Top Banner
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 116, 15 Ноември 2009, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... Македонците во Албанија немаат ни осмина од правата што Албанците ги имаат во Македонија!!!
32

АМАК ПРЕС 116

Mar 22, 2016

Download

Documents

alan.kaou

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: АМАК ПРЕС 116

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 116, 15 Ноември 2009, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Македонците во Албанија немаат ни осмина од правата што Албанците ги имаат во Македонија!!!

Page 2: АМАК ПРЕС 116
Page 3: АМАК ПРЕС 116

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоуфото:

Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Петруш Јовески

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3

Збор на уредникот

Кога размислував што да напишам овој пат, одлучив дека во овие есенски дождливи дено-ви нема потреба да Ви зборувам за тешки, тмурни теми, туку секојдневието да Ви го освежам со нешто убаво и да Ви зборувам за правилното но во исто време модерно облекување на де-ловните жени. Можеби се прашувате зошто? Не сакам никого да навредам, но сметам дека многу малку од вработените жени умеат да се облечат соодветно за своето работно место, за да изгледаат деловно. Никако не смееме да се облекуваме како што се шетаме преку ден, а уште помалку како што изгледаме навечер. Се знае во секој дел од денот и во секоја приго-да каква гардероба треба да се носи. Навистина е преубаво кога ќе видиме некоја деловна жена што е модерна, убава и соодветно облечена. Мислам дека секоја фирма треба да воведе кодекс на облекување за своите вработени додека се на работното место. Затоа, ние во овој број на “Охридските новини“ во “Модерниот деловен Кодекс“, Ви претставуваме неколку мо-дели како пример како треба да се облекувате додека сте на работа. Се надевам дека ќе при-фатите дел од нашите совети, а ние Ви посакуваме да бидете амбициозни, успешни и истрајни во своите планови, а убавината што ја носите во себе да ја надополните со деловен изглед. На крајот од ова обраќање Ве поканувам да ги прочитате содржините од овој број на Охридски-те новини. Во него покрај информациите сместени во рубриката Наш Охрид, од интервјуто што го направивме со претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Ед-монд Темелко ќе откриете како живеат нашите во Албанија. Наша е честа што разговаравме и Ви го раскажуваме животниот пат на доајенот на македонското новинарство, поет, прозаист, драмски автор и културен деец во градов, Видое Видически. Бевме на кафе со музичарот Ѓоко Танески, а во спортската рубрика ќе прочитате за спортистот Бобан Наумоски кој го освојува светот и се закитува со златни медали. Другите содржини не Ви ги откривам, прочитајте ги сами. Всушност во есенско дождливо време една од поубавите комбинации е да бидете дома и по напорниот работен ден да се информирате и релаксирате читајќи ги содржините што ние Ви ги нудиме.

Животот е еден со многу моменти, ние Ви ги нудиме најубавите, оние кои како охриѓани не смееме да ги заборавиме.

Деловна жена

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридИнтервјуОбразованиеРепортажаВи најавуваме...Охридски легендиЕкономијаНаша гордостНа кафе со...Прашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Page 4: АМАК ПРЕС 116

4

Наш Охрид

Нови плажи на охридското крајбрежје

По Охридското крајбрежје ќе никнат уште пла-жи. Владата има намера под концесија да ја изда-

де Секоја педа слободна земја на охридското крајбрежје. Од Мини-стерството за транспорт и врски информираат дека во тек е по-стапка за издавање на локации за три плажи, а се предвидува под концесија да биде издаден и пре-останатиот дел од крајбрежјето, освен просторот кој е предмет на денационализација.

- Тенденција на Министерството е да се издаде секој дел од брегот на езерото. Има проблем со дел од плажите околу земјиштето кое им е вратено на сопствениците преку денационализацијата, но интенција на Министерството е да се издаде секој слободен простор на плажите, со цел истите да се облагородат во функција на привлекување што по-голем број туристи, вели министе-рот Миле Јанакиески. Нови плажи ќе бидат изградени и на градскиот кеј. Според Деталниот ур-

банистички план донесен во 2000 година се предвидува навлегување во водите на Охридското Езеро на просторот каде се лоцирани повеќе хотели.

- Со постоечкиот ДУП за потегот од Канео до Студенчишта кој исклучи-во го третира крајбрежниот про-стор, од кејот до Билјанини извори се предвидува изградба на три плат-форми и навлегување во водена-та површина, како и проширување на пристаништето пред хотелот „Па-лас“ и градското пристаниште, ис-такна началникот на секторот за ур-банизам Бранко Арнаудоски.

Тој информираше дека со урбани-стичкиот план усвоен од Советот пред 9 години се предвидува п плат-формите од плажите да се изградат на простор во должина од 900 ме-три, за што ќе треба да се изјаснат сите надлежни институции.

Според градоначалникот Петре-ски изградбата на плажи на кејот е добра идеја која е во функција на развој на туризмот.

- Тие плажи нема да бидат на шета-лиштето или во тревникот, туку тие ќе бидат на платформи кои со бре-гот ќе бидат поврзани со мост и сме-там дека е добро сите тие пет - шест хотели на кејот заеднички да имаат две плажи, затоа што хотел без пла-жа тешко може да работи, вели Пе-трески

Нови плажи се планираат и на по-тегот од стадионот Грашница па се до реката Далјан. За ова земјиште сопствениците на угостителски-те објекти кои гравитираат на овој простор не покажале голем инте-рес поради што најверојатно Мини-стерството за транспорт ќе распи-ше нов тендер и тие плажи ќе ги из-

даде на заинтересирани субјекти, најавуваат од локалната самоупра-ва.

Екологистите реагираат дека из-градбата на нови плажи ќе преди-звика дополнително нарушување на крајбрежјето. Според нив голем дел од изградените плажи покрај тоа што го ограничуваат слободното движење на луѓето, не ги задоволу-ваат и еколошките стандарди.

- Сите тие објекти на плажите се всушност кафетерии на езерото каде не е решена инфраструктура-та и фекалните води кои се созда-ваат се излеваат во езерото, вели Борис Стојаноски од еколошкото друштво „Грашница“. Според него добро е плажите да се издаваат под концесија бидејќи се уредува про-сторот, но мора да се води смет-ка и за животната средина. Докол-ку нема можност за приклучување на тие објекти на колекторот, тогаш отпадните води треба да се трети-раат во мини пречистителни стани-ци, а доколку некоја плажа не ги ис-полнува еколошките норми не тре-ба да добие дозвола за работа, до-дава Стојаноски. Екологистите предупредува-ат дека УНЕСКО внимателно ги следи состојбите со Охридско-то Езеро и дека преголемата комерцијализација на крајбрежјето не само што може да го загрози ста-тусот на Охрид како светско култур-но и природно наследство, туку ќе предизвика и поголеми последи-ци врз еко- системот, а со тоа и врз развојот на туризмот.

Министерот за Транспорт и врски - Јанакиевски

Начаалникот на секторот за ур-банизам - Арнаудоски

Градоначалникот Петрески

Стојаноски - ЕД Грашница

Page 5: АМАК ПРЕС 116

5

Наш Охрид

Елитен хотелски комплекс на-словен како “Окото на Охрид“ ќе никне на атрактивна-

та местоположба на самиот кеј од Охридското Езеро, во близи-на на Билјанини извори .Охридска-та фирма „Трудбеник“ и македонски-от бизнисмен од Америка, Спиро Трајчески потпишаа договор за за-едничко инвестирање во изградба-

та на хотел вреден 33 милиони до-лари.

Монденскиот комплекс богат со многу содржини ќе биде распо-слан на површина од околу 15.000 квадратни метри, а во него се пред-видува да бидат вработени над 600 лица. Оваа локација беше предмет на јавниот оглас за продажба на гра-

дежно земјиште што Министерство-то за транспорт и врски го објави неодамна.

Според најавите, изградбата на хо-телот ќе почне на почетокот на март и се планира да биде завршен за две години. Хотелот ќе има капаци-тет од 500 гости и според најавите, ќе биде најлуксузниот објект на бре-

гот на Охридското езеро.Доколку средувањето на документацијата се одвива според планот се очекува комплексот “Око-то на Охрид“ да биде завршен во рок од две години.

Хотел вреден 33 милиони долари ќе се гради во Охрид

Владата ќе издвои три милиони денари од буџетот за идната година за изработка на студија за ревалоризација на Охрид-ското Езеро. Оваа одлука е донесена врз основа на активно-стите за подготовка на Законот за управувањето со култур-

ното и природното наследство во Охридскиот регион. Студијата за ревалоризација ќе значи испитување на вредностите и квалитетите на езерото, со цел да се придонесе во неговата понатамошна заштита.

- Ваквата поддршка ќе значи отворање процес кој одамна беше по-требен. Охридското Езеро последниов период се' почесто е изложено на притисок од економските, социјалните и еколошките промени во регионот. Треба да се направат големи напори за езерото квалитетно да се заштити и не смее да се дозволи одредени неартикулирани ин-тереси да го доведат во опасност - вели Дејан Паноски од Билатерал-ниот секретаријат за заштита на езерото.

Охридското Езеро е едно од најстарите во светот. Поседува уникатна флора и фауна и е еден од најголемите биолошки резервати во Евро-па. Езерото од 1980 е под заштита на УНЕСКО

Три милиони за ревалоризација на Охридско

Page 6: АМАК ПРЕС 116

6

Наш Охрид

Последниве години Локал-ната власт се соочува со сериозен просторен про-блем. Имено, Општина-

та како локална самоуправа не е стопан на целата зграда. Локални-те служби па и кабинетот на градо-началникот се сместени на еден кат а на останатите два ката се просто-рии што ги користат вработени во подрачните единици на министер-ствата. Во последно време како ре-зултат на бројните вработувања во локалната власт ситуацијата стана уште похаотична. Една просторија ја користат четворица или пет мина службеници а се случува двајца вра-ботени да користат едно биро или компјутер. “За наше непречено функционирање ние мора простор-но да се прошириме. Неопходни се нови сали за работа на комисиите и помошните тела на советот на оп-штината и градоначалникот. И прет-седателот на општинскиот совет нема своја канцеларија“, вели порт-паролот во локалната самоуправа, Никола Манески.Условите за работа стануваат уште потешки во петоците, кога во го-лемата сала во која се одржуваат седниците на совет се склучуваат граѓански бракови проследени со гласна музика и песни.

“Проблемот за адекватна сала за венчавки ние го имаме вооче-но одамна и доблесно е да признам дека оваа актуелна власт не е прва која тоа го согледала. Овој проблем на немање адекватна свечена сала за венчавки во Охрид е согледан од поодамна но решението секоја ак-туелна власт и градоначалникот го гледа во комплексното решавање, обезбедување простории за ло-калната самоуправа. Што се одне-сува до салата за венчавки, во ред би било таа да биде надвор од оп-штинската зграда, со цел да се из-бегне метежот кој настанува за вре-ме на склучување на граѓанските бракови“, додава Манески.Бројот на вработувања во локална-та самоуправа, последниве две го-дини е значително расте а со тоа се посериозен станува просторниот проблем. Гласноговорниците на локал-ната самоуправа велат дека зајакнувањето со нови кадри зна-чи подготовка за барањата што ги налагаат наредните фази за децентрализација.

Многу вработени, малку простории

Проблем во Локалната самоуправа

Page 7: АМАК ПРЕС 116

definitivno www.don.com.mk

Page 8: АМАК ПРЕС 116

8

Неодамна во Албанија се од-ржаа парламентарни избори, ка-ков исход имаа тие за Македон-ците што живеат таму?Колку тие имаат право на јавен политич-ки живот, политички активности и влијание врз актуелната поли-тичка власт?

Последните парламентарни избо-ри во Албанија имаа многу голе-мо значење за сите Македонци во Албанија. Без разлика што некои поединци “псевдо патриоти“ са-кат да го омаловажат овој поли-тички настан во полза на свои ин-тереси и да се истакнат како не-каква категорија личности, збо-руваат се и сешто преку медиу-мите во Македонија, без воопшто да се интересираат и да придо-несат за правата на Македонците

во Албанија .Велам од голем инте-рес беа овие избори бидејќи за прв пат речиси на поголемиот дел од Албанија отворивме изборни шта-бови каде се вееше симболот на на-шата партија, македонско знаме со шеснаесет –кратно жолто сон-це на црвена основа. Значи ако до-сега тоа можеше да се виори само во Мала Преспа, на овие избори тоа го направивме низ цела територија на Р. Албанија каде има значителен број Македонци. Прв пат влеговме со наши симболи со наша програ-ма во чисто етничките зони “Гора“ и “Голоборд“ каде сега имаме наши структури. Жално е што таму иако населението е македонско, албан-ската држава не ги признава како Македонци. Децата не учат ниту еден збор на свој мајчин македон-ски јазик. Таму во секоја куќа ќе го

чуеш зборот “се плашиме од Ар-наутите“, или“ сепак ова е почеток, важно почнавме од некаде“ .И на-вистина Македонците почнаа да се будат и тоа се докажа на избори-те каде “Македонска алијанса за ев-ропски интеграции“ , имаше гласо-ви во сите места каде ние тврдевме дека постои македонско население. И тоа беше голем тест .Се докажа дека македонската партија има ка-пацитет да се справи со политиката во Албанија за остварување на пра-вата на Македонците во Албанија. Околу вториот дел на прашањето мислам дека во Албанија треба да мине уште долг период за државата да се ослободи од стравот што таа го чувствува од малцинствата па да ги остави слободно политички да се организираат за да можат сами да решаваат за своите проблеми како

Македонците во Албанија немаат ни осмина од правата што Албанците ги имаат во Македонија!!!

Едмонд Темелко- претседател на македонската партија “Македонска алијанса за европски интеграции “ во Албанија и градоначалник на општина Пустец

“Ние, Македонците во Албанија ни на сон не можеме да ги имаме правата што Албанците ги имаат во Македонија. Иако Албанија е потписник и ја има ратификувано конвенцијата за човекови права, документот е само формален. Албанската власт ја залажува меѓународната јавност зошто во реалноста таа признава постоење на македонско малцинство но само на просторот на Мала Преспа. Тоа значи дека Македонците кои живеат во други места на Албанија не се признати како Македонци. Уште по смешна е ситуацијата кога Македонец ја напушта Мала Преспа тој веќе не се води како Македонец туку како Албанец. На македонски јазик делумно се школуваат само децата од Пустец. Албанците во Македонија пак одамна не се борат за права тие добија се, нивна цел е создавање “Голема“, Албанија„-

Интервју

Page 9: АМАК ПРЕС 116

9

на политички така и на економски план. Само со активно учество во политиката ние Македонците може-ме да ги оствариме нашите права во Албанија. Но, работата не е така лесна станува збор за сложен про-цес. Голем дел од Македонците чле-нуваат и делуваат во Албански пар-ти а друг дел се плашат слободно да членуваат и гласат за македонската партија. Има и еден друг дел Маке-донци кои имаат раководни функ-ции по тамошни претпријатија и фирми. Тие плашејќи се од можно-ста да ја уништат својата кариера не кажуваат дека се Македонци.

Вие сте претседател на маке-донската партија “Македон-ска алијанса за европски ин-теграции” во Албанија. Дали само преку оваа политичка партија,Македонците можат да ги изразат своите политички стремежи и ангажмани или по-стои и друга групација на наши од таков тип?На ова прашање ќе ви одгово-рам кратко. Во моментов во Албанија нема простор за дру-га политичка партија бидејќи ние сме во процес на конституирање како партија. Уште немаме соз-дадено некоја видлива бројка за формирање масовно гла-сачко тело за да може да има повеќе македонски парти. По мое мислење, друга партија би донела големи тешкотии на градењето пат за остварување на правата на Македонците во Албанија. Со тоа ќе се изгуби ин-тересот кај албанските парти за коалицирање.

Во колкава мера Македон-ците во Албанија имаат пра-ва како малцинство. Во колка-ва мера е признат нивниот иден-титет. Тука кај нас во Македонија на Албанците со закон им е до-зволено официјално и јавно да го употребуваат својот мајчин јазик во територијалните единици каде се мнозинство, а последниве ме-сеци, Демократската Партија на Албанците на Мендух Тачи, по-кренува иницијатива истиот официјално да се употребува на целата територија на Македонија. Албанците кај нас, полека но си-гурно добиваат се што ќе посака-ат. Какви се условите таму во по-глед на употреба на нашиот јазик, знаме,грб?Албанија е потписник и веќе ја има ратификувано рамковната конвенција за човекови права и права на малцинствата на советот на министри на ЕУ, и овој документ стана дел од законската регулатива

на Република Албанија .Во овој до-кумент има еден добар дел за упо-треба на јазиците на припадници-те на етничките групи или малцин-ства. Овој документ е еден вид до-бар закон но само на хартија .Зошто го велам ова?! , Поради тоа што во реалниот живот албанските власти го признава официјално македон-ско малцинство, но само она што е сконцентрирано во делот на Мала Преспа. Тоа значи дека Македонци-те кои живеат во другите албански градови и во кои нивниот број е многу поголем од оној во Мала Преспа не се признати од власта како Македонци иако во суштина тоа и се. Потпишаната конвенција за човекови права е само форма-

лен документ- еден вид маска што албанските власти ја ставаат пред меѓународната јавност. Целта им е пред меѓународната јавност да прикажат дека почитуваат некакви права а во реалноста ситуацијата не е таква. За да бидат нештата уште по апсурдни доколку некој Македо-нец ја напушти Мала Преспа, тој го губи правото да се идентификува како Македонец и тоа дополнител-но создава проблем за употреба на македонскиот јазик во Албанија.

Дали ова значи дека Македонци-те немаат право јавно да го упо-требуваат или да се школуваат на мајчиниот јазик доколку не живе-ат во Мала Преспа па и да станува збор за територијални единици каде тие се мнозинство? Да бидам попрецизен, ќе кажам дека Македонците имаат право де-

лумно да се школуваат на мајчин јазик само во општина “Пустец“ и на друго место никаде. За службе-на употреба на македонскиот јазик не станува ни збор, тоа е апсурд. Ние Македонците во Албанија ниту на сон не можеме да ги имаме пра-вата што Албанците ги имаат во Македонија. Ниту во сон не може-ме да се споредиме со Албанците од Македонија, бидејќи тие веќе од дамна не бараат права туку нешто друго многу по познато како “Голе-ма Албанија“ и намерно опструи-раат и вештачки создаваат пробле-ми само и само Македонија да не се интегрира побрзо во ЕУ и НАТО. Опструкциите ги прави Албанија и Косово и тоа е многу читливо и

се гледа по нивните постапки. Ние како партија имаме визија како да го зачуваме македонскиот јазик и тоа преку учеството во политика-та. Победувајќи во општините и поставувајќи градоначалниците од наши редови ќе мрднеме барем малку на пред. На тој начин ќе поч-нат да се употребуваат македонски-те симболи и македонскиот јазик во тие места каде сега нема ништо од тоа. Во моментов имаме веќе про-ект за курсеви по македонски јазик и тој е во фаза на имплементирање. Мислам дека проектот ќе биде успешно реализиран и ќе придоне-се за зачувување на македонскиот јазик таму каде Македонците нема-ат право да се школуваат на него во официјални јавни училишта.

Во глобала каква е економската состојба на нашите во Албанија.

Дали таа е причина покрај ниско образованите, својата среќа над-вор од Албанија да ја бараат и високо образованите луѓе- инте-лектуалци? Економската состојба на Маке-донците во Албанија е од лоша по лоша. Или има подобрување и тоа благодарејќи на македонската партија “Македонска алијанса за ев-ропски интеграции“ . Таа успеа во 2007 година да добие едно градо-началничко место во Општина Пу-стец. Значи откако јас сум градона-чалник во Пустец нештата ради-кално се промена на подобро. Пу-стец е единствена општина во која на општинската зграда се вее маке-донското знаме со 16- крако жолто сонце на црвена основа.

Што се случува на културен- спортски план во колкава мера успевате да ги негувате македон-ските обичаи и традиција? Од пред две години, значи откако јас станав градоначалник во општи-на Пустец почнавме официјално да издаваме документи на македон-ски јазик. Се слават културни мани-фестации, врзани со македонска-та нација, покриени со финансии од општинскиот буџет. Во оваа оп-штина јавно го прославуваме праз-никот Илинден и други наши вер-ски празници. Се именува ули-ци и плоштади со имиња на маке-донски ревулуционери. Секако во склоп на политичко договарање со владејачката партија со која сме во коалиција .Настојуваме да се донесе одлука во законодав-ната комисија на парламентот за враќање на македонските имињата на селата во нашата општина. Успе-авме да донесеме големи инве-стиции. Некои луѓе мислеа дека

идејата не ни е остварлива но го асфалтиравме патот Пустец -грани-чен премин Горица или познат како Стење од македонска страна ,изгра-дивме нов граничен премин .Во Пу-стец веќе сите селски патишта се ас-фалтирани ,се прата водоводи, ка-нализации и друго. Условите за жи-вот се подобрува но голем про-блем е вработувањето на наши ка-дри .Ние оваа слика на општина Пу-стец ќе ја употребиме како модел за во другите општини каде живе-ат Македонци. Доколку победи на-шата партија во тие места тие оп-штини ќе бидат подобро место за живеења. Значи само активно уче-ство на Македонците во политички-от живот во Албанија и единствено преку македонската партија “Маке-донска алијанса за европски инте-грации“ има надеж за подобро утре на Македонците во Албанија.

Интервју

Page 10: АМАК ПРЕС 116

Ги посеа културните вредности за да уживаме во нив

Видое Видически доајен на македонското новинарство,поет прозаист и драмски автор

Чест ни е...

Page 11: АМАК ПРЕС 116

11

Првата средба со господинот Видое Видически беше непо-средна и спонтана. На едно

од поетски матинеа што се одржу-ваа во НУ Библиотека “Григор Прли-чев , пред неколку години ми пријде човек , со интересно – уметнич-ки физички изглед и откако кул-турно ме поздрави ми рече, “Ја следам вашата работа, сте тргна-ле по правиот пат и само така про-должете напред“. Неговите зборо-ви ме поласкаа а јас штотуку врате-на од студиите од Русија “како пад-ната од Марс“, не ги познавав многу овдешните луѓе или сум заборави-ла дел од нив па веднаш ги прашав вработените во библиотеката. “Кој е овој човек?“, од нив добив одго-вор:, “Видео Видически, основач на Историскиот архив, тој е основачот на првото охридско радио “Радио Охрид“, првиот охридски новинар и дописник од Охрид за Радио Скопје, некогашниот директор на Домот за Култура “Григор Прличев“, основа-чот на манифестацијата “Прличеви беседи“ и основачот или организа-тор на буквално сите културни ин-ституции во градов па и во Струга. Тој е и поет, прозаист и драмски ав-тор“. Тогаш бев почетник, и се калемев како новинар во радиото што тој го создал, и по зборовите што ги слуш-нав за него посакував еден ден да му направам портрет на мудриот човек со долгогодишно работно ис-куство, човек чие име и презиме че-сто како мало девојче ги читав зад песните и расказите во школски-те буквари и читанки. И навистина желбата се исполни......

Есенско саботно утро. Поројниот дожд што паѓаше ги беше уплашил охриѓани а во Охридската чаршија немаше речиси никој освен јас и жолтите од дрвја испаднати листови чиј шум го слушав под моите нозе. Неколку мигови подоцна ја затво-рив големата кафеава од дрво изра-ботена порта и додека се качував по високите скали размислував “Како да го почнам разговорот, што да му кажам на човекот кој кога се догова-равме за средбата ми кажа дека не сака многу публицитет, внимава во кои медиуми дава свои изјави или кои се негови соговорници“. Откако го оставив крцкањето од внатреш-ната врата зад себе, во преубавата голема одаја наместена во градски стил со ловечки сувенири, го здо-гледав чичко Видое. Под светлината од куќното кандило растурил стоти-на свои фотографии кои го присету-ваа на животниот пат.“Кога човек ќе зачекори во мина-тото , многу случувања и настани се исправаат пред него. Изборот на збиднувањата не ги прави тој, туку самите тие, со своето значење си направиле подлабок или попли-ток рез, врз неговата душа. Некои се забораваат ненамерно, а некои со сакање и со цел за да не ја раз-ранат својата околина и стишена давнина“,ми рече чичко Видое и ме покани заедно да одбереме дел од фотографиите што ќе се објават во “Охридските новини“. Додека гри-зев бонбони и пиев од домашни-от сок од вишни со кој ме послу-жи љубезната сопруга на Видиче-ски тетка Натка, внимателно го слу-шав мудрецот кој објаснуваше кои

се луѓето на фотографиите со него и размислував, се видни луѓе, профе-сори на факултети,писатели, нови-нари, државници, дипломати.Видое Видически роден е во Охрид 1931 година. Основното обра-зование и гимназијата ги завр-шил во својот роден град, а фило-зофски факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1959 година.“Детството и младоста ми минаа во населбата Горна Влашка мала. Семејната куќа ни беше кај Крст –џамија а мојот татко и поблиските роднини беа градежници. Но јас не тргнав по нивниот пат. Од мало дете уживав во читањето и пишувањето. По завршувањето на средното об-разование не појдов на студии, мо-рав да останам дома и да се вра-ботам заради издржувањето на моето семејство. Најпрво рабо-тев како продавач во една разнов-рсна продавница на железничката станица во Охрид во која исклучи-во имаа право да се снабдуваат же-лезничарите на прочуеното вовче така наречено “Киро“. По пет- шест месеци,благодарение на активисти-те од мојот реон, другарите Вани Ва-силевски и Виктор Рибар кои рабо-теа како функционери во градскиот комитет на КПМ и Градскиот одбор на НФ во Охрид ,се префрлив да ра-бота кај нив. И работев со разгла-сот (озвучувањето) кое беше тогаш инсталирано на двете главни улици во градот (Старата чаршија и улица-та покрај езерото). Тоа се користе-ше за информирање на граѓаните со поважните преземања, најави и соопштенија на Градскиот одбор

и другите општествено –политич-ки организации“,вели Видически со што почнува да ја раскажува својата животна приказна.Од месец февруари 1950 година Ви-дически станува прв постојан до-писник на Радио –Скопје од Охрид и околината и паралелно продолжува да работи со разгласот. А есента ис-тата година започнува со студиите во Скопје. Во 1953 година се оженил со сопругата Натка и првите брач-ни денови ги започнале во ближно-то село Косел.“Таму поминавме две прекрасни учебни години. Имавме многу сред-би со родителите од учениците и во секој нивни дом се чувствував-ме како кај свои најблиски. Одевме на имендени и слави. Така се запо-знававме со животот на нашите уче-ници. Се сеќавам на празникот Во-дици, сите излегуваа на сред село и наредени едени од едната, а дру-ги од другата страна на Коселска река чекаа свештеникот да го фрли крстот и тогаш мало и големо влегу-ваше во водите по него. Во тоа вре-ме напишав и неколку раскази. Не-кои беа наградени а некои откупе-ни на анонимни конкурси. Во нив не се зборуваше за политика. Во нив беше насликана само селската иди-ла. Премногу беше убаво за животот да тече така. Дојдоа, и таму не затек-наа избори, чинам за пратеници. И како секогаш, после секои избори едни остануваат без работа.“Но, неполн месец потоа , Видически се вработил како шеф на возниот парк во Градежното Претпријатие “Гранит“. А сопругата по пат на кон-курс во Охридскиот суд.

Видически во младостаЧест ни е...

Page 12: АМАК ПРЕС 116

12

Основач на Историскиот архив “Во месец септември 1955 годи-на, станав директор во основање на Околискиот историски архив, бла-годарение на ангажирањето на пот-претседателот на Околискиот одбор Живко Мартиновски. Иако работев-ме во тешки услови успеавме да со-береме доста материјали од тогаш постојните Градски одбори (Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод,с. Белчишта и с. Косел“ На 1-ви септември 1956 година, Ви-дое добива покана за отслужување на воениот рок во Билече во шко-лата за резервни офицери за да 15 дена подоцна добие нова покана со која е пренасочен од школата за ре-зервни офицери во обичните еди-ници како обичен војник во Суботи-ца, на границата со Унгарија во вре-мето кога таа вриела од бегалци по-ради немирите што се случија таму. “Поминаа и тие војнички денови“, воздивнувајќи рече чичко Видое. Наеднаш во собата настапи молк. Од малечката кујна се појави тет-ка Натка во рака со два филџани црно кафе и топли колачи. “Време е за пауза“ насмевнувајќи се вик-на таа, а додека Видически го пи-еше кафето јас размислував. Пред мене стои жива легенда, човек кој не може да го раскаже својот живо-

тен пат во еден ден. Но се-пак , тој е умешен искусен новинар, учител од кој учеле многу мои коле-ги па знае да го издвои најбитното и најважното од свој животен век.

Основач на Радио Охрид и прв охридски новинар “По отслужувањето војска се вратив дома и по неполн месец бев поста-вен за прв директор и основач на Радио Охрид од страна на претседа-телот на Градскиот одбор во Охрид, другарот Атанас Илоски. Човекот кој беше иницијатор и кој со посе-бен интерес се залагаше да започне со работа радиостаницата. Во еден од првите денови на декември 1957 година, јас и Димче Зебецот, шо-фер во Околијата со џип заминав-ме во Прилеп каде се изработуваше предавателот од страна на познати-от радио- стручњак Киро. Одењето беше тешко, а враќањето уште по-тешко бидејќи на превоите на Бу-ково и Ѓавато имаше многу наврнат снег. Се се сврши добро и започ-наа техничките проби на ради- пре-давателот со јачина од 50 вати. Се слушаше добро бидејќи етерот не беше заситен со такви слични пре-даватели.„Свеченото пуштање во рабо-та на Радио Охрид се случи на де-нот на ЈНА на 22 декември истата (1957) година. Тогаш јас бев и уред-

ник и новинар и спикер, така да јас го најавив почетокот со зборови-те : “ Зборува Радио Охрид!....на средна бранова должина.....“ И по емитување на неколку марше-ви, пригодно зборуваше секретарот на Околискиот комитет на КПМ, а мали интервјуа имаа граѓаните Цве-тан Стефанов, Никола Бошале и дру-ги. Први радио-техничари беа Коста Ангеловски и Андон Стрезоски“, со радост што се чита во очите раска-жува Видое.

Зародишот на Охридско Лето“Многу интересно е настаната идејата за формирање на фестива-лот “Охридско Лето“. Скоро секоја година во Охрид на Ј’ но летуваше семејството на Ана Тофиќ – Лип-ша и д-р Петар Тофовиќ. И еден ден на крајот од јули 1961 годи-на на терасата во ресторанот Лет-ница на две-три споени маси седеа неколку познати имиња како што се Ана Тофовиќ –Липша, д-р Петар Тофовиќ, Димитар Кондовски, д-р

Од учителствувањето написателот Видически и сопруга-

та Натка во с. КоселВо домашен амбиент сопружниците Видически

Секретарот на Општинскиот Комитет Јаким Спироски, при

пуштањето во работа на Радио Охрид, 22 декември 1957 г.

Чест ни е...

Page 13: АМАК ПРЕС 116

13

Милан Ѓурчинов, Матеа Матевски, Илија Зафировски, Виктор Плевнеш и јас Видое Видически. Се водеа до-ста разговори од областа на култу-рата во Македонија и посебно за во Охрид. И така се дојде до идеја еден музички фестивал да се одржува во градот. Првиот концерт се одржа на 4-ти август истата година во црквата “Св. Софија“ со настап на првенка-та на нашата Опера, Ана Тофовиќ- Липша. Следните две –три години фестивалот се одржуваше со посеб-на програма во текот на летниот пе-риод, а во организација на Концер-тната дирекција на РМ, каде беше директор познатиот македонски ди-ригент Кирил Спироски и Домот на Култура “Моша Пијаде“- Охрид каде директоруваше Љубен Батко-ски а потоа и јас. Од 1964 година фе-стивалот се одвои како самостојна институција , со посебни органи а за директор беше поставен писа-телот Миле Волканоски, кој имаше свој придонес за нејзиниот успешен развој“ .Видически го преименувал Домот за Култура од “Моша Пијаде “во “Григор Прличев“и ги основа “Прли-чевите беседи“Во 1969 година, Видое Видически како директор на Домот за Култу-ра започнува со организирањето на културната манифестација “Прличе-ви беседи“ во чест на големиот ма-кедонски творец Григор Прличев. Од тогаш Домот го преименува име-то и се вика “Дом на Култура “Гри-гор Прличев“- Охрид, а песната “ЗА ПАТРИКОТ“(1762 лето) станува хим-на на манифестацијата “Прличеви беседи “ и на институцијата. На све-ченостите кои се одржуваа секоја година на 5-ти и 6-ти февруари, со свои беседи настапувале поголем број наши познати научни работ-ници и писатели како што беа и се: Блаже Конески,Вера Антиќ, Милчо Балески, Томе Саздов и други.Во 1973 година, Домот во про-грамата за работа што ја доставу-

вала до надлежните започнал со предлагање во оваа институција да се формира полу- професионален театар со пет професионални арти-сти од класата што завршиле заедно со Славко Нинов. А во исто време да се ангажираат по потреба амате-ри –артисти.“Секоја година доставувавме ва-ков Предлог- програма, се додека

не почнавме да го адаптираме и до-градуваме Домот (1978). Предла-гавме само личниот доход да ни се обезбеди, а се друго што спаѓа во материјални трошоци, огрев, декор, гардероба и техничкиот персонал да ги обезбеди нашата институција. Но, за жал не ни беше одговорено ни позитивно ни негативно“. Во тоа време во Домот на Култура работеле повеќе аматерски ансамб-ли, драмскиот, фолклорниот и ме-шовитиот хор, Новите охридски тру-бадури, Клубот на младите писате-ли, Ликовната секција и други. Пре-ку секторот приредби биле орга-низирани театарски претстави, се-риозна музика,гостувања на за-бавни и народни ансамбли, ликов-ни изложби, литературни средби и други разни настапи. Преку секто-

рот- кино, покрај редовните филмо-ви се организирале ревии на награ-дувани филмови, спектакли со исто-риска тематика и други значајни остварувања. Домот секогаш пома-гал при организирање на разни на-учни собири и конгреси. Помагал во отстапување на просторот, во правење на декор и озвучување во времето кога почнува со работа Ви-

шата туристичка школа и семина-рот за македонски јазик, литература и култура. Исто така во голема мера придонел и во одржувањето на Струшките вечери на поезијата. “По давањето во употреба на Домот, по адаптацијата и доградбата, (1981) постоеше можност за целосно изградување на просторот пред-виден со проектот но за жал во тоа не успеавме“, рече чичко Видое. Се замисли малку и продолжи. “Ова е мојата животна приказна. На крај на што најповеќе се радувам. Се раз-бира на тоа, кога внуката Дамјана на крајот од годината ќе ми доне-се низа со петки. А се воодушевувам кога ќе прочитам дека мојот драг Малесоец, Симон Трпчевски, пак го прекрстарил светот со својата изво-нредно музичка изведба“.

Беше пладне, пороен дожд се уште врнеше а јас импресионирана од разговорот побрзав за дома за да ги изнесам впечатоците во писме-на форма. Чичко Видое и тетка На-тка ги оставив во нивниот пријатен топол дом, со насмевка и добрина која се читаше во нивните очи. ОпусВидое Видически е автор на дела-та: “Сини питоми утрини“, песни из-дадени 1959 година, “Бреговите се немирни“, драма издадена 1961 го-дина а печатена 1963 година, “Ба-лада за орканата“, драма печате-на 1964 година, а издадена 1968 го-дина, “Големата шума“, прв дел ро-ман за деца и млади, издаден 1970 година, “Малиот одред“, ТВ серија од 10 епизоди снимена и издаде-на 1977 година на ТВ “Скопје“, “Го-лемата шума“, прв и втор дел, ро-ман за деца и млади издаден 1986 година, а 1984 го доживува петто-то издание “Вечерен пејзаж од гра-дот “, песни издадени 1988 година, “Таинствени води“ роман за деца и млади издаден во 1990 година, а четири години подоцна доживу-ва второ издание,“ Заробеници на вечерните игри“, раскази издаде-ни 1993година, “Времето на црве-ните рози“, роман за деца и млади издаден 1994 година,“Приказни за Дамјана“,раскази за деца издадени 2003 година и “Вие“, песни издаде-ни годинава. Видически има објавено повеќе песни и раскази во периодиката и во дневниот печат.Застапен е во зборници и антологии . преведуван е на италијански, француски, руски, турски и на романски јазик. Добит-ник е на наградата на РТС на “Струш-ките вечери на поезијата“ во 1971 година и на наградата на книгоизда-вателство “Детска радост“ од Скопје за најдобра книга меѓу двата саема на книги, 1994 година.Видое Видически во 1977 година ја има примено Седмоноемвриската награда на градот Охрид.

Видое Видически и Генерал Михајло Апостолски

Пред пуштањето во работа на ДК ‘‘Григор Прличев‘‘ 1981 г.1. Проектант проф. Живко Попоски2. Видое Видически3. Никола Чекреџи4. Хаџи Митрески ас. на Архитектон-ски факултет

Главните ликови Благо и Бојана од драмата ‘‘Балада за орканата, 1968-69 г. ‘‘ создадена на текст од Видое

Видически

Чест ни е...

Page 14: АМАК ПРЕС 116

14

Охридскиот архитект Кли-мент Заров, е ового-дишен добитник на наградата „Андреја

Дамјанов” за животно дело и осо-бени достигнувања во архитекту-рата и градителството, што ја доде-лува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Оваа престижна награ-да од архитектонското поле на ра-бота ме е доделена на Заров пора-ди неговата значајна контрибуција во архитектурата на земјата во те-кот на неговата успешна кариера. .

- Архитект Климент Заров несо-мнено спаѓа во редот на истакна-ти фигури на современата македон-ска архитектура. Во своето долго-годишно делување се занимавал со повеќе сегменти од архитектон-ската професија, минувајќи ги сите скалила за целосно оспособување во широката палета на архитек-турата, почнувајќи од заштита, конзервација, реставрација, урба-нистичко и просторно планирање, проектирање и менаџмент, се наве-дува, меѓу другото, во образложе-нието на Комисија за доделување на наградата «Андреја Дамјанов» за 2009 година.

Архитект Заров долго време бил главен планер и проектант во Ин-

ститутот за урбанизам и архитек-тура во Охрид, каде што имал мно-гу можност да се докаже како врвен стручњак во својата кариера. Прет-ставувал вистински амбасадор на севкупното архитектонско живеење и делување во градот и поширо-ко, вклучувајќи ја и реализацијата на летната школа за архитектура во соработка со Архитектонски фа-култет од Скопје, во која учеству-вале и факултети од другите репу-блики. Опсегот на неговото твореч-ко делување е многустран и опфаќа повеќе области: домувања во едно семејни и повеќе семејни објекти, туристички објекти, деловни и трговски објекти, индустриски и јавни објекти, урбанистички и про-сторни планови. Комисијата ги на-ведува и позначајните реализира-ни проекти на Заров, како колектив-ни станбени објекти во Охрид из-градени во 60-те и 70-те години од минатиот век, Проектот на институт за урабанизам Охрид 1978г., хотел Св. Илија, Св. Стефан -Охрид, хотел Силекс 1983, реконструкција и до-градба на поштата во Охрид 1985г., реконструкција и доградба на ае-родромска зграда Охрид 1990, Де-тален план на централно градско подрачје на Охрид, Детален план на реонски центар и Горно Лисиче, Скопје и други. Заров остава белег и надвор од границите на Македонија со повеќе архитектонски решенија меѓу кои се и Мотел во Џеда - Сау-диска Арабија, Хотелски комплекс на Јахорина и други.

- Својата професионална зрелост ја покажува во станбената архитекту-ра и хотелските објекти доследен на функционалната и конструктив-ната логика во создавање на изгра-дената форма. Со хотелот „Горица” архитектонски го достигнува креа-тивниот врв во нашата архитекту-ра и пошироко, создавајќи дело со неодминлива, трајна вредност, со оригинален израз и елементи од поднебјето и традицијата, се вели

во освртот на творечкиот опус на Заров на Комисија за доделување на наградата «Андреја Дамјанов» за 2009 година.

Дипломираниот инженер архи-тект, Климент Заров, е роден на 07.04.1930 во Охрид. Дипломи-рал на Архитектонскиот факул-тет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кај проф. Бо-рис Чипан. По работата во Заводот за заштита на спомениците на кул-турата во Охрид продолжува во но-вооснованиот Завод за урбанизам и архитектура во Охрид каде работи како проектант, а потоа и како ди-

ректор до пензионирањето.

За својата професионална дејност Климент Заров добитник е на повеќе награди и признанија и тоа: Награда на град Охрид „7 Ноем-ври“ од областа на архитектура-та, Признание од Сојуз на урбани-сти на Југославија за урбанистичко творештво, Републичка награда „11 Октомври“ за хотел Горица- Охрид. Во текот на својата кариера оства-рува бројни професионални функ-ции и значајни студиски патувања.

Награда за животно дело за охридскиот архитект Климент Заров

Page 15: АМАК ПРЕС 116

Охридски легенди

Page 16: АМАК ПРЕС 116

16

Црквата Св. Богородица Пе-ривлепта или меѓу охриѓани позната како Стар Св. Кли-

мент е исклучителен споменик на архитектура и живопис. Според натписот кој се наоѓа на Западни-от влез од внатрешноста, црквата ја подигнал византискиот намесник Прогон Загур, роднината на визан-тискиот император Андроник II Па-леолог во 1295 година. Во тоа вре-ме архиепископ на Охрид бил Ма-карие. Црквата и била посветена на Св. Богородица Перивлепта - онаа што гледа од високо.Кога во 15-ти век Турците ја сруши-ле Климентовата црква посветена на Св. Пантелејмон на Плаошник, моштите на охридскиот чудотворец биле пренесени во овој храм па от-тогаш овааа црква кај народот е по-зната како Св. Климент.Исто така кога катедралниот храм

на охридската архиепископија –црквата Св. Софија, била претворе-на во џамија, Климентовата црква станала седиште на Охридската архиепископија , која што успеа-ла да ја сочува моќта под османли-ите, и уште повеќе да добие и нови територии под своја јуриздикција. Во тоа време во неа биле концен-трирани бројни икони, голема ар-хиепископска библиотека со рако-писи на пергамент од 11 и 12 век, црковни бесценети реликвијари како и најстарите – музички невмат-ски нотации на византиското црков-но пеење. Околу Климентовиот храм се фор-мирал и манастирски комплекс а во близина на црквата била подигна-та и архиепископска палата која кон средината на 19 –от век исчезнала во пожар.Основата на црквата Св. Богороди-

ца Перивлепта (Св. Климент) е во форма на впишан крст во правоа-голно пространство. Кон западната страна е подигнат нартекс со крстни сводови а во централниот дел со слепа купола . Над централниот дел од наосот се издига единствената купола чиј тамбур се држи на четири четврта-сти столбови.На источната страна црквата завр-шува со апсида, која за разлика од другите нејзини фасади, најповеќе е декорирана со помош на тули.Кон средината на 14-от век од обе-те страни се доградени капели . Ме-стата што не биле покриени со жи-вопис и денес ни сведочат за кера-мо –пластична декорација на фаса-дите. Климентовата црква е угледен прет-ставник на македонската архитек-турна школа од палеологовски-

от период. Складната силуета, из-вонредната игра на архитектонски-те маси, кои што се спуштаат скале-сто од куполата до темелите, се на-рушени во 19-от век, кога отворени-от трем бил соѕидан во вид на над-ворешна припрата што денес ја оп-кружува црквата.Вековните таложења на чад од горењето на свеќи и кандила, при-донесе фреско- живописот на овој храм да биде невидлив се до најново време. Имено во 1950 од-носно во 1959 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата ги започна систематски-те конзерваторски интервенции на архитектурата и врз живописот. То-гаш меѓу бројните композиции беа откриени и имињата на зоографите, Михајло и Евтихиј.Фреските во оваа црква се поделе-ни во три зони .

Старо- ново седиште на Охридската Архиепископија

Црквата Св. Богородица Перивлепта – стар Св. Климент

Наша гордост

Page 17: АМАК ПРЕС 116

17

Во олтарната апсида првата зона ја сочинуваат архиереи во цел раст, втората зона- фигури во до појасен раст а третата композициите: “То-мино неверство“, “Тајната вечара“и “Причестувањето на апостолите“. “Св. Богородица Ширшаја“ е насли-кана во најгорниот дел од апсидата.Извонредно и импресивно се на-сликани ликовите на “Св. Климент Охридски“ и охридскиот архиепи-скоп “Константин Кавасилас“, на се-верниот ѕид на наосот како и лико-

вите на прво апостолите “Петар и Андреја“на јужниот ѕид.На столбовите во наосот се претста-вени Светите воини: Димитрија, Ге-орги, Теодор Тирон, Теодор Страти-лат, Прокопи и други.Третата и четвртата зона во наосот се исполнети со композиции од жи-вотот и маките христови. Поголемиот дел од западниот ѕид ја зафаќа композицијата “Успението на Пресвета Богородица“.Во калотата на куполата се наоѓа

монументалната до појасна фигура на Исус Христос – Седржител, опко-лен со ангели и 12 пророци.Нартексот на црквата е живопи-сан со повеќе композиции од Ста-риот Завет, меѓу кои позначајни се: “Сонот на царот Навуходоносор“ и “Христос Ангел на Великиот Совет“.Фреско сликарството во црква-та “Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) го претставува раниот пе-риод од творештвото на зоографите Михајло Астрапа и Евтихиј. Цртежи-

те им се сигурни , колоритот усогла-сен , композициите хармонични, со многу иконографски новини, иако зад себе немаат дела кои би им по-служиле за непосреден урнек . По-себно се карактеристични фигурите на младите светители полни со сила и енергија , широки лица со силни атлетски тела полни со живот.

АмерикАнците помАгААт зА зАштитА и рестАврАцијА нА перивлептА

Парите од грантот ќе се доделуваат етапно во зависност од текот на активностите за реставрација и ревитализација на манастирски-от комплексАмериканската амбасадор во Македонија неодамна го додели

грантот од 650 илјади американски долари за заштита на охридската црква „Св. Богородица Перивлепта“. Договорот за поддршка на проектот го пот-пишаа министерката за култура Елизабета Камческа -Милеска и американ-скиот амбасадор во земјава Филип Рикер. На свеченоста, која се одржа во Куќата на Робевци во Охрид, присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, владиката Тимотеј и директорот на Управата за заштита на културното на-следство Паско Кузман.

Грантот за обнова на овој значаен споменик на културата од 13-ти и 14 век е обезбеден од амбасадорскиот фонд. Парите од грантот ќе се доде-луваат етапно во зависност од текот на активностите за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс.

- Се надевам дека со реставрацијата црквата „Св. Богородица Перивлепта“ ќе прерасне во прекрасен манастирски комплекс и ќе биде уште една тури-стичка атракција во Охрид и во Република Македонија. Карактеристично-ста на оваа црква, која е една од ретките со таков фреско живопис, во идни-на ќе сакаат да ја видат голем број туристи од земјава и од странство - рече Филип Рикер, амбасадор од САД во нашата земја.

Според претседателот Ѓорге Иванов, грантот е силен знак за пријателство помеѓу САД и Македонија

- Преку грантот за реставрацијата на црквата „Св. Богородица Перивлеп-та“, САД уште еднаш потврдуваат дека се наши стратегиски партнери и поддржувачи. Заштитата на културното наследство на земјата е една од најзначајните нишки на зачувувањето на историјата и традиција и пора-ди тоа искажуваме голема благодарност за поддршката од амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство - рече Иванов.

Проектот за заштита на црквата насликана со исклучителен фреско жи-вопис го подготвија стручњаци од Управата за заштита на културното на-следство во соработка со претставници на американската амбасада. Во конкуренцијата на проекти од целиот свет проектот за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс беше еден од трите прифатени.

- Макотрпно се работеше на овој проект и неговата реализација е голем успех за нас. Главната цел на овој проект е да се зачуваат фреско живопи-сот и архитектурата на манастирот, кој е единствен и уникатен по својата

архитектура и вредност. Со ова ќе се придонесе многу за зачувување на македонската култура низ вековите - рече во таа пригода министерката за култура Елизабета Камческа -Милеска.Реставрацијата на Перивлепта, која е една од најзначајните цркви споме-ници на културата во земјава, ќе почне в година и според планираното ќе трае околу 3 години.

- Предвидена е конзервација на архитектурата на манастирскиот конак и камбанаријата, кои се во лоша состојба. Во рамките на активностите за реставрацијата, покрај конзерватори од земјава ќе бидат ангажирани и конзерватори од странство, кои имаат искуство со работа на вакви проекти – рече директорот на Дирекцијата за културно наследство, Паско Кузман.

Американскиот амбасадор Ри-кер и министерот за Култура

Камчевска

Од посетата на американската делегација во Охрид

Наша гордост

Page 18: АМАК ПРЕС 116

Охридски легенди

Page 19: АМАК ПРЕС 116

19

Охриѓанецот, Ѓоко Танески е еден од најдобрите музички вокали кај нас. “Која и песна да ја отпее таа станува хит. Неговиот глас е издржан, јасен и постојан“ велат музичките критичари за Танески. Тој пак полека но сигурно се качува кон врвот. Ја освојува публиката на музичките фестивали и живите свирки кои ги одржува по дискотеките и кафулињата во градовите низ Македонија. Моментално е актуелен со хитот “Никогаш доста“ а на фестивалот “Мак- фест“ што се одржа неодамна ја испеа композицијата “Купив се“.

Ќерка ми Анастасија и музиката ме прават најсреќен на свет!

Ѓоко Танески, естраден уметник

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 20: АМАК ПРЕС 116

20

Кога бев дете себе си се замислу-вав како.... Верувале или не,себе си се замис-лував она што сум денес, музичар. Од мал покажував афинитети кон пеењето, сакав да станам пејач. Ро-дителите секогаш сакаат децата да им бидат или доктори или профе-сори но јас не “маштав“не фантази-рав многу. Животот и тогаш го гле-дав едноставен. И тогаш како и де-нес мислев дека “лека по лека“ се ќе си дојде на свое место. Јас од мал си потпевнував и знаев дека еден ден пеењето ќе стане моја животна професија.

Моите посериозни музички поче-тоци ги врзувам со....Моите музички почетоци не се случија рано како што е тоа вооби-чаено и очекувано, туку напротив се случија покасно. Како ученик во

средното шумарско училиште во Кавадарци почнав да се занимавам со пеење. И самиот не знам зошто го избрав тоа училиште кога и тогаш себе си не се замислував како ин-женер по шумарство туку како му-зичар. Во 1993 година во Кавадар-ци се случи мојот прв јавен настап. Морам да напомнам дека за моето прво јавно претставување големо влијание имаше мојот добар другар со кого живеев во тамошниот школ-ски интернат. Тој убаво свиреше на гитара и ме придружуваше доде-ка пеев. Ние двајца знаевме дол-го во ноќта да музицираме во на-шата мала соба а често наша публи-ка беа и учениците кои престојуваа во соседните соби. Така ние двајца другари ,одлучивме да учествуваме на еден аматерски фестивал во Ка-вадарци. Тоа и се случи го освоив-ме првото место. Тоа ни влеа верба

во сопствените музички способно-сти и ни даде поттик да одиме пона-така и да го бараме своето место во музичкиот свет. Три години подоц-на ( 1996 година) јас и мојот бенд “Алегро бенд“ за прв пат учеству-вавме на “Мак фест“. Од тогаш на-вака јас редовно учествувам на фе-стивали и одржувам живи свирки по кафулињата и дискотеките низ Македонија.

Моја прва хит -песна што ме исфрли на површина...Дефинитивно тоа е песната “Оди не го мами срцево“која ја снимив во 1996 година се слуша и денес, осо-бено во Кавадарци каде е локален хит. А еден од моите најголеми хито-ви е песната “Немам право“отпеана на овдешниот фестивал “Охридски Трубадури“ во 1995 година. Таа пес-на ми донесе поголема слава.

Ѓоко Танески, на музичка-та сцена е забележан како еден од најдобрите вокали во Македонија. За жал на наши-от музички пазар побројни се “ уметниците“ од “Ш“ категорија отколку квалитетните во кои се вбројувате и Вие. Тогаш има ли конкуренција за Вас или можеби страв дека помалку квалитетни-те музичари ќе останат по забеле-жани од Вас?Квалитетот се цени , меѓутоа оној кој настојува да го пласира квали-тетот пред се гледа да има личен интерес од сето тоа. Затоа јас сами-от си ја бркам сета своја работа. Сам си ги финансирам песните и албу-мите, барам така е до сега. Сите ми кажуваат “супер, браво, имаш до-бри песни квалитетен си“, но никој не се нуди за соработка. Имам сора-

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 21: АМАК ПРЕС 116

21

ботувано не велам не, на претход-ниот албум со одредена сума пари ми помогнаа МАК-СП и така албумот беше издаден. Тоа е тоа сам се бо-рам и мислам дека успевам во тоа.

Може ли добро да се живее од му-зика и дали доколку одговорот е позитивен тоа значи дека мора да се има секојдневни настапи и одржувања живи свирки?Од музика може да се живее добро. Настапувам по кафулиња и диско-теки низ цела Македонија. Петок и сабота настапувам во дискотеките кои не се во Охрид и Скопје туку во другите градови низ земјава а пре-ку недела работам и во Скопје и во Охрид.

Од каде толкава енергија за рабо-та, за ноќни настапи и живи свир-

ки кои бараат многу кондиција и издржливост?Тоа ми е работа. На неа се навик-нав како секој човек што се навик-нува на својата работа. Има луѓе кои секој ден стануваат во зори и рабо-тат на машина, работното време им е 8 часа. Јас пак работам два часа со пат вкупно околу 5-6 часа. Во секој случај тоа ми е работа и јас ја прифаќам во целост со позитивните и негативните работи.

Актуелен хит што се врти на сите радио -станици е композицијата “Никогаш доста“ а ја изведува-те Вие..Текстот е на Весна Малинова а аранжманот е на Дарко Тасев. Пес-ната навистина стана хит и по неа е наречен и мојот најнов албум. Се надевам дека и другите песни ќе до-

прат до слушателите и дека и тие ќе станат хитови.

Ве плаши ли помислата дека некоја Ваша песна која допрва треба да се појави во етерот е мо-жен “аут“?Секако ме плаши таа помисла, но затоа пред песната јавно да ја про-мовирам јас ја пуштам на моите најблиски. Дел од нив се разбира-ат од музика а некои не. Но намера-та ми е да ја слушнат различни ти-пови луѓе и тие да ја дадат првична-та оцена за песната. Ако добијам по-зитивен суд од повеќето страни зна-чи дек песната е добра што не зна-чи дека истата ќе помине добро кај народот , но во секој случај никој не може да каже дека композицијата е лоша. Песната пак мора да биде не-што екстра како “Никогаш доста“

за да стане хит. На најновиот албум имам 11 песни. По нивното второ слушање ќе заклучите дека тие се навистина добри.

Работи кои Ве прават среќен...Фамилијата пред се! Ќерка ми Анастасија ме прави најсреќен на свет, а потоа доаѓа музиката. До-бра песна што можам јас да ја сни-мам ме прави среќен. Овие рабо-ти ме опкружуваат и целосно ме ис-полнуваат.

Покажува ли малата Анастасија афинитети кон музика, дали таа ќе тргне по чекорите на тато?Се уште не, таа е премногу мала, не-одамна наполни две години. Но кој знае можеби ќе се случи и тоа.

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 22: АМАК ПРЕС 116

22

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Прашање:Имам 65 години и во последните 2-3 години забележав дека на челото, слепоочниците и долниот дел на образи-те ми се појавија темни дамки кои на пипање не се мазни а понекогаш чувствувам и свраб. Мене повеќе ме загрижува тем-ната боја бидејќи имам слушано од медиумите дека тоа би можело да биде рак на кожата.

Одговор: Секако, прво што треба да направите е да се јавите на преглед кај дерматолог за да се постави правилна дијагноза. Но, сепак треба да се знае дека не е се што е темно и рак на кожата.Од вашиот опис на промените претпоставувам дека се работи за т.н. старачки брадавици (kerratosis senilis ).Тоа се промени кои најчесто се појавуваат бавно, една по една на места на телото каде во текот на животот имало најголема изло-женост на UV зрачењето: т.н. фото -експонирана кожа и таа станала и фото –оштетена. Овие промени многу ретко се претвораат во вистински карцином на кожата, но секако претставуваат карциномни прекурзори.Често се јавуваат по 50-та година од животот , кај лица кои во својата професија прекумерно биле изложени на UV- зрачење; по-честа е кај мажи со одредени професии: работници на патишта, градилишта, земјоделци, морнари и слично. Затоа местата на локализација се: лице, врат, деколте, ќелава глава, дорзумот на дланките и подлактици. Исто така е карактеристично што се јавуваат кај луѓе со светол тен, руси и осетливи на светлина (тип на кожа I и II). Промените обично се повеќе бројни во различна го-

лемина од зрно просо до метална монета, остро ограничени од околната здрава кожа. Во почетокот тие се црвеникави , а подоцна стануваат жолто- сиво- кафеави со нерамна и мека вулнерабилна површина.Во диференцијалната дијагноза доаѓаат во предвид сите кератози од било која генеза особено себороичните кератози, со тоа што овие последните се сме-стени претежно било каде по трупот. Се по пигментирани и од нивната криптогена површина се цеди лој.Терапијата по правило се спроведува со хируршка екцизија во целост, но добро реагираат и на SRUO-TH(горење со течен азот). Исто така се препорачува-ат и локални цитостатски креми.

Секој темен белег не е рак на кожата, можна е појава на старачки брадавици

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовене-ролог

д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Моите очи имаат плаво- зелена боја,меѓутоа многу почесто белката е црвена отколку чиста и бела. Страдам доста од инфекции затоа внимавам какви шминки и кремови на лицето и очите нанесувам. Но попусто ефекти нема, очите и понатака се црвени. Користам капки за очи prokulin, но ефектот е краткотраен. По 3-4 часа очите се повторно црвени. Што совет ќе ми дадете Вие како стручно лице? Ваквото црвенило најчесто е последица на воспаление на коњуктивата - коњуктивитис. Коњуктивата се протега на внатреш-ната страна од капакот, преку белката, до рожницата. За време на воспалението коњуктивата ја обојува белката – црвено. Коњуктивитисот е најчеста болест на очите на глобално ниво.Коњуктивата е изложена на микроорганизми и други облици на иритација. Солзите ја штитат коњуктивата од бактериите. Тие содржат ензими и антитела кои го спречуваат размножувањето на бактериите.Постојат многу облици на коњуктивитис. Најчести се вирусните инфекции, а други причинители се бактерии, хламидија, пара-зити, габи. Болест на црвени очи – е специфична болест која ја предизвикува – бактеријата Хемофилус. Вирусните и бактериски-те облици на коњуктивитис се изразито заразни и многу брзо се шират меѓу детската популација, и понекогаш настануваат ло-кални епидемии. Други облици на коњуктивитис се и алергиските, при изложување на хемикалии, иритација со ветер, прашина, чад, за време на настинка и сл.Ризично е и носење контактни леќи, а посебно нивно долго носење. Ризични фактори се и контактите со лица кои имаат коњуктивитис.Во клиничката слика кај коњуктивитисот се среќава црвенило на коњуктивата, солзење, иритација – печење, боцкање, чешање на окото и капаците, а очните капаци се слепени при будење. Кај некои вирусни коњуктивитиси може да се има чувство на стра-но тело во окото, и преосетливост на светлина.Кај алергискиот коњуктивитис постои црвенило на двете очи, солзење, чешање, пецкање, жарење на очите. Повеќето пациен-ти во истиот момент имаат и ринитис. Чешањето на очите доведува до отекување и задебелување на коњуктивата, па таа стану-ва непровидна. Коњуктивата создава повеќе секрет кога е воспалена. Тој секрет може да биде серозен, слузав, фибринозен, гно-ен, прокрвав. Тој може да биде многу обилен, да се слива преку рожницата и да го попречува видот. Во текот на ноќта тој секрет се засушува на рабовите од капаците, ги залепува, и капаците може да се отворат само после добро испирање на засушениот се-крет.Дијагнозата се поставува на основа на анамнезата, прегледот од страна на офталмолог и брис од коњуктивата.Лечењето зависи од предизвикувачот на коњуктивитисот. Алергискиот коњуктивитис се лечи заедно со алергијата или може сам по себе да помине доколку се одстрани предизвикувачкиот алерген. Како сосема благи средства кои може да се користат се облоги од камилица и 3% раствор на борна киселина. Антибиотици, кап-ки за очи се применуваат при лечење на бактериски коњуктивитис. Вирусниот коњуктивитис најчесто се повлекува сам по себе по недела дена од неговото појавување.

Светлите очи мета на коњуктивитис и инфекции

Page 23: АМАК ПРЕС 116

23

Прашање: Пред некое време морав да го повторам ПАП тестот бидејќи претходниот резултат беше рапортиран како CIN 1 односно блага дискариоза, сега јас треба да имам уште два повторни ПАП тестови на шест месеци за да ме вратат на едногодишно земање ПАП тест. Ве молам да ми објасните што значи терминот, дискариотични клетки?

Одговор: Кога се зема ПАП тест , површните клетки од грлото на матката се рашируваат на стакленце по пат на размаз и ста-кленцето се испраќа во лабораторија. Клетките се прегледуваат од патолог кој особено внимание поклонува на центарот од клетките наречен јадро. Грчкиот збор за јадро е karion. Ако јадрото изгледа невообичаено на било каков начин тоа се нарекува “дискариозиа“.Dis = абнормално; kari = од јадрото; osis = нешто не е во редДискариозата се дели на блага, средна и тешка во зависност од големината на абнормалноста. Ако имате блага дискариоза ПАП тестот може со сигурност да се провери по 6 месеци, бидејќи после некое време најголем дел од овие промени се враќаат во нормала. Ако постои тешка дискариоза, добрата вест е дека ова не е Рак на грлото на матката, но сепак траба да знаете дека ако ваквите клетки не ги излечите тие можат да преминат во рак на грлото на матката во рок од неколку години. Поради тоа во ва-ков случај потребно е да се јавите кај гинеколог за понатамошни испитувања и дефинитивно лекување.

ПАП тестови и дискариотични клетки

д-р. Иво Захариевскигинеколог

Неодамна бевме на стоматолог со мојот син при што беше констатирано дека моето дете го добило првиот траен заб но дека истиот веќе е расипан. Зошто се случува тоа и како да го зачуваме првото трајно запче?

Улогата и значењето на нормалното формирање и доброто сочувување на забните низови со присуство на сите заби во вилиците претставува важен фактор за општата функција на жвакалниот систем.Во зависност од бројот, местото, присуството или отсуство на поедини заби зависи правилното формирање на забните низови осо-бено во смена на млечните заби со трајни.Но, загрижува фактот што родителите недоволно сериозно го прифаќаат значењето на млечните заби тргнувајќи од тоа дека тие ќе се заменат со нови, така што не им посветуваат доволно внимание со редовна орална хигиена и со посета за санација кај стомато-лог дури кога ќе се појави болка на млечните заби. Сето ова допринесува да има голема распространетост на забниот кариес на млечните заби и компликации кои настануваат од него. Во една ваква средина со најчесто голем број на кариозни млечни заби во период околу шестата година од животот се појавува најважниот заб во устата,првиот траен катник или шестиот заб. Тој никнува во продолжение на забниот гребен од вилиците, зад вториот млечен катник, честопати не забележливо, без посебни тешкотии за детето а без било кое сознание за родителите што придонесува да дојде до изненадување кога кај стоматолог ќе чујат дека овој заб не е млечен и не се менува.Никнувањето на првиот траен катник и неговото поставување во вилицата доаѓа како прва помош на млечното забало во функцијата на жвакањето. Бидејќи тој е со голема жвакална површина , овој заб со својата позиција во вилицата го обезбедува и правилното поставување на другите заби, па претставува т.н. столб- носач за правилно затворање на вилицата.Бидејќи овој заб никнува меѓу првите од трајните заби, е присутен во средина со многу кариозни млечни заби , со запоставена орална хигиена, најчесто уште пред целосно да изникне веќе е нападнат од кариозен процес. Во тоа многу придонесува и неговата анатомска форма која не само што е со голема жвакална површина, туку е избраздена со жле-бови (фисури)и јамички кои се лежиште на наслаги и бактерии односно место каде што многу лесно и многу рано се развива кари-озниот процес кој најчесто предизвикува губење на забот (вадење). За жал вадењето на првиот траен катник се уште е една честа интервенција во детската стоматологија.Губењето на првиот траен катник носи повеќе последици најчесто пореметување на жвакалната функција , нарушување во одно-сот на забите, искривување, разместување, ротирање.Со цел да го сочуваме здрав секој заб, а особено првиот траен катник неопходна е правилна и редовна исхрана,секојдневна темел-на орална хигиена на забите, редуцирано консумирање на шеќери,редовна контрола и санација кај стоматолог, внесување опти-мална доза флуор и користење превентивна мерка – залевање на фисури и јамички.Поради големата вулнерабилност на првиот траен катник кон крајот на 2007 година се изготви националната стратегија за превенција на оралните заболувања на деца од 0 до 14 години при што како прв чекор се започна со залевањето на фисурите.Тоа претставува бесплатна апликација на превентивна заштитна пломба на здрава шестка со претходно чистење на забот а без ме-ханичка обработка, се со цел залевачот да ги пополни жлебовите и јамичките на гризната површина на забот и го штити забот од расипување.Залевачот е богат со флуор кој постепено се ослободува и го прави забот поотпорен кон расипување. Со оваа превентивна мерка се опфатени сите шест годишни прво- одделенци од сите школи од Охрид и околината (и цела Македонија).Досега се опфатени прво одделенците родени во 2001, 2002 и 2003 година, при што се постигна голем успех во подигнувањето на стоматолошката култура кај децата со зголемена грижа за оралното здравје и подобрувањето на оралната хигиена кое води до намалување на кариесот на забите. Се смета дека со користење на оваа превентивна мерка кариесот ќе се намали за 70 %.Залевањето на фисурите го вршат бесплатно педодонти од одделот по Детска и превентивна стоматологија при здравствен дом –Охрид.

Улогата и значењето на првиот траен катник

д-р. Вера Наумовскаспец. по дет-ска и превентивна стоматологија

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 24: АМАК ПРЕС 116

24

Што прво забележувате на девојка кога ќе се запознаете? Се знае ! Очите се тие кои ја откриваат личноста и на прв поглед доста говорат за неа. Затоа треба да им се посвети големо внимание, да се анализираат и да се одреди каква шминка најмногу им одговара. Шминката има магична

моќ таа ги смалува , зголемува , ги прави насолзени или проширени. За добивање на овие ефекти неопходни се сенки за очи во разни тонови и густина. Со сенките се постигнуваат фантастични ефекти – на погледот му даваат остри-на или топлина, живост и ведрина или мистичност. Нијансирањето оди главно од најтемни до најсветли,но повторно во зависност од ефектот што сакате да го по-стигнете. А боите? Нормално, тоновите се одредуваат зависно од бојата на очите, те-нот, косата и облеката.Во моментов се популарни два типа жени – Оние кои делуваат мистично и оние кои имаат романтичен изглед. Ако сакате да постигнете изглед како првите користете и нанесувајте многу креон. Токму онаков како се користел и пред две децении! На ро-мантичните жени ми одговара и проѕирна шминка, со благи наноси на сенки и пу-дри и дискретни руменила.Актуелниот начин на шминка не е моментална мода, затоа што очите се најпривлечниот дел од лицето. Затоа е потребно и повеќе да се нагласуваат со де-коративна козметика која ќе ја истакне нивната убавина, а често доколку е потреб-но и отстранување на некои недостатоци. Сенките, тушевите, маскарите и др. мора да бидат од добар квалитет, како и средство за отстранување шминка и нега на очи.-Ако имате многу мали очи, подигнете линија на веѓите што е можно повисоко, депилирајќи ги од долниот дел. Окото подвлечете го со креон по целата негова дол-жина и продолжете ја линијата кон трепките. Сенката на капаците ставете ја близу краевите на веѓите, па дури и над нив.-Ако вашите очи се блиску едно до друго, раздвојте ги веѓите депилирајќи ја нивна-та средина. Нагласите ја основата од надворешната половина на капаците со поде-бела линија креон. Сенката нанесете ја покрај трепките кон слепоочниците. Ставите маскара четкајќи ги трепките кон краевите од очите.-Ако имате долгнавести раздвоени очи, на горниот капак со креон подвлечете линија не развлекувајќи ја во пределот и подвлечете ја во внатрешниот врв кон носот. Ставите темна шминка на капаците , а горниот капак осенчајте го кон носот. Основата на веѓите треба да биде подвлечена со креон со цел веѓите да бидат при-ближени.

Модерно шминкање очи

Совети

Page 25: АМАК ПРЕС 116

25

Да ли некогаш сте гледале во бакар и сте кажувале во себе,“ех да е мојата коса така сјајна“?Не истурајте ја водата во која сте вареле костени!!!!!! Процедете је, разладете ја и после редовното миење исплакнете ја косата со неа . Темната коса добива ба-карен сјај.

Коса собакарен сјај...

Ако сакате да имате полни усни користете молив за усни неколку нијанса потемен од ружа. Порабете ги усните со моливот и потоа ста-вете кармин. Откако ќе го нанесете со потемен молив исенчајте ги страните(краевите) на усните тако што средината на усните да биде посветла отколку страните, а тоа ќе ги направи усните пополни.

Полни усни

Покрај трикот со моливот за усни, кој секако оди во комплет со кар-мин, еве едена фора за оние кои не ја користат истата:На средината од горната и долна усна, ставити малку пудра во стик (со ширина од околу 1см).Пудрата нека ги префрла рабовите на усните, потоа со прст тапкајте лесно, со цел истата да се задржи на средина-та. На крај на целата површина ставаме сјај за уста.

Ефектот е сјаен, а “работата” трае 20 секунди.

Брзо лечење акниЗемете 1 супена лажица ситно исечкан пивски квасец и благо г загрејте го на пареа. Со сме-сата мачкајте ги акните три пати на ден, наутро, попладне и навечер. Во тие денови додека трае третманот пијте свеж сок од морков, по 100 грама после јадење. Акните мора да ис-чезнат во рок од 5 дена.

Совети

Page 26: АМАК ПРЕС 116

26

Деловна жена

Моден кодекс

Page 27: АМАК ПРЕС 116

27

ЛокалНаша гордост

Page 28: АМАК ПРЕС 116

32

Page 29: АМАК ПРЕС 116

29

Охриѓанецот Бобан Наумоски е един-ствениот претставник од Македонија на Светското Првенство по боди бил-динг за јуниори и ветерани што се од-

ржува на 14-ти ноември во Полска.Иако има само 19 години Наумоски ги собра сите златни медали и признанија на сите нат-превари по боди билдинг што минативе три го-дини се одржуваа во Македонија и тргна да го освојува светот. Прв пат учествува на натпрева-рот “Атлета на Македонија “ одржан во Кавадар-ци во 2007 година и го освои првото место во категоријата јуниори до 21 година. Една недела подоцна на натпреварот “Фигура на Македонија“ во Охрид се натпреварува самиот со себе затоа што во неговата категорија нема пријавен ние-ден друг спортист. На Државното првенство “Ат-лета“ одржано минатата година Наумоски по-вторно го освојува првото, а една недела подоц-на на ревијалниот натпревар во Битола второ-то место. На годинешниот државен натпревар “Атлета 2009“ година одржан во Штип Бобан го освои првото место и по петти пат се закити со златен медал. За светското првенство што се одржува непо-средно пред излегувањето на “Охридските Нови-ни“ од печат, Наумоски се подготвува активно и интензивно. “ Вежбав 5-6 пати неделно односно се одмарав

само еден или два дена во неделата. За светско-то првенство се подготвувам 13 недели. Трени-рав два пати на ден по 45 минути или 1 час. До-дека траеше, вежбањето беше интензивно без паузи и разговори. Наутро со возење на велоси-пед а навечер правење вежби за по два муску-ла и повторно возење велосипед. Во останати-от дел од денот внимавав што јадам, настојував да ја внесувам потребната количина протеини од суплименти од исхрана и потребната коли-чина јаглени хидрати, зависно од тоа дали си на маса или дефиниција. Кога си на маса внесуваш и долги и кратки јаглени хидтрати а кога си на дефиниција само сложени и долги, а ова подраз-бира јадење на варен ориз. Секако и спиев мно-гу. Секоја подготовка за натпревар ме истоштува но кога еднаш си прв сакаш секогаш да бидеш прв“, ни изјави непосредно пред заминувањето во Полска, Бобан Наумоски, кој додава дека на првенството оди за да победи а не да се натпре-варува. Бобан Наумоски е солиден студент на Европ-скиот факултет на отсекот по финансиско да-ночен и банкарски менаџмент. Како секое мла-до момче така и тој во викендите или во слобод-но време ужива со своето друштво во охридски-те кафулиња или во долгите прошетки по езер-скиот кеј.

Охридскиот билдер Бобан Наумоски го освојува светот

Спортски таленти

Page 30: АМАК ПРЕС 116

30

Спорт

Охридските бели го прекинаа постотот долг девет кола и со 4-1 го победија Влазерими за втора победа во шампиона-тот, прва на домашен терен. Победата над Влазерими зна-чеше и испливување од дното за охриѓани кои под палка-

та на Гоце Маркоски ја забележаа првата победа во третиот обид. Триумфот на Охрид со 4-1 беше најубедливиот во 11 коло од Вто-рата МФЛ, “рибарите“ со 11 постигнати гола го завземаат 11 место по ефикaсност во лигата, додека со примените 23 гола се на пре-тоспледното место, единствено Влазерими примил повеќе гола од Охрид. Натпреварот против Влазерми го одбележаа и погодоците на Китро-зоски, Лескароски и Христов за кои ова беа први погодоци за Охрид годинава.

Охриѓани со најубедлива победа во 11 коло

Роберт Енке, 32-годишниот голман на Хановер и на германската репрезентација починал неодамна, соопшти Мартин Кин, претседа-тел на неговиот матичен клуб. Според Ројтерс, германската полиција издала соопштение дека

Роберт Енке загинал во налет на воз, додека портпаролот за агенцијата изјавил дека сите индиции наведуваат на тоа дека станува збор за самоуби-ство.Енке кариерата ја започна во Крал Цајз Јена од Јена,во својата кариера бра-нел и за Борусија Менхендгладбах, Бенфика, Барселоа, Фенербахче и за Те-нерифе.

Се самоуби голманот на Хановер Роберт Енке

Шест клубови присутни на седницата на Здружението на прво-лигашите гласаа «ЗА», АМАК-СП да продолжи да игра во Прва-та лига.Всушност, тоа е желба на шесте клубови кои дигнаа рака да се најде решение по кое актуелниот освојувач на Ку-

пот и покрај неодиграните два натпревари на гостински терен со Фени Индустри односно Овче Поле да продолжи да игра во Првата Лига.Прволигашите кои сакаат оваа ситуација да се реши на спортски начин, го сослушаа барањето на првиот човек на клубот, Венко Шапкар, кој побара АМАК-СП да продолжи да се натпреварува во друштво на прволигашите, како и сугестијата која ја даде и претседателот на МКФ, Даниел Димевски, но со препорака, тоа да биде одлука на Здружението.

За таа цел на АМАК-СП му е оставено да ги бара правните решенија, одно-сно да упати барање за преиначување на одлуките на Комесарот кај Ар-битражната Комисија на МКФ, но со претходна писмена подршка од цело-купното членство на Здружението.

Дополнителни два дена доби АМАК-СП, да го убеди членоството на зака-жаната нова седница на Здружението. АМАК-СП треба да чека «концен-зус», односно «ДА» од сите девет прволигашки клубови.

Здружението го остави Амак СП во живот

Page 31: АМАК ПРЕС 116

31

Прашање-одговор

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 32: АМАК ПРЕС 116

36

Спорт

По петти пат Златна маска за охридските едриличари