Transcript
Почитувани, Сојузот на Извидници на Македонија во соработка со Извиднички Клуб Калкан на покана на Сојузот на Извидници на Турција по четврти пат ова лето ќе земе активно учество на Меѓународниот Камп – Умрание во Истанбул. Кампот ќе се реализира во период од 17 до 24 Јули 2016 год. Програмата на кампот е со едукативна, социјална и забавна содржина. Како можност за подобро запознавање со Турската културата и традицијата, предвидени се две еднодневни екскурзии во музеи и знаменитости во Градот Истанбул.
Што нуди кампот? Како што видовте од фотографиите кампот нуди одлична можност за дружење, живот во природа, можност за запознавање со Градот Истанбул а преку тоа и одлична можност за запознавање на Турската Култура. Кампот располага со професионална кујна, повеќе тоалети и бањи, голем плоштад, повеќе простории за активности, засебни простори за активностите во природа, вештачка карпа... Во близика се наоѓа и вештачко езеро а во самиот камп има и базен. Кампот е под постојан видео надзор како и гранична контрола, во него се наоѓа амбуланта која работи 24 часа. Кампот е од не комерцијален карактер. Локација: https://www.google.mk/maps/place/Baklac%C4%B1,+%C4%B0BB+%C4%B0zci+Kamp%C4%B1,+34830+Beykoz%2F%C4%B0stanbul,+Turkey/@41.0745194,29.1134119,1405m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x14cacbe76c02db01:0x2e70ce73c346d4f8!8m2!3d41.0735258!4d29.1169013
Право на Учество на учество имаат сите извидници од 8 до 18 години. За лица помлади од 14 години потребна е писмена согласност од двајца родители или старател. Задолжително пасошот мора да е со важност до 24.01.2017 За учество на кампот организаторот обезбедува директен превоз, Не е потребно да се носат лични шатори, вреќи и изомати. Цена за учество за нампот изнесува: 4000 денари. Во цената е вклучено: -Превоз -Патничко Осигурување -Сместување -Храна -Програмски Активности во Кампот -Две еднодневни Екскурзии во Истанбул.
Рокот за Пријавување е 10.06.2016 Пријавувањето се врши со пополнување на Формуларот и уплата за учество. Одговорно лице и лице за контакт е Филип Уневски. Сите потребни информации можете да ги добиете на 077/73 73 94. Бројот на учесници е ограничен.
top related