Top Banner
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 103 од 28.06.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Стопанската комора на Македонија во интензивна посета во македонските компании и со порака за поддршка на стопанството КЛУЧОТ ЗА ЕКОНОМСКАТА СТАБИЛНОСТ Е ВО ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ
18

Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

Mar 13, 2016

Download

Documents

Бизнис ИНФО - економски неделен информатор на Стопанската комора на Македонија, број 103 од 28 Јуни 2012 година
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 103 од 28.06.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Стопанската комора на Македонија во интензивна посета во македонските компании и со порака

за поддршка на стопанството

КЛУЧОТ ЗА ЕКОНОМСКАТА СТАБИЛНОСТ Е ВО

ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ

Page 2: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО СТОПАНСТВОТО

ТРЕБА ДА ВЛОЖУВА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

И ВО НАУКАТАИмаме недостиг од иницијатива од работодавците. Има земји во светот каде што процентот на стипендии што ги нудат работодавците ги надминуваат оние на универзитетите. Но колку наши работодавци и фирми го прават тоа, на пример, од техничките науки? Проблемот не може да се реши еднострано. Мора да се направи симбиоза со тие што ја нудат услугата, а тоа сме ние и оние на кои им треба таа услуга, а тоа се работодавците. Сме седнале

повеќе пати на маса, но практичната реализација с` уште не е толку реална. Немаме некоја голема фирма која би дала поголем број стипендии за технички науки. Во Италија, на пример, на секој конкурс за докторати најголемиот дел ги стипендира стопанството. Нема да има резултат ако продолжиме вака. Стопанството треба да се навикне да го подобрува своето производство, да ги користи современите научни достигања, а тоа ќе го добијат ако вложуваат во образованието и во науката. Време е така да почнат да размислуваат. Намалување на квотите не е решение, треба систематски приод, едукација и насочување на младите од прво одделение.

ВО КРИЗА КЛУЧНА Е ПОДРШКАТА НА СТОПАНСТВОТО

Од клучно значење во услови на економска криза е постоењето поддршка на стопанството кое ќе води кон одржување или, пак, зголемување на активноста на

бизнис-секторот, особено преку поттикнување на производство на производи со поголем степен на доработка, користење поефикасна и пософистицирана опрема, која ќе води кон поефикасно производство со поконкурентни цени, поголеми вложувања во истражување и развој и генерирање на иновации кои водат кон одредена конкурентна предност.(Шенај Хаџимустафа, професор)

НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШЕЊА ДА СЕ

ПРЕНАСОЧАТ ВО КАПИТАЛНИ

ИНВЕСТИЦИИСо оглед на големата зависност на македонската економија од случувањата во евро-зоната, не останува многу да се направи. Скептичен сум дека евентуални а н т и - к р и з н и мерки може да дадат голем ефект

во моментов, но непродуктивните трошења треба да се пренасочат во капитални инвестиции.Не гледам дека нешто многу може да се направи во моментов, тоа што требало да се направи веќе е пропуштено од последниве години. Да речеме сега владата да реши да гради автопат или некоја пруга, којашто да речеме ќе ја градат македонски компании. Па додека се направи тендер, додека се заврши сето тоа треба две години за да почне да се гради, а ефектите ќе се почувствуваат дури после пет години. Така што, тоа што е пропуштено наназад неколку години тешко ќе се надомести сега.

(Сашо Арсов, универзитетски професор)

ДРЖАВАТА НЕ РЕАГИРА КАКО РЕАЛНИОТ

СЕКТОРСтатистика само ги потврди насетуваните неповолни движења во македонската економија во првиот квартал од годинава, но, за жал, и ги отсликува и движењата што можат да се очекуваат во останатиот

дел од годината. Надолната стапка на раст од 1,4 отсто е само дел од неповолните вести. Падот да не биде уште поголем, во голема мера помогна зголемениот пад на увозот (поголем пад на увозот од падот на извозот), со што македонската економија во повеќе наврати покажува извонредна еластичност и реакција на заострените односи

на меѓународните трговски пазари. Но, од друга страна, падот на БДП го засилиле секторите што во минатиот период биле значителни генератори на растот (градежништвото, бруто-инвестициите, индустријата).Државното трошење (штедење) не е насочено кон пренасочување на економските текови и ублажување на нараснатите социјални притисоци. Односно, државата не покажува толкава еластичност на реакциите како реалниот сектор. Во наредниот период може да се очекува натамошно продлабочување на економските проблеми бидејќи нема видливи промени на односите на меѓународните пазари кои би можеле позитивно да влијаат и врз домашната економија. Нема ниту позначајни видливи владини мерки за нормализирање на состојбите во услови на рецесија. Напротив, состојбите се усложнуваат и бараат покомплексно согледување на проблемите и програмирање смели излезни решенија, особено на планот на меѓународното трговско позиционирање на земјата и стимулирање на мотивираноста за инвестирање, од домашни и надворешни извори, во реалниот сектор. Не се забележливи ниту видни напори за намалување на фискалната пресија кога реалниот сектор драматично ја намалува сопствената активност и буквално се бори за опстанок.(Мирољуб Шукаров, универзитетски професор)

ПОВИСОКИТЕ СОЦИЈАЛНИ ТРАНСВЕРИ

ВЛИЈААТ НАСИВАТА ЕКОНОМИЈА

Во Република Македонија во последната деценија има тренд на намалување на учеството на сивата

економија во Бруто домашниот производ. Од 34 насто од БДП–то во 2000 година до 24 насто од БДП во 2010 година.Не е само ефектот од директна штета во смисла на нерегистрирана економска активност или од аспект на неуплатени даночни приходи преку Управата за јавни приходи, проблемот ние во Центарот за економски анализи го гледаме повеќе во тоа што се создава нелојална конкуренција на оние бизниси кои се регистрирани во платниот промет и кои ги подмируваат сите обврски кон државата. Значи преку создавање на нелојална конкуренција директно се влијае на неповолен бизнис амбиент. Намалувањето на даночните стапки

и воведувањето на рамниот данок поволно влијаело на бизнисите, на економските оператори, за да можат да оперираат во регистрираната дејност. Исто така, се докажува дека во Република Македонија големо влијание имало за зголемување на сивата економија доколку државата исплаќа повисоки социјални трансфери кон лицата што се невработени. Зошто? Затоа што опортунитетниот трошок е многу висок на такво лице кое од една страна добива сигурен трансфер од централната власт, а од друга страна треба да се соочи со барање на работна позиција на пазарот на работна сила. Значи ние докажавме преку нашата метода „Повеќе индикатори – Повеќе причини“ дека овие два фактори најмногу влијаат за намалување или зголемување на сивата економија.(Маријан Николов, претседателот на Центарот за економски анализи)

Page 3: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

Стопанската комора на Македонија почна интензивна посета на домашните производствени и извозно ориентирани компании, во директни средби со менаџерските тимови, но и со стручниот персонал во компаниите, за да ги слушне предизвиците со коишто се соочуваат во можеби една од најтешките економски години во Македонија и во светот воопшто. И за Комората како и за Владата, еден од клучните приоритети е привлекување на странски инвестиции, особено сега во услови на криза, како еден од клучните фактори за прикажување позитивни економски резултати. Но, во моменти кога светот се соочува со една од најнеизвесните години на економски и финансиски план, за Стопанската комора на Македонија приоритет се условите во коишто работат и опстојуваат

македонските производствени и извозно ориентирани компании. За Комората, извозните и производствените компании се клучни за економската стабилност во земјата. Додека се реализира патувачкиот караван по светот во обид да се најдат странски инвеститори, бизнис-заедницата и овој пат порачува дека може да се докаже како одличен инвеститор доколку ги добијат истите услови како и странските. Оттука, претстојното жешко лето нема да биде

пречка за реализација на намерата на Стопанската комора на Македонија да направи скенирање на ситуацијата директно на терен, да посети серија на домашни компании и согласно јавно приватниот дијалог со Владата, во комуникацијата да се изнесат реалните податоци за фактичката состојба во која работат домашните фирми и да се бараат конкретни мерки за надминување на евентуално уште полошата економска состојба која се најавува како резултат пред се` на движењето на цените на металите на светските берзи, клучни за една од водечките индустрии во македонската економија. На 20 и 21 јуни 2012 година беше реализирана посета во неколку градови во источна Македонија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со дел од членовите на Управниот одбор, извршниот директор и работна група од Комората, ги посетија „Макпрогрес“ во Виница, каде што од главниот менаџер, Глигор Цветанов, беа информирани за успесите на оваа компанија, која со 320 вработени остварува годишно производство од над 10.000 тони готови кондиторски производи, со асортиман од над 200 разновидни прехранбени производи, од кои 75% се извезуваат во над 33 земји во светот. Посетата на источна Македонија делегацијата од Стопанската комора на Македонија ја искористи и за посета на компаниите „Бомекс Рефрактори“ во Пехчево, која работи со 100% капитал од Србија и приватната текстилна компанија „Палтекс“ АД во Делчево, најголема текстилна компанија во тој регион, како и Хотелскиот комплекс „Аурора“ во Берово.

НА САМОТО МЕСТО

Посета на „Макпрогрес“ од Виница, „Бомекс Рефрактори“ во Пехчево, „Палтекс“ во Делчево, „Баргала“ и „Албатрос“ во Штип и „БИМ“ во Свети Николе

ИЗВОЗНИТЕ И ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ КОМПАНИИ - КЛУЧНИ ЗА ЕКОНОМСКАТА СТАБИЛНОСТ НА ЗЕМЈАТА

Page 4: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

Во Штип беа посетени „Баргала“ и „Албатрос“, а во Свети Николе градежната компанија „БИМ“. Тоа се успешни извозно ориентирани компании, коишто, сепак, посочуваат на проблемите со неликвидноста и барањето да се покаже поголем слух од државата за поддршка на производството кое е извозно ориентирано. Претседателот Азески ги информираше сопствениците и менаџерските тимови во компаниите за ставовите на Управниот одбор на Стопанската

комора на Македонија, изградени на седницата, одржана на 7.6.2012 година. Тој истакна дека годинава ќе биде тешко да се задржи нивото на економските активности од минатата година, доколку не се преземат определени системски активности за поддршка на производствените и извозно ориентираните дејности од реалниот сектор. За таа цел, бизнис-секторот даде и сугестии за размислување.

-Оценувајќи ја актуелната состојба во домашната економија, Владата деновиве промовираше две економски мерки кои ги поддржа Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, а тоа се обезбедување нова транша од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за компаниите кои ќе бидат оперативни во првата недела од јули

2012 година и докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот со нови 10,7 милиони евра, - истакна Азески. Сепак, Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на состанокот одржан неодамна, оцени дека годинава ќе биде тешко да се задржи нивото на економските активности од минатата година, доколку не се преземат определени системски активности за поддршка на производствените и извозно ориентираните дејности од реалниот сектор. Доколку

дојде до понатамошно влошување на ситуацијата, Управниот одбор на Комората е на мислење дека неопходно ќе биде да се разгледа можноста за преземање на вертикални мерки во одредени сектори кои се носечки столбови во нашата економија.

НА САМОТО МЕСТО

Page 5: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

Во „Пекабеско“, „Факом“ и „Мако маркет“ во Скопје

ЗА ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО НЕМА КРИЗА Стопанската комора на Македонија ги продолжи директните средби со менаџерските тимови на своите членки и на 22.6.2012 година ги посети скопските компаните „Пекабеско“, „Факом“ и „Макомаркет“. Во индустриската зона во општината „Илинден“ беше разгледан новиот капацитет во изградба на „Пекабеско“. Се работи за компанија која е една од водечките во земјава за производство на сувомесни производи, дистрибуција на храна и цигари. Примарната дејност на „Пекабеско“ е составена од три сегменти: производство на сувомесни производи, дистрибуција на различни брендови прехранбени производи и дистрибуција на цигари. Компанијата и во скудни времиња сер одважи да инвестира, градејки современ капацитет на површина од 21.000 квадратни метри. На 9.000 квадратни ќе се одвива производството, за магацински простор се предвидени 4.000 квадратни метри и за адмнинистрацијата 2.000 квадратни метри. - Компанијата во моментов преработува 300 тони месо месечно, а со пуштањето на новиот погон ќе може да преаботува 800 тони месечно, односно производство на околу 9.000 тони преработки од месо. Со оглед што пазарната

потрошувачка на преработки од месо во Македонија се движи од 16 до 18 000 тони, само овој капацитет ќе може да подмирува над 50% од домашната потрошувачка. Затоа, капацитетот, пред се, е димензиониран и насочен за производство за извоз, истакна директорот Слободан Кутревски, сопственик на „Пекабеско“. – Новиот капацитет ќе овозможи купување месо во период кога е најефтино и негово складирање, а тоа ќе придонесе кон зголемување на конкуретноста на производите кои ќе излегуваат од овој произоводствен погон. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, во „Факом“ во изјавата за медиумите, а по посетата на извозно-ориентирани и преработувачки компании во Источна Македонија најави дека во наредниот период сугестиите од фирмите ќе бидат доставени на разгледување до

Владата. Притоа, тој истакна дека ќе се побараат мерки насочени кон подобрување на ликвидноста на македонската економија и заштита и поттикнување на македонското производство и извоз. - Во моментот извозните компании имаат работа и договори за неколку месеци, но нивните очекувања се дека

НА САМОТО МЕСТО

Page 6: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

во втората половина од годината можно е намалување на нарачките затоа што предвидувањата се дека Европа ќе влезе во рецесија. Извозните компании имаат приоритет во нашите заложби затоа што мислиме дека тоа е единствениот начин на една мала и затворена економија да може да претставува основа за некаков посериозен економски раст, подвлече Бранко Азески, по разговорот со својот домаќин Златко Симоновски, извршен директор на „Факом“. Притоа е предупредено дека информациите на комората покажуваат дека е можно со намалувањето на нарачките да дојде и до намалување на бројот на вработени и затворање на одредени погони во металопреработувачката индустрија. Напомена дека во овој момент ќе се сконцентрираат на подобрување на ликвидноста на компаниите и на состојбата на енергесите како клучни елементи во креирањето на цената и конкуреноста на македонските производи. - Се работи за компании кои се финансиски добри, но неликвидноста и проблемите со наплатата се присутни и кај нив. Се мисли на мерки кои заедно би ги конципирале со Владата и со Народната банка околу долговите на државата кон компаниите и на одредени искуства кои ги има во соседните земји за намалување на ликвидноста во делот на пребивање на обврските кон компаниите и подобрување на ликвидноста меѓу самите компании, истакна Азески.

Доколку се појави натамошна потреба од дополнителни мерки, како што рече Бранко Азески, ќе се побара вертикална интервенција во неколку сектори кои се столбот на македонската економија. Инаку, Златко Симоновски, истакна дека е неоходно потикнување на домашната потрошувачка на челични производи.Денес во Македонија се троши 3 до 4 килограми челик по глава на жител, во соседна Грција 6 до 7, а во развиените земји до 30 килограми по глава на жител! Соња Тасевска, сопственик и директор на „Макомаркет“, во разговорт со менаџментот на Стопанската комора на Македонија, истакна дека потрошувачката во трговијата е намалена за повеќе од 30 отсто, но кај некој производи и

значајно повеќе.За трговијата од значење се повеќе до израз доаѓа оптималниот однос меѓу квалитетот и цената. Токму во таа насока е зафатот на оваа компанија – да отвори производствен погон за кондиторски производи.Пласманот оди без проблеми, може многу повеќе да се произведе и пласира, но тука се испречува еден од насјголемите проблеми на македонското стопанство – наплатата.

НА САМОТО МЕСТО

Page 7: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

НА САМОТО МЕСТО

Постета на „Грозд“ во Струмица, и на „Випро“, „Конти Хидропласт “ и „Паскалин“ во Гевгелија

СУГЕСТИИТЕ ОД КОМПАНИИТЕ НАСКОРО НА МАСА НА ВЛАДАТА Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески ги продолжи директните средби со менаџерските тимови на своите членки и на 26.06.2012 година и ги посети компаните од југоисточниот дел на Македонија и тоа „Грозд“ Струмица, „Випро“, „Конти Хидропласт “ и „Паскалин“ од Гевгелија. Во Струмица беше разгледан капацитетот на компанијата “Грозд” која постои повеќе од 50 години и се занимава со производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и печењето на Струмичката „Мастика“ позната повеќе од 300 години. Се работи за компанија која во континуитет инвестира 500.000 евра на годишно ниво, со годишен обрт околу 5 милиони евра, како и 700 хектари лозови насади со тенденција за раст – истакна во разговорот директорот, Васе Митев. АД Грозд Струмица поголем дел од своето производство го пласира на странските пазари каде има континуиран

извоз, а домашниот пазар е во целост снабден со сите производи на оваа компанија. Во Гевгелија беа посетени , „Випро“, „Конти Хидропласт “ и “Паскалин” кои се успешни извозно ориентирани компании, коишто, сепак посочуваат на проблемите со неликвидноста, намалените нарачки од странство и барањето да се покаже поголем слух од државата за поддршка на производството кое е извозно ориентирано. Во индиустриската зона во Гевгелија од страна на претставниците на Комората беше разгледан новиот погон во изградба на компанијата “Випро” чиј сопствени, Виктор Петров, истакна дека новиот погон е со инсталиран капацитет за производство од 20 милиони единици, а засега се реализирани 4 милиони

единици или околу 2000 тони готов производ, кој се потпира на старата македонска традиција. Компанијата учествува на домашниот и странскиот пазар со здрава, вкусна и квалитетна храна, а најголем дел од од својот извоз од 48% го остварува во Америка, Канада со 9-10%, Германија, Англија, Индија, Австралија и на сите балкански земји. Една од водечките компании по инвестиции во инфраструктурата и опремата од овој регион од Македонија, е компанијата “Конти Хидропласт” која досега има инвестирано од 700-800 милиони евра, со континуиран број на вработени и годишен обрт околу 20 милиони евра. Заменик директорот Васко Сапетовски истакна дека оваа година имаат пад на производството од 15%, како резултат на намалените нарачки од партнерите од странство, а со тоа и на обртот на финансиски средства кој во 2011 година изнесувал 24 милиони евра, а за оваа година очекувањата се од 17-18 милиони евра на годишно ниво. Годишното производство на полиетиленски црева и цевки за водовод, канализација, гас и телекомуникации и полипрппиленски цевки е околу 11. 000 тони цевки и најголем дел од нив се извезуваат во регинот на Бугарија, Косово, Албанија, Србија, .Хрватска, како и во Грција која е најголем извозен партнер на оваа компанија. Исто така, компанијата ги има добиено сите релевантни дозволи за животната средина, а го има и имплементирано и националното законодавство по основ на здравје и безбедност. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески истакна дека во наредниот период сугестиите од фирмите ќе бидат доставени на разгледување до Владата. Притоа, тој истакна дека ќе се побараат мерки насочени кон подобрување на ликвидноста на македонската економија, заштита и поттикнување на македонското производство и извоз, кои се услов и основа за развој на македонската екомонија. Во Гевгилија беше посетена и компанијата „Паскалин“, која се занимава со преработка на сурово кафе (пржење, мелење и пакување). Компанијата има сопствена дистрибутивна мрежа, со стабилна потрошувачка на кафе која достигнува до 15% од македонскиот пазар како и стандарден маркетиншки настап.

Page 8: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

ПОСЕТИ

Македонско-турски бизнис-форум со компании од Трабзон

НА ПОВИДОК НОВИ ТУРСКИ ИНВЕСТИЦИИ

Стопанската комора на Македонија и Бизнис-асоцијацијата на индустријалци и бизнисмени од Трабзон, Турција, одржаа Македонско-турски бизнис-форум (21.6.2012 година). Македонија како пријателска земја со која Турција има извонредни политички односи, нуди многу добри можности за инвестирање, сметаат компаниите од Асоцијацијата од Трабзон, кои учествуваа на Македонско-турскиот бизнис-форум. Д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје, ја поздрави иницијативата и желбата за деловна соработка со Бизнис-асоцијацијата на индустријалци и бизнисмени од Трабзон и активностите на турските компании во Македонија, зашто смета дека Турција е брзорастечка економија која ја менува европската слика и структура. Рафајловски истакна дека очекува што поголем број инвестиции од нивна страна кои ќе ја придвижат нашата економија и ќе и` овозможат раст. Шенол Туркјлмаз, трговски советник во Амбасадата на Турција, ја потенцијраше одличната соработка на турските компании со своите македонски партнери. Како пример за големи турски компании влезени на македонскиот пазар ги посочи „Суташ“ и „Таф“.

-Не е лесно да се донесе одлука за инвестирање во една земја. Сите ние што дојдовме тука прво треба да воспоставиме конекција со овдешните фирми, да видиме какви се можностите, а потоа да донесеме одлука за инвестирање” – истакна Хасан Хаљали потпретседателот на Бизнис-асоцијацијата на индустријалци и бизнисмени од Трабзон, Турција. Најатрактивни сектори во кои сакаат да вложуваат турските бизнисмени се земјоделството, градежништвото, прехраната, туризмот и трговијата.

Македонските бизнисмени пак очекуваат дека турските компании ќе ја продолжат традицијата на засилени инвестиции на Балканот. Велат дека во време на криза се потребни поголеми вложувања, посебно од Турција која

остварува многу поголем економски раст од европските земји. Трабзон е познат по една од најголемите слободни трговски зони во Турција. На Бизнис-форумот во Стопанската комора на Македонија учествуваа 14 компании, главно од секторите градежништво, земјоделство, прехранбена индустрија, туризам и текстил. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2011 година достигна вредност од 417,2 милиони САД $, што претставува раст од 34,1% во однос на 2010 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 73,3 милиони САД $ или раст од 43,1%, додека увозот изнесува 343,8 милиони САД $, што е зголемување од 32,3% во однос на 2010 година. И понатаму на македонска страна има трговски дефицит од 270,6 милиони САД $. Овој тренд продолжува и во првите четири месеци од 2012 година, имајќи предвид дека вкупната трговска размена изнесува 102 милиона САД $, или извоз од 16,5 милиони САД $ и увоз од 85,7 САД долари.

Компаниите од Трабзон во БитолаИНТЕРЕС ЗА СЛОБОДНИТЕ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ Група од 15 турски бизнисмени од Трабзон, Република Турција, на 22 јуни 2012 година беа во посета на Битола. Средбата беше организирана од Регионалната комора со седиште во Битола, како продолжение на нивната престој на Македонија во која беше посетена и Стопанската комора на Македонија во Скопје. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Благој Стојчев ги поздрави присутните и им се заблагодари на нивната желба за посетата на градот, потенцирајќи дека токму Битола е местото што ги зближува двата народа поради заедничката историја. Тој го истакна и значењето на трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција која се протега уште од минатите времиња, со надеж дека таа соработка се` повеќе ќе се развива и во

иднината. Потенцираше дека инвеститори постојано се бараат, но сепак дека тоа не е лесен процес и треба труд и време да се вложи во тоа. Во име на бизнисмените од Трабзон за поканата за оваа средба се заблагодари потпретседателот на Асоцијацијата на бизнисмени и индустријалци од Трабзон, Хасан Хајали. Првенствено се осврна на длабокото задоволство од гостопримството што го чувствуваат во Македонија и особено во битолскиот регион. Потенцираше дека оваа посета е заради нивната желба за инвестирање, но и да се искористи за подобро запознавање на нашата земја. Заедно со делегацијата на турски бизнисмени, присутен на средбата беше и амбасадорот на Република Македонија во Република Турција, Горан Тасковски кој беше и во својство на аниматор на средбата. Тој истакна дека во текот на изминатите неколку години се интензивира соработката меѓу нашите две земји. Посебен акцент даде на фактот на улогата на почесните конзули во Република Турција, кои се во голем број и нивната помош при комуникација во каква било соработка која им е потреба на стопанствениците. Како гости презентери пред турската делегација беа претставници од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, кои извршија презентација за можностите за инвестирање во пелагонискиот регион и сите општини што тој ги опфаќа. Примарен интерес претставуваа индустриските развојни зони во Битола и Прилеп, како и развојот на туристичко-скијачкиот центар во Ниже Поле на Пелистер. На средбата беа присутни и 20-тина македонски компании кои во директни средби остварија бизнис-средби со гостите.

М-р Никола Димковски

Page 9: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

АКТУЕЛНО

Регионалната соработка во контекст на влегувањето на Република Хрватска во ЕУ и ефектот врз Република Македонија НАВРЕМЕНА ПОДГОТОВКА ЗА ПОИНАКВИТЕ ТРГОВСКИ РЕЖИМИ, ОСОБЕНО ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПРЕХРАНАТА Постигнатата либерализација на трговијата со ЕУ во рамките на договорите за стабилизација и асоцијација се основите на идните трговски режими со Хрватска. Соодветно на тоа, и хрватските производи ќе имаат поинакви билатерални трговски режими од досегашните базирани врз основа на ЦЕФТА-договорот. Во однос на Македонија, реципрочно и натаму ќе биде слободен извозот и увозот на индустриските производи, но увозот на земјоделско-прехранбени производи ќе биде на повисоко ниво на заштита во Македонија, согласно Договорот за стабилизација и асоцијација. Во размената со Хрватска во делот на земјоделството и прехранбената индустрија, Македонија остварува благ суфицит од 5 милиони САД долари, увезуваме производи за 38 милиони САД долари, а извезуваме во висина од 45 милиони. Во вкупниот извоз во овој сектор таа е седми партнер со учество од 3,1%. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, на која, на темата „Регионалната соработка во контекст на влегувањето на Република Хрватска во ЕУ и ефектот врз Република Македонија” новинарите ги брифираа Љубица Нури, виш советник во Управниот одбор и Васко Ристовски од Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија. Извозот од Македонија во ЕУ, во целост е либерализиран, освен за бејби-биф, шеќер, риба (пастрмка и крап) и преработки и вино што автоматски ќе се применува и во Хрвтска. Сега, согласно ЦЕФТА, македонскиот извоз во Хрвтска е либерализиран освен за 23 чувствителни производи за кои се применуваат квотите или се применуваат царини за најповластена нација (свинско и овчо месо, домат и преработки, краставица и преработки, друг конзервиран зелунчук, јаболко, брашно, сувомесни преработки, шеќер, вино, тутун, цигари).

Извоз на земјоделско-прехранбени производи во Р. Хрватска за периодот 2008 - 2012 година2008 2009 2010 2011 4м 2012

Кондиторски производи – ВКУПНО 8.619.271 9.191.653 10.002.325 6.998.210 3.079.023

Овошје и зеленчук - ВКУПНО 10.781.719 7.487.459 11.409.231 5.972.171 1.616.482

Вино – ВКУПНО 11.669.385 10.450.177 9.139.417 4.270.254 609.017

Тутун неизжилен - ВКУПНО 5.378.702 3.927.190 4.255.534 2.950.361 2.852.692 Во увозот од Хрватска 22 чувствителни производи со заштита се свинско месо, млеко, павлака, сирење и урда, пченица, пченично брашно, сончогледово масло, колбаси, други подготвени или конзервирани производи од месо, шеќер, супи чорби, вино, тутун и цигари.

Увоз на земјоделско-прехранбени производи од Р. Хрватска за периодот 2008 - 2012 година

2008 2009 2010 2011 4м 2012

Месо и преработки од месо - ВКУПНО 1.160.747 1.443.116 2.092.641 3.100.165 1.247.755

Млеко и преработки од млеко - ВКУПНО 2.893.582 4.217.105 1.935.745 5.387.980 1.515.943

Пченица, пченка и брашно ВКУПНО 69.668 612.549 1.867.783 1.978.689 2.558.045

Кондиторски производи ВКУПНО 14.254.329 7.095.874 12.514.639 13.090.448 4.175.138

Овошје и зеленчук ВКУПНО 161.503 814.980 1.131.605 1.489.055 301.727

Вода и безалкохолни пијалаци ВКУПНО 641,297 988,658 1,250,655 1,592,004 454,889

Алкохолни пијалаци ВКУПНО 853.155 1.080.830 968.042 1.161.266 306.354

Цигари ВКУПНО 1.667.476 1.359.391 662.018 1.747.219 120.689

Заштита за овие производи се предвидените квоти и примена на намалени царини во случај ако тие се пополнат. При увозот од ЕУ, на 494 производи од тарифните глави 1- 24 се применува царинската заштита и истата ќе се имплементира и на увозот од Хрватска со нејзиното членство во ЕУ. Тоа значи дека ќе се намали трговската либерализација за земјоделско-прехранбени производи постигната во рамките на ЦЕФТА. Од јуни 2013 година Република Македонија ќе ужива асиметричен трговски режим во однос на Хрватска. Трговските билатерални режими меѓу Хрватска и другите земји од ЦЕФТА, во иднина ќе бидаат либерализирани толку, колку што е нивото на либерализација на тие земји со ЕУ. Со оглед дека Молдавија и Косово немаат договори за стабилизација и асоцијација, извозот од тие земји кон Хрватска ќе биде нецарински, освен квотите за бејби-биф, шеќер, риба и преработки и вино. Тоа е согласно посебните трговски мерки воведени од страна на ЕУ кон земјите во процесот на стабилизација и асоцијација и Косово и Молдавија, но стоките со хрватско потекло, при увозот во овие две земји ќе бидат целосно царинети. Со влегувањето во ЕУ, Хрватска ќе се придружи на дијагоналната кумулација со ЦЕФТА и Турција, но ќе излезе од дијагоналната кумулација на ЕФТА, Македонија, Албанија и Србија. Од страна на Европската комисија, а на барање на Република Хрватска се очекува иницирање на прилагодување на договорите за стабилизација и асоцијација, што е во врска со влегувањето на Хрватска во ЕУ. Или, поконкретно, ќе се отвори можност за договарање транзиционен период во однос на промената на трговските режими во рамките на ЦЕФТА во согласност со договорите за стабилизација и асоцијација.

Page 10: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

ДОСИЕ

Можни влијаниа врз трговијата во регионот по влегувањето на Република Хрватска во ЕУ Влегување на Хрватска во ЕУ е јасна порака на Регионот дека европската перспектива е реалност за земјите од Западен, без оглед на идното темпо на реализација. Исто така се потврди дека земјите кои се напреднати во процеси на ЕУ-интеграцијата, односно симетрична трговска либерализација, нема да почувствуваат позначајни тешкотии за разлика од оние кои не започнале со тој процес или заостануваат во динамиката. Дефинитивно, се потврди дека заштитата на пазарот е мерка со краткорочни ефекти и дека го забавува процесот на изградување и унапредување на конкурентност на производите. Исто така, ЦЕФТА потврди дека за земјите-потписнички е пргматичен и продуктивен инструмент за приспособување кон ЕУ. Многу е тешко да се предвиди натамошниот развој на билатералната трговска размена со Република Хрватска, пред се` поради рецесијата која е започната во двете земји, намалената побарувачка, затворените бродоградилишта освен едно, големиот јавен долг (Хрватска е на шесто место на земји за кои се очекува дека ќе се судрат со сериозни економски тешкотии). Хрватска од јули ќе се сврти кон пазарите на ЕУ бидејќи тие ќе бидат внатрешен пазар за нејзе, но и кон трети пазари на ЕУ-пазарите. Сите новопримени членки на ЕУ, во првата година покажаа зголемување на трговијата и зголемување на интересот за странски инестиции. Во однос на Хрватска, поради нелиберализираната трговија со ЕУ, БиХ ќе биде позатворен пазар за хрватските производи, но босанските производи ќе имаат помала можност за пласман на хрватскиот пазар од аспект на стандардизација на производите. Затвореност на српскиот пазар за хрватските производи согласно Времената спогоба меѓу Србија и ЕУ, е асимитрична во полза на Србија. Согласно тоа динамика на намалување на царините ќе се заврши со 31.12.2014 година и тогаш тие ќе се сведат на ниво на заштита која е сега на билатерално ниво со Хрватска во рамките на ЦЕФТА. Со Црна Гора, постапната либерализација со ЕУ, за чувствителните производи ќе заврши во 2017 година. Косово и Молдавија, со оглед дека немаат потпишано договор за стабилизација и асоцијација, ќе имаат слободен пристап кон хрватскиот пазар, но хрватските стоки ќе бидат по режим на најповластена нација. Сите овие промени можат да доведат до пренасочување на стоките, односно хрватските стоки да бидат заменети со стоки од други земји на ЦЕФТА, или други пазари, но хрватските стоки ќе бараат нови пазари, доколку не најдат сметка во ЦЕФТА-регионот. Многу стоки од ЦЕФТА-регионот ќе се самоелиминираат со оглед на сертификација или ќе поскапат бидејќи ќе се бара сертификација од ЕУ-сертификациони куќи и акредитирани тела. Македонија во овој сегмент ќе биде во подобра положба. Македонските производи и услуги акредитирани од македонскиот Институт може слободно да се најдат на европските пазари без дополнителни технички барања. Ова го овозможува потпишаниот Договор на македонскиот Институт за акредитација за заемно признавање на акредитациите со Европската организација на акредитација и Договорот за мултилатерално признавање на акредитациите во областа на тестирање и калибрација со светската организација за акредитација - Меѓународна организација за акредитација на лаборатории. Хрватска најави дека ќе бара од Европската комисија отворање на процесот на ревизија на договорите за стабилизација и асоцијација со земјите во регионот, за да се преиспитаат трговските концесии во контекст на нејзиното влегување во ЕУ и статусот на трговската либерализација што го има постигнато со земјите-потписнички на ЦЕФТА-договорот. Ревизијата ќе се изврши во име на сите земји-членки на ЕУ. Затоа, потребни се навремени подготовки на македонската страна во тесна соработка со стопанството.

ДОСИЕ Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Хрватска

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Хрватска во првите 4 месеци од 2012 година, изнесува 66 милиони САД долари и бележи пад од 27,5% во однос на истиот период од претходната година. Извозот е 30,2 милиони САД долари и е намален за 39,6%, а увозот изнесува 35,8 милиони САД долари со пад од 9,4%. Евидентиран е трговски дефицит во износ од 5,6 милиони САД долари. Хрватска е 13-ти најголем трговски партнер на РМакедонија во овој период од годината.

Трговска соработка меѓу Р.Македонија и Р.Хрватска во периодот 01-04.2012 годинаВо САД $

Вкупна размена Извоз Увоз

2011 2012 Индекс 2011 2012 Индекс 2011 2012 Индекс

91.116.422 66.010.987 72,5 51.616.049 30.192.763 58,5 39.500.373 35.818.224 90,7 Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Хрватска во 2011 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Хрватска во 2011 година изнесува 272,7 милиони САД долари, што претставува раст од 15,1% во однос на претходната година. Извозот изнесува 139,6 милиони САД долари и е зголемен за 12,9%, а увозот од 133,1 милиони САД долари бележи раст 17,7%. Остварен е позитивен трговски биланс од 16 милиони САД долари. Хрватска е 12-ти најголем трговски партнер на Република Македонија во 2011 година.Во САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во СА$Д

134.888.479,00 139.622.339,00 86.999.276,00 133.121.874,00 221.887.755,00 272.744.213,00

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2011 година, во структурата на извозот најмногу се застапени:

• полупроизводи и конструкции од железо и челик – 66,2 милиони САД $;• прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 40,3 милиони САД$ (заедно со вино од свежо грозје - 8,4 милиони САД $);• лекови и козметика – 9,4 милиони САД $;• други седишта со дрвени рамки- 2,3 милиони САД $.

Во увозното салдо најголемо учество имаат:

• прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 44,4 милиони САД$• лекови, козметика и активни препарати за перење и чистење – 16,4 милиони САД$;• балони, шишиња и други производи од стакло – 6,7 милиони САД$;• хартија и картон - 6 милиони САД$;• железнички и трамвајски товарни вагони - 3 милиони САД$.

Page 11: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

ДОСИЕСТОКОВНА РАЗМЕНА (2001/2009)

Во илјади САД долари

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Извоз 58.420 59.053 66.096 80.158 80.158 124.229 163.868 228.958 152.719

Увоз 46.385 54.933 63.543 65.253 65.782 78.957 109.836 137.713 118.341

Вкупно 104.805 113.987 129.639 145.411 145.940 203.186 273.704 366.671 271.061

Трг. салдо +12.035 +4.120 +2.553 +14.905 +14.376 +45.271 +54.032 +91.245 +34.378

Приказ на директни инвестиции од Хрватска во Македонија

ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД ХРВАТСКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗЕМЈА

2010 2009 2008 2007 2006 2005 2004

Вкупно вложувања

Во мил. евра Во евра

Хрватска 1,6 1,2 22,92 23,50 6,0173 5,0256 4,7655

ТОТАЛ РМ 295,77 181 412,54 505,98 344,7867 77,2131 260,6716

Неколку реномирани хрватски компании во изминатиот период влегоа на македонскиот пазар: млекарницата „Идеал Шипка“ од Битола, втора по големина во Македонија, и официјално стана дел од хрватски „Дукат“. Целта на партнерството е освојување нови пазари, како и зацврстување на позициите на пазарите на подрачјето на Југоисточна Европа. „Уго Хотели” познат синџир хотели во Опатија, на Јадранската ривиера започна економска соработка со повеќе македонски фирми. Претставници на компанијата оствариле средби со повеќе туристички агенции, хотелиери и винарски визби, со цел промоција на наши производи на хрватскиот пазар, увоз на македонски вина, како и размена на студенти кои би се усовршувале во хотелите што го носат брендот „Уго“. Хрватската информатичка компанија „Инфодом“ која се занимава со имплементирање на бизнис-процеси и проектирање информатички состави, дава поддршка на телекомуникациски мрежи и услуги, влегува на македонскиот пазар. Оваа ИТ-компанија планира своите производи да ги имплементира во нашите државни институции Хрватската компанија „Геос“ од Ровињ, која се занимава со геолошки истражувања, проектирање и инженеринг, отвори претставништво во Скопје. Хрватската „Геос“ е специјализирана во областа на геолошките истражувања и отворање или заедничко вложување во производство и преработка на минерални суровини. Преку свои агенти „Геос“ е присутен во речиси сите земји од поранешна Југославија. Хрватската компанија „Агрокор“ го купи земјиштето во Струмица предвидено за изградба на долго најавуваниот откупно-дистрибутивен центар за прифаќање, чување и транспорт на зеленчук и на други земјоделски производи. Како што се очекува, „Агрокор“ ќе почне со реализација на најавената инвестиција од околу 20 милиони евра, со што ќе бидат надминати најболните прашања околу откупот и пласманот на зеленчук од Струмичкиот и од другите региони во југоисточниот дел од државата. Според најавите од „Агрокор“, дистрибутивниот центар ќе се гради на локација од 50 хектари, а само градежните објекти ќе зафаќаат околу 11.000 квадратни метри затворен простор. Агроберзата ќе располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на 30 до 50.000 тони ран и индустриски зеленчук годишно. Струмичките домати, пиперки, краставици, зелка, бостан и други градинарски производи преку широката дистрибуривна мрежа на „Агрокор“ ќе се пласираат не само на хрватскиот пазар, туку и во земјите на Европската унија.

БРОЈКИ И ФАКТИ РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Хрватската економија почна да заживува во периодот од 2000 година со инвестициите во туризмот, банкарскиот сектор и услугите. Меѓу 2000 и 2007 година, економската моќ на Хрватска започна да се подобрува полека, со умерен, но постојан раст на БДП од 4% и 6%, предводена од раст во туризмот и кредитно-управуваната потрошувачката. Инфлацијата во текот на истиот период остана скротена, а куната стабилна. Сепак, се` уште остануваат тешки проблеми, вклучувајќи ја и тврдоглаво високата стапка на невработеност, растечки трговски дефицит и нерамномерен регионален развој. Додека макроекономска стабилизација во голема мера е постигната, структурните реформи заостануваат како резултат на длабокиот отпор од страна на јавноста и недостаток на силна поддршка од политичарите. При пристапување кон ЕУ треба да се забрза процесот на фискални и структурни реформи. Додека долгорочните изгледи за пораст на економијата останаа силни, Хрватска се соочи со значителен притисок, како резултат на светската финансиска криза. Хрватскиот висок странски долг, анемичниот извозен сектор, истенчениот државниот буџет, а преку потпирање врз приходите од туризмот, ќе влијае на

економската стабилност на среден рок. Географски показатели

Површина: вкупно: 56,542 км2 (копно: 56,414 км2, вода 128 км2)Главен град: ЗагребЛокација: Југоисточна Европа, граничи со Јадранското Море, меѓу Босна и Херцеговина и СловенијаГраници: тотал: 2,197 км км (гранични земји: Босна и Херцеговина 932 км, Унгарија 329 км, Србија и Црна Гора - север 241 км, Србија и Црна Гора - југ 25 км, Словенија 670 км)Население: 4,491,749 (јули 2008)Религии: Православни 4,4%, Муслимани 1,3%, Римокатолици 87,8%, други христијани 0,4%, други некласифицирани 0,9%(2001)Природни ресурси: јаглен, боксит, калциум, гипс, природен асвалт, сол, хидро електричен потенцијал, лискун, глина, силициумЈазици: хрватски 96,1%, српски 1%, други 2,9% (вклучувајќи италијански, унгарски, чешки, словачки и германски) (2001)Валута: КунаАеродроми: вкупно 68 (асфалтирани 23) (2005)

Економски показатели

БДП куповна моќ: 80,84 милијарди САД $ (2011)БДП стапка на раст: 0,7% (2011) БДП по жител: 18.300 САД $ (2008)

БДП по сектори: земјоделие 5,5%; индустрија 24,4%; услуги 70,1% (2011 проц.) Стапка на инфлација: 2,1% (2011)Работна сила: 1,7 милиони (2011) Невработеност: 17,9% (2011)Индустрии: хемикали и пластика, машински алати, електроника, валани производи од железо, алуминиум, хартија, производи од дрво, градежни материјали, текстил, бродоградба, петролеј, прехранбени производи и пијалаци и туризам.Индустриска стапка на пораст: 1,2% (2011) Земјоделски производи: пченка, житарки, сончогледово семе, маслинки, компири, живина, млечни производи, грозје, цитрони и јачменИзвоз: 12,28 милијарди САД $ фоб (2011) Извозни производи: транспортна опрема, текстил, хемикалии, прехранбени производи и горива.Извозни партнери: Италија 18,9%, БиХ 11,9%, Германија 10,6%, Словенија 8%, Австрија 5,4%, (2010) Увоз: 25,84 милијарди САД $ фоб (2008) Увозни производи: машини, транспортна и електрична опрема, хемикалии, горива, прехранбени производи. Увозни партнери: Италија 15,2%, Германија 12,5%, Русија 9%, Кина 7,2%, Австрија 4,8%, (2010)

Page 12: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

ПРЕДЛОЗИ

Заложби на Групацијата на агенции за недвижности

ДОНЕСУАВАЊЕ ЗАКОН ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ВО ПРОМЕТ СО

НЕДВИЖНОСТИ Групација на агенции на недвижности при Стопанската комора на Македонија, се залага за регулирање на пазарот на недвижности, каде голем придонес треба да дадат и самите агенции преку зајакнување на угледот на посредничката дејност, односно на сите учесници во прометот на недвижности. Ова беше подвлечено на редовната прес конференција во Стопанската комора на Македонија на која Групацијата на агенциите за недвижности ја изнесе заложбата за донесување на закон за посредување во промет со недвижности (25.5.2012 година). Според податоците од Дражавниот завод за статистика, со посредување во прометот на недвижности во Македонија се занимаваат околу 450 правни субјекти со околу 1.130 вработени, а сигурно ги има и голем дел кои работат од дома, нерегистрирани, посебно во посредување при продажба на станови. Затоа, неопходен е закон, со кој ќе се регулираат условите за вршење на дејноста - посредување во прометот со недвижности, склучување договори за посредување во прометот со недвижности, општите услови на посредување, правата и обврските на посредникот, односно агенцијата за посредување во прометот на недвижност, на агентите за недвижности, професионални испити за агентите и контрола и административни мерки за ефикасноста во недвижностите. Ова го истакна Лилјана Ковачева, претседател на Групацијата на агенциите за недвижности. Групацијата, донесувањето на оваа законска регулатива го предложи и пред Регулаторната гилотиња, во третата и четвртата фаза, но за жал досега нема повратни информации околу донесување на ваков законски проект. За таа цел, одлучија и е во подготовка текст на Закон за посредување во промет со недвижности, во кој се вградуваат искуствата од Европа, Канада и Америка од работењето во оваа дејност, но сепак земајќи ја во предвид и доамшната легистратива. Членовите на Групацијата свесни за својата должност, дека учесници во прометот на недвижности мораат да го вршат своето работење професионално и стручно, трудољубиво, чесно и на начин што предизвикува доверба, како и да се грижат за исполнувањето на тие начела и за почитување на дисциплината во сопствените редови, подготви и усвоен Етички кодекс на посредниците со промет на недвижности. Исто така, паралелно се работи во изготвување на унифицирани документи, каде се сублимираат сите досегашни искуства во посредувањето со прометот на недвижности при што се вградуваат во договорите за посредување при купопродажба на недвижен имот меѓу потенцијалнните купувачи, продавачи на недвижен имот и посредниците односно агенциите за недвижности. Со ваков пристап се оценува дека ќе се создадат услови за издигнување на професијата агент за промет се недвижности на повисоко професионално ниво, а паралелно ќе помогне и за агенциите кои отпочнуваат да работат. Марија Петроска

СРЕДБИ

Никола Попоски, министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија во посета на

Регионалната комора со седиште во Прилеп

ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ

Во Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 22.6.2012 година, се одржа работна средба со министерот за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Никола Попоски. Се разговараше на тема: “Поттикнување на извозот за македонските производи и предлози за интезивирање на истиот“. На работната средба присуствуваа генералните директори на поголемите извозни компании од регион: „Витаминка“; Тутунски комбинат; Мермерен комбинат; Прилепска пивара; „Де-Ни компани“; Конфекција „Кули“; „Хатра“; „Еуропрофил“ од Крушево и др. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски, пред гостите даде поопширна информација за функционирањето на Регионалната комора во рамките на Стопанска комора на Македонија, како најактивна и најуспешна регионална комора. Во продолжение ги запозна гостите со економските состојби во стопанството од регионот со посебен акцент на извозните резултати и активности за неговото зголемување. Министерот Никола Попоски на средбата со стопанствениците, прва од ваков вид, ги сослуша проблемите со кои се соочуваат извозно ориентираните фирми. Притоа, нагласи дека Министерството за надворешни работи токму за решавање на економските прашања ќе ја стави во функција Службата за економска дипломатија и соодветни економски претставници во дипломатските и конзуларните претставништва за решавање на евентуални проблеми на стопанствениците во земјите каде извезуваат.

Ристо Најдоски

Page 13: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

ЗАФАТИ

Координативно тело за унапредување на работата на Здружението на трговијата

УТВРДЕНИ ОСНОВНИТЕ НАСОКИ ЗА ПРИОРИТЕТНО ДЕЛУВАЊЕ Во насока на заедничко согледување и непосредно информирање за актуелните состојби и за проблемите со коишто се среќаваат стопанските субјекти од дејноста трговија, како и со цел за преземање на потребни активности за нивно институционално разрешување, во Стопанската комора на Македонија, на 5.6.2012 година, се одржа работен состанок на кој во функција на Координативно тело при Здружението на трговијата, присуствуваа претставници на најзначајните компании од трговијата на големо и на мало, коишто се и носители на активности од оваа стопанска област во земјата. Врз основа на презентираните состојби и непосредно разменетите искуства од секојдневното работење беше констататирано дека во трговијата постојат голем број отворени прашања и проблеми коишто негативно се рефлектираат врз вкупните состојби во оваа стопанска област и за чие надминување, преку соодветен третман и аналитички приод, е потребно преземање на итни мерки и активности, пред се’, од носителите на економската политика во земјата. За приоритетно делување во таа насока, беа дефинирани неколку категории на отворени прашања и тоа:

- потреба за поголема транспарентност и поинтензивна соработка на носителите на економската политика во земјата со трговскиот бизнис при донесување или промена на одредени законски прописи;- категоријата „боледувања“, која содржи доста нејаснотии од аспект на облиците на јавување, дефинирањето на носителот на трошоците за нивно покривање, како и во примената на законските прописи од оваа област. Во таа насока се укажа на потребата за растоварување на стопанството од трошоци за боледување кои во овој момент паѓаат на товар на работодавачите, а поврзано со Законот за работни односи, Општиот колективен договор и Законот за здравствено осигурување; - одразот на одредени законски решенија врз работењето на трговските компании како што се:

o неоправданоста од примената на казнената мерка „затворање на дуќан“, како последица и на најмали ненамерни и недокажани грешки;o високите трошоци за продолжување на важноста на лиценцата за продажба на алкохолни пијалаци; o границата на професионалниот однос на инспекциските органи и соодветноста на изречените казнени мерки;o потреба од поконкретно и потранспарентно информирање за условите за вршење на лабораториски анализи од страна на овластените инспекциски служби (Агенција за храна и ветеринарство и др.);o неоправданост на законското решение систематските прегледи на вработените да се плаќаат дополнително, односно основниот пакет на систематски преглед да се врши со „сини картончиња“ без дополнителни трошоци;o проблеми со законската обврска за задолжително поседување и користење на дефиблиратор од страна на компаниите;

- неопходноста од што поскоро донесување на закон за вршење дејност од мал обем со цел за намалување на нелегалната трговија која се јавува во разни форми;- потребата од поголема и координирана активност на инспекциските органи, на Министерството за економија и на Министерството за внатрешни работи за да се елиминира трговијата на „црно“ и нелојална конкуренција, присутни по разни основи (без фискални сметки, несоодветно подмирување на давачките кон државата и сл.);- преголемата оптовареност на фирмите со активности во доставување на бараните податоци на Државниот завод за статистика согласно Законот за статистика.

Врз основа на констатираните состојби, а во насока на подобрување на истите, од страна на Координативното тело беа дефинирани следните приоритетни активности:

1. Комората, во најбрз можен рок да организира работен состанок со претставници на Здружението на трговијата и на петте најголеми производители на вино и други алкохолни пијалаци од земјата, со цел да се надминат одредени отворени прашања поврзани со проблематиката со лиценците за продажба на алкохолни пијалаци. Овој состанок да биде во функција на одржување на работен состанок за истата проблематика меѓу претставници на трговските фирми-членки на Здружението и на Министерството за економија. 2. Во врска со надминување на некои отворени прашања со боледувањата на работниците и нивното отсуство од работа, да се одржи работен состанок со претставници на Лекарската комора на Македонија, Фондот за здравство, Министерството за здравство и на Здружението на трговијата. 3. Со цел за отстранување на одредени нејаснотии поврзани со постапката за лабораториските анализи на увезените производи, од аспект на обврските, одговорностите, цените и сл., да се одржи работен состанок со одговорни претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. 4. Врз основа на констатацијата за преголемата оптовареност на фирмите со перманентно доставување на податоци на Државниот завод за статистика, што продуцира премногу изгубени работни часови и трошоци, да се одржи работен состанок со директорот на оваа институција во функција да се пренесе ставот на бизнисот дека истите треба да се сведат на најнеминовните и на оние што за фирмите не претставуваат деловна тајна, додека најголениот дел од бараните податоци Државниот завод за статистика треба да ги обезбедува од другите надлежни државни органи и институции коишто веќе располагаат со такви податоци (УЈП и др.) 5. Врз основа на укажаната потреба за поголема информираност на членките на Здружението во врска со проблематиката со превозот на стока за сопствени потреби што го вршат трговските фирми, да се организира соодветен семинар на оваа тема.

Митко Митевски

Page 14: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

ЕДУКАЦИЈА

Семинар за безбедност и квалитет на млекото и млечните производи

ПАРАЛЕЛА СО ЕВРОПСКИТЕ ПРОПИСИ И ПРАКТИКА

Во Стопанската комора на Македонија на 14 јуни 2012 година се одржа еднодневен семинар на тема „ Безбедност и квалитет на млекото и млечните производи“, на којшто учествуваа претставници од сите компании од млечната индустрија во нашата земја. Предавачи на семинарот беа експерти од Агенцијата за храна и ветеринарство. На семинарот поодделно беа разработени барањата за млеко и млечни производи во Република Македонија, како и нивната споредба со европските, микробиолошките критериуми, условите за увоз и означување (етикетирање) на финалниот производ. Во текот на предавањето беа презентирани делови од Законот за безбедност на храна („Сл. весник на РМ“ број 157/10, 53/11 и 1/12), задржувајќи се на следниве цели: заштита на здравјето на луѓето од опасностите поврзани со храната, заштита на потрошувачите од заблуда и обезбедување слободна трговија на домашниот и меѓународниот пазар, како и делови од Правилникот за начинот на означување на храната („Сл. весник на РМ“ број 118/05). Тоа што Стопанската комора на Македонија сакаше да го постигне со овој еднодневен семинар е да се запознае млечниот сектор со законските барања и условите за производство на безбедно млеко и млечни производи.

Семинар за актуелни аспекти на трудово-правното законодавство на Република Македонија

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИЛЕМИТЕ ШТО ГИ НАМЕТНУВА ПРАКСАТА На 22 jуни 2012 година во просториите на Стопанската комора се одржа еднодневен семинар на тема “Актуелни аспекти на трудово-правното законодавство на Република Македонија”. На семинарот земаа учество голем број лица вработени во приватниот сектор во секторите за човечки ресурси во трговските друштва. Семинарот го водеа д-р Зоран Михајлоски, судија во Апелациониот суд во Скопје и д-р Марко Андонов, универзитетски професор при Универзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје. На семинарот беа опфатени повеќе актуелни аспекти поврзани со новиот трудово – правен институт во македонското законодавство, како и важноста на договорот за вработување, постапките за негово склучување и специфичните карактеристики на овој институт. Разгледани беа и измените во договорот за вработување и промените во договорот пред отказ, престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда. Исто така, беше вклучен и правниот статус на менаџерите и менаџерските договори. Учесниците на семинарот активно се вклучуваа во дискусија со цел разрешување на дилемите кои им се појавуваат во секојдневното работење. На крајот од овој еднодневен семинар на учесниците им беа доделени сертификати за стекнатото знаење и споделеното искуство. Михаела Ќорвезироска и Дијана Ристеска

Семинар за cоцијалните мережи во функција на маркетинг-алатки и техники за огласување

ГОЛЕМИ НЕИСКОРИСТЕНИ МОЖНОСТИ Стопанската Комора на 26 јуни 2012 година организираше еднодневен семинар на тема: Социјалните мережи во функција на маркетинг-алатки и техники за огласување” Имено, Социјалните мрежи (Facebook.com, Twitter, LinkedIn, YouTube и др.) се бесплатни online-сервиси кои им овозможуваат на корисниците комуникација и сопствена презентација пред повеќе од една милијарда луѓе. Само социјалната мрежа Facebook денес има повеќе од 900 милиони корисници и тој број расте за 25% годишно. Во Македонија има околу 900 илјади регистрирани корисници чиј број постојано се зголемува. Услугите и предностите кои ги нудат социјалните мрежи, особено Facebook, денеска се користат за најразлични цели, од обична секојдневна комуникација меѓу пријателите до афирмација, рекламирање и промовирање на голем број компании, институции, производи и услуги. Токму затоа, а се со цел компаниите да го согледаат значењето и потенцијалите од примената на социјалните мрежи, Стопанската комора на Македонија ја спроведе оваа така наречена тренинг-програма преку која компаниите се здобија со знаења за начинот на: осознавање и градење на маркетиншкиот идентитет на интернет; откривање на најдобрите начини за on-line промоција и продажба;разбирање на е-комуникацијата и апликативноста на друштвените медиуми; развивање на on-line маркетинг-стратегија за продажба;стекнување на знаење за зголемување на бројот на вашите купувачи. Иако овој едукативен настан беше, пред се, наменет за маркетинг-менаџери; продажни менаџери; претприемачи; маркетинг-специјалисти; Интернет-продавачи; Web developers; Web дизајнери, учество зедоа припадници од најразлични области и професии.На семинарот деално се објасни значењето на пазарот на интернет огласување во Македонија и светот; Основите на интернет-маркетинг, интернет огласување, ценовни модели и начини на продажба преку интернет; Видови на огласи и стандарди, огласувачки циклус и мерење на ефектите од огласувањето а беа презентирани примери преку повеќе социјални мрежи како што се Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube (карактеристики, предности и недостатоци, огласување, креирање на рекламни кампањи, статистики, примери од пракса). Сите учесници се здобија со можност да анализираат практични примери преку студија на случај - примери од пракса на реномирана македонска компанија; Практична работа – креирање на Facebook профил, Интернет-маркетинг кампања; Презентација и feed-back сесија. Предавачи на семинарот беа: Димитар Јовевски, асистент Економски факултет – Скопје, одел за Е-бизнис, a гости-предавачи беа Дејан Ѓорѓиевски од „Порше Македонија“ и „Димитар Атанасовски“ од „ ДМ-ГП“ од Гевгелија.На крајот на овој еднодневен семинар Стопанската комора на Македонија на сите учесници им додели соодветни сертификати за здобиените знаења.

Page 15: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

МОЖНОСТИ

ПроКредит банка је организираше четвртата банкарска школа за новинари

НЕОДГОВОРНОТО КРЕДИТИРАЊЕ ИЗВОР НА КРИЗАТА Водени од една од своите стратешките определби, развојот и мисијата за одговорно банкарство, на 20 jуни во прекрасниот комплекс на Регионалната Академија за Источна Европа на крајбрежјето на езерото Младост, ПроКреидит Банка ја одржа 4-та банкарска школа за новинари. Темата на овогдишната школа беше кредитирањето, подетално, трендовите во Македонија, улогата и одговорноста на банките во кредитирањето и кризата како последица на неодговорното кредитирање (sub-prime lending). Како што нагласи во својот поздравен говор, Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит Банка, едно од главните залагања на Банката е транспарентна и директна комуникација со сите засегнати страни, верувајќи дека само однос изграден врз овие принципи е вистински партнерски и долгорочен однос. Во тој контекст, витален сегмент кој значително ќе придонесе кон поширока транспарентна и одговорна финансиска комуникација е подигнувањето на јавната свест за кредитирањето, како сублимација на бенефитите и негативностите од истото . Во првиот дел од Банкарската школа, во своето излагање Фросина Целевска, претставник од НБРМ, ја разработи на структурата и карактеристиките на кредитините активности на банките во Република Македонија и макропрудентната супервизија како една од најексплоатираните синтагми по Светската криза. Прилагодливите каматни стапки и девизната клаузула, и кредитниот ризик како доминантен ризик и понатаму остануваат иманентна карактеристика на македонскиот банкарски систем. НБРМ како супервизор на работата на комерцијалните банки во контекст на својата кнозервативна политика, ги следи движењето на камтните стапки со тенденција за одржување стабилна каматна политика кај истите. Преку анализите на кредитен ризик, НБРМ будно го следи движењето на стапките на нефункционалните кредити кои ги издаваат банкте, а кои во последниве две посткризни години се со упорна тенденција на пораст. Понатаму, осврт беше направен и кон макропрудентната супервизија за која уште нема консензус за дефиницијата, но има широко прифатено гледиште дека содржи два клучни елемента: (1) дека е тоа супервизија што се однесува на вкупниот финансиски систем; (2) дека вклучува системски интеракции (systemic interactions). Посочено беше дека НБРМ како иницијатор и модератор на макропрудентната супервизија, одговорна за финансиската стабилност во земјава, ја спроведува истата преку имплеметација на 4 мерки презвемни со првте индикатори на кризата во 2008.Истите ги вбројуваат (1) задолжителен спречување на ризикот од висок кредитен раст, (2) промени во регулативата за адекватност ан капиталот, (3) стапка ан ликвидност и (4) Регулатива за девизно кредитирање. Вториот дел од школата беше во знакот на микро погледите на кредитирањето,низ призмата на комерцијалните банки во земјава. Како што образложи Емилија Спировска од ПроКредит Банка,кредитната анализа и оценката на кредитниот ризик се ср’жта на одговорното банкарство. Преку внимателна и детална анализа на способноста за задолжување и дистрибуција на точни и транспарентни информации за финансиската позиција,сопственичката структура и условите на самата услуга, банките можат и треба да дадат клучен придонес во градење на партнерски односи базиран на доверба помеѓу граѓаните и финансиската институција, истакна таа. Во поглед на кредитниот ризик, акцент беше ставен на она што кредиторите го разгледуваат во доменот на кредитниот ризик: каматната стапка, проценка на нивото на ризикот, обезбедување и ковенанти како еден вид заштита од неповолните сценарија при кредитирањето.Во кратки црти, се направи и осврт на 3C анализата,како најзастапена во македонскиот банкарски сектор, преку разработка на осносвните елементи на истата: капацитет,карактер и колатерала. Завршен збор зеде директорката на ПроКредит Регионалната Академија за Источна Европа, Викторија Митревска, со визуализација на целиот процес на неодговорно кредитирање навлезе во суштината и почетоците на финансиската криза, чии последици светската економија силно ги чуствува.

Катерина Бончева

Page 16: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

Бесплатна презентација „ПАТОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЗАЕДНИЧКА

ТРАНЗИТНА ПОСТАПКА И ЕЦД КОНВЕНЦИЈАТА”4 јули 2012 година, сала 4 на 5-ти кат, Стопанска комора на Македонија

Во насока на проширување на информациите од проблематиката на царинското работење до стопанските субјекти, Стопанската комора на Македонија во соработка со Царинската управа на Република Македонија, а во рамки на активностите во Советодавното тело, организира презентација на тема: „„Патот за пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и ЕЦД Конвенцијата” Презентацијата на оваа тема е резултат на соработката на Царинската Управа со Европската комисија, односно Генералната дирекција за царини и даноци (DG TAXUD). Презентацијата ќе се фокусира на стратешките приоритети за членство во ЕУ преку спроведување на ЕУ стандарди во основни царински области на царинската транзитна контрола на ЕК и усогласување со acquis-то во областа на Царинската унија. Барањата за целосно имплементирани транзитни постапки на Заедницата, вклучувајќи развивање на автоматизиран транзитен систем компатибилен со Новиот компјутеризиран транзитен систем (NCTS), е предуслов за пристапување во царинскиот сектор. Целта на оваа презентација е размена на информации и најдобрите практики на патот за пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка од 20 мај 1987 година, преку активно учество, што доведува до практични препораки. Заедно со можностите да се презентира напредокот, искуствата, предизвиците и очекувања, учесниците ќе имаат можност да дискутираат и да се осврнат на конкретната имплементација на стандардите на ЕУ во основните царински области на царинската транзитна контрола, особено во исполнување на барањата за пристапување кон Конвенцијата. Презентацијата ќе се одржи на 4 јули 2012 година (среда) од 9 до11 часот, во Стопанската комора на Македонија (сала 4 на 5 кат). Учеството на презентацијата е бесплатно, а истата ќе се одвива на англиски јазик. Предавачи на темата ќе бидат претставници од Генералната дирекција за царини и даноци (DG TAXUD): - Жан Мишел Граве – раководител на одделот за царинско законодавство; - Мајкл Ратје - заменик раководител на секторот за царински статус и транзит и - Жариен Данут – слуѓбеник за царинска политика.

Заинтересираните лица за присуство на презентацијата можат да се пријават, со пополнување на пријавниот лист кој може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија (www.mchamber.mk), најдоцна до 2 јули 2012 година (понеделник).

Од 4 до 6 јули 2012 година, во Софија, БугаријаБИЗНИС-ФОРУМ НА ФРАНЦУСКИ СО ПРЕТПРИЕМАЧИ

ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија организира бизнис-средби што ќе се одржат 2 дена, од 4-6 јули 2012 година во хотел „Хилтон“ во Софија, Бугарија. Македонските компании ќе имаат можност да остварат директни средби со околу 150 француски претприемачи и со други компании од десет други земји во Југоисточна Европа кои прават бизнис со Франција, со земјите на ЕУ и со претприемачи од соседните земји. Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите француски компании и со други компании од Југоисточна Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот. За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од 150 француски и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина. На форумот ќе учествуваат компании од различни сектори: туризам, хотелиерство, земјоделие, инфраструктура, енергетика, животна средина, производи за широка потрошувачка, франшиза, услуги, итн. За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на пријавниот лист.

Контакт: Влатко СтојановскиТел:++ 389 2 3244004

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 17: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Во Целје, Република Словенија

МЕЃУНАРОДЕН ТРГОВСКИ САЕМ Европскиот информативен и иновативен центар во Стопанската комора на Македонија ве информира дека во рамките на Меѓународниот трговски саем во Целје, Словенија, на 13.9.2012 година, ќе се одржи Меѓународниот посреднички настан – „Словенија 2012“. Главни области на настанот што го организира Комората на занаетчиството и малиот бизнис, во соработка со Enterprise Europe Network се: обновливи извори на енергија, метална индустрија, пластика, дрвна индустрија, градежништво и електроиндустрија. Посредничкиот настан има за цел да ги иницира економската и технолошката соработка, како прадажбата и дистрибуцијата, лиценцни договори, заеднички вложувања, комерцијални договори со техничка поддршка - или економски истражувачки проекти со понуда за пред-договорни билатерални средби на компаниите. Доколку учествувате на настанот, ќе можете да сретнете бројни потенцијални партнери за соработка во еден ден – штедите време и пари наоѓајќи го правиот партнер; ќе можете сами да ги поставите темите на состанокот, со идејата која однапред ќе ја прикажете при барањето партнер и ќе можете истовремено да го посетите 45. Меѓународен трговски саем во Целје. Учеството на Посредничкиот настан е бесплатно. За регистрација на Б2Б посредничкиот настан или за дополнителни информации, посетете ја интернет-страната:

http://www.b2match.eu/slovenia2012

Контакт лице: Лазо АнгелевскиТел: (02) 3244090Факс: (02) [email protected]

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Page 18: Бизнис ИНФО број 103 од 28 Јуни 2012 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 28 јуни 2012, Бр. 103

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на акрилни, волнени и

жерсе предива.Валидност до: 12.8.2012 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на конзервирани

производи, пинџур, туршија, печена пиперка, како и млеко и преработки од млеко од Република

Македонија,Валидност до: 12.9.2012 година

Израелска компанија бара соработка со македонски увозници на овошје за пласман на манго и калинки,

како и алат за вадење на семки од калинките.Валидност до: 12.9.2012 година

Турска компанија нуди истражувачки и развојни технологии за финални корисници кои се вклучени

во производство на системи за лифтови, контрола на индустриска и воена електроника.

Валидност до: 12.9.2012 година

Компанија од Хрватска бара пласман на базени и опрема за базени во Република Македонија.

Валидност до: 12.9.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е за пласман на возила во Република Македонија.

Валидност до: 12.9.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е да најде партнер за заедничка изградба на фабрика за

стаклена волна и стакло во Република Македонија.Валидност до: 12.10.2012 година

Компанија од Шпанија бара соработка со фирми во Република Македонија во областа на металната индустрија кои се бават со механичка обработка,

монтажа и заварување на наменски машини и делови. Изработката на опремата и деловите ќе се

работат по претходно направени скици и документи.Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се занимаваат со продажба на

домашен текстил за пласман на хрватскиот пазар. Фирмата има свое царинско складиште што

овозможува директен реекспорт и пласман во нивните 50 малопродажни салони претпознатливи

под називот Фамилѕ.Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Црна Гора бара ангажман на градежни компании од Република Македонија за градење

на болница и туристичко село во Ирак, со одобрен буџет од 500 милиони САД долари.

Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со текстилни фабрики кои произведуваат кошули во Република

Македонија.Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Србија нуди современи типови на мешалки за бетон и уреди за рециклажа на бетон и друга опрема за подготовка на бетон и е заинтересирана за пласман во Република

Македонија.Валидност до: 13.9.2012 година

Компанија од Хрватска бара автопревозници во Република Македонија кои поседуваат товарни возила со зафатнина од 120 м3, за превоз на

реалација Хрватска – Германија.Валидност до: 6.12.2012 година

Компанија од Египет бара да увезува од Република Македонија компјутерска галантерија, маси и

столици за компјутери и разни видови лесен мебел.Валидност до: 6.10.2012 година

Компанија од Египет бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мермер и гранит и репроматеријали за производство на стакло.

Валидност до: 6.10.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со градежни компании во Република

Македонија во областа на проектирање и инженеринг.

Валидност до: 6.10.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фармацевтски

производи, ампули, шприцеви,таблети капсули за лечење болки – остеопороза.Валидност до: 7.9.2012 година

Компанија од Република Македонија бара инвеститор за изградба на станбен објект со бруто изградена површина од 15.000 м2, на атрактивна

локација во Скопје.Валидност до: 7.6.2013 година

Компанија од Република Македонија нуди градежно земјиште во Република Македонија и Скопје за

изградба на згради, индустриски објекти, магацини, фабрики, продажни салони, спортски терени, хотели,

трговски центри и др.Валидност до: 7.6.2013 година

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични црева.

Валидност до: 7.9.2012 година

Компанија од Босна и Херцеговина нуди машини за свиткување на челични конструкции, хидраулична

машина за мотање лим, специјална машина за свиткување цевки.

Валидност до: 7.9.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за еко-производи за чистење со висок

квалитет.Валидност до: 8. 9.2012 година

Компанија од Србија бара пласман на амбалажа за пакување во кондиторската индустрија, козметика,

зачини во Република Македонија.Валидност до: 8.9.2012 година

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хартија за производство

на картон.Валидност до: 8.9.2012 година

Компанија од Бугарија заинтересирана е да откупува стара техника од затворени фабрики во Република

Македонија.Валидност до: 8.11.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се заинтересирани да набавуваат

материјали за амбалажа.Валидност до: 8.11.2012 година

Компанија од Босна и Херцеговина бара да откупува кожа од Република Македонија и да пласира

конфекција од кожа.Валидност до: 8.11.2012 година

Турска компанија заинтересирана е да соработува со туристички агенции во Република Македонија за

хотелско сместување во Турција.Валидност до: 8.11.2012 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за обработка на

дрво и гравирање.Валидност до: 11.9.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на радиоактивни

и нерадиоактивни ин витро реагенси за дијагностицирање на разни болести.

Валидност до: 11.9.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

PonudaPobaruva~ka