Таа дејност предизвикуваше необич-
но силен впечаток меѓу најшироките народни маси што беа опфа-
тени во Организацијата, а исто така, таа дејност будеше прикрие-
но или отворено восхитување во средината на целата македон-
ска интелигенција. Ако денес сосема простиот и неписмен маке-
донски селанец, кој учествува во револуционерните борби и вос-
танија, се обзема од едно особено чувство кога ќе се спомене
името на Гоцета, макар што не прочитал и не знае ништо од пи-
шуваното за него, тоа не означува ништо друго освен дека Гоце
Делчев во душата и свеста на македонското население го зазе-
ма она место што го има кај бугарскиот народ револуционерот
од предослободителната епоха, Васил Левски. Ние Гоцета Дел-
чев можеме смело да го наречеме македонски Левски. И ако де-
нес ние македонските емигранти-комунисти, како и нашите друга-
ри во Македонија, имаме потреба да го поврзуваме нашето дело
во сегашната со револуционерните борби во минатото, тоа е
името на Гоце Делчев, кое може најдостојно да ни ја даде таа ис-
ториска врска во сета нејзина широчина и длабочина...
Гоце Делчев се до својата смрт беше убеден противник на си-
те обиди што преку прочуените „врховни македонски комитети"
бугарската патриотска буржоазија ги правеше за да ја наметне
својата узда врз вратот на Внатрешната револуционерна органи-
зација, за да ја постави во служба на едно грабачко и погромнич-
ко дело. И тука треба да забележиме дека, додека кон сите ре-
волуционерни дејци, кои ја бранеа независноста на својата орга-
низација, се упатува цели купишта гнаснотии за да ги компроми-
тираат, Гоце Делчев си остана моќна фигура кон која клеветници-
те не смееја да посегнат по истиот начин, зашто чувствуваа дека
тој е олицетворение на сите лични и боречки добродетели на
106
внатрешното македонско револуционерно движење. Ете до тој
степен овој човек беше поврзан со Македонија, со македонско-
то население и со Внатрешната организација.
Тој ниту примаше, ниту правеше посети на какви и да било
официјални лица, кон кои, како и кон сиот оној џган од македон-
ски и други „општествени" величија, чувствуваше длабока омра-
за поради нивниот фалшив и продажен „патриотизам". Но и так-
виот негов однос кон односниот џган не и дозволи на последна-
та да го потура и со помија на свесно клеветништво, зашто да го
клеветиш и срамотиш Гоцета Делчев во она време би значело да
ја клеветиш и срамотиш цела Македонија.
Гоце Делчев беше единствениот меѓу неколкутемина предани
водачи на македонската револуционерна организација, кој благо-
дарејќи на својата широка популарност, уживаше голем авторитет
меѓу сите струи во оваа Организација и го овозможуваше збли-
жувањето пред се на издигнатите револуционерни дејци од за-
падна и источна Македонија, кои остро се разликуваа од остана-
тите, како што тоа и го докажа подоцна предавството на послед-
ните, кога тие отстапија под притисокот на освојувачкиот бугарски
врховизам. Околу Гоцета Делчев секогаш меѓу себе си се разби-
раа и од него секогаш наоѓаа сочувство и поткрепа, како „крајни-
те" македонски револуционери-социјалисти, како Никола Карев,
Веле Марков и други, така и бојната фаланга на серските револу-
ционери околу Јане Сандански, кои најнеотстапно ја водеа започ-
натата борба со врховистичките башибозуци. И кога поради таа
своја борба споменативе револуционери почнаа да им стануваат
омразни на оние внатрешни дејци кои веќе беа расколебани и се
готвеа да го извршат предавството, Гоце Делчев си остана нив-
ни искрен покровител и најдобро се чувствуваше токму во нивна-
та средина, во средината на борците против секое надворешно
државно и политичко мешање во делото на ослободителната
борба.
Гоце Делчев никогаш не ја земаше страната на онаа струја
што ги поддржуваше изолираните терористички акции како глав-
но средство на борбата и која најмногу послужи за вовлекување
на Внатрешната организација во потоците на завојувачкиот наци-
107
онализам. Во сите спорови околу карактерот на револуционерни-
те борби, тој неотстапно го исповедаше убедувањето и идејата на
масовно револуционерно востание.
Гоце Делчев не познаваше и не чувствуваше, а камоли да
проповедаше некаква племенска омраза кон соседните народи,
каква што постојано проповедаат и денес патриотарите национа-
листи во Бугарија, Грција и Србија. Тој мечтаеше за братско фе-
дерирање на тие народи против монархизмот и во името на Бал-
канската демократска република. Тие негови идеи и разбирања,
со кои неговата пословична скромност никогаш не му дозволи да
парадира, му беа секогаш раководни принципи и во просветната
дејност во организацијата и во неговата практична работа како
апостол на македонската револуција меѓу сите угнетени и обес-
храбрени македонски народности.
Во текот на 1902 година кога борбите меѓу врховистите и цен-
тралистите беа во својот разгор и кога се подготвуваше теренот
на онаа престапна провокација што тогаш ја нарекоа „Џумајско
востание" и преку која провокација монархизмот и буржоазијата
во Бугарија на дело пристапија кон уништување на Внатрешната
организација и на нејзиното дело, ние, една група другари, кои са-
кавме да започнеме една отворена борба во нејзина заштита се
јавивме кај Гоцета Делчев. На нашето прашање како треба да ре-
агираме против бесната клеветничка кампања, започната од Фер-
динандовите генерали против Внатрешната организација, тој ни
презентира множество факти за дејноста на навлезените во Ма-
кедонија комитски банди, коишто факти не потресоа. При тоа ни
дозволи заедно со нив јавно да ја објавиме следнава кратка но
значајна декларација:
„Комитетот во Бугарија" ви говори дека сме ние убијци, раз-
бојници, па дури и развратници. Ова нас никако не не чуди, бидеј-
ќи никој во Бугарија не ги знае така добро аспирациите на Коми-
тетот како нас, кои непосредно ги чувствуваме тие аспирации и
никој, според тоа, во Бугарија, не може да ги смета комитските
клевети за толку природни, како што ги сметаме ние, и да гледа
на нив така спокојно, како што гледаме ние. Меѓутоа, нам дури
ни на ум не ни доаѓа да се оправдуваме пред бугарското опште-
108
ство, зашто сме цврсто убедени дека не е само Врховниот коми-
тет тој што ќе ја пишува историјата на револуционерното движе-
ње во Македонија. На вас, чијашто совест е вознемирена поради
обвинувањата што се фрлат врз нас, ќе ви го кажеме само след-
ново. Ние сме „убијци" зашто ги осудуваме на смрт и ги ликвиди-
раме сите предавници и докажани пакосници на револуционерно-
то дело; зашто земаме доброволно или насила пари од оние што
се должни да дадат и можат да дадат за да ја подготвуваме ре-
волуцијата. Така не учи историјата, така не учи големиот апостол
на слободата Васил Левски. Но ние не сме развратници! Разврат-
ници се оние што се служат со презрени и од нас осудени пре-
давници и блудници кои тука ги прогласуваат за претставници на
кнезот и на рускиот император. Тоа е нашиот одговор.
Ние не мислиме за Бугарија, но ќе си ја чуваме Македонија
;не мислете и вие за Македонија, но чувајте си ја Бугарија"
Оваа декларација беше публикувана, но малкумина се сеќава-
ат за неа по толку години, а таа зборува доволно убедливо за ре-
волуционерните идеи на Гоце Делчев, којшто никогаш не беше
буржоаски националист, а уште помалку патриотар.
Некое време по оние денови, кога овде, во Бугарија, се одви-
ваа големите комитски игри и провокации, завршени со срамни-
от „Џумајски престап", Гоце Делчев исчезна од Бугарија со клет-
вата да не се врати веќе жив во неа, која клетва тој и ја исполни.
Среќен од средбата со него, по неколкумесечното бродење низ
Македонија, јас ја имав таа несреќа да присуствувам и на негова-
та херојска смрт. Тој загина во разгорот на најголемата тревога
за делото на Организацијата, што престапната џумајска провока-
ција веќе ја имаше поставено пред дилемата: или да го прогласи
веднаш готвеното за сосема друго време сенародно востание,
или да ги поднесува спокојно страшните удари што и се нанесу-
ваа, како од турската власт, така и од настапувачките и на сцена-
та од генералите на Фердинанда повикани српски и грчки
врховисти од сите страни.
Гоце Делчев иташе да се сретне со серските револуционери
и со нив да размисли за таа страшна дилема која „по принцип" ве-
ќе беше разрешена од Централниот комитет на Организацијата,
109
но за која никој од оние што беа гласале за Илинденското воста-
ние (затоа што имаше решителни гласови и против тоа воста-
ние), немал предвид друго освен сообразувањето дека „и така и
така ние сме загубени".
Co ненадејното загинување на Делчев загина фатално и проб-
леснатата надеж кај нас, затоа што од сето она што можевме да
размениме меѓу себеси во текот на двата дена пред неговата
смрт, стана наполно јасно дека едно ново разгледување на по-
ложбата можеше да го одложи погибелниот чекор на Организа-
цијата, и да загине таа ако е нужно и неопходно, но да не загине
како орудие и продолжувач на една политика, како „Џумајската",
која јавно ја осудуваше Македонија на национално и политичко
погребување, а како борец за независниот македонски ослобо-
дителен идеал, за кој Гоце Делчев апсолутно никогаш не збору-
вал двосмислено нити како националист бугарски, нити како ма-
кедонски.
Таа надежумре заедно со него, зашто немаше кој друг, со не-
говиот авторитет, да го продолжи она што тој го имаше започна-
то.
Таков беше во општи црти, во сосема општи црти, Гоце Дел-
чев. Многу нешто може да се каже за него надвор од она што за-
гадочни „историчари" го кажаа. За епохата во која тој живееше и
се бореше, неговата фигура е целосна... И токму затоа што тој е
познат како таков, македонските чорбаџии, и патриотари, кои де-
нес многу грижливо организираат утра, панахиди и комеморатив-
ни свечености за разни други, блиски до нивното срце и разбира-
ња бивши дејци, сосема безволно се однесуваат кон споменот
на Гоце Делчев... Токму затоа, другари, со сочувство ја прифаќам
вашата идеја да ја одбележиме неговата годишнина и со особе-
на радост ги напишав горниве неколку редови за него, т.е. за чо-
векот когошто лично и од близу го познавав и со кого сме се раз-
бирале секогаш, и кој во многу работи мене и на моите другари
ни беше учител и инспиратор.
Димо Хаџи Димов „Освобождение" орган на Емигранскија
коминистически сојуз
110
за македонските, тракијските и добруджанските комунистически
групи в Блгарија, НО 9-10 (1922), стр, 2-3
Димо Хаџи Димов ги напишува овие спомени за Гоце Делчев по барање од Македон-
ското друштво од Варна по повод на свечената академија посветена на 19-годишнината на
Гоцевото загинување (1922 г.).
ПРОГЛАС НА ПОКРАИНСКИОТ КОМИТЕТ НА
КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА
ЗА МАКЕДОНИЈА ДО НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА*
Октомври 1941 г.
До македонскиот народ
Вејке скоро 4 месеца се бие најтешката, и најкрвава битка во
историјата на светот. Дивите фашиски бандити нападнаја ненадеј-
но мкло на големата и миролубива држава на работници и села-
ни - на СССР. Нападнаја на земњата на правда, на човечност и
благостање, на сиот работен народ. Овај нов злочин на фашиски-
те убијци и наплнил со страшно огорчение не само срцата на рус-
киот и останалите народи на земњата на социјализмот, ами и ср-
цата на сите славјани и на работнијот народ од целиот свет.
Од како пролија потоци крв и ја завија во црно цела Европа и
ги поробија незините народи, германските фашиски бандити на
чело со лудако Хитлер, ги натераја своите крвави орди над цвет-
јашта совјетска градина да го рушат она што со џиновски усилија
го правеле народите на Сов(јетски) Сојуз. Ама овој пат многу се
излагаја. Немат они сега против себе си слабите европејски др-
жави, водени од народни предатели плни со петоколонаши, ами
имат против себе слободен и снажен 200 милионски народ на го-
лемиот Сов(јетски) Сојуз, собран околу херојската партија на бол-
шевиките и околу својот голем и мудар водач Сталин. Они имаат
против себе херојската и не победива Црвена армија. Они го
имаат против себе работниот народ и национално потиснатите на-
роди од целиот свет. Това е денеска таја сила која не само што
ке им скршит забите на крвожедните фашиски дзверови, ами и
111
до краЈ ке ja уништожат Taja дзвер, Koja сакат да го загади цели-
јот свет.
*Во акциите на активноста за поведување вооружена борба против окупаторот новиот Покраински комитет на КПЈ за Македонија во почетокот на октомври 1941 година го упати овој
проглас, прв од ваков вид, со кој се повикува народот во Македонија на вооружена борба.
ПРОГЛАС НА ЦЕНТРАЛНИОТ КОМИТЕТ НА КОМУНИСТИЧКАТА
ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА ДО НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА*
Јуни 1943 г.
Маквдонски народе!
Македонци и Македонки, работници, селани, граѓани и млади-
но!
Трета е година от како германските, талијанските и бугарски-
те окупатори со помошта на разнородни слуги и издајници ја рас-
парчаја нашатататковина и бездушно плачкат и жарат по неа. Еве,
веке е трета година на фашиското ропство, плачкање и убивање
по нашио вековно напатен и измачен народ. Ама и покрај сите
маки и страданија низ који помина целијо наш народ за овоа вре-
ме под фашистка окупација, се појака и појака е верата во побе-
дата над фашиските банди и нивните слуги, се појака и појака е
решеноста во борбата за остварување на вековните идеали на
македонскиот народ: национална слобода, равноправиост и брат-
ска соработувачка со сите балкански народи.
После сјајните победи на Црвената армија во течение на ми-
налото зимо кај Сталинград, на Кавказ, при Дон и Донец, кај Смо-
ленск, Илменското езеро и Ленинград, после сјајната победа на
англо-американската војска во Африка и сегашното стално и се
појако бомбардиране от страна на сојузничкото воздухопловство,
фашистките сили претрпујат сериозна криза и се навоѓат пред ка-
тастрофа. А снагите на англо-совјетска-американска коалиција от
ден на ден се се појаки, посплотени и цврсто решени да им зада-
дат брз и последен смртен удар на фашиските дзверови.
Воздушната војна, со сета своја разорна дејност, се пренесе
112
во самата Германија и Италија, а англо-американските трупи веке
се навоѓат пред вратите на самата Италија, пред вратите на Бал-
канскиот Полуостров и западна Европа. Фашиските разбојници
веке треперат пред последните ударенија кој им престојат от ис-
ток, и от запад, и от југ.
Никакво лајене и ѓурултији на Гебелс, Мусолини и нивните чи-
раци за „тотална мобилизација" и „верата во победа", за „болше-
вичка опасност" и пропаста на европејската цивилизација", не мо-
же даја скрие пропаста и заслуженото наказание које ги чека фа-
шистките грабачи и нивните слуги.
Co ce појакото ударение на сојузничкото оружје по така изре-
ченото „европејско кале", расте вулканот и у самото „кале", рас-
те геројскиот отпор и борбата на поробените, ама не и покорени-
те европејски народи. Се урнисујат веке испуканите зидови на фа-
шискиот „нов поредок", со кој фашистките грабачи мислеја да ги
за во навек оковајат во ропски синџири европејските народи.
Оганот на народно-ослободителната борба на поробените ев-
ропејски народи највише се разгореја на Балканот, во Југослави-
ја, Албанија и Грција, во непосредна близкост на нашата таткови-
на. Братските народноослободителни војски на Југославија, Алба-
нија и Грција не само што им задават се потешки и се посериоз-
ни ударенија на фашиските окупатори, ами секој ден се повише
ги прошируваат своите ослободени територији и ја чистат својата
татковина от фашистките банди. А братскиот бугарски народ веке
се навоѓа пред непосредна одлучна борба против германските
окупатори и нивните понемчено бугарски слуги.
Денот на слободата и еден поарен живот, макар уште колку
жертва и самопрегори да сака, е сосем близок!
* Ова е прв проглас издаден од ЦК КПМГ има изиграно значајна улога во мобилизира-
њето на народот во текот на НОБ.
113
ЗАПИСНИК ОД ПРВАТА СЕДНИЦА НА ПРОШИРЕНИОТ
ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ HA ACHOM*
30 април 1944 г.
ЗАПИСНИК
Составен на првото заседание на проширениот Иницијативен
одбор за свикување на македонското народно собрание, одржа-
но на 30 април 1944 година. Заседанието го отвори командантот
на Главниот штаб на Македонија, генерал Михаил Апостолски.
Присаствуваја членовите на Иницијативниот одбор - 15 делегати
од Македонија. Генерал Апостолски даде преглед на досегашна-
та работа на Иницијативниот одбор за свикување на македонско-
то народно собрание и го предложи следниот дневен ред:
1. Проширение на Иницијативниот одбор:
2. Одобрение на земените до сега решенија од Главниот штаб
и Иницијативниот одбор и дадените согласија пред АВНОЈ;
3. Предложение, Методи Андонов - Ченто, претседател на
Иницијативниот одбор, за свикување на македонското народно
собрание да отиде како претставител на Иницијативниот одбор
при Врховниот штаб на Југославија и АВНОЈ;
4. Прашање за македонската емиграција во Бугарија. По прва-
та точка на дневниот ред генерал Апостолски ја предложи след-
ната листа на проширениот Иницијативен одбор за свикување на
македонското народно собрание и за работното тело на Иниција-
тивниот одбор, која ќе биде едногласно одобрена:
Претседател: Методи Андонов - Ченто, од Прилеп,
Потпретседатели:
1) Мане Чучков, директор на гимназија од Штип,
2) Бане Андрејев; јавни работник од Велес,
Секретари:
1) д-р Кирил Миљовски, ветеринарен лекар од Битола,
2) Кирил Григоров, адвокат од Штип.
Членови:
1) Генерал Михаил Апостолски, од Штип,
2) Цветко Узуновски, политички комесар на Главниот штаб на
Македонија, од Ресен,
114
3) Кирил Петрушев, типограф од с. Богданци - Гевгелиско,
4) Епаминонда поп-Антонов, професор, од Струмица,
5) Страхил Гигов, заменик политички комесар на Главниот
штаб на Македонија, од Велес,
6) Никола Минчев, учител од Кавадарци,
7) Петре Пирузе, адвокат од Охрид,
8) Мара Нацева, работничка од Куманово,
9) Благој хаџи-Панзов, адвокат од Велес,
10) Д-р Владо Полежина, правник од Кичево,
11) Ристо Бојалцалиев, приватен чиновник од Гевгелија,
12) Борко Темелков, работник од Прилеп,
13) Тодор Пецов - Циповски,
14) Панко Брашнаров, од Велес,
15) Тодор Звездин, од Скопје,
16) Генадија Лешко, од Бродско,
17) Милан Стефанов, од Прилеп.
Работно тело на Иницијативниот одбор:
Претседател: Методи Андонов - Ченто,
Потпретседател: Мане Чучков, Секретар:
Кирил Григоров, Членови:
1) Кирил Петрушев,
2) Страхил Гигов,
3) Мара Нацева,
4) Епаминонда поп-Антонов.
По второто прашање, за одобрение на земените до сега реше-
нија од Главниот штаб на Македонија и досегашниот Иницијативен
одбор и дадените согласија пред АВНОЈ, генерал Апостолски и
Методи Андонов - Ченто, објасниха оти Главниот штаб и Иниција-
тивниот одбор са биле принудени да земат важни решенија пора-
ди нуждата која се налагаше од развојот на меѓународното поло-
жение и развојот на собитијата во Југославија, да се определи по-
ложението на Македонија во денешната борба, без да може да се
чека формирањето на едно редовно народно собрание. Тие ре-
шенија са следните: Македонија денеска се бори рамо до рамо со
сите југословенски народи за една нова демократска и федера-
115
тивна Југославија, во која Македонија ќе биде една од шесте фе-
деративни, равноправни единици. Таја воља Главниот штаб на Ма-
кедонија е прокламира преку својте делегати пред АВНОЈ. Исто та-
ка, тој делегира свој преставители во пленумот на АВНОЈ и прези-
диумот на АВНОЈ. Co земањето на тија решенија се определује на-
полно положението на Македонија во денешната борба. Това се
изјаснува исто така и со издавањето на манифестот од Главниот
штаб кој ги прокламира сите тија принципи.
Членовите на проширениот Иницијативен одбор ги одобрават
земените решенија и се согласјават со досегашната работа на
Главниот штаб и Иницијативниот одбор.
По предложението, Методи Андонов - Ченто да отиде како
претставител на Иницијативниот одбор при АВНОЈ и Врховниот
штаб на нова Федеративна Југославија, сите членови се согласи-
ја да се земе това решение, имајќи предвид оти присуството на
Ченто ќе даде возможност да имаме непосреден и близок кон-
такт со одговорните тела на Федеративна Југославија, за да се из-
несе правото положение на Македонија од нејн одговорен прет-
ставител.
По прашањето за македонската емиграција во Бугарија, Бане
Андрејев предлага, и след поопширна дискусија со приема, да се
направат следните дејствија:
а) да се испрати едне општ позив до целата емиграција во Бу-
гарија и да се покани да се приклучи на борбата на македонски-
от народ;
б) да се испратат лични писма до видни Македонци од емиг-
рацијата и да се поканат да вземат учестие во борбата што е во-
ди денеска целиот македонски народ,
в) да се испратат писма до сите македонски братства во Бу-
гарија, во кои да им се објасни линијата на нашата борба и да се
поканат да извршат мобилизација на сите свои сили.
На крајот, след исчерпувањето на дневниот ред, Страхил Ги-
гов предложи да се испратат поздравни телеграми до: Тито, АВ-
НОЈ и Димитар Влахов. Предложението се прие еднодушно
След това, заседанието ја прикључи својата работа.
Секретар: Претседател:
116
(п) К. Глигоров (п) М. А. Ченто
Членови:
(п) Генерал М. Апостолски
(п) М. Р. Чучков (п) Еп.
Антонов (п) Б. X. Панзов
(п) Страхил Гигов (п) Мара
Нацева (п) Бано Андрејев
(п) Кирил Петрушев
36. АСНОМ, стр. 112-115.
*Седницата се одржа во селото Стајовце, на слободната територија во Кумановско.
ОТВОРАЊЕ НА ЗАСЕДАНИЕТО 2
август 1944 г.
Точно во 5,15 часот поручок, при полна тишина најстариот по
години член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител
од Велес, со тих и дрхтав глас, го отвора заседанието со следни-
те думи:
„Другарки и другари народни претставители,
Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор
Пчински" и на овој историски ден -ИЛИНДЕН-, кога објавувам да
е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ос-
лободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и
пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од
Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата маке-
донска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетве-
ковниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да
се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.
Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни на-
родни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија,
им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на наша-
та слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци - на
117
Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска вој-
ска, и поставените темели за остварението на идеалот на две по-
коленија, на две епохи - слободна, обединена Македонија.
Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве покану-
вам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна,
бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минут-
но молчание). Вечна слава на падналите герои за слободата на
Македонија!
Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илин-
дена -1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј мо-
менти за илинденската народна епопеја и Крушовската република.
Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огром-
на беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Кру-
шовска република. Но, разјарениот башибозук и турската регуларна
војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија -
Крушовската република, го потушија востанието и го стегнаја искр-
вавениот македонски народ во ново ропство.
Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја
поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот на-
род не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се
дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фа-
шизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во
неа виде возможност да ја помогне општата борба, на сите поро-
бени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оства-
ри својот вековен национален идеал.
И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонски-
от народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословен-
ски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, брат-
ска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот,
славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македони-
ја, се стават темелите на македонската држава во која да се обе-
дини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го зас-
лужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.
Да е жива нашата мила македонска федерална држава!
Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички
покров на братските јужнословенски народи!"
118
След речта на другарот Панко Брашнаров, четат се следните поз-
дравни телеграми испратени до Првото заседание на АСНОМ (Анти-
фашиското собрание на народното ослободуење на Македонија): Прво заседање на Антифашиското собрание на Народното Ослободујенје на Македони-
ја. Илинден 2 август 1944, стр.,4-5. (Скратено: Прво заседање).
ДЕКЛАРАЦИЈА ДОНЕСЕНА НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ
НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ
НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
2 август 1944 г.
ДЕКЛАРАЦИЈА
на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска
Македонија
1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднак-
ви и равноправни пред законите, не гледајќи (на) нивната народ-
ност, пол, раса и вероисповеданије.
2. На националните малцинства на Македонија се осигурават
сите права на слободен национален живот.
3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста за личноста
и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната ини-
цијатива во стопанскиот живот.
4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероис-
поведанието и слободата на савеста.
5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, пе-
чатот, собирањето, договорот и слободата на дружението.
6. Изборното право на демократска Македонија го вршат из-
бирачите со тајно гласуване на основание на општото, еднаквото,
непосредното и личното изборно право.
7. Правото да избируат и да бидат избирани во сите изборни
тела во народната власт (го) имајат секој граѓанин и секоја гра-
ѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје
престапление. До дека траје народноослободителната војна, по
решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајно-
то и непосредното гласуване.
119
Малоумните лица, како и лицата кој со провинет по отношение
на интересите на народно-ослободителната војна, се лишават от
правата по точка 5 и 6 на оваја декларација.
8. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без
разлика на народност и вера, да учествуе како војник во редовите
на народно-ослободителната војска и партизанските одреди.
9. Се забранува и прогонуваат сите фашиски и профашиски
дејствија, оти се против слободата и независноста На братската
заедница на народите во Југославија.
10. На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба
против решениата на органите на власта по начин предвиден во
законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите
државни власти.
11. Народната власт се старае да (ја) отстрани неписменоста
и да ја подигне народната култура како и да осигура безплатна
просвета.
Во манастирот „Св. Прохор Пчински" на ИЛИНДЕН, 2 август
1944 година.
За Антифашиското собрание на народното ослободуене на
Макеоднија.
Секретар: Претседател:
Љупчо Д. Арсов Методи Андонов - Ченто
Љ.Арсов, с.р. М.А.Ченто, с.р.
ИНИ.-Инв.бр. 2841
РЕШЕНИЕ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ЗА ВОВЕДУ-
ВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СЛУЖБЕН ЈАЗИК
ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
2 август 1944 г.
РЕШЕНИЕ
на Антифашиското собрание на народното ослободуене на
Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен ја-
120
зик во македонската држава
Член 1
Во македонската држава како службен јазик се заведуе на-
родниот македонски јазик.
Член 2
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински", на ИЛИНДЕН 2 ав-
густ 1944 год(ина).
За Антифашиското собрание на народното ослободуење на
Македонија.
Секретар: Претседател:
Љупчо Д. Арсов, ср. Методи Андонов- Ченто, с.р.
AM. - Фонд АСНОМ, 1 944 г.
РЕШЕНИЕ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ HA ACHOM
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ - ЗА НАРОДЕН
ДРЖАВЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
РЕШЕНИЕ
на Антифашиското собрание на народното ослободуење на
Македонија за прогласуене на Илинден - 2 август - за народен др-
жавен празник на македонската држава
Чл. 1
Илинден - 2 август - се прогласуе за народен државен праз-
ник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол
на сите негови борби за неговото коначно ослободуене от веков-
ното ропство и (за) создаване на слободната и суверена Феде-
рална македонска држава.
Чл.2
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински", на ИЛИНДЕН, 2 ав-
густ 1944 год(ина).
За Антифашиското собрание на народното ослободуене на
Македонија
121
Секретар Претседател:
Љупчо Д. Арсов, с.р. Методи Андонов-Ченто, с.р,
AM. - Фонд АСНОМ 1944 г.
АПЕЛ КОН МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА*
Септември 1944 г.
Драги сонародници,
Македонскиот народ има водено и води епски борби за своето
национално ослободување. Неговите најсмели и самопрегорни си-
нови непрестајно ја напаѓаа со јуриш турската тврдина на феудализ-
мот и деспотизмот. Ентузијазмот и самопожртвувањето на Македон-
ците ја создадоа херојската епопеја меѓу револуционерните борби
на македонскиот народ - Илинденското востание во 1903 година.
Водени смело од идеолозите на македонската ослободителна
Димо X. Димов и плејада други борци, илинденците ја обесмрти-
ја таа борба и го запишаа на страниците на национал-револуцио-
нерните движења најголемиот херојски подвиг.
Ситуацијата во која беше подготвена, организирана и спрове-
дена национално-револуционерната борба бараше цврста увере-
ност и фанатична смелост. Турската власт, иако и со очевидните
знаци на деморализација, беше се уште силна за да се пресмету-
ва со македонските борби. Тогаш постојните влади на Срби, Гр-
ци и Бугари, спроводници на хегемонистичката политика на Бал-
канот, ги вкрстуваа своите аспирации за присвојување и разделу-
вање на македонската земја, за поробување и асимилирање на
македонскиот народ. За да се отстрани оваа опасност, македон-
скиот народ мораше да ја води борбата самостојно, со сопстве-
ни сили и средства, против глутница шовинисти и завојувачи, уп-
равници во балканските држави. Меѓутоа, наспроти неблагопри-
јатните услови револуционерната енергија на поробените Маке-
донци секогаш беше во бојна готовност.
Од времето на турското господство до наши дни македонски-
от народ бил непрестајно во ропство и постојано во борба за
своето ослободување. Земајќи го предвид делото на македон-
122
ската ослободителна борба во минатото, којашто најде херојски
пример во Илинденското востание, ние Македонците сме пред
настани судбоносни и големи.
Македонскиот народ преживеа тешки години на национален
гнет. По започнувањето на сегашната војна крвавиот фашизам во
лицето на хитлеровска Германија, вооружена до заби, со тајното
и јавно содејство на бугарските и македонските фашисти, стрмог-
лаво се насочи и кон Балканот, a co тоа навлезе и во нашата тат-
ковина Македонија и се наложи со својот воен и полициски апа-
рат. Македонскиот народ се најде во едно уште пострашно еко-
номско и национално ропство. Македонскиот народ беше газен,
онеправдан и жестоко експлоатиран. Тој беше ставен во нечуен
мрак, насилство и потисништво. Народната мисла беше окована
во железните вериги на најцрно мрачништво, а нејзините носите-
ли убивани на најнечовечен начин или апсени, фрлани во затвори-
те или испраќани во концентрациони логори. Се гореше имотот и
покуќнината на населението, се применуваа воопшто инквизитор-
ски средства пострашни од оние во средновековјето.
Така во Македонија од 1941 година изникна како решителна си-
ла Македонската народноослободителна војска, којашто славно ги
продолжува традиционалните и историски борби на македонскиот
народ против завојувачката политика на Балканот и во тесен сојуз
со движењето на маршал Тито да ја гради слободата на Македони-
ја и нејзиното федерирање со сите демократски сили на Балканот.
Во таа ситуација во нашата татковина се создаде АСНОМ (Ан-
тифашистичко собрание на народното ослободување на Македо-
нија) како институт од највисока револуционерна и политичка
вредност прокламирајќи го основниот закон на Македонија, a
имено: полно самоопределување на македонскиот народ,
Денеска во Македонија е установена револуционерна народ-
ноослободителна власт, која функционира преку свои органи - Ко-
митет на Народноослободителниот фронт,
Македонската емиграција во Бугарија водеше упорна и крва-
ва борба против агентите на фашистичката завојувачка политика
во нејзината средина. Co неа, со таа борба, таа се наредуваше во
борбата на бугарскиот народ против фашизмот и завојувачката
123
политика и посредно ги потпомагаше борбите на македонскиот
народ за слободата, којашто е невозможна без уништувањето на
фашистичките клики на Балканот, сплотени во последно време
зад хитлеровска Германија.
*Апелот е упатен до македонската емиграција во Бугарија од страна на видни општестве-
ни македонски дејци. Апелот е упатен веднаш по конституирањето на АСНОМ.
МИХАИЛ СМАТРАКАЛЕВ, „МАКЕДОНСКА КНИГА"* 1
јануари 1948 г.
„Македонска книга" - за нас тоа звучи непринудено гордо. До
вчера нашата нација не беше признавана. Нашиот јазик беше сме-
тан за дијалект, а нашата култура ја присвојуваа други. Македон-
ските ѕвонливи песни, убави народни ора се сметаа српски или
бугарски. Нашиот национален дух се потиснуваше од српските и
бугарските шовинисти.
... Сега поголемиот дел од Македонија е слободен и среќен.
Тој во ред со другите југословенски народи стапи тврдо по патот
на прогресот на социјализмот. Ние имаме своја Народна Репуб-
лика Македонија во рамките на Титова Југославија, своја народна
власт, свој национален јазик, свој театар, свои училишта, свој уни-
верзитет, своја литература... Сега, под топлото крило на легендар-
ниот Тито, цути македонската литература.
Македонската книга слободно се шири низ земјата на Климента
Охридски. Македонската книга навлегува во селските и градските ку-
ќи. Сега имаме свој буквар, своја граматика, свои читанки, свои вес-
ници, списанија, учебници. На македонска книга учат нашите деца. На
македонски јазик се преведува науката на напредните народи. Маркс,
Енгелс, Горки, Шолохов, се учат на македонски јазик во нашата тат-
ковина. Нашиот јазик се обогатува, развива, израснува. Толку многу
години ропство и застој - сега со брзи и големи чекори напред!
Но таа светла и прогресивна книга не стои само во HP Македо-
нија. Таа книга е за сите Македонци од Егеј до Шар од Охрид до
Места. Во Пиринска Македонија македонската книга навлегува веќе
со својата висока мисија: да ги сврзува здраво пиринците со вардар-
124
ците, да го сплотува единствениот народ. Новата книга грее во ма-
кедонските книжарници во Џумаја, Петрич, Неврокоп. Се лее звучни-
от македонски јазик по училишните соби. Македонската книга ги
збратимува долго разделените со телени мрежи. Таа ги руши гранич-
ните столбови? Таа ги сврзува Пирин со Бабуна, Шар со Егеј. Таа ја
зацврстува македонската нација. Налива гордо национално чувство
во пиринците. Го закрилува ентусијазмот на младинците - вдахнува
вера во скорешното полно обединување на Македонците..."
Пиринско дело, год, IV, бр,
1 ( 1 јануари 1948 година),
* За популаризирање на македонската книга во Пиринска Македонија на крајот на декем-ври 1947 година се организира „Недела на македонската книга". По градовите и селата беа
организирани изложби на книги и се одржуваа предавања за значењето на книгата во разви-
токот на македонската национална култура. По тој повод весникот „Пиринско дело" го објавува написот „Македонска книга" на ма-
кедонски јазик.
ПРОГЛАС НА ВРЕМЕНАТА ПОЛИТИЧКА КОМИСИЈА
НА МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЦИЈА*
12 ноември 1944 г.
До македонскиот народ под Грција
Браќа Македонци
Еден од најизмачените народи во светот е нашиот. Шес векои
чекаме да си сдобиеме слободата, шес векои со пушката во ра-
ка участвуваме во сите војни или заедно со други поробени на-
роди или сами, за да скиниме синџирите на робијата ни, и да скр-
шиме тешките пранги шо не остават да станиме и ние като сиот
друг свет да си развиеме културата ни и да продолжиме старата
ни славна историја.
Народот ни шо даде писмото и културата на триста милиони
Славјани, беше осуден да тлее и да угасне, беше казнат да спие
робскиот сон долги години без да има право да види белиот ден
на слободата, като да не заслужаваме да живиме и ние слобод-
но, како да сме вечно казнати да бидиме јаболката на раздорот
от старо време, и нашата земја, богатата и убава Македонија, да
125
се дава како дар от големите сили на империјалистичките држа-
ви на Балканот. Зато во секоја војна шо се водеше во Балканот,
Македонија не верваше дека ке можи да се ослободи, знаеше
оти постоеше само за туѓи интереси. Турското ропство иконими-
чески, културно и социјално имаше осакатено нашата мила земја.
Нашите дедои, за да земат судбината на нашата татковина во сво-
ите раци, 1903 година со една полна волја и надежда оти ке мо-
жат да успеат, зедоа пушката во рака, за да остварат тој стар наш
идеал, и да истерат петвековните поробители. Како брилјант све-
тат имината на геројте ИЛИНДЕНЦИ. Добро, ама империјалисти-
те на Балканот угаснаја со крв востанието. Дојде балканската вој-
на и во Версај не разделија меѓу великобугарите и великосрбите
и великогрците. Немаше кој да ни поможи и да ни ослужи.
Црниот јарем на грцкио фашизам беше оште потежок и от тур-
цкиот. Многу коски на наши браќа посипаја грцките острови. Ум-
ре Метаксас и со олекната душа чекафме побели дни, ама хитле-
ристите окупатори попалија нашите села и градој. Требаше да се
бориме за слободата ни или да не постоиме во овој свет.
Co полна вера и надежда оти не ке не остават другарите ни Гр-
ци от ЕЛАС да се слизниме пак во старата робска келија, влегов-
ме во борбата и три години водевме заедничка борба за истата ка-
уза - да истераме окупаторот и да добиеме правото на самоопре-
деление согласно Атланската карта. После тригодишната борба не
само не ни се даде правото да приказваме за самоопределение,
ами бојните ни другари от ЕЛАС сакаја да не нападнат и да не без-
оружат, не објавија како автономисти и фашисти и не ни позволија
после успехите шо постигнавме да приказваме на вас оти имаме
право на самоопределение како шо каза генерал ТЕМПО, преста-
вителот на Маршал ТИТО во говорот му на народниот митинг во
гр. Битола на 7. 11. 44 год. по случај прославата на големата руска
револуција, оти МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ПРАВО КАКО СЕ-
КОЈ ДРУГ НАРОД НА СВОЕТО САМООПРЕДЕЛЕНИЕ.
НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА МУ ПРЕЧИ НА ТОА И ДА ГО ДЕЛИ
БЕЗ НЕГОВАТА ВОЛЈА. НИЕ ГО ЗАСЛУЖИВМЕ ТОА ПРАВО CO
ТРИГОДИШНАТА ВОЈНА, НИЕ ГО ИЗВОЈУВАВМЕ НАШЕТО ПРА-
ВО. Ние, браќа Македонци, не бараме појке от колку заслуживме.
126
Сакаме сами да си ја решиме судбината и да пожнееме плодојте
што ги посеавме, со нашите успехи и што ги повадивме со наша-
та крв.
Смрт на фашизмот - Слобода на народот
12. II 1944год. Од времената политичка,
комисија на Македонците
под Грција
AM. - Збирка „Егејска Македонија во НОБ". АЕ: 271. *Во прогласот е изнесен неправилниот став на грчкото раководство на отпорот спрема
желбите и стремежите на македонскиот народ; поради тоа дојде до отцепување на македон-
скиот баталјон од ЕЛАС до формирањето на Комисијата.
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СУВЕРЕНОСТ 1991 г.
На 25 јануари 1991 новото, повеќепартиско Собрание на
Република Македонија, ја усвои Декларацијата за сувереност на
Република Македонија, во која, меѓу другото, Република
Македонија е дефинирана како суверена држава, која во
согласност со своите интереси независно одлучува за своите
идни односи со државите на другите народи од Југославија.
РЕФЕРЕНДУМ 1991 г.
На референдумот, одржан на 8 септември 1991 година,
граѓаните на Република Македонија по пат на плебисцит, со 95,09
отсто гласале за суверена и независна Република Македонија.
На гласачките ливчиња за непосредно и тајно изјаснување
стоеше: „Дали сте за самостојна и суверена држава Македонија"
со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на
Југославија?!
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НЕЗАВИСНОСТ 1991 г.
Врз основа на резултатите од Референдумот, Собранието на
127
РМ на седницата одржана на 17 септември 1991 ја усвои
Декларацијата за независност. Повикувајќи се на волјата на сите
граѓани изразена на Референдумот, Декларацијата изразува дека
Република Македонија како суверена и независна држава ќе се
придржува кон генерално прифатените принципи во
меѓународните односи, содржани во Повелбата и во другите
документи на ООН, Финалниот документ на КЕБС, Париската
повелба на КЕБС и тоа ќе биде основа за нејзините активности во
меѓународните односи.
На 19 декември 1991 година Собранието на Република
Македонија ја усвои Декларацијата за меѓународно признавање
на Република Македонија како суверена и независна држава.
АРБИТРАЖНА КОМИСИЈА НА ЕЗ
Арбитражната комисија на Европската Заедница Што ја
раководеше Робер Бадентер во извештајот од 11 јануари 1992
год., меѓу другото констатира дека „Република Македонија ги
задоволува условите предвидени со насоките што се однесуваат
на признавањето на нови држави во Источна Европа и во
Советскиот Сојуз, како и со Декларацијата за Југославија, што
Министерскиот совет на ЕЗ ја усвои на 16.12.1991 година.
ПРИЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА BO OOH
Собранието на Република Македонија на 29 јули 1992 година
ја изгласа Одлуката за прием на Република Македонија во ООН
како суверена и независна држава. Набргу потоа претседателот
на државата поднесе формална апликација за признавање на
Република Македонија како членка на ООН. Република
Македонија е примена за членка на ООН на 8 април 1993 година.
Република Македонија ги прифати Декларацијата и другите
документи на ООН, принципите на современите меѓународни
односи и постојните стандарди во меѓународното право.