Top Banner
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Имплементација на стандарадот ХАЛАЛ отвара пазар „тежок“ 635 милијарди САД долари МОЌНА АЛАТКА ЗА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 111 од 18.10.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
20

Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

Mar 20, 2016

Download

Documents

Неделен Бизнис ИНФО на Комората
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO 9001:2008FS 549642

TMBSI

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Имплементација на стандарадот ХАЛАЛ отвара пазар „тежок“ 635 милијарди САД долари

МОЌНА АЛАТКА ЗА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 111 од 18.10.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

Page 2: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ НОВА ТРАНШАОД ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА Првата транша од третата кредитна линија од ЕИБ за мали и средни претпријатија би тербало да легне на сметките на компаниите до крајот на месецот. Од ЕИБ се одобрени кредитни барања на 101 компанија во вкупна вредност од 22,3 милиони евра, што е речиси една четвртина од вкупниот износ на пари достапни за компаниите. Има голем интерес од компаниите, а веќе во фаза на обработка се кредитни барања за уште 10 милиони евра. Најголем дел од средствата се за инвестиции во производство, а 44% од кредитните барања се за обртни средства.„Од одобрените кредитни барања, 37% се за кредити во производство или 8,2 милиони евра, 29% се за инвестиции во трговија, 11% од првата транша ќе ги повлечат компании од услужниот сектор, 6% транспортните компании, додека 2% се за инвестиции во хотелиерство. По реализација на инвестициите предвидено е да бидат отворени 489 нови работни места. Од кредитната линија од 10,7 милиони евра наменета за кредити во земјоделството, којашто се реализира директно преку развојната банка досега се повлечени 2,6 милиони евра, а во фаза е обработка на апликации од земјоделски компании за уште два милиони евра коишто би требало да бидат повлечени во наредниот период. Од кредитната линија за аграрот одобрени се кредити за 8 компании во вкупна вредност од 2,6 милиони евра. Од овие пари 57% се за компании за откуп и преработка на грозје, 11% за откуп и преработка на житни култури, 21% за откуп од кредитната линија се за кредити за откуп и преработка на зеленчук.

(Александар Станојковски, директор на секторот за кредитирање во Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР).

РЕГУЛАТИВАТА ДА НЕ СЕ МЕНУВАЗА ДА НЕ ИМ НАШТЕТИ НА НВЕСТИТОРИТЕ Веќе имам инвестирано во неколку мали хидрелектрани во земјава. Законските норми полека се усогласуваат со европските, но државата тоа треба да го применува во континуитет, а бизнисмените да се посмели. Не треба да се иницираат никакви промени на регулативата кои би им наштетиле на потенцијалните инвеститори.

Конечно државата направи регулатива која е налик на европската и сега треба да се вложува енергија таа да се примени. Остатокот е на нас, бизнисмените. Можеби главната причина која ги одвраќа домашните инвеститори од енергетиката е специфичноста на овој сектор. Ниедна инвестиција, на пример, во мали хидроцентрали не може да се врати во период пократок од 10 години, а вложувањата во просек за една мала хидроцентрала не се помали од 1,5 милиони евра. Треба да имаш визија и да вложиш средства за да го издржиш периодот од 10 години за да си ги вратиш средствата. Да речеме бизнисмен би инвестирал во 20 мали централи, за него ќе е навистина голем товар да чека 10 години да му се вратат вложените 30 милиони евра.

(Кочо Анѓушев, бизнисмен и сопственик на “Фероинвест“)

СРЕДСТВА ЗА ЦЕЛОСНА ОТПЛАТА НА СИТЕОБВРСКИ ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА

Со Светската банка имаме договорено два аранжманa. Едниот се однесува на буџетска поддршка во износ од 50 милиони американски долари за реформи кои ќе придонесат за конкурентноста на македонската економија и вториот аранжаман е гаранција на Светска банка за економските политики што ги води земјава и реформите што ги спроведува во делот на повеќе сектори. Со таа гаранција Македонија ќе се појави на пазарот на капитал кај деловните банки да побара финансиски средства во износ од 200 до 250 милиони евра. Колку точно ќе бидат зависи од условите и понудата што ќе ја добиеме од банките. Но и во едниот и во другиот случај и со тие средства од Светска банка и со средствата обезбедени од другите кредитори, како и домашното финансирање, не само што целосно се покрива буџетот и буџетските потреби за следната година, туку истовремено се обезбедуваат средства за целосна отплата на сите обврски за следната година. На тој начин значително ќе се подобри ликвидноста на економијата. Македонија, и со овие средства што ќе ги земеме од Светска банка, останува ниско задолжена земја меѓу петте најниско задолжени земји во Европа, бидејќи во исто време отплаќаме кредити и отплаќаме обврски и по домашно и по надворешно задолжување.

(М-р Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија)

Page 3: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

МОЖНОСТИ

Во насока на истакнување на квалитетот и безбедноста на прехранбените производи, прехранбената индустрија поставува високи барања. Во светот постојат бројни стандарди и норми со чие имплементирање и одобрување од страна на надлежните органи, се докажува квалитетот и безбедноста на производите. Едно од се поприсутните барања во прехранбената индустрија е и ХАЛАЛ- стандардот кој зазема значително место на меѓународно ниво, со оглед на тоа што со неговото имплементирање се отвора пазар чија вредност се проценува на 635 милијарди САД долари, - изјави Емилија Тодоровска на прес-конференција во Стопанската комора на Македониа (15.10.2012 година). ХАЛАЛ-стандардот ги специфицира барањата и мерките кои мора да бидат исполнети, како би се создале услови за добивање сертификат за ХАЛАЛ-квалитет. Тоа е всушност севкупност на карактеристики на производи или услуги кои се во согласност со исламските правила и ги исполнуваат атрибутите на квалитетот, кои како такви се дозволени за корисниците на храната/услугите од исламска вероисповед, - посочи Емилија Тодоровска. Предмет на ХАЛАЛ-стандардот можат да бидат: храна, козметика, лекови и предмети за општа употреба, како и услуги (угостителство, туризам, банкарство...). Во моментот храната со ХАЛАЛ-стандард на пазарот се проценува на 635 милијарди САД долари, со очекуван раст од 25% до 40%. Секако, неопходно е да се земе предвид дека во 44 земји во светот, со над 1,5 милијарди луѓе, законодавството бара производството и трговијата со одредени производи да ги исполнуваат стандардите и барањата кои произлегуваат од културните и верски карактеристики. Потрошувачката на ХАЛАЛ-храната е се` поголема во сите европски земји, а особено во Франција. Најголемиот пазар, ХАЛАЛ-пазарот, во оваа земја расте за 7-10% годишно, а потрошувачката на ХАЛАЛ-месо по жител во Франција изнесува околу 150 кг, што е 30% повисока од просечната. Се проценува дека вредноста на ХАЛАЛ-пазарот во Европската унија е 66 милијарди САД долари, од кои само на Франција отпаѓаат 3 милијарди САД долари. Во Велика Британија ХАЛАЛ-пазарот се проценува на околу 2,8 милијарди фунти, а според податоците од Британската агенција за безбедност на храна, ХАЛАЛ-храна консумираат околу 6 милиони корисници. Технолошките, пазарните и индустриските промени бараат зголемување на степенот на сертификација на производите

и услугите со кои се тргува. Она што некогаш предизвикувало пречки и конфликти при настапот на индивидуални, посебно глобални компании на странски пазари врзани за крути ставови по однос на безусловна примена на стандарди и глобална стратегија при влез и продажба на производите и услугите во истите, денес резултира со примена на локален пристап и уважување на преференциите и специфичностите. Исламската заедница во Хрватска и во Босна и Херцеговина има воспоставено Центар/Агенција за сертификација на ХАЛАЛ-квалитетот, со цел на клиентите-верници да им обезбеди

производи што им се дозволени за консумирање, при што на тој начин ја отворија вратата за хрватските и босанските компании за еден нов и ветувачки пазар. Хрватските и босанските компании се` повеќе се одлучуваат за ХАЛАЛ-сертифицирање на производите и услугите, бидејќи ги разбираат можностите што ги нуди овој сертификат. Тие се свесни дека овој сертификат може да биде моќна

маркетинг-алатка за да комуницираат доследно и профитабилно, за да управуваат со задоволството на потрошувачите и да обезбедат висок сопствен рејтинг. Компании кои го поседуваат овој сертификат, сигурно поседуваат високо ниво на квалитет (поради строгите барања на ХАЛАЛ-стандардите), што ќе ги задоволи потребите на целниот пазар, изјави на прес конференцијата Дритон Дикена од Исламската верска заедница. Во моментов во Хрватска ХАЛАЛ- сертификат поседуваат околу 60 фирми, во Босна 50, а во Македонија 7.

И кај нас функционираат компании со високи извозни можности и настап на пазари кои го бараат овој стандард. Треба да се нагласи и тоа дека за фирмите кои водат грижа за општествената одговорност, ХАЛАЛ-пристапот значи дополнителна вредност за потрошувачите, а воедно и зајакнување на довербата во производот и потрошувачот, - посочи Емилија Тодоровска од Центарот за квалитет при Стопанската комора на Македонија, кој ги има сите предуслови да го имплементира ХАЛАЛ-стандардот кај заинтересираните фирми.

Центарот за квалитет во соработка со Исламската верска заедница во иднина ќе работат на поголемо афирмирање на значењето на овој стандард во функција на отворање на потенцијалниот пазар за македонските компании, во што е тој еден од условите за борба со конкуренцијата во светски рамки.

Даниела Михајловска Василевска

Со имплементирање на стандарадот ХАЛАЛ се отвора пазар чија вредност се проценува на 635 милијарди САД долари

МОЌНА АЛАТКА ЗА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ

Page 4: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

Со цел подобро запознавање на институциите, индустријата и потрошувачите со Законот за хемикалии, во делот на управувањето со биоцидните производи, како и запознавање со тоа што се биоцидни производи и нивна правилна употреба, Секторот за хемикалии во рамките на Бирото за лекови при Министерството за здравство на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, на 16 октомври 2012 година, одржаа еднодневен семинар. Тема на семинарот беше „Биоцидни производи - начин на ставање во промет и нивна употреба“. На семинарот присуствуваа компании од различна дејност кои во своите производи користат биоциди или се дистрибутери на истите. Одговорна институција за спроведување на постапката за ставање на биоцидните производи во промет, како и нивната контрола на употреба е Секторот за хемикалии, во Бирото за лекови при Министерството за здраство и истиот е усогласен со Европската директива за биоцидни производи. Предавач на семинарот беше м-р Лидија Савиќ, раководител во Секторот за хемикалии при Бирото за лекови.

Елизабета А.Ефтимова

На 12.10.2012 година, со почеток во 14:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, се одржа работна средба со претседателите на регионалните комори. На

средбата присуствуваше и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. На состанокот, претседателите на регионалните комори проследија кратки

презентации на следните теми: 1. Развој нема - како да преживееме во услови на рецесија (Стојмирка Тасевска); 2. Новите кредитни продукти на Македонскаta банка за подdршка на развојот (м-р Јелисавета Георгиева); 3. Запознавање со можностите за користење средства од европските фондови (Јадранка Аризанковска) и 4. Улогата на Арбитражата во решавањето на деловните спорови (м-р Татјана Штерјова). На средбата претседателите истакнаа и одредени проблеми со кои се соочуваат трговските друштва во нивното секојдневно работење. По дискусијата, се заклучи детектираните проблеми стручно да се обработат и во наредниот период да се преземат соодветни оперативни активности за нивно решавање.

Работна средa со претседателите на регионалните комори во Стопанската комора на Македонија ДОГОВОР ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЛОКАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Семинар за биоцидни производи ЕЛАБОРИРАН НАЧИНОТ НА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ И УПОТРЕБАТА

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 5: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

Министерството за економија заедно со ЕВН Македонија започнува со реализација на платформа за енергетска ефикасност со која се очекува зголемување на свеста кај потрошувачите и поголема примена на енергетската ефикасност во домаќинствата и реалниот сектор. Платформата опфаќа емитување на емисии за едукација на потрошувачите, обезбедување на техничка помош за малите и средни претпријатија преку организирање на обуки за примена на енергетската ефикасност, како и организирање на трибини на кои меѓу другото би се разгледале и можностите за финансирање на проекти за енергетска ефикасност. Намалувањето на потрошувачката на електрична енергија граѓаните и компаниите ќе имаат заштеди во своите буџети, а од друга страна тоа би придонело и државата да биде помалку извозно зависна. Статистичките податоци покажуваат дека потрошувачката

на енергија во регионот е зголемена во споредба со количината на произведена енергија. Ова особено се однесува на Македонија. Ваквата состојба, според претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст, укажува дека треба да се работи на промена на навиките на потрошувачите и на начинот на кој се користи енергијата во процесот на производство. - Огромното зголемување на потрошувачката се рефлектира и на целокупниот енергетски систем. Ако потрошувачката расте несоодветно на вистинските потреби на потрошувачите и нивната способност да платат тоа негативно ќе се одрази на целокупниот енергетски систем. Енергетската ефикасност често се разбира како исклучување на електричните уреди во домот или канцеларијата, но тоа го правиме само тогаш кога тие уреди не ни требаат. Всушност, енергетската ефикасност значи добивање на ист ефект, односно живеење и работење со ист квалитет, но со помала потрошувачка на енергија, нагласи Хенгст. Фактите покажуваат дека со примена на принципите на енергетска ефикасност во градба се заштедува и до 30 проценти на годишни ниво. -Годишната заштеда за домаќинствата е околу 1.000 евра, а во реалниот сектор заштедата на годишно ниво би била од неколку 100 илјади евра. На тој начин, компаниите ќе ја подобрат конкурентноста, продуктивноста и ефикасноста што е огромно значење во услови на криза, истакна на прес-конференција министерот за економија Ваљон Сарачини. Покрај оваа платформа, Министерството за економија има изработено и Стратегија и акциски план за енергетска ефикасност согласно кои доколку се преземат сите мерки и активности до 2018 година треба да се вложат околу 400 милиони евра, а заштедата би била околу 850 до 900 милиони евра.

Министерството за економија заедно со ЕВН Македонија започнува со реализација на платформа за енергетска ефикасност

ПРОМЕНА НА НАВИКИТЕ КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕИ НА КОРИСТЕЊЕТО НА ЕНЕРГИЈАТА ВО ПОГОНИТЕ

ЕНЕРГИЈА

Page 6: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

ЕНЕРГИЈА

Со инсталацијата на трите прекинувачи од типот SF 6 на 400 киловолтно ниво во транформаторската станица „Скопје 4“, АД МЕПСО целосно го заокружи проектот за замена на постоечките прекинувачи. Покрај овие три прекинувачи, годинава се инсталирани уште пет на 400 киловолтно напонско ниво во трансформаторските станици „Дуброво“ и „Битола 2“. Во набавката и инсталацијата на новите прекинувачи вложени се еден милион евра. Во последните две години инсталирани се вкупно 14 нови прекинувачи од типот SF 6 со што е реализирана инвестиција во вредност од два милиони евра. Станува збор за најново технолошко достигнување кое има широка примена во многу национални преносни системи низ многу држави во светот. - Со оваа инвестиција го заокружуваме процесот на промена на нова генерација прекинувачи од типот SF 6 со кои се зголемува безбедноста и доверливоста на електроенергетскиот систем. Со воведувањето на новата технологија ќе се зголеми доверливоста на овие прекинувачи што е од посебно значаење, но ќе се намалат и трошоците за одржување на овој вид прекинувачи, изјави генералниот директор на АД МЕПСО, Дејан Бошковски. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, без квалитетна и доверлива инфраструктура во делот на преносот не е можно да функционира електроенергетскиот систем на една држава. - Најсложениот и најскап дел во делот на разводната опрема во една постројка се прекинувачите. Денеска се комплетира еден проект што се реализираше во изминатите две години од страна на МЕПСО, а тоа е целосно заменување на прекинувачите со нови од најнова генерација. Тоа е еден од елементите за да има доверливо снабдување, оцени вицепремиерот Пешевски. Тој додаде дека ова е само еден од проектите во областа на енергетиката што се реализираат од страна на АД МЕПСО, а кои се поддржани од Владата. Прекинувачите се полнети со

специјален гас SF 6 и нивната намена е да вршат исклучување на елементи од мрежата што се под напон. Главна карактеристика е нивната доверливост, значајно подобрување на заштита и доверливоста и функционалност на постројките во преносната мрежа и ниските трошоци за одржување. Прекинувачите се сервисираат по 15 години користење или по извршени 10.000 операции на исклучување на елементите од преносната мрежа во трансформаторските станици. Трансформаторската станица „Скопје 4“ е најважниот енергетски јазол

за градот Скопје затоа што задоволува повеќе од половината од целиот конзум на главниот град и неговата поширока околина. Оваа трансформаторска станица ја прима енергијата од производствените капацитети во РЕК Битола, поврзана е преку трафостаницата „Дуброво“ со интерконективниот далновод Скопје-Солун, а од друга страна преку трансформаторската станица „Скопје 5“ е поврзана и со интерконективниот далновод што ги поврзува Македонија и Србија.

МЕПСО инсталира 2 милиони евра за прекинувачи што не се сервисираат 15 години

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА И ДОВЕРЛИВОСТА НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ

Page 7: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

Вода, храна, кислород, енергија и многу повеќе ... животната средина задоволува толку многу од нашите витални потреби. Ние си должиме себе си и треба да ја заштитиме нашата животната средина и нашето здравје, зошто нашиот опстанок е во прашање. Од почетокот на 1970-тите години Европа е цврсто посветена на/за животната средина. Заштитата на воздухот и квалитетот на водата, зачувувањето на ресурсите и заштита на биодиверзитетот, управувањето со отпад и контролата на активностите кои имаат негативно влијание врз животната средина, се само некои од областите во кои ЕУ е активна и на национално и на меѓународно ниво. Без разлика дали корективните мерки се однесуваат на специфични еколошки проблеми или на т.н. крос-мерки интегрирани во рамките на други области во политиката, Европската политика за животна средина, врз основа на член 174 од Договорот за основање на Европската заедница, има за цел да обезбеди одржлив развој на европскиот модел на општество.

1. Справување со климатските промени Климатските промени се еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во наредните години. Зголемените температури, топењето на глечерите и се почести суши и поплави, се доказ дека климатските промени навистина се случуваат. Ризиците за целата планета и за идните генерации се колосални и сите ние треба да преземеме итна акција. Веќе неколку години Европската унија се посветува на борбата против климатските промени, и на внатрешно и на меѓународно ниво, и истото наоѓа високо место на агендата на ЕУ, што впрочем се гледа во европската политика за климатски промени. Всушност, ЕУ превзема акција за намалување на емисиите на стакленички гасови во сите области на активност, со цел да се постигне следново: поефикасно користење на помалку загадена енергија, создавање почисти и повеќе испланирани транспортни опции, создавање компании кои се повеќе еколошки одговорни без да се загрози нивната конкурентност, обезбедување на еколошко користење на земјиштето и создавање на услови погодни за истражување и иновации.

2. Општи одредби Шестата еколошка акциона програма, која беше усвоена во јули 2002 година, ги утврдува приоритетите на ЕУ . Четири области се издвоени како приоритети: климатските промени, природата и биодиверзитетот, животната средина и здравјето на луѓето, како и управување со природните ресурси и отпадот. ЕУ за животна средина е водена од принципот на претпазливост и изјавата “загадувачот плаќа”. Различни институционални, финансиски менаџменти и инструменти се достапни за да се обезбеди дека тие се имплементираат ефективно. Вклученоста на јавноста е исто така клучен дел на политиката за животната средина.

3. Одржлив развој По однос на традиционалната дефиниција, одржливиот развој е “развој што ги задоволува потребите на сегашноста, без да се загрози способноста на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби”, со други зборови се обезбедува растот /развојот да не ги загрозува можностите на идните генерации. Одржливиот развој се состои од три елементи - економски, социјален и еколошки - кои треба да се земат предвид подеднакво на генерално политичко ниво. Стратегијата за одржлив развој, донесена во 2001 и изменета во 2005 година, е надополнета меѓу другото, и со принципот на интегрирање на еколошките проблеми со европските политики кои влијаат на животната средина.

4. Управување со отпад Секоја година, околу 2 милијарди тони отпад - вклучувајќи го посебно опасниот отпад - се произведуваат во земјите-членки на ЕУ, а оваа бројка се зголемува постојано. Складирањето на отпадот не е прифатливо решение и уништувањето на истиот е незадоволително поради тоа што резултира емисии и високо концентрирани загадувачки остатоци. Најдобро решение е, како и секогаш, да се спречи производството на таков отпад, повторно воведувајќи го во производниот циклус со рециклирање на неговите компоненти каде што постојат еколошки и економски одржливи методи за тоа.

5. Загадување на воздухот Освен борбата против стакленички гасови кои предизвикуваат климатски промени, клучна цел на законодавството за животна средина е да се подобри квалитетот на воздухот, загадување кое има реперкусии особено врз здравјето на луѓето, а се јавува и во форма на феномен како што е закиселување и еутрофикација, врз/на животната средина. Европските политики се насочени кон различни видови - и извори - на загадувачи. Во 2005 година, Комисијата предложи тематската стратегија за намалување на бројот на смртни случаи поврзани со загадувањето на воздухот од 40% од 2020 година.

6.Заштита и управување со водата Околу 70% од површината на Земјата е покриена со мориња и океани, а тие произведуваат речиси три четвртини од кислородот кој го дишеме. Можеме да го користиме директно само 1% од овие води, но многу форми на човековата активност ги става водните ресурси под значителен притисок. Загадената вода, без оглед на изворот на загадувањето, тече и на еден или друг начин се враќа во нашата природна околина - во морето или водените маси - од каде што може да има штетно влијание врз здравјето на луѓето и животната средина. Еден од најважните делови од законодавството во оваа област е Рамковната директива за води.

ПАРАЛЕЛИ

Заштита на животната средина

СО ПРОПИСИТЕ НА ЕВРОПСКИ ПАТ, ВО ПРАКСАТА ...

Page 8: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

7. Заштита на природата и биодиверзитетот Зголемената урбанизација и ширењето на човековите инфраструктури, прекумерното користење на природните ресурси, загадувањето во сите негови форми, воведувањето на егзотични видови во нашите екосистеми – сите овие фактори резултираат со високо оштетување на биодиверзитетот. Како резултат на тоа, 42% од цицачите, 15% од птиците и 52% од слатководните риби во Европа се под закана. Покрај тоа, речиси 1000 видови растенија се во сериозен ризик или на работ на целосно исчезнување . Со цел да заштити биодиверзитетот и да се спречи истребувањето на животинските и растителните видови, Европската унија формираше голема мрежа на заштитени подрачја (мрежата Натура 2000) и направи заштита на биодиверзитетот, како една од клучните цели на Шестата еколошка акциона програма .

8. Заштита на почвите П о ч в а т а е главна основа за човековата активност и домувањето. Тоа е ограничен и кревок ресурс, но сепак ерозијата, губењето на органска материја, лизгањето на земјиштето и различните форми на загадување се наоѓаат меѓу проблемите што политиката за животната средина во Европа се обидува да ги адресира.

9. Цивилна заштита Општествата во денешно време се се повеќе и повеќе ранливи на сите видови ризици, било да се природни или технолошки, и тоа може да има сериозни последици врз животната средина. За да им помогне во справувањето со овие ризици и да ги подготви во справувањето со кризните ситуации во кои тие можат да ги доведат, Европската унија воспостави механизам за соработка за помош и интервенции и воспостави програми за финансирање на граѓанските мерки за заштита.

10. Бучава Бучавата над одредена јачина (од 60 Ldn dB (A) во согласност со Европската агенција за животна средина), влијае не само врз благосостојбата, но исто така и врз здравјето на граѓаните. Се применуваат корективни мерки врз некои извори на бучава како приоритети, а Европската унија усвои директива, која се однесува на одреден пристап кон управување и евалуација на квалитетот на амбиентната бучава, се со цел да се заштити здравјето на луѓето.

11.Соработка со трети земји во однос на животната средина Почвата, морињата, реките и воздухот се атакувани од фактори кои не ги признаваат меѓународните граници, и кога станува збор за заштита на животната средина, прашањата одат и надвор од опсегот на национално или регионално размислување. Европската унија и нејзините земји-членки активно ја спроведуваат политиката за животна средина во последователните проширувања на ЕУ, во билатералните односи со земјите кои не се членки на ЕУ или регионалните групации, и кога се преговараат и потпишуваат меѓународните договори.

Република Македонија - животна средина Земјите кандидати спроведоа преговори со Европската унија (ЕУ), со цел да се подготват за пристапување кон истата. Пристапните преговори го покриваат усвојувањето и спроведувањето на европското законодавство (ac-quis) и поконкретно, приоритетите идентификувани од страна на Комисијата и земјите-кандидати во аналитичката проценка (или ‘скринингот’) на политички и законодавен acquis на ЕУ. Секоја година, Комисијата го разгледува напредокот постигнат од страна на кандидатите и ги оценува напорите барани пред нивното пристапување. Овој мониторинг е предмет на годишните извештаи доставени до Советот и на Европскиот парламент. Република Македонија доби кандидатски статус за Европската унија (ЕУ) за членство во 2005 година. Партнерството за пристапување, усвоено од страна на Советот во 2008 година, ги поддржува подготовките на земјата во поглед на идното членство и усогласување на своето законодавство со законодавството на Заедницата. Преговорите сеуште не се отворени, и како одреден напредок сè уште се потребни одредени напори во однос на целите и условите утврдени во партнерство. Во 2011 год. , Извештајот од Европската комисија го истакнува напредокот во врска со усогласувањето со acquis политиката за животната средина. Сепак, се истакнати слабости во однос на управувањето со климатските промени. Европската политика за животна средина има за цел да промовира одржлив развој и заштита на животната средина за сегашните и идните генерации. Таа се базира на интегрирање на заштитата на животната средина во другите европски политики, превентивна акција, загадувачот плаќа, сузбивање на еколошките штети во самиот извор и заедничка одговорност. Аcquis се состои од над 200 правни акти, кои го вклучуваат хоризонталното законодавство, водата и загадувањето на воздухот, управувањето со отпад и хемикалиите, биотехнологијата, заштитата на природата, индустриското загадување и управувањето со ризик, и бучава. Обезбедувањето на согласност со acquis бара значајни инвестиции, но, исто така, носи значајни придобивки за јавното здравство и ги намалува скапите/големите штети во шумите, објектите, пределите и рибарството. Силна и добро опремена администрација на национално, регионално и локално ниво претставува императив за примена и спроведување на политиката на животната средина acquis. Одреден напредок може да се забележи во областа на животната средина, особено во однос на транспонирањето на ЕУ acquis во националното законодавство и во ратификуваните мултилатерални договори за животна средина. Значителни напори за спроведување на националната легислатива се бараат особено во областа на управувањето со водите и контролата на индустриското загадување. Во врска со климатските промени, напредокот во усогласувањето и спроведување на ЕУ климатските промени acquis, е релативно мал. Потребни се понатамошни напори за зајакнување на институционалните капацитети и интер-institutional cooperation. Се нагласува дека нивото на подготвеност на земјата останува ограничено, иако е постигнат напредок во областа на квалитетот на воздухот и управувањето со отпадот. Состојбата останува несоодветна за адаптација кон климатските промени, заштитата на природата, индустриското загадување и управувањето со ризик. Комисијата произнесе ограничен напредок во однос на заштитата и мониторингот на животната средина. Законодавната рамка мора да се развива и посебно внимание да се посветува на хоризонталното законодавство и управувањето со отпадот. Планираните инвестиции се сметаат за недоволни за да земјата биде сосодветно подготвена за предизвиците на животната средина.

ПРОМОЦИЈА

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Page 9: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

Значењето на веродостојните податоци добиени од извештајните единици во продукцијата на официјалните статистички податоци

ПЕТНАЕСЕТ ПРИНЦИПИ ЗА МАКСИМАЛЕН КВАЛИТЕТ Дејноста на државната статистика во Република Македонија е уредена со Законот за државната статистика (“Службен весник на Република Македонија” бр.54/97, 21/07 и 51/11). Основен носител на дејноста е Државниот завод за статистика. Покрај наведената институција, дејноста на државната статистика ја реализираат и овластени носители за спроведување на статистички истражувања. Конкретната реализација на својата дејност Заводот и овластените носители ја реализираат врз основа на Програмата за статистички истражувања за периодот 2008-2012 (“Службен весник на Република Македонија” бр.11/08). Во процесот на обезбедување квалитетна, навремена и релевантна статистичка информација, Државниот завод за статистика се потпира на принципите на официјалната статистика на Обединетите нации и на принципите на Кодексот за работа на европската статистика. Вредностите што Државниот завод за статистика ги почитува и доследно ги применува во практиката, а се преземени од Кодексот за работа на европската статистика, се петнаесет принципи што се однесуваат на институционалната околина, статистичките процеси и статистичките аутпути, и тоа:

• Стручна независност• Мандат за прибирање податоци• Адекватност на ресурсите• Посветеност на квалитет• Статистичка доверливост• Непристрасност и објективност• Стручна методологија• Соодветни статистички процедури• Умерено оптоварување на давателите• Ефективност на трошоците• Релевантност• Точност и веродостојност• Навременост и во предвидени рокови • Кохерентност и споредливост • Достапност и јасност.

Една од основните стручни работи кои ги извршува Државниот завод за статистика е прибирање и обработка на статистички податоци. Заводот податоците ги прибира со користење на податоци од административни и статистички бази на податоци и регистри, преку носителите на тие бази и регистри, но и преку статистички прашалници кои Заводот ги доставува до извештајните единици. Извештајни единици кои на Заводот му доставуваат податоци во согласност со Законот за државната статистика се физички и правни лица. Најважните извештајни единици од аспект на подготовка на макроекономските показатели се правните лица. Во таа смисла, со член 26 од Законот се предвидува дека извештајните единици - правни лица се должни на Заводот да му доставуваат статистички податоци за статистичките истражувања утврдени со закон и со Петгодишната програма за статистички истражувања. Притоа се потенцира дека доставувањето на податоците од страна на извештајните единици е без надомест. Со член 30 од Законот, исто така, се наведува дека извештајните единици се должни податоците да ги доставуваат во утврдениот рок и податоците да се целосни и точни. Особено е важно да се потенцира дека Државниот завод за статистика посветува посебно внимание на заштитата на податоците кои ги доставуваат извештајните единици. Со оглед дека тие податоци претставуваат индивидуални податоци, во Законот се наведува дека добиените податоци ќе се користат единствено во функција на продуцирање на статистички податоци во агрегиран - збирен облик, при што ќе биде оневозможено препознавање на извештајната единица на која тие се однесуваат, а воедно, со преземање на организациско-технички мерки од страна на Заводот ќе биде обезбедено тие да не бидат злоупотребени од трети лица. Подготовката на квалитетни статистички информации што ќе го поддржат развојот на пазарната економија во Република Македонија зависи, пред сè, од обемот, веродостојноста и квалитетот на статистичките податоци што Државниот завод за статистика ќе ги добие од извештајните единици. Квалитетните и веродостојни статистички информации ќе бидат основа за:

- донесување на квалитетни одлуки во сите сфери на економските, општествените и други дејности од страна на Владата на Република Македонија, надлежните министерства и другите државни органи;- донесување на квалитетни одлуки од страна на менаџерите во приватниот сектор во анализата и планирањето на развојот на бизнисот;- донесување на квалитетни одлуки од страна на менаџерите во јавниот сектор;- поддршка на научните истражувања како носечки сегмент на развојот.

Воедно, со квалитетните податоци ќе се обезбедат и споредливи податоци за:

- развојот на земјата, а заради потребата за споредба со другите земји во регионот, со кандидатите за членки и со членките на Европската унија, како основа за приближување на Република Македонија кон Европската унија;- процена на странските инвеститори за можностите и исплатливоста на инвестициите во сферите на нивниот интерес во Република Македонија;- планирање на регионалниот развој на земјата;- согледување на можностите за користење на средства од структурните фондови на Европската унија и тоа кога ќе бидат исполнети другите услови во земјата.

Во насока на подобрување на квалитетот на официјалните статистички податоци кои се продуцираат во македонскиот статистички систем, подготвени се нови предлог-измени и дополнувања на Законот за државната статистика со цел да се воспостават законски основи за зајакнување на улогата на Државниот завод за статистика како координатор на статистичкиот систем на земјата, давање на мислење за методолошките основи за прибирање на податоците во статистичките истражувања за кои се надлежни останатите овластени носители во согласност со Програмата за статистички истражувања, давање на мислење при воведување на нови или измени на постоечките збирки на податоци. Со предлог-измените се создаваат и предуслови кои се во функција на зголемување

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ

Page 10: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ на опфатот и квалитетот на податоците кои се добиваат од извештајните единици, за условите на користењето на податоците од страна на научната заедница и дисеминирањето на податоците до домашните и странските корисници.

0

50 000

100 000

150 000

200 000

250 000

2005 2006 2007 2008 2009 2010

денари

Бруто-домашен производ по жител

БДП во тековни цени (во милиони денари)

БДП по жител во евра (по тековен

курс)

БДП во милиони евра (по тековен

курс)

Стапки на реален раст на БДП во %

2005 295 052 2 363 4 814 4,4

2006 320 059 2 564 5 231 5,0

2007 364 989 2 919 5 965 6,1

2008 411 728 3 283 6 720 5,0

2009 410 734 3269* 6703* -0,9

2010 434 112 3 434 7 057 2,9

20111) 461 730 3 645 7 504 2,8

Извор: Државен завод за статистика

Бруто-домашен производ, 2005-2011

1) Претходни податоци

Strana 1

во милиони денари 2010 20111)

Бруто-домашен производ 434 112 461 730

Финална потрошувачка 404 480 426 577

Бруто-инвестиции 110 790 125 398

Инвестиции во основни средства 82 968 94 537Промена на залихи2) 27 822 30 861Извоз на стоки и на услуги 202 166 251 866

Извоз на стоки 153 354 195 639 Извоз на услуги 42 707 49 203Набавки на нерезидентите во земјата 6 105 7 024

Увоз на стоки и на услуги 283 324 342 111

Увоз на стоки 243 676 298 903 Увоз на услуги 39 649 43 208

1) Претходни податоци2) Вклучува разлика поради балансирање

Извор: Државен завод за статистика

Бруто-домашен производ според расходниот метод (тековни цени)

2005 2006 2007 2008 2009 2010Бруто-домашен производ, во милиони денари 295 052 320 059 364 989 411 728 410 734 434 112

Бруто-национален доход, во милиони денари 289 380 318 445 347 940 406 025 407 767 428 233

Нето-тековни трансфери од странство, во милиони денари

52 232 60 081 61 941 60 270 69 376 84 173

Бруто-национален расположлив доход, во милиони денари

341 612 378 526 409 881 466 295 477 142 512 405

Финална потрошувачка, во милиони денари 282 322 308 328 342 361 405 487 392 912 404 480Бруто-национално штедење, во милиони денари 59 290 70 198 67 521 60 808 84 231 107 925

Бруто-домашно штедење, во милиони денари 12 730 11 731 22 629 6 241 17 822 29 632

Бруто-инвестиции, во милиони денари 62 913 68 809 89 928 110 405 107 600 110 790БДП, реална стапка на раст во % 4,4 5,0 6,1 5,0 -0,9 2,9БДП, имплицитен дефлатор во % 3,8 3,3 7,4 7,5 0,7 2,7БДП во милиони евра (по тековен курс) 4 814 5 231 5 965 6 720 6 703 7 057БДП по жител во евра (по тековен курс) 2 363 2 564 2 919 3 283 3 269 3 434БДП според паритетот на куповната моќ, во милиони

13 473 14 594 16 212 17 255 17 413 18 214

БДП по жител според паритетот на куповната моќ

6 614 7 153 7 933 8 430 8 491 8 863

Бруто-национално штедење како % од БДП 20,1 21,9 18,5 14,8 20,5 24,9Вработени и самовработени 470 147 485 062 506 261 537 484 551 101 559 321Население на средина на годината 2 036 855 2 040 228 2 043 559 2 046 898 2 050 671 2 055 004Бруто-домашен производ по вработен, во денари

627 575 659 831 720 951 766 029 745 297 776 141

Бруто-домашен производ по жител, во денари 144 857 156 874 178 605 201 147 200 293 211 246

Бруто-национален доход по жител, во денари 142 072 156 083 170 262 198 361 198 845 208 385

Бруто-национален расположлив доход по жител, во денари

167 715 185 531 200 572 227 805 232 676 249 345

Бруто-национално штедење по жител, во денари

29 109 34 407 33 041 29 707 41 075 52 518

Финална потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, по жител, во денари

111 910 122 687 136 957 161 414 153 304 156 459

Финална потрошувачка по жител, во денари 138 607 151 124 167 532 198 098 191 602 196 827Бруто-инвестиции по жител, во денари 30 887 33 726 44 005 53 938 52 470 53 912

Макроекономски индикатори

Извор: Државен завод за статистика

Индекси Indices

2011/2010

А Земјоделство, шумарство и рибарство 43 739 44 659 102,1

Б, В, Г и Д Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината

81 802 85 162 104,1

Ѓ Градежништво 23 902 27 540 115,2

Е, Ж и З Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

77 176 83 229 107,8

Ѕ Информации и комуникации 18 424 22 707 123,2

И Финансиски дејности и дејности на осигурување 9 838 14 633 148,7

Ј Дејности во врска со недвижен имот 1 927 2 274 118,0

К и Л Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности

15 751 15 139 96,1

Љ, М и Н Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита

66 763 64 615 96,8

Њ, О и П Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби

13 262 14 979 112,9

28 564 29 286 102,5

- - -381 148 404 223 106,1

52 964 57 507 108,6

434 112 461 730 106,4

Извор: Државен завод за статистика

20111)

Други нето-даноци на производство

БРУТО-ДОМАШЕН ПРОИЗВОД (А+Б)

А. Додадена вредност

Б. Даноци на производи минус Субвенции на производи

Импутирани станарини

1) Претходни податоци

Бруто-домашен производ според производниот метод (тековни цени)

во милиони денари

НКД сектор Назив 2010

Page 11: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

РЕГИОН

Стопанската соработка меѓу Црна Гора и Албанија

БИРОКРАТИЈАТА ГО ГУШИ БИЗНИСОТ *Директоротна здружениетоБизнисАлбанија, велидека стопанскатасоработканадветеземјиможедасеразвиваподобро. Стопанската соработка меѓу Црна Гора и Албанија, како соседни земји, е на исклучително ниско ниво и во текот на годините се разменува стока која е вредна до милион евра. Треба да се работи на подобрување на соработката бидејќи простор има посебно кога се во прашање туризмот, енергетиката и екологијата, вели претседателот на албанското Здружение на работодавци Бизнис Албанија Лјуан Бергази. Тој за весникот Вијести рече дека Црна Гора и Албанија мора да промовираат меѓугранична соработка, бидејќи меѓу другото тоа го бара и Европа. - Пред се тоа се туризмот, екологијата и енергетиката и ќе се обидеме заедно да конкурираме со проекти од тие области. Тоа се гранки во кои можеме најдобро да соработуваме – рече Бергази кој потпиша меморандум за соработка со Унијата на работодавци на Црна Гора (УПЦГ). Целта на соработката со УПЦГ, како што истакна тој е развивање на бизнисот меѓу двете земји поради кое ќе организираат заеднички саеми и настапи, а во текот на декември или најдоцна јануари ќе имаат нов состанок во Тирана. Бергази најави дека ќе се состане и со претставници на Стопанската комора. - Од Црна Гора во Албанија најмногу се увезуваат земјоделски производи, производи од грозје, пред се вино, но и градежни материјали. А од Албанија претежно се увезуваат земјоделски производи. Стоковата размена не е голема, а простор за соработка има многу повеќе. Сега се направени патишта, па и можностите се уште поголеми – изјави Бергази. Според него, Албанија најмногу е заинтересирана за црногорскиот туризам. - Многу Албанци го поминуваат летниот одмор на вашето приморје, имате услуга на високо ниво. Во неколку елитни хотели во кои често престојувам, најчести гости кои ги сретнувам се токму од Албанија. Се смета дека наши државјани тука годишно трошат околу 1,5 милиони евра – рече Бергази. Инаку, Бергази осум години бил претседател на Стопанската комора на Албанија и сопственик на Пиварата Тирана. Сличноста со Црна Гора се бизнис бариерите кај кои е најголемата бирократија, истакна тој. - Бирократијата е најголема пречка за развојот на бизнисот. Веднаш зад неа е неразвиената инфраструктура. Ни недостигаат патишта, иако последните години се изградија многу сообраќајници. Корупцијата е многу изразена и околу 30 отсто стопанственици во анкетата која ја подготвивме рекоа дека се сретнале со корупција. Проблем е и нефункционирањето на судовите, имотно правните односи не се решени, катастарот не е среден – наброја Бергази. Кога е во прашање развојот на државата, Бергази рече дека имаат три приоритети. - Најважна е енергетиката поради големиот хидропотенцијал. Државата навистина го стимулираше тој сектор, даде големи повластици на концесионерите поради што доделија 450 концесии за мали, средни и големи хидроцентрали. Втора гранка е рударството бидејќи Албанија е богата со хром, бакар и нафта. Третата гранка е туризмот. Фискалните поволности го стимулираа развојот на сите гранки – рече тој. Концесии за изградба на хидроцентрали на албанскиот дел на реката Бојана се дадени на австриската компанија Вербунд која, како што рече Бергази, веќе изгради хидроцентрала со капацитет од 250 мегавати и пред еден месец е завршена и пуштена во работа. Реконструирано е и пристаништето Драч кое е едно од главните конкуренти на пристаништето во Бар. - Нашето главно пристаниште е Драч и во тек е проширување на неговите капацитети, а тоа со неколку проекти го финансира Светска банка. Сега работи со максимален капацитет и очекувањата се големи. Се довезува и одвезува стока за Косово, Македонија, дури и за Турција и Драч станува многу значајна сообраќајна точка – вели тој. Во тек се градежни изведби на патот Скадар – Драч и Скадар – Хани и Хотит, кој е граничен премин со Црна Гора и Бергази истакнува дека тоа ќе биде поволно и за развој на пристаништето... Албанија на стопанството должи околу 200 милиони Бергази потенцира дека како и во Црна Гора, неликвидноста е еден од најголемите проблеми со кои во текот на кризата се борат албанските стопанстве ници. – За недостигот на пари кај нас е виновна државата бидејќи има огромен долг кон приватните компании. Се смета дека државата ни должи околу 200 милиони евра. До таа бројка се дојде најмногу преку инфраструктурните проекти, патиштата, каде државата не можеше да ги исплати компаниите за извршената работа. И тоа нанесе најголема штета – објасни Бергази. Даноците ги сведоа на еден од 10 отсто Според Бергази, државата го поттикнува развојот на стопанството и Владата на Албанија не предлага ниту еден закон за кој претходно нема да се согласат стопанствениците. - Исклучително високите и бројни даноци ги сведоа на еден, кој изнесува само 10 отсто и тоа е вкупен трошок по таа основа, што е многу значајно за привлекување на странски капитал. Влезот во бизнисот исто така се стимулира, така на пример, тие кои сакаат да инвестираат во образовни институции, земјата на која ќе се градат објекти за тие потреби можат да ја купат за само едно евро – рече Бергази. (Вијести – Подгорица)

Page 12: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

Еднодневен семинар

“ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА;ПРЕОБРАЗБА НА ДРУШТВОТО ОД ЕДНА ВО ДРУГА ФОРМА”

24 октомври 2012 година , 09:30-15:00 часот , Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 18 октомври 2012 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар на тема: “Последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва; Преобразба на друштвото од една во друга форма” Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени најзначајните аспекти од последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва. Воедно, ќе биде разгледан и последниот предлог за измени и дополнувања на Законот за трговски друштва од мај 2012 година. Во вториот дел од семинарот, акцентот ќе биде ставен на можностите за преобразба на друштво од една во друга форма. Сметаме дека актуелните состојби во Република Македонија, одат во прилог на посериозно разгледување на наведената можност која ја дава Законот за трговски друштва. Исто така, ќе стане збор и за преземањето на удел, односно акции, а од особена важност ќе биде да се утврди процесот на претворање удели во акции, односно акции во удели, како и правата на содружникот, односно акционерот по извршената преобразба на трговското друштво. Програма: - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на заедничките одредби на трговските друштва - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на застапувањето, трговскиот регистар и постапката за упис и бришење од трговскиот регистар - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на друштвото со ограничена одговорност - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на акционерското друштво - Поим на преобразба на друштво - Одлука за преобразба на друштво - Услови под кои може да се врши преобразба - Преземање удел, односно акции - Претворање на удели во акции, односно акции во удели

Предавачи: -д-р Марко Андонов, универзитетски професор, Факултет за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје; -д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд Скопје

Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 22-ти октомври 2012 година.

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Od 23 до 25 октомври 2012 година во Нови Сад, Република Србија

ПОСЕТА НА „INVESTEXPO 2012“ И НА ДЕНОВИТЕ НА ЕНЕРГЕТИКАТА „INVESTEXPO 2012“ ќе се одржи од 23 до 25 октомври 2012 година во Нови Сад. „Investexpo“ е бизнис-настан, кој им овозможува на компаниите полесно остварување на контакти, вмрежување, изнаоѓање нови партнери или инвеститори, како и промоција. „IN-VESTEXPO 2012“ е комбинација од два значајни настана: Саем на инвестиции и Денови на енергетиката. На Саемот за инвестиции се претставуваат/излагаат општини и градови од Србија и од регионот, стопански комори, агенции за развој и финансиски институции со цел да ги покажат потенцијалните и актуелните локални проекти на нивните влади, анализи кои се однесуваат на искуства, продлабочување на регионалната соработка, остварување на нови бизнис-врски, со цел да се овозможи поголем прилив на инвестиции со создавање на целокупната позитивна слика за побрз и полесен пристап до фондовите на ЕУ. На Деновите на енергетиката се претставуваат релевантни институции, компании и експерти од енергетскиот сектор со цел да се одговори на прашањата на инвестициите во енергетскиот сектор, искористување на обновливите извори на енергија, како и зголемување на енергетската ефикасност.

Контакт: Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064, 070/295-439, Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015E-адреса: [email protected]

Контакт: Перо АвакумовскиТел: ++ 389 2 3244048, Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 13: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Советување

“УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ЗА МЕНАЏЕРИ”25-27 октомври 2012 година (четврток-сабота)

Хотел “Queens Astoria Design Белград ****/www.astoria.rs

Инвестирањето во човечките ресурси претставува една од најзначајните инвестиции во компаниите, во таа насока, нејзиното управување е посебно значајно од апект на развојот и конкурентската позиција на компаниите. Со цел запознавање со техниките на управување со човечки ресурси, Стопанската комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, 25 и 27 октомври 2012 година, во хотел “Queens Astoria Design****”,Белград, организира советување на тема “Управување со човечките ресурси за менаџери”.

Цели на семинарот: Запознавање на менаџерите/раководителите во компаниите со процесот на управување со човечките ресурси, управување со ефектот и развојот на вработените, како и ефикасно водење на тимови и развојот на проактивна организациска култура.

Целни групи: Директори / менаџери на сите нивоа на управување со вработените во претпријатијата.

Содржина: Управување со човечките ресурси и вработување - Основна функција на управување со човечките ресурси - Планирање на кадарот - Вработување - Ориентација - Обука - Обука и развој на вработените - Обука на вработените - Развој на вработените - Ориентација - Управување со учинокот - Процес на управување со учинокот - Мониторинг на учинокот на вработените - Проценка на учинокот на вработените - Развој и управување со тимови - Мотивирање и инспирирање на соработниците - Тимски улоги и односи - Ефикасно управување - Лидерство - Успешно водење на состаноци

- Развој на проактивна организациската култура

Предавач: Драгана Томиќ Филиповиќ е магистер по економија, а исто така има магистрирано на темата “Локален развој на Балканот” на Универзитетот во Тренто, Италија. Нејзината област на експертиза е управување со човечките ресурси, организациски развој и управување со промените, поддршка на локалните и регионалните иницијативи за развој, бизнис обука и предавања на организации и поединци. Драгана Томиќ Филиповиќ има покажано долгорочни резултати во успешното управување на човечки ресурси во големи системи (Ерсте банка Србија, Pharmaswiss), но исто така и во ангажманот со голем број на јавни и невладини организации, вклучувајќи го и Републичката агенција за развој на МСП со својата мрежа на регионални агенции, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Белград, Регионалната стопанска комора- Ужице, Регионалната стопанска комора- Ваљево, РЕЦ и УНДП-ГЕФ, УСАИД.

Работен јазик се семинарот е српскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Напомена: Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесника. Рок за пријавување 19 октомври 2012 година

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Page 14: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар на 26 октомври

“СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БЗР”Размена на искуства од земјите од балканот – Србија, Бугарија, Хрватска и презентирање на имплементирање на законот на компанија од Македонија –

наградена за добра пракса по препорака на ДИТ10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанска комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и ДИТ (Државниот инспекторат за труд), во октомври 2012 година ќе реализира тематска обука наменета за сите сектори. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со начинот на примена на Законот во компаниите, залагање за исполнување на Законската регулатива и задоволување на критериум за инспекциски надзор. Обучувачи на семинарот ќе бидат предавачи од Државниот инспекторат на трудот, стручни лица од Државните институции на Македонија, како и претставници од Македонското здружение за заштита при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Закон за безбедност и здравје при работа од 2007 год., новите дополнувања и промени според ново излезените правилници кои недостасуваа во заокружување на законската легислатива. На овој семинар, новитет е учеството на експерти од регионот: Србија, Бугарија и Хрватска, воедно и презентацијата на компанија за начинот на спроведувањето на Законските одредби на ниво кое ги задоволува барањата на Државниот инспекторат за труд и истата е наградена за најдобра пракса од областа на БЗР во изминатиот период. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 22 октомври 2012 година. Агендата и Пријавниот лист може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Од 1 до 3 ноември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО АНТАЛИЈА Турција како земја домаќин која има голем број на природни термални извори, спа и велнес центри и високо развиени здравствени институции е спремна да даде голем допринос за развојот на здравствениот туризам и за таа цел го организира “Anfas Hetex 2012 4th International Health Tourism Exhibition” Оваа меѓународна манифестација ке биде домаќин на сите производители, трговци и корисници на медицинска и естетска опрема.Меѓународни осигурителни компании, здравствени организации, болници здравствени туристички агенции ќе се најдат на едно единствено место во исто време. На овој меѓународен саем како излагачи ќе се најдат Претставници на: • Здравствени установи • Национални и меѓународни осигурителни компании • Медицински центри • Орални и стоматолошки здравствена центри • Центри за трансплоатација на коса • Центри за диализа • Центри за вештачко оплодување • Центри за геријатрија • Spa & Wellness и таласо центри • Центри за третмани за слабеење • Термални центри • Центри за убавина • Офталмолошки Болниците • Фитнес центри • Spa & Wellness центри • Авиокомпании • Официјални институции и претпријатија • Поврзани здруженија и фондации

Производители на: • медицински материјали и опрема • еколошки производи

Page 15: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

• дијабетски производи • производи за нега на коса • козметика • производи за нега на лице и тело • ортопедски материјали и опрема • производи за брза помош

Оваа меѓународна саемска организација е местото каде ќе имате можност да се сретнете и да остварите контакти со: • Луѓе вработени во национални и странски осигурителни компании • Управници на болници и лекари • Туристички агенти во област на здравствениот туризам • Менаџери и сопственици на спа и велнес центри • Менаџери и сопственици на хотели • Фризери и козметичари • Нутриционисти • Претствници на спортски и здравствени центри • Менаџери на фарматцефски компании

Присутните ќе имаат одлична можност да се запознаат со најновите производи и технологии во областа на медицинскиот туризам. Сите заинтересирани македонски компании и поединци да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 20 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Дводневен семинар

“КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ”(9 -10 ноември 2012 година, 9:00-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат)

Предавач Јасмина Очко, магистар по банкарски и финансиски менаџмент од Р. Хрватска Стопанската Комора на Македонија во соработка со Консултанската куќа “Когноско” од Република Хрватска, на 9 и 10 ноември 2012 година, организира дводневен семинар на тема: “Контрола на трошоците”.

Цел на семинарот: Трошоците мора да се управуваат, а не само да се намалуваат (по секоја цена). Врз основа на цврсти економски знаења контролирањето проценува кои деловни потези треба да се преземат за да се поправат неправилностите и да се постигнат саканите резултати. Врз основа на практични знаења, контролорите полесно можат да ги разберат методите со кои се управува со трошоците. Оваа работилница многу практично го опишува начин на размислување на контролорите при донесувањето одлуки кои имаат влијание врз трошоците.

Целна група: Сопственици на мали, средни и големи компании, интерни ревизори, врвни менаџери, менаџери за продажба и маркетинг, менаџери на производство, менаџери за логистика или набавка, сметководители, особено за оние кои се заинтересирани за сметководствен менаџмент.

Начин на реализација: Интерактивни предавања со презентација, дискусија, работилница - решавање на задачи во групи; анализа на презентирани модели; примери од пракса на контролори; презентација на студии на случаи.

Содржина:

Прв ден

Модул 1 - Преглед на контролорот на трошоците, методи кои се применуваат за разбирање на трошоците;Модул 2 - Управување со трошоците (АБЦ анализа на трошоците, ФТ наспроти ВT, симулација на модели); Модул 3 - Различни услови на продажба (одредување попусти и рокови на плаќање, симулација на прогноза на добивка); Модул 4 - Контролирање на профитни центри;

Модул 5 - Каталошка и телефонска продажба, теренска, продажба преку застапник, продажба на мало (што треба да се предвиди пред воведување на нов канал за продажба); Модул 6 - Како да се планираат активности кои се избрани по сите најважни деловни сегменти и кои ја следат бизнис-стратегијата на фирмите;Модул 7 - Деловна политика (што навистина сакаме и кои ни се конкурентски предности - предност во цената наспроти диференцијација,

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 16: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

растот наспротипрофитабилноста, маржата наспроти коефициентот на обртот, диференцијација на асортиманот - тесен наспроти широк, диференцијација на дистрибутивните канали.

Втор ден

Модул 1 - Контрола на производството (презентација на случај);Модул 2 - Управување со трошоците на производството;Модул 3 - Аспекти на контролата за следење на залихите - по групипроизводи, по старост, по рентабилност / коефициент на обртот;Модул 4 - АБЦ анализа, оптимизација на залихите;Модул 5 - Потребни и оптимални залихи, рентабилни и нерентабилнипроизводи на залиха, модели на управување со залихите(симулација на модели);Модул 6 -Коефициент на обрт по групи производи и неговото влијание врзРентабилноста;Модул 7 - БГЦ матрица на производите - инструмент за управување со залихите;Модул 8 -Залихи и деловна стратегија на компанијата;Модул 9 - Како да се применат техниките на финансиска анализа во областа на залихите и како да се управува со залихите?

Предавач:Јасмина Очко е магистар по банкарски и финансиски менаџмент. Петнаесет години била раководител на контрола во компанијата „Mozaik knjiga“ d.o.o – „Grupa Mladinska Knjiga Zal-ozba”. Работела на имплементација и развој на контрола на функциите во филијалите на „Младинска книга“ во БиХ, Србија и во Македонија. Од 2002 година се занимава со едукација од областа на контрола и до денес одржала преку 200 тренинзи, работилници, предавања и едукација за менаџмент и контрола на разни колеџи и школи ( RRF, Hrvatska Gospodarska Komora, PUMA - Hrvatska udr-ga poslodovaca, WIFI, IMC, Verlag Dashofer, Altius sovjetovanje, Experta, Poslovna Izvrsnost, Poslovna akademija, Mirakul, SWOt, InOptium, TEB, Hrvatsko mjeriteljsko drushtvo). Во 2008 година започнува со сопствена претприемничка активност како консултант од областа на контрола, сметководствен менаџмент, управување со трошоците, планирање и буџетирање. Сопственик е на компанијата „Когноско”, која е специјализирана за давање услуги од областа на контролата. Од 2007 - 2008 година придружник е на водечката светска Академија за контрола “Controller Akademie” Munchen ( CA privates Institut fur Unternehmensplanung und Rechnungswesen AG). Во 2010 година добива звање предавачка од областа на општествените науки, односно станува предавачка на RRIF- Високата

школа за финансиски менаџмент. Во 2011 година стручно се усовршува во Америка (New York City). Посетувала бројни едукации од областа на менаџментот, менаџерско сметководство и контрола на најпознатите американски деловни институти во рамките на AMA – American Management Association. Во текот на својата кариера посетува многубројни кратки едукации од областа на контролата, внатрешната ревизија и сметководството во земјата и во странство. Завршила едукација од областа на психологија, педагогија, методика и дидактика при Учителската Академија во Загреб. Коавтор е на книгата „Контрола – управување зад сцената”, издадена во Загреб 2009 година и на Програмата за едногодишно школување за стекнување на звањата менаџер за контрола и финансиско-сметководствен менаџер. Предавачка е на бројни конгреси и конференции наменети за контролорите на високиот и среден менаџмент, како и на деловното училиште „Експерта” и тренер е на WIFI - Хрватска, Институт за унапредување на стопанството во сопственост на Австриската стопанска комора.

Работен јазик на семинарот е хрватскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот.

Напомена: Минимален број за реализирање на овој семинар е 15 учесника.

Рок за пријавување: 6 ноември 2012 година

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 17: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

Семинар

“ПРВИЧНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ”

16 ноември 2012 година, 9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Стопанската Комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 16 ноември 2012 година, организира еднодневен семинар на тема “Првични знаци на предупредување во превенцијата од создавање на лоши пласмани”. Цели на семинарот: За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • Сеопфатност на моделот на наплата на побарувањата за правните лица • Важноста од соодветна проценка на бонитетот на клиентите (кредитен рејтинг) • Критериумите за утврдување на потенцијално проблематичните клиенти • Начини на решавање на потенцијално проблематичните клиенти • Влијанието на потенцијално проблематичните клиенти во финансиските извештаи на доверителите.

Целни групи: Вработени во банките кои работат во секторот- работа со правни лица (account и relationship менаџери), директори на филијали и вработени кои се занимаваат со управување со ризик и наплата на проблематични кредити.

Содржина: • Важноста на наплатата на побарувањата во услови на криза • Целосен пристап за наплата на побарувања на клиентите • Анализа на рејтингот и нејзиното значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите према банката • Важност на мониторингот на фаза детектирање на потенцијалните проблеми • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Третман на клиентот по откривање на потенцијални проблеми • Влијание на лошите пласмани врс финансиските извештаи на банката како доверител.

Предавач: Александар Василски дипломирал на Факултетот за бизнис студии, Гренобл, Франција (Grenoble Ecole de Management, France). Тој ја започна својата кариера со Рајфајзен банка АД Белград, во секторот управување со ризици. Во 2007 година поминува во Ерсте банка АД Нови Сад, каде што во 2008 година стана директор на Дирекцијата за управување со ризици за правни лица.Неговите главни области на работа и усовршување се поврзани со прашањето за управување со кредитниот ризик, финансиска анализа, управување со наплатата, управување со стратегиски ризик. За време на неговиот професионални ангажмани, тој работел на многу проекти во земјата и во странство.

Работен јазик се семинарот е српскиот јазик.За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал;

• ручeк и освежување; • сертификат за присуство на сем инарот.

Рок за пријавување: 9 ноември 2012 година

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

С Е М И Н А Р И

Page 18: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

Oд 29 ноември до 2 декември 2012 година во Република Турција

„PLAST EURASIA ISTANBUL 2012“ *СтопанскатакоморанаМакедонијаи„АдонисГруп“веносатнасаемотсообезбеденобесплатносместување(двеноќевањасопојадоквореномиранхотел),локалентрансфер(одaeрoдpoмдохотел)ивлезницизаСаемот

Mеѓународeн саем за пластика „PLAST EURASIA ISTANBUL 2012“ е еден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странските компании ќе ги пласираат од областа на:

- пластични профили и цевки, гуми, машини за вајарство, пластични филм-машини, машини за термообликување, гранулати, машини за флексо-печатење, миксер-машини;

- инженеринг- пластика, ПВЦ-адитиви, хемикалии за гуми, инженеринг полимери, ПВЦ-соединенија, термопластични еластомери, масла, полиетилен, пигменти, растворувачи;

- завртки, редуцири, системи за роботика, разладни кули, хопер сушилници, магнет и метални сепаратори;- резистори, сензори, индикатори, електронски скали, статична опрема, индустриски грејни елементи;- пластични калапи, ПВЦ-калапи, калапи за амбалажа; - хидраулични цилиндри, пумпи, опрема и додатоци, компресори; - технологија за рециклирање на пластика, машини за дробење на пластика, пластични системи за филтрирање.

На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, кои ќе се претстават со своите најдобри производи. Оваа година Саемот ќе се одржи во 10 хали, каде што ќе учествуваат над 1000 компании од 50 земји. Компаниите на Саемот ќе ги презентираат нивните најнови технологии и машини за пластика. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 29 ноември - 1 декември 2012 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се:

- бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел); - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел); - како и бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 5.900 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 9.11.2012 година. За подетални информации за „PLAST EURASIA ISTANBUL 2012“ контактирајте не`.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 19: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКАСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO 9001:2008FS 549642

TMBSI

Реномирана компанија од Република Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за

производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на CocaCola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 50 литри, со две статични цистерни и

една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со

сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор.Локацијата на објектот е во околината на Битола, до

границата со Грција.Валидност до: 5.10.2013 година

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на семки од тиква и семе за

орев.Валидност до: 28.3.2013 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка со македонски производители на производи од фротир памук, наменети за опремување на хотели и ресторани.

Валидност до: 28.02.2013 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да набавува дрвена амбалажа од топола за пакување овошје.

Валидност до: 28.3.2013 година

Компанија од Косово заинтересирана е за соработка со фармацевтски компании во Република Македонија за

пласман на лекови.Валидност до: 28.3.2013 година

Компанија од Белгија заинтересирана е за заедничка соработка со компании во Република Македонија во

областа на информатичката технологија.Валидност до: 28.3.2013 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка со производители на пумпи и мотори во Република

Македонија за пласман на нивниот пронајдок концентрична пумпа.

Валидност до: 1.02.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со македонски компании кои произведуваат зеленчук и

овошје во Република Македонија.Валидност до: 1.10.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со македонски производители на квалитетен кромид

кој би се извезувал во Германија.Валидност до: 1.10.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на производството и увоз на зеленчук и

овошје од Република Македонија.Валидност до: 1.10.2013 година

Компанија од Америка подготвена е заеднички да инвестира со македонски компании во областа на

преработувачката и конзервирање на зеленчук, примарно во производство на домати и пире од домати,

како и одгледување на грав.Валидност до: 1.10.2013 година

Австриска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на системи за подигање товар,

како што се синџири, рачни електронски дигалки, производи од полиестер, ленти и јажиња за подигање,

врзување и прицврстување на товар. Сопственото производство на трговската марка „HFSAustria“ со

водечките производители од оваа област го докажуваат квалитетот на нивните производи.

За време на изградбата на стадионот во Клагенфурт успешно беа користени HFSсистемите за подигање.

Валидност до: 2.02.2013 година

Компанија од Австрија бара соработка со компании во областа на земјоделството, комуналната дејност и

индустријата, кои би користеле ПВЦконтејнери и кутии за складирање.

Валидност до: 2.02.2013 година

Компанија од Германија нуди медицинска опрема од 100% целулоза која е биоразградлива.

Валидност до: 3.3.2013 година

Австриска компанија бара соработка со македонски компании кои се заинтересирани за заедничка

инвестиција и нуди услуги и трансфер на KnowHow, консалтинг во областа на ветерни турбини со примена

на технологија како планирање и развој на ветерници и ветерни паркови.

Валидност до: 5.02.2013 година

Компанија од Австрија бара фирми од Република Македонија за соработка од кои ќе откупуваат

пластика како секундарен материјал. Бараат партнери за заеднички проекти, JointVenture Partner, увозник/дистрибутер за нивните производи како, на пример,

пластични гранулати и Compounds. Нудат услуги и трансфер на KnowHow од областа на рециклирање на

пластика, како и нивни лиценци.Валидност до: 5.02.2013 година

Компанија од Австрија бара соработка со компании од Република Македонијаод кои ќе откупуваат различни секундарни материјали, како и партнери за заеднички

проекти, JointVenture Partner, увозник/дистрибутер за нивните производи како, на пример, регранулати и PETфолии, но нудат услуги и трансфер на KnowHow

од областа на рециклирање на пластика, како и нивни лиценци,

Валидност до: 5.3.2013 година

Компанија од Австрија заинтересирана е за соработка со дистрибутери и крајни корисници во Република

Македонија на нивните производи и мерни инструменти за мерење на притисок, проток, доток, темпераура

на вода за пиење и отпадни води, WCS Water Contol Systems.

Фирмата ги нуди и нивните услуги и KnowHow од областа на вода за пиење и отпадни води како, на

пример: чистење на водоводни цевки со воздушноводно чистење, чистење и регенерација на бунари Air Jetting,

детекција на истекување на вода.Валидност до: 5.3.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со компании од Република Македонија во областа на соларната технологија, фотоволтаични системи,

развивање и поддршка на истите во текот на изградба на техничка инсталација.

Валидност до: 5.3.2013 година

Компанија од Австрија бара партнери од Република Македонија кои се занимаваат со откуп на половни

гуми и се заинтересирани истите да ги рециклираат и разлагаат во нивните основни материјали/компоненти.

Валидност до: 8.3.2013 година

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на широк асортиман на даски, панели, иверки, ламинати, готови фолии и атхезивни

смоли.Валидност до: 8.3.2013 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за заварување.

Валидност до: 9.3.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е за услуги за одржување на индустриски постројки во Република

Македонија. Услугите се во долгорочни проекти во планирање, производство и монтажа на постројки вo областа на производство на цемент, гипс, индустрија

за камен, електрани, дрвна и хемиска индустрија и постројки за согорување на ѓубрива.

Валидност до: 9.3.2013 година

Француска консултантска компанија е заинтересирана за соработка со компании од различни области во Република Македонија во врска со зголемување на продуктивноста, оптимизација на трошоците,

зголемување на продажбата, подобрување на вештините за управување и организациска култура на

менаџерите.Валидност до: 9.3.2013 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската

комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб

порталwww.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

PonudaPobaruva~ka

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Page 20: Бизнис ИНФО број 111 од 18 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 18 октомври 2012, Бр. 111