Дијабетот и кардиоваскуларните болести

Post on 06-Feb-2016

108 Views

Category:

Documents

0 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

Др Јасмина Зафировска Специјална болница по хируршки болести “Филип Втори„. Дијабетот и кардиоваскуларните болести. Статистика. Епидемиолошки дијабетот е трта водечка причина за смртност,најмногу поради компликациите што ги дава на крвните садови на срцето - PowerPoint PPT Presentation

Transcript

ДИЈАБЕТОТ И КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ

БОЛЕСТИ

Др Јасмина Зафировска Специјална болница по хируршки болести “Филип Втори„

Статистика

Епидемиолошки дијабетот е трта водечка причина за смртност,најмногу поради компликациите што ги дава на крвните садови на срцето

Дијабетот е водечка причина за слепило и нетрауматски ампутации на екстремитети

25% од пациентите со ХБИ имаат дијабет

Што е шеќерна болест?

Шеќерната болест -Дијабет е болест во која човечкиот организам не може правилно да ја искористи гликозата од крвта.

Како резултат на тоа нивото на гликоза во крвта се покачува над нормалното ниво.

Болеста е поврзана со сериозно пореметување на метаболизмот на шеќерите, белковините и мастите и е пропратена со бројни акутни и хронични компликации.

Како храната се претвора во гликоза

Во текот на процесот на варење сложените јагленохидрати од храната се распаѓаат на попрости јагленохидратни ланци -гликоза

Инсулинот помага гликозата да навлезе во клетките каде се користи како енергетски материјал за метаболичките процеси

Панкреас

Што е инсулинот

Хормон кој го ствараат Бета клетките на Лангерхансоновите островца во панкреасот. Инсулинот е анаболички хормон со чија помош се таложи вишокот на гликоза од крвта во црниот дроб.

Кога ќе се најадеме секрецијата на инсулин расте и ја придвижува гликозатa од крвта во клетките на мускулите, црниот дроб и масните клетки.

Во периодот помеѓу два оброка продукцијата на инсулин е ниска но за сметка на тоа се покачува нивото на лачење на другиот панкреасен хормон, глукагон.Тој има обратна функција од инсулинот, ја мобилизира гликозата од црниот дроб во крвта. Баланс0т на лачењето на овие два хормони придонесува за константно ниво на шеќерот во крвта.

Функција на инсулинот

 Ја стимулира складирањето на гликоза во црниот дроб и мускулите во форма на гликоген. Го забрзува транспортот на аминокиселини во клетките. Ги инхибира разградните процеси на складираната гликоза,протеини и масти..

Кај луѓето со дијабет...…

Панкреасот не создава инсулин

Панкреасот не создава доволно инсулин што се влошува со тек на времето

Клетките не човековото тело покажуваат инсулинска резистенција,т.е неосетливост кон дејството на инсулинот

или или

Разлика меѓу дијабет од тип 1 и дијабет од тип2

Панкреасот не лачи инсулин

Се лачи инсулин од старна на панкреасот но недоволно

• 90-95% од дијабетот припаѓа на Тип2

Тип 1 дијабет Тип 2 дијабет

.

Дијабет од тип 1 се јавува обично пред 30 година од животот кај 5% до 10% од болните со дијабет.Третманот е со инјектирање на инсулин уште од самиот почеток.

На тип 2 дијабет отпаѓаат 90-95% од дијабетчарите.Третманот може да биде со диета,орална терапија или инјекции со инсулин.Се јавува кај луѓe над 30 година и повеќе кои се обезни и вообичаено има наследна фамилијарна компонента.

Ризик фактори

Фамилијарна историја за дијабет во семејството

Возраст над 45 години Покачен крвен притисок Покачено ниво на холестерол во крвта Покачена телесна тежина (особено обем на

струк) Ниско ниво на физички активности Стрес Дијабет за време на бременоста или раѓање

на бебе со тежина над 5 кг

Како ќе знаете дека имате дијабет

Тип1 Дијабет: • Често и обилно мокрење

• Изразено чувство за жед • Изразено чувство за глад• Брзо губење на телесната тежина • Чувство на умор и слабост• Пречувствителност и променливо расположение • Гадење,повраќање,болки во стомакот

Тип2 Дијабет

• Заматен вид• Чувство на жарење и печење во нозете,стопалата и прстите• Чести кожни инфекции• Инфекции на мочните патишта• Чешање по кожата и гениталли• Тешко заздравување на рани и мали повреди• Било кој од симптомите наведени кај Тип1 Дијабет 

Компликациите од дијабетот Акутни –Акутните компликации од

дијабетот се резултат на неправилен и небалансиран третман водат кон хипогликемија или инсулински шок. Хипергликемија (високо ниво на шеќер во крвта води кон кетоацидоза и хиперосмоларна кома.

Хронични микро и макроваскуларни промени на крвните садови,неуропатија,дијабетично стопало.

Касни компликации на дијабетот Хроничните компликации на дијабетот тип

1 и тип 2 се јавуваат 10-15 години по појавата на болеста.

Макроваскуларни-големи крвни садови – Коронарна и периферна артериска болест и цереброваскуларни болести.

Микроваскуларни (мали крвни садови) – Крвни садови во очите (retinopathy) и бубрезите.

Сензомоторни и автономни нерви предизвикувајќи неуропатија, дијабетично стопало.

Дијабетот може да предизвика проблеми во повеќе органи или делови од телото

Нерви: • Чувство на

Жарење,печење,болка • Проблеми со варење на

храната• Сексуална дисфункција

Очи: • Заматен вид,• губење на видот

Срце: • Градна болка• Отежнато дишење• Забрзана работа на срцето• Некогаш и без никакви

објективни тегоби

Бубрези: • Отоци на стопала и

потколеници

Крвни садови :• Болки при пешачење• Тешко заздравување на

рани

.

Кои се компликациите на дијабетот

Миокарден инфаркт Мозочен удар Слепило Бубрежна слабост Оштетување на крвните садови

што често завршува со ампутација Оштетување на нервите Сексуална дисфункција

Дијабетично стопало

Проблемите со дијабетичното стопало се во 55% до 75% од случаевите причина за ниска потколенична ампутација кај луѓето со дијабет.

50% од овие ампутации може да се превенираат со редовни контроли и превентивни секојдневни активности.

Причина за ампутација Сензомоторна неуропатија – губење на

чувството на болка и притисок Вегетативна неуропатија која води до

сува и испукана кожа подложна на рани кои тешко заздравуваат.

Гликолизиран хемоглобин HbA1c Од 1990 г светските препораки во третманот на дијабетот

го вклучуваат испитувањето на гликолизираниот ХБА1Ц како редовен дијагностички тест кај пациентите со дијабет и кај тие што имаат висок ризик за добивање на дијабет.

Овој тест го покажува просечното ниво на шеќер во крвта во тек на претходните 2- 3 месеци и е показател за тоа колку добро или лошо е регулиран шеќерот во крвта.

Колку е повисоко нивото на ХбА1Ц, толку е поголем ризикот од компликаци од страна на други органи. Тоа е посебно важно ако нивото на ХбА1Ц е покачено подолго време.

Овој тест се препорачува на секои 3-4 месеци кај луѓето со дијабет.

Интернационалната федерација за дијабет препорачува вредноста на ХбА1Ц од 6,5% да биде цел на секој пациент заболен од шеќерна болест.

A за A1C Test B заr Blood Pressure

C for Cholesterol

Дијабетична АБЦ-да

На овој начин може да се намали ризикот од миокарден инфаркт,мозочен удар и други компликации

Препораки за редовни здравствени контроли кај стабилни пациенти

НеуропатијаНевролошко тестирање еднаш годишно

РетинопатијаКомплетен преглед на очи еднаш годишно

Кардиоваскуларни болести

Нефропатија Проверка на протеини во мокрача и серумски креатинин еднаш годишно

PПериферни васкуларни болестиРедовна самоконтрола на стопалаДоплер на периферни крвни садови еднаш годишно

American Diabetes Association. Diabetes Care. 2010;33(suppl 1):S11-S61.

Редовно мерење на крвен притисокМаснотии во крвта 2 пати годишно

Препораки...

Вежбајте редовно- секојдневните телесни вежби се многу важен дел од контролата на дијабетот . . .

Му помагаат на инсулинот подобро да ја обавува својата функција

Го снижува крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта

Помага за намалување на телесната тежина Вежбајте најмалку 3 пати неделно по 30

минути, но секогаш носете некој сладок пијалак или бомбона поради можна хипогликемија за време на вежбите

Препораки...

Диета – Избегнувајте внес на чоколади, торти, ориз, тестенини, цералии и свежо овошје

Не ги прескокнувајте дневните оброци Јадете повеќе зеленчук Не јадете солено Избегнувајте алкохол (до две алкохолни

единици за мажи и една за жени на ден)

Реалност!

Светската Здравствена Организација проценила дека повеќе од 346 милиони луѓе ширум светот страдаат од дијабет и неговите компликации. Со ова темпо бројот би се дуплирал до 2030 година.

Дијабетот и неговите компликации се причина за речиси 80% од сите смртни случаи во земјите во развој.

Дијабетот нема пријатели!

Halle Berry Mikhail Gorbachev Johnny Cash Peter O'Tool Elvis Presley Sharon Stone Thomas Edison Salma Hayek

БЛАГОДАРАМ !

top related