Top Banner
информирај се! став Историја на абортусот Медикаментозен абортус Рекоа за законот: Мила Царовска Марија Савовска Билјана Ванковска Весник на Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус број 1 декември 2013 Mое тело - мој избор! фото: Иван Илиев КОлумна Жената не е мајка на нацијата ниту е машина за репродукција во која мажот инсеминира Искра Гешоска Славчо Димитров
8

Избор! бр.1 - весник на Матка

Feb 11, 2016

Download

Documents

Прв број на Избор!, весник изработен од Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус, во рамките на програмата на иницијативата “Мое тело - мој избор“
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Избор! бр.1 - весник на Матка

информирај

се!

став

Историја на абортусот

Медикаментозен абортус

Рекоа за законот:

Мила Царовска

Марија Савовска

Билјана Ванковска

Весник на Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус

број 1декември 2013

Mое тело - мој избор!

фото: Иван Илиев

1КОлумна

Жената не е мајка на

нацијата ниту е машина

за репродукција во која

мажот инсеминира

Искра Гешоска Славчо Димитров

Page 2: Избор! бр.1 - весник на Матка

2

MK

ENG

SHQ

УВОДНИК

фото: Ванчо Џамбаски

Tiiiit! Inc., поттикнати од нетранспарентноста, од бруталната насилност и од застрашувачката брзина на носењето на Законот за прекин на бременоста, заедно со Х.Е.Р.А – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, „Реактор – Истражување во акција“, „ЛезФем - ЛГБТИ центар за поддршка - Хелсиншки Комитет за човекови права на РМ“, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, „Бори се женски“, Здружение „Студентска организација Излез“, „Контрапункт“ и „Акција Здруженска“ ја создадоа Матка.

Матка, во рамките на својата иницијатива Мое тело – мој избор!, чија цел е да укаже на сериозниот посег во основните човекови права што се случи со донесувањето на новиот Закон за прекин на бременоста, работи на запознавањето на пошироката јавност со последиците од донесениот закон и на нејзино активно вклучување во акциите за пристап до слободен и легален абортус. Пошироката јавност ги подразбира сите – и мажите и жените, и младите и возрасните, и оние што допрва ќе создаваат семејства и оние што веќе ги имаат. Затоа, овој закон не е само женски проблем. Тој сериозно допира и во интимата на мажите. Со овој закон сме соочени сите. И само прашање на време е кога ќе нѐ допре. А тој допир, земајќи ги предвид содржината на Законот и мотивот на кој се темели, ќе биде болен. И крвав.

Матка е тука постојано да потсетува дека никој нема апсолутна ингеренција врз нашите најинтимни одлуки освен нас самите. Дека политиките што се однесуваат на нашите тела, срца и глави не можат да се менуваат без да бидеме прашани. Дека мавтањето со закони што ни ги загрозуваат основните човекови права не смее да се користи за дефокусирање на вниманието на јавноста од политичките и од економските неуспеси на државата.

Одбивањето да се прават и да се раѓаат деца под притисок на националистичките политики, во држава што тоне во сиромаштија, нема никаква врска со одговорноста кон нацијата. Родителството не е законска обврска, туку лична и најинтимна потреба.

Слободата на човекот се остварува низ практикување на правото на избор. А абортусот е токму тоа, еден можен избор. И, затоа, демократските општества имаат обврска да го направат легален, сигурен и достапен.

Tiiiit! Inc. të nxitur nga jotransparenca, dhuna bru-tale dhe shpejtësia e frikshme me të cilën nxori ligji për ndërprerje të shtatzënisë, së bashku me H.E.R.A – Shoqata për Edukim Shëndetësor dhe Hulumtim, Reaktor – Hulumtim në aksion, „LezFem - LGBTI qendrën për mbështetje - Komiteti i Helsinkit për të drejtat e njeriut në Republikën e Maqedonisë“, Koa-licioni “Të drejtat seksuale dhe shëndetësore të ko-muniteteve të margjinalizuara”, Lufto si femër (Bori se zhenski), Organizata e studentëve Izlez”, Kontra-punkt dhe Akcija Zdruzhenska, e krijuan Matka.

Matka në kuadër të iniciativës së saj Trupi im, zgjed-hja ime! e cila ka për qëllim ta vë në dukje depërtimin serioz në të drejtat themelore të njeriut, që ndodhi me nxjerrjen e ligjit për ndërprerje të shtatzënisë, pu-non për t’i prezantuar pasojat nga ligji i nxjerrë para publikut më të gjerë dhe për përfshirje të popullit në mënyrë aktive në aksionet për qasje deri në abortim të lejuar dhe legal. Publiku më i gjerë i përfshin të gjithë – meshkujt dhe femrat, të rinjtë dhe më të moshuarit, ata që do të krijojnë familje në të ardhmen, por edhe ata që tashmë kanë krijuar familje të vetë. Për shkak të asaj, ky ligj nuk është vetëm brenga për femrat. Ky seriozisht i prek edhe çështjet intime të meshkujve. Me këtë ligj po ballafaqohemi të gjithë ne. Dhe është vetëm çështja kohe kur do të na prekë. E kjo prekja, duke e pasur parasysh përmbajtjen e ligjit dhe motivi mbi të cilin po themelohet, do të jetë e dhimbshme. Dhe e gjakosur.

Matka është këtu për t’ju rikujtuar vazhdimisht se askush nuk ka autoritet absolut mbi vendimet tona më intime përveç vetë neve. Se politikat të cilat u përkasin trupave, zemrave dhe kokave tona nuk mund të ndryshohen pa na pyetur. Se grumbullimi i ligjeve të cilat i kërcënojnë të drejtave themelore të njeriut nuk duhet të keqpërdoren për ta hequr vë-mendjen e publikut nga mossukseset politike dhe ekonomike të shtetit.

Refuzimi për të bërë dhe për të lindur fëmijë nën presion nga ana e politikave nacionalistike në një shtet që po mbytet në varfëri, nuk ka lidhje fare me përgjegjësinë tonë ndaj shtetit. Të qenet prind nuk është një detyrim ligjor, por është nevojë personale dhe më intime. Liria e njeriut realizohet me praktikim të të drejtës për të bërë zgjedhje personale. Abortimi është pikërisht kjo, një zgjedhje e mundshme. Dhe për shkak të asaj, shoqëritë demokratike kanë detyrim që ta bëjnë abortimin legal, të sigurte dhe të mundshëm.

Motivated by the lack of transparency, brutal hostil-ity and threatening haste with which the new law on pregnancy termination was passed, Tiiiit! Inc. to-gether with H.E.R.A – Health and Research Associa-tion, Reaktor – research in action, „LezFem - LGBTI Support Centre - Helsinki Committee for Human Rights of RM“, Coalition “Sexual and Health Right of Marfi nalized Communities”, Fight like a woman, “Way Out” student organization, Contrapunkt and Action “Zdruzhenska” created Matka.

Operating within the initiative My body – my choice! with the goal of revealing and promoting the threat on fundamental human rights that happened af-ter the new law which restricts the access to abor-tion was passed, Matka wants to bring closer to the broader public the consequences of the new law as well as to engage them actively in the actions for the promotion of the right to safe and legal abortion. The target group of this initiative includes everybody - both men and women, young and elderly people, those who will have children as well as those who al-ready have them. Because we don’t think this law af-fects only women. It does seriously invade the men’s intimate sphere as well. This law addresses each and every one of us, and we consider it to be only a mat-ter of time when we will have to face with it. Bearing in mind the content of the law and the motivation on which it is based on, that facing will be painful. And bloody.

Matka has found in its mission to act as a constant reminder that it is part of human dignity and body integrity for us to make our most intimate decisions on our own. No policy addressing our bodies, hearts and minds may be changed without considering our voices. Promoting the new law that is viciously en-dangering our basic human rights may not be used as means for distorting the attention of the public from the political and economic failures in the country.

Refusal to conceive and give birth to children un-der the pressure of nationalistic policies in country that drowns in poverty has nothing to do with one’s responsibility towards his/her country. Parenting is not a legal duty but a personal, most intimate deci-sion. One’s freedom is realized through practicing the right to free choice. And what is abortion if not a pos-sible choice. That is why democratic societies have to commit to make it legal, safe and easy to access.

Page 3: Избор! бр.1 - весник на Матка

ТРОШОК ЗА ЖЕНИТЕ:

Контрацепција1. Спирала (без услуга за вградување) .................. МКД 40002. Таблети за контрацепција .......................... МКД 600 - 8003. Кондоми (3) .............................................................. МКД 100

Присилно „Советување„ 1. Кај матичен гинеколог ................................................МКД 0 2. Кај првостепена комисја .............................................МКД 0 3. Кај второстепена комисија .........................................МКД 0

Абортус1. Документација и партиципација ..............МКД Непознато2. Анализа на RH фактор и крвна група ................... МКД 6003. Интервенција до 10 недела ................................. МКД 60004. Интервенција по 10 недела

(со дополнителни испитувања) ...................... МКД 15 0000

ДОБИВКА ЗА ДРЖАВАТА:

1. Од ДДВ од продажба на контрацепција 2. Од медицински услуги

КАКО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО СЕ „ГРИЖИ“ ЗА НАШЕТО

РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВ�Е ПРОЦЕНКА НА ФИНАНСИСКИ

ИМПЛИКАЦИИ

Историја наабортусот

Низ вековите и различните култури постои богата историја на жени кои им помагале на други жени да абортираат. Сѐ до доцните 1800-ти, жените исцелителки во Западна Европа и во САД извршувале, обезбедувале абортус како услуга и обучувале други жени да го прават тоа без законски забрани.

Државата како таква го немала забрането абортусот сѐ до 19 век. Црквата, исто така, не била предводник на овој нов вид на репресија. Во 1803 год. Британија била првата земја која донела закон против абортусот, кој станувал сѐ поригорозен во текот на овој век. По Британија следувале САД каде сојузните држави индивидуално почнале да го забрануваат абортусот. До 1880 год. повеќето абортуси биле нелегални во САД, освен оние кои биле “неопходни за да се спаси животот на жената”. Сепак, во овој период веќе се вкоренува традицијата на правото на жената за навремено прекинување на бременоста. Имено, лицата кои извршувале абортус имале јавна поддршка за вршењето на својата дејност, а поротите одбивале да ги осудуваат.

Абортусот станал кривично дело и грев поради неколку причини. Трендот на хуманитарни реформи во средината на 19 век ја зголемува поддршката за криминализација на абортусот бидејќи во тоа време, тој претставувал опасна процедура која била извршувана со сурови методи, премалку антисептици и висок степен на морталитет. Сепак, ова само по себе не може да ги објасни нападите врз абортусот. На пример, во тоа време постоеле и други ризични хируршки методи кои се сметале за неопходни за здравјето на луѓето и нивното добробитие, а не биле забранети. Потребата да се “заштитат” жените од опасностите на абортусот, всушност, претставувала начин тие да се контролираат и да се ограничат на нивната традиционална улога на родилки. Легислативата против абортусот се појавува како дел од антифеминистичката реакција на актуализирањето на движењата за право на глас на жените, доброволното мајчинство и другите женски права во 19 век.

Во исто време, докторите мажи ја зацврстуваат нивната контрола врз медицинската професија. Тие ги сметаат бабиците, кои присуствувале при раѓањето и вршеле абортус како дел од нивната регуларна практика, за закана врз нивната економска и општествена моќ. Медицинските професионалци почнуваат активно да се залагаат за каузата против абортусот во втората половина на 19 век како дел од обидот да се отпуштат бабиците.

Конечно, со падот на стапката на раѓање меѓу белците во доцните 1800-ти., Владата на САД и поддржувачите на еугениката предупредуваат за опасностите од “расно самоубиство” и апелираат до белите жени, родени и израснати во САД, да се репродуцираат. Растечкиот индустриски капитализам се потпирал на тоа жените да бидат неплатени домаќинки, ниско платени работнички, родилки и на лицата кои ќе ја социјализираат следната генерација на работници. Без можност да имаат законски абортус, на жените им било сѐ потешко да се спротистават на ограничувањата на овие улоги.

Тогаш, како и денес, криминали-зирањето на абортусот ниту ја елиминира потребата за абортус ниту го спречува. Во 1890-те, докторите процениле дека имало два милиона абортуси годишно во САД (споредено со еден и пол милион денес). Жените кои одлучиле да не ја продолжат несаканата бременост, секогаш наоѓаат начин да абортираат. Многу често користат опасни, понекогаш и смртоносни методи, како внесување на игли за плетење или закачалки во вагината и во матката, се замивале со опасни раствори како алкален раствор или голтале јаки лекови или хемикалии. Закачалката стана симбол на очајот на милиони жени кои ризикувале смрт за да ја прекинат бременоста. Кога овие обиди им наштетувале, на жените им било тешко да добијат медицински третман. Кога и тоа не успевало, жените, сепак, морале да најдат некој што знаел да пораѓа.

Извадок од Our Bodies Ourselves For The New Century (Boston Women’s

Health Book Collective)

Медикаментозенабортус...

...претставува прекин на бременоста со помош на лекови (еден лек или комбинација од лекови). Оваа процедура за прекин на бременоста не вклучува хируршка интервенција. Медикаментозниот абортус ѝ дава на жената можност за избор меѓу различните методи за

абортус, како и можност лековите препишани од страна на обучен медицински персонал да ги употреби во својот дом. На тој начин, прекинот на бременоста се случува во приватноста на домот, но секако, за тоа е неопходно во близина да биде обезбеден пристап до соодветен центар за медицинска нега. Употребата на методот за медикаментозен абортус е безбедна и дозволена (онаму каде што тој е достапен) во периодот на првиот триместар (до деветтата гестациска недела), кога жената ги добива потребните лекови

во здравствената установа или во болницата, додека останатиот дел од процедурата, односно исфрлањето на плодот, се случува во домашни услови. Медикаментозниот абортус (изведен од или под контрола на обучен медицински персонал и во соодветни услови) е една од најбезбедните процедури, иако како и сите други медицински процедури има мал ризик од компликации.

(Медикаментозен абортус - упатство за здравствени работници, ХЕРА)

Нема потреба од антибиотици

Процесот на исфрлање на плодот се случува во приватноста на домот

Стапка на успешност до 99% во раната бременост

Се изведува до 24-тата недела од бременост

Вагинално се врши празнење на содржината на матката со помош на хируршки инструменти

Се користи анестезија; локална или општа (целосна)

Доктор гинеколог ја изведува процедурата

Процедурата вообичаено трае 5-10 минути, по што е потребно време за опоравување

Може да се заврши со една посета на здравствената установа

Има потреба од антибиотици, за да се намали можноста од инфекција на репродуктивните органи

Се користат орални таблети за намалување на болката како Ибупрофен

Целата процедура се изведува во здравствената установа

Се користат орални таблети за намалување на болката како Ибупрофен

Потребни се 2 посети на здравствената установа

Стапка на успешност до 98% во раната бременост

Се изведува до деветтата недела од бременоста со висок процент на ефикасност. Може да се изведува и до 24-тата недела од бременоста, но со помал процент на ефикасност

Нема потреба од користење на средство за анестезија

Лековите кои се користат предизвикуваат симптоми слични на спонтан абортус

Абортусот вообичаено настанува во првите 24 часа

Не се користи хируршка процедура (освен во случаите кога хируршкиот третман е неопходен)

Медикаментозен абортус Хируршки абортус

информирај се! 3

Page 4: Избор! бр.1 - весник на Матка

4

Рекоа за

законот:

За родителствувањето...Говор на Искра Гешоска

прочитан во нејзино отсуство

на протестот против предлог

законот за прекинуваНЬ е на

бременоста 06.06. 2013

Искра Гешоскаграѓанка на Република Македонија

Да се биде родител е можеби најблагородното нешто што може да му се дарува на светот, што може да го одреди идентитетот, што може да ги вплоти во себе љубовта и надежта. Да се биде одговорен и посветен родител, кој има доблест да создаде амбиент во кој една личност ќе расте, ќе зрее и ќе се развива како слободна, со интегритет и со идентитет избран според сопствената волја, разум, свест и совест, е голем подвиг. Да се биде родител, освен што е дарување според некои уверувања, пред сè е одлука и исчекор во поинаквите слоеви на постоењето, телесно и духовно. Оти родителството не подразбира само биолошки и биополитички параметри за какви оваа влада и некои други институции сакаат да нè убедат.

А со жалење морам да констатирам дека во сите општествени слоеви овде, кај нас, но не и само кај нас, родителството се сведе на биополитички концепт што јакне некакви опасни национално-еугениски концепти.

Родителството подразбира храброст, долготрајна битка, подвиг и одлука дека ќе се истрае и ќе се дотрае на патеката што има безброј искушенија – родителската патека.

Јас не сум биолошки родител. Поради тоа, во оваа земја сум стигматизирана. Суптилно, подмолно, дури и од најголемите заговарачи за човековите права понекогаш сум чудно погледната, запрашана. Меѓутоа, ве уверувам дека имам потполно право да говорам во името на посветените родители бидејќи родителството не е се крие само и исклучиво во раѓањето, туку и во грижата за Другиот. Во одговорноста на Другиот да му го покажеме неретко замаглениот пат,

да му ја подариме сета безусловна љубов и да му укажеме дека е животот еден комплексен јазик, сериозна граматичка вредност во која тој треба да ги почитува правилата на синтаксата, но и слободно и креативно да го надополнува постојано и постојано речникот – да ја менува граматиката.

Моето прашање е: како може насила да се стане родител? Дали оној што „под примора“ мора да ја донесе одлуката за биолошко родителствување може да биде грижлив и одговорен родител што нема да потклекне пред првиот свијок на искушението од родителствувањето?

Тажно е што олку важни и големи прашања на фашисоиден, дисциплинирачки и паноптикумски начин се наложуваат одозгора, со „закон“. Зар може „законот“ на „монархот“ да биде поголем од волјата, од верата и од љубовта? Зар родителството е испит што, според Болоњската конвенција, набрзина ќе се положи со крајно сомнителни кредити?

Апелирам, иако – претпоставувам – залудно, да размислат оние што кренале рака за овој закон и оние што го поддржуваат. Нека се обидат да ги согледаат сите ризици, биолошки, медицински, психолошки, родови, класни, па – ако сакате – и верски. Кога со „декрет“ и со „закон“ се одредува најкомплексната интимна и општествена инстанција – да се биде родител, а не според убедување, тогаш јасно е дека ќе имаме многу несреќни и несакани деца. А има ли потажно од тоа детето да не биде дете од и со љубов?

Нацијата и државата не се создаваат и не се јакнат со увањалични стојалишта и низ параметрите на слободата.

Родителството подразбира храброст, долготрајна битка, подвиг и одлука дека ќе се истрае и дотрае на патеката која има безброј искушенија – родителската патека.

Мила Царовска, Х.Е.Р.А.

„ Законот е донесен без каква било анализа и оправданост, без да се наведат меѓународно прифатените медицински стандарди , без вклученост на професионалната лекарска афела и граѓанските здруженија при негово подготвување.

Одлуката за прекин на бременоста не е лесна одлука за ниедна жена, а законските решенија потпишани и доставени од четворица мажи кои предвидуваат поставување на административни бариери и вклучување на државниот апарат во оваа интимна одлука е навистина бесцелно и непотребно. Освен, освен ако немате поинаков мотив, освен ако целта не е од нас жените да направите машини за раѓање.

Ниеден закон не се носи без да се има предвид контекстот. Наместо да се носи нов закон по скратена постапка, подобро е да се дискутира за обезбедување на контрацепција преку превентивните програми (орална, спирали, кондоми итн.) или преку ФЗО, за воведување на сексуално образование во училиштата, за отворање советувалишта за млади за сексуално и репродуктивно здравје“.

Марија Савовска, Акција Здруженска

Суштинскиот проблем на Законот е нејасната потреба да се влијае и попречи слободното носење на одлука од страна

на жената, во име на нејзиното право на информација и, особено, заштитата на нејзиното здравје. Од што се штитат граѓанките на оваа држава со преголемата регулација на постапката, оптоварена со непотребното бирократизирање, присилното советување пропишано од државата под закана од санкции, задолжителните рокови за премислување кои ги нема за ниту една друга медицинска интервенција финансирана од државата? Да не заборавиме, задолжителното советување, законски, не е пропишано никаде освен како привремена мерка за насилници кои вршат семејно насилство.

Претераната ‘’заштита’’ која се нуди со овој закон, не може да се разбере поинаку освен како ‘’правила ‘’ за третман на жените како неразумни и неспособни за носење важни животни одлуки.

Одлуката е или слободна или не, а степенот на неслобода е условен од обемот на административните и психолошките бариери кои ќе се постават пред жената.

Проф. Д-р Билјана Ванковска

„Отворено писмо до пратеничките и пратениците“ објавено во Нова Македонија 03. 06. 2013

1. Споредбата на законските решенија на прв поглед наведува на погрешен заклучок дека содржината е иста. Тоа можат да го кажат само оние што ниту го разбираат јазикот на правото, ниту номотехниката, а најмалку женските права. Ѓаволот е секогаш во деталите!

Недозволиво е во едно демократско општество да станете соучесници во внесувањето на бирократски измени, кои значат не само отежнување, туку и притисок врз жената во постапката за прекин на бременоста до 10-та недела. Тежиштето на моќта за одлучување се пренесува од жената на државата. Нема никакво оправдување Законот да се менува по скратена постапка, без јавна дебата и без консултации со претставници на засегнатите и со компетентните. Ви порачуваме дека треба барем да ги сослушате овие гласови, што ќе го покаже вашиот демократски капацитет.

2. Познато е како мажите ја сфаќаат моќта и со која ароганција најчесто ја практикуваат, ама од вас, пратеничките, очекуваме поинакво однесување и надминување на партиските јазови кога станува збор за човековите права. Прашајте се каква е таа грижа за здравјето на жената што се пројавува само во фаза кога треба да ја разубеди да не ја прекинува несаканата бременост? Зарем не е срамота што децата побргу ќе научат веронаука отколку сексуално образование? Дали знаете дека хормонална контрацепција не се добива бесплатно, па девојките/жените се оставени на милост и немилост на партнерите? Тезите дека абортусите во болниците се ‘’касапници’’ се нонсенс и вие тоа добро го знаете (да беше така немаше да можам да родам три деца). За да се намали ризикот, заложете се за осовременување и замена на класичната киретажа. А компликации може да има во секој, па дури и во најмал хируршки зафат, ама тоа не е причина лекарите да ги разубедуваат пациентите да не се оперираат.

Мила

Царовска

Билјана

Ванковска

Марија

Савовска

СТ*В

Page 5: Избор! бр.1 - весник на Матка

Oпштество!

Маскулинистичко

ЖЕНАТА НЕЕ МАЈКА НАНАЦИЈАТАНИТУ ЕМАШИНА ЗАРЕПРОДУКЦИЈАВО КОЈА МАЖОТИНСЕМИНИРА

Неколку забелешки за досегашниот тек на „дебатата“ за новиот Закон за абортус, паралелни на веќе изложените легалистички аргументи и интерпретации за него, на кои министерот им се потсмева со класичен маскулинистички моќнички манир.Доколку Министерството сака да донесе нов закон, кој ќе биде во согласност со современите трендови не само во медицинската технологија туку и во општествената динамика, во тој случај потребно е интегрално ревидирање на постојниот закон во согласност со најновите интернационални стандарди за репродуктивно здравје и права, посебно на жените. Овие стандарди Македонија ги ратификувала и ги потпишала, а ниту постојниот ниту новоизготвениот закон не се во целосна согласност со нив. Страшно е што министерот ваквите стандарди со надмена иронија ги нарекува „ултралиберални ставови“, кои божем се предмет на негово индивидуално (не)согласување. Здравјето на жените и нивните репродуктивни и сексуални права не се предмет на афинитетите и на ставовите на министерот, уште помалку на еден маж.Вториот проблем е што менувањето на Законот за абортус не смее да претставува изолирана редуцирачка законска постапка. Еден ваков чекор мора да поведе интегрална ревизија на целокупниот систем за здравјето на жената, кој се спроведува во националните политики и стратегии, како и во целиот комплекс од достапни услуги и методи за контрацепција и за грижа за здравјето на жената. Во оваа насока, ако министерот манипулира со аргументот дека советувањето пред десеттата недела е задолжително од причина што не се сите жени високообразовани, во тој случај министерот треба да се запраша во какво општество живее и што презеле тој и неговите пријатели од власта за континуирано, интегрално и сеопфатно (на популациско ниво) образование и за информираност на девојките и на жените, како и на момчињата и на мажите, за репродуктивните права и здравје. Можеби, наместо да

трошат милиони за шовинистички кампањи, требаше да ги релоцираат тие средства за овие намени или да вложат напори за прифаќање и за изготвување интегрално сексуално образование. На тој начин, нема да има потреба еден медицински апарат да се однесува како патерналистичка фигура врз телото, врз свеста и врз одлуките на жената во критичните и емоционално напрегнати моменти, каков што абортусот.Депримирачки е што сè уште е мрачно да се изговорат зборовите феминизам и феминистичка перспектива. Ваквиот закон се коси со сите феминистички заложби. Што подразбира ова?

1Дека жените и женските органи-зации мора да го водат ваквиот процес, не само да бидат вклучени во него. За разлика од тоа, ние имаме процес на поднесување нов закон во кој се потпишани четворица мажи.

2 Живееме во маскулинисти-чко општество со патријархална култура и со низок степен на почитување на родовата еднаквост, во кое традиционалните родови улоги и предрасуди се силно изразени. Во таков контекст, компликувањето на процесот, неговото дополнително заплеткување со бирократски про-цедури и задолжителното присуство на сопругот единствено може да доведат до зајакнување на срамот, себеосудувањето, несигурноста, покорноста и на неодлучноста на жената.

3 Ваквата технократизација на про-цесот на одлучување ја девалвира моќта на жената за носење свесна и самостојна одлука и го делегитимира нејзиниот избор.

4 Истата процедура звучи како ноќна мора што не ѝ посочува на жената ниту една светла точка од нејзиниот избор, туку само нуди хорор-информации за некаквиси монструозни мутилиации и по-следици. За многу жени изборот да абортираат претставува отворање свет на можности и на самостојност.

5 Точно е дека абортусот не е најдоброто средство на избор. Сепак, ако е така, проблемот треба да се решава системски, а не со матни закони изгласани преку ноќ и потпишани од фаличката контролирачка рака на група мажиња. Неопходни се сеопфатен систем на услуги и на можности за избор надвор од оваа опција (веќе пропишани во интернационалните стандарди и посочени во феминистичките заложби и барања на глобално ниво), како и подеднаква одговорност на

мажите за репродукцијата. Жената не е мајка на нацијата ниту е машина за репродукција во која мажот инсеминира. Министерот може да почне да размислува за истражувања и за изнаоѓање методи за контрацепција за мажите.

6 Абортусот е стратегија за укинување на машката контрола и угнетување врз женските тела и врз нивната сексуалност, и тоа не е прашање на „ултралиберални ставови“. Феминистичките перспективи се длабоко социјално мотивирани и не ѝ соодветствуваат на таквата идеолошка квалификација. Ако министерот арогантно се потсмева на „незначајните“ терминолошки разлики, тоа не го амнестира од неговата идеолошка неписменост.

7 Декларативното застапување на слободата на избор е класична либералистичка манипулација што ги игнорира затскриените форми на присила, на контрола и на субординација на жената, историски длабоко вкоренети. Во таков конте-кст, државниот апарат и гласот на мажот (неговото присуство) може да бидат неколкукратно пострашни и да претставуваат премолчена присила врз рационалниот избор на жената, а не толку експлицитни опресивни мерки.

8 Министерот и државата сè уште се однесуваат како божем тие да се некои добротвори што ѝ „даваат“ на жената права и можности. Ваквата перспектива е најперверзната патријархална стратегија на моќ. Жената не е подреден субјект чиј живот е оставен на милоста на

државата, уште помалку на милоста на некаковси министер. Жената има рамноправен статус и полн легитимитет да бара ревидирање на сите политики и практики што директно задираат во нејзината телесност, свест, права, избор и живот.

Конечно, не смееме да останеме слепи кон една скорешна историја. А тоа е дека оваа влада од своето доаѓање на власт иницира јавни дискурси што се насочени против абортусот, применува стратегии што целат кон сентименталност и кон застрашување во контекст на абортусот и се милува со нацистичко-шовинистичките позиции на црквата. Пред само три години, ние, од невладиниот сектор, потпишувавме декларации, собиравме потписи, инициравме кампања, а сето тоа како резултат на тендерите и на стремежите на владини претставници да го ускратат правото на жената на слободен избор. Во таков контекст, не може да мислиме дека нетранспарентното и криумчарско носење ваков закон е чиста случајност. Не паѓаме на таквите манипулации на истата влада, која Паркот на жената-борец го претвори во галерија на фалички статуи и ламентации по Големата нација, во панаѓур на историјата маркирана единствено со машки фигури, во која секоја женска трага е елиминирана. Не можеме да го исклучиме од ум фактот дека имаме само една жена во централното градско подрачје – мајка, доилка и сопруга на голем маж-војсководец.

Славчо Димитров

КОЛУМНа 5

Page 6: Избор! бр.1 - весник на Матка

6

Our Bodies Ourselves For The New Century

(Boston Women’s Health Book Collective, 1998) Извадок: Репродуктивна слобода наспроти контрола на населението

The KnifeShaking the habitual

Музика: Книга:

Филм:

Дејството на овој возбудливо ужасен филм се одвива во Романија во 1987 година, односно две години пред да биде погубен Чаушеску, но девет години откако е прогласен за почесен витез од страна на лабуристичката влада на Џејмс Калахан – и дваесет години откако го забранил абортусот во Романија со цел да го зголеми наталитетот. Сето тоа се чини истовремено многу далечно и многу скорешно и не можам да се сетам на друг филм што успеал да го прикаже животот во источниот блок на пожесток начин; без да биде отворено политички, прави да почувствувате како државата сурово ја деградира хуманоста.

Филмот на Кристиан Мунгиу е кошмар на социореалистичкото исчекување, бисер на она што сега се смета за романски нов бран, заедно со „Смртта на г. Лазареску“ на Кристи Пуиу и „12.08 источно од Букурешт“ на Корнелиу Порумбоиу.

Анамарија Маринка и Лаура Василу ги играат Отолија и Габриела, две студентки во своите рани дваесетти, кои делат трошна студентска соба во романски провинциски град. Отилија е релативно остроумна, освестена, во стабилна хетероврска; кутрата Габриела, сосема спротивно, е наивна, замаена и наклонета кон донесување погрешни одлуки.

Вака некако изгледа нивната моментална ситуација: Габриела е бремена, а Отилија несебично се пријавува да ѝ ја држи раката на пријателката додека таа нелегално абортира. Ѝ позајмува пари, договара хотелска соба, посредува со лицето што го врши абортусот, наречено Бебе (Влад Иванов). Токму таму се открива вистинскиот пекол на двете уплашени млади жени, кои остануваат сами со тој човек во хотелската соба.

Чувството на речиси натчовечки хорор и беда ја проткајува речиси секоја сцена околу овој настан. Има генијално снимена секвенција во која Отилија се сретнува со Бебе за првпат; морализаторски, помпезно и себесожалувачки, тој постојано се жали од начинот на кој Отилија и Габриела не го разбрале договореното, а потоа камерата останува на Отилија, која е во својот автомобил, додека Бебе оди во некој напуштен дел да малтретира старица над која се чини дека има моќ на газда или на потстанар. Сцената продолжува додека да се слушне гласна и надреална ерупција. Истрел? Можеби.

Преземено од: The Guardian, Friday 11 Jan 2008, Peter Bradshaw

4 месеци, 3 недели, 2 дена Рецензија:

Kултура

Додека повеќето групи за здравјето на жените гледаат на борбата за правото на абортус во контекст на одбрана на правото на секоја жена самостојно да одлучи околу сопствената репродукција, не сите застапувачи на правото на абортус гледаат на тоа на истиот начин. За некои, легалниот абортус и контрацепцијата се алатки за контрола на населението.

Застапувачите на теоријата за контрола на населението ја обвинуваат пренаселеноста за низа проблеми, од глобалната сиромаштија до етничките конфликти и деградацијата на животната средина. Историски гледано, ваквиот начин на размислување довел до низа принудни контролни политики на плодност, кои ги тангирале жените од третиот свет. Тука влегуваат: стерилизација без знаење на жената или без нејзина согласност; употреба на економски мерки за „поттикнување“ стерилизација, практика

што ја поткопува идејата за репродуктивен избор; дистрибуција и понекогаш принудна употреба на контрацептивни методи, најчесто без соодветни информации; одбивање услуги за абортус; понекогаш и принуден абортус. На пример, ХИВ-позитивните жени во САД (кои во најголем број се обоени жени) најчесто се принудени да абортираат иако само 20 до 25 проценти е можноста нивните деца да бидат ХИВ-позитивни, а со новите третмани за време на бременоста се намалува оваа процентуалност.

Жените што немаат многу економски ресурси, особено обоените жени во САД и низ светот, се примарна цел на политиките за контрола на населението. На пример, иако абортусот станува сè понедостапен во САД, стерилизацијата е дури и предостапна за обоените жени. Федералната влада престана да го финансира абортусот во 1977 година, но и понатаму ја финансира стерилизацијата. За време на ’70-тите, активистите за здравјето на жените откриле различни форми

на злоупотреба на стерилизацијата. За време на ’80-тите, застапниците се бореле против новите политики што ги присилуваат жените со ниски примања да користат норплант, долгорочен хормонален контрацептив.

Во третиот свет, покрај распространетата недостапност на посакуваните контраце-птиви, постои долга историја на принудна контрола на плодноста, главно финансирана и инспирирана од развиените земји, особено од САД.

Правото на абортус е дел од правото на секоја жена да ги контролира сопствените репродуктивни избори и сопствениот живот. Мора да ги отфрлиме сите заложби за контрола на репродуктивните одлуки на жените. Целите на активистите за репродуктивните права мора да го вклучат и правото на жените да имаат деца, како и да немаат деца.

Извадок од Our Bodies Our-selves For The New Century

(Boston Women’s Health Book Collective)

По седум години пауза, на 5ти април оваа година шведското електро дуо The Knife, го издадоа албумот Shaking the Habitual за својата издавачка куќа Рабид Рекордс. Фукоовото раздрмување на навиките е навистина одлична идеја за именување на албумот, со оглед на политичката и општествена критика која албумот ја упатува до нас. Во интервју за Pitchfork дуото изјавува: “...зборувавме за важноста да ги направиш своите привилегии транспарентни со цел да се изразиш политички...пред да почнеме со работата на албумот, по долг период на незаедничко работење, сакавме да навлеземе длабоко во феминистичката и квир теоријата. Наше главно четиво беа книги за пост-колонијалниот феминизам и антирасистичката теорија...’’

Page 7: Избор! бр.1 - весник на Матка

илустрација: Марјан Димиќидеја: Наташа Ѓорѓиевска

стрип: хороскоп:

Овен

Во овој период овенот влегува во втората куќа на Марс, а таму ќе го пречека Венера со готова супа од кнедли на маса. На овенот му останува да одлучи дали ќе сркне од супата за да го разбуди еросот и да предизвика силна љубопитност кај партнерот.Совет: Доколку сакате да се заштитите од несакана бременост, сркајте парен број кнедли.

Бик

На почетокот на овој месец ќе почувствувате чудни струења во цревната флора, кои ќе предизвикаат потентни будења на цревната фауна. Цревната фауна може да ве насочи кон нови игри на среќа, кои би резултирале со добивка доколку играте лото со своите плодни и неплодни денови. Совет: За сигурна добивка, добро пресметајте ги своите плодни и неплодни денови.

Близнаци

Со оглед на тоа што овој знак е формиран преку вонтелесно ѕвездено оплодување ин витро, овој период претставува одлична можност за реновирање на вашиот дом. Ќе бидете во дилема кој ѕид да го обоите во виолетова боја за да одговара со корнизите во спалната соба. Совет:Одберете го ѕидот на кој имате закачено гоблен со романтичен лајтмотив.

Рак

Ракот во комбинација со риби, динстан на температура од 230 Целзиусови степени, овој период треба да биде внимателен за да не падне под влијание на индиското оревче додека на телевизија се прикажува турска серија. Совет: Избегнувајте кавијар бидејќи може да имате проблеми со Законот за прекин на бременоста.

Лав

Веќе подолг временски период имате проблеми со другите шумски ѕверови, кои ви создаваат болки во пределот на ’рбетот и вода во колената и во мочниот меур. Ваквата ситуација влијае врз вашата самодоверба, па дури и ’ржењето нема да ви помогне. Совет: Доколку сакате да ја продолжите лозата, капете се само во недела на евтина струја и пијте квалитетно суво македонско вино со сонценце.

Девица

Вие сте најпосакуваниот знак од Зодијакот бидејќи спаѓате во групата на ендемични видови. Ве очекува бурен период, ќе имате многу додворувања и ќе бидете во дилема кого да одберете, но вистинскиот партнер ќе биде тој што ќе ве „поукне“ и ќе ви ја пее под прозорец Like a virgin. Совет: Избегнувајте сексуални предизвици пред да стапите во брак.

Вага

Иако сте многу пресметливи, вие пазарувате од погрешната тезга. Имајте предвид дека стапката на инфлација е во континуиран раст и дека мора да набавите увозни синџири за пневматиците на својот автомобил до крајот на овој месец. Совет: Снабдете се навреме со контрацептивни средства за да не настанат несакани последици.

Шкорпија

Скорпиите се познати страсни љубовници, па токму поради тоа постои можност да ги фати ишијас. Родените во втората декада ќе бидат изложени на провев и најмногу ќе им страда половината. Совет: Немојте да мастурбирате без заштита, затоа што не се исклучува можноста да зачнете.

Стрелец

Вие сте во погоден период за стрелање, но внимавајте кон каде ќе ја насочите стрелата, бидејќи метата не е секогаш јасна, може да биде Марија, Сашка, Драшка, Блаже, Кире, Ацо... Соѕвездието Мала Мечка влегува во хоризонтот, затоа бидете претпазливи, качете се на гранка и избројте до 20 000. Совет: Доколку сакате да зачнете машко дете, стрелајте од балконот на соседите.

Јарец

Ќе бидете полни со енергија и ќе се впуштите во нови авантури. Ќе имате одлична можност за остварување нови контакти со кози надвор од границите, но некој ќе сака да си поигра со вашите рогови, бидете внимателни. Совет: Носете капа по дома, шал под туш и презерватив под ќебе.

Водолија

Силните влијанија на подземните води во вашата спална соба ќе ве инспирираат да се впуштите во некое несекојдневно хоби како готвење, плетење, пеглање и перење. Постои можност кон крајот на месецот да ви пукне филмот, но веќе ќе биде предоцна и ќе мора да се помирите со реалноста.Совет: Доколку сакате да се вратите во своето поранешно секојдневие, преместете го креветот во дневната соба, а на шпоретот немојте да вклучувате повеќе од две рингли.

Риби

Како најнежен знак на Зодијакот, рибите ќе се соочат со многу непријатности – најавува метеоролошкиот завод, кој патем ги истакна како закана ниските температури и снежните бури. Меѓутоа, на финансиски план ќе стоите одлично, со што ќе имате можност да си обезбедите четири кубика дрва и три вреќи за потпалок. Совет: Избегнувајте седење на плочки и носете волнен појас додека водите љубов.

ХОРОРСКОП

издавач: Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус

уреднички тим: Борјана Мојсовска, Благица Петрова, Ирена Цветковиќ

лектори: Билјана Ивановска и Даниел Матракоски

редакција: Борјана Мојсовска, Благица Петрова, Ирена Цветковиќ, Фросина Стојковска, Искра Гешоска, Наташа Ѓорѓиевска, Марија Савовска,Јана Старделова, Јана Коцевска

Печати Печатница Серафимовскитираж: 1250 примероци

7

Page 8: Избор! бр.1 - весник на Матка

88НЕМА ЦЕНКАЊЕ СО ЖЕНСКИТЕ ПРАВА! ОВОЈ ЗАКОН МОРА ДА БИДЕ ПОВЛЕЧЕН! ЕВЕ КОИ ИЗМЕНИ ГИ НАПРАВИ ТОДОРОВ